Print Page | Close Window

Катастар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=228
Printed Date: 29-Apr-2024 at 00:46


Topic: Катастар
Posted By: Cloverstack
Subject: Катастар
Date Posted: 10-Sep-2007 at 18:29
Административен објект за потребите на катастарот. Изградбата е во рана фаза и немаше баш нешто спектакуларно да се фотографира.

Локација - Ул. Дрезденска (бр.4 на мапата)

сл.1


Подетални податоци имате на таблата.

сл.2
http://imageshack.us">





Replies:
Posted By: theone
Date Posted: 02-Apr-2008 at 11:18
i


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Apr-2008 at 11:42


Беше спомнат во нишката „Разни помали проекти“ уште во вториот пост Big%20smile

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=15&PID=172#172 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=15&PID=172#172

Поентата тогаш беше да не отвараме посебни нишки за сите мали проекти, но работите се сменија Smile


Posted By: dejan
Date Posted: 02-Apr-2008 at 11:45
Super e!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Apr-2008 at 15:30
Ова е на ситото место или е на нова локација?!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 02-Apr-2008 at 17:11

Previous@Theone Локацијата на новиот објект е веднаш до стариот објект на катастарот во Тафаталиџе.


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Apr-2008 at 19:07
прилично различно од рендерите... не сум одушевен ама не е ни лошо. Но зошто побогу кога веќе го менувале проектот ги оставиле оние глупави странични жолти фасади со округли прозорци. И кровот некако не ми е по ќејф... 


Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Apr-2008 at 20:44
Луѓе нема што да се дискутира, објектов нема врска, кога збориме за изгледот. Гледам имаа рампа за инвалиди, тоа ми се допаѓа, ама воопшто не ми се допаѓа како изгледа. Рефлектирачки стакла


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 02-Apr-2008 at 22:33
Не ми се допаѓа формата на кровот така полукруглесто али во главно ми се допаѓа објектот. 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Apr-2008 at 22:35
Ми се свиѓа во целост, само малце одстрана имам забелешка, али ќе пројде!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Apr-2008 at 23:14
Да, од страна е срање


Posted By: vardar
Date Posted: 07-May-2008 at 00:20

ЗГРАДАТА ВО ТАФТАЛИЏЕ ЌЕ ПРОРАБОТИ ЛЕТОВО

Во новиот Катастар ќе се чека ред со бројче

Се очекува зградата да се отвори кон крајот на јули, да има двојно повеќе шалтери, а граѓаните да добијат подобри услуги за своите граѓански барања

Новата зграда на Катастарот е готова, а турканиците се минато, оптимистички најавуваат од Државниот завод за геодетски работи. За да нема одење преку ред, граѓаните ќе земаат бројчиња за чекање, шалтерите од седум ќе се зголемат на 15, а предметите ќе се решаваат побрзо. Новата зграда, која е поширока, но и поубава на изглед, се наоѓа во Тафталиџе, веднаш до стариот објект. Се градеше една година и тоа според сите светски стандарди, што значи далеку подобри услови за вршење на секојдневните барања на граѓаните.Директорот на Државниот завод за геодетски работи Љупчо Георгиевски вели дека новата зграда на скопскиот Катастар се очекува да проработи во јули годинава. Веќе бил извршен интерен технички прием, во присуствона претставници од Светска банка, но се појавиле некои недостатоци. Деведесет отсто од недостатоците се веќе отстранети. Зградата е приклучена на водоводна мрежа, а кон крајот на мај очекуваме да биде приклучена и од ЕВН. До крајот на овој месец ќе го подготвивме и проектот за добивање употребна дозвола. Во тек е тендер за набавка на мебел и 160 компјутери, кој ќе трае десет недели. Нашите планови се сите овие нешта да бидат завршени во јуни, а а во јули да почне нормално да функционира - објасни директорот Георгиевски. По пуштањето во употреба на новиот објект, беше предвидено старата зграда на Катастарот да биде урната, а на нејзино место да се гради паркинг. Сепак, и покрај ваквите планови, уривањето е одложено за наредната година. Во овој период не планираме да ја уриваме, зашто таму има седум шалтери за кои решивме да работат само за издавање имотни листови. Имаме во план двете згради паралелно да функционираат до наредната година, а дури потоа старата да биде урната - објасни директорот. Она што ќе биде новина плус, вели тој, е отварањето шалтер на некоја банка во новиот Катастар.Но, и тоа, вели тој, ќе мора да оди на тендер, со цел да се запази законската процедура. Сакаме граѓаните во истите простории да ја добиваат и оваа услуга, односно да не мора да излегуваат надвор и да бараат банка за да завршат работа - потенцира Георгиевски.Проектот за изградба на нова зграда, информираше Георгиевски, е финансиран од Светска банка, од договор за заем, потпишан во 2005 година. Вкупната потрошена сума, без внатрешно опремување, изнесувала 1,2 милион евра. Надзорот врз трошењето на парите, како и изборот на фирми изведувачи го имала Светска банка. Иако новиот Катастар располага со повеќе простор и покомотни простории, во него не се планираат нови вработувања. Во моментов има 240 вработени, а раководството смета дека е сосема доволно за вршење на сегашните предмети. Директорот Георгиевски кажа дека во иднина ќе се залага за вработување нови млади кадри.- Би сакал да можеме да примиме млади и љубезни кадри со соодветно образование. Иако ќе се работи за шалтерски работници, доколку дојде до тоа, би примале само со високо образование, и тоа исклучиво правници или геодетски инженери - вели тој.

Јорданка Ивановска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5FE6FBF497468E4CB0498CA7570D1B49 - Dnevnik



Posted By: STEVEY
Date Posted: 29-May-2008 at 19:03
Originally posted by ProMKD

Не ми се допаѓа формата на кровот така полукруглесто али во главно ми се допаѓа објектот. 
   FYI  во архитектурата се вели коритест кров!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jul-2008 at 21:50
Незнам зошто овој објект пред време го префрливме во Готови проекти но....

Катастарот се сели во нов објект

На ред ќе се чека со бројче, а ќе има вкупно 15 шалтери


Од вчера во новиот објект се монтира мебелот. Директорите на Градскиот и на Државниот катастар во проверка на теренот

По неколкудецениско опстојување во руинираните бараки во Тафталиџе, скопскиот катастар се дислоцира во нови простории. Новиот објект се наоѓа веднаш до стариот и во него од вчера почна да се монтира мебелот. Наредната недела ќе се префрлат и купиштата предмети и документацијата. И покрај преселбата, Катастарот ќе работи, но со намален интензитет. Директорот Никола Тодоров вели дека службите ќе работат со странки, ќе ги издаваат имотните листови и другата документација, а единствено забавена ќе биде процедурата за издавање копии од планови и историјатите.

„Очекуваме вселувањето во новиот објект да го завршиме до крајот на идната недела, по што работите ќе се вратат во нормален тек. Но, и покрај преселувањето, не очекуваме никакви проблеми. Сепак, граѓаните треба да имаат малку трпение, оти со ова ќе се стави крај на досегашните турканици и неподносливи услови за работи“, вели Тодоров, кој е убеден дека во новиот објект турканиците ќе станат минато, бидејќи приемот на странките ќе се врши по електронски пат, односно ќе се зема бројче, а наместо досегашните седум, ќе работат дури 15 шалтери.

За изградба на новата зграда се потрошени околу 1,2 милиони евра и во овие средства не се влезени средствата за внатрешно опремување. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=05EEBAAF5D3D674AB07D2369C729BE45 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=05EEBAAF5D3D674AB07D2369C729BE45


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2008 at 00:11
Па добро, ок е што сме го префрлиле. Ние за готов го сметаме кога градежните работи ќе завршат, сепак таков форум сме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Nov-2008 at 15:22
Превземено од http://www.flickr.com/photos/32105470@N06/ - Весна Марковска




Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Nov-2008 at 15:35
Поставена е анкета за овој проект

Мое мислење...

Позитивно

- габаритно е прикладна на уличката на која се наоѓа
- зградата е прилилно функционална за намената (имав прилика убаво да ја видам од внатре уште кога се градеше)
- решено паркинг прашање (ова е малце на жими мајка, знам дека старите бараки на катастар кои се наоѓаат зад објектов треба да се пренаменат во паркинг простор но таму сеуште се чуваат некои материјали па затоа не е почнато со изградбата)

Негативно

- не ми се допаѓа проектот. Фасадата би ми се допаднала повеќе доколку би се користеле материјалите од приземјето на предната фасада по целиот објект. Металик деловите ми се без врска а да не зборувам за комбинациите на страничните фасади. Нафрланите кружни прозорчиња и коритестиот кров ме се исто аут
- преферирам деловни објекти каде подрумите се скроз подземни а не само вкопани
- исто така мразам поткровје на деловни објекти

Све собрано од мене 4ка


Posted By: Supervisor
Date Posted: 10-Nov-2008 at 14:36
Јас живеам во тоа маало и можам да кажам дека во однос на автомобилите секој ден е хаос бидејќи нема доволно паркин место и постојано се узурпираат тротоари и зеленило.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2010 at 01:32
Катастар
2007-2008





http://www.dabar.com.mk/index.php?id=65




Print Page | Close Window