Print Page | Close Window

Предлози за дислокација на дел од спомениците

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2288
Printed Date: 21-Oct-2017 at 07:40


Topic: Предлози за дислокација на дел од спомениците
Posted By: kultuzin
Subject: Предлози за дислокација на дел од спомениците
Date Posted: 08-Apr-2013 at 12:30

 Спомнав и на друга тема. Ајде да направиме анализа (ама квалитетна) и евентуална визуализација кој споменици и каде би требало да се дислоцираат.  Секако се работи за Спомениците кои се во централното градско подрачје на Град Скопје.   

Бидејки немам подготвено никаков материјал би почнал вака написмено со оние споменици кој според мене се најкритични. 

Цар Самоил дефинитивно прв би го преместил иако се работи за еден од најубавите споменици воопшто. 

А во комплет со Цар Самоил би го преместил и Јустиниан.

Размислував за локација на двата споменика и мислам дека најдобро би било или лево и десно од влезот во Археолошкиот музеј или на Кале. Втората опција е дискутабилна со оглед на етничката чуствителноста на локацијата. 

Потоа би го преместил и Карпош кој на место од десна страна на камен мост гледајќи кон Скопската Чаршија би го ставил од левата. Е сега тука хронолошки пред музејот на Македонската Борба за независност би ги надоврзал и сите останати споменици кои се расфрлани по плоштадот а се дел од Револуционерната Борба на Македонија.Тука пред се мислам на спомениците на Димитрија Чуповски, Димитрија Поп Беровски, Питу Гули, како и новите споменици на Христо Узунов, Васил Чакаларов и Борис Сарафов. Тука би го ставил и Никола Карев кој дефинитивно треба да се премести но мислам дека поради неговите димензии не би одговарало да стои до останатите споменици. Така што најпогодно место за овој споменик според мене би бил кружниот тек кај Католичка на место на Чепреганов. За Гоце Делчев и Даме Груев мислам дека е потребна подетална анализа. Со ваквата локација би се добила една логична целина со која би се надополнил музејот.

Секако за да се отвори простор би ја дислоцирал и плажата но би оставил вегетација и зеленило да ги надополнуват спомениците. 

Морам да признаам дека првата идеа ми беше да се направи парк на револуционерите на Кале поточно директно на рамнината карши Црквата Свети Спас и таму да се сместат сите овие споменици но мислам дека поради политичко етнички причини ваквата идеа е неостварлива иако на тоа место дефинитивно му треба средување *дали знае некој под чија надлежност (Чаир или Центар?) е овој дела на Калето??)

На местото на Јустиниан дефинитивно би ги ставил основачите на ВМРО. Споменикот е изработен со иста техника со оној на Гемиџиите и мислам дека одлично би комуницирале. 


Ченто би го ставил карши собрание на местото на основачите на ВМРО. А во зеленилото лево и десно од главниот влез би изградил Споменици од бел Мермер на Претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров (но ова е опционално и во моментов не е приоритетно)


На крај дефинитивно би ги Преместил Спомениците на Кирил и Методиј како и Оние на Свети Наум и Климент Охридски. За нив имам две локации едната е од левата и десната страна на Црквата во Изградба Свети Константин и Елена или пак во Паркот кој се формира кај Црквата Богородица. 


Ете така јас набрзина склопив некој идеи со кои мислам дека ќе се растерети самиот плоштад и ќе се добие една логична целина на спомениците  во Скопје. Би ми било мило да слушнам и ваши предлози. 





Replies:
Posted By: alexgizh
Date Posted: 08-Apr-2013 at 12:33
Сеуште го немам овој пост дочитано, но само сакам да укажам дека Чепреганов е жив и здрав, а си сакал да напишеш Чакаларов

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 08-Apr-2013 at 12:37

Originally posted by alexgizh

Сеуште го немам овој пост дочитано, но само сакам да укажам дека Чепреганов е жив и здрав, а си сакал да напишеш Чакаларов


Благодарам за исправката го поправив текстот а го додадов и Борис Сарафов.



Posted By: alexgizh
Date Posted: 08-Apr-2013 at 12:44
Сега веќе кога го прочитав целиот твој пост, сметам дека идејата за анализа и предлог ти е добра, но самиот твој предлог го оценувам како лош. Претежно бидејќи немаш добар концепт за тоа како би требало да бидат распоредени спомениците (делот со распоредување на еден куп пред Музејот на Македонската Борба, со што ќе добиеме нешто слично на редот кај Жена Борец), а и самиот предлагаш да се направат ДОПОЛНИТЕЛНИ споменици, што секако се коси со принципот за дислокација на добар дел од спомениците.

Но, се согласувам со некои од конкретните идеи за дислокација, како на пример дека Основачите на ВМРО и Гемиџиите би се совпаѓале симетрично, дислокација на Самоил и на Јустинијан и слично...

Ми се допаѓа идејата за Парк на Револуционерите, за кој и самиот имав идеја од претходно, само што јас сметав дека треба да биде некаде понастрана од плоштад "Македонија" и секако не на Калето. Таму би ги поставил скоро сите коњаници кои имаат горе-долу ист стил, а претставуваат револуционери од Илинденскиот период, освен можеби Никола Карев (за кој сметам дека не треба да се дислоцира), Ѓорче Петров и најновиов на Чакаларов. Пред се' поради различниот габарит (кај Карев и Петров) и/или динамичноста на скултурата (кај Чакаларов).

Сметам дека на едно место треба да се групираат спомениците на следните дејци кои имале значаен придонес за формирањето на Македонската нација каква што ја знаеме денес, а тоа се: Пулески, Поп-Георгиев Беровски, Чуповски, Мисирков, Коневски, Кузман Јосифовски-Питу и Ченто.

Како и да е, тоа се твои идеи, ова се мои идеи... и веројатно ако тргнеме вака секој на 2-3 години ќе ги прераспределува спомениците како што ќе му текне. Но, ако морам да направам shortlist на споменици за кои сметам дека ДЕФИНИТИНО мора да се тргнат, по приоритет би било тоа следново:

1. Самоил,
2. Основачите на ВМРО, заедно со
3. АСНОМ,
4. Питу Гули,
5. Христо Узунов (ужасна скулптура според мене, се надевам ќе го увидите тоа и сами деновиве),
6. Јустинијан
7. Мостот Око и Мостот на Уметноста, заедно сосе скулптурите на нив.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: kire85
Date Posted: 08-Apr-2013 at 20:32
Мислам дека Јане Сандански на истоимениот булевар е одличен пример за тоа како би требале да бидат распределени споменициве низ Скопје.

@kultuzin

Дека треба дислокација мислам дека би се сложиле 90% од нас тука на форумов, меѓутоа тоа што јас не би се сложил во дел од твоите предлози е да дислоцираш еден споменик, за на истото место (плоштадот) да го замениш со друг. Плоштадот е пренатрупан со споменици како и целиот мал ринг додека гледано пошироко од 1 км радиус од ценарот на Скопје речиси да нема ниту еден. А добри локации за секој од спомениците низ Скопје сигурно би се нашле, ете како што спомнав предходно, оној на Јане Сандански во Аеродром.

Има доволно улици, булевари, училишта и сл. што ги носат имињата на значајните личности од македонската историја па јас би ги искомбинирал тие со соодветните споменици. Населба Карпош - споменик од Карпош (само еден не по еден за секоја ), Универзитет Св. Кирил и Методиј - споменик од истите итн.


Posted By: daci92
Date Posted: 08-Apr-2013 at 23:02
Интересна идеја ,но сепак како што кажа Гиж не е можно баш таква дислокација бидејќи кога би се тргнало така тогаш секој втор месец би имало некоја дислокација.
За Самоил и Јустинијан се согласувам ,нивната габаритност и начин и материјал на изработка не се согласуваат со баш ништо што е на плоштад и потребна е нивна дислокација.
За  Чакаларов дефинитивно не се сложувам за дислокација ,бидејќи ако има некој споменик во градов кој ми се допаѓа како споменикот така и локацијата тогаш е тој споменик.

Иначе Кире85 споменикот и плоштадот (или паркот) Јане Сандански не се таму поради булеварот ,туку и Булеварот и Споменикот и Плоштадот се викаат така поради населбата ,таа населба во Општина Аеродром се вика Јане Сандански, започнува од Мајчин дом (или Три Бисери ,не сум сигурен) и завршува кај Бул. Србија.

А споменикот е поставен на одлична локација но за тоа се погрижи нашиот Градоначалник.


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Apr-2013 at 00:53
а може и да си отвориме парк „ск2014“ со сите споменици во него, и заедно да одбележуваат ова црна ера за земјава...
нешто слично имаше во источно-европскиве земји, каде голем дел на бутнатите споменици, скулптури, бисти и статуетки од Сталин и Ленин од времето на комунизмот, се собрани во еден музеј-парк Big%20smile

шала на страна:
искрено, и јас долго време размислував за дислокација како решение, НО
искрено има некои моменти според кои за мене е нереално да се замислуваат дислокации
1. бројот на споменици е огромен и просторот, времето и средствата што ќе треба да се одделат за нив, се еквивалентно огромни
2. политиката на земјава не е доволно зрела и озбилна да се справи со вакво нешто по цивилизиран и професонален пат
3. како и да се позиционираат споменициве, културниот белег дека нечија криза на идентитет истурила илјада споменици на километар квадратен, во рок од две-три години, без никаква основа и осет, ќе остави да се срамам доживотно од сопстената држава... а колку што знам, споменици од срам не се подигнуваат


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 09-Apr-2013 at 16:36
Ми се допаѓа идејата за дислоцирање на Јустинијан а на негово место да дојдат Основачите на ВМРО или Асном, бидејќи се слична композиција со Гемиџиите. Јустинијан да се постави пред новиот Кривичен Суд што е во изградба, одлична колерација ќе има Јустинијан (Јустина - Вистина стр.мак.) = Правда.

Исто мислам дека еден или два од спомениците, незнам кој би биле, да се постават на Јадран Сквер.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Apr-2013 at 18:07
Јадран сквер може да издржи максимум еден споменик, на местото каде што беше металната коцка.

Се' ми се врти Чуповски (сега пред Мериот и Сан Марко) како идеален за таа локација.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Apr-2013 at 18:19

Што мислите за Цар Самоил да се смести на Јадран Сквер??? Или него да го оставиме за Пред Археолошкиот Музеј или некоја друга локација. Мислам дека сите овдека 100 % се сложуваме дека местоположбата на Цар Самоил е најкритична и најприоритетна за преместување. 

Како втор, трет и четврт мене ми се вртат Јустиниан, Чуповски и Димитар Поп Беровски.

Како и да е досега во две работи се согласуваме сите кои пишавме на темата а тоа е :


Дека основачите на ВМРО треба да се преместат на местото на Јустиниан , за кој сеуште немаме дефинирано конкретна локација.

Исто како и дека Цар Самоил треба да се премести но  и за него немаме дефинирано местоположба.

Со оглед дека се работи за два споменика со сличен стил и  материјал на изведба слично држење на телото според мене најдобро би било да се постават во симетрија и не далеку еден од друг. Мојот предлог беше од левата и десната страна пред влезот во Археолошкиот музеј, само незнам дали има доволно место. 



Posted By: oxia
Date Posted: 09-Apr-2013 at 18:33
Краток предлог
Дислокација на:
1.Самуил
2.Ченто
3 Сите од плоштад освен Гоце и Даме
4.Сите споменици од мостот на уметноста


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Apr-2013 at 18:40
Со поставување на двата споменика пред Археолошки не сме решиле ништо.

Прво, таму веќе има 30тина скулптури (од различен материјал, не се мермерни), а и местото едноставно не дозволува толку големи споменици на 2 метри од Вардар.

Второ, не верувам дека се ист габарит, мислам дека Самоил е доста поголем, така што и таа замислена симетрија нема да се добие.

Трето, не се логични еден со друг.

За Јустинијан би се согласил да се премести http://wikimapia.org/#lang=en&lat=41.996885&lon=21.441383&z=19&m=b - кај што е сега споменикот на Крсте Петков - Мисирков , кај судовите, а Крсте Петков - Мисирков да се премести кај што е сега Христо Узунов. На Узунов споменикот е тешка катастрофа од анатомски аспект, неколкукратно полош и од на Никола Карев.

Самоил би го поставил во http://wikimapia.org/#lang=en&lat=41.992764&lon=21.431451&z=19&m=b - паркчето позади Собранието , за кое му порачувам на новиот Градоначалник да го задржи и да ја укине маркицата за катна гаража.

Мислам дека денес или утре ќе направам подобро осмислена, детална мапа на тоа како сметам дека би се растеретил центарот.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Apr-2013 at 18:47
 
Originally posted by alexgizh

С

Мислам дека денес или утре ќе направам подобро осмислена, детална мапа на тоа како сметам дека би се растеретил центарот.

Со која алатка (програма) ги правиш мапите????


 

Originally posted by alexgizh


За Јустинијан би се согласил да се премести кај што е сега споменикот на Крсте Петков - Мисирков, кај судовите, а Крсте Петков - Мисирков да се премести кај што е сега Христо Узунов.
Самоил би го поставил во http://wikimapia.org/#lang=en&lat=41.992764&lon=21.431451&z=19&m=b - паркчето позади Собранието , за кое му порачувам на новиот Градоначалник да го задржи и да ја укине маркицата за катна гаража.

 


Што мислиш за локација горе на Калето за Цар Самоил и Јустиниан?

И второ за дислокација на Светителите Кирил и Методиј и Наум и Климент некако како да не припаѓат на новиот плоштад и како испадени ми делуваат. 

И трето вчера се согласивме дека добро би било да се направи некој парк на револуционерите, Дали имаш некој предлог? Мене прво што ми паѓа е паркот шума Гази Баба. Останувам на мислењето дека тој парк мора да заживее. Па ако треба нека и го оградат тој парк за луѓето да можат да се чуствуваат безбедно. 

Ако има интерес тука би можеле да направиме некаков концепт за таков парк и да го доставиме до општина Гази Баба. 






Posted By: xnx
Date Posted: 22-Apr-2013 at 11:41
sega koga veke konecno imame gradonacalnik koj najavi promeni vo proektot skopje 2014ta, bi sakal da napravime lista na raboti koi mu predlagame da gi promeni.. jas ke pocnam pa neka me koregira nekoj ili neka dodade svoe mislenje, pa moze na kraj sve ubavo da se sredi i da se prati vo ime na celata zaednica build:

1. MNR-da se otstranat skulpturite od fasadata

2. da se stopira izgradbata na kolonada makedonija, za da se dobie predprostor-plostad pred MOB i filharmonijata, kako i da se zacuva kolku-tolku ostanatiot pogled kon niv od kejot

3. da se reducira iluminacijata (ili zameni so zolti prigusheni svetla) na mostot na umetnosta, kako i na site objekti na severnata strana na kejot.

4. da se regulira fontanata voin na konj vo odnos na sletleckite i zvucnite efekti, da bidat nekolku pati dnevno i za praznici. igrata so mlazovi moze i preku den.

5. da se dislociraat ASNOM, i VMRO od zena park, kako i samuil od plostadot, na pomali plostadcinja koi moze da se formiraat okolu niv, so konkretni predlozi

6.da se napravi kompromis so grad skopje ako veke se pravi panoramskoto trkalo, da bide nekade okolu gratski park

7. istoto vazi i za gusarskite brodovi

8. da se dislocira ringispilot vo gratskiot park

9. da se zastitat so zakon i renoviraat avtenticno: EVN, GTC, MEPSO, C.K.

10. da se dozvolat i ne se kocat izgradbata na nekolku objekti kako crkvata, hotelot so oficerskiot dom, i nekolkute retki objekti vo centarot koi se vo moderen stil(da ne ispadne ajde sega sve ke stopirame, sto e za mene glupo)

11. da se preispita ogradata na mostot kaj MNR koja cini nekolku milioni evra

12. itno da se ponistat site tie markici nabutani okolu muzejot na grad skopje, osven onie koi se veke pocnati

13. isto i so tie zad MNR so sto kompletno bi se sokril MOB

14. redicata na fasadi koi gi barokiziraa do poratata da se dovrshi so posledniot na kjoshot-pelagonija vo isti stil, bidejki vaka mnogu loso izgleda

15. poditno da se ponisti markicata za majka tereza koja e dnoto na urbanizmot

16. da se ukine ulicata koja od podzemna stana nadzemna i koja go uzurpira celiot kej. t-mobile nek si smisli nacin kako da se dojde do objektot.


Posted By: ant11
Date Posted: 22-Apr-2013 at 12:45
Вие навистина ли мислите дека некој нешто ќе тргне да дислоцира или само си ја вежбате креативноста?


Posted By: NoName
Date Posted: 22-Apr-2013 at 12:52
Глумиме градски архитекти.


Posted By: xnx
Date Posted: 22-Apr-2013 at 13:10
Originally posted by ant11

Вие навистина ли мислите дека некој нешто ќе тргне да дислоцира или само си ја вежбате креативноста?


i dvete. js ne gledam deka na gradonacalnikot mu ostana mnogu rabota vo centar osven dislokacija na spomenici i revizija na proektot


Posted By: xnx
Date Posted: 22-Apr-2013 at 13:12
Originally posted by NoName

Глумиме градски архитекти.


ako mislis deka treba da si kjutime i da si traeme nema potreba da ucevstvuvas na temava. samo nema potreba od ironija, do sega sme potegnale mnogu inicijativi i veruvale ili ne nekoi ni uspeale ili bar sme doprele do javnosta i mediumite


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2013 at 13:15
Originally posted by NoName

Глумиме градски архитекти.

Всушност некои други глумат градски архитекти и од градов направија циркуз, притоа фрлајќи во ветар стотици милиони евра.

А овде само се дискутира, се изнесуваат и се анализираат идеи и предлози, како во секое нормално слободно општество каде сите граѓани можат (и се добредојдени) да придонесат за општиот благодет и просперитет, преку нивната граѓанска проактивност. Ама ние не само што не сме такво општество, туку изгледа не ни знаеме што е тоа... дали лета, дали се мачка на леб...

Впрочем за оние кои навистина си ја презедоа улогата на градски архитекти, xnx за нив е академик примариус професор доктор на науки и уметности.


Posted By: xnx
Date Posted: 22-Apr-2013 at 13:23
iskreno bar na forumov ocekuvav diskusija za sekoja tocka pooddelno ili predlozuvanje na novi, bidejki za toa e namenet forumov. no dobiv: aj ne mi se prai mnogu pameten i aj be ne se furaj deka nekoj nesto ke premesti. super


Posted By: ant11
Date Posted: 22-Apr-2013 at 13:25
Мислам дека треба да се дискутира за реални работи, а не да се троши енергијата на нешто што нема да биде, барем не пред да поминат 10 години на пример.

Како тоа не му останало на новиот градоначалникот работа во Центар?
Зарем граѓаните на Центар избраа градончалник со единствена идеја да ги тргне спомениците?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2013 at 13:34
Originally posted by ant11

Мислам дека треба да се дискутира за реални работи
Чим Ск2014 стана реалност (и тоа некоја негова надградена и проширена варијанта), не постојат веќе нереални работи. Буквално се е реално, а не па онаа крајно претпазлива и конзервативна листа што ја составил xnx.


Posted By: ant11
Date Posted: 22-Apr-2013 at 13:55
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by ant11

Мислам дека треба да се дискутира за реални работи
Чим Ск2014 стана реалност (и тоа некоја негова надградена и проширена варијанта), не постојат веќе нереални работи. Буквално се е реално, а не па онаа крајно претпазлива и конзервативна листа што ја составил xnx.


Ск2014 е реалност, но не и дислоцирањето.



Posted By: MGS
Date Posted: 22-Apr-2013 at 15:13
Цар Самоил во Охрид да се дислоцира.


Posted By: chelsea
Date Posted: 22-Apr-2013 at 15:16
Neznam shto e realno ,a shto nerealno,ama nishkava za dislokacija postanuva najinteresna za pratenje i diskusija,i vredi da se postavat svoi mislanja.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 22-Apr-2013 at 15:34
Originally posted by MGS

Цар Самоил во Охрид да се дислоцира.


И Гоце во Кукуш и Александар во Пела. И Мисирков во Пела. И Ченто во Прилеп.

И сите по дома.



Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Apr-2013 at 15:37
Мое мислење е дека треба да се направи дислокација, но не и рушење на она што е изградено. Лично сметам дека треба ДЕЛ, не сите споменици да си најдат место во оние градови во кои истите се поврзани со личноста. Така на пример, Цар Самоил би можел да отпатува во Охрид, не гледам никаков проблем во ова, напротив, подобро да си го најде вистинското место отколку некој да се потсмева во оваа значајна личност од историјата.


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 22-Apr-2013 at 15:52
И jас мислам дека споменикот на Самоил е наjкритичен и прв би го дислоцирал него. На второ место е Jустиниjан

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: MGS
Date Posted: 22-Apr-2013 at 16:27
Originally posted by HugoGoulding

Originally posted by MGS

Цар Самоил во Охрид да се дислоцира.


И Гоце во Кукуш и Александар во Пела. И Мисирков во Пела. И Ченто во Прилеп.

И сите по дома.

Не се прај многу духовит,на споменикот на Самоил местото му е во Охрид,а не да стои како чир на скопскиот плоштад.


Posted By: spaceman091
Date Posted: 22-Apr-2013 at 16:48
Originally posted by HugoGoulding

Originally posted by MGS

Цар Самоил во Охрид да се дислоцира.


И Гоце во Кукуш и Александар во Пела. И Мисирков во Пела. И Ченто во Прилеп.

И сите по дома.



provincijalci nadvoro od skopje mala shala

tzar samoil najubavo vo ohrid ili pa na skopskoto kale zaedno so justinijan


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 22-Apr-2013 at 17:00
Originally posted by MGS

Originally posted by HugoGoulding

Originally posted by MGS

Цар Самоил во Охрид да се дислоцира.


И Гоце во Кукуш и Александар во Пела. И Мисирков во Пела. И Ченто во Прилеп.

И сите по дома.

Не се прај многу духовит,на споменикот на Самоил местото му е во Охрид,а не да стои како чир на скопскиот плоштад.


Е не ви го даваме бе.


Posted By: Danndy
Date Posted: 22-Apr-2013 at 17:08
За старо железо?

-------------
Traveling.


Posted By: totobobo
Date Posted: 22-Apr-2013 at 17:16
Се предлага поместување на мостови, а спомениците си имале природни средини, како Охрид, Прилеп и Пела, секој си има своја желба и идеа, сите идеи се различни, и ниту една нема да се спроведе. Барате стопирање на проекти кои се во ингеренции на Градот Скопје, да се вадат делови на фасади, и да се заштитуваат фасади. И сето ова се бара од новиот градоначалник и новиот совет на Општина Центар, мислиш они се мали богови и можат да прават што им текне нив или на нас или на вас. Тресла се гора родио се миш, ке галами малку Жерновски наредните месеци, кога ке се соочи со реалните општински проблеми, нема ниту да се сети на спомениците...

-------------
Interceptor design


Posted By: daci92
Date Posted: 22-Apr-2013 at 21:24
Originally posted by xnx

sega koga veke konecno imame gradonacalnik koj najavi promeni vo proektot skopje 2014ta, bi sakal da napravime lista na raboti koi mu predlagame da gi promeni.. jas ke pocnam pa neka me koregira nekoj ili neka dodade svoe mislenje, pa moze na kraj sve ubavo da se sredi i da se prati vo ime na celata zaednica build:

1. MNR-da se otstranat skulpturite od fasadata

2. da se stopira izgradbata na kolonada makedonija, za da se dobie predprostor-plostad pred MOB i filharmonijata, kako i da se zacuva kolku-tolku ostanatiot pogled kon niv od kejot

3. da se reducira iluminacijata (ili zameni so zolti prigusheni svetla) na mostot na umetnosta, kako i na site objekti na severnata strana na kejot.

4. da se regulira fontanata voin na konj vo odnos na sletleckite i zvucnite efekti, da bidat nekolku pati dnevno i za praznici. igrata so mlazovi moze i preku den.

5. da se dislociraat ASNOM, i VMRO od zena park, kako i samuil od plostadot, na pomali plostadcinja koi moze da se formiraat okolu niv, so konkretni predlozi

6.da se napravi kompromis so grad skopje ako veke se pravi panoramskoto trkalo, da bide nekade okolu gratski park

7. istoto vazi i za gusarskite brodovi

8. da se dislocira ringispilot vo gratskiot park

9. da se zastitat so zakon i renoviraat avtenticno: EVN, GTC, MEPSO, C.K.

10. da se dozvolat i ne se kocat izgradbata na nekolku objekti kako crkvata, hotelot so oficerskiot dom, i nekolkute retki objekti vo centarot koi se vo moderen stil(da ne ispadne ajde sega sve ke stopirame, sto e za mene glupo)

11. da se preispita ogradata na mostot kaj MNR koja cini nekolku milioni evra

12. itno da se ponistat site tie markici nabutani okolu muzejot na grad skopje, osven onie koi se veke pocnati

13. isto i so tie zad MNR so sto kompletno bi se sokril MOB

14. redicata na fasadi koi gi barokiziraa do poratata da se dovrshi so posledniot na kjoshot-pelagonija vo isti stil, bidejki vaka mnogu loso izgleda

15. poditno da se ponisti markicata za majka tereza koja e dnoto na urbanizmot

16. da se ukine ulicata koja od podzemna stana nadzemna i koja go uzurpira celiot kej. t-mobile nek si smisli nacin kako da se dojde do objektot.

Ќе ти одговарам со мое лично и реално мислење според закони и прописи,а и според тоа што ми го кажаа луѓе кој ја познаваат политиката на СДСМ и Жерновски.
1.МНР- објектот е во надлежност на самата институција, финансиран од буџетот на Република Македонија како важен објект за институција, барањето за отстранување на скулптурите од фасадата се нереално ,ниту ако се насочени кон Жерновски, ниту кон Трајановски бидејќи владината гарнитура (односно МНР) нема да го направи тоа (во нивна надлежност е).
2.Колонада Македонија си има маркица ако не се лажам ,се е според законите и прописите ,земјиштето е на Министерство за транспорт и врски и под надлежност на Град Скопје ,можност за стопирање од страна на новиот градоначалник на Центар = 0 односно никаква освен ако не најде некој матни и незаконски изведени измени на ДУП но сепак таа ќе постои бидејќи потои и во ГУП.
3. Повторно ќе кажам ,не е во надлежност ниту на општина Центар, туку или на Град Скопје или на некој друг, но сепак може да се поднесе барање од општина Центар до надлежната институција задолжена за оваа работа ,да го исправи ова ,заедно со добра аргументација зашто го бара ова.
4.Previous Читај претходно.
5.Дислокацијата нема да се случи независно колку и да негодуваме, поради што народно речено уште не се родил човек што е во политика и има муда да го направи тоа. Тоа треба да се смени цела структура на партиите и да донесат одлука (сите партии заедно) подржана со референдум на граѓаните на Центар па и град Скопје и да одлучат на таа тема.
6. Тука те подржувам ,Градски парк и Луна паркот би биле совршена локација за ова чудовиште, но за компромис повторно претставува проблем знајќи кој ги плете конците во државава и знаејќи дека Коце и Андреј се ко Мачка и Глушец еден спрема друг. Тука е потребно повторно официјално аргументирано барање.
7.Гусарските бродови јас би рекол ок тие два нека стојат но компромис да се направи другите воопшто да не се градат, а ако треба да се градат секако да биде надвор од центарот ,јас би дал предлог нека бидат негде кај Сарај или пак кај Село Лисиче (кај што се влева Маркова Река во Вардар).
8. Подршка и за ова, повеќе да коментирам нема потреба ,моментот е доловен со претходните делови.
9.Заштитата со закон зависи од Влада на Република Македонија и Град Скопје ,општина Центар нема голема улога во ова ,но затоа може продолжи центар да реновира (исто како и досега) на станбените згради но во модерен или автентичниот стил. А за овие објекти од јавна важност зависи од Владата и самите сопственици на објектите.
10.Мислам дека Жерновски нема да се буни тука ,бидејќи сепак тие парцели имаат маркици ,земјиштето е под надзор на Г.Скопје а веќе продадено на инвеститор, така да он нема некоја улога тука.
11.хмм Оградата колку што знам е инвестиција на Град Скопје ,а он нема увид и право на тоа.
12.Поништување би подржал но незначи дека ќе се случи ,повторно тука има улога Г.Скопје и Министерство за Транспорт и Врски.
13.Таму незнам што е планирано и незнам чива надлежност е земјиштето но претпоставувам како под број 12.
14.Подршка за ова ,а мислам дека останатиот дел од страната на Димитрија Чуповски може да се реновира во модерен стил, а челото на зградата (од кај собрание кога се гледа) да биде некој спој помеѓу „барокот“ и модерното и тогаш целата зграда би била многу интересен спој ,бар според мене.
15.Подршка и за ова па дури и комплетено бришење.
16.Незнам на ова што да кажам ,од подземен пристап за зградата стана подземен булевар ,а подземниот булевар под плоштад беше избришан ,тука има многу глупости.


Posted By: totobobo
Date Posted: 22-Apr-2013 at 22:06
Целосно се согласувам

-------------
Interceptor design


Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Apr-2013 at 23:20
дислокација можи да се направи само во разговор со добра воља на сите страни.ако се тргни со инат ништо нема да се направи.единствен начин е добро образложение и заедничка програма,све друго е пропаст


Posted By: ant11
Date Posted: 23-Apr-2013 at 08:44
нема дислокација, ниту уривање


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Apr-2013 at 08:49
Originally posted by ant11

нема дислокација, ниту уривање


и јас сум сигурен дека нема да има, поради недостиг на волја, ресурси, способност, визија итн...

Но интересна ми е оваа хистерија дека „нема дислокација, нема уривање“ што се врти деновиве. Од еднаш стана битно да се почитуваат „различностите“ и да се почитува тоа што е изградено, после повеќе години потсмев и ситење кон сите на кои не им се допаѓа СК2014


Posted By: NoName
Date Posted: 23-Apr-2013 at 10:08
Нема да има дислокација пред се заради изборните резултати.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 23-Apr-2013 at 12:05
Сметам дека мора има дислокација на одредени споменици и скулптури, токму резултатите од локалните избори го покажуваат тоа. Особено што идниот градоначалник ќе треба да најде начин на плати уште 10-тина милиони евра за довршување на постоечките проекти од Скопје 2014, а кога веќе тоа ќе мора да го направи, да не ги остави објектите во ваква состојба, тогаш мислам дека има потполно право да одлучи и кои споменици и скулптури треба да се тргнат од центарот на Скопје и да си најдат подобра позиција во државава. 


Posted By: totobobo
Date Posted: 23-Apr-2013 at 13:38
Колку што јас знам инвеститор е Владата на преостанатите објекти или Министерство закултура. Така да Жерновски ниту ке доградува, ниту ке дислоцира.

-------------
Interceptor design


Posted By: xnx
Date Posted: 23-Apr-2013 at 13:56
kako sto opstina karpos ne dozvoli da se postavi konjanik na nejzina teritorija i porkaj toa sto investitor e vladata, taka i zernovski ima pravo da dislocira nekoi od spomenicite


Posted By: xnx
Date Posted: 23-Apr-2013 at 16:59

Како да се тргнат спомениците од центарот на Скопје со примена на важечките закони

23.04.2013 09:06
http://okno.mk/taxonomy/term/9340 - Јавни Простори / http://okno.mk/stav - Став
http://okno.mk/taxonomy/term/6021 - Мирјана Најчевска
Како%20да%20се%20тргнат%20спомениците%20од%20центарот%20на%20Скопје%20со%20примена%20на%20важечките%20закони

Деновиве се изнаслушав приказни зошто не може да се тргнат спомениците изградени/поставени во општина Центар. Слушнав за невладини организации кои ќе ги бранат, за крв која ќе паднела и слично.

Всушност, постапката воопшто не е сложена и е многу законска.

1. Во Законот за меморијалните споменици и спомен обележја (Службен весник на Република Македонија бр. 66/2004 г.) е дадена дефиниција на меморијален споменик и спомен обележје и кој може да го подигне. Според членот 3 „Меморијални споменици, во смисла на овој закон, се поединечни или група објекти и монументални дела од архитектурата, скулптурата, сликарството и применетата уметност со историски и уметнички содржини и вредности што се подигаат за трајно зачувување на споменот на настаните и личностите од членот 2 на овој закон, а кои се од исклучително значење за Република Македонија (во натамошниот текст: меморијален споменик). Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државноправен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата.“

Акцентот е ставен на исклучителното значење и на државноправниот континуитет. Ова е првиот филтер во одредувањето на законитоста на поставените споменици.

Според членот 4 „Спомен-обележја, во смисла на овој закон, се бисти, скулптури, плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки одбележуваат настани и личности од членот 2 на овој закон или од народната традиција, кои се од локално значење (во натамошниот текст: спомен- обележје).“

Акцентот е ставен на локалното значење. Ова е вториот филтер за одредување на законитоста на поставените споменици.

2. Во истиот закон е точно определено кој може да гради каков споменик.

Според членот 5 „Меморијален споменик може да подигне Собранието на Република Македонија“. „Спомен обележје може да подигаат општините, градот Скопје и општините во градот Скопје.“

Ова е третиот филтер за одредување на законитоста на поставените споменици.

3. Според членот 24 од истиот Закон „На подигањето на меморијален споменик и спомен-обележје се применуваат прописите за изградба на инвестициони објекти и прописите за просторно и урбанистичко планирање.“

Ова е четвртиот филтер за одредување на законитоста на поставените споменици.

Во 2009 година под заведен под број : 07-11-409/2 е пречистениот текст на Програмата на општина Центар за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја (претседател на комисијата за статут и прописи Владимир Бахчовановски).

Во Програмата се вели:

Програмата е објавена во Службен гласник на Општина Центар бр.4 од 29.04.2009 г.

Програмата е спротивна на Законот за меморијални споменици и спомен обележја заради тоа што ниту една од личностите спомнати во програмата не е на никаков начин поврзан со општина Центар и нема локално значење. Тоа го знаеле сите оние кои гласале за неа, со оглед на тоа дека Програмата се повикува на Законот.

Според член 50 од Законот за локална самоуправа: надлежност на градоначалникот е да ја контролира законитоста на прописите на советот.

Според член 51 од Законот за локална самоуправа: Ако градоначалникот смета дека прописот на советот не е во согласност со Уставот и законите, должен е во рок од седум дена од денот на доставувањето со решение да го запре неговото објавување, со кое ќе ги образложи причините за запирањето.

Според член 70 од Законот за локална самоуправа: Надзор над законитоста на прописите на општината врши министерството надлежно за вршење на работите на локалната самоуправа.

Контрола на материјалното и финансиското работење на општината врши Министерството за финансии.

Ова значи дека:

-новиот градоначалник треба веднаш да ја преиспита законитоста на Програмата

-доколку се утврди прекршување на законот да се поведе кривична постапка против претседателот на советот, градоначалникот, министерот за локална самоуправа и министерот за финансии за злоупотреба на службената должност со барање за враќање на сите средства кои се противзаконски потрошени

-да започне постапка за отстранување на спомениците со тоа што трошоците ќе паднат на сметка на прекршителите на законот, а никако не на граѓаните на општина Центар.

http://okno.mk/node/27609




Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Apr-2013 at 18:40
одлуката за подигањето на спомениците е донесена во 2004 година од страна на советот на град Скопјеовој закон вероватно е воопштена форма за `ерга омнес`

Година: 2004 Број: 12
Датум на издавање: 12/14/2004
Општина: Совет на Град Скопје
Тип:Програма

Наслов: Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје
Текст:Врз основа на член 61 став 1 точка 5 од Статутот на Град Скопје, Советот на Град Скопје, на четириесет и седмата седница, одржана на 30 ноември 2004 година, донесе
П Р О Г Р А М А
за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје
I. Вовед

Поаѓајќи од историската позиција и карактерот на Градот Скопје како град со богато историско мината и едно од најстарите цивилизациски жаришта, а сега главен град на Република Македонија во кој се концентрирани најголемиот дел од материјалните и духовните, популационите и стопанските, како и креативните и творечки потенцијали на Републиката се предлага Програма со која се утврдува потребата и обврската на Градот Скопје за одбележување со спомен-обележје на истакнати личности од историјата и културата. Во знак на почит и грижа на граѓаните на Градот Скопје, за зачувување на споменот на нивниот лик и дело, како и со цел да се збогатат јавните градски површини со уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки ќе ја изразат ваквата почит и грижа, се одбележуваат:

II. Личности кои ќе се одбележат
Со оваа Програма, Градот Скопје се определува за подигање спомен-обележје на следниве личности:
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ЈУСТИНИЈАН
ЦАР САМОИЛ
СКЕНДЕР БЕГ
КАРПОШ
ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ
КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ ДОСИТЕЈ и
ЛАЗАР ТАНЕВ
III. Податоци за личностите и нивното значење, место каде ќе се подигне спомен-обележје, основните елементи за текстот што се истакнува на обележјето и рокот за подигање се утврдуваат со Одлука на Советот на Град Скопје за секое спомен-обележје одделно.
IV. Извор на средства за финансирање на подигањето и јавното промовирање на спомен-обележјето
Финансирањето на содржините на оваа Програма ќе се остварува од:
средства од Буџетот на Град Скопје;
донации;
Буџетот на РМ;
други извори, согласно закон.
V. Реализација на Програмата
За подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на секое спомен-обележје содржано во Програмата, Советот на Градот Скопје ќе донесе одлука.

За секое спомен-обележје содржано во Програмата, односно за спроведување на постапката за неговото подигање, Советот на Градот Скопје именува одбор за подигање на спомен-обележјето. Составот и делокругот на одборот се определува во актот за неговото именување.
Оваа Програма е отворена и за други содржини, односно може да се дополнува и со други значајни личности. Иницијатива за дополнување на Програмата можат да дадат до Советот на Градот Скопје, правни и физички лица.
VI. Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје”.

Број 09-3293/1
30 ноември 2004 година
С к о п ј е

СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ
ПРЕТСЕДАВАЧ,
Страшо Нелковски,с.р.


Posted By: daci92
Date Posted: 23-Apr-2013 at 19:58
Ѓоко твојов текст го потврдува тоа што и татко ми го кажуваше уште во 2008-2009 како шпекулација ,односно дека проектот (сега наречен) Скопје 2014 е 90% ако не и повеќе е планиран од претходната власт (тогаш врховната власт или подобро кажано владата бидејќи не постоеше децентрализацијата и највисокиот орган ги донесуваше најважните одлуки како оваа) но никогаш не започнала со реализација ,исто така зборуваше дека проектов ќе биде надграден со сигурност бидејќи мора да изменат и додадат нешто од власта за да се разликува од проектот на претходниците.

А сетиот текст докажува дека всушност сето ова поставување не е силување од оваа власт како што СДСМ и Жерновски тврдеа туку од претходната власт (нивната партија).
Е сега колку сето ова е легално направено ќе потврди ревизијата на делот кој Центар го инвестирал/изработил.


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Apr-2013 at 21:20
Originally posted by daci92

Ѓоко твојов текст го потврдува тоа што и татко ми го кажуваше уште во 2008-2009 како шпекулација ,односно дека проектот (сега наречен) Скопје 2014 е 90% ако не и повеќе е планиран од претходната власт (тогаш врховната власт или подобро кажано владата бидејќи не постоеше децентрализацијата и највисокиот орган ги донесуваше најважните одлуки како оваа) но никогаш не започнала со реализација ,исто така зборуваше дека проектов ќе биде надграден со сигурност бидејќи мора да изменат и додадат нешто од власта за да се разликува од проектот на претходниците.

А сетиот текст докажува дека всушност сето ова поставување не е силување од оваа власт како што СДСМ и Жерновски тврдеа туку од претходната власт (нивната партија).
Е сега колку сето ова е легално направено ќе потврди ревизијата на делот кој Центар го инвестирал/изработил.
идејните решенија (и да не збориме за официјани урбанистички планови), барем оние кои ни биле сервирани, биле отсекогаш главно фокусирани на изградба на објекти, главно во областа околу плоштад Македонија и плоштад Карпошово востание, и дефинитивно не биле планирани објекти на маркиците за Уставен суд/Архив/Археолошки музеј и АЕК на пример
дури и доколку имало идеи за споменици, тоа сигурно биле неколку капителни, како оној на Александар, дури и овие кои се споменати во погорниот текст, се само девет, занемарителна бројка во споредба со тоа што се случува сега

единствено може да збориме дека иницијатор на поставување на скулптури беше Аларова (како бикот и шмизлата), и исто така мостот на уметноста, кој во нејзино време беше мостот на цвеќето, ама споменици никаде не биле спомнати претходно, уште помалку па дека се предвидени на секои пет метри да ги има...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Apr-2013 at 21:42
караницава околу споменициве на крај се сведува на народната-`подржи ми го копилево,да се искарам со к.....а`

се извинувам на ваквата споредба ,ама тоа е за мене вистината


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Apr-2013 at 23:45
Originally posted by gjoko

дислокација можи да се направи само во разговор со добра воља на сите страни.ако се тргни со инат ништо нема да се направи.единствен начин е добро образложение и заедничка програма,све друго е пропаст

Одеднаш станавме Скандинавци?

Ѓоко, те  почитувам и знам дека за разлика од многумина други, коментираш искрено и најдобронамерно. Ама баш поради тоа не можам да се изначудам, каде беше ваквото резонирање (од цитатот) досега? Да се потсетиме, некој најпрвин измисли дека има „страни“ за овие работи и ја почна „војната“. Па потоа токму спротивно од тоа што го пиша ти, односно без никаков разговор ниту образложение ниту трунка добра воља, туку еднострано и со максимален инает, го спроведе целиот овој огормен циркус Ск2014 (и тоа бескрајно „надградуван и прошируван“). Зошто тоа тогаш не беше пропаст, туку му се наоѓаа неверојатни и комични оправдувања од кои човек со два грама мозок буквално добива вртоглавица, а пропаст ќе било сега, ако некој споменик или рингишпил се дислоцирал без „консензус“? И всушност, сериозно ли мислиш дека творците на Ск2014 ќе дадат согласност за било што, дури и за најмала ситница, па макар некој 1000 години да им образложува нешто најлогично и најрационално, со бескрајни количества добра волја? Апсолутно не, туку клин со клин се избива, само што за жал сеуште не е дојдено време за тоа да се случи во поголем размер, туку веројатно ќе се случува само нешто симболично.


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Apr-2013 at 00:07
несакав да навлагувам во детали за да не разгорам дебата што не ја посакувам.мислам дека ако се оди насила со дислокацијата,ќе настанат тензии,највероватно и со жив ѕид ќе ги бранат..

поентата ми беше низ разговор на еминентни луѓе,предводени од Жерновски(се знам со него од 1995),на некои луѓе од владата да им се објасни дека намерата е стварно позитивна,а не политичка,низ разговор едноставно да се убедат да се разретчат спомениците према логиката/каде се вишок-таму да се вади.

Тоа со противењето на тие дечките како се викаа-плоштад слобода мислам дека беѓе,неуспеа бидејќи беа малку на број.да излезеше критична маса од 10-20 000 луѓе ,сега немаше да биди ваква ситуацијата-да се радуваме на жерновски бидејќи нема да се гради тркалото.

да не навлезиме во политичкото критикување ладе све нечини кај противникот.

овде стварно треба сериозен разговор да се направи.

јас на пример имам познаник во парламентот(потекнуваме од исто село по мајки) и му објаснив дека во општината има доставено предлог проект(мислам дека беше од Алекс) со кој ќе остани видикот на споменикот низ портата,а сепак да се гради објектот.дали ќе помогни тоа-незнам.

сакав само со убав збор да обаснам дека има и подобри решенија


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Apr-2013 at 00:09
Originally posted by gjoko



поентата ми беше низ разговор на еминентни луѓе,предводени од Жерновски(се знам со него од 1995),на некои луѓе од владата да им се објасни дека намерата е стварно позитивна,а не политичка,низ разговор едноставно да се убедат да се разретчат спомениците према логиката/каде се вишок-таму да се вади.

кај нас очигледно не постои вакво нешто, тоа и го посочува Кловер...
да постоеше таков вид на разговор, сега немаше воопшто да постои ни Ск2014, или барем ќе беше во многу поинаква форма


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Apr-2013 at 00:15
Originally posted by gjoko

на некои луѓе од владата да им се објасни дека намерата е стварно позитивна,а не политичка,низ разговор едноставно да се убедат да се разретчат спомениците према логиката/каде се вишок-таму да се вади.
Ама јас навистина почнувам да се прашувам дали последниве неколку години живееше во Македонија  Big%20smile


Posted By: xnx
Date Posted: 24-Apr-2013 at 03:53
https://www.dropbox.com/s/33rrtm5mkh39xfg/prva_sednica_zeleni_parceli.pdf


Posted By: totobobo
Date Posted: 24-Apr-2013 at 06:40
Најчевска како и секогаш манипулира и се демантира сама себеси, па вели:
Според член 51 од Законот за локална самоуправа: Ако градоначалникот смета дека прописот на советот не е во согласност со Уставот и законите, должен е во рок од седум дена од денот на доставувањето со решение да го запре неговото објавување, со кое ќе ги образложи причините за запирањето.
ЗНАЧИ ВО РОК ОД СЕДУМ ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ
Јасно и гласно е кажано во кои рокови е можно поништување на решенија, сето друго е замајување на јавноста и собирање политички поени.

-------------
Interceptor design


Posted By: totobobo
Date Posted: 24-Apr-2013 at 06:44
Одлуката за подигањето на спомениците е донесена во 2004 година од страна на советот на град Скопјеовој закон вероватно е воопштена форма за `ерга омнес`
Само за потсетување, тогаш советот беше од СДСМ, а Градоначалник беше Ристо Пенов. Од што се гледа дека шефот на Жерновски и негов патрон Пенов е основоположник на идеата за спомениците.

-------------
Interceptor design


Posted By: totobobo
Date Posted: 24-Apr-2013 at 06:51
Originally posted by xnx

kako sto opstina karpos ne dozvoli da se postavi konjanik na nejzina teritorija i porkaj toa sto investitor e vladata, taka i zernovski ima pravo da dislocira nekoi od spomenicite
Opstina Karpos ne donese resenija za postavuvanje na spomenicite, vo ovoj slucaj postojat resenija i dozvoli za gradbite i spomenicite. Ne postoi pravna forma da stopiras gradba ako se odviva gradenjeto soglasno dobienata dozvola. Inaku koj privaten investitor bi se nafatil da gradi ako moze bilo koja nova lokalna vlast da stopira gradba so legalno dobiena dozvola.

-------------
Interceptor design


Posted By: ant11
Date Posted: 24-Apr-2013 at 10:19
Originally posted by pbanks

Originally posted by ant11

нема дислокација, ниту уривање


и јас сум сигурен дека нема да има, поради недостиг на волја, ресурси, способност, визија итн...

Но интересна ми е оваа хистерија дека „нема дислокација, нема уривање“ што се врти деновиве. Од еднаш стана битно да се почитуваат „различностите“ и да се почитува тоа што е изградено, после повеќе години потсмев и ситење кон сите на кои не им се допаѓа СК2014


Која хистерија?
Прашањето за допаѓање или не, потреба или не, овој или оној стил е сосема друго.
Дали навистина мислите дека некој нешто ќе дислоцира? Сега, оваа година или наредната? Ќе троши пари за дислокација на споменици чија изработка и поставување е нели непотребно трошење пари?

Јас мислам дека ќе биде интересно да се види како општина Центар ќе ги постави последните три споменици - Албанци, чии постаменти се готови или во завршна фаза.

За 10-15 години - можеби и ќе може нешто да се смени иако лично не верувам.
На сите ќе им легне.
А Жерновски, кој нели го избегнувал плоштадот од што му се повраќало (го видовме во Пелистер со амбасадорите) ќе го гледаме и во Портата и во Музеите итн.

Искулирајте малку.



Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Apr-2013 at 16:35
Морално Кловер си во право,ама јас кажувам начин на кој има шанси да се направи нешто.јас тргнувам од принцип што можи да се направи,а не што `треба` да се направи.Во пракса многу пати овие две работи не се совпаѓаат


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Apr-2013 at 21:25
Originally posted by ant11

Originally posted by pbanks

Originally posted by ant11

нема дислокација, ниту уривање


и јас сум сигурен дека нема да има, поради недостиг на волја, ресурси, способност, визија итн...

Но интересна ми е оваа хистерија дека „нема дислокација, нема уривање“ што се врти деновиве. Од еднаш стана битно да се почитуваат „различностите“ и да се почитува тоа што е изградено, после повеќе години потсмев и ситење кон сите на кои не им се допаѓа СК2014


Која хистерија?
Прашањето за допаѓање или не, потреба или не, овој или оној стил е сосема друго.
Дали навистина мислите дека некој нешто ќе дислоцира? Сега, оваа година или наредната? Ќе троши пари за дислокација на споменици чија изработка и поставување е нели непотребно трошење пари?

Јас мислам дека ќе биде интересно да се види како општина Центар ќе ги постави последните три споменици - Албанци, чии постаменти се готови или во завршна фаза.

За 10-15 години - можеби и ќе може нешто да се смени иако лично не верувам.
На сите ќе им легне.
А Жерновски, кој нели го избегнувал плоштадот од што му се повраќало (го видовме во Пелистер со амбасадорите) ќе го гледаме и во Портата и во Музеите итн.

Искулирајте малку.

мислам дека одамна е заклучено колкава е веројатноста некој споменик да биде дислоциран, аман веќе...
темава е чисто за идеи, не значи дека сега ќе се крене револуција против споменици од утре


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Apr-2013 at 21:30
Originally posted by gjoko

Морално Кловер си во право,ама јас кажувам начин на кој има шанси да се направи нешто.јас тргнувам од принцип што можи да се направи,а не што `треба` да се направи.Во пракса многу пати овие две работи не се совпаѓаат
Ѓоко, те разбирам е што сакаш да кажеш и ние поддржуваме таков пристап... но, да се работеше за интерес на властите кон добронамерните причини, немаше воопшто да се гради во моментов

ние како лаици сме приметиле што не е во ред со многу проекти... според тоа, би требало и политичар, кој дури и еден грам памет да има, да го примети тоа и да не прави грешки

никој во оваа земја нема никаков интерес за разум во урбанизмот, ни стручната јавност, ни обичната раја, ни политичките редови, зошто би имал верба дека сега нешто би било поразлично?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Apr-2013 at 23:32
проблемот е ако нешто се негира и критикува во целост,другата страна тоа ќе го свати дека политика стои зад тоа,а тогаш нема шанси ништо да се направи.

затоа настапот треба да биди таков за да сватат дека стварно некој добро разлислил и предложил добра идеа,а не само контрање и инаетење.

-ќе го повторам случајот со изградбата на плоштадот од страна на Пенов-тогаш сегшните градители на спомениците на овој оспоруван плоштад,од пети жили се обидуваа да докажат дека плоштадот е утка,нагибот на теренот е промашен и плоштадот ќе биди езеро од вода,дека покрај многу квалитетен мермер што имаме дома Пенов увезува од Босна,дека плоштадот е многу голем и нема со што да се пополни!!!!!!!,дека се перат пари со пренесување на коцката(ова го спомена и Ѓорѓе Марјановиќ),дека се сечат вековните костени....

Мора да признам дека тогаш и кај мене се јави доза на скепса и почнав да верувам дека стварно тука нешто нечини.

Но подоцна видов дека критиката доаѓала чисто од причини дека проектот го прави ПРОТИВНИКОТ,и мора да се критикува.

Еве сега по втор пат му се извинувам на Пенов што како единка сум бил против изградба на нов плоштад


Posted By: ant11
Date Posted: 25-Apr-2013 at 14:31
Originally posted by zabegan

Originally posted by ant11

Originally posted by pbanks

Originally posted by ant11

нема дислокација, ниту уривање


и јас сум сигурен дека нема да има, поради недостиг на волја, ресурси, способност, визија итн...

Но интересна ми е оваа хистерија дека „нема дислокација, нема уривање“ што се врти деновиве. Од еднаш стана битно да се почитуваат „различностите“ и да се почитува тоа што е изградено, после повеќе години потсмев и ситење кон сите на кои не им се допаѓа СК2014


Која хистерија?
Прашањето за допаѓање или не, потреба или не, овој или оној стил е сосема друго.
Дали навистина мислите дека некој нешто ќе дислоцира? Сега, оваа година или наредната? Ќе троши пари за дислокација на споменици чија изработка и поставување е нели непотребно трошење пари?

Јас мислам дека ќе биде интересно да се види како општина Центар ќе ги постави последните три споменици - Албанци, чии постаменти се готови или во завршна фаза.

За 10-15 години - можеби и ќе може нешто да се смени иако лично не верувам.
На сите ќе им легне.
А Жерновски, кој нели го избегнувал плоштадот од што му се повраќало (го видовме во Пелистер со амбасадорите) ќе го гледаме и во Портата и во Музеите итн.

Искулирајте малку.

мислам дека одамна е заклучено колкава е веројатноста некој споменик да биде дислоциран, аман веќе...
темава е чисто за идеи, не значи дека сега ќе се крене револуција против споменици од утре


Нема потреба од нервоза.
А се додека темите се чисто за идеи, револуција не може да има за ништо и ќе биде познатата приказна со караванот и кучињата.
И за жал сите тука сме оние кои само лаат.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 18-May-2017 at 22:04
Имајќи предвид дека новата централна, а како што стојат работите и локална власт, ќе изврши ревизија на проектот Скопје 2014, многу е веројатно некои споменици да бидат срушени или дислоцирани. Кој споменик би сакале вие да биде прв срушен? Мој предлог е споменикот на ќосето пред судската палата.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Dexter26
Date Posted: 18-May-2017 at 22:49
Originally posted by Staro Skopje

Имајќи предвид дека новата централна, а како што стојат работите и локална власт, ќе изврши ревизија на проектот Скопје 2014, многу е веројатно некои споменици да бидат срушени или дислоцирани. Кој споменик би сакале вие да биде прв срушен? Мој предлог е споменикот на ќосето пред судската палата.

 
Нека бидат дислоцирани, не мораат да бидат срушени.
 
Единствено фонтаната на малиот Аце Велики, на тате негов и на мама негова од другата страна на Вардар ќе требаат да биде срушени, бидејќи станува збор за бетонски конструкции.
 
Спомениците на двата краја на Камени Мост - Гоце Делчев, Даме Груев, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски сакам да останат, тие се едни од ретките чии што поставувања ги поддржував од самиот почеток, ми се допаѓаат и сакам да останат.
 
И се разбира, подната фонтана на плоштад Македонија треба да остане, единствено за нејзе има надеж дека ќе има некаков забавен карактер во иднина.
 
Каруселите треба да се дислоцираат, а бетонските платформи врз кои се поставени треба да се срушат.
 
Треба да се вратат автентичните фасади на објектите во првобитните облици во кои се наоѓале пред да бидат нагрдени.
 
Цар Самоил да се пресели во Охрид, каде што му е тврдината, Јустинијан Први да се пресели на правниот факултет кој го носи неговото име, гемиџиите да се преселат во Велес каде што имаат мост именуван по нив, Димитрија Поп Георгиев Беровски и Димитрие Чуповски да се преселат во соодветни училишта именувани по нив, се разбира не мора училиштата да бидат скопски училишта, спомениците се платени со парите на сите граѓани и треба да бидат дислоцирани на повеќе населени места низ Македонија.
 
Бетонските платформи врз кои се поставени спомениците на Христо Татарчев и Павел Шатев треба да се срушат, а спомениците да се продадат како старо железо, бидејќи се премногу големи, едноставно не одговараат за во некое училиште или парк. Или да се бараат донатори кои ќе прифатат на своја сметка да ги стопат и да направат помали споменици кои би одговарале за во некое училиште или парк.
 
Мислам дека спомениците на бранителите и на паднатите херои за Македонија треба да останат во паркот Жена борец, а споменикот на АСНОМ да се дислоцира, по можност во Крушево или во Пелинце.
 
Не ми текнува на останатите споменици во моментов.


Posted By: Katanga
Date Posted: 18-May-2017 at 22:57
Полека бе Талибанци, полека...


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 18-May-2017 at 23:40
Кои се Талибанци? Хитлеросталинистички психопати кои по телефонски повик наредуваат на децении стари објекти во центарот на Скопје да им бидат сменети фасадите само затоа што не се совпаѓаат со нивната иредентистичка, бардовистичко-демирхисарска и белизе-панамо-швајцарска идеја, притоа не прашувајќи ги живите автори на тие објекти за дозвола? Или оние кои сакаат ситуацијата да се врати во нормала?
________________________________________________________________
Тој чудниот голем споменик со круг, столб и погрешно спелувана Iustitia во Жена парк е исто така бетонска конструкција и треба да се сруши. Карев од карши може да помине. Лавовите на Гоце Делчев, сосе распадната ограда не ми се свиѓаат, ама пикселизираните лавови се подобри од детализираните. Тој натртениот среде кружниот кај Католичка ми е смешен и може да остане. Бикот кај Пеко е супер. Исто и шмизлите, кондураџиите, пливачките. За тој на триаголникот на Рекорд немам мислење, како и за Карпош сред Вардар. Објектот со скулптурална композиција или како и да се викаше нема да го коментирам.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Dexter26
Date Posted: 19-May-2017 at 00:05
Previous
 
Благодарам за потсетувањето.
 
Ако големиот споменик со круг и столб е тој со Прометеј, тоа е споменикот на паднатите херои и мислам дека треба да остане.
 
Христијан Тодоровски Карпош мора да остане таму каде што е, исто како и дедо Иљо Малешевски. Никола Карев пред Собрание исто така мора да остане таму каде што е, а можеби и Питу Гули од спротива во Жена борец треба да остане. Бикот, шмизлите, кондураџиите, пливачките исто така треба да останат.
 
Христо Узунов може да остане кај Рекорд, а исто и Васил Чакаларов на кружниот тек кај Католичка црква, Михајло Апостолски на кружниот тек кај клучка Континентал, и Ѓорче Петров на кружниот тек на булеварот кој го носи неговото име во населбата и општината кои го носат неговото име.
 
Лавовите мораат да се преместат во паркови, а постаментите да се срушат.
 
Методија Андонов Ченто го заборавив, неговиот споменик да се премести во скопската населба која го носи неговото име.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 19-May-2017 at 00:29
Исто така, старото спомениче на Мисирков на плоштад Пела мора да се потсреди, спомениците кај св. Богородица ќе треба да се отстранат доколку ништо повеќе не се гради таму, а бегалците од пред Холидеј Ин може да се однесат во некој град каде што се населиле голем број Егејци (освен Скопје). Јане во Аеродром и Тодор (споменикот, не човекот!!!) во Кисела Вода не се лоши. Спомениците/скулптурите/постаментите од времето на СФРЈ исто така треба да се потсредат. Орлите и крстовите да се стават во еден голем котел и искористат за изградба на некоја пруга, мост или фабрика.
Мислам дека тоа е тоа, не ми текнуваат други.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-May-2017 at 09:26
Ви ги префрлив објавите во соодветнава тема. Исто така, се дискутираше за ова и на една друга тема, мошне слична, еве линк:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3213&PID=210052#210052 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3213&PID=210052#210052

Ги заборавивте мостовите Око и оној на „уметноста“, пренатрупани со статуи. Поради неквалитетот на изведбата, мостовите секако ќе треба да претрпат реконструкција, а во тој процес можат да се осовременат („модернизираат“, а статуите да се отстранат како непотребен вишок). Би ја оставил само пајонската свештеничка, наавистина изгледа моќно во фонтаната, а е и дел од нашето занемарено културно-историско наследство. Голем дел од спомениците на плоштад Македонија ќе мораат да се преместат или отстранат, едноставно се премногу и го задушуваат просторот - ова е и забелешка на бројните туристи, гости и други лица што го посетиле Скопје, едноставно прпенатрупано е, без никаков ред и смисла.

Originally posted by Staro Skopje

Исто така, старото спомениче на Мисирков на плоштад Пела мора да се потсреди..


Ова „спомениче“ под итно треба да се отстрани зашто е премало и е навреда за ликот и делото на Мисирков. Овој наш великан си има соодветен споменик/статуа кај МАНУ, со мало паркче околу себе, што е сосем доволно, само уштре редовно да се одржува чистотата и да се коси тревата, нешто што е премногу тешко за нас.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 19-May-2017 at 09:42
Ја би остаил сѐ како што е... да сведочи за едно лошо и излудено време во Македонија... А и доволно се трошеа пари за Ск2014...

Некои работи само како што се панорамското тркало би го стопирал и би го оставил само мост... и можеби уште нешто али сега за сега ништо... прво да ја оправиме државата па после 2-3 години ќе мислиме што треба да се среди во Скопје...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: phenomenon
Date Posted: 19-May-2017 at 10:57
Наказите од коритото на Вардар да се отстранат, споменикот на Самоил да се дислоцира (пречи), каруселите да се дислоцираат (пречат за нормално движење) и евентуално тие двајцата на стол покрај Триумфалната Порта.

И воопшто да не се губи време со останатите споменици, туку новите власти своето внимание да го насочат кон други општественополезни работи.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: skopskodete
Date Posted: 19-May-2017 at 16:04
Staro Skopje како ги ставаш орлите и крстовите на исто рамниште? Орелот е поставен како националистички симбол, а крстовите се религиозен симбол, башка ако мислиш за крстот ШТО НЕ СЕ ПОСТАВИ, тогаш стварно не ти ја сфаќам поентата.
Приоритет за дислокација на спомениците е да се тргне тој националистички споменик, ама за жал нема да се тргне, а од друга страна ќе се прават 300 и кусур комбинации за спомениците во Центар, кои реално освен тоа што се премногу ставени на мал простор, нема друг проблем.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 19-May-2017 at 16:14
Оној Прометеј со целокупната грдосија во позадина ќе треба да се руши со динамит. Паркот Жена-борец ќе мора да се растерети и ослободи од преголемиот број на споменици. Цар Самоил и Димитрије Чуповски ќе треба да си најдат нова локација, да престане изградбата на онаа грдосија од Мајка Тереза. Споменикот на децата бегалци пред Холидеј ин исто така ќе треба да го снема од постоечката локација. Сето ова што го пишувам се тотални промашувања од урбанистичка смисла за кои сметам дека треба да имаат приоритет при отстранувањето. Но, тоа не значи дека треба да се уништат. Со мал реконструктивен зафат на Градскиот парк, дел од нив можат да му прават друштво на Гоце Делчев (говорам за два-три споменици), а останатите можат да патуваат низ останатите скопски населби и градови.

Во однос на рушење на споменици кои имаат тоталитарна матрица во својата суштина, тоа би бил несомнено првенствено Ќосето пред Судска палата.


Posted By: iGi_PoP
Date Posted: 19-May-2017 at 16:44
Haha, smesni ste site... pravo na revanshizam... Koga ke vi dojde mozok vo glava deka zaludno trosenje na pari za vakvi raboti e bezcelno trosenje na resorsi.
Ajde sega site pari sto se potrosia poslednive 10 godini da gi spickame na dinamit, krsenje, rusenje i  prepravanje, za koga ke se semni vladata pak vo ovoj bezcelen ciklus da navlezeme...
Toa e edno prokleto crnilo sto za zal e veke del od Makedonskiot mentalitet


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 19-May-2017 at 16:58
Originally posted by skopskodete

Staro Skopje како ги ставаш орлите и крстовите на исто рамниште? Орелот е поставен како националистички симбол, а крстовите се религиозен симбол...

И што е разликата?

Originally posted by skopskodete

...башка ако мислиш за крстот ШТО НЕ СЕ ПОСТАВИ, тогаш стварно не ти ја сфаќам поентата...



Originally posted by skopskodete

...Приоритет за дислокација на спомениците е да се тргне тој националистички споменик, ама за жал нема да се тргне...

Со првиот дел се согласувам. За вториот, ќе треба голема реформа (психичка, пред се') за националистите да се занимаваат со нивните вистински проблеми, наместо глупости како овие и останати бедотии.

Originally posted by skopskodete

...а од друга страна ќе се прават 300 и кусур комбинации за спомениците во Центар, кои реално освен тоа што се премногу ставени на мал простор, нема друг проблем.

Не ти пречи што убијци на македонскиот народ се испрчени сред Скопје?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: skopskodete
Date Posted: 19-May-2017 at 17:03
Е добро ајде, од милион проблеми сега ќе треба ова да се реши... Супер! Уште ова остана. Tоп!

Дислокација на споменици... На пример, подобро би било да се среди кејот на Вардар (целосно) од почеток до крај (вклучително и делот во Центар) отколку да се прават глупости од тип на дислокација на споменици.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 19-May-2017 at 17:11
За да се среди кејот на Вардар треба да се отстранат галиите. Имавте 10 години да го средите, ама вие правевте глупости од тип на поставување на споменици и згради со малтер кој личи на мермер и полураспаднат стиропор.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: BOJAN
Date Posted: 19-May-2017 at 17:22
Да се разбереме, ревизија на „Скопје 2014“ ќе има. Тоа нема да биде лумперајско рушење. Генерално земено, еве ги фазите во кои ќе се одвиваат работите:

1. Професионалните асоцијации ќе побараат отворање на документацијата и учество во ревизија на проектот „Скопје 2014“. Новата влада ќе ја сопре реализацијата на проектот. Сето она што е почнато со градење, а е на почетна фаза од изградба, ќе си добие клуч по примерот на барокната катна гаража што ја планиравте кај НИП „Нова Македонија“. Отворањето на документацијата нема да биде само за архитектите, туку и за секој оној заинтересиран истражувач на психијатрискиот феномен „Скопје 2014“.

2. Вклучување на домашната и меѓународна стручна јавност во ревизија на проектот „Скопје 2014“. Посочување на лошите страни на проектот, со особено нагласување на непремостливите урбанистички промашувања за кои ќе биде потребно распишување на нов Меѓународен конкурс за центарот на Скопје. Во оваа фаза, во договор со изведувачите на „Скопје 2014“, градежните работи од овие објекти би се насочиле кон општокорисни проекти за целата земја од областа на инфраструктурата.

3. Реализација на конкурсот на меѓународно ниво со задолжителни корекции на пропустите од центарот на Скопје. Враќање на некогашните фасади во центарот на градот што се противзаконски уништени без согласност на оригиналните автори. Дислокација на поголем дел од спомениците во Скопје и рушење на оние објекти кои претставуваат метастаза. Реализација на предложени архитектонски интервенции и озеленување на уништениот простор.

Ова е накратко патот кој ми се чини дека ќе ја дели судбината на „Скопје 2014“.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 19-May-2017 at 17:34
Originally posted by BOJAN



3. Реализација на конкурсот на меѓународно ниво со задолжителни корекции на пропустите од центарот на Скопје. Враќање на некогашните фасади во центарот на градот што се противзаконски уништени без согласност на оригиналните автори. Дислокација на поголем дел од спомениците во Скопје и рушење на оние објекти кои претставуваат метастаза. Реализација на предложени архитектонски интервенции и озеленување на уништениот простор.

Ова е накратко патот кој ми се чини дека ќе ја дели судбината на „Скопје 2014“.


Лош е овој предлог од проста причина што треба повторно да се трошат средства од Буџетот за исправање на каприците од некои умоболници.

Предлогот доаѓа во предвид само ако функционерите од претходната власт сами ги сносат трошоците за нивна дислокација, било преку кеш, било преку одземање на имотот за кој нема да можат да извадат покритие за неговото потекло.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: skopskodete
Date Posted: 19-May-2017 at 17:58
Имавте, планиравте... Што ви значи ова?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 19-May-2017 at 21:40
Чекам да ми одговориш што е разликата.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 19-May-2017 at 22:26
Да, галиите би било убаво да се отстранат али дека се као приватни не знам колку ќе биде можно без надокнади и сл.


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: skopskodete
Date Posted: 19-May-2017 at 22:55
За галиите и јас се согласувам. Тотално промашување се, единствно само го огрдуваат погледот.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 20-May-2017 at 00:13
Да напоменам уште еднаш, ќосето треба да се фрли у Вардар, сите истовремено да пуштиме вода и со пријателчињата да тргне да го освојува Солун.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 20-May-2017 at 04:04

Читајќи ги и твоите претходни напатени и примитивни коментари тука и желба за деструкција, мислам дека ти прво треба се фрлиш во Вардар па за другото ќе видиме.

Повеќето од вас рушачи и "експерти" кои мислите дека се паметни под дифолт ако имаат некое критично мислење сте всушност обични Неандерталци кај кои се буди порив за деструкција и страв како реакција кон се она што претставува страно и непознато и вон нивниот вообичаен начин на живот и нивните вообичаени способности.

Ве замислувам баш како неко племе индијанско или група Неандерталци од Камена доба (исто како што ја замислував и Шарената куртонлуција кога вандализираше), кои кога ќе дојдат во контакт со нешто што за нив е непознато и надвор од нивното разбирање и познавање и вообичаен начин на живеење на кои се навикнале и функционираат и нивните способности и технички можности, тоа станува стран непријателски предмет кој со копја, стапови и камења мора да се уништи! УНГА-БУНГА! Ете тоа се повеќето од вас, Неандерталци. Ајт.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 20-May-2017 at 09:13
ќосето е братоубиец чии лик и дело беа искористени од психопат и неговите националистички варвари кои пред некој ден извршија терористички напад, велепредавство и обид за убиство. Во нормална држава ова суштество не би добило ни спомен плоча, а не па нешто друго.
П.С. неандерталци се оние кои уништија згради, паркови, улици, реки, историја, култура, спомени итн. итн. за да украдат пари, притоа задоволувајќи си ги мегаломаниите.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: phenomenon
Date Posted: 20-May-2017 at 09:52
Originally posted by HugoGoulding


Читајќи ги и твоите претходни напатени и примитивни коментари тука и желба за деструкција, мислам дека ти прво треба се фрлиш во Вардар па за другото ќе видиме.

Повеќето од вас рушачи и "експерти" кои мислите дека се паметни под дифолт ако имаат некое критично мислење сте всушност обични Неандерталци кај кои се буди порив за деструкција и страв како реакција кон се она што претставува страно и непознато и вон нивниот вообичаен начин на живот и нивните вообичаени способности.

Ве замислувам баш како неко племе индијанско или група Неандерталци од Камена доба (исто како што ја замислував и Шарената куртонлуција кога вандализираше), кои кога ќе дојдат во контакт со нешто што за нив е непознато и надвор од нивното разбирање и познавање и вообичаен начин на живеење на кои се навикнале и функционираат и нивните способности и технички можности, тоа станува стран непријателски предмет кој со копја, стапови и камења мора да се уништи! УНГА-БУНГА! Ете тоа се повеќето од вас, Неандерталци. Ајт.


Сакаш да кажеш дека за тебе не е неандерталство да преправаш дела на архитекти во барок? Не ти се допаѓа слика од Пикасо или Брак - преправи ја во барок. Mногу поубаво ќе изгледа, нели? Но е вандализам, сфаќаш?

Не е неандерталство да оставиш еден метар слободен простор за движење на пешаци на кејот кај ГТЦ, од една страна зградата на Т-Хоум, а од другата карусел?

Не е неандерталство да имаш седум мостови во должина од 1 километар во Центар, а да немаш надвозник преку пругата за директно поврзување на Кисела Вода и Аеродром или надвозници преку пругата кај Маџари, Хиподром и Ѓорче Петров?

Не е неандерталство да градиш во коритото на Вардар во Центар реквизити кои треба да стојат во Луна-Парк, а во исто време да го запоставиш езерото Треска, каде овие чуда совршено би се вклопиле?

Не е неандерталство да воведуваш Скопска повикувајќи се на љубљанската Урбана и да оневозможиш плаќање со кеш за билет за едно возење - услуга која ја има дури и во Њујорк ( http://web.mta.info/nyct/bus/howto_bus.htm - http://web.mta.info/nyct/bus/howto_bus.htm ), притоа не знаејќи дека Урбана нуди возење во нови и квалитетни автобуси, за разлика од Скопска која нуди возење во крнтии, а освен тоа Урбана овозможува и плаќање за жичарницата на Љубљанскиот Замок, плаќање на влезници во паркинг зони, како и плаќање на услугите во Љубљанската градска библиотека? За во иднина се планира оваа картичка да овозможи и плаќање влезници за музеи, спортски установи и културни настани. А од сето ова, Скопска обезбедува гол к*р.

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=460&PN=16 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=460&PN=16

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 20-May-2017 at 10:20
Добро луѓе што ви е, ги читам коментарите и ви се чудам. Значи сега вие борците за слобода, по извојуваната победа ќе си глумите нешто во стил спасители, а ќе уништувате сето она што е направено од народни пари во последните години? Зарем толко ниско ќе паднете и ќе го примените стилот на Трамп, да се уништи и избрише сето она што било за да можете одново да го воздигнете градот во поранешната комунистичко сива слава? Смешки. Единиствено што треба да се направи сега и понатака е да се преспитаат сите тие пропусти што се направени во секое поле од проектот. Да се минимизира штетата, и да се направи нов план во кој би се развивал градот и со тек на време ќе се исправи она што нависитна не чини.
Според мене најголемите пропусти на проектот се: огромната близина на спомениците, лошиот избор на оние бели коцки на плоштадот, оној споменик на Мајка Тереза, Фице и фамилијата, и она споменикот со музи што го блокира просторот и го оделува кејот од другиот дел на плоштадот.

Факт е дека "забегаа" со проектот, дека идејата премина во идеологија, но ако и новиве почнат да глумат некои си интелектуалци и да се трипаат ко овие, тогаш економската ситуација никојаш нема да се оправи и подобри. Толко многу по битни проблеми го мачат главниот град, а ние сме запнале со еден просор од два на два.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 20-May-2017 at 13:00
Ќе мора да се организираат собири на кои ќе учествуваат сите засегнати страни - централна и локална власт, архитекти и урбанисти од земјава и странство и заинтересирани граѓани на кои ќе се одлучува што да се прави со градов (не само со Скопје 2014, туку за сите десет општини на Градот Скопје и седумте општини од неговата околина), по што ќе се донесат нов генерален и детални урбанстички планови и ќе започнат да се спроведуваат.
Некои работи од Скопје 2014 може и треба да останат (МНТ), некои треба да бидат променети/дислоцирани (Самоил), а некои треба да се отстранат (ќосето). Исто така, ќе треба да се започне со поприоритетните работи - мост на Илинденска и АСНОМ, поврзување на Кисела Вода со Аеродром, гасификација, разеленување и слично. Ќе треба да се пронајдат приоритетите и кај Скопје 2014 - отстранување на карузелот и галиите е поважно, поевтино и побрзо од враќање на старите фасади.
Се' ова ќе се дискутира и одлучи на собирите кои мора да бидат организирани. Дискусија на интернет би била исто така пожелна.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 21-May-2017 at 00:47
Originally posted by Staro Skopje


Тој чудниот голем споменик со круг, столб и погрешно спелувана Iustitia во Жена парк е исто така бетонска конструкција и треба да се сруши. Карев од карши може да помине. Лавовите на Гоце Делчев, сосе распадната ограда не ми се свиѓаат, ама пикселизираните лавови се подобри од детализираните. Тој натртениот среде кружниот кај Католичка ми е смешен и може да остане. Бикот кај Пеко е супер. Исто и шмизлите, кондураџиите, пливачките. За тој на триаголникот на Рекорд немам мислење, како и за Карпош сред Вардар. Објектот со скулптурална композиција или како и да се викаше нема да го коментирам.


Очигледно ти смета многу повеќе од само еден споменик.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 21-May-2017 at 00:48
Кога во уметност и во архитектонски стил гледаш идеологија или политика дефинтивно имаш ментален проблем.

Кога од естетски проблем правиш идеолошко-политички проблем и пробуваш да го претставиш како таков дефинтивно имаш ментален проблем.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 21-May-2017 at 01:07
phenomenon, од архитектонски стил на фасада и објекти и од скулптури и споменици премина во споредби со инфраструктура и автобуси. Како сакаш да ти одговарам на тие прашања и споредби кога тука збориме за сосема друга работа?

Едно се инвестиции во уметност, култура, архитектура итн друга се инвестиции во инфраструктура, јавен превоз, земјоделство, здравство итн.

Што е приоритетно? Дискутабилно.

Што е поважно? Сите се подеднакво важни.

Инаку, реконструкција и измена на изгледот на фасади во Скопје не поддржувам, но само на дел од објектите, на поголем дел не ми смета особено на оние станбени објекти бидејќи голем дел од нив немаа некоја значајна естетска вредност во нивниот изглед па толку да кукаме и да се возбудуваме. За жал тоа е вистина, сакале вие или не. Дали сега се подобри? Не знам, прашање на вкус. Со оглед на тоа дека е употребен јазик кој во архитектурата ги содржи елементите кои во минатото (па и сега) биле употребувани баш поради зголемување на визуелните естетски вредности на еден објект/фасада тогаш тоа би требало да биде постигнато, без разлика дали се градени сега или во се градени во 18, 19 и 20 век.

п.с. На кои крнтии од автобуси во Скопје мислиш? Овие нови автобуси за тебе се крнтии?



Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-May-2017 at 01:20
Originally posted by HugoGoulding

Кога во уметност и во архитектонски стил гледаш идеологија или политика дефинтивно имаш ментален проблем.

Кога од естетски проблем правиш идеолошко-политички проблем и пробуваш да го претставиш како таков дефинтивно имаш ментален проблем.

Совршено објаснување на Скопје 2014

Originally posted by HugoGoulding


Што е приоритетно? Дискутабилно.

Поприоритетно е тоа што носи поголем добробит на граѓаните.

Originally posted by HugoGoulding

Што е поважно? Сите се подеднакво важни.

Не се.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 21-May-2017 at 01:41
1. Совршено објаснување за опседнатоста да се поврзува архитектонски стил на изразување и стил во уметноста со некаква си идеологија или политика.

2. А зошто мислиш ти дека реконструкции на фасади, изградба на Театар, Музеи, Филхармонија, катни гаражи, државни институции итн. не се за добробит на граѓаните?

3. Се! Во држава која беше и сеуште е подеднакво "закржлавена" во многу сфери, е. Подеднакво е значајно се! Едното влијае на другот и обратно.

Впрочем ако мислиш дека уметноста, архитектурата или инвестициите во култура и уметноста се помалку или се не важни тогаш не знам зошто воопшто толку коментираш на дел од форумот кој е наменет за архитетура, уметност. Контрадикторно.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-May-2017 at 16:58
Originally posted by HugoGoulding

1. Совршено објаснување за опседнатоста да се поврзува архитектонски стил на изразување и стил во уметноста со некаква си идеологија или политика.

Уметничките, а со тоа и архитектонските стилови често се поврзуваат со идеологија или политика (на пр. нацистичка или сталинистичка архитектура). Тоа е главната причина зошто Скопје 2014 постои, покрај перење пари.

Originally posted by HugoGoulding

2. А зошто мислиш ти дека реконструкции на фасади, изградба на Театар, Музеи, Филхармонија, катни гаражи, државни институции итн. не се за добробит на граѓаните?

Не мислам. И самиот напишав дека МНТ е еден од објектите кај кој не се потребни зафати (освен поправање на скршената стиропорна ограда) и може да остане. Изградбата на театар, музеи, филхармонија и катни гаражи (онаму каде што се потребни) е за поздравување.
Кога сме кај фасадите, тие се преплатени стиропорни завеси и променети се само предните фасади. Оние позади се' уште се распаднати.

Originally posted by HugoGoulding

3. Се! Во држава која беше и сеуште е подеднакво "закржлавена" во многу сфери, е. Подеднакво е значајно се! Едното влијае на другот и обратно.

Не. Мостот кој ќе ги поврзува Аеродром и Ќерамидница е многу поважен од панорамското тркало. Студентски дом е многу поважен од белата палата.

Originally posted by HugoGoulding

Впрочем ако мислиш дека уметноста, архитектурата или инвестициите во култура и уметноста се помалку или се не важни тогаш не знам зошто воопшто толку коментираш на дел од форумот кој е наменет за архитетура, уметност. Контрадикторно.

Малтер што личи на мермер а не е мермер не е архитектура. Цевки што личат на столбови а не се столбови не се архитектура. Вратичиња што личат на порти а не се порти не се архитектура.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: phenomenon
Date Posted: 21-May-2017 at 17:57
Originally posted by HugoGoulding

phenomenon, од архитектонски стил на фасада и објекти и од скулптури и споменици премина во споредби со инфраструктура и автобуси. Како сакаш да ти одговарам на тие прашања и споредби кога тука збориме за сосема друга работа?

Едно се инвестиции во уметност, култура, архитектура итн друга се инвестиции во инфраструктура, јавен превоз, земјоделство, здравство итн.

Што е приоритетно? Дискутабилно.

Што е поважно? Сите се подеднакво важни.

Инаку, реконструкција и измена на изгледот на фасади во Скопје не поддржувам, но само на дел од објектите, на поголем дел не ми смета особено на оние станбени објекти бидејќи голем дел од нив немаа некоја значајна естетска вредност во нивниот изглед па толку да кукаме и да се возбудуваме. За жал тоа е вистина, сакале вие или не. Дали сега се подобри? Не знам, прашање на вкус.


Нема тука прашање на вкус кога се работи за авторско дело на архитектот. Според твојата логика, испаѓа дека јас имам право да отидам кај тебе, да ти ја изменам фасадата, да ти ги пребојадисам собите по мој ќејф, зашто сметам дека немаш вкус. Ќе ми дозволиш ли?


Originally posted by HugoGoulding

п.с. На кои крнтии од автобуси во Скопје мислиш? Овие нови автобуси за тебе се крнтии?



Не, туку мислам на оние архаични саноси и тамови во кои само што не си пропаднал низ патосот, во кои тече од сите страни кога врне, бидејќи вратите не можат прописно да се затворат и целата каросерија им е скапана, но важно имаат систем за електронска наплата - Скопска, за која ти не даде објаснување кои се придобивките од неа, додека штетите кои ги причинува се очигледни.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 21-May-2017 at 20:00
Се додека не сфатите и сфатиме дека архитектонски стил е само архитектонски стил и ништо многу повеќе од тоа, исто како што бананата понекогаш е само банана, ќе продолжите да живеете во својот сопствен свет на лаги и омраза.

Друго, а зошто мислиш ти дека архитектура не претставува и декоративни столбови кој немаат функција освен буквално да стојат во просторот или на фасада како орнамент и деокрација особено во тие еклектични и неколасицистички стилови? Tаква e улогата на Пиластрите кој немаат статичка функција туку претставуваат декоративни столбови на фасадата.

Каква е гаранцијата да се збори дека да беше поинаку немаше да има грешки или се ќе беше перфектно? Исто со муабетот дека Скопје пред ова беше перфектено и естетски и функционално, што е вон памет да се збори. Исто како што е вон памет да се збори дека се' што сега се направи е перфектно и добро, или пак дека се' што се направи е лошо. Тоа е цело време таа идеја и психолошки момент кој се наметнува, или се' е црно или се' е бело, или си црн или си бел, или си за нас или си нивен итн. Жалосно.



Posted By: phenomenon
Date Posted: 21-May-2017 at 20:53
Originally posted by HugoGoulding

Се додека не сфатите и сфатиме дека архитектонски стил е само архитектонски стил и ништо многу повеќе од тоа, исто како што бананата понекогаш е само банана, ќе продолжите да живеете во својот сопствен свет на лаги и омраза.

Друго, а зошто мислиш ти дека архитектура не претставува и декоративни столбови кој немаат функција освен буквално да стојат во просторот или на фасада како орнамент и деокрација особено во тие еклектични и неколасицистички стилови? Tаква e улогата на Пиластрите кој немаат статичка функција туку претставуваат декоративни столбови на фасадата.

Каква е гаранцијата да се збори дека да беше поинаку немаше да има грешки или се ќе беше перфектно? Исто со муабетот дека Скопје пред ова беше перфектено и естетски и функционално, што е вон памет да се збори. Исто како што е вон памет да се збори дека се' што сега се направи е перфектно и добро, или пак дека се' што се направи е лошо. Тоа е цело време таа идеја и психолошки момент кој се наметнува, или се' е црно или се' е бело, или си црн или си бел, или си за нас или си нивен итн. Жалосно.



Жалосно е што не одговараш она што те прашуваат туку даваш воопштен излитен одговор. А за да не зборуваме напамет или вон памет, дај линк од дебатите на кои се разговарало за имплементирање на проектите од Скопје 2014 - да ги видиме аргументите на дискутантите кои биле за и против.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-May-2017 at 21:22
Архитектонските стилови многу често се составен дел на идеологија и политика. Еве неколку артикли кои може да ги прочиташ:

https://www.architectural-review.com/rethink/reviews/architecture-exchange-how-is-architecture-political/8674633.article - Architecture Exchange: How is Architecture Political? ;

https://www.ukessays.com/essays/architecture/the-relationship-between-architecture-and-politics.php - The Relationship between Architecture and Politics ;

http://nzetc.victoria.ac.nz/tm/scholarly/tei-Arc03_03DesR-t1-body-d3.html - ARCHITECTURE AND POLITICS .

И само да потсетам дека за изградбата на ГТЦ во 1967 бил распишан конкурс на кој пристигнале 23 решенија, а победничко било тоа на арх. Живко Поповски. Потоа, истото било изложено во просторија веднаш до локацијата каде што истиот се гради за да можат граѓаните да имаат увид во проектот. Изградениот објект е верен на проектот.
За Скопје 2014 имaвме видео презентација од 6 минути која има само сличности со она што го имаме сега. Граѓаните ниту имаат увид во тоа што се гради, ниту знаат дека нешто ново ќе се гради се' додека не се загради некој простор на полноќ за време на викенд и се постави рендер што би требало да ни покаже на што ќе личи изграденото. Притоа, нема ниту конкурси (или истите се наместени), а креаторите на градбите се бираат по принципот „Миле ми текна“.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 21-May-2017 at 23:26


Да се направеше на најтраспарентен начин па и да беше во најмодерен стил пак ќе имаше препукувања, негодувања, натегање, протести, дезинформации и говор на омраза, критики итн итн. Пак ќе имаше тон истурена негативна енергија и опструкции и крајно спротиставени страни. Пак ќе имаше политика наместо архитектура. Пак ќе имаше грешки и пропусти. Па и сите објекти да беа во модерен стил. Тогаш муабетот ќе беше, "аман со овие грди стакларници и искривени чудни форми насекаде, на Скопје му требаше архитектура и објекти и уметност налик Рим, Прага а не ова". Не сакам да оправдувам ништо и никој, но тоа е реалноста и менталитетот тука. Не дека ова што е сега може да се спореди со Рим и Прага но сепак треба да се земат во предвид многу фактори кога се прават такви споредби.

Прифаќам критики и револт, но не ја сфаќам желбата за деструкција и компулсивна потреба за омаловажување и омраза. На крај краева, транспаретно или не, вака или онака, во овој проект учествуваа уметници и архитекти. Имаше и уметници и архитекти кои застанаа зад овој проектот.

Дел од идеите во овој проект постоеле и во минатото и не беа паднати од небо. Како што знам поставување на споменици од Делчев, Даме, Карев и други важни личности од македонската историја биле планирани и порано. Била планирана и фонтана со Александар на плоштад. МНТ, Хотелот и Офицерски на плоштад и други објекти во овој стил ги има во цртежи од Грчев итн итн.

Ако некој не е информиран, имало идеји за сплавови на Вардар кои требале да наликуваат на бродови и да бидат во склоп на новите градски плажи на Вардар уште многу многу порано од ова. Така да ..


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-May-2017 at 03:04
Дo сегa збoревме зa грaдење штo требало дa се грaди штo не и тн. Oд сегa ќе збoриме зa рушење, преместувaње и тн. Типичнo зa нaс три чекора нaпред двa назад и се вo местo стoиме.



Print Page | Close Window