Print Page | Close Window

Нов објект на Комерцијална Банка (Сан Марко)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=229
Printed Date: 22-Oct-2019 at 12:20


Topic: Нов објект на Комерцијална Банка (Сан Марко)
Posted By: pbanks
Subject: Нов објект на Комерцијална Банка (Сан Марко)
Date Posted: 18-Mar-2008 at 22:38
Скоро се чудевме за новата маркица 5.2.2 збутана во Мал Ринг



Еве ви го проектот за неа, дело на Магос (ИК Банка, Корнер). Проектов е од 2007. Наведен е и инвеститор, УНИ-М од Скопје. Ваљда тоа значи дека изгледиве проектов да се реализира не се мали.

1

2



 



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Mar-2008 at 23:09
Рендерот за големиот проект на Магос не кажува многу. Може да искочи многу добар но може да искочи и многу лош. Во двата случаи мислам дека (неизбежната) купола е вишок. Самата маркица е веќе апсолвирана тема од нишката Мал ринг.


Posted By: mitatos
Date Posted: 18-Mar-2008 at 23:53
ovoj Magos ke go razubavi centarot , poso taa zgradata sto e pocnata odamna go nagrduva  izgledot na plostadot :( 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Mar-2008 at 12:08
Да, ама за жал не може тоа на страна... Еве и да ја игнорираме злоупотребата, сепак останува дека на проектот не му е таму местото и дека без разлика дали е добар сам по себе, лошо ќе се вклопи затоа што е збутан во веќе осмислена околина, а со тоа ќе ги нагрди и другите објекти околу него.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 05-Apr-2008 at 13:29
Epa luge ovoj objekt pocnuva da se gradi ,,,,,deneska  pominav na plostad sve e ogradeno i pocnuva da se raboti , imase kamioni vadea zemja najverojatno temelite ke se udiraat (za zal ne go nosev mobilniot da slikam)

Koga ke pocnata da se gradat gradskata kuka , zgradata na kamcev i uste edeniot golem objekt spored markicata, plostadov vo slednite 5 godini ke bide gradilste ogromno .Thumbs%20DownOhno




Posted By: vardar
Date Posted: 05-Apr-2008 at 13:34
Абе нека биде градилиште....па и вака празно не личи на ништо само....после 5 години дали ќе изгледа добро или лошо...тоа е друго прашање Dunno


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Apr-2008 at 13:35
А да те прашам имаше некое табло да пишува кој е инвеститор итн.....???????


Posted By: blejdsk
Date Posted: 05-Apr-2008 at 13:36
Dunno e toa ke vidime....bi trebalo da izgleda dobro ,,,so odredeni zabeleski ,pogotovo crkvata da ne se prai .


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Apr-2008 at 14:13
Само што ме информираа за ова и по СМС... Незнам што да кажам ваљда добра вест Ќе правиме нова нишка скоро


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Apr-2008 at 21:55
BTW stvarno e neverojatna brzinata so koja startuvase ovaa rabota. Skolski primer kako koga sakaat (ne navleguvam vo pricinite zosto sakaat) mozat. DUP Mal Ring bese donesen pred 2 nedeli nekade, taa zgrada za prv pat bese zacrtana vo plan togas a ovie cim pocnale da kopaat znaci deka vekje imaat dokumentacija sobrano. Edno e da go imas proektot gotov a drugo e da soberes dokumentacija za dve nedeli. Zatoa drugi raboti ne e problem da se vleckaat po 100 godini.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 05-Apr-2008 at 22:48
Jas mislam ke se uklopi so zgradata na telekom ,,,ke izlea top!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Apr-2008 at 01:40
Многу се две недели за собирање документација. За пола саат може све да се среди ако се сака.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 06-Apr-2008 at 10:02
Каде се наоѓа точно овој објект?? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Apr-2008 at 12:41
Види у Мал Ринг, новата вметната маркичка 5.2.2, Одма пред новата зграда на МТ.


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Apr-2008 at 12:47
Почнаа со работа Banana

[

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Apr-2008 at 12:48
Многу топ работа е што ќе можеме да го следиме градењето интерактивно преку камерата на http://www.idividi.com.mk/extras/live/kamera_makedonija.asp - идивиди  Thumbs%20Up

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Apr-2008 at 12:53
Banana одлично не ми текна на ова 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Apr-2008 at 13:02
А на која страна ќе биде свртена зградата?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Apr-2008 at 13:10
Originally posted by lslcrew

А на која страна ќе биде свртена зградата?!


Па маркицата ти кажува све човече...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Apr-2008 at 13:37
ej sega vidov koga si ja sredil temava. Sega ukopcav, poshto na predhodnata tema kaj shto diskutiravme ednata slika ja nemav videno. Jasno e se. Ja preeska si mislev deka delot so dvete nastavci od strana e ustvari preden dal, atoa ustvari doaga kako zaden del.


Posted By: dejan
Date Posted: 06-Apr-2008 at 13:41
Originally posted by La Linea

Почнаа со работа Banana

[

Znaci parkot ke otide? Unhappy nema veze zgradata si e super i na dobro mesto e.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Apr-2008 at 16:54
Аман бе екологисти. Ода вас дерман да се немало!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Apr-2008 at 16:59
Приметувате ли несхто кај овој објект на левиот крај на сликата, во ќошот на градилиштето. Мене ми личи на остатоци од темели. Да не е случајно ова од некоја зграда од пред земјотресот?!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 06-Apr-2008 at 18:21
ej sega vidov koga si ja sredil temava. Sega ukopcav, poshto na predhodnata tema kaj shto diskutiravme ednata slika ja nemav videno. Jasno e se. Ja preeska si mislev deka delot so dvete nastavci od strana e ustvari preden dal, atoa ustvari doaga kako zaden del.



Da i jas sega sfativ za shto tochno stanuva zbor. Thumbs%20Up


Posted By: 46&2
Date Posted: 06-Apr-2008 at 18:23

Е баш ми мило што се потполнува просторот таму зградата е одлицна и е вклопена со оклната содржина (мислам естетски) а урбанистички не знам не ми е тоа струката Yes



Posted By: skywings
Date Posted: 06-Apr-2008 at 18:32
Originally posted by lslcrew

Аман бе екологисти. Ода вас дерман да се немало!!!
 
Big%20smileBig%20smileBig%20smile


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Apr-2008 at 22:39

Оооо, убави новости, дали веќе има и рокови за крај на изградбата?Applause



Posted By: blejdsk
Date Posted: 06-Apr-2008 at 22:42
cekaj be UrbanFreak ,,, uste ne pocnale ti koga ke zavrsat ,Big%20smileBig%20smile znaes kako vo Skopje se odviva gradenjeto---Ke bide kat tatBig%20smile


Posted By: dejan
Date Posted: 07-Apr-2008 at 00:38
Originally posted by lslcrew

Аман бе екологисти. Ода вас дерман да се немало!!!

haha:p baram po vesnicive nekoj da se pozhali za zeleniloto


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Apr-2008 at 23:01
blejd ги изеде Утрински (и сите други) со информацијава за три дена . Не ни знаат кој е инвеститорот... аматери

Се гради осумкатна деловна зграда на плоштадот

Објектот ќе биде со површина за градба од 518 квадрати и максимална висина од 29 метри

Од вчера, дел од тревната површина непосредно до плоштадот „Македонија“ е претворена во градилиште на кое ќе се гради осумкатна деловна зграда. Од рано изутрината се слушаше бучава од булдожери и друга механизација која почна да го раскопува теренот на кој, според важечкиот Детален урбанистички план, е предвидена изградба на објект со комерцијални и деловни намени. Подготовката на парцелата за градба, нејзиното оградување и стационирање на механизацијата започна да се врши уште во минатата недела.

Од Општина Центар вчера информираа дека станува збор за изградба на административно-деловен објект со површина за градба од 518 квадратни метри. Зградата, согласно со ДУП, ќе може да достигне максимална висина од 29 метри, односно ќе може да има приземје, седум ката и потпокрив. Општинарите вчера не беа во можност да кажат кој е инвеститор на објектот. Единствено посочија дека градежната дозвола ја издале пред еден месец. Инаку, парцелата е во приватна сопственост на неколку лица.

„Денеска на градилиштето, согласно со законските прописи, ќе биде поставена информативната табла на која ќе бидат истакнати деталите за објектот, поточно неговиот изглед согласно со проектот, како и информацијата за инвеститорот“, посочија од Општина Центар. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D35B09DF49C17D46AAD96F2B0A1347F7


Posted By: KamaZ
Date Posted: 08-Apr-2008 at 22:42
Само што поминав да ѕирнам дали ставиле табла и ја ставиле денеска изглеа. Инвеститор е Сан Марко - Италија Dunno?! А рок на завршување е декември 2009. Со оглед на тоа колку брзо почнаа да работат ништо чудно и да го завршат до тогаш. Инаку одобрние за градба имаат добиено на 10 март 2008 (пишува нели на таблата).
Бајдвеј, одамна сакав да прашам нешто. Некој имаше извадено скенови од книга што ја купил во Скопје и книгата беше нешто како македонска архитектура во 20тиот век или така нешто. Имаше слики од макетите на Скопје за после земјотресот. Која е книгата и каде ја има? Ако ви текнува за што зборам тогаш фала за информацијата унапредBig%20smile.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Apr-2008 at 22:51


Италијанскиот инвеститор го споменуваат во контекст на пола Мал Ринг. Од стоковна куќа ТИПО, па до објектот на парцелата на народна банка и еве и Магос. За позадината на тој италијански инвеститор има повеќе муабети но искрено не се замарам премногу. Се додека е според планот и доколку изгледа пристојно не ми е гајле чиви се парите.

За книгата што ја спомнуваш ќе ти каже Ла Линеа, тој ги набави тие скенови.


Posted By: KamaZ
Date Posted: 08-Apr-2008 at 22:58
Фала! Доста ажурно го следиш форумовSmile


Posted By: blejdsk
Date Posted: 08-Apr-2008 at 23:09
 Previouspa ako ne se lazam @Pbanks e osnovac i creator na forumov ...


Posted By: blejdsk
Date Posted: 08-Apr-2008 at 23:21

Осумкатница на плоштадот во Скопје

Објектот само го означи стартот на планираната градежна офанзива во строгиот центар

Деспина Трајковска

Осумкатната административна зграда на плоштадот „Македонија“ ќе биде изградена од мермер и стакло, а ќе има и една купола. Од проектантската куќа „Магос“, која е изработувач на проектот за објектот, ја искористиле максималната висина од 29 метри, колку што е дозволено со ДУП и испланирале објектот да има приземје, седум ката и потпокрив. Објектот ќе има подземен паркинг. Вкупната површина ќе изнесува 4.500 квадратни метри. Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Илинден“.

Станува збор за инвестиција на италијанската компанија „Сан Марко“ во соработка со скопската фирма „Уни-М“. Проценето е дека изградбата на објектот ќе чини околу девет милиони евра.

И од Градот ги потврдуваат овие информации, додавајќи дека комуналиите за објектот се уплатени, а дека сопственици на парцелата се неколку приватни лица.

Почетокот на изградбата на осумкатната административна зграда, всушност, само го означи стартот на планираната градежна офанзива во строгиот центар.

Со неодамнешната корекција на ДУП за Мал ринг, на маркичките за објектите што гравитираат околу плоштадот, висината им е зголемена од 22,5 на 29 метри. Тоа значи е дозволена изградба на објекти на осум ката, или на седум ката и потпокрив.

Планот предвидува и изградба на катна гаража и шесткатница зад поранешен „Метропол“, како и надградба на Стоковната куќа. ДУП дава можност и за изградба на плус еден кат на ГТЦ, како и на постојните блокови згради околу плоштадот. Во зеленилото, пак, спроти кафулето „Тренд“, има маркичка за изградба на голем хотел.

Од Општина Центар вчера не добивме одговор дали се поднесени барања за одобренија за градење на планираните објекти околу плоштадот, или можеби дозволите веќе се издадени. На општинарите како да им премина во практика и им стана дел од работните обврски да не даваат никакви информации, особено од областа на урбанизмот.

На Лидија Неделковска, шеф на кабинетот на градоначалничката Виолета Аларова, дури и два дена не и' беа доволни да обезбеди информација за инвеститорот на објектот што се гради пред „Телеком“, а од општинскиот Сектор за урбанизам, пак, не даваат никакви информации, потенцирајќи дека „се' оди преку Лидија“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E47E618B63D8F742A708D046A4B493C7 - http://utrinski.com.mk/?ItemID=E47E618B63D8F742A708D046A4B493C7


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Apr-2008 at 23:53
Originally posted by KamaZ


Бајдвеј, одамна сакав да прашам нешто. Некој имаше извадено скенови од книга што ја купил во Скопје и книгата беше нешто како македонска архитектура во 20тиот век или така нешто. Имаше слики од макетите на Скопје за после земјотресот. Која е книгата и каде ја има? Ако ви текнува за што зборам тогаш фала за информацијата унапредBig%20smile.


Таа книга ја имаш во “ТРИ“, до кино Милениум. Се вика „100 години (некаква) архитектура“ Придонесот на Југославија и Македонија, нешто слично Thumbs%20Up На корицата е МНТ

Е сега, може да си се помешал исто со сликите што ги сликнав од една монографија на Скопје по земјотресот, ама сигурен сум дека мислиш на таа од Три. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Apr-2008 at 23:58
Абе што бидна со онаа зградата на парцела 5.6. Оддамна е во застој. Нејзе ја немаме опфатено на форумов!


Posted By: KamaZ
Date Posted: 09-Apr-2008 at 00:42
Фала Ла Линеа. На таа книга мислев!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2008 at 14:15

Еве од денеска. Инаку може многу лесно да се извади слика со поголема резолуција од таа што ја дава идивиди. Всушноста јаваскриптата ја смалува сликата, која што има волкава оригинална големина. Еве овдека поубаво се гледа, мене се повеќе ми изгледа дека има некои темели од старо скопје, ама неможат уште да бидам сто посто сигурен.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:30
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1366&ArticleID=88598 - http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1366&ArticleID=88598

НАДЛЕЖНИТЕ НЕ ЗНААТ ШТО СЕ ГРАДИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
Објектот на скопскиот плоштад тајна

Наташа Јанчиќ

Во центарот на Скопје, на градскиот плоштад, пред зградата на „Македонски телекомуникации“, од пред неколку дена се гради објект. Никој од надлежните не заеше точно да потврди што се гради, иако во јавноста се шпекулира дека е можно на оваа локација да никне хотел или банка. Во Општина Центар не знаат да кажат за намената на овој објект. Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека тоа не е државно земјиште и затоа не се запознати со градбата. Според нив, надлежна за земјиштето е Општина Центар. Сепак, како што се дознава, инвеститор на градбата е италијанската компанија „Сан Марко“, во соработка со скопската фирма „Уни-М“. Објектот, според информациите, се гради на површина од 3.500 квадратни метри и ќе биде висок 29 метри, со приземје, осум ката и со дополнителен кат под покривот. Виолета Аларова, градоначалничката на општина Центар, вели дека не знае ни што ќе се гради ниту кој гради. - Не сум урбанист по професија. Јас само ги потпишувам одлуките што ги подготвуваат луѓето надлежни за тоа. Мене ми е битно се да биде во рамките на законот - објаснува Аларова. Ниту од Министерство за транспорт и врски не беа информирани што се гради во централното градско подрачје. - Не знам за каков објект се работи. Министерството не е надлежно за таа локација. За повеќе информации обратете се во катастар. А, прашајте и во Општина Центар, таму мора да знаат кој го гради објектот. Во одобрението за градба што општината го издава треба да стои кој што гради - објаснува Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски. Во врска со овој објект Мирослав Грчев, поранешниот градоначалник на општината Центар, вели дека не е спорна градбата туку целиот Детален урбанистички план донесен пред шест месеци. Според него, посебно е чудно што на локацијата „Мал ринг“ висината на градбите порасна од 22, 5 на 29 метри. - Овој план центарот на градот го третира како да е периферија, а тој содржи токму најголем број репрезентативни објекти, заштитени со закон. До Уставниот суд поднесов иницијатива да се разгледа и оцени деталниот план, но од таму се уште нема одговор - истакна Мирослав Грчев. За време на поднесувањето на ДУП за „Мал ринг“ Министерството за транспорт и врски беше цел на експертите затоа што со зголемувањето на висината на објектот би добиле дополнителни четири милиони евра. Инаку, со години Општина Центар ветуваше дека ќе ја избрише маркичката за изградба на објект на ова место за да не се задушува плоштадот со градби. Во моментот кога се донесуваше новиот ДУП за „Мал ринг“, меркичката беше само препишана од стариот план. Аларова пред пет години дури бараше средба со претставници од Градот и од Министерството за транспорт и врски за да се вклучат во осмислувањето на „Малиот ринг“ и бараше од планот да се избришат не само старата зграда на Народна банка, туку и ред други маркички околу плоштадот. Но, таква средба не се случи и сите маркички за градење околу плоштадот останаа неизбришани.



Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Apr-2008 at 10:31
Да не навлегувам премногу во тоа дека целата работа околу објектов е многу матна (како експресно доби маркица и дозвола). За тоа веќе зборувавме.

Но неможе а да не ми падне во очи стандардната новинарско дилетантство. Ни мање ни више монструм. Како црквата некој не ја нарече монструм? Тогаш ќутеа како мулиња а сега почнуваат да хушкаат слично како во случајот со Лумикс каде од комплетно легитимен објект направија баук.

И живо ме интересира кои се тие архитекти на кои ќе им се наруши автентичноста на градот. Т.Е. во право се, централниот плоштадот залепен за пасиште на кое живеат чергари е стварно нешто автентично, никаде во свет го немам тоа видено. Bash

НЕЛЕГАЛНИ СЕДУМ МЕТРИ ОД ОБЈЕКТОТ НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД
Главата на монструмот е дивоградба?

Елена Мачевска

За објектот во изградба на градскиот плоштад се платени комуналии само за висина од 22, 5 метри, иако според ДУП за оваа локација новиот објект ќе биде висок 29 метри, дознаваме од извори во општинската администрација. Градоначалничката на општина Центар, Виолета Аларова, не знаеше за колкава сума и за колку квадратни метри се платени комуналии. - Јас не сум потпишала ништо за овој објект. Тоа го прават планерот и раководителот на секторот за урбанизам. Информации треба да барате од таму. Инаку, ништо не е работено нелегално, се е законски - вели Аларова. Архитектите, пак, тврдат дека објектот на градскиот плоштад ќе ја наруши автентичноста на градот. Тие сметаат дека секое место мора да има простор што ќе претставува лице каде што граѓаните ќе се одмораат и ќе се рекреираат. - Во последно време Деталниот урбанистички план се донесува врз основа на партиски барања. Никој не ги прашува архитектите. Политичарите не го третираат централното градско подрачје така како што треба, туку за остварување на некои свои желби. Ставаат маркички и каде што треба и каде што не треба - велат архитекти од „ЗУМ“, претпријатие за урбанизам проектирање и инженеринг. Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија велат дека сега веќе е доцна да се реагира за овој објект. - Треба да се реагира додека не се стави маркичка за оваа локација. Моравме да преземеме нешто пред да почне изградбата - вели Кокан Грчев од Асоцијацијата на архитекти. Според него, секој можел да реагира на јавната презентација за овој локалитет. - Сега објектот има маркичка и неговата градба е легална. Спорна е само неговата висина, која требаше да биде 22,5 метри. Не знам кога се направени измените и сега висината на објектот изнесува 29 метри - додава Грчев. Инаку, инвеститор на објектот на плоштадот пред зградата на Македонски телекомуникации е италијанската компанија „Сан Марко“. Сопственик на парцелата е скопската фирма „Уни-М“, која во Централниот регистар е пријавена како претпријатие за трговија на мало. Веќе неколку дена во просториите на ова претпријатие на улицата Наум Наумовски - Борче нема никој. Исто така, ниту од општина Центар не сакаат да кажат за каков објект станува збор. Надлежните ниту вчера не потврдија дали се платени комуналиите и за колкава катност. Од Центар не сакаат да кажат ниту, пак, на која седница се усвоени измените на Деталниот урбанистички план за локалитетот „Мал ринг“. Сепак, како што дознаваме, на 72. седница на Советот на општина Центар набрзина и без многу дискусии било инсистирано да се усвои овој план. Според информациите, објектот се гради на површина од 3.500 квадратни метри и ќе биде висок 29 метри, со приземје, седум ката и со дополнителен кат под покривот.

Е. М.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1372&ArticleID=89082


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Apr-2008 at 12:21
Во Македонија кога ќе го видиш насловот и пред да почнеш да ја читаш веста, мораш онака измеѓу да ѕирнеш уствари со кој медиум си имаш работа! Еве на пример ова у време е излезено. Знаеме дека време е на Велија, може му е криво што не успеал да ја земе парцелата, може се има срчкано со газдата, или па сеуште го гази за опаш трифка. Значи секој текст е од интерес, дури и временска прогноза!!!


А онаа па реченицата болдираната...!!! Па вреди ли бе за ова да се трошок да се прави по весници?! Текстов е стварно тенденциозен и тука завршува. За жал пак доаѓа она со вицот со пеколот!!!


Posted By: JoAnS
Date Posted: 18-Apr-2008 at 17:46
Zgradava definitivno ke go razubavuva plostadot, samo steta sto ke ja skriva postoeckata zgrada na MT.....
Ali kako i site objekti vo Skopjevo sto se gradat premnogu zalepeni, zosto pa ova bi bilo porazlicno....


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Apr-2008 at 17:50


Зградата на Телеком и онака нема да може да се гледа од плоштад кога ќе се комплетира Мал Ринг. Мене ми се допаѓа добивањето на густина. Доколку излезе како што треба зградава на што се надевам сигурно ќе биде импресивно да помине човек на уличката меѓу нејзе и Телеком.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Apr-2008 at 17:59
Еве денеска веќе мислам дека се заврши со копање. Се поздава веќе обликот на дупката, барем колку што можев да заклучам од камерата на идивиди. И да ви кажам не ми изгледа дека ќе биде толку големо како што го замислував!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Apr-2008 at 19:27
@ pbanks

Зградата на телеком веројатно ќе се надѕираше ако оваа не се вцрташе, ама тоа ми е прилично ирелевантно. Мене на пример многу повеќе ми боде очи тоа што зградава не ја прати линијата на другите објекти (кога се доаѓа од кај кружниот тек) и го нарушува континуитетот на улицата. Така е кога некој сака да вцрта маркица во постоечки концепт, на место на кое реално нема доволно простор, па тој мора да се узурпира во околината...

Bash Bash Bash



@ JoAnS

Добредојде Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Apr-2008 at 13:34
Originally posted by lslcrew

Еве денеска веќе мислам дека се заврши со копање. Се поздава веќе обликот на дупката, барем колку што можев да заклучам од камерата на идивиди. И да ви кажам не ми изгледа дека ќе биде толку големо како што го замислував!


се гледаше по маркицата од ДУПот дека ќе биде малечка основата


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Apr-2008 at 14:36
Добро, ја кога видов кога го заградија просторот, ми се виде дека ќе биде нешто којзнае колкаво дури и поголемо од телеком. У секој случај зградата е убава вака според рендерите така да не е битно колкава ќе биде.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-May-2008 at 18:29


Posted By: vardar
Date Posted: 13-May-2008 at 00:57
Парцелава некако изгледа ептен мала знае некој квадратура??? На рендерите пак обратно  таму зградата изгледа широка....


Posted By: nikla802
Date Posted: 20-May-2008 at 01:57
...se vrti muabet deka gazda i mangup pozadi celava (epten golema) zavrzlama stoi Sveto Pivara.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2008 at 02:03


Не би ме изненадило... Одамна е јасно дека повеќето наши „олигарси“ ги финансираат и одлично функционираат и со двете големи партии, па не им прави некоја разлика кој е моментално на власт. Затоа можат да прават буквално што сакаат, а ние со законите и со урбанистичките планови може да си го избришеме газот.

Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-May-2008 at 08:06
Originally posted by nikla802

...se vrti muabet deka gazda i mangup pozadi celava (epten golema) zavrzlama stoi Sveto Pivara.


ај да склопам една шпекулација (базирана исклучиво на тоа што го имам читано по медиуми пред неколку години). Свето стребаше да го донесе Радисон САС во Македонија. Се зборуваше за локации во Скопје и Охрид. Локацијата во Скопје беше 5.2 во мал ринг која си постоеше уште пред претходниве ревизии и вметнувањето на 5.2.2. Според медиумските написи целата работа заглави со земјиштето. Дел имаше Свето а дел беше предмет на денационализација и спорови. Дали делот што го имал Свето тогаш е овој во делот на 5.2.2 и решил елегантно да искористи со помош на заврзламава.... може само да нагаѓаме.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2008 at 08:48
Како и да е, едно е јасно. Сигурно е некој домашен, а не некаков си италјански инвеститор, кој ете имал баш толкава желба и потреба да гради зграда со основа 2х2 во средина која не му е позната. Ама еве нашиве олигарчиња упорно се кријат зад разноразни „странски“ фирми. Сигурно си имаат некаква математика.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2008 at 17:09
Прва плоча:


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2008 at 02:59
Ова више почна да никнува над земја. Вчера биднаа и првите столбови над земја.

Утре сабајле во посветла варијанта!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2008 at 15:02


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2008 at 15:10
Да легне плочава на први кат за некоја недела па да почнеме да сликаме и од терен Малце друга перспектива да добиеме


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 19-Jun-2008 at 15:46
PreviousСамо многу мала ми се чини основата. Се надевам нема смешно да делува.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jun-2008 at 17:26
Originally posted by UrbanFreak

PreviousСамо многу мала ми се чини основата. Се надевам нема смешно да делува.


Основата е колку Македонска Банка и веројатно нешто малку поголема, така да иако се слагам со тебе дека не е баш најдобро решение, сепак не го гледам тоа како некој голем проблем... Објектот сепак е складен и изгледа убаво.

Но дури и за да збутаат толкава мала основа во веќе обмислен урбанистички план, морале тотално да ја нарушат градежната линија од јужната страна и да навлезат во нешто што треба да биде широк пристап од и кон плоштадот... Така да сега кога ќе се иде према плоштад од таа страна, прво ќе се иде по широка пешчка улица, а после ќе мора да се помине низ упола потесно пролазче за да се излезе на плоштад...

Crazy

Вакви груби злоупотреби за нечии лични интереси се можни само во крајно корумпирани и несредени држави. Абе за ова некои треба да лежат!


Posted By: damjanh
Date Posted: 20-Jun-2008 at 14:13

Gledam imate nekolku shpekulacii za zgradava pa da kazam i ja sto znam:

Parcelata e nivna (familija Tomic) familijarna od pred 100godini. Sega so denacionalizacija im ja vratija i si imaat pravo da gradat. Ednata od gazdaricite e Olivija Mojsova (Magos) i oni ucestvuvaat so proekt i lokacija a so finansii Marina (UNI-M ).
 
Inace familija Tomic (prof. arh. Tomic) imaat i uste edna lokacija vo strogiot centar sto e nivna no taa nemozese da im se vrati bidejki veke e izgradeno tamu taka da najverojatno finansiski im bilo nadoknadeno.
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jun-2008 at 14:43
Убаво сето тоа со денационализацијата, ама тоа нема врска со големината и формата на зацртаната маркица. Маркицата длабоко навлегува во нешто што било предвидено како пешачка улица. Па погледни жити се, повеќе од пола зграда преминува надвор од логичната градежна линија.

1


2


Се цртаат маркици кај ќе се стигне и се дезорганизира просторот и се оди против елементарната логика во урбаното планиерање. Од оваа појава не е поштеден ни најстрогиот центар, туку напротив, во последно време тој дел е токму најзагрозен. А Магос е само еден од многуте примери...

Bash Bash Bash




Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jun-2008 at 14:45
Можни се да се точни твоиве информации, тука едно време бркаа луѓе земјиште за денационализација. И тука нема ништо спорно спрема мене. Спорно (симптоматично) е како објектов улета од никаде во ДУП Мал Ринг и инстант доби дозволи и почна да се гради. Веројатно во некои понормални услови би биле и покритички настроени спрема објектов на Магос но комплетно го засенуваат сите глупости што моментално се случуваат во Мал Ринг


EDIT: @Klover BashBashBash Big%20smile додека куцав си завршил работа


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jul-2008 at 04:19
Вчера падна прва плоча.



Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Jul-2008 at 23:30
зградава не изгледа лошо баш напротив убава е, но мора ли секој да си додава маркици на плоштад како што ќе му текне Bash
се нарушува целиот план за плоштадот и накрај со секој можен зачин ставен во манџата настанува хаос


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Jul-2008 at 23:43
Originally posted by lslcrew

Приметувате ли несхто кај овој објект на левиот крај на сликата, во ќошот на градилиштето. Мене ми личи на остатоци од темели. Да не е случајно ова од некоја зграда од пред земјотресот?!
па на местото на објектот 5.2 порано бил Хотел Македонија па не ме чуди да има темели од старо Скопје


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:50
Овие не се зезаат. Пазете го прогресов од прва плоча што ја регистрирал lslcrew пред само 10 дена Eeek2 Јес да е мала основата но сепак




Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:52
Мене мие само страв да не ги остаат страничните ѕидови така гол цемент. Пред некој ден пројдов многу грдо изгледаат. Мора барем еден ваљак боја да ги пројде.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jul-2008 at 16:53
Originally posted by lslcrew

Мене мие само страв да не ги остаат страничните ѕидови така гол цемент. Пред некој ден пројдов многу грдо изгледаат. Мора барем еден ваљак боја да ги пројде.


Не верувам. Според рендерот ми личи дека ќе лепат некој материјал на фасадата.


Posted By: 46&2
Date Posted: 15-Jul-2008 at 21:21
Denes projdov pokraj gradilisteto i navistina markicata ja stesnuva ulickata ako taka mozam da ja narecam sto izleguva direktno na plostadot
Wallbash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jul-2008 at 21:28
Тек кога ќе се изгради објектот на маркицата 5.2, тогаш на повеќето ќе им стане јасно колку е лоша маркицата за Магос...

 Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jul-2008 at 21:38
Овде почна и навечер да се работи, што е за поздравување. Сега се поставува втора плоча.




Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jul-2008 at 00:24
освен рефлекторот и страната на зградата не гледам ништо, но од тоа што го гледам во живо  личи како скоро да ќе завршат со конструкцијата и ќе започнат со работа на фасадата
колку спрата требаше да има?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jul-2008 at 02:36
Еееј далеку се од фасада. Сега се на втора плоча, а треба да има 8 ката. Инаку овде се гледа пумпата за бетон.


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jul-2008 at 18:07
Originally posted by lslcrew

Еееј далеку се од фасада. Сега се на втора плоча, а треба да има 8 ката. Инаку овде се гледа пумпата за бетон.
ехе многу сум се залетал Big%20smile
инаку сега ја приметив пумпата LOL


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: maestro
Date Posted: 04-Aug-2008 at 19:43
Ова би требало да излезе интересно, ако го прават според рендерот


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Aug-2008 at 14:59
Точка број 3 за последните 5-6 поста што ги избришав

3. Строго е забрането spam-ување. Убаво обмислете ги вашите коментари пред да ги постирате. Возджете се од постирање кратки, банални и несуштински коментари. Модераторите го задржуваат дискреционото право да избришат коментари кои ги сметаат за spam без претходно предупредување.


Правилникот не е за украс прочитајте го

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=179&FID=3&PR=3 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=179&FID=3&PR=3





Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 16:12
Еве конечно неколку фотки од Магос а да не се сликани со веб камерата

1 За почеток еве како ја унаказува улицата која требаше да оди помеѓу Македонска банка и Телеком кон плоштадот Ohno. Катастрофа. Спрема мене кога веќе зезнаа волку работа треба максимално да се затвори пролазот кон плоштад со објектот 5.2 и улицава да завршува слепо 

2 Еве поглед од страната на плоштадот од каде неможе да се примети направената штета

3 Од позади

4 Од плоштад

5 И на страната на ул. Орце Николов објектот отстапува од градежната линија и тоа не за малку Ohno. Еве погледнете ја отстапката од линијата на објектот на Телеком

6 За крај еве една фотка како ќе изгледа целиот тој кварт од кога ќе се згусне





Posted By: maestro
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:02
денес на пладне поминав ваму гледам се градеше активно


Posted By: 46&2
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:27
Луѓе, па зградава испадна дека има поголема основа од Телеком Wallbash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:52
Originally posted by 46&2

Луѓе, па зградава испадна дека има поголема основа од Телеком Wallbash


Question


Posted By: 46&2
Date Posted: 13-Aug-2008 at 14:57
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by 46&2

Луѓе, па зградава испадна дека има поголема основа од Телеком Wallbash


Question
Во претходните постови имаше некој напишано дека е зградата е со многу мала основа а сега кога гледам баш и не е така на терен и непотребно се стеснува просторот Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:03
Да, тоа со излегувањето вон градежната линија и узурпирање на нешто што по секоја логика би требало да биде јавен простор и мене ме вади од кожа... Маркицава е дефинитивно со сила набутана каде што не и е местото, од којзнае какви мотиви... Ама сепак основата не и е поголема од згрдата на Телеком.


Posted By: 46&2
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:16

Малку хипербола за да биде подраматично инаку дефинитивно е со помала основа Big%20smile



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 15:35
А тоа ли било Big%20smile

Остај... Ја сум буквалист... LOL


Posted By: twin
Date Posted: 07-Sep-2008 at 23:14
ovie stignaa na 5 kat  brzo rabotat za razlika od teatarot


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2008 at 17:56
Ај и овде да евидентираме, одамна немаме апдејт. Малце динамиката овде се успори. Дали поради висината на која се работи или па временските услови, или па нешто друго. Еве сега се става петта плоча.




Posted By: maestro
Date Posted: 17-Sep-2008 at 18:52

добро де, временските услови се влошија па нормално е и малку да затајат, но како што гледам од сликава, се работи и ноќе, што е за поздрав.

а и можеби поради висината. сепак сега работат повисоко па треба да се успорува малце ваљда

-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Sep-2008 at 22:23
баш воопшто не успорија, си работат со истото темпо што е и доста брзо за Скопје

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Sep-2008 at 22:25


Се сложувам... денес во 18:00




Posted By: 46&2
Date Posted: 17-Sep-2008 at 22:54

CheersЗакон е објектот и би требало да расне до висина од каде што сликате (ако не се лажам). Вака дефинитивно треба да изгледаат деловните центри во Скопје. Можам да замислам колку ќе биде цената на метар квадратен.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 02:51
Објектот треба да порасне уште три плочи цели, и уште една елиптична (без страничните триаголници). Значи уште четири нагоре. Инаку навечер не се работи него се работи од седум до седум. Навечер работат само кога се става плоча и обично има еден работник што дежура тогаш и задатак му е да ја прска плочата со вода цела вечер.

Џуро, изгледа малце зафркнавме со клипчето, кога почна ти да сликаш секој ден, изгледа не беше тогаш погоден зумот и аголот?! Или грешам?!


Posted By: duli
Date Posted: 28-Sep-2008 at 23:08
ej kuge ova zgrada ke izgleda mnogu ubavo ai koga ke se izgradat i hotelot i oficerskiot dom plostadot ke bide mnogu dobar


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Oct-2008 at 18:00
1

2

3



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Oct-2008 at 18:34
Деновиве има застој околу кревање нагоре. Се средуваат долните катови, ваљда некои скали прават ем од внатре. Активноста е помала него што беше досега. Ме фаќа страв да не е нешто како зградата позади нејзе.


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Oct-2008 at 23:24
У лет

1.


2.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Oct-2008 at 11:45
Леле, па од сликата на 17.09 и најновата нема некој понов напредок
Се надевам дека сепак ќе биде што побрзо готова.

П.С. Не налетав на вакво прашање, па еве јас да поставам ако некој знае: Дали има некој рок за завршување??

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2008 at 10:40
Овдека дефинитивно има дебел застој. Денеска поминав покрај градилиште и на зградата не работеше жив човек. Налетав на тројца типови кај капијата кои на прашањето „Зошто веќе не се работи неколку недели по ред, да не има некој проблем“ ми одговорија дека „Биле празници па затоа а проблеми немало“ LOL како да сум јас ретардиран.

Сиротите не се ни свесни дека група фрикови секој ден ги гледа преку камера и знаеме дека знаат да работат и ноќе, и за викенд,и на празник. LOL


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Oct-2008 at 11:14
абе може им ги споиле Бајрам и 11 Октомври на работниците колку за утеха пред втора трета ударна фаза колку да насоберат сила што повеќе Laugh скопскиве претприемачи имаат душа не се дотолку како по европа, знаат да дадат и полугодишен одмор! мене појќе ми личи дека е можно да секнал или изворот или грбот па штом налетаат на малку лизгав терен ги запираат работите, не би ме чудело вакво сценарио!


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2008 at 11:18
Originally posted by beTon

абе може им ги споиле Бајрам и 11 Октомври на работниците колку за утеха пред втора трета ударна фаза колку да насоберат сила што повеќе Laugh скопскиве претприемачи имаат душа не се дотолку како по европа, знаат да дадат и полугодишен одмор! мене појќе ми личи дека е можно да секнал или изворот или грбот па штом налетаат на малку лизгав терен ги запираат работите, не би ме чудело вакво сценарио!


и на мене ми влече мислата натака



Print Page | Close Window