Print Page | Close Window

Хотел Бетон (седиште на ВМРО-ДПМНЕ)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Хотели и одморалишта
Forum Discription: Хотели, хостели, одморалишта, кампови...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2374
Printed Date: 05-Dec-2020 at 12:09


Topic: Хотел Бетон (седиште на ВМРО-ДПМНЕ)
Posted By: kire85
Subject: Хотел Бетон (седиште на ВМРО-ДПМНЕ)
Date Posted: 22-Apr-2013 at 18:28
Пред малку поминував покрај штабот на ВМРО и приметив дека го рушат стариот објект и ги сечат дрвата помеѓу штабот и улица Македонија. Добив информација дека ќе се гради нов поголем објект. Знае некој нешто повеќе за ова?

http://s1.directupload.net/file/d/3233/qa7f4e4r_jpg.htm">

http://s7.directupload.net/file/d/3233/2n4pbqi8_jpg.htm">



Replies:
Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Apr-2013 at 18:40
негде порано сретнав информација дека нешто ќе се гради,ама повеќе информации од ова непамтам


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Apr-2013 at 01:10
Previous
сите центарски постземјотресни „бели мечки“ како таа куќа треба да се изрушат по правило, ама градење на нов објект на истата локација е нависина контра било каква логика...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Apr-2013 at 14:38
Originally posted by kire85

Пред малку поминував покрај штабот на ВМРО и приметив дека го рушат стариот објект и ги сечат дрвата помеѓу штабот и улица Македонија. Добив информација дека ќе се гради нов поголем објект. Знае некој нешто повеќе за ова?


На местото на стариот објект е предвидена е деловна зграда со значително поголема основа (околу 4,5 до 5 пати поголема површина на основата) и значително поголема висина (приземје + 8 спрата + поткровје). Вкупната корисна површина на новиот објект ќе биде 12.240 метри квадратни:




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Apr-2013 at 17:02
1


2


3


4


5



Posted By: anti-modernista1
Date Posted: 26-Apr-2013 at 19:04

http://kurir.mk/makedonija/partii/113699-FOTO-Eve-kako-ke-izgleda-novata-zgrada-na-zemjisteto-na-VMRO-DPMNE - ФОТО: Еве како ќе изгледа новата зграда на земјиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Петок, 26 Април 2013 17:19

Проектот на новата зграда која што треба да се гради на местото на објектот во кој беше сместено седиштето на ВМРО ДПМНЕ го подготвила градежната компанија  „Бетон“, објави Република.

zgrada%20vmrooo-500

Зградата ќе се гради врз основа на јавен повик објавен во неколку весници, целиот трошок за изградба ќе го сноси соинвеститорот а владејачката партија која како своја инвестиција во проектот го дава земјиштето кое е во нејзино владеење ќе добие најмалку 30 % од станбениот и деловниот простор во зградата.


http://www.kurir.mk/makedonija/partii/113699-FOTO-Eve-kako-ke-izgleda-novata-zgrada-na-zemjisteto-na-VMRO-DPMNE



Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Apr-2013 at 19:29
веќе не знам што е целта на сето ова... ако во времето на интернет клипот од 2010 година, Ск2014 имаше некаква позадина и објаснување, сега нема или личи на дело на манијаци кои може само Бардовци да им го препорачаме
треба сите да се мрднеме тука изгледа...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: totobobo
Date Posted: 26-Apr-2013 at 19:53
Колку што разбирам се работи за приватен (партиски) имот, ако сакаат ке прават и копија на некој објект на Гауди. Се додека е тоа во согласност со законските прописи е во ред, останатото е работа на вкусови.

-------------
Interceptor design


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Apr-2013 at 23:00
А што е ова кулава... За што би служела?

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: daci92
Date Posted: 26-Apr-2013 at 23:17
Originally posted by FoSsiL

А што е ова кулава... За што би служела?

За шпионирање на соседите


Posted By: fichot
Date Posted: 27-Apr-2013 at 00:54
Може царот од таму ќе се обраќа кон граѓанството.


Posted By: Danndy
Date Posted: 27-Apr-2013 at 01:34
Originally posted by totobobo

Колку што разбирам се работи за приватен (партиски) имот, ако сакаат ке прават и копија на некој објект на Гауди. Се додека е тоа во согласност со законските прописи е во ред, останатото е работа на вкусови.





А да, од кулата ќе излегува царот, за да гледа до каде оди градењето во царството замислено и да се обраќа кон својот народ.



-------------
Traveling.


Posted By: Denko
Date Posted: 27-Apr-2013 at 01:59
Originally posted by totobobo

Колку што разбирам се работи за приватен (партиски) имот, ако сакаат ке прават и копија на некој објект на Гауди.
Ti ova seriozno li go mislis ili se seguvas?


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 27-Apr-2013 at 03:03
Единствените проблеми со дадениот објект од правно-политичка гледна точка се дали партијата е сопственик на земјата опфатена со маркичката, дали тој простор е од претходно поседуван или под „олеснителни„ околности подарен на партијата. И другиот проблем е да се следи до детал дали во изградбата на тој објект ќе бидат користени државни пари. Маркичката е официјално важечка со последните ДУПови. Дури и новиот градоначалник се обиде да направи ревизија на ДУПот, чисто се сомневам дека тоа ќе биде навремено за да се смени таа маркчика пред бар половина од карабината да е готова. Е сега дали ќе биде моќен да им најде некој сантиметар отстапки од планот не знам.
За стилот на објект кој не е финансиран од државни пари како и секогаш ние немаме право да се буниме, туку само да коментираме....слично како да речеме со објектот роџер пијано,


Posted By: kire85
Date Posted: 27-Apr-2013 at 16:40
Originally posted by FoSsiL

А што е ова кулава... За што би служела?


Таму ќе биде малата соба на Квазимодо...


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2013 at 22:29
Originally posted by totobobo

Колку што разбирам се работи за приватен (партиски) имот, ако сакаат ке прават и копија на некој објект на Гауди. Се додека е тоа во согласност со законските прописи е во ред, останатото е работа на вкусови.
па што ако е приватен имот? што менува тоа?
просторот на кој што се наоѓа објектот и тоа како е јавен... меѓудругото, бела мечка од куќа, која денес воопшто не би требало да постои на тој простор, и требало да биде срушена уште во времето кога таму се испорушило цело маало, а не да се изгради нов, многу помасивен и понападен објект


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Apr-2013 at 22:07
(ФОТО) Урнато седиштето на ВМРО-ДПМНЕ



ФОТО: Петр Стојановски

Зградата на седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје претпладнево беше урната.

На уривањето беше подготвувано деновиве кога беше расчистен теренот и беа исечени дрвјата околу објектот.

Од партијата минатата седмица соопштија дека за изградба на новиот објект нема да бидат потребни пари бидејќи таа ќе се гради во соинвеститерство, односно, инвеститорот како понудувач, од изградената површина ќе му отстапи на ВМРО-ДПМНЕ најмалку 30 проценти.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека старата зграда произведувала големи трошоци за одржување.





http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C1F9F70C5FC2384DAFC6B3F7E4C48A09 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C1F9F70C5FC2384DAFC6B3F7E4C48A09


-------------
За сè има вторпат


Posted By: maks
Date Posted: 28-Jul-2013 at 13:25
Nekoj so foto dokumentacija, do kade e novata zgrada na VMRO?

-------------
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Sep-2013 at 13:59


-------------
За сè има вторпат


Posted By: 46&2
Date Posted: 23-Sep-2013 at 14:13
Џоле, како и секогаш одлични слики. Овој објект всушност ќе биде Хотел Бетон, барем така пишува на таблата која што гледа према Беко. Значи ќе мора да се пренамени нишката за овој објект.


-------------
I use public toilets and I piss on the seat.


Posted By: Teglarot
Date Posted: 24-Sep-2013 at 14:35
Originally posted by Џоле



Кога никнало чудово ?!


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Sep-2013 at 15:39
Ех, додека ние спиеме, некој работи

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Sep-2013 at 15:53
Колку гледам вакви згради во Скопје,толку помалку луѓе гледам низ другите градови.верувајте,често одам низ градовите низ македонија,има све помалку луѓе.Све живо бега во Скопје,а таму за да има каде да седат и работат,прават вакви згради од типот `зграда врз зграда`. Прашање на време е кога ќе почнат да градат згради како надвозници над улиците


Posted By: Dragan
Date Posted: 24-Sep-2013 at 19:52
Previous gjoko тоа е друга тема и треба да се разговара на друго место не во оваа нишка, зашто на таа тема има многу работи да се кажат од политички, економски, демографски итн. 

-------------


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Sep-2013 at 21:25
Да,ама вероватно сум `собирал` подолго време,и некаде ќе мора да се кажи тоа што се мисли


Posted By: Denko
Date Posted: 24-Sep-2013 at 22:24
Ajde otvori nista, pa ke si kazeme koj sto misli.


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Sep-2013 at 23:06
на кое место да се отвори?-нека даде некој предлог за да не ја преместуваме нишаката лево десно


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Sep-2013 at 07:20
Можете да дебатирате во Демографија, не мора да отворате нова нишка... Мислам дека тоа е соодветно место.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Sep-2013 at 08:57
Ја преименував оваа нишка поради тоа што и официјално објектот се води како Хотел Бетон.

Неколку слики од Mosaic74 од SSC:











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Oct-2013 at 13:32
денешни фотки







-------------
За сè има вторпат


Posted By: alexsend
Date Posted: 15-Oct-2013 at 11:58
Подземни ходници ќе водат до новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ

Подземни гаражни ходници, кои биле планирани за побрз проток на возила ќе го поврзат новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ со огромната надземна гаража која се гради во посредна близина на штабот на владејачката партија.

Додека 29-метарската зграда на идното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и импресивната надземна гаража се градат, станарите од соседните згради велат дека целиот проект се градел во голема тајност, што дури во еден момент помислиле дека било планирано да има тајни влезови во штабот на актуелната владејачка партија.

Зградата на ВМРО-ДПМНЕ и надземната гаража ги гради штипската фирма „Бетон“. Новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ се гради врз основа на јавен повик објавен во неколку весници, а целиот трошок за изградба го сноси соинвеститорот кој засега барем јавно не е обелоденет, а владејачката партија како своја инвестиција во проектот го дава земјиштето кое е во нејзино владеење и ќе добие најмалку 30 проценти од станбениот и деловниот простор во зградата.

Според објавениот конкурс, објектот може да биде висок и до осум ката со поткровје, односно до 29 метри, а до 40 проценти од просторот може да се користи за деловни, трговски, комерцијални, културни, па и хотелски дејности.

http://www.plusinfo.mk/vest/109829/GALERIJA-Podzemni-hodnici-kje-vodat-do-novata-zgrada-na-VMRO-DPMNE
------------------

Претпоставувам дека ова е директен влез во новата катна гаража како објектов со сите елементи кои ќе бидат дел од него би добиле на значење.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Oct-2013 at 14:35
денес



-------------
За сè има вторпат


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 02-Nov-2013 at 15:35
Сликава ја најдов на твитер, многу голема изгледа чудово



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 02-Nov-2013 at 16:08
Ставете во заграда поранешно седиште на ВМРО или седиште на ВМРО


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Nov-2013 at 18:31
Да,и јас се збунувам


Posted By: Dexter26
Date Posted: 02-Nov-2013 at 18:39
Originally posted by Z|evzek

Ставете во заграда поранешно седиште на ВМРО или седиште на ВМРО

 
На ВМРО-ДПМНЕ поконкретно.
 
ВМРО е еден израз, а ВМРО-ДПМНЕ е друг израз, станува збор за 2 тотално различни ентитети.


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 03-Nov-2013 at 03:00
Originally posted by Dexter26


Originally posted by Z|evzek

Ставете во заграда поранешно седиште на ВМРО или седиште на ВМРО
 На ВМРО-ДПМНЕ поконкретно.  ВМРО е еден израз, а ВМРО-ДПМНЕ е друг израз, станува збор за 2 тотално различни ентитети.

Знаеме Dexter помислив и на тоа додека го пишував коментарот Но најважно што ми ја сватиле поентата и фала ви


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Nov-2013 at 13:59
Ова чудо расте многу брзо...







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Nov-2013 at 17:16


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Teglarot
Date Posted: 09-Nov-2013 at 17:38
Според првата слика на рендеров, чудово ќе се гледа од сите страни на Скопје, премногу е високо !


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Nov-2013 at 17:42
Навистина го претераа веќе, ем не остана една убава јавна површина во градов, ем до сите згради залепија уште повисоки згради, ем со секој нов објект измислуваат нова дефиниција за кич, фалш и квази копија.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Dexter26
Date Posted: 09-Nov-2013 at 18:24
Previous
 
Заборави да додадеш дека и покрај сите овие идиотизми, и покрај сето градење, сепак Скопје остана без јавна куќа. Big%20smile


Posted By: alexsend
Date Posted: 09-Nov-2013 at 18:34
Баш тоа зборевме со еден другар пред некој ден. Пре би се решило геј прашањето од колку да се легализира доброволно давање на услуги на поединци.

Ајде да не забегуваме off topic

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Nov-2013 at 19:29
Мене не ми е јасна улогата на тоа што личи на кула. Кула за набљудување ли ќе биде? Го бапнаа објектов меѓу згради, сега секој ќе гледа во прозорецот на соседот. Катастрофа.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-Nov-2013 at 19:59
Од таму ќе се држи говор...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Nov-2013 at 21:32
Bas bi bilo interesno da pravi nekoj edno panorama slika za da videme kako izgleda zgradata i okolinata.
Inace premnogu golem ispadna i ne znam, fasadata e obicna


Posted By: alexsend
Date Posted: 10-Nov-2013 at 13:40
Кулата е само за да си има човекот поглед 360 на цело Скопје.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Dec-2013 at 00:03


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Dec-2013 at 10:41
Морам да признаам дека со импресивна динамика се гради овој објект. Се` е под конец, како во старите добри времиња. Центарот на Скопје добива уште еден прекрасен објект, баш е супер тоа.


Posted By: Teglarot
Date Posted: 01-Dec-2013 at 12:07
Originally posted by BOJAN

Морам да признаам дека со импресивна динамика се гради овој објект. Се` е под конец, како во старите добри времиња. Центарот на Скопје добива уште еден прекрасен објект, баш е супер тоа.




Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Dec-2013 at 12:51

Претпоставувам дека знаеш да препознаеш иронија во текст.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Dec-2013 at 12:52
Turbo se raboti, pa kojznae do juli kje zaversi ako prodolzat kako do sega.
Se prasuvaam dali podzemnata ulica kje se prodolzi a kako kje vlezat kolite vo ova ulica? Preku pesackata ulica makedonija? Se nadevam deka se lazamOhno


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Dec-2013 at 12:53
Се гради катна гаража на 10 метри од оваа зграда, а мислам дека ќе се влегува од страната на Министерство за финансии, како и од страната на хотелот ТЦЦ Плаза.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 01-Dec-2013 at 14:11
Од кај ТЦЦ Плаза мислам не, пошто измеѓу Плаза и оваа зграда е планирано нешто како сквер со фонтана.
Освен ако не ја направат и таа уличка да понира под скверот.


Posted By: Teglarot
Date Posted: 02-Dec-2013 at 12:40
Originally posted by Џоле

   
Претпоставувам дека знаеш да препознаеш иронија во текст.




Јас длабоко се извинувам
Со оглед на тоа што се' сум прочитал тука и што се' сум сретнал у државава, веќе и не можам да препознаам иронија, пробувам да се навикнам да очекувам сe' и сешто.   


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Dec-2013 at 08:43


Има и статија за зградата во Утрински весник

в - http://www.utrinski.mk/?ItemID=404740F83C035845B2CF949813B93378

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Dec-2013 at 15:14
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11236875203/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11236875203/ - DSC02200 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Dec-2013 at 15:56
овие спијат некогаш?


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Dec-2013 at 16:21
Ех, да ја градеа вака Филхармонија или некој друг значаен објект... Ама затоа, за сопствениот штаб ако треба ќе се работи 25/7.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Danndy
Date Posted: 06-Dec-2013 at 17:12
Нешчо... прегрдо.

-------------
Traveling.


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 06-Dec-2013 at 18:44
Секогаш кога гледам каде се изначукаа маркици стекнувам мислење дека и во Отоманскиот период се градело поплански.


Posted By: Teglarot
Date Posted: 06-Dec-2013 at 19:32
Не ми е јасно каде само ќе го прцнат "плоштадот" ... Па во шпајзов мој има повеќе простор...

Го угушија цел центар, полека, но сигурно.


Posted By: bob39
Date Posted: 07-Dec-2013 at 02:07
Не го угушија само центар, цела држава отиде јабана!

-------------
Скопје 2014= Општествена лоботомија


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Dec-2013 at 18:35
Originally posted by Еден Дечко

Секогаш кога гледам каде се изначукаа маркици стекнувам мислење дека и во Отоманскиот период се градело поплански.
иронично, Отоманската империја прв пат има воведено какви-такви урбанистички стандарди во земјава и градов LOL
пред 100 години имало посериозно и понапредно планирање од ова (ако воопшто може да се нарече планирање)


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Dec-2013 at 19:47
На прв поглед не може да се забележи, но во горниот лев агол на фотографијава, кај кранот, се гледа (најверојатно) кулата од хотелов. Велам најверојатно, зашто не знам кој друг објект во изградба би бил видлив од тој дел на Центар.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: OCB
Date Posted: 18-Dec-2013 at 21:19
Ставам облог дека оваа кула ќе биде висока колку камбанеријата на „Св. Константин и Елена“. Една христијанска, друга демо-христијанска.


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Dec-2013 at 22:01
таму најгоре има одлични услови да се постави `специфична` опрема


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Dec-2013 at 22:17
Каква е таа опрема, ако не е тајна?

-------------
За сè има вторпат


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 18-Dec-2013 at 22:48
Dobro barem kje mozat da vidat kolku ,,ubavi,,se dotraenite fasadi od pozadina dodeka odnapred se od ,,zlato,,!
Inace vo maliot ring nitu ne trebase da ima zgradi pogolemi od max 6 katovi. Toa e, Makedonija!


Posted By: gjoko
Date Posted: 19-Dec-2013 at 02:04
Имењак,само така ми дојде во моментот идеа,не дека нешто претпоставувам(вероватно се должи на професионална деформација-плата земам сепак од мвр )


Posted By: marko.kostoff
Date Posted: 19-Dec-2013 at 02:24


Posted By: Watson
Date Posted: 19-Dec-2013 at 03:02
а што е овој објект од лево шо се гради?


Posted By: gjoko
Date Posted: 19-Dec-2013 at 08:35
мислам катната спроти `Беко`


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Dec-2013 at 10:01
Да, тоа е катната гаража.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: marko.kostoff
Date Posted: 30-Dec-2013 at 15:27


Posted By: Dragan
Date Posted: 31-Dec-2013 at 01:00
Една мала констатација не сакам политички да звучим,ама чудово почна да се гради некаде на пролет април месец, и  после 8 месеци види во завршна фаза е, како само работаат "'врските"' за да се искористи секој можен простор а некои објекти од т.н проект Ск-14 се одовлекуваат со месеци ништо не е фатено да се работи Roll%20eyes


Posted By: gjoko
Date Posted: 31-Dec-2013 at 01:08
Мислам дека динамиката на градба најмногу зависи од платежната способност на инвеститорот.Службено сум разговарал со луѓе од градежни фирми кои работеле проекти кои ја тангираат мојата работа,и во суштина све се сведува на тоа-`нека плаќаат навреме,ние ќе го изградиме проектот одма`

Овде парите вероватно не се проблем(нели се владеачка партија),а кај А ск2014 вероватно неможат све да исфинансираат колку градежниците што можат да остварат(освен Алпине)

Ова ме потсетува на муабетот од оние од титовите сили кои викаат:вие неможите ни да ги искречите објектите(фабриките) кои ние ги изградивме-способност за динамика на градба и обезбедување на пари


Posted By: Еден Дечко
Date Posted: 31-Dec-2013 at 01:08
Замислете филхармонијата да се изградеше за толку краток временски период, спектакуларно.


Posted By: Dragan
Date Posted: 31-Dec-2013 at 01:13
Баш за филхармонијата ми беше зборот, а тоа е точно дека се зависи од платежната способност а објектов се гради на приватно партиски имот односно владеачката партија ќе го користи, а останатиот дел приватниот инвеститор како се договориле незнам, зборот ми е за потребите на партијата се се гради у брзо времеSmile


Posted By: daci92
Date Posted: 31-Dec-2013 at 11:04
Не звучиш политички но имаш погрешна констатација. Ѓоко добро кажа но тука има уште една друга разлика а тоа е тежината на остварување на објектот ,конкретно филхармонијата е многу посложен проект од овој Хотел Бетон.
Но сепак во најголем дел зависи од парите ,погледни станбените зградите колкава разлика во временски период на градба имаат. Пр Адора ги гради за неколку месеци и ги населува, а на други инвеститори (овие во РЦА незнам како се викаа) им требаат години.


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Dec-2013 at 19:02
Originally posted by daci92

Не звучиш политички но имаш погрешна констатација. Ѓоко добро кажа но тука има уште една друга разлика а тоа е тежината на остварување на објектот ,конкретно филхармонијата е многу посложен проект од овој Хотел Бетон.
Но сепак во најголем дел зависи од парите ,погледни станбените зградите колкава разлика во временски период на градба имаат. Пр Адора ги гради за неколку месеци и ги населува, а на други инвеститори (овие во РЦА незнам како се викаа) им требаат години.
нема везе тежината на изградбата, кога се сака се се може... еве баталија филхармонијата (кога веќе испадна дека е квантна физика за нас)... спореди со театарот , кој прв започнаа да го градат назад во 2008, музејот на ВМРО и некои други објекти... се префрлаат средства од објект на објект


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Jan-2014 at 10:54


Dee Dee

-------------
За сè има вторпат


Posted By: a04t
Date Posted: 04-Jan-2014 at 15:13
Жити се..


Posted By: marko.kostoff
Date Posted: 05-Jan-2014 at 20:03


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jan-2014 at 15:23
денес

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854499903/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854499903/ - . by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854497793/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/11854497793/ - . by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 10-Jan-2014 at 02:23
Да не испадне некоја катедрала на крај ова


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 12-Jan-2014 at 00:20
kuznaj sto ke ispadne na karj moze i nuklearki ke se lanskiraat so znam onaka zaso da nema Dump


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 23-Jan-2014 at 16:32
a kupolata sto funkcija ke ima kaj objektov znae nekoj ??? Dump


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Jan-2014 at 17:03
Претпоставувам мислиш на кулата, зашто никаде нема купола...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dragan
Date Posted: 23-Jan-2014 at 19:34
Originally posted by Dzeksi

a kupolata sto funkcija ke ima kaj objektov znae nekoj ??? Dump


Панорамски поглед на градбите од Ск-14 Big%20smileBig%20smile


Posted By: Skopjanecot
Date Posted: 24-Jan-2014 at 09:10
Кулава мене ми го уништи видикот. Ама и така ми е више преку...од Скопјево (и планирам да се селам некаде во внатрешноста) така да на ова гледам како придонес на инвеститорот (ВМРО) кон мојата преселба. И им благодарам.

-------------
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 24-Jan-2014 at 09:46
Originally posted by Џоле

Претпоставувам мислиш на кулата, зашто никаде нема купола...


mene toa na vrvot od kulata mi lici na kupola e sega ne e kruzna a nekruzna kupola neznam kako da narecam ako si ti popameten kazi ne kuti ne se ponasaj ko opozicija !!!Dump


Posted By: damjan4o
Date Posted: 24-Jan-2014 at 12:19


Posted By: Z|evzek
Date Posted: 24-Jan-2014 at 15:47
Originally posted by damjan4o



Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Feb-2014 at 14:48

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12250904914/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12250904914/ - DSC02720 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12250904164/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12250904164/ - DSC02721 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12251029506/">
http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/12251029506/ - DSC02722 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dragan
Date Posted: 02-Feb-2014 at 00:42
...... Хехехеее... Big%20smile


Posted By: Danndy
Date Posted: 02-Feb-2014 at 13:52
Ружно до бола.

Да добијам престој во хотелов на наградна игра, ќе го откажам.

-------------
Traveling.


Posted By: xnx
Date Posted: 02-Feb-2014 at 16:51
cekaj ova hotel e ili sediste na vmro?


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Feb-2014 at 17:31
двете,така се договорија.овие да изградат хотел на нивно место,и да им дадат одредена квадратура во замена за тоа што им е урнато.

принципот е ист како и за станбените згради во скопје,само што кај зградите е фиксно 25% од новата квадратура за сопствениците на старите куќи


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Feb-2014 at 18:46




фотографии: plusinfo.mk

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window