Print Page | Close Window

Привремени и напуштени објекти

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=238
Printed Date: 27-Apr-2024 at 22:54


Topic: Привремени и напуштени објекти
Posted By: lslcrew
Subject: Привремени и напуштени објекти
Date Posted: 17-Apr-2008 at 01:51
Мислам дека времените објекти заслужуваат да ги разгледуваме во посебна тема. На многу места имаме постови во врска со ова. Иако има адекватни теми кај што можам да ја сместам веста ја еве отворив нова тема.


Чистка на времените објекти кај "Дрводекор"
Времените објекти треба да се расчистат бидејќи Општината следниот месец ќе почне да го уредува Кејот во шеталиште

Реконструкцијата на Кејот од десната страна на Вардар, на потегот од хотелот "Холидеј ин" до раскрсницата пред Народна банка, Општина Центар најавува дека ќе почне во текот на следниот месец. Проектантската куќа ИНПУМА следната недела треба да го предаде главниот проект за уредување на Кејот, а како што велат од Општината, веднаш потоа ќе стартуваат со градежните работи. Лидија Неделковска, шеф на кабинет на градоначалничката на Центар Виолета Аларова, вели дека додека да почне реализација на проектот, и официјално ќе побараат од сопствениците на времени објекти да ги отстранат киосците, за да можат да почнат со уредување на просторот. Овој дел од Кејот на диво се користи како стојалиште за меѓународни автобуси, познато под името "Дрводекор". Во времените објекти се продаваат билети од разни туристички агенции, а дел се претворени во кафеани, сендвичарници и во трафики.
"Ги известивме луѓето дека годинава ќе го уредуваме Кејот и оти ќе мора да ги тргнат времените објекти, но следната недела и официјално ќе побараме од нив да го направат тоа. Верувам дека самите ќе ги тргнат киосците и оти нема да треба да интервенира нашата инспекција", вели Неделковска.
Со проектот е предвидено да се стават нови плочки, нова подземна електрична инсталација, атмосферска канализација, просторот хортикултурно да се уреди, да се стават клупи и канти за отпадоци, како и реквизити за забава на децата. Градоначалничката Аларова на стартот на градежната сезона најави дека годинава планираат да го уредат Кејот од двете страни на Вардар, но сега од Општината велат дека ќе работат само на десната страна.
"Со овој проект ќе се работи десната страна, а потоа ќе се види што точно ќе се прави на левата страна на Кејот, иако делови околу новата црква 'Света Богородица' веќе ги уредивме. Кејот од оваа страна сакаме да го претвориме во вистинско шеталиште каде што свое катче ќе имаат и дечињата", вели Неделковска.
(Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=150249&idg=8&idb=2351&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=150249&idg=8&idb=2351&rubrika=Skopje



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:26

Продолжи уривањето на ресторанот „Македонска куќа“

По налог на Градежната инспекција на Општина Центар вчера продолжи уривањето на ресторанот „Македонска куќа“ на Јужен булевар. Објектот што беше од привремен карактер се урива заради реализација на Детаљниот урбанистички план, кој на тоа место предвидува изградба на катна гаража. За истата цел летово се урнаа и угостителскиот објект „Врти сучи“, автосервисот за миење возила, а наскоро ќе мора да се урне и дисконтот на „Тинекс“. Од Центар вчера не знаеја да кажат кога истекува рокот за целосно расчистување на локацијата. Сепак, објаснија дека тоа треба да го сторат во најбрз можен рок, додека Министерството за транспорт и врски распише тендер за продажба на земјиштето. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C618BF7C1C287A46ABED2D5D7B15FC22

Македонска куќа под урнатини


На оваа локација е предвидено да се гради катна гаража со што во голема мера ќе се растерети сообраќајниот метеж во центарот на градов


Кафеаната Македонска куќа од Јужен булевар замина во историјата. Пред два дена почна уривањето на бараките и расчистување на земјиштето сопственост на државата на коешто е предвидено да се изгради катна гаража. Акцијата ја спроведуваат сопствениците на кафеаната, под надзор на градежната инспекција на Општина Центар.

Главниот градежен инспектор Милан Пижула информира дека сите локали на овој потег се уредно известени, а решенијата за дислокација им се врачени пред речиси една година.
- На оваа катастарска парцела, според Деталниот урбанистички план е предвидено да се изгради катна гаража. Ние го расчистуваме, а потоа Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање ќе го продаде државното земјиште - вели Пижула.
Расчистувањето на земјишето започна пред четири месеци кога беа урнати кафеаната Врти Сучи и Автопералната до неа, а деновиве се очекува да почне и дислокацијата на бараките на дисконтот Тинекс.

Овие објекти се од времен карактер и некогаш припаѓале на Македонски железници, а досегашните сопственици велат дека многу вложиле во нивната преадаптација. Еден од нив е Божидар Ивановски, кој по цели 11 години работа во Автопералната, добил извршно решение и самиот ја урнал бараката. Сега, заедно со уште тројца работници останал без работа.
- Откако го добив решението поднесов жалба, ама пресудата беше негативна за мене. Не добив ниту обесштетување ниту пак ми понудија резервна локација. Само од мојот локал четири семејства останаа без основни средства за егзистенција - се пожали тој.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека набрзо по расчистувањето на локацијата, земјиштето ќе го оттуѓат на јавно наддавање. Оттаму додаваат дека со изградбата на катната гаража во голема мера ќе се растерети сообраќајниот метеж во центарот на градов, односно ќе се обезбеди поголем паркинг простор, кој во моментов недостасува.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4D1D36F0B7CFAF498C797084A71B1BDF



Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:29
Кога била најавена оваа катна гаража!? И каде точно е Македонска куќа на Јужен Булевар?

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:34
Некаде на форумов имав постирано слика од рушењето. Ја сликав истиот ден кога ги ставив и рендерите од резидор! Ај ако не ја најдам ќе ја препостирам, ама е стара месец дена!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:42

Еве ја сликата! Ја има и на друго место ама сега неможам да најдам каде!


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Oct-2008 at 23:52
А дали некој од вас знаеше дека се гради катна гаража тука?  Јас прв пат слушам сега.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Oct-2008 at 02:42
@ linea

41°59'21.27"N  21°25'54.69"E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2009 at 00:52

Киосци ги окупираа тротоарите

Граѓаните се жалат дека општинските инспекции не казнуваат и премолчено на газдите на трафики им ги „продаваат“ пешачките површини


Само Градот ќе издава согласност за поставување привремени објекти, урбана опрема и мебел

Проширени трафики со сталажи за весници или пак со тенди им го одземаат просторот на пешаците низ Скопје. Но, не само тие. Тука се и фрижидери за сокови и сладоледи, сендвичарници што распослале надвор столови и маси, рекламни паноа закачени за киосците, автомати за кафе.

- Нема веќе човек каде да помине. Локалните власти не казнуваат, а некои за пари и мајките ќе си ги продадат. Таму каде што тротоарите се узурпирани, од авион се гледа дека нешто е дадено под рака - револтирано коментира Јован Димовски, пешак на булеварот Јане Сандански. Ситуацијата со привремените објекти низ Скопје е доста комплицирана, објаснуваат надлежните во општините. Некои од сопствениците имаат некакви дозволи за проширувања, издадени на времето од подрачни единици на Министерството за транспорт и врски. Но, обично и тие стандарди запишани во одобренијата редовно ги злоупотребуваат. Други пак воопшто немаат дозволи, општинските инспекции со години не ги санкционираат, па редовно малку по малку се шират на диво.

Киосците обично се поставени на тротоарите на автобуските постојки, а таму се од пред неколку децении. Оттогаш им се и дозволите на сопствениците кои се' уште им важат. Законот им дозволува на пешачката површина да останат се' до реализација на урбанистичкиот план, односно имаат право да го користат просторот се' додека некој нешто не изгради на таа површина. Изминативе години, поради немање регулатива, не се издаваа дозволи за поставување нови привремени објекти на подрачјето на Скопје.

Но, во наредниот месец конечно се очекува Градот да го усвои правилникот за поставување урбана опрема и привремени објекти. Требаше лани, но од непознати причини тој не стапи во сила. Со усвојувањето, од општините очекуваат поголем ред во Скопје како со урбаната опрема така и со привремените објекти. Сепак, досегашната практика покажа дека ретко кој ги есапи правилниците на Градот.

- Град Скопје ќе изврши корекција на стариот Правилник, во согласност со направените измени во законите за градење и за градежно земјиште. Согласно со Законот за градењето, општините треба да донесат програма за поставување привремени објекти во која ќе бидат нагласени локациите и условите под кои ќе може да се поставуваат привремени објекти на оние површини што се во надлежност на соодветната општина. Програмите на Град Скопје и на општините во градот треба да бидат усогласени, а за сите нив треба да даде согласност Министерството за транспорт и врски. Одобренија за поставување привремени објекти согласно со законот ќе издаваат општините, а Град Скопје ќе издава согласност за поставување привремени објекти, урбана опрема и мебел на подрачјето на градот. Општинските инспекции ќе ги казнуваат тие што не ги почитуваат донесените програми - изјавија градските власти.

Од општините објаснуваат дека измените во новиот Правилник ќе овозможат поставување нови киосци низ Скопје. Со таа разлика што нема да изгледаат како оние што се поставуваа порано, туку би биле типизирани. И во нив е предвидено да се продаваат само весници и спакувани производи.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2016B037B623CE408DBED9CF8BFE9D71


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Feb-2009 at 00:09

Се уриваат бараките на Здравствен дом „Бит-пазар“

Деновиве почнаа да се уриваат бараките на Здравствен дом „Бит-пазар“, а Општина Чаир дури вчера го достави решението за уривање. Единственото известување од општината дека бараките треба да се урнат било испратено во септември минатата година. Рушењето го запреле вработените од Здравствениот дом. Бараките, во кои со години беше администрацијата на оваа медицинска установа, зафаќаат површина од околу 400 квадратни метри и 800 квадрати слободен простор, се' државно земјиште. Според ДУП, на ова место ќе се гради катна гаража и училиште.

Боби Бојчевски, координатор во Здравствениот дом и советник за финансии, вели дека уште во септември побарале Министерството за здравство да го реши проблемот. Никој нема имотен лист за земјиштето, бидејќи тоа е сопственост на Република Македонија.

„Пред една година ја урнавме библиотеката ’Браќа Миладиновци‘ и со претставниците на Здравствениот дом договоривме да ја преселат и архивата, а потоа да уриваме. Сега тие направија случај од сето ова, иако целта е да се реализира ДУП“, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F39F7DC17AF0734E8190BD7C22CFA76A


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 27-Feb-2009 at 22:56
Previous
Колко знам тоа е сопственост на Р. Македонија со дадено користенје на Здраствен дом, но изгледа кај има сила нема ...


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Apr-2009 at 00:50
Се расчистува просторот за рекреативна зона во Аеродром
Скопје
Градежната инспекција на општината Аеродром почна да ги отстранува елементите од базата на градежната фирма „Маврово“ покрај кејот на реката Вардар, на потегот од спортската сала „Јане Сандански“ до мостот „Близнак“. Општинарите објаснуваат дека со отстранувањето на овие погони ќе се овозможело просторот да се уреди и на него да се изградат нови модерни и атрактивни содржини, како што е предвидено во деталниот урбанистички план за тоа подрачје. На таа локација уште од поодамна се предвидува да се направат спортско-рекреативни содржини, а досега имало и најави за инвестиции.

Иницијативата за отстранувањето на елементите од оваа градежна база била на граѓаните што живеат во блиските сини згради во близина на реката Вардар, кои барале просторот да се уреди соодветно, а тоа било и дел од предизборната програма градоначалникот Ивица Коневски.

Со деталниот урбанистички план на местото се предвидуваат спортски содржини, како игралишта, трим-патеки, терени за разни спортови, базени и слично. Идејата целиот потег покрај Вардар во Аеродром да се направи спортски комплекс потекнува уште додека оваа населба беше дел од општината Кисела Вода, кога градоначалник беше Љупчо Димов. Во изминатиов период неколку заинтересирани инвеститори се сретнаа со поранешниот градоначалник на Аеродром Кирил Тодоровски, кој им ја нудеше локацијата за да изградат свои објекти. Турската фирма „Пол Кар“ пројави интерес да најде инвеститор за на тоа место да направи аквапарк. Оваа компанија постои 32 години и досега направила повеќе од 7.000 базени и аквапаркови во Русија, Украина, Грција, Тунис и во други земји, а ја произвела и опремата за 80 отсто од водните забавни паркови во матичната земја. За просторот покрај Вардар интерес покажаа и тајвански инвеститори што ја разгледувале можноста да произведуваат соларна енергија, како и да направат погони за производство на компјутери и на мобилни телефони.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=378&ArticleID=23280


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2009 at 20:08
јас мислам дека на тој дел убаво ќе дојде едно убаво уредено паркче (иако ги има доста во Аеродром)
а терените и останатите работи мислам да ги остават на просторот до МЗТ
или пак обратно


Posted By: zpp
Date Posted: 27-Apr-2009 at 21:11
jas ziveam vo zgradite kaj mavrovo,i mislam krajno vreme bese da se resi najgrdata slika na aerodrom. za toa mesto mislam deka se predvideni fudbalski,teniski igralista kako i izgradba na diskoteki(ne sum siguren). 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-May-2009 at 11:54
Се уриваат трафиките на Водњанска, ќе се гради деловен објект

Општина Центар вчера почна да ги урива трафиките на улицата Водњанска, во близина на Средното медицинско училиште. Инспекторите од Општината, со интервенција на полицијата, вчера со багер ги отстрануваа единаесетте трафики кои педесетина години се наоѓаат на оваа локација. Од Општина Центар велат дека трафиките ги уриваат бидејќи на овој простор, според Деталниот урбанистички план, е предвидена изградба на деловен објект. Овие објекти биле од времен карактер и за нивното отстранување сопствениците биле известени уште лани во ноември.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=3D33BC5DA924BD4E8384FD88457CD552


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-May-2009 at 18:13
znae li nekoj kade e tocno lokacijata??


Posted By: 46&2
Date Posted: 07-May-2009 at 18:38
Originally posted by my Macedonia

znae li nekoj kade e tocno lokacijata??
 
41°59'29.50"N
21°25'21.80"E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jun-2009 at 02:27

Во Аеродром место само за типски киосци

Во Нацрт-програмата што ја усвои Советот на општината се прецизирани локациите, изгледот и условите за поставување и за користење на привремените објекти

Сите трафики на територијата на Општина Аеродром до крајот на годинава треба да добијат ист, унифициран изглед. Вака одлучи Советот на општина Аеродром на последната седница, со изгласувањето на Нацрт-програмата за поставување привремени објекти и урбана опрема за 2009 година. Целта на програмата е детаљно да се утврди на кои локации каква урбана опрема ќе се поставува и да се воспостави ред во оваа област. Наведени се само основните правила според кои ќе се третираат летните тераси и трафиките, но не е прецизирано кој ќе го поднесе трошокот за набавка на новите киосци, дали општината или сопствениците.

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, објаснува дека со програмата за поставување на привремените објекти и урбаната опрема ќе се направи нивна евиденција, ќе се подобри естетскиот впечаток за општината и ќе се уреди и облагороди просторот.

- Со оваа програма Општината ги утврди сите видови привремени објекти и урбана опрема што ќе се поставуваат во Аеродром, нивните локации, како и начинот и условите за нивното поставување, дислоцирање и отстранување. Голем дел од постојните привремените објекти воопшто не беа евидентирани и закупците и да сакаа, не можеа да си ги намируваат обврските кон Општината. Наша идеја е со овој правилник точно да се знаат локациите на сите трафики и нивната точна квадратура. Со програмата не е предвиден конкретниот изглед на трафиките, но е наведено дека ќе бидат типски. За нивниот изглед ќе распишеме посебен тендер и општинска комисија ќе го одбере најповолното решение. Се' уште не сме решиле кој ќе ги плати новите типски објекти, дали тоа ќе биде во договор со закупувачите или, пак, чисто општинска инвестиција. Но, како и да е, Општината нема намера ниту размислува да ги избрка старите закупци на објектите. Оваа програма се носи само за да се воведе ред во општината - вели Коневски.

На територијата на Аеродром има стотици трафики. Многу од сопствениците го зафаќаат и јавниот простор околу трафиките со фрижидери за сладолед, клупи за седење и дополнителни тезги за разновидна стока. Некои киосци, наместо да се користат за продажба на весници и друг вид стока, се пренаменети во ќебапчилници или вршат други видови угостителски дејности.

Со новата програма, Општината ќе се обиде да ја спречи оваа појава и строго да ја ограничи дејноста што може да се врши во трафиките. Наведено е дека привремените објекти треба да бидат приземни, со максимална висина на венец од 3,5 метри. Не се дозволува надградба, доградба и други надворешни и внатрешни интервенции. Во врска со летните тераси на кафетериите е наведено дека сета опрема што ќе биде поставена треба да е во согласност со микролокациските услови, со високоестетски вредности, вклопена во пејзажот на околината. Опремата не смее да ја нарушува безбедноста во сообраќајот. Во Нацрт-програмата стои и дека трошоците за одржување, дислокација и отстранување на привремените објекти и на урбаната опрема паѓаат на товар на инвеститорот. А за привремените објекти и урбаната опрема што ги поставува Општина Аеродром, трошоците ќе се платат од општинска каса.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5B62054A5149F7418908DA1905EE3248


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 11-Aug-2009 at 14:52

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=58&PID=44823#44823 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=58&PID=44823#44823

оваа вест ме натера да размислувам како утсвари треба да изгледаат и каде да се постават ваквите објекти (трафики). Мислам дека град како Скопје треба да пропише критериум како треба тие да изгледаат и да се инсистира на нивна униформност. Друго со план точно треба да се знае каде смее да има вакви трафики, дури и не би ги нарекол времени објекти бидејќи на некои локации каде што е целосно изграден ГУП (како на пример Бул.Јане Сандански), со убаво планирање, изглед и дозвола до колку метри околу секоја од нив смее да користи, не гледам причина таквите објекти да не бидат и трајни. Проблемот со неуниформноста на трафиките, нивните договори и надокнади кои тие ги плаќаат на градот сметам дека се исто така нетранспарентни. Дали на пример Тобако во аеродром плаќа за целиот простор кој го користи?

Инаку се согласувам со акцијата, доколку е планирана сообраќајница, и ваквите објекти сметаат, сепак и да се трајни треба да се отстранат, а понатака сопствениците нека се расправаат дали треба или не да бидат обесштетени. Па во случајот со Водњанска и траен објект прави повеќе од 10 години вистинска тортура на цело Скопје и пошироко имајќи во предвид колку е фрекфентна Водњанска.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 11-Aug-2009 at 21:57
Originally posted by UrbanFreak

...како утсвари треба да изгледаат и каде да се постават ваквите објекти (трафики). Мислам дека град како Скопје треба да пропише критериум како треба тие да изгледаат и да се инсистира на нивна униформност. Друго со план точно треба да се знае каде смее да има вакви трафики....

Добра идеја. Нешто слично сакавме да напраиме уште додека бевме на факултет, со неколку колеги, поточно сакавме да направиме некој дизајн, униформиран, модуларен во кој што ќе влезат трафиките и автобуските постројки, со тоа што денес ова поинаку го гледам. Тогаш дури и размислувавме пр. да имаат и скараџилниците (спикани во трафики) да имаат униформиран оџак и сл., ама кога поубаво ќе се изанализира, прво што е погрешно е што се дозволува во овие објекти да се продава што ќе им текне на сопствениците,  а се знае дека тие со својот капацитет тоа не можат да го поднесат (само како пример ќе земам една такозвана „скара на кило“ во моја близина што праеше крш во едно време и се чекаше ред за маса, а во исто време немаше wc). Прво треба да се ограничи една листа на производи што би можело да се продаваат во овие објекти, нешто што се користи кратко (марамчиња, цигари, мастики, весници...) и да се забрани продажба на пиперки, пиво или шампони. Тоа што е посебно важно е тоа што овие објекти не смее да имаат голема димензија во однос на ширината на тротоарот и поради тоа што влегуваат во уличниот профил треба прецизно да се одредат локации (проширени делови од улицата, дел од коридорот каде што е зеленило и сл.) каде што може да се постават. Сега сме навикнати да бидат нараснати по ширината на целиот тротоар и да мора како пешаци да се движиме по улица, што е тотално безвезе и никаде во светот не може да се сретне. Ова е случај и со едни понови автобуски постројки што се заградени од сите страни и што зафаќаат 80% од ширината на тротоарот.

Може звучи носталгично, ама со старите скопски трафики и автобуски станици имаше ред. Требаше да се задржи концептот, а да се обноват објектите кои беа застарени...

А за овие од Илинденска, мислам дека сега се поравнува сметката. Во еден период беа главен снабдувач на малолетници со алкохол во летниот период во паркот, па и не ми е толку жал, а и без тоа изгледаа катастрофално на влезот во паркот...



-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2009 at 06:00
Некои градови низ свет па воопшто ги изоставаат трафиките како опција. Прават гужва голема, едноставно трн у здрава нога и тотално непотребна глупост. Обично тоа многу решно се дешава низ свет, а и скопје им апредиспозииции, односно се практикува деловниот простор во зградите доле. Е сега проблем кај нас е пречката поради која во станбена зграда со деловен простор доле неможе да се одобри работно време за 24ч.

Не сум точно сигурен, но мислам дека во Париз се отстранети трафиките и се оставаат само едни многу мали трафики во кои исклучиво се продава цигари, со тоа што сигарите се забранети за продажба во редовни колонијали и продавници туку исклучиво во ваквите трафики. едноставно автомати за цигари со човек во нив. И толку од трафики.

Локацијата за трафика е привилегија, а не право! И да се спуштат на земја малку сопствениците зашто не се во право. Па уште види, пак ќе спомнам, барале нив општината да им докажува дека ќе го спроведад ДУП-от. Не се они ниту суд, ниту инспектори ниту ревизија. Да се спаковаат додека се уште на добра воља од општина.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2009 at 18:42

Урнат привремен објект што 15 години стоел без дозвола


 

Од општината Центар велат дека на местото на запуштените трафики зад новиот објект на НЛБ Тутунска банка ќе направат ново паркче

 
 
%20  
Општината Центар ќе направи уште еден парк на своето подрачје на аголот меѓу булеварот Водњанска и улицата Железничка, зад новиот објект на НЛБ Тутунска банка. Градежната инспекција на општината вчера од ова место отстрани два запуштени привремени објекти, од кои едниот стоел на тоа место дури 15 години без соодветна дозвола. Милан Пижула, градежниот инспектор на Центар вели дека сопствениците на оваа поранешна сендвичарница веќе добиле решение самите да си го отстранат објектот.

- Тоа беше доставено пред еден месец. Но сопственикот не си го тргна привремениот објект, па затоа ние моравме да интервенираме. Имавме асистенција од полицијата и немаше никакви проблеми додека траеше акцијата за отстранување. Сопственикот дојде, си ги зема сите предмети што му беа потребни од трафиката и си замина без никакви забелешки - објасни Пижула.

Во деталниот урбанистички план со кој е опфатена таа локација се предвидува на неа да има парк, низ кој ќе поминуваат пешачки патеки и ќе се постават клупи и канти за отпадоци. Засега нема конкретни најави кога точно ќе почне да се уредува ова новонајавено зеленило, но вчерашното уривање на запуштените трафики се вршеше заради реализација на планот.

Минатата недела поради реализирање урбанистички план беа тргнати и трафиките на улицата Илинденска покрај фонтаната „Лотос“ пред Градскиот парк. Планирано е и да се дислоцираат и привремените објекти покрај булеварот Водњанска.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81891031262&id=14&prilog=0&setIzdanie=21766


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Feb-2010 at 15:27
Опожарени шест трафики во центарот на Скопје

Три трафики на улица 11 Октомври на автобуската постојка кај Зелено пазарче, изгореа, а три се помалку зафатени од пожарот, што се случил синоќа.

Според полицијата повеќе зафатени од огнот биле ТП Ален, трафиката на ЈСП, како трафиката во која се сместени Тобако Прч и Дрита трејд.

Причините за пожарот, засега не се познати, а не се знае ниту колкава материјална штета е причинета.



makfax.com.mk


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Apr-2010 at 20:50

Аеродром ги принудува газдите да купат нови киосци

Револт и забуна предизвика Општина Аеродром кај сопствениците на трафики со одлуката со која ги принудува да ги тргнат старите киосци и на нивно место да постават нови, со изедначен изглед. Од Аеродром тврдат дека корисниците немаат продолжени договори, а ако сакаат да склучат нови, ќе мора да купат нови трафики.

- Вината за договорите не е наша. Аеродром изминативе години не ни ги продолжи, иако баравме. Тоа впрочем е нормално во другите општини - велат сопственици на киосци.

Надлежните не одговорија на прашањето на кој Закон или Правилник сега се повикуваат за ретроактивно да ги принудуваат сопствениците да купуваат нови киосци со друг изглед, што е предвидено со проект.

- Општина Аеродром има право и обврска да се грижи за изгледот на Општината, значи и за објектите и за локации на нејзина територија. Затоа и предвидовме киосците да бидат типизирани. За таа цел е потребно постојните киосци да бидат заменети со типски, според проектот што е предвиден - изјавија од одделението за односи со јавноста на општината.

Тие само објаснија дека оваа одлука е во согласност со Правилникот за урбана опрема на градската власт, усвоен неодамна. Но, разликата е во тоа што во него се зборува за поставување нови трафики на скопските тротоари по неколку години забрана.

Проблемот со старите привремени објекти, кој допрва ќе треба да се разрешува и да се види кој е во право, е што многу од нив се со документи стари и по една-две децении, издадени од органи на Општина Кисела Вода, пред формирањето на Аеродром. Кога биле поставувани, се воделе од тогашните стандарди, а нивната правна важност е да стојат на јавна површина до реализација на урбанистички план, односно додека нешто не почне да се гради на тоа место. Дозволата им се продолжуваше на секои две години, а закуп и' плаќаа на општината.

Сопствениците на киосци, како што во меѓувреме се информирале, мора да платат многу висока цена за нов типизиран објект, околу 10.000 евра, или приближно иста и доколку би го продале.

- Ние сме непријатно изненадени. Пред неколку дена не' повикаа на состанок и само ни кажаа дека имаме рок од 10 дена да отпочнеме постапка за замена на киосците. Десет илјади евра се нешто незамисливо за нас. Ние сме продавачи на весници и цигари. Плаќаме од 13.000 до 15.000 денари за закуп на земјиште годишно, а најавено ни е дека ќе плаќаме околу 800 евра. Ако ги тужиме на суд, ќе поминат години додека се докаже кој е во право - се пожали сопственик на киоск, кој сакаше да остане анонимен.

Иако корисниците тврдат дека поседуваат легални документи, издадени од надлежни органи во минатото, кои се' уште се со правно дејство, од Општината велат дека повиканите киосците ги користат без никаква правна основа, поточно без продолжени договори. Засегнатите сопственици на трафики велат дека тоа е така затоа што Аеродром изминативе години од непознати причини не им ги обновувала договорите.

- Целта на оваа акција, од една страна, е да се регулираат односите со постојните корисници, кои со години ги користат киосците без никаков надомест. Цената на чинење не ни е позната, а немаме склучено ниту договор со фирма за изработка на киосци. На сопствениците на трафики им се дава можност сами да пронајдат кој ќе им изработи киоск според предвидениот проект - изјавија од Општината.

Ако корисниците не постапат според новите правила, од Аеродром најавуваат дека општинската инспекција ќе биде принудена да ги отстранува киосците. Оттаму се надеваат дека нема да дојде до тоа. Тврдат дека тоа не им е целта, туку на постојните корисници да им овозможат да ги задржат локациите, но со регулирани односи со Општината.

Јорданка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F78A38C4EADF5B498BD3DA2B9CA605A0


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 06-Apr-2010 at 23:14

Протест против новите киосци во Аеродром

Сопствениците не сакаат да платат 10.000 евра за изработка на нов киоск и 400 евра месечна кирија без ДДВ, оти тоа е прескапо за нив, а немаат доверба во Општината, оти им нуди договори во времетраење од само две години

Сопствениците на трафиките и на другите привремени објекти поставени на територијата на Аеродром вчера протестираа пред општинската зграда против одлуката на Советот која ги задолжува на свој трошок да набават нови типизирани киосци и за нив да плаќаат и до 400 евра месечна кирија без ДДВ.

Сопствениците на киосци сметаат дека киријата е нереално висока и не дозволуваат Општината да ги условува со, според нив, невозможни работи.

- Во трафика во близина на трговскиот центар „Бисер“ работиме повеќе од две децении. Сега, по толку време, општината не' условува или да инвестираме во нов објект, кој чини 10 илјади евра и да плаќаме месечна кирија од 400 евра или да се откажеме од киоскот. Нам не ни требаат киосци од метал и стакло, нашите објекти се веќе типизирани и квалитетни, би можеле да ги смениме само тендите, кои се различни. Зошто во време на рецесија да правиме непотребни трошоци? Зад барањата на општината се наѕираат матни зделки. Тие не' условуваат: земи или остави - вели една сопственичка на трафика.

За сопствениците е спорно тоа што ќе мора да вложат до 10 илјади евра за нов киоск, а парите ќе мора да ги вратат за две години, оти на толку време ќе им бидат склучени новите договори со Општината Аеродром.

- Ние ќе инвестираме, ќе разработиме и по две години некој друг ќе си дојде на готово. Нема шанси за такво нешто. Бараме од Општината да размисли добро што прави, оти ако не се реши овој проблем до крајот на неделата, пред Општината заедно со нас ќе дојдат и пазарџиите и сопствениците на дуќаните од „Бисер“, оти Општината со неколку непромислени потези ги уништи граѓаните, а се обиде само да ја наполни својата каса - револтирани се сопствениците на трафики.

Од Општина Аеродром велат дека одлуката за типизирање на објектите ја донел Советот со намера подобро и поубаво да се уреди општината. Општината го утврди изгледот на новите киосци, а сопствениците треба сами да ги изработат според проектот.

- Одлуката на Советот е во интерес на граѓаните. Советниците изгласаа дека на територијата на општината треба да се постават типизирани птивремени објекти во модерен стил, изработени од метал и стакло. Сите објекти ќе бидат со иста димензија и ќе зафаќаат површина од осум квадратни метри. Месечниот надомест за закуп ќе чини 400 евра на главните улици и булеварите и по 200 на сервисните улици, секако плус ДДВ. Тоа се цени според реалната пазарна вредност. Со поставување на новите објекти ќе се регулира статусот на сите киосци и трафики кои во овој момент работат без да платат ниту денар. Сопствениците на објектите имаат време уште неколку дена да поднесат барање за поставување привремен објект - изјавија од одделението за односи со јавноста во Општина Аеродром.

Сопствениците на објектите потврдуваат дека од 2004 година не и' плаќале закуп на општината оти, како што велат, општинарите не покажале интерес за соработка, односно не сакале да им ги продолжат договорите.

Марија Тасев

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EF377096968DE44CBB38656214AF132D - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EF377096968DE44CBB38656214AF132D


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Apr-2010 at 23:20
Јас сум апсолутно ЗА типизација на времените објекти во Скопје но во ситуација кога секојдневно се измислуваат комбинации од овој тип за да мрзливите административци ги полнат своите каси, воопшто не го подржувам проектов.

Ајде да видиме некаков план од Општина Аеродром, една мапа на кои позиции се поставени времените објекти, кои се параметрите според кои се одредени локациите, каков е типизираниот киоск, имало ли конкурс за ова итн...

На сајтот освен баналните вести од типот дека имало маскенбал на 1 април Crazy сите релевантни информации се заглавени од прилика во 2008 година.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 06-Apr-2010 at 23:40
ама овака стварно е смешно и луѓево се во право.
 
1.Општината решава да ги смени киосците (океј)
2.Трговциве треба да си платат изработка (и ваљда со самото тоа преоѓаат во нивна трајна сопственост)
3. Да плаќаат кирија (добро, ваљда за местото)
4.На користење од 2 години (!?) не разбирам што е со двеве години и што после нив?
 
Па зар е можно да си платил све и после 2 години, не ти го продолжуваат договорот и доаѓа друг место тебе да го работи објектот, а ти си лупнал 10.000 евра, кои сите понатаму (нови сопственици на секои 2 години кога би се менувале на пр.) не би плаќале. Nuts
 
Па чекај ако е за 2 години тогаш зашто ја плаќаат изработката, нека ги плати општината, нека бидат во нејзина сопственост, а трговците нека плаќаат партиципација за користење на објектите, како што е киријата. Па макар бил тој износ додаден на тие 400. Не контам, не сум запознаен, коментирам на база на статијава (ама и нов е проблемов), ама најдискутабилен ми е временскиот рок 2 години.
 
Ова му доаѓа као ти градиш куќа со твои средства, живееш 2 години у нејзе и после ти си одиш, а во неа доаѓа да живее некој друг. Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Apr-2010 at 23:50
Која е гаранцијата дека новиот градоначелник за 2-3-4 години нема да му текне да прави нов унифициран дизајн? Значи ќе повторам, унифициран дизајн ДА, но како дел од еден сеопфатен план за подигање на стандардите во градов а не како дел од некакви ад хок решенија на локалните моќници за да го полнат буџетот.

Инаку ниту мене не ми се јасни математиките, верувам дека за 400ЕУР месечно може да се земе локал еден дуќан во Бисер или околината со површина на трафика и без никакви дополнителни инвестиции да се продолжи бизнисот без човек да го боли глава од бистрите идеи на локалната администрација.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 07-Apr-2010 at 23:43

Трафиките станаа луксуз

Општина Аеродром им нареди на трафикантите да направат нови унифицирани трафики и им ги зголеми кириите

20:00 | 01.04.2010 | Автор: Шпиц
 

 
Сопствениците на трафиките во општина Аеродром имаат два месеца да ги урнат постојните објекти и на нивно место да постават нови унифицирани за кои треба самите да платат. Покрај тоа, на општината месечно треба да и плаќаат кирија од 50 евра по квадратен метар за земјиштето. Така, месечно ќе им дојде кирија од 400 до 600 евра. Ова досега се регулирало на годишно ниво и изнесувало околу 21. 000 денари.
Револтираните сопственици вчера се собраа пред општинската зграда.
- Нема никаква потреба да се унифицираат повторно објектите кога веќе се такви. Пред дваесетина години добивме локации и според тогашниот договор купивме и поставивме објекти од фирмата „Плопласт“ од Струга. Сами плативме за инфраструктурата и со години плаќаме нормален надоместок за земјиштето. Ова е апсурдно, не може за користење земја да се плаќа месечно, тоа секогаш се регулирало годишно - вели Борис Димитров, сопственик на трафика.
Според градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, трафиките 10 години работат со нерегулиран статус зашто договорите им истекле.
- Киосците на главните булевари ќе треба да плаќаат 400 евра, додека тие на споредните улици по 200 евра закупнина за месец. Сакаме на сегашните корисници да им дадеме предност и да склучиме договор со нив, но ако некому не му одговара цената, тогаш општината ќе издаде оглас за киосците за кои веќе постојат заинтересирани - рече Коневски.
Засегнатите велат дека одлуката на Советот на општината е противуставна бидејќи земјиштето на кое се поставени трафиките е државно, а не општинско. Сопствениците треба до 9 април да се изјаснат дали се согласуваат со новите услови.
- Ова навистина е нечесна игра и веројатно се оди кон тоа да се откажеме од објектите за да ги земе некој друг. Дури ни бараат да плаќаме кирија два месеца однапред. Ова ни е велигденската честитка од нашиот градоначалник - гневно вели една сопственичка.
Од оваа дејност егзистираат над 170 семејства.
 
http://www.spic.com.mk/kat/skopje/trafikite-stanaa-luksuz.html - http://www.spic.com.mk/kat/skopje/trafikite-stanaa-luksuz.html


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 09-Apr-2010 at 23:59

Новата кирија за трафиките во Аеродром пред Уставен

Уставниот суд ќе ја испитува законитоста на новата одлука на Општина Аеродром, согласно која поскапе киријата за трафиките покрај булеварите.
Откако пред една недела Советот на Општината го изгласа новиот тарифник, според кој сопствениците треба место досегашните 36.000 денари годишна кирија, да плаќаат по 400 евра месечно, тие вчера поднеле жалба и до Министерството за транспорт и врски и до јавниот правобранител.
"Освен што ја дадовме одлуката на Уставен суд, се пожаливме и до сите други надлежни институции. Како што се најде решение за цветен пазар, треба и нас да нe решат, и нема да се откажеме од нашите барања", велат оштетените.
Сопствениците на киосците во вторникот ја блокираа Општината и најавија дека ќе продолжат да протестираат, сe додека градоначалникот не попушти.
Тие вчера пак побараа да се видат со Ивица Коневски, но само напразно се изначекаа пред општинската зграда.
(М.Ѓ.)

 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=AB74FCDEA5A71A4C84B2BA3BEC5C0004 - http://www.vest.com.mk/?ItemID=AB74FCDEA5A71A4C84B2BA3BEC5C0004


Posted By: axel
Date Posted: 16-Apr-2010 at 13:24

Новите киосци отворија стари маки

Изградбата на новите киосци во Аеродром ќе чини од 9.000 до 14.000 евра.

09:00 | 16.04.2010 | Автор: Шпиц

/ Новите киосци во општина Аеродром што треба да ги заменат старите ќе бидат изработени од алуминиум и од стакло и сопствениците ќе ги чинат од 9.000 до 14.000 евра. Лицата кои ги потпишаа новите договори со кои ќе плаќаат месечна кирија од 200 до 400 евра ќе ги постават новите објекти најдоцна до 1 јуни 2011 година. Тие не се обврзани урбаната опрема да ја набават преку една

фирма, туку ќе можат самостојно да ги изработат според проект од општината.
Од пред некој ден, општинската инспекција почна да издава решенија за отстранување на старите трафики на оние кои не го потпишале новиот договор за закуп.
- Не велиме дека не треба да се плаќа, но сумата што ни ја наложија е премногу висока и навистина најголем дел од нас нема да можат да го издржат тој товар. Општината го прави тоа што го наумила, а се плашам дека е можно да се случи и поголем инцидент кога ќе се почне уривањето на трафиките - вели сопственичка на трафика која не го потпишала новиот договор.
Незадоволните дуќанџии го обвинуваат градоначалникот Ивица Коневски дека не се однесува праведно кон сите кога станува збор за давање под закуп општински простории.
- Не е логично ние за трафика од осум квадрати да плаќаме по 400 евра, а за дуќан од 60 квадратни метри во трговскиот центар во Лисиче општината да и бара на приватната здравствена установа „Полимедика“ месечна

кирија од 200 евра. Како е можно тоа? - прашуваат револтираните трафиканти.
Тие наведуваат и дека општината дала деловен простор од 60 квадратни метри на користење на хуманитарното здружение на жени „Мимоза“, застапувано од Лилјана Бахчованска, без никаков паричен надомест и на неопределено време. Единственото објаснување за ова засегнатите го поврзуваат со наводна роднина врска на Лилјана со директорот на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, Владимир Бахчовановски.
Од општината велат дека овие деловни простории не се се уште официјално во нивна сопственост. Одлуката за нивната месечната кирија произлегува од делбениот биланс со општина Кисела Вода.
- Ова е преземена ситуација. Им дадовме рок на сегашните закупци да си бараат други простории додека не се среди документацијата - велат од општината и истакнуваат дека на нивна територија има повеќе вакви деловни простории за кои не се регулирани имотно-правните односи.
Кога ќе поминат катастарските процедури овие простории се планира да се пренаменат во месни и урбани заедници.


http://www.spic.com.mk/kat/skopje/novite-kiosci-otvorija-stari-maki.html


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 04-May-2010 at 15:27

Високата закупнина ќе го остави Аеродром без трафики?!

Корисниците на трафики досега плаќале најмногу 30.000 денари годишно, а според новата одлука треба да даваат од 400 до 800 евра месечно, односно 50 евра по квадрат, плус 14.000 евра за нов киоск

 

Последната одлука на советот на општината Аеродром за зголемување на киријата за времените објекти, односно за трафиките што се наоѓаат на нејзино подрачје, ги револтира сегашните кираџии. Покрај ова, постојните трафики ќе се менуваат со новодизајнирани, за што закупувачите на киосците ќе треба на општината да и платат по 14.000 евра. Закупувачите велат дека досега плаќале најмногу 30.000 денари годишно, а според новата одлука треба да даваат од 400 до 800 евра месечно, односно 50 евра од квадратен метар. Неможејќи да ги прифатат новите услови за работа што им ги понуди општината, сопствениците организираат и протести пред општинската зграда. Како што нé информираа претставниците на трафикантите, договорите за новите услови на изнајмување се подготвени на 12 април, а одлуката на советот е донесена еден ден подоцна. Некои од нив во времените објекти работат веќе 25 години. Во тоа време изгледот на трафиките во градот, а и во тогашната општина Кисела Вода, од која неодамна се одвои Аеродром, беа унифицирани во зелена боја, а производство на фирмата „Полипласт Струга“. За закупнината велат дека според сите законски прописи би требало да плаќаат од 8 до 15 евра за квадрат, колку што изнесува и цената за поставување урбана опрема во градот. Истовремено, сметаат дека со оваа одлука се повредени и Законот за градење, како и одлуката на градот за поставување опрема како што се и трафиките.

- Повеќе не знаеме што да правиме, испративме претставки до сите надлежни и ненадлежни институции и сега чекаме одговори. До Министерството за транспорт и врски испративме и писмо со наш предлог како овој проблем да се реши побезболно за сите. Киосците се на државно земјиште, па закупнина за користење на трафиките би требало да плаќаме не само на општината, туку и на градот- објаснуваа претставниците.

Во писмото испратено до Министерството за транспорт и врски се вели дека сегашните закупувачи сакаат да ги продолжат договорите склучени со оваа институција, практика каква што постоеше до 2005 година. Дуќанџиите додаваат дека уште пред пет години барале им се продолжат договорите, но дека тогаш и општината Кисела Вода, па и градот и Министерството за транспорт се прогласиле како ненадлежни за целата ситуација.

- Се согласуваме ако треба и ретроактивно да си ги платиме заостанатите кирии, па дури и да ги пребојуваме трафиките, но сé друго е тотално неприфатливо. Од овие трафики живеат многу семејства, а ако ни ги срушат сите ќе завршиме во Бирото за вработување. Дури и да се сложиме да плаќаме закупнина од 50 евра за квадрат, пак нема да можеме да се прехраниме затоа што во трафиките се продаваат производи од кои баш и нема некоја голема заработка. Многумина од нас нема да ги потпишат новите договори за закуп, но има и такви кои како партиски војници и послушници ќе потпишат - ни изјавија претставниците на закупците на трафики од Аеродром.

Од општината велат дека веќе се потпишани дваесетина договори, а најверојатно ќе следат и нови.

Според најновата одлука на советот на општината Аеродром, за закуп на трафика ќе се плаќа 50 евра за квадратен метар со ДДВ, а новите киосци треба да се постават до средината на идната година.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=54101053204&id=14&setIzdanie=21974 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=54101053204&id=14&setIzdanie=21974


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 22-May-2010 at 00:48
Почна чистката на трафиките во Аеродром
 



Сопствениците на сите привремени објекти во Аеродром деновиве добиле решенија од Општината во рок од 15 дена да ги отстранат своите трафики од локациите каде што се поставени. Вакви решенија добиле сите сопственици на киосци, без разлика дали ги потпишале новите договори за закуп со Општината.

Тие се револтирани од, како што велат, нехуманиот однос на Општината, која ги брка на улица во период додека чекаат Уставниот суд да реши за нивната жалба на новите правила за поставување трафики во Аеродром.

- Добивме решенија за селење на киосците што досега ги користевме. Мораме да се иселиме во рок од 15 дена, иако ги поседуваме сите документи. Тие ни се издадени во различни периоди, но сепак во нив експлицитно е потенцирано дека киосците се привремени објекти кои остануваат на таа и таа локација се до реализација на детаљниот урбанистички план, а не додека на некој не му текне да си донесе одлука за поставување нов киоск на нашите места, ама со друга боја - вели еден од сопствениците на киосци.

Граѓаните, кои со години работат во киосците, велат дека околу 200 луѓе, односно 50 фамилии ќе останат без основни приходи, поради неразумната одлука на Советот на Општина Аеродром.

- Ни велат да се жалиме до Министерството за транспорт и врски, но ние знаеме дека и таму се нивни луѓе, па кое фајде од такво нешто. Веројатно нашите права ќе ги бараме на суд, но знаеме дека додека процесот заврши, ќе поминат години. И ако излеземе во право, обесштетувањето нема да го плати градоначалникот Ивица Коневски или советниците од свој џеб, туку ќе плати Општината со парите на граѓаните - велат револтираните граѓани.

Општина Аеродром неодамна најави дека ќе ја спроведе одлуката за поставување привремени објекти, според која сите трафики ќе бидат со унифициран изглед. Целта била да се стави ред во оваа област и да се разубави општината. Тие во новите договори за изнајмување на трафиките на сопствениците им бараат по 400 евра месечно за кирија. Од општината, кога ја носеа одлуката се пожалија и дека голем дел од сопствениците со години не плаќале закуп, оти работите не биле до крај регулирани.

Сепак, останува нејасно што ако навистина сите трафики во Аеродром бидат отстранети во следниве две недели. Општината не објасни каде граѓаните ќе купуваат списанија, цигари и дребулии додека не се изработат новите киосци.

Во Општината велат дека нема да отстранат ниту еден привремен објект се' додека не се испочитуваат сите законски рокови за жалба.

- На територијата на Аеродром има околу 50 трафики, а близу половина од нив ги потпишаа новите договори за закуп. Општина Аеродром донесе решенија за отстранување на привремените објекти, но не само на оние што не ги потпишуваат договорите за закуп, туку на сите, бидејќи старите решенија за поставување подолго време им се истечени - велат од одделението за односи со јавноста.

Според одлуката на Аеродром, новите киосци ќе имаат површина од 8 квадратни метри. Општината го утврди нивниот изглед, а сопствениците што потпишале договор за закуп треба самите да ги изработат на сопствен трошок. Поради оваа одлука и скапата кирија тие во минатиот месец излегоа и на протест.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0D36A3137B5D074B97977E4C379379B8 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0D36A3137B5D074B97977E4C379379B8


Posted By: NorthWind
Date Posted: 30-Sep-2010 at 12:19

Киосците во Аеродром остануваат

 
Основниот суд го поништи решението на Општина Аеродром за отстранување на привремените објекти од нејзината територија. Општинарите пред неколку месеци побарале од сопствениците на привремените киосци да ги дислоцираат и во иднина да ги заменат со нови, унифицирани. Сопствениците ги обжалиле доставените решенија, а деновиве завршил и судскиот процес. Моментално пред Управниот суд се води и спор против решението на Општината Аердором за унификација на киосците на нејзината територија, а одлуката ќе биде позната наскоро.
 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=42C3B3FC102A2744B4946F77D44AB961 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=42C3B3FC102A2744B4946F77D44AB961
 
Одлична вест Thumbs%20Up
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Sep-2010 at 14:18
Вооптшто не е одлична. Неможе ред да се воспостави. Од трафики за цигари и весници се направија ресторани, ќебапчилници, сендвичари, кај мене во маало дури и шнајдер и адвокат има во вакви трафики.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 30-Sep-2010 at 14:43

Јас сум за унификација и ред на овие привремени објекти, нивно средување и уредување, а секако и прецизирање на намените кои можат да ги имаат.... Но мислам дека 400 евра месечно за квадрат е многу.... 

Мислам дека многу подобро може да биде со 50 евра или пак фиксна цена за целиот објект од 100-200 евра месечно....



Posted By: NorthWind
Date Posted: 30-Sep-2010 at 15:00
Ми пречеше по мене силеџискиот начин на кој се сакаше да се "среди" проблемот. Очигледно се направи само поголем проблем, во кој општината излезе губитник. За средување, унифицирање итн и јас сум, само со партнерски приод, заедничко решавање на проблем, со поволни можности за откуп и слично, а не со стап. Требаше да постигнат позитивен фидбек и добра воља од страна на трафикаџиите, а не тужби и пенали. Сега времето и парите фрлени во ветер ке бидат веројатно исти, со опцијата ако се пристапеше цивилизирано.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Sep-2010 at 15:06
Мора понекогаш на мускули да се тераат работите. Тоа не е никакво силеџитво, иако така се сака да се прикаже од оние што имаат бизнис интерес во случајов. Не на тој начин е позната фраза што само ги одлага работите. Не верувам дека општината е будала да турка нешто на сила, ако имало начин да оди со лесно. Трафикаџиите во секој случај се врзани цврсто до статус кво-то. Немаат причина да сакаат да се среди нешто кога тоа во секој случај значи губење "освоена територија" со лимови, фрижидери, кафемати, изложена стока и слично. Цели супер-маркети и ресторани се имаат распослано. Еден фрижидер да сака да го отстрани општината, не поради друг, макар и да е само да се ослободи тротоар, пак ќе наиде на проблем.


Posted By: NorthWind
Date Posted: 30-Sep-2010 at 15:26
Не се слагам, признавам не сум суштински запознаен, само од медиуми, ама не гледам решение на проблем ако
 
 - наметнеш купување на трафики по цени од 9-14.000 евра (дали неможеше поефтини!?)
 - дали ако мора да биде таа цена, неможе да се обезбедат олеснителни околности за плаќање
 - зашто во исто време покрај споменатиот одлив на средства за набавка на трафики, драстично се зголемува цената на закупнината, која ако веќе не се намали во интерес на набавка на нови трафики, тогаш барем да остане иста.
 
Со мускули проблем не се решава, само се плаќаат отштетувања. За вакво нешто во цивилизирана земја се дава оставка, му падна одлуката/проектот. Еве еден добар пост Smile, само да не излезе да се вртиме во круг со коментариве.
 
Originally posted by SkyBoy

ама овака стварно е смешно и луѓево се во право.
 
1.Општината решава да ги смени киосците (океј)
2.Трговциве треба да си платат изработка (и ваљда со самото тоа преоѓаат во нивна трајна сопственост)
3. Да плаќаат кирија (добро, ваљда за местото)
4.На користење од 2 години (!?) не разбирам што е со двеве години и што после нив?
 
Па зар е можно да си платил све и после 2 години, не ти го продолжуваат договорот и доаѓа друг место тебе да го работи објектот, а ти си лупнал 10.000 евра, кои сите понатаму (нови сопственици на секои 2 години кога би се менувале на пр.) не би плаќале. Nuts
 
Па чекај ако е за 2 години тогаш зашто ја плаќаат изработката, нека ги плати општината, нека бидат во нејзина сопственост, а трговците нека плаќаат партиципација за користење на објектите, како што е киријата. Па макар бил тој износ додаден на тие 400. Не контам, не сум запознаен, коментирам на база на статијава (ама и нов е проблемов), ама најдискутабилен ми е временскиот рок 2 години.
 
Ова му доаѓа као ти градиш куќа со твои средства, живееш 2 години у нејзе и после ти си одиш, а во неа доаѓа да живее некој друг. Crazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Sep-2010 at 16:17
Ако е ова добар пост, тогаш што со патиштата што треба после 30 години да станат државни, што со хидроцентрали што треба да станат државни, што со земјишта на 99 години? Логиката е дека ако има стопанственик што има економска исплатлива пресметка во две години да ја исплати изградбата и притоа да направи задоволителен профит да прифати. Ако нема интерес тогаш се намалуваат критериумите и се иде на нова понуда. Може да се сложиме дека може би општината немала сериозна пресметка и анализа што би било економски оправдано и за што би имало интерес кај стопанствениците и понудила превисоки стандарди, но дека нема логика нешто да се гради и после некој период да стане општествена сопственост тука неможеме да се сложиме. Проверено е тоа низ свет и функционира, не измислила Општина Аеродром топла вода. Допрва ние треба да навикнеме на вакви пазарни принципи што ни се апсолутно ново и непознато и тешко доаѓа на сцена.

А тоа што паднала одлука не го земај многу за релевантно. Знаеме како функционира тоа. Прашање е колку има објективност во таква одлука. Може некоја повисока инстанца ќе ја преиначи таа одлука.

И уште една доста важна работа. Не мора истите што предходно ги држеле трафиките, да продолжат да бидат пак тие истите и општината се да направи само за нив да биде прифатливо. Ќе дојде некој што ќе може економски да го издржи тоа, а општината ќе наплати највеќе што може. Ова не е како јас предлагам дека треба да биде, ова е едноставна психологија на секоја општина.

Десетина илјади евра вака по слободна проценка и не изгледа многу за сериозен стопанственик што мисли трафиката да му биде примарна дејност на атрактивна прометна локација. Олеснителните околности за плаќање не се нешто што го дава државата, туку банките, лизинг компании и слично. И за закупнината исто, ќе се пресмета во севкупната слика за економска оправданост како и другите давачки.

Пак ќе повторам, тие што сега се сопственици немаат причина било каков потег да направат. Што и да се направи за нив е неповолно. Што и да се направи во себе вклучува расчистување на распослани елементи по зеленила, плочници и тротоари. Мускули се неизбежен алат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 01:22

Остануваат старите трафики во Аеродром

Сопствениците се бунат поради кириите од 400, односно 800 евра, што им ги бара Општината

Сања Наумовска


Општина Аеродром нема да ги отстранува привремените објекти чии сопственици не се согласиле да потпишат нови договори со Општината. Решенијата за уривање на трафиките се ништовни, така одлучи Судот, а засега не се знае дали општинарите ќе понудат нови договори.

Сопствениците на привремени објекти се револтирани затоа што Општината ги условува да ги унифицираат трафиките и за нив во иднина да плаќаат огромни кирии. Во Аеродром постојат над 100 привремени објекти, најмногу сендвичарници, цвеќарници, тобако-трафики и други. Дел од нив имаат потпишано договори со Општината и веќе работат под новите услови. Но, повеќето се спротивставиле за новините поради што и побарале правна помош од адвокат. Упатени биле претставки до министерствата за транспорт и врски, за локална самоуправа и за финансии, до ЗЕЛС, како и до народниот правобранител. Решението за уривање на трафиките било обжалено до Второстепената комисија на Владата, од каде што не одговориле во предвидениот рок од 60 дена, по што бил поведен и судски спор пред Управниот суд.

Во Општината Аеродром засега не ја коментираат состојбата околу договорите за привремените објекти, бидејќи, како што велат, ќе почекале да завршат судските постапки.

Унификацијата на привремените објекти на територијата на целата општина ја потврдил Советот на Општината со одлука. Врз основа на одлуката, Општината понудила нови договори со кои бара сопствениците да си купат нови типизирани трафики. За нив во иднина треба да плаќаат месечна кирија од 400 евра за 8 квадрати, односно 800 евра ако користат 16 квадратни метри јавна површина. Сопствениците се револтирани, бидејќи од една страна им се наметнува кирија превисока за нивните можности, а од друга, Општината ги принудува да ги купат новите трафики без опција да ги изнајмуваат.

„Секогаш мора да постои можност кога се донесува одлука за унифицирање привремени објекти, сопствениците или да ги купат или да ги изнајмат, па во тој случај за објектот да плаќаат кирија. Исто така, и купувањето не смее да биде условено со една понуда, туку секогаш мора да има повеќе опции за да се постигне вистинската реална цена“, велат правниците.

За нив е проблематично и барањето да се наплатува кирија за земјиштето под киосците, кое се' уште е во државна сопственост. „Кога ќе биде спроведена децентрализацијата и општините ќе станат сопственици на јавната површина, тогаш ќе можат да размислуваат за наплатување кирија. Во овој случај се обидуваат да наплатат за нешто што не е нивно“, објаснуваат правници.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=353588C81AEDC343AB218A4F1D999BBE


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Feb-2011 at 17:35
Tuka se raschisteni site trafiki. Chudno shto projde bez galama. A nemame ni nekakva najava.
42° 0'39.55"N 21°27'33.96"E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2011 at 15:38

Урнати трафиките спроти Градежниот факултет

Заедно со почетокот на градежната сезона, надлежните од општината Центар почнаа да ги уриваат привремените објекти

Први на списокот беа трафиките на автобуската станица спроти Градежниот факултет, на булеварот Партизански одреди. Тука со години имаше продавница за играчки, лесковачка скара и семкарница.
Портпаролот на општината Центар, Јовица Ацковски, накратко објасни дека објектите се отстранети заради реализацијата на деталниот урбанистички план „Буњаковец 1“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31611920297&id=14&prilog=0&setIzdanie=22232


Posted By: axel
Date Posted: 18-Mar-2011 at 15:13
Ќе се уриваат и привремените објекти на Перо Наков

Општина Гази Баба ќе им достави решенија на сопствениците на привремените дуќани и дисконти што работат на улицата Перо Наков, во близина на двата премини на железничката пруга. Жителите од Маџари велат дека веќе се зборува за отстранување на монтажните објекти и на бараките, во кои се продава различна стока, а се разгледувала можноста тие да се преселат на посебно уредена локација кај Кванташки пазар. Од кабинетот на градоначалникот Тони Трајковски велат дека сите привремени објекти на подрачјето на општината ќе добијат известување за отстранување бидејќи ниту еден од нив нема важечка дозвола. Оттаму не одговорија што е предвидено на нивното место со ДУП.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2268&ArticleID=158091


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Mar-2011 at 17:21
Поместени времени објекти за изградба Првомајска.




Posted By: dule
Date Posted: 04-Apr-2011 at 14:52
Трафиките во Аеродром според вкусот на општината

Сопствениците чувствуваат несигурност бидејќи самите вложуваат во реновирањето на трафиките по препораките од општинарите, но не знаат дали надлежната комисија потоа ќе им го одобри новиот изглед

 
 
%20  
Неколку сопственици на трафики во општината Аеродром го променија изгледот на своите објекти на сопствен трошок, според критериумите на општината за поставување унифицирани објекти.

- Го направив мојот објект според условите поставени од општината, според нацрт-планот што ни го дадоа. Се надевам дека ќе помине пред комисијата во јуни, инаку сé што вложив ќе ми падне во вода. Не ми се допаѓа оваа одлука на општината, зошто да ги менуваме нашите објекти, а и давачките се големи, сега заработуваме само колку да ги намириме трошоците, но немаме избор, мора да се приспособиме на нивните барања - изјави еден сопственик што пред некој месец ја реконструирал својата трафика.

Преостанатите сопственици сé уште не знаат што да прават. Се плашат дека доколку инвестираат во својата трафика и не ги исполнат критериумите на комисијата, сé ќе им падне во вода.

- Не смеам да вложувам сé уште, се плашам дека доколку го реконструирам објектов, а не им се допаѓа, ќе ми пропадне влогот. Еве уште два месеца останаа до рокот, не знам што да правам, чекам некој да го направи првиот чекор, а изгледа и сите тоа го чекаме и затоа уште не сме мрднале со прст. Сите нé засега истиот проблем. Освен тоа, во законот и планот што го добивме од општината стои дека во овие објекти не смее да се продава храна, а 70 отсто од трафиките овде се сендвичарници. Доколку ни забранат да продаваме храна, ќе останат само десетина трафики за весници и цигари. Цел живот заработувам од ова, а сега и бизнисот и фамилијата ми се загрозени - разочарано раскажува еден сопственик на сендвичарница.

Надлежните од општината велат дека сите сопственици треба да си ги унифицираат објектите на сопствен трошок.

- Киосците ќе ги изработуваат самите сопственици на своја сметка. Тоа важи за сите и овие што досега не ги унифицирале и за оние што ги реконструирале без да бидат усогласени според проектот. А своите дејности, односно што ќе продаваат во нив, сопствениците со потпишувањето на договорот се обврзаа дека ќе ги усогласат своите дејности во согласност со позитивните законски прописи - соопшти Маја Манчевска, портпаролка на општината Аеродром.

Опозиционерите од советот на општината се против ваквата одлука, тие соопштија дека се направени измени според дадените пропорции во однос со шанковите, прозорците, стреите, но воопшто не личат едни на други.

- Сите киосци што сами си ги реконструирале сопствениците можеби се според стандардите на општината, како што би требало да изгледаат унифицираните киосци, но воопшто не личат едни на други, сосем се различни, а нели требаше сите да бидат исти. Но на граѓаните им требаат трафиките, не им е важно какви се. Голем број семејства зависат од овие киосци, а никој не ги прашува дали имаат средства да си ги дозволат новите услови и цени на унифицираните киосци. Претходно работеа над 100, а сега едвај четириесетина трафики и уште ќе се намалува нивниот број – изјави Диме Велковски, советник во општината.

На ова надлежните одговорија дека на 1 јуни ќе помине комисија, која ќе одреди дали поставените киосци ги исполнуваат условите или не.

- Доколку не ги исполнуваат условите, унифицираните киосци веднаш ќе се отстранат и договорите со нив ќе се раскинат. Подеднаков третман ќе има со сите, па макар да остане само една трафика на подрачјето на општината. Овој проект е со цел нашата општина да изгледа поубаво, на кој му се допаѓа може да го стори тоа, но кој не сака, не мора, никој не е принуден – Ана Ристевска, секретар на општината Аеродром.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4411833563&id=14&prilog=0&setIzdanie=22248


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2011 at 05:11

Чистка за трафиките на Ловец

Отстранети се двата киосци на Ловец спроти "Мек Доналдс" во строгиот центар на Скопје. Објективот на Вечер, вчера околу пладне го овековечи подигањето на последната трафика и моментот кога просторот беше целосно расчистен. Претходно, беа раскопани и тротоарите од двете страни на улицата "Никола Вапцаров" која се протега до Плоштадот Македонија. Од Општина Центар вчера беа недостапни да информираат што се планира да се работи на оваа локација. http://vecer.com.mk/?ItemID=8B66A94574A9544D81E3A80364DAEB72



Posted By: Djole88
Date Posted: 04-Aug-2011 at 19:50
Местово е одлично за едно мало плоштадче, со некоја добра фонтана и клупи и секако да се оплемени со зеленило, а и да се средат фасадите во околината 


Posted By: Mjölnir
Date Posted: 04-Aug-2011 at 20:03
Originally posted by Djole88

Местово е одлично за едно мало плоштадче, со некоја добра фонтана и клупи и секако да се оплемени со зеленило, а и да се средат фасадите во околината 


Штета што има сервисна улица за два паркинзи.


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Aug-2011 at 20:13


на сликата е улицата каде што живеам,и на крајот каде треба да се приклучиме на главната улица Маршал Тито,од десната страна има три времени објекти(црвена елипса),а за поминување треба авантуристички дух на Индијана Џонс,бидејќи левото тркало поминува на самиот раб од реката испод.За луѓето што живеат до објектите,за да излезат на 10 метри на главната улица треба да поминат обиколен пат од 300 метри(зелени стрелки).Лани конечно се асфалтира улицата(една од најстарите во Кичево,најмалку 500 години!!!!!!!)освен делот со плава боја каде нема шанса бидејќи е тесно,а и еден од поранешните градоначалници го смени урб.план и сега тука е слепа улица(чаршиски муабети за поврзаност негова со една од сопственичките).Сегашниот градоначалник вели дека ако од објектите некој вади леб нема шанси да ги урива на оваа невработеност


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Aug-2011 at 21:29
Originally posted by Djole88

Местово е одлично за едно мало плоштадче, со некоја добра фонтана и клупи и секако да се оплемени со зеленило, а и да се средат фасадите во околината 
едно време, уште одамна, во зачетоците на СК2014, се збореше на форумов за таква идеја, дури таа локација е прикладна и за споменик (дај боже да не им текне уште еден да лупнат, треба да дислоцираат некој од спомениците таму, да се балансира барем малку поставувањето) заедно со фонтана, пристојно поплочување на целата улица и пропратна урбана опрема


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexgizh
Date Posted: 04-Aug-2011 at 21:54
Џабе дискутирате, од поодамна се знае дека тука ќе биде поставен Христо Узунов како коњаник.

Но, секако дека поарно е да се дислоцира некој од спомениците на плоштадот... мене прв кандидат ми е Цар Самоил.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Aug-2011 at 22:02
Originally posted by gjoko



на сликата е улицата каде што живеам,и на крајот каде треба да се приклучиме на главната улица Маршал Тито,од десната страна има три времени објекти(црвена елипса),а за поминување треба авантуристички дух на Индијана Џонс,бидејќи левото тркало поминува на самиот раб од реката испод.За луѓето што живеат до објектите,за да излезат на 10 метри на главната улица треба да поминат обиколен пат од 300 метри(зелени стрелки).Лани конечно се асфалтира улицата(една од најстарите во Кичево,најмалку 500 години!!!!!!!)освен делот со плава боја каде нема шанса бидејќи е тесно,а и еден од поранешните градоначалници го смени урб.план и сега тука е слепа улица(чаршиски муабети за поврзаност негова со една од сопственичките).Сегашниот градоначалник вели дека ако од објектите некој вади леб нема шанси да ги урива на оваа невработеност
                                                                                                                                             Gjoko,Zar ne moze barakite da gi trgnat ponazad?ima mesto ili e privatno mesto? Od noviot Most(kaj pucko nagore) se asvaltirase kejot a graganite dobivale pismo, da gi trgnat zidovite ponazad za da ima mesto koli da pominuvaat(spored carsiski muabeti). Gradocalnikot tolerira mnogu


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Aug-2011 at 22:15
тоа место е приватно и наскоро се слуша ќе се гради нешто тука,а бараките се буквално ставени среде улица а покрај нив само пешачка патека.Дека во Кичево се толерира премногу има доста случаеви.Поголемиот број на улици што се сега направени се со бекатон коцки,бидејќи нема простор да влезе асфалтерка машина,никој не се трга со оградата(освен авторов на постов-5,5 метри x 20 должина отстапка во корист на градот),а има случаи каде улицата е буквално како тоблероне/ќе сетавам некои слики ќе видиш


Posted By: OCB
Date Posted: 27-Oct-2011 at 11:43
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА СЕНДВИЧАРНИЦИТЕ KАЈ ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА

„Чичко Стоилко“ заминува во историјата




Ќе се уредува платото зад зградата на ЕВН, на улицата 11 Октомври, а за таа цел ќе се отстранат сендвичарниците на оваа локација, најавија од Општина Центар на последната седница на Советот. Причината е уредување на околината на Триумфалната порта.


Со оваа одлука, по три децении постоење, во историјата ќе замине и познатиот скопски бренд, сендвичарницата „Чичко Стоилко“, но и останатите угостителски објекти на тој потег.

Во урбанистичкиот план за централното градско подрачје „Мал ринг“ споменатите сендвичарници не се предвидени како објекти, информираа надлежните.

- Веќе е избрана фирма, а донесено е и решение за нивно отстранување. Мој личен став е воопшто да нема трафики на територијата на оваа општина - рече градоначалникот Владимир Тодоровиќ.

Во тој контекст, информираше дека во најскоро време од трафики ќе се ослободи и просторот кај Народна банка, на автобуската постојка, на булеварот Kузман Јосифовски-Питу.

Портпаролот Јовица Ацкоски не прецизираше за периодот на нивно отстранување. Рече дека јавноста дополнително ќе биде информирана.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9BAE7E773AA5F14D9C8D2F6E0899CCE0


Posted By: kultuzin
Date Posted: 27-Oct-2011 at 11:50
Не сум сигурен дека овие трафики треба да заминат во историјата.
Барем на мене ми правеше огромен кејф хамбургер од Чичко Стоилко изеден на клупите во Жена Парк. Навистина добро е да се среди околината но не верувам дека трафиките му пречеа на некој.


Posted By: antiuser
Date Posted: 27-Oct-2011 at 11:53
Originally posted by kultuzin

Не сум сигурен дека овие трафики треба да заминат во историјата.
Барем на мене ми правеше огромен кејф хамбургер од Чичко Стоилко изеден на клупите во Жена Парк. Навистина добро е да се среди околината но не верувам дека трафиките му пречеа на некој.


А нели ти пречеше тони ѓубре оставено по клупите и покрај корпите за отпадоци ?
Дефинитивно дислокацијата е оправдана


Posted By: kultuzin
Date Posted: 27-Oct-2011 at 12:02
Originally posted by antiuser


Originally posted by kultuzin

Не сум сигурен дека овие трафики треба да заминат во историјата.
Барем на мене ми правеше огромен кејф хамбургер од Чичко Стоилко изеден на клупите во Жена Парк. Навистина добро е да се среди околината но не верувам дека трафиките му пречеа на некој.
А нели ти пречеше тони ѓубре оставено по клупите и покрај корпите за отпадоци ?Дефинитивно дислокацијата е оправдана


Тоа е проблем кој може да се реши со зголемување на комуналиите, поголем број на корпи за отпадоци и поредовно чистење. Но овој проблем не е само поради Чичко Стоилко туку е проблем со кој се соочува цела држава. На државно ниво продуцираме повеќе ѓубре од што сме во можност да исчистиме. Види ги само на што личат плажите во Охрид, види само на што личи секој малку позатемнен премин во центарот на Скопје. Јас се запрепастив кога во центарот на Скопје налетав на ДИВ премин од плоштадот кон трговскиот, значи во сам центар имаме буквално мини ГЕТО.
Значи се согласувам со тебе но решението не е во дислокација на трафиките.


Posted By: tomi_z
Date Posted: 27-Oct-2011 at 12:32
Мене ми смета и хигиената, и миризбите, и изгледот на тие сендвичари. И само поради носталгични причини не би ги оставил. Се друго зборува ВО прилог на дислокација.

А не дај боже асална санитарна инспекција таму да се направи... којзнае што ќе најде.

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Oct-2011 at 15:01
Така браво само напред! Ова ругло од сред центар да го снема и да се заборави! Губриња, кучиња, кечам мајонез по сред плочник, зашљакани си те клупи во непосредна околина, особено оние едни фини долги клупи на гтц на ништо што не личат, а супер простор е, мислам на оние клупи баш над излезот од гаражите карши жито лукс. Трафиките се гради, заварувано лимови, фарабо нешто на ништо не личи, стандарди никакви, оџакот од скарата мириса околу, а башка да не збориме колку луѓе тровања имаат токму од тука фатено, како сендвичари со најниски стандарди, веќе ни за на автопазар и за пред тадион не се долични. Трафиките што треба да се за продажба на цигари и весници станаа кафани цели и се користат за несоодветни намени. да ги снема што побрзо. Стоилко може во непосредна близина да си отвори хасап сендвичара.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Oct-2011 at 17:37
Originally posted by lslcrew

Така браво само напред! Ова ругло од сред центар да го снема и да се заборави! Губриња, кучиња, кечам мајонез по сред плочник, зашљакани си те клупи во непосредна околина, особено оние едни фини долги клупи на гтц на ништо што не личат, а супер простор е, мислам на оние клупи баш над излезот од гаражите карши жито лукс. Трафиките се гради, заварувано лимови, фарабо нешто на ништо не личи, стандарди никакви, оџакот од скарата мириса околу, а башка да не збориме колку луѓе тровања имаат токму од тука фатено, како сендвичари со најниски стандарди, веќе ни за на автопазар и за пред тадион не се долични. Трафиките што треба да се за продажба на цигари и весници станаа кафани цели и се користат за несоодветни намени. да ги снема што побрзо. Стоилко може во непосредна близина да си отвори хасап сендвичара.
Потпис! Од А до Ш.






Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Nov-2011 at 14:42

http://www.kurir.mk/republika/skopje/48177-Ke-se-izbrise-advokatskata-ulica - Ќе се „избрише“ адвокатската улица


Бараките кои се наоѓаат на познатата адвокатска улица и околните трошни куќички во Пајко-маало не се во согласност со деталниот урбанистички план и ќе мора да се урнат.

pajko-maalo240
Одлуката за отстранување беше усвоена на последната седница на Советот на Општина Центар, од мнозинството на владејачката партија и од опозицијата.

Нов плоштад, деловен центар, фонтани и архиепископски комплекс се објектите кои се предвидени да се градат на местото на постојните куќички.

Поголемиот дел од објектите се наоѓаат на земјиште што е во сопственост на Македонската православна црква, за кое плаќаат месечна кирија и токму поради тоа нема да им биде проблем да се иселат.

На адвокатската уличката има околу 100 канцеларии кои поднеле барање за легализација но сеуште очекуваат одговор од општината.

Сеуште нема конкретна информација за точниот период кога ќе се урнат овие објекти.

Од општината Центар велат дека оваа локација нема да биде единствена и во сите детални урбанистички планови каде што се предвидени објекти од јавен интерес нема да биде дозволена легализација на дивоградби.

Отстранувањето на објектите беше планирано уште пред неколку години, но дури сега ќе се реализира според деталниот урбанистички план.

Адвокатската улица не би постоела доколку не се случел катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Тогаш во Пајко-маало биле изградени привремени канцеларии, но привремени или не, адвокатите сеуште се таму.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/48177-Ke-se-izbrise-advokatskata-ulica


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 02-Nov-2011 at 17:56

Алелуја!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Nov-2011 at 18:28
Оддамна имавме разговаранои за овој дел и тогаш имав предлог и сега дека овие адвокати е попригодно да бидат сместени во солиден деловен центар кој ќе нуди канцеларии со сите комуналии струја,вода, интернет, конференциски сали и судскиот комлекс да добие и адвокатски административни центри, ете веќе еден таков се надѕира http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1455 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1455 . Ова расчистување само ќе забрза да дојдат и други такви објекти.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Nov-2011 at 01:54

Се уриваат киосците кај комплексот банки

Киосците лоцирани на потегот од Железничката станица до комплексот банки од вчера почнаа да се отстрануваат. Некои од сопствениците сами почнаа да ги демонтираат објектите, а за други беше потребен ангажман на фирма најмена од Општина Центар. Општинарите издадоа налог за „чистка“ на привремените објекти по булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ и оние под Транспортниот центар. Градоначалникот Владимир Тодоровиќ вчера кратко објасни дека станува збор за акција на отстранување на сите киосци од привремен карактер во тој реон. Единствено ќе можеле да продолжат со работа тие што продавале весници. Не знаеше точно да каже дали има такви и колку се. „Мислам дека во оваа акција ќе бидат опфатени десетина објекти. Знам сигурно дека нема да се дислоцира ‘Кенан‘ под Железничката станица, бидејќи тој киоск пред повеќе години таму беше преселен од плоштадот, со ветување дека во иднина нема да има потреба да се сели“ истакна Тодоровиќ.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=BA7107CFDDAA9344942AA181FEF97406


Еве и видеа тука:
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=12072 - http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=12072
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=42434 - http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=42434

Ова со Кенан нема логика. Имаат ли во општината некаква програма за времени објекти, што му дале тука локација, ова е типичен пример за селективен однос. Не е ова повик да го урнат и него, за да имам некаква урамниловка и "правда", зашто таков па однос носи само штета, ама сериозно неможе ни тој дуќан да биде вечен, нека бараат решение кај ќе му дадат локација или нема да му дадат или нека го известат навреме што планираат.


Posted By: OCB
Date Posted: 09-Nov-2011 at 01:59
Интересно ова со „Кенан“. На времето кога ги уриваа трафиките на плоштадот се испостави дека трафиката на Кенан е од постојан карактер. Претпоставувам тогаш постигнал договор со општината трафиката како постојан објект да му биде дислоцирана кај Железничка. Можеби единствен пример на трафика како постојан објект во Скопје.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Nov-2011 at 09:33
Не знам зошто се рушат овие времени објекти, а во исто време на две локации кај плоштад Македонија и на Кеј 13 ноември некој поставува други вакви објекти. Не знам за што се, но навистина не ми е јасно.

На општина Центар и порачувам да ги сруши оние грозни тенди, балкони на кафичи и ресторани низ целото централно градско подрачје, а не секогаш да удира кон оние луѓе кои немаат врски и се во најнезавидна материјална положба!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Nov-2011 at 14:48
ФОТО: Изгореа покривите на три дуќани во Кисела Вода

Покривната конструкција на три дуќани е оштетена во пожар што избувна изутрината кај Рампа во скопската општина Кисела Вода.

Во моментов се врши догасување и расчистување и не е направена голема материјална штета.

Командантот на Противпожарната служба Благоја Менковски информира дека пожарот е пријавен утрово во 07.50 часот и оти се интервенериало со три возила.

- Со нашето професионално и брзо делување, пожарот не се прошири на останатите дуќани. Не е опожарено во внатрешниот дел на дуќаните, туку само покривната конструкција, изјави Менковски.

ФОТО: Изгореа покривите на три дуќани во Кисела Вода

Покривната конструкција на три дуќани е оштетена во пожар што избувна изутрината кај Рампа во скопската општина Кисела Вода.

Во моментов се врши догасување и расчистување и не е направена голема материјална штета.

Командантот на Противпожарната служба Благоја Менковски информира дека пожарот е пријавен утрово во 07.50 часот и оти се интервенериало со три возила.

- Со нашето професионално и брзо делување, пожарот не се прошири на останатите дуќани. Не е опожарено во внатрешниот дел на дуќаните, туку само покривната конструкција, изјави Менковски.



http://www.vest.com.mk/?ItemID=8C916FAC4318CE48B42C641536079519

Требаше овие објекти да се расчистат со пакетот времени објекти што се бутаа за Парвомајска. И така се надвор од градежната линија, а и се од времен каратер, а и не се нешто многу квалитетни или убави да седат тука. Сега после ова прашање е и дали се употребливи.




Posted By: The Man
Date Posted: 09-Nov-2011 at 15:11
Што планира општината да прави со овие објекти? Страв ми е дека ќе ги остават тука, бидејќи до сега не ги чепнаа.

Инаку друга работа во врска со Навел Импекс... Како што можете да забележите, повеќе од половина од ширината на тротоарот е зафатена со продуктите на дотичната компанија. А неговите 2 комбиња исто така се паркирани на тротоар, пред зградите на Фиком, бидејќи како што можете да забележите, дури и пред портата во куќата каде што живее газдата има ставено гајби. Зошто се толерира ова?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Nov-2011 at 15:26
Еве што вика една друга вест!

http://kurir.mk/makedonija/crna-hronika/49010-Podmetnat-pozarot-vo-Kisela-Voda - Подметнат пожарот во Кисела Вода?!

Среда, 09 Ноември 2011 11:27
http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fcrna-hronika%2F49010-Podmetnat-pozarot-vo-Kisela-Voda&t=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%82%20%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%9A%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%20%D0%92%D0%BE%D0%B4%D0%B0%3F%21&src=sp - Пожар кој утринава околу 8 часот избувна во скопската населба Кисела Вода, опожари три дуќани на улицата Иван Кузаров.

rampa-voda

Пожарот според информациите првично избувнал во кровната конструкција  на продавницата „Навел импекс“, по што биле зафатени покривите на соседните два дуќани, бутикот „Нина 2002“ и часовничарот „Рубин“.

По пријавата, противпожарните екипи веднаш излегле на терен, по што истиот бил набрзо изгаснат.

- Нашето професионално делување не дозволи пожарот да се прошири во останатите дуќани. Истиот по локализирањето за кратко време беше изгаснат, со што не беше дозволено пожарот да се прошири во внатрешноста на продавниците, вели командатот на противпожарната бригара Благоја Менковски.

Од страна на полицијата во тек е извршување на увид кој треба да ги утврди причините за пожарот.

Во јавноста се појавија шпекулации дека можеби пожарот е подметнат, бидејќи неофицијално постојат најави за отстранување на дуќаните.

Сепак од полицијата со официјален извештај ќе излезат по завршување на увидот.

http://kurir.mk/makedonija/crna-hronika/49010-Podmetnat-pozarot-vo-Kisela-Voda



Posted By: alexgizh
Date Posted: 17-Nov-2011 at 09:35
Сабајлево приметив дека таа трафиката на ќошот на ул.Христо Смирненски (кај што се спојува со Партизанска) е отстранета. Претпоставувам исто ги чека и трафиките кај ул.Мајка Тереза и ул.Мирче Оровчанец наскоро.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Nov-2011 at 21:48

Монтажни објекти за културна промоција

Министерството за култура ќе постави 20 унифицирани објекти во неколку градa

Кај платото на стоковната куќа „Мост“, на кејот „13 Ноември“, спроти хотелот „Холидеј ин“, кај ГТЦ и до Спомен-домот на Мајка Тереза се изградени првите четири штандови за сувенири и културно-туристички промотивни материјали. Ваквите продажни места се дел од проектот на Министерството за култура за изработка на 20 унифицирани монтажни објекти кои ќе имаат за цел културна промоција на земјава, а ќе бидат поставени на фреквентни и атрактивни локации во повеќе градови и туристички центри, но и на гранични премини и во националните паркови.

„Ова ќе биде одлична можност за домашните и за странските гости да понесат со себе автентичен сувенир од Македонија. Во овие објекти ќе се продаваат автентични и препознатливи сувенири - копии на археолошки наоди од Македонија, кои ќе претставуваат сублимирани материјални симболи на нашата традиција, култура, уметност, наследство, природа“, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Со објектите ќе стопанисуваат заводите и музеите од градовите на чија територија ќе бидат поставени, а предвидена е и каталошка и интернет-продажба која ќе ја спроведува Музејот на Македонија. Министерството веќе распишало конкурс за волонтери што ќе работат во две смени, од 10 до 22 часот. Започната е и рекламна кампања со мото „Подарок од Македонија - земја на чувства“. (Б.Ш.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FB303435B43B904A8178F4E7A152A3EC


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 30-Nov-2011 at 02:27

Редно беше. Странците се утепаа од барање Гифтшопови за сувенири. Во сите метрополи во центрите има вакви штандови за сувенири.

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Dec-2011 at 21:21
Originally posted by Macedonicus


Редно беше. Странците се утепаа од барање Гифтшопови за сувенири. Во сите метрополи во центрите има вакви штандови за сувенири.
во нормална земја, ако збориме за туристи, си има туристички информациони центри обавезно во секој град и на граница, во чиј склоп има и сувенирници, а сувенирници се отвараат самостојно со отварањето на секој нов локалитет или атрактивна јавна зона...
штета што државата треба да иницира посебен проект за нешто што се одвива самостојно, дали од приватни или во склоп на туристичките локалитети, сеедно...

до вчера никој немаше ни карта, ни брошура, ниту било каква информација што може да го засега еден турист, сега барем тоа го има до некоја мера, што сепак е малку


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: 4skopje
Date Posted: 26-Jul-2012 at 13:49
Отворени девет куќички за продажба на стари книги
26.07.2012 | 14:07
Извор: http://www.netpress.com.mk/ - Нетпрес
Прочитано: 66 пати
http://tocka.com.mk/1/71465/otvoreni-devet-kukicki-za-prodazba-na-stari-knigi#inline1 - Испрати на пријател
http://tocka.com.mk/1/71465/otvoreni-devet-kukicki-za-prodazba-na-stari-knigi# - Зголеми го фонтот
http://tocka.com.mk/1/71465/otvoreni-devet-kukicki-za-prodazba-na-stari-knigi# - Намали го фонтот

Девет нови куќички за продажба на стари книги и други печатени публикации беа отворени денеска на кејот на реката Вардар, наспроти старата автобуска станица кај “Дрводекор“.
“Со куќарките ќе стопанисуваат 10 физички лица од кои со едниот моментално се преговара. Тие беа избрани на неодамна објавениот конкурс по принцип ’прв дојден, прв услужен’“, изјави градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Корисниците на куќарките ќе плаќаат месечен надоместок во износ од 500 денари, а договорот за користење со нив е склучен на една година.

За овој проект Град Скопје потроши 4, 5 милиони денари.





Posted By: alexgizh
Date Posted: 26-Jul-2012 at 14:06
Ми се допаѓаат! Особено бидејќи сум чест посетител и нема да го гледам тоа ругло од кутии и фрижидери за сладоледи повеќе. Само малце околината да се досреди.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: milena
Date Posted: 26-Jul-2012 at 14:42
Добро што им текна


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 26-Jul-2012 at 19:01
Браво, се гледа дека се размислува на ситни детали, а ситните детали ја формираат целосната слика.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Jul-2012 at 20:39
ова е многу поубава инвестиција отколку безвезните тезгички на плоштад, тука барем е се на место

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kultuzin
Date Posted: 26-Jul-2012 at 23:01
Незнам колку спаѓа во урбана опрема но супер е веста:

Продавници за вино за привлекување на туристи

26 јул 2012 23:33

 

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/02/vino-11-e1329172864399.jpg"> Во специјализирани продавници на атрактивни туристички места и на двата домашни аеродроми ќе се продаваат македонски вина. Владата го почнува овој проект од 1 август со делумно учество во финансирањето на овие типски продавници. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска соопшти дека се планирани меѓу 15 и 20 продавници што ќе бидат сместени во централното градско подрачје во Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Скопје, Битола, Маврово, Попова Шапка, Кожуф и Гевгелија, а првата се очекува да биде отворена наредната година.

„Идејата е добиена од стопанството, а прифатена од Владата која ќе кофинансира дел од месечната закупнина на просторот, дел од внатрешно опремување на просторот за продажба и дел од платата на определен број вработени лица кои ќе работат во продавниците. Јавниот повик за избор на идејно решение за изгледот на внатрешноста на овие брендирани продавници при што ќе се води сметка тие да имаат препознатлив етно стил и функционалност на просторот за презентација и продажба на флаширано вино ќе биде распишан во август“, изјави Ѓорѓиев.

Целта на овој проект е промоцијата на вината од домашно потекло, дополнително ќе се развие винската култура, ќе се зголеми продажбата на македонските вина, а истовремено ќе се создадат услови за промоција на домашните вина пред странските туристи.

Владата ќе продолжи со поттикнување на винскиот туризам и преку реализација на проектот 100 винарии и поддршката на винариите за учество на саемски манифестации.


http://www.time.mk/read/a8a8fc536c/7c84c270c9/index.html




Posted By: Djole88
Date Posted: 31-Jul-2012 at 16:39
Originally posted by alexgizh

Ми се допаѓаат! Особено бидејќи сум чест посетител и нема да го гледам тоа ругло од кутии и фрижидери за сладоледи повеќе. Само малце околината да се досреди.


Подолг период не сум во СК и само да прашам, ништо нема мрднато последнава година на овој потег? уште е ругло со искршени патеки и биртии од страна ? Стварно срамота е на 100м од центар, а ругло невидено. Дури и другата страна на Вардар ја средија, само оваа црна дупка остана


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Aug-2012 at 00:24


Уште е така. Ама бар улицата е реконструирана.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 28-Dec-2012 at 16:47
ПРИВРЕМЕНО ОДЛОЖЕНО УРИВАЊЕТО НА ЛЕГЕНДАРНАТА СЕНДВИЧАРНИЦА

Центар се смилува за „Чичко Стоилко“




Тргањето на 72 привремени објекта на територијата на Центар ќе се врши етапно, со чувство за луѓето што работат во нив, објасни градоначалникот Владимир Тодоровиќ

Александар Арсовски

Иако Општина Центар лани најави отстранување на сендвичарницата „Чичко Стоилко“ од добропознатата локација во центарот на Скопје, сега за сега нема никаква конкретна најава за такво нешто во блиска иднина. Всушност, тоа не важи само за наведената сендвичарница, туку и за сите други на тој потег, со објаснување од Центар дека просторот ќе се уредува во сооднос со околината - порта „Македонија“ и други нови објекти во околината. Законски, кога такво нешто е во прашање, реализација на нацрт-решенија од урбанистички план, државата не е должна да им обезбеди нова локација на привремените трафики.

Градоначалникот Владимир Тодоровиќ појасни дека тргањето на 72 привремени објекти на територија на Центар ќе го прават согласно со утврдена динамика, односно етапно. Kако причина за неизвршување на планот за уривање, го наведе немањето програма. Одговарајќи на советничко прашање зошто таква програма не е донесена, Тодоровиќ рече дека тоа не е направено за да се излезе во пресрет на интересите на граѓаните вработени во киосците.

- Ќе ги отстрануваме само тие објекти што пречат во реализација на конкретните детални урбанистички планови, односно нема да се уриваат сите наеднаш. Сметам дека тоа е исправно. На тој начин се покажува чувство за луѓето што работат таму - рече тој на последната седница на Советот.

Притоа беше дециден дека на местото на отстранетите нема да се поставуваат нови.

Вработените во „Чичко Стоилко“ исто така немаа конкретни информации.

- Нема никаква најава дека ќе нè урнат наскоро ниту, пак, со нас некој контактирал од локалната власт. Kога го најавија уривањето пред повеќе од една година, имаше информации дека тоа ќе се прави за реализација на проектот „Скопје 2014“. Сепак, оттогаш нема ништо ново или конкретно за тоа прашање - рекоа вработени од оваа сендвичарница.

Истото го рекоа и другите газди од привремените објекти на тој потег.

- Ние имаме муштерии и немаме време да размислуваме за тоа - рекоа од „Бака“.

Од „Стар мост“ се помирени со состојбата. Велат дека не им одговара да ги уриваат, но ако решиле, нека го сторат тоа.

Акции за отстранување трафики од населбите во Скопје немало. Поголемите што се паметеа се спроведоа лани. Во неколку наврати беа тргнати трафиките на автобуските станици кај Градежниот факултет на „Партизанска“, кај „Ловец“, кај комплексот банки или кај Домот на градежниците. Во мандатот на градоначалникот Ристо Пенов, поради обнова на плоштадот Македонија, беа тргнати неколкуте киосци спроти „Пелистер“. Некои од акциите предизвикаа и незадоволство, а и жестоки реакции од сопствениците. Викање, отпор и судски постапки ја карактеризираа одлуката за тргање на киосците кај Воената болница во првиот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Портата ќе ја чуваат Шатев и Татарчев

Деновиве интензивно се работи на изградба на постаментите за спомениците на Павел Шатев и на Христо Татарчев. Ќе бидат поставени од двете страни на портата „Македонија“. Автор на обележјето на Татарчев е Миле Брцески и тој ќе биде поставен од левата страна, а на Шатев, кој ќе се издигне од десната страна, е Валентина Стевановска. Спомениците се леат во леарницата „Гуастини“ во Виченца.

Современи трафики за сендвичи и за весници

Старите зелени киосци ќе ги заменат нови во наредната 2013 година. Градот избра идејно решение за нови привремени објекти наменети за продажба на весници, сендвичи, пијалаци и друго. Автор на решението е архитектот Жарко Чаушевски, кој досега доби на неколку конкурси - за зградата на ЕЛЕМ спроти „Бристол“, новиот изглед на Владата, но и за идното почивалиште на македонската музичка ѕвезда Тодор Проески во Kрушево, што ќе го финансира Владата.

Од Градот не соопштија детали каде точно ќе се поставуваат киосците - дали во сите населби или само во централното подрачје. Исто така, и колку средства ќе издвојат за нивна изработка, а и дали оние што ќе конкурираат, ќе мора и да платат за објектот.

- Ова е само идејно решение. Сè уште нема конкретни податоци - потенцираа од одделението за односи со јавност во Градот.

Останува неизвесно дали и оваа идеја ќе заврши неславно како онаа на Општината Аеродром.

Надлежните оттаму пред две години самоиницијативно решија да го менуваат изгледот на постојните киосци. Избраа идеен изглед, но наидоа на отпор кај сопствениците на старите трафики. Тие во неколку наврати протестираа против локалната власт, која ги принудуваше да платат околу 10.000 евра за новите трафики. На крајот општинските власти попуштија и се договорија со газдите единствено старите киосци да ги пребојадисаат во сива боја. (A.П.)

#

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9A90615FCD5E4D4A816E7FBFD06A25DA - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9A90615FCD5E4D4A816E7FBFD06A25DA


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 28-Dec-2012 at 17:13
Правилно! Прекрасни паркови и кејови да се срамнат со земја без око да им трепне, но вакви "легендарни" ќумези кои на ништо не личат, создаваат смрад и смет околу себе и се магнет за бездомните кучиња да се амнестираат! Толку од нашите приоритети и вистински заложби за поубав и покомфорен град!


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: CenterCityKid
Date Posted: 28-Dec-2012 at 17:33
Ne znam sto se podgotvuva okolu vesnikarnicite, no edni od najubavite sto gi imam zabelezano bea vo San Francisco, koi se praveni vo 'barok' stil (mrzam da go upotrebuvam zborot zaradi toa sto e pogresen, ama nejse). Eve par primeri:
 
http://www.dreamstime.com/register?jump_to=http://www.dreamstime.com/royalty-free-stock-photos-newspaper-kiosk.san-francisco-image14375838">Royalty%20Free%20Stock%20Photos:%20Newspaper%20Kiosk.San%20Francisco.%20Image:%2014375838  
 
Newstand

http://silvergapyear.files.wordpress.com/2010/11/sf-news-stand-2-d-101127.jpg">
 
http://ww3.hdnux.com/photos/07/46/37/1992698/9/628x471.jpg - http://ww3.hdnux.com/photos/07/46/37/1992698/9/628x471.jpg
http://images3.thebolditalic.com/article_images/18598/images/three_column/newstand.jpg - http://images3.thebolditalic.com/article_images/18598/images/three_column/newstand.jpg
http://silvergapyear.files.wordpress.com/2010/11/sf-news-stand-a-101127.jpg - http://silvergapyear.files.wordpress.com/2010/11/sf-news-stand-a-101127.jpg
http://silvergapyear.files.wordpress.com/2010/11/sf-news-stand-2-d-101127.jpg - http://silvergapyear.files.wordpress.com/2010/11/sf-news-stand-2-d-101127.jpg
http://www.dreamstime.com/royalty-free-stock-photos-newspaper-kiosk.san-francisco-image14375838 - http://www.dreamstime.com/royalty-free-stock-photos-newspaper-kiosk.san-francisco-image14375838
 


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 10-Jan-2013 at 14:42
Еве какви сендвичарници ќе има во Скопје



Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно градежно земјиште во општина Центар за изградба на катна гаража и мали комерцијално-деловни единици.

Станува збор за една градежнапарцела со површина од 2.455 m², со намена за изградба на комунална инфраструктура – катна гаража со компатибилни класи на намени. Почетната цена на јавно наддавање изнесува 1.850 денари од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 13.02.2012 година. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 50.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата.



Локацијата се наоѓа во близина на Собранието на Република Македонија, во центарот на Скопје и со реализација на оваа катна гаража се очекува да се овозможи поголем простор за паркирање на возилата што дополнително ќе придонесе кон растеретување на сообраќајот во централното градско подрачје.

Исто така, денес е распишана јавна објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија во општина Центар по пат на електронско јавно наддавање со намена мали комерцијално-деловни единици – сендвичарници.

Станува збор за 6 локации во централното градско подрачје на Скопје, кои се со површина од 8 m² на кои најповолните понудувачи објектите ќе треба да ги изградат во согласност со понуденото идејно решение за истите. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а рокот за доставување на понудите за учество во јавното наддавање е 13.02.2013 година. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 30.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата.

http://evesti.mk/2013/01/10/eve-kakvi-sendvicarnici-kje-ima-vo-skopje/ - http://evesti.mk/2013/01/10/eve-kakvi-sendvicarnici-kje-ima-vo-skopje/


Posted By: kultuzin
Date Posted: 10-Jan-2013 at 15:31
Ова не е премало за сендвичари??? Кај во 8 метри квадратни ќе сместат скари, фрижидери, роба, пијалоци.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 10-Jan-2013 at 15:38
Хм, во право си за ова. Но не се и така мали како што изгледаат. Ете спореди ги со луѓето покрај нив, ако е прикажано ова во приближно реален размер. А инаку ништо чудо да се работи и за погрешно пласирана информација и овие да се оние "штандови" за продавање весници.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 10-Jan-2013 at 15:38
А на визуализацијата нема ни 2 метри квадратни...

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Jan-2013 at 21:11
Originally posted by HugoGoulding

Хм, во право си за ова. Но не се и така мали како што изгледаат. Ете спореди ги со луѓето покрај нив, ако е прикажано ова во приближно реален размер. А инаку ништо чудо да се работи и за погрешно пласирана информација и овие да се оние "штандови" за продавање весници.
според димензиите на визуелизацијата, објектот не е поголем од класична телофонска говорница, тоа можам да го гарантирам, според просторот на кој е поставен
нема теоретски шанси да сместиш сендвичарница во вакво нешто, најверојатно се работи за весникара/тутунара а нашите брилијатни медуми си направиле сопствена сторија од сето тоа, сепак, дури и за весникара ова е премало

инаку, која е поентата да дислоцираш привремени објекти, само за на нивно место да поставиш нови?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 10-Jan-2013 at 22:53


Според формата се работи за типични киосци/штандови како што има низ многу градови. Вообичаено за продавање весници/магазини/сувенири и останати ситнурии, мастики/цигари евентуално, не верувам дека се сендвичари...


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Jan-2013 at 23:48
Originally posted by HugoGoulding



Според формата се работи за типични киосци/штандови како што има низ многу градови. Вообичаено за продавање весници/магазини/сувенири и останати ситнурии, мастики/цигари евентуално, не верувам дека се сендвичари...
знам, и тоа е многу поцивилизирана работа од нашите киосци што се претворија во драгстори и сендвичари што се претворија во фаст фуд ресторани... дури и стилот воопшто не ми смета, таков стил во поглед на урбана опрема не ми претставува проблем


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 11-Jan-2013 at 00:21
Да се изостават златните капители и орнаментиката на долниот дел во златна боја ќе делуваат далеку попристојно.


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Jan-2013 at 01:04
ипак се работи за задоволителни 8 м2


МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ НУДИ ШЕСТ ЛОКАЦИИ ВО ЦЕНТАР


Хамбургери ќе се продаваат од тајландски сендвичарници


Локациите се со површина од осум квадратни метри, а услов за купувачите ќе биде објектите да ги изградат во согласност со понуденото идејно решение од фотографијата



На шест локации во централното градско подрачје ќе се постават сендвичарници со специфичен изглед, којшто по малку потсетува на објектите карактеристични за азиските земји. Министерството за транспорт и врски вчера објави јавен повик за продажба на атрактивните локации на кои ќе бидат поставени сендвичарниците. Локациите се со површина од осум квадратни метри, а услов за купувачите ќе биде објектите да ги изградат во согласност со понуденото идејно решение од фотографијата на текстот. Една од сендвичарниците ќе се постави кај хотелот "Холидеј ин", втората локација ќе биде до Жена-парк кај ресторанот "Национал", третиот објект е планирано да се постави на улицата "Македонија" кај Спомен-куќата на Мајка Тереза. Останатите три сендвичарници ќе се постават една спроти Градски ѕид, другата малку подолу кај зградата на Т-мобиле на автобуската станица, а последната ќе се наоѓа кај Собранието на РМ. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а рокот за доставување на понудите за учество во јавното наддавање е 13 февруари 2013 година. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 30.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата.

Истовремено Министерството за транспорт и врски распиша конкурс за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија во општина Центар по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на катна гаража. Станува збор за една градежна парцела со површина од 2.455 квадратни метри, со намена за изградба на комунална инфраструктура - катна гаража со компатибилни класи на намени. Почетната цена на јавно наддавање изнесува 1.850 денари од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 13 февруари. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават и банкарска гаранција во износ од 50.000 евра во денарска противвредност за сериозност на понудата.

Локацијата се наоѓа во близина на Собранието на Република Македонија, во центарот на Скопје, поточно на паркингот веднаш зад Собранието. Од Министерството велат дека со реализација на оваа катна гаража се очекува да се овозможи поголем простор за паркирање на возилата што дополнително ќе придонесе кон растеретување на сообраќајот во централното градско подрачје. Висината на катната гаража ќе биде 9 метри. Под оваа катна гаража веќе е планирана изградба на подземна катна гаража.

Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава.

(С.М.)

вечер



Posted By: makonix
Date Posted: 24-Apr-2013 at 18:14
Копенхаген стилизирани сендвичарници со антички столбови 2013



Скопје стилизирани сендвичарници со антички столбови 2014





Posted By: Danndy
Date Posted: 24-Apr-2013 at 19:48
Слабо некако инспирација имаат.

-------------
Traveling.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 17-Jun-2013 at 19:00
Квадрат за трафика во Скопје- 6350 евра!
Земјиштето за барокните киосци во Скопје постигна рекордни 6350 евра за м2. Лицето Селим Муше понудило вкупно 50 000 евра за да ја добие парцелата од 8м2 на улицата Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, на денешната аукција во Министерството за транпорт.
17.06.2013 19:47:27
Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on print
More Sharing Services
Земјиштето за барокните киосци во Скопје постигна рекордни 6350 евра за м2. Лицето Селим Муше понудило вкупно 50 000 евра за да ја добие парцелата од 8м2 на улицата Македонија, до спомен куќата на Мајка Тереза, на денешната аукција во министерството за транпорт. Освен рекордната, од понудините шест, продадени се уште две парцели за оваа намена. Истиот понудувач, Селим Муше, победил со 5 400 евра за квадрат за парцела на кејот до хотелот Холидеј Ин. За околу 110 евра од квадрат пак фирмата Супрема ДОО се избори да ја откупи парцела за киоск на аголот на Жена паркот, спорти трговскиот центар Соравија.

- „ Во однос на градежните парцели кои не беа отуѓени на денешното јавно наддавање, Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски ќе објави повторна објава во најкраток временски период.“ - одговорија меѓу другото од Министерството за транспорт и врски

Откако ќе бидат известени, победниците на аукциите имаат 15 дена да ги уплатат парите во Министерството за транспорт. Доколку го направат тоа, добиваат право на купените парцели да изградат сендвичари, но со изглед кој го избра Градот Скопје.

Рекордните суми постигнати денеска доаѓаат по силна конкуренција од неколку заинтресирани фирми за сендвичарите но и отстранувањето на досегашните вакви или слични привремени објекти низ центарот на Скопје. Почетната цена на аукциите беше нешто помаку од 100 евра од метар квадратен или околу 780 евра по парцела.

Александар Димитриевски

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=58432#.Ub9N0j5K1EY



Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Nov-2013 at 11:05
Третата продавница за сувенири ќе биде отворена во ноември

На улицата „Македонски просветители“ во тек е поставувањето на третата продавница за сувенири. Како што информира директорката на Завод и музеј- Охрид, Тања Паскали- Бунташеска, монтирањето на продавницата се очекува наскоро да заврши и да започне со работа во текот на месец ноември.



Останатите две продавници за сувенири во Охрид, кај чинарот и на градското пристаниште, свечено беа отворени во средината на септември. Како што тогаш истакна министерката за култура Елизабета Канческа- Милеска, одбраните локации за поставување на објектите се одлични ,и тие ќе имаат големо значење за гостите кои во нив ќе можат да купат автентични сувенири кои го отсликуваат нашето богато културно наследство и она што го поседуваме како држава.



Во продавниците може да се најдат копии од артефакти од сите археолошки локалитети во Охрид и Македонија . Меѓу нив се охридскиот бисер, копии од икони, фрески.

http://www.ohridnews.com/vesti/61834 - http://www.ohridnews.com/vesti/61834

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Apr-2014 at 18:47
Избрано идејното решение за типски трафики во Штип

Општина Штип избра типско решение за тоа како ќе изгледаат киосците кои приватни лица ќе ги поставуваат низ градот. Оваа идејно решение е на штипската фирма „Алмонт“, избрана согласно условите од конкурсот кои беа објавени од општина Штип. Тоа значи, дека во иднина, по претходно одобрена локација за поставување на ваква урбана опрема, сите сопственици на киосци ќе треба да ги набават овие типски траифики од фирмата „Алмонт“, со што ќе се унифицира изгледот на објектите во кои ќе се врши продажба на весници и друга стока. Унифицирањето на продажните траифики е дел од заложбите на градоначалникот и локалната самоуправа за уредување на локациите каде се поставени и ќе се поставуваат вакви објекти.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 11-Apr-2014 at 18:50
Баш се убави , ми се допаѓаат ,не се воопшто нападни и изгледаат доста едноставно.


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Sep-2014 at 12:57
СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ПОДНИ РЕКЛАМИ И ПОВИСОКИ КИОСЦИ

„Подниот маркетинг“ не смее да пречи на слободното движење на пешаците и на лицата со посебни потреби


Градскиот Совет утврди нови прописи за поставување привремени објекти и урбана опрема како клупи, канти, сплавови, билборди, автобуски постојки, монтажни и демонтажни објекти. Скопските киосци ќе станат повисоки и пошироки, а донесени се новитети и за светлечки видео екрани и за подни реклами. Ваквиот „поден маркетинг“ не смее да пречи на слободното движење на пешаците и на лицата со посебни потреби. Рекламите не смеат бидат трајно прицврстени за партерот ниту, пак, да ја оштетат подлогата, туку да се дизајнирани за полесно „стави-вади“.

Во иднина храна ќе се продава и на површините каде досега се продаваа единствено билети, сувенири, весници и сладолед и тоа на површина од најмногу 16 квадратни метри, додека весници и сувенири во киоск не поголем од 10 квадрати.

Со измените, привремените објекти добиваат поголема висина. „Пораснаа“ од 3,5 на 4,5 метри. Сплавовите се дефинирани како површини поставени на вода поврзани со копно со максимално дозволена површина до 100 квадрати. За сплавови на речни корита, површината може да се уреди со посебна програма, проект или елаборат. Сплавовите можат да се поставуваат и користат на подолги временски период или краткотрајно сезонски, за одредени манифестации или дејност.

Се менува и проодниот простор пред автобуските стојалишта т.е. растојанието меѓу постојката и рабникот на коловозот. Минималното растојание од 1,5 метри се намалува на половина метар, а максимумот останува ист - 2,5 метри. (Б.Ш.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=EB2E0B48EA27E14180B8BE633EB73B1D - http://www.utrinski.mk/?ItemID=EB2E0B48EA27E14180B8BE633EB73B1D

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window