Print Page | Close Window

Ски центар Кожуф

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Проекти
Forum Discription: Административни, станбени, резиденцијални...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=24
Printed Date: 29-Oct-2020 at 00:10


Topic: Ски центар Кожуф
Posted By: pbanks
Subject: Ски центар Кожуф
Date Posted: 15-Sep-2007 at 17:59
...



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Sep-2007 at 17:59
Во полн ек изградбата на ски-центарот Кожуф

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/13178/Kozuf%20planina.jpg">

Вработените од градежната фирма “Маврово“ ги интензивираат работите околу изградбата на асфалтниот пат од Кавадаречка страна на ски-центарот Кожуф во правец на веќе асфалтираниот пат на гевгелиска страна, дознава Нетпрес.

Станува збор за пат долг 15 километри, а широкј 6 метри во правец на врвот на Асан-чешма на Кожуф планина.

Веќе се изготвени и стопите за поставување на шестоседите за жичарата, со капацитет од 3 илјади скијачи на час и со површина од 50 хектари, по што ова ќе биде најголем скијачки центар во Југоисточна Европа.

“Во склоп на ски-центарот се планира изградба на хотелски комлекс што треба да се изработи од дрво“, изјави за Нетпрес, Ангел Наков, проект менаџер на ски-центарот.

 
Извор: Netpress


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2007 at 18:24
Има некој податок кога центарот треба да почне со работа?

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Sep-2007 at 18:26
Не ова е целиот чланак. Многу штур а стандардно помпезен кога се работи за Кожуф


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2007 at 18:30
Абе мислев од порано да не се вртка некој податок. Ме мрзи да копам по SSC LOL

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Sep-2007 at 18:35

Pa se zivo e probieno kolku so pamtam. Uste lani trebase da ima nekoe probno skijanje (koe sto se desi, za mala grupa lugje na eden ski lift)

2007 bese posocuvana kako oficijalen start na centarot a seuste rabotata e ostanata na toj eden ski lift. Duri i ako ja napraat zicarava za sezonava (sto mi e mnogu somnitelno, toa znaci deka za 2 meseci treba da se montira i predade u upotreba) toa kje bide daleku od razvojniot plan za do 2007/2008 sto bese najavuvan pre nekoja godina koga se digna buka za proektov.


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Sep-2007 at 18:43

Да не зборам дека нема абер од хотелот и сите останати најавени содржини.

Ако не се лажам лани го најавија стартот на таа шопинг зоната но нензнам што се случи со тоа.

Незнам до кај се ни куќите. Така да освен тој ски лифтот ништо не е сигурно.

Не дека не се движи полека проектов, чим дошле до тука ваљда ќе идат до крај. Но беше претставуван како голем сериозен проект за кој имаат интерес сериозни инвеститори, вака текот на градба ме потсеќа на оној опис што го дадов за куќите без фасади на SSC.



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 16-Sep-2007 at 16:37
Абе и мене крајно ме нервира ова со Кожуф, иритира како се заебаваат со нас. Кога читам како го рекламираат по веснициве проектов скиите на рамо ги стаам а тоа абер нема од скијачки центар.
Али ко што вика џуро чим до тука дошле... колку што приметив и сајтот (www.skikozuf.com.mk) го преуредиле, ваљда тоа е знак за некаква активност. Ermm


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Sep-2007 at 17:23
^^

Мене па не ми е гајле. Приватен проект е, па дури и во 2023 да го пуштат - нивни проблем. Би било добро за Македонија ваквите проекти да не се одолговлекуваат, ама што да се прави. Во секој случај јавните инвестиции многу повеќе ме загрижуваат и нервираат.


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Sep-2007 at 20:43
^^
 
сега дури ги гледам овие постови. Не се слагам, мислам дека е ова многу битен проект за тој дел од земјата.
 
1. Има потенцијал да го редефинира цел тој регион во туристички. Тоа веќе се случува полека со винскиот, казино туризмот, но ски центаров би дал нова димензија на цела таа работа.
2. Се наоѓа на некои 30-40км од грчката граница. Независно од сите политички проблеми со Грција, привилегија е да се граничиме со сосед кој што е од прилика 4 пати побогат од нас (по просечни плати). Грците имаат голема потрошувачка моќ, посебно кога се во прашање нашите цени. Тие пари треба да се соберат некако, Егејска Македонија има околу 2.5 милиони жители, тоа е голем пазар.  Многу битен момент е тоа дека сме ние интересни пред се зошто сме ефтини и тоа треба да се искористи, како што ќе растат цените ќе бидеме се помалку конкурентни, бидејќи и они имаат 3-4 скијачки центри во Егејска Македонија.
 
Јавни инвестиции, инфраструктурни проекти (за Гевгелија/Кавадарци регионот) ќе се наметнат сами по себе ако се туризмот таму.


Posted By: dejan
Date Posted: 03-Oct-2007 at 11:00
Eve ja smenila stranicata :) http://www.skikozuf.com.mk/
Preubavo e!


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Oct-2007 at 19:07
Ски центарот Кожуф ќе ги отвори вратите за туристите
Владимир Тевчев     



26.10.2007
Кожуф е еден од најубавите ски центри во светот. Ова се зборовите на швајцарската скијачка легенда Енгелхард Пергаци.

Неговата компанија „Хелог хелисвис“, специјализирана за монтажа на скијачки жичарници, денеска на ски центарот Кожуф ја заврши монтажата на шестоседот, најголемата жичарница на Балканот.

„Сум посетил многу скијачки центри во целиот свет и мислам дека Кожуф има одлична иднина“, изјави Енгелхард Пергаци, швајцарска скијачка легенда.

Со монтажата на оваа жичарница, која треба да проработи за десетина дена, ски центарот Кожуф уште годинава ќе ги отвори вратите за домашните, но и странските туристи.

„Оваа година сакаме центарот да го отвориме како дневен центар. Значи, петок, сабота, недела гостите од Грција, од Македонија да дојдат, да видат каде сме, што сме, да скијаат малку, да ги видат овие убавини“, рече Ангел Наков, извршен директор на ски центар Кожуф.

Чаршија со деловен простор, викенд куќички, хотели, уште три жичарници и многу ски лифтови, така треба да изгледа овој ски центар до 2009 година.

„Во овој момент разговараме со две компании кои имаат франшиза од големи хотелски ланци. Не би ги спомнал додека не ги завршиме преговорите дефинитивно. Сметаме дека тоа ќе бидат првите два поголеми објекти коишто ќе ги пуштиме во употреба наредната сезона“, додаде Наков.

Со отворањето на ски центарот Кожуф Македонија ќе стане атрактивна зимска туристичка дестинација. Откако комплетно ќе го изградат, сопствениците планираат овој центар да го пријават во Светската скијачка организација и ќе се обидат тука да донесат натпревари од Светскиот куп.

Скијачката легенда Пергаци најави дека на Кожуф ќе ја донесе швајцарската скијачка репрезентација.


Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=85423 - А1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Oct-2007 at 19:11


Џуро, со ова за среќа се побиваат стравувањата што ги имаше откако се стишаа еден период



Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Oct-2007 at 19:16
Originally posted by Cloverstack



Џуро, со ова за среќа се побиваат стравувањата што ги имаше откако се стишаа еден период



дефинитивно. Иако за секој сегмент од проектот ќе бидам скептик додека не го видам реализиран (баш да го видам како ќе заврши преговори, извади дозволи и изгради 2 хотела за точно една година колку што има до другата скијачка сезона, мислам зошто има потреба од таква нереална најава).

Но битно е дека ски центар ќе има, од македонската динамика на реализација за жал бегање нема


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 27-Oct-2007 at 00:43
Здраво
Ви го читав разговорот и сакам да се уфрлам со неколку податоци
Ски Центарот треба да заврши со изградба во 2010 година.
Инаку оваа година се поставуваше инфрастуктура; патишта и струја, како и една жичара (која е најголема на Балканот) и уште еден Ски Лифт. Значи, ова зимо ќе има 2 Ски лифта и една жичара. За до година (2008) веќе во Мај кога ќе почне новата градежна сезона треба да почнат да се градат уште 2 жичари (четвороседи).

Поздрав!
Ако ве интересира нешто повеќе за СКИ ЦЕНТАР КОЖУФ повелете прашајте
и на е-маил akademik@freemail.com.mk


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 01:14
Здраво Академик и добре дојде на форумов, се надевам дека ќе останеш и за понатамошни дискусии.

Благодарам за информациите, доста време имаше затишје по медиумите околу реализацијата на Кожув така да твоите информации во комбинација со информацијата околу шестоседот која се пласираше во медиумите се доста охрабрувачки.

Дали можеби имаш информации околу реализацијата на другите содржини кои се предвидени во комплексот. Се зборуваше за шопинг зона, хотели, мислам и некој конгресен центар. Дали е во тек изградбата на куќите или уште не е тргнато со таа работа.

И за крај каков е пристапот до Кожув, дали патот го завршија комплетно и дали има пристап да се дојде до таму и да се погледне убаво што се се гради. Претпоставувам дека да со оглед на тоа дека велиш дека оваа сезона треба да има скијање.



Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 27-Oct-2007 at 01:31
Пристапот до Кожуф е по асфалтен пат. Патот најверојатно уште се асфалтира бидејќи асфалтира Г.П."Маврово". Инаку, за информација горе не можеш да се качиш бидејќи целиот комплекс се третира за градилиште и е опасно за слободните минувачи. Значи, мора да си најавен во Ски Центарот во Дирекцијата, па некој да те спроведе до горе, или ако имаш некој што купил парцела па тој да те прошета, но и тоа е ограничено.
Инаку, во врска со комплексите. Ако одиш на сајтот на ски центарот ќе видиш дека за тоа постои урбанистичко решение за сите објекти.
Во моментов не знам колку парцели се продадени на приватни субјекти, но изградба не им се дозволуваше од едноставни причини- не постоеше инфрастуктура, па затоа сите беа замолени да почекаат да се донесе асфалтен пат и струја за да може до годна непречено да се гради.
Те интересира за шопинг зоната. Исто и таа, како и приватните куќи ќе се гради догодина.
Инаку горе веќе има едно бачило, убаво направено, а се планира во подножјето да се направи и ресторант за 500 луѓе ако даде времето.
А за скијање, секако ќе има оваа година - промотивно. Најверојатно ќе се одвива еднодневно бидејќи нема комплекси, ама догодина ќе биде лудница.

Верувам дека ти појаснив некои работи
Поздрав!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Oct-2007 at 02:13
Академик, фала на исцрпните информации


И јас акам да те прашам нешто (не сум скијач и можеби ќе звучи глупо) - Каква е точно таа жичара шестосед. Во еден хрватски напис на друг форум прочитав дека ќе имала некаква „хауба“, па помислив дека се работи за кабина, ама од дискусијата сватив дека не е така. За што точно се работи?


И ако знаеш било што околу брендовите на хотелите, колку и да е неофицијално.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 02:16
@Академик

хм, сајтот го имам поминато доста пати но на урбанистичко решение немам налетано. Единствено има слики од куќите (претпоставувам дека се тоа веќе изградени примероци на куќи бидејќи не е наведено).


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 02:19

еве уште еден подетален текст од утрешен http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CFF3733D47C08840BAD5A2C6E74544D6 - Утрински Весник

Скијачкиот центар „Кожуф“ ќе стартува на 8 декември

Монтирањето на жичницата е при крај, а се гради и пристапниот пат од гевгелиска страна


Само годинава во ски-центарот „Кожуф“ ќе се инвестираат девет милиони евра во три крупни инфраструктурни објекти: далновод, шестоседечка жичница и пристапен пат

АНГЕЛ ДАНОВ

КОЖУФ ПЛАНИНА – Годинава Македонија ќе го добие новиот скијачки центар на Кожуф Планина, кој се наоѓа на над 1.900 метри надморска височина. Само годинава во него се инвестирани девет милиони евра во три крупни инфраструктурни објекти: далновод, шестоседечка жичница и пристапен пат од гевгелиската страна. Инвеститорите се задоволни од динамиката со која се реализираат предвидените проекти и се оптимисти дека годинава од 8 декември ќе започне промотивно скијање на патеките. За почеток скијачкиот центар „Кожуф“ ќе работи како дневен центар.

Од гевгелиска страна со пари од државата ќе се изгради пристапниот пат со вкупна должина од 13 км и широчина од 4,5м. Тендерот завршува на 23 ноември и се очекува со асфалтирање да се почне во декември годинава. Според најавите на менаџерскиот тим на ски-центарот „Кожуф“, во програмата за 2009 година е влезена и изградбата на пат од четериесетина километри, што треба центарот да го поврзе со Кавадарци и Демир Капија. Овие два патни правца ќе се сврзуваат кај селото Крњево, а ќе го направат скијачкиот центар достапен за граѓаните на Македонија, додека патот од гевгелиска страна е повеќе наменет за гостите од Грција.

Извршниот директор на ски-центарот „Кожуф“, Ангел Наков, информира дека привршуваат работите околу изградбата на подземен далновод со две линии, кој треба во целост да ги покрие потребите за струја на центарот. Изградбата целосно е финансирана од нивната компанија, а работите ги изведува ЕСМ и МЕПСО-оператива. Наков најави дека во втората фаза ќе се градел уште еден крак од Демир Капија. До крајот на октомври или почетокот на ноември скијачкиот центар комплетно ќе добие електрична енергија. Во моментов се изведуваат завршните работи на двете трафостаници.

При нашата посета се монтираа 12 столба за шестоседечка жичница, која била единствена од таков тип на Балканот. Нејзината изградба ќе чини 4,2 милиони евра. “Жичницата веќе ја завршуваме. Изградена е почетната и крајната станица, а сега се поставуваат и столбовите. Работите ги извршува швајцарската компанија ’Хелок хели свис‘ која е лидер во светот за овој тип работи. Работи тим од 6 луѓе од Швајцарија, 2 супервизори од Австрија од компанијата ’Допел Маер‘ и 14 луѓе од нашата компанија и ’Метал инвест‘ од Кавадарци”, вели Наков. Тој додава дека вкупно годинава на скијачкиот центар ќе бидат инвестирани девет милиони евра, главно сопствени средства и дел кредити од Стопанска банка.

Селото во скијачкиот центар опфаќа 55 ха, а на дваесетина од нив ќе бидат изградени хотели со вкупен капацитет од 3.000 легла. Наков нагласува дека наредната сезона ќе бидат пуштени во работа два поголеми објекта, чија изградба ќе започне во април 2008 година. „Имаше доста шпекулации околу основачите и партнерите на компанијата на самиот старт во 2000 година. Само 15-16 отсто имаше учество грчки партнер, но поради административни пречки, во 2002 го напушти проектот и од 2003 година компанијата е сто отсто македонска, во целост работите се изведуваат со македонски капитал“, вели Наков.

За наредната година планирана е изградба на уште три жичници, хотел во сопственост на компанијата „Ски Кожуф“ со капацитет од 150 легла и околу 3.000 м2 деловен простор, а наредната сезона ќе се изграделе околу 60 викенд- куќи. Центарот ќе има вкупно околу 1.000 легла.

„Одлично место за скијање. Гледам многу потенцијал овде. Се' е на едно место. Ќе биде добро за скијачи-почетници, но и за искусни скијачи. Ќе дојдам овде на скијање, а ќе донесам и професионални скијачи”, ни рече Енгелхарт Пергаци, менаџер на компанијата што ја монтира жичницата. Пергаци бил неколкугодишен член на швајцарската ски- репрезентација и долги години бил на првото место во спуст и велеслалом.



Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 27-Oct-2007 at 02:38
Не сум ни јас скијач и не звучи глупо.
Шестосед значи 6 луѓе се редат во линија и одеднаш се дигаат нагоре во една корпа, што значи исто толку и се спуштаат во исто време.
Имено, интересно за оваа жичара е што таа е многу брза, има најнова технологија за транспорт од ваков тип и е една од поскапите модели на жичари.

можеш да одиш на сајтот www.doppelmayr.com и барај products-ropeways-detachable chailifts има сликичка


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Oct-2007 at 02:50
Значи вака ќе изгледа тоа... Многу убаво  Cheers

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 27-Oct-2007 at 02:51
Урбанистичко решение има. Малце сајтот им е шашав. Оди на главна страна - МАПИ -ПЛАН1 и ПЛАН 2 кликни ги, тоа е урбанистичкото решение за комплексите


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 27-Oct-2007 at 02:54
Токму така ќе изгледа.
Е тоа ние го имаме први на Балканов а и пошироко, и батали друго него е гланц ново директно испорачано, направено и проектирано од Австрија.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 03:12

Академик ако не е тајна ти работиш нешто на проектов, или чисто си добро информиран во врска со него?



Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 03:13
Originally posted by AKADEMIK

Урбанистичко решение има. Малце сајтот им е шашав. Оди на главна страна - МАПИ -ПЛАН1 и ПЛАН 2 кликни ги, тоа е урбанистичкото решение за комплексите
 
фала ги најдов, и од коа ги најдов ми текна дека веќе ги имам видено Nuts


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 27-Oct-2007 at 03:16
Работев на изградба на жичарницата и на новиот ски лифт.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 03:18

еве кај се има вакви жичари испорачано Doppelmayr, од 4 до 8моседи. Не е лошо друштво.  

8-CLD-B-S "Schnee-Express", Austria
8-CLD-B-S "Steinplatte", Austria
8-CLD-B "Prodalp-Prodkamm", Switzerland
8-CLD "Sallent", Spain
8-CLD "Tommeuses", Tignes, France
8-CLD "Grands Vans", Flaine, France
8-CLD "Höllboden", Ischgl, Austria
8-CLD "Europa 8", Hundfjället, Sweden
6-CLD-B-S "Malbun - Täli", Liechtenstein
6-CLD-B-S "Gernkogel", Austria
6-CLD-B "Hochmoosexpress", Austria
6-CLD-B "Rifugio Graffer", Madonna di Campiglio, Italy
6-CLD-B "Gamsjet", Lermoos, Austria
6-CLD-B "Nachtweide", Ischgl, Austria
6-CLD-B "Kriegerhorn", Lech, Austria
6-CLD-B "Bettmeralp-Schönbiel", Bettmeralp, Switzerland
6-CLD-B "Spacejet 2", Flachau, Austria
6-CLD-B "Hasensprung", Lech, Austria
6-CLD-B "Zwerenalpbahn", Riezlern, Austria
6-CLD-B "Val Federia - Salin", Livigno, Italy
6-CLD-B "Sonnenkar", Garmisch-Partenkirchen, Germany
6-CLD-B "Gerent"
6-CLD-B "Ruka Express", Finland
6-CLD "Espelunciecha", Spain
6-CLD "Kotelnica V", Poland
6-CLD "Les Fonts", Andorra
6-CLD "Tichots", France
4-CLD-B "Suttenbahn", Spitzingsee, Germany
4-CLD-B "Gora Belaya", Russia
4-CLD-B "Passo San Pellegrino", Moena
4-CLD "Symphony Express", Canada
4-CLD "Schoolyard Express", Mammoth Mountain, USA
4-CLD "Hidden Lake", USA
4-CLD "Kazan 1", Kazan, Russia
4-CLD "Palenica", Rytro, Poland
4-CLD "Wildwood", ID, USA


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 27-Oct-2007 at 03:28
Кога ќе ја завршат монтажата и со оваа жичара и нас ќе не има во списокот. , се надевам, бидејќи само оваа година оваа фирма има изградено 100 инсталации (жичари, гондоли, ски лифтови, возови и што ти уште не).
Еве еден интересен податок: Во светот постојат само 2 компании за изградба на жичари. Едната е Австриска (оваа што ние ја користиме) и другата е Италијанска. Тие се закон во светот, нема други.

П.С. На овој список станува збор за Detachable Chairlifts односно фати пушти жичари, додека ако одиш на Fixed Grip ropeways ќе ги најдеш балканските локации како Словенија, Србија.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2007 at 03:43

да разгледав. Detachable се ваљда оние кои за прием на скијачи успоруваат додека а иначе идат брзо, а fixed оние што идат со стандардна брзина, како оние што ги имаме по Македонија. Како иде тој систем воопшто има шалтање од сајла на сајла за да успори?



Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 27-Oct-2007 at 14:10
Токму така. Кога доаѓа корпата во станицата има една рачка што ја држи и во тој момент се пушта од сајлата и таа продолжува слободно да се движи се со цел да успори бидејќи сајлата се движи со 5 метри во секунда и тоа е пребрзо време за да се наместат толку луѓе. Кога ќе се наместат корпата повторно се фаќа за сајлата и шибаат нагоре.
Ова е многу деликатен процес при изградба на жичари, самите монтери кои се од самата фабрика од Австрија признаваат и се специјалисти токму за овој тип. И самото проектирање е поделикатно, има додатни машинерии, треба да се погоди моментот "фати пушти"со хируршка прецизност. Имено, возењето од доле до горе ќе трае некојси 3-4 минути.
Поздрав


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Oct-2007 at 14:48
Здраво на сите, јас сум нов на форумов. Прво честитки за ентузијазнот и убавите постови на сите теми. ApplauseСе надевам дека ќе заживее форумов а и целиот сајт воопшто.
 
Посебно ме интереира оваа тема за Кожув, бидејќи освен Urban сум и SkiFreak Nuts.
Во продолжение еве ја мапата на ски стазите, жичарниците и ски-лифотвите  во Ски Центар Кожуф.
http://img264.imageshack.us/my.php?image=kozufjp3.png">
 
Пробав да ги идентификувам шестоседот и скилифтите па ме интересира доколку некој знае (веројатно АКАДЕМИК) дали успешно сум ги идентификувал.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2007 at 14:58
Добредојде UrbanFreak Cheers


Инаку таа мапа на сајтот на СкиКожуф е интерактивна Smile


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Oct-2007 at 15:05

Знам, така го идентификуваф 6то седот но не сум сигурен за скилифтите. Има и доста недоследности на сајтот околу висинксите разлики на почетните и крајните точки, должинините на трасите и слично.



Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2007 at 15:17
UrbanFreak dobredojde Cheers


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 28-Oct-2007 at 15:33
Едно и од мене за UrbanFreak и AKADEMIK


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Oct-2007 at 23:22

АНГЕЛ НАКОВ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА КОМПАНИЈАТА СКИ-ЦЕНТАР КОЖУФ


Џет-сетот на скијање со хеликоптери


Хелиодромот ќе биде прв од ваков вид во Југоисточна Европа, а ќе се користи за транспорт на патници, панорамски разгледувања и што е најважно за спасувачки активности, гаснење на пожари и брз транспорт на евентуално повредени туристи


На 8 декември и официјално ќе биде отворен ски-центарот Кожуф за љубителите на зимските спортови. До отворањето на долго најавуваниот туристички комплекс потребно е да се заврши со фините подесувања на шестоседната жичарница, која во моментот се монтира. Во првата седмица од ноември се очекува во употреба да се пушти и 20-киловолтниот подземен далновод во вкупна должина од 14 километри и да се довршат уште три километри од асфалтниот пат од Смрдлива Вода до ски-центарот. За значењето на овој проект за развој на туризмот во Македонија и за бенефитите што ќе и ги донесе на земјава на економски план зборувавме со Ангел Наков, извршен директор на компанијата ски-центар Кожуф и еден од четворицата акционери.

Центарот, според најавите, требаше да почне со работа во сезоната 2006/2007 година. Дали имавте некакви проблеми поради кои се одложуваше стартот?
- Нашата најава за отворање на центарот за промотивно скијање во сезоната 2006/2007 година се реализираа и изминатата сезона имавме над 2.000 посетители од нашата земја и од странство. Целта беше голем број спортисти, новинари, туристички работници и инвеститори да дојдат на Кожуф и промотивно да се запознаат со нашиот проект и да дадат оценка и забелешки за работите кои ги правиме и кои планираме да ги реализираме. Морам да напомнам дека овој проект од самиот почеток го водиме на високо професионално ниво и секогаш во консултации со огромен број експерти од сите области. Промотивното скијање во изминатата сезона ни беше последна проверка дека ќе има голем интерес за центарот пред почетокот на изградбата на големите инфраструктурни објекти.

При промоцијата на проектот најавувавте дека грчки туристи со хеликоптери ќе доаѓаат на скијање во центарот. Ги добивте ли потребните дозволи за хелиодромот?
- Изградбата на меѓународниот хелиодром е составен дел на Генералниот урабанистички план на ски-центарот Кожуф. Неговата изградба е планирана во две фази. До 2008 година тој треба да се изгради и да се пушти во употреба само за домашни потреби, а до 2009 година да се опреми за да се користи и како меѓународен хелидром. Во меѓувреме е подготвена и Физибилити студија за неговата изградба и за начинот на кој ќе работи, а во моментов треба да почнеме со подготовка на проектната документација согласно законската регулатива во нашата земја. Овој хелиодром ќе биде прв од ваков вид во Југоисточна Европа, а ќе се користи за транспорт на патници, панорамски разгледувања и што е најважно за спасувачки активности, гаснење на пожари и брз транспорт на евентуално повредени туристи. Очекуваме џет-сетот од соседните земји на скијање да пристигнува со сопствени хеликоптери на хелиодромот. Наутро ќе доаѓаат и по завршувањето на скијањето ќе си заминуваат.

Има ли најави од инвеститори за изградба на хотели во центарот, како што најавувавте?
- Во овој момент во завршна фаза се разговорите со две компании кои се носители на франшизи на големите светски ланци на хотели. Ние се надеваме дека разговорите ќе завршат успешно и во наредната година ќе се изградат овие хотели од висока класа со вкупно 400 легла. Покрај овие големи хотели во наредната година ќе се изградат уште четири помали со вкупен капацитет од 200 легла. Во нив инвестираат домашни компании.

Зошто се откажавте од идејата за продажба на земјиштето во ски-центарот за изградба на викендички. Мислите ли дека ќе има поголем интерес за купување ако куќарките ги градите сами, а потоа ги продавате?
- Кампањата за продажба на одреден број локации за изградба на викенд куќи се реализираше во периодот од декември 2006 до март 2007 година за граѓаните од земјава, за да направиме едно македонско јадро кое ќе биде иден носител на развојот на туристичката населба од аспект на сите инфраструктурни и туристички содржини. Несомнено е дека во наредната година најголем број купувачи на готови викенд куќи ќе бидат Грците и Англичаните, за што уште сега постои голем интерес. Ски- центарот Кожуф има свои посредници за продажба на недвижнини во Грција и во Велика Британија и тие веќе се подготвуваат за почетокот на продажбата што ќе почне во март в година.

Беше најавено дека Фондот за регионални патишта ќе го гради патот од локалитетот Смрдлива Вода до ски-терените на Кожуф, за што Владата одвои и 4 милиони евра. Завршен ли е патот?
- Фондот за патишта минатата година не почна со изградба на регионалниот пат од месноста Смрдлива Вода до ски-центарот Кожуф и во продолжение до Кавадарци и Демир Капија бидејќи го завршуваше идејниот проект за овој патен правец и го вклучи во програмата за изградба за 2007/2008 година. Годинава се изработи главниот проект што го финансираше нашата компанија, а Фондот за патишта го распиша меѓународниот тендер за негова изградба. Тендерската документација ќе се отвори на 23 ноември годинава и очекуваме неговата изградба да почне во декември во понискиот дел на месноста Смрдлива Вода. Овој пат во должина од 17 километри треба да биде завршен до крајот на октомври в година.

Што е со инфраструктурното поврзување на центарот со околните населени места за полесно и побрзо пристигнување до комплексот. Патот не беше направен, а чинам дека тоа е една од најважните работи за да ги привлечете посетителите.
- Годинава сами го правиме асфалтниот технички пат од Смрдлива Вода до ски-центарот. Патот, годинава, ќе биде во употреба за туристите, а наредната додека се гради регионалниот пат, ќе го користиме за транспорт на градежните материјали. Во 2008 година е предвидено да се заврши проектот за патниот правец од ски-центарот до Кавадарци и до Демир Капија, а нивната изградба да се реализира во 2009 година. Овој пат ќе биде долг 50 километри и е од огромна важност за развој на целиот кавадаречки, неготински и демиркаписки регион. Со него ќе се овозможи интензивен развој на преку дваесетина села од регионот и на винскиот туризам со преку 60 мали винарии, како и развој на производството на здрава храна и прометот со недвижности. Од овие причини сметам дека Владата ќе му даде приоритет и на овој патен правец во наредната година, како што тоа го стори годинава со патот од страна на Гевгелија.

За љубителите на скијањето најважни се цените на ски-картите. Дали тие ќе бидат скапи за македонските граѓани, со оглед на фактот дека најмногу гости очекувате од соседните земји.
- Цените на ски-картите годинава со сигурност ќе бидат прифатливи за македонските скијачи. Тие кај нас ќе ја добијат најдобрата вредност за своите пари. Тие се уште не се дефинирани, но наскоро ќе ги објавиме. На денот на отворањето, симболично, скијањето ќе биде бесплатно. Во употреба за нив ќе бидат два ски-лифта и една шестоседна жичарница, што се последен збор на техниката на австриската компанија Допелмаер. Со три нови машини за подготовка на скијачките патеки секојдневно ќе се средуваат околу 20 километри скијачки патеки со ширина од 50 метри. Скијачите на располагање ќе имаат и околу 300 места за седење внатре и 1.000 места за седење надвор во планинските ресторани.

Вкупната инвестиција во ски-центарот Кожуф беше најавено дека ќе изнесува 72 милиони евра. За колку време очекувате да Ви се поврати инвестицијата.
- Нашиот проект е прв од ваков вид во нашата држава. Ние успеавме во изминатите седум години да ги пробиеме сите административни и биркратски бариери со целосно почитување на законската регулатива и да дојдеме во позиција да го реализираме проектот. Морам да Ви кажам дека единствено во периодот на таа борба, по некој пат се запрашував за можноста да доживееме финансиски неуспех. Но, сега можам со сигурност да кажам дека вложениот капитал ќе се врати во период од три години и уште многу години ќе носи профит на нашата компанија и на нашите акционери.

Сакам да им порачам на сите потенцијални инвеститори дека планинскиот туризам е профитабилна работа и дека на Македонија Господ и подарил уште многу места погодни за изградба на врвни планински комплекси. Ние ја поддржуваме Владата во нејзините напори за изработка на основна стратегија за развој на туризмот и ја убедуваме дека планинскиот, езерскиот и бањскиот туризам се економската иднина на Македонија.

Стопанска банка застана зад проектот

Колку досега е вложено во неговата изградба и какво е учеството на Стопанска банка во овој проект?
- Досега во овој проект се вложени околу 12 милиони евра, како финансиски капитал, кноњ хоњ и работа. Учеството на Стопанска банка во овој проект е од огромно значење. Во овие тешки економски услови и големи напори за нови инвестиции, таа беше единствената банка која веруваше во иднината на овој проект и го обезбеди буџетот за 2007 година. Таа верува во иднината на ваков вид проект за развој на туризмот и заедно со нас се убедени дека покрај Охрид, Македонија ќе добие и врвен планински комплекс со туристичка понуда во текот на целата година. Од страна на менаџерите на банката постојано ни потенцираат дека ако Владата покаже конкретни чекори во развојот на инфраструктурата, тие се спремни да ги финансираат и следните фази на нашиот проект, но и други проекти во земјата. Позитивниот пример на овој проект со сигурност ќе го следат и други финансиски институции. Ние заедно со Стопанска банка имаме единствен став дека нашиот проект ќе придонесе за сериозен регионален развој, нови вработувања и зголемување на бруто националниот доход.

Радмила Ј. НИКОЛОВСКА

 
Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=697616339DE8BA429783EFD681C80633 - Вечер


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 02-Nov-2007 at 12:55
UrbanFreak здраво.
Инаку шестоседот и Ски лифтовите ти се точно идентификувани.
Догодина ќе ја има жичара број 3 (со име Табла) и онаа десната без име (најверојатно со име ЛИФТ). Мислам дека ќе нема повеќе ски лифтови, само жичари ќе се градат (вкупно 7)
Поздраав до сите


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:37
Здраво

Како да закачам мои слики од Кожуф?
Едиторов баш не го рабирам, дали воопшто и може.
ПОМОШ!!!


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:45
еве една слика како изгледа монтажата на завршната станица



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:46
се снајде а? Smile





Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:48
На хард диск ми се.
Нешто успеав да се снајдам, ама сликата е многу голема резолуција.
ќе ми извините.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:53
За големата резолуција има 2 лека.

Пошто хостираш  na imageshack, можеш едноставно да го штиклираш она resize image и најдобро да избереш 800x600. Така автоматски ќе се намалат кога ќе го ставиш линкот. Ама недостаток е што сепак мора да учита голема слика пред да ја намали, па ова иде поспоро и прави проблеми посебно ако имаш слаба конекција.

Друга опција ти е да ги намалиш сликите со некој програм како ACDSee (верувам дека го имаш). Можеш да селектираш и повеќе слики одеднаш и сите да ги намалиш (со опцијата resize). Сними ги со Save As за да не ги изгубиш оргиналите и хостирај ги намалените слики.

Thumbs%20Up


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 21:06
Еве уште една слика колку да ги увери сите дека стварно горе се работи, дека не се зезаме.



Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Nov-2007 at 21:07
ekstra Applause
 
Rock


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 21:15
Академик, мило ми е што успеа да го демантираш нашиот скептицизам за тоа колку брзо се одвиваат работите со Кожуф. Ски центаров е дефинитивно една од најсветлите развојни точки во Македонија моментално.


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 21:18
А еве како местеше хеликоптерот
Колку за информација, станува збор за пилот no.1 во светот.
Ако сте ја гледале онаа германската серија Medikopter, тоа беше овој тип.
Ненормална прецизност, или со наши зборови "прав ЛУДАК". Јеби га, швајцарци



Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 21:21
Ако ви требаат повеќе информации, слободно прашајте, или ако сакате уште некоја слика, кажете.
Поздрав до сите.


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 03-Nov-2007 at 22:30
Еве една слика од монтажата на почетната станица, поточно местото за качување.






Posted By: dejan
Date Posted: 03-Nov-2007 at 23:48
Fala akademik, odlichni se.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:29

@Akademik

 

Едно прашање околу куќите на Кожуф. Дали ќе има предодредени модели на куќи кои ќе може да се градат или ќе постои простор за импровизации или недај боже шареноликост.

На сајтот нивни има неколку модели на куќи. Оваа каменава знам дека е изградена, имам гледано слики од луѓе кои се сликале покрај неа но за другиве не сум сигурен. Дали се ова неколкуте модели на куќи кои ќе се градат или се чисто така рандом поставени како пример како од прилика сето тоа би требало да изгледа. На сајтот има слики и од ентериери но нив не ги постирав.







http://volanskopje.blog.com.mk/node/114155 - http://volanskopje.blog.com.mk/node/114155 -  
 


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 00:47
Таа првата што си ја постирал е од ресторанот "Ициц".
Абе горе до сега се изградени само 1 дупла викендица и една се гради. Едната е HOT HOT - таа готовата, а другата е од тврда градба. Јас колку што знам се следниве услови:
1. куќата не смее да е повисока од 6 метри над патот од каде што е влезот.
2. Не смее да излезе вон дозволената маркица за градба
3. Може да биде тврда градба, меѓутоа треба да биде фасадирана во облик на камен или дрво, или комбинација од двете
4. Не смее да се заградува плацот, поточно границата на имотот.
5. Во внатрешноста имаш право да правиш што сакаш

Знаеш, не може сите да ги направиш јајце на јајце, но нема да се дозволи некој да забега во дизајн и да направи нешто што ќе се двои од визуелниот концепт што е замислен. Сепак, според мене идните градители доволно се ограничени во точките 1,2 и 3 за да се добие посакуваниот ефект.
      


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 01:03
Originally posted by AKADEMIK

Таа првата што си ја постирал е од ресторанот "Ициц".
Абе горе до сега се изградени само 1 дупла викендица и една се гради. Едната е HOT HOT - таа готовата, а другата е од тврда градба. Јас колку што знам се следниве услови:
1. куќата не смее да е повисока од 6 метри над патот од каде што е влезот.
2. Не смее да излезе вон дозволената маркица за градба
3. Може да биде тврда градба, меѓутоа треба да биде фасадирана во облик на камен или дрво, или комбинација од двете
4. Не смее да се заградува плацот, поточно границата на имотот.
5. Во внатрешноста имаш право да правиш што сакаш

Знаеш, не може сите да ги направиш јајце на јајце, но нема да се дозволи некој да забега во дизајн и да направи нешто што ќе се двои од визуелниот концепт што е замислен. Сепак, според мене идните градители доволно се ограничени во точките 1,2 и 3 за да се добие посакуваниот ефект.
      
 
Тоа ми е битно да се следи некој концепт. Бидејќи во Маврово на пример во последно време некои новопечени капиталисти имаат тенденција на многу визуелно вулгарен начин да покажат колку се обогатиле и комплетно ја нагрдуваат идиличната слика каква што треба да има еден таков планински центар.
 
А и од порано има некои безвезе куќи што повеќе наликуваат на станбени згради него на викендички.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 01:06


Мене ми изгледа дека во Кожуф на тоа поле се ќе биде ОК.

Критериумите се едноставни и недвосмислени. Плус тоа од сам почеток има кој да стави ред на тоа поле.


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 01:10
А, заборавив да кажам и дека станува збор за 100 индивидуални различни сопственици кои можат да направат колку толку некаква измена, меѓутоа другите 600-700 куќи, хотели, мотели и што ти се не ќе ги гради самиот ски центар, па потоа ќе ги продава како готови комплекси. Значи ти како иден газда немаш баш и некој избор, треба само да кешираш пари и добиваш готова куќа.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 01:11
Originally posted by Cloverstack



Мене ми изгледа дека во Кожуф на тоа поле се ќе биде ОК.

Критериумите се едноставни и недвосмислени. Плус тоа од сам почеток има кој да стави ред на тоа поле.
 
да тоа ми се свиѓа за овој проект уште од почетокот што не е крпеница него контурите се влечат на некое централно ниво.
 
ОК Маврово има друга еволуција и неможам да го споредувам. Но сепак повеќе би ми се свиѓало доколку барем за селото Маврово се направи некој план, се постават некои критериуми.... Вака како што е таму фали кохезија има некои расфрлани хотели, куќи, скијачки терени... Но не ми наликува на еден комплетен ски центар.
 


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 01:18
Тоа од денешен аспект е тешко. Маврово е наследен објект. Тој била државна сопственост а сега е даден на приватно лице и што може тој да направи во тој поглед, ништо. Овдека се гледа објектот глобално, затоа прво е направен детален урбанистички план кој како рамка ти дава некој правец на развој. Ти можеш да го менуваш ДУП но не така глобално, туку на мали потези. Не можеш сега да речеш дека цела населба од таму каде што е, ќе ја префрлам на другото брдо. Тоа е готово. Додека објект како Маврово сега и не верувам дека има шанса да измени нешто.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 01:27
Originally posted by AKADEMIK

Тоа од денешен аспект е тешко. Маврово е наследен објект. Тој била државна сопственост а сега е даден на приватно лице и што може тој да направи во тој поглед, ништо. Овдека се гледа објектот глобално, затоа прво е направен детален урбанистички план кој како рамка ти дава некој правец на развој. Ти можеш да го менуваш ДУП но не така глобално, туку на мали потези. Не можеш сега да речеш дека цела населба од таму каде што е, ќе ја префрлам на другото брдо. Тоа е готово. Додека објект како Маврово сега и не верувам дека има шанса да измени нешто.
 
абе комплетно ми е јасно тоа што го викаш, но општина како Маврово која и е туризмот веројатно приоритетна гранка треба да направи повеќе. Јасно ми е дека газдата на скијачкиот центар неможе да наметне некое негово решение но во соработка со општинските власти би требало малку барем да го подсуредат селото, да воспостават некои стандарди.
 
Сигурно никогаш нема да може да се направи некоја унификација како во случајот на Кожуф, но спрема мене некои работи се таму субстандардни, има страшни констрасти и дефинитивно има простор за некакво подобрување. Најбанален пример паркингот големиот не личи на ништо, распукан асфалт, нерамнини, секогаш натрупан со песок со улучни кучиња што хараат. Првичниот впечаток е многу лош. А на 2 метра имаш среден хотел како Бистра.
 
На Маврово комплетно му фали ноќен живот или некоја шопинг зона ете како онаа што ја планираат на Кожуф. Сигурен сум дека со малку добра волја тоа може да се вметне во некој план кој што ќе ги диктира условите (ете како на Кожуф) а понатаму зборот би го имале приватните инвеститори.
 
Се нервирам кога гледам такви недоправени работи, Маврово може да има многу повеќе додадена вредност него сега.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Nov-2007 at 02:09
Wow, Академин благодарам многу за сликите. Ако имаш уште (може и од ски лифтите)те молам хостирај. Ме интересира уште и дали е возможно наредниот викенд да го посетиме центарот, и каде треба да се обатиме за такво нешто?


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 02:31
UrbanFerak само за тебе.
Ова се од Ски лифтот наречен Зелен Брег







Инаку горе не можеш да се качиш бидејќи е градежна зона и многу е опасно ако не знаеш каде да се движиш. Во текот на идната недела ќе ја постават сајлата на жичарата и тоа ќе се одвива под јака безбедност.
Почекај, официјалното отварање е на 8 ми Декември. Тој ден скијањето го најавија за безпари.
Поздрав


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 03:01
Еве и еден сајт кој известува од Србија за Кожуф

http://www.skijanje.co.yu/Ski_Centri/Makedonija/kozuf.htm


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 03:14
Originally posted by AKADEMIK

Еве и еден сајт кој известува од Србија за Кожуф

http://www.skijanje.co.yu/Ski_Centri/Makedonija/kozuf.htm



Хехе, кога тргна дискусијата прееска, баш пребарав по нет што друго ќе најдам за Кожуф и го ѕирнав и тоа Smile

Баш ќе те прашував за хеликоптерите, зашто гледам странциве дошле со „пума“, а на овие слики и нашите Ми-17 се во акција. Што е финтата тука?

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">



Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 03:21
Кај што ги зема сликите ги пишуваше и датумите. Нашите го имаат местено ски лифтот. Оној што го имам испратено погоре. Тоа се има случувано 12.12.2005. Меѓутоа, носивоста не му е иста. Нашиот дига до 2 тона- тука негде, а супер пумата до 3,5 тона. Тоа е огромна разлика кога се работи за жичара 6-то сед која која има елементи кои тежат 2,5 - 3 тона
Плус, Швајцарците се специјалисти за ова. Целата монтажа на жичарата ја извршија за неполни 4 саата. Колку за споредба, со дигалка по направената анализа ни дадоа рок од 45 дена монтажа.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 03:26
Thumbs%20Up


Posted By: shyes
Date Posted: 04-Nov-2007 at 17:26
СУПЕР работа, фала сите за информацијата специално на Академик Thumbs%20Up
Ми е мило што ќе има еден стандард за градби на објектите, па за да не го расипе ликот на оваа област. Дали некој знае дали има план за изградба на нешто како ова ( Funifor Слика 1или Фунител Сл.2) во иднина ако овај ски центар има потреба од тоа. Или вакво нешто е малку далеку засега...

Слика 1

или Фунител (Funitel) Слика 2





Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 04-Nov-2007 at 17:35
Здраво shyes.
Овакви типови на објекти се градат на многу поголеми растојанија или кога туризмот односно Ски центарот се развива над некое село или пак не е планиран никаков друг вид на транспорт освен овој. Тоа во концептот на Кожуф сега засега не се вклопува, бидејќи е многу далеку од најблиското населено место. Исто така и цената на овие гондоли е ненормално висока.
Овдека имаат идеја да постават гондола лифт, ама не знам што одлучија.
Тоа се оние гондоли што одат на шина, не на жица. И таа сакаат да ја постават до местото викано Момина Чука, бидејќи тоа ќе биде место видиковец, пошто од тоа место се гледа цел кавадаречки регион и пошироко.
П.С. Нели на Водно Трифун ќе ни прави панорамска жичара.
Колку за информација 1,5 км гондола чини некои 7 милиони евра, што и не е многу за град како Скопје.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 17:40
Originally posted by AKADEMIK


П.С. Нели на Водно Трифун ќе ни прави панорамска жичара.


Се надевам не поверува навистина во бајките на Трифун  LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 17:44
@Akademik

нема да прави Трифун, тој проект сега го тера фондацијата "Милениумски крст". Незнам колку може они да се земат како кредибилни а и незнам кој им дава право самите да се прогласат надлежни за еден таков проект. Не верувам дека од тоа нешто ќе бидне барем не во скоро време, евентуално ако се најде сериозен инвеститор (кој веројатно би се избрал преку некој конкурс/тендер) или ако го земе градот/државата. Но тоа не ги спречува овие од Милениумски крст и да лицитираат со локации на станиците од време на време. Те ќе почнувал од Панорама, те од Музеј на Град Скопје........  Bash


Posted By: shyes
Date Posted: 04-Nov-2007 at 17:51
Академик, аха фала за информацијата,

значи нешто слично како ова ке изгледа

Surface Lifts



и

Detachable Chairlifts



СУПЕР Thumbs%20Up



Posted By: mackomk
Date Posted: 04-Nov-2007 at 20:14
здраво дечки.само што се регистрирав на форумов и го прочитав постов.
ме интересира дали знае некој како се цените за купување викендичка горе и колку ке биде дневна карта ако има скијање оваа сезона???


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 20:18
Originally posted by mackomk

здраво дечки.само што се регистрирав на форумов и го прочитав постов.
ме интересира дали знае некој како се цените за купување викендичка горе и колку ке биде дневна карта ако има скијање оваа сезона???



Добредојде!

Иначе за тие информации едино академик ако може колку-толку да ти каже.


Posted By: mackomk
Date Posted: 04-Nov-2007 at 20:25
ја колку што разбрав на 8-ми ке биде бесплатно,а за понатака ме интересира дали се исплати да идеш на еден ден


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 20:37
Originally posted by mackomk

ја колку што разбрав на 8-ми ке биде бесплатно,а за понатака ме интересира дали се исплати да идеш на еден ден
 
да де, 8ми ќе биде бесплатно а за понатака ќе видиме. За на еден ден што знам. У старт превоз кошта од прилика дупло него за до Маврово на пример. Ама не верувам дека дневна карта ќе биде прескапа оваа година бидејќи има само 2 ски лифта и една жичара на располагање. За понатака верувам дека цените ќе станат солени ама ако се реализира се што е најавено ќе се исплати.


Posted By: mackomk
Date Posted: 04-Nov-2007 at 20:50
па да баш сакав да напраам споредба со Маврово.уствари парите шо ке ги заштедиш за карта ке ти отидат за бензин.сеа дали ке има оваа сезона доволно уредени стази и тоа е знак прашалник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 20:57
Ја да бев скијач уопште немаше да му се мислам за на Кожуф Big%20smile

Уствари сите овие муабети искрено ме поттикнуваат да почнам да учам... Имам малце скијано како мал, можда ми останало нешто Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 21:01
Originally posted by mackomk

па да баш сакав да напраам споредба со Маврово.уствари парите шо ке ги заштедиш за карта ке ти отидат за бензин.сеа дали ке има оваа сезона доволно уредени стази и тоа е знак прашалник


јас мислам дека ќе има доволно и тоа ми е најбитно. Маврово реално освен "на стаза" е прилично досадно за скијање. На ски лифтовите стазите се прекратки а долго време се возиш и одозгора чекаш ред.

На Кожуф ако погледнеш на  мапата двата ски лифта и жичарава допираат до почетокот на буквално сите патеки во ски центарот. Значи има можност да се користат сите стази уште од оваа година ама не верувам дека се ќе утабаат не гледам како би им се исплатело кога само една жичара ќе носи луѓе до горе (јес да таа жичара има доста поголем капацитет од сите Мавровски заедно Nuts)


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 21:03
Originally posted by Cloverstack

Ја да бев скијач уопште немаше да му се мислам за на Кожуф Big%20smile

Уствари сите овие муабети искрено ме поттикнуваат да почнам да учам... Имам малце скијано како мал, можда ми останало нешто Smile


ја сум чул дека полесно се учи вака на стари години snowboard... ако пробуваш може е подобро тоа


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 21:08
Originally posted by pbanks



ја сум чул дека полесно се учи вака на стари години snowboard... ако пробуваш може е подобро тоа



Скии поише ме влечат... Плус тоа имам впечаток дека на скии имаш повеќе слобода/контрола/комфор. Сноубордот е поспецифична работа... Или грешам?


Posted By: mackomk
Date Posted: 04-Nov-2007 at 21:12
А и таа "стаза" да ја начекаш со убав снег е стварно реткост,или е подмрзната или нема снег.Така да ке мора да се иде на Кожуф да видиме како ке се покажат таму терените.
А за почнување со скијање никогаш не е касно,зимај скиите или бордот и се глеаме на 8-ми


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Nov-2007 at 21:14
Originally posted by mackomk


А за почнување со скијање никогаш не е касно,зимај скиите или бордот и се глеаме на 8-ми


Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Nov-2007 at 21:23
Originally posted by mackomk

А и таа "стаза" да ја начекаш со убав снег е стварно реткост,или е подмрзната или нема снег.Така да ке мора да се иде на Кожуф да видиме како ке се покажат таму терените.
А за почнување со скијање никогаш не е касно,зимај скиите или бордот и се глеаме на 8-ми


кога почна да се обзнанува проектов пред некои 3-4 години гледав едно интервју на Телма со Ангел Наков, и образложуваше пола саат зошто баш Кожуф има страшно поволни климатски услови за зимски туризам, како снегот на Кожуф ќе бил најквалитетен, бла бла .... Сигурно дека тука имаше доста фалење и ПР, ама типот изгледаше доста спремно и доста од работите што ги кажа звучеа аргументирано. Ако не те мрзи прочепкај на официјалниот сајт можеби/веројатно пишува нешто повеќе за тоа.

Нема везе, поентата беше дека он тврдеше дека такви дефекти какви што сме научени да гледаме во Маврово или на Шапка во однос на покривката нема да има на Кожуф, во голема мера поради поволните климатски услови/квалитетниот снег а до некаде нели и тоа дека максимално ќе ги одржувале терените.

@Clover ја скијам и токму моментот дека двете нозе би ми биле врзани ми звучат незгодно кај snowboard-от. Но ти викам така имам слушнато дека почетници полесно се снаоѓаад со сноуборд. Демек за само 6-7 дена се стекнувала некаква елементарна рутина.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 05-Nov-2007 at 00:37

Дечки, не заборавајте и дека Кожуф е доста повисоко од МАврово. Мавровската стаза почнува од 1255м а крајот на едносед е на 1600 ако не се лажам. Овде почетокот е на 1450 (од старт 200м повисоко) до 2100. Сите знаеме дека во Маврово е најпроблематичен долниот дел од стазата токму поради таа критична висина.



Posted By: mackomk
Date Posted: 05-Nov-2007 at 12:08
Еве сеа прочитав нешто за снежната покривка,наводно била поквалитетна и снегот подолго се задржувал бидејки целиот комплекс гледал на север така да не бил изложен на сонце и на топли ветрови од југ.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 05-Nov-2007 at 14:28
Леле значи од целиов муабет толку ми се прискија....ммммм....
Кожуф ми изгледа како конечно нормално место за скијање во Македонија. А може и да е само празен муабет. Ќе видиме, ќе видиме. Мило ми е што Маврово ќе се растерети малце, таму дур скијаш или удираш во дрво или во друг скијач.

Кловер, немаш појма какво чувство е скијање, на свеж планински воздух, на стрмни стази... леле, леле... А и ова хели-скијањево звучи одлично.

Сум пробал и борд и уште првиот ден скршив рака... така да нормално сум повеќе за скии.

Едно добредојде и од мене за mackomk




Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 06-Nov-2007 at 01:02
Дечки да ви кажам неколку збора за патеките.
Навистина се изградени околу 20 км патеки за возење. И тоа патеки со стандард од 50 метра ширина. Исто така треба да стигнат и 3 ратрака само за оваа сезона, вкупо ќе има 8-10 ратрака кога ќе биде полна сезона.
Најинтересно е тоа што сите тие 20 км водат до почетокот на жичарата и нема шанса да залутате. А за патеките до Ски лифтовите и околу нив не ни зборувам.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Nov-2007 at 11:13

Академик, да прашам уште нешто. Има ли некој готов услужен објект (по Мавровска номенклатура наречен Бачило) на Кожуф? 20 км патеки обаво звучи. Дали можеби можеш и нив да ги идентификуваш на картата?

Се надевам не сум пренапорен со барањата BashBash ама ако имаш уште слики


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 07-Nov-2007 at 00:32
Urban Freak здраво!
Еве да ти испратам неколку слики од Бачилото наречено Марково бачило и отприлика каде се наоѓаат главните патеки за скијање за оваа сезона.

Оваа слика е за патеките:
Не можам да ти го доловам вкупниот впечаток ама колку токлку да видиш



А овие слики се од Марково бачило - надвор и внатре






А еве и една добра слика за позадина. Јас во тој момент помислив дека можам да ги фатам облаците. Видете ја дали ви се допаѓа, па кажете.




Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 07-Nov-2007 at 09:14
ApplauseБачилото изгледа добро а и патеките Cheers.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 07-Nov-2007 at 12:13
Леле леле мераци... Фала на информациите и сликиве АКАДЕМИК.


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 07-Nov-2007 at 19:58
еве најдов уште една слика од Бачилото



Поздрав


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 13-Nov-2007 at 12:47
Se raduvam so ona sto se slucuva na Kozuv, konecno i makedonija dobiva nesto od 'prva klasa'.

P.S: forumov 'build' e prekrasen, bravos decki za ovaa rabota. Samo da nadopolnam, mislam deka ne treba da stivne nasata aktivnost na forumot 'skyscrapercity' bidejki od klucen interes e onie koj nese makedonci da citaat za napredokot koj makedonija go pravi sekoj den na ekonomski, politicki, infrastrukturen plan.

Pozdrav
Dame


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Nov-2007 at 19:06


GM конечно се реши да поминеш . Секако дека ќе останеме активни на SSC тешко може човек да се откачи од тоа проклетство. Но ова ни дава можност на мира да ги дискутираме проектите до детали додека таму може да ги објавуваме само битните информации за некои големи проекти.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 13-Nov-2007 at 19:56
hehe se resiv.. me mrzese dosega ne od sto ne sakav Bow
Te svakam, imas pravo.


Posted By: mackomk
Date Posted: 25-Nov-2007 at 20:51
Дечки има ли некој информација дали има снег на Кожуф.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 26-Nov-2007 at 10:22
Последно што јас разбрав беше дека прво скијање е закажано за 8 Декември. Дали ќе има снег до тогаш и дали од ски ценатрот ќе бидат спремни многу ме интересира. Академик можеби ти знаеш?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Nov-2007 at 12:33
На академик му бил сјебан компјутерот, ќе мора да почекате за одговор... LOL


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 26-Nov-2007 at 14:18
А јас помислив отишол на скијање на Кожуф и не заборавил. Ваљда не ги изгубил сликите...Ohno


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 27-Nov-2007 at 17:04
Јас колку што разбрав на Шапка имало снег и веќе почнале луѓево да идат таму на скијање. Незнам што би значело тоа во однос на Кожув. Ене го кај е 8ми... Јееееее  


Posted By: zutko
Date Posted: 29-Nov-2007 at 13:21

Најавија дека на 8 декември ке биде пуштање на центарот и дека ке биде беплатно. Дали има некој информација колку ке биде карта за 9 декември.Дали има најави за организиран превоз од Скопје до Кожуф



Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Nov-2007 at 22:42


site informacii sto gi imame se vekje napisani. Ako nekoj doznae nesto plus siguren sum deka kje gi postira i mene me interesiraat detalite okolu startot na centarot no 8mi e na samo nedela dena, da se strpime valjda kje ima nesto oficijalno vo tekot na nedelata.



Print Page | Close Window