Print Page | Close Window

Катна гаража Илинден - кај Бисер

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Паркинзи и гаражи
Forum Discription: Паркинзи, катни гаражи, подземни гаражи...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=248
Printed Date: 28-Mar-2024 at 19:19


Topic: Катна гаража Илинден - кај Бисер
Posted By: La Linea
Subject: Катна гаража Илинден - кај Бисер
Date Posted: 13-Oct-2007 at 08:00
Проектант - „Ателје Ајвар“

Капацитет - 208 возила

Градежните работи ги изведува АДГ „Илинден“





Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Oct-2007 at 19:52
ova izglea stanuva moda, prvo teatarot sega ova Ohno
 

Катната гаража заглави во габаритот

Општината Аеродром не дава градежна дозвола за гаражата затоа што според проектот, објектот е со поголема површина од маркичката во детаљниот урбанистички план

Општина Аеродром не и' дава градежна дозвола, ниту локациски услови на градежната фирма „Илинден“, која треба да гради катна гаража, затоа што според проектот, објектот е со поголем габарит од градежната маркичка во детаљниот урбанистички план. „Илинден“ треба да гради катна гаража на просторот меѓу трговскиот центар „Бисер“ и ресторанот „Мекдоналд“, а беше најавено дека работите ќе почнат во септември.

Од Аеродром велат дека градежните работи не може да почнат зашто „Илинден“ се' уште не ја доставил комплетната техничка документација до надлежните служби на општината.

- Градежната фирма „Илинден“ не може да добие одобрение за градење и локациски услови бидејќи површината за градба во проектот не одговара на површината зададена во изводот од планот, односно таа е за 266 квадрати поголема. Состојбата во проектот не одговара на урбанистичката парцела, а има забелешки и на висината на објектот - објаснуваат од одделението за односи со јавноста во Аеродром.

Надлежните од Општината велат дека се прават напори состојбата да се надмине.

Во Министерството за транспорт велат дека тие ја завршиле својата работа околу катната гаража со лицитацијата за закуп на земјиштето на кое ќе се гради. Фирмата „Илинден“ беше избрана на јавно наддавање во Министерството на 14 февруари, како најповолен понудувач. Почетната цена за квадратен метар беше 50 денари, а на крајот достигна 1.970 денари за закуп за една година. Од Министерството велат дека фирмата веќе ги уплатила парите за закупнина на земјиштето, со што завршиле нивните обврски, а издавањето одобрение за градење е надлежност на локалната самоуправа.

Од „Илинден“ не сакаа да дадат изјава за причините поради кои доцнат со изградбата на катната гаража, ниту да објаснат зошто проектот не одговара со површината за градење.

Според условите на наддавањето, корисникот на земјиштето е обврзан да почне да гради во рок од шест месеци откако ќе добие градежна дозвола. Дозволата треба да ја обезбеди во рок од една година по закупот на земјиштето. Намената на градежното земјиште ќе може да се менува само со согласност на Министерството.

Градежното земјиште на кое ќе се гради е со површина од 2.240 квадратни метри, катната гаража ќе зафаќа 1.050 квадратни метри, а висината на објектот ќе биде до десет метри. Капацитетот на гаражата, според детаљниот план е за 208 возила. Во приземјето ќе може да се направат простории за сервисни дејности, поврзани со намената на објектот.



Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Oct-2007 at 23:15
НИКАКО ДА ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА ОБЈЕКТОТ МЕЃУ ТЦ "БИСЕР" И "МЕК ДОНАЛДС"
Висината ја закочи катната гаража
За да може да добие АДГ "Илинден" градежна дозвола, ќе треба да направи измени во проектите за габаритот и за сообраќајниот пристап на објектот[

Изградбата на катната гаража која треба да биде лоцирана на просторот меѓу ТЦ "Бисер" и "Мек Доналдс" во Општина Аеродром, и по осум месеци од закупот на земјиштето од страна на АДГ Илинден", кое треба да го гради објектот, се уште не почнува. Како што дознаваме, работите се закочени кај проектите за габаритот на овој објект и сообраќајното решение, односно пристапот, кои според надлежните во Општина Аеродром и Град Скопје, треба да претрпат исправки. Деталниот план предвидува катната гаража да зафаќа површина од 1050 метри квадратни и да има висина до 10 метри, а нејзиниот капацитет е за околу 200 возила.


- "Илинден" не може да добие одобрение за градење и локациски услови, бидејќи површината за градба во проектот не одговара на површината за градење според ДУП. Таа е 266 квадрати поголема, а има забелешки и на висината на објектот. Сообраќајниот проект што го приложи "Илинден", даден е во Град Скопје и се чека нивна согласност, објаснуваат од Општина Аеродром.


Од Секторот за сообраќај на Град Скопје, пак, вчера ни потврдија дека од страна на МВР не е дадена согласност и за сообраќајниот проект, кој исто така, треба да претрпи измени.


- Ние ќе го вратиме овој проект до проектантот кој по извршените измени ќе треба повторно да ги достави, таква е процедурата, вели Јани Христовски, раководител на овој сектор.


Инаку, на јавно надавање кое се одржа во февруари од страна на Министерството за транспорт и врски, локацијата со површина од 2240 квадрати под долготраен закуп ја доби АДГ "Илинден". Цената на земјиштето од 50 денари достигна 1950 денари за квадрат, сметано како годишен закуп. Тогаш во клаузулата за закуп стоеше дека корисникот на земјиштето се обврзува да започне со градба на објектот во рок од 6 месеци од добивањето на градежна дозвола, која пак треба да ја обезбеди во рок од една година од склучувањето на договорот за закуп. Од друга страна, намената на градежното земјиште ќе може да се менува само со согласност на Министерството.


Од "Илинден" пак, вчера и по сите наши настојувања не сакаа да дадат изјава за причините поради кои се уште не почнала изградбата на катната гаража, ниту дали се направени измените на проектот согласно површината за градење. Даниела ТРАЈКОВСКА






Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Dec-2007 at 11:01
Е ај да видиме... Roll%20eyes
 

ОТКАКО НЕ ДОБИ ДОЗВОЛА ПОРАДИ ПРЕДИМЕНЗИОНИРАНИОТ ПРОЕКТ

„Илинден“ ја скуси катната гаража

Од Општина Аеродром велат дека според најновиот проект, површината за градба се совпаѓа со онаа што е предвидена во детаљниот урбанистички план

Доколку Министерството за транспорт и врски даде позитивно мислење за новиот проект за катна гаража во Аеродром, објектот ќе почне да се гради за десетина дена, доколку тоа го дозволат и временските услови, најавија од градежната фирма „Илинден“. Катната гаража треба да се гради на празниот простор меѓу трговскиот центар „Бисер“ и „Мекдоналдс“.„Илинден“ до Општина Аеродром достави нов проект за катната гаража, откако локалните власти не сакаа да му издадат градежна дозвола, ниту пак локациски услови за претходниот проект. Причина за тоа беше површината за градба во првобитниот проект, која не одговараше со онаа што е предвидена за градење според урбанистичкиот план, односно беше поголема за 266 квадрати. Поради ова, изградбата не почна во септември, кога беше најавувано.

Од Општина Аеродром велат дека според најновиот проект, површината за градба во целост се совпаѓа со детаљниот план.

- АДГ „Илинден“ ни го достави новиот проект за катната гаража, кој, заедно со новиот сообраќаен проект, е доставен до Градот Скопје и до Министерството за внатрешни работи, од каде што чекаме да дадат согласност за него - информираат во Општина Аеродром.

Од „Илинден“ велат дека сега нема проблем околу проектот и чекаат Министерството за транспорт и врски да даде позитивно мислење за да можат да почнат со градбата. Оваа фирма беше избрана на јавното наддавање на 14 февруари, како најповолен понудувач на конкурсот за закуп на земјиштето за изградба на катната гаража. „Илинден“ има обврска да почне да гради во рок од шест месеци откако ќе добие градежна дозвола, која треба да ја обезбеди во рок од една година по склучувањето на договорот за закуп. Парите за закупнината се уплатени.

Градежното земјиште за катната гаража е со површина од 2.240 квадратни метри, а површината предвидена за градба на плацот зафаќа 1.050 квадрати. Објектот ќе биде висок десет метри, со капацитет за паркирање на 208 возила. Само во приземјето ќе може да се направат простории за други сервисни дејности, поврзани со намената на објектот.

Како најповолен понудувач на првиот конкурс за изградба на катна гаража, распишан од Министерството за транспорт, беше избрана фирмата „Бетон“ од Штип. По изборот, Министерството го поништи договорот, бидејќи фирмата не ги уплати парите за користење на земјиштето. „Илинден“ го доби земјиштето на 40-годишен закуп на второто јавно наддавање, кога државното земјиште беше понудено за почетна цена од 50 денари за квадрат, а на крајот достигна 1.970 денари за квадрат за една година.

Од Министерството за транспорт и врски по три дена настојување и писмено и усно поставување на прашањата, добивме изјава дека тие не издаваат согласност за проектот и дека одобрението за градба и локациските услови треба да ги издаде Општина Аеродром. Рекоа дека тие понатаму немаат никаква врска со изградбата на оваа катна гаража, иако и фирмата и Општина Аеродром чекаат на нивното мислење.

Анела Петрова

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D08202EDE42CEB4282B7715EA8DD598D - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D08202EDE42CEB4282B7715EA8DD598D


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Apr-2008 at 23:04
Rock. Ова е прв објект ако не се лажам што стартува како резултат на лицитациите на Миле Јанакиески. Да се надеваме дека набргу ќе стартуваат и планираните зад Рамстор Yes

Почнува со изградба катната гаража во Аеродром

Ова е трета катна гаража во Скопје, по оние во Капиштец и до „Рамстор“

Неделава ќе почне да се гради катната гаража во Општина Аеродром, на празниот простор меѓу трговскиот центар „Бисер“ и „Мекдоналдс“. Оперативата на градежната фирма „Илинден“, која пред речиси една и пол година лицитација стана сопственик на земјиштето, од вчера се организира за оградување на теренот и почетокот на изградбата, која најверојатно ќе биде официјализирана на свечен начин. Според проектот, катната гаража ќе биде на приземје и четири ката, со можност за подземно паркирање на две и на три нивоа. Гаражата ќе има капацитет за вкупно 208 возила. Инвеститори на објектот се АДГ „Илинден“ и АГД „АБ“, кои во него ќе вложат околу 1,5 милион евра.

„Паркирањето ќе се изведува исклучиво со рампи, што во практиката е утврдено како најсоодветен начин за функционирање на катна гаража. Според ДУП и проектот според кој ќе се гради, објектот ќе биде исклучиво за паркирање, но планираме да поднесеме барање за измена и дополнување на урбанистичкиот план, со предлог еден мал дел од објектот да се пренамени за ресторан“, вели Петруш Дејановски, директор на оперативата во АДГ „Илинден“.

Според договорот, кој градежната фирма го има потпишано со Министерството за транспорт и врски за отуѓување на земјиштето, катната гаража треба да се изгради најдоцна за две години од почетокот на градежните активности.

АДГ „Илинден“ го доби земјиштето на 40-годишен закуп дури на второто јавно наддавање откако Министерството го поништи договорот со првоизбраната фирма „Бетон“ од Штип, која навремено не ги уплати парите за плацот. „Илинден“ за парцелата од 2.240 квадратни метри понуди 1.970 денари за квадрат. Оваа катна гаража ќе биде трета во Скопје која почна да се гради во рок од нецели шест месеци, имајќи ги предвид започнатите изградби на катните гаражи на „Тинекс“ во Капиштец и онаа до „Рамстор“. (Дс.т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=692EC646CE2D074BB986902A2376F79B


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Apr-2008 at 22:06

КАЈ ТЦ "БИСЕР"


Подготовки за катната гаража


На посторот меѓу ТЦ "Бисер" и "Мек Доналдс" во Општина Аеродром деновиве се започнати подготвителни работи за изградба на предвидената катна гаража. Работите почнуваат по една година откако земјиштето беше дадено под закуп на АДГ "Илинден" кое ќе го гради објектот.

Како што дознаваме, до пролонгирање на работите дојде поради проектите за габаритот на овој објект. Според надлежните во Општина Аеродром проблемите беа околу површината за градба која не одговараше на површината за градење според ДУП, односно беше за 266 квадрати поголема, а имаше и забелешки и на висината на објектот, поради што требаше да претрпи измени. Деталниот план предвидува катната гаража да зафаќа површина од 1 050 метри квадратни и да има висина до 10 метри, а нејзиниот капацитет е за околу 200 возила.

Инаку, на јавно надавање кое се одржа во февруари минатата година од страна на Министерството за транспорт и врски, локацијата со површина од 2.240 квадрати под долготраен закуп ја доби АДГ "Илинден". Цената на земјиштето од 50 денари достигна 1950 денари за квадрат, сметано како годишен закуп.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=43027E467997BF4AAB9461FA47CA9AB3 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=43027E467997BF4AAB9461FA47CA9AB3



Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Apr-2008 at 19:48
Земјиштето до Бисер за катната гаража е оградено, утре/задутре почнуваат со градење. Топ

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Apr-2008 at 17:26


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Apr-2008 at 17:32
хмм... кровот ми е некако без врска.... а што е она од напред? Некоја фонтана?


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Apr-2008 at 17:36
Најверојатно, или пак базенче. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Apr-2008 at 17:46
Немој после да излезе дека е стамбена...... Не бе се шалам!  Вака некако само кровот ме чуди, инаку некоја посебна естетика нема. Типичен објект за да врши работа, а не да ја краси околината.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Apr-2008 at 17:59
Originally posted by pbanks

а што е она од напред? Некоја фонтана?


Веројатно Киро барал обавезно да се вклучи и фонтана во проектот, инаку немало да даде дозвола LOL

(не знам колку сте запознаени, ама типот имаше голема љубов кон фонтани, па направи неколку... нормално направи лоши фонтани и на неприкладни локации... Roll%20eyes)


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Apr-2008 at 18:02


12 фонтани ако не се лажам, му беа предизборно ветување Smile


Posted By: blejdsk
Date Posted: 26-Apr-2008 at 19:25
TOA GORE KE BIDE RESTORANCE<<<<

-------------





Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 09:50
Почнаа со поставуваше камен-темелници LOL лично мислам до изборите ќе има уште 39 вакви церемонии.....што мислите вие повеќе/помалце??????
Иначе поткровниот простор ќе бил канцеларии Crazy Nuts
 

ПОСТАВЕН КАМЕН-ТЕМЕЛНИК


Прва катна гаража во населбата Јане Сандански


На стартот на изградбата на објектот, со капацитет од 242 возила, присуствуваше и премиерот Никола Груевски, а почетокот на градежните зафати го благослови г.г. Стефан. Гаражата се очекува да биде готова за две години


Жителите во Општина Аеродром ќе добијат прва катна гаража. Вчера со поставување на камен-темелник од страна на премиерот Никола Груевски, беше означен почетокот на изградбата на објектот кој е лоциран на просторот помеѓу ТЦ "Бисер" и ресторанот "Мекдоналдс". Стартот на работите го благослови поглаварот на МПЦ г.г Стефан, а присуствуваше и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Гаражата со капацитет од 242 возила треба да го ублажи долгогодишниот проблем со недостиг од паркинг места во овој дел од градот.

- Освен 242 паркинг-места предвидени се и сите пропратни содржини. Објектот ќе има 4 полунивоа под земја и 4 над земја со можност во поткровниот дел да се изведе канцелариски простор. Корисната површина на објектот е 8.000 квадратни метри, а висината на гаражата е 10 метри со 4 метри потпокрив. Градбата ќе биде современа, со убава фасада и ќе ги задоволи најстрогите критериуми во градба на ваков тип на објекти. Инвестицијата е помеѓу 8 и 10 милиони евра, изјави вчера Андреја Ошавков, менаџер на АДГ Илинден.

Според него, локацијата на која ќе се гради објектот е со вкупна површина од 2.200 квадратни метри, додека површината за градбата во основа изнесува 1.220 квадратни метри. Инвеститори на објектот се АДГ Илинден заедно со АД АБ, изведувач е Илинден.

Катната гаража би требало да биде готова за две години. Независно од тоа што паркирањето ќе се наплатува, се очекува со нејзина изградба да се ублажи проблемот со недостиг на простор за паркирање не само околу трговскиот центар "Бисер", туку и во целата населба.

Инаку, "Илинден" земјиштето го доби на користење на 40 години и тоа како најповолен понудувач на јавното наддавање кое беше спроведено минатата година од страна на Министерството за транспорт и врски. Цената на земјиштето тогаш достигна 1.970 денари за квадрат, сметано како годишен закуп.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F2741B977608284D984B0F0CF76AF541 - Vecer
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2008 at 10:13
Хммм нели се 8-10 милиони евра преголема цифра за ова?!?!?


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 10:17
Не би рекол дека е преголема цифра..... сепак гаражава има фонтана  Big%20smile   Crazy   Banana  Bow


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 30-Apr-2008 at 11:59

Не ли ви изгледа многу несериозно еден поглавар на МПЦ и еден премиер да удараат темели на катна гаража? Дали ми се чини сам она мене или навистина критериумите за грандиозни зафати ни се паднати прениско. Мислам таму министерот најавува автопатишта низ цела македонија, градоначалничиња од ИЗ Шутка се удираат во гради со 100 катници а премиерот наш гоелм удира темел на катна гаража. ПАТЕТИЧНО....

ПС. Ако звучи политички постот тргајте го, несакам на никого да му ги подигам позициите, ама стварно фрустрирачки е веќе ова



Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2008 at 12:18
Originally posted by UrbanFreak

Не ли ви изгледа многу несериозно еден поглавар на МПЦ и еден премиер да удараат темели на катна гаража? Дали ми се чини сам она мене или навистина критериумите за грандиозни зафати ни се паднати прениско. Мислам таму министерот најавува автопатишта низ цела македонија, градоначалничиња од ИЗ Шутка се удираат во гради со 100 катници а премиерот наш гоелм удира темел на катна гаража. ПАТЕТИЧНО....

ПС. Ако звучи политички постот тргајте го, несакам на никого да му ги подигам позициите, ама стварно фрустрирачки е веќе ова



Urbanfrik од увек се нервирам за вакви глупости. Истите беа кога се удираше камен темелник на 100м улица (бул.Србија).


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:35
Морам да го постирам тука и првичниот рендер за катнава гаража чисто да го имаме како потсетник како не треба да изгледа рендер




Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:37
Извадок од ДУП-от приложен од Кловер на ССЦ Cheers. Ќе се сложам со неговиот коментар од таму дека влезот во гаражата е многу лошо решен (доколку ситуацијата на теренот искочи како на планов)






Posted By: se_manda
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:43
a zs e mnogu loso reseno???isto ti se faka i od drugata strana na parkingot da se vlaga


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:46
Originally posted by se_manda

a zs e mnogu loso reseno???isto ti se faka i od drugata strana na parkingot da se vlaga


па не викам да се влага од другата страна ама треба да смислат нешто. Рачунај која фрка ќе биде тука за влез/излез. Тие што ќе излагаат одма ќе удираат на семафорите кои се прилично кратки... Како решение вака е за никаде ама неам некој паметен (а ефтин) предлог како би било добро да се направи.


Posted By: se_manda
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:47
epa nemoes niso da smislis poso od dve strani ti e parking,od edna strana na bulevar e od druga biser.taka da i ova e ok


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:50
Originally posted by pbanks

Извадок од ДУП-от приложен од Кловер на ССЦ Cheers. Ќе се сложам со неговиот коментар од таму дека влезот во гаражата е многу лошо решен (доколку ситуацијата на теренот искочи како на планов)


Верувам дека тоа е корегирано, зашто и на тие детските рендери кога искочија, влезот беше префрлен од страна на паркинзите. Мислам стварно ако не увиделе дека влез/излез како во извадокот од ДУП-от е апсолутно дебилно решение, тогаш или се слепи или се ретардирани...

Во секој случај, без разлика дали е корегирано или не, оргиналниот извадок од ДУП-от е јасен показател со каков квалитет се изработуваат тие Roll%20eyes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:55
Originally posted by se_manda

epa nemoes niso da smislis poso od dve strani ti e parking,od edna strana na bulevar e od druga biser.taka da i ova e ok


Епа не е од две страни паркинг, туку само од една. Тоа што ти го рачунаш за паркинг е уличка за излез каде сега непрописно се паркира (исто и на зеленилото).

Воопшто не е исто како ќе биде решено. Ако влезот/излезот биде кај семафорите, се создаваат триста проблеми.
За влез во гаражата, ако идеш од булевар, прво треба да свртиш 180 степени, па после можеш да налеташ на автомобили кои чекаат на семафорот, па и ти да мора да чекаш да се отвори семафорот за да влезеш у гаража. При поголема фреквенција, зад тебе може да се начукаат уште неколку кои ќе чекаат за у гаража, па да се закрчи и излезот од булеварот.
За излез од гаражата директно странично удираш у потенцијална колона од автомобили кои чекаат на семафорот и ќе треба да се надеваш некој да те пушти да се уклучиш. Плус тоа искачаш у едносмерно уличе и немаш избор за каде да идеш - мора на булевар. У моменти на гужва, ваму би настанал хаос. Дури би се формирале и колони внатре во гаражата.
Влез/Излез од кај паркингот не е идеално, ама е многу подобро сообраќајно решение.




Posted By: se_manda
Date Posted: 01-May-2008 at 19:32
abe i od kaj parkingot e problem poso odma tuka ti e vlezot za u podzemnata garaza na biser.taka da i tuka bi se stvarala guzva.a za kaj ulickava ne e neso problem poso i onaka nema nekoja guzva


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-May-2008 at 20:02
Originally posted by se_manda

abe i od kaj parkingot e problem poso odma tuka ti e vlezot za u podzemnata garaza na biser.taka da i tuka bi se stvarala guzva.a za kaj ulickava ne e neso problem poso i onaka nema nekoja guzva


1. Подземната гаража на Бисер има безначајна фреквенција на возила.
2. Дури и да имаше поголема фреквенција на возила од гаражата на Бисер, сепак е сосема различно да почекаш возило во движење, отколку да чекаш да се расчисти колона на семафор.
3. Не си во право дека на „уличката“ кај семафорите нема гужва... Често сум ја гледал целата уличка исполнета со возила кои чекаат на семафорот.
4. Излезот кај семафорите е еднонасочен, а кај паркингот двонасочен, што е многу битна разлика.
5. Ако влезот биде кај семафорите, сите што влагаат од булеварот ќе мора да прават незгодна 180-ка за да влезат у гаража.

Ај сеа да те видам Big%20smile


Posted By: se_manda
Date Posted: 02-May-2008 at 09:13

aj neka bide po tvoe (popametniot sekad popusta) LOLLOL 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-May-2008 at 10:05
Хехе, не збориме кој бил попаметен, туку даваме аргументи за локацијата на влезот/излезот од гаражата. Smile


Posted By: se_manda
Date Posted: 03-May-2008 at 17:47
se zaebaav be pa i ti


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2008 at 14:48
вчера пројдов, не е дирнато ни малку. Така стои еден булдожер, нема апсолутно никаква активност.


Posted By: Cibi
Date Posted: 03-Jun-2008 at 22:32
do kade e so izgradbata na katnata garaza?


Posted By: Cibi
Date Posted: 03-Jun-2008 at 22:33
na toa mesto e potreben vakov objekt,bidejki lugeto imaat problemi so parkiranjeto blizu t.c. biser,zatoa ovoj proekt vo sto e mozno po kus vremeski period treba da bide gotov.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jun-2008 at 23:49
Originally posted by Cibi

do kade e so izgradbata na katnata garaza?


Originally posted by lslcrew

вчера пројдов, не е дирнато ни малку. Така стои еден булдожер, нема апсолутно никаква активност.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2008 at 03:35
^ Извинете за ова од пред некој ден, еве денеска тргнати беа дел од тарабите и може да се забележи работа на терен.





Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2008 at 03:35
Тоа во далечината е човек кој виткаше некои шипки.


Posted By: damjanh
Date Posted: 15-Jun-2008 at 02:36
Eve vi sliki od toa kako treba da izgleda


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jun-2008 at 02:39
Добродојде дамјанх. Веќе знаеме како треба да изгледа, разгледај поназад. У секој случај фала. Секој накнаден рендер, дали за овој проект или било кој, е добредојден.


Posted By: damjanh
Date Posted: 15-Jun-2008 at 02:50
Eve uste edna!




Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 15-Jun-2008 at 12:16
Добредојде имењаку Smile фала за рендерите. Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jun-2008 at 12:56
добри рендери Дамјан Cheers


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jun-2008 at 18:07
имам една недоумица зошто само 2 спрата во земја е дозволен габарит на гаражи во стамбен објект, за комерцијални незнам, но доколку во иднина ова не се промени тешко дека центарот а и поголемиот дел населби ќе куртулат од заглавени приоди и улици.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jun-2008 at 08:45
Originally posted by beTon

имам една недоумица зошто само 2 спрата во земја е дозволен габарит на гаражи во стамбен објект, за комерцијални незнам, но доколку во иднина ова не се промени тешко дека центарот а и поголемиот дел населби ќе куртулат од заглавени приоди и улици.


Мислам дека поседување на паркинг место во центар чини пари и треба да се одвикнеме од тоа дека тоа треба да ни биде загарантирано. Можеби во некои претежно станбени населби има логика да се иде и подлабоко и пошироко за да има доволно паркинг за сите но што се однесува до центарот...... на кој не му одговара секогаш има опција да се пресели.


Posted By: beTon
Date Posted: 26-Jun-2008 at 20:19
денес чув нешто интересно што не мора и да значи дека е така, т.е. не се оди повеќе од 5 метра удолу заради мочурливото скопско тло, па тоа наводно сега е пропис !?!


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Jul-2008 at 13:31
а знае некој што се случува со празниот простор карши Бисер? Не сакам да остане само пустелија, барем трева да насадеа, мислам дека таму требаше нов трговски да изградат
трговски карши трговски бре Nuts

но да не идам многу оф топик, мислам дека идејата за катна гаража е убава бидејќи има потреба од такво нешто, но се согласувам дека влезот не е како што треба, мислам дека би требало да биде или од другата страна кај паркингот или одма до влезот во гаражата на бисер, но како е така е


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Jul-2008 at 13:41
На тендерот се јави само Тинекс, а тендер со еден понудувач не проаѓа и треба нов да се објави.Мене ми изгледа дека се мести под ракав тендерот. Пошто два пати на тендер ако падне, законски може да се иде на непосредна спогодбо. И сега што прават властите. Објавуваат тендер двапати со екстремно висока цена. И после кога на ред ќе дојде непосредната спогодбо, тогаш имаат изговор да го дадат земјиштето за ефтина пара, ем на свој човек. Токму и затоа се чудевме како може земјиште во аердром да биде поскапо од центар. Фала што потсети забеган.

Сега во тек треба да е втората тендерска процедура. според мене, некаде летово околу август конечно ќе се продаде со непосредна спогодбам, само незнам кој се се потепат за ова, пошто Кирил го уапсија, а ваљда го имаше таксано на свој човек, така да не се исклучува и можноста на вториот тендер да се продаде.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jul-2008 at 15:07
Овие дремат Unhappy




Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 23:55

Контурите на катната гаража во Аеродром ќе бидат видливи наесен

Се' уште се изведуваат подготвителните работи на теренот

На изградбата на првата катна гаража во Аеродром, чиј камен-темелник беше поставен пред повеќе од три месеци, се работи со полн интензитет. Од ГП „Илинден“, кое е изведувач на работите, а наедно и сопственик на градежната парцела, потенцираат дека на теренот се работи секојдневно според утврдената динамика и засега без застои и непредвидени проблеми. Петруш Дејановски, директор на оператива во претпријатието, објаснува дека во завршна фаза се поголемиот дел од неопходните подготвителни активности за изградба на објектот. Во изминативе три месеци е завршена речиси една третина од дислокацијата на подземната инфраструктура, односно преместувањето на цевките за парно и електричната инсталација што ја користат околните згради. Предвидено е дислокацијата комплетно да заврши најдоцна за два месеца, пред почетокот на грејната сезона.

„До 15 октомври сигурно ќе почне изградбата на објектот, што значи ќе се постават темелите. Изминатиов период завршија поголем дел од потешките работи во подготвителната фаза, од кои голем дел се во интерес на безбедноста на теренот при изградба на објектот“, објаснува Дејановски.

Според динамиката на работа, деновиве продолжува дислокацијата на електричната мрежа неопходна за функционирање на семафорите во околината. Според договорот што го има потпишано „Илинден“ со Министерството за транспорт, катната гаража треба да се биде готова за една година. Проектот предвидува гаражата да биде висока 10 метри, да има три нивоа под земја и четири над земја. Капацитетот на гаражата е 208 возила. Паркирањето ќе се наплаќа, а со објектот ќе стопанисува ГП „Илинден“. Иако гаражата, според условите на лицитацијата на земјиштето, требаше веќе да биде готова, работата се одложи поради неусогласеност на проектот и Деталниот урбанистички план. (Дс.Т.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=884CE58521B45C4D838A68BD5CA4DD6D


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2008 at 19:51


Не ќе да било баш така. Они цело време чепкаат по нешто, ама видливиот напредок е тотално занемарлив. Ете помина и цел месец од спомнатиот 15 октомври, камо ли од април кога беше ставен камен-темелник, камо ли од лани кога беше прва мајка...

Еве слики од денеска, проценете и сами...

Инаку не приметив рокови до кога се обврзани да завршат, само се спомнати рокови до кога да обезбедат дозволи и до кога да почнат со градење. Е сега ако ова темпо се рачуна градење тогаш ОК Roll%20eyes


1


2



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 12-Nov-2008 at 16:04
 ve molam ako mozete da mi davate nekoj kordinati  .....


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2008 at 17:57
41°59'7.78"N  21°27'54.26"E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jan-2009 at 11:57
Овие уште спијат, ваљда сега тераат и зимски сон... Sleepy
Додуша од последниот апдејт пред нешто повеќе од два месеци има некаков напредок, но тотално занемарлив!

1


2



Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jan-2009 at 12:02
Има ли гаражи во катните гаражи?

ВО АЕРОДРОМ ТЕМЕЛ И НИШТО ДРУГО

Уште во април почна да се гради катната гаража до трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром, но од неа не е направен ниту еден кат. Надлежните од градежната фирма „Илинден“, која е инвеститор на објектот, поради презафатеност не беа во можност да одговорат зошто градежните работи се одвиваат толку бавно или воопшто не се одвиваат во некои периоди.

„Илинден“ го доби земјиштето со површина од 2.240 квадратни метри на закуп од државата за 40 години и за тоа се обврза да плаќа по 1.950 денари за квадрат годишно или по околу 71 илјада евра. Според проектот, гаражата треба да има по четири нивоа под и над земја и да се изгради за две години. Фирмата за малку ќе го загубеше земјиштето бидејќи услов за закупот беше во рок од една година од потпишувањето на договорот да обезбедат градежна дозвола, а потоа во наредните шест месеци да ја почне изградбата. Општината Аеродром прво одби да издаде градежна дозвола, затоа што во проектот што го доставиле од „Илинден“ имало повеќе деловен простор отколку што било дозволено со деталниот урбанистички план. Откако фирмата го смени и го приспособи проектот, ја доби дозволата само неколку дена пред да истече рокот.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=297&top=1&ArticleID=16298


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jan-2009 at 12:16
Условите за инвестирање се доста неповолни! У строг центар на Скопје се продава земјиште за трајно, а овдека на 40 години што ми нема логика! И киријата е доста скапа. 40 години x 71 илљади евра = 2 840 000 евра. Сепак не знаеме што ќе се случи у наредните години за толку проста да изгледа рачуницата, ама ја ипак не би инвестирал под овие услови. Пред се поради годишната кирија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Feb-2009 at 17:49
1.


2.


3.




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Feb-2009 at 18:22


Го дочекавме и тој ден...


Само да не запне повторно работава некаде уз пат.


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Mar-2009 at 22:58
тука се работи ама многу полека, на градилиштето денес имаше 2/3 работници од кои еден работи на екскаваторот, си копкаат нешто ама нема буквлно никаква промена од последните слики на ла линеа (за џабе сликав Roll%20eyes)



Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Apr-2009 at 16:19





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-May-2009 at 21:54
1


2


3



Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-May-2009 at 11:25
БАВНО СЕ ГРАДИ ОБЈЕКТОТ КАЈ ТЦ „БИСЕР“
Место катна гаража зјае ископана дупка

Ограден простор и ископана дупка е единственото нешто што е направено во изминатава година на просторот меѓу ТЦ „ Бисер“ и „Мекдоналдс“, каде што беше најавено дека ќе се гради катна гаража. Градежната фирма „Илинден“, која е задолжена за изградбата, само ја загради локацијата и почна со ископувањето и оттогаш работите стојат во место, иако за девет месеци изминува рокот кога објектот треба да биде во функција. Предвидено беше пред да почнат градежните активности, „Илинден“ да изврши дислокација на подземната инфраструктура, но дали воопшто почнале да работат на тоа не успеавме да добиеме одговор од надлежните во фирмата. Граѓаните што живеат во околните згради каде што треба да се гради објектот се сомневаат дека воопшто ќе се подигне катната гаража на која се противеа во почетокот. - Кога се најави изградбата се противевме оти се плашевме како ќе живееме покрај бучавата што би ја создавале возилата. Сега, откако помина повеќе од една година, а работите околу нејзината изградба не се помрднуваат, скептици сме кога и дали ќе биде завршена изградбата на објектот “ вели Лилјана, која живее во една од зградите во близина на ТЦ „ Бисер“. Таа смета дека и покрај тоа што од Општина Аеродром ја уредувале околината и зеленилото околу нивните згради, сепак поставената ограда и огромната дупка што се гледа од терасите на трговскиот центар и од нивните домови, го нагрдува просторот. Од Општина Аеродром велат дека и покрај тоа што сето ова се случува на нивна територија, сепак немаат никакви ингеренции да издејствуваат кај градежната фирма „ Илинден“ да се забрза целиот процес на изградба. - И покрај доцнењето се надеваме дека катната гаража наскоро ќе биде изградена со што ќе се реши проблемот со паркирањето на возилата околу трговскиот центар “ велат од одделението за односи со јавноста на Аеродром. Парцелата каде што треба да се наоѓа гаражата, „Илинден“ ја зема под закуп на 40 години од Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање. Годишниот закуп чини 71.411 евра, а беше планирано објектот целосно да биде изграден во рок од две години, а во него ќе има простор за паркирање на 208 возила. Градежна парцела зафаќа површина од 2.240 квадратни метри, а површината на која ќе се гради објектот изнесува 1.050 квадратни метри. Гаражата ќе има три нивоа и ќе биде висока 10 метри. Со катната гаража се очекува да се ублажи проблемот со недостигот од простор за паркирање околу ТЦ „Бисер“. - Инвеститорот има рок од две години за изградба на предвидениот објект. Сепак, поради тоа што значително доцнат со изградбата немаме информации дали ќе завршат со реализацијата на проектот во предвидениот рок “ велат од Министерството за транспорт и врски.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1715&ArticleID=114590


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jun-2009 at 22:45
Овие ептен се влечат



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 19-Jun-2009 at 22:53
Многу е комплициран проектов , ко лавиринт е затоа многу бавно се гради , абе ајде смешки во боја , ова се прави за 4-5 месеци , утре ке поставам слики од една зграда во Гевгелија што се гради да видите за 1 ипол месец што се направи.


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Jun-2009 at 23:49
аман бе, таман сакав апдејт да направам, секогаш ме претркувате Roll%20eyes LOL
инаку добро е што волку напреднале, но сега карабината би требало да оди побрзо, претходно копаа и правеа некакви инсталации, цевки и ствари

инаку, ја сакав за кранот апдејт Smile


Posted By: maestro
Date Posted: 04-Jul-2009 at 15:17
Еве слики од пред саат време од Бисер. Малку мрднале.

http://img31.imageshack.us/i/dsc00150o.jpg/"> http://g.imageshack.us/img31/dsc00150o.jpg/1/">


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jul-2009 at 18:06
Кој беше изведувач/инвеститор? Snail Brigade AD Skopje?

Иначе дечки доколку нема некоја посебна потреба сликите да бидат големи, гледајте постирајте ги смалени до некоја разумна резолуција (800х600, 1024х768 и слични) - многу попрактично ем за гледање ем за вчитување. Може да се смалат практично со секој програм за гледање и едитирање на слики. Може да се смалат и директно каде што се хостираат, како на пример на photobucket.com

А кога сум кај photobucket, топло ви го препорачувам пред imageshack. На imageshack постојано има некои технички проблеми и со време премногу слики исчезнуваат неповратно. На photobucket има и ред други предности.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Aug-2009 at 18:14
1


2



Posted By: igorius
Date Posted: 26-Aug-2009 at 23:41
Eve i jas sliknav nesto vcera





Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Aug-2009 at 14:56
01.


02.


03.



Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Sep-2009 at 16:42
Од денес






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Oct-2009 at 15:09
После сите перипетии, карабината конечно привршува

1


2


3


4



Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Oct-2009 at 15:16
Од она што на рендерите се гледа е дека во она што личи на подкровје горе се всушност два ката внатре, така да карабината треба да има уште еден кат, освен доколку последната плоша биде монтажна, ама не ми се верува дека ќе остаат толкав број возила да висат на некое желкезо на последен кат.


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Nov-2009 at 18:22
1.


2.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Nov-2009 at 18:28
Требаше на време уште пред да се гради Бисер да се обмислат објективе поубаво и да се испланира некој мосто меѓу двата објекта. Сега вака да речеме се паркирам на втори кат во катнава гаража па се симнувам и идам до Бисер па се качувам горе кај што имам некоја работа. Не дека и сега неможе, ваљда не е преголема должината и вероватно може да се склопи некој монтажен премин или евентуално да се изгради во цврста градба. Ако има можност мислам дека и ќе има заинтересираност и кај инвеститорот на објектов и кај соптсвениците на Бисер.

Колку што може да се заклучи според ГЕ, се работи за околу 10-тина метри.


Posted By: Stefano
Date Posted: 15-Nov-2009 at 10:31
Ја подржувам идејата на lslcrew и мислам дека ќе даде дополнителна вредност на двата објекти. (lslcrew една мала забелешка во повеќето твои постови користиш сленг, да не кажам србизми...и без нив многу добри ќе ти бидат поентите, се надевам нема да замериш за забелешката)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Nov-2009 at 10:33
Фала на забелешката!


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Nov-2009 at 11:48
Подршка од мене и за идејата на ЛСЛ и за забелешката на Стефано Cheers


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Dec-2009 at 23:26
еве од друг агол, малку лоша слика, ама барем да ја имаме Big%20smile



Posted By: Cibi
Date Posted: 02-Dec-2009 at 18:19
si slikal denovive , a denovive imavme magla taka da prosteno ti e. Thumbs%20UpThumbs%20UpThumbs%20Up


Posted By: KamaZ
Date Posted: 03-Dec-2009 at 16:50
Луѓе ова стварно ќе биде катна гаража )) Јас поминувам секој ден покрај неа и денес забележав дека на крај на плочите ставаат метална ограда. У превод ... не е ѕид )) значи тоа стварно ќе биде отворено паркиралиште барем на 1ви и 2ри спрат


Posted By: damjanh
Date Posted: 13-Dec-2009 at 20:08


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Dec-2009 at 20:47
Уу далеку подобар рендер, а колку што гледам го тргнале и базенчето, што е добра работа со оглед на тоа како ги одржуваме ние постојните „фонтани“ во центарот..

Дамјанх, имаш ли ти лично некаква врска со проектов?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Dec-2009 at 21:54
ааа не ги гледам. До мене е, ама ако може помош


Posted By: La Linea
Date Posted: 13-Dec-2009 at 22:14
Originally posted by FoSsiL

ааа не ги гледам. До мене е, ама ако може помош


Сега?








-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Zoc
Date Posted: 13-Dec-2009 at 23:58
Одличен рендер Thumbs%20Up


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Dec-2009 at 00:08
А покривот нема да се користи за паркирање? Бидејќи изгледа совршен за тоа, а приод не гледам...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Zoc
Date Posted: 14-Dec-2009 at 00:35
Originally posted by гитардемон

А покривот нема да се користи за паркирање? Бидејќи изгледа совршен за тоа, а приод не гледам...


Па и јас тоа го гледав ....хм ...можеби ќе биде хелиодром Big%20smile


Posted By: gorco
Date Posted: 14-Dec-2009 at 00:55
Чим го гради ИЛИНДЕН - не би требало да е многу различно од планираното.

До сега скоро се што напраиле се прва лига.


-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Dec-2009 at 02:51
Освен ако она горе е некаков лифт за возила, но не гледам причина да има лифт кога има совршено доволно место за нормален приод.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Dec-2009 at 06:57
А може би целосно е пристапот со лифт во цела гаража, пошто ионака не гледам нагиби. А ваљда не ги сместиле у сред зграда?!


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 14-Dec-2009 at 22:34
Има рампи, се забележуваат во фотографиите од изградбата на објектов, во внатрешноста се...

И мене малце ме буни покривот, односно последното ниво.... зошто има нагиб како мансарден кров, кога има фин рамен покрив, зошто е делумно засткалено а не целосно (или воопшто незастаклено), и зошто е со поголема висина од останатите нивоа? Поголемата висина на нивото автоматски ја искључува рампата како опција за пристапување на покривот, што го прави последното ниво уште почудно....


Posted By: blejdsk
Date Posted: 15-Dec-2009 at 00:20
ЧЕСТИТАМ ; ПРВАТА КАТНА ГАРАЖА ЈА ДОБИВМЕ ВО МАКЕДОНИЈА !

-------------





Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Dec-2009 at 00:29
Само да те поправам дека првата катна гаража во Македонија е во Global, Струмица

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=340&PID=13638#13638


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 15-Dec-2009 at 01:36
А втората Зебра на Тинекс во Капиштец


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Dec-2009 at 01:47
Ако веќе ја броиме Зебра, зошто да не и City Plaza / NLB 
Уште не проработела и од надвор ужасно личи на деловен простор, ама барем на хартија беше втора... 

Ама доколку не дочекаме некакво непријатно изненадување во врска со деловниот простор во склоп на гаражава кај Бисер, би рекол дека blejdsk е во право - ова е првата вистинска катна гаража која примарно е токму тоа.


Posted By: gorco
Date Posted: 15-Dec-2009 at 08:38
Originally posted by UrbanFreak

А втората Зебра на Тинекс во Капиштец


Да те потсетам дека Зебра е објект кои има катна за гаража за потребите на целиот објект Зебра.

Супермаркет
Хотел
Деловни простории

Наполна разлика од овој... во секој случај. А ќе имаме многу како "Катни гаражи" како Зебра да


-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Dec-2009 at 11:48
А брзо ја кренаа, мислам без она копање и темели, кое беше премногу неоптимистичко.


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Dec-2009 at 15:45
Originally posted by La Linea

Само да те поправам дека првата катна гаража во Македонија е во Global, Струмица

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=340&PID=13638#13638
најверојатно мислеше на катна гаража како индивидуална Big%20smile

инаку очекувајте наскоро апдејти од мене, прилично ми е блиску


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2009 at 11:14
01.


02.


03.


04.


05.


06.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Dec-2009 at 19:41
Оградата на рендерот изгледаше некако поубаво, иако е очигледно дека е истата. Сега во живо личи некако... ефтино.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.



Print Page | Close Window