Print Page | Close Window

Меморијален центар на холокаустот

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=249
Printed Date: 16-Apr-2024 at 13:43


Topic: Меморијален центар на холокаустот
Posted By: pbanks
Subject: Меморијален центар на холокаустот
Date Posted: 13-Nov-2007 at 00:19

Центарот на холокаустот бавно се гради поради ентериерот

Музејот ќе претстави артефакти за животот на Евреите во Македонија собрани од целиот свет


Зградата на Меморијалниот центар сега е во состојба на карабина, а отворањето на 11 март идната година е одложено

САЊА НАУМОВСКА

Координативно тело од стручњаци од повеќе држави, заедно со работната група составена од членови на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и стручњаци од Музејот на Македонија, државниот Архив и Музејот на национална историја ќе работат на осмислување на ентериерот и музејската поставка во музејот во рамките на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите. Меморијалниот центар досега е изграден до позиција на карабина и се очекуваат конечните решенија за ентериерот од што понатаму ќе зависи доработката на осветлението, инсталациите за загревање и ладење, како и други елементи на внатрешноста.

Тоа е една од причините за одложување на најавеното отворање закажано за 11 март идната година на 65-годишнината од депортацијата на над 7.000 Евреи од Македонија во логорот „Треблинка“ во Полска. Меморијалниот центар ќе биде четврти во светот по Берлин, Ерусалим и Вашингтон.

Како што нагласуваат во Управниот одбор на фондот, активно се работи и на пронаоѓање и прибирање артефакти кои го одбележуваат животот и прогонот врз Евреите од Македонија и кои треба да бидат изложени во музејот. Отворањето, веројатно, ќе се случи идната година, но малку подоцна од предвидениот термин.

Пред продолжувањето со изградбата треба да се решат и проблемите со новиот Детален урбанистички план за „Малиот ринг“, донесен неодамна, со што се менува дел од проектот за влезниот дел на музејот, кој сега, според новото решение, треба да биде врзан со сообраќајница. За локацијата на влезот има и имотно-правни проблеми.

Во Фондот велат дека станува збор за надминување на финансиските проблеми за да се обезбеди навремена реализација на Меморијалниот центар, бидејќи во тек се постапки за денационализација на еврејски имоти без наследници од кои се финансира фондот.

„Објектот е речиси готов и во моментов се работи на решенијата за ентериерот и музејската поставка. Бидејќи сакаме музејот целосно и најдобро да го претстави живеењето на Евреите во Македонија и нивниот прогон, на осмислувањето работат повеќе наши, а од скоро и стручњаци од странство“, вели Лилјана Мизрахи, претседател на Управниот одбор на фондот. Таа нагласува дека Фондот неодамна склучил договор со Факултетот за драмски уметности млади режисери да ги снимаат сведоштвата на преостанатите преживеани од холокаустот, кои понатаму ќе служат за истражувања, а и ќе можат да се прикажуваат на видеобимови во музејот.

Според проектот, Меморијалниот центар е поделен на четири функционални делови кои се врзуваат за случувањата што претходеле на депортацијата на Евреите во Треблинка. Неговата локација е во старото Еврејско Маало, на почетокот на Старата чаршија, заради што и асоцира на заедништво и соживот.

Во првиот дел ќе има постојана изложбена поставка како вовед во настаните, а на еден ѕид ќе бидат испишани имињата на сите кои заминале и не се вратиле. Во еден дел, според замислите на ентериеристите, ќе се сместат и компјутери со база на податоци во кои посетителите ќе можат да пребаруваат за информации што ги интересираат. Во вториот дел ќе бидат презентирани делови од историјата и културата на Евреите, а третиот дел има простор за истражувања, наука и едукација.

Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DB093E4D9862A4492973984DCDBCE83 - Утрински весник




Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Dec-2007 at 18:37
Чудна вест поврзана со Еврејскиот меморијален центар. Овдека се споменува отварање на објектот во Март 2008 Question

Во ред тоа беше оригиналниот рок кога почнуваше изградбата на објектот пред некоја година. Но последнава година скоро да не мрднаа работите така да претпоставив дека е логично отварањето да се помести за Март 2009.

Доколку има нешто точно во објавава, не ми е јасно како мислат да завршат све за 3 месеци.

НА ОТВОРАЊЕТО НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ ВО СКОПЈЕ
Саркози доаѓа во Македонија?

Цветин Чилиманов

Еврејската заедница на Македонија и македонската дипломатија работат со цел да го донесат францускиот претседател Никола Саркози во Македонија, на 11 март 2008 година, кога во Скопје ќе се одбележат 65 години од погромот на македонските Евреи.
Саркози, чија мајка Андре Мала потекнува од еврејската заедница во Солун, би требало да биде најзначајниот гостин на одбележувањето на годишнината од Холокаустот. Се очекува до тогаш да биде готов и меморијалниот центар на Холокаустот, кој се гради во подножјето на Калето, во некогашното еврејско маало во Скопје.
Од еврејската заедница во Скопје не сакаа да потврдат дали се очекува посета на Саркози.
- Се уште е рано да се зборува за имиња. Се уште не се испратени ниту поканите - изјави генералниот секретар Жаклина Мучева.
Дознаваме дека покрај Саркози, се прават напори во Скопје да дојде и рабинот Ендрју Бејкер, директор во Американскиот еврејски комитет, кој е задолжен за одржување на односите на комитетот со разните еврејски заедници во светот. Се работи за водечки експерт за антисемитизам и за уништувањето на Евреите за време на Втората светска војна. Неговиот комитет неодамна се заложи за укинување на американските визи за низа источноевропски земји, меѓу кои и Македонија. Како една од главните причини зошто комитетот на Бејкер се залага за Македонија е наведена изградбата на меморијалниот центар во Скопје.
Одбележувањето ќе се организира во спомен на околу 7.000 Евреи од Скопје, Битола, Штип и од другите градови во Македонија, кои во март 1943 година биле собрани од бугарските власти и испратени во смрт во фашистичкиот логор Треблинка. Меморијалниот центар во Скопје ќе биде еден од низата вакви институции низ светот, од кои најпознати се центрите во Ерусалим, Берлин и Вашингтон. Се прават напори зградата да биде готова на време за одбележувањето на годишнината од погромот на македонските Евреи.
Доаѓањето на претседателот Саркози во Скопје е интересно бидејќи нецел месец подоцна се одржува самитот на НАТО во Букурешт, на кој Македонија очекува покана за членство во НАТО, но и стравува од грчко вето на поканата. Од европските земји, Франција досега најгласно застана на страна на Грците, со изјавата на францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер дадена при средбата со грчката колешка Дора Бакојани, дека Франција ќе ја поддржи Грција во спорот.

Солунската врска

Саркози потекнува од Солун, каде што неговиот дедо Бенедикт (Арон) Мала живеел до 14 година. Бенедикт Мала се преселил во Франција во 1904 година, каде студирал и станал познат париски лекар. Неговата ќерка Андре Мала се омажила со унгарскиот благородник Пал Саркози, кој побегнал во Франција пред налетот на руските комунисти во Унгарија и со него го добила Никола Саркози. Семејството Мала загубило вкупно 57 члена во Холокаустот.
Еврејската заедница во Солун била преполовена со големиот пожар предизвикан од француската војска за време на Првата светска војна, во 1917 година. Во 1922 година, по поразот во Мала Азија и протерувањето на тамошните Грци, грчките власти го преполниле Солун и другите градови од Егејска Македонија со грчки бегалци. Последниот удар на еврејската заедница во Солун & бил зададен истовремено со уништувањето на еврејската заедница во Македонија. Солунските Евреи биле одведени на 15 март 1943 година, со железнички композиции до логорите на смртта Аушвиц и Биркенау, а само малкумина преживеале.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1291&ArticleID=82963 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1291&ArticleID=82963


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2007 at 18:43


Dunno


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Dec-2007 at 18:59
Статијава е полна со глупости и не вреди да се размислува околу неа. ПА поканата сеуште не е ни испратена!

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 30-Dec-2007 at 23:14
Подобро да не ја испраќаат... и онака нема да има отварање оваа година, џабе ќе се изрезилиме. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 00:01
еве нешто поконкретно за овој проект Cheers

Владата ќе одвои 17 милиони евра за Музејот на холокаустот

Американскиот еврејски комитет и' оддаде признание на Владата за враќањето на имотите без наследници

САЊА НАУМОВСКА

Владата на Македонија ќе одвои 17 милиони евра за доизградба на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје. Владиниот портпарол Ивица Боцевски вчера ја потврди информацијата, а деталите кога и како ќе биде реализирана донацијата ќе бидат познати наскоро.

Според информациите од Американскиот еврејски комитет (АЕК), договорот за финансирање на изградбата на Меморијалниот центар бил постигнат на средбите на рабинот Ендрју Бејкер со претставниците на Владата на Светската конференција за меѓурелигиски дијалог, која во октомври се одржа во Охрид.

Претставници на американскиот комитет и на македонската еврејска заедница минатиот месец се сретнале и со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.

АЕК и' оддава признание на македонската Влада и за начинот на решавање на враќањето на имотите на Евреите што немаат наследници. Македонија овој проблем го реши во 2002 година со измени на Законот за денационализација, со кои беше дозволено враќање имоти што останале без наследник. Благодарение на тоа, Фондот за изградба на Музејот на холокаустот стана сопственик на имоти на стотици семејства кои не ја преживеаја Втората светска војна.

На овие имоти во тек е изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот, кој ќе ја одбележува трагичната судбина на над 7.000 Евреи од Македонија, кои го завршија својот живот во нацистичките логори. „Овој историски договор ќе затвори едно болно поглавје во историјата на еврејската заедница во Македонија“, истакнува рабинот Бејкер.

Како што соопштуваат од комитетот, парите ќе бидат наменети за довршување на објектот и за почетокот на неговото работење. Меморијалниот центар, сместен во центарот на Скопје, ќе биде музеј кој ќе ја раскаже приказната на македонските Евреи и ќе обезбеди простор за културни програми.

Меморијалниот центар е изграден до позиција на карабина, во очекување на конечните решенија за ентериерот, од што понатаму ќе зависи доработката на други елементи на внатрешноста. Активно се работи и на пронаоѓање и прибирање на артефактите кои ги обележуваат животот и прогонот на Евреите од Македонија и кои треба да бидат изложени во музејот.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C6CE2AA72935A4D91DFE92E8AA9316E - Утрински весник


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Jan-2008 at 02:33
17 милиони евра? Тоа не е премногу?!

Инаку добар дипломатски потег, сите знаеме кој го врти светот...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 02:39


јас мислам дека нешто побркале новинарите како и обично. За 17 милиони евра се прават чуда а објектот е веќе во фаза на карабина. И да сака човек нема каде да ги потроши тие пари. Веројатно се работи за 17 милиони денари.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jan-2008 at 04:25
Originally posted by La Linea

17 милиони евра? Тоа не е премногу?!


Originally posted by pbanks


јас мислам дека нешто побркале новинарите како и обично. За 17 милиони евра се прават чуда а објектот е веќе во фаза на карабина. И да сака човек нема каде да ги потроши тие пари. Веројатно се работи за 17 милиони денари.


Тоа ќе да е...



Posted By: vardar
Date Posted: 07-Mar-2008 at 04:05
Свесен сум дека е малку касно, но дали е ова најдоброто место за вакво нешто? Но уште поважно прашање е како ќе изгледа центарот? И како ќе се вклопи со музејот на вмро и обновата на театарот?
 

НЕРЕШЕНИ ИМОТНО-ПРАВНИ ОДНОСИ ЈА ЗАКОЧИЈА ИЗГРАДБАТА

Центарот на холокаустот готов до јануари

Според најавите, објектот ќе има маркантна фасада и ќе претставува украс на градот

И овој 11 март, кога Еврејската заедница ќе ја одбележи 65-годишнина од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка, Меморијалниот центар на холокаустот нема да биде довршен. Причината за одолжувањето на изградбата на музејот се нерешени имотно-правни односи. - Изградбата на овој монументален објект е попречена од определени нерешени имотно-правни работи, но во интерес на постапката не би сакал понатаму да прецизирам - вели Панде Лазаревски, потпретседател на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија. Тој се надева дека наскоро овој проблем ќе биде надминат и дека понатамошната изградба ќе тече според предвидената динамика. Објектот треба да биде готов до крајот на оваа или на почетокот на наредната година. - Засега овој објект е изграден до карабина, а архитектонското решение за внатрешното уредување е завршено. Во врска со архивските материјали и податоци, веќе се воспоставени контакти со меморијалните центри во Израел, Вашингтон и во Берлин, а остварена е и комуникација со други релевантни институции - вели Лазаревски и додава дека Владата цврсто стои зад што поскорото завршување на овој објект. Меморијалниот центар на холокаустот ќе се состои од музејски дел - во кој ќе има постојана музејска поставка и арт-центар - со артефакти што ќе зборуваат за животот на Евреите на Балканот, со посебен акцент на нивната депортација.

- Центарот ќе има и истражувачки оддел, каде што ќе се истражува животот, соживотот и интеракцијата на еврејската заедница со другите етнички, културни и верски заедници. Овој оддел ќе има цел да предупредува на опасностите што ги носат нетрпеливоста и антисемитизмот, ќе учи на толеранција и ќе придонесува во градењето на мултиетничкото општество - истакна Лазаревски.

Меморијалниот центар ќе се состои и од подземен дел од 5.500 квадратни метри, каде што ќе биде сместен паркинг-простор со капацитет за околу 120 возила. Објектот ќе има маркантна фасада и, според најавите, ќе биде украс на Скопје.  Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година полицијата на тогашната фашистичка влада на Бугарија уапси 7.200 македонски Евреи, односно 98 проценти од вкупната еврејска популација. Тие биле одведени во објектот на денешниот Тутунски комбинат, а по неколку дена биле натискани во сточни вагони и транспортирани во логорот на смртта Треблинка. Околу два процента од Евреите во Македонија ја избегнале депортацијата зашто биле во НОБ или успеале да се скријат. Сите 7.200 убиени македонски Евреи биле евидентирани. Списоците со податоците за секој од нив МАНУ ги објави во зборник во 1984 година.

Годишнината ќе се одбележи со цвеќе и со промоции

Еврејската заедница со повеќе активности ќе ја одбележи 65-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка. Чествувањето ќе почне во понеделник, 10 март, кога делегации ќе ги посетат Битола и Штип и ќе положат цвеќе на спомениците на депортираните Евреи. Во Штип ќе биде промовирана книгата „Исак Сион“, а во Битола ќе биде отворена изложба на експонати, фотографии и предмети од животот на Евреите во тогашна Битола.  Централната манифестација ќе се одржи во Скопје на 11 март, кога ќе биде положено цвеќе на спомениците во кругот на Тутунскиот комбинат и на гробиштата Бутел, каде што ќе биде одржана и молитва за мртвите - кадиш. Во МОБ ќе се одржи комеморативен концерт, на кој ќе настапи камерен хор. На 12 март свечено ќе биде отворен новиот објект на Фондот на холокаустот на улицата Самуилова, пред црквата „Свети Спас“, а потоа на Матка ќе бидат засадени 7.200 дрвца во спомен на жртвите. Одбележувањето ќе заврши на 13 март, кога во МАНУ ќе бидат врачени наградите за средношколци што ги доделува Фондацијата „11 Март“.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=276C42A5DDB47A4BAE1AFEE1A8BB4CF2 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=276C42A5DDB47A4BAE1AFEE1A8BB4CF2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Mar-2008 at 17:59
Прашањата ти се на место, но мислам дека одделно гледано е ОК. Нешто што највеќе може тамо да усере е музејот „Македонска Борба“... Одамна чекаме да видиме кој е победничкиот проект, па да можеме да коментираме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Mar-2008 at 23:35
Originally posted by vardar

Свесен сум дека е малку касно, но дали е ова најдоброто место за вакво нешто? Но уште поважно прашање е како ќе изгледа центарот? И како ќе се вклопи со музејот на вмро и обновата на театарот?


Вадар мислам дека прашањето ти е обратно поставено треба да се прашаме дали Музејот на ВМРО и театарот одговараат со Еврејскиот центар. Мислам дека локацијата е добра, рендерот на проектот не ме одушевува но мислам дека ќе искочи добро во живо.

Динамиката на градба на театарот и развлекувањето на другите проекти ми дава надеж дека можеби ќе се спасиме од унаказување на центарот. Сепак да го почекаме април за кога е закажан стар на филхармонијата, мајка тереза и музејот на вмро Wallbash


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Mar-2008 at 23:58
пбанкс, па тогаш и твоето прашање е погрешно поставено, треба да се прашаме како ќе игледа сето тоа во целина Poke Clown(шала). Сакав да кажам како тие три објекти ( а и целиот тој простор) ќе изгледаат, не дека не треба да се гради еврејскиот центар, туку да има некаква согласност, вака еден проект е реновирање на стара зграда, а другиве две се нови и којзнае како ќе изгледаат, можеби ќе бидат убави одделно, мене ми беше прашањето како ќе изгледа се заедно, во право си можеби треба театарот треба да се стави на друго место и да биде таму дел само со современа архитектура Dunno
рендерот на проектот не ме одушевува но мислам дека ќе искочи добро во живо.
Ај те молам пушти некоја слика ако имаш


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2008 at 00:04


Муабетот ми беше дека Еврејскиот центар се планира некаде од 1995та а овие другиве се новокомпонирани проекти. Меѓу другото затоа му давам на него и предност а против другите два проекта сум против и од повеќе различни други причини.

Но се слагам, треба да се уклопи сето тоа како урбана целина само што како што стојат работите ќе биде едно шаренило на "стилови" кое нема да личи на ништо (за жал).

Еве ти рендер од Еврејскиот центар Cheers




Posted By: vardar
Date Posted: 08-Mar-2008 at 00:30

Леле незнам што да кажам, тој дел на градот така празен не личеше на ништо  а сега ќе биде целосно трансформиран, само незнам дали ќе биде подобро или полошо. Рендеров не ми се допаѓа, очекував нешто повпечатливо/провокативно со оглед дека е музеј за едно од најголемите зла, нешто што ќе те натера да застанеш и да размислуваш.....  ја изгледа забегав малце



Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2008 at 00:32


Се сложувам рендеров е просечен, но сепак не го сметам како некакво зло за разлика од она што го слушам за музејот на ВМРО и за низа други објекти по центаров на чело со планираната црква секако за која не ми ни треба рендер за да ми биде згадена.


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Mar-2008 at 00:49

За жал има еден куп објекти што се градат или се во план да се градат во ЦЕНТАРОТ НА ГЛАВНИОТ ГРАД а се најголем кичерај, За црквата подобро да не почнам  Puke , офицерски со куполи, вакви онакви стакла (и омилените комбинации од 2-3 различни автори) нова нардона банка наводно инспирирана од старата Confused, секој има различно мислење како треба да изгледа еден град, кој стил итн...лично единствен нов објект од центарот кој стварно ми се допаѓа е новата филхармонија.



Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2008 at 00:53


Мислењето комплетно ни се совпаѓа. Само филхармонијата треба да се гради ако јас се прашувам. Thumbs%20UpCheers


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Mar-2008 at 00:55
Cheers


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Mar-2008 at 01:00
Само штета што не е на повидливо место


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2008 at 01:09
Originally posted by vardar

Само штета што не е на повидливо место


Зашто супер е местото, отворено кон реката плус баш таму ќе биде новиот пешачки мост накај Кеј 13 Ноември. Мислам дека е сосема на место.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 09-Mar-2008 at 23:17

Околу локацијата на Музејот на Холокаустот, сепак немојте да заборавите дека токму на таа локација се наоѓало старото скопско Еврејско Маало и еврејската синагога. Со денационализацијата тоа земјиште му припадна на фондот на Холокаустот.



Posted By: Cibi
Date Posted: 06-Jun-2008 at 16:09
veke dolgo vreme se odovlekuva ovoj proekt.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jun-2008 at 16:20


Ова за жал важи за најголем број од проектите во Македонија. Разгледај само по форумов, колку од проектите што ги пратиме се иста приказна.

Unhappy


Posted By: shyes
Date Posted: 07-Jun-2008 at 05:41
Малку ми е чудно зошто толку многу од вас сте против градењето на стариот театар? DunnoQuestionLaugh
Исто така јас си мислам дека добро ќе се вклопат двата објекти, специално ако центарот на холокастот е изграден со повеќе детали на фасадата на објектот со споредба на рендерот.






Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2008 at 08:41
Тазе....



Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Jun-2008 at 08:54
Не ми е јасно зошто волку заглави овој проект. Нели и владата дотираше некои средства пред пола година некаде?

Исто така кога ќе се мафне онаа куќарка пред музејот... Пак некоја стока комплицира осеќам.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jun-2008 at 02:01

Ќе се премести Спомен-обележјето на Евреите

Министерството за култура побарало Општина Центар да го премести Спомен-обележјето на Евреите на Република Македонија, бидејќи е на местото каде што почна изградбата на Музејот на ВМРО и на жртвите на комунизмот. Според одредбите на Законот за заштитата на културното наследство, недвижното културно наследство може да се премести само ако заради изградба на објект од јавен интерес не е можно да се зачувува на местото на кое се наоѓа.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DD021E68175AF54BAA56C895ADBF7492



Posted By: evolutionary
Date Posted: 29-Jun-2008 at 03:22
Dali nekoj bi mozel da mi kaze dali Evrejskoto malo se pruzalo i na zemjisteto kade sega se gradi kompleksot muzeji Makedonska Borba? Se posomnevav vo toa bidejki kako sto procitav tamu bil postaven spomenikot na zrtvite na holokaustot sto sega ke go premestuvaat vo kompleksot-ne veruvam deka bil postaven na mesto koe nema nekoj znacaj za skopskite Evrei.
Pozdrav


-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Jun-2008 at 10:25
Previous
Дури и стариот театар се наоѓал во еврејското маало. На местото на музејот на ВМРО се наоѓаше еден мал споменик на еврејските жртви. Тука некаде се наоѓала и синагогата која е срушена после земјотресот, и старата Еврејска заедница. Околу музејот на Холокаустот, тој не го гради Еврејската Заедница. Тоа беше должност на државата и нема македонски политичар кој не го ветил тоа и на американските еврејски заедници и на Израел. На крај се формираше фондација, во која учествуваат владини претставници и членови на Еврејската Заедница кои што требаа од парите собрани од денационализацијата на имотите на Евреите без легални наследници (над 7200 македонски евреи се убиени во Треблинка, искоренети се цели фамилии засекогаш) да се финансира изградбата. Според мои информацвии владата доцни со расчистување на дел од тие национализирани имоти, а се водат и доста спорови, бидјќи голем дел од тие имоти подоцна биле запоседнати нелегално, било од поедицни, било од институции.


Posted By: evolutionary
Date Posted: 29-Jun-2008 at 16:19
Blagodaram za odgovorot. Jas na pocetokot na izgradbata na objektov imav informacija deka se raboti za projekt pretezno finansiran od nekoja megjunarodna evrejska organizacija, a od nekade duri slusnav deka vladata na Izrael e finansijer, no kako sto vremeto odminuvase a gradbata zabavuvase i na kraj, ako ne se lazam, totalno zamre mi zamirisa na nesto kako Grad Skopje, Opstina Centar, Ministerstvo za Kultura, Vlada na RM itn.
Ako nisto, barem ona ruglo od avtobuska vise ne stoi tuka, a za vozvrat dobivme posovremena i na podobra lokacija, dodusa i novata ima nekoi mani vo smisol na dostapnost no bi se nadminale so izgradba na bul. Krusevska Republika (sci-fi za zal).


-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Jul-2008 at 22:25
убаво е што го градат на местото на еврејското маало, тоа ти е добро планирање, да беше идеја на нашиве  ќе го ставеа на плоштад како и се другоBashWallbash
плус може да се совпадне со театарот, иако е модерна градба


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jul-2008 at 10:00
Originally posted by zabegan

убаво е што го градат на местото на еврејското маало, тоа ти е добро планирање, да беше идеја на нашиве  ќе го ставеа на плоштад како и се другоBashWallbash
плус може да се совпадне со театарот, иако е модерна градба


LOL


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Jul-2008 at 23:20
Локацијата на еврејско маало и театарот




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Jul-2008 at 06:17
Wow владимир од каде овој рендер? 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Jul-2008 at 13:42
Почнав пред многу години еден проект со уште неколку луге за виртуелна база на податоци на еврејско мало, сакајки да подоцна го прошириме на цело скопје.

Иначе во случајов направиме две куки во најситни детали и со сите историски податоци на градбата и за самите власници во тоа време.

Но, или тоа беше пред време или како и секогаш немаше заинтересирани за историјата на ова подневје, па затоа во иднина ќе нагаѓаме што и како било.




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2008 at 19:09
Ова никако да мрдне




Posted By: Cibi
Date Posted: 17-Aug-2008 at 22:39
Карабината е готова,али треба уште многу за да биде целосно готова.да се надемаве следното лето дека ќе биде готов овој проект,но не сум преголем оптимист.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2008 at 22:46
Уште од почетокот кога почна да се гради музејот ми беше се уште ми е оправдан. Но сеуште не можам да си разјаснам какви артефакти ќе има во музејот. Што предмети ќе можат да се изложат тука?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2008 at 22:52
Originally posted by Cibi

Карабината е готова
Карабината не е ни од далеку готова, она што го гледаш е само едното крило на објектот, а и тоа веќе одамна стои така.


Originally posted by lslcrew

Но сеуште не можам да си разјаснам какви артефакти ќе има во музејот. Што предмети ќе можат да се изложат тука?!
Па мислам може да се очекува пред се да биде документиран холокаустот, а можеби ќе има и предмети кои биле специфични за еврејската култура, а кои останале сочувани.

Но ова не е само музеј, туку ќе има и други содржини.


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Aug-2008 at 22:56
со каква брзина се движат, и театарот ќе ги стигне

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2008 at 08:51
овдека денеска видов мајстори како работат како за промена... веројатно после година дена комплетна стагнација


Posted By: beTon
Date Posted: 04-Sep-2008 at 09:16

колку што знам дури и во недела почнале да работаат минатава недела беа ептен разгаламени и распеани со градежните активности LOL кој треба комплетно да ја затвори финансиската конструкција владата или еврејската заедница, и кој треба да да сече лента бране или грујо, може се стопираа работите за да не се заврши до следните претседателски догодини, чисто напамет зборам во случајов но друго објаснување негледам на видик, во ваков случај и да ја завршат брзо нема да ја пуштат брзо туку ќе и најдат или некоја подземна вода или уште некое недоденационализирано парче... Bow честа за отварањето ќе ја има следниот претседател доколку има поголема харизма од премиерот!

туку ај некој малку нека ја осветли работава со некоја свежа информација за изведувачот и материјалите кои ги користи...



Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2008 at 09:34


мене живо ме интересираат материјалите кои ќе се користат за фасадата и воопшто нејзиниот изглед. Рендерот е доста штур неможе ништо да се сконта од него.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Sep-2008 at 11:41
Originally posted by beTon

колку што знам дури и во недела почнале да работаат минатава недела беа ептен разгаламени и распеани со градежните активности LOL кој треба комплетно да ја затвори финансиската конструкција владата или еврејската заедница, и кој треба да да сече лента бране или грујо, може се стопираа работите за да не се заврши до следните претседателски догодини, чисто напамет зборам во случајов но друго објаснување негледам на видик, во ваков случај и да ја завршат брзо нема да ја пуштат брзо туку ќе и најдат или некоја подземна вода или уште некое недоденационализирано парче... Bow честа за отварањето ќе ја има следниот претседател доколку има поголема харизма од премиерот!

туку ај некој малку нека ја осветли работава со некоја свежа информација за изведувачот и материјалите кои ги користи...



Прво треба да се расчисти дилемата. Изградбата на Музејот на Холокаустот е заложба на Република Македонија уште во 1995 дадена од Киро Глигоров во Стокхолм на собир организиран од Обединетите Нации за светска борба против антисемитизмот, расизмот и ксенофобијата. Нормално нашите политичари ветуваат се и сешто но немаат појма како тоа да го реализираат и колку тоа чини. Идејата тапкаше во место, а Еврејската заедница во Р.Македонија редовно пред сите големи светски еврејски асоцијации ја истакнуваше големата заложба на Македонија за изградба на таков меморијален центар. На крајот бидејќи ниедна влада не отстапи ни денар за идејата а процесот на денационализација започна, Еврјската Заедница во интерес на проектот направи договор со владата (незнам дали беше владата на Љубчо или после тоа)  да сите национализирани имоти на Евреи кои немаат правни наследници (98% од македоснките евреи се убиени 1943 во Треблинка) а такви се многу, влезат во фондот за изградба на меморијалниот центар, и понатака со тие пари истиот објект се одржува. Во меѓувреме просторот на некогашната синагога и старата еврејска заедница и беше вратен на Еврејската Заедница и таа и го подари на фондацијата за изградба на центарот. Фондацијата е формирана и во неја учестуваат претставници на владата на РМ, претставници од Еврејската Заедница и видни граѓани интелектуалци. Според моите непотврдени информации тековниот застој воопшто не се должи на финансиски потешкоти туку поради фактот што нашата правна држава воопшто не функционира, па дел од денационализираниот имот кој е вратен сеуште неможе да се ослободи од дивоградби и ресторани поставени на диво кој во изминиативе 3-4 години се стекнале на сомнителен начин со градежни дозволи. Проблемот наводно е пред разрешница па затоа и сте ги виделе мајсторите на градилиштето.

Еднаш веќе пишивав погоре на истава нишка околу финансирањето, идејата и сопственоста на проектот. Кој ќе сече лената сметам дека е апсолутно ирелевантно, се додека објектот не се изгради. Целта на ваков објект е да ги едуцира сите за ужасите на холокаустот, да биде центар на зближување на културите и религии и како таков и дава огромна поддршка на Македонија од страна на сите светски еврејкси асоцијации како и поддршка од Израел.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2008 at 11:55
Плоштадот карпошово востание има тенденција да прерасне во центар на културно-уметничките дејности. Театар, музеј, меморијален центар, црква, ќе има доста што да се види. Сите тиа дуќанчиња, коцка место асфалт, комбиња, ја прават најгрдата точка во центарот на градот, делот меѓу булеварот (како се викаше, стоковна куќа), вардар и комерцијална банка. Тој триаголник заслужува посебно внимание и урбанизација веќе еднаш. Инаку за стоковна куќа незнам како се дозволила изградба на такво нешто, јас сум многу против нејзе. Доволно било изградба на убав пешачки мост со ширина колку што сега е цела стоковна.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2008 at 11:59
Originally posted by lslcrew

Плоштадот карпошово востание има тенденција да прерасне во центар на културно-уметничките дејности. Театар, музеј, меморијален центар, црква, ќе има доста што да се види. Сите тиа дуќанчиња, коцка место асфалт, комбиња, ја прават најгрдата точка во центарот на градот, делот меѓу булеварот (како се викаше, стоковна куќа), вардар и комерцијална банка. Тој триаголник заслужува посебно внимание и урбанизација веќе еднаш. Инаку за стоковна куќа незнам како се дозволила изградба на такво нешто, јас сум многу против нејзе. Доволно било изградба на убав пешачки мост со ширина колку што сега е цела стоковна.


Стоковната куќа според мене е еден од подобро вклопените објекти во градот и добра транзиција кон старото јадро. Апсолутно сум про тој објект и драго ми е што Спридер го зема и го реновираше.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2008 at 12:05
Стоковна е премасивна за да виси тамо. Грдо делува. Стилот на објектот симболизира трнзиција меќу новото и старото, ама обејктот е преголем, Ако веќе морало објект треба да се направи нешто симетрично, од двете страни да има продавници, ама многу помали од ова сега, еднокатни, или па да има насредина објект, а од двете страни да има шеталиште со иста ширина. Инаку јас се залагам само за пешачки мост.

пбанкс: офтопиков може да иде кај мал/голем ринг.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2008 at 12:11
Originally posted by lslcrew

Стоковна е премасивна за да виси тамо. Грдо делува. Стилот на објектот симболизира трнзиција меќу новото и старото, ама обејктот е преголем, Ако веќе морало објект треба да се направи нешто симетрично, од двете страни да има продавници, ама многу помали од ова сега, еднокатни, или па да има насредина објект, а од двете страни да има шеталиште со иста ширина. Инаку јас се залагам само за пешачки мост.

пбанкс: офтопиков може да иде кај мал/голем ринг.


па пак не се сложувам. Мали дуќанчиња не се никаква транзиција туку длабок рез. на што ќе личи толку широк пешачки премин со мали дуќанчиња (гледано од булеварот). Или пак потесен премин повторно со мали дуќани? Овака гледано од булеварот објектот делува доста моќно и одлично се вклопува со него а доколку доаѓаш од правец на Карпошово востание немаш никаков прекин кон турската чаршија. Пешачки мост би бил само некаква врска од точка А до точка Б додека вака добиваш чувство на континуитет. Значи воопшто немеаш филинг дека премостуваш некој огромен булевар туку напротив атмосферата на пешачка зона е амбиентот на старата чаршија воопшто не се нарушува.

П.С. Нека иде сеа вака па ќе видиме кај најубаво ќе се вклопи


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2008 at 12:20
Добро кога го праеле, ако толку сакале да се запази некој континуитет зашто го направиле само од едната страна објектот. Зашто веќе не изградиле уште еден објект од десна страна, па да не се гледа булевар. Највеќе тука ми смета несиметричноста и гломазноста. Премногу е три ката трговски, зарем тоа дава континуитет со турска чаршија?! Мостот требало да биде комплетно инспириран од турска чаршија, односно да биде како уличка, немора да биде копија, ама да биде иста како уличка од турска чаршија. Можеби треба да скицирам на што мислам. Но ете и да ја одобрам гломазноста, неможам несиметрија да одобрам. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2008 at 12:26
Originally posted by lslcrew

Добро кога го праеле, ако толку сакале да се запази некој континуитет зашто го направиле само од едната страна објектот. Зашто веќе не изградиле уште еден објект од десна страна, па да не се гледа булевар. Највеќе тука ми смета несиметричноста и гломазноста. Премногу е три ката трговски, зарем тоа дава континуитет со турска чаршија?! Мостот требало да биде комплетно инспириран од турска чаршија, односно да биде како уличка, немора да биде копија, ама да биде иста како уличка од турска чаршија. Можеби треба да скицирам на што мислам. Но ете и да ја одобрам гломазноста, неможам несиметрија да одобрам. 


напротив мостот би било смешно да биде инспириран од турска чаршија бидејќи го гледаш од страна на булеварот. Додека пак кога одиш по мостот апсолутно имаш амбиент компатибилен на турската чаршија. Сеа не викам дека ова е единственото решение и дека можеби некои од твоиве предлози не би излегле добро ако се усвоеле такви на времето. Ама поентата ми е дека објектот си е на место и немам некои особени замерки за него.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2008 at 12:26
copy, малку стилизација во однос на денешното време и paste


Posted By: beTon
Date Posted: 04-Sep-2008 at 12:51
сепак лсл идејата била на ударно место претставување на македонската традиционална архитектура преку градба како стоковната мост во далеку поголеми димензии а вклопена со калето и чаршијата, е сега зошто најприкладното место за музеј а не за стоковна се изјаловило и сега делуваат подобро твоите предлози тоа треба да се прашаат инвентивните градски и републички татковци од минатото, инаку и сега не е касно да се префрли таму музеј на град скопје а музејот да станек куќа на градот- градско собрание...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2008 at 12:59
beton, извини не те разбрав што збориш за музеј на град Скопје. Ако мислиш дека местото му е во стоковна, не му е. Музеј на град Скопје треба да си озтане во стара железничка, ако се реконструира ќе има место и за музеј и за канцеларии.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Sep-2008 at 13:25
Муабетов е премногу офтопик. Предлагам сите овие постови во стара чаршија или воурбанистички планови...


Posted By: kire85
Date Posted: 04-Sep-2008 at 17:37
Originally posted by pbanks

Мали дуќанчиња не се никаква транзиција туку длабок рез. на што ќе личи толку широк пешачки премин со мали дуќанчиња (гледано од булеварот). Или пак потесен премин повторно со мали дуќани? Овака гледано од булеварот објектот делува доста моќно и одлично се вклопува со него а доколку доаѓаш од правец на Карпошово востание немаш никаков прекин кон турската чаршија. Пешачки мост би бил само некаква врска од точка А до точка Б додека вака добиваш чувство на континуитет. Значи воопшто немеаш филинг дека премостуваш некој огромен булевар туку напротив атмосферата на пешачка зона е амбиентот на старата чаршија воопшто не се нарушува.


Apsolutno se slozuvam so tebe....spored moe mislenje i estetski i prostorno 100% se vklopuva. Vo sekoj slucaj milion pati podobro resenie otkolku ednostaven premost so dukjancinja koj bi licel na vlajkoSuicide


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2008 at 17:38
Таман работа бе како влајко!!!


Posted By: twin
Date Posted: 13-Sep-2008 at 23:10
znae li nekoj sto gradat vednas do centarot na holokaustot


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Sep-2008 at 23:16


Па прелистај малку по форумов, одговорот лесно можеше да го најдеш...

Веднаш карши меморијалниов центар се градат музејот „Македонска Борба“ и се обновува стариот театар срушен во земјотресот.

Еве ѕирни го овој пост за подобра орјентација:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=5310#5310 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=5310#5310


Posted By: twin
Date Posted: 18-Sep-2008 at 23:01
a be luge znam za toa ama vednash pozadi zgradata na holokaustot  ovie denovi postavija prva ploca  ili da ne se prikluci ova kon veke postojnata zgrada


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 19-Sep-2008 at 08:31
Previous
Мислам дека тоа е втората зграда од музејот. Поради нерасчистени имотно правни односи тамо беше 1 година стопирана изградбата.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Sep-2008 at 13:40
ааа затоа ли беше заглавен проектов... значи конечно се одглави работава...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Sep-2008 at 12:56
Еве еден рендер набрзинка, кој сака да си шета 3D, нека го симне exe-во http://dnarender.com/images/stories/holocaust_memorial_center.jpg -
http://dnarender.com/images/stories/portfolio/interactive/holocaust_jew_center/Museum.exe - http://dnarender.com/images/stories/portfolio/interactive/holocaust_jew_center/Museum.exe .


Каде каде бољи од предходниот рендер.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Sep-2008 at 12:58


Ова веќе ветува многу Cheers


Posted By: Plugger
Date Posted: 30-Sep-2008 at 15:20
Dobro sea ke bideme vo spisokot na zhidovite.

Ova e golem objekt i golem chest za Makedonskite zhidovi.


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Sep-2008 at 15:53
не е каде каде подобар, мнугу подобар е од другиот шарен рендер, сега вака многу повеќе ми се допаѓа
единствено не ми се допаѓаат челичните столбови (кои не верувам дека се од структурно значење) и големата полукружна „шипка“, некако многу „штрчат“, и мислам дека не би изгледале убаво од друг агол, но тоа е само мое мислење
исто мислам дека стаклата треба да бидат исти ко на рендерот, сини и проѕирни
порано се сомневав дека ќе се совпадне со театарот и музејот, но сега мислам дека сепак ќе биде добро


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: shyes
Date Posted: 30-Sep-2008 at 17:01
Мене тие шипки ми личат ко на тие Еврејските свеќи што се важни во нивната вера. Или можда ќе се употребат за ставање на знамиња.




Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Sep-2008 at 17:36
ако тоа им е симболиката тогаш е добро, и не ми смета толку, но не верувам дека се за знамиња

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 30-Sep-2008 at 20:40
Токму така, шипките се стилизирана Менора (Еврејски свеќник) кој е еврејски верски симбол.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:17
Никаков напредок!



Posted By: mitatos
Date Posted: 19-Oct-2008 at 20:04
Eve edna druga gledna tocka od kale :





-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Oct-2008 at 20:07
Originally posted by lslcrew

Никаков напредок!


Од фотката на mitatos се гледа дека таа ламелата позади напреднала малку... Но сепак темпото е ужасно споро и за нејзе, а за воопшто да не ни зборувам Wallbash


Posted By: mitatos
Date Posted: 19-Oct-2008 at 20:11
Za napredok ima, ali spori se

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Oct-2008 at 21:31
Музеј на Холокаустот
Museum of the Holocaust

Екстериер
Exterior

1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


Ентериер
Interior

1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.



Превземено од DNA Architects.

http://dnarender.com/images/stories/portfolio/interactive/holocaust_jew_center/Museum.exe - http://dnarender.com/


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 15:15


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Dec-2008 at 15:30


Не си успеал да фатиш но сабајле кога поминував имаше работници на објектот и се работеше машки...


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Dec-2008 at 16:59
Треба побрзо да се заврши работата и конечно на овој дел да никне убава градба. Искрено, не знам кога беше полоша ситуацијата, кога беше на ова место автобуската станица или сега кога се е прекопано. 


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 01-Dec-2008 at 18:18
Previousproektot e stvarno dobar i stvarno treba da ja zabrzaat rabotata za da go razubavi toj delLaugh a inace situacijata mislam deka sea e polosa.


Posted By: mitatos
Date Posted: 01-Dec-2008 at 18:47
ja duri sega ja vidov povrzanosta megu ovie 2 objekta )

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Dec-2008 at 22:10
интересен мост ќе има, многу убаво ќе биде, но штета што нема детали за вториот објект


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Dec-2008 at 00:55


Се работи за два сегменти на нешто што сепак се рачуна за еден објект. Податоците што ги имаме се однесуваат на објектот во целина.


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Dec-2008 at 10:50
Како што веќе реков... овдека се работи Banana




Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Dec-2008 at 17:16
Се гледа напредок

1.


2.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Dec-2008 at 17:27
веќе се при крај со карабината Eeek3
до вчера беше само една плоча таму


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Dec-2008 at 17:43
Е ова е стварно веќе освежувачка глетка... Thumbs%20Up

Навистина кај доста "умртвени" објекти по градов тргна работата.

Само Југобанка и Тифани не се даваат Ohno


Posted By: 46&2
Date Posted: 19-Dec-2008 at 17:49

Да кажам само дека и кај Тифани има раздвижување (веќе неколку месеци има мајстори на терен ) од внатре го средија објектот сега има поставено скелиња за малтерисување на оној дел од фасадата што гледа кон зградата на Т-Мобиле. Нон стоп има некој дотур на материјали. Се извинувам за офф топикот ама кога веќе се радуваме на продолжувањето на градба на многу објекти треба да го споменеме и Тифани.



Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Dec-2008 at 17:52
Никој не се радува на доградбата на Тифани. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Dec-2008 at 17:14
Темница ама тоа е тоа




Posted By: mitatos
Date Posted: 09-Jan-2009 at 13:07
Eve i od ovoj muzej :


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2009 at 19:06
од денес




Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Mar-2009 at 01:11

Музејот на холокаустот ќе има богата поставка

Се комплетира материјалот за поставката за животот на Евреите од времето пред Петар и Павле, потоа битисувањето до 1943, периодот на депортацијата и соживотот од 1944 досега, вели Мизрахи


Според изведувачот изградбата на Меморијалниот центар на македонските Евреи би требало да заврши за месец и половина

Се' уште не е завршен меморијалниот центар или музеј на холокаустот во срцето на некогашното Еврејско Маало, од левата страна на реката Вардар, меѓу Камениот мост и тврдината Кале. Годинава се одбележуваат 66 години од депортацијата на македонските Евреи, кои на 11 март 1943 година беа однесени во нацистичкиот логор Треблинка. Во моментов се работи втората фаза од изградбата на објектот, на т.н. арт-центар и на финалните работи на карабината. Според изведувачот, фирмата „Бетон“ од Штип, би требало да ја заврши изградбата за месец и половина. Љиљана Мизрахи, претседател на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, ни објасни дека во тек е и подготовката на поставката.

- Ангажирани се двајца волонтери и двајца соработници кои работат на анализа на семејствата на Евреите што трагично загинаа во Треблинка. Тие ќе се обидат да ги склопат имињата на загинатите Евреи со фотодокументацијата која ни ја даде Архивот на Македонија. Најдовме податоци и во Турскиот архив. Поставката треба да го прикаже животот на Евреите од времето пред Петар и Павле, потоа периодот до 1943 година, депортацијата во логорот Треблинка и соживотот со Македонците од 1944 досега, објаснува Мизрахи.

Меморијалниот центар е поделен на четири функционални дела поврзани за случувањата што претходеле на трагичната ноќ спроти депортацијата на Евреите од Македонија во концентрационен логор Треблинка. На приземјето ќе има главен влез со повеќенаменска сала и постојана изложбена поставка како вовед во настаните, проследено со документациски материјали и имињата на жртвите. Воедно, ќе биде прикажано некогашното Еврејско Маало, поврзан со меморијата на топосот на Давидовата улица во мирнодопски услови.

- Во приземјето на меморијалниот центар ќе има капија што ќе го симболизира влегувањето во некогашното Еврејско Маало, како и двете улички Амарова и Давидова, од каде што ќе се слушаат звуци на детски џагор и на живот.

На првиот кат ќе биде сместен и вагон што ќе го симболизира депортирањето на Евреите, токму од местото каде што и сега е Тутунскиот комбинат. Гасни комори, простор за адаптација на посетителите, музејска поставка, археолошка, етнолошка, историска. Во една мала просторија, во која ќе има оџак, ќе има и ливчиња со имињата на депортираните Евреи, што симболично ќе го означува згаснувањето на нивните животи - вели Мизрахи. Таа додава дека ќе има и голем ѕид со плочки на кој ќе бидат испишани и имињата на починатите Евреи, бидејќи немаат сопствени гробови.

На вториот кат ќе има простории за едукација, библиотека, но и мост со кој тој ќе биде поврзан со арт-центарот. Ќе се продаваат и книги и сувенири. Арт-центарот ќе биде наменет за изработка на уметнички ракотворби и други предмети од традиционалните занаети. Приземјето на арт-центарот ќе има специјализиран комерцијален простор, сала за предавања и изложбен простор, а на третиот кат ќе има мал амфитеатар за предавања.

Објектот ќе има и две нивоа под земја

Меморијалниот центар има и две нивоа под земја со површина од 5.500 квадратни метри, наменети за паркинг-просторот со капацитет за околу 120 возила. Објектот ќе има маркантна фасада од стакло и имитација на мермер и ќе биде украс на Скопје. Изградбата на објектот до карабина ќе чини околу два милиона евра. Средствата се обезбедени врз основа на порамнување помеѓу Фондот на холокаустот, Министерството за финансии и државниот правобранител. Идејата за изградба потекнува од големиот ерудит, научник и хуманист, академик Иван Дејанов, некогашен претседател на првото македонско-израелско друштво.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=13025EC2423452439ED3D8A80CA6777B


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Apr-2009 at 00:00
На крајот на информацијава има нешто околу меморијалниов центар. Овој центар бил еден од 4-те најголеми во светот заедно со оние во Вашингтон, Брисел и Ерусалим! Може ли некој да ја потврди информацијава?!



Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Apr-2009 at 00:16


Таква вест циркулира уште од самото иницирање на проектот но тогаш набројаните градови беа Вашингтон, Њу Јорк и Ерусалим ако не се лажам. Скопскиот требал да биде 4тиот меморијален центар "од тој калибар" така се збореше.



Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Apr-2009 at 00:26
Што правиме со овие?

  • http://en.wikipedia.org/wiki/Ani_Maamin_Holocaust_Museum - Ani Ma'amin Holocaust Museum , http://en.wikipedia.org/wiki/Jerusalem - Jerusalem
  • http://en.wikipedia.org/wiki/Dallas_Holocaust_Museum/Center_for_Education_%26_Tolerance - Dallas Holocaust Museum/Center for Education & Tolerance
  • http://en.wikipedia.org/wiki/Florida_Holocaust_Museum - Florida Holocaust Museum
  • http://en.wikipedia.org/wiki/Holocaust_Museum_Houston - Holocaust Museum Houston
  • http://en.wikipedia.org/wiki/Montreal_Holocaust_Memorial_Centre - Montreal Holocaust Memorial Centre
  • http://en.wikipedia.org/wiki/Simon_Wiesenthal_Center - Simon Wiesenthal Center (Los Angeles)
  • http://en.wikipedia.org/wiki/United_States_Holocaust_Memorial_Museum - U.S. Holocaust Museum (Washington D.C.)
  • Vancouver Holocaust Education Centre
  • http://en.wikipedia.org/wiki/Virginia_Holocaust_Museum - Virginia Holocaust Museum
  • http://en.wikipedia.org/wiki/Yad_Vashem - Yad Vashem , the Israeli Holocaust museum


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 02-Apr-2009 at 08:26

И Берлин има Холокауст Музеј а листава на ЛаЛинеја ми е чудна, бидејќи музејот во Ерусалим се вика Yad Vashem( http://www.yadvashem.org/ - http://www.yadvashem.org/ ) и мислам дека тој и оној во Вашингтон ДЦ се најголемите, за овој првиот не сум чул.

 


Posted By: kire85
Date Posted: 03-Apr-2009 at 23:33
jas dobro se sekjavam, uste koga prv pat go najavija memorijalniot centar, pisuvase deka od takov tip kako toj sto ke se gradi vo skopje ima samo 3 vo svetot...erusalim, berlin i washington.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Apr-2009 at 10:09

od deneska:

 
http://img11.imageshack.us/my.php?image=holokustot.jpg">


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-May-2009 at 22:03


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Jun-2009 at 17:30
Не е ноќ, но за кој минут



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2009 at 15:58
Нема напредок од предходната форка, но малку подобро се гледа





Print Page | Close Window