Print Page | Close Window

Доградба на НУБ

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Образовни
Forum Discription: Училишта, универзитети, институти, библиотеки...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=250
Printed Date: 14-Aug-2020 at 18:06


Topic: Доградба на НУБ
Posted By: pbanks
Subject: Доградба на НУБ
Date Posted: 07-Apr-2008 at 11:29
Cheers

СО ПРОМЕНА НА ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
По 60 години, ќе се реновира Универзитетска библиотека

Роза Петкова

До Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ ќе се гради нов комплекс. Градежните работи ќе почнат неделава, најавуваат од Министерството за култура. Со усвојување на Деталниот урбанистички план за локалитетот „Пресвета Богородица“, за првпат од постоењето на библиотеката таа ќе се доградува и ќе се реновира. Со планот е предвидено новиот дел да биде споен до старата зграда, а ќе има ниско и високо приземје наменети за канцеларии, читалници и за депоа за книги. Од Министерството за култура информираат дека се е подготвено за почеток на градежните работи. - Сите потребни процедури се веќе завршени. Идејниот и главниот проект се изработени. На тендер, за изведувач на проектот е избрана градежната фирма „Бетон“ од Скопје. Добивме градежна дозвола и сме подготвени да почнеме со реализацији на проектот - вели Елизабета Канческа - Милевска, државен секретар во Министерството за култура. Според ДУП „ Пресвета Богородица“ објектот ќе се гради долж булеварот Крсте Мисирков, со максимална висина до 17,5 метри. - Новиот објект, кој е доградба на постојниот ќе се протега на 3.000 квадратни метри површина. Рокот за изведба е седум месеци, а ќе чини 86 милиони денари - потврдија одговорните од „Бетон“. Во согласност со планот беше предвидено новата градба да содржи и подземни гаражи за вработените, но од фирмата што е изведувач велат дека тие не се планирани со проектот. Инаку, народната и универзитетска библиотека е формирана во ноември, 1944 година, во објектот на предвоениот Филозофски факултет во Скопје. Таа го наследила просторот на Централната библиотека и таму ја почнала својата работа, со 50 места за чиѕатели и со дванаесет вработени. Осум години подоцна, кога Филозофски факултет бил преселен од зградата во која го делел просторот со библиотеката, таа е проширена и адаптирана. Со тоа добива и подобри услови за работа.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1364&ArticleID=88442



Replies:
Posted By: ProMKD
Date Posted: 07-Apr-2008 at 23:07
Одлично за библиотеката. Внатре во биб. не сум бил ама однадвор изгледа доста напуштено, нечувано. Се надевам што поскоро ќе се подноват со нов објект. 


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Apr-2008 at 01:29
Cheers

Почна изградбата на првата дигитална библиотека

Вчера напладне беше поставен камен-темелник на доградбата на НУБ

Новата дигитална библиотека ќе биде наменета за обработка, заштита, чување, користење и презентација на книжните и друг вид специјални фондови кои претставуваат национално културно наследство, како дел од Европската дигитална библиотека. Библиотеката ќе се протега на површина од 2.300 метри квадратни и ќе претставува продолжение на постојниот објект, на потегот кон Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Судската палата.

Камен-темелникот го положи директорот на библиотеката Миле Бошески, кој во својата поздраван беседа меѓу другото истакна: „ Нема посоодветна порака кон светот од изградбата на духовен храм, порака преку која еден народ може да ги етаблира сопствените цивилизациски и хумани вредности. Преку изградбата на објекти со длабоко хумани содржини намери и цели. Само се надградува богатата македонска духовна и културна историја и се трасираат врвици за идните поколенија кон европското семејство на народи, културни идентитети и стручно научни вредности.“

Иако беше најавено дека камен-темелникот ќе го постави премиерот Никола Груевски, тој не присуствуваше на свеченоста. Од името на Владата на Република Македонија пред присутните се обрати Елизабета Канчевска-Милевска, државен секретар во министерството за култура, а темелите ги освети Архиепископот г.г. Стефан. (Н.П.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B3523DD2C494554B86876CB7154A7901 - Utrinski



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Apr-2008 at 08:32
Добро бе мајкуму стара! Па може ли еден објект да остане у градов, а да не се доградува. Абе тоа ние е национална маана. Мора ли сега да се доградува оваа, може да се подигне нов објект до постојната библиотеке. Пак ќе се добие исти простор, за исти пари.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Apr-2008 at 10:00


Па тоа у суштина на исто се сведува. Збориме за нов објект кој (нормално) ќе биде поврзан со „стариот“

Плус тоа не е исто да продолжиш со доградба на нешто што од почеток било недовршено и планирано за доградба и да вцрташ уште еден или два ката на ТИПО. Разликата е огромна и тие работи не може да се споредуваат.

А дека доградување ни е национална маана, тоа генерално се сложувам Wallbash


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Apr-2008 at 10:51
Ма само нека се гради, а се гради несто одлично ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Мада насловот „Почна изградбата на првата дигитална библиотека

Библиотеката Браќа Миладиновци веке одамна тоа го прави, сите стари книги ги дигитализира и дел од нив може да ги превземете во PDF формат.

Да го зачуваме културното наследство... нели!?



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: La Linea
Date Posted: 12-Apr-2008 at 14:28
Да одлична работа прави Браќа Миладиновци, гледав на емисии. Мислам дека Филип Петров доста добро си ја врши работата.  Владимир, а знаеш ли од каде можам да ги превземам во ПДФ? Ваљда на сајтот ама сега немам време да проверам.
EDIT: Проверив . http://www.gbiblsk.edu.mk/index.asp?kat=1&det=5 - ПДФ Книги


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Apr-2008 at 18:09
Иначе добро е што дигитализацијата во PDF на книгите не е ко слика (што е уобичаено а само клуцни зборови се поставени), така да можеш да претражуваш по нив.

Иначе имаше пофалба од славистите од Европа дека сега немора да се лепат стикери по книги и да се тражат одредени зборови со денови.



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Apr-2008 at 17:40
Еве ја доградбата на НУБ. Малку темна сликава ама тоа е тоа




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Apr-2008 at 17:58
Па навистина не се гледа убаво, ама толку колку што се гледа има надеж дека ќе испадне интересно (со исклучок на влезот)

Друга забелешка ми е вклопувањето. Не сум баш сигурен дека е обратеено внимание на тоа.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Apr-2008 at 18:02
Вака на прво поглед, како автосалон ми личи. Има некоја сличност со доградбата на трговски.


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Apr-2008 at 18:03
влезот е како во некој фабрички комплекс на капија Wallbash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Apr-2008 at 18:11
bbanks Ја би рекол како бензинска!


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Apr-2008 at 20:41
Влезот стварно е лош ама објектот изгледа фино,и освен тоа, нема некакви други невкусни детали. Најверојатно влезот како и целиот објект ќе претрпи измени како што беше со НЛБ Тутунска.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2008 at 13:09

Премиерот Груевски во посета на доградбата на НУБ „Св. Климент Охридски„

Скопје, 23 септември

 

И З В Е С Т У В А Њ Е


Претседателот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски денеска, 23 септември 2008 година, во 13.00 часот ќе ја посети доградбата на Народната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, што е во изградба.

 

За време на посетата, премиерот Груевски ќе даде ИЗЈАВА за јавноста.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери. 

http://www.vlada.mk/?q=node/1064

Го запоставивме овој проект. Јас мислев дека е во застој, а се работело!

Со оглед на тоа што не сум претплатен на МИА, неможам да ја читам целата вест, него само дека рокот е идната пролет!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2008 at 14:53




Posted By: mitatos
Date Posted: 23-Sep-2008 at 22:59

ПРОШИРУВАЊЕ НА НУБ


Дигиталната читална во функција од идната пролет


Доградбата на Народната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" ќе биде готова во јануари идната година, а ќе биде ставена во функција напролет, изјави претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски.
- Веќе се изградени два ката под земја, еден кат над земја е во завршна фаза и остануваат уште два од вкупно петте на објектот кои ќе бидат поврзани со старата зграда. Инвестицијата е 1,5 милион евра, се одвива според планот и во првиот квартал следната година очекуваме да биде пуштен во употреба, рече Груевски кој заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска беше во обиколка на доградбата која е во фаза на изградба.

Новиот објект ќе го реши проблемот со сместување на библиотечниот фонд во наредните сто години, ќе отвори нов простор за дигитална читална и други содржини кои треба да ги има една национална библиотека, а која во последните години поради немање простор користеше други простории низ Скопје, истакна премиерот Никола Груевски.

http://vecer.com.mk/?ItemID=7234FBF50E29CF49B8D24EDE556E357F
.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:11


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Oct-2008 at 18:41
Моите слики, од поинаков агол...

1.


Едвај успеав да сликнам преку оградата...
2.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Nov-2008 at 11:34


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 15:16





Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Dec-2008 at 10:49


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Dec-2008 at 12:26
Овој објект доста касно почнавме да го сликаме, а некако доста брзо се изгради. Не се работи за којџнае колкав објект, ама пак, за само пола година се направаи ова што го гледаме. Таман лента у март.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Feb-2009 at 22:51
Уште две во лет:






Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2009 at 15:44





Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2009 at 20:56


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Mar-2009 at 13:45
ПРИВРШУВА ДОГРАДБАТА НА НУБ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Во мај се отвора новата зграда на библиотеката

Новата зграда на Национална универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ ќе биде готова до мај. Објектот е во завршна фаза, во моментот се работи фасадата, а потоа ќе се направат подовите и ентериерот. Директорот на библиотеката, Миле Бошевски, вели дека рокот од седум месеци, кој беше најавен за изградбата, бил пробиен поради дополнителни работи на теренот. Геомеханичките истражувања на земјиштето покажале дека основата мора да биде подлабока, па поради тоа девет метри од објектот морало да се изградат во земја. Во новиот дел од библиотеката ќе биде сместен центарот за дигитализација. Тој треба да биде современо опремен, со клима-уреди кои ќе овозможат чување на дигиталните форми. - Во нашиот центар услуги ќе може да користат и други институции за да ги дигитализираат своите изданија. За посетителите ќе има нови читалници, во кои ќе ги гледаат дигиталните форми на нашите изданија, а ќе имаат можност и да погледнат ретки дела од археографската збирка. Книги нема да се издаваат надвор од библиотеката, што беше правило и досега и“8211; вели Бошевски. Објектот се гради на површина од околу 3.000 квадратни метри со максимална висина до 17,5 метри. Во комплексот ќе има магацински простор, кој ќе зафаќа 700 квадратни метри и ќе биде во подземниот дел. Ќе се отворат депоа за специјалните и ретки изданија на библиотеката, посебен дел за дигитализација на сите библиотечни наслови и нови читалници. Паркирањето ќе биде партерно, а не во подземни гаражи, бидејќи во деталниот план за тој простор е предвидена изградба на катна гаража. Доградбата на националната библиотека чини околу милион и половина евра, а изведувач е фирмата „Бетон“. НУБ „Свети Климент Охридски“ е формирана во ноември 1944 година, во објектот на предвоениот Филозофски факултет во Скопје. Таа го наследила просторот на централната библиотека и таму ја почнала својата работа со 100.000 наслови, 12 вработени и само 50 читателски места. Осум години подоцна, кога Филозофски факултет бил преселен од зградата, таа е проширена и адаптирана. Денес има повеќе од три милиони библиотечни единици. Најстариот ракопис кој се чува во оваа институција потекнува од 13 век.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1647&ArticleID=109554


Posted By: evolutionary
Date Posted: 22-Mar-2009 at 21:25
Приметив дека и го смениле името од народна во национална и универзитетска библиотека.

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Mar-2009 at 21:39
Не секаде, нивниот WWW


Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски"

National and University Library "St. Kliment Ohridski"

http://www.nubsk.edu.mk/ - http://www.nubsk.edu.mk/


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 23-Mar-2009 at 20:10

Slikata  gore e grda, izgleda ko da sme vo 19.vek

nesto povisoka (uste 3 kati povisoka)da bese ..... Starovremski idee, sega sme 21.vek ni trebaat visoki zgradi ..... zosto sto toa mesto da go fatis samo so 3 katnica?? ....malku mislat...ConfusedNuts


Posted By: evolutionary
Date Posted: 24-Mar-2009 at 08:25
Originally posted by Vladimir P

Не секаде, нивниот WWW


Народна и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски"

National and University Library "St. Kliment Ohridski"

http://www.nubsk.edu.mk/ - http://www.nubsk.edu.mk/
 


Колку што ме служи познавањето на англискиот јазик придавката „народна„ во превод би требала да гласи „peoples„


-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Mar-2009 at 12:40
Е нели е национална? Тогаш е точно ако е национална. Сакаат да кажат на државата, а не на народот Како и да е, ова не е за суб-форумот културни објекти?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Mar-2009 at 12:41
Originally posted by my Macedonia

Slikata  gore e grda, izgleda ko da sme vo 19.vek

nesto povisoka (uste 3 kati povisoka)da bese ..... Starovremski idee, sega sme 21.vek ni trebaat visoki zgradi ..... zosto sto toa mesto da go fatis samo so 3 katnica?? ....malku mislat...ConfusedNuts
абе изградена е назад во осумдесетите, кога сме биле 20-ти век Big%20smile
за тоа време била ок и модерна и функционалана библиотека



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-May-2009 at 14:43
od 28.04.09
 
ne se gleda bas, no mozam da vi kazam deka celata strana sto e slikana e  zaverseno
 
http://img7.imageshack.us/my.php?image=dsc00511fxz.jpg">


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-May-2009 at 16:39
1.


2.


3.


4.


5.


6.





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-May-2009 at 18:34
Јес да беше пред 4 дена последниов апдејт, ама поминував од таму па си викам да спукам уште еден

1


2


3


4



Posted By: kire85
Date Posted: 11-May-2009 at 18:49
mnogu ubavo ispadna, gi nadmina moite ocekuvanja, samo ke izgleda malku neskladno pored starata zgrada na NUB, taa ic ne mi se dopagja....


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-May-2009 at 13:51
абе зградата ми се допаѓа, убава е, но има многу грд влез


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 13-May-2009 at 11:59
Муличковски веќе треба да се пензионира.

Искрено, влезот е речиси ист со оној на Општинската зграда во Чаир, а и извишувањата на аглите од зградата се повторно идентични со таа зграда(ист е авторот). Немам слика од тој објект, не знам дали има негде по форумов...

Вентилацијата е КРАЈНО НЕСРЕЌНО поставена, и ептен ја нарушува “стаклената“ естетика на објектот. Инсталации на фасада одлично изгледаaт на http://www.tellthetruthtravel.com/images/Paris/Pompidou.jpg - Помпиду центарот , ама овде се катастрофални. Ако сакале да ги користат како обликовен елемент требале да обрнат многу поголемо внимание на изведбата.

Во секој случај, пристоен објект. Треба да се проследи и од внатре, за да се добие комплетен впечаток. Она што го приметив во текот на изградбата беше убав галериски простор во влезната партија... Може да биде интересно


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-May-2009 at 15:35
Дури сега кога спомна за општинската зграда на Чаир ми текна зошто доградбава на НУБ ми делуваше како deja vu  LOL

А за вентилацијата... ваљда нема баш онака да остане  Confused


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-May-2009 at 15:45
Ова вентилацијата прво  кога ги погледнав сликите ми се гледаа како некој гаџет на фасадата и не им обрнав внимание. Од покасно приметив дека е вентилација. Вака сега ми личи на ќебапчилница.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 14-May-2009 at 13:26
Дека ги коментираме само како фасади објективе - доградбата ми личи на филијала на некоја второраздредна банка во провинција. Пристапот кон проектирањто на доградбата е ист како кога бил проектиран веќе постоечкиот објект, неатрактивен објект за поголемиот дел од граѓаните (во смисол на програмата - па кој се замара со библиотеки сега и со читање) и наместо да се поработи на развивање на неговата содржина и дополнување со содржина со сличен карактер со која би се привлекле повеќе луѓе во овој простор, само физички се зголемува објектот. Секоја чест и за тоа, ама пак ќе кажам пристапот спрема објекти од овој карактер и важност и на вакви значајни локации ни е тотално промашен. За деталите како вентилацијата и аголните издигнувања, немам што да се коментирам - последен збор во архитектурата...и после некој друг ни е крив!

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2009 at 22:40
И мојот впечаток за овој објект е прилично низок особено од кога го видов денеска со тргнати тараби. Најдобро да го сликнеме така отворен првин пред да ги искоментирам деталите што особено ми сметаат.

Инаку не ми пречи спојката на стакленик со стариот дел, но мислам дека стакленикот е утнат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-May-2009 at 00:13
Универзитетска ќе се дигитализира

Центар за дигитализација, депо за чување на древните ракописи и книги, база за комуникација со светските библиотеки ќе бидат сместени во новите простории на библиотеката


Националната библиотека отсега ќе биде во рангот на најсовремените

Центар за дигитализација на сето пишано културно богатство ќе биде сместен во доградбата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, за која се планира да биде отворена на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Древните ракописи, старите и ретки книги, скапоцени карти ќе бидат целосно дигитализирани и зачувани во новиот центар, кој ќе функционира и како депо за чување на вредните записи. Како што истакнуваат од библиотеката, со новите простории, градот, студентите, научните работници, читателите ќе добијат современ центар кој, како и библиотеките од светот, ќе биде место за зачувување на сета наша културна, национална, општествена меморија.

- Во Центарот ќе се зачува нашето пишано богатство. Таков простор недостасуваше долго. Сега ќе има можности старите и вредни ракописи да ги зачуваме за следните генерации. Секако, со дигитализацијата ќе се отвори можност на светот да му ги покажеме вредностите што тука ги имаме. Библиотеката ќе биде центар преку кој нашата култура ќе се поврзе со европските и со светските културни текови - вели Миле Бошески, директор на НУБ.

КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЈ ЧИТАТЕЛ

Доградбата на библиотеката е со вкупна површина од 3.300 квадратни метри. Во неа ќе има повеќе специјализирани читалници со компјутери на секоја маса. Интернет-поврзаност, компјутерско прелистување на дигитализираните текстови, пристап до библиотечните материјали во европските национални библиотеки се дел од можностите што таму ќе им се нудат на читателите, истражувачите, студентите.Посебни простории ќе се користат за претворање на книжниот материјал во електронска форма. Од библиотеката најавуваат дека целиот книжен фонд, кој ќе биде електронизиран, ќе биде поставено на интернет. Книжното богатство од библиотеката ќе биде достапно и преку интернет-страницата на Европската електронска библиотека, во која членуваат националните и најзначајните библиотеки од сите европски земји.

- Со новитетите, читателите ќе можат целосно да ги прелистуваат книжните материјали. Секако, преку поврзаноста со Европската библиотека се отвора можност нашите корисници да ги погледнат и старите ракописи што низ историјата биле изнесени од Македонија. Веруваме дека во процесот на дигитализација, во време кога секој сака да се пофали со тоа што го има како реткост на културен план, Библиотеките од другите држави ќе ги ставаат и тие ракописи во Европската библиотека, па така научниците од тука ќе може слободно да истражуваат - додава Бошевски.

РЕШЕНИЕ ЗА ПОЛОВИНА ВЕК

Речиси половина од просторот ќе биде наменет за библиотечно депо, кое ќе биде со површина 1.400 квадратни метри. Внатре ќе биде сместена современа опрема, која ќе одржува посебна температура за книгите. Постојано ќе се мери и влагата, која е најголема закана за старите и ретки ракописи чија хартија може и да се распадне, ако не се чува во соодветни услови. Освен старите книги и ракописите, таму ќе има простор и за новите книги што во следните години ќе се внесуваат во библиотеката. Како што најавуваат од Универзитетска, новото депо има капацитет за складирање за следните педесет години.

- Депото веруваме дека ќе го реши проблемот со сместување на книгите најмалку за следните педесет години, а можеби и повеќе. Простор за библиотечниот материјал кој постојано расте, се' повеќе недостасува. Сега имаме решение, кое во голема мера ќе ја олесни работата. Секако, со процесот на дигитализација, голем дел од материјалите ќе бидат претворени во формати што не зафаќаат голем простор. Со новиот центар ќе ги внесеме новитетите од современото библиотечно работење - вели Бошевски.

Доградбата е продолжение на зградата. Читателите и корисниците од внатрешна страна ќе може да преоѓаат во новиот дел, каде што ќе може да ги користат компјутерите и интернет-поврзаноста со светските библиотеки.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B357F918A5F1D94CB012F4C8BF6F56A5


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-May-2009 at 22:27
Македонија дел од светската дигитална библиотека


Новата дигитална библиотека претставува врв во презентацијата, заштитата и користењето на богатото национално книжевно наследство во европски рамки. Македонија има обврска да ги отвори своите ризници и да му ги претстави на светот културните богатства, вели министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска


Проектот "Дигитална библиотека на Македонија" - доградба на Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје, ќе биде промовиран в недела, на празникот "Свети Кирил и Методиј".

Како промотори се најавени премиерот Никола Груевски и министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска.
- НУБ е храм на колективната меморија на македонскиот народ. Новата дигитална библиотека претставува врв во презентацијата, заштитата и користењето на богатото национално книжевно наследство во европски рамки. Македонија има обврска да ги отвори своите ризници и да му ги претстави на светот културните богатства, потенцира Канческа-Милевска.

Таа додава дека реализацијата на овој објект е од извонредно значење, бидејќи ќе се реши проблемот со сместување на библиотечниот фонд од илјадници книги и книжевни дела со непроценлива вредност.
- Со овој проект, покрај верификацијата на вредноста на националното културно богатство, на пошироката јавност ќе и се отвори можноста да ги опсервира и вреднува светските научни дострели, додава Канческа-Милевска.

Во новиот објект "Дигитална библиотека на Македонија" ќе бидат сместени: Центарот за дигитализација на книжно наследство, виртуелната библиотека на Македонија и автоматизираната национална библиографска база во рамките на ЦОБИСС системот на Македонија, сите специјализирани збирки. Со проектот се предвидува секој корисник да има свој компјутер.

Важно е што со почнувањето на дигитализацијата според меѓународните стандарди ќе се овозможи постапно да се реализира дигитализацијата на целокупното богатство што се чува во НУБ и тоа да стане дел од Европската и Светската дигитална библиотека.

Поставувањето на камен-темелникот за доградбата се случи на 11 април 2008 г. Од Министерството објаснуваат и дека заради нестабилното тло, биле потребни дополнителни геомеханички испитувања. "Тоа, пак, придонесе да се изгради уште едно депо, со што се зголеми сместувачкиот/магацински простор за доплнителни 700 м2. Просторот на располагање е 3300 м2", објаснуваат од Министеството.

Објектот го проектираше проф. арх. Петар Муличковски, кој е автор и на постоечката зграда.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3B9BBF44D3DF6E4DBD7059DE9D45DDDA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-May-2009 at 22:28
Не сум знаел дека истито архитект е и на објектот и на доградбата, ама мислам дека требало да се потруди да даде барем некој мала преодна фаза, токму поради тоа што се работи за негов објект!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2009 at 00:35

Свечено отворање на дигиталната библиотека на Македонија

Bиблиотека е сместена во доградбата на НУБ „Св. Климент Охридски“, на простор од 3.300 квадратни метри

Невена Поповска

В недела, на 24 мај и официјално ќе биде отворена Дигиталната библиотека на Македонија. Според предвидената програма на свеченоста поздравни беседи ќе одржат: директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Миле Бошески, министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска и премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. На свеченоста исто така ќе бидат соопштени и добитниците на признанија и благодарници, како и свечено доделување на плакети и Светиклиментовата статуетка.

Дигиталната библиотека ќе биде сместена во доградбата на националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. „Поради експанзија во издавачката дејност предвидениот простор за сместување на библиотечните фондови набрзо стана недоволен и се наметна како сериозен проблем за заштита. Чување и користење на библиотечните материјали со кои располага Библиотеката“-подвлече на вчерашната средба со новинарите директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Миле Бошески. Од друга страна, на глобално ниво се промовира процесот на дигитализацијата, така што како алтернативно решение во процесот на заштита, достапност и афирмација на националните културни добра, се јави идејата за дигитална библиотека. Во меѓувреме на Европско и на светско ниво се промовираше идејата за дигитална библиотека, а националните библиотеки се задолжија да го организираат овој процес на национално ниво.

„Овој процес отвори можности за афирмација на националното книжно наследство, продолжи Бошески, и за таа цел Владата на Република Македонија издвои средства во висина од 2.000.000 евра во денарска противвредност за изградба на Доградбата на НУБ „Св. Климент Охридски“ во која ќе биде сместена дигиталната библиотека на Македонија. Во овој простор ќе бидат сместени: Центар за дигитализација, Центар и сервис за систем COBISS: МК Национална библиографска база, археографска, ориентална и музичка збирка, редок библиотечен материјал, тренинг центар за обука на библиотекари и корисници, простор за користење дигитални форми, изложбен простор, депоа за сместување на општиот фонд на Библиотеката и депоа за сместување на фондовите на збирките.“

Во однос на климатските услови за сместување и чување на книжните фондови и дигиталните форми, од Библиотеката информираат дека објектот е изведен според врвни стандарди, а воедно и за прв пат истиот е снабден со сопствен генератор за напојување со електрична енергија на серверите и другата електронска опрема во случај на слаб напон или прекин на напојувањето од градската мрежа. Предвидено е и Интернет-пристап за секој корисник и самостојно биро со компјутерска опрема, а исто така корисниците ќе можат да побараат помош од стручни лица кои ќе ги одржуваат посебните збирки и ќе ги информираат корисниците за можностите за користење на дигиталните форми.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B83F8693AF87BA409D49A92D88FDE188


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-May-2009 at 19:02
Хортикултурно се уредува пред новиот објект-лепенка на НУБ, но за жал не и на стариот!




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-May-2009 at 14:55
Свечено отворање на дигиталната библиотека на Македонија
image

Денеска и официјално ќе биде отворена Дигиталната библиотека на Македонија

Станува збор за инвестиција вредна 86 милиони денари која преку дигитализацијата на богатото национално книжевно наследство ја подбрува нејзината презентацијата, заштитата и достапноста за  домашната и меѓународната стручна и научна јавност.
Дигиталната библиотека е сместена во доградбата на националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
Според предвидената програма на свеченоста поздравни беседи ќе одржат: директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Миле Бошески, министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска и премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. На свеченоста исто така ќе бидат соопштени и добитниците на признанија и благодарници, како и свечено доделување на плакети и Светиклиментовата статуетка

http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/13563.html - http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/13563.html


Posted By: dacito
Date Posted: 24-May-2009 at 16:13
Само една работа не ми е јасна. Она лимовите, вентилација што и да е, на средина на зградата ќе останат такви, да се гледааат??? Секој ден поминувам пеш покрај новава зграда на НУБ и тоа лимаријата игледа неверојатно грдо, делува као заебанција, као... мислам, немам зборови, ако тоа остане така како што е сега. ќе биде права срамота


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-May-2009 at 16:19
Originally posted by dacito

Само една работа не ми е јасна. Она лимовите, вентилација што и да е, на средина на зградата ќе останат такви, да се гледааат??? Секој ден поминувам пеш покрај новава зграда на НУБ и тоа лимаријата игледа неверојатно грдо, делува као заебанција, као... мислам, немам зборови, ако тоа остане така како што е сега. ќе биде права срамота


Мене ми делува дека така ќе биде. Исто така не ми е јасно со кој памет. Воопшто не ми се допаѓа. Вентилацијата плус оние алуминиумските плочи на приземјето (се гледаат на последната слика на Владимир) се катастрофа.


Posted By: beTon
Date Posted: 25-May-2009 at 13:50
 
аирлија нека е новиот НУБ, доградбава како функционален момент беше повеќе од потребна особено за архивите. исто и со ова најавиве за дигитализација мислам дека сме на прав пат да добиеме современа библиотека, а и конечно почнува да се застаклува раскрсницава и булеварот во овој дел, но, пак онаа нашата добро проверена импровизација, кога веќе ставаат стакло нека гледаат истото да го вклопат поартикулирано во постоечката зграда.
наместо да ги продолжат линиите на тоа натур бетонот со новиот стакларник, па некако да се изведеше поупадлив или поартикулиран претот тие отидоа на лим, за мермерот незнам каков е но ако веќе ставаат тука нов логично би било и на скалите од стараиот дел да стават нов, што не е случај... мислам требаше стакларников по рабовите да има бар до појас рам од идентични плочи на фасадата и столбови на настрешницата, како што се на старата зграда, со што претопот би бил како песна, вака сега ми личи од клипов на пијано оро.
сепак доколку тоа лимот на доградбата, со се столбовите, како и терасите на старата зграда, би се обоиле во иста боја можеби и нешто би се испеглало! чисто се сомневам дека ќе се случи (бар не сега), со оглед дека кај нас мисловна именка е перфекционизмот, па затоа и естетски впечатокот на крај, заради неколку детали, или е нецелосен или како и во многу случаи асоцира исклучиво на кич...
 
ајде да видиме до крај како ќе се истера проектов, но не би било лошо тука да не застане! мислам дека горе на кровот од старата зграда може да се изведе некоја застаклена ботаничка градина со македонска флора, или пак некоја исто во контекст на новава зграда, застаклен амфитеатар или евентуално некаков видиковец за корисниците или посетителите на библиотеката.
инаку тоа натур бетонот на старата зграда е катастрофа, имам приметено по терасите бар од внатрешна страна штрчат анкери од арматура, сигурно планирале со нешто да го обложуваат бетонот, можеби мермер, но бар можеле од внатрешна страна малку да го нашминкаат со некоја боја, чим им заглавило целосното заокружување на проектот. исто и таваницата во старата зграда е катастрофа, испукана ламперија која чека ден да се струполи. претпоставувам дека и за ова има некаков проект бар за санација ако не за надградба!
 
од клипов исто внатрешноста на доградбата е дијаметрално различна од досегашниот ентериер, незнам колку и како ова ќе се одрази на целосниот впечаток, но во суштина ако станува збор за еден објект, тогаш логично е да има и некаков поартикулиран претоп, ајде може сликите ќе бидат со исти рамки, или униформите на вработените ќе ги компензираат архитектонските недостатоци LOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2009 at 22:52
1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-May-2009 at 23:05
Бев убеден дека нема вака да остане вентилацијава од едноставна причина што ова е вон разумот. На овие бре стварно им фали по некоја даска.

Nuts



Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2009 at 23:23


Детал што не се доловува баш од сликава. Двете вентилациски вертикали воопшто не се идентично, нема никаква симетрија на многу точки особено на врвот. Погледни кога ќе поминуваш некогаш таму.


Posted By: beTon
Date Posted: 31-May-2009 at 23:35
некој или гледал многу научно фантастични филмови во детството или кога пораснал почнал да слуша техно музика! со друго не би можело да се објасни волку инвентивно решение. но белки во иднина ќе се најде некој директор на НУБ што ќе фрли некоја тараба  за да се скрие ваквиот јавашлук, во крајна нужда подобро и некое рекламно пано или банер отколку вака да го остават. во целост како решение можеби и држи вода доградбава, но кога е осакатена преку деталите од пристапот и рампата сосе настрешницата па се до ова футуристичкиов бисер од централна вентилација!
многу лоша работа ова тендерскиов пристап! заради нулта коропција, добиваме екстра деградација! бар фотокопир еден да им стават ако ништо друго бар внатрешната функционалност да е на ниво! досега обично за фотокопирање се изнесуваа книги надвор од библиотеката, такво нешто не смее да е дозволиво, особено не во национална библиотека, но ете и такво нешто е возможно кај нас!
 
нејќам ни да се обидам да правам споредби со националните библиотеки во регионов, но ако веќе решија да ја обноват и го кренат нивото на оваа институција, тоа требаше да го направат со далеку поголем проект, баш онаму каде што имаи логика и простор за купола таму не ја зацртуваат, ова можеби најдобро ќе беше да се направи еден поголем мултикомплекс каде би се соединила и зградата на ОУ Кирил и Методиј, и сето тоа добро да се спакува, а во овој комплекс да се сместат и државниот и историскиот архив!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 01-Jun-2009 at 00:04
Неможам да искоментирам додека не прошетам околу објектот и ги погледам деталите, а нарочно внатре. (велат, да ме видиш на слика е.....)
Originally posted by beTon

...досега обично за фотокопирање се изнесуваа книги надвор од библиотеката, такво нешто не смее да е дозволиво, особено не во национална библиотека, но ете и такво нешто е возможно кај нас! ... 

На влезот во НУБ од десната сттрана има фотокопирница.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Jun-2009 at 00:40
мислиш британскиот центар? последен пат годинава кога бев внатре фотокопир немаше, морав мавровка да копирам!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2009 at 00:54
Имаше еден аналитичар-научник, што и да е од комшии (север) долови една многу убава карактеристика на сите балканци без исклучок. Човекот рече "Ние балканците имаме всаден отпор кон перфекционизам..." и многу затскриена одлика ја отрки. Даде еден убав пример за нашите јужни соседи "Ќе направат одлична вечера со одлична музика и на крај ќе ги искршат тањирите". (No offense, Оваа беше наинтересната споредба што ја кажа другите не ги памтам). Балканец ќе направи супер куќа, ама на крај ќе остави во вц еден кабел за греалица да виси над врата и ќе остане така дваесет години.

Ете ние сега на дело демонстрираме тој "отпор кон перфекционизам". Прекрасно изведен објект и на крај мора да имаа некоја тачка што ќе биде трнот у стапалото.

Него ај да се обидам да најдам и нешто позтивно, а тоа е што бар лесно може да се санира ова. Може да се направи некој или метален кафез околу целиов овој жлеб, а најдобро стаклен со истото стакло како и објектот, па да се добие една рамна површина каде што воопшто нема да се познава дека имало ваква аномалија.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 01-Jun-2009 at 15:03
Перфекционизам не е соодветниот збор. Може ли нешто нормално да се изведе!?
Јасно ми е дека 95% од такозваните „мајстори“ се со две леви раце, а причите за брилијантноста на нашите мајстори-градители со кои не труеа на факултет ги измислувал некој што не мрднал од овде и не видел зошто има објекти што се функционални и по илјади години. Не е дека нешто е криво, па тоа не е убаво за око, туку многу повеќе е затоа што е неквалитетно и нема да трае долго.
Може не е најсоодветно да се коментираат слики, не поминувам многу често од овде (среќа), ама штом на слики со мала резолуција може да се воочат мајсторииве, што останува да се види на лице место!?
А пак мислам дека најголем проблем е тоа што за многу брзо време е изведен објектов (претпоставувам се брзало за изборите).
Инаку архитектот Петар Муличковски бил автор и на доградбата (автор е и на стариот дел од објектот и на ЦК на КПМ, денешна влада). Многу чудно е тоа што инсистирал на одредени делови од објектот, висината под-плафон да е 2,00м, а уште почудно е како па проектот како таков поминал пред надлежните органи.
Се на се, архитектура извлечена од пред 20-30 години, во слаба изведба.
Уште една пропадната шанса да се разубави градот. Кога ќе се изгради во Скопје еден објект (од вакво значење), што ќе не израдува!?

п.с. Да не додавам политички тон на муабетов, ама не можам да не ја искоментирам leisure-cowboy комбинацијата на премиерот на отварањето на институцијава, греота!


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Jun-2009 at 15:13
Originally posted by Dave Gahan


Архитектура извлечена од пред 20-30 години, во слаба изведба.
Уште една пропадната шанса да се разубави градот. Кога ќе се изгради во Скопје еден објект (од вакво значење), што ќе не израдува!?


На ист начин и јас го доживувам овој објект. Сега кога веќе може да го ставиме на гласање, без никакво двоумење му ставам 3-ка како максимум што може да се даде на еден ваков објект. Се надевам дека барем ќе биде функционален, или за една година ќе слушнеме како прокиснал кровот поради брзата изведба и сета електронска опрема е оштетена.


п.с. Да не додавам политички тон на муабетов, ама не можам да не ја искоментирам leisure-cowboy комбинацијата на премиерот на отварањето на институцијава, греота!


Ова не му е првиот ваков кикс. Ако ти текнува, се почна со синиот џемпер Crazy


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jun-2009 at 15:32
Originally posted by Dave Gahan

висината под-плафон да е 2,00м
WTF WTF WTF?!?!?  Mad

Да се надоврзам на претходниот коментар што го дадов за објектов - тогаш бев стаписан од вентилацијата па не ни обратив внимание на останатото. Да не беше вентилацијата, оние лимови на приземјето, бакарната спојка кон стариот дел од библиотеката, а сега дознавам и за ова за висината на подплафонот, тогаш објектов ќе можеше да помине како блед архитектонски дострел. Но со онакви необјасниви будалаштини не стига ни до таму туку можам да го категоризирам единствено како тоталено промашување.

Што да се каже за објект каде пристојното хортикултурно уредување наоколу е убедливо најсветлата точка... мада морало барем да ја засчистат земјата што се расфрлила по тротоар




И луѓе аман исфрлете ги непотребните политички дигресии. Отровни се и заразни!


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Jun-2009 at 16:49

јас за вакво нешто не би гласал, ова не е затворен проект, туку само доградба на библиотекта и истата колку и да е добра или лоша бидејќи една целина е со старата зграда сметам дека незаслужува ни листа за гласање а камо ли глас. пример да беше нешто засебно а залепено, како во случајот со соравиа и гтц ќе разберев да се стави на оцена, но во ваков случај и волку недефинирана нема капацитет да се нарече затворен проект!

инаку се е во ред околу забелешките, единствено ова со земјата не ти држи кло, бидејќи калот е резутат од поројните дождови, но ова требало веднаш да се очисти или од општината или од паркови и зеленило....



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2009 at 16:53
Па колку што сум приметил кога ќе се нареди некоја површина со павер-елементи обично се посипува намерно со поситен песок да се попунат фугите. Вероватно сега ако ја измијат калта ќе се измие и песокот, така да сега за сега не штети воопшто пошто е нова патеката. Лудо е како аргументи при гласање да се зема калта врз патеката.

А кога ќе дојде време да се оценува објектов немам баш реална претстава како ќе оценам. Вентилацијата ми е големиот минус што фрла дамка врз целиот објект, дополнително е што завзема цетрално место. Не ми се допаѓа воопшто спојот на оваа со стариот објект. Спојот може да се изведе, ама ако се испроектирала и некој транзит фаза, вака директно преоѓање некако ми делува насилно, а поготово што е лошо изведено со лимче. Тоа што имало некаде висина само два метри воопшто не го гледам како негативен елемент туку може да биде и економиччно искористување на прсоторт доколку се работи за обично депо за книги или па ако треба да се смести некој сервер, некоја машина, односно како просторија за технички потреби не е воопшто проблем.


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Jun-2009 at 16:56

не калта се зема како несреќна околност за која надлежните немаат навремено решение!

истата доколку се сака може и мора да се тргне, не мора тоа со шмрк да оди!



Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Jun-2009 at 17:03
калта ја ставив повеќе како критика кон локалните власти а не кон објектот. Се умацав во кал до колена, ситуацијата беше многу полоша отколку она што се гледа на сликата и затоа го евидентирав.

@ЛСЛ не се работи за нов павер тротоар туку за најобичен асфалтен постар тротоар на кој се истурил цел куп кал од теренот под библиотеката кој има косина. Сега е тоа изразено бидејќи земјата е раскопана и нема никнато треава но дури и кога ќе се зазелени со вакви дождови овој проблем ќе се повторува. Е во тој домен тоа е утка на проектантот на библиотеката.

Јас мислам дека објектот треба да се гласа, нишката се вика Доградба на НУБ а не НУБ.

Кога би гласале за НУБ како целина, оригиналниот проект би изгубил многу заради оваа доградба.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Jun-2009 at 17:07
PreviousApplauseCheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Jun-2009 at 18:45
Поставив анкета. Запомнете ја оценуваме само доградбата на НУБ не НУБ.

Што да се каже. Во старт воопшто не ми се допаѓаше проектот особено. Не е работата само да се нафрла стакло и решен е пробелмот. Доколку гласавме некој автосалон на ул. Скупи веројатно ќе му дадев и релативно фина оценка. Но сепак се работи за НУБ и тоа на една ваква ударна локација. Мислам дека требаше многу повеќе. Овие мои констатации во старт ја спуштаат доста оценката. Ако на тоа се надоврзат несреќните детали кои ги идентификувавме во претходните 10на постови.............. се добива 2ка, барем според мене.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Jun-2009 at 19:03
Четворка од мене бидејќи сме виделе многу полоши работи на форумот на поважни локации. Тој дел од Скопје ми е грд и онака, па не ми менува нешто посебно што рековте локацијата ударна-местото е можеби блиску до центарот, ама по мое освен студенти таму нема ништо друго. Сепак, не се вклопува ама баш НИКАКО со остатокот од НУБ, не знам како воопшто им текнало ова нешто.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Jun-2009 at 19:24
od mene edna cista 5ka, deka stakloto e nesto moderno deneska i intereso.negativno e deka nema mnogu katovi i istotaka ce ima problem so trotuarot zatoa 5ka


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Jun-2009 at 20:07


За мене баш тоа е проблемот - што стаклото е многу модерно, а остатокот од библиотеката е стар како библија. Затоа ме буни мене кому му текнало ова, бидејќи само по себе можеби е во ред, ама со тоа до него не го бива. Не формира целина.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jun-2009 at 00:48
3-ка

Ги делам најнегативните критики, се мислев и за 2-ка, но МК просекот ни е ужасно низок и според мене треба повеќе луфта на дното на скалата бидејќи можеме ние и многу полошо Roll%20eyes


Posted By: Cifra
Date Posted: 03-Jun-2009 at 18:14
уххххх гадно   Puke

тој архитектот изгледа не се снаоѓа баш во новово време


Posted By: 46&2
Date Posted: 04-Jun-2009 at 10:20
Гласав со 5 но таа оценка не е само од архитектонски аспект. Повеќе влијаеше идејата за ваков објект како и брзината со која се изгради. Сепак одамна требаше да се има ваква модерна библиотека.


Posted By: Шпер
Date Posted: 29-Jun-2009 at 21:38
Хортикултурата напредува!
1.
NUB
2.
NUB1


-------------


Posted By: mitatos
Date Posted: 29-Jun-2009 at 22:00
samo ima eden problem ,od vnatre nikoj ne go slikal ehhehe

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Jun-2009 at 22:35
Не е нешто посебно и специфично , ама според мене направена е солидно. Треба и старата зграда да се среди.


Posted By: ел_ченто
Date Posted: 29-Jun-2009 at 23:48
Објектот е прилично лошо изведен, монотонија од стакло со акцент на вентилацијата, која изгледа навистина невкусно. Единствена светла точка е хортикултурното уредување околу објектот. Од мене не би добил повеќе од 4.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jun-2009 at 00:35
Originally posted by ел_ченто

Објектот е прилично лошо изведен, монотонија од стакло со акцент на вентилацијата, која изгледа навистина невкусно. Единствена светла точка е хортикултурното уредување околу објектот. Од мене не би добил повеќе од 4.


Ќе можеш да го дадеш својот глас после 20 поста кога се отклучува опцијата за гласање Cheers


Posted By: MKballer
Date Posted: 30-Jun-2009 at 21:56
i sega ni treba nekoj da fati edna slika od preku ulicata! Thumbs%20Up

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Aug-2009 at 15:18
1
Поставени се скелиња кај вентилацијата. Ваљда се спрема некаква интервенција колку-толку да се корегира тоа ругло



2
Хортикултурата во склоп на самиот објект се одржува, но онаа околу објектот изгледа беше чудо за 3 дена. Се прашувам зошто воопшто се инвестирало во нејзе, ако имале намера да ја остават веднаш да се запусти.



3
Спојката од внатрешната страна досега ја немавме убаво фатено



Posted By: mitatos
Date Posted: 25-Aug-2009 at 16:36
super bi bilo i na NUB nekakva vakva rekonstrukcija da mu pravat =) stvarno na vremeto bese sovremena bibloteka no vo posledno vreme e old fashion

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 25-Aug-2009 at 18:23
Под впечаток сум дека изградија зграда како на фирмата Ролопласт во с.Илинден! Никако не ми се вклопува во стариот дел на објектот, кој е несомнено далеку подобро и поквалитетно изграден и проектиран. Инаку за зеленилото... Пустина! Не би кажал Ориент, затоа што во Турција на +45 степени, се беше зелено и под конец.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Aug-2009 at 00:07
Originally posted by mitatos

super bi bilo i na NUB nekakva vakva rekonstrukcija da mu pravat =) stvarno na vremeto bese sovremena bibloteka no vo posledno vreme e old fashion
па не би се согласил со вакво нешто, НУБ си е НУБ и таква треба да си остане, потребна и е само темелна реновација и освежување


Posted By: dacito
Date Posted: 11-Sep-2009 at 10:21
Добра вест во врска со објектот. Денеска поминувајќи одтаму видов дека се ставени профили во средишниот дел, таму каде беа видливи лимовите и истиот беше скоро застаклен. Ми олесна. А таман помислив нашиве измислиле нова мода, демек јако е да се гледа лимот од вентилацијата или што и да е Big%20smile Супер, сега изгледа далеку по Ок Smile


Posted By: Max
Date Posted: 12-Sep-2009 at 01:10
Ќе беше супер доколку ја отвореја доградбава кога целосно ќе беше затворен проектот!

Околината е запуштена целосно, тротоарите пропаднати, зелинилото зараснато, бар информативни табли или некаква насока да поставеја, ова целосно се во расчекор со општината!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Sep-2009 at 14:22
Originally posted by dacito

Добра вест во врска со објектот. Денеска поминувајќи одтаму видов дека се ставени профили во средишниот дел, таму каде беа видливи лимовите и истиот беше скоро застаклен.

Еве да документираме

За жал и оваа „корекција“ е направена исто толку фушерски како и многу работи на овој објект...

Не толку лошо колку што беше, но тој факт повеќе говори дека порано беше вистинска катастрофа, не дека сега е во ред.

Ohno

1


2


3


4



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 25-Sep-2009 at 20:29
Штом од слика се гледа фушерајот, што останува да се види на лице место, ама нема потреба од замарање...барем да беше нешто вредно под лимовите, вака е сеедно

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Makedonij
Date Posted: 26-Sep-2009 at 09:52
U jebo te ovie cevki stvarno se out!!! LELE

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Max
Date Posted: 06-Oct-2009 at 21:06
  


ау каква импровизација за национална библиотека, ова со скелево и различната варијација на боја на додадениве стакла (резултат на немање прозрачност зад додадениот стаклен ѕид), би било естетски калабалак за објект во зелениково, а не па во сред центар, а капак уште и на национална библиотека! подобро и навистина да ствеа некој билборд или банер, вовлечен повнатре како стакларников би ја задржал разиграната форма, него вака некаква стаклена импровизација ситно потпикната во доградбава, навистина зицер, изместени лајсни од на уфрлениот стаклен ѕид во однос на основниот, стаклен претоп кој штрчи, воочливи цевки од скеле и церади кои централното на кровот го маскираат...    последен пат кога бев во загреб пријатно се изнанадив во хрватската национална библиотека, и од културното, и од естетското, и од функционалното ниво на кое функционира тој објект!

за споредба еве погледнете што има во опкружувањето од објекти на национални библиотеки http://www.theeuropeanlibrary.org/exhibition/buildings/viewall/viewall.php - http://www.theeuropeanlibrary.org/exhibition/buildings/viewall/viewall.php

навистина да ставиме една копула за ботаничка градина на страта зграда, па и која било застаклена форма, но и целосно се освежи фасадата, мислам и ние ќе има со што да се пофалиме! еве со кои фотки фигурираме на сајтот



Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Oct-2009 at 23:56

ДИГИТАЛНАТА БИБЛИОТЕКА ЧЕКА ПРВИ ПОСЕТИТЕЛИ


Употребна дозвола има, се чека софтвер на кирилица

Просториите, меѓу кои и сервер собата, кои се целосно по светските стандарди, се доопремени. Извршен е технички прием, а пристигнат е и скапиот скенер кој ќе овозможи оригиналите автентично да бидат пренесени во дигитална форма


Граѓаните ќе можат веќе деновиве да ги користат просториите на дигиталната библиотека во рамките на НУБ, но само за користење на археографските збирки од книжната и документите од европската дигитална библиотека. За увид во дигиталната форма на нашето книжевно богатство ќе мораат да почекаат уште извесно време до инсталирање на кириличен софтвер. Според директорот на Националната универзитетска библиотека, Миле Бошески, вчера од општинсите власти е добиена и употребната дозвола за објектот, по што и официјално ќе биде отворен за посетителите.
-Иако граѓаните во изминатиот период често прашуваа зошто вратите на дигиталната библиотека се уште се затворени објаснивме дека сакавме да ја добиеме потребната документација. Просториите, меѓу кои и сервер собата, кои се целосно по светските стандарди, во текот на изминатите неколку месеци се доопремени. Извршен е технички прием, а пристигнат е и скапиот скенер од Германија кој ќе овозможи оригиналите автентично да бидат пренесени во дигитална форма, објаснува Бошески.

Она што останува да се заврши е инсталирање на потребен софтвер за дигитализација во кириличен фонт, во согласност со стандардите и препораките на меѓународната асоцијација за заштита на културното наследство. Се бара документите да се обработат во оригинална форма и писмо.
-Ваков софтвер веќе се подготвува во Србија и Бугарија, така што веќе идната недела нашиот тим ќе го посети Белград за да можеме да добиеме увид и да видиме дали ќе преземеме готов или ќе правиме нов софтвер, додава Бошески.

Инаку, во рамките на стратегијата која ја подготви НУБ предвидено е да се опфати дигитализација на она што има статус на книжевно културно наследство, бидејќи е од интерес на светската јавност. Во оваа дигитална библиотека ќе бидат сместени археографски збирки, ориенталната, музичката, како и збирка на ретка периодика и се што е со статус на културно наследство. Во НУБ се чуваат и ракописи од 13 век.

Можност за користење на дигиталните ракописи истовремено ќе имаат 80 корисници. Тие ќе користат и речници, линкови со додатни информации и бази од комплетната библиографска база, од преку 400 илјади записи. Во новиот објект, обезбеден со видео надзор, веќе се префрлени археографските збирки, во посебно заштитени магацини.

Новиот е функционално поврзан со стариот објект, па корисникот на дигиталната истовремено ја користи и книжната библиотека, без нова регистрација и доплата.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D81D24764B4AA44384CAB9C41B597B1D


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2010 at 23:11
Ова за стално или некој проект само на одреден временски период?!
Дом на кинеска култура

Во просториите на Националната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Скопје, денеска (13.00 часот), ќе биде отворен Домот на кинеска култура. Во новоопремениот и модерно уреден простор пошироката јавност во Скопје и Република Македонија ќе може да добие информации за повеќе теми од областа на кинеската уметност, литература, историја и туризам преку повеќе елктронски медии и публикации што ќе бидат на отворен достап.
Домот на кинеската култура свечено ќе го отворат директорот на Библиотеката, Миле Бошески, и Н.Е. Донг Чунфенг, амбасадор на Народна Република Кина во Скопје.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1856AED9A0B40547BF054DF7C6CFD9F8


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Feb-2010 at 00:08


Веројатно нешто како британскиот центар што беше (не сум сигурен дали уште е) сместен во простории на НУБ и веројатно нема врска со доградбата.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Jul-2014 at 10:48
НУБ во моментов е село без кучиња. Новиот објект не функционира на неопходното ниво бидејќи дигитализацијата на изданијата - архивска граѓа, позначајни книги од македонската литература, научни изданија - трудови и учебници, како и периодиката - дневни весници, неделници, месечници и слично едноставно ја нема.

Не знам која е поентата на функционирање на новиот објект. Библиотеката не постои само за да се полагаат FCE во Британски центар или други земји да имаат свои културни центри. Да не ја споменувам состојбата во која се наоѓа стариот дел од зградата, таму под итно треба да се реконструира целото здание.

Во секој случај, НУБ е една тажна слика за водечка библиотека во една земја.


Posted By: gjoko
Date Posted: 12-Jul-2014 at 11:27
јас овде сум одел исклучиво да учам како во читална(пошто во читалните многу се галами).И другите што сум ги гледал оделе со слична намена ,а не да бараат и читаат некои книги


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Jul-2014 at 18:31
Додека студирав често ја посетував НУБ (периодот меѓу 2001 и 2005 година), и уште тогаш стариот дел на библиотеката беше замрзнат во времето на социјализмот. Можам да замислам како е сега, после толку години никакво вложување во обнова.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Jul-2014 at 11:31
Originally posted by Џоле

Додека студирав често ја посетував НУБ (периодот меѓу 2001 и 2005 година), и уште тогаш стариот дел на библиотеката беше замрзнат во времето на социјализмот. Можам да замислам како е сега, после толку години никакво вложување во обнова.


Не функционира ништо, ама апсолутно ништо. Главна библиотека во главен град е, по правило имаме и странски студенти, а не само наши, навистина не можеш ниту една работа да завршиш што ти треба. Неколку нивоа подолу е од локална библиотека во Словенија, ова лично го имам проверено!


Posted By: ehrlich
Date Posted: 13-Jul-2014 at 17:10
Тага, ужас, враќање во минатото, посоветски дизајн амин. Ситуацијата е толку лоша, да и рампите за инвалиди, пуштени пред неколку години сега се непрепознатливи од пирејот што е израснат на нив.

Кога ќе ми текне на универзитските библиотеки низ градовите во Германија, заклучувам дека ние сме стотици години назад. Библиотекава треба да се затвори и да се обнови од корен одма.


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 24-Nov-2017 at 20:10

онаму каде sds архитектонски би можел најбрзо да се реализира е НУБ ...

ваква каква што е зградата има простор да се надградува и проширува, како би апсорбирала и повеќе сродни институции и институти во себе, ако сакаме час поскоро да ја дотераме до крај дигитализацијата [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=134&PID=25942#25942 - 1 ] но и за да направиме простор за еден нов Сеславјански институт на кому токму тука би му било место ...

на неа во овој контекст би можеле да ја додадат и зградата на ОУ Кирил и Методиј, а училиштето конечно да добие нова зграда пример до УКИМ, или пак доколку Чаир добие нова и поголема поликлиника некаде на крај од Цветан Димов меѓу општина Бутел и Чаир, училиштето да го сместат кај постојната поликлиника на Бит Пазар, иако овде логично би било да инсталираат нешто друго како би се направило една пазарџиска целина [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=268&PID=18229#18229 - 2 ]

ова е концепт од пост #43 понапред, единствено би моќело да се додаде варијанта да евентуална купола тука, освен како прозрачен амфитетар, би можела да биде воедно и ботаничка градина, доколку се оди со особен фрактален пејсажен урбанизам при евентуално дооформување на зградата вон основниот проект, а внатре би оделе повеќегодишни растенија и грмушки кои се најтипични за државава, иако би немал против доколку тоа е токму голема Ботаничка Градина како флорална збирка на Библиотеката [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=196976#196976 - 3 ] јасно ваква купола би направила спојка и со околните стаклени визури на Мавровка, на Судот и на хотел Опера Хаус, но и на новиов пач на самата библиотека ...


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 25-Nov-2017 at 05:50

не е лоѓо тука на раскрсницата да се одеше со денивелирана клучка, а таквата подземна улица потем да продолжеше под стоковна ќуќа мост, додека се ова и меѓу факултетите и судот, и мавровка и нуб, но и чаршијата и моб, да биднеше една голема пешачка зона, воедно и плоштад Ѓорѓија Кастриот итн. итн. но чинам веќе ојде тој момент, а сега чорба, од некаква крш клучка ем висока платформа, но ненкуца магарето од тоа колку како излегле комбинациите, дури и сега да истераат вака, та платформата би имала пак интересна улога доколку на неа се гледа како блок за лед скрин и културни манифестации при НУБ но и се одоколу, официјално чив е трговскиот Мавровка, доколку државен може во него да ја паркираат Кинотеката на македонија но и еден современ филмски центар зањдно со ЕСРА и 3хФх ... та и Алсат и Шутел и Македонско Сонце тука да се топтан на куп нема да смета ... чија е Мавровка, кому е просадена ако е, со оглед декаа била држвна т.е. сиз, ако е така дали е можно да се преиспита приватизација, кому колку му сече, дури и да не ет можно нека најдат некое нзс бидејќи од еден ваков Филмско-Телевизиски центар сите ќе имаат и ќар и есап, а најмногу државата како нов асли културен плоштад ... но се плашам дека sds немаат волку волја, бар не сега, зато пак би било паметно дуи да повлече нога оти ним иато ова ќе им биде од полза во однос електоратот и вооппто екстра плоптад и за албанската заедница ...



Print Page | Close Window