Print Page | Close Window

Инвестбанка

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=259
Printed Date: 27-May-2022 at 16:44

Topic: Инвестбанка
Posted By: pbanks
Subject: Инвестбанка
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:13

Рендери

Локација

Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:29
02.06.2006

1

04.12.2006

2

09.05.2007

3

4

Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Apr-2008 at 18:38
Не знам за вас, ама јас сум многу задоволен како искочи објектов на крај, особено кога ќе споредам со оној рендер.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!

Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2008 at 18:40
Инаку објектов е многу добар. Мене малце ме потсеќа на грчката амбасада, ама незнам зашто. може поради терасите или шознам. Вака  убаво уклопен, сега само уште да се реновира фасадата на бристол.

Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Apr-2008 at 18:43
Originally posted by lslcrew

Инаку објектов е многу добар. Мене малце ме потсеќа на грчката амбасада, ама незнам зашто. може поради терасите или шознам. Вака  убаво уклопен, сега само уште да се реновира фасадата на бристол.

Yes

Иначе и мене ми е зградава одлично вклопена... Баш немам никаква замерка. И од нејзе ни фалат фотки од кога е комплетирана.... А и добро е осветлена ноќе ќе искочат супер ноќни фотки

Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Aug-2008 at 18:30
Воведов анкета да го дадеме мислењето и за овој објект Cheers

Јас дадов висока 9ка. Се мислев помеѓу 8ца и 9ка но навистина неможев да најдам некоја причина зошто би била 8ца. Како што веќе имам напишано погоре, објектот е складен, изгледот е пристоен, правилата се почитувани (градежна линија, висина), користените материјали се квалитетни.....

Еве ви уште една слика од објектот во поширок контекст

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 18:38

Од мене има 8

Не дека имам полошо мислење за објектот од тебе (отприлика би го дал истото објаснување па да не се повторуваме), но повисоките оценки сакам да ги зачувам за навистина исклучителни проекти, а се надевам дека конечно ќе дочекаме и такви во Скопје

Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Aug-2008 at 18:40
Originally posted by Cloverstack

Од мене има 8

Не дека имам полошо мислење за објектот од тебе (отприлика би го дал истото објаснување па да не се повторуваме), но повисоките оценки сакам да ги зачувам за навистина исклучителни проекти, а се надевам дека конечно ќе дочекаме и такви во Скопје

Па и јас го имам истиот резон но ете се решив само 10ката да ја сочувам за тие објекти

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 18:46

За да дадам 10-ка, нешто ќе треба навистина да ме собори од нозе Big%20smile

Еве на пример Филхармонијата ако ја изградат перфектно и со најквалитетни материјали и најскладно и на крај тоа се одлично да ми се вклопи и со околина и со све и да ми остави супер впечаток во секој поглед... пак ќе има „само“ 9-ка Big%20smile

10-ка само за нешто тотално вонвременско Thumbs%20Up

Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Aug-2008 at 18:49

Имаш право Bash.... Сеа се мислам да го сменам гласот додека е време Wallbash

Звучи глупо ама подобро да го направам, поголема штета ќе се случи понатаму кога ќе ги споредуваме коефициентите на различни објекти и ќе се јават недоследности заради погрешни аршини.

EDIT: Ете се корегирав и од мене 8ца...

Posted By: maestro
Date Posted: 19-Aug-2008 at 19:34
Објектот не е лош за таа локација... Иако сепак, како и секогаш, можело и подобро. Особено ми се свиѓа стаклениот дел и влезот на зградата.

Еве од мене 8-мица

Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 19-Aug-2008 at 23:42
И од мене 8ца. Јас пак се двоумев меѓу 7 и 8. Сепак и 8ца е доста висока оценка.

Posted By: 46&2
Date Posted: 26-Aug-2008 at 14:03
 Dadov 9ka (najverojatno mi padnal standardot pokraj drugite losi objekti sto ja preplavija drzavata) 
 Ne znam samo dali e mozno da se slika objektot od gore - me intaresira dali go ima stakleniot krov kako sto e na renderot. Ako go ima togas mojata ocenka e opravdana Thumbs%20Up

Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Aug-2008 at 17:49
8мица од мене. Се мислев за 7-мица зошто објектов е толку мал и едноставен, ама навистина немам да понудам нешто подобро што би заслужило повисока оцена. Филхармонијата ја има мојата 10-ка зошто барем мене ме собори на нозе и ги надмина сите мои очекувања

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!

Posted By: 46&2
Date Posted: 30-Aug-2008 at 18:31
Jas bi sakal da go vidam urbaniziran i delot karsi objektot kade sto se naoga parkot. Moe mislenje e deka so toa ke se zgolemi protokot na ludje vo toj del (ke zazivee) i i ke se dooformi celinata. Mislam i deka imase tuka markici ama gi izbrisaa. I na kraj 3tiot del od ulicata da se zatvori i puna kapa ...

Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Aug-2008 at 19:03

Тешко да дочекаш вакво нешто. Локацијата пред домот на АРМ е уште посоодветна за урбанизација па ги избришаа убавите маркици и ја насадија онаа наказа од спомен куќа на Мајка Тереза.

Posted By: 46&2
Date Posted: 01-Sep-2008 at 15:16
Btw. denes projdov tamu i veke se gledase objektot i moze da se proceni gabaritot (mislev deka e pogolem).

Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 01-Sep-2008 at 16:31
Oбјектот е модерен,прекрасно вклопен,ги задоволува сите норми.
Единствена причина за шти не дадов 10 е тоа што сепак е мал објект.

Чиста 9 Thumbs%20Up

Posted By: 46&2
Date Posted: 01-Sep-2008 at 16:42

Dali site kata se na bankata???

Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 15-Sep-2008 at 16:07
Па изгледа дека сите се на банката иначе објектот е мегу подобрите во скопје 

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Oct-2008 at 15:09
od mene ima investbanka 8

Posted By: beTon
Date Posted: 19-Oct-2008 at 06:30
 денес ја свртев на гласање иако доста се воздржувам од гласање само заради тоа што сите проекти се добри и споредено со првичната состојба и гледано како новитет -свежина, но секој како појава (бар тие во центарот)                                                                                                                                                                                                                                        влече на себе и постојни негативности. во многу случаи тоа е лошиот претоп на фасадите со околината(што не е случај со банкава), влечењето во изведбата или лошите инфраструктурни  решенија како што се зеленилото, осветлувањето или пристапот и паркинг просторот, кој во овој случај е потполно мислам промашување бидејќи никаде колку што можам да забележам банката нема паркинг, може ќе се најде некаде позади паркинг кај лотарија или кај беко место за паркирње но тоа не е решение за институција како што е банка - па уште и главна зграда. затоа и гласав со 4, иако е јасно дека ништо неможе во центарот да се наштима до перфекција, сепак и да е тоа само единствената мана можеби ќе одев на 6, но бидејќи се наоѓаат уште неколку помали но исто аргументирани негативности како што се нарушување на статиката на хотел бристол заради лепењето до таков стар објект кој е изграден во 1926,  несогласувањата на околните стамбени згради околу изградбата т.е. игнорирањето од страна на банката да се седне на маса и на експертско ниво да се испеглаат разминувањата, а и каснењето при изведбата, како и затворањето на бочните прозори на бристол и соседната зграда, се повеќе од доволни причини за 4ка! инаку за фасада давам 8/9...  

Posted By: ivopfc
Date Posted: 19-Oct-2008 at 11:43
Celata zgrada e vo funkicja na Bankata.

Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 19:08
Originally posted by beTon

Од една страна мислам дека гласаш "неправилно" во некои случаи (ова не е таков случај ми се допаѓа целата анализа) но од друга страна во другата крајност некои членови многу лесно делат 10ки така да ваљда твојот налудничав роднина носи некаков природен баланс во целава работа Thumbs%20Up

Еве една убава ноќна слика од објектов превземена од Фликр (малку е изгорена и малку се утнати боите но сепак)

Posted By: maestro
Date Posted: 21-Oct-2008 at 18:09

Убава фотка. На Фликр има доста убави слики од Скопје.

За објектов: си кажав пред некое време: давам 8ца. еве и сега да треба да давам оцена пак таа би ја давал.

-------------

Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Oct-2008 at 22:17
се согласувам за некои работи со beton, тоа што нема претопување на фасадата е прво нешто што го забележав, тоа што ми сметаше беше „наваленоста“ на стаклото
но сепак тоа што го збориш за вклопувањето со хотел Бристол, па донекаде пробале да направат слична форма на некогашниот хотел Српски Крал

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Oct-2008 at 00:20
Originally posted by zabegan

тоа што ми сметаше беше „наваленоста“ на стаклото

Па тоа е целата поента - наваленото стакло Laugh

Мене ми се допаѓа тоа  Smile

Posted By: damjan
Date Posted: 09-Nov-2008 at 09:55
super e navistina zgradava !!!

Posted By: ivopfc
Date Posted: 07-Jan-2009 at 19:08

Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 07-Jan-2009 at 19:17
sekoja slika sto e od investbanka e slikana mislam od ovoj agolBig%20smile 

Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 23-Jan-2009 at 14:29
Бев во дилема за објектов, пошо фино се уклапа, ја прати вертикалната рамнина на низот, фино ја има испоштувано регулативата и учествува во градењето на фротнтот на улица Македонија. Балконот горе ми е малце империјалистички, простор од каде банкарите ќе гледаат врз обичните смртници.... Сеедно, мој впечаток кој можеби е претеран.

Но неодамна, гледајќи низ Бимас каталозите, мојата (можеби претерана) скептичност за некои од објектите низ градов, се оправда.

Првичната локација за објектов била на потегот помеѓу хотелот Јадран, и новиот објект на Телекомуникации, каде сега се наоѓа Поштенска Банка и Еуростандард Банка. Проектот за тој објект е направен 2001 година, а за Инвестбанка е  “направен“ 2006. Во крајна линија, не е ни битно кој проект е прв направен....
Сега, кога и да ја погледнам зградава, гледам несериозен проектантски пристап, апсолутна тривиализација на професијата. Штанцање!

Можда претерувам, ама сметам дека тоа не е во ред.

Не заслужува оценка, колку и фино да изгледа ообјектов на Инвестбанка.

Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jan-2009 at 17:59
Архитектоне извини не те свтив околу локацијата точно каде е?! Исто така не те сватив, дали е ова некој проект што треба да е залепен за инвест па затоа инвест бил така проектиран за да се уклапа?!

Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:04

Ова е од зелениот каталог од БИМАС 2002 ако не се лажам. Го памтам проектчево но комплетно сум ги заборавил деталите и воопшто ги немав поврзано објектите на Поштенска/Еуростандард и Инвестбанка.

Навистина ваквото рециклирање на проекти е доста невкусно Ohno иако крајниот исход мислам дека сите се сложуваме дека е горе доле добар да не кажам одличен ако земеме во предвид што се му се има случено на градов во овие 20на години.

Една друга работа. Пред некои два месеци најдов една слика од предземјотресно Скопје каде за прв пат ја видов зградата која била на локацијата на сегашна Инвестбанка. Баш си помислив дека авторот на новиот проект црпел до некаде инспирација од нејзе бидејќи барем јас забележав одредени сличности но очигледно сум згрешил. Еве сеа ме фати инает и веќе 2 саати претурам по хард диск но никако да ја најдам Wallbash така да апелирам доколку некој ја има да ја постира тука во контекстот на дискусијава.

Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:08
Јас тотално се испобунив прееска ивенете за предходниот пост! Сега ми е јасно што е работава! Инаку зашто овој проект не се има реализирано?!

Posted By: maestro
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:18
Па објектот на Инвест Банка нема никаква разлика со овој облектов на Бимас! Дури и прозорците од страна се истите!

А, да гледаме вака. Можеби Инвест банка го откупила концептот за нивниот објект, зошто овој на Бимас не се изреализирал?

Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:23

Па не е битно не збориме за стандардизиран објект на McDonalds покрај автопат туку за објект во центар на Скопје. Секој објект се проектира во контекст на неговото идно окружување така да тоа што го сугерираш и да е точно воопшто не е на место.

Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:28

Точно!

Инаку ова е локацијата на првичниот проект. Од хотелот јадран до објектот на телекомуникации.
 
Posted By: ivopfc
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:28
ne gledam nisto sporno ili loso vo toa sto eden objekt sto ne e izgraden na edno e prilagoden i izgraden na druga lokacija...posebno koga se raboti za estetski ubav, funkcionalen, odmeren, eleganten i originalen objekt kako ovoj. Arhitektite ednotavno ja upotrebile prvicnata ideja i ja prenamenile za ovaa lokacija....a pbanks e totalno vo pravo...zgradickata koja bila na ova mesto pred zemjotresot po mnogu nesta potsekja na denesniot objekt...ednotavno toj izgleda kako moderna verzija na svojot nekogasen prethodnik...
vo sekoj slucaj, suvisno e da se redat navredi za ovoj objekt, koga dovolno e da se svrtime na bilo koja strana niz gradot i da gledame objekti koi seblago kazano uzasni, kade i da zamisli da gi izgradi covek.

Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:30
Originally posted by pbanks

Ова е од зелениот каталог од БИМАС 2002 ако не се лажам.

Да. Ова е од зелениот каталог на БИМАС од 200, ако некој го има при рака, нека го провери.

Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:46
Originally posted by ivopfc

ne gledam nisto sporno ili loso vo toa sto eden objekt sto ne e izgraden na edno e prilagoden i izgraden na druga lokacija...posebno koga se raboti za estetski ubav, funkcionalen, odmeren, eleganten i originalen objekt kako ovoj. Arhitektite ednotavno ja upotrebile prvicnata ideja i ja prenamenile za ovaa lokacija....a pbanks e totalno vo pravo...zgradickata koja bila na ova mesto pred zemjotresot po mnogu nesta potsekja na denesniot objekt...ednotavno toj izgleda kako moderna verzija na svojot nekogasen prethodnik...
vo sekoj slucaj, suvisno e da se redat navredi za ovoj objekt, koga dovolno e da se svrtime na bilo koja strana niz gradot i da gledame objekti koi seblago kazano uzasni, kade i da zamisli da gi izgradi covek.

Се сложувам со тебе и мене ми е сепак најважен крајниот резултат и така мислам дека треба и да ги вреднуваме објективе но секој си има своие критериуми јас може да зборувам само во свое име.

Сепак интересни се и овие податоци кои ги изнесува ArhiTechTone.

BTW незнам дали причината е дека сум навикнат на објектот на Инвестбанка но првичната верзија за другата локација ми делува некако......... пренатрупана. Секако веројатно би излегла подобра од постоечкиот објект на Поштенска/Еуростандард кој ми е еден од најбезвезните понови деловни згради.

Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:55
Originally posted by ivopfc

ne gledam nisto sporno ili loso vo toa sto eden objekt sto ne e izgraden na edno e prilagoden i izgraden na druga lokacija...posebno koga se raboti za estetski ubav, funkcionalen, odmeren, eleganten i originalen objekt kako ovoj. Arhitektite ednotavno ja upotrebile prvicnata ideja i ja prenamenile za ovaa lokacija....a pbanks e totalno vo pravo...zgradickata koja bila na ova mesto pred zemjotresot po mnogu nesta potsekja na denesniot objekt...ednotavno toj izgleda kako moderna verzija na svojot nekogasen prethodnik...
vo sekoj slucaj, suvisno e da se redat navredi za ovoj objekt, koga dovolno e da se svrtime na bilo koja strana niz gradot i da gledame objekti koi seblago kazano uzasni, kade i da zamisli da gi izgradi covek.

Ако веќе збориме за естетика, мислам дека првичниот проект(за поштенска банка) е тотална утка бидејќи апсолутно го имаат запоставено обликувањето на аголот т.е. го немаат запоставено туку воопшто не ни се замарале со истиот. Оставен е како обична mirror осовина во целиот објект. Првичниот проект воопшто не е убав.

Инвест банка очигледно има солиден објект, тоа не е спорно, проблемот тука е од етичка природа. Граѓаните сеуште ќе го доживуваат како убав. Тоа што процесот на обликување е дискутабилен, нема да смени ништо. Мислам дека сите се согласуваат дека објектот е пристоен.

Повторно ќе речам не е прашање на естетика туку на етика. Затоа и го споделив проектот.

Posted By: ivopfc
Date Posted: 23-Jan-2009 at 18:58
Еве слика од објектот на Хотелот „Српски Краљ“ кој своевремено се наоѓал на местото на Инвестбанка.

Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2009 at 19:09

Јас располагам со слика од друг објект на оваа локација. Ќе глеам да го најдам можеби е на другиот компјутер Wallbash

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Jan-2009 at 19:31
Ако мислиш на овој објект кој е далеку понов од оној на ivopfc

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jan-2009 at 19:36
За тој зборам со тоа што мојата слика е баш од него и е доста јасна. Уште да ја најдам 

Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Jan-2009 at 00:55
убаво што ви текна на сликата, инаку јас кога првпат го видов Хотел Српски крал мислев дека според него ја имаат направено Инвест банка, а инаку се сложувам со се што е веќе кажано

Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Feb-2009 at 23:47
Конечно ја најдов сликата за која зборував погоре Wallbash

Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Jun-2010 at 08:26

Aко не се лажам ова е пред изградбата, или?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Jun-2010 at 09:06
Да, тоа е.

Иначе градбата протече со колеми протести на станарите околу.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: xnx
Date Posted: 11-Jun-2010 at 10:06
normalno, na bilo kogo ako mi go zatvoris pogledot ke protestira, i pokraj toa sto markicata bese legalna.

Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jun-2010 at 10:26
Ne gledam tuka na kogo mu se zatvorilo pogled. A stanarite od centar veke pochnav po default da gi smetam za nepristojni nivnite baranja i celiot komoditet shto go uzivaat i baraat da go uzivaat i zgora na toa da bide subvencioniran na smetka od site gragjani na ovoj grad.

Posted By: xnx
Date Posted: 11-Jun-2010 at 12:17
imase edna zgrada pozadi sto ubavo si se navikna da gledaat na ul makedonija. koga pocna da se gradi gi gagjaa rabotnicite so flashi i patligani(neli vo centar lugeto se najkulturni kako i vo sekoj grad) i povredija eden od rabotnicite. ednostavno tolku ubavo si se naviknaa na pogledot sto sakaa po sekoja cena da go zadrzat

Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Jun-2010 at 12:33
Точно јас живеам во анексот на блокот и тоа на последен кат, со стратешка позиција. Право бункерско гнездо! Шала на страна, ова со зградава си е чиста проба криминал, кога ќе си дојдам дома обавезно ќе сликам, да видите како изгледа ова рудло од задната страна, накаде дуваат климатизаерите и колку има простор помеѓу двете згради. Од издавањето на маркица (Мирослав Грчев), преку самати изведба и лажираните податоци од Катастер-се беше криминал. Да не зборуваме дека кога го рушеа трезорот, целата зграда се напукна, а балконите тотално надвиснаа, сега вода ли пуштиш-веднага ја снемува надолу.

Да надополнам-погледот во никој случај не беше убав (верувам сеха откако ја средија улицата и паркчето е далеку поубав), но пред се беше многу бучна заради комбинацијата од калдрма и секојдневни делегации од/кон Собранието. Никакво навикнување ниту субвенционирање, просто тоа не е аргументирано, туку се мудрости од мал мозок.

За крај сакам да ве потсетам дека скоро се што се гради во Скопје е навидум ЛЕГАЛНО (т.е. ги има сите дозволи). Но, како се стигнало до тие дозволи и дали воопшто требало да бидат издадени, е еден од најгорливите проблеми. Затоа што подобро дивоградба, отколку поткупена дозвола.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте

Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jun-2010 at 15:08
Ајде еве практичен пример што веќе го имам изложено. По која логика тие што живеат во центар добиваат бесплатен паркинг. Зашто јас како граѓанин на истиот овој град треба да плаќам поскапо од нив. Колку што ми треба мене центарот толку и на центарци им треба. Еве нека повелат граѓаните од центар во Кисела Вода сите имаме исти услови за паркирање, за сите е бесплатно. Стварно е апсурдно да слушаме приказни колку било тешко во центар. Па ако на некого му е тешко има и други попериферни населби од центарот.

Мислам дека треба да се донесе закон со кој општините ќе може да прогласуваат урбанистички опфати во кои ќе може пренамена на станбен во деловен во рамки на станбени објекти да биде и повисоко од приземје и први (сегашна ситуација што важи за сите објекти), па така мал ринг да се прогласи за опфат во кој ќе може и погоре од први да се пренаменува простор. Ќе се отвори можност за градски ѕид, кулите кај трговски и други да се пренаменат. Центарот на градот ќе биде во вистинска смисла деловен центар, општините ќе земат големи пари од комуналии за пренамена, практично ќе се истиснат жителите од строгиот центар (нормална појава, порано или подоцна), нема да ги има оние проблеми со кафичите (што се симнуваа по пижами во тренд). Чат пат ќе остане по некој последен мохиканец, но мислам дека и на нив ќе им се покаже точката на топење и пред економски аспект и пред аспектот на условите во кои ќе живеат.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jul-2010 at 16:58
http://www.flickr.com/photos/emil_ivo_s/4596331518/ - http://www.flickr.com/photos/emil_ivo_s/4596331518/

Не знам зошто не сака да се поврзи директно со сликата.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Jul-2010 at 17:37
Претпоставувам дека фликр ги засили безбедностите во врска со превземање на фотографии =)

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)

Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jul-2010 at 18:49
Скоро читав на SSC дека Фликр комплетно блокира сајтови кои постираат слики од тој сервис а не поставува повратен линк до фликр. Јас никогаш не сум го користел фликр така да незнам како поставувањето на таков линк е решено. 

Posted By: xnx
Date Posted: 04-Dec-2012 at 11:18
najnoviot krik na nasive procueni arhitekti. otkako gi smislija zgradite sproti bristol, resija deka im smeta Invest banka bidejki e premnogu moderna. Iako ima najvisoka ocenka na forumov, tie bez konsultacija na arhitektite si resija da ja "rekonstruiraat". poglednete go nivot izgled: (se nadevam deka ke se napravi sve za da se spreci ova grozomorno ludilo)

Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Dec-2012 at 11:32
Originally posted by xnx

Како би смееле да ја сменат Инвест банка? Кој го изработи идејното решение при реконструкцијата на објектот? Зошто никој не се противи. Освен архитектот Муличковски кој се побуни за менување на владината фасада, никој друг не реагира јавно. Тука лежи проблем, мене лично да би ми се случило вакво нешто со мој труд, јас би поднел тужба до суд и би го покренал прашањето до меѓународните архитектонски асоцијации. Ова е дрскост.

Posted By: xnx
Date Posted: 04-Dec-2012 at 11:42
e kako bi smeele de? toa e problemot. kaj nas i sve e mozno. ke bide isto kako i so vladata. prvo ke tuzat arhitektite, posle ke gi "sredat" na nivni nacin i ke si go napraat. mislam deka ova ke im bide sitnica mala da go izvedat. za tuzba normalno deka sekoj bi podnel, ama koe e fajdeto. pola centar padna na ustaven pa oko ne im trepna

Posted By: alexgizh
Date Posted: 04-Dec-2012 at 12:15
Грозно и налудничаво .

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2012 at 18:24
Чeкајте, чекајте... чекајте...  Кој е статусот на ова? Шпаркасе се согласиле со ова?!?

Ако е така, тогаш може само да нагаѓам за каков тип на уцена и изнуда се работи (или евентуално некаков морков). Но веќе толку ми е преку глава од ова лудило, па ако на приватна банка како Шпаркасе не им е гајле какво седиште ќе имаат, мене ми е уште помалку гајле. Ако не им е гајле што сегашната навистина убава зграда ќе се накинџури и ќе се претвори во циркузантси објект, мене повторно ми е уште помалку гајле. Со други зборови, ако се согласиле со ова, нека кршат глава, иако овој објект беше досега највисоко оценет на build анкетите.

Но со ваквите потези овие лудаци на власт кои мислат дека можат и треба да ретушираат се живо во градов, веќе целосно ми ги исцрпеа и последните трошки умереност. Кога станува збор за зградите на државните институции и државните фирми, веќе не сум застапник на ставот дека некоја идна гарнитура на власт не треба да биде премногу ревизионистички настроена спрема Ск2014 и треба во најголем дел да ја прифати новата реалност, каква-таква, од чисто практични и финансиски причини. Но бидејќи лудациве очигледно намислиле дека историјата почнува и завршува со нив и поради фактот што таа нивна „реалност“ веќе сериозно ја преточија на терен, сега веќе сум на став дека ваквиот фалсификат мора да биде ревидиран во некоја поголема мерка... Па побогу, на овие изгледа сите постојни објекти им се на листата, само прашање е кога кој ќе дојде на дневен ред. Дефинитивно мислам дека таквата „оставштина“ треба да биде збришана, чисто од принцип и како порака до некој во иднина што би сакал да потроши толку стотици милиони народни пари, за да си игра SimCity и да го моделира градот како да историјата почнува и завршува со него.

Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Dec-2012 at 19:16
ова парче на центарот на градот си е убаво вака модерно,со се сите градби наоколу(мислам дека се повеќето банки плус онаа новата на НЛБ).ако се оние градби строго околу плоштадот налик на барок,немора овие од вториот круг околу него да се преправаат.нема никаква потреба.ама....

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 04-Dec-2012 at 19:28
Originally posted by Cloverstack

Чeкајте, чекајте... чекајте...  Кој е статусот на ова? Шпаркасе се согласиле со ова?!?

Ако е така, тогаш може само да нагаѓам за каков тип на уцена и изнуда се работи (или евентуално некаков морков). Но веќе толку ми е преку глава од ова лудило, па ако на приватна банка како Шпаркасе не им е гајле какво седиште ќе имаат, мене ми е уште помалку гајле. Ако не им е гајле што сегашната навистина убава зграда ќе се накинџури и ќе се претвори во циркузантси објект, мене повторно ми е уште помалку гајле. Со други зборови, ако се согласиле со ова, нека кршат глава, иако овој објект беше досега највисоко оценет на build анкетите.

Но со ваквите потези овие лудаци на власт кои мислат дека можат и треба да ретушираат се живо во градов, веќе целосно ми ги исцрпеа и последните трошки умереност. Кога станува збор за зградите на државните институции и државните фирми, веќе не сум застапник на ставот дека некоја идна гарнитура на власт не треба да биде премногу ревизионистички настроена спрема Ск2014 и треба во најголем дел да ја прифати новата реалност, каква-таква, од чисто практични и финансиски причини. Но бидејќи лудациве очигледно намислиле дека историјата почнува и завршува со нив и поради фактот што таа нивна „реалност“ веќе сериозно ја преточија на терен, сега веќе сум на став дека ваквиот фалсификат мора да биде ревидиран во некоја поголема мерка... Па побогу, на овие изгледа сите постојни објекти им се на листата, само прашање е кога кој ќе дојде на дневен ред. Дефинитивно мислам дека таквата „оставштина“ треба да биде збришана, чисто од принцип и како порака до некој во иднина што би сакал да потроши толку стотици милиони народни пари, за да си игра SimCity и да го моделира градот како да историјата почнува и завршува со него.

+1

Но како мое лично мислење ќе додадам дека радикална ревизија би била погрешна, а и воопшто неприфатлива за мнозинството од населението, без разлика на нивната политичка или било каква определба... 

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: Dexter26
Date Posted: 04-Dec-2012 at 20:12
А бе дајте имајте разбирање, прозорците не дихтуваат, затоа мораат да ги менуваат фасадите.

Инаку, јас сум обожавател на Симсити, но кога веќе ќе ја научам како дланката своја, станува досадна па ја бришам, а со нетрпение чекам да излезе во продажба новата SimCity во март 2013, така ќе се вика - SimCity, исто како и првата игра од серијалот.

Но немојте погрешно да ме разберете, јас дури и кога би бил на власт, сепак би играл Симсити само на компјутер, не и во реалност, освен ако градам нов град од темел, но сепак тој град не би бил во пвеводбенички стил.

Posted By: xnx
Date Posted: 04-Dec-2012 at 21:22
najretardiran e textot na samiot plakat, sega go procitav. inaku fasadava e ucena od vladata dokolku sakaat da im se dozvoli uste nekolku sprata nadvisuvanje (do 29 metri), no bidejki statikata ne go dozvoluva toa, se nadevam deka nema da dojde do ova. inaku, sekako deka sekoj normalen arhitekt bi tuzel za ova, megutoa posle toa so vladata sve e mozno. inaku, navistina objektov e star i izlapen, prozorcite sigurno ne dihtuvaat ubavo
mnogu me interesira so koja prikazna ke izleze latas vo javnosta

Posted By: Teglarot
Date Posted: 04-Dec-2012 at 22:01
ARE YOU FUC*ING KIDDING ME !?!?!?!

Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Dec-2012 at 00:44
е ова е веќе крајна ретардација и мислам дека и тоа е преблаг збор...
и дури сега не ми е јасно, ЗОШТО? ај постмодернизмот им бил премногу комуњарски, ај имало недостаток од „барок“ во градов, ама ова? ова беше баш така осмислен објект да има искомбинирани стилови и дури имаше некои ситни детали од претходни тамошни објекти
па и нека објаснат ако не им се вклопувало стаклото во просторот, тогаш како се вклопуваат столбовине???
крајна дрскост над сите граници... а тоа што Шпаркасе се „согласиле“ со ова и што државата уредува приватни објекти, не вреди ни да се коментира, вреди само да се тужи... Dump

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: FCB
Date Posted: 05-Dec-2012 at 04:40
[tube]T549VoLca_Q&feature=youtube_gdata_player %20 - [/tube]
Ve molam podignete go nivoto na razgovor i ne koristete vakvi izrazi. Nikoj ne e dolzen da ve slusa kako nedolicno se izrazuvate.
I do modernatorite , zosto sekogas dozvoluvate nedolicno odnesuvanje od poedini clenovi, i ostavate toa da se povtoruva mnogupati bez da bidat opomenati. A siguren sum deka e sprotivno na pravilnikot .
Baram odgovor od nekoj modernator.

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-Dec-2012 at 05:02

А зар Скопје 2014 не е една голема перверзија, навреда за секоја човечка развиена мисла. 

Во суштина Скопје 2014 е најголемата непристојна и недолична работа што можела да му се случи на овој форум, на овој град, на ова општество и држава...

Не силуваат... Да, ова е мисловно и какво уште не.... Силување... 

Па сега... види...

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-Dec-2012 at 05:04
А тоа што некој ужива да биде силуван... тоа е друга работа...   

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-Dec-2012 at 05:12
А за трагедијата да биде уште поголема... си постирал видео кое збори за анти-дискриминација... а во исто време имаш влада и нејзини следбеници кои дискриминираат по секаква основа... почнувајќи од тоа да не бидеш со нив и да ги критикуваш... веднаш си најголем душман на овој народ и држава...

-------------
Македонија - Земја на чудата!

Posted By: xnx
Date Posted: 05-Dec-2012 at 11:50
textov mi e vrv: demek ne ja menjame nie fasadata, samo i davame stabilnost

ova e subtilna poraka deka: none is safe sega site arhitekti nema da spijat navecer znaejki deka mozda se sledni

Posted By: theMac3donian
Date Posted: 06-Dec-2012 at 02:58
Објектот на Инвест Банка е еден од најубавите објекти во Скопје... би рекол и во светот. (за таков објект, толкава големина, местоположба, намена...). Да овој мој радикален став е мој лично и можеби не е точен, но објектот сам во себе носи(носеше) некоја вечна грандиозност и има(имаше) непобитно присуство.

Незнам зошто ќе ја менуваат фасадата кога овој објект би бил убав и покрај барокни, нео-класични, арт-нуво, баухаус, модернистичи итн... згради.

Јас мислам дека ова што се прави на овој објект е чиста глупост!

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР

Posted By: fichot
Date Posted: 06-Dec-2012 at 03:39
Мхммм.. нешто ми затаија со куполите во последно време.

Posted By: BOJAN
Date Posted: 06-Dec-2012 at 11:57
Originally posted by xnx

textov mi e vrv: demek ne ja menjame nie fasadata, samo i davame stabilnost

ova e subtilna poraka deka: none is safe sega site arhitekti nema da spijat navecer znaejki deka mozda se sledni

Дали овој текст стои во публикацијата што ја содржи визуелизацијата на „новата“ Шпаркасе банка или пак се работи за писмо што е испратено до самата банка во кое се предлага промена на надворешниот дизајн на објектот? Ако е второво, ме интересира што им одговориле од банката.

Posted By: xnx
Date Posted: 06-Dec-2012 at 12:29
pa vidi go katalogot so "rekonstrukcijata" 10tina postovi pred ovoj ke vidis. textov stvarno me izluduva i mi doaga da se frlam od 10ti... od pozitivni promeni na fasadata... do stolbovi koi ke dadat stabilnost.... kola budala se drznala da menuva necie delo i uste da kazuva deka pozitivno go menuvala. neka se javi, da znaat avtorite kogo da tuzat barem.

Posted By: Dexter26
Date Posted: 06-Dec-2012 at 12:44
Не гледам никаква доградба со уште еден кат кај објектот со новата фасада, сега објектот ги има 6 ката, а според сликата, објектот и после изградбата на новата фасада ги има 6 ката, па од тука паѓа во вода теоријата дека некој ја уценувал Шпаркасе да ја смени фасадата доколку сака да изврши доградба на зградата со уште еден или повеќе катови.
 
Има ли некое друго оправдание за ваквиот идиотизам, освен лудило ?

Posted By: xnx
Date Posted: 06-Dec-2012 at 13:08
toa e pricinata, samo sto ostanatite 2 sprata ne se nacrtani. ako sakate uste 2 sprata, eve sto treba da napravite. e sega statikata ne dozvoluva. dali ke se podignat sepak na divo i dali ke se usere fasadata so ovie "pozitivni" izmeni ostanuva da vidime

Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Dec-2012 at 13:34
Ако Шпаркасе го направат ова ќе се приклучат во Т-Хоме/Т-Мобиле клубот. Големи, странски фирми кои наместо да демонстрираат општествена одговорност и да дадат позитивен пример за некои работи го прават токму спротивното.

Thumbs%20Down

Posted By: xnx
Date Posted: 07-Dec-2012 at 14:10
kakvi se tie stolbovi sto pocnuvaat od prvi sprat i visat na konzola vo vozduh? toa e samo parodija na klasicna arhitektura

Posted By: Strumica_City
Date Posted: 08-Dec-2012 at 14:56

Во реалност неспецијалистот се стреми кон пресоздаване на минатото кон репродуциране и реставрација, а специјалистот знае дека тоа е лесен и лажен подфат и се стреми да постигне успех со нов тип на мислење, со нови технологии и техники.
А после све ова што се случува кај нас определено веќе убаваите градби во Скопје можат на една рака да се избројат.
До кога ке трае ова лудило?

-------------
What we think we become.

Posted By: xnx
Date Posted: 26-Jun-2013 at 09:48
inaku od sigurni izvori doznav deka invest banka e reshena bidejki bila "seriozna banka" da napravi promeni na fasadata kakvi sto i bara vladata bez razlika sto ke se obruka pred celata javnost. vo vrska so avtorskite prava im bilo veteno deka "ke se pogrizat okolu toa" zakonski da se opravda ovoj tip na skvernavenje na objekti

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2013 at 16:51
Со што ли ги подмачкале? Со што и да е, неизбежно ќе оди на сметката на сите нас, а не на сметката на нарачателот.

И во ваква ситуација зарем ќе биде чудно „сериознава банка“ да реши да ја врати постоечкава фасада ако некоја наредна влада го побара тоа (и се разбира адекватно ги подмачка)?

Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jun-2013 at 17:09

Зошто подмачкале? Има различни методи.

Ако ова се изведе, влегува во клубот на „сериозни компании“ како Т-Хоме и Комерцијална Банка кои веќе покажаа што знаат.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2013 at 17:23
Па повеќе од сигурно дека некој малце ги поттурнал во правец да ја донесат „правата“ одлука, а за тоа постои само стап и морков, трето нема. Претпоставувам дека во случајов е второто.

Print Page | Close Window