Print Page | Close Window

Реконструкција на А1 / Е75

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=26
Printed Date: 19-Mar-2024 at 07:45


Topic: Реконструкција на А1 / Е75
Posted By: pbanks
Subject: Реконструкција на А1 / Е75
Date Posted: 18-Sep-2007 at 00:04
Nemozam da pristapam do clanakot od utresen Dnevnik preku internet no nisto od asfaltiranjeto. Rekonstrukcijata na mostovite zavrsuva vo Oktomvri i patot verojatno kje se otvori takov nikakov. Od NATO rekle deka pari ne se predvideni za toa vo ovaa faza na proektot tuku duri na kraj i toa ako ostanat. A vladava nemoze tolku brzo da obezbedi pari za ovaa namena (do Oktomvri)... Celiot clanak utre



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Sep-2007 at 16:59
eve go i clanakot za koj sto ne procital uste
 

ГОДИНАВА НЕМА ПАРИ ЗА АСФАЛТирање на автопатот СкопЈе - Велес

Мостовите обновени, дупките во асфалтот останаа

Гледано од технички аспект асфалтирањето сега ќе биде многу поевтино и побезбедно решение бидејќи делницата е затворена за сообраќај

Граѓаните ќе возат по дупки и крпеници по пуштањето на делницата Скопје - Велес бидејќи нема пари за асфалтирање на автопатот по едногодишната реконструкција на 29 моста, која треба да заврши на крајот од октомври. НАТО одобри 35 милиони евра за обновување на мостовите, а за асфалтирање на автопатот Фондот за регионални и магистрални патишта побарал 12,8 милиони евра од државниот буџет, но Владата не ги одобри парите поради прекраткиот рок. Фондот дури сега побарал пари од Владата бидејќи цела година се обидувал да издејствува кај НАТО асфалтирањето да падне на товар на алијансата.

- Асфалтирањето на патот е ставено како приоритет за во наредната година. Очекувавме парите да дојдат од НАТО, но тие немаат предвидено пари за рехабилитација во оваа фаза. Со меморандумот е предвидена рехабилитација на патиштата по завршувањето на втората фаза, која опфаќа реконструкција на мостовите на патот Демир Капија - Гевгелија во 2009 година, но само ако останат пари од проектот. Се обидовме да го добиеме тоа сега, но не успеавме - изјави Наташа Валкановска, директорка на Фондот за патишта.

Во Фондот тврдат дека неасфалтирањето на патот нема да ја загрози безбедноста на сообраќајот, на која според нив, многу повеќе влијаат недисциплинираните возачи. Валкановска е децидна дека санацијата на мостовите ќе заврши до крајот на октомври годинава, до кога трае одобрението од Министерството за транспорт за изменет режим на сообраќај. Делницата е затворена од 23 октомври лани.

Експертите сметаат дека државата мора да одвои пари за асфалтирање на делницата Скопје - Велес пред таа да се пушти во употреба.

- Гледано од технички аспект тоа ќе биде многу поевтино и побезбедно решение бидејќи делницата е затворена за сообраќај. Точно е дека асфалтирањето не беше предвидено во проектот на НАТО - вели Горан Марковски, професор на Градежниот факултет, кој е вклучен во овој проект.

Според него, има оштетувања и на спротивната делница од Велес кон Скопје, но тие мостови не биле приоритетни за овој проект бидејќи се подоцна градени и нивната носивост е поголема. Целта на донацијата од НАТО е да се зголеми носивоста на мостовите на делницата Скопје - Велес.

- Еден мост на другата делница ќе биде реконструиран в година, а оштетувањата на другите мостови се минорни бидејќи тие се проектирани според нови прописи - тврди Марковски.

Од Фондот соопштуваат дека во моментот се работи на девет моста, а за 20 е извршен технички прием. Реконструкцијата ја врши турската фирма „Џесаш“. Приоритет добија мостовите од Катланово до Велес бидејќи се најоштетени.

Подготвен е повикот и за втората фаза, во која ќе се санираат 21 мост на патот Демир Капија - Гевгелија.

- На тој дел нема да се затвора сообраќајот бидејќи нема алтернативен пат - велат во Фондот.

Два милиона евра помалку од патарина

Државниот буџет е покус за над два милиона евра за периодот јануари-август годинава поради неработењето на двете патарини кај Сопот и Отовица, кои се затворени поради реконструкцијата на мостовите. Во минатата година, до крајот на август од овие две наплатни станици беа собрани повеќе од два милиона евра.

Од Фондот за патишта соопштуваат дека вкупната наплата на патарина е подобрена за над 15 проценти поради зголемената фреквенција на возила и дисциплината кај вработените на наплатните рампи. Во минатата година до крајот на август, без двете патарини, биле собрани 5,9 милиони евра, а за истиот период годинава 6,8 милиони евра. Низ земјава, за овој период и лани и годинава поминале над 8,1 милиони возила.

Александра Филиповска



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2007 at 19:40
Да, навистина е ирационално да не се смени асфалтот во оваа фаза. Уште повеќе загрижѕва фактот што работата не е сигурна и во некоја подоцнежна фаза.

Подароци од лешинариве од НАТО не ни требаше да очекуваме. Тие го финансираат оној дел што им е нив важен, а квалитетот на асфалтот за нивните тешки возила не е некој проблем (без разлика што тие во добар дел учествувале во деградирање и на асфалтот).

Криво ми е зашто НАТО има дадено огромни пари на места каде што ја има користено транспортната инфраструктура многу помалку отколку во Македонија. На грците дури и комплетно им изградија бројни важни патишта во минатото.

Во секој случај ова требаше да биде расчистено многу поодамна и да се искористи можноста за комплетна санација на патот, макар и од државниот буџет. Ајде сепак да се надеваме дека асфалтот сепак ќе се смени, иако во многу понеповолни околкности - после завршување на работите на мостовите.



Катланово => Велес
Ситуација јули 2007:


1
Двонасочен сообраќај и хаотична хоризонтална сигнализација...
http://imageshack.us">

2
Зарем овој асфалт се мислат да го остават???
http://imageshack.us">

3
Или овој???
http://imageshack.us">



-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2007 at 19:42
Реновиран мост Велес => Катланово:




-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2007 at 19:43
Катланово => Велес
Ситуација 20-ти август 2007:



1
http://imageshack.us">

2
http://imageshack.us">

3
http://imageshack.us">

4
http://imageshack.us">

5
http://imageshack.us">

6
http://imageshack.us">

7
http://imageshack.us">

8
http://imageshack.us">

9
http://imageshack.us">

10
http://imageshack.us">

11
http://imageshack.us">

-------------


Posted By: dejan
Date Posted: 19-Sep-2007 at 07:30
Odlichni sliki!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Sep-2007 at 19:05
@ pbanks

Колку што гледам на ССЦ, си се прошетал малце неодамна Smile

Дали го оправија конечно осветлувањето во тунелот кај Катланово?


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Sep-2007 at 10:05
da raboti osvetluvanjeto, ama patot e katastrofa........... signalizacijata e nikakva.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Oct-2007 at 00:51
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=52B82FC7B1FB9A409E3B61EA740C036E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=52B82FC7B1FB9A409E3B61EA740C036E


Нови мостови, а автопатот до Велес полн со крпеници

Владата не успеа да обезбеди пари во висина од 13 милиони евра годинава за асфалтирање на автопатот


Друштвото на конструкторите на Македонија и' додели прва награда на „Џесаш“ за изведба на проектот за мостовите од Скопје до Велес

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Пред финализирање на мостовите од Скопје до Велес автопатот на целиот потег е раскопан. Огромни дупки се отворени на коловозот. Наместо да се стави целосно нов слој асфалт, државата ќе ги крпи дупките на автопатот.

Екипи на ЈП „Македонија пат“ деновиве забрзано го гребат асфалтот на местата каде што е оштетен коловозот за да се пополнат дупките пред да се пушти делницата од Катланово до Велес за сообраќај. Пред два месеца јавното претпријатие ги закрпи ситните дупки, но откако од државниот буџет не се обезбедија средства за комплетно нов слој асфалт, сега се прават покрупни интервенции на автопатот, кој на места сега изгледа како полн со кратери.

НАТО, со чија финансиска поддршка се поправаат мостовите, обезбеди сума во висина од 35 милиони евра само за реконструкција на оштетените премини, но не и за асфалтирање на автопатот. Владата се обиде да издејствува дел од одобрениот буџет да се пренамени за асфалтирање, но НАТО е категоричен дека за тоа може да се размислува дури откако ќе заврши втората фаза од реконструкцијата, во која е предвидено санирање и на мостовите од Демир Капија до Гевгелија, само ако евентуално остане нешто од парите.

Директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска, вели дека за асфалтирање на двете делници од Скопје до Велес и обратно се неопходни некаде околу 13 милиони евра, пари кои Владата не можела да ги обезбеди годинава. Затоа пред да се реконструираат мостовите, се преземаат активности за санирање на примарните оштетувања на коловозот. За целосно нов асфалт на автопатот, на потегот од Скопје до Велес, кој е во прилично лоша состојба, ќе може да стане збор дури идната година откако Владата ќе успее да ги обезбеди потребните пари. Експертите предупредуваа во неколку наврати дека е најдобро, пред се' од безбедносен аспект, асфалтирањето да се заврши сега, кога нема никаков сообраќај додека се санираат мостовите.

„На автопатот сега се преземаат неопходните чекори за поправка на оштетувањата на коловозот. Асфалтирањето на патот е ставено како приоритет за наредната година, доколку има пари. Ако видиме дека во буџетот за 2008 година ќе се обезбедат средства, тогаш со асфалтирање ќе може да се почне идната година напролет, за што прво треба да се изработи проект, а потоа и да се распише тендер“, појаснува директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека веќе финализира првата фаза од проектот за реконструкција на мостовите. Комплетно се реконструирани вкупно 20 моста, додека четири се во фаза на комплетирање. Во Министерството се категорични дека роковите од страна на турскиот изведуваш „Џесаш“ ќе бидат испочитувани и мостовите ќе се реконструираат до 30 октомври, до кога, всушност, и трае забраната за одвивање на сообраќајот.

Мостовите ќе беа поправени и порано од предвидениот рок, но динамиката ја забави исклучително топлото време во текот на летните месеци, кога градежните работници не можеа да работат на плус 50 Целзиусови степени, изложени на директно сонце.

Турската фирма „Џесаш“, што го доби тендерот за поправка на мостовите во првата фаза, беше наградена за својата работа. Друштвото на конструкторите на Македонија и' ја додели првата награда на „Џесаш“ за изведба на проектот за мостовите од Скопје до Велес, а наградата за проект за 2006 година ја доби проектантски тим од Градежниот факултет. „Џесаш“ е добитник на наградата како изведувач, но, всушност, градежните работи на мостовите и целиот товар падна на македонските фирми „Гранит“ и „Синтек“.

По санирање на 29. мост од Катланово до Велес, треба да се поправат и оштетувањата на уште 21 мост од Демир Капија до Гевгелија. Тие ќе се реконструираат идната година, а НАТО ќе треба да распише нов тендер за изведувач на градежните работи. Од НАМСА, агенција што обезбедува логистичка поддршка на НАТО, велат дека тендерот ќе се распише навреме, но не соопштуваат кога, и покрај тоа што првата фаза за санација на 29 моста е при крај.





Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Oct-2007 at 22:34

АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС


Ќе биде пуштен идниот месец


Автопатот Катланово-Велес се очекува да биде пуштен кон средината на ноември. Од Фондот за патишта велат дека причина за пролонгирањето на крајниот рок (крајот на овој месец) биле временските услови. Досега работниците целосно извршија ремонт на 24 оштетени мостови, а за поправка остануват уште пет што се наоѓаат пред Велес. Од турската фирма "Џесаш" ветуваат дека овој рок повторно нема да биде пролонгиран и нема да дозволат нашата држава да плаќа пенали.

Покрај поправка на оградите и на мостовите, вработените од ЈП "Македонија пат работат на крпење на дупките на автопатот и поставување на заштитна жица од одронување на карпи. Наредниве денови ќе започне и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација на автопатот.

Со пуштањето на оваа делница ќе биде отстрането тесното грло на сообраќај што сега се одвива на автопатот Велес-Катланово.

(С.А.)

 
Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=655A434FC7E13F47AC1E903C2A0F6409 - Вечер


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Nov-2007 at 15:24
Од вчера:

http://vest.com.mk/default.asp?id=143468&idg=7&idb=2221&rubrika=Makedonija - http://vest.com.mk/default.asp?id=143468&idg=7&idb=2221&rubrika=Makedonija

Скопје - Велес пак автопат
Од денеска напладне повторно ќе се вози двонасочно на автопатот Скопје- Велес -Скопје. Реконструкцијата на 29-те мостови на делницата Катланово - Велес е завршена. Турската фирма "Чесас" ги заврши градежнит

Од денеска напладне повторно ќе се вози двонасочно на автопатот Скопје- Велес -Скопје. Реконструкцијата на 29-те мостови на делницата Катланово - Велес е завршена. Турската фирма "Чесас" ги заврши градежните работи, јавното претпријатие "Македонија пат" ги закрпи дупките на коловозот на овој дел од автопатската делница и ги постави заштитните банкини и метални жици против одронување на карпи.
Реконструираната делница Катланово - Велес денеска кај клучката Катланово во употреба ќе ја предадат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералот на штабот на НАТО во Скопје Џон Дуранс. Санацијата на мостовите и надвозниците на автопатот Скопје - Велес чинеше 35 милиони евра. Градежните работи започнаа лани во октомври со пари што ги обезбеди НАТО како компензација за користење на автопатот за време на косовската криза. Во изминатата година делницата Катланово - Велес беше затворена и сообраќајот се одвиваше двонасочно по автопатот Велес - Скопје. Поради непочитување на поставената сигнализација, оваа делница цела година беше сообраќајна црна точка и однесе многу човечки животи.
У.Ј.



Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Nov-2007 at 00:57

Автопатот од Скопје до Велес ќе се асфaлтира со пари на НАТО

Буџетот од 35 милиони евра нема да се потроши за мостовите, остатокот ќе се пренамени за автопатот

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Коловозот на автопатот од Скопје до Велес, делница на која годинава се реконструираа 29 моста, ќе се асфалтира со пари од НАТО, дознаваме од неофицијални извори. Постојат огромни шанси дел од одобрените средства на НАТО во висина од 35 милиони евра, за санација на вкупно 50 моста во државава, почнувајќи од граничниот премин од Табановце до Гевгелија, да не се потрошат. Овие пари првично се предвидени само за мостовите. Но, со оглед на тоа дека целата сума нема да се потроши, остатокот ќе се пренамени за асфалтирање на критичните точки од автопатот.

Овој потег од автопатот, кој е во катастрофална состојба и е полн со дупки, Владата немаше пари да го асфалтира додека траеше реконструкцијата на мостовите, кога сообраќајот беше забранет. Процените беа дека за целосно нов коловоз се потребни околу 13 милиони евра.

Досега, за поправка на 29 од вкупно предвидените 50 моста, како што дознаваме, потрошени се околу 12 милиони евра, или една третина од одобрените 35 милиони евра. Се претпоставува дека за преостанатите 21 мост, кои треба да се санираат во текот на идната година, ќе се потрошат уште 10-12 милиони евра, така што остатокот ќе се искористи за обновување на коловозот. Но, според нашите сознанија, дури и да се потроши целата сума само за мостовите, кај НАТО сега постои расположение, откако ќе се поправат оштетените мостови, да се одобри дури и нов буџет само за автопатот. Кој дел е најкритичен за целосно нов асфалт, ќе каже Министерството за транспорт и врски, кое треба да изработи студија.

Асфалтирањето нема да се случи идната година, туку дури во 2009 година, кога се очекува да се поправат сите мостови од Табановце до Гевгелија што беа руинирани за време на косовската криза од тешките возила на НАТО што го користеа автопатот за транспорт меѓу Косово и грчкото пристаниште Солун.

Првите 29 моста, кои беа реконструирани за време на првата фаза, веќе се пуштени во употреба пред три недели, а оштетениот коловоз од Скопје до Велес само се пополни со крпеници. Втората фаза за реконструкција на 21 мост ќе почне од 1 февруари идната година, за кога е предвиден стартот на градежните зафати. Во тек е изборот на фирма што ќе ги поправа мостовите. Тендерот е при крај, собрани се понудите од фирмите и се очекува најдоцна до 22 декември да се избере изведувачот што ќе ги санира мостовите од Неготино до Демир Капија. Првите мостови ги реконструираше турската фирма „Џесаш“.

За време на градежните работи, на оваа делница од автопатот сообраќајот нема да се забрани, туку ќе се одвива во отежнати услови, бидејќи прво ќе се поправа едната половина, а потоа другата половина на мостовите. Овој потег не може да биде целосно затворен за сообраќај затоа што нема алтернативен пат.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=45832B8A6A1A314DA52DD234F59825EE - Утрински весник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Nov-2007 at 01:10
Добро е ако сепак се преасфалтираат барем најкритичните делници, иако идеалниот момент го пропуштија Roll%20eyes

Во секој случај да почекаме да видиме дали навистина ќе испадне работава.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Dec-2007 at 09:47
Cheers
 

Турската фирма ќе ги санира и мостовите до Гевгелија

Понудата на „Џесаш“ е избрана за најдобра минатата недела, но сега тече рокот за жалби

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Турската градежна фирма „Џесаш“ е избрана на меѓународниот тендер да ги реконструира мостовите од Неготино до Гевгелија, дознаваме неофицијално. Понудата на „Џесаш“ е оценета како најдобра минатата недела, но официјално се' уште не се соопштува, бидејќи тече рокот за жалби.

Турците во годинава што изминува, во рамките на првата фаза, санираа вкупно 29 моста од Скопје до Велес, а тендерската комисија повторно се одлучи тие идната година да поправат 21 мост од Неготино до Гевгелија, бидејќи биле задоволни од рокот и од квалитетот на изведените градежни работи.

Според пропозициите на тендерот, македонските фирми, бидејќи не се од земја-членка на НАТО, се исклучени и не можеа да конкурираат за главни изведувачи на градежните работи, туку само како подизведувачи. Така, додека траеше зајакнувањето на првите 29 моста од вкупно предвидените 50, „Џесаш“ се водеше како главен изведувач на градежните работи, но за подизведувач беше избрана нашата водечка компанија „Гранит“. Воопшто не е исклучено „Гранит“ повторно да биде во игра и да стане подизведувач на Турците.

Според предвидувањата, зајакнувањето на 29-те моста треба да започне во февруари идната година. За време на градежните работи, делницата од Демир Капија до Гевгелија нема да биде целосно затворена. Сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, бидејќи прво ќе се поправа едната половина, а потоа другата половина на мостовите. Овој потег не може да биде целосно затворен за сообраќај затоа што нема алтернативен пат.

Досега за поправка на мостовите од првата фаза, како што дознаваме, потрошени се една третина од вкупно одобрените 35 милиони евра за санација, или околу 12 милиони евра. Се претпоставува дека за преостанатите мостови, кои ќе се поправаат идната година, ќе се потрошат уште 10-12 милиони евра. Остатокот од парите е можно да се искористи за обновување на коловозот на оние делници од автопатот каде што е најоштетен. Кој дел е најкритичен за целосно нов асфалт, треба да каже Министерството за транспорт и врски.

Асфалтирањето нема да се случи идната година, туку дури во 2009 година, кога се очекува да се поправат сите мостови од Табановце до Гевгелија што беа дополнително руинирани за време на косовската криза, иако најголем дел од оштетувањата се направени претходно, бидејќи во 60-тите години на минатиот век, кога се градени мостовите, не биле задоволени стандардите за изведба.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AE24BCA4733A3A4591E78768C05B9A12 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AE24BCA4733A3A4591E78768C05B9A12


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jan-2008 at 06:01
Вечерва бев до Велес и покрај мракот и лошото време, очигледно беше дека мостовите ги средиле тип-топ и на изглед. И не само тоа, туку мислам дека сега е многу побезбедно да се патува зашто сите мостови имаат високи и цврсти огради. Исто така забележав дека се монтирани нови метални браници на некои места, особено непосредно пред и после мостовите, така што сите „отвори“ се затворени. Мене тоа ми делува многу побезбедно отколку што беше.

Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Jan-2008 at 23:36
Cheers

Од крајот на јануари стартува поправката на мостовите од Неготино до Гевгелија

Од „Џесаш“ ќе дадат инструкции за почетните градежни работи

Реконструкцијата на дваесет и еден мост на потегот од Неготино до Гевгелија ќе стартува кон крајот на јануари доколку бидат поволни временските услови. Градежните работи, како што веќе пишуваше „Утрински весник“, повторно ќе ги изведува турската градежна компанија „Џесаш“, која минатата година ги поправаше мостовите од Скопје до Велес. Како подизведувач на „Џесаш“ ќе биде нашата градежна компанија „Гранит“.

Од НАМСА, која е агенција на НАТО за снабдување и одржување, вчера и официјално потврдија дека турската градежна фирма победила на тендерот за избор на изведувач на санационите зафати на мостовите. На тендерот пристигнале шест понуди, но по нива евалуација, Канцеларијата на НАМСА во Луксембург ја оценила како најдобра понудата на „Џесаш“. Според одговорните од НАМСА, договорот со „Џесаш“ веќе е потпишан, но не соопштуваат детали за висината на договорот. Претставници на турската фирма се очекува да дојдат во државава на 28 јануари, при што треба да се договорат деталите и да се дадат инструкции за почнување на градежните работи. Реконструкцијата на мостовите од Неготино до Гевгелија ќе трае една година.

Вкупно за 50 моста, кои според проектот треба да се поправат од Скопје до Гевгелија, НАТО одобри 35 милиони евра. Но, од НАМСА тврдат дека, според процените, овие пари нема да се потрошат само за мостовите, туку дел ќе остане. Остатокот од средствата, како што појаснуваат од НАМСА, ќе се искористат за поправка на оштетениот коловоз на автопатот од Скопје до граничниот премин Богородица. Но, претходно Министерството за транспорт и врски во соработка со Фондот за магистрални и регионални патишта треба да изготви студија која реално ќе ја прикаже постојната состојба на Коридорот 10, а НАТО ќе донесе одлука кои делници ќе бидат реконструирани. (В.Г.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FC7FA7AAC96B204A9F1171B2D751F7B6


Posted By: Supervisor
Date Posted: 29-Jan-2008 at 21:24
Реновирањето Катланово-Велес траеше премногу долго, и можеше да се заврши за многу покус рок.
Што се однесува до делницата Неготино-Демир Капија тука ке бидат потребни многу средства и останува прашањето дали и кога ке се тргне кон реализација на проектот/


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Feb-2008 at 00:10
Cheers

На мостовите од Демир Капија до Гевгелија ќе се вози наизменично во една летна

Сообраќајот од Демир Капија до Гевгелија од 1 март ќе се одвива под вонредни услови

Верче Георгиевска

Сообраќајот на потегот од Демир Капија до Гевгелија од 1 март ќе се одвива под вонредни услови. Возилата ќе сообраќаат двонасочно, за што ќе се користи само една коловозна лента. Наизменично ќе возат возилата од едната, па од другата страна. Изменетиот режим ќе профункционира за нецели две недели, затоа што ќе почне да се врши санација на горниот дел на мостовите од Демир Капија до Гевгелија.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека пред мостовите што ќе се зајакнуваат ќе се постави сообраќајна сигнализација за да ги предупреди граѓаните, пред се', дека брзината мора да им биде приспособена на условите на патот, односно намалена, како и тоа дека возилата мора да се движат во една лента. Покрај патна сигнализација, на терен ќе бидат присутни и луѓе од фирмата-изведувач со цел да го олеснат сообраќајот. Изменетиот режим на сообраќај ќе се практикува до крајот на 2008 година, до кога треба целосно да се зајакнат сите мостови. Брзината на возење по мостовите кога ќе се вози двонасочно по една лента, најверојатно, ќе се ограничи од 20 до 40 километри.

Поправката на мостовите од Демир Капија до Гевгелија се врши во рамките на втората фаза од проектот за зајакнување на премините од Скопје до граничниот премин Богородица. Во оваа фаза треба да се зајакнат вкупно 21 мост. Претходно, во првата фаза се санираа 29 моста на потегот од Скопје до Велес.

Втората фаза за реконструкција е започната во почетокот на годинава. Изведувач на работите повторно е турската фирма „Џесаш“, која ги поправаше мостовите до Велес. Моментално се работи на десет моста, и тоа на долниот строј, при што се врши зајакнување на конструкцијата. Од 1 март градежните работи се префрлаат на горниот дел од мостовите. Со оглед на тоа дека за потегот од Демир Капија до Гевгелија нема друг алтернативен пат, сообраќајот мора да се одвива паралелно додека траат градежните работи на мостовите. Од тие причини и се воведува изменетиот режим на сообраќај. Во основа, посебниот режим ќе се воведува на секој мост поединечно, односно прво ќе се работи на еден, а потоа на друг.

За вкупно 50 моста, колку што ги има на потегот од Скопје до Гевгелија што треба да се зајакнат, НАТО одобри 35 милиони евра. Но, од НАМСА, Агенција на НАТО за снабдување и одржување, тврдат дека, според процените, овие пари нема да се потрошат само за мостовите, туку дел ќе остане. Остатокот од средствата, како што појаснуваат од НАМСА, ќе се искористат за поправка на оштетениот коловоз на автопатот од Скопје до граничниот премин Богородица. Претходно Министерството за транспорт и врски во соработка со Фондот за магистрални и регионални патишта треба да изготви студија која реално ќе ја прикаже постојната состојба на Коридорот 10, а НАТО ќе донесе одлука кои делници ќе бидат реконструирани.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=255800AB501BAC42876D6D330A01DBF2 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=255800AB501BAC42876D6D330A01DBF2


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Mar-2008 at 03:19
Почна санација на 21 мост кон Гевгелија


До крајот на годинава ќе бидат реконструирани, според НАТО стандардите, 21 мост на автопатската делница од Демир Капија до Гевгелија. Ова на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески му го вети генералот на НАТО штабот во земјава, Стојан Генков и директорот на логистика во НАМСА, Булент Тудеш.

- Во моментов веќе се работи на целосна санација на седум мостови, поради што е извршено и пренасочување на сообраќајот во делот каде што се изведуваат градежните работи. Се договоривме третата фаза во износ од 10 милиони евра да почне до јануари 2009 година. Со неа се предвидува обновување на патните правци каде што има оштетен асфалт - рече Јанакиески.

Генералот на НАТО штабот во Скопје истакна дека првата фаза од овој проект кога беа санирани 29 мостови на автопатот Скопје-Велес, претставува голем успех за сите што учествуваа во обновата.
- Од санацијата на мостовите бенефит ќе имаат сите корисници на патната инфраструктура во иднина - рече Генков.

Претставникот на НАМСА, Булент Тудеш даде кратко резиме на завршената работа во првата фаза и предвидените активности во втората и третата фаза од Проектот за зајакнување и санација на мостовите во земјава. Тој се надева дека изведувачот Џесаш од Турција заедно со подизведувачите Симтек и Гранит до крајот на 2009 година ќе ја реализираат и третата фаза од проектот.

(С. Бл.)

Значи и официјално ќе има и трета фаза, нели се збореше ако останат пари ќе се санирало а сега и официјално. Незнам колку километри ќе обноват со $10милиони евра, али ваљда и нашиве ќе фрлат нешто да се заврши се одеднаш  Cheers


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Mar-2008 at 23:52
Од денеска

1

2

3 Кул семафори со соларни панели за напојување Thumbs%20Up



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2008 at 01:08
Поминав пред некое време, ама навечер беше па не можев да сликам... Иначе многу е тапа чекањето на семафориве LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Mar-2008 at 18:27
А што се чека овдека уствари?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2008 at 18:43
Да се разминеш со тие од другата страна, пошто се вози само по една лента ради работите.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Mar-2008 at 18:49
И по колку време се вози?! Што ако некој случајно остане подолго на лентата и се отвори семафорот за во спротивен правец?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2008 at 19:02
Циклусите на семафорите се прилично долги, така да единствена можност е ако има некој квар или слична вонредна ситуација. Ама цело време има луѓе на терен.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 27-Mar-2008 at 03:02
Ингра, наводно, за реализација на овој проект, вреден околу 10 милиони евра, планирала да ја користи оперативата на "Маврово".

понудија околу 11 милиони евра

И? Да не вреди проектот и милијарда евра?


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Jul-2008 at 08:35

Реконструкција на 18 мостови на делницата Демир Капија-Гевгелија

suzana-taseva.jpg Сузана Тасева http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95042#komentari - Коментари (0)    
07.07.2008 19:40

Жешка и тешка е за патување делницата на патот меѓу Демир Капија и Гевгелија, особено мостовите кои се фаза на реконструкција и на кои во просек се чека по 10-ина минути.

На делницата од патот помеѓу Демир Капија и Гевгелија во моментов се реконструираат 18 мостови. Се работи со полна пареа.

На 40 степени целзиусови одмор нема за работниците, а принуден пред семафорите има за патниците, домашни, но и странски кои во зголемен број деновиве транзитираат низ Македонија за Грција. Се жалат на долгите задржувања поради сообраќајот кој се одвива наизменично во двата правца во една сообраќајна лента и на кој проблем плус се неподносливите горештини.

„Многу е жешко и многу се чека. Ова е претеризам и не се издржува веќе. Што да правиме, тоа е тоа, мора да се направи“, велат граѓаните.

Делницата од Демир Капија до Гевгелија е една од најфреквентните во Македонија поради граничниот премин со Грција.

Вкупно, со средства од НАТО, на 43-километарската делница ќе се санираат 21 мост. Реконструкцијата почна во март и според најавите треба да заврши до крајот на годината. Ова е втората фаза од реконструкцијата на мостовите што ја прави НАТО. Лани во првата фаза беа санирани 29 мостови на автопатот Скопје-Велес.


http://%20www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95042 -
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95042


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Aug-2008 at 00:21
Еве колку успеав да фатам од прозор од автобус. Со слаби батерии, сонце што мава у аголот којшто најмалку ти треба, толку се може. Ова е од едниот мост кајшто се вози на семафори. Мање више и на другите состојбата е тука некаде. Колку што заприметив моментално се работи на 3 моста на делот кајшто сеуште не е автопат и на еден мост на автопатот гевгелија- смоквица.








Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Oct-2008 at 22:58
Еве еден куп слики од реконструкцијата на Е75 на делницата Демир Капија-Смоквица. Да не ја објаснувам слика по слика, еве ги документирано сите мостови (мислам дека не пропуштив ништо) кои се реконструираат или кои се веќе реконструирани почнувајќи од мостот на Вардар кај Демир Капија.

Но прво во кратко да напишам кратка репортажа за целата траса на Е75 што ја извозев денеска. Убедливо најлоша делница е Велес-Катланово и тамо обавезно мора да се пресвлече асфалтот. Све друго се вари. Сообраќајот беше стандардно средно жалосен влечејќи накај жалосен. Сигнализацијата беше горе доле на место но фалеа неколку табли или делови од табли и тоа на најновите делници кои веројатно отишле за печење ајвар. Видов и една табла на автопатот која покажува на Титов Велес (незнам како ми промакнала до сега). Каков е само тоа век на експлоатација да биде некоја табала од тоа време Nuts

Со одморалишта сме уште катастрофални, освен новата бензинска на Макоил која ја постирав во нишката за Одмаралишта на патните правци, нема ништо друго ново. Осветлувањето на излезните клучки а стандардно местимично каде ретко која бандера свети комплетно како треба.

Единствена светла точка која ја приметив е дека го осветлиле Стоби и тоа многу убаво и навистина делува примамливо и атрактивно кога се проаѓа покрај него ноќе а и дава впечаток дека ископините се многу поголеми него што се. Одличен потег.

Еве ги сега сликите

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

31

32

33

34

35

36






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Oct-2008 at 00:29
Applause

Cheers


Кој мераци ќе биде да се вози опуштено по овој будуќи Р-103 Big%20smile

Туку си требало да сликнеш и од Катланово накај Велес  Unhappy





Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Oct-2008 at 00:37
Originally posted by Cloverstack

Applause

Cheers


Кој мераци ќе биде да се вози опуштено по овој будуќи Р-103 Big%20smile

Туку си требало да сликнеш и од Катланово накај Велес  Unhappy





штедев батерија :(. Таа делница ни е сепак при рака


Posted By: kire85
Date Posted: 13-Oct-2008 at 01:13
abe ovoj so hyundaivo pred tebe si go utepal od slikanje....si pomislil coekot od nekoja tajna sluzba si hahahahaBig%20smile


Posted By: Plugger
Date Posted: 13-Oct-2008 at 04:04

Pa nema da se gradi kako sto e Tetovo-Gostivar?? So posebni lenti na sprotiven pravec vaka mnogu tesno dve lenti da pomine kamion da te uplashi. Ulicite se mnogu tesni bashka ova ke bide internacionalen pat ke idat eden kup luge transit preku Makedonija za Grcija, ke se napravi mnogu guzva.

Da ne zaboravime sega deka site chlenki na EU mozhat vo Makedonija da vlezat so licni karti, taka da ke ima golemi guzvi.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2008 at 04:09
Плугер ова е само реконструкција на постоечките мостови на постоечкиот магистрален пат.
Планиранираниот автопат си е посебна приказна.


Posted By: Plugger
Date Posted: 13-Oct-2008 at 04:32

Dobro ali sepak e del od proektot.

18 mostovi mislam deka sepak se mnogu, ovoj proekt mi lichi deka i te kako ke bide skap. Ali dobro chim evropskite sojuznici ke gi koristat ovie patishta ke treba i da platat za toa.

Klover, Da ne imash nekoj drugi informacii?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2008 at 04:47
Плугер, некако слабо се разбираме... Не знам зошто, во нишкава има доволно информации ако навистина имаш желба да се информираш. Вака му доаѓа дека набрзинка разгледуваш и пишуваш коментар без врска...

- Не е дел од истиот проект
- 18 мостови се само тие на таа делница, но без разлика, не се ни малце ни многу туку се толку колку што се и мораат да бидат санирани
- Финансиите се обезбедени
- Проектот го финансира НАТО


Posted By: Plugger
Date Posted: 13-Oct-2008 at 05:14
Klover, da se razbereme ubavo

Nato ke financira za 18te mostovi sto se vo patot sprema Demir Kapija-Gevgelija, pa neli ke se gradi nov pat za Demir Kapija-Smokvica?? Toa me zbuni.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 13-Oct-2008 at 10:23
Originally posted by Plugger

Klover, da se razbereme ubavo

Nato ke financira za 18te mostovi sto se vo patot sprema Demir Kapija-Gevgelija, pa neli ke se gradi nov pat za Demir Kapija-Smokvica?? Toa me zbuni.


Новиот си е башка, но за него допрва се обезбедуваат средства и се избира траса (од левата или од десната страна на Вардар). Но тоа не значи дека стариов пат и тие мостови треба да ги оставиме во небезбедна состојба, бидејќи во најдобар случај новата делница би била готова 2012 (за жал Ohno).


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Dec-2008 at 08:34
Свечено пуштање во употреба на 20 реконструирани мостови

Скопје, 15 декември (МИА) - Денеска свечено ќе бидат пуштени во употреба 20 мостови реконструирани во рамките на втората фаза од Проектот за санација и зајакнување на мостовите на Република Македонија, кој се спроведува во соработка со НАТО.

На свеченоста, која ќе се одржи во непосредна близина на мостот „Б-122“ на магистралниот пат М-1, делница Демир Капија - Гевгелија, ќе се обратат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, бригадниот генерал на Штабот на НАТО во Скопје Стојан Генков и претставникот на Агенцијата на НАТО за одржување и снабдување (НАМСА) Руи Родригез. паг/вј/8:25



http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=59956862&lId=1&title


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Dec-2008 at 08:46
aj ako moze celiot text da go postiras deka jas ne mozam da ja procitam


Posted By: vardar
Date Posted: 15-Dec-2008 at 09:34
Originally posted by lslcrew

08:26  http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&vId=59956862&lId=1&title=%d0%a2%d0%98%d0%9a%d0%95%d0%a0 - Свечено пуштање во употреба на 20 реконструирани мостови
  • Скопје, 15 декември (МИА) - Денеска свечено ќе бидат пуштени во употреба 20 мостови реконструирани во рамките на втората фаза од Проектот за санација и зајакнување на мостовите на Република Македонија ... http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&vId=59956862&lId=1&title=%d0%a2%d0%98%d0%9a%d0%95%d0%a0">bulletПОВЕЌЕ
 
 
 
Ај да видиме што ќе биде со третата (колку што знам) неофицијална фаза Roll%20eyes 
Владата комај секое селско патче ќе го реновира а за ова ни збор па ваљда натовциве ќе го средат Question
 
Веќе  имаме спомнато али незнам како не ставија нов слој кога беше затворен патот Bash
 
 
 
Originally posted by pbanks

Автопатот од Скопје до Велес ќе се асфaлтира со пари на НАТО

Буџетот од 35 милиони евра нема да се потроши за мостовите, остатокот ќе се пренамени за автопатот

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Коловозот на автопатот од Скопје до Велес, делница на која годинава се реконструираа 29 моста, ќе се асфалтира со пари од НАТО, дознаваме од неофицијални извори. Постојат огромни шанси дел од одобрените средства на НАТО во висина од 35 милиони евра, за санација на вкупно 50 моста во државава, почнувајќи од граничниот премин од Табановце до Гевгелија, да не се потрошат. Овие пари првично се предвидени само за мостовите. Но, со оглед на тоа дека целата сума нема да се потроши, остатокот ќе се пренамени за асфалтирање на критичните точки од автопатот.

Овој потег од автопатот, кој е во катастрофална состојба и е полн со дупки, Владата немаше пари да го асфалтира додека траеше реконструкцијата на мостовите, кога сообраќајот беше забранет. Процените беа дека за целосно нов коловоз се потребни околу 13 милиони евра.

Досега, за поправка на 29 од вкупно предвидените 50 моста, како што дознаваме, потрошени се околу 12 милиони евра, или една третина од одобрените 35 милиони евра. Се претпоставува дека за преостанатите 21 мост, кои треба да се санираат во текот на идната година, ќе се потрошат уште 10-12 милиони евра, така што остатокот ќе се искористи за обновување на коловозот. Но, според нашите сознанија, дури и да се потроши целата сума само за мостовите, кај НАТО сега постои расположение, откако ќе се поправат оштетените мостови, да се одобри дури и нов буџет само за автопатот. Кој дел е најкритичен за целосно нов асфалт, ќе каже Министерството за транспорт и врски, кое треба да изработи студија.

Асфалтирањето нема да се случи идната година, туку дури во 2009 година, кога се очекува да се поправат сите мостови од Табановце до Гевгелија што беа руинирани за време на косовската криза од тешките возила на НАТО што го користеа автопатот за транспорт меѓу Косово и грчкото пристаниште Солун.

Првите 29 моста, кои беа реконструирани за време на првата фаза, веќе се пуштени во употреба пред три недели, а оштетениот коловоз од Скопје до Велес само се пополни со крпеници. Втората фаза за реконструкција на 21 мост ќе почне од 1 февруари идната година, за кога е предвиден стартот на градежните зафати. Во тек е изборот на фирма што ќе ги поправа мостовите. Тендерот е при крај, собрани се понудите од фирмите и се очекува најдоцна до 22 декември да се избере изведувачот што ќе ги санира мостовите од Неготино до Демир Капија. Првите мостови ги реконструираше турската фирма „Џесаш“.

За време на градежните работи, на оваа делница од автопатот сообраќајот нема да се забрани, туку ќе се одвива во отежнати услови, бидејќи прво ќе се поправа едната половина, а потоа другата половина на мостовите. Овој потег не може да биде целосно затворен за сообраќај затоа што нема алтернативен пат.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=45832B8A6A1A314DA52DD234F59825EE - Утрински весник


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Dec-2008 at 16:47

www.mia.com.mk


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 15-Dec-2008 at 19:03
Супер, одлична вест за преасфалтирање на целата траса Скопје - Велес и Велес-Скопје. И двете со во очајна состојба и плачат за реконструкција. Штета што не го преасфалтираа додека беше затворен туку пак со  години главната делница во земјава ќе биде затворерна. Плус се надевам дека по целата должина ќе го реконструираат а не само на делови, затоа што пак не сме свршиле целосно работа. Ама нејсе, подобро нешто отколку ништо.
Втор проблем е делот на автопатот Скопје-Табановце околу Куманово и клучката за Софија. Тој дел треба под итно да се реконструира од корен затоа што е многу пропаднат. Инаку знае ли некој дали се работи на делницата Куманово-Табановце?



Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 15-Dec-2008 at 19:17
se raboti, mislam deka e pocnato,trebashe pred 2 meseca da pocne so rabota pelagonija ama neshto se premislija i sea neznam koj ja prezema rabotata neznam tocno.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 15-Dec-2008 at 19:24

Пуштени во употреба 20 санирани мостови

Заврши втората фаза од проектот за санација и зајакнување на мостовите во Република Македонија кој се спроведува во соработка со НАТО.

Реализацијата траеше околу осум месеци, а беа опфатени 20 мостови на потегот Демир Капија - Гевгелија.

Мостовите денеска свечено беа пуштени во употреба од страна на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, бригадниот генерал на Штабот на НАТО во Скопје Стојан Генков и претставникот на Агенцијата на НАТО за одржување и снабдување Руи Родригес.

Во првата и втората фаза од проектот се санирани и зајакнати вкупно 49 мостови на потегот Скопје - Гевгелија долж Коридорот 10, а со третата фаза ќе бидат опфатени 16 мостови и 27 километри патна мрежа.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Dec-2008 at 23:00












Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Dec-2008 at 00:59

Ова предвреме санирани значи дека пред да се срушат се санирани? Браво браво, така треба

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2008 at 01:41
Реконструкцијата на мостовите продолжува во мај

НАТО и Владата во следните месеци ќе ги договорат приоритетните локации за санација

Проектот на НАТО за санација и реконструкција на мостови и патишта по должината на Коридорот 10 продолжува во мај следната година. По завршувањето на втората фаза од проектот во која беа реконструирани 20 моста на делницата од Демир Капија до Гевгелија, како и претходно реконструираните 29 моста од Блаце до Велес, следува завршната фаза во која за санација преостануваат уште 16 моста.

Моментно ниту во Министерството за транспорт и врски, ниту во штабот на НАТО во Скопје не прецизираат што точно на кои локации ќе се работи во третата фаза. Тоа засега е предмет на договарање, а може покрај 16 моста, од предвидените вкупно 65 за реконструкција, да се санираат и некои патни правци.

За тоа, велат во Министерството, ќе одлучат по консултациите со експерти од Градежниот факултет во Скопје. Неодамна, министерот Миле Јанакиески најави дека е веројатно Владата да побара и обнова на асфалтот на патниот правец Катланово - Велес.

Одговорните за односи со јавноста во штабот на НАТО, пак, велат дека третата фаза сигурно ќе почне да се реализира идната година, но што точно ќе биде приоритет за санација ќе се договара со Владата. Сите опции се отворени, проектите најмногу ќе зависат од барањата на Владата, но и од висината на средствата што ќе ги обезбеди НАТО. Планирани се 15 милиони евра за оваа фаза, но колку всушност ќе се соберат останува да се види, велат во штабот на НАТО. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF81DCE90D61A84DA757C982B46147C6



Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Dec-2008 at 11:25
Banana Мислам дека најгорливиот проблем на патниот Коридор 10(освен доградбата на на поедини делови) е решен!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Mar-2009 at 12:55
Скопје --> Велес

1


2


3


4



Posted By: MakedonMKD
Date Posted: 04-Apr-2009 at 23:25
Е вака да го реновираа целосно автопатот на потегот Велес - Катланово ќе беше одлично. Срамота се оние дупкине и крпеницине после Велес! Мораш слалом да возиш за да ги избегнуваш. 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2009 at 22:29

Средба Јанакиески- Гагашев, во септември почнува реконструкција на 16 мостови во Македонија

Скопје, 5 мај (МИА) - Реконструкција на 16 мостови на делницата Велес-Петровец и 26 километри од овој патен правец ќе се изврши од 1 септември годинава до 31 декември следната година. Ова е договорено на средбата меѓу министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и новоназначениот командант на НАТО - штабот во Скопје Валентин Гагашев.

Како што соопштува Министерството за транспорт и врски реконструкцијата на 16 моста и 26-те километри е третата фаза од проектот за реконструкција на мостовите во Република Македонија. Средствата, за реализација на оваа фаза во висина од  14 милиони евра се обезбедени. Со проектот за реконструкција на мостовите во Македонија се опфатени вкупно 50 мостови.

На средбата е изразено задоволство од досегашната заедничка соработка со НАТО во реализацијата на  инфраструктурните проекти за санација на мостовите во Република Македонија и реконструкцијата на клучката „Момин поток“ во Скопје.скс/вј/14:12


http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=64346002&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98 - http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=64346002&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 22:36
WTF  Question

Па зарем реконструкцијата на мостовите помеѓу Петровец и Велес не заврши?!?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-May-2009 at 23:58
Кловер, се мисли на другиот правец од автопатот, пишува во првата реченица Велес-Петровец. Мене ме насмеа рециклирањето на веста за "клучката"Question  Момин Поток.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-May-2009 at 00:16


За тие мостови колку што памтам беше кажано дека се градени по современи стандарди и дека не им е потребна реконструкција  Dunno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-May-2009 at 03:49


Еве што сме имале регистрирано на почеток на нишкава:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=26&PID=267#267 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=26&PID=267#267

има оштетувања и на спротивната делница од Велес кон Скопје, но тие мостови не биле приоритетни за овој проект бидејќи се подоцна градени и нивната носивост е поголема. Целта на донацијата од НАТО е да се зголеми носивоста на мостовите на делницата Скопје - Велес.

- Еден мост на другата делница ќе биде реконструиран в година, а оштетувањата на другите мостови се минорни бидејќи тие се проектирани според нови прописи - тврди Марковски.



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:33
Абе дечки можи е глупо прашањево,ама досега барав но не можам да најдам.

Дали од кога ќе се заврши изградбата на делниците Табановце-Куманово и Демир Капија-Смоквица целосно ќе биди завршен Коридор 10 низ Македонија?

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:38
Ќе имаме автопат по целата должина на К10 ако тоа ти е прашањето Smile

Мада за втората делница како што стојат работите ќе чекаме уште минимум 3-4 години


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:40
Патниот коридор ќе биде завршен, односно ќе биде автопат по целата должина. Е сега во каква ситуација е асфалтот на други делници тоа е прашање. Инаку коридорот опфаќа и железнички коридор, кој треба да биде електрифициран по целата должина и дсо дупли колосек, а Македонија е далеку од ова. После тоа мислам дека треба коридорите да опфаќаат и гасоводна линија, некои чак и нафтоводна, оптички кабли и слични работи што всушност коридорот стварно го прават коридор. За коридорот 10 конкретно незнам колку од овие гаџети се опфатени.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:43
Фала на информацијата.
Баш тоа ме интересираше,дали ќе биде автопат од Табановце до Богородица.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2010 at 17:04

НАТО го заборави автопатот Велес - Скопје






 

Од НАТО-мисијата во Македонија велат дека за одлуката на средствата предвидени за санација на оваа делница треба да биде донесена на амбасадорскиот совет во април

 
 
%20  
Нерамнините и ископаниот асфалт и понатаму ќе ги мачат возачите што секојдневно ја поминуваат северната делница на автопатот Велес - Скопје. Санацијата доцни поради доцнење на парите. НАТО, согласно со меморандумот за разбирање, кој го потпиша со Министерството за транспорт и врски, требаше да изврши целосна санација на магистралните патишта во три фази. Според договорот, во третата фаза требаше да биде целосно санирана делницата Велес - Скопје, бидејќи ја користеше за транзит на своите конвои за време на косовката криза. Предвидени беа 35 милиони евра, од кои повеќе од половина се веќе потрошени за двете фази, но парите за третата фаза веќе подолго време доцнат.

Од НАТО-мисијата во Македонија велат дека за одлуката на средствата предвидени за санација на оваа делница треба да биде донесена на амбасадорскиот совет на земјите-членки, кој треба да се одржи во април.

- Согласно со меморандумот за разбирање, НАТО требаше да санира дел на магистралните патишта во три фази. Двете фази се завршени, а со третата се доцни поради тоа што се чека дали, зошто и како ќе се распределуваат средствата за оваа намена. Начелно, третата фаза е договорена и не гледам причина да не биде одобрена, иако со меморандумот НАТО не е обврзан за санација, сепак тоа ќе зависи од добрата волја на земјите членки - вели Сашко Голов, офицер за односи со јавноста на НАТО во Скопје.

Од Агенцијата за државни патишта ни потврдуваат дека северната делница на автопатот Велес - Скопје е многу оштетена. Според нив, санацијата доцни поради недоспеаните пари од НАТО, чија обврска е да го реконструира автопатот во двата правци.

- Досега се завршени две фази во кои беа опфатени патот од границата до Велес и мостовите, а очекуваме до крајот на годинава да се заврши санацијата барем на дел од северната делница Велес - Скопје вели Наташа Валкановска директорка на Агенцијата за државни патишта. Од јавното претпријатие „Македонија пат“ се запознати со овој проблем и тврдат дека дупките се поправаат во согласност можностите и средствата што им се одобрени од Агенцијата. Оттаму не информираат дека тие се обврзани само за одржување и за поправање на дупките, кои почесто се јавуваат зимскиот период од годината.
 
   
Автор: Сашко Богатинов
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=225101023307&id=9&setIzdanie=21919


Posted By: kocani.
Date Posted: 21-Jan-2011 at 11:10
Незнам дали е за овде но за тој пат е. Пред недела дена е излегнат тендер за реконструкција на Катланово-Велес објавен од Агенција за Дршавни Патишта


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 11-Mar-2011 at 06:55
Знам дека има многу по важни работи на Е-75, но општина Гевгелија (не државата)треба да ја среди оваа клучка.



Со новите казина, лесните и товарните возила навистина е непрактично. Не дека има некоја гужва или сл., но според мене од безбедносни и практични причини треба да се преуреди.


-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: Sashko
Date Posted: 23-Jun-2011 at 10:46
Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“, специјализирана за нискоградба, склучи договор вреден 444,5 милиони денари (7,22 милиони евра) со државната Агенција за патишта, објави компанијата.

„Гранит“ го добил тендерот за рехабилитација на делницата „Катланово-Велес“од магистралниот пат М-1.

Според официјалните информации „Гранит“ се обврзал работата да ја заврши за 18 месеци од склучување на договорот, што значи до крајот на 2012 година.

Ако се споредува со приходите кои „Гранит“ ги остварил во првиот квартал годинава излегува дека овој договор е во вредност од половина од сите приходи кои ги остварила компанијата за првото тромесечје. Доколку пак се споредува со приходите за првиот квартал лани тогаш излегува дека овој договор вреди речиси колку сите приходи кои компанијата ги остварила лани за првите три месеци.



Зошто делницата Катланово-Велес, кога во обратна насока патот е во далеку,далеку полоша состојба ???


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 23-Jun-2011 at 10:58
Може се мисли во двете насоки.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: N23
Date Posted: 23-Jun-2011 at 11:15
Одлична вест!


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 23-Jun-2011 at 11:48
Друго што ме радува е што е Гранит во прашање. До сега не ми ја изневериле довербата.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 23-Jun-2011 at 11:56
Според вас... ако ја направат таа делница тип топ, колкава ќе биде највисоката дозволена брзина?

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jun-2011 at 13:15


Нема да се смени ништо бидејќи се работи за стариот регионален пат кој не само што нема автопатски профил, туку и радиусите не се по стандарди за автопат. Потребно е изградба на комплетно нова траса (веројатно паралелно со правецот Велес-Скопје) со што на оваа делница би и се вратила функцијата на регионален пат.

Во секој случај добра вест, се надевам дека и за насоката Велес-Скопје ќе слушнеме нешто вакво наскоро.

Исто така и трасата Миладиновци-Куманово е во ужасна состојба. Сите други делници во земјава и може да се трпат но овие три се нуклеарна катастрофа.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 23-Jun-2011 at 13:25
Originally posted by N23

Одлична вест!


Ако дочекавме вакви новости да бидат одлични вести тогаш не знам што би правеле со крупни непочнати проекти. Прегу глава веќе па во Македонија приоритет треба да се делниците што не се завршени и што не се ни почнати. Ова е обично мачкање очи не дека нема да променат асфалт али ова е далеку од тоа што ни треба!!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2011 at 16:31
Добро објасни пбанкс. Кога и да се гради таа нова предвидена делница о ддруга страна ќе ни остане реновиран регионален пат стар помалку од деценија претпоставувам, уште да се среди до Катланово патот и ќе има солиден регионален пат Скопје Велес. Тука неможе повеќе од 80 да се вози сепак е привремена за другите е 120 ограничена.


Posted By: N23
Date Posted: 23-Jun-2011 at 16:35
Originally posted by Supervisor

Originally posted by N23

Одлична вест!


Ако дочекавме вакви новости да бидат одлични вести тогаш не знам што би правеле со крупни непочнати проекти. Прегу глава веќе па во Македонија приоритет треба да се делниците што не се завршени и што не се ни почнати. Ова е обично мачкање очи не дека нема да променат асфалт али ова е далеку од тоа што ни треба!!


Па ако знаеме колкава е успаноста на властите кон инфраструктурата, секој ваков зафат е одлична вест, па макар се работело и за 10 км. Особено што кај нас после направениот автопат никој понатаму не се грижи за негово одржување. Сепак мора да е за минимален поздрав ваквата одлука, затоа што после огромниот притисок од јавноста можеби на тие горе ќе им текне што се приоритети.


Posted By: gorco
Date Posted: 27-Jun-2011 at 07:26
Originally posted by pbanks

Нема да се смени ништо бидејќи се работи за стариот регионален пат кој не само што нема автопатски профил, туку и радиусите не се по стандарди за автопат. Потребно е изградба на комплетно нова траса (веројатно паралелно со правецот Велес-Скопје) со што на оваа делница би и се вратила функцијата на регионален пат. Во секој случај добра вест, се надевам дека и за насоката Велес-Скопје ќе слушнеме нешто вакво наскоро. Исто така и трасата Миладиновци-Куманово е во ужасна состојба. Сите други делници во земјава и може да се трпат но овие три се нуклеарна катастрофа.



PBanks точно така, Катланово - Велес ќе стане регионален пат, по (до)изградбата на нова траса паралелна на постоечката Велес - Скопје.
Инаку веќе има еден прастар селски пат (еднашка од Велешко езеро се заборавивме и си ја извозевме по тој, веројатно беше од времето на Адам и Ева, а истиот мислам дека излегува на автопатот кај подружницата на Македонија Пат и влегувам на друга страна во Катланово )


-------------


Posted By: axel
Date Posted: 28-Jul-2011 at 07:16

НАСКОРО ПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА НАЈФРЕКВЕНТНИОТ АВТОПАТ

Од Катланово до Велес по една лента

Предвидено е да се реконструираат 27,5 километри од оваа делница, а градежните работи треба да завршат за 18 месеци

На делови од автопатот од Катланово кон Велес наскоро ќе се вози по една лента поради претстојната реконструкција на оваа делница. Надлежните с` уште не објавуваат кога точно ќе почне реконструкцијата на најфреквентниот автопат во земјава бидејќи, како што објаснуваат, во моментов се снима теренот и се прави план за текот на градежните активности.

Неофицијално дознаваме дека се очекува градежната машинерија да го окупира автопатот кон крајот на август или во почетокот на септември.

Градежните работи на оваа делница ќе ги изведува „Гранит“. Според договорот што компанијата минатиот месец го потпиша со Агенцијата за патишта, предвидено е да се реконструираат 27,5 километри автопат од делницата од Катланово до Велес. Целиот проект ќе чини околу 7,2 милиони евра, а градежните работи треба да завршат за 18 месеци. По завршувањето на оваа делница се планира реконструкција на автопатот и во спротивен правец, односно од Велес кон Скопје.

Според проектот, во следната 1,5 година ќе се обновува асфалтот на овој дел од автопатот, односно ќе се рехабилитира коловозот. Паралелно со тоа ќе се санираат насипите и местата каде што има нестабилни карпи.

- Со овие активности ќе се спречат евентуални поголеми одрони на патот и ќе се зголеми безбедноста на патниците. Санацијата ќе ги опфати најкритичните точки на оваа делница, а на крај ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација - велат од Агенцијата за патишта.

Оттаму објаснуваат дека на патот ќе биде воведен времен режим на сообраќај, кој подразбира затворање на една коловозна лента само на оние делови на кои ќе се работи во тој момент. На останатите делови од автопатската делница возилата ќе може непречено да ги користат двете ленти.

- Се разбира, граѓаните навремено ќе бидат известени за новиот сообраќаен режим - велат од Агенцијата.

Иако градежните работи може да почнат додека траат летото и годишните одмори, од Министерството за транспорт и врски потенцираат дека реконструкцијата нема да предизвика застој и проблеми во одвивање на сообраќајот.

- Сите градежни работи ќе се одвиваат наизменично на една половина од возната површина, а сообраќајот ќе се одвива без застој со соодветна сигнализација по една сообраќајна лента - велат од Министерството за транспорт.

Последната голема реконструкција на овој автопат беше пред околу четири години, кога делницата од Скопје до Велес беше затворена за сообраќај една година, а сообраќајот се одвиваше во две насоки по патот Велес-Скопје. Тогаш се реконструираа 10 моста со пари од НАТО.

Следува санација на мостовите

Реконструкцијата на автопатот Катланово-Велес во двете насоки е предвидена во програмата за работа на новата влада, каде што е наведен рокот од 2012 до 2014 година. Меѓу другите инфраструктурни проекти што треба да се реализираат се споменува и третата фаза од проектот „Рехабилитација и зајакнување на мостовите“ што треба да се врши во 2015 година.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7BBF1C20FAD75F47B42F40A6E5154D59


Posted By: axel
Date Posted: 11-Aug-2011 at 11:30
Почнува реконструкција на автопатот Катланово - Велес

Скопје, 11 август 2011 (МИА) -  Почнува реконструкција на автопатот Катланово – Велес, една од најфреквентните делници во Македонија. Веќе се поставува сигнализација за воведување времен сообраќаен режим во тек на градежните  работи и се распоредува потребната градежна машинерија.

Во наредните 18 месеци ќе се работи на реконструкција на вкупно 27,5 километри од делницата,  во што ќе се инвестираат 445 милиони денари (околу  седум милиони евра).

Со времениот режим на сообраќај се предвидува затворање на една коловозна лента само на деловите на кои ќе се работи во тој момент. На останатите делови возилата непречено ќе ги користат двете ленти.

Од Агенцијата за државни патишта најавуваат дека со реконструкцијата ќе се обновува асфалтот и ќе се санираат насипите и местата каде што има нестабилни карпи.

- Ова е еден од најфреквентните патишта во државата со чија реконструкција ќе се подобри неговата безедност. Санацијата ќе ги опфати најкритичните точки на оваа делница, по што ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација, информираат од Агенцијата за патишта.

Градежните работи за реконструкцијата на делницата ќе ги изведува „Гранит“. По нејзиното завршување, според најавите, автопатот треба да биде реконструиран и во спротивен правец, од Велес кон Скопје.

Реконструкцијата на автопатот Катланово-Велес во двете насоки е предвидена во програмата за работа на новата Влада од 2012 до 2014 година.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=85956528&lId=1&pmId=504


Posted By: fichot
Date Posted: 16-Aug-2011 at 08:57
Фала богу за ова. Сепак мислам дека другата насока (Велес-Катланово) требаше прва да се прави, оти е ко да возиш низ нива. Оваа страна (барем ја не се сеќавам) чинам не беше толку лоша.



-------------


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 16-Aug-2011 at 12:07

Делницата Катланово-Велес всушност е стариот магистрален пат Скопје-Велес, и воопшто не ги задоволува стандардите на автопат. Има ограничување од 50 и 60 км/ч кривини со мал радиус, тесни коловози, необезбедени банкини над Таорската клисура. Со оглед на тоа дека делницата изобилува со мостови кои неодамна беа реконструирани, навистина не делува дека е до толку лош асфалтот. Незнам колку ќе може нешто да се стори, но под итно треба да се размислува на градење на истава делница покрај правецот Велес-Катланово со што би ги задоволил критериумите на еден автопат.



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: Мартин
Date Posted: 21-Nov-2011 at 04:17
Некој да не одел скоро према Велес ? До каде е реконструкцијата ?


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 21-Nov-2011 at 19:34
До првиот тунел после катланово е мислам... за жал на реконтруираниот дел нема уште хоризонтална сигнализација...

-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Feb-2012 at 00:39
денес возева на автопатот Скопје-Велес и делот што е реновиран солидно ми изгледаше,возењето е доста мазно за македонски услови,а како што забележав ставен е нов слој асфалт некаде до првиот тунел.касно се сетив и затоа сликав само една слика



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Feb-2012 at 14:50


Освен асфалтот, забележа ли други новости?


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 02-Feb-2012 at 14:57
Мене ме интересира дали се поставени нови знаци, кои се паралелни? Значи по два знака за едно предупредување. Инаку ако нема знаци и на левата лента, тогаш полицијата нема право да ве казни, затоа што според автопатските стандарди знаците мора да бидат видни од двете ленти, а во случајот кога има знак само во десната лента, често се случува да минува камион и знакот тотално да го задскрие.
И што значи асфалт за македонски услови? Па белким е рамен, сепак е чисто нов или...?


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Feb-2012 at 17:15
бевме замуабетени касно се сетив дека оваа делница се реновира,па одма го извадив мобилниот и сликави неприметив нешто друго околу патот,а и се брзав и возев нешто побрзо па...


Posted By: Supervisor
Date Posted: 02-Feb-2012 at 18:00
Кога ќе го реконструираат делот Скопје-Куманово?? Полоша автопат делница не постои нигде на светов.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Mar-2012 at 23:25

ОД ПОНЕДЕЛНИК


Реконструкција на автопатот Катланово-Велес


Градежното претпријатие Гранитт од понеделник ќе продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат М-1 делница Катланово - Велес, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Во тек на градежните работи во одредени денови ќе има потреба од минирање при што сообраќајот ќе биде целосно затворен во времетраење од 2 - 3 часа. Ќе биде поставена сообраќајна сигнализација според сообраќајното одобрение издадено од Министерството за транспорт и врски за привремен режим на сообраќајот. Градежните работи ќе се одвиваат секој ден од 7:30 до 15:30 часот.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=60383E0D200A8F4BBFB623B66E32EDB8 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=60383E0D200A8F4BBFB623B66E32EDB8


Posted By: N23
Date Posted: 10-Mar-2012 at 02:04

Previous

Ова малце ме збуни. Кој дел до сега го реновираа?



Posted By: <Fresno>
Date Posted: 11-Mar-2012 at 12:51
Првата делница, некои 10на км по моја проценка. Реконструкцијата е солидно направена, хоризонтална сигнализација сеуште нема.


Posted By: ko4ani
Date Posted: 25-Mar-2012 at 12:55








do ovde e rekunstrurano



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Mar-2012 at 16:56



Значи засега се стигнати до овде:
41°51'23.65"N  21°41'49.81"E
?

Понатака во колкава должина е изгребан асфалтот? И како ти се виде возењето, на прв поглед квалитетно ли е сработеното?



Posted By: toasumjas
Date Posted: 26-Mar-2012 at 14:58
Не е лошо. Нема бранови кој се карактеристични за нас


Posted By: Denko
Date Posted: 26-Mar-2012 at 20:28
Ova e za pozdravuvanje!


Posted By: ko4ani
Date Posted: 27-Mar-2012 at 16:12
Понатаму не е гребан асфалтот, не излгеда лошо има мали бранови но многу и не се осекаат но многу боде во око спојот што е мегу едната и другата лента бидејки така е асфалтирано не е на еднаш бидејки е прскан со битумен и со филер зада се израмни ..
бидејки работам со асфалт можам да ви кажам дека тие бранови што ги има се јавуваат од причина што валјакот (тандем) наеднаш застане на пожешкиот асфалт ( а кога тандем валјакот го гази асфалтот тој истовремено го набива и го бута по малку напред) и кога застане веднаш (не постепено) и крене одма назат се направи вакво бранче


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 28-Mar-2012 at 03:21
На оваа делница навистина и фали еден безбедносен појас. Немора да е широк колку една лента, но навистина фали.

И некој ден да се направи друг пат, овој пат ќе си остане така, небезбеден.

Ова е само мое мислење.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Mar-2012 at 10:03
Мислам дека е сосема пристоен магистрален пат, само би поставил банкини на повеќе места.

Но за автопатска делница, дефинитивно не е.


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Mar-2012 at 18:35
банкината не ми е јасно озошто е толку штедена, на пример на шестата слика баш кривината не е обезбедена со банкина, а падот надоле не е баш мал

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2012 at 22:26
Банкина е друго:

forum_posts.asp?TID=22&PID=34289#34289 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=34289#34289



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Apr-2012 at 22:56
Реконструкцијата на автопатот Катланово – Велес ќе заврши до крајот на годинава

Градежната компанија „Гранит“ досега целосно реконструираше 4,5 километри од автопатската делница Катланово – Велес, а работите на терен е планирано да се комплетираат до крајот на 2012 година. Во моментов се врши обемна санација на дотраената патна инфраструктура. „Со проектната документација предвидено е да се изведат следниве градежни активности: гребење на постојниот асфалт и поставување на нови асфалтни слоеви во должина од 27,6 километри, изработка на комплет нови банкини по должина на делницата, изработка на риголи, промена на поголем дел од старите со нови ивичњаци, санацијата на три насипи кои се слегнати, санација на десет усеци кои се нестабилни и предизвикуваат одрони на патот, промена на системот за осветлување на тунелот и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација“, објаснуваат за „Билд“ од Агенцијата за државни патишта.

../?p=9108 - Во август минатата година започна реконструкцијата на делницата од Катланово до Велес на автопатот М-1, инвестиција вредна 7,2 милиони евра. Во претстојните месеци ќе продолжи привремениот сообраќаен режим, така што во одредени денови ќе има целосен застој на сообраќајот од 2-3 часа поради потреба од минирање. На постоечката обнова на автопатот и претходеше санација и затегнување на мостовите долж целиот правец, проект финансиран од страна на НАТО. Државните институции засега немаат информации кога би започнала реконструкцијата на делницата од Велес до Скопје, која треба да се комплетира со инвестиција од НАТО алијансата. Овој дел од автопатот М-1 е еден од најпрометните патишта во Македонија, на кој просечно минуваат по 9.000 возила дневно.



../?p=13967 - #
Објавено на 17.04.2012 во категорија ../?cat=28 - Вести .

Тагови: ../?tag=%d0%b0%d0%b2%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b8 - Автопати , ../?tag=%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81 - Велес , ../?tag=granit - Гранит , ../?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , ../?tag=%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be - Катланово , ../?tag=koridor-10 - Коридор 10 , ../?tag=%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%b8 - Мостови , ../?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b0 - Патишта , ../?tag=%d1%82%d1%83%d0%bd%d0%b5%d0%bb%d0%b8 - Тунели

http://www.build.mk/?p=13967 - http://www.build.mk/?p=13967




НАТО ветува реконструкција на 13 мостови, а заборави на автопатот Велес – Скопје

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и началникот на штабот на КФОР бригадир – генерал Рекс Спитлер, денеска го потпишаа Меморандумот за разбирање за реализација на проектот за реконструкција на мостови долж Коридорот 10, со кој е предвидено НАТО алијансата да донира 8,6 милиони евра за санирање на 13 мостови на потегот од Катланово до Велес. Точниот обем на работите што ќе следат ќе биде дефиниран со изработка на основниот проект што треба да го подготви Градежниот факултет во наредните три месеци. Министерот Јанакиески најави дека до септември годинава ќе биде распишан јавен повик на кој треба да се пријават потенцијалните изведувачи, а компанијата што ќе ги реконструира мостовите ќе се знае во декември годинава. Според министерот, градежните активности би започнале следната пролет и би завршиле до крајот на 2014 година.

Реконструкцијата на 13-те моста претставува трета фаза од проектот за зајакнување и санација на мостови во државава, кој се изведува со финансии од НАТО. Во претходните две фази со донација од алијансата во вредност од 22,5 милиони евра беа опфатени вкупно 51 мост. Првата фаза се реализираше во 2006 и 2007 година, а со неа беа опфатени мостови на делниците Катланово – Велес и Скопје – Блаце. Со втората фаза од крајот на 2007 и во текот на 2008 беа реконструирани мостови на делницата Демир Капија – Гевгелија. Мостовите што беа опфатени со проектот се со вкупна должина од четири километри.

 

 

На резултати од денес потпишаниот документ допрва ќе треба да се чека, но битно е да се напомене дека претходно договорената санација со НАТО сеуште не е завршена. Северноатлантската алијанса пред три години вети дека ќе реконструира 26 километри од автопатот Велес – Петровец и 16 мостови на истата делница во вредност од 14 милиони евра, согласно со претходно потпишаниот меморандум. Градежните работи беше предвидено да завршат на 31 декември 2010 година, но досега истите не се ниту започнати. Во меѓувреме, асфалтот на автопатот од Велес кон Скопје е во исклучително лоша состојба и на него му е потребна итна санација.



../?p=14343 - #
Објавено на 18.04.2012 во категорија ../?cat=28 - Вести .

Тагови: ../?tag=%d0%b0%d0%b2%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b8 - Автопати , ../?tag=%d0%b1%d0%bb%d0%b0%d1%86%d0%b5 - Блаце , ../?tag=%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%81 - Велес , ../?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%b6%d0%b5%d0%bd-%d1%84%d0%b0%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%82%d0%b5%d1%82-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Градежен факултет Скопје , ../?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , ../?tag=%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be - Катланово , ../?tag=koridor-10 - Коридор 10 , ../?tag=%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%b8 - Мостови , ../?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b0 - Патишта , ../?tag=%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%86 - Петровец , ../?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје

http://www.build.mk/?p=14343 - http://www.build.mk/?p=14343


Posted By: ciseaux
Date Posted: 19-Apr-2012 at 08:19
Asfaltot e izgreban skoro do naplatnata rampa pred Veles, no ne e po celata dolzina, tuku so odredeni prekini.


Posted By: antiuser
Date Posted: 23-Apr-2012 at 16:37
Originally posted by Supervisor

Кога ќе го реконструираат делот Скопје-Куманово?? Полоша автопат делница не постои нигде на светов.


Eх и мене тоа ме интересира,ама нажалост тешко во скоро време.. Асфалтот е во ужасна состојба,плус вдлабнат од тешките возила..ама битно си доби име Big%20smile


Posted By: gorco
Date Posted: 30-Apr-2012 at 14:55
Баш интересно заприметив, дека поставуваат нови сообраќајни знаци, а многу други се поставени нови, во пределот Велес и Скопје, низ автопатот Е-75/М-1.
Исто така има градежни работи, кај тунелот после Катланово (кон Велес).

-------------



Print Page | Close Window