Print Page | Close Window

Скопска чаршија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=268
Printed Date: 15-Nov-2018 at 07:41


Topic: Скопска чаршија
Posted By: La Linea
Subject: Скопска чаршија
Date Posted: 23-Dec-2007 at 02:06

Франција помага за зачувување на Скопска чаршија

Речиси десетина години експерти од Франција помагаат да се зачува Старата скопска чаршија. Но, велат дека не само на црквите, џамиите, амамите, треба да се обрне големо внимание и на дуќаните и куќите во чаршијата.

Тие се дел од културното наследство, но за жал малку се знае за нивната вредност.

„Изгледаше дека наследството на Старата скопска чаршија се руинира и чаршијата губи една од своите функции и дека градбите многу бргу го менуваат својот изглед, барем од она што може да се види на прв поглед од фасадите“, изјави Марилиз Ортиз, директор на Асоцијација на градови со културно наследство.

Во соработка со експерти од Македонија направиле попис на 100 куќи од чаршијата. Ваквата инвентаризација на објектите е од големо значење, затоа што благодарение на неа може да се направи детален урбанистички план за чаршијата.

Сопствениците ќе знаат каква вредност имаат нивните куќи и дуќани и што се ќе можат да преземат за да ги заштитат.

„Истакнување на вистинските вредност кои можат да бидат прикажани и преку поголеми делови од објектот и низ целосната слика на објектот, но и преку одредени сочувани автентични елементи, на пример камени автентични прагови или камени довратници на излозите кои кажуваат дека тука станува збор за постара градба од она што навидум изгледа дека претставуваат голем број од дуќаните“, вели Константин Димитов, архитект конзерватор.

Еден од големите лобисти за ревитализација на Старата скопска чаршија, Лиле Поповска вели, дека француските експерти помагаат во изработката на законот за чаршијата.

„Тоа е она што го баравме јас како пратеник, со години го бараме повеќе луѓе од тоа лоби за Старата скопска чаршија. Тоа е она на што инсистираше и екипата од фондацијата Рамковски, кога инсистиравме, разговаравме со многу луѓе од градот Скопје за да се заинтересираат и исто така, од институциите на државата баравме да се заинтересираат и да ја донесат оваа регулатива“, рече Лиле Поповска, пратеник.

Повеќе од 20 години се прават проекти за ревитализација на чаршијата, но досега речиси ниту еден не успеал да го врати живото во стартот јадро на градот.


www.a1.com.mk/vesti/default.asp?vestID=87697




Replies:
Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 23-Dec-2007 at 14:15
Повеќе од 20 години се прават проекти за ревитализација на чаршијата, но досега речиси ниту еден не успеал да го врати живото во стартот јадро на градот.


Повеќе од очигледно е дека старата чаршија не заживува поради други причини, а не се криви праговите и останатите ситници. Ми се чини дека по потребно е да се отворат некои клубчиња, ресторанчиња кај што сите ќе се чувствуваат на место. Чаршијата е прекрасна и криво ми паѓа кога ќе се сетам како ме шетаа моите ко дете таму.

Инаку, незнам дали сте чуле, но скоро отвори врати едно кафуле/клуб (ако не се лажам Арт 108 се викаше) таму и доста го фалат.

Во секој случај, фала на д френч и на било кој друг што ја поддржува оваа иницијатива.


Posted By: La Linea
Date Posted: 05-Jan-2008 at 11:51


ПРОЕКТ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ ВРЕДНОСТИ

До Калето и Старата чаршија по културолошка патека

Странците и домашните туристи од археолошкиот парк на Калето, преку црквата „Св. Спас“ ќе може да се симнат за да ја разгледаат Чаршијата, преку која ќе стигнат до Музејот на Македонија и до МСУ

Културолошката кружна патека, која ќе минува покрај музеите и спомениците во Старата чаршија и на скопското Кале, ќе биде главниот адут за реализација на идејата за заживување на институциите во тој дел од градот. Странците и домашните туристи од археолошкиот парк на Калето, преку црквата „Св. Спас“ ќе може да се симнат за да ја разгледаат Чаршијата, преку која ќе стигнат до Музејот на Македонија. Оттаму патеката ќе продолжува кон Музејот на современата уметност. Тој културолошки пункт ќе биде збогатен и дополнет со паркот на скулптури, во кој под отворено небо ќе бидат изложени монументални дела од колекцијата на МСУ.

Проектот го финансира италијанската влада, а го реализираат институциите што се надлежни за објектите во новиот културолошки комплекс, во соработка со Министерството за култура.

Целта на проектот е да заживее тој дел од градот и публиката да се врати во музеите, галериите, на археолошките локалитети.

Како едни од најголемите музејски институции во земјава, МСУ и Музејот на Македонија имале релативно слаба посетеност годинава. Причините се различни. Музејот на современата уметност половина година се реновираше, а спроведената анкета покажала дека малкумина граѓани знаат каде се наоѓа Музејот на Македонија. Директорката на Музејот, Мери Аницин-Пејоска вели дека тоа се должи на многу општествени аспекти во последниве години.

- Делумно недоволната посетеност се должи и неповолната локација на Музејот, надвор од пешачкото јадро на градот и лошите пристапи, особено за групни посети. Новиот проект значи заокружување на една логична патека и поврзување на институциите од културата, кои егзистираат една до друга, а секој за себе. Проектот се однесува на ревитализација на огромниот културен потенцијал што го има Скопје. Прво, преку анимирање на интелектуалците. Тие ќе лобираат кај политичките структури. Примарната цел е да се анимира граѓанската и општествената свест за да се изгради здрав концепт за културно промовирање на Скопје - вели Аницин-Пејоска.

Проектот е во тек. Крајните резултати се очекуваат во мај. Според Аницин-Пејоска, иако проект звучи амбициозно, ќе бидат понудени само решенија за решавање на проблемите. Практична реализација нема да има. За тоа ќе биде потребна сериозна инвестиција. Аницин-Пејоска вели дека проектот, сепак, го прифатила со голем ентузијазам зашто очекува патем да се решат интерните проблеми на Музејот.

- Проблемите сукцесивно биле одлагани и запоставени и сега претставуваат сериозен инвестициски зафат. Се прашувам, што ќе се случи со потенцијалниот посетител што ќе го доведеме до вратата на Музејот? Нема ли да го одбиеме со застарената поставка? Но, ги следам големите вложувања во културата. Се надевам дека годинава и Музејот на Македонија, како врвна институција на културата од национален интерес, ќе дојде на ред за капитални инвестиции - оптимистички вели Аницин-Пејоска.

Ниту Елиза Шулевска, директорка на Музејот на современата уметност не е задоволна од посетеноста на институцијата. За осум месеци МСУ го посетиле околу 4.000 љубители на уметноста.

- Би било несериозно кога би кажала дека сум задоволна со оваа бројка. Музејот на современата уметност е високорангирана институција во земјава и пошироко, во регионот. Посетеноста ќе ни биде еден од приоритетите годинава. Ако во изложбените салони имаме „сериозен предизвик“, тогаш посетителите ќе бидат наши - смета Шулевска.

Таа вели дека со „културната патека“ би можела да се зголеми посетеноста на МСУ, но сепак, пресудна е добрата програма што секоја институција треба да си ја одработи.

- Потребна е и координација. Време е да престанеме да отвораме по две-три изложби во ист ден и час. Скопје не е Њујорк. Време е да почнеме да си помагаме - вели Шулевска.

Весна Ивановска


Се сомневам дека новинаркава знае за каква културолошка патека станува збор - од текстов навистина не можам да разберам дали станува збор за некаква физичка, пешачка патека која ќе минува покрај овие институции, и ќе има некои знаци покрај неа и табли со објаснување, или ШТО? Навистина не ми е јасно... Question Фино да му текне на некој да го заживее културниот живот во Македонија.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jan-2008 at 15:53


И мене не ми е јасно за што станува збор и како е тоа замислено.


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Jan-2008 at 22:51
 
eve go konkursot za 'kulturnata pateka' da vidite za sto potocno stanuva zbor
 
http://www.aam.org.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=22&Itemid=19 - http://www.aam.org.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=22&Itemid=19


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jan-2008 at 01:12
Јас пак не разбирам... Дали ова ќе биде повеќе некој поим и маршрута, некоја повеќе апстрактна патека, можеби малце нашминкана, но пред се одбележана со објектите и културните збиднувања по нејзината должина. Или ова ќе биде пред се „физичка“ патека која треба да се гради и околу која треба да се подигнат разноразни содржини?


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Jan-2008 at 10:28
Да се добие високо-квалитетно Идејно Архитектонско Урбанистичко Решение за Културната патека во функција на Културно Ре-Откривање, со цел да започне процесот за дефинирање на Музејската зона како комплекс кој всушност почнува од Музејот на град Скопје и пристигнува до Музеите (Музеи на Македонија, Музеј на Современата Уметност), преку валоризацијата на Градскиот плоштад - Македонија, Камениот мост, Старата скопска чаршија и подрачјето на Тврдината Кале


Највероватно не се работи за поплочена патека, тоа е невозможно да поминува низ Центар, Камениот мост и чаршијата, туку за некаква линија на случувања, манифестации, можеби, или линија на музеи на отворено со патокази и табли со објаснување за поминувачи.... Само тоа ми звучи изводливо.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2008 at 01:10
Не знам што да мислам за ова. Ќе мораме да почекаме да видиме што точно ќе направат, а тогаш ќе биде веќе касно... Wallbash

Меџити тврди дека се е регуларно, ама тој не е човек за да може баш многу да му се верува... Ако си турка пак нешто на диво, единствена вина е на институциите што спијат!

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3B6062BE5945F24983ECC4E6934F5686 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3B6062BE5945F24983ECC4E6934F5686

Портата во Старата чаршија, сепак, се гради

Општината Чаир продолжи со градежните активности околу изградба на портата со електронска рампа во Старата чаршија. Општинарите велат дека портата е единствено решение за да се спречи влегувањето во Чаршијата со автомобили. Со тоа се согласува и чаршискиот еснаф.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, тврди дека има дозвола за градба и проектот ќе се реализира според сите критериуми кои биле побарани од Градскиот конзерваторски центар, а парите во висина од 800 илјади денари се обезбедени.

Општинските архитекти тврдат дека портата ќе биде изведена од најквалитетни материјали, а обликувањето ќе биде во склад со постојните историски објекти во Чаршијата. Столбовите ќе бидат од бел и розеникав мермер, а лакот на портата ќе биде изграден од бел мазен пешчар камен. Портата ќе има четири столба кои ќе бидат поставени на постаменти. Конструкцијата за покривање ќе биде од тенка армирана бетонска лушпа со свод од тули и бакарен покривен лим одозгора. Портата ќе има и електрично осветление. (Сн.К.)



Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Jan-2008 at 01:25
Previous Ако биде така како што е објаснето во статијава, не гледам зошто да не се изгради таа порта

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2008 at 01:30
Originally posted by La Linea

Previous Ако биде така како што е објаснето во статијава, не гледам зошто да не се изгради таа порта


Се слагам, ама тоа „ако“ што го спомнуваш е големо „ако“

Прво за Меџити мислам не треба нешто посебно да коментирам... Видовме на дело како работи Bash

А и во институциите немам баш премногу доверба... Мојов негативизам не е дојден од ведро небо... Имам премногу лоши искуства, па секогаш кога ќе слушнам нешто да се гради, место да се радувам (што би било нормално), прва помисла ми е дали пак нешто ќе се усере и дали ќе се направи штета наместо корист.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Jan-2008 at 17:38
Originally posted by Cloverstack


Се слагам, ама тоа „ако“ што го спомнуваш е големо „ако“

Прво за Меџити мислам не треба нешто посебно да коментирам... Видовме на дело како работи Bash

А и во институциите немам баш премногу доверба... Мојов негативизам не е дојден од ведро небо... Имам премногу лоши искуства, па секогаш кога ќе слушнам нешто да се гради, место да се радувам (што би било нормално), прва помисла ми е дали пак нешто ќе се усере и дали ќе се направи штета наместо корист.


Пред некое време имаше интересна објава на оваа тема но пропуштив да ја постирам овдека. Имено Градскиот конзерваторски центар кој своевремено (пред година и кусур) ја стопираше портата на Меџити со образложение дека неможе да се гради без нивна ревизија на проектот и нивно мислење сеуште ја немал изработено таа ревизија и мислење. Додека апсолутно го подржував стопирањето на изградбата на портата во тоа време необјасниво ми е зошто треба година дена за да се изготви проклето мислење или ревизија. Тогаш Меџити (со право) се закануваше дека ќе продолжи со градба бидејќи непотребно се губи толку време. Последнава објава ваљда укажува дека дека притисокот вродил со плод и Градскиот конзерваторски центар си ја завршил работата.

За самата порта сум апсолутно ЗА. Веројатно нема комплетно да го реши проблемот со возилата во старата чаршија но сигурно ќе го намали а тоа е добар почеток.


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Jan-2008 at 14:22
Ако е единствен начин да се спречат коли да возат низ Чаршијата, јас сум 100% за портава. Без разлика што е дивоградба


И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ОД УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Чаир ќе си ја догради портата во Чаршијата

Капијата ќе биде висока 6,7 метри и ќе биде изработена од бел и розеникав мермер, мазен камен и од бакар



Општина Чаир ќе продолжи да ја гради портата на влезот во Старата чаршија, од страната на Бит-пазар, штом ќе се подобрат временските услови, најавуваат општинските власти. Портата ќе биде висока дури 6,7 метри и ќе се гради и покрај забраната од Управата за заштита на културното наследство. Секој објект што без одобрение од Управата се гради во Чаршијата, која е споменик на културата, е дивоградба.

Оваа порта Општина Чаир почна да ја гради лани, со образложение дека така ќе се спречи влегувањето на автомобили во Чаршијата, а Управата за заштита на културното наследство ја стопира градбата, која потоа не беше отстранета, ниту пак состојбата на калдрмата беше вратена на првобитното ниво.

На теренот моментно се оградува градилиштето со зелена заштитна мрежа.

- Изградбата продолжи пред некое време, но поради лошите временски услови ги прекинавме работите. Ќе продолжиме штом ќе се подобри времето - вели Авни Калаба, задолжен за односи со јавноста во Општина Чаир.

Според најавите, изградбата на портата ќе трае еден месец.

Оваа порта Општината ја гради според проектот што го изработи Националниот конзерваторски центар. Локалните власти објаснуваат дека проектот ги содржи сите потребни елементи со кои не би се довела во прашање хармонијата на Старата чаршија. Донатор на изградбата е АД „Скопски пазар“, а Општината ќе финансира само дел.

- Портата ќе биде висока 6,7 метри. Столбовите ќе бидат изработени од бел и розеникав мермер, полукругот одозгора ќе биде изведен од мазен камен „пешчар“, а покривот ќе биде од бакар. Се работи за најквалитетен материјал, кој соодветствува на материјалот од кој се изведени останатите споменици на културата во Чаршијата - објаснува Калаба.

На портата ќе има и електрична рампа со код, а ќе се отвора само по потреба на дуќанџиите заради снабдување со стока.

- Капијата ќе се отвора во одредено време, најверојатно наутро, кое ќе се утврди во договор со еснафот - вели Калаба.

Според него, Општината со оваа градба сака да се спречи влегувањето на возила во Чаршијата кои ги оштетуваат тазе реконструираните улици Битпазарска и Белградска, на што постојано реагирале и самите дуќанџии.

- Бидејќи полицијата не презема никакви мерки за да го спречи влегувањето на возилата во Чаршијата, кои им пречат и на минувачите и на дуќанџиите, Општината реши повторно да ја почне изградбата на портата, како единствено решение за овој проблем. За тоа имаме целосна поддршка од еснафот на Чаршијата - вели Калаба.

Управата за заштита на културното наследство не ја одобрува изградбата на портата и ја смета за нелегална.

- Националниот конзерваторски центар подгови проект за оваа порта, но тој не беше одобрен поради тоа што во Старата чаршија како заштитена целина не е дозволено да се прават измени и ревитализација. Засега немаме информации дека изградбата на портата продолжува, но доколку се забележи нешто такво, нашите инспектори ќе одат на терен и ќе состават записник. Понатаму тоа ќе биде проследено до надлежните институции и ќе се постапи соодветно, според законските прописи - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Анела Петрова








-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 14:35


и јас сум бидејќи управата за културно наследство имаше година дена време да се произнесе за работава и да даде свое решение. Искочи дека тоа време само отиде во ветер како и обично. Општина Чаир можеби ја крши процедурата но е сосема во право во овој случај. Неможе мали луѓе на големи позиции вечно да кочат се живо и диво, па дури и една пишлива капија со рампа.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 15:21
Капијата ќе биде висока 6,7 метри и ќе биде изработена од бел и розеникав мермер, мазен камен и од бакар.

Можам да замислам каков кичерај ќе биде...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 15:50
Ова е само еден проблем што некој сака допвра да си пишува историја. Оваа порта е повеќе политички него инфраструктурен проект. Сепак розева во секој случај е кич. Турската чаршија треба да функционира како посебна единка во целост, која ќе биде по ингеренции на градот. Мислам нешто како покраина во градот. Да си има управник како градоначалници во другите општини. Скопје треба да функционира двослојно. Како и да е Скопје е жртва на двојазичноста, ама се надевам дека оваа влада ќе го реши тоа.

п.с. Ја неам видено тема за административно фукционирање на градот, закон за Скопје итн. ај ако има ве молам пишете каде е, или па отворете зашто тоа е големо урбано прашање.


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Feb-2008 at 17:39
    Какво лицемерие од Паско Кузман, кој, грубо го крши Законот за заштита на спомениците на културата со тоа што сака да гради куполи на споменик на културата од прва категорија, а не сака да дозволи изградба на порта, која има многу добри причини за да биде изградена.
   
   




ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ЧАИР НЕ ОТСТАПУВА ОД ИДЕЈАТА ЗА КОНТРОЛИРАН ВЛЕЗ ВО ЧАРШИЈАТА


Чаир гради порта, но и овој пат - дивоградба


Портата со рампа, општината Чаир почна да ја гради уште во 2006 година, по што беше стопирана поради нецелосна документација. Деновиве повторно почна да ја гради, но Управата за заштита на културното наследство бара општинската инспекција веднаш да ги стопира работите, бидејќи се спротивни на законските одредби


Локалната власт од Чаир повторно почна да ја гради портата во Старата скопска чаршија и цврсто се решени да истраат во идејата да ја постават рампата, која ќе го контролира влезот во старото градско јадро. Но, по втор пат ќе треба да ја прекинат градбата, која се надеваат да ја завршат до април. Тие почнаа да ја градат уште во 2006 година, па ја прекина по реакциите дека не ги консултирале експертите за изгледот, но ја немаа ни целосната документација.
Но, сега, Управата за заштита на културното наследство од општинската инспекција побарала да ја прекинат градбата и работите да ги вратат во првобитната состојба.

- Се работи за чиста дивоградба и затоа деновиве побаравме од инспекторите да ги стопираат работите на портата. Не смееме да дадеме никаква согласност, бидејќи тоа е спротивно со Законот за културно наследство. Портата е во заштитена целина во старата скопска Чаршија каде не можат да се вршат ни доградби, ниту надградби, вели Паско Кузман, директор во Управата за заштита на културното наследство.

Раководителот на секторот за урбанизам и заштита на човековата околина во општина Чаир, Биљали Омерфејзи вели дека портата се гради од камен во стил со што потполно се вклопува во архитектурата на Чаршијата.

- Проектот е изготвен од страна на Дирекцијата за заштита на културното наследство и од Музејот на Македонија кои беа овластени за овој проект, ни изјави Омерфејзи.

Портата во старото градско јадро се гради со пари што ги донирал Скопски пазар и дел од износот го покрива локалната власт. Покрај основната функција да ја заштити Чаршијата од уништување, односно реконструираната калдрма која трпи оштетувања од минувањето на возилата, како што велат општинарите, се очекува дека контролираниот влез ќе придонесе да се подобри и безбедноста во Чаршијата.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=14053BD786D49C4685D9BF7865476B72 - Вечер

(Р.В.)


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Feb-2008 at 19:26
Vo pravo si la linea ,pasko kuzman malku preteruva vo nekoi raboti ,naumil covekot nesto na svoja glava i misli deka cel svet e negov ama toa mu e katastrofalna greska, tvrdinata vo ohrid trebase da ja rekonstruira i ja zaeba ,mislam deka ne go biva tipov za ZACUVUVANJE NA KULTURNO NASLEDSTVO posto kako prvo on ni samiot nema nikakva kultura

Toa e moe mislenje sepak.



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Feb-2008 at 19:41
Originally posted by mitatos

Vo pravo si la linea ,pasko kuzman malku preteruva vo nekoi raboti ,naumil covekot nesto na svoja glava i misli deka cel svet e negov ama toa mu e katastrofalna greska, tvrdinata vo ohrid trebase da ja rekonstruira i ja zaeba ,mislam deka ne go biva tipov za ZACUVUVANJE NA KULTURNO NASLEDSTVO posto kako prvo on ni samiot nema nikakva kultura

Toa e moe mislenje sepak.




Јас вчера бев на тврдината, и мене ми изгледаше сосема пристојно реконструирана(од надвор). Е сега, околината е ужасна, нема некаков концепт во уредувањето, а внатре е пеколно досадно. Нема никакви интересни содржини. Се е раскопано а нема ни еден археолог. Единствено добро нешто е погледот на Охрид. А ако бројот на туристи е намален како што викаат, верувајте ја најдов причината.
    Имаше некои туристи од Холандија Германија Бугарија(и туристички водич им беше некој бугар, па сега видете). Луѓето си платија најнормално , ама не претпоставуваа дека ќе им дојде еден човек со гајда, луѓе верувајте, од почетокот до крајот на нивната прошетка, тортурата траеше некој пола саат,без прекин. Ама вие не сте свесни колку одвратно звучеше. Гајдата очигледно беше дупната или што ти знам и така ги следеше околу цела тврдина, а луѓето кутрите не знае што да прават и само се шетаа така и ќутеа.
     Срамотилуци, место да видат некаква средновековна тврдина, единствена од многу аспекти во Македонија, туристите гледаат нешто што личи на обраснат бункер, како од СССР.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Feb-2008 at 19:46
ja letovo  koga bev duri ne me pustija da vlezam vnatre mi rekoa posle 4 rabotime  ko da e nekoj si drakstor a ne istoriski fakt ,pa zatoa ne napraviv sliki od ohrid  toa e za sramota ,naseto kale kaj i da e barem e malku po uredena vo vnatresnosta ,no tvrdinata vo ohrid barem  gi ima site zidini so pateki koj znae kolku ubavo bi izgledalo :(



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-May-2008 at 10:06
Еве ја портата што ја прават во чаршијата.






-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-May-2008 at 11:01
Па добро... очекував полошо... но... не и ја сфаќам функцијата? Како ќе ги спречи колите да влегуваат? Ќе има рампа некоја? За тоа не требаше порта цела јас мислев дека прават перманентна препрека. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2008 at 00:02

Мирисот на ориентот во Скопје мами само странци

Старата скопска чаршија, некогаш егзотичен дел на главниот град, сега заспива во 17 часот

Катерина Богоева
Сања Наумовска


Повеќе од една деценија и Македонците и странските туристи се се' помалобројни гости во Старата скопска чаршија. Малкуте посетители, најчесто во деновите на викенд, доаѓаат да побараат некоја занаетчиска услуга или да купат нешто. Освен неколку поатрактивни локации, како што се златарската улица, Куршумли-ан, Чифте-амам и мирисот на ориентот, некогашниот центар на животот во Скопје сега е своевидно депо на продавници за чевли и чанти и на кинеска стока.

Занаетчиите од Старата скопска чаршија им се лути на Владата, на Градот Скопје и на туристичките водичи. Велат дека со години ништо не преземаат да го добие чаршијата заслуженото место на македонската туристичка карта.

„Место што нема ноќен живот, не може да опстои ниту да привлече млади луѓе, а чаршијата заспива веќе по 17 часот. Слабо осветлена и необезбедена со години, со многу малку локали што работат навечер, целосно е неатрактивна“, се жалат угостителите.

Златарот Расим Алајдин е еден од многубројните сопственици на дуќани во Старата скопска чаршија. И тој вели дека времињата се променија. „Додека некогаш луѓето што одеа во чаршија наминуваа на Бит-пазар да купат нешто, сега е обратно, по пазарењето можеби ќе прошетаат и низ чаршија“, вели Расим Алајдин.

На влезот на Бит-пазар и крај споменикот на Скендер-бег, Општина Чаир неодамна постави туристички мапи на чаршијата. Големите тријазични паноа на албански, англиски и на македонски јазик на кои се испишани сите улици и пристапите до најважните културно-историски знаменитости, на сите посетители треба да им го олеснат движењето по старото градско јадро. Целта, велат во Општината, е привлекување повеќе туристи и, конечно, спасување на чаршијата од децениската агонија на пропаѓање. Но, ни тоа не помогна.



Единствено туристите како се' уште да не се откажуваат од магијата што ја нудат старите сокаци и дуќани, од вревата што се слуша со минување по калдрмата. Според нив, Старата чаршија во Скопје е егзотика што вреди да се види и да се почувствува. Магија која ја нема во урбаните делови на Скопје, а ретко и во други градови. Речиси нема ден да не се слушне англиски јазик низ тесните сокаци.

Меѓутоа, тоа не е доволно за да се врати сјајот на скопскиот ориент. Ќе мора да се вмеша и државата ако сака повторно да заживее овој дел од градот. Министерството за култура во 2004 година почна таква акција. Се формираше Координативен одбор за ревитализација на Старата скопска чаршија. Одборот изготви Програма за обновување со план да се одвива до 2009 година. Но, речиси ништо не излезе како што беше планирано. Сите се оглушија на аргументите дека чаршијата не е само културно богатство на Македонија, туку и поширока вредност што може да се искористи за заживување на културата, стопанството и на социјалниот живот во Скопје. Така, се' остана во фиока во вид на предлог-закон за заштита на Старата скопска чаршија, чија цел беше да добие статус на споменик од посебно значење.

Конфликтот во 2001 година како да подигна нов ѕид меѓу Старата скопска чаршија и скопјаните од спротивната страна на Вардар. Недовербата се' уште е присутна, но газдите од „другата страна“ се пофлексибилни во лоцирањето на причините за замрената комуникација. Златарот Алајдин вели дека ако се забрзаше реконструкцијата на Камен мост, фреквенцијата меѓу левата и десната страна на Вардар немаше да замре.

„Станува збор за смислена и свесно пролонгирана долгогодишна реконструкција на Камен мост. Во текот на овој период, мостот, кој е единствена пешачка врска на двата дела на Скопје, во центарот беше затворен, што се одрази врз доаѓањето во чаршијата“, вели златарот Ајдини.



И скопјани се согласуваат дека се' поретко наминуваат во чаршија. Најчесто купуваат злато или им треба некоја услуга, а многу ретко шетаат меѓу многубројните културни и историски знаменитости лоцирани во Старата скопска чаршија. „Решението за повторно заживување на овој дел од градот, дефинитивно, е во заедничка акција на занаетчиите и локалната и централната власт“, вели скопјанката Оља Димовска, која ја сретнавме во прошетка низ Старата скопска чаршија.

Програмскиот директор на Музејот на Македонија Перо Јосифовски минатото лето во „Утрински весник“ ја обелодени идејата за преселба на Музејот. Денес, се' уште во одбрана на оваа идеја, вели дека Музејот има проблеми поради нефункционирањето на местото каде што е лоциран.

„Ако постои губитник од нефункционирањето на чаршијата во последните 15 години, тоа е Музејот на Македонија. Од безбедносни причини, не функционира ноќе, а тоа се рефлектира на намалениот број посетители кои доаѓаат на вечерните настани со автомобили. Целиот прв кат на Музејот е ограден со решетки“, вели Јосифовски.

Јосифовски смета оти е време да се приспособат плановите на реалноста. „Ќе има позитивни промени доколку проектите се во согласност со новата реалност во однос на територијалната големина на чаршијата, бидејќи чаршијата не е она што била некогаш. Намалена е, и урбанистички осакатена. Поради оневозможениот визуелен и физички пристап, таа се уништува сама“, вели Јосифовски.

Пристапните патишта се проблем и за Детскиот театарски центар, но проблемите на чаршијата техничкиот директор Крсте Џидров ги лоцира и во несоодветната грижа на надлежните. „Градскиот конзерваторски центар не е многу принципиелен во заштитата, која е селективна. Чаршијата се користи само во предизборни цели, никој не се занимава со нејзината содржина.

Двата објекта на Националната галерија, Даут-пашин амам и Чифте-амам, според директорката Маја Крстевска имаат задоволителна посета, која би можела и да се зголеми со поагресивна кампања. „Годинава предвидуваме пред Чифте-амамот да одржуваме дел од галериските содржини, концерти, разни други манифестации“, вели таа.

Прашавме во Министерството за внатрешни работи дали Старата скопска чаршија се смета за небезбедно место за движење, па затоа скопјани ја избегнуваат. Портпаролот Иво Котевски вели дека тешко може да се извлече таков заклучок, бидејќи во последните три години инцидентите што биле пријавувани во полициската станица Бит-пазар биле претежно од имотен карактер, како што се кражби и други видови напад врз имот. „Иако има зголемување на бројот на криминалните дела, нивната природа не е по ништо различна од случаите во другите делови на Скопје, ниту, пак, статистички се во поголем број“, вели Котевски.

Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски смета дека заживувањето на Старата скопска чаршија е акција која треба заеднички да ја организираат повеќе државни и локални институции. Градската власт веќе започна неколку манифестации врзани за чаршијата и нејзината историја, како што се „Звуците на чаршијата“, Меѓународната ликовна колонија „Скопје“, како и манифестациите „Баскерфест“, „Скопско лето“ и „Бела ноќ“. Но, дали тоа ќе ги надвладее присутните стереотипи дека Старата скопска чаршија е место што треба да се одбегнува, останува да се види.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=93068BBE98D0854DA63FAFA5F0604DE8 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=93068BBE98D0854DA63FAFA5F0604DE8


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Aug-2008 at 21:26
Дали делува оваа градба за зачувување на духот и аутентичност на старата чаршија ?




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:40
Прилично лошо направено... 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:46
Повеќе пати сум кажал, еве сега пак. Турска чаршија треба да учива посебен ентитет во рамките на градот. Треба да има свој совет кој ќе се бира незавсно од политиката (е сега ова малце тешко кај нас) и ќе одлучува за турската чаршија. За нејзе треба посебен закон кој ќе ја уредува. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Sep-2008 at 12:11

Проект за заживување на чаршијата

Културни настани за заживување на старата Скопска Чаршија и подигнување на еколошката свест се двата фестивала кои деновиве ќе ги анимираат скопјани.

За прв пат на Камениот мост и кејот околу Камениот мост ќе се одржи речниот фестивал „Денови на Вардар“. Со анимирање на двата брега на реката, особено Кејот, целта е да се покаже дека овој дел не треба да биде само омилена дестинација за кафе пиење, туку и место за мултиетнички, мултирелигиски и мултикултурен соживот.

„Наша главна цел, и во тоа успеавме, е да создадеме една манифестација којашто ќе биде градска, којашто ќе потекнува од градот Скопје. Ќе имаме и неколку симболички перформанси коишто ќе ја јакнат и ќе имаат критички однос кон водата, кон реката“, изјави Роберт Алаѓозовски, независен менаџер во културата.

Трето издание, пак, на манифестацијата „Звуците на Чаршијата“ повторно ќе се обиде да го врати сјајот на старата Скопска Чаршија.

Начинот да се вратат младите во некогашниот крвоток на градот и презентација и афирмација на старите занаети, организаторите, го гледаат преку културни настани, иако свесни дека тоа не може да се случи преку ноќ.

„Нашата интенција е дефинитивно да прераснеме, со самата организација и со значење на оваа манифестација, во еден фестивал којшто нема да биде два дена, ќе биде повеќе и меѓу другото, ние нема да успееме да ја заживееме Чаршијата со краткорочни фестивали, туку е потребна поголема организација“, рече Борис Момировски, директор на МКЦ.

Фестивалите „Звуците на Чаршијата“ и речниот фестивал „Денови на Вардар“, а се дел од манифестацијата „Септемвриска културна обнова“.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97479


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Sep-2008 at 11:10
Новата скопска чаршија



Автор:  Радмила Заревска

Улички тесни и испреплетени како лавиринти. Стотици продавачи и илјадници купувачи. Пазарења и ценкања. Викотници на сите страни и повици до муштериите да влезат во некој дуќан. Сè се рекламира најсилно што може. Тоа е чаршискиот живот.

За жал, тој сè помалку се одвива во вистинската, Старата скопска чаршија, која е една од најголемите на Балканот и е меѓу најзначајните културни споменици во земјава. Скопје во изминативе неколку години доби нова чаршија во ориентална смисла, во местото наречено Дуќанџик, ограничено со Старата чаршија, тврдината Кале, пластичарската улица и полициската станица „Бит-пазар“. Ова место е преполно со десетици минитрговски центри и нови големи продавници, а се градат барем уште толку. Се нудат најразлични производи, а некои дуќани се специјализирани само за одредени стоки, како играчки, текстил, техника и слично. Се продава на големо и на мало, во зависност од желбите и потребите на купувачите.

ДНЕВЕН ПРОМЕТ ЗА ЕДНИ, МЕСЕЧЕН ЗА ДРУГИ

Големите и модерни продавници и стоковни куќи во Дуќанџик привлекуваат многу повеќе посетители од дуќаните во Старата чаршија, каде што задоволителна посетеност имаат речиси само златарниците и ќебапчилниците. Сето тоа не помина без реакции од тезгеџиите од Бит-пазар и дуќанџиите во Чаршијата на кои им се намалува прометот, како и од жителите на населбата, кои главно се жалат на бучавата, метежот од автомобили и комби-возила за дотур, од нехигиената што се создава поради огромната фреквенција од луѓе и слично. Конкуренцијата, изборот на стоки и продажбата на големо се главните причини поради кои новата сè повеќе ја испразнува Старата чаршија.

- Јас сум еден од постарите дуќанџии во Чаршијата. Изработувам и продавам ташни, имам постојани купувачи кои што се задоволни од моите производи. И заработувачката не е лоша, но кога почнаа да се појавуваат сите тие приватни стоковни куќи околу полициската станица, се намали прометот во целата чаршија. Никој од нас не може ниту од далеку да се спореди со нив. Тие за еден ден прават промет колку ние за цел месец, а се наоѓаат на само десетици метри од нас. Тие на големо купуваат стоки од Грција и од Турција и им ги препродаваат на дуќанџии од други градови, а ние самите произведуваме - вели чичко Фарук Ибраим, сопственик на дуќан во Старата чаршија.

Тие што работат во новите продавници, пак, велат дека сакаат да ги следат современите текови во трговијата, па затоа ги уредуваат своите простори за да отстапуваат од дуќаните во Чаршијата или од тезгите на пазарот.

- Објектите се прават за да личат на мали трговски центри, па луѓето можат да дојдат на едно место и да купат многу производи. Се продава и на големо и на мало, а нормално е што имаме поголем промет од пазарите или од старите дуќани, затоа што кај нив има застарени и неуредени производи. Досега сме презадоволни од работата - истакнува еден сопственик на дуќан во тој дел.

ОБЈЕКТИТЕ ЧЕКААТ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

Од општината Чаир објаснуваат дека сите објекти што се изградени како стоковни куќи или како минитрговски центри во Дуќанџик, особено околу пазарот и полициската станица, се направени бесправно во последниве неколку години. Според општинарите, причината за тоа била што местото не било урбанизирано навреме, а градбите сега ќе чекаат легализација.

- Околу пазарот и Чаршијата има пред сè нелегални градби. Но, изработуваме детален урбанистички план, кој ќе го опфати и просторот околу Дуќанџик. Неговата изработка трае две години бидејќи имавме дополнителни барања за конзерваторските основи од Дирекцијата за заштита на културното наследство. Причината за тоа беше што некои објекти се наоѓаат на самата граница на Чаршијата. Очекуваме наскоро советот на општината да го усвои овој план и потоа да почне неговата примена, со што ќе се овозможи легализација на објектите во населбата - вели Омерфејзи Биљали, раководител на општинскиот сектор за урбанизам.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=193&ArticleID=7949



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Sep-2008 at 15:14
Околу пазарот и Чаршијата има пред сè нелегални градби. Но, изработуваме детален урбанистички план, кој ќе го опфати и просторот околу Дуќанџик. Неговата изработка трае две години бидејќи имавме дополнителни барања за конзерваторските основи од Дирекцијата за заштита на културното наследство. Причината за тоа беше што некои објекти се наоѓаат на самата граница на Чаршијата. Очекуваме наскоро советот на општината да го усвои овој план и потоа да почне неговата примена, со што ќе се овозможи легализација на објектите во населбата - вели Омерфејзи Биљали, раководител на општинскиот сектор за урбанизам.


Ако и објектот кој го дискутиравме во врска со клучката Бит-Пазар не е легален, дефинитивно треба да се сруши, наместо да се легализира и да остане чир засекогаш  Roll%20eyes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Sep-2008 at 15:24
Мислам дека ние дикутиравме за објект карши полициската станица, тамо кај пластичарска улица, тоа е доста далеку од турска чаршија.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Sep-2008 at 15:41
Ама е „околу пазарот“


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Sep-2008 at 22:23
Скопската чаршија конечно ќе се заштити со закон


Старата скопска чаршија конечно ќе биде заштитена со Закон како културно наследство од особено значење. Собраниската комисија за култура деновиве го поддржа предлогот за донесување на акт со кој оваа најголема чаршија во Македонија, која потекнува од 15 век, ќе биде соодветно третирана, а ќе се преземат и сите чекори за нејзино заживување.

Основната причина за донесување на ваков закон е потребата да се надмине сегашниот статус на Старата скопска чаршија како привремено заштитено добро. Со законот ќе се изврши идентификација на доброто во поглед на границите, називот и категоријата на добрата, а ќе се утврди и начинот на заштитата и управувањето, велат во Министерството за култура.
Оттаму додаваат дека на овој начин ќе се спречат сите дејства кои можат да доведат до оштетувања или деградирање на објектите кои се категоризирани како културно наследство, а ќе се овозможи и трајна заштита на нивната автентичност и историската вредност.

Законот предвидува основање на Национален совет за ревитализација на Чаршијата кој ќе ги координира проектите за нејзино заживување и ќе донесе Програма за ревитализација на Чаршијата за период од пет години. Притоа надзорот ќе го врши Министерството за култура.
Со законот, се остава простор стручните служби на Управата заедно со координативното тело да одлучуваат дали нешто може да се гради во Чаршијата и со кои димензии.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D56679E4CBD47B488997786BDB0D5841



Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2008 at 00:17
Ќе се уредува влезот во Скопската чаршија


Градот и Општина Чаир заедно ќе го уредуваат влезот во Старата скопска чаршија, од страната на Даут пашин амам. Со проектот е предвидено да се реконструира платото и да се постават нови травертински плочки. За заштита на плочникот од несовесните возачи кои влегуваат со автомобили во Старата скопска чаршија, пак, ќе бидат поставени хидраулични столпчиња.

На заедничката средба на Градот и општинските власти на Чаир, која се одржа деновиве, предвидено е и продолжување на проектот за партерно уредување на тротоарите на Пластичарската улица и тоа на потегот до крстосницата кај касарната Илинден. Истовремено договорена е и реконструкција на тротоарите на булеварот Втора Македонско-Косовска Бригада, каде Градот целосно ќе го реконструира уличното осветлување. Општина Чаир, пак, согласно проектите на Градот за пешачки натпатници, деновиве ќе побара времено сообраќајно решение за започнување на изградба на ваков натпатник на Бит-пазар, со што ќе се реши проблемот со големиот број пешаци кои минуваат преку булеварот Крсте Мисирков кон пазарот. Градот во овој проект, покрај идејното решение, ќе се вклучи и со изградба на бетонски жардиниери и нивно хортикултурно уредување.

http://vecer.com.mk/?ItemID=48681EB5DD2AAC4086E374B405394CE3


СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ГРАДОТ И ОПШТИНА ЧАИР

Старата чаршија ќе се оградува

Договорено е поставување на ново осветление, нов пешачки натпатник кај Бит-пазар и донација на Чаир за Зоолошката градина


Возилата ќе мораат рикверц од чаршијата

Градските власти се договориле со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, да почнат да го уредуваат партерниот влез во Старата скопска чаршија од страната на Даут-пашиниот амам. Плочникот, велат градските власти, од оваа страна, со години е искршен и уништен од несовесни возачи. Тие, овој влез го користеа за да ги паркираат возилата внатре во чаршијата.

- Со проектот треба да се реконструира платото и да се постават нови травертински плочки. За заштита на реконструираниот плочник од несовесните возачи, кои влегуваат со автомобили во Старата скопска чаршија, ќе бидат поставени хидраулични столпчиња - објаснуваат од Градот.На средбата на градските власти со претставници од Чаир исто така било договорено да се постави ново осветление и да се реконструираат тротоарите на булеварот Втора македонско-косовска бригада, односно улицата што поминува покрај Топаана, а продолжува кон Шуто Оризари.

- Градот целосно ќе го реконструира уличното осветление поставувајќи нови штедливи светилки на „Македонско-косовска бригада“. Ново осветление ќе биде поставено и на сите други градски улици на подрачјето на општина Чаир - соопштуваат градските власти. Активностите треба да се спроведат во наредните шест месеци.

Градот и општината, исто така, договорија да продолжи проектот за партерно уредување на тротоарите на т.н. пластичарска улица. Со проектот од 2006 година заеднички беа уредени тротоарите до првата раскрсница, а со овој проект треба да се уредат до раскрсницата кај касарната „Илинден“. По завршувањето на реконструктивните активности, Општина Чаир ќе преземе мерки проектно да го регулира паркирањето за оваа фреквентна сообраќајница.

Општина Чаир, според проектите што ги подготви Градот за пешачки натпатници, деновиве ќе побара еден ваков да се изгради и на Бит-пазар. Сметаат дека со него би се решил проблемот со големиот број пешаци кои минуваат преку булеварот „Крсте Мисирков“ кон пазарот. Градот во овој проект, велат оттаму, покрај идејното решение, ќе се вклучи и со изградба на бетонски жардиниери и нивно хортикултурно уредување.

- Пешачкиот натпатник и клучката „детелинка’ се проекти што ќе придонесат за зголемување на безбедноста, но и за подобрувањето на протокот во сообраќајот - изјавија градските власти.

Градоначалникот Меџити изразил подготвеност Општина Чаир да се вклучи во проектот за реконструкција на скопската Зоолошка градина. Тие деновиве ќе донесат одлука кое живеалиште ќе претставува донација од граѓаните на Општина Чаир.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9368D8E7102AE44E8035172814A40DC7


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2008 at 00:32
ЌЕ СЕ НОСИ ЗАКОН ЗА СТАРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ
Скопската чаршија не смее да го промени ликот

Старата скопска чаршија, со прецизно определени граници, е сместена во категоријата на културни наследства од особено значење, во новиот предлог-закон на Владата, кој е на дневен ред на денешната собраниска седница. Со оглед на тоа што материјата не е сложена и обемна за разгледување, овој закон ќе се носи по скратена постапка, се вели во владиното образложение. Новина во овој предлог-закон е што, покрај јадрото на чаршијата, ќе бидат заштитени и трите зони што се во контакт со неа, зоната околу деловниот центар „Мавровка“, кај старата стоковна куќа „Мост“ и месноста Дуќанџик. Границите на чаршијата, заедно со контактните зони, ќе бидат нанесени на геодетска подлога од Агенцијата за катастар на недвижности, така што за секоја парцела што се наоѓа во заштитеното подрачје ќе стои дека е составен дел на Старата скопска чаршија, а секое заштитено добро во тоа подрачје ќе има статус на културно наследство. На тој начин границите на чаршијата и на трите зони не ќе може да се менуваат со ниеден просторен или урбанистички план. Двете општини, Чаир и Центар, во чии рамки се наоѓа споменичката целина, со законот ќе бидат задолжени да донесат детални урбанистички планови за подрачјата во нивна надлежност, кои ќе бидат изработени врз заштитно-конзерваторски основи од градскиот Конзерваторски центар. Со законот ќе биде забрането да се менува уличната мрежа, големината на блоковите и на парцелите и на отворените простори во Скопската чаршија, да се градат индустриски капацитети кои ќе ја загадуваат, да се подигаат споменици што не се поврзани со нејзиното настанување, но и да се ископуваат темели или подруми и да се изведуваат други градежни работи, без претходно да се спроведат археолошки истражувања. Во заштитата спаѓаат зачувувањето на пешачкиот карактер на Старата чаршија, со исклучок на возилата за снабдување и оние со специјална намена, а ќе мора да се задржи постојната висина на објектите, формата на покривите и оригиналните материјали од кои се изведени градбите. Така, новоградбите задолжително ќе мора да имаат ќерамидни покриви и според висината, изгледот и бојата, да бидат усогласени со постојните соседни објекти. Водовите од инфраструктурата и инсталациите не ќе смеат да бидат видливи во просторот на чаршијата, столаријата ќе треба да биде изработена од квалитетно дрво, наместо од метал или од пластифициран лим. Повеќе нема да биде дозволено да се поставуваат потпирачи, телевизиски антени, репетитори, големи рекламни паноа, а постојните ќе се отстранат. Истовремено, во заштитеното подрачје ќе биде дозволено да се вклопат натписи на фирми, билборди, неонски реклами и сообраќајни знаци.

Заштитен споменик на културата

Старата скопска чаршија, каква што ја познаваме денес, настанувала во периодот од 15 век до 20 век, врз делови на постара структура, што потекнува уште од 11 век. Се протегала на оската што ги поврзува Камениот мост и манастирот „Свети Георги – Горгос“, што се наоѓал на местото на денешната Султан-Муратова џамија.
Чаршијата, според нејзините карактеристики, спаѓа во категоријата сложени чаршии од средновековен ориентален карактер, со една до две главни улици, на кои се надоврзуваат многу помали специјализирани трговско-занаетчиски улички. Покрај дуќаните, во нејзиниот состав се наоѓаат голем број профани и сакрални објекти, многу анови, амами, џамии, црква и безистен. Под заштита, како споменици на културата во неа, се ставени 17 посебни добра.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1518&ArticleID=99808




Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Oct-2008 at 22:23
Одлична вест Thumbs%20Up


Скопската чаршија доби заслужена заштита


Старата скопска чаршија деновиве и со закон е прогласена за културно наследство од особено значење, со што е ставена под трајна заштита на државата. Според Министерот за култура Елизабета Канчевска-Милевска, основната причина за донесување на овој закон, на кој се чекаше со години, е надминување на привремниот статус на чаршијата.
- Со Законот се спречуваат активностите во чаршијата кои може да доведат до оштетување, уништување или деградирање на спомениците и истовремено се овозможува трајно зачувување на историските, архитектонските, етнолошките и сите други вредности на чаршијата, како и нејзината историја и автентичност, вели Канческа - Милевска.

Со Законот ќе се редефинирааат и границите на Чаршијата, при што ќе се определат контактните зони што сега не постојат, ќе се обезбеди и повисок степен на индивидуализација на спомениците.
Членовите на Собранието, пак, посочија дека ова е прв закон што третира цело градско јадро кое е симболика на еден град. Од друга страна се решаваат и лошите митови за Чаршијата како локација од која се плашат граѓаните, а која вушност мозаик на култури, занаети и традиции. Инаку, Старата скопска чаршија настанала од 15 до 20 век и спаѓа во категоријата сложени чаршии од средновековен ориентален карактер.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=388D27026ECEC542ACA031FED5567095


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 00:43
Во контекст на веста, баш прееска на несоодветно место приложив една идеја за која мислев дека нема соодветна нишка, ама еве сега со доза на каење поради тоа што користев офтопик, еве тука ќе ја образложам пак идејата. Значи вака, бит-пазарот да се дислоцира*, а на постојното место да се изгради плоштад (што веќе еднаш оддамна беше предложено), а на тој плоштад директно би излегувале алаџа џамија и театарот на народностите. Овие два објекта до некаде се во контекст со традицијата на чаршијата, џамијата да го симболизира турското време, а театарот на народностите да ја симболизира мешавината од култури во чаршијата. Овој предлог има и една друга димензија, а тоа е да се разбие оној прљав простор што го сочинуваат самиот пазар и све околу пазарот што се дешава почнувајќи од "цигари цигари петарди" до оние сите возила и приколки испаркирани кои што го кочат сообраќајаот на булеварот. Инаку на овој плоштад немам ништо против доколку се премести Скендербег од сегашната несоодветна локација помеѓу паркинг и ќебапчилница.

*Евентуална локација погодна за пазар во близина е празниот простор позади сегашната амбуланта бит-пазар, позади факултетот, онаа локација, сега незнам тамо и некои стари бараки. Одма северно до Иса-бег џамијата.


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Oct-2008 at 01:12

Originally posted by lslcrew

*Евентуална локација погодна за пазар во близина е празниот простор позади сегашната амбуланта бит-пазар, позади факултетот, онаа локација, сега незнам тамо и некои стари бараки. Одма северно до Иса-бег џамијата.

пазарот колку што ми е познато од секогаш бил под кале, а доколку некаде би се преместил тоа би било природно пак тука некаде одоколу да биде, но и твоето држи вода но би требало да се земат во предвид повеќе фактори! волјата на општинарите, волјата на пазарџиите, чистиот простор пр. на кој предлагаш да се дислоцира пазарот - приватно земјиште, дуп итн. она што мене ми изгледа како можно погодно решение за дислокација е или потегот после телевизија се до мостот или позади кај полигонот зад кале после лизгалиште иако овој е одсечен од булевар или општо од прометна улица. но овие предлози се прилично ризични како појава на таков простор, заради можната негативна еколошка последица по вардар... 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 01:18
Па за калето некако ми изгледа недостапно од сите страни, за таму не би лецитирал, а башка ќе треба и американците да ѓи прашаме! А за кај МТВ како што прочитавме пред некој ден се донесе ДУП, па со оглед на тоа што ќе се урбанизира тој дел исто така не би лецитирал, а башка токму тука треба да проаѓа Крушевска република, така да и ова не би било некое долгорочно решение. Сепка тешко е да се најде локација у близина за ваков пазар, а како опција евентуално може да се стави во игра и дисперзирање на неколку помали пазари во околните населби, што не е лоша идеја.


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Oct-2008 at 01:29

 да крушевска, но дали тоа е во дупот или ако е дали истата и ќе ја направат?! а што е до америте тоа си стои нема бегање Ohno најверојатно ќе им пречи преголемото раздвижување на зеленчук и овошје предпорти. можеби мало денивелирање на пазарот би било решение а врз него да се направи платформа за плоштад Question така сигурно ќе се удри и на некое археолошко наоѓалиште па ете ти пак проблем макар бил тој и привремен LOL а може да се проба и со бенифицирање на тезгаџиите на новата локација како не би кренале бунт а и се со песна да се тера.   



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 01:52
Неможе бе нивелација, што збориш?! Инаку за археологија има доста да, сигурно би имало и тука нешто. Инаку криминалната димензија може да се дисперзира и ослабе доколку и самиот пазар се дисперзира, но таа димензија да ја оставиме на страна и да ја гледаме само урбанистичката.


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Oct-2008 at 02:28

Originally posted by lslcrew

Неможе бе нивелација, што збориш?! Инаку за археологија има доста да, сигурно би имало и тука нешто. Инаку криминалната димензија може да се дисперзира и ослабе доколку и самиот пазар се дисперзира, но таа димензија да ја оставиме на страна и да ја гледаме само урбанистичката.

нема криминал никаде доколку некој си ги брани правата тоа би било само граѓанска непослушност во форма на блокади и протести... а за вкопување на пазарот сакам да потенцирам дека нема логични решенија , освен футуристички пристап на проблемот негледам никакво друго решение Confused

има можеби и порадикално решение а тоа би било амбулантата да се пресели некаде на ново место а тој постојниот објект со цела околина да се  пренамени во пазар со безистен или стоковна слична на објектот стоковна за железарија што е  зад бит пазар а тука би влегле и женскиот пазар(за текстил) и оној техничкиот дел дребулии, кондури,  телефони и нормално и таа железаријата. а најбезболно можеби би било тоа да се направи потпомогнато од државата обезбедувајќи нова зграда за амбуланта на битпазар некаде кај полициската и новите трговски и деловни центри што се во тој дел... незнам што има предвидено во новиот дуп на местото на амбулантата но освен футуризмот како решение можеби уште ова останува!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 02:42
Е во ова решение те поддржувам потполно! Супер предлог! Ќе добиеме модерен пазар, а ќе добиеме и нова амбуланта!!!


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Oct-2008 at 02:50

Originally posted by lslcrew

Е во ова решение те поддржувам потполно! Супер предлог! Ќе добиеме модерен пазар, а ќе добиеме и нова амбуланта!!!

лсл не брзај да видиме што мислат другите LOL абе треба некое време додека човек да го најде правиот речник и толковник во фиока(поготово кога импровизира), затоа е и форумов па преку аути и адути да се дојде до решение но без разгледување и на најневозможните комбинации неможе да се наметне интензитет и провокација за идеално решение!   



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Oct-2008 at 04:13
лсл не брзај да видиме што мислат другите


Ете јас мислам дека ептен забегавте Big%20smile

На толку натрупани ургентни проблеми, ова што го зборите е научна фантастика. Има време да размислуваме и на ваква тема... Негде после 2023-та  Wink


Posted By: vardar
Date Posted: 28-Oct-2008 at 01:35
 

заштита на културното наследство

Ќе се враќа автентичноста на Чаршијата

Ќе се сочува пешачкиот карактер на оваа знаменитост, новите објекти треба да се во ист стил, а без дозвола од Националниот совет не смее да се копа, да се градат споменици и индустриски објекти


Ќе се усогласуваат висината, изгледот, бојата и другите параметри на новоизградените објекти со постојните

Старата скопска чаршија отсега ќе се чува и штити поорганизирано. Со неодамнешното усвојување на Законот за прогласувањето на Чаршијата за културно наследство, овозможена е и правна рамка за дејствување. Тенденцијата е да се сочува пешачкиот карактер на Чаршијата, да се задржи постојната висина на објектите, а на покривите на новоградбите задолжителни да бидат ќерамидите. Треба да се усогласуваат висината на објектите, изгледот, бојата и другите параметри за новоизградените објекти со постојните.

Така ќе се овозможи трајно зачувување на историските, уметничките, архитектонските, урбанистичките, амбиенталните, етнолошките, социолошките и другите научни и културни вредности, како и автентичноста, единственоста, разновидноста, интегралноста, староста и други својства, содржини и функции.

- Преку утврдениот режим на заштита се врши спречување на дејствија со кои може да настане оштетување на споменичката целина, потенцира Анита Јованоска, портпарол во Министерството за култура.Според Законот, во Чаршијата не смее да се менува постојната урбана структура, односно уличната мрежа. Заштитена е и големината на блоковите и парцелите и отворените простори. Индустриските и слични капацитети што загадуваат и' се туѓи на оваа знаменитост, а забранета е и изградба на меморијални споменици и обележја што не се поврзани со настанувањето и развојот на Старата скопска чаршија. Не смее да се врши ископ на темели или подруми, ниту да се изведува кој било друг вид земјени или градежни работи без претходно спроведување заштитни археолошки истражувања.

- Старата скопска чаршија ја ставаме во цивилизирана рамка, која подразбира поголема законска организираност. На тој начин многу попрецизно ќе може да се штити и зачува нејзината амбиентална средина, дециден е Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. - Реконструкцијата на постојните објекти во Чаршијата ќе биде според строго определени проекти што ќе минат низ сите филтри. Ќе може да се гради малку повеќе во контактните зони. Законот предвидува три контактни зони за Старата чаршија: кај трговскиот центар „Мавровка“, кај стоковната куќа „Мост“ и месноста Дуќанџик. Во „епицентарот“ на Чаршијата се забранети повеќе активности.

Заради координирано реализирање на заеднички иницијативи или проекти за заштита, уредување, користење и ревитализација на Старата чаршија, Владата до средината на ноември треба да основа национален совет за ревитализација, како и координативно и советодавно тело на Владата. Националниот совет ќе биде составен од претставници на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор како стопанисувач со овој државен имот, од Здружението на занаетчиите - Чаир, од претставници на приватните сопственици, на општините Чаир и Центар, како и на Националниот конзерваторски центар и на Управата за заштита на културното наследство како надлежни установи за културното наследство.

Владата, на предлог на националниот совет треба да донесе петгодишна програма за ревитализација на Старата чаршија во рок од шест месеци од стапување во сила на овој закон. Надзор над спроведување на овој закон врши Министерството за култура.

До 1935 година била Капали чаршија

До 1934 година двата дела на Чаршијата биле покриени според османлиски трговски терк. Сите калдрмени улички низ Чаршијата биле покриени со ламарина. Поради тоа старите скопјани Чаршијата ја нарекувале Капали чаршија, односно покриена. Во 1935, тогашниот градоначалник на Скопје Јосиф Михаиловиќ решил да се отстранат сите ламарини и ја прекрстил од Турска во Стара скопска чаршија. Се влегувало од три влеза“ кај Даут-пашиниот амам, кај поранешното кино „Напредок“ и кај стоковната куќа „Илинден“.

ИНФо-Создавана пет века

Вкупната површина на Чаршијата е 11 хектари, 58 ари и 14,71 квадратни метри. Настанала во периодот од 15 до 20 век, врз делови на постара урбана структура. Типолошки спаѓа во категоријата сложени чаршии од средновековен ориентален карактер, со голем број профани и сакрални монументални објекти, како Безистенот, анови, џамии, сараи, амами.

СТАВ
Спомените од калдрмата

Старата скопска чаршија првпат е прогласена за културно богатство од прв наследен ред и се става под заштита на државата, а не на општините, како што беше досега. Со доследно спроведување на новата регулатива, може да се спречи понатамошното деградирање на оваа импозантна споменична целина, која прва го привлекува вниманието на странскиот посетител, а изгледа неугледно.Но, новиот закон е само првиот чекор. Вака каква што е, не гледаме зошто би поминале туристите по нејзините калдрми. Треба да се осмислат и содржини со кои таа би заживеала и би се презентирале старите занаети. За жал, сега во Чаршијата нема каде да се преспие, иако некогашните анови може да се приспособат и да станат атрактивно преноќиште. Нема ниту ресторан со традиционална храна. Тешко ќе најдете место каде што може да се купат сувенири, ниту пак има организирани туристички посети на занаетчиите, кои ги има се' помалку. Останаа само златарите, изработувачите на чанти и по некој чевлар. Чаршијата треба да си го врати стариот изглед, изгледот од нашите спомени.

Анела Петрова
Фото Маја Златевска

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6C8FFCCC4A50C94DB59B9C6230F664D7 - dnevnik
 


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Nov-2008 at 03:40
незнам зошто ваков ќелепурлук?!
чаршијата е заштитена со закон, а  оние што ја заштитиле немаат претстава од кога постои овој комплекс! да е уште потрагично од неа сакаат да направат посебна целина,  чаршијата мора да се гледа како дел од Калето, како дел од стариот град, како дел кој припаѓа на простор кој е населен уште во времето на неолитот.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=72599&idg=4&idb=1066&rubrika=Revija - Историјат за вредноста на локалитетот Кале и Градиште
Старата скопска чаршија настанала во периодот од 15 до 20 век врз делови на постара урбана структура.
http://www.kultura.gov.mk/listsoopstenija_more.php?id=173 - www.kultura.gov.mk...
Споменичката целина “Стара скопска чаршија” настаната во периодот од XV до XX век врз урбана структура што потекнува од XI век
http://209.85.129.132/search?q=cache:NjKffhfn53wJ:www.sobranie.mk/uploads/dokumenti/_stara%2520skopska%2520carsija-usoglaseno.doc+%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0+%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B0+%D1%87%D0%B0%D1%80%D1%88%D0%B8%D1%98%D0%B0+site:www.sobranie.mk&hl=mk&ct=clnk&cd=1 - www.sobranie.mk... [ http://www.sobranie.mk/uploads/dokumenti/_stara%20skopska%20carsija-usoglaseno.doc - 1 ]
Историските податоци покажуваат дека Скопската Чаршија настанала во 11 и 12 век, кога и настануваат првите простории за сместување на стоката, со воведувањето такси за користење на градското земјиште и со започнувањето на продажбата на стоката за време на пазарниот ден (вторник и петок и денеска се сметаат како пазарни денови)
http://www.oldskopje.net/mk/news/11.html - www.oldskopje.net
не е возможно да се носи закон а да се испуштаат или несмасно толкуваат вакви репрезантативни и едукативни историско-хронолошки податоци кои се вметнати и во самиот закон за скопската чаршија.
сакаат да продадат приказна на некој турист па и на себе, а продажбата ја прават како пореметен сон, во кој само тие си знаат и ќе знаат како да се движат, не се ни трудат нешто да сменат! освен  грешната интерпретација на хронологијата, пример никаде не се истакнува дека средновековната историја на стариот град (калето и чаршијата) бележи само во XIII век, (според досега откриените грамоти(хрисовули)) постоење 11 Цркви и 1 Манастир (источно од стариот град(денешна султан муратова Џамија))! ова не само што не се истакнува никаде туку нема ни обид тие сознанија некако виртуелно да се позиционираат на некоја мапа или е-карта за СК низ вековите...
што е до правните механизми во http://www.sobranie.mk/uploads/dokumenti/_stara%20skopska%20carsija-usoglaseno.doc - законот за прогласување на скопската чаршија за  заштитено културно наследство од особено значење , мислам дека посмешно регулирање за спроведување на законот не можело да им падне на памет во министерството за култура:  одговорни за спроведување на членовите 7 и 8 од законот за СК чаршија се општините чаир и центар (член 9),  а инспекциски надзор над нив ќе вршело министерството (член  12).
ова на сите ни е јасно дека не само што нема да функционира туку единствено може само да направи препреки за нормално функционирање на законот, секоја општина ќе си донесе своја регулатива како треба да се пристапува и постапува по членовите 7 и 8 од законов и освен лакрдија и калабалак од чаршијата нема ништо повеќе да добиеме. иако и така може да функционира, сепак доколку се ставеше спроведувањето на законот целосно под капа на државата за многу брзо време ќе видевме и ред и иднина за овој споменик на културата, вака само се потенцира дека чаршијата е заштитена со закон, а во реалност работите нема да се мрднат од мртва точка и се ќе си тече по старо, па и бетер!
друга работа што ме зачуди и збуни е спомнувањето на Здружението на Занаетчии Чаир (член 10)  во координативното тело  - “Национален совет за ревитализација на Старата скопска чаршија“ каде е наведено истото како член на советот?! смешно, но тие што го составувале законот не се ни обиделе да проверат дали вакво здружение воопшто и постои! ова здружение е сега претопено во “Занаетчиска Комора на Скопје“, но истата и не се спомнува во законот, а и ги тангира сите занаетчии во скопскиот регион, единствено што имаат со чаршијата е нивната местоположба во истата во Дом на Занаетчии, една бела зграда спроти Чифте Амам и Мурат Пашината Џамија која како прво здружение на занаетчии а сега комора им го отстапи државата.
Но оние кои треба да се дел од овој совет и оние кои треба да се консултираат се самите занаетчии од чаршијата - еснафот на скопската чаршија, кои пак од секогаш биле организирани како “Здружение на Граѓани Еснаф“ (Здружение на Еснафи на Старата Скопска Чаршија) кои се со седиште во Капан Ан. иако ова здружение има соработка со занаетчиската комора на скопје т.е. ја имаат на располагање конференциската сала на комората сепак тие се сосем друга приказна од комората, тие се самите занаетчии  застапени во скопската чаршија.   
     
значи нив никој не ги есапи, ниту пак ги консултира околу законот, дали тие имаат некаков предлог како директно засегнати - инволвирани во самото функционирање на чаршијата.
исто законот ваков како што е освен што го регулира естеско историскиот(музејски) момент, воопшто не обрнува внимание на заживувањето и ревитализирањето на занаетите посебно на овој потег на СК, преку бенифиции во оданочувањето (персонален данок, пензиско и здравствено осигурување), бенифиции во царината за набавка на материјали,  комунални бенифиции, како  и безкаматни кредити и неповратна помош за специфични занаети кои се изумрени или се пред изумирање. значи во законот морало да се предвиди на кој начин ќе се стимулираат занаетите  - животот  и смислата на чаршијата, само со ваков пристап е возможно чаршијата да добие вистинско светло и атмосфера, а само со регулативи кои ги апсолвираат архитектурата и техничките функционалности нема воопшто да се добие жив споменик на културата (што реално е возможно) туку попрво нем сведок од сокаци полни златари и кебапчилници што е во ред но не во волкава мера и волку еднолично. можеби советот што треба да би координативно тело ќе наметне некаква иницијатива за подзаконски акти и регулативи, како пример секој златар обавезно една третина од излозите и витрините да му е исполнета со филигран и седеф, но дека ќе заживеаат некои изумрени занаети тоа не ми се верува...  
еве нешто празни муабети...:
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=34292 - Ќе се ревитализира старата Скопска чаршија - А1 - 04.07.2004 
http://www.novamakedonija.com.mk/star/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=275&ArticleID=11749 - Кодекс за заживување на занаетите во Старата чаршија - НМ - 19.10.2004
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=510&ArticleID=10957 - Се реализираат проекти за заживување на старата Скопска чаршија - Капитал - 27.04.2006
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=85725 - Заживување на занаетите за спас на чаршијата - А1 -  03.11.2007
http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=6216 - Може ли да оживеат изумрени занаети? - Форум - 10.10.2008
 
незнам што ќе биде во пракса но мене уште во теоријата ми изгледа муабетов во најмала рака недоквакан,  реално законов е потребен и ќе даде некоја насока, но нема да од чаршијата да направи препород туку само стариот запек само со законска рамка накитен!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 19:02
И покрај портата, низ чаршијата врват возила



Скопје
„Мерцедеси“, „БМВ“, нови „голфови“, џипови и други скапи и луксузни возила секоја вечер во доцните часови крстосуваат низ Старата скопска чаршија и покрај тоа што општината Чаир изгради порта и на неа постави рампа за да го спречи влегувањето на автомобилите бидејќи тие ја оштетуваат калдрмата. Општинарите велат дека Здружението на еснафите е задолжено да управува со рампата, а оттаму објаснуваат дека механизмот бил во дефект и бил однесен на поправка.

Дуќанџиите раскажуваат дека веќе неколку недели секоја вечер возилата влегуваат во чаршијата и застануваат кај блиските хотели или до кафулињата. Тие истакнуваат дека биле поместени дури и клупите поставени на средината од сокаците, за автомобилите да можат слободно да поминуваат.

- Чаршијата мора да биде пешачка зона, а не низ неа да се возат автомобили, кои не само што ги оштетуваат калдрмата и клупите, туку ги загрозуваат и пешаците - истакнуваат тие.

Општинарите од Чаир ја пуштија портата во употреба пред неколку месеци, а велат дека клучот му го предале на Здружението на еснафите, кое требало да ги преземе сите потребни мерки за правилното користење на рампата. Според нив, треба да влегуваат само возилата што вршат дотур на стока.

- Целта беше да се заштити калдрмата, што е во корист на сите, пред с? на еснафите. Затоа нив ги задолживме да управуваат со системот и да бидат одговорни за сите евентуални дефекти. Но тоа не е единствениот влез во чаршијата. Се надеваме дека ќе го решиме проблемот со возилата откако ќе се постават хидраулични столпчиња кај стоковната куќа „Мост“, а треба и да назначиме чувар, кој ќе стои до портата и ќе го контролира влегувањето на автомобилите - вели Авни Калаба, портпаролот на општината.
Еснафите, пак, објаснуваат дека неколку дена механизмот за спуштање и за подигнување на рампата бил расипан и однесен на поправка, па затоа таа постојано била подигната.

- Дефектот настана при интервенција за гасење пожар во еден занаетчиски дуќан. Кога ќе се направи, рампата ќе биде заклучена од 10 до 19 часот секој ден. Клучеви имаме ние, како и екипите на полицијата, брзата помош и противпожарната бригада. Навечер таа сепак мора да биде отворена, затоа што бурекчилниците и ќебапчилниците тогаш имаат потреба да им се доставува свежо месо - вели Мухедин Брава, претседателот на ова здружение.

Тој додава дека фирмата за обезбедување на чаршијата веќе не постоела и се надева дека до крајот на годината од службите на полицијата ќе се постават позорникари.

За реконструкцијата на чаршиската калдрма беа потрошени околу 130 илјади евра, од кои дел беа донација од УСАИД.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=250&ArticleID=12469



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2009 at 08:29
Сообраќаен хаос од автомобили и скутери во Старата чаршија

Возилата ја уништија калдрмата и ја загрозуваат безбедноста на минувачите

Во Старата скопска чаршија е вистински сообраќаен хаос од автомобили, па и тешки товарни возила. Занаетчиите тврдат дека напролет и налето се возат и скутери. Се влегува од сите можни влезови на чаршијата, а Сообраќајната полиција не презема ништо. Уништена е калдрмата на сите улички, како и на улиците „Битпазарска“ и „Белградска“. Овие две улици беа комплетно реконструирани пред неколку години, а беа потрошени 250 илјади евра и тоа 150 илјади инвестираше Општина Чаир, а преостанатите беа донација на УНДП.

Влегувањето со возила, кои најчесто поминуваат и со голема брзина, ја загрозува безбедноста на нашите муштерии особено на децата, се жалат дуќанџиите. Возат и по 100 километри на час. Не ретко, велат тие, кога е дождливо, муштериите се облеани и извалкани со кал од вировите вода. Големите брзини на автомобилите особено се опасни за минувачите во вечерните часови затоа што уличното осветление не функционира. И не само возила, додава друг занаетчија, туку може да се видат и коњи како шетаат по чаршиските сокаци како во старите времиња кога ги немаше автомобилите.

„Чаршијата е небезбедна само поради сообраќајниот хаос, кој царува десетина години и никако да се среди“, објаснува занаетчија кој трисет години работи во чаршијата. Тој додава дека прв обид да се реши проблемот направила Општина Центар, кога постави рампа со цел да го оневозможи влегувањето со автомобили. Но, сите синџири и рампи не го спречија влегувањето со возила, како што тоа не го постигна ниту Општина Чаир со изградбата на чаршиската порта, се жалат дуќанџии. Во решавањето на хаосот не помогнале ниту апелите на еснафот, ниту пак неколкуте писма на Здружението на занаетчии до Сообраќајната полиција. „Во Чаршијата со возило влегува кој ќе стигне, а полицијата гледа и не реагира. Влегуваат и полициски џипови, а полесните автомобили со кои влегуваат „алфите“ ги возат со голема брзина. Десетина и повеќе години трае ова и никој ништо не презема. Порано се знаеше редот, а го спроведуваа и полицајците-позорникари. На двата влеза од чаршијата имаше табли на кои пишуваше дека од 6 до 8 часот може да се врши дотур на стока и по 20 часот летно време. Сега ги нема ниту таблите, ниту почитувачите на редот“, се жали занаетчијата Зејнула Асани.

Од МВР тврдат дека на тој дел од градот од почетоков на годинава до сега за управување на моторно возило и паркирање на недозволено место биле санкционирани 40 лица, а казната за овој вид прекршок изнесува 45 евра. Наедно дека во Чаршијата не е дозволено паркирање биле предупредени 20 лица. ОД МВР додаваат дека и во иднина ќе продолжат да казнуваат, но велат пожелно е најнапред занаетчиите да ги почитуваат прописите и да не влегуваат и да паркираат возила во чаршијата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3FAD3543F1732F41A86F22382D98D6DF


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Feb-2009 at 00:41

Чаршијата отсечена со кршот кај „Мост“

Влезот во Старата чаршија го „красат“ искршени мермерни плочи и дупки на платото пред Стоковната куќа „Мост“.Дупките-некои од нив се грубо пополнети со парчиња од искршениот мермер - се речиси непремостлива пречка за тие што решиле да ја посетат Чаршијата, главната знаменитост и туристичка атракција на метрополата.

- Плочникот е оштетен одамна, но сега е во катастрофална состојба. Велиме дека Скопје е метропола, а во самиот центар има ваква грда слика. Замислете како ова им изгледа на странците кои доаѓаат во Старата чаршија - ни вели еден минувач.

Тој се чуди како е можно никој, со години, да не се заинтересира за поправка на овој дел. Не верува дека сега може да се санираат само уништените места, зашто ги има премногу или треба да се смени целиот плочник. Освен надлежните, граѓаните сметаат дека заслужни за вандализмот се и несовесните минувачи, а има и такви кои успеваат тука да ги паркираат и своите возила.

Ситуацијата е најлоша во дождливите денови кога дупките се преплавени со вода и кал. Се надеваат дека наскоро ќе почне реконструкцијата за конечно влезот во Чаршијата да добие изглед каков што заслужува.Од Градот велат дека се' е подготвено за долгоочекуваната реконструкција и дека таа најверојатно ќе почне уште денеска.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1E7599577F1691479D62ED97E7ECCDF6


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Feb-2009 at 18:26


Just in:

СЕ РЕКОНСТРУИРА ВЛЕЗНИОТ ПАРТЕР ВО СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

Денеска започна целосната реконструкција на влезниот партер во Старата скопска чаршија, од страната на Камени мост. Со реконструкцијата се опфатени скалилата, партерот и самиот влез во Чаршијата. Реализацијата на проектот ќе се одвива фазно, со цел да не се попречува движењето и безбедноста на многубројните минувачи.

На започнувањето на работите присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски и градоначалникот на Општината Чаир, Изет Меџити.

- Ова е уште еден придонес на Градот Скопје за ревитализација и враќање на убавината и атрактивноста на Чаршијата, но и на граѓаните, еснафот и странските туристи во просторот кој е еден од најзначајните културни обележја на главниот град на Република Македонија - истакна Костовски, во оваа пригода.

Во првата фаза од реализацијата на проектот за реконструкција ќе бидат извадени сите плочи од партерот, а потоа ќе се израмни просторот и ќе бидат поставени нови плочки. Работите треба да завршат за 45 работни дена, а ќе ги реализира општината Чаир. Градот Скопје обезбедува половина од вкупните средства потребни за реализација на проектот.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 8 милиони денари.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2391&mid=24&tabId=1&tabindex=0

LOL


Posted By: mitatos
Date Posted: 19-Feb-2009 at 19:18
ajde bre predizborna kampanja sega blalla ke go gradat me nerviraat vaka celi 4 godini nisto ne pravat, i ops pred izbori ke naletat na 100 proekti i na kraj koga ke izgubat ke recat ejjj imavme 100 proekti ali vie ne ne izbravte pa ne mozevme da gi realizirame heehe
no sepak ubavo e toa sto se pravi vo toj del od carsijata.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Feb-2009 at 18:53
super barem malku  da izgleda dobro........
 
Старата чаршија ќе блесне со нов влез
Скопје
Градските власти и општинарите од Чаир почнаа да го реализираат долгонајавуваниот проект за реконструкција на влезниот партер во Старата скопска чаршија, пред стоковната куќа „Мост“. На стартот на градежните работи на главниот влез во чаршијата од страната на Камени мост, присуствуваа градоначалникот Трифун Костовски и Изет Меџити, градоначалникот на општината Чаир. Тие додадоа дека овој проект е инициран од добрата соработка меѓу градот и општината Чаир.

Изет Меџити, градоначалникот на Чаир, истакна дека уредувањето на еден од главните влезови во чаршијата ќе придонесе за посета на поголем број граѓани и туристи.

- На овој дел ќе се извадат старите и уништени плочки, ќе се направи партерното уредување, а ќе се постави и ново осветлување. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а за проектот се издвоени осум милиони денари. За да се спречи влегувањето на автомобилите во чаршијата ќе се постават хидраулични столбови, а повторно ќе се постави и рампата на Портата на другиот влез - објасни Изет Меџити, градоначалникот на општината Чаир.

Тој додаде дека за ревитализација на Старата чаршија и за враќање на нејзиниот стар сјај ќе се направи целосно осветлување на главните улици, а ќе се обезбеди и слободна интернет-зона.
Градоначалникот Трифун Костовски истакна дека овој проект е најавен одамна, а треба да се сфати како нормална активност на локалната самоуправа, не во функција на изборите, бидејќи од 2005 година постојано се распишувале избори.

- Со реконструкцијата на влезот во чаршијата кај стоковната куќа „Мост“ се отвора и прашањето за плоштадот „Карпошово востание“ кај црквата „Свети Спас“, кој е опфатен во деталниот урбанистички план за Малиот ринг. Тој е на подрачјето на општината Центар, но во основа е надлежност на градот. Тука станува збор за узурпација, а со моето заминување од функцијата градоначалник на многу луѓе ќе им се отворат можностите да прават што сакаат. И советот на градот е потиснат од политичките превирања - рече Костовски.
Тој ипрепорача на антикорупциската комисија да го преиспита отворањето на спортските сали во градот и во државата, кои ги реализира Владата, за да се утврди дали тие се во функција на локалните и претседателските избори, а истакна и тоа дека на Мирјана Димовска, претседателката на антикорупциската комисија, и е завршен мандатот.

Проектот за реконструкција на влезниот партер во чаршијата кај стоковната куќа „Мост“ ќе се одвива фазно, за да не се наруши движењето и безбедноста на минувачите на ова фреквентно место. Во првата фаза ќе се извадат сите плочки од подлогата, а потоа ќе се израмни просторот и ќе бидат поставени нови мермерни плочки. Градот обезбедил половина од парите што се предвидени за реализација на проектот.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=322&ArticleID=18570 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=322&ArticleID=18570


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-May-2009 at 20:53

Прав на плочникот од ветувања пред Чаршијата

Предизборните багери оставија пустош зад себе пред влезот во Старата скопска чаршија, зашто ги раскопаа старите, а нема ниту плочка од новите, иако градоначалниците ветуваа дека платото ќе биде готово до април


Влегувањето со возила во чаршијата треба да се спречи со поставување хидраулични столпчиња или рампи

Багерите и машините што протатнеа во чаирското предизборие само оставија пустош на плочникот пред поранешната стоковна куќа „Мост“. Локалните избори завршија, градоначалникот Изет Меџити освои уште еден мандат, а од поправката нема ниту плочка. Старите плочки се извадени, а овој простор, кој е влез во најатрактивниот дел од градот за странските туристи, Скопската стара чаршија, остана раскопан и правлив.Плочникот, според најавите, требаше да биде обновен до април. Меџити, со тогашниот градски татко Трифун Костовски, како заеднички учесници во проектот најавија дека работите ќе траат 45 дена од денот на почнувањето, на 19 февруари годинава. Сепак, наместо по нов плочник, скопјани сега газат во прав на самиот влез во културно-историски споменик заштитен со закон. Освен поплочување, проектот предвидуваше и поставување изолација и ново осветление. Од Општината Чаир велат дека работите се одолжиле поради врнежливото време и ветуваат дека ќе почнат со работа наредниве денови.

- Бидејќи времето беше врнежливо, не можевме да ја ставиме бетонската подлога неопходна за поставување на изолацијата и на потребната инсталација. Врз т.н. кошулица потоа ќе се редат плочките. Се надевам дека наредниве денови времето ќе биде добро и работите ќе може да продолжат - истакна Џенгис Хани, раководител на Одделението за комунални работи во Општина Чаир.Тој објасни дека прво ќе се направи едната половина од плочникот за да може пешаците непречено да се движат. На местото на старите плочки ќе се постават нови подебели, а работите, според Хани, би траеле 20 дена.Општинарите размислуваат и за заштита на Чаршијата од влегување возила поставувајќи хидраулични столпчиња или рампи на влезовите. Во почетокот, градоначалникот Меџити најави дури и дека ќе бидат поставени камери на сите влезови во Чаршијата, но засега од тоа нема ништо.

- Планираме да поставиме столпчиња или рампи за да се спречи влегувањето на автомобили, кои ја оштетуваат калдрмата во Чаршијата. Столпчињата би биле хидраулични, а тие што ќе треба да минуваат, како возилата за итна помош, за противпожарна заштита и за дотур на стока би имале клуч или картички за отворање на евентуалните рампи - вели Хани.Од Градот посочуваат дека скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, во својата програма предвидел проекти со кои ќе се ревитализира и популаризира Старата скопска чаршија како туристичка атракција.

- Градоначалникот Трајановски прави анализа на финансиската состојба на Градот Скопје и на сите проекти што се предвидени со програмите, по што ќе се реализираат сите проекти од витален интерес за граѓаните и за градот Скопје, соопштија од Одделението за односи со јавноста во Градот.Проектот за реконструкција на плочникот, со површина од 1.700 квадратни метри, чини 8 милиони денари, а работите ги изведув фирмата „Беком“ од Скопје.

Анела Петрова
Фото Слободан Ѓуриќ



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B3BAED3128565448BC877BFA45AFBA3B


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2009 at 23:49

Платото пред стоковната куќа „Мост“ остана раскопано

Општина Чаир уверува дека уредувањето на просторот ќе започне од среда

Снежана Калабакова

Платото пред стоковната куќа „Мост“ во Старата скопска чаршија е преполно со искршени и на места откорнати гранитни плочи и големи дупки. Запуштен и неугледен е токму влезот кон стариот дел од градот, каде што најчесто се упатуваат сите туристи и добронамерници, кои сакаат да го видат ова наше културно наследство. Сите поминуваат низ овој неуреден простор, сосема различен од оној преку Камениот мост.

Овде-онде само по некоја плоча е останата на скалите пред стоковната куќа и на излезот во насока на црквата „Свети Димитрија“. Несредена е и улицата пред овој христијански храм, како и целиот потег до Камениот мост. Минувачите газат по раскопан асфалт, околина без тревници, корпи за отпадоци или клупи. Кога од плоштадот преку Камениот мост ќе се помине на левата страна на Вардар, се добива впечаток дека се влегува во неурбанизиран дел од градот, запуштен со години.

Реконструкција на платото пред стоковната куќа „Мост“ пред четири месеци ветија Градот и Општина Чаир, а до денеска од сето тоа нема ништо. Тогашниот градоначалник Трифун Костовски и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, најавија дека реконструктивните зафати ќе ги реализираат заеднички, со подеднаков финансиски влог. Сега од Чаир уверуваат дека градежните зафати ќе почнат од среда, кога ќе се подобрат и временските услови. Реализацијата на проектот ќе чини околу девет милиони денари.

„Просторот меѓу Камениот мост и влезот во Старата чаршија ќе се уреди откако ќе бидат завршени градежните работи на сите објекти кои моментно се градат на овој потег. Работите околу реконструкцијата на партерот кај стоковната куќа ги реализира Општина Чаир, а Град Скопје учествува со половина од средствата потребни за реализација на овој проект“, објаснуваат од Градската канцеларија за информирање.

Од Општина Чаир признаваат дека реконструкцијата на платото се оддолжила, но потенцираат, главно, поради локалните избори и лошите временски услови. Сега велат дека нема никакви пречки од среда да почне замената на старите плочи со нови, кои биле веќе набавени од Мермерниот комбинат од Прилеп. Работите ќе ги изведува градежната фирма „Беком“ од Скопје.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C272646F9FF0404F8B5D0A639BA7E125


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jul-2009 at 15:15
ОПШТИНА ЧАИР
Подлога на влезот во чаршијата

Општина Чаир по четири месеци почна да поставува подлога на влезот од Старата чаршија, пред поранешната стоковна куќа „Мост“, врз која потоа ќе се редат нови плочки. Општинарите велат дека деновиве ја местат изолацијата која ќе се обложи со бетонска навлака. - Прво поставивме електрична инсталација за новите канделабри за чаршијата. Сега правиме подготвителни работи, ја поставуваме изолацијата, а потоа ќе ја ставиме бетонската навлака. Но времето мора да е суво затоа што лошо ќе биде за бетонот, па затоа ќе почекаме “ вели Џенгис Хани од општина Чаир и додава дека се уште има време за да почне поплочувањето. Тој објасни дека кога ќе се заврши делот пред стоковната куќа, во план е да се извадат и другите стари плочки кои водат кон скалите. Поправки нема да се прават на скалите што водат кон чаршијата затоа што тие имале сочувани камени блокови. Општинарите најавуваат дека градежните работи ќе ги завршат најдоцна за еден месец.

Р.П.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1747&ArticleID=117011


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Jul-2009 at 16:44
http://cair.gov.mk/mk/index.php?id=76">
http://cair.gov.mk/mk/index.php?id=76 - Општина Чаир реконструира и платото пред Стоковната Куќа “Мост“
Општина Чаир во соработка со градот Скопје изврши реконструкцијата на платото пред Стоковната куќа “Мост“. Старите плочки се заменуваат со нови, а работите ги изведува “БЕКОМ“ Вредноста на овој проект кој е во тек со реализација изнесува 7 милиони ден. Освен поставување на новите плочки, Општина Чаир ќе постави и клупи и осветлувањето на просторот.
http://cair.gov.mk/mk/index.php - http://cair.gov.mk/mk/index.php


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Jul-2009 at 17:01
aj ako moze  nekoj da slika barem edna slika


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jul-2009 at 04:32

Се реконструира плочникот пред Чаршијата

Пет месеци откако поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, и неговиот колега од Чаир, Изет Меџити, официјално ја почнаа реконструкцијата на плочникот пред Чаршијата, деновиве работите конечно продолжија. За тоа време скопјани газеа во прав и во кал, а просторот пред стоковната куќа „Мост“ го нагрдуваше влезот во Старата чаршија.

Проектот за обнова на платото пред Чаршијата го спроведуваат заедно Градот Скопје и Општина Чаир. Општинските власти велат дека сега се вршат подготвителните работи за поставување на плочките, односно се поставува кошулицата.

- Досега се местеше изолацијата, како и инсталацијата за осветлението. Ќе бидат поставени осум нови канделабри. Откако работниците ќе ја постават кошулицата, платото ќе биде поплочено - вели Џенгис Хани, раководител на одделението за комунални работи во Општина Чаир.

Тој објасни дека прво ќе се направи половина од плочникот за да можат пешаците непречено да се движат. На местото на старите мермерни плочки ќе се постават нови подебели плочки, производството на „Силекс“. Работите ги изведува фирмата „Беком“ од Скопје.

Според Хани, реконструкцијата на плочникот ќе трае еден месец.

- Проектот за реконструкција на плочникот, кој зафаќа површина од 1.700 квадратни метри, чини осум милиони денари. Од нив, четири милиони плаќа Градот, а останатите четири Општината Чаир - вели Хани.

Градоначалникот Меџити и ексградоначлникот Костовски проектот го почнаа на 19 февруари, пред почетокот на предизборната кампања, кога ветија дека активностите ќе завршат за 45 дена. Но, градежните работи престанаа практично веднаш штом почнаа. Општината Чаир за петмесечниот застој се правда со неповолните временски услови.

- Бидејќи времето постојано беше врнежливо, не можевме да ја ставиме бетонската кошулица, под која ја поставивме изолацијата и инсталацијата. Се надевам дека наредниве денови времето ќе биде добро и работите ќе можат да продолжат - вели Хани.

Тој додава дека во Општината размислуваат влезовите на Чаршијата да ги заштитат со хидраулични столпчиња или со рампи.

- Планираме да поставиме столпчиња или рампи со картички за да може да се спречи возењето на автомобилите по калдрмите. Столпчињата би биле хидраулични, а тие што ќе треба да минуваат, како возилата на итна медицинска помош, на Бригадата за противпожарна заштита и оние за дотур на стока, би имале клуч. Ако поставиме рампи, возачите на овие возила ќе имаат картички за нивното активирање - вели Хани.

Градоначалникот Меџити најави дека ќе постави и камери на сите влезови од Чаршијата, но засега од тоа нема ништо.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B794D51D111ACB47892FF32B2E9B1830


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Aug-2009 at 03:01
 

Ни работници ни плочки на платото пред Чаршија

Плочникот пред поранешната стоковна куќа „Мост“, на влезот во Старата чаршија, се' уште стои непоплочен, иако во јули од Општина Чаир најавија дека работите што стоеја пет месеци ќе продолжат. Засега е направена само кошулката и изолацијата и поставена е инсталацијата за новото осветление.

Нови плочки се наредени само во еден агол и работата е оставена. Нема ниту работници, ниту машини. Во меѓувреме, нежната бетонска кошулка е оставена на метеоролошки влијанија, а по неа слободно се движат пешаци, велосипеди и мотори. Поради тоа таа е распукана на некои места и ќе треба да се поправа. На скалите до плочникот е оставен неподигнат градежен шут од извадените плочки, што само ја надополнува грдата слика на влезот во Чаршијата.

На веб-страницата на Општина Чаир се' уште стои информацијата од јули дека повторно е започната реконструкцијата на платото, која со месеци беше во застој поради врнежливото време и непогодните временски услови. Новиот обид за поплочување требаше да заврши за еден месец, но работите повторно стојат во место.

Никој од општинските власти вчера не можеше да објасни зошто сега повторно е одложено поплочувањето. Раководителот на Одделението за комунални работи, Џенгис Хани, е на годишен одмор, а останатите вработени не знаеја во што е проблемот и не' упатија одговор да побараме од Градот Скопје.Во Градот, пак, се оградија од проблемот и одговорија дека за сите работи е надлежна Општина Чаир.

- За динамиката и изведбата на реконструкцијата на платото на влезот во Старата скопска чаршија е задолжена Општина Чаир. Сите релевантни податоци за градежните работи, материјалите и за изгледот треба да ги добиете од нивниот надлежен сектор. Градот Скопје е само кофинансиер во овој проект, учествува со половина од потребните пари и има увид во тековните трошоци - велат во Одделението за односи со јавноста во Градот.

Оттаму очекуваат реконструкцијата на плочникот да продолжи со предвидената динамика, за што поскоро и овој дел од Чаршијата да добие нов лик.Последните информации од Општина Чаир, откако во јули повторно започна реконструкцијата на плочникот, беа дека прво ќе се поплочи половина од плочникот за да може пешаците непречено да се движат. На местото на старите мермерни треба да се постават нови, подебели плочки, производство на „Силекс“. Работите ги изведува фирмата „Беком“ од Скопје.

Проектот за реконструкција на плочникот, кој зафаќа површина од 1.700 квадратни метри, чини осум милиони денари. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски проектот го почнаа на 19 февруари, пред почетокот на изборната кампања, кога ветија дека активностите ќе завршат за 45 дена.

Анела Петрова

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5F93FEE3D8681545BB4BDAF0B761AF89 - Dnevnik


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Sep-2009 at 20:26
Да регистрираме уште една најава дека ќе се заврши овој „грандиозен“ проект - поплочување на влезот во чаршијата. Проектот почна во февруари!
Погоре ја имаме регистрирано и првата вест. Ајде што за поставување на плочки мораше да се кочоперат двајца градоначалници, ама барем навистина да се завршеше работата. Неверојатно... од февруари...

Ќе се реди на плочникот пред влезот на Чаршијата

Викендов, според најавите од Општина Чаир, конечно треба да почне поплочувањето на платото пред влезот во Старата чаршија, кај некогашната стоковна куќа „Мост“. Џингис Хани, раководител на Одделението за комунални работи во Чаир, вчера соопшти дека во секој момент треба да пристигне каменот од „Силекс“ кој ќе се употребува при поплочувањето.

- Штом ќе дојде мермерот, веднаш ќе почнеме со работа. Очекуваме дека за еден еден и пол месец работите ќе се завршат - тврди Хани.

Тоа што работите се развлекоа шест месеци, од Општина Чаир најпрвин го правдаа со неповолните временски услови, снеговите и честите врнежи од дожд, а за последново одолжување велат дека имале проблеми со подготовката на плочките.

- Последниов пат работите се одложија бидејќи беше потребна подготовка на каменот, кој требаше да се исече според одредени димензии. Тоа е веќе средено и понатаму нема да има пречки - вели Хани.

Досега просторот е подготвен со бетонска кошулка, која со тек на време се оштети на некои места, поради долготрајната изложеност на надворешни услови.

За изведба на работите е ангажирана фирмата „Беком“. Проектот за реконструкција на плочникот, кој зафаќа површина од 1.700 квадратни метри, чини осум милиони денари. Од нив, четири милиони плаќа Градот, а останатите четири Општина Чаир. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски заедничкиот проект го почнаа на 19 февруари, пред почетокот на изборната кампања, кога ветија дека активностите ќе завршат за 45 дена.

(А.П.)



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4B2183F96FADA848A1588F547DCDECFD


Posted By: mitatos
Date Posted: 05-Sep-2009 at 23:43
Сега што дојдов од таму ,плочките почнале да се редат меѓутоа се од ист квалитет, ама не видов некоја голема активност, само малку наредени плочки видов.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: igorius
Date Posted: 10-Sep-2009 at 20:35
nema seuste nekoja promena si stoese taka..


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Sep-2009 at 15:34
НИКОМУ НЕ МУ ПРЕЧИ ЗАБОРАВЕНИОТ ОБЈЕКТ НА ВЛЕЗОТ ВО ЧАРШИЈАТА
Смрдлива зона,наместо интернет-зона

Реа од урина и смрдеа од ѓубре секојдневно се шири од напуштената куќа, една од многуте низ градов, која се наоѓа веднаш до поранешната стоковна куќа „Мост“. Објектот, кој со едниот дел е свртен кон Старата чаршија, а со другиот е затскриен зад стоковната куќа, иако веројатно има сопственик, со години стои недовршен. Околу куќата е никнато зеленило, во кое несовесни граѓани вршат нужда, а при секој поголем дожд се прават вирови и станува невозможно да се користи преминот од чаршијата кон мостот „Гоце Делчев“. Целото подрачје зад стоковната куќа, заедно со скалите кои од надвозникот водат кон улицата Самоилова и кон тврдината Кале, со години функционираат како тајно-јавно веце, пред очите на градските и општинските власти и при постоење на Закон за јавна чистота, со кој е предвидено да се казнуваат сите што уринираат на јавни површини. Местото никој не го чисти, освен дождот. Глетката е грда и срамна и за туристите кои дошле на прошетка во старото јадро на градот и за граѓаните кои го користат преминот од чаршијата кон мостот „Гоце Делчев“. Вообичаено во ваквите случаи, општинските власти си молчат, а сопственикот кој ја оставил куќата без прозорци и врати и натаму останува неказнет. Во Општина Чаир, кои во моментот заедно со Град Скопје го реновираат платото пред стоковната куќа „Мост“, а претходно поставија нови канделабри и инвестираа во интернетска мрежа за реонот, не се заинтересирани да ја средат околината која инаку ја промовираат за бесплатна интернет-зона. - Ние немаме издадено дозвола за изградба на објектот, тој е на подрачјето на општина Центар, прашајте таму. Но во секој случај ако е приватна сопственост, не можеме да преземеме нешто и“вели Авни Калаба од Општина Чаир. Надлежните во Општина Центар велат дека со општинскиот инспектор ќе проверат дали куќата е на нивно подрачје. - Веднаш ги пративме инспекторите и тие ќе утврдат дали локацијата е во нашата општина или во Чаир и“вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар, и додава дека во сличен случај Општината заработила казна затоа што исчистила приватно земјиште на кое требало да се гради. Речиси идентичен одговор добивме и во јавните претпријатија одговорни за одржување на хигиената и на зеленилото во градот. - Градот досега не ни наложил да ја исчистиме таа локација, на која диво се фрла ѓубре. Затоа што се работи за куќа, не смееме да влеземе внатре и“вели Катерина Лаова, портпаролка на „Комунална хигиена“. И од „Паркови и зеленило“ велат дека кога се работи за неуреден простор, работат по налог на Градот или кога се спроведуваат акции за чистење.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1811&ArticleID=121606


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2009 at 15:14
Овде се е по старо, овој пат изостана само најава дека работите само што не почнале

LOL

Седум месеци се поплочува платото пред стоковна „Мост“

Од Чаир велат дека работите не се застанати поради
пари, туку се чека материјалот

Платото пред стоковната куќа „Мост“ со месеци остана раскопана грдосија на влезот во Старата скопска чаршија. Купиштата од искршени плочки и друг шут стојат неподигнати, а од вработените на фирмата „Беком“, која ги изведуваше градежните работи, нема ниту трага. Официјалниот старт на работите во почетокот на март годинава во снежни услови го најавија поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Инвестицијата за проектот изнесуваше 7 милиони денари. Општината имаше обврска целосно да го реализира проектот, а Градот остана само кофинансиер.

Но, по се', се чини, овој проект Општина Чаир го реализира мошне несериозно, иако станува збор за простор кој е дел од културното јадро на градот. Бавно и со паузи во градежните активности го водеше и при довршувањето на платото на автобуската постојка пред ТЦ „Мавровка“, како и асфалтирањето на улиците во Топанско Поле.

Од стартот на работите на платото пред Стоковната куќа „Мост“ поминаа седум месеци и ќе заврши и оваа градежна сезона, а работите повторно ќе бидат стопирани. Зар ќе треба да помине повеќе од една година за да се поплачат околу 1.800 квадрати површина.

Од Одделението за комунални работи во Чаир велат дека работите не се застанати поради пари, туку се чекал материјалот. Половината од травертинските плочки допрва треба да ги испорача „Силекс“ од Кратово. Образложението зошто материјалот не бил целосно испорачан е дека немало соодветно место каде да се чува.

„Пред два дена се сретнав со претставници на изведувачот и тие ме информираа дека половината од плочките треба да стигнат. Денеска повторно ќе се сретнам со нив и навистина во моментов не знам до каде се работите“, ни рече вчера Џингис Хани, раководител на Одделението за урбанизам во Чаир. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2C4CA57A3B921940B420378E71F753D7


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Oct-2009 at 18:07

28 октомври 1965 година 

Старата чаршија и потребата од нејзиното уредување

%20На зачувувањето и уредувањето на старите урбанистички јатки во последниве години се обрнува се поголемо внимание. За илустрација ќе ги наведеме само најмаркантните примери: стариот дел на Љубљана, стариот Сплит во рамките на Диоклецијановата палата, чаршиите во Мостар и Сараево и др.

Кај нас во Македонија, за жал, сé уште не сме пристапиле кон едно системно приоѓање на овој мошне деликатен проблем. Често сме дознавале од весниците за неодговорни уривања на одделни стари дуќани во чаршиите на Охрид, Битола, Кратово, Крушево и други кои требало да се заштитат, конзервираат и презентираат.

Во последно време мошне актуелен е проблемот на скопската стара чаршија. Ова уште повеќе дојде до израз во фазата на изготвувањето на новиот урбанистички план на градот.

Идејата од потребата за зачувување на овој историски комплекс и неговото адекватно вклучување во современиот живот на градот, задржувајќи ги, притоа, во целина историскиот, стопанскиот и архитектонско -обликованиот карактер, е потврда и во осумте проекти на меѓународниот конкурс за уредување на центарот на Скопје.

Урбанистичката агломерација на старата чаршија со многубројните дуќани во кои се уште се вршат разни стари занаети, како и присутноста на поголем број монументални историски објекти, во нејното јадро и во непосредната околина, го прават овој - стопански и туристички центар не само во Републиката, туку и во југословенски размери.

Вклучувањето на овој комплекс во современиот живот на градот, меѓутоа, бара крупни и одговорни подхвати: урбанистички, архитектонски, конзерваторско-реставраторски, комунални, економски и други.

Nova Makedonija


Во случај да го утнавте датумот, ова е напишано пред 44 години



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2009 at 23:56
Stern%20Smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2009 at 06:43
ПОРАКА ОД ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ДО ГРАДСКИТЕ
Што почнал Чаир, Градот да заврши

Град Скопје треба да го доврши поплочувањето на влезот во Старата чаршија затоа што според територијалната поделба тој дел не е во нашите граници. Вака надлежните од Општина Чаир се правдаат за проектот за обнова на платото пред поранешната стоковна куќа „Мост“, кој е завршен само половина. Градежните работи на овој простор, со големина од 1.700 квадратни метри, траат неверојатни девет месеци, иако за истото време се асфалтираа улици во должина од стотици метри повеќе и се поплочија исто толку тротоари низ градов. Според општинските власти, прво проблемот беше неповолното време, потоа не можеше да се тестира издржливоста на материјалот, па на крај се кажуваше дека фирмата-изведувач има проблеми со набавката на мермер. Сега возила непречено ги кршат новите плочки кога поминуваат по нив, за што сведочат трагите од нивните гуми и пукнатините во тазе поставениот травертин. За ова општинарите велат дека не им било грижа затоа што на крајот ќе побарале од фирмата-изведувач да ги санира штетите. - Денеска разговаравме на оваа тема и заклучивме дека од наша страна сме ја завршиле работата. Остатокот, односно делот што и припаѓа на Општина Центар, треба да го поплочи Град Скопје затоа што така е договорено - вели Омер Фејзибиљали, раководител на Секторот за урбанизам во Чаир. Според него, Општината не е одговорна за оштетениот материјал, туку фирмата избрана на тендер треба да го огради просторот и да внимава да не се искршат плочите. - Не ме интересира што местото не е обезбедено. Тоа треба да го загради фирмата. Ако треба десетпати ќе ги вратам кога ќе дојде време за технички прием, се додека плочникот не се направи како што треба - вели Фејзибиљали. Градските власти не ги коментираат тврдењата од Чаир дека не си ја завршиле работата. Само велат дека, според договорот, Град Скопје е кофинансиер, додека изведбата во целост е обврска на Општина Чаир. Градежните работи на овој потег почнаа пред изборите кога тогашниот градоначалник Трифун Костовски и актуелниот на Чаир, Изет Меџити, свечено пресекоа лента, а истиот ден, неколку часа подоцна, ги снема заедно со сите машини и работници. Една недела потоа работите полека почнаа, но со темпо тргни-застани. Рокот од 60 дена за завршување, повеќе пати се проби. За сето време граѓаните прескокнуваа калливи езерца за да влезат во чаршијата. Фирма-изведувач е „Беком“, а проектот, кој Општината и Градот го финансираат по половина, чини осум милиони денари.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1858&ArticleID=125807


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2009 at 06:46
Уште ли со епскиот плочник.

Како мислам овие од општина Чаир да прават технички прием на територија на општина Центар. Понекогаш стварно знаат да бидат смешни кога се работи за границите на општината, небаре сме у среден век па освојуваме територии или па играме некоја компјутерска игра стратегија. Кога треба да се заврши работа ништо не е под нивна капа, ама затоа кога ќе дојде време за технички прием и да се собере кајмакот тогаш пак иста приказна.

Аман веќе напрајте го, еден плочник е!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2009 at 21:17
На некој перверзен начин, ова веќе станува забавно  Laugh

НОВО ВЕТУВАЊЕ ОД ЧАИР
Влезот во чаршија ќе се поплочи?

Набавката на каменот со кој треба да се поплочи влезот во Старата чаршија е причина за застој на градежните работи. Вака надлежните од Општина Чаир се правдаат за одложувањето на обновата на плочникот, која ја почнаа во почетокот на годинава. Според Џенгис Хани, кој врши надзор на работите, каменот треба да пристигне идната недела и да продолжи поплочувањето. - Во фирмата-изведувач имале проблем со набавката на каменот, кој го земаат од „Силекс“, па се чека следната недела да пристигне материјалот и да почнат работите. Би требало се да се заврши за 15 дена - вели Хани.

Р.П.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1874&ArticleID=127308


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2009 at 21:02
Doh

И новите плочки пред стоковната куќа „Мост“ се уништуваат





 

Платото пред стоковната куќа „Мост“, на главниот влез во Старата скопска чаршија, е само делумно поплочено, а веќе се појавија оштетувања и на новите плочки

 
 
%20  
На теренот состојбата е очајна, дел од просторот е поплочен, местото е заградено со мрежа, која на некои делови е искината и се влече по земјата. Новите плочки се напукнати, а меѓу некои има и оставено премногу простор, како воопшто да не се внимавало како се поставуваат. Насекаде има расфрлано градежен материјал од извадените плочки и од срушените странични делови, извадени се и канделабрите, а од местото се гледаат само голи жици. Таму веќе повеќе од еден месец не стапнале работници, ниту машинерија.

Од општината Чаир одолговлекувањето на реконструкција на платото го правдаат со испораката на мермер, која веќе вторпат доцни.

- Мермерот требаше да стигне уште пред три недели. Од фирмата „Беком“, која ги извршува градежните работи, чекаат да се испорачаат плочките од фабриката „Силекс“ за да продолжат со работа. Сé што ќе биде уништено во меѓувреме, изведувачот ќе си го поправи. Тоа е негова одговорност, а општината за тоа нема да му плати бидејќи ако се поплочеше на време, ова немаше да се случи - објасни Џингис Хани, од одделението за комунални работи во општината Чаир.

Тој додаде дека не знае зошто доцни мермерот, но очекува дека за една недела ќе тргне работата.

Според надлежните од градот, за реконструкцијата на платото е задолжена општината Чаир, а тие се само кофинансиер во овој проект и учествуваат со половина од потребните пари.

Граѓаните велат дека тоа што се случува на влезот во чаршијата е голем пропуст за надлежните бидејќи долго време не може да поплочат толку мала површина. Тие додаваат дека додека се поплочи остатокот од платото, ќе се украдат плочките што веќе се поставени.

Роковите за реконструкција на плочникот беа неколкупати продолжувани со различни објаснувања. Прво, активностите се одложија поради претседателските и локалните избори, потоа не се бетонираше поради лошите временски услови, за на крајот да дојдат летните одмори и платото да се претвори во руина.

Плочникот зафаќа површина од 1.700 квадратни метри, за неговата обнова се издвоени осум милиони денари, а покрај новите плочки, ќе се постават и ново осветлување и клупи.
 
   
Автор: Р.З.   Фотографија: Маја Јаневска Илиева
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112791042576&id=14&prilog=0&setIzdanie=21848


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Dec-2009 at 15:39

Осум рампи за заштитена чаршија





 

Општината Чаир најавува дека ќе постави електронски уреди на најпрометните влезови во старото градско јадро, со кои ќе се контролира влегувањето на автомобилите, чие неконтролирано движење сега ја уништува калдрмата

 
 
%20  
Електронски рампи ќе ја штитат Старата чаршија од автомобилите што неконтролирано влегуваат во неа и ја оштетуваат калдрмата, соопштуваат од општината Чаир. Ќе се постават вкупно осум вакви уреди, на најпрометните влезови во старото градско јадро. Освен што ќе се обнови рампата на неодамна изградената порта, нови ќе се наместат и кај стоковната куќа „Мост“, кај споменикот на Скендер-бег, до Домот на занаетчиите, кај хотелот „Арка“, на влезот во близината на Куршумли-ан, до Мустафапашината џамија и кај црквата „Свети Спас“.

- На овој начин ќе го спречиме протокот на возила низ чаршијата, со што таа ќе стане само пешачка зона. Со тоа граѓаните и туристите ќе можат слободно да поминуваат низ чаршиските сокаци. Ќе има посебен термин за потребите на дуќанџиите, кога рампите ќе бидат отворени. Клучеви ќе имаме ние, како и екипите на полицијата, брзата помош и противпожарната бригада. Најверојатно тие ќе бидат отворени навечер, кога на бурекчилниците и на ќебапчилниците треба да им се доставува свежо месо. Се надеваме дека до крајот на годината ќе го реализираме овој проект - објаснува Авни Калаба, портпаролот на општината Чаир.

Тој додава дека повторно функционира обезбедувањето во чаршијата, но дека не знае кога службите на полицијата ќе постават позорникари.

Општинарите ја пуштија во употреба портата кај Бит-пазар пред околу една година, но нејзината рампа беше во функција едвај еден месец, бидејќи се расипал механизмот. Тогаш беше најавено дека наскоро ќе се постави нова рампа, како и дека ќе се ставаат хидраулични столпчиња, но тоа досега не се случи. Портата остана да стои како украс, не извршувајќи ја главната причина поради која беше поставена, а тоа да се спречат возилата да влегуваат во чаршијата.

Дуќанџиите повеќе од една година се жалат дека во вечерните часови има голема фреквенција на луксузни автомобили, кои застануваат до блиските кафулиња или кај хотелите.

- За полесно да се движат низ уличките во чаршијата, дури се тргнати и клупите што беа поставени на средина на сокаците. Нема никаков ред, па почнаа да влегуваат и поголеми товарни возила. Ако сакаме чаршијата да ја развиваме како туристичко место, треба да ги тргнеме автомобилите од нејзините улички. Туристите ќе застанат да се сликаат пред некој локал или занаетчиски дуќан, а во заднина ќе се гледаат паркирани возила - истакна Сеат Рамадани, сопственик на дуќан во Старата чаршија.

За реконструкција на чаршиската калдрма пред две-три години беа потрошени околу 130 илјади евра, од кои дел беа донација на УСАИД.
 
   
Автор: Р.З.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12491033461&id=14&prilog=0&setIzdanie=21854


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Jan-2010 at 19:26


Еве како тој сообраќајно дивјаштво изгледа сега (сликите се стари од прилика колку и претходната објава)

1

2

3

4

5

6

7



Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2010 at 05:39

Девет рампи ќе ја бранат чаршијата од автомобили

Пропадната е калдрмата на улиците „Битпазарска“ и „Белградска“, кои беа изградени во 2005 година

Снежана Калабакова


Општина Чаир со девет електронски рампи ќе ја штити Старата чаршија од натрапниците што влегуваат со автомобили. До крајот на првата половина од годинава освен влезот кај стоковната куќа „Мост“ и кај Чаршиската порта од страната на Бит-пазар, со рампи ќе бидат затворени уште седум улички преку кои влегуваат автомобилите во стариот дел на градот.

Бетонски столпчиња не можат да го решат проблемот, бидејќи сигурно ќе бидат искршени, сметаат занаетчиите. Надлежните тврдат дека ова е единствениот начин да се спречи хаосот од возила кои преку цел ден сообраќаат по чаршиските сокаци како по градски сообраќајници. Токму затоа голем дел од калдрмата е пропадната и уништена, а оштетени се и улиците „Битпазарска“ и „Белградска“. Тие беа изградени во 2005 година, откако старата калдрма беше заменета со нова. Вкупната вредност на нивната реконструкција изнесуваше повеќе од 11 милиони денари. Нешто повеќе од 6 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Општина Чаир, а останатите беа донација од УСАИД.

Но, занаетчиите велат дека освен калдрмата, искршени се и многу канделабри и со тоа е уништено и дел од осветлението. Дуќанџиите се жалат и особено им пречи што несовесните возачи им се паркираат пред дуќаните, па им ги затвораат вратите на муштериите, кои и онака ги имаат се' помалку. Занаетчиите се согласуваат возилата да влегуваат два пати во денот и во одредени термини само за дотур на стока, како што тоа се правело и порано. Велат дека во минатите времиња немало рампи, но имало ред.

„Ќе ги затвориме сите правци од кои влегуваат автомобили и ќе мора да поставиме електронски рампи. Само така ќе им овозможиме на граѓаните безбедно да шетаат низ чаршијата. За проблемот со автомобилите веќе разговаравме и со чаршискиот еснаф и тие се согласуваат со идејата“, вели Авни Калаба, одговорен за информирање во Општина Чаир.

Никола Петров, претседател на Занаетчиската комора на Скопје, смета дека сега со автомобилите во чаршијата владее неред. Некогаш немало рампи, но имало полицајци-позорникари кои шетаа и казнуваа. Во ниту една друга чаршија во Македонија нема ваков пример, бидејќи, како што вели, чаршиите се место за еснафите, занаетчиите, граѓаните и туристите кои ги сакаат старите делови од градовите и занаетчиските производи.

„Ако се постават рампи со клуч, како што слушам, тогаш ќе треба да се знае кој ќе ги има клучевите, но не би требало да се злоупотребуваат. Ако тие бидат депонирани во Општина Чаир, или не се знае кај кого се, се прашувам како и од каде ќе влезат противпожарните возила и возилата за итна медицинска помош“, коментира Петров.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=67690A7BE2393745B146579DA98337AA


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Feb-2010 at 01:56

ПРОМОВИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СКОПСКОТО ЈАДРО


Ќе и се враќа сјајот на Старата чаршија


Зачувувањето на традиционалните занаети, формирање туристички информативен центар, отворање мали ресторани со традиционална храна, министудентски резиденси, апартман-ателјеа за уметници и нови културни манифестации, се само дел од петгодишната програма


На Старата скопска чаршија конечно ќе и се врати сјајот. Со реализацијата на петгодишната Програма за нејзина ревитализација, што беше официјално промовирана вчера од страна на Националниот совет формиран од Владата, ќе бидат преземени низа активности за нејзина заштита, афирмација и понатамошен развој во рамките на урбанистичките планови. Зачувувањето на традиционалните занаети, формирање туристички информативен центар, отворање мали ресторани со традиционална храна, пансиони, министудентски резиденси, апартман-ателјеа за уметници и нови културни манифестации се само дел од тие активности.
- Старата чаршија е прекрасен музеј на отворено, место каде што живата архитектоника на традицијата раскажува за соживотот, мешањето на културите и обичаите. Програма за нејзино заживување доаѓа само една година по донесувањето на Законот за прогласување на чаршијата за културно наследство. Со Законот е извршена и идентификација на добрата, во поглед на нивниот назив, категорија, граници и контактни зони, како и соодветниот режим на заштита и управување, потенцираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Според Јасмина Хаџиева-Алексиевска, претседател на Националниот комитет за ревитализација на Чаршијата, со реализација на програмата ќе се спречат и какви и да било деструкции во рамките на Чаршијата.
- Врз основа на програмата ќе се изработуваат акциони планови кои ќе овозможат трајно зачувување на историските, архитектонските, урбанистичките, етнолошките, социолошките и другите вредности на чаршијата, смета Хаџиева-Алексиевска.

Дел од програмата е и воспоставување на меѓународна културна соработка со градовите кои во минатато имале трговски и друг вид врски со Скопје, општ развој на заедницата во Чаршијата, но и на сите кои тука ќе доаѓаат да работат, да учат или да го поминат слободното време. Активности ќе се преземат и во однос на културна ревитализација на Скопската чаршија, преку воспоставување на Денот на чаршијата и посебна програма за културни настани. Во однос на финансирањето, пак, се предвидува и формирање на посебен Фонд за ревитализација на Старата скопска чаршија. Министерството за култура, Градот Скопје и општините Центар и Чаир ќе треба да предвидат посебни финансиски програми за поддршка на активностите кои ќе се случуваат во Чаршијата, како и погодности за користење на просторот... По промоцијата премиерот Никола Груевски и присутните направија обиколка на објектите и занаетчиите во Старата скопска чаршија.

(Д.Т.)
Фото:Н. Батев


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=157950649D77E74CB11AD4519510F2CF



Старата скопска чаршија со програма за ревитализација

Програмата ќе се спроведува пет години, а чаршијата
доби и веб-страница

Катерина Богоева


Во Чифте амамот вчера, претседателката на Националниот совет за ревитализација на Старата скопска чаршија, Јасминка Хаџиева Алексиевска ја претстави изготвената Програма за ревитализација на Чаршијата, а во промоцијата на овој значаен документ за заштита на старото градско јадро учествуваа градоначалникот на општината Чаир, Изет Меџити и Министерската за култура Елизабета Канческа Милевска. Беше промовирана и веб - страница за Чаршијата изготвена од страна на Министерството за култура (www. skopskacarsija.gov.mk) каде граѓаните можат да се информираат за националната програма, за културно -историските споменици во вредното градско јадро, a беше прикажан и краток видео спот изготвен во соработка со Сојузот на стопански комоти и Кинотека на Македонија.

Посакувајќи им добредојде „од најубавиот дел на Скопје“ на преставниците на државните и општинските власти, на дел од верските и културни институции градоначалникот Меџити потенцираше дека Програмата во чија изработка партиципирала и општината Чаир, ја смета за доказ за сериозниот пристап во решавањето на посакуваното оживување на Чаршијата. „Се надевам дека со нашите досегашни активности колку - толку ги инициравме институциите на централната власт, да почне посериозно да размислува за враќање на сјајот и на богатството на Чаршијата“ - рече тој.

Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска потсети дека 13, од бројните профани и сакрални објекти во централното јадро на Чаршијата се веќе реставрирани, и дека во 2008 година, за неа е донесен Закон со кој се уредуваат клучните прашања во поглед на практичните аспекти на заштитата на оваа споменичната целина. „Програмата за ревитализација како стратешки документ ќе овозможи преземање на долгорочни мерки за ревитализација, одржлив развој, стопанско и културно реактивирање на оваа целина. Во него се опфатени сите аспекти неопходни за зачувување на нејзиниот идентитет, но и за нејзината афирмација и понатамошен развој во рамките на урбанистичките планови. Програмата ќе се спроведува во период од 5 години, а врз нејзината основа веќе се изработуваат и акциони планови кои ќе овозможат трајно зачувување на нејзините вредности“ - рече меѓу другото Министерката за култура истакнувајќи дека со помош на партнери од Франција се работи на проект за инвентаризација, со која досега се опфатени 300, од постојните 650 поединечни објекти во вредното градско јадро.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=67EEA967D7FF62459B0881CEBCEAEE7D



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Max
Date Posted: 22-Feb-2010 at 04:51

Почнува ревитализацијата на скопската чаршија

Со реализацијата на програмата треба да се врати сјајот на скопскиот ориент

Обновување фасади на старите куќи, поддршка на занаетите, економски развој, туристички тури, организација на концерти, изложби, промоции, законски одредби за заштита на градбите и за задржување на автентичноста треба да добие Старата скопска чаршија. Ревитализацијата е предвидена да се реализира во следните пет години од страна на Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје, општините Центар и Чаир, организацијата на занаетчиите, невладини организации, здруженија, граѓани, уметници, архитекти.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека со програмата ќе се овозможи тој простор да се развие стопански, културно, урбано и притоа да го задржи својот идентитет како место во кое се мешаат традицијата, културата, обичаите.

- Со ревитализацијата ќе се овозможи општ развој на заедницата во чаршијата, но и на сите оние што тука ќе доаѓаат да работат, учат или да го поминат слободното време. Старата скопска чаршија е наше заедничко богатство и затоа е заедничка одговорноста да се грижиме за неа и да ја зачуваме. Со програмата ќе му го вратиме сјајот на скопскиот ориент - рече Канческа-Милевска.

Таа истакна дека е во тек и процесот на инвертаризација на Чаршијата при што до сега биле опфатени 300 објекти.

Градоначалникот на Општината Чаир, Изет Меџити, смета дека со програмата чаршијата ќе се развива културно и стопански.

- Старата скопска чаршија ни е оставена како наследство, но и како обврска да ја зачуваме и развиваме. Таа е доказ за различните историски периоди и за вековниот соживот на овие простори. Битно да ја заживееме и ревитализираме и да го покажеме нејзиното историско, културно, но и политичко значење во нашиот главен град - рече Меџити.

Плановите за заживување и издигнување на овој културен и историски простор од главниот град ги води Националниот совет за ревитализација на Старата скопска чаршија на чие чело е Јасмина Хаџиева-Алексиева.

Таа на промоцијата презентира поголем дел од програмата, која треба да заврши до 2015 година. Како што истакна, ревитализацијата ќе биде поделена во пет области и тоа, занаети, туризам, култура, угостителство и услужни дејности. Во делот со културата се предвидува да се организираат изложби, театарски претстави, концерти, ликовни ателјеа на отворено, филмски проекции. Ќе бидат поттикнати занаети што се значајни за идентитетот, но и за стопанскиот развој на чаршијата. Се планираат изработки на туристички мапи, ангажирање туристички водичи, отворање туристички сервис.

Како што истакна Хаџиева-Алексиева, ќе бидат подготвени и нови правилници со кои строго ќе се контролира урбанистичкото планирање и реновирањето на приватните објекти. Плановите за ревитализацијата се достапни на интернет-страницата http://www.skopskacarsija.gov.mk - www.skopskacarsija.gov.mk

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=3A09BA95C0B1804BA63742A4B9927F98&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=3A09BA95C0B1804BA63742A4B9927F98&arc=1

ви велев оти е правилно стара скопска чаршија, вие не, оној малку појќе што престојувал во неа ќе знае дека сите ја викаат како чаршија...

Груевски: И Чаршијата е дел од „Скопје 2014“
Ревитализација на Старата чаршија, според премиерот Никола Груевски, на некој начин е продолжение, односно друг дел од проектот „Скопје 2014“.

- Може да се каже дека на некој начин тоа е еден друг дел од проектот „Скопје 2014“, односно продолжение. Има два различни аспекта, еден на плоштадот, а другиот е Старата чаршија, каде што ќе се задржи амбиенталноста, традицијата и ќе се инвестира во реанимирање и ревитализација. Тоа е еден исклучително значаен дел за Скопје и за Македонија. Дел кој е поврзан со нашата историја, традиција, мултиетничко и мултиконфесионално живеење и дел кој е најинтересен за посета од странските туристи. Во наредните пет години чекор по чекор ќе се реализираат активности и јас се надевам дека некаде во 2014 или во 2015 година ќе имаме целосно ревитализирана скопска Стара чаршија - изјави вчера Груевски.

Тој истакна дека Владата пред неколку месеци донела одлука да се вклучи во проектот за ревитализација на Чаршијата, бидејќи претходно неколку градоначалници се обидувале да направат нешто, но не успеале.

- Ќе се обидеме да ја заштитиме Чаршијата и да и' го вратиме претходниот изглед. Сакаме таму да ги вратиме граѓаните - рече премиерот Груевски.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=7CCFE31E46628644885AE95F71F831E2&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=7CCFE31E46628644885AE95F71F831E2&arc=1



Posted By: krale
Date Posted: 22-Feb-2010 at 16:10
Една луда но гарантирано успешна идеја да се заживее чаршијата е таму да се дозволи пушењето, како зачувување на амбиеталноста. Со гаранција ќе се наполни со кафичи и луѓе за кратко време.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Feb-2010 at 17:22
Преку кал во Чаршија

Половина од платото на влезот на Чаршијата, кај некогашната стоковна куќа "Мост", е уредено со камени плочки, а половина е во кал, со расфрлено ѓубре на си­те страни. Туристите во Чаршијата влегуваат по кал и купишта ѓубре

Ту­рис­ти­те и граѓаните во Старата скопска чаршија влегуваат по кал и купишта ѓуб­ре. Половина од платото на влезот на Чаршијата, кај некогашната стоковна куќа "Мост", е уредено со камени плочки, а половина е во кал, со расфрлено ѓубре на си­те страни. Градежните работи за уредување на овој дел од Чаршијата почнаа уште во март минатата година, кога беше најавено дека за два - три месеци старата и ис­кр­ше­на калдрма ќе биде заменета со нови камени плочки. Но во овој предвиден рок само половина од платото беше уредено. Кога престанаа градежните работи, од Општина Чаир се правдаа дека чекаат да стигне нова тура травертински плоч­ки од фабриката "Силекс" од Кратово. Но оттогаш помина речиси половина го­ди­на, а плочките уште никаде ги нема.
Се­га од Општината се правдаат дека работите се стопирани поради проблеми со под­зем­на­та инсталација на овој дел од платото.
"Де­но­ви­ве разговаравме со претставници од Министерството за култура, и до­го­во­рив­ме заеднички да го довршиме овој проект, а, истовремено, целиот простор ќе би­де осветлен и уреден со урбана опрема", велат од Општина Чаир.

http://vest.com.mk/?ItemID=DD18B3C7AC7CFE44BF3AC36DDA1E490D


Posted By: lupo
Date Posted: 28-Feb-2010 at 12:59
http://tinypic.com/view.php?pic=2md5w76&s=6"> http://tinypic.com/view.php?pic=qs6trr&s=6"> http://i48.tinypic.com/2h3ylon.jpg">


Posted By: lupo
Date Posted: 28-Feb-2010 at 13:02
Ovde nesto se rabotese. losa kamera ali moze kolku tolku da se vidi. Vnatre imese lugje a prozorite i vratite site bea smeneti. A imase i edna prostorija nameneta za izlozba na sliki.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Feb-2010 at 18:01
Куршумли Ан?


Posted By: lupo
Date Posted: 28-Feb-2010 at 18:10
Da Yes


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 04-Mar-2010 at 06:29
УШТЕ СЕ РАБОТИ НА ПРОСТОРОТ ПРЕД ЧАРШИЈА
Поплочувањето на платото направи годишнина

Платото пред стоковната куќа „Мост“ повторно е оградено со мрежа, а донесени се и нови травертински плочи со кои треба да се доврши поплочувањето. Во меѓувреме, речиси не остана здрава плочка од тие што беа поставени пред повеќе месеци затоа што никој не го обезбеди влезот во чаршијата од возила. - Тоа што е оштетено ќе се санира. Работите, нормално во зависност од временските услови, нема да траат повеќе од еден месец - беше се што ни кажа Џенгис Хани, одговорниот за проектот од Општина Чаир, со оправдување дека не знае повеќе затоа што бил на одмор. Повеќе информации за тоа зошто работата се одолжи цела година не добивме ниту од Авни Калаба, одговорен за односи со јавност. - Да ви кажам рок до кога ќе биде готово не можам, информациите ги има Хани и од него треба да ги барате - изјави Калаба. Властите во Општина Чаир, заедно со Град Скопје, го почнаа реновирањето на плочникот пред една година. Според тврдењата од градските власти, договорот предвидувал тие да вложат половина од парите, а Општината да ја даде другата половина и да го изврши поплочувањето на теренот. Општинарите од Чаир неодамна најавија дека ќе постават уште девет нови рампи на влезовите во Старата чаршија, кои ќе го забранат движењето на возилата по калдрмата, но засега ниту рампата што стои на портата кај Бит-пазар не функционира.

Р.П.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1958&ArticleID=135361 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1958&ArticleID=135361


Posted By: Vahr
Date Posted: 07-Mar-2010 at 12:32
Господа,
знае ли некој кога е изградена стоковна куќа мост?
Имав пред некој ден една книга во рака во која пишуваше дека МНТ е изградено 1981... и тоа ме збуни бидејќи се си мислев дека последната градба од планот на кензо танге била стоковната куќа мост... и дека тоа било 1980.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Mar-2010 at 12:40
Ако е некаква помош, овде има фотка од изградбата, а во позадина се гледа ПТТ комплексот каде се уште не е изграден кружниот дел, а остатокот е завршен:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=114&PID=1979#1979 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=114&PID=1979#1979

Ако не, молам LaLinea нека ја посочи книгата


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Mar-2010 at 13:15
Originally posted by Vahr

Господа,
знае ли некој кога е изградена стоковна куќа мост?
Имав пред некој ден една книга во рака во која пишуваше дека МНТ е изградено 1981... и тоа ме збуни бидејќи се си мислев дека последната градба од планот на кензо танге била стоковната куќа мост... и дека тоа било 1980.


Vahr, таа сликата каде што Мост е во изградба е од книга која се викаше „Скопје - 20 години по земјотресот“, што испаѓа дека мост била завршена 1983-1984 година.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Mimar
Date Posted: 11-Mar-2010 at 15:52
Forumot slucajno go najdov na na net , za nekoi raboti koi gi imate navistina mi se dopaga

Najnapred pozdrav do site clenovi na forum

imam edna golema molba do site vas ako moe nekoj da mi pomogne
studiram vo turcija na arhitektonski odbrav eden proekt da rabotam za ispit
meguto naidov na edna teskotija ne mozam da najdam kako bi mu doslo pravilno makedosnki  moze ke zgresam urabniskitcki plan so koti na visni  za ovoj del
pobarva od edni prijateli  megutoa mi kazaa deka ne mozele da najdat dali od opstina ne im dali ili sto dali moze nekoj da mi pomogen itno mi treba

se ravboti za ovoj del pred mnt , od drugata strana kaj sto e delot placot od parkingot  go imam zemeno za izgradba na studentski dom



odnapred vi balagodaram

pozdravvvvv

makedonija




Posted By: Mimar
Date Posted: 12-Mar-2010 at 14:12
Originally posted by Mimar

urabniskitcki plan so koti na visni 






Dali ima nekoj da mi pomogneeeeee!!!!



ka ve zamolam poterbeno mi e za ispit i itno mi e !!!!!




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Mar-2010 at 16:30
Мимар, жал ми е што гледам дека до сега никој не можел да ти помогне

Во случајов веројатно општината сепак тешко дека би можела да се заобиколи. Доколку тие не се спремни да ти излезат во пресрет, реално тешко дека таков документ некој од форумашите би го имал на лагер. Но се надевам дека грешам...


Posted By: Mimar
Date Posted: 12-Mar-2010 at 17:47
Originally posted by Cloverstack

Мимар, жал ми е што гледам дека до сега никој не можел да ти помогне

Во случајов веројатно општината сепак тешко дека би можела да се заобиколи. Доколку тие не се спремни да ти излезат во пресрет, реално тешко дека таков документ некој од форумашите би го имал на лагер. Но се надевам дека грешам...


Cloverstack blagodaram sto se potrudi ako ne bar mi dade odgovor !
Se nadevav deka nekoj go ima  mozebi nekoj sto go ima se uste ne go procital ovoj post  .... !

ke se potrudam preku nekoi drugi prijateli da gi prasam pa da vidam dali ke mozat od opstina da go zemat poterbniot urbanisticki plan

Isto i da prasam dali e poreteba nekoja procedura za zemanje na toj plan od opstina , znaci sto e potreba za da se zeme takov plan i kolku trae taa procedura!

odnapred blagodaram !


Posted By: Max
Date Posted: 12-Mar-2010 at 18:08

мислам извод издаваат само доколку си сопственик на парцела во одреден дуп и тоа само за конкретната парцела, може евентуално грубо да ти го дадат на увид дупот, но дека ќе го добиеш на хартија не ми се верува!

тешко ниту си сопственик на парцелата т,е, ниту имаш имотен лист ниту можеш да извадиш копија од катастар како воопшто и би поднел барање за добивање извод од дуп http://www.opstinacentar.gov.mk/formulari/8.pdf - http://www.opstinacentar.gov.mk/formulari/8.pdf може да пробаш официјално со допис да им се обратиш во општината и да им посочиш што ти треба па евентуално да ти дадат само неофицијален одговор...

додека бил на увид планот некој можел да оди да сликне но за тоа е веќе касно! 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Mar-2010 at 18:11


Треба да се обрати до Општина Чаир, не до Општина Центар


Posted By: Max
Date Posted: 12-Mar-2010 at 18:59

аха Мимар прашува за пракингот пред стоковна Илинден јас го прочитав како паркот зад МОБ, исто и во тој случај пак може да побара само неофицијална информација, не ми се верува секој да може да извади извод од дуп!  

интересна проекција, но веќе е преполно од универзитети во чаир

Очекувам Чаир да стане и универзитетски центар. На нејзината територија е универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Деновиве очекуваме да се реализира идејата Меѓународниот балканскиот универзитет да се лоцира во просторириите на училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“, за што е потпишан меморандум за соработка. http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=BB89573B74913C46A66F0BC778F34D1F&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=BB89573B74913C46A66F0BC778F34D1F&arc=1
мислам и ДУТ има дисперзирани студии некаде во чаршија...



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Mar-2010 at 19:16
Mimar, само врски и приатели, а и советот за испраќање званичен е-мали до општината можда може да донесе плод.
П.С. На нивиот сајт контакт не работи но ваљда ова ќе успее
info@cair.gov.mk

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Mimar
Date Posted: 12-Mar-2010 at 19:40
Originally posted by Max

мислам извод издаваат само доколку си сопственик на парцела во одреден дуп и тоа само за конкретната парцела, може евентуално грубо да ти го дадат на увид дупот, но дека ќе го добиеш на хартија не ми се верува!

тешко ниту си сопственик на парцелата т,е, ниту имаш имотен лист ниту можеш да извадиш копија од катастар како воопшто и би поднел барање за добивање извод од дуп http://www.opstinacentar.gov.mk/formulari/8.pdf - http://www.opstinacentar.gov.mk/formulari/8.pdf може да пробаш официјално со допис да им се обратиш во општината и да им посочиш што ти треба па евентуално да ти дадат само неофицијален одговор...

додека бил на увид планот некој можел да оди да сликне но за тоа е веќе касно! 



Spostvenik ama ovaa e za stidenti mislma za proekt zosto e tolku slozena postaka vo turcija e mnogu ednostavno za da dobies urbanistickai plan od nekoj del



Originally posted by Cloverstack



Треба да се обрати до Општина Чаир, не до Општина Центар


da koga istrazuvav vo pocetokot na net vidov deka e vo opstina cair




Originally posted by Max

аха Мимар прашува за пракингот пред стоковна Илинден јас го прочитав како паркот зад МОБ, исто и во тој случај пак може да побара само неофицијална информација, не ми се верува секој да може да извади извод од дуп!  

интересна проекција, но веќе е преполно од универзитети во чаир

Очекувам Чаир да стане и универзитетски центар. На нејзината територија е универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Деновиве очекуваме да се реализира идејата Меѓународниот балканскиот универзитет да се лоцира во просторириите на училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“, за што е потпишан меморандум за соработка. http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=BB89573B74913C46A66F0BC778F34D1F&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=BB89573B74913C46A66F0BC778F34D1F&arc=1
мислам и ДУТ има дисперзирани студии некаде во чаршија...


Da za parkingot pred stokovna ilinden mislam edka e,  pa bidejki e vo blizina e univeztietot mislam deka bi mozela ovdeka da bide studenski dom na taa ideja sum , inaku proektot e odobren od profesorite e sega gi nemam potrebnite rabooti za da pocnam so maketa i kompjuterska obrabbotka !


Originally posted by Vladimir P

Mimar, само врски и приатели, а и советот за испраќање званичен е-мали до општината можда може да донесе плод.
П.С. На нивиот сајт контакт не работи но ваљда ова ќе успее
info@cair.gov.mk


HIm !!!!Pa dense pisav na dosta poznanici od skopje , se nadevam deka ke rodi so plod !
Aj ke probam da pisam na dadenata adresa !



Uste ednas vi blagodaram
Thumbs%20Up





Posted By: Max
Date Posted: 12-Mar-2010 at 19:54

ќе ти завршат работа не би требало да има проблем доколку им објасниш за што ти треба тој дуп, а ако ископаш некој дуп сподели го и тука општините имаат обврска усвоените дупови да ги качат на нет, но бидејќи тоа не е случај со над 80% од општините,ќе мора да ја бркаш работата пешки... 



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 03-Apr-2010 at 13:11
 
Мислам дека ова треба да се забележи тука..
 

Чаршијата повторно дише

Пријатно место за излегување на младите и за дружења со познаниците

Бојан Шашевски

Младите повторно го минуваат Камениот мост и се лоцираат во Старата чаршија со желба да најдат пријатно место за излегување и дружење со познаниците. Најголем џагор се слуша во новоотворените локали, ракија-барот „Калдрма“, пивницата „Стар град“, чајџилницата „Насер“, винотеката „Темов“ и кафе-барот „Дамар“. Тие се најактуелните и најпосетени места, кои ветуваат дека пролетва и летово чаршијата повторно ќе се врати во живот на голема врата. Видливи се веселите лица на луѓето што се разминуваат по тесните сокаци и калдрмата. Смеа, добро расположение, свирачи, бендови... Чаршијата почнува да сјае, да добива препознатлива боја, повторно да дише.

„Што се однесува до мене, чаршијата е најубавиот дел во градот“, раскажува Пане Темов од пивницата „Стар град“.

„Странците и туристите се вчудовидени од овој магичен простор. А, зошто и не би биле, ова е нашето богатство. Заедно со багдатската, скопската се вбројува меѓу двете најголеми чаршии во светот. Познавам отворени луѓе што живеат над предрасудите, нови генерации кои веќе ја чувствуваат топлината и благодетите што произлегуваат од чаршијата“, вели Темов.

И гостите имаат убави зборови за чаршијата, велат дека е најубавиот дел од Скопје навечер. „Веќе извесен период излегуваме тука со другарите. Ми се допаѓа целата атмосфера во новите барови и пивницата, надвор од скопскиот метеж. Овде има некој поинаков шмек“, ни рече еден од гостите од винаријата „Темов“ сместена до некогашниот „Рандеву“, а веднаш спроти „Евтинија“, добро познатата продавница каде што на големо и мало се купуваа штофови, платна, завеси, килими.

Десетиците чајџилници, меѓу кои и познатата „Слога“, имаат свои редовни муштерии. Тие го доловуваат вистинскиот историски моментум, континуирано работат и опстојуваат со сите падови на чаршијата низ годините. Опстојуваат и кафеаните, ќебапчилниците и кафулињата околу стоковната куќа „Мост“. Можеби во ново руво, со нови газди и помалку гости, но, сепак, опстојуваат.

Во „Галерија 7“, култното место кое се' уште го има приматот на авангардно собиралиште на уметнички умови што споделуваат идеи, освен изложбите и познатиот лахмаџун, се прикажуваат и филмски проекции. И добропознатиот „Капан-ан“ има интересна програма. Неуморно живее до утрото, а за викендите задолжителни се журките со диџеи и електронска музика.

„Во потоплите денови ќе биде уште поинтересно“, оптимисти се студентите од Правен факултет „навлечени“ на амбиентот на чаршијата и постојани гости во чајџилницата „Насер“.

Во сиот тој комплекс од новоотворени локали, на улицата „Градилиште“, сместен е и кафе-барот „Дамар“, направен во стилот на стариот дограмџиски дуќан што се наоѓаше на истото место.

„Импресионира фактот што имаме одличен одѕив од младите генерации. Егзотичноста на чаршијата си го прави своето. Местово е како создадено за креативни настани и црпење инспирација. Чаршијата е неуморна и со својата автентичност, ги поттикнува луѓето да решат да поминат некое време тука. Трендовските барови и скопските клишеа од другата страна на Вардар се веќе здодевни за многумина. Тука имаме постојани диџеи и музичари кои ја збогатуваат атмосферата, но и проекции и перформанси“, потенцираат сопственичките на „Дамар“, Анѓа и Арта.

Раскажувајќи за раздвиженоста на чаршијата, за големиот број луѓе кои доаѓаат навечер, еден од сопствениците на ракија-барот „Калдрма“ даде оптимистичка прогноза. „Веќе почна да заживува просторот, кафулињата полека, но сигурно се полнат. Уште од мали нозе сум присутен по плочнициве и калдрмиве, па затоа, по двегодишна иницијатива, решивме да го отвориме ракија-барот овде. Имаме квалитетна автентична понуда, а гостите се максимално задоволни. Четврток и понеделник се резервирани за жива музика со гитари, виолини, тарабуки. Тука владее традиционалниот дух и мислам дека нема човек што не е исполнет со позитивна енергија од чаршијата. Ова е дефинитивно нов почеток.

Чаршијата почнува да сјае, да добива препознатлива боја“, вели тој.

Неодамна, во рамките на Скопското лето, а потоа и на 14. Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот беа организирани повеќе културни манифестации, а отворањето на угостителските локали привлече река луѓе. Просторот во Старата скопска чаршија веќе почна да нуди нови позитивни содржини.

Овдешните културни настани се своевиден белег на безброј креативни умови. Промовирајќи го заживувањето на вечерната сцена за возрасни, „Детскиот театарски центар“ започна со прикажување нови претстави. Лоциран во некогашното кино „Напредок“, во доцните часови од денот овде можат да се проследат изведбите на повеќе студенти, но и дипломирани актери, од стари и новоафирмирани режисери. Со цел да добие нов статус и неговите активности да пулсираат заедно со секојдневниот живот од чаршијата, мноштво групи ентузијасти го нарекуваат „Театарот на чаршијата“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=98CD323B7BB0FA40B262C8824B5BBFFF - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=98CD323B7BB0FA40B262C8824B5BBFFF
 
Инаку пред некој ден кога поминав кај она платото кај што се менуваа плочките, приметив дека уште не е средено..


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 07-Apr-2010 at 22:49

Кој стои зад изградбата на Ареста џамијата на Бит пазар?!

07.04.2010 - 18:04 |
  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија

Тивко и далеку од очите на јавноста градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја реставрира Арестовата џамијата во Старата скопска чаршија.

Овие кадри екипата на Сител ги сними пред неколку часа, иако уште на влезот во чаршијата бевме предупредени да не одиме натаму, бидејќи никој не може да ни ја гарантира безбедноста.
За реставрирање на џамијата, Меџити не добил согласност ниту од Исламската верска заедница, како легитимен претставник на муслиманите во земјава.
Чаирскиот градоначалник, телефонски ни изјави дека не се работи за реставрирање, туку дека на тоа место се вршат археолошки истражувања. Директорот на националниот конзерваторски центар, за Сител потврди дека истражувања има, но се дел подготовката за возобновување на џамијата.
Но, сопственикот на имотот, Исламската верска заедница до сега не дала никаква согласност на тоа место да се врши археолошко истражување, или пак, да се возобновува џамијата.
Тоа што ИВЗ е сопственик на местото, а не општината Чаир, била причината и Републичкиот завод за заштита на културното наследство да ја повлече првичната дозвола за археолошки истражувања. Меѓутоа, тоа за општината не е пречка градежните активности да продолжат.
 
Кој всушност стои зад изградбата на оваа џамија, никој официјално не потврдува. Неофицијално, во ИВЗ се сомневаат дека целото возобновување на верскиот објект го финансираат радикални исламистички групации, кои веќе подолг период се присутни во земјава.
 
Инаку ова не е прв пат, градоначалникот на општина Чаир да се меша во надлежностите на ИВЗ. Неодамна, Сител објави дека месната заедница во Топанско поле е претворена во џамија, без согласност на Исламската верска заедница.
 
Александар Спасовски
 

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/koj-stoi-zad-izgradbata-na-aresta-dzamijata-na-bit-pazar - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/koj-stoi-zad-izgradbata-na-aresta-dzamijata-na-bit-pazar



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 13-Apr-2010 at 01:15

Поплочено платото пред стоковната „Мост“

Платото пред стоковната куќа „Мост“ најпосле е целосно поплочено со бехатон плочки. Проектот подеднакво го финансираа Градот и Општина Чаир, а чинеше 8 милиони денари. Под плочките се поставени електрични инсталации на кои преостанува да се поврзат десетината канделабри што Општината ќе ги постави за да го осветли просторот. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0B2D1E599A695A498F187F1C41951DA8 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0B2D1E599A695A498F187F1C41951DA8
 
Шуќур!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Apr-2010 at 01:22
Одлично. Веројатно поставивме рекорд за ваква работа

Поплочувањето почна во февруари минатата година, а на „проектов“ помпезно лопатареа двајца градоначалници. Епа нека ни е наздравје новиот плочник  Stern%20Smile


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 13-Apr-2010 at 01:30
Ај се кладиме, дека поврзувањето на канделабрите ќе остане за следниот градоначалник Big%20smile


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 31-May-2010 at 18:22

Чистење на старата скопска чаршија

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија
  • Повторно се враќа сјајот на скопската чаршија. Конечно  чистата калдрма доживува ренесанса.

    Градот Скопје и општина Чаир во акција -“Заедно за чисто и зелено Скопје”. Сега дуќанџиите имаат и продолжено работно време,чаршијата ќе стане само пешачка зона.

    Духот на современото со мирис на минатото, граѓаните свесни за она што го имаат. Но сепак незадоволни од хигиената.

    Kако дел од проектот “Почисто Скопје” Градот најавува нови 40 возила за комунална хигиена.Според Трајановски возилата треба да пристигнат до крајот на годината.

    Весна Ќуксановиќ

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/chistenje-na-starata-skopska-charshija - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/chistenje-na-starata-skopska-charshija




    Print Page | Close Window