Print Page | Close Window

Театар "Ј.Х.Џинот" - Велес

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=271
Printed Date: 15-May-2024 at 12:48


Topic: Театар "Ј.Х.Џинот" - Велес
Posted By: La Linea
Subject: Театар "Ј.Х.Џинот" - Велес
Date Posted: 04-Jan-2008 at 12:21
Mногу му се радував на проектов кога прв пат го најавија, едвај чекам да почнат со изградба.

НАПРОЛЕТ ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА храмот на културата

Велешките уметници ќе добијат театар

Министерството за култура, кое ќе ја гради новата театарска зграда, годинава ќе одвои 14 милиони денари за својата приоритетна инвестиција

Велешани се нестрпливи да ги видат темелите на новиот дом на театарските уметници во својот град, кои според најавите од Министерството за култура, ќе бидат поставени напролет. Руинираната театарска зграда и лошите услови за работа ќе станат минато зашто државата одлучи да изгради достоинствена институција во која беспрекорно ќе се создава уметноста заштитена од Талија. За таа цел годинава ќе бидат одвоени 14 милиони денари.- Со години театарските уметници во Велес работат во несоодветни услови. Од тие причини сакаме трајно да го решиме проблемот и да создадеме вистински храм за нашите театарски уметници. Градот на Коста Солев Рацин, на Јордан Хаџиконстантинов-Џинот и уште многу важни личности и обележја, заслужува да добие храм на театарската уметност - смета државниот секретар во Министерството за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Со првичниот проект беше замислено, освен просториите за театарот, да се изградат и деловни простории. Но, Министерството одлучи проектот да претрпи одредени промени и да остане само театарска зграда.

До крајот на првата половина на месецов ќе бидат остранети неколку привремени трговски објекти, кои се наоѓаат во близина на локацијата на која треба да се гради, најави велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

- Сопствениците се согласија да ги тргнат објектите. Во консултација и со премиерот Никола Груевски, а и на нивна молба, одлучивме да ги отстраниме објектите на третиот ден од Божик. Доколку сопствениците не можат сами, ние ќе им помогнеме во отстранување на објектите. Треба да се завршат уште неколку правни процедури од страна на Министерството за да може Општината да издаде дозвола за градба - објасни Коцевски.

Тој додаде дека на последната седница на Општината, било одлучено Министерството за култура, како инвеститор, да биде ослободено од должноста да плати надомест за уредување градско земјиште.

- Откако се промени планот и откако Министерството за култура ја презеде улогата на инвеститор, а не театарот, Општината одлучи да помогне на таков начин за изградбата на театарот. Годишно, од таа давачка, Општината го полни својот буџет со 10 милиони денари. Општината и граѓаните даваат безрезервна поддршка за изградба на театарот. Локацијата на објектот е одлична. Новиот театар ќе биде сместен во просторот помеѓу стариот и новиот дел на градот. Во негова близина се гради и нова црква, што ќе му даде посебен шарм на местото - смета Коцевски.

Идејното решение за новата зграда е од пред неколку години и го изработија архитектите Илија и Моника Стојчеви од Велес. Предвидено е театарската зграда да има околу 3.500 квадратни метри.

Сребра Пашовска



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Jan-2008 at 12:51

 
Пред две недели бев во Велес и баш ми ја покажаа локацијата за театарот. Супер ќе се уклопи тука е скоро уреден и парк а се гради и голема православна црква (го сликнав рендерот но ноќе беше и ништо не искочи од сликата).
 
Велешани го фалат градоначалникот велат дека добро го работи градот. А и се гледа, мене ми изгледаше поградски, поуредено, поосветлено од Скопје на некои места.  Thumbs%20Up
 


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Jan-2008 at 13:19
Велес мене страшно ми се свиѓа како град. Треба само доволно да се инвестира таму, и ќе светне. Вакви проекти се одличен чекор напред, но треба да се посвети повеќе внимание на инфраструктурата воопшто. Ако има некој онлајн извор на економски вести за Велес нека постира линк. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2008 at 16:37
Театарот ми изгледа интересно Thumbs%20Up

Него каде е точно локацијата?


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-May-2008 at 09:26
Зошто никој не го евидентираше ова... Question

Удрени темелите на новиот театар во Велес


Во центарот на Велес, завчера попладне е поставен камен-темелник на зграда на театарот „ЈорданХаџиКонстантинов-Џинот“. Предвидено е освен театарски претстави во него да има опера, балет и детски претстави.Овој настан е од цивилизациско значење за Велес, пресвртница за театарскиот живот во градот. Претставите ќе добијат нова естетика, а ние актерите можност за поголемо докажување. Новата зграда на театарот е продолжување на сонот на нашиот сограѓанец, преродбеникот Џинот, за театар на македонски јазик - вели Јордан Витанов, директор на велешкиот театар.Објектот ќе има 3.800 квадратни метри површина, со две сали - голема за 368 посетители и мала сцена за стотина гледачи, како и луксузно фоаје. Дело е на архитектите Илија и Моника Стојчевски и Билјана Христова од ателјето „Проектин“.Конкурсното решение претрпе две измени, прво беше отфрлена библиотеката, а потоа и деловниот простор, за сега да имаме чиста театарска зграда со оригинална архитектура. За изградба на театарот Министерството за култура обезбеди 124 милиони евра, а рокот за изведба е една година. Го гради тетовската фирма „Еуро-проект“. Градот, пак, го ослободи инвеститорот од плаќање на комуналните такси.Кога првпат влегов во театарот во 1994, беше донесено решението да се гради, а подоцна ја видов и макетата од зградата. Растев, се запишав, завршив, се вработив, минаа 14 години, оттогаш досега ништо не се направи. Конечно се остварува овој сон - вели актерот Зоран Љутков. Многумина од актерите, и млади и стари, пензионери се фатија за лопатата, бидејќи за нив овој момент беше историја. Со мислата за нов театар ја игравме секоја претстава. Пресреќен сум, а уште повеќе ќе бидам доколку за две години заиграм повторно на овие штици пред моите сограѓани, кои сите години не' поддржуваа да истраеме во тоа што го работевме - рече Васил Зафирчев.

(П.П.)



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2D12BA582328F847B36A132625D8DE7F - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2D12BA582328F847B36A132625D8DE7F


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-May-2008 at 09:28
Еве еден рендер... Проектов е изгледа изменет?



Еве и слика од почетокот на градбата (истовремено и од предизборната кампања). Сајтов кој што е наведен доле на бинава не постои... Roll%20eyes




Posted By: dejan
Date Posted: 22-May-2008 at 10:41
Bravo Nikola!!
Inace teatarot e mnogu ubav!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2008 at 11:28
Што се однесува до театарот ми се свиѓа, а велес кака град исто така. Може треба да се поработи малце на булевари, ама и вака е добар. Бев исто пред две недели, ама идев накај богомила. Тој патот што е од велес накај прилеп е за нигде.


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-May-2008 at 11:30
Originally posted by lslcrew

Што се однесува до театарот ми се свиѓа, а велес кака град исто така. Може треба да се поработи малце на булевари, ама и вака е добар. Бев исто пред две недели, ама идев накај богомила. Тој патот што е од велес накај прилеп е за нигде.


Да фин е проектот а и градот е супер Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-May-2008 at 14:47
Еве уште неколку јадни рендери кои ги ископав Bash

1

2

3




Posted By: 46&2
Date Posted: 23-May-2008 at 19:45
Originally posted by lslcrew

Што се однесува до театарот ми се свиѓа, а велес кака град исто така. Може треба да се поработи малце на булевари, ама и вака е добар. Бев исто пред две недели, ама идев накај богомила. Тој патот што е од велес накај прилеп е за нигде.
 
Dojdi vo Kumanovo da vidis rabotenje na bulevari i ulici stvarno mnogu se razdvuzuva rabotata i tus e veke gotov
 
(se izvinuvam ako ja remetam temata ama me pogodija nekoi stari postovi na ssc za Kumanovo - go napravile kako vo Banglades da e )


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-May-2008 at 19:46
Па зошто не постираш слики, баш би било супер да имаме фото нишка од Куманово.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: 46&2
Date Posted: 23-May-2008 at 19:51

Немам време глава да дигнам од обврски ама ќе се потрудам

Инаку Туш е веднаш до ново направениот кеј и до него е веднаш булеварот во реконструкција
Се пробива и булевар во должина од околу 2км и Куманово ке добие практично 2третини од ринг кој ке го растеретува центарот на градот


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-May-2008 at 19:56
Originally posted by booster

Dojdi vo Kumanovo da vidis rabotenje na bulevari i ulici stvarno mnogu se razdvuzuva rabotata i tus e veke gotov
 
(se izvinuvam ako ja remetam temata ama me pogodija nekoi stari postovi na ssc za Kumanovo - go napravile kako vo Banglades da e )


ти си од Куманово? Па дај фрли некоја фотка од Туш и општо. Би било екстра.

Што се однесува до нишката на ССЦ и јас имам постирано некој коментар таму но мора да признаам дека сум згрешил. Бев два пати деловно во Куманово во последниве 6-7 месеци и беше стварно повеќе од пристојно. Имаше раздвиженост на луѓе, центарот ми беше ОК, местенцата каде седев пријатни, луѓето на место... И инфраструктурно ми беше сосема пристојно за големината на градот.

Проблемот е што толку малку материјали има на интернет за Куманово (знам дека сум се окозил барајќи за да го обелам образот баш во таа нишка на ССЦ) што не е тешко човек да развие предрасуди ако се земе во предвид дека најретко случаме за некои економски вести од североисточниот дел на земјава.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-May-2008 at 19:57
46&2, еве и јас малку офтопик Big%20smile

Па дај одбележи на google earth screenshot кои булевари се изградени и се градат и каде се наоѓа Туш. За булеварите можеш да отвориш нова нишка во инфраструктура Thumbs%20Up


Posted By: 46&2
Date Posted: 23-May-2008 at 20:41
Originally posted by Cloverstack

booster, еве и јас малку офтопик Big%20smile

Па дај одбележи на google earth screenshot кои булевари се изградени и се градат и каде се наоѓа Туш. За булеварите можеш да отвориш нова нишка во инфраструктура Thumbs%20Up
OK Thumbs%20Up


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Dec-2008 at 11:36
Ископано од www.kultura.gov.mk

1.


2.


3.


4. Од поставувањето на камен темелникот



5.


6.


7.


и уште линк до фајлот
http://www.kultura.gov.mk/documents/veles.pdf - http://www.kultura.gov.mk/documents/veles.pdf


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: shyes
Date Posted: 25-Dec-2008 at 09:19
Супер изгледа, името исто така ми се допаѓа. Но неможам да ја сфатам симболиката на името со театарот. Мислам има потекло од еден Бог Волос. Но не е важно сепак звучи добро.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Dec-2008 at 09:27
Малку офтопик: Велес е еден од главните богови во старословенска митологија! Од истат а Митологија доаѓаат и БабаРога, Караконџула и слични чуда со кои се плашат деца на тромеѓето МК-СР-БГ!
Џинот е оној како се викаше Константинов-Џинов, како ли беше?!

Инаку театров е стварно добар вака на рендер, а можно е и да го видиме реализиран во брзо време знаејѓи го буџетот и насоките на делување на министерството за култура.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 25-Dec-2008 at 09:41
dobar e proektot,ama ne sum znael deka baba roga e od velesBig%20smile


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Jan-2009 at 14:38
Одличен, одличен рендер, и одличен објект!

Thumbs%20Up
BananaCheersCheers
[TUBE]DqCWP9krJjw[/TUBE]


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Jan-2009 at 01:01
Го едитирав овој http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=271&PID=25157#25157 - пост и ги додадов сликите од пдф фајлот од поставувањето на камен темелникот, интересни податоци околу целиот овој објект како и слики од градилиштето.


Cheers

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dejan
Date Posted: 04-Jan-2009 at 02:57
Браво за Велес! Фала за сликите Ла Линеа, едвај чекам да се изгради театарот па да видиме како ке личи во градотSmile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jan-2009 at 21:42
1


2


3


4


5


6


7



Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Jan-2009 at 21:48
Со каква динамика се гради објектов бе! Камен темелникот беше поставен 20 мај 2008 година! И волку сработиле за 11 месеци!? 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jan-2009 at 21:49


Со подобра динамика него скопскиот Dump


Posted By: stiv
Date Posted: 17-Jan-2009 at 00:26
Decki  edno prasanje!!! Neli vo momentov nema firma koja sto gi izveduva rabotiete, mislam deka  ne raboti nikoj intenzivno na ovoj proekt. OhnoSuicide


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jan-2009 at 00:27
Originally posted by stiv

Decki  edno prasanje!!! Neli vo momentov nema firma koja sto gi izveduva rabotiete, mislam deka  ne raboti nikoj intenzivno na ovoj proekt. OhnoSuicide

Како мисли нема фирма?!?! Кој ги извел работите до оваа фаза?!


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Feb-2009 at 02:33

ИНВЕСТИЦИИ ВО КУЛТУРАТА


Во Велес "расте" новиот театар


Театарската зграда е комплицирана како содржина. Проектите мора да се реализираат интерактивно. Но, ние се надеваме дека театарот ќе биде готов до предвидениот рок, вели директорот на Велешкиот театар Витанов


Работите на новиот театар во Велес интензивно се одвиваат. Од поставувањето на камен-темелникот во мај минатата година, досега веќе триесетина отсто од инвестицијата е реализирана. Со изградбата на овој објект, кој се планираше од поодамна, конечно се потврдува дека Велес, градот основоположник на театарската уметност кај нас, заслужува да има соодветен и функционален нов театарски објект. Инаку, оваа инвестициона градба од областа на културата е финансиски планирана за буџетот на Министерството за култура за оваа година. За градежните работи на новата театарска зграда Владата во буџетот испланира три милиони евра, додека според проектот за целосната доизградба ќе бидат потребни уште толку, за кои се очекува исто така дека ќе бидат обезбедени од страна на инвеститорот, односно Владата на Република Македонија.

"Театарската зграда е комплицирана како содржина. Проектите мора да се реализираат интерактивно. Но, ние се надеваме дека театарот ќе биде готов до предвидениот рок. Проектите за сценски технологии се завршени пред еден месец и се дадени на ревизија", изјави за "Вечер" Јордан Витанов, директорот на Народниот театар "Јордан Хаџи Константинов Џинот" од Велес.
Според Витанов, завршени се проектите за светлосниот парк, за сите инсталации, аудио и видео системите, технологијата на сцената. Направен е и проектот за подот кој е комплициран поради платформите кои треба да се подигаат и спуштаат. Потоа ќе следува и тендерската постапка по која ќе треба да се најдат соодветни изведувачи, кои би можеле да работат паралелно со изведувањето на преостанатите градежните работи.

"Проектот за партерно уредување и паркинг просторот е даден на ревизија. Се надеваме дека скоро ќе го тендерираме и дека ќе започнат градежните работи и за овој дел од објектот. Побаравме да се постават соларни системи на зградата кои би биле од големо значење за нас затоа што би придонеле за заштеда на средства при загревањето на објектот. Во моментов се изработува и проектот за внатрешно уредување на театарот", рече Витанов.
Граѓаните на Велес очекуваат дека до крајот на јули или почетокот на август градежните работи ќе бидат целосно завршени, а по завршувањето и на другите работи околу објектот се очекува тој да биде отворен во наредната 2010 година.

(С.А.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9FFEC61ECC7D4E4182B287D7269964E9


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Makedonij
Date Posted: 09-Apr-2009 at 13:32
[QUOTE=lslcrew] Малку офтопик: Велес е еден од главните богови во старословенска митологија! Од истат а Митологија доаѓаат и БабаРога, Караконџула и слични чуда со кои се плашат деца на тромеѓето МК-СР-БГ!
Smile Словенска митологија?

Велес или влез,името е наследено од античкиот град Вилаз ора,које значи влез во гора.Thumbs%20Up


Инаку театарот е супер-ке биде ,ми се чини дека Велес требе повеке да се урбанизира,бидејки е единствен поголем град во централна Македонија.Со вакви проекти можеби и Велес а и околината ке почнат да се шират и да раснат.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2009 at 22:56
1

2

3

4

5

6

7



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jun-2009 at 17:07
Новата зграда на Велешкиот театар готова до крајот на 2010

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети местото на изградба на новата театарска зграда во Велес и на прес-конференција потоа најави дека ако работите продолжат со досегашното темпо, новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе биде готов и пуштен во функција до крајот на 2010 година


Министерката за култура е задоволна од динамиката на досегашната изградба. Првата фаза - карабината односно целосната ѕидарија со термо, хидро и електроинсталации треба да биде готова до крајот на годинава. Владата преку буџетот на Министерството за култура за оваа фаза обезбеди 124 милиони денари.

- Готов е проектот за сценска технологија и механика и се надевам дека за ваков одличен проект на тендер ќе се изнајде и одличен изведувач, истакна Канческа-Милевска.

Иднина година целосно треба да биде оформен и ентереиерот на театарот. Министерката изјави дека Владата ќе обезбеди средства за довршување на градбата и за внатрешното уредување на театарот. Предвидено е за големата сцена во театарот да има околу 380 седишта, а за малата околу 120.

Јордан Витанов, директорот на Народен театар во Велес, е задоволен од текот на работите, со кои театарскиот ансамбл и публиката ќе добијат современ театар каков одамна му е неопходен на Велес.

Витанов информираше дека во сутеренот на театарската зграда во простор од 375 метри квадратни планираат да сместат арт-кино и театар за деца. - Ова ќе биде централно место, не само за театарски претстави туку и за други културни настани, истакна Витанов.

Задоволство искажа и градоначалникот на Велес Горан Петров, кој истакна дека Владата го исполнила ветувањето и навреме обезбедила средства со кои непречено се изведуваат градежните работи на новиот театар.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=27366



www.veles.gov.mk


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2009 at 20:54
1


2


3


4


5



Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Jan-2010 at 01:58

ГОДИНАВА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ НЕКОЛКУ КУЛТУРНИ ОБЈЕКТИ

Ќе се отворат нови музејски и театарски врати

Нови лакирани штици што живот значат, завеси без децениска прашина, гледалиште што ќе мириса на ново, услови за големи и поголеми претстави ќе има во новата зграда на Народниот театар од Велес, „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“, чија изградба се очекува да заврши до јуни годинава. Во групата капитални градби чија изградба треба годинава да заврши се и Музејот на македонската борба, Музејот на жртвите на комунизмот, како и Спомен-домот на Тоше Проески. По градбата во сите објекти ќе почне и внатрешното уредување и опремување со соодветни театарски елементи и музејски постановки, експонати.

Најзагреани за својот нов објект се актерите од велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“, кои со децении работат во својата ладна, стара, дотраена зграда.

- Со нетрпение очекувам да биде завршена новата театарска зграда и да се подигне завесата. Така театарската магија да ги привлече велешани, да биде поблиска до секој жител на градот, кои и досега знаеја да уживаат во театарот. Се надевам дека тие очекувања ќе ги оправдаме - вели Слободанка Чичевска, која 30 години настапува на велешката сцена.

Можност и за опера и балет

Според најавите од раководството на „Ј.Х.-Џинот“, со новата зграда граѓаните на Велес ќе имаат можност и првпат да присуствуваат и на опери и балетски претстави во својот град.

- Новата зграда ќе има одлични и современи технички можности, која дава можност за нов концепт на репертоарската политика. На големата сцена ќе има претстави што досега не сме можеле да ги играме поради техничката ограниченост, така што ќе понудиме класика од домашни и странски автори. На малата сцена ќе го афирмираме камерниот театар, кој нам, актерите, ни е потребен како ментална хигиена. Во план ни е и куклена сцена со репертоар за деца, кој нема да биде инцидентен, туку постојано преку годината би се играле претстави за оваа публика - вели Јордан Витанов, директор на театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“

....


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7576DA594A26554B88FAE2E13F369171


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jan-2010 at 06:28
Од сите фасадни решенија што се свртеа за овој објект, овој последниов највеќе ми се допаќа од предходната вест. Имаше пред то ането на кафеаво, нешто на црвено тмурнно, сепак ова има некоја културна боја, а и оној сивиот дел ми се допаѓа. Сепак со толку разни рендери не се знае додека не се заврши.


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 01-May-2010 at 21:24
01.

02.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-May-2010 at 21:53
Каков е статусов на објектов, се гради, пауза, најава?! Некако го подзаборавивме.


Posted By: Zoc
Date Posted: 03-May-2010 at 20:01
Еве неколку сликички и од мене од 1ви Мај






Posted By: SkyBoy
Date Posted: 06-May-2010 at 00:28

Велес: Забавена изградбата на новиот театар

04 мај 2010, 15:05
Извор: Макфакс
Велес

Градежните работи на новата театарска зграда во Велес се извршуваат намален интензитет. Од време на време може да се види по некој работник како влегува или излегува од објектот.

Во првата фаза на изградбата е  направена  бетонската конструкција, во голем дел се  изработени електричната инсталација, водоводот и канализацијата и термотехничките инсталации. За месец и пол треба да биде завршена и кровната конструкција и фасадата.

„Во тек се подготовки за да се овозможат услови за да влезат други изведувачи. Тоа е еден од најкомплицираните делови, системите за сценски технологии. Тендерот е завршен. Очекуваме кон крај на месецов да се потпише договорот со фирмата која ќе биде избрана. И до крајот на годината да се заврши со монтирањето на сценските технологии односно опремата. Останува после финалната завршна фаза на ентериерно средување и партерно средување“, рече Јордан Витанов, директор на народен театар Ј.Х.К.Џинот.

Новата театарска зграда ќе биде најмодерна со услови за изведба и на оперски и балетски претстави. Ќе има две сцени голема со капацитет од 400 места и мала со 100 места.

„Театарот ќе биде опремен со најсовремена опрема со добри перформанси, потоа светлосниот парк ќе биде од врвни св етски производители и озвучувањето и видео контролата на целиот објект“, рече Витанов.

Трулите штици што живот значат за актерите од велешкиот театар најверојатно ќе треба да издржат уште две театарски сезони, додека конечно ако се исполнат ветувањата и очекувањата, не се дигне завесата на новата театарска сцена.

http://www.makfax.com.mk/106551 - http://www.makfax.com.mk/106551


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-May-2010 at 01:32
1


2


3


4



Posted By: FT
Date Posted: 22-Jun-2010 at 20:12
Originally posted by Makedonij

[QUOTE=lslcrew] Малку офтопик: Велес е еден од главните богови во старословенска митологија! Од истат а Митологија доаѓаат и БабаРога, Караконџула и слични чуда со кои се плашат деца на тромеѓето МК-СР-БГ!
Smile Словенска митологија?

Велес или влез,името е наследено од античкиот град Вилаз ора,које значи влез во гора.Thumbs%20Up


Инаку театарот е супер-ке биде ,ми се чини дека Велес требе повеке да се урбанизира,бидејки е единствен поголем град во централна Македонија.Со вакви проекти можеби и Велес а и околината ке почнат да се шират и да раснат.

da imato porano mu bilo vila zora..a veles bil slovenski bog na stocarstvoto ili taka nekako..


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Jun-2010 at 20:30
Nee baš taka, spored toa šo go vidov, Vilazora e Sveti Nikole spored najnovite istaržuvanja, no ušte nee 100% dali se raboti za Veles ili Sv.Nikole.... 

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 05:00
Некои постари слики од изградбата



























http://www.euro-proekt.com/ - http://www.euro-proekt.com/


Posted By: leonid23
Date Posted: 21-Nov-2010 at 13:15
Uste li ne e zavrsen teatarot ziti se ?
Ne znam sto da bese do sega kje go izgradea!
Znaci kakvi nesposobni opstini ima ...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Nov-2010 at 14:27
Е проектов го финансира министерството за култура, не општина Велес.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 06-Jan-2011 at 19:43
http://commondatastorage.googleapis.com/static.panoramio.com/photos/original/43409523.jpg

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Feb-2011 at 19:37
Запнала работата 

1


2


3



Posted By: N23
Date Posted: 14-Feb-2011 at 00:36
Една и пол година константно шеткам накај Велес и се што е променето е само околината околу него, а речиси невидливи се промените на театаров. Чудно ми е да е проблемот за пари, затоа што сигурно владава ќе успореше некој друг проект за да се изгради овој, затоа што станува збор за капитален објект за Велес.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2011 at 15:47
Подолго време практично тапка во место...

1


2


3



Posted By: leonid23
Date Posted: 15-Aug-2011 at 17:23
Стокатница да беше до сега ќе ја изградеа ...


Posted By: Partizanska
Date Posted: 09-Sep-2011 at 19:35
http://www.youtube.com/embed/qS0pT1OlwCM - http://www.youtube.com/embed/qS0pT1OlwCM "
Анимација на Ј.Х. Џинот


Posted By: gjoko
Date Posted: 04-Jan-2012 at 23:21
Ревизорите открија неправилности во работењето на Министерството за култура


Откако бил избран изведувач за зградата на Филхармонијата проектот постојано се менувал додека пак фирма подизведувач ги извршувала градежните работи на Театарот во Велес наместо фирмата која што го добила тендерот.

Вака гласат само дел од забелешките од страна на државниот ревизорски извештај на сметката на министерството за култура- финансирање на дејностите од областа на културата во текот на 2010-тата.

Ревизорите за театарот во Велес забележале дека тендерот го добила фирма уште во 2008 година за сума од околу 2 милиони евра а потоа таа склучила договор со подизведувач за пола милион евра помала сума.

„Не добивме доказ дека носителот на набавката доставил известување до Министерството за култура за фазите од изградбата кои има намера да ги отстапи на подизведувач, поради што направеното преотстапување на работите не е е во согласност со предвидените услови во Огласот за доделување на договор за јавна набавка. Според објаснувањата од одговорното лице ова известување можно е да било дел од документацијата која е уништена заедно со документацијата за повеќе јавни набавки.“ – се вели во дел од ревизорскиот извештај на ДЗР.

Исто така од страна на ревизорскиот тим се има забелешки околу самата изградба на Филхармонијата и проектот Нобеловци.
Така за сметката финансирање на дејностите од областа на културата ревизорите не изразуваат мислење за реалноста и објективноста на Билансот на состојба но и дали активностите, финансиските трансакции и информации се во согласност со релевантната законска регулатива.
http://sky.mk/makedonija/11518-%D0%A0%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0.html - http://sky.mk/makedonija/11518-%D0%A0%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0.html


Posted By: OCB
Date Posted: 03-Feb-2012 at 00:47


Ова е рендер од оригиналниот проект кој датира од 1998 а е изработен од Моника и Илија Стојчевски.

Видео презентација од новиот проект:

[tube]qS0pT1OlwCM[/tube]

Екстериер и проектна документација

http://ateljeproekting.com.mk/Dzin08.html - http://ateljeproekting.com.mk/Dzin08.html

Ентериер

http://www.ateljeproekting.com.mk/Dzin10.html - http://www.ateljeproekting.com.mk/Dzin10.html

Предвидено е изградбата на театарот да заврши во втората половина од 2012.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 30-Mar-2012 at 08:44

Новиот театар готов следната пролет

Театарот во Велес треба да биде завршен пролетта следната година, ова е последниот рок кој министерството им го даде на изведувачите. Завршени се сите тендерски постапки и процедури за негова изградба. Ладното време изминатите три месеци довело до застој во работите. Фасадата и кровот треба да бидат завршени до крајот мај, по што ќе се работи на партерното уредување и сценската технологија. Досега во изградбата на велешкиот театар државата потроши  3,5 милиони евра.

Ова е капитална инвестиција,  на која Министерството дава посебно значење. Целосно се затворени сите фази во изградбата,  останува на фирмите да ги почитуваат нивните рокови, кои само ги понудија во тендерската документација. Очекувам дека во првиот дел на 2013 година велешките актери ќе имаат соодветни услови за творење и премиерно ќе ја одиграат првата претстава во овој објект. Се трудиме да бидат запазени светските стандарди во изградбата на неговата внатрешност – рече Елизабета Канчевска Милевска министерка за култура во Владата на Република Македонија.

Зградата на новиот театар во Велес ќе има 3.800 метри квадратни површина, со две сали  голема за 368 и мала сцена за стотина гледачи и луксузно фоаје. Тој е дело на архитектите Илија и Моника Стојчевски и Билјана Христова.

Сцената ќе овозможи најнови компјутерски достигнувања за нејзиниот изглед. Брзо ќе се прават измени на декорот,различна сценографија со повеќе сценски слики. На располагање ќе има  моторизирана платформа  и без големо учество на вработени ќе може  секој ден да се прават визуелно различни претстави. Светлото и тонот ќе бидат на највисоко светско ниво рече претставникот на  фирмата Светлост Театар од Белград кои  ја работат сцената. Министерката ја посети и велешката Спомен Костурница, каде што се јавија проблеми поради прокиснувањето на кровот.

Во овој објект е инвестирано многу пати до страна на Министерството за култура. Важно е да се откријат точните проблеми или од каде протекува во внатрешноста, добро е што нема големи оштетувања на мозаикот. Затоа ќе дојде поголем стручен тим каде ќе има  лица до Националниот конзерваторски центар, од Управата за заштита на културното наследство, од министерството за култура, од велешкиот музеј и локалната власт. Има повеќе можности но стручните лица ќе кажат што и како д  се работи. Се разбира нема да биде одминат и Градежниот институт кои работеле на санацијата   - рече министерката Канчевска Милевска. Таа побара од општината Велес да воведе чуварска служба, хортикултурно да го уреди просторот околу споменикот и  да го осветли.


http://tirekovmirece.com



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: N23
Date Posted: 31-Mar-2012 at 13:37

Во недостаток од слободно време да поставам све што сликнав во Велес, сеа само слики од театаров ќе објавам. Срамота е што се изградија во Скопје овој период, а го утепаа од влечење овој театар. Па после имало миграција, епа ќе има...

1.

2.

3.



Posted By: gjoko
Date Posted: 19-Sep-2012 at 19:35
конечно работници на скелињата,можеби ќе се заврши објектот за година-две.кровот е веќе завршен во бакармиако не се гледа најдобро од сликите.

ПС.изгледа овој објект ја плаќа цената што не е во Скопје2014




Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 20-Sep-2012 at 01:11
Иако фронталните столбови носат мал товар од малата купола, можеле за нијанса да бидат со поголем дијаметар, со оглед на висината која ја имаат. Изгледаат малце тенко, иако тоа е разбирливо, бидјќи се 8 на број и сигурно е повеќе од доволен нивниот сегашен дијаметар. Сепак зборам чисто од визуелено-естетска и пропрциска гледна точка. Инаку генерално објектот ми се допаѓа како изгледа и се надевам дека ќе биде завршен во најбрзо време.


Posted By: axel
Date Posted: 10-Jan-2013 at 11:56

ште половина милион евра за театарот во Велес, ќе ги лапне српска фирма

veles

Министерството за култура ќе и плати дополнителни 457 илјади евра на српската фирма Светлост театар за изведување дополнителни, непредвидени работи на театарот во Велес кои не биле вклучени во основниот договор.

Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, фирмата треба да врши инсталација и пуштање во работа на сценската механика. Досега во изградбата на велешкиот театар државата потроши 3,5 милиони евра а истиот треба да биде целосно завршен пролетва.

http://faktor.mk/archives/20733



Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-Feb-2013 at 00:36
Во новиот велешки театар, актерите на сцена во септември!



Тогаш актерите ќе ја започнат подготовката на премиерата за свеченото пуштање во употреба на објектот, кое ќе треба да се случи на крајот на годинава.
По пет години од почетокот и неколку поместувања на крајниот рок за изведба, до септември годинава, ќе биде завршена изградбата на новата театарска зграда во Велес.
Објектот ќе чини околу 10 милиони евра.
Велешкиот и театарот во Скопје свечено ќе бидат предадени во употреба годинава, рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
Министерката, надзорните органи и изведувачите денеска правеа увид во театарскиот објект.
Констатираа дека финишираат работите кои фирмите ги изведуваат во внатрешноста на новиот театар, на малата и големата сцена каде исто така се работи и на усогласување на сценската технологија.
Работници работат и на завршување на фасадата на објектот како и на куполата под која ќе биде поставен мозаик.
„Тој мозаик ќе биде орнаментика извадена од археолошкиот локалитет Стоби кој е значаен за градот Велес. Самиот мозаик е доста убав и мислам дека ќе биде една многу значајна орнаментика која ќе го краси влезниот дел на театарот,“ рече Канчевска Милевска.
Според министерката обезбедени се потребните сретстава за дозавршување на работите во зградата .
Актерите очекуваат во септември да застанат на сцена и да ги почнат подготовките на првата премиера во новиот објект.
Премиерата не е дел од програмата на НУ„Јордан Хаџи Константинов Џинот“ туку ќе биде нов проект за кој дополнително ќе се направи избор. Нова претстава која ќе биде прикажана на свеченото пуштање во употреба на објектот, рече директорот Јордан Витанов.
„ Она што е познато е дека ќе биде работена од комплетна македонска екипа и на македонски текст. Дали него ќе го избереме од стар текст или тоа ќе биде текст по нарачка дополнително ќе одлучиме,“ рече Витанов.
Тој соопшти дека во велешки театар сега се вработуваат пет нови актери, веќе проверени, бидејќи нив досега велешката публика имаше можност да ги види во претставите кои беа прикажани на репертоарот на театарот.
Исто така на платото пред новата театарската зграда ќе биде поставен споменик на Јордан Хаџи Константинов Џинот./Е.Н

http://www.duma.mk/kultura/13-kultura/2137-2013-02-23-14-53-50 - http://www.duma.mk/kultura/13-kultura/2137-2013-02-23-14-53-50

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Dexter26
Date Posted: 24-Feb-2013 at 12:36
http://www.24vesti.mk/noviot-teatar-vo-veles-kje-bide-gotov-do-septemvri - http://www.24vesti.mk/noviot-teatar-vo-veles-kje-bide-gotov-do-septemvri
 

Новиот театар во Велес ќе биде готов до септември

 
23.02.2013 | 15:52
 
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамки на посетата на новиот театар кој се гради во Велес,  денеска најави дека објектот ќе биде готов до септември годинава.
 

 
Таа заедно со својот тим, придружувани од изведувачите на работитите и надзорните органи, денеска направи увид во изведбата на работите на новата театарска зграда во Велес. Министерката заклучи дека динамиката на работите  добро се движи  и годинава, и најави дека ќе бидат свечено пуштени двата нови театри во Македонија, во Скопје, а потоа и во Велес.
 
Театарот во Велес, посочи Канческа-Милевска, ќе биде готов во септември годинава, кога ќе се изврши примопредавањето на зградата на претставниците на театарот од Велес „Јордан Хаџи Константинов-Џинот‘‘. Тие потоа ќе работат месец - два на новата премиера, по што до крајот на годинава со свечена премиера, новата театарска зграда  во Велес свечено ќе биде пуштена во функција, најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
 
- Моментално сите фирми ангажирани на новата театарска зграда  работат на усогласување на сценската техника. Ќе има една мала подвижна сцена со сто седишта и втора со 380 до 400 седишта, а за кои столчињата се веќе нарачани. Важно е што машинството во зградата е завршено со  околу 95 отсто  и сега се е сконцентрирано на изведба на работите во внатрешниот дел на зградата. Фасадата скоро се привршува. Исто така сега се договаравме за изгледот на мозаик на главниот влез на театарот под куполата. Мозаикот ќе биде со орнаментика извадена од Стоби, најави Канчевска Милевска.
 
Таа изјави дека средствата за завршување на работите за новата театарска зграда се целосно обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а за што посебно им се заблагодари на премиерот Никола Груевски, на министерот за финансии Зоран Ставревски и сите надлежни министерства и служби.
 
Колку ќе чини новата театарска зграда во Велес, рече Канческа-Милевска, ќе се знае по целосното завршување на работите. Најави дека јавноста потоа ќе биде информирана за финансиската конструкција на новиот театар во Велес.
 
- Велес заслужува да има еден ваков современ театар бидејќи театарската традиција е долга, а театарскиот ансамбл во Велес е еден од најуспешните во земјава.  Оваа  инвестиција ќе биде значајна не само за граѓаните на Велес, туку и за Македонија, потенцира министерката Канческа-Милевска.
 
Директорот на велешкиот Народен театр, Јордан Витанов изјави дека не се знае со која претстава ќе ја отворат новата театарска зграда, но, посочи дека таа ќе биде со македонски текст, македонски автор и режисер. Тој најави дека во внатрешноста на театарот ќе бидат ставени фотографии на значајни личности кои  работеле и соработувале во велешкиот театар и од бројните награди и признанија. Воедно на платото пред новата театрска зграда ќе биде поставен и споменик на патронатот на театарот, првиот театарски писател и драматург во  Македонија,  Јордан Хаџи Константинов-Џинот.
 
[tube]HBBqXG8RMng[/tube]



Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Apr-2013 at 18:07
од пред неколку денови






Posted By: N23
Date Posted: 02-Sep-2013 at 11:02
Сликано е некаде во мај




-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Feb-2014 at 10:16


duma.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Djole88
Date Posted: 07-Feb-2014 at 01:41
нешто многу се зборуваше за вечерашната премиера во театарот во Велес. Се работи за нова претстава во стар објект или новиот објект бил отворен ?


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Mar-2014 at 17:36


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Bojan10
Date Posted: 18-Mar-2014 at 20:32
Куполата е грда, и не ми се допаѓа бојата на објектот. Ама барем се надевам дека целата е обложена со некој гранит, мермер, камен, па гарантира долговечност на фасадата, а мене така ми се гледа од сликава.
Објектот е најблизу до овој рендер


-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: gjoko
Date Posted: 18-Mar-2014 at 23:50
Идеата е вероватно од Бундестагот


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Mar-2014 at 20:29
Еве го театаров и од други агли...





-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Mar-2014 at 21:19
мене ми се допаѓа, многу повкусно отколку тоа што се случува во Скопје во моментов... има форма на некаков постмодернизам... куполата е таму за да разбие монотонија и да додаде на грандиозност на влезот, ништо страшно


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Bojan10
Date Posted: 25-Mar-2014 at 17:28
Да не е куполата, би помислил дека е локален/селски млин...


-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Mar-2014 at 19:42
Originally posted by Bojan10

Да не е куполата, би помислил дека е локален/селски млин...
ајде ајде, зарем повторно ќе се враќаме на логиката дека се што нема купола е фабрика?
зарем не е доволна мермерната/стаклена фасада на делови повлечена позади столбови


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: bob39
Date Posted: 28-Mar-2014 at 20:15
Прекрасно изгледа театарот! Камо и во Скопје она чудоно да беше вакво...

-------------
Трговски центри= убиство на Скопје


Posted By: Bojan10
Date Posted: 29-Mar-2014 at 01:44
Originally posted by zabegan


Originally posted by Bojan10

Да не е куполата, би помислил дека е локален/селски млин...
ајде ајде, зарем повторно ќе се враќаме на логиката дека се што нема купола е фабрика?зарем не е доволна мермерната/стаклена фасада на делови повлечена позади столбови


Батали бе забеган, сакав да се пошегувам. Ама стварно на последната слика ми заличи на млин, а таква стреа со столбови има и на млиновите, тука се вагите и приемот на жито
А куполата не ми се допаѓа, можеле и поинакава да стават.

Ма, со здравје нека си го користат, важно на суво се сега.

Ќе речам уште еднаш, театарот не е зградата, театарот се актерите, у шупа да играат добри актери, ќе направат претстава и ќе биде гледана.

-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Apr-2014 at 10:08


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-May-2014 at 12:39




-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Jun-2014 at 17:11
МРТ ексклузивно во новата зграда на Народниот театар во Велес

Големата и малата сцена како и помошните простории веќе се готови. Се бројат деновите кога ќе започне поставувањето на ентериерот...



http://mrt.com.mk/node/10171 - http://mrt.com.mk/node/10171


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Jun-2014 at 14:46
На линкот ќе најдете фотографии од внатрешноста на театарот, извадени од видеото на МРТВ...

http://lisica.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=6929:2014-06-04-19-34-50&catid=80:veles&Itemid=465 - http://lisica.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=6929:2014-06-04-19-34-50&catid=80:veles&Itemid=465



-------------
За сè има вторпат


Posted By: ciseaux
Date Posted: 22-Jun-2014 at 19:11
Dechki na ovoj fb profil https://www.facebook.com/velesmakedonija?fref=photo ima sliki od vnatreshnosta na noviot teatar vo Veles. Ne me biva za postiranje voopshto i neznam kako, pa ako moze nekoj neka go stori toa


Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Jun-2014 at 21:34
ај некој нека ги постави сликите,пошто има некои луѓе кои немаат ФБ профил



Posted By: daci92
Date Posted: 23-Jun-2014 at 11:39
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xfp1/t1.0-9/q71/s720x720/10450455_472300272914435_2782110679715379807_n.jpg

Бидејќи вторава не ја отвора овде како слика еве линк:
https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xap1/v/t1.0-9/q71/s720x720/10349137_472300266247769_8581389842978107094_n.jpg?oh=ccd39317676d1f966941c52524bb36c4&oe=54111F07&__gda__=1412018326_317dd3b2fdc94fdb3f2d3ee2af5fcfb2 - https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xap1/v/t1.0-9/q71/s720x720/10349137_472300266247769_8581389842978107094_n.jpg?oh=ccd39317676d1f966941c52524bb36c4&oe=54111F07&__gda__=1412018326_317dd3b2fdc94fdb3f2d3ee2af5fcfb2

https://fbcdn-sphotos-d-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpa1/t1.0-9/q71/s720x720/10473609_472300262914436_1450961579870708013_n.jpg

https://scontent-b-fra.xx.fbcdn.net/hphotos-xfp1/t1.0-9/q71/s720x720/10468104_472300259581103_5293132464074402612_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xap1/t1.0-9/q82/s720x720/1623478_472300256247770_3200001333649067932_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xaf1/t1.0-9/q71/s720x720/10449903_472300252914437_4605855418289479627_n.jpg

Мислам дека се толку ,бидејќи неможев да одам уште надоле и да ги барам другите


Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Jun-2014 at 22:47



Ексклузивно: Примопредавање на велешкиот театар во четврток!


Современиот театар е изграден на површина од 3.543 метри квадратни, а располага со голема и мала сцена. Гледалиштето на големата сцена има капацитет од 370 гледачи, а малата сцена е флексибилно изработена, па капацитетот може да биде од 50 до 110 гледачи



ВЕЧЕР дознава дека новиот објект на велешкиот театар ќе се примопредаде во четврток! Современиот театар е изграден на површина од 3.543 метри квадратни, а располага со голема и мала сцена. Гледалиштето на големата сцена има капацитет од 370 гледачи, а малата сцена е флексибилно изработена, па капацитетот може да биде од 50 до 110 гледачи. Има дел за посетители, дел за изведувачи, дел за технички служби и други технолошки простори, како и дел за администрација.



Од самото формирање на театарот во Велес во 1949 година до неговото затворање во 1968 и неговото повторно функционирање во периодот од 1986 година до 1999 не беше направена никаква интервенција за подобрување на условите за работа на уметниците. Тие работеа во речиси руиниран објект со никакви техничко-технолошки перформанси. Согледувајќи ја потребата од нов објект изграден според сите светски стандарди, Владата на РМ во 2007 донесе и одлука за изградба на нов театар во кој уметниците ќе можат непречено да создаваат богата продукција во која ќе уживаат граѓаните од целата држава. Новиот театар во Велес ќе значи продолжување на континуитетот и подигнување на стандардите на театарската дејност во Велес, но овојпат во еден репрезентативен театарски објект, со простор кој ги задоволува светските стандарди, но и сценски простори со современи технолошки системи во кои ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметнички дејности со високи технички перформанси", велат од Министерството за култура.

Инаку, историјатот на театарот "Јордан Хаџи Константинов Џинот" заокружува период од 66 години театарска дејност во Велес, а првите нишки беа повлечени уште во 1874 година. Велес е и градот на првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот музеј, првиот театар и на првото музичко училиште во Македонија. (Де.Т.)



Најсовремена сцена
Театарот располага со сцена од најсовремен вид, а опремата и уредите кои се вградени во неа се од врвни светски водечки производители. Најголемиот дел од опремата е од фирмите "Гала" од Канада и "Ленце" од Австрија. Има три оркестарски платформи и осум сценски платформи. За сценското осветлување и за аудио и видеосистемите е вградена опрема и уреди од врвни светски производители како што се "Филипс стренд лајт", "Селекон", "Џибиел", "Саундкрафт", "Сони"...






Ќе може да гостува која било продукција
Квалитетот и квантитетот на опремата од системите за сценско осветлување аудио и видео кои се вградени во објектот го издигаат ефектот и квалитетот на сцената во ранг на најсовремените театри во Европа и светот. Со тоа ќе се овозможи во Велес и на оваа сцена да гостуваат сценски постановки од која било продукција", велат од Министерството.

Изградба на Драмски, Турски, Албански, Центар...
Со изградбата на овој репрезентативен театарски објект, Владата на Република Македонија и Министерството за култура интензивно ја остваруваат својата амбициозна театарска програма за изградба на нови капитални објекти кои ги ветивме пред граѓаните", велат од Министерството за култура, додавајќи дека моментално во тек се изведувачките постапки на изградба на новиот Турски театар во Скопје и на реконструкциите на Албанскиот театар и на театарот во Струмица. Целосно е завршена и документацијата за изградба на уште два скопски театри: Драмскиот театар и некогашниот Театар Центар. Во тек е постапката за изградба на објектот Театар и библиотека во Тетово.

http://www.vecer.mk/?ItemID=B259241735E8654389DFDCD36D55A304 - http://www.vecer.mk/?ItemID=B259241735E8654389DFDCD36D55A304


Posted By: gjoko
Date Posted: 24-Jun-2014 at 21:33
од денес:

https://flic.kr/p/nNPxzo"> https://flic.kr/p/nNPxzo - IMAG0031 by https://www.flickr.com/people// - , on Flickr[/IMG]
https://flic.kr/p/o6iVXe"> https://flic.kr/p/o6iVXe - IMAG0032 by https://www.flickr.com/people// - , on Flickr
https://flic.kr/p/nNQgHv"> https://flic.kr/p/nNQgHv - IMAG0033 by ">, on Flickr
https://flic.kr/p/nNPvec"> https://flic.kr/p/nNPvec - IMAG0034 by https://www.flickr.com/people// - , on Flickr


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jun-2014 at 16:03






МИА.мк

-------------
За сè има вторпат


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Jun-2014 at 09:39
Бравос за дрес кодот на гостите! Да дојдевте по влечки и пижами на отварањето ако не.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: jyvation
Date Posted: 01-Jul-2014 at 22:42





извор:Општина Велес


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Jul-2014 at 13:55
Хортикултурно уредување околу новата зграда на Велешкиот Театар.








извор:Ј.К.П Дервен Велес


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Jul-2014 at 14:02
Убаво.
Сепак мора да се заклучи дека уште не се најде јунак да измисли замена за онаа стандардна, досадна и секаде употребуваната сива бекатон плочка која секогаш ама секогаш ми го уништува добриот впечаток.
Ако е така јас мислам дека редно е да се стави на грбот на Република Македонија на местото кај што беше петокраката.
Не стварно 10 милиони евра театар а плочникот пред влезот со најевтина и најмизерна бекатон плочка.


Posted By: jyvation
Date Posted: 02-Aug-2014 at 22:51


Posted By: jyvation
Date Posted: 07-Aug-2014 at 14:11


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Aug-2014 at 11:50












Vane Mihajlovski

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 19-Aug-2014 at 17:10


Posted By: Dexter26
Date Posted: 05-Sep-2014 at 17:33
На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавен и видео клип поврзан со конкретната статија.
 
http://www.sitel.com.mk/dramskiot-tekst-najvazhnata-rabota-na-svetot-kje-go-otvori-noviot-veleshki-teatar-0 - http://www.sitel.com.mk/dramskiot-tekst-najvazhnata-rabota-na-svetot-kje-go-otvori-noviot-veleshki-teatar-0
 

Драмскиот текст “Најважната работа на светот“ ќе го отвори новиот велешки театар

 
05. септември 2014
 
Драмскиот текст „Најважната работа на светот“ ќе го отвори новиот велешки театар.
 
Комисијата за избор одлучи текстот на Братислав Димитров напишан во жанрот комедија да го означи стартот на театарската уметност во новата зграда.
 
Изборот на Димитров и неговиот драмски текст, “Најважната работа на светот“, е направен во конкуренција од 30 пристигнати текстови.
 
Како најдобар, тој ќе добие награда од 500 илјади денари.
 
Во тек е избор на режисер кој драмскиот текст ќе го постави на новата сцена.
 
Премиерата на претствата е предвидена за во ноември.
 
Зоран Јаневски



Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Oct-2014 at 22:24
Нормално, Велешкиот театар не само што не е отворен, туку мебелот и останатите работи сеуште спакувани си седат во холот од зградата!









Posted By: jyvation
Date Posted: 29-Mar-2015 at 23:43


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Feb-2021 at 14:28
ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР ПАК ПРОКИСНУВА ПОСЛЕ ДОЖД, ОБЈЕКТОТ 7 ГОДИНИ НЕМА ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ



Повторно прокиснува во зградата на Велешкиот театар. Протекува во фоајето како и во помошните простории. Дождовите од изминатиот период придонесоа водата да протече во внатрешноста на новата театарска зграда, слично како што се случи во мај 2018.

Сашо Димоски, в. д. директор на Театарот, ја потврди ваквата состојба и кажа дека преземаат мерки за санирање.

„Известено е Министерството за култура. Претходно кога протекувало, преземени биле одредени мерки, поради тоа сега е стеснет просторот каде се случува и не е драматично. Се работи на санирање на оштетувањата“ , кажа Димоски.

На прашањето дали во меѓувреме е извршен технички прием на новата зграда на Велешкиот театар, за реагираше Државниот завод за ревизија уште летото 2018, Димоски кратко ни одговори: „Сѐ уште не“.

„Користење на објектите без технички преглед не е во согласност со одредбите од член 87 од Законот за градење каде е утврдено дека градбата ќе се стави во употреба по извештајот од технички инженери, за да не се изложат на безбедносен ризик субјектите кои го користат објектот“, пишува Ревизорот во извештајот од 2018.

Новата театарска зграда во Велес започна да се гради во 2008, се отвори два пати во 2014 на 26 јуни кога се изврши примопредавање и на 20 декември 2014 кога се одигра и првата претстава. Театарот има две сали, големата е со капацитет од 370 седишта, додека малата од 120.

Првата претстава која се изведе на сцената од новиот театар беше „Најважната работа на светот“ работена по текст на Братислав Димитров, а во режија на ЉубишаГеоргиевски. Таа се одигра само три пати.

%20 - https://sdk.mk/index.php/kultura/veleshkiot-teatar-pak-prokisnuva-posle-dozhd-objektot-7-godini-nema-tehnichki-priem/


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Feb-2021 at 18:22
















http://www.ateljeproekting.mk/portfolio/teatar-dzinot-veles/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Nov-2021 at 17:57
НЕМА ПРЕТСТАВИ ВО ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР ОТИ СЕ ДОВРШУВА ИЗГРАДБАТА, ИАКО РАБОТИ СЕДУМ ГОДИНИ



Не се изведуваат претстави на сцената на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Периодов Велешкиот театар гостува во други градови, но нема репертоар на матичната сцена. Од Велешкиот театар нема одговор на прашањата зошто нема претстави, но од Министерството за култура велат дека во тек се градежни работи за да се заврши изградбата на објектот.

„Согласно предвиденото во Годишната програма за инвестиции за 2021, се изведуваат завршни работи од изградбата на објектот за театарот во Велес. Овие работи опфаќаат одредени испитувања, завршни изведбени работи и одредени санации на настанати оштетувања во внатрешноста и надворешноста на објектот. Поточно, се вршат испитувања на електричната инсталација како и на автоматски дизел агрегат. Се испитуваат и сервисираат инсталациите за дојава на пожар, се испитува водоводната мрежа, се монтираат подземни пожарни хидранти, се изведуваат завршни работи на внатрешен водовоод и испитување на внатрешен водовод“, ни рекоа од кабиенетот на министерката за култура Ирена Стефоска.

Освен ова се вршат и лимарски работи, санација на покривни бакарни олуци, гипс-картонски и молерофарбарски работи. Според предвиденото во договорот, градежните работи кои се во тек треба да се завршат до крајот на месецов.

Државниот завод за ревизија во 2018 уврди дека Велешкиот театар работи иако нема технички прием. Во писмените забелешки објавени тогаш, меѓудругото пишува дека „За објектот ‘Театар Велес’ во Велес не е извршен технички преглед, извршен е само интерен технички преглед по фази на ден 02.06.2015 година со кој се констатирани повеќе забелешки и недовршени позиции. И покрај тоа, театарот е пуштен е во употреба во јуни 2014 година, а на истиот сѐ уште се звршуваат градежни работи“.

Министерството во одговорот за тековните активности појаснува дека цел е „завршување на изградбата на театарот“.

https://sdk.mk/index.php/kultura/nema-pretstavi-vo-veleshki-teatar-oti-se-dovrshuva-izgradbata-iako-raboti-sedum-godini/ - https://sdk.mk/index.php/kultura/nema-pretstavi-vo-veleshki-teatar-oti-se-dovrshuva-izgradbata-iako-raboti-sedum-godini/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Mar-2022 at 12:17
ЗАВРШЕНА САНАЦИЈАТА НА ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР КОЈ 6 ГОДИНИ РАБОТЕШЕ БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ

Повеќе од половина година не се играат претстави на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, зашто се извршуваат градежни зафати со кои се санираат констатираните недостатоци за да се изврши технички прием на објектот. Објектот примаше публика и се изведуваа претстави, иако шест години немаше технички прим. Министерството за култура најави дека санацијата ќе заврши до крајот на ноември лани, овој рок одамна помина, а сцената на театарот и натаму е празна.

„Градежните работи на објектот се завршени. Во тек е постапка за технички преглед, обезбедување на употребна дозвола и упис во јавната книга на недвижности од страна на надлежните органи. По завршувањето на овие процедури објектот ќе биде подготвен за употреба“, одговорија од Министерството за култура, на поставеното прашање зошто се пробиени роковите за санација кои сами си го дадоа.

Во меѓувреме, се работеше на завршни изведбени работи и одредени санации на настанати оштетувања во внатрешноста и надворешноста на објектот. Листата на работите е подолга. Се испитуваше електричната инсталација како и на автоматски дизел агрегат. Се испитуваа и сервисираа инсталациите за дојава на пожар, се испитуваше водоводната мрежа, се монтираа подземни пожарни хидранти, се изведуваа завршни работи на внатрешен водовод. Освен тоа се вршеа и лимарски работи, санација на покривни бакарни олуци, гипскартонски и молерофарбарски работи.

Последната претстава на сцената на велешкиот театар беше изведена на почетокот од август, лани во рамките на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Есента, во два наврати велешките актери гостуваа во Прилеп и Скопје и потоа сцената замре.

Државниот завод за ревизија во 2018 констатираше дека велешкиот театар работи иако нема технички прием. Во писмените забелешки објавени тогаш, меѓу другото пишува дека „За објектот Театар Велес во Велес не е извршен технички преглед, извршен е само интерен технички преглед по фази на ден 02.06.2015 година со кој се констатирани повеќе забелешки и недовршени позиции. И покрај тоа, театарот е пуштен е во употреба во јуни 2014 година, а на истиот сè уште се извршуваат градежни работи“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zavrshena-sanatsijata-na-veleshki-teatar-koj-6-godini-raboteshe-bez-tehnichki-priem/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zavrshena-sanatsijata-na-veleshki-teatar-koj-6-godini-raboteshe-bez-tehnichki-priem/

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window