Print Page | Close Window

Урбани животни

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=284
Printed Date: 16-Apr-2024 at 04:52


Topic: Урбани животни
Posted By: Cloverstack
Subject: Урбани животни
Date Posted: 10-May-2008 at 08:00
За кучињата скитници постои http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=217 - посебна нишка



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 12-May-2008 at 10:59
1 Коњ на Илинденска

2

3




Posted By: vardar
Date Posted: 13-May-2008 at 00:43
LOL LOL LOL
Коњот барем се движи во правилниот правец....за разлика од некои возачи низ скопје Big%20smile


Posted By: dejan
Date Posted: 13-May-2008 at 08:03
Originally posted by vardar

LOL LOL LOL
Коњот барем се движи во правилниот правец....за разлика од некои возачи низ скопје Big%20smile

hahahaBig%20smileLOL


Posted By: beTon
Date Posted: 19-Aug-2008 at 00:10

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=76A8B726721DDF46B310BE51A51357C5 - За полицијата, чувањето петел во урбана средина се третира како милениче - Утрински - 29.04.2008


Законот за комунални дејности не дозволува чување живина и добиток во град

Во урбаните делови на Скопје се' уште се чуваат коњи, кози, кокошки. Може и да не им е по волја на соседите кога наутро наместо мобилен телефон, ги будат петли, но нивните сопственици не се грижат многу за тоа. Една граѓанка од Дебар Маало пријавила во полиција дека постојано ги вознемирува кукурикање на петел, но оттаму и' било речено дека ако нејзините соседи имаат еден петел, тогаш тој има третман на домашно милениче и тука не може да се интервенира, а доколку има повеќе петли или кокошки, сеедно, тогаш ќе бидат убиени. Зошто две кучиња може да бидат третирани како домашни миленици, а два петла не - никој не знае да одговори.

И Јулијана Атанасова од населбата Лисиче има проблеми со својот сосед, кој според неа има фарма со 14 коњи и петнаесетина кокошки што шетаат низ дворот. Таа вели дека од непријатната миризба не може да го користи сопствениот двор, не може да отвори врата или прозор, а штом се затопли, нема мир ниту од инсектите. Потенцирајќи дека соседот за занимава и со продажба на коњите, Атанасова за решавање на проблемот се обратила во Општина Аеродром, „Комунална хигиена“, Градот и во Министерството за екологија. Но, решение нема од никаде. Сопственикот на земјиштето на кое се наоѓаат животните Цветан Димишковски, пак, појаснува дека не станува збор за фарма, туку за штала што ја изнајмува, а за која има одобрение уште од поранешната Општина Кисела Вода. Вели дека коњите не се негови, туку на неговиот помошник Дилавер Абди има само два коња, додека кокошките биле на соседите. Тој одгледува зеленчук и произведува расад и вели дека коњите му се потребни оти уште од прадедо неговото семејство се занимавало со земјоделство. Признава дека неодамна го посетиле градските инспектори и побарале да ги отстрани животните.

Од Градот велат дека според Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Скопје, не е дозволено да се чува ситен и крупен добиток во урбана средина. А, токму овој дел во населбата Лисиче урбанистички припаѓа на Општина Аеродром.

„Комуналните инспектори имаат право да бараат отстранување на животните во урбана средина, а можат да постапат и по вториот прекршок - загадување на животната средина. Тие треба веднаш да донесат решение за одреден рок животните да бидат отстранети. Судската казна за ваков вид прекршок изнесува од 10.000 до 35.000 денари“, вели Александар Бошковиќ, комунален инспектор во Градот.

Во Министерството за животна средина велат дека се ненадлежни и упатуваат на Државниот ветеринарен инспекторат. Оттаму, пак, појаснуваат дека дури и да се работи за пријава дека му пречи кучето што го чува соседот во зградата, нивните ингеренции се само да проверат дали е тоа здраво и вакцинирано, а ваквите случаи се во надлежност на Комуналната инспекција.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=76A8B726721DDF46B310BE51A51357C5 - Утрински - Снежана Калабакова - 29.04.2008

ќе Ги избрка  ли  новиот закон Коњите од центарот на Скопје 

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=E5691143296B564DA5D514D18685B093&arc=1 - Казни од 50 евра за градските каубои

Проблем се и запрегите, кои најчесто се превозно средство за собирачите на отпад


Запрежните коли со коњи претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот

Казна од 50 евра е предвидена за напасување добиток на јавна површина, според новиот Закон за јавната чистота. Иако и досега со Законот за комуналните дејности се забрануваше чување ситни и крупни животни во урбана средина, одредбата не се почитуваше. Коњи слободно шетаа и во строгиот центар на Скопје, а најчесто се „укотвуваа“ кај Транспортниот центар. Имаше и случаи кога напаѓаа и луѓе. Причината за досега нерешениот проблем, според градските комунални инспектори, е тоа што Законот за комуналните дејности не предвидел казнени одредби за добиток во градски средини. Од надлежноста за разрешување на овој проблем се оградуваа и Градот и јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

- Пред четири до пет години презедовме акција за собирање на коњите од јавните површини. Коњите се носеа во Зоолошката градина, но сопствениците веднаш дојдоа по нив, со тоа што платија по 800 денари за престој на коњите и плус трошоците за акцијата што беше спроведена со асистенција на полицијата - истакна Љубе Стојковски, раководител на Одделението за комунална инспекција во Градот. Од Одделението за односи со јавноста велат дека Градот Скопје треба да донесе новаа одлука за јавната чистота, која треба да ја усогласи со истоимениот закон, со која ќе го утврди начинот на кој ќе бидат одземани коњите оставени на јавна површина и како тие ќе се носат и ќе се чуваат во посебни боксови. Треба да се определи и колку ќе изнесува казната што треба да ја плати сопственикот доколку сака да си го земе коњот, како и да се реши што ќе се прави со животните што во одреден временски рок нема да бидат земени од сопствениците. Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се децидни дека немаат никаква надлежност околу коњите, освен околу отстранувањето на пцовисаните животни.

- Во минатата недела граѓани бараа од нас да тргнеме мрша на мртов коњ. Нашата надлежност е да се собираат мршите од животните во градот, кои потоа се носат во санитарни гробници на Ветеринарската управа. Меѓутоа, имаме проблем кога се работи за коњ, бидејќи е големо животно. Немаме механизација со која би можеле да го кренеме. Се трудиме, иако не е наша обврска, и тоа да го решиме - вели Југослава Поленак од ЈП „Комунална хигиена“.

Полицијата во вакви случаи се справува на тој начин што против сопственикот на добитокот што слободно шета на јавни површини поднесува прекршочна пријава за пуштање животно без надзор.

- Во овој случај се соочуваме со проблем на утврдување на сопственикот на животното, бидејќи честопати тие се пуштени сами. Ние не сме надлежни за згрижување на добитокот од јавните површини. Тоа го правиме во соработка со локалната самоуправа - потенцира Борче Пешевски, портпарол во МВР. Посебен проблем, пак, претставуваат запрежни коли со коњи, што слободно се движат по улиците на градот и претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот. Често се и причина за сообраќајни незгоди, иако движењето на запрежни коли во градското подрачје е забрането со закон.

Од Градот велат дека не се надлежни да санкционираат учесник во сообраќај што не ја почитува поставената сообраќајна сигнализација, туку дека тоа е исклучителна надлежност на полицијата. Единствена надлежност на Градот, според Законот за Градот Скопје, е поставувањето сообраќајни знаци. Градските власти потенцираат дека на влезот во Скопје, како и на повеќе магистрални и собирни улици, се поставени сообраќајни знаци со кои се информираат граѓаните дека движењето со запрежни коли е забрането.

Од МВР велат дека тие ги отстрануваат запрежните возила од сообраќајот и дека казната за нивното учество во сообраќајот и за нивното движење низ градот се движи од 25 до 45 евра, во зависност од тоа каде е затечено запрежното возило (на тротоар, во сообраќај или на други недозволени места).

- Проблем е тоа што во поголем број случаи тие се управувани од малолетни лица, па тешко ги пронаоѓаме нивните родители - објаснува Пешевски. Според портпаролот во „Комунална хигиена“, Поленак, запрегите во Скопје се последица, а не причина на проблемот.

- Проблемот е во непостоење систем на селекција на отпад и на третирање на рециклирање на територијата на цела Македонија. Се' додека не се најде комплетно решение на овој проблем, ќе постојат дивите собирачи на ПЕТ-амбалажата (пластични шишиња) и на друг отпад, а запрежните коњски коли ќе бидат нивно средство за транспорт и начин за обезбедување егзистенција - заклучи Поленак.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=E5691143296B564DA5D514D18685B093&arc=1 - Дневник - Анела Петрова -  25.09.2008




Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Oct-2008 at 23:42

Гулабите им вгнездија немир на скопјани

Од Ветеринарскиот факултет советуваат да се внимава со дивите птици, оти се можни зарази


Треба да се преземат мерки за да се контролира размножувањето на птиците, велат стручњаците

Диви гулаби се гнездат по терасите и таваните на зградите во повеќе скопски населби и им задаваат главоболка и нервоза на скопјани. Граѓани од Аеродром, од централното градско подрачје, од зградите кај пазарчето Буњаковец и од Карпош 4 се жалат дека стотици птици им создаваат несоница и им ги валкаат балконите со изметот што, според стручњаците, може да биде штетен и по здравјето на човекот.

Ана Стојанова од населбата Карпош 4 вели дека почнала да зема таблети за смирување за да може да заспие зашто под нејзиниот прозор цела ноќ гулабите се „забавуваат“. Нејзините соседи ја заградиле терасата со метална жица.

- Кога отворам прозорец, однадвор доаѓа неподнослива миризба. Се обидував на разни начини да се ослободам од нив, ставав тропалки, кеси, хартии, направив и страшило, но нив секоја година ги има се' повеќе. На терасата не можам да излезам. Колку и да ја чистам, птиците за една ноќ ја испоганат. Се плашам да не се заразам од некоја болест, зашто ова се диви гулаби. Никој не води грижа колку ги има, со што се хранат и дали се здрави. Ако постои некоја надлежна институција за нив, веднаш би ја повикала, не прашувам за пари - се жали Стојанова. Тодор Ивановски, експерт за птици, вели дека е точно оти дивите гулаби се намножиле во Скопје и дека им задаваат проблеми на граѓаните.

- Веќе неколку месеци сум пензионер, но целиот работен век во Природонаучниот музеј го посветив на истражување на птиците. Професионално и приватно сум засегнат со проблемот и енормното размножување на дивите гулаби. Точно е дека ги има многу. Тие се размножуваат до три пати во годината и вообичаено имаат по две пилиња во гнездото - вели тој.

Ивановски дополни дека во светот постојат неколку начини на заштита. Гулабите се хранат со специјална храна која содржи едно хемиско средство што не дозволува размножување, а е безбедно за животот и здравјето на гулабите.

- Некои приклучуваат жици со струја од мал напон за да ги одбијат гулабите. Во некои европски градови во кои ги има многу, како во Рим, на пример, граѓаните ставаат зашилени метални огради. Како и да е, треба да се преземат мерки за да се контролира размножувањето на птиците - вели Ивановски.Од Факултетот за ветерина велат дека мора да се спроведе акција и да се утврди вистинската состојба со бројот на гулабите.Александар Цветковиќ, асистент на Катедрата за биологија , патологија на риби, пчели и дивеч, вели дека нема место за паника, ниту, пак, треба да се спроведуваат радикални мерки. Тој ги предупредува граѓаните, сепак, да внимаваат кога се во допир со гулабите зашто станува збор за диви птици.

- Од искуството на другите метрополи, најдобро решение е контрацепцијата, за контрола на размножувањето. Со додавање препарати во храната што ќе им се остава во посебни хранилишта, ќе се намали бројот на гулабите. Луѓето треба да внимаваат кога го чистат изметот зашто без ракавици може да се заразат. За да се намали ризикот од зарази, ѓубрето во градот мора да биде затворено во контејнер, а луѓето да се одвикнат од хранењето на гулабите. Со организирана акција на здруженијата за заштита на животните и на локалните власти може да им се помогне и на луѓето и на гулабите - вели Цветковиќ.

ИНФО -Големи и бучни љубовџии

Латинското име на градскиот гулаб е Columbia livia. Се храни со семки, билки, но и со друга храна на која ќе наиде, освен месо. Над Скопје летаат во неколку јата од по стотина гулаби. Живеат исклучиво во двојки и се мирољубиви. Експертите велат дека куриозитет за овие птици е што мажјаците се големи и бучни љубовџии.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2DDDE0EA4132C04C84B898AC1FC312C8




Posted By: medo
Date Posted: 10-Oct-2008 at 07:57
Каде е сега законот за чистота?
По улициве одамна е див запад, што сака се шета. Приметив дека веќе и мачките не реагираат кога ќе им се доближиш до контејнер. Порано бегаа уште на 10 метри, а сега мирно дремат кога фрлаш ѓубре, па дури и гледаат што фрлаш, демек кај нив дома.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 11:24
УЛИЦИТЕ ВО АЕРОДРОМ ОПАСНИ
Внимавај, коњ !
Градските комунални инспектори не можеле да казнуваат зашто во Законот не било прецизирано што да му прават на коњот откако ќе го отстранат од јавна површина


По булеварите во Аеродром се шетаат коњи. Се случува тие одеднаш да излетаат на коловозот, па возачите нагло кочат, свират, вртат во спротивна насока и што ли уште не за да не удрат во животните. За нивно отстранување никој не се ангажира. Никој не презема мерки да ги отстрани, дури ни по неколкуте инциденти во март годинава, кога коњ гризна девојка за глава, а друг, пак, скрши рака на мајка која одвај го одбрани бебето од неговите заби. Мерки не презедоа ниту Градот ниту Општината, а нема резултати ниту, пак, од работата на полицијата која може да ги казни луѓето што ги чуваат коњите среде град.
Жителите на Аеродром се жалат дека коњи се појавуваат на речиси секоја зелена површина во нивната општина и оти непречено пасат и во булеварското зеленило и на останатите сообраќајници.
"Ако не се на булевар АСНОМ, тогаш се на Јане Сандански или, пак, под Железничка, буквално ги има секаде и вака е со години. Ниту некој ги казнува газдите што ги пуштаат слободно да шетаат по улица ниту, пак, животните ги тргаат од тука. Се чека некој да загине, па овој проблем сериозно да се сфати", велат жителите на Аеродром.
Од Градот велат дека нивната комунална инспекција прави напори, врз основа на Законот за јавната чистота, да забрани напасување на животни, да ги најде сопствениците и да ги казни, но проблем им било што да прават со коњот откако ќе го отстранат од јавната површина, бидејќи во законите не било прецизно одредено како да ги третираат. Тоа допрва ќе го решат со Министерството за транспорт и врски, и ќе го до прецизираат законите. Токму поради недореченоста во Законот, од Градот велат дека досега и нема казнети за чување и напасување коњи. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158300&idg=8&idb=2499&rubrika=Skopje




Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Oct-2008 at 22:11
Скопјани се шетаат по улица како на корзо


Од почетокот на годинава па до крајот на минатиот месец, 190 скопјани се казнети за неправилно преминување на улица. И покрај казната од 35 евра за поминување на црвено светло и 25 за преминување надвор од пешачкиот премин, скопјани се шетаат по улица како по корзо


Од почетокот на годинава па до крајот на минатиот месец, 190 скопјани се казнети за неправилно преминување на улица. Надлежните во СВР велат дека најчесто се преминува или среде коловозот или на црвено светло, при што речиси воопшто не се почитуваат сообраќајните знаци, семафорската сигнализација, ниту пак се води сметка за тоа дека постојат означени премини за поминување преку улица. И покрај казната од 35 евра за поминување на црвено светло и 25 евра за преминување надвор од пешачкиот премин, скопјани се шетаат по улица како по корзо.

-Пешаците и велосипедистите се една од најмасовните категории на учесници во сообраќајот кои воедно се и најнедисциплинирани. Колку и да имаме успех кај дисциплинирање на возачите, со пешаците сеуште имаме проблем. Кај нас дури е чудно кога ќе видите некој да оди 50 метри за да помине на пешачки. Сигурно не се сеќавате кога последен пат сте виделе ако нема автомобили некој да чека да се запали зелено светло. Тоа мора да се смени бидејќи им даваме лош пример на децата. Затоа и Советот за безбедност во сообраќајот ќе започне со масовна акција за подигање на свеста и сообраќајната култура на пешаците, а ќе го подигнеме и нивото на едукација на граѓаните и на казнените мерки, вели Тоше Јанев, портпарол на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Според Јанев, во соработка со сообраќајната полиција во наредниот период ќе се делува и превентивно односно на пешаците ќе им се делат едукативни летоци. Ќе бидат подготвени плакати и летоци за пешаци. ќе се спроведува во соработка со сообраќајната полиција кои прво ќе делуваат превентивно преку делење на едукативни летоци. Целта, велат надлежните, е да се доведеме во склад со она ниво кое што е постигнато во Европа.
Републичкиот совет за безбедност започна и со поставување на 40 звучни сигнали за крстосниците кои ќе им помогнат на лицата со оштетен вид полесно да ја преминат улицата.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6E3B81A34BF97A4884AB34B12EA62507


Веста е постирана намерно во оваа нишка! За сите животињи што преоќаат улица кај ќе им текне!

За некое време ќе се погрижам да отиде на правилно место скопскиот сообраќај, но прво еден ден бар нека поседи овде.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Oct-2008 at 22:15
LOL

ич не ја преместувај


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2008 at 12:29
Општината Аеродром се сврте против чавките



Општината Аеродром обвинува дека покрај уличните кучиња и мачки, и птиците го растураат отпадот од кантите за отпадоци, па нивните сезонски работници секојдневно морале да го чистат отпадот околу нив.

- За ваквата состојба се виновни несовесните граѓани, кои остатоците од храна од своите домови ги фрлаат во овие канти наместо во контејнерите. На тој начин уште повеќе ги примамуваат птиците, особено чавките, кои во потрага по храна го растураат отпадот - велат од општината.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=218&ArticleID=10143



Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2008 at 12:30
ЖИТЕЛИТЕ НА ЗЛОКУЌАНИ ПРЕПЛАШЕНИ
Скорпии лазат по спалните на скопјани

Емилија Стефанова

Жителите на Злокуќани се преплашени од скорпиите што доползеле во нивните дворови и домови. Не знаат од каде дошле, ни дали и колку се опасни. Мајките се загрижени за своите деца зашто, како што е познато, повеќето скорпии, кои обично живеат во суви предели, при каснување ослободуваат отров кој може да биде смртоносен. Лилјана Кочовска, жителка на улицата Скупи 20 во населбата Злокуќани, завчера нашла скорпија на ѕидот од куќата во задниот дел на дворот. - Ја видов попладнето додека пресадував цвеќе во дворот. Се преплашив и веднаш го викнав сопругот. Тој ми кажувал дека и порано наоѓал скорпии, ама мене не ми се веруваше. Ме плаши тоа што постарите велат дека скорпиите живеат во гнезда во кои ги има многу. Можеби некое такво гнездо има во близина на мојата куќа. Не знам дали се отровни и опасни - рече Кочовска. Нејзините соседи велат дека не е првпат да најдат скорпии во дворовите или бавчите. Еден од нив неодамна фатил една долга шест сантиметри. Жителите велат дека слушнале дека скорпиите случајно се пренесени во земјава при увозот на стока од африканските земји. Во контејнерите во кои се сместуваат производите честопати има пукнатини во кои се кријат и се разбегуваат при отворањето. Ова е само еден од можните начини како скорпиите би стигнале до овде. Експертите по биологија не ја исклучуваат таквата можност. Стое Смиљков, професор на Природно-математичкиот факултет, вели дека и кога би дошле до овде, скорпиите не би можеле да живеат долго затоа што климата не им одговара и нема да ја преживеат студената зима. - Точно е дека кај нас има скорпии, меѓутоа се работи за неотровни видови кои ретко се среќаваат и воопшто не се опасни. Ова не е прв случај скопјани да донесат примерок на овој вид. Во нашата земја повеќе смртни случаи има од каснување од пчели, отколку од скорпии. Овој вид воопшто не каса и не е опасен за здравјето на луѓето и покрај тоа што многу потсетуваат на оние од Африка, кои се отровни - рече Смиљков, професор по зоологија на безрбетни животни. Во нашето поднебје, како што објаснува тој, има два вида скорпии, еускорпија италика и еускорпија кафкарика, кои обично живеат во потоплите краеви покрај реките или езерата. Можат да се најдат по течението на реката Вардар, се до Матка, а најчесто ги има во Дојран, Валандово или во Охрид. Една женка може да роди од 15 до 20 мали скорпии годишно. Имаат животен век од 3 до 4 години. Скорпиите влегуваат во групата на членконогите, но не се инсекти. Не прават гнезда со јајца, туку ги раѓаат младите скорпии. Според професорот, место за загриженост на граѓаните нема, иако средбата со скорпиите за никого не е пријатна.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1538&ArticleID=101262




Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Oct-2008 at 22:21
Јас имам решение и за коњите и за трамвајот во Скопје. Пред еден век трамвајот исто се движел по шини, но го влечеле неколку коњи! Зошто ние да не ги собереме сите улични коњи од градов, да ги впрегнеме на шинско возило, и ете трамваи, и тоа ќе направиме едно десетина трамваи за градовBig%20smileThumbs%20UpCrazy!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Oct-2008 at 22:27
Плус ќе го вратиме духот на старо Скопје... Требаше да ја презентираш идејава на „денот за идеи“. После сите будалаштини што не снајдоја, не ќе се изненадев и вакво нешто да пројдеше... Ај подобро да не баксузирам, да не се сетат самите на ваква брилијантна идеја.

Stern%20Smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2009 at 12:19
ГРАДСКИ ПОВРШИНИ ПРЕТВОРЕНИ ВО ПАСИШТА
Ново Лисиче стана пасиште за коњи и магариња

Коњи и магариња секојдневно пасат во близина на населбата Ново Лисиче. На просторот каде што има тревници, но и на просторот што се уште е во државна сопственост и не е доволно урбанизиран, сопствениците го оставаат добитокот на пасење. Ваквата состојба стана уште поалармантна деновиве, кога на импровизираното „селско пасиште“, во чијашто близина има згради, сопствениците на животните фрлиле и две мрши од мртви коњи. Жителите на оваа скопска населба се жалат на непријатната миризба што доаѓа од мршите, како и на миризбата од изметот на коњите, кои станаа секојдневни посетители на зелените површини во овој дел на Скопје. - Се плашиме децата да ги пуштиме надвор да си поиграат за случајно да не дојдат во близина на некој од двата коњски трупа што неколку дена никој не ги отстранува од зеленилото. Не знаеме каде да реагираме и да се обратиме за да се изнајде решение на проблемот затоа што ова не е прв ваков случај, да се пасе крупен добиток во градско подрачје, каде што е забрането - вели Мими Антевска од Ново Лисиче. Покрај коњите и магарињата, на жителите на оваа скопска населба дополнителен проблем им создаваат и кучињата-скитници, чијшто број во последните денови драстично е зголемен затоа што се собираат околу мршите на животните. - Кучињата-скитници јадат од мртвото животно, а потоа доаѓаат пред влезовите на зградите и лежат таму. Сите поминуваме од таму, а најмногу не загрижува тоа што често децата знаат и да си поиграат со таквите кучиња. Се плашиме од болести и од бактерии. Се чувствуваме како да живееме во зоолошка градина - вели Никола од Ново Лисиче. Од општината Аеродром, во чијашто територија припаѓа и овој дел, тврдат дека досега ниту еден граѓанин не се јавил да побара од нив да се реши проблемот со пасење на крупен добиток. - Општината нема надлежност да ги отстрани двете коњски мрши затоа што тоа е во надлежност само на Град Скопје - велат од Општина Аеродром.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1606&ArticleID=106290


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Feb-2009 at 22:48
На испаша пред Македонска Телевизија Roll%20eyes




Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2009 at 17:34
SВЕРКА ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ
Волк шета среде Скопје
Пред десет месеци семејството Илиевски купило куче, но пораснал волк



Семејство во скопската населба Бутел веќе десет месеци чува волк во дворот. Му направиле колиба и ја оградиле со решетки, па волкот живее во два квадрата. Жителите од околните куќи велат дека секоја вечер, штом се стемни, волкот почнува да завива исто како во планина, па по цела ноќ ги остава без сон. Освен што цела година останале ненаспани, соседите се жалат и на неподнослива смрдеа на измет, која се шири од кафезот на волкот. Помалку од смрдеата, а многу повеќе од страв да не се откачи од синџирот и да ги нападне, во последно време тамошните жители речиси воопшто и не поминувале по улицата на која е волкот.
Им смрди и ги остава без сон и газдите на волкот. Најголем страв од него има Ристена Илиевска, газдарицата. Илиевска вели дека нејзиниот син го купил волкот од Струмица, мислејќи дека е куче. По неколку месеци, кога волкот потпораснал, семејството Илиевски забележало дека кучето здивува и го однеле на ветеринар да го вакцинираат. Кога отишле во ветеринарна станица, докоторот им кажал дека, всушност, чуваат волк и оти за таквите животни нема вакцина. Избезумени, Илиевски се вратиле дома со волкот и веќе со месеци се обидуваат да се ослободат од него.
"Син ми мислел дека купил куче, но му продале волк. Буквално не знаеме што да правиме со него. Навечер не спиеме, цела населба смрди од него, а пред неколку недели добив и алергија, најверојатно, од него. Го храниме со кучешка храна и мораме да го прошетаме бидејќи здивува во кафезот. Го шетаме најчесто навечер во дворот на школата, и тоа со страв да не се откине од синџирот. Сакавме да го подариме во Зоолошката градина, но од таму не сакаа да го земат. Поради него се испокаравме со сите соседи, но навистина не знаеме што да му правиме", вели Ристена, нагласувајќи дека иако можеле, не сакале да го убијат волкот.
Таа стравува дека волкот кога ќе порасне, ќе почне да напаѓа и луѓе, иако досега тоа не му се случило, но, сепак, до него се доближуваат само таа и нејзиниот син.
Од Зоолошка градина велат дека се информирани за случајот, но не можеле да го земат волкот.
"Не примаме животни кои претходно се чувани во домашни услови и за кои не знаеме од каде потекнуваат и во каква здравствена состојба се. Не смееме да го земеме во Зоолошката оти тоа е казниво со Закон. Ги прифаќаме само оние животни што ќе ги донесе Шумската полиција, бидејќи во такви случаи државата гарантира за нив", велат од Зоолошката градина.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164653&idg=9&idb=2620&rubrika=Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Apr-2009 at 02:37

Отруените животни опасни за живот

Постои веројатност од труење на луѓето, пред се', децата, ако дојдат во допир со мршата, вели директорот на Клиниката за токсикологија


Најчесто на удар на трујачите се кучињата-бездомници

Мршите од отруените животни може да бидат мошне опасни, особено за здравјето на децата, кои играјќи си може да дојдат во допир со нив. Практиката покажува дека животните најчесто се трујат со пестициди или тијанидни соединенија, за кои експертите тврдат дека се исклучително силни отрови.Во минатата година, од улиците на Скопје, комуналците собрале вкупно 374 мрши на кучиња и 86 на мачки. За годинава се' уште немаат податоци, но во просек се собираат по 50 мрши месечно.

ЕКСТРЕМНО СИЛНИ ОТРОВИ

Димче Велковски, ветеринар во Ветеринарниот центар Скопје, вели дека средствата со кои се трујат кучињата се употребуваат за заштита на растенијата од растителни вошки.

- Ако се употребуваат во недозволени количини, тие се екстремно опасни материи. Обично ги користат лицата со тешки психички растројства кога се самоубиваат.. Толку се силни што дејствуваат уште при допир со кожата - истакнува Велковски.Тој вели дека глетката е морничава кога животните умираат: грчење и треперење на телото, дезориентираност, лигавење, блокада на центарот за дишење и престанок на работата на срцето.

- За жал, не постои законска рамка со која би се забранила слободната продажба на ваквите лекови во земјоделските аптеки. Со издавање на средствата исклучиво на рецепт би можела да се регистрира продажбата - вели Велковски. Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, вели дека е многу опасно неконтролираното труење на миленичињата.

- Поголема веројатност да настане труење на луѓето, пред се', на децата, ако дојдат во контакт со отруеното животно. Животното додека умира повраќа или се лигави. Децата од жал го допираат кучето за опашка или го галат. Ако не го допрат, мали се шансите да настане труење. За среќа, досега во својата лекарска практика не сум сретнал таков случај. Сепак, ако треба да се преземе нешто, има служби задолжени за овие животни. Не е дозволено кој било да се справува со тоа - објаснува Чибишев.

НАДЛЕЖНИТЕ РЕАГИРААТ НА ПОВИК

Раководителот на стационарот „Вардариште“, Слободан Петревски, додава дека жителите треба ваквите случаи да ги пријават на дежурниот телефонскиот број на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.На масовното труење реагираат и од Здружението за заштита на животните и животната средина „Срце за животните“.

- Изминатиов период имаше масовно труење на кучиња и мачиња: во Ново Лисиче, Волково, Црешево, крај патот за Матка. Ваквото труење е кривично дело, а извршителите треба да одговараат. За жал, досега не е откриен виновникот во ниту еден случај. Надлежните молчат, и покрај тоа што сме поднеле и кривична пријава против непознат сторител - вели претседателот на Здружението, Вангел Мичевски. Жителка на Ново Лисиче неодамна останала без своето галениче.

- Во ова општо труење животни, настрада и мојата мачка. Постојано некој ги труе миленичињата - посочи скопјанката.Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ велат дека тие редовно реагираат ако добијат повик.

- Ние не можеме да знаеме каде се' има мрши. Штом ќе добиеме информација, веднаш реагираме. Мршите се собираат со специјални возила и се носат во депонијата „Дрисла“, каде што се спалуваат - изјави Катерина Лаова, портпарол во „Комунална хигиена“. За жал, местото каде што тие лежеле ниту е исчистено ниту е затрупано со песок,.

ЈАМА ЗА МРШИТЕ ВО „ДРИСЛА“

„Комунална хигиена“ има изработено проект за изградба на гробница за бездомни животни, во рамките на „Дрисла“, на барање и на граѓаните кои што не знаеја каде да ги носат своите умрени миленичиња, но тој се уште не е реализиран, бидејќи треба да се финансира од Градот.Од Градот велат дека во буџетот за годинава се предвидени три милиони денари за изградба на јама во која ќе се погребуваат животните скитници.

- Избрана е фирма на тендер, потпишан е договор и јамата ќе се прави во рамките на депонијата „Дрисла“според утврдени стандарди, со два вкопани бетонски прстени со капак и систем за вентилација. Само се чека од ЈП „Комунална хигиена“ да ја одреди точната локација на која ќе се гради јамата во рамките на депонијата „Дрисла“, потенцираат од Одделението за односи со јавност во Градот. Ако подготвителните работи течат според планот, изградбата се очекува да почне пролетва.

ИНФО-Труењето е кривично дело

Во минатата година, од улиците на Скопје, комуналците собрале вкупно 374 мрши на кучиња и 86 на мачки. Животните најчесто се трујат со исклучително силни отрови, поточно пестициди или тијанидни соединенија.Иако труењето е кривично дело, во изминатиот период масовно труења имаше во Ново Лисиче, Волково, Црешево, Матка...

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=847ACD4C95251D449A20A4DCC95A0847


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Apr-2009 at 08:10
Каде попрво ова да го постирам, овде или во forum_posts.asp?TID=209 - Јавна чистота



Еден од првите контакти на намирникот во нашата „метропола“


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-May-2009 at 22:52

Наезда од змии во Реонски центар Аеродром

Експертите за влекачи од Природонаучниот музеј велат дека ова е период кога змиите се будат од зимскиот сон и кога забрзано бараат партнер за парење, па затоа граѓаните ги забележуваат и на места на кои не ги очекуваат

Граѓаните од Реонски центар Аеродром се ужаснати од наездата на змии што се шетаат по нивното маало. Станарите што живеат на булеварот Видое Смилевски Бато во зградите број 42, 40 и 2а се жалат оти змиите речиси им се плеткаат околу нозе и често се случува на паркингот да ги прегазат со автомобил.

- Не сум плашлив тип, ама од змии се ужаснувам. Просто неверојатно е како може да ги има и во град, во урбана средина, каде што има метеж од луѓе и автомобили. Пред некој ден се враќав од работа околу пладне кога на паркингот наидов на огромна змија. Не сакајќи ја прегазив. Прво ми беше жал што ја прегазив, а потоа ме фати страв. Жена ми е бремена и не знам како ќе беше ако таа го забележеше влекачот. Се договоривме со соседите, кои исто така се соочиле со змиите, писмено да ја известиме општината и да побараме помош - вели Јован Бошковски, станар од зградата 2а.

Градоначалникот Ивица Коневски вели дека во неговиот кабинет до вчера немало ниту едно известување за овој проблем на граѓаните од тој дел од општината. Службите во општината ќе го испитаат случајот и ќе преземеме безбедносни мерки - вели Коневски.

Експертите за влекачи од Природонаучниот музеј велат дека ова е период кога змиите се будат од зимскиот сон и кога забрзано бараат партнер за парење. Затоа граѓаните ги забележуваат и на места на кои не ги очекуваат.Светозар Петровски, кустос-советник во Музејот, вели дека станува збор за водни змии, за кои верува дека не се отровни.

- Граѓаните не треба да се плашат, туку само да бидат претпазливи. Во Реонски центар Аеродром земјиштето е влажно. Нормално е во скопскиот регион на крајот од март да почнат да се будат змиите од зимски сон. Сметам дека станува збор за водни змии. Тие најчесто бегаат и се кријат кога ќе почувствуваат движење. Граѓаните не треба да се плашат, туку да научат да живеат со природата. Македонија е потписничка на неколку европски конвенции за заштита на змиите, па убивањето на овој вид влекачи не е дозволено. Со оглед на тоа дека човекот дошол на нивна територија, треба да се има малку трпение оти и на змиите им треба време да си најдат друго место за живот - вели Петровски и дополнува дека змиите не се агресивни, освен ако не се најдат притеснети, па како и секое живо суштество мора да се брани.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=60BBEF78B70197449520F0C5299DCB71


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-May-2009 at 00:29
човекот требало да научи да живее со природата.................многу јаки експерти имаме


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-May-2009 at 11:32
Агресивни врани напаѓаат скопјани

Сиви врани ги напаѓаат скопјани среде бел ден, во близина на зградата на Владата. Повеќе граѓани раскажуваат дека последниве два дена птици ги напаѓале минувачите на кејот и на улицата пред Владата. - Одејќи накај работа по булеварот Илинден, канџи од птица одеднаш ми се забија во главата. Се се случи набрзина, птицата доста силно ги вкопа канџите и потоа одлета. Немаше други минувачи во околината, а немаше ниту дрвја, затоа не знам од каде долета враната “ вели една скопјанка, која била нападната вчераутро. Слично доживување имала и друга жителка на градот, која минувала на истата локација. - На кејот на Вардар, зад Владата, минувачот пред мене го колвна врана. Изгледа ударот не беше многу силен, па човекот не се вознемири многу и си продолжи. Малку подоцна, на скалите кои водат кон мостот Гоце Делчев, и мене ми се случи истото. Се обидов да ја избркам птицата со чантата, но таа одлета, па се врати и повторно ме колвна. Навистина се исплашив “ вели скопјанката. Птици ги напаѓале скопјани и во попладневните часови. - Ја забележав птицата како ме мерка и тргна накај мене, но јас ја наведнав главата и таа ме утна. Вториот пат, кога веќе бев качена на скалите, повторно ме зафати со канџите, но не ме повреди “ раскажува друга минувачка на истото место, која била нападната од врана вчера попладнето кога се враќала од работа. Оринтологот Методија Велевски од Македонското еколошко друштво вели дека секоја пролет, особено во мај, овие случаи се чести затоа што враните во тој период имаат млади во гнездата. Тој објасни дека наспроти уверувањето на скопјани дека ги напаѓаат гаврани, всушност станува збор за сиви врани, кои имаат малку црна боја и се помали од гавраните. - Гаврани не живеат во Скопје, туку ги има надвор од населените места. Може да дојдат во периферијата и во руралните делови по храна, но се гнездат надвор од градот. Тие што напаѓаат се сиви врани поради тоа што сметаат дека младите им се во опасност. Ако видат црна чанта или склопен црн чадор, тоа веројатно им личи на птица, па затоа реагираат “ вели тој. Велевски објаснува дека птиците напаѓаат за да заплашат и да ги избркаат минувачите од местото, а не за да ги повредат. - Некои птици можеби се понасилни, па врз човекот ќе слетаат и по неколку пати, но луѓето треба да се тргнат и да го сменат патот. Ги има по парковите и насекаде низ градот поради што минувачите треба да ги избегнуваат местата каде што ќе ги забележат агресивните птици “ вели Велевски.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1697&ArticleID=113322


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jul-2009 at 15:18

Шарка во зграда кај Расадник

Жителите на Кисела Вода изминативе дваесетина дена во повеќе наврати виделе змии во зеленилото, покрај контејнерите, по улиците, а минатата недела нашле шарка во подрумот на зградата број 23 на улица Народни херои

Скопјани што живеат околу спортската сала "Расадник" се жалат дека последниве дваесетина дена буквално има инвазија на змии, и дека повеќето од нив се отровници. Тие велат дека змиите ги наоѓале во зеленилото, покрај контејнерите, па дури и во подрумите на нивните згради.
Игор Цвеиќ, кој живее во зградата број 23 на улица Народни херои во Кисела Вода, вели дека минатата недела во подрумот на неговата зграда нашол шарка, која спаѓа во змиите отровници.
"Змијата имаше зеленикава боја, но луѓето што ја видоа и што се разбираат од змии тврдат дека е шарка. Ја однесов кај Вардар во Ново Лисиче и ја пуштив, оти не знаев што да н правам. И соседите велат дека пред неколку дена виделе иста таква згазена на улицата, ама не им верував оти овде никогаш немало змии. Не ми е јасно од каде се појавија, освен можеби од тоа што се копа за новите згради што се градат кај Расадник", вели Цвеиќ.
Од ЈП"Паркови и зеленило" велат дека нивните вработени не забележале змии во последниов период, оти секаде тревниците и зеленилото се искосени.
"Змиите ги поврзуваат со висока трева, но такво нешто нема, оти сето зеленило е искосено, а уреден е и кејот околу Вардар. Луѓето не треба да креваат паника, бидејќи во летниот период е нормално да има змии. Ние тука ништо не можеме да направиме, оти змиите не се во наша надлежност", велат од ЈП"Паркови и зеленило".

http://www.vest.com.mk/?ItemID=CE08ED7338DFB1449653ADADDA732B0E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 23:15

Змии ја сардисаа велосипедската патека покрај Вардар

Експертите велат дека змиите може да се од видот рибарка или белоушка, кои не се отровни

Снежана Калабакова

Темнокафени и тенки змии со должина околу метар деновиве се честа појава на велосипедската патека на кејот на Вардар во вечерните часови. Најверојатно змиите се хранат со жабите во реката, па затоа се во нејзина близина, раскажуваат рекреативци со ролерки кои имале тет-а-тет средба со влекачите. Змии има и во стар Аеродром, велат жители на населбата и додаваат дека ги гледаат и на паркинзите.

Експертите смируваат и тврдат дека не станува збор за змии-отровници, бидејќи тие живеат на поголема надморска височина. Нивна појава не би требало да се очекува, бидејќи отровниците се хранат со глувци и со гуштери. Змиите покрај Вардар може да се од видот „рибарка“ или „белоушка“. Но, вработените од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека не сретнале змии од ниеден вид, иако подолг период се на кејот на Вардар и ја реализираат акцијата за негово чистење од трева и друга дива вегетација.

„Првиот пат многу се исплашив, но се исплаши и змијата подготвена да ме нападне, бидејќи за малку ќе ја прегазев со ролерките. Вториот пат лежеше спокојна на патеката неколку метри од мене, претпоставувам веќе проголтала храна. Од пријателите што возат ролерки покрај Вардар дознав дека неколку пати и тие виделе змии“, се пожали скопјанец, кој за доказ ни испрати фотографија од змијата, снимена со мобилен телефон.

Тој исплашен од она што го видел се обратил до Службата за дезинфекција, дератизација и дезинсекција, а оттаму му рекле дека тие не се надлежни за змиите. Ист одговор добил и од ЈП „Комунална хигиена“. Ако змиите се отровни може да настрада некој од луѓето што таму рекреативно трчаат, посочува овој скопјанец и додава дека дури и да не се отровни, сепак, треба да постои предупредување за сите рекреативци.

Елица Танасова, биолог во Градскиот завод за здравствена заштита, потврди дека еден граѓанин пријавил појава на змии на велосипедската патека покрај Вардар. Сепак, според Танасова, ГЗЗЗ не е надлежен за оваа работа. Нивните искуства при извршувањето ларвицидна дезинсекција во Градскиот парк покажуваат дека змиите-белоушки, што живеат во езерцата и во каналите, ги имало во тој дел од градот.

„Во Македонија има два вида змии-отровници, поскок и шарка. Поскокот живее во низините до 1.400 метри надморска височина, а шарката ја има до 2.700 метри надморска височина. За нив е карактеристично што не се тенки, исклучок се само опашките, и се долги од 60 до 70 сантиметри. Кај змиите надворешното уво е закржлавено, а очните капаци се неподвижни. Но, затоа, пак, е развиено внатрешното уво и тие слушаат преку вибрации. Човек од 50 до 70 килограми тежина може да го насетат на оддалеченост од 18 до 20 метри. Првата реакција на змиите е да се повлечат, а понекогаш и остануваат. Отровниците во принцип не се агресивни, дури и на оддалеченост од 10 сантиметри нема да нападнат, освен ако не се згази на неа. Отровот љубоморно го чуваат за пленот што им претставува храна“, објасни д-р Светозар Петковски, кустос-советник во Природнонаучниот музеј во Скопје.

Ако некој го касне змија-отровница и на белегот од двата заба не се појави крв и модринка, тогаш таа не пуштила отров. Доколку се случи тоа, кај нас има серум „антиватеринум“ и лицето каснато од змија-отровница може да се спаси.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DD603C469BD302489743D349CB88E53D


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Aug-2009 at 12:44
не ми е јасно зошто толкава ноншалантност на сите кои знаат за проблемите со змии во градов, на секој нормален човек не му е пријатно да се рекреира или да живее на места каде знае дека има змии, без разлика дали се отровни или не, и не треба да не убедуваат дека треба да живееме со нив, туку да се справат со нив било како


Posted By: mitatos
Date Posted: 05-Aug-2009 at 12:50
mene ne me cudi toa deka ima zmii, zmii ima vo site nenaseleni mesta, a ponekogas se srekavaat i vo naselenite mesta no poretko, najgolemiot problem sto izlegle zmiive e radi toplinite lani duri i skorpii se pojavija ,ne vikam deka treba da ziveeme so niv, sakam da kazam deka toa e normalno i deka sekoja godina gi imalo vo ist period,a sto moze drzavata da pravi protiv prirodata ?Ke fatis 5, 10 , 20, 100 ama pak gi ima

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Max
Date Posted: 13-Sep-2009 at 19:47

Previous

но симптоматично е кога ги има и во есен

http://sitel.com.mk/?ItemID=7909A48F53E04943BB023E99060E03C4 - ЈОНЧЕ ДИГИТРОНЧЕ ОТЕПА ШАРКА ВО СВОЈОТ ДОМ - Сител - 13.09.2009



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Sep-2009 at 21:36
За змиите имам слушано неколку приканзни дека всушност при ископи со багери се рушат доста змијарници и тогаш смиите се разбегуваат по околните маала. Имаше скоро некоја прича дека во расадник билк погоден некој поголем змијарник, а овие во црниче е можно да се од некои околни новоизградени објекти чим вака несвоејсвенои овој период се излезени надвор.


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Sep-2009 at 16:35
Stern%20Smile

Слон се шеташе во скопската населба Маџир Маало

Сеад Ризвановиќ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114030#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2809/sead-slon-22-09.wmv,%20114030%29">  
22.09.2009 16:13
Животното му припаѓа на циркусот

 

Слон избега од циркус и без ничија контрола половина час се шеташе во скопската населба Маѓар Маало. Животното му припаѓа на циркусот кој ги поставува шаторите на просторот пред Народна банка.

Жителите од околните куќи велат дека се револтирани, но и исплашени за својата безбедност.

„Кога свикаа, дојдоа од таму луѓето, притрчаа, да го бркаат животното, не се виновни нормално, меѓутоа немало кој да го раководи него. Небезбедно и за нашите деца и за луѓето што треба тоа да го работат“, вели Марјан Спасовски, жител на Маџир маало.

Кога слонот се шетал, на улицата имало деца кои љубопитно го гледале несвесни за опасноста.

Од градот Скопје велат дека тие ја издале дозволата на циркусот, но не се надлежни за контролата на неговата работа ниту за животните.

Нејасно е кој треба да се грижи за работата на циркус преполн со опасни диви животни. Од Министерството за култура велат дека тие издаваат дозволи за странски уметнички групи, но циркусот не спаѓал таму, бидејќи само циркусот е исклучок од законот за вработување и работа со странци.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114030



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 22-Sep-2009 at 16:39
Suicide не е можно ова!

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Sep-2009 at 17:09


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2009 at 20:53
Колку сакам да сум бил јас тој слон во тој момент!
 
Можете да погодите што би направил низ маџир маало!!! Yes


Posted By: micko_v
Date Posted: 23-Sep-2009 at 15:16
Како не избегале сите слонови па да ги срамнат со земја тоа шупите во маалото...не за друго, ќе одговара со Дуп-от Big%20smile


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Oct-2009 at 08:10
EeekBravoApplause
Топол дом за 110 бездомни животни


Скопјани се вистински љубители на животни. Оваа констатација се потврди и вчера кога во акцијата за посвојување на бездомни животни што ја организираа ЈП "Комунална Хигиена" и НВО "Срце за животните", околу 90 кучиња и дваесетина маченца за многу кусо време си најдоа нов топол дом. Сите тие беа дотерани со црвена панделка околу вратот, а секое животно имаше и здравствена книшка.
На акцијата се јавија поголем број граѓани отколку што имаше на располагање животни за посвојување, па организаторите најавија дека набрзо ќе организираат уште една.

 

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DDF9F49F1E95C74497F4A9224E02FA22 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DDF9F49F1E95C74497F4A9224E02FA22


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Oct-2009 at 01:14
Коњ на испаша... Редовна појава во Аеродром, „најурбаната населба“ во државава Roll%20eyes




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2009 at 16:01

Глувците и комарците спастрени, од црвите сите бегаат





 

Во повеќе населби, пред сé во Аеродром и во Ново Лисиче, секоја есен редовно се појавуваат црни црви, но годинава, иако проблемот не е толку голем како порано, локалните власти не знаат кој треба да го реши

 
 
%20  
Есента е време кога црни црви доползуваат до становите во повеќе населби во близината на реката Вардар. Во изминативе години имаше ситуации кога цели пешачки патеки во Аеродром и во Ново Лисиче беа преплавени со овие животни, што граѓаните немаа каде да стапнат и беа принудени да газат врз нив и да го слушаат нивното крцкање под своите чевли за да излезат од дома. Скопјани велат дека ова е шеста година по ред како се соочуваат со овој проблем, а локалните институции не знаат која од нив треба да го реши.

Најмногу црви годинава забележале жителите на Ново Лисиче што живеат во близината на старото и напуштено игралиште, што се планираше да биде и спортска сала. Тие раскажуваат дека црни купчиња забележувале на ѕидовите од зградите, под терасите и пред влезовите, најмногу во раните утрински часови, а подоцна црвите се разотидувале. Сепак, тие се чувствуваат загрозено и бараат некој да интервенира за да се исчисти населбата од животните.

- Неколку години ова ни е редовна есенска активност. Излегуваме со метли за да си го расчистиме патот пред влезовите. Тие што живеат во пониските катови се плашат дека црвите може да им влезат дома. Но ништо не се презема за да се реши проблемот, и покрај тоа што сме се обраќале и во општината и во градот - велат жителите на овој дел од населбата.

Од градот и од општината Аеродром, пак, уште еднаш потсетија на поделбата на надлежностите според која за уништување на глодачите се одговорни општинските власти, кои треба да дератизираат двапати годишно, а градските треба да ја спроведуваат дезинсекцијата, односно редовните запрашувања против комарците. Но никој не сака да ја преземе обврската да се справи со редовните годишни наезди на црви во одредени населби.

- Проблемот со инсектите треба да го реши градот. Сите поплаки од граѓаните што ги добиваме за наездата на црви во некои делови ги препраќаме до градската управа и очекуваме оттаму да преземат мерки - велат општинарите од Аеродром.

Градската управа, пак, не се согласува со ова тврдење, сметајќи дека проблемот е локален и дека општината може да го реши.

- Запознаени сме со овој комунален проблем што го имаат жителите на Ново Лисиче. Веќе испративме допис до општината Аеродром и посочивме дека според Законот за заштита на населението од заразни болести таа треба да реагира. Бидејќи станува збор за локален проблем им посочивме на општинарите да побараат соработка со стручна институција - велат од градот.
 
   
Автор: Б.С.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11391012226&id=14&prilog=0&setIzdanie=21827


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2009 at 14:06



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2009 at 14:07
Пред ова беше на сред раскрсница


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Nov-2009 at 00:59
и јас го приметив истиов коњ вчера
најголем проиблем со животниве е што се навикнати на многу луѓе и возила и бучава, па ништо не ги засега и создаваат гужви, доколку беше некој нормален коњ ќе му беше страв да припари кон улица
треба дефинитивно да се отстранат коњиве од урбаните средини, па ако на некој тоа му е основно средство за живот не значи дека треба некој да настрада во сообраќајот


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 25-Nov-2009 at 16:25


Паркиран коњ

Паркинг-просторот кај "Т-Мобиле" во центарот на Скопје вчера го користеше и еден коњ. И покрај спуштената рампа, залутаниот коњ вчера попладнето успеал да најде слободно место на пренатрупаниот паркинг и застанал да одмори....



http://www.vest.com.mk/?ItemID=BBAF411EF01D474C8AEFF4039BF59BDD

...со голема надеж дека оваа тема еден ден ќе се затвори, заради недостаток на информации...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: SJCF
Date Posted: 29-Nov-2009 at 00:47
Луѓе абе што бидна со гуските и патките во градски парк?


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Nov-2009 at 12:23
Originally posted by SJCF

Луѓе абе што бидна со гуските и патките во градски парк?
се вртеше веста дека ги фаќале и убивале но засега исчезнувањето е мистерија


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Dec-2009 at 21:32
Коњов го имаме регистрирано во нишкава уште одамна. Ете FoSsiL го има сликано токму во жардињерата. Толку долго се шуња таму што веќе се навикнавме на него. Јас го имам видено неколку пати... сигурно и огромен број други граѓани. Само надлежните никако да го видат  Roll%20eyes

Коњ жардиниера пасе





 

Новите жардиниери среде булеварот Јане Сандански во населбата Аеродром поради својата ширина, се претворија во еден од најубавите тревници во градот

 
 
%20  
Тоа очигледно го научил и овој коњ, кој, според месното население, може да се види речиси секоја вечер како пасе среде булеварот. Граѓаните не знаат кој го оставил животното, но сметаат дека неговите сопственици строго да се казнат, не само поради несовесното постапување со него, туку и поради загрозување на општата безбедност. Според нив, коњот би можел во секое време да се симне на коловозот по кој многу често се вози брзо и да предизвика сообраќајна несреќа со многу тешки последици.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121791040121&id=14&prilog=0&setIzdanie=21864


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Dec-2009 at 14:07
Мојата омилена тема, за аеродромските коњи...не знаев само дека се толку интерактивни со околината...

БУЛЕВАРИТЕ ЈАНЕ САНДАНСКИ И ВИДЕО СМИЛЕВСКИ-БАТО ОПАСНИ

Коњи скокаат по автомобили во Аеродром

Додека да се најде чаре да се спречи слободното движење на коњите по булеварите, Градот најави дека привремено ќе ги смести некаде за да не настрада никој

Улични коњи речиси цел месец дивеат во населбата Аеродром, уништувајќи автомобили и попречувајќи го сообраќајот. Најстрашна е состојбата на булеварот Јане Сандански, кај слаткарницата "Палма",каде еден коњ буквално живее на зелениот простор што ги дели двете страни на улицата. Животните, кажуваат жителите, истрчуваат пред возила, па за да не удрат во нив и, не дај Боже, да предизвикаат несреќа, возачите се качуваат на тротоарите. Има и случаи, додаваат граѓани кои живеат на овој потег,кога коњите скокаат и на колите. Подивените животни се затрчуваат накај колите, со копитата газат на шофершајбните и ги прескокнуваат.
Коњите, освен што го кочат сообраќајот на улиците, ги плашат и минувачите.
Тамошните жители се жалат дека коњите ги има буквално насекаде во населбата. Одврзани се шетале во зеленилото пред зградите, на тротоарите покрај булеварот, а многу пати досега ги затекнале и меѓу автомобилите на паркинзите.
"На булеварите Јане Снадански и Видео Смилевски - Бато секој ден мора да сретнеме коњи. Ако ги нема таму, сигурно се под Железничка или пак во некој парк. Никој не ги казнува сопствениците на животните кои ги пуштат слободно да шетаат меѓу луѓе на улица. Надлежните под итно нека забранат овие животни да се движат слободно за да не настрада некој", се жалат аеродромци.
Проблемот со коњите во Аеродром не е од вчера. Минатата година коњ гризна девојка за глава на Кеј, а на една мајка $ скрши рака додека се обидуваше да го одбрани бебето од неговите заби.
И покрај тие и многу други инциденти, никој досега не најде чаре за овие животни кои слободно шетаат во Градот.
За Градот проблемот со коњите бил сложен и решението за нив не зависело само од нивната желба, туку од повеќе институции.
"Проблемот со коњите е сложен и опфаќа повеќе сегменти од јавниот живот. Треба да се регулираат повеќе работи од областа на заштитата на животната средина, почнувајќи од решавање на проблемот со движењето на запрежни возила во сообраќајот до воведување комунален ред во сите општини. Додека конечно да се реши проблемот планираме да најдеме начин привремено да ги сместиме некаде за да не се случи трагедија", велат од Градот.
(М.Ѓ.)


вест - http://www.vest.com.mk/?ItemID=38FE7ECC0FB3134F816280D271ECD7E9

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2009 at 16:27
За Градот проблемот со коњите бил сложен

Да, тука е некаде по сложеност со квантна физика.

Што да се прави, чим заземаат ваков став, изгледа најдобро да се навикнеме на коњиве во догледна иднина.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2010 at 17:53
ИАКО ЗАКОНОТ НЕ ДОЗВОЛУВА, ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЧУВААТ ДОМАШНИ ЖИВОТНИ
Скопје се претвори во фарма

Елена Мачевска

Десетици илјади кози, свињи, кокошки, коњи и говеда се чуваат во дворовите низ скопските населби. Иако одгледувањето домашни животни во градот е забрането со Законот за комунални дејности, сепак луѓето не се откажуваат од можноста да си обезбедат поевтина храна, а има случаи и кога од животните се остварува приход. Од непочитувањето на Законот, најмногу штета имаат граѓаните чии куќи се наоѓаат веднаш до нечија штала или кокошарник. Проблемот е најголем преку лето, кога поради високите температури смрдеата се шири низ населбите. Сепак, и покрај постојаните меѓусоседски негодувања, ретко кој од граѓаните ваквиот прекршок го пријавува на комуналните инспектори во Општината, на чија територија се одгледуваат животни. - Соседите до нас чуваат кози, крава и неколку свињи. Додека температурите се ниски, присуството на животните воопшто не се забележува, но во лето состојбата е страшна. Не можеме прозор да отвориме, а не, пак, да седнеме во двор - раскажува жителка од општина Аеродром. Општинските комунални инспектори иако контролираат, имаат врзани раце, затоа што во Законот за комунални дејности, со кој се забранува чување домашни животни на градско подрачје, законодавците не предвиделе парична казна, туку само опомена. - Според овој Закон, предвидена е само усна опомена за граѓаните, а не глоба. Законот дозволува домашни животни да се чуваат во руралните средини, но и тука доколку не се чуваат соодветно сопствениците можат да се казнат според Законот за јавна чистота - објаснуваат од одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Од Планот за управување со отпад на Град Скопје за 2010-2015 година, јасно се гледа дека речиси и да нема општина во главниот град каде што не се забележани живеалишта на добиток и на живина. Само на територијата на Аеродром има околу 42 коњи, 130 говеда, 364 овци, 674 свињи и над 5.220 кокошки. И централното градско подрачје не е имуно на чувањето домашни животни и на живина. Во Општината Центар, според податоците добиени од Град Скопје, има околу 200 овци, пет коњи и две говеда, 22 кози и 12 свињи како и 20 кокошки. На целата територија на Скопје има вкупно 8.000 говеда и над 12 630 овци. Од скопските општини тврдат дека досега кај нив немало ниту едно јавувања од граѓани за да се пожалат дека некој сосед чува животни и дека тоа им создава проблеми. - Нашите комунални инспектори се секојдневно на терен и досега не сме имале поплаки од граѓани, но доколку има такви ние ќе ги преземеме сите потребни мерки - вели Јовица Ацковски, портпарол на Центар. Градските власти не располагаат со податоци за количеството на отпад што се создава од одгледувањето на добиток и на живина.

Трла и штали во скопските општини

Во општина Ѓорче Петров постојат седум живинарски фарми со вкупно 13.500 кокошки, четири краварски фарми со 116 грла, една свињарска фарма со 75 места за маторици и 360 места за гоење свињи, како и три трла со овци со вкупно 1.380 овци. Во општина Бутел има две фарми за говеда, а во општина Гази Баба постојат две фарми за говеда од кои едната е Факултетско земјоделско стопанство.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1960&ArticleID=135565


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2010 at 07:07
Кучињата си лаат, караванот си врви!


Од Министерството за внатрешни работи велат дека постојат казни за сопствениците што ги изнесуваат своите миленици без маска и без ремен. Секој наш инспектор има фотоапарат со кој мора да го слика и да му земе лични податоци на сопственикот, а тоа е малку тешко кога некој има куче во близина.


Газдите на кучиња иако уште пред две години имаат законска обврска своите миленици да ги шетаат со маски и со ремени, ретко кој од нив го почитуваат тоа.
Имено, скопјани постојано се жалат дека огромни кучиња секој викенд во Градскиот парк се шетаат без заштита, а нивните газди не обрнуваат внимание на поплаките од граѓаните.
- Викендов кога шетав со своето дете, одеднаш покрај нас поминаа неколку големи кучиња. Според големината не беа безопасни. Не мрзам животни, но моето дете се преплаши. На мојата реакција да ги соберат, сопственикот само ми одмавна со раката.
Исто така, знам дека постои одлука со која домашните миленици мораат да носат маски и ремени. Не е дозволено да се движат слободно, а најмалку во парк каде што има многу деца - вели еден револтиран скопјанец.
Со зголемувањето на температурата газдите на кучиња се повеќе ги изнесуваат надвор низ зелените површини. Според нив, пак, на друго место нема каде да се раздвижат нивните миленици.
- Знам дека постои одлука за задолжително носење маски и ремени. Но го изнесувам надвор моето куче за да се прошета. Замислете и тогаш да му ставам заштита, ќе биде како во затвор. Сепак, внимавам каде што има деца да го држам за ремен - вели Роберт, сопственик на ротфајлер. Во Министерството за внатрешни работи велат дека постојат казни за сопствениците што ги изнесуваат своите миленици без маска и без ремен.
Секој наш инспектор има фотоапарат со кој мора да го слика и да му земе лични податоци на сопственикот, а тоа е малку тешко кога некој има куче во близина. Потоа процесот се одвива во суд и оттаму се изрекува казна, која е парична и изнесува до 25.000 денари - информираат од градската комунална инспекција.
- Полицијата реагира по поднесена пријава. Потребно е да ги имаме податоците за сопственикот за подоцна прекршочно да се гони и судот да одлучи за видот и за висината на казната - велат од МВР. Градската комунална инспекција, исто така, е надлежна за случаите на неадекватно обезбедени кучиња.
- Работиме според одлуката за комунален ред од Град Скопје. Сепак, процедурата е малку комплицирана затоа што немаме право да изречеме мандатни казни. Прво мораме да го евидентираме случајот каде газдата го шета своето милениче необезбедено.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E80B5F9DBC86F64B965526E33AE99771


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-May-2010 at 17:04
Ротфајлер Инаку, сè додека не постои барем по еден парк во секое населено местенце во Македонија каде што ќе биде легално да се шета куче, јас сум против оваа мерка. Па нема филм на кој во Њујорк во Централ Парк не си играат кучиња со децата. Таман работа да си го чувам кучето под ланец во паркот. Нека најдат парк, или барем дел од градскиот парк, и нека речат ова е зона за слободно шетање на кучиња. Кој има мало дете, ако не сака, нека не оди.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-May-2010 at 17:31
ministerstvoto za vnatresni raboti ne prajt nisto!
pred nekolku nedeli imase video vo A1 kako se davaa kucinja za pari!!!Edna borba za 2000 evra ili 20000evra, sekoj ke dava polovina (1000 evra ili 10000 evra) toj sto ke pobedi ke gi zema parite (sposovnikot na kuceto9 a toj sto ke izgubi ako e loso povreden neka si umri!!!
Ima i vebstranica sto se falat (uspeav da procitam od A1 kako se vika vo facebook)Katastrofalno!!!A vo drugata strana coveckite prava ne se respektiraat pa sto ostana za zivotnite!!!!! sostojbata e alarmantna i sekogas bila!!!
Vo kicevo gi ubijat vo 5 casot pa posle vo 8/9 doaga traktor i gi zema!A imase i sostojbi kade kuceto preziveaal pa stanel so edna noga!!Strasno!!!!
(ko bev vo mkd pred edna godina, odev kon pekarata da si kupam nesto, se uplasiv koga vidov 10 kucinja legnati, ko vidov nazad od komunalna doagat so traktor da si gi soberat!(jas mislev deka uste ziveaat)!Veruvajte kucinjata smerznati bea!!!(koga bea ubieni neznam) ama cesto vo 5 utrina!!


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jun-2010 at 01:04
И ПОКРАЈ ТОА ШТО НАДЛЕЖНИТЕ ТВРДАТ ДЕКА Е ИЗВРШЕНА ДЕРАТИЗАЦИЈА
Глувци и стаорци шетаат низ Капиштец

Роза Петкова

Стаорци што прерипуваат од шахта во шахта и мртви глувци оставени на улица деновиве ги вознемирија жителите на населбата Капиштец. Граѓани тврдат дека и лани и годинава забележувале стаорци, особено околу постарите згради и бараат надлежните да преземат нешто и да го решат проблемот засекогаш. Иако општините имаат обврска да спроведуваат дератизација на шахтите двапати во годината, напролет и наесен, се покажува дека ефектите од тоа не се целосни. - Во паника сум од стаорци затоа што ми се случи два дена по ред да ги гледам на улица. Вчера видов еден како излегува од шахта во паркот пред зградата во која живеам. Претходно видов голем мртов глушец спроти домот за деца без родители „11 Октомври“. А, кога ќе се сетам дека и лани дома најдовме испечен стаорец во рерната, косата ми се крева. Навистина не знам што преземаат надлежните власти, но ова вака не може, очигледно нивните мерки немаат ефект - вели Ивана К., жител од Капиштец. Должноста за дератизација општинските власти ја преземаа од Град Скопје, пред неколку години, со измените на Законот за локална самоуправа. Но, веднаш се покажа дека тие не можат да ја завршат работата како што треба, затоа што сите општини не се усогласуваа во терминот кога ја спроведуваа постапката. Така, првата година по новопреземена обврска, Скопје остана без никаква заштита од глувците. Но и неколку години потоа општините се уште не можат да се усогласат во исто време да ја почнат заштитната мерка за да не се случува глувците од една општина да преминуваат во друга и со тоа да се намали дејството на дератизацијата. Во Општина Центар велат дека на нивното подрачје е направена задолжителната пролетна дератизација, но немаат информација зошто таа не покажала успех. - Општината ја почна пролетната дератизација на 20 април и постапката заврши на 11 мај. Дератизацијата успешно се одвиваше во овој период и имаше краток прекин поради временските услови, односно поројните врнежи од дожд - вели портпаролот Јовица Ацковски. Годинава за завршена пролетна дератизација информираа само општините Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров. Останатите општини немаа официјални соопштенија дали си ја завршиле должноста навреме, или решиле да ја чекаат есента.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2042&ArticleID=142497


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 04-Aug-2010 at 08:39


Ова е плафон до сега....уште пред собрание да видам коњ и крај...



http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=EA301874DA0F5A409891B92E83BDD766 - Извор - on.net

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Aug-2010 at 08:48

konj pred banka serd centar??prv pat gledam no ne e prviot shock sto se slucuva vo skopje



-------------


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Aug-2010 at 09:09
Originally posted by Dave Gahan



Ова е плафон до сега....уште пред собрание да видам коњ и крај... 
Малку ли ти се 120 „коњи“ кои ги плаќаме да бидат внатре?


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Aug-2010 at 09:11
Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by Dave Gahan



Ова е плафон до сега....уште пред собрание да видам коњ и крај... 
Малку ли ти се 120 „коњи“ кои ги плаќаме да бидат внатре?
 
 
LOLLOLCheers


-------------


Posted By: Jumbo
Date Posted: 04-Aug-2010 at 16:59
Па зар ја заборавивте паролата -СКОПСКО И СЕ Е МОЖНО !!!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 04-Aug-2010 at 18:48
Originally posted by UrbanFreak


Малку ли ти се 120 „коњи“ кои ги плаќаме да бидат внатре?

Опасна коинциденција, ама не ми беше таму паметот прееска...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Aug-2010 at 16:25
Ова со коњиве не ни може да се реши парцијално, без претходно да се искоренат http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=634 - чергарските населби внатре во градот , како и појавата на непречено http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=273 - движење на запрежни коли по градските сообраќајници .

Но покрај тоа што се невидена брука, коњиве се и сериозен проблем за безбедноста во сообраќајот. Сум бил сведок на опасни ситуации кога коњи ненадејно истрчувале на фреквентни сообраќајници. Веројатно ќе чекаме проблемов да резултира со жртви или повредени, па надлежните да почуствуваат потреба барем да глумат дека се ангажирани на случајот и да ни приредат некакви мерки кои повеќе ќе бидат театар отколку нешто суштинско. А после кога ќе се подзаборави целата работа, да дигнат раце и од театарот...

Sleepy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Nov-2010 at 21:09
Повторно, нашата жална реалност

Ќе има ли крави и во Скопје во 2014

Чување домашни животни во урбани средини е забрането, а нема пропишана санкција

Снежана Калабакова


Кукуригањето на петлите, мукањето на кравите и мекањето на козите се' уште ги буди некои скопјани. Овие луѓе никако не можат да си го решат проблемот со соседите што сакаат ем да живеат во метропола ем да чуваат живина и добиток. Очајните граѓани немајќи каде, се обратиле за помош во општините од каде што побарале спас не само од вревата што ја создаваат животните туку и од изметот што им смрди под прозорец.

Општински инспектори потврдуваат дека има вакви пријави од граѓани и не одрекуваат дека во градот има делови во кои граѓаните се' уште не се откажуваат од домашните животни. Иако чувањето крупен добиток и живина е карактеристично за индивидуалното живеење, за жал, многу често можат да се видат коњи и крави и во централното градско подрачје, под Железничката станица, во близина на новиот „Веро“, околу „Рамстор“.

Еден од инспекторите тврди дека овие „љубители“ на животни често се опоменуваат, но, очигледно, ефектите се слаби, оти казнетите и натаму продолжуваат да ги чуваат животните. Инспекторите се немоќни бидејќи немаат законска основа да им го одземат правото на сопственост над животните.

„Во населбата Топанско Поле, веднаш спроти постојката на последна ’9‘, има неколку бавчи оградени со трње, жици и што ли уште не. Еден од сопствениците освен што одгледува зеленчук, има и мала фарма со кози. Козите ги води по патеката со павер-елементи преку ТЦ ’Принц‘ и ги шета низ населбата, а ги напасува или во ОУ ’Рајко Жинзифов‘ или во Заводот за рехабилитација на деца и младинци“, се жали жителка на оваа скопска населба.

Од Општина Чаир потврдуваат дека имале поплака за козите. Некој им се пожалил и за чување крупен добиток, крави и волови на улицата „Серава“. Но, што вреди, додаваат, кога и покрај казната од 50 евра, добитокот повторно се чува каде што не треба.

За проблемот со чувањето домашни животни и живина и Градот и Санитарната инспекција се прогласуваат за ненадлежни. Од Ветеринарната управа, пак, објаснуваат дека тие се одговорни само за здравствената состојба на животните. Во случајов, станува збор за комунални проблеми, а уверени се дека општинските инспектори само со опомени нема да ги решат.

„Градскиот инспекторат нема надлежност во регулирање на проблематиката, како што е чување домашни животни. Општинските комунални инспектори можат да настапуваат исклучиво врз основа на Законот за јавна чистота и да им изрекуваат парични казни на оние што чуваат домашни животни. Во Законот за комунални дејности, пак, е забрането чување домашни животни во урбани средини, меѓутоа не е пропишана санкција за такво нешто“, велат од Одделението за односи со јавност во Градот.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E42CE92551631840921616B24EA071E2 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E42CE92551631840921616B24EA071E2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Nov-2010 at 21:18
Ај баш да видиме

Нема веќе градски живот за коњите

Стационарот за коњи ќе се гради кај Вардариште и се очекува да биде готов до лето

Деспина Трајковска


Коњите нема уште долго да живеат градски живот. Градските власти најавуваат дека наскоро ќе стават крај на слободното шетање на коњите по булеварите, со што предизвикуваат уште поголем хаос во сообраќајниот метеж. Планираат в година да градат стационар за коњи, а за тоа во буџетот за 2011 година имаат предвидено два милиона денари.

Стационарот би требало да се изгради кај Вардариште, во непосредна близина на стационарот за кучиња. Иако проектот се' уште не е изработен, надлежните од Градот велат дека тоа наскоро ќе биде направено за да може објектот да се изгради најдоцна до лето.

„Ова е еден од проектите што планираме да ги завршиме во првата половина од идната година. Колку проектот да изгледа смешно за некого, сметаме дека е од големо значење, бидејќи ќе решиме проблем со кој граѓаните се соочуваат со години. Коњите не само што слободно шетаат по коловозите и спијат во тревниците туку и многу често се причина за сообраќајни незгоди, особено на подрачјето на Аеродром“, велат од Градот Скопје.

Токму аеродромци најчесто се соочуваа со проблемот со коњите во изминатите години. Често се случува во најголемата фреквенција на сообраќај тие слободно да минуваат по коловозот и да го отежнуваат сообраќајот со што претставуваат опасност за безбедноста на возачите и на пешаците. Такви ситуации најчесто се случуваат пред ТЦ „Бисер“, кај „Три бисери“, но не ретко коњите се составен декор и во делови на Ново Лисиче и во Карпош.

Инаку, градските власти наскоро треба да утврдат дали коњите ќе ги ловат екипи на ЈП „Комунална хигиена“ или, пак, ќе се формира посебна служба. Заловените коњи, евентуално и други животни што слободно шетаат по улиците, ќе се носат во стационарот. Тие таму ќе престојуваат извесен временски период и во случај да се пријави нивниот сопственик, ќе бидат ослободени. Во спротивно, животните, најверојатно, ќе се носат во Зоолошката градина.

Актуелниот проблем со уличните животни го потврдува и градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, кој вели дека досега неколку пати аеродромци барале начин за негово решавање. Појаснува дека идејата за изградба на стационарот потекнала токму како иницијатива на жителите на неговата општина.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=38BC74DA9566E745BAF4E4FDAF3F4300 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=38BC74DA9566E745BAF4E4FDAF3F4300


Posted By: spaceman091
Date Posted: 19-Apr-2011 at 12:46
http://www.vest.com.mk/?ItemID=C7C9FD2951BCB443AA589567DD3CF733

Коњите скитници за јавање во "Јасен"

Коњите прво ќе бидат 40 дена во карантин во Репроцентарот Фазанерија во Катланово, по што ќе бидат однесени во централниот дел на "Јасен" и ќе бидат искористени при туристичките посети на резерватот

Напуштените коњи кои се движат низ Скопје, прават проблеми во сообраќајот, но и напаѓаат луѓе, ќе бидат згрижени во "Јасен" каде ќе се користат за прошетки низ резерватот и обуки за јавање.
ЈП "Јасен" склучил договор со Град Скопје за преземање на напуштените коњи. Според проценките, има меѓу 40 и 80 коњи кои слободно шетаат по скопските населби.
"Почитувајќи ги правата на животните, но и проблемите кои ги прават во сообраќајот, валкањето и огрдувањето на градот, идејата е коњите да се транспортираат во Репроцентарот Фазанерија во Катланово. Ќе бидат сместени во специјално адаптиран дел за таа намена и под надзор на ветеринарната служба на 'Јасен'", вели директорот на резерватот Михаил Малахов.
Таму ќе бидат прегледани и 40 дена ќе бидат во карантин. Секој коњ ќе добие посебен ветеринарно-санитарен третман. Во тој период, доколку некој коњ има сопственик, тој ќе може да се јави во "Јасен", и откако ќе ги плати трошоците за транспорт и ветеринарна заштита, ќе може да ги земе.
Другите коњи ќе бидат однесени во централниот дел на "Јасен" и ќе бидат искористени при туристичките посети на резерватот.
"Ќе организираме тури за туристи кои не се искусни јавачи, кои ќе ги разгледуваат природните убавини придружувани од ренџерите на 'Јасен'", објаснува директорот Малахов. (А.С.)


Posted By: N23
Date Posted: 19-Apr-2011 at 13:35
Овие се благо речено ненормални. Прво, нема да ги тргнат коњите кои се дел од запрежните коли, а второ ако се најдел сопственикот, ќе се врател. Да, тоа е глупост, нз како ќе се докаже кој е сопственик, ама самата поента е да се тргнат од градот, да не го грдат, а не и да се најде сопственикот да се врати назад. Мислам дека мојов и претходниот пост се за друга нишка. Ми се гади се повеќе од градов. Денес колку што видов запрежни коли, толку во претходните 4-5 години немав видено. Ужас.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 23-Jul-2011 at 13:38
Уште еден обичен ден во Скопје....

...инаку малку оффтопик, ама во контекст со блокирањето улици - на една од раскрсниците на Гологанов беше оставена (буквално на сред раскрсница), приколка полна со нешто - не ја сликав затоа што поминав со 60 покрај нејзе...додуша и не е баш надвор од темата, затоа што очигледно некој ВОЛ ја остаил таму додека не ја спука некој несреќен....

Стварно не знам до кога ќе бидеме вакво село!?

ВЧЕРАУТРО ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА АЕРОДРОМ



Онесвестен коњ го запре сообраќајот



Мажот и жената кои се возеа во колата што ја влечеше коњот истураа кофи вода врз него за да го освестат, но тој и по половина час остана да лежи на земја

Коњ падна во несвест среде улица во скопската населба Аеродром и го закочи сообраќајот. Животното се онесвести вчераутро, на улицата Фрањо Клуз, токму во шпицот кога скопјани одеа на работа. Струполен на асфалтот, коњот речиси половина час не можеше да се мрдне од место. Мажот и жената кои се возеа во колата што ја влечеше коњот, избезумени, трчаа околу него и се обидуваа да го освестат, додека сите други седеа во автомобилите и нервозно чекаа да се помрдне колоната.
"Ја оставија колата на тротоар и почнаа да истураат кофи вода врз главата на коњот. Жената го држеше животното и го тресеше да се разбуди, додека мажот истураше вода врз него. Викаа по него и го молеа да стане. Но коњот само одвреме-навреме мрднуваше со нозете и остануваше да лежи. Нервозни зашто коњот не станува, почнаа да викаат по луѓето да се тргнат настрана и да не гледаат што се случува", вели В.Б., кој во тој момент со велосипед поминувал низ улицата.
Очевидецот вели дека не знае што се случило со коњот оти животното не застанало на нозе додека тој бил таму.
"Дали животното преживеало или не - не знам. Додека бев таму, тоа мрдаше со нозете, а за потоа не знам", додава очевидецот.
Од МВР велат дека не се забранети запрежни коли во сообраќајот, но се предвидени санкции за нивно неправилно движење по улиците.
Казните се движат од 15 до 25 евра, во зависност начинот на кој е сторен прекршокот.
"Ако запрегата не се движи близу десниот раб до коловозот, казната е 25 евра, додека 15 евра е казната ако запрегата и коњот се остават сами, односно никој не ги управува", објаснуваат од полиција.



-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: OCB
Date Posted: 23-Jul-2011 at 14:45
Коњите-скитници ќе почнат да се заловуваат

Коњите-скитници нема веќе да шетаат по градските улици и да го загрозуваат сообраќајот.



Приколката за транспорт на коњи чини 5.000 евра
Стационарот Вардариште е подготвен и за прием на заловени коњи, а вчера беше промовирана приколката за превоз на крупен добиток, која градот ја набави за ЈП „Комунална хигиена“.

- Набавивме приколка по иницијатива на месните заедници и на граѓаните, бидејќи имаше многу случаи кога коњи шетаа по јавните зелени површини и по жардиниери низ градот и имавме проблем како да ги пренесеме од местото на заловување до местото одредено за престој. Откако ќе се залови, коњот ќе се однесе во Вардариште, каде што може да остане од 15 до 30 дена. Доколку во тој период не дојде по него сопственикот, коњот ќе се однесе во Зоолошката градина или во резерватот „Јасен“ - изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Приколката за превоз на крупен добиток од марката „кнот“ е изработена по нарачка и поседува атест. Чини речиси пет илјади евра.

Стационарот Вардариште е подготвен и за прием на заловени коњи од градските јавни површини. Пред набавката на приколката се извршени сите зафати. Обучени се екипи од стационарот штоќе ги заловуваат коњите и ќе ги транспортираат.

- Има два простора подготвени за прием. Отворениот простор е посебен бокс од мрежа, а за зимските месеци има покриен дел што може да собере неколку десетини грла. Коњите добиваат посебна ветеринарна заштита - рекоа од градската управа.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72311925449&id=14&setIzdanie=22338


Posted By: N23
Date Posted: 23-Jul-2011 at 15:19
"Од МВР велат дека не се забранети запрежни коли во сообраќајот, но се предвидени санкции за нивно неправилно движење по улиците."

Кој ДЕГЕН и да го измислил ова и го внел во некој акт, треба да си ја искине дипломата што ја има дома од кој и да е факултет и да оди у штала да живее до крајот на својот живот.
ПА МО***И ЕДНИ, ДО КОГА САКАТЕ ОВОЈ ГРАД НА СЕЛО ДА ЛИЧИ. ЏАБЕ Е СЕ ШТО СЕ ГРАДИ, КОГА ПРЕЕСКА ИДЕЈЌИ НА БАСКЕТ НА 3 УЛИЦИ ВИДОВ НАЈМАЛКУ 20 ОСТАВШТИНИ ОД КОЊСКИ ИЗМЕТ И УШТЕ 2 ЗАПРЕЖНИ КОЛИ!!!!!!!!!!!!!!!!! ЗНАМ ДЕКА ЧИТАТЕ ЗАТОА ВАКА И ВИ СЕ ОБРАЌАМ, ЗЕМЕТЕ МАЛЦЕ ХРАБРОСТ, ОДЗЕМЕТЕ ПАРИ ОД ЕДЕН СПОМЕНИК ШТО Е ПЛАНИРАН У ПАРК И КУПЕТЕ 20-ТИНА ПРИКОЛКИ СО НЕКАКОВ МОПЕД И ДАЈТЕ ИМ ГИ НА ЧЕРГАРИТЕ. АКО ОВА Е ЗА СОЦИЈАЛЕН МИР, ТОА ЌЕ БИДЕ ЗА ПОУБЕДИТЕЛЕН СОЦИЈАЛЕН МИР!

Уште еден бисер: "Ако запрегата не се движи близу десниот раб до коловозот, казната е 25 евра, додека 15 евра е казната ако запрегата и коњот се остават сами, односно никој не ги управува", објаснуваат од полиција.



Posted By: MGS
Date Posted: 23-Jul-2011 at 22:35
Запрежна кола поминува триумфално низ Порта Македонија.Милина.


Posted By: mitatos
Date Posted: 23-Jul-2011 at 23:50
Пред скоро 10 години бев во турција, и видов таму еден многу добар пример за запрежните коли како да го собираат сметот  еве неколку примери низ европа колку да се види за што станува збор:

1.


2.


3.


И тука кај нас треба да има ваков закон ,со што на запрежните коли ке им биде забрането да какаат по улици ,а на овој начин градот треба да им обезбеди канти за смет од животни, и ке имаме по чисти улици ,а со тоа можеби некој ке профитира од таквиот смет се прават разни губрива за садници итн.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: phenomenon
Date Posted: 26-Jul-2011 at 21:47


Во ваква сурогат-држава за такво нешто може само да сонуваме!

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: N23
Date Posted: 26-Jul-2011 at 23:59
Врвот над врвовите, нејзиното височество, кокошката!

http://imageshack.us/photo/my-images/824/img0066azm.jpg/">
*Сликано е кај НБРМ.

И да не бидам разбран погрешно во нишкава, јас немам ништо против коњите, а еве и кокошките. Баш напротив. Само страшно ме иритира нивното присуство во урабни средини.


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Jul-2011 at 19:44
ПОЧНА ДА СЕ КОРИСТИ ПРИКОЛКАТА ЗА ПРЕНОС НА ДОБИТОК

Еден коњ помалку на скопските ливади



Досега едно животно е фатено и е пренесено во стационарот „Вардариште“ со новата приколка за транспорт на крупен добиток, која Градот и ЈП „Комунална хигиена“ ја промовираа во петокот

Досега само едно животно е фатено и пренесено во стационарот „Вардариште“ со новата приколка за транспорт на крупен добиток, која Градот и ЈП „Комунална хигиена“ ја промовираа во петокот. Со помош на оваа приколка градските власти се надеваат дека ќе го решат проблемот со коњите и другиот крупен добиток кои слободно се напасуваат низ населбите во Скопје. Ги има насекаде - во Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, а се случува да шетаат и сред центарот.

Освен што изгледа смешно и несериозно да се дозволи сред метропола да пасе добиток, овие урбани животни честопати се и опасни. Скопјани досега имале многу непријатни случки со нив: биле нападнати, па дури и повредени од коњи, или се извадиле од памет или, пак, претрпеле некаква штета на нивниот имот.

Нема да завршат како храна за лавовите

Идејата е животните со помош на приколката да се однесат во стационарот во Вардариште, каде што за нив е изграден и уреден посебен дел.

Таму ќе престојуваат до 30 дена, а за дел од тоа време ќе бидат под медицински третман. Ако во тој период се јави сопственикот, ќе може да си го врати животното назад, но ќе мора да ги плати трошоците што ги направила „Комунална хигиена“. Ако нема сопственик, според објаснувањата на градските власти, животното ќе биде пренесено во Зоолошката градина или во резерватот „Јасен“.

Со оглед на тоа дека најчесто сопствениците на коњите се сиромашни граѓани, малку е веројатно дека кој било ќе дојде и ќе плати за да си го земе коњот. Од Градот не објаснуваат што конкретно ќе се случува со коњите во двата случаја - кога сопственикот ќе си го земе животното и кога ќе им го остави на надлежните. Ако сопственикот плати, ќе си го земе коњот и пак го напасува во урбаните населби, проблемот не е решен, туку е свртен во круг. Од друга страна, се поставува и прашањето што бараат заловените коњи во Зоолошката градина или во резерватот „Јасен“, каде што живеат диви животни?

- По истекот на рокот за престој во „Вардариште“ животните ќе бидат комплетно безбедни и згрижени без да доживеат трагична судбина. Морбиден е фактот воопшто да се помисли дека тие би служеле како храна за други животни - истакнуваат од одделението за односи со јавност во Градот.

Приколката може да се изнајмува

Коњите и другиот крупен добиток од улиците ќе ги прибира тим од четворица заловувачи кои се искусни во работата со вакви животни и знаат како да постапуваат при нивното фаќање.

Новата приколка е од марката „кнот“, двоосовинска, со две врати - задна и странична. Изработена е по сите стандарди, со посебна кочница и поседува атест, а го чинеше Градот 300.000 денари. За определен надомест во „Комунална“ ќе можат да ја изнајмуваат и граѓаните што имаат потреба да пренесат крупен добиток.

Во врска со запрежните коли кои уште почесто се среќаваат по улиците, па дури и во сообраќајот на булеварите и магистралите, градоначалникот Коце Трајановски при промоцијата на приколката рече дека тие никако не смеат да бидат во сообраќај.

- Доколку бидат забележани, сопствениците ќе бидат казнети или пак предупредени да се префрлат на друго место - рече тој.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0EC13054B820D64EA4C049F78EF1D298 - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0EC13054B820D64EA4C049F78EF1D298


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Jul-2011 at 08:23
Originally posted by gjoko


Со оглед на тоа дека најчесто сопствениците на коњите се сиромашни граѓани, малку е веројатно дека кој било ќе дојде и ќе плати за да си го земе коњот. Од Градот не објаснуваат што конкретно ќе се случува со коњите во двата случаја - кога сопственикот ќе си го земе животното и кога ќе им го остави на надлежните. Ако сопственикот плати, ќе си го земе коњот и пак го напасува во урбаните населби, проблемот не е решен, туку е свртен во круг. Од друга страна, се поставува и прашањето што бараат заловените коњи во Зоолошката градина или во резерватот „Јасен“, каде што живеат диви животни?


И сега ова значи дека ќе се чекаат џамбазиве да си го врзат коњот на пасење пред собрание на пр., па (евентуално некој од „надлежните што има ингеренции“)да покрене налог за уловување? Според мене, треба една акција (која на жалост ќе бара полициска асистенција, барем јас така мислам) во која ќе се соберат овие животни и ќе се опростиме веќе од овие селски работи...
...а ова со праќањево во Јасен е повеќе од јасно дека се праќаат како жив плен. Не знам што би правеле вакви утепани коњи преку зима, што немаат истрчано 100м во животот, освен да им послужат на глутниците од волци како храна...прашање е како гледаат оние здруженија за заштита на животни на ова, обично скокаат кога ќе изеде стап некое домашно куче, а за овие животни нешто не ги гледам присутни во темава...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: N23
Date Posted: 29-Jul-2011 at 02:07

Па тука е проблемот, они скокаат само за кучиња, а кон другите животни се однесуваат игнорантски. Па поголема екслоатација е јавање коњ на запрежна кола, отколку носење во Вардариште на кучињата скитници. А што правиме што коњиве се носат во Вардариште? Тоа е кога и т.н. невладини организации се со двоен аршин.


Posted By: N23
Date Posted: 04-Sep-2011 at 02:17
Овој дел изгледа не спаѓа у метрополата.

http://imageshack.us/photo/my-images/143/img0085apf.jpg/">


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Sep-2011 at 14:44

ФОТО: Си го разладува коњот на фонтана во Аеродром
Забава | 10. септември 2011 - 14:35
Еден наш читател успеал да го фотографира овој човек додека си го разладува и чисти својот коњ во фонтана во населбата Аеродром во Скопје

http://press24.mk/story/zabava/foto-si-go-razladuva-konjot-na-fontana-vo-aerodrom - http://press24.mk/story/zabava/foto-si-go-razladuva-konjot-na-fontana-vo-aerodrom


Posted By: N23
Date Posted: 04-Nov-2011 at 19:44

Денес веројатно доживеав најголем наплив на нервоза, многу поголем и коа ќе сум зезнел нешто на факс.

Прво сликата.

http://imageshack.us/photo/my-images/607/img0088al.jpg/">

Станува збор за импровизиран СТОЧЕН ПАЗАР за продавање јагниња и тоа на локација веднаш после комплексот факултети, на само 1-2 километри од строг Центар!

Па дали има нормални власти, функционери и слични заработувачи од државниот буџет кои дозволуваат ваква слика у сред Скопје.

Не знам, можеби ова се случува со години, но ова е прва година да видам вакво нешто. Веќе мака ми е од тој социјален мир, од рамковен договор, од сива економија, од тоа да се преќутат разни работи. Ало Град Скопје, не е Бејрут ова, веројатно и во Тбилиси, Баку и Кишињев не е вака у сред центарот. Ова е едина разлика меѓу Скопје, Софија, Белград, Тирана, Загреб. Апсурдно е некој да помисли дека тука може да продава стока. Па не ви е ова 50-та година бре!

Како на оние "граѓани", што се прават дека го сакаат Скопје, не им е гајле за ваквата слика? Како може најголем дел од народов да мисли дека живее во метропола. Да, Скопје е навистина урбано среден во однос на Куманово, Прилеп, Тетово и сл, но вакви трагични слики е тотално срамно да се гледаат. И тоа одма позади факултети! Ама не им е битно на самопрогласените интелекти од соседството јавно да критикуваат за ваквите аномалии, зошто за ова не се добиваат пари од разно разни ЕУ-фондови.

Мизерија, неам што друго да додадам. Коце иако работиш во најголем дел ко што треба, џабе се нови булевари, тротоари, средување на зеленило, кога еве ќе дојде делегација од ФИБА за десетина дена, ќе сака да го види патот на движење од Борис Трајковски до Хотел Континентал (затоа што овој хотел беше домаќин на репрезентативките на ЕП во ракомет 2008), ќе сакаат да ги поминат сите патни правци и коа ќе ги носите накај клучката кај истоимениот хотел, покрај тоа што ќе им ја пренесете живописната слика на Бит Пазар и Пластичарската, ќе им ја доловите и оваа слика, а да не говориме и за дивите живеалишта околу салата. Па не верувам дека ФИБА би дозволила ѕверки од рангот на Кириленко, Бурусис, Фоцис, Бареа и Аројо да проаѓаат низ вакви булевари. 

Џабе сите реклами на CNN, коа реалноста говори нешто друго Дајте малце соберете храброст и решете ги овие проблеми. Пребацете ги сите овие препродавачи на 10 километри од Скопје, као у секоја нормална земја, образувајте ги, покажете им како може да се живее во убаво. Ако истите тие, коа ќе отидат во Словенија, Швајцарија или Германија можат да ги почитуваат тамошните градови и закони, може и тука. 

Не сум против продажба на животниве, секој има право да заработи на сопствен начин, но за ова не можат да се користат вакви јавни површини. Си има сточни пазари у непосредна близина на градов и таму нека се тргува со живина.



Posted By: tomi_z
Date Posted: 04-Nov-2011 at 20:06
Previous 
Се случува секоја година, и се реагира секоја година - и џабе. За некои законот не постои, а да не зборувам за култура... Порано и помасновно беше, дури и колење на животни тука се правеше. Puke


-------------


Posted By: N23
Date Posted: 03-Jan-2012 at 16:13

И пак, после некое време, си ги вратија коњите под мостов. Толку од фалењето на Коце и дечкото со белите кошули дека правењето на паркингот е и да се оттргнат дивите живеалшта и загадувањето на околината.




Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 04-Oct-2012 at 23:52
Какви решенија постојат против гулаби што упорно се гнездат по кровови на згради? Постои ли служба за нивно истребување како што има за дератизација?

-------------
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Oct-2012 at 00:25
Originally posted by kenzo_fan

Какви решенија постојат против гулаби што упорно се гнездат по кровови на згради? Постои ли служба за нивно истребување како што има за дератизација?
како човек што живее на деветти спрат, за мене е ова огромен проблем, иако не е последен спрат... на редовна база ми слетуваа гулаби на терасите и правеа бербат, три пати имаа направено гнездо, и еднаш во саксија ми снесоа јајце

моментално привремено импровизирам со плашила направени од пластични кеси... и чудо едно, функционира Big%20smile


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Oct-2012 at 17:39
никој никаде не го искоментира сточниот хаос на битпазар во средата?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dexter26
Date Posted: 25-Oct-2012 at 19:08
Previous
 
Тоа е од другата страна на Вардар, забеган, и уште поважно, од другата страна на Кале, таму нема ништо интересно и/или важно, барем за скопјани, за кои е важно само тоа што се случува во Аеродром, Центар, Карпош и одвреме навреме и во Кисела Вода, тоа што се случува од другата страна на Вардар и од другата страна на Калето не ужива никаков интерес и важност кај скопјани.


Posted By: FCB
Date Posted: 25-Oct-2012 at 21:49
Originally posted by zabegan


Originally posted by kenzo_fan



Какви решенија постојат против гулаби што упорно се гнездат по кровови на згради? Постои ли служба за нивно истребување како што има за дератизација?
како човек што живее на деветти спрат, за мене е ова огромен проблем, иако не е последен спрат... на редовна база ми слетуваа гулаби на терасите и правеа бербат, три пати имаа направено гнездо, и еднаш во саксија ми снесоа јајцемоментално привремено импровизирам со плашила направени од пластични кеси... и чудо едно, функционира Big%20smile

Vo amerika se koristat plasicni ili aluminiuski silci (pobaraj na google sliki za anti bird spikes ke vidis kako izgledaat).
a na terasi ili pogolemi otvoreni povrsini kako sto se otvoreni bazeni pustaat konci pa pticite nemozat tamu da sletuvaat, nesto ko balkonite na dolnata slika.



Posted By: N23
Date Posted: 26-Oct-2012 at 01:02
Денеска еден примитивец, слободно така ќе го наречам, без претпоставувам нималку свест за околината си ја изнел овцата во непосредна близина на Филозофски за да пасе таа. Врв на сељачанството, примитивизмот, немањето свест за убава околина, која Крњево полека но сигурно го претвора во рурална средина, ужасно прљава и несредена. А околу овцата собрани неколку деца и овој таков поносен и дал да пасе. Дефинитивно со ваква слика и чување добиток во центар на град нема уште десетици години да станеме урбана и средена метропола.

И нека не се најде некој навреден од овој пост, јасно ми е празник и сите тие адети, ама недозволиво е у 21ви век лик поради празник да ја пушти овцата да пасе во околина на факултети, а и недозволиво е уопште у сам град да се чуваат овци. Си има кланици, си има села, па таму нека се чуваат и колат овие животни.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Oct-2012 at 18:41
во контекс на муабетов Н23,се потсетив на вицот кога некој се жалел на пријателот дека ќе се разведува од жената бидејќи таа чувала дома кучина и мачки и многу мирисало,на што пријателот му рекол :па отвори прозор да се пролуфтира,а овој му викаа:ааааа!!! па да ми избегаат гулабите


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Feb-2013 at 00:07

ФОТОВЕСТ


Во Карпош, тревата е најубава за пасење кози

Нема, нема па во нашата околина ќе се појави една ваква слика која повеќе одговара за руралните, отколку за урбаните места. Фотографијата е сликана во населбата Карпош 4, а на неа може да се забележи како козите пуштени слободно се шетаат и си пасат. Па со коњите, овците, кокошките и петлите, па и по некоја крава, може да се констатира дека градот дефинитивно прераснува во права европска метропола.

Фото. Ѕ. Плавевски

вечер


пс.малку ми смета што баш Карпош е земен на мета за сликање(немора баш пред избори),ама ајде


Posted By: N23
Date Posted: 19-Apr-2013 at 12:52


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: gjoko
Date Posted: 19-Apr-2013 at 16:24
ако јас ви кажам какви проблеми имам со вакви коЈни,нема да ви се верува каде живееме


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Aug-2013 at 11:38
Фото: Се ловат кучиња-талкачи на скопскиот плоштад
    
Шинтерската служба заловуваше кучиња-талкачи на плоштадот Македонија во Скопје и во реоните на централното градско подрачје.

Како што објави Дневник, оттаму изјавиле дека се заловуваат кучиња што досега не биле обележани и третирани во ветеринарната станица. Од службата известиле и дека ги заловуваат на повик на граѓани што се пожалиле дека биле каснати и нападнати од кучињата.

Најавено е дека акцијата ќе продолжи на територијата на општина Аеродром каде што според јавувањата на граѓаните имало наплив од кучиња-талкачи.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/102977465/foto-se-lovat-kucinja-talkaci-na-skopskiot-plostad - http://www.skopjeinfo.mk/gradot/102977465/foto-se-lovat-kucinja-talkaci-na-skopskiot-plostad


Posted By: phenomenon
Date Posted: 29-Dec-2013 at 20:56

Quo vadis Skopje?
Koбила се ождребила во близина на амбулантата кај Бит Пазар.Sick, sick, sick!!!Dumpkobila


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Dexter26
Date Posted: 29-Dec-2013 at 21:24
Previous
 
Ова не е од пред некоја година ?
 
Како и да е, дека е срамно, срамно е.


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Dec-2013 at 00:53
Можеби повторно се ождребила некоја кобила, не би ме зачудило. Инаку, мислам дека сликата е од почетокот на годинава, кога имаше еден таков случај.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: N23
Date Posted: 31-Dec-2013 at 02:01
Ова е стара слика, али не дека не се дешава ова во Керамидница, Маџир Маало или Крњево, кои се дел од Центар. За ова лично пратив и опширен меил до Коце, фино скоцкан и со фото-материјал, али нормално никад на ова одговор не добив. Терминот социјален мир кај нас се злоупотребува до крајни граници и затоа иаме паланечки делови у строг Центар. Плус за време на еден од муслиманските празници овој дел од Бит Пазар па се до хотел Континентал служи као терен за сточен пазар, мислам дека и фотографии има наназад. Додека глобализацијата не навлезе и во последното затуцано село кај нас, ќе си иаме вакви проблеми.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: N23
Date Posted: 21-Jan-2014 at 17:52


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: phenomenon
Date Posted: 12-Jul-2014 at 18:30
Скопје 2014:



-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Jul-2014 at 17:19
Општина Карпош и здружението за заштита на животни Anima Mundi - здружение за заштита на животни деновиве постави канти за собирање фекален смет од домашни миленици и табли за забрането фрлање на отпадоците од милениците.









Конечно ова и кај нас да се примени.Општина Карпош секогаш чекор пред другите Скопски општини
Само имав една мала замерка и им ја соопштив па чекам да видам дали ќе ја реализираат.
А таа е следнава..
Најгоре на кантата да постават мали хартиени кесички и внатре во нив картонче.Со него секој да може да го собере изметот од своето милениче.
Ми текна дека гледав во Прага такви и сега ги најдов.Еве за што се работи..

http://nlga-homesforhounds.blogspot.com/2013/12/czech-dogs.html - http://nlga-homesforhounds.blogspot.com/2013/12/czech-dogs.html

Со конец се врзани кесичките и само ги повлекуваш.



Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jul-2014 at 17:37
Ова одамна го има кај нас, само не се сеќавам во кои општини ги имам видено ваквите корпи... баш се сеќавам дека не ми беше јасно која е потребата од посебни корпи за измет од миленици


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Jul-2014 at 17:42
Originally posted by zabegan

Ова одамна го има кај нас, само не се сеќавам во кои општини ги имам видено ваквите корпи... баш се сеќавам дека не ми беше јасно која е потребата од посебни корпи за измет од миленици.

Види ја последната слика т.е паркот пред зградите.Овие згради се до Сити Мол преку улицата.Секое лето се коси тревата и се собираат лисјата.Кога и да поминам е преполно со деца си играат тука со топка нон стоп.
Лошо би било ако дозволуваш тука да вршат измет домашните миленици.И не само ваму, вакви корпи треба да има во сите општини.


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jul-2014 at 17:49
Originally posted by jyvation

Originally posted by zabegan

Ова одамна го има кај нас, само не се сеќавам во кои општини ги имам видено ваквите корпи... баш се сеќавам дека не ми беше јасно која е потребата од посебни корпи за измет од миленици.

Види ја последната слика т.е паркот пред зградите.Овие згради се до Сити Мол преку улицата.Секое лето се коси тревата и се собираат лисјата.Кога и да поминам е преполно со деца си играат тука со топка нон стоп.
Лошо би било ако дозволуваш тука да вршат измет домашните миленици.И не само ваму, вакви корпи треба да има во сите општини.
секако дека е непожелно да има измет од миленици на било кој простор, а не па на места каде играат деца
друго ми е поентата, корпите, без опремата која ја спомна, се само обични корпи, исто како да ставиле обични корпи за отпадоци


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Jul-2014 at 17:51
ИМаше во Центар и во Градски парк уште пред неколку години. Но брзо ги искршија. И на овие им предвидувам краток век на траење. Дај боже да грешам.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: СК
Date Posted: 26-Jul-2014 at 00:52
да низ цела општина центар има и во парк и нити се искршени нити имаа краток век. тука си се и нишо не им е. дури стално има нови и по нови општини. има и по должина на гологанов, а мислам и аеродром.


Posted By: gjoko
Date Posted: 31-Jul-2014 at 22:15

ОПШТИНАТА ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГИ ДИСЦИПЛИНИРА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА МИЛЕНИЦИ


Аеродромци мислете му ја, ставете маска на кучињата или спремајте 400 евра за казна!


Општинарите, заедно со полицијата, од понеделник ќе ги казнуваат сите граѓани во Аеродром кои ќе ги шетаат домашните миленици без маска и подводник. Причината за оваа иницијатива е зголемување на безбедноста на граѓаните, особено на децата што шетаат и играат во парковите, но и за зачувување на животната средина


Општината Аеродром, во соработка со полицијата, вчера упати апел до граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата, подводник и да носат кеси за собирање на изметот којшто милениците го оставаат на јавните површини. Во спротивно од општината најавија дека од понеделник сите несовесни граѓани ќе бидат санкционирани од страна на општинските комунални служби во придружба на полициски службеници. Законот за прекршоци против јавниот ред и мир пропишува дека на оној кој без заштитни средства, маска и подводник и без надзор држи кучиња и други опасни животни кои можат да преплашат или повредат некого, ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра. Причината за ваквата иницијатива на Општината Аеродром и полицијата е да се зголеми безбедност на граѓаните, особено на децата што шетаат и играат во парковите, но и за да се зачува животната средина.
- Овој апел го упатуваме со цел да се зачува животната средина, а граѓаните, особено децата, да се чувствуваат безбедно кога ги користат парковите и другите јавни површини. Освен тоа, шетањето на миленици со маска и подводник, како и собирање на нивниот измет е законска обврска на граѓаните што произлегува од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота, изјави портпаролот на општина Аеродром, Маја Манчевска.

Во текот на оваа година до полициската станица Аеродром пристигнати се две пријави од граѓани за каснување од домашен миленик, но имало голем број јавувања од жителите кои се пожалиле дека граѓаните своите миленици ги шетаат без заштитна маска и без подводник.
- Причината за оваа иницијатива е зголемување на безбедност на граѓаните, особено на децата што шетаат и играат во парковите, но и зачувување на животната средина. Овој закон важи за сите раси на кучиња, без разлика дали станува збор за мала раса или пак голема, потенцираат од општината.

Полициската станица Аеродром од почетокот на 2014 досега има изречено 12 платни налози, но и голем број предупредувања за несовесните граѓани.
- Досега годинава имаме изречено 12 казни, а поголем е бројот на оние граѓани што се предупредени од казнети. Од понеделник заедно со општината ќе спроведеме засилени мерки и ќе се казнуваат сите оние што нема да ги почитуваат законските регулативи, вели командирот на полициската станица Аеродром, Орце Јовановски.

Минатата година пак на територијата на Аеродром полицијата за непочитување на прописите за носење заштитни маски на кучињата и шетање без поводник изречени се 73 казни.

(С.Тр.)

вечер



Print Page | Close Window