Print Page | Close Window

ЗЕЛС

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=289
Printed Date: 12-May-2024 at 05:39


Topic: ЗЕЛС
Posted By: Cloverstack
Subject: ЗЕЛС
Date Posted: 10-Dec-2007 at 04:05
Џуро, абе ти нели имаше подобри фотки од Коменски?

А и куќата на ЗЕЛС си забораил да ја стаиш ццц Smile



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Dec-2007 at 23:29
исти ми се фотките за Коменски. Да не дуплирам. Еве го ЗЕЛС






Posted By: kire85
Date Posted: 11-Dec-2007 at 01:40
Originally posted by pbanks

исти ми се фотките за Коменски. Да не дуплирам. Еве го ЗЕЛС




 
хахахахаххаха
 
ке го има ли и оној детаљ на зградата шо додатно со спреј е нацртан од локалните тафталиџански "архитекти"?Big%20smile
 
шала на страна зградичето не е лошо, иако да ме чуе дедо ми ќе ме убие, оти он не ја сака зградата зашо балконот му е на 5 метра од неа и затоа му го попречувала погледот кон водно.Crazy


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Dec-2007 at 01:48
    Решението за „предната фасада“ ако можам така да ја наречам некако не ми штима, премногу е различна од страничните делови на објектот, застаклените. А и бојава...
    А и тешко ми е да го замислам покривот од овој рендер, треба да биде нешто како цик-цак?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: kire85
Date Posted: 11-Dec-2007 at 01:59
Originally posted by La Linea

    Решението за „предната фасада“ ако можам така да ја наречам некако не ми штима, премногу е различна од страничните делови на објектот, застаклените. А и бојава...
    А и тешко ми е да го замислам покривот од овој рендер, треба да биде нешто како цик-цак?
 
Иако не е од таму влезот, сепак мислам дека застаклениот дел би требало да претставува повеќе "предна фасада". Не баш логично, ама можеби го напраиле така за да гледа кон улицата кај што поминуе 24ка (не знам како се вика), пошто е пофрекфентна. Инаку се слагам со тебе дека од кај што е влезот не личи баш на т.н. предна фасада.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2007 at 02:07
Originally posted by kire85

ке го има ли и оној детаљ на зградата шо додатно со спреј е нацртан од локалните тафталиџански "архитекти"?Big%20smile


 LOL


Originally posted by La Linea

    Решението за „предната фасада“ ако можам така да ја наречам некако не ми штима, премногу е различна од страничните делови на објектот, застаклените. А и бојава...


Треба да знаеш една работа во врска со македонските рендери - во 90% од случаите се катастрофално лоши. Обично објектот во живо изгледа различно и подобро него на рендер. Барем такво е досегашното искуство. Ова нормално не значи дека објектот ќе биде добар...


Posted By: kire85
Date Posted: 11-Dec-2007 at 02:12
Previous
 
апропо рендер, мислам дека зградата спроти ким треба да конкурира за гинисова книга за најлош рендер на сите времиња!! Откако го видов ТОЈ рендер, на се гледам со умерена доза на негативност.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2007 at 02:22
Originally posted by kire85

Previous
 
апропо рендер, мислам дека зградата спроти ким треба да конкурира за гинисова книга за најлош рендер на сите времиња!! Откако го видов ТОЈ рендер, на се гледам со умерена доза на негативност.



Во право си, тој рендер е права катастрофа. Ама сепак конкуренцијата е јака... Тој може да се бори евентуално за далечно второ место. Прво место - ти го претставувам рендерот на катната гаража кај ТЦ Бисер во аеродром. Нема да го ставам на сајтов, само ќе ти дадам линк - ќе сватиш... LOL

http://img215.imageshack.us/img215/6684/picture1nf3.jpg - http://img215.imageshack.us/img215/6684/picture1nf3.jpg


Posted By: kire85
Date Posted: 11-Dec-2007 at 02:27
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by kire85

Previous
 
апропо рендер, мислам дека зградата спроти ким треба да конкурира за гинисова книга за најлош рендер на сите времиња!! Откако го видов ТОЈ рендер, на се гледам со умерена доза на негативност.



Во право си, тој рендер е права катастрофа. Ама сепак конкуренцијата е јака... Тој може да се бори евентуално за далечно второ место. Прво место - ти го претставувам рендерот на катната гаража кај ТЦ Бисер во аеродром. Нема да го ставам на сајтов, само ќе ти дадам линк - ќе сватиш... LOL

http://img215.imageshack.us/img215/6684/picture1nf3.jpg - http://img215.imageshack.us/img215/6684/picture1nf3.jpg
 
хахахахахахахаахахх....е овој не го знаев!! Имаш право, мојот кандидат може на ова вода да му носи. Се прашувам само, како не им е срам да изложуваат такви бизарни рендери? Стварно не ми е јасно. Па има доволно луѓе, поготово помеѓу младата генерација кои од шала би напраиле 46524508 пати бољи рендер! Ко Кире сам у Paint да го правел.Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2007 at 13:48

мене ми е сепак рендерот од карши Ким рекордер... не верувам дека во скоро време ќе искочи полош рендер иако никогаш не треба да ги потценам нашите креативци Crazy



Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jan-2008 at 00:15
Една вест за објектот на ЗЕЛС Cheers

ЗЕЛС од февруари се сели во новата Куќа на општините

Куќата на општините е прва јавна институција во државава што е опремена со соларни колектори

Куќата на општините е готова и официјално ќе биде отворена во почетокот на следниот месец, најави Андреј Петров, претседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа. Моментално се опремува ентериерот, каде што ќе бидат сместени канцелариите на ЗЕЛС, а свои простории ќе имаат и Асоцијацијата на локалните самоуправи на Југоисточна Европа и месната заедница Тафталиџе 2. Според Петров, објектот е изграден за осум месеци и надворешно целосно е готов. Во согласност со европските стандарди и заложби за штедење на енергијата, Куќата на општините е првата јавна институција во нашата држава што е опремена со соларни колектори.

„Објектот целосно е готов и по завршување на празничните денови ќе подготвиме официјално отворање и преселба на канцелариите на ЗЕЛС. Навремената изградба на Куќата на општините е пример за добра соработка на локалната и централната власт и странски донатор“, вели Петров, објаснувајќи дека финансиите за проектот ги обезбеди Европската агенција за реконструкција, која донираше 720.000 евра, Општина Карпош не наплати комуналии, а државата земјиште и' го даде на ЗЕЛС на користење на 99 години.

Според проектот, Куќата на ЗЕЛС има вкупно 720 квадратни метри на три ката. Приземјето и двата ката ќе имаат малку повеќе од 200 квадратни метри. Во зградата ќе има канцеларии и простории за средби, а на потпокривот ќе се наоѓа големата сала за состаноци на членките на Заедницата. (С.Н.)



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D42E3911AFC8904D9D5BE6247B77021B - Утрински весник


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Jan-2008 at 00:35
Куќата на општините е прва јавна институција во државава што е опремена со соларни колектори


Оваа вест колку што ме радува толку и ме фрустрира. Се надевам дека ваков тренд и ќе продолжи со поголем интензитет понатаму. Најверојатно во 160 катниците и тие кај Холидеј Ин. Bash


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jan-2008 at 07:02
Зелс изгледа далеку подобро од рендерот Cheers

Добро сега... ја знаеме македонската болка со рендерите... тоа беше и за очекување


Posted By: shyes
Date Posted: 14-Jan-2008 at 13:44
Crazyхехе, Оградата ми се виде како да се скали околу зградата. LOL


Се надавеам дека многу поентизивно ќе се употребува соларната енергија низ новите градби. Можда ќе а добро ако владата донесе некаков закон за тоа илин инцативи за нови градби ако тие градби употребат соларна енергија. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jan-2008 at 14:04

владата имаше добра кампања каде ја субвенционираше употребата на соларна енергија. Кампањата беше со ограничен рок и не сум сигурен дали уште трае но во секој случај ми се свиѓаше Thumbs%20Up



Posted By: shyes
Date Posted: 15-Jan-2008 at 11:19
Барем некаква инцијативе била преземена, убо ќе ако тоа продолжи.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Mar-2008 at 18:01
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=30344&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=30344&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Отворен новиот објект на Заедницата на единици на локална самоуправа ЗЕЛС

Скопје, 7 март (МИА) - По 36 години постоење Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) денеска доби свој дом во скопската населба Тафталиџе, кој официјално го отворија претседателот на ЗЕЛС Андреј Петров и  комесарот за проширување на Европската унија Оли Рен.  Изградбата траеше десет месеци, а средствата во износ од 800 илјади евра ги обезбеди Европската агенција за реконструкција.  

- ЗЕЛС има важна улога во процесот на децентрализација и улога да обезбедува дијалог меѓу општините и централната Влада. Вие сте форум за дискусија на градоначалници од различни националности и партии...ЕУ е ваш партнер во процесот на децентрализација и преку различни програми активно ќе продолжи да го поддржува, истакна комесарот Рен. Како поранешен советник во општината на Град Хелсинки тој, како што рече, е свесен  колкаво е значењето  на овој настан за локалните власти и за  соработката на општините, за развојот на земјата и  за услугите кои се обезбедуваат за граѓаните.

Добриот дух на соработка меѓу општините, како што рече, резултирал со  подобрување на фискалната децентрализација  на локално ниво.  -  Сметам дека сте целосно вклучени во процесот на интеграција во Европската унија, претставниците на локалната самоуправа имаат голем придонес на овој пат кон Европската унија...Но, потребни се дополнителни чекори за реализација на процесот на децентрализација за да се почувствува напредокот, додаде Рен.

Еврокомесарот го поздрави одличниот дијалог на општините со  мисијата на Европската унија во Скопје и нивните контакти со Брисел и поради тоа очекува со новиот дом да бидат уште поефикасни во иднина.  Укажа на обезбедената техничка помош од ЕУ, совети и средства, 56 милиони евра за поддршка на сеопфатната програма за локалната самоуправа  и на воспоставените  краткорочни приоритети за локалната администрација - зајакнување на внатрешната контрола, дополнително унапредување на процесот на собирање на даноците во општините и осигурување доволен број компетентни вработени.

Потенцирајќи ја важноста на децентрализацијата и улогата на општините, вицепремиерката за евроинтеграции Габриела Коневска-Трајковска рече дека  Владата вложува  исклучително многу во урбаната експанзија на општините и во подобрувањето на нивната комунална инфраструктура, како клучни приоритети во ЕУ-агендата од аспект на пренесувањето на надлежностите од централната на локалната власт.    

- Беа распределени 17 милиони денари за изработка на урбанистички планови, а првпат досега Владата издвои 120 милиони  денари за приоритетна изработка на урбанистички планови во општините за да се привлечат странски инвестиции, рече Коневска-Трајковска. - Но, не застануваме тука. Целосно ќе ги подготвуваме општините и веруваме дека ЗЕЛС ќе биде наш партнер од доверба, додаде вицепремиерката која од оваа институција очекува активна соработка во користењето на претпристапните фондови  на ЕУ.

Претседателот на ЗЕЛС Андреј Петров посочи дека со вселувањето во сопствена зграда на ЗЕЛС му е обезбедена сигурна иднина и непречена работа на стручните служби и претставниците на општините.

- Тоа ќе ја развие и зајакне локалната демократија и локалната самоуправа. Особено е значајно што зградата ја добиваме во период кога во Република Македонија се спроведува еден од најзначајните процеси - децентрализацијата на надлежностите од централната на локалната власт, истакна Петров.

Вкупната површина на објектот е 1.100 метри квадратни, а земјиштето на кое е изграден го додели Владата на долготраен закуп без надомест. Советите на Град Скопје и на општина Карпош донесоа одлуки за ослободување од наплата на средства за комуналии. Наскоро во ЗЕЛС ќе биде отворен прес и тренинг-центар, а место во објектот ќе има и Мрежата на сите асоцијации на општините од Југоисточна Европа (НАЛАС), во која ЗЕЛС членува од 2001 година.


(07.03.2008)


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 16:25
Еве го ЗЕЛС финализиран.

Од напред

Од назад


Не ми се свиѓа  Thumbs%20Down


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Mar-2008 at 16:31
ми текна интересна тема = FIRE ESCAPE

кај нас нивото е на минимум (ми се чини) ретко која зграда има скали за бегање во случај на пожар (од пониските барем) а да не збораме за апарат за гаснење пожар на секој кат и полнење на секои 6 месеци... како и да е, ми остај впечаток во њујорк на менхетн, станбените згради беа СИТЕ со такви скали како на пријатели серијата (таму и е снимана) и изгледаше многу грдо/грозно/одвратно ама барем безбедно. гледам и ЗЕЛС има скали такви


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Mar-2008 at 17:39
Мислам дека зградава изгледа одвратно. Како бледата монотона жолта да не е доволна, па овие прозори, личат повеќе на оние колекторчиња за соларна енергија кај  дигитроните. За скалите да не збориме, барем ги има.
   
А каде се соларните колектори што ги збореа?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 18:02
па ваљда на кровот Dunno


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Mar-2008 at 18:10
Абе, и јас истот го мислев. Ама, бојата на стаклата ме бунат, затоа што постојат полу-транспарентни сончеви колектори кои се користат во т.н. зелени згради наместо прозорци. Помислив истото тука да не го направиле, ама мислам дека мали се шансите, тоа е скапа работа многу е поевтино да ги качиш на кров. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!



Print Page | Close Window