Print Page | Close Window

Министерство за финансии (Југобанка)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=290
Printed Date: 19-Apr-2024 at 16:42


Topic: Министерство за финансии (Југобанка)
Posted By: La Linea
Subject: Министерство за финансии (Југобанка)
Date Posted: 22-Mar-2008 at 03:02
Конечно!! Не знам дали фасадата е обмислена уште од 1991, но ако не е, се надевам ќе испадне нешто како Соравија.


Финишира тендерот за доизградба на зградата на Југобанка

Владата откако ќе ги утврди придобивките од зградата, ќе одлучи дали ќе ја продава или ќе биде нејзин сопственик

При крај е подготовката на тендерот за доизградба на зградата на поранешна Југобанка, лоцирана во центарот на Скопје, спроти „Лотарија на Македонија“ и деновиве се очекува да биде објавен. Иако имаше иницијативи за доизградба на објектот, состојбата со години е непроменета. Од Министерството за финансии, кое е сопственик на објектот, велат дека прво треба да се изработи студија и да се избере консултант кој ќе изврши анализа на оправданоста од склучување приватно-јавен договор за доизградба на објектот. „Ако има правна оправданост, ќе се продолжи со постапката за избор на приватен изведувач“, рече Мартин Мартиновски, портпарол во Министерството за финансии.

Владата откако ќе ги утврди придобивките, ќе одлучи како ќе стопанисува со објектот, дали ќе го продава или ќе биде негов сопственик. Најверојатно дел од зградата ќе се отстапи на фирмата која ќе ја доизгради, а дел ќе остане под државна капа.

Висококатницата почна да ја гради во 1991 година некогашната Југобанка. Денеска нејзин сопственик е државата. Од Владата имаат намера да ја доизградат и да ја стават во функција, со што би се ставило крај на трагичните настани кои се случија во неа, а и дел од зградата ќе може да се искористи за работен простор на неколку владини институции кои сега се сместени под кирија. И во 2001 година беше најавена доизградба на овој објект, за што државата издвои пет милиони евра, но поради воениот конфликт парите беа пренаменети за други цели. (В.Д.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4B6CBA61B9E0EA41AAAE0EDA6358F2C0 - Utrinski

javascript:void%28%29 -



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!



Replies:
Posted By: evolutionary
Date Posted: 29-Jun-2008 at 17:43
Ke ja snema edinstvenata slobodna zona za teski narkotici vo Skopje:(

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: se_manda
Date Posted: 29-Jun-2008 at 17:47
ne e veke slobodna....zavorena e dole i nema sansi da vlezes vnatre...(ne go zboram ova od iskustvo) LOL


Posted By: evolutionary
Date Posted: 29-Jun-2008 at 18:02
ja ti vikam deka moze, a u slucaj na nuzda e piece of cake-normalno, ne zboram od iskustvo

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Jul-2008 at 08:21


Thumbs%20Up

Бездомници пак ја окупираа „зградата-убиец“

Приземјето е претворено во депонија, а неподнослива миризба се чувствува оддалеку


Сопственикот на зградата, Министерството за финансии, не најавува нејзино скоро ставање во функција

Недоизградениот објект на Југобанка, спроти „Тинекс“ во центар, повторно е претворен во засолниште на бездомници. Пред две години Владата го соѕида објектот за во него да не влегува никој, но сегашната ситуација вели дека тоа немало ефект. На неколку места на зградата има дупки од кои повторно може слободно да се влезе. Приземјето е претворено во депонија, а неподносливата миризба се чувствува оддалеку. Внатре, освен импровизирани кревети, преполно е со градежен шут, картони и други отпадоци.

НЕСИГУРНА ОКОЛИНА

Соседите од околните згради веќе неколку години бараат од властите да го решат овој проблем еднаш засекогаш. Се жалат дека не се живее во близина на оваа зграда. Бездомниците внатре вршат нужда, викаат, се караат.Не можеме да излеземе на терасите од смрдеа - се жали жителка од улицата Даме Груев. Еден друг жител раскажува дека му е страв да се враќа навечер со возилото, бидејќи се плаши некој да не го нападне. Живеам веднаш до зградата и не е баш пријатно. Денес е такво време да не знаеш кој од каде ќе ти скокне за пари - се жали тој.Од Министерството за финансии, во чија сопственост е зградата, рекоа дека не знаат што се случува таму во моментов. Велат дека ќе направат увид на самото место и доколку е потребно, ќе интервенираат. реба да се излезе на самото место за да се види за што се работи, па доколку има направено штета, таа ќе се санира - изјави портпаролот Мартин Мартиновски.

НИКОЈ НИШТО НЕ ПРЕЗЕМА

Во однос на тоа кога зградата конечно по 15 години ќе биде ставена во функција, тој ја повтори истата изјава што од Министерството ја дадоа пред многу години. Се бара начин проблемот да се реши преку јавно-приватно партнерство, а во објектот би се сместиле службите на Министерството, а дел би се користел за деловни или за други цели. Пред неколку месеци, врз основа на Законот за концесијата, почнавме постапка за избор на консултант што треба да изработи студија за економска оправданост, врз основа на која ќе се распише јавен повик за да се избере најповолен изведувач со чија помош ќе се стави во функција оваа засега напуштена зграда - рече портпаролот на Министерството за финансии. Во зградата на улица Даме Груев требаше да биде сместен поранешниот банкарски гигант Југобанка. Градежните работи се изјаловија во 1991 година, со распадот на Југославија. Висококатницата освен што со години е познато место по девијантните појави, ја носи и етикетата „зграда-убиец“. Во неа трагично животот го загуби еден скопјанец, паѓајќи во една непокриена дупка. Имаше и една немила случка кога Противпожарната бригада и полицијата едвај симнаа еден предозиран зависник од вториот кат, бидејќи се наоѓал во коматозна состојба. Властите, веднаш потоа ја оградија зградата, но за кратко. Жицата беше скината и повторно објектот стана омилено место на скитници и зависници.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1B39901400947D4A8662284B16A3EEB9 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1B39901400947D4A8662284B16A3EEB9





Posted By: anDarko
Date Posted: 24-Nov-2008 at 14:30
Не знам дали се објави на форимов, но неодамна се појави илјадита по ред најава дека проколнатата, недовршена зграда на Југобанка во центарот на Скопје конечно ќе се доврши. Вакви најави имаше безброј пати, ниедна до сега не се реализираше...не знам дали може да и се верува и на оваа...

Зградата на Југобанка ќе се доврши! 

Напишано од http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_comprofiler&task=userProfile&user=87&Itemid=33 - Милан Аџиевски   
04.11.2008.
dsc_0187.jpg

Во самио центар на Скопје цели 18 години стои голема зграда во карабинска изграденост која до пред две години беше дом на бездомниците и легло на зависниците од алкохол и дрога. Зеде и два живота, при паѓање на двајца алкохоличари во необезбедените подруми.


Од спротива е убавата зграда на Фершпед, а зад неа е улицата "Македонија". Тоа е зградата на некогашна Југобанка, изградена до ниво на карабина во далечната 1988 г. По распадот на претходната држава, сиот имот од бившите ју-републики во Македонија стана недвижен имот во нејзина сопственост.
Зошто требаше да минат речиси две децении во празно, за на крајот, некој да се сети дека Министерството за финансии на месечно ниво троши над 40.000 евра за кирии и закупнини за своите служби, и дека е поумно да се вложат повеќе пари и таа зграда да се оспособи за нормално функционирање за владините потреби.
"Според Законот за концесии и Законот за јавно-привартно партнерство, Владата донесе одлука во буџетот за идната 2009 г. да се издвојат доволно средства за да се пристапи кон конечно завршување на изградбата на овој објект - изјави за форум.цом.мк Мартин Мартиноски, портпарол на Министерството за финансии. - Ангажираниот консултант достави заклучок дека најисплатливо е зградата да се доизгради до конечна фаза, а за тоа наскоро ќе биде распишан тендер за избор на изведбен проект, а потоа и изведувач".
Во тој објект ќе бидат сместени разни служби кои сега се раштркани низ целиот град: во зградата на Интекс, Tехнометал-Вардар, ЕВН, бараките во Капиштец и на други места, а за кои се плаќаат, како што спомнавме, 40.000 евра на месечно ниво за закупнини и кирии.
Последно ажурирање ( 14.11.2008. )

http://www.forum.com.mk/index.php?Itemid=33&id=7291&option=com_content&task=view



Posted By: maestro
Date Posted: 28-Nov-2008 at 14:34

Дај Боже да се заврши! Вака изгледа многу грозно!

П.С. Да не знае некој зошто и од кога стојат оние 2 реда со по неколку прозорци?? Баш тогаш одлучиле да ја прекинат?


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Nov-2008 at 15:50
ваљда тие биле само колку за тест Big%20smile


Posted By: maestro
Date Posted: 28-Nov-2008 at 18:33

Тогаш добро што не ја продолжиле пошто сега зградата ќе беше грда :(
Судејќи според ова.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2009 at 17:37
ПО СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ, ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ОБЈЕКТОТ КАЈ „ЛОТАРИЈА“
Конечно, доградба на напуштената карабина

Државата со сопствени пари ќе ја доградува недовршената зграда на поранешна „Југобанка“, лоцирана спроти „Лотарија на Македонија“, која веќе 17 години го нагрдува центарот на градот. Во буџетот за годинава се предвидени финансиски средства за таа намена, а градежните работи ќе почнат откако ќе се заврши проектот и ќе се избере изведувач. Ова го потврдија од Министерството за финансии, кое ќе се всели во овој простор откако ќе се доизгради објектот. - Зградата ќе се гради со сопствени средства, кои се предвидени во буџетот за годинава. Целосното завршување на објектот дополнително ќе се финансира. Во фаза е изведбен проект во кој ќе се доработи изградбата, а потоа ќе се распише тендер за избор на градежна компанија. Очекуваме летово да почнат работите - објасни Мартин Мартиновски, портпарол на Министерството. Во висококатницата, сопственост на државата, ќе се вселат сите канцеларии на Министерството, заедно со останатите нивни органи. - Идејата е овде да се префрли Министерството за финансии кое е сместено на различни локации, а со тоа да се реши проблемот со трошокот за кирии кои сега ги плаќаме. Ќе се вселат и Управата за имотно-правни односи, Бирото за јавни набавки и новиот сектор за склучување договори и финансирање преку кој се управуваат ИПА-фондовите - додава Мартиновски. Во моментот Министерството има закупени простории на повеќе локации, меѓу кои во „Технометал - Вардар“, „Палома бјанка“, „Интекс“, „ЕВН“ и во бараки во Капиштец. Иако пред две години се најавуваше дека зградата ќе се прави со приватно-јавно партнерство, надлежните сега велат дека од консултантската куќа која направила анализа им било предложено самофинансирање како поисплатливо решение. Министерството очекува објектот да биде готов и ставен во функција до средината на идната година. Со години заборавената карабина претставува собиралиште на бездомници и на наркомани. Жителите од околните згради постојано имаат проблем со дивите „станари“ на зградата и реагираат дека местото покрај тоа што е небезбедно, претставува и извор на зарази.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1645&ArticleID=109397




Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jul-2009 at 00:04

Државата се' уште нема конкретно решение за зградата-убиец

Зградата е собиралиште на бездомници, наркомани и кучиња, иако пред повеќе од една година се заѕида приземјето

За зградата на поранешна Југобанка се' уште нема конкретно решение. И по десетина година, таа зјае недоизградена во центарот на градот и е секојдневно собиралиште на бездомници, наркомани, кучиња-скитници... Пред повеќе од една година се изѕида приземјето, но, сепак, се покажа дека ниту тоа не е решение за надминување на проблемите што ги создаваат бездомниците и наркоманите, кои со години го користат објектот како преноќевалиште и собиралиште. Иако пред половина година државата, односно Министерството за финансии, во чија сопственост е зградата, најавуваше нејзина доизградба според принципот на приватно-јавно партнерство, конкретни чекори досега не се преземени. Не е распишан ниту тендер за избор на партнер за доизградба на објектот, кој неколкупати досега го најавуваа надлежните, но директно и поранешниот министер Трајко Славески. Требаше да се распише меѓународен конкурс за избор на инвеститор, но не беше одлучено дали инвеститорот во целост ќе располага со зградата или, пак, Владата ќе користи простории со попуст на пазарната цена. Втората опција што беше во игра беше модел на физичка поделба на објектот меѓу инвеститорот и Владата.

„Тендерот за проектирање и изведување е во подготовка и очекуваме да биде објавен до крајот на август“, накусо информираа од Министерството за финансии без да одговорат кој ќе биде финансиерот и дали и на кој начин државата ќе има учество во доизградбата и дали и понатаму ќе стопанисува со објектот. Надлежните неколкупати досега потенцираа оти се заинтересирани за доизградба на објектот, бидејќи доколку останат барем и делумни негови сопственици, ќе можат да го решат проблемот со недостиг од простор и за ресорното Министерство и за други владини институции.

Инаку, зградата требаше да се доизгради во 2001 година, кога и од државниот буџет беа одвоени тогашни 12 милиони германски марки кои, сепак, се пренаменија поради воениот конфликт.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=97E8B1C34A573548AC551E953836B486


Posted By: igorius
Date Posted: 06-Aug-2009 at 16:35
a kolku sme otrpnati na vecnata karabina od jugobanka ?






Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Oct-2009 at 07:54
 
Зградата-убиец е таксана за Министерството за финансии
 
Во врска со прашањето зошто Владата ќе гради нова зграда за потребите на МНР, наместо да се доизгради зградата на поранешна „Југобанка“, која две децении стои недовршена сред центар, портпаролот на Владата Мартин Мартиновски изјави дека таа се планира за потребите на Министерството за финансии.

- Таа не се реконструира со години поради недостиг на пари. Но, во секој случај, кога ќе се доизгради ќе служи за потребите на Министерството за финансии и за неговите служби - изјави портпаролот Мартиновски.

Се работи за зградата до објектот на „Лотарија на Македонија“, во строгиот центар. Таа остана недовршена поради распадот на Југославија, и пропаѓањето на „Југобанка“. Потоа, нејзин сопственик стана Министерството за финансии. Во 2001 година имаше обид за нејзина доизградба, за што беа издвоени пет милиони евра, но се' се изјалови поради конфликтот. Зградата е наречена „зграда-убиец“, бидејќи во неа животот го загубија двајца граѓани.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=384AC6517CED52468B5A070DB111CB53 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=384AC6517CED52468B5A070DB111CB53


Posted By: vardar
Date Posted: 02-Oct-2009 at 08:05
 
Таа не се реконструира со години поради недостиг на пари
 
 
Абе Мартиновски ако нема пари тогаш како се гради архивот, музеј на вмро, стар театар, ново мнр, мајка тереза, еден куп "скулптури" итн.... Crazy до кога со овие финти!? Roll%20eyes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Oct-2009 at 21:30
Се прашувам со кој кредибилитет властите ќе ги спроведуваат роковите за градба предвидени со новите законски решенија, кога самите не се придржуваат кон принципите што ги наметнуваат.

Јас немам ништо против тие нови законски одредби, баш напротив, силно ги подржувам. Немам никакви дилеми дека рокови мора да има и дека теба строго да се спроведуваат. Доста веќе со вечни карабини и објекти што се градат со темпо со кое се градела келнската катедрала.

Но какво е ова невидено лицемерие на власта? Дали ова значи дека тие треба да бидат третирани поинаку, или значи дека законот се носи чисто церемонијално и дека немаат намера да го спроведуваат?
Не ни знам дали со законот ретроактивно се опфатени постарите карабини како оваа, но дефинитивно власта не смее да продолжи да се заебава со објектов, макар чисто ради принцип, затоа што вака испраќаат многу лоша порака.

Плус тоа, како што кажа Вардар, пари имаат за се и сешто, само за тоа што навистина треба да е приоритет никогаш немаат...
20 години карабина во центар... Епа што е многу, многу е!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Dec-2009 at 12:25

Нова надеж за дводецениската карабина во строгиот центар

Воена криза го спречи доградувањето на објектот во 2001 година, финансиска криза во изминативе две години, па ако нема криза, идната година ќе продолжат градежните работи, според најавите од Министерството за финансии

Повеќе од две децении недоградената зграда на „Југобанка“ во центарот на градот, до објектот на „Лотарија на Македонија“, стои како симбол на неуспешната транзиција. Уште од осамостојувањето на земјава ниту една власт не може да најде решение за оваа десеткатна грдосија, и покрај тоа што се наоѓа на атрактивна локација во градот, која не смее да изгледа толку запуштено. Откако се распаднал стариот банкарски гигант, објектот станал сопственост на Министерството за финансии, чии службеници се сместени на повеќе места низ градот, во изнајмени канцеларии за кои се плаќаат скапи кирии. Но од оваа институција сега стигнуваат најави дека можеби има иднина за запуштената зграда, бидејќи во буџетот за наредната година биле предвидени пари за нејзиното доградување.

ДРОГА, БЕЗДОМНИЦИ, СМРТНИ СЛУЧАИ


Градежните работи почнале во 1987 година, кога поранешната „Југобанка“ била моќна финансиска институција. Ја почнал поранешниот директор Цветковски и се градела само додека тој бил на функцијата. Идејата била да се направи административно-деловен објект во кој ќе се сместат банкарските служби. Но набргу директорот Цветковски заминал во пензија, а потоа почнале и политичките промени, со кои дошло до распаѓање на поранешната Југославија, и сите градежни работи запреле. Единственото нешто што се случило меѓу директорската промена во банката и осамостојувањето на Македонија е тоа што новиот директор Љубен Давко на својот син му исплатил 200 илјади долари аванс за неговата фирма да го уреди ентериерот во новата банка.

„Југобанка“ потоа се распаднала и Министерството за финансии го презело објектот. Државата најпрво се соочила со проблеми со денационализација и со приватни имоти врз кои била направена градбата, па долго време спроведувала процедура и трошела пари да го откупи и последниот квадратен метар недржавно земјиште таму. Бидејќи немало пари, градежните работи не продолжиле.

Лош глас почна да ја бие зградата уште во првите години по осамостојувањето. Недоградената карабина прво стана популарна меѓу наркозависниците, кои се собираа таму. Многу често ја окупираа и бездомници, за да се затоплат меѓу празните ѕидини. За жал, објектот беше причина и за неколку смртни случаи, кога луѓе што поради љубопитност се качувале на погорните катови или што поминувале низ приземјето за да си го скратат патот паѓале во големите дупки оставени за лифтови и за скалила. Како што одминуваше времето, сите сé повеќе ја одбегнуваа оваа градба, освен бездомниците, кои постојано се населуваа. Во 2007 година беа извршени единствените градежни работи во последниве две децении, кога се изѕида приземјето, пред сé за да се спречи луѓе да влегуваат во неа.


МИНИСТЕРСТВОТО ОДАМНА КРОИ ПЛАНОВИ ДА СЕ ВСЕЛИ


Голем број владини служби работат во изнајмени простории или во бараки со несоодветни услови, додека оваа карабина стои недоградена. Државата досега правела обиди да ги продолжи градежните работи, а таква најава има и сега. Минатата година Мартин Мартиновски, тогашниот портпарол на Министерството за финансии, најавуваше дека има план за обнова на зградата, но бидејќи тоа би чинело многу пари, се испитувала можноста доградувањето да се изврши со јавноприватно партнерство, во согласност со Законот за концесии. Тогаш тој рече дека се избирал консултант што ќе ги испитал овие можности и ако условите се поволни, ќе се направи објект во кој ќе може да се смести целото министерство, но и приватни фирми, а ќе има и простор за гаражи.

Ивана Билбиловска, сегашната портпаролка на Министерството, рече дека минатата и оваа година Владата морала да одложи многу проекти поради финансиската криза, меѓу кои бил и тој за обнова на зградата на „Југобанка“.

- Затоа во буџетот за наредната година има предвидено пари, а сега работиме на подготовка на тендерот со кој треба да се реализира тој проект - вели Билбиловска.

Објектот требало да се обнови уште во 2001 година. Тогашната влада за проектот предвидела 12 милиони германски марки. За жал, поради воениот конфликт, тие пари, како и многу други за разни проекти, морале да се пренаменат за одбрана на земјата.




Лична карта

објект: „Југобанка“
инвеститор: „Југобанка“
почеток на градба: 1987 година
прекин на градба: во раните 1990-ти
изграденост: карабина
проблем: нема пари


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121491040543&id=14&prilog=0&setIzdanie=21861


Posted By: gorco
Date Posted: 14-Dec-2009 at 13:12
Вршам тури и разноразни прошетки во објектот на Југобанка.
Ќе се осеќате ко да сте биле на Водно или парк

Цена по договор.
Контакт на прајват месиџ.

Мала шала - али од искуство си кажувам. Не ми е јасно како можеа градскиве власти толку време да го остаат овој објект незаштитен, зборам за периодов пред едно 10-14 години.

Јас лично сум се шетал, внатре, буквално местото е за снимање на хорор филм и сл... дејствија. Скалите незаштитени. Дупките за лифтови исто така... ужас... кога ќе ми текне само ))))



-------------


Posted By: Keeray
Date Posted: 23-Jan-2010 at 01:05

„Зградата-убиец“, конечно, ќе се доизгради

Во објектот ќе се всели администрацијата
на Министерството за финансии

По неколкугодишни најави, државата, конечно, ќе преземе мерки да ја доизгради некогашната зграда на „Југобанка“ во центарот на градот, позната во јавноста како зграда „убиец“. Министерството за финансии, во чија сопственост е објектот, распиша јавен повик за негова доизградба, реконструкција и адаптација. Се бара заинтересиран субјект да изработи проектна документација за оспособување на објектот, односно да ги изведе градежните, занаетчиските и инсталатерските работи, како и да го уреди објектот внатрешно и надворешно. Всушност, како што стои во објавата, објектот на Министерството ќе треба да му се предаде во фаза „клуч на рака“.

Од Министерството вчера информираа дека објектот ќе се искористи за сместување на неговата администрацијата, која сега е кираџија во неколку околни објекти. „Во зградата ќе се смести цело Министерство за финансии со дел од органите на составот, на тој начин ќе се заштедат пари кои досега беа плаќани за кирии. Иако имаше идеја за јавно-приватно партнерство, студијата за оправданост покажа дека тоа е финансиски неоправдано“, објаснија вчера од Финансии без да посочат колку средства државата ќе издвои за доизградба на објектот.

Во секој случај, барем е сигурно дека таа по речиси 20 години ќе биде изградена. Препознатливиот објект - дувло за наркомани и скитници и грда слика во центарот на Скопје - ќе стане минато.

Инаку, висококатницата почна да ја гради „Југобанка“ во 1991 година. Во 2001 година, пак, беше најавена доизградба на објектот, за што државата издвои пет милиони евра, но поради воениот конфликт парите беа пренаменети за други цели. (Дс.Т.)


Izvor: utrinski vesnik


Posted By: axel
Date Posted: 01-Mar-2010 at 23:20

ЌЕ ГО ДОГРАДИ ВЛАДАТА И ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ СТАНАРИТЕ


Југобанка нема да падне!


Зградата убиец, односно поранешна "Југобанка", во строгиот центар на Скопје, спроти Лотарија на Македонија повторно е опасна по живот. Поради невремето кое настана викендов од покривот паѓаа греди, огради, камења, и летаа на сите страни, а имало и огромни штици кои биле исковани со шајки, кои скоро 20 години висат од запуштениот објект. Станарите видно потресени од настанатиот чин и од настанатата штета побараа помош од Министерството за финансии. Тие напоменаа дека според градежниците кои направиле проценка штетата се проценува некаде околу 4 илјади евра.
- Од ветерот, на 27 февруари околу 10 часот и 30 минути падна покривот врз нашиот, но дел падна и на улицата и позади во дворот. Во тој миг, за среќа, немаше мунувачи па никој не е повреден. Веднаш преземавме мерки за санирање на кровот. Санацијата е речиси комплетно завршена, истакна Раде Димовски, еден од станарите.

Министерот Зоран Ставревски, вчера беше на лице место за да ги види настанатите штети и да разговара со станарите.
-Денешната посета е да се видам со станарите на зградата каде што настанало оштетувањето од паѓањето на дел од кровната конструкција и да видиме што можеме да санираме, како и долгорочно да го решиме проблемот. На краток рок она што можам да им го ветам на станарите на зградата е дека Владата ќе ги обесштети за отштетата што е настаната на покривот на зградата и првиот и вториот пат, ќе најдеме начин да обезбедиме обесштетување за она што е направено како финансиска штета и ќе го исплатиме она што тие го платиле - изјави министерот Ставревски.
Тој додаде дека ќе преземат мерки да го санираат кровот, за да не се повтори истата работа повторно и дека Министерството за финансии конечно ќе ја обнови оваа зграда, односно ќе ја доизгради.
- Тендерот е веќе објавен за изградба на зградата и проектирање. На почетокот на април ќе биде завршен тендерот, а четири-пет месеци ќе трае проктирањето, некаде септември-октомври најверојатно ќе биде завршено, додаде Ставревски.                                                                                                                                        http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C5A7DDEF281A1D4BBF0B5520DF11B561 



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 02-Mar-2010 at 00:29
Nisto cudno da vmetnat barok i tuka,malku potesko ke mu odi vaka na karabina,no ne se somnevajte koga se saka se se mozi

Stubot odnapred placi za anticki elementi


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Мартин
Date Posted: 02-Mar-2010 at 00:41
Originally posted by ovaj_stariov

Nisto cudno da vmetnat barok i tuka,malku potesko ke mu odi vaka na karabina,no ne se somnevajte koga se saka se se mozi

Stubot odnapred placi za anticki elementi
Не им давај идеи. Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Mar-2010 at 01:17
Знам дека вака малце глупо ќе звучи, ама зградава можеше да се искористи за некој билборд на нејзе. Ќе ја прикриеше сликата на недоградена зграда, ќе биде е думно некоја заштта од вакви работи да паѓаат, а и дополнително нешто профит може да донесе.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 02-Mar-2010 at 09:48
Originally posted by lslcrew

Знам дека вака малце глупо ќе звучи, ама зградава можеше да се искористи за некој билборд на нејзе. Ќе ја прикриеше сликата на недоградена зграда, ќе биде е думно некоја заштта од вакви работи да паѓаат, а и дополнително нешто профит може да донесе.
 
А со парите за сите споменици или чудните згради пред МОБ да се направеше?Roll%20eyes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Mar-2010 at 12:34
Па обично избегавам да предлагам ребаланси. Секој си има некој модел на буџет во глава и обично тешко се одстапува од тоа, така да не ми изгледа потребно да ја насочуваме натаму дискусијата.

За зградава има предвидено средства, мислев до сега 24 години е недоградена и е ризик, а до сега се пропуштени доста средства од рекламирање.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 04-Jun-2010 at 23:14

Зградата-убиец им го одзема мирот

 

Станарите од Градски ѕид бараат надлежните да преземат мерки и да ги заштитат од бучавата, загадувањето и од недоличното однесување на многубројните бездомници и зависници што редовно го заземаат објектот

Недоизградената зграда на поранешна Југобанка, спроти зградата на Лотарија на Македонија, деновиве повторно им го загорчува животот на жителите од околните згради, откако таму се вселило четиричлено ромско семејство. Станарите од зградата во Градски ѕид на „Даме Груев“, која е веднаш спроти недоизградената зграда, реагираат до надлежните со барање да се преземат соодветни мерки за нивната заштита, односно да го заградат просторот на приземјето. Тие велат дека зградата постојано им претставува проблем и се прашуваат како е можно во строгиот центар на метрополата објект во сопственост на државата толку години да остане недовршен.

- Оваа недоизградена и напуштена зграда 20 години наназад претставува проблем. Овде паѓаа луѓе, имаше убиства, внатре се вселуваат бездомници и зависници, а воедно зградата служи и како јавен тоалет. Во секое време од денот и ноќта сме изложени на малтретирање. Принудени сме да трпиме бучава, викање, а сме биле сведоци и на палење огнови во зградата, посебно во зимскиот период, како и на недолично однесување. Околината е загадена, се шири непријатна миризба, со што ни е оневозможено нормалното живеење - се жали Владо Трајчевски, станар во зградата број 5, блок 3 во Градски ѕид.

Тој објаснува дека иако надлежните го заѕидаа влезот на приземјето, натрапници повторно си направиле дупка, доволно голема да се проврат низ неа и да влезат внатре. Трајчевски вели дека сега кај зградата, веднаш до влезот, е населено четиричлено ромско семејство.

- Таткото е алкохоличар и собира другари со кои постојано се пијанчат и вреват, а децата и неговата сопруга немаат што да јадат. Редно е веќе надлежните институции да преземат мерки - реагира Трајчевски.

Тој вели дека за наведените проблеми се обраќале до инспекциските служби на Општината Центар, пред два месеца доставиле допис до градоначалникот Владимир Тодоровиќ, но досега не добиле одговор од никаде.

Од Општина Центар велат дека вчера ја испратиле комуналната инспекција на терен за да ја утврди фактичката состојба.

- На посочената локација, кај недовршената и напуштена зграда на Југобанка, беше направен увид и констатирано е дека таму има семејство од ромска националност што направило депонија од картони и од пластични амбалажи. На лицата што биле затекнати на посочената локација им е издадена опомена да ја расчистат депонијата и да го напуштат просторот што го користеле како свој дом - вели Јовица Ацковски, портпарол во Општината Центар.

Од Министерството за финансии вчера не добивме одговор до каде е реализацијата на планот за обнова и за доградба на зградата што пред три месеци ја најави министерот за финансии, Зоран Ставревски, кога поради невреме паднаа штици од недоизградениот објект и го оштетија покривот од зградата на улицата „Луј Пастер“. Тогаш тој вети дека во септември или октомври конечно ќе почне нејзината доизградба, а во неа ќе се вселат државни институции, бидејќи објектот е во државна сопственост.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1C4495C0388795448655B11A147FFB8A - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1C4495C0388795448655B11A147FFB8A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Jun-2010 at 01:47
Најнова, ако може да се каже вест, што имаме за објектов е од пред некој ден. Извадок од обраќањето на премиерот на годишното собрание на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ гради нов објект за кривичниот суд, за министерството за земјоделие а наскоро и заборавената зграда на Југобанка во центарот,

http://vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=6260


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 08-Jun-2010 at 22:26
Зградата-убиец стана јавна куќа


Десеткатната грдосија повторно е дом на скопските питачи, скитници, проститутки, бездомници...


Недоградената зграда на некогашна "Југобанка", што се наоѓа на најатрактивна локација во центарот на градот до Лотарија на Македонија, повторно е дом на скопските питачи, скитници, проститутки, бездомници... Таму се вселени и сите оние кои до неодамна беа сместени во магацините спроти Макпетрол" (кои ги урна Општина Центар заради расчистување и продажба на државното градежно земјиште).

Во една соба од зградата живее петчлено ромско семејство. Жената со штотуку родено бебе во рацете не молеше да не пишуваме за нив плашејќи се дека ќе останат без покрив над главата. Таа ни потврди дека навечер во десеткатната грдосија се собираат многу луѓе и има многу врева, поради што неколкупати реагирала полицијата.

Вревата им пречи и на станарите од околните згради. Реагираат, се плашат.
- Врие од проститутки, тука се продаваат, врескаат. LOLNuts Еве некни запалија оган, се исплашивме дека ќе избие пожар. Се караат, се тепаат, ги тепаат децата, вршат нужда. Немаме мирен сон.

Пријавуваме в полиција, некогаш доаѓаат и ги растеруваат. Ама не е тоа работа, треба да се најде трајно решение - се жалат станарите од Даме Груев" од соседството. Тие со месеци безуспешно ги информираат надлежните институции, но откако не успеале да ги натераат да издејствуваат решавање на нивниот проблем, деновиве вниманието на јавноста ќе се обидат да го свртат со петиција која веќе ја испратија до медиумите, а ќе пристигне и на адресата на највисоките инстанци.
- Целото ѓубриште од контејнерите се носи овде. Среде центар смрди на мрши, на урина. Ако не се реши проблемот веднаш, ќе почнат да се шират и болести, се плашат станарите.

Оваа десеткатна грдосија цели 20 години стои запуштена поради распад и затворање на Југобанка, по што сопственоста на објектот ја презеде Министерството за финансии. Таа е позната како зграда-убиец, епитет кој го доби поради неколкуте смртни случаи и самоубиства што се случија во неизградените подруми, а зимава од невремето и силниот ветер од покривот се откорнаа греди, тараби кои паднаа на улицата Даме Груев", ја оштетија фасадата и искршија прозорци на неколку станови. По немилиот настан од Министерството за финансии ветија дека есенва ќе почнат со доизградба на објектот кој треба да прерасне во деловен центар каде што ќе се сместат неколку државни институции.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B9D5EEE44FED7142A3DA3E1785F697C1 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B9D5EEE44FED7142A3DA3E1785F697C1


Posted By: stratus
Date Posted: 03-Mar-2011 at 20:38
Денес случајно поминав од кај Југобанка и забележав како ја заградуваат со лим, нејверојатно ќе се почне со некакво градење, но не успеав да сликам


Posted By: toasumjas
Date Posted: 03-Mar-2011 at 23:25
И ја пред некој ден поминав покрај неа и изгледа ја чистеа внатре, се слушаше тропање и голем облак од прашина искачаше од зградата.


Posted By: Macedonian
Date Posted: 04-Mar-2011 at 17:35
Денес поминав и сликав.Имаше работници,работеа внатре во зградата изгледа ја расчистуваа.Сликите со слаб квалитет.

http://img707.imageshack.us/i/photo01885195446.jpg/">
http://img534.imageshack.us/i/photo01895203630.jpg/">
http://img708.imageshack.us/i/photo01905212433.jpg/">
http://img98.imageshack.us/i/photo01915221636.jpg/">
http://img836.imageshack.us/i/photo01925230945.jpg/">
http://img808.imageshack.us/i/photo01935240064.jpg/">
http://img194.imageshack.us/i/photo01945249804.jpg/">




-------------
МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата кога зурла ќе ти го раскине срцето.


Posted By: Baze
Date Posted: 05-Mar-2011 at 12:18

Југобанка ќе се доградува со 10,5 милиони евра

Финансиер е Министерството за финансии, кое потоа ќе ја користи зградата за сопствени потреби

Деспина Трајковска

По неколкугодишни најави, државата, конечно, презеде мерки за доизградба на зградата на некогашна Југобанка, позната во јавноста како зграда-убиец.

На терен веќе се подготвува градилиштето за доизградба на објектот, во кој ќе се инвестираат 10,5 милиони евра. Парите ќе ги обезбеди Министерството за финансии, кое потоа ќе ја користи зградата за сопствени потреби и во неа ќе ја смести администрацијата што сега користи работни простории под кирија во неколку објекти. Од Министерството информираат дека објектот треба да стане функционален 12 месеци од почетокот на градежните работи.

„Министерството за финансии има добиено одобрение за подготвителни работи, односно, има согласност да формира градилиште и да го подготви теренот за градба. Истовремено сме во постапка на добивање дозвола за градба“, информираат надлежните, кои за изведувач лани летото ја одбраа словенечката фирма „Енергоплан“. Таа има обврска да ја доизгради и да ја реконструира зградата до фаза „клуч на рака“. Градежниот институт „Македонија“, пак, е ангажиран да врши надзор на градежните работи. За сработеното ќе добие речиси 30.000 евра.

Ставањето во функција на зградата не само што ќе ги реши просторните проблеми на Министерството за финансии туку истовремено и ќе стави крај на големите издатоци за високите кирии што ги плаќа веќе неколку години. Дефинитивно, ќе станат минато и немилите настани што се случуваа во недоизградениот објект. Бездомниците што се засолнуваа неколкупати предизвикуваа пожари, а зградата истовремено претставуваше и дувло на зависниците на наркотични средства и на кучињата-скитници.

Инаку, висококатницата почна да ја гради Југобанка во 1991 година, но по распадот на бившата држава, работите беа запрени. Во 2001 година беше најавена доизградба на објектот, за што државата издвои пет милиони евра, меѓутоа, поради воениот конфликт, парите беа пренаменети за други цели.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4E69BFA8DF3C7240B12A487DCEF596BB - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4E69BFA8DF3C7240B12A487DCEF596BB


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 05-Mar-2011 at 12:26
Одлична вест! Сепак нема ништо полошо од запуштено градилиште сред центар.
 
Од Министерството информираат дека објектот треба да стане функционален 12 месеци од почетокот на градежните работи.

Овој дел ми звучи преоптимистички, но во секој случај за поздрав.


Posted By: mitatos
Date Posted: 05-Mar-2011 at 13:06
Не би било лошо тука да се премести и полициската станица беко, навистина таму кај што се наогаат сега е во катастрофална состојба, не знам дали има некој влезено ..... нечисто,нестручно монтирани кабли,па тоа е центар треба да биде една од најубавите полициски станици.... 

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: alexgizh
Date Posted: 05-Mar-2011 at 14:13
Previous

Интересна идеја. Колку што имам видено, „Југобанка“ има доста голем подземен паркинг, па и тие полициските џипови кај Беко може да се „скријат“ доле, а сепак да имаат брз и функционален излез за евентуална акција. Така би се скрила грубата слика на полициска држава што ја создаваат секогаш-стоечките 2-3 џипа пред Беко денес.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 05-Mar-2011 at 16:49
Originally posted by UrbanFreak

Одлична вест! Сепак нема ништо полошо од запуштено градилиште сред центар.
 
Од Министерството информираат дека објектот треба да стане функционален 12 месеци од почетокот на градежните работи.

Овој дел ми звучи преоптимистички, но во секој случај за поздрав.

Zoshto preoptimistichki, ako ne se lazham celata karabina e gotova ostanuva samo da se namestata instalaciite, da se sozida vnatreshnosta i da da se napravai fasadata.



Posted By: N23
Date Posted: 05-Mar-2011 at 18:00
Конечно центарот ќе заличи на еден мал финансиски центар. Мал проблем е што од една страна иаме државна лотарија, од друга министерство, политички партии, малце подоле друго министерство, па одвај некој приватен деловен објект. Ама во една држава кога владата е најголем вработувач и инвеститор, друго и не можеме да очекуваме. Во секој случај, ме радува изградбата на оваа зграда и сметам дека ќе биде една од поубавите градби во Скопје.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 05-Mar-2011 at 18:08
И во средина катна гаража

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 05-Mar-2011 at 22:14
Originally posted by mirakuliks

Zoshto preoptimistichki, ako ne se lazham celata karabina e gotova ostanuva samo da se namestata instalaciite, da se sozida vnatreshnosta i da da se napravai fasadata.

 
Токму за тој дел и најмногу време е потребно. Сети се само колку брзо се крена карабината на театарот или музејот на ВМРО, а колку време се уредува ентериерот, фасадата и сл. И кај обична куќа, карабината е 1/3 од времето и парите.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 08-Mar-2011 at 14:13
Епа вака....не дека не очекувавте и не знаевте...

Дека се работи за уште една „донација на владата на РМ“, а не е приватен инвеститор, ќе имаме уште еден НЕО-БАРОК-РОКОКО-АКАДЕМИЗАМ(како и да се вика ѓубре од новокомпониран македонски стил на раните 10-ти од 21 век) на лицето на поранешна Југобанка...денеска се сечеа ленти, се сликаа и се смешкаа, а веќе покасно ќе имаме прилика да ја видиме и оваа карикатура во облик на рендер...

...и не застанав да сликам дека требаше да се зацапам во кал и во трагата од некој коњ што ја остаил многу скоро пред да поминам од таму, нормално и црните мерцедеси....
Со среќа нека ни е во животов

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2011 at 14:46
Незнам што и делов со донација на влада и дека не е приватен инвеститор. Од многу одамна знаеме дека ова ќе биде владина инвестиција за министерство. Немавме за тоа дилеми.

А за проектот, ако има нешто слики да видиме па да искоментираме.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 08-Mar-2011 at 16:23
i koga site mislevte deka nema da ima iznenaduvanja so objektov,samo poglednete ja slikata

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ДОБИВА СВОЈ ОБЈЕКТ

http://images.idividi.com.mk/images/ministerstvo_finansii1.jpg - http://images.idividi.com.mk/images/ministerstvo_finansii1.jpg

Скопје, 8 март 2011 (МИА) - Поранешната зграда на „Југобанка“ станува Министерството за финансии. Почетокот на доградбата на постоечката карабина беше означен денеска, а треба да заврши следната година. Средствата во износ од девет милиони евра се одвоени од буџетот, а изведувач на работите е словенечката компанија „Енергоплан“.

- Со инвестицијата вредна 550 милиони денари, карабината изградена во далечната 1989 година ќе добие фасада во неокласистички стил, но со современ концепт на внатрешно уредување и најсовремена технологија во самиот објект. Изгледот на зградата ќе биде репрезент на значењето и традицијата на институцијата сместена во него, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на означувањето на почетокот на доградбата на објектот.

Симболично на неокласичната надворешна градба, како што додаде министерот, Министерството за финансии и во новата зграда ќе ги спроведува доследно класичните вредности на фискалната политика - стабилни јавни финансии, со ниско ниво на буџетски дефицит, низок јавен долг и ниски даноци. Внатрешноста на зградата ќе биде современа и со најмодерна технологија која, повторно симболично, ќе ја користат современите, креативни и високостручни кадри во Министерството кои се карактеризираат со многу знаење, идеи и работи, истакна министерот Ставрески.

Тој истакна дека со доградбата на овој објект ќе биде надминат проблемот што се јавува поради користењето различни локации во кои е сместено сега Министерството за финансии и кое го отежнува нормалното и ефикасно функционирање.

Напоменувајќи за немили настани поврзани со овој објект, министерот рече дека неговата доградба ќе значи поголема безбедност за станарите, но и за градот Скопје.

За премиерот Никола Груевски ваквиот потфат трајно ќе го реши деценискиот проблем од недостиг на просторни услови за работа на Министерството за финансии, а државата ќе заштеди значителни средства за закупнина за објектите во кои функционира Министерствтото. - Тоа е сместено во деловни простории на осум различни локации, од кои за пет локации се плаќа закуп, рече премиерот, додавајќи дека со доизградбата на објектот овој проблем ќе биде надминат и за една година оваа зграда ќе прерасне во модерен и функционален објект во кој ќе биде сместено Министерството за финансии, вклучувајќи ги Управата за имотно-правни работи, Државниот девизен инспекторат и Бирото за јавни набавки.

Тој додаде дека со изградбата на овој објект и завршување на изградбата на новите згради за Министерството за надворешни работи, на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Кривичниот суд на Република Македонија, Јавното обвинителство, Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј, новата концертна сала на Македонската филхармонија и серија други капитални објекти ќе овозможат вистински услови за работа на институциите и вработените во нив. Тие ќе придонесат да се подобри квалитетот на услугите за граѓаните, а истовремено се стимулира и помага градежниот сектор.

Објектот ќе биде распространет на 14.000 метри квадратни, распоредени на 11 нивоа. Зградата ќе биде енергетски најефикасниот јавен објект во Македонија и еден од најсовремените во регионот. Ќе бидат вградени најсовремени материјали за изолација на објектот, независен систем на затоплување и ладење со клима комори и употреба на стакло со високосоларен коефициент на трансмисија. Зградата ќе биде во групата СМАРТ згради - насочена кон заштеда на енергија и заштита на околината. Во зградата е предвиден и современ прес-центар. Предвидена е и најсовремена компјутерска систем сала, направена по најстроги стандарди, која ќе овозможи непречено и стабилно функционирање на целокупниот компјутерски систем на Министерството, а пред се на Трезорот и Буџетот како витални сектори на Министерството за финансии и на платниот промет во државата.

Според директорот на „Енергоплан“ Стојан Лозар, изградбата на овој објект нема да биде само една модерна деловна зграда, туку и почеток на нови инвестиции и заеднички деловни предизвици.

Како што рече тој, работите треба да завршат во првиот квартал на 2012 година.

Енергоплан е меѓународна градежна компанија, присутна во 10 земји од Југоисточна Европа.


http://www.idividi.com.mk/Biznis/MakBiznis/668107/index.html - http://www.idividi.com.mk/Biznis/MakBiznis/668107/index.html

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2011 at 16:28






MIA foto


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 08-Mar-2011 at 16:52
neoklasicen stil ! hahaha ..ova pokje me potsekja na nekoja mesavina od anticko - moderen - arapski - stil  Big%20smile.. osobeno kaj venecot , krovot garant imat gledano primeri od Doha ili Dubai


Posted By: toasumjas
Date Posted: 08-Mar-2011 at 18:18

Морам да се селам од државава пред да се убијам. Не ми се верува колку сме сељаци!


Posted By: N23
Date Posted: 08-Mar-2011 at 18:19
ќе се па не се нормални. а што е целта со ваквите градби и во оној, јас ќе го кажам, социјалистички-изграден дел од скопје. па вака само каша се прави, а што убава позиција има зградата и облик на кој можеше мн поубава и конечно СОВРЕМЕНА фасада. па макар и ко соравија да беше, убава ќе беше.


Posted By: stratus
Date Posted: 08-Mar-2011 at 18:43
Објектот ме потсеќа на бајадера


Posted By: Sykes
Date Posted: 08-Mar-2011 at 19:04
Е, браво... мислам, стварно секоја чест. Фантастично. Немам зборови со кои може ова здание да се опише. И дадоа белег и на оваа локација. Како фантастично се вклопува со се наоколу, тоа е неверојатно. Па градов почнува да се вклопува во кругот на светските мега-центри од типот на Ташкент, Алмати, Тбилиси... Прекрасно, прекрасно. Воодушевен сум.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 08-Mar-2011 at 19:20
Originally posted by lslcrew

Незнам што и делов со донација на влада и дека не е приватен инвеститор. Од многу одамна знаеме дека ова ќе биде владина инвестиција за министерство. Немавме за тоа дилеми.А за проектот, ако има нешто слики да видиме па да искоментираме.
Па во мене уште има(ше) некаква надеж за разум....многу фино вака лежерно што си ги дочекувате решенијава, како Господ на Мојсеј кога му ги пратил заповедите - како ќе каже тој, најубаво...браво

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2011 at 19:22
Зградата уствари не е воопшто слична со други објкети од ск 14. Изгледа притисокот за стилот упалил некаде па малку скратиле од барокот. Единствено нешто што ве тера да ги давате овие коментари е тоа што уствари се очекуваше да одвалат нешто и кружните облици над прозорите. Да не се очекуваше може и немаше да има толку одма вакви коментари а и да го немаше полукруговите над прозорите  немаше до толку да изгледа. Ме потсеќа на едно време што излезе идеја за нова stock exchange за пред неколку години што беше претставен. МАтерјалите воопшто не се па ни барокни, повеќе се како онаа подоле како се викаше на ќошот PriceWaterCoopers зградата.


Posted By: toasumjas
Date Posted: 08-Mar-2011 at 19:29

Зградав не е слична, зградава е бетер од сите згради на ск14! Ужас! Фрапиран сум!


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 08-Mar-2011 at 19:35
trebase da pretpostavime deka ke nacekame na vakvo nesto uste koga prv pat se spomna zborot  MINISTERSTVO  ....


Posted By: Zoc
Date Posted: 08-Mar-2011 at 19:35
Џабе се „тепаме“, и онака не се слуша нашето мислење. Помирете се со фактот,дека во архитектурата на новите градби во Скопје не треба да очекувате нешто да се оправи. Оваа држава и овој народ е научен да живее и работи импровизирано. Така да покрај сето тоа и нелогичностите во општеството, сепак сметам дека добро се држиме   ... ))) BAROK RULS


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Mar-2011 at 19:55
Поарно нешто него ништо, бар ќе се среде, онака беше само збиралиште за џанкии!Yes

Овие полукруговите се глупи, како шо рече Исл, поарно квадрати да се како левата страна!


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Mar-2011 at 19:58
Да е малку пониска....ми личи на некаков мавзолеј.LOL

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Mar-2011 at 20:08
Еве ја убавицата без пречки на видикот




Posted By: nouseforname
Date Posted: 08-Mar-2011 at 20:15
WOOOW stvarno e ubavica!!
neznam zosto ne ja napravat kako soravia barem da imavme nekolku moderni zgradi!!!!


Posted By: Supervisor
Date Posted: 08-Mar-2011 at 20:23
Одличен дизајн 10/10 !!!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Mar-2011 at 20:56
Инаку само нешто вака на брзина проценето без информацији од кој е и зашато е така.

На сликата од кловер јасно се гледат мотивите на зградата, иако јас несум архитект, да јадам вакви трици.

Мислам дека е заснована од типот на македонска куќа, линиите од страна се кафени који го представууваат дрвениот дел, полукружните стаклени делови џамовите, а белото, си е белото . релиефот пред влезот сигурно истотака е изваден од некој таков мотив.
Основа за неа сигурно било нешто како овиа?
http://www.maticanaiselenici.com/images/news/reportaza-drimkol.jpg
http://mw2.google.com/mw-panoramio/photos/medium/4310377.jpg


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:11
Да не се полукруговите и капителите два, не би била толку лоша.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:24
Ne mi se sviga oti ne e ednakva od site strani!

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/ADMINISTRATIVNI/MzF/MzF%2002r.jpg



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:29
Не се познава, што треба да е тој амблемот доле? Има министерството некое лого или? Некој релјеф ли треба да е. А ме занима и што биле планирани овие двата столба во стариот проект како требале да изгледаат и дали биле планирани два странични влеза наместо еден централен како што сега е. Столбовите се погодија како кец на десетка за неокласицизмов.


Posted By: Мартин
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:30
Воопшто не ми се допаѓа! Страшно сум изреволтиран од тоа што му се случува на Скопје, во поглед на архитектура! Bash


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:32
Па тоа и го мислев, од кај ја вадел идејата авторот?

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:35
Originally posted by Makedonij

Па тоа и го мислев, од кај ја вадел идејата авторот?


Идејата е извадена од исто место како и за пола работи што се градат во моментов во Скопје...

Овие високи сводови се веќе видени на барем 3-4 објекти од Скопје 2014


Posted By: spaceman091
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:39
i mene uopste ne mi se dopaga, ima tolku mnogu moznosti da napravat stvarno sovrsen i moderen objekt a oni ova, jas neznam koj arhitekti ova go projektiraat dali tie imaat malce oset i urban smek


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:40
Само една работа што мора да се напомене. Кога се појавија берза и читкушев немаше воопшто вакви реакции како сега што ги има. Тогаш се реагираше многу нормално сталожено и ентузијастички. Сега да се репромовира истиот проект за берзата реакцијата ќе биде сосема обратна затоа што стана тренд да се каже по некој безврска збор стари објекти наизглед. Во целата каша што се случува од толку генеричко отфрлање се што е со стар изглед веќе и тоа што стварно тука-тамо што заслужува да се искритикува веќе не добива легитимитет. Премногу муниција се пука на секој коќ за да стварно кога ќе се јави потреба да се нема што тогаш да се каже. Значи не секој кажува тоа што баш му текнало да каже за некој стил туку едноставно ќе си влезе во некое стадо и ќе си чмае тамо. Дајте ве молам потрудете се да нафрлае автентични мислења па макар колку тие и да биле слични или не со некој партиски, општествен или некој мејнстрим фразеологија или мислења.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:40
Nekako izgledot ja namaluva veličinata, na objektot, gledajte go čovekot pred zgradata.
Trebeše poveke svodovi ovie polukružnite nad prizemjeto da gi ima, za da objektot izgledaše pomasiven, i bi bil zadovolen koga i drugite strani bi bile kako čelnata, ili barem taa granicata so prizemjeto naokolu da e ednakva a ne spuštena!!


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2011 at 21:42
И јас го приметив од Македониј делува на прв поглед како да е само четири пет ката за после да сватиш дека е многу поголема.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Mar-2011 at 22:40


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 08-Mar-2011 at 22:56
Прво да Ви го честитам празникот на сите на форумаши-ци .
Убав ден е денес, не се нервирајте.
Будимо реални, зградави и локациски и волуменски си беше утка уште оддамна. Сега само ке ја облечат и вака сега мене ми личи на една убава грчка невеста, овај банка.


-------------
.....   .......


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 08-Mar-2011 at 23:22
Да му кажале на авторот, направи ја грда зградава пак нема да испроектирал нешто вака ужасно. Генијално ужасно.Applause


Posted By: N23
Date Posted: 09-Mar-2011 at 00:01
Дали некој сфаќа дека ова е самоубиство на целиот град? Да беше у округот на ск 2014 ок, ама ова забегава. Прво зашто се даваат 10 000 000 евра? Само заради изгледов. Да ја направеа слична на Соравија, што реално и имаше ист потенцијал, па со дупло помалце пари да поминеме, они и мењаат целосно изглед на зградата. За локацијата не се согласувам дека е утка, во секоја метропола се збиваат на мал простор џиновски згради. Се надевам нема веќе згради за државните институции да се градат. Ова и судон доле кај УКИМ се најголемите утки на целиот проект!


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Mar-2011 at 01:06
Originally posted by N23

Дали некој сфаќа дека ова е самоубиство на целиот град? Да беше у округот на ск 2014 ок, ама ова забегава. Прво зашто се даваат 10 000 000 евра? Само заради изгледов. Да ја направеа слична на Соравија, што реално и имаше ист потенцијал, па со дупло помалце пари да поминеме, они и мењаат целосно изглед на зградата. За локацијата не се согласувам дека е утка, во секоја метропола се збиваат на мал простор џиновски згради. Се надевам нема веќе згради за државните институции да се градат. Ова и судон доле кај УКИМ се најголемите утки на целиот проект!


Aman so taa Soravija. Zgradata na Soravija e arhitektura sto e izlezena pred 15 godini od moda. Ok e da sakas nesto moderno ama pak da ja zemas Soravija kako reper sepak spored mene e nepoznavanje na trendovite. Sto se odnesuva do Jugobanka mene ne me voodusevuva resenieto no tolku i ne sum razocaran so ogled deka zgradata e vo karabina faza a so toa i konturite se veke zadadeni.




Posted By: nouseforname
Date Posted: 09-Mar-2011 at 01:25
pa tolku se sporeduva so soravia bidejki vo skopjevo nemame nekoj moderni golemi zgradi


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 09-Mar-2011 at 03:00
нешто што не ми е јасно е тоа што во основа ниеден објект не е 100% конзистентен со еден единствен стил, се е некако некоја мешавина. Според мене ако веќе се прави нешто по некој добро дефиниран стил барем треба да биде само во тој стил.
off topic ако јас бев во позиција да дефинирам како ќе изгледаа зградите ќе имаше конкурс за модерен дизајн и ако навистина нема некој идеен проект кој фаќа око со убавина тогаш ќе ммора да биде строго арт-деко, како еден од моите поомилени стилови.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 09-Mar-2011 at 09:11
Originally posted by pbanks

Овие високи сводови се веќе видени на барем 3-4 објекти од Скопје 2014
Лачни прозори мислиш, свод е друга работа....

Originally posted by Makedonij

Мислам дека е заснована од типот на македонска куќа, линиите од страна се кафени који го представууваат дрвениот дел, полукружните стаклени делови џамовите, а белото, си е белото . релиефот пред влезот сигурно истотака е изваден од некој таков мотив.Основа за неа сигурно било нешто како овиа?
Мислам дека на ваква торта, греота е да се бараат мотивите што го инспирирале авторот, да не ги навредуваме мајсторите што ги граделе куќиве....


Уште еден мал детаљ што ни промакнува по сите теми е дека авторот и на овој објект е незнаен јунак...стои фино Енергоплан, кој веројатно е изведувач или е проектант или не знам што!?


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Mar-2011 at 10:41
Originally posted by Dave Gahan

  Лачни прозори мислиш, свод е друга работа....


my bad...


Уште еден мал детаљ што ни промакнува по сите теми е дека авторот и на овој објект е незнаен јунак...стои фино Енергоплан, кој веројатно е изведувач или е проектант или не знам што!?


Спомнато беше по вестите. Се работи за словенечка фирма која го тепала Бетон на тендерот...



Posted By: toasumjas
Date Posted: 09-Mar-2011 at 11:59
Originally posted by lslcrew

Само една работа што мора да се напомене. Кога се појавија берза и читкушев немаше воопшто вакви реакции како сега што ги има. Тогаш се реагираше многу нормално сталожено и ентузијастички. Сега да се репромовира истиот проект за берзата реакцијата ќе биде сосема обратна затоа што стана тренд да се каже по некој безврска збор стари објекти наизглед. Во целата каша што се случува од толку генеричко отфрлање се што е со стар изглед веќе и тоа што стварно тука-тамо што заслужува да се искритикува веќе не добива легитимитет. Премногу муниција се пука на секој коќ за да стварно кога ќе се јави потреба да се нема што тогаш да се каже. Значи не секој кажува тоа што баш му текнало да каже за некој стил туку едноставно ќе си влезе во некое стадо и ќе си чмае тамо. Дајте ве молам потрудете се да нафрлае автентични мислења па макар колку тие и да биле слични или не со некој партиски, општествен или некој мејнстрим фразеологија или мислења.


Другар незнам за другите али мене овој објект ми е стварно одвратен и не би можел да кажам никакво друго мислење ниту да дебатирам за него. И што се однесува на све што е со стар изглед би запрашал само кој од објектите што се градат потсеќа на нешто старо или отсликува некој конкретен правец? Све што се гради е мешавина од стилови и нестилови па дури и тие објекти кој требаше да бидат само обична реконструкција и единствени да личат на некој конкретен правец од минатото успеаа да ги упропастат. Незнам што повеќе да кажам освен дека сум многу разочаран од тоа што му се случува на мојот град дотолку повеќе што ќе потрошиме огромна сума на пари со кој можевме стварно на Скопје да му дадеме еден модерен лик каков што заслужува.


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 09-Mar-2011 at 12:22

Апсолвирани се работиве што веќе сите ги тапиме во круг.

Би искажал едно мое гледиште, без претензии да бранам било која страна, а и зошто би имало страни во се побогу...
Се што во последниве декади почна да се гради во мојов град убав /Скопје радост ти ке бидеш/...ваљда, а беше од модерна природа, беше убаво само во карабина, т.е. додека структурата му беше гола и недоречена. Како се привршуваа објектите, срањето излегуваше на површина, со чест на неколку исклучоци. Чисто поради оваа побуда некој  би побарал склониште во некои други стилови, во моменталниот случај на со декоративни мотиви, наречен по модерно -Барок Yes. Сево ова одзема голема енергија во погрешна насока.
Би повторил, за убава модерна градба се треба исклуцително истанчен осет за естетика, пропорија и конкретна концепција, што на прв поглед не изгледа дека тоа го бараат модерниве, но тоа е нивната единстена изразна алатка, кога веќе истите се прочистени од декоративни мотиви.
Гледам многу од вас постираат светски примери од модренат архитектура, но сеуште не сум видел, дури ни како труд на конкурс, модерен објект кој што може да го заслужи вниманието на тежината што треба да ја понесе со себе. Ова за кај нас, а и во многу примери и во странство.


-------------
.....   .......


Posted By: mitatos
Date Posted: 09-Mar-2011 at 13:03
Јас би сакал да го видам оргиналниот лик на зградава, па после да разговараме и да споредуваме доколку постои слика од оргиналниот проект, иначе јас ќе дадам лично мислење слично на некои од вас, за разлика од другите барокни згради ова навистина е доста подобра од другите, а тоа дека средината има повеќе такви згради во бул македонија, навистина некако ке се вклопи,јас го подржувам проектот не дека е добар туку го подржувам затоа што подобро да изгледа вака од колку 20 години карабина објект, се радувам што едноставно оваа зграда ке биде во функција и нема никој да биде загрозен во околината.



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Mar-2011 at 13:13
Mene ne mi preci stilot, ne e zanikade kako drugite barokni zgradi od skopje2014.Ova e nesto poinakvo.Vo zivo mislam deka ova 100 pati pobubo kje izgleda no sepak lokacijata e pak pogresna...

-------------


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Mar-2011 at 13:17
Originally posted by mitatos

Јас би сакал да го видам оргиналниот лик на зградава, па после да разговараме и да споредуваме доколку постои слика од оргиналниот проект, иначе јас ќе дадам лично мислење слично на некои од вас, за разлика од другите барокни згради ова навистина е доста подобра од другите, а тоа дека средината има повеќе такви згради во бул македонија, навистина некако ке се вклопи,јас го подржувам проектот не дека е добар туку го подржувам затоа што подобро да изгледа вака од колку 20 години карабина објект, се радувам што едноставно оваа зграда ке биде во функција и нема никој да биде загрозен во околината.



Татко ми ми кажа вчера дека во 1989/90 имало поставено две табли со можен изглед на зградата. Едната со светло стакло, втората со потемно стакло. Како и да е, двете варијанти би изгледале како Соравија. Само не му текнува зошто баш две табли стоеле, дали граѓаните требало да бираат или се чекало на општа реакција, незнам...


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: makonix
Date Posted: 09-Mar-2011 at 13:38
добро е што конечно овој објект во центар на град ќе се среди, место да зјае така празен и да привлекува најразлични "девијантни" појави.

Според информациите, внатре ќе биде модерен канцелариски простор. Што е одлично за оние што ќе работат внатре.

А што се однесува на фасадата, добро е што се наметнува една фасада со поинтезивна текстура што би го збогатил просторот од гледна точка на минувач/посетител. Ако ги погледнеме елементите подетално, имаме едно генерално застаклено обложување со панели на околу, а над тоа имаме наоколу елементи на класични/неокласични столбови и фасада со нео арт деко орнамент на приземје, средниот дел има нео арт деко стандардни декорации како што се степенестите кафени оквири, црните линии и четирите декорации напред, а најзгоре имаме интересна комбинација на арт деко елементи со кружни прозори и минималистичка фасада.

Инаку генерално зградава изгледа пристојно, има некоја мешавина од неколку стилови/инспирации, и би останала препознатлива, што само по себе е вредно. Е сега дали е по мој омилен стил, не баш. Ама тоа и не е битно, битно е секој да си го искаже ставот и да го образложи тоа. Го пратам форумот и ги ценам сите што даваат објективно мислење и се трудат да се објаснат без разлика дали се слагам или не.

Се друго е спам, поздррав


Posted By: N23
Date Posted: 09-Mar-2011 at 14:47
Originally posted by kultuzin


Aman so taa Soravija. Zgradata na Soravija e arhitektura sto e izlezena pred 15 godini od moda. Ok e da sakas nesto moderno ama pak da ja zemas Soravija kako reper sepak spored mene e nepoznavanje na trendovite. Sto se odnesuva do Jugobanka mene ne me voodusevuva resenieto no tolku i ne sum razocaran so ogled deka zgradata e vo karabina faza a so toa i konturite se veke zadadeni.


Најди ми архитектонски поубави деловни згради од Соравија и Хипериум па тогаш порекни ми го аргументот! А ако си ти голем познавач повели прикажи некој странски пример да видиме како може да се направи оваа зграда чија првична фасада е обмислена во 89, значи мода стара 20 години! Само реков, боље ко соравија, него оваа лузна на Скопје. Сеа слободно можеме да влеземе во групата на Ташкент, Астана и по некој провинциски турски град.


Posted By: Konstrukt
Date Posted: 09-Mar-2011 at 15:16
да видам да не верувам....стилот е најмалку важен за чиров среде скопје

да не зборам што нема да мора да трчаме на 101 различно место за иста работа


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Mar-2011 at 01:48
Originally posted by toasumjas

Originally posted by lslcrew

Само една работа што мора да се напомене. Кога се појавија берза и читкушев немаше воопшто вакви реакции како сега што ги има. Тогаш се реагираше многу нормално сталожено и ентузијастички. Сега да се репромовира истиот проект за берзата реакцијата ќе биде сосема обратна затоа што стана тренд да се каже по некој безврска збор стари објекти наизглед. Во целата каша што се случува од толку генеричко отфрлање се што е со стар изглед веќе и тоа што стварно тука-тамо што заслужува да се искритикува веќе не добива легитимитет. Премногу муниција се пука на секој коќ за да стварно кога ќе се јави потреба да се нема што тогаш да се каже. Значи не секој кажува тоа што баш му текнало да каже за некој стил туку едноставно ќе си влезе во некое стадо и ќе си чмае тамо. Дајте ве молам потрудете се да нафрлае автентични мислења па макар колку тие и да биле слични или не со некој партиски, општествен или некој мејнстрим фразеологија или мислења.


Другар незнам за другите али мене овој објект ми е стварно одвратен и не би можел да кажам никакво друго мислење ниту да дебатирам за него. И што се однесува на све што е со стар изглед би запрашал само кој од објектите што се градат потсеќа на нешто старо или отсликува некој конкретен правец? Све што се гради е мешавина од стилови и нестилови па дури и тие објекти кој требаше да бидат само обична реконструкција и единствени да личат на некој конкретен правец од минатото успеаа да ги упропастат. Незнам што повеќе да кажам освен дека сум многу разочаран од тоа што му се случува на мојот град дотолку повеќе што ќе потрошиме огромна сума на пари со кој можевме стварно на Скопје да му дадеме еден модерен лик каков што заслужува.
конечно да се согласам со некој што се однесува на забеганите „стилови“ кои се користат на секој објек шо е направен од државата
навистина не ми е јасен напорот да се создаде нешто толку недефинирано и нејасно, како некој да сакал нешто да направи, па од што не се разбирал, го укакал, па не му се свиѓало, па додал елементи од нешто друго, навистина несериозно
и не ми е јасно, за тие што викаат дека без засводените прозори би била модерна зградата, како го увидовте тоа? со овие бои и со овие материјали на мене ќе ми личи на уште една транзициона зграда изградена во почетокот на девеесетите


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 10-Mar-2011 at 02:11
Previous@ zabegan:
Се навратив, наназад баш да прочитам да видам за какви тоа материјали збориш што ќе се користеле кои ќе ја направат зградата "транзициона" изградена во почетокот на девеесетите. Не прочитав дека пишува за некои материјали што ќе се употребуваат конкретно, напротив има неколку корисни информации за градбата, што дава друга слика за материјалите што би се употребиле.
А ако имаш некои информации од прва рака те молам сподели ги со нас заслепениве на форумов.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: Dexter26
Date Posted: 10-Mar-2011 at 02:34
Не дека навистина не ми се допаѓа за оваа зграда тоа што планираат ја дотераат во неокласицистички стил, туку бидејќи навистина очекував да ја дотераа како Соравија или Хипериум, морам да кажам дека на оваа зграда воопшто не и одговара оваа фасада.
 
До душа, факт е тоа дека фасадата може и подоцна некој трет да ја смени, но ем пари ќе се потрошат, ем време ќе се потроши, ем ова не е игранка.
 
Недвижнините не се чорапи, да ги менуваш секојдневно, ова навистина одлета од нормалата.
 
Какво Министерство за Финансии ти е тоа со седиште која повеќе личи на неокласицистичка палата, отколку на деловен центар, на крајот на краиштата со пари работат, а не со убавина Big%20smile


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Mar-2011 at 02:53
Originally posted by StreetStruck

Previous@ zabegan:
Се навратив, наназад баш да прочитам да видам за какви тоа материјали збориш што ќе се користеле кои ќе ја направат зградата "транзициона" изградена во почетокот на девеесетите. Не прочитав дека пишува за некои материјали што ќе се употребуваат конкретно, напротив има неколку корисни информации за градбата, што дава друга слика за материјалите што би се употребиле.
А ако имаш некои информации од прва рака те молам сподели ги со нас заслепениве на форумов.
да сакав да зборам конкретно за материјалите ќе зборев за нив, гледам ти од цел пост за тоа си се фатил само... how typical... вадење на два збора од постот и извртување на целиот негов контекст Roll%20eyes
зборев за изгледот, бојата и формите користени на фасадата, на кои искористени на ваков начин, им помина времето пред 15-ина години и затоа ме потсеќа на тоа време

и воедно чудно е како знаеш мене да ме нападнеш, а ти да не споделиш нешто... или вака ќе се натегаме сите со секој нов проект??? па после зошто сме се бунеле за нетранспарентноста на проектите...


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 10-Mar-2011 at 11:45
Previous
Да ме знаеше па да кажеш колку типично ама вака очигледно е непотребно лепење на етикети. Цело време читам како само се нафрлуваат работи од ракав, онака, колку да се каже нешто, па морав да ти се фатам за материјалите бидејќи другото што го спомнуваш е твое лично мислење и јас не можам ништо да направам во врска со тоа, тоа е твое право. Секој си има свој вкус, но кога некој ќе каже со овие материјали како да знае какви се и кои материјали ќе бидат употребени морам да прашам барем, не знам зошто тоа ти смета.
Јас не те обвинив за твоето мислење за изгледот на објектот, јас моето внимание го насочувам кон нешто конкретно, бидејќи се додека не се изгради не можам уште сега да кажам дали ми се свиѓа или не.
И на крај не сум јас тој што треба да сподели нешто, тоа што прочитав тоа и знам, ништо повеќе ништо помалку, кој сум јас министерот за финансии??? Ни пишав вака е, онака е, но ќе реагирам се додека лаички се коментираат сите работи.
Лепи етикети дечко, само така, а јас ќе си продолжам одмерено и конкретно.


-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански


Posted By: stratus
Date Posted: 10-Mar-2011 at 17:35
Зградата и не е до толку лоша колку самата идеа за ваква фасада.


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Mar-2011 at 19:41
Originally posted by StreetStruck

Previous
Да ме знаеше па да кажеш колку типично ама вака очигледно е непотребно лепење на етикети. Цело време читам како само се нафрлуваат работи од ракав, онака, колку да се каже нешто, па морав да ти се фатам за материјалите бидејќи другото што го спомнуваш е твое лично мислење и јас не можам ништо да направам во врска со тоа, тоа е твое право. Секој си има свој вкус, но кога некој ќе каже со овие материјали како да знае какви се и кои материјали ќе бидат употребени морам да прашам барем, не знам зошто тоа ти смета.
Јас не те обвинив за твоето мислење за изгледот на објектот, јас моето внимание го насочувам кон нешто конкретно, бидејќи се додека не се изгради не можам уште сега да кажам дали ми се свиѓа или не.
И на крај не сум јас тој што треба да сподели нешто, тоа што прочитав тоа и знам, ништо повеќе ништо помалку, кој сум јас министерот за финансии??? Ни пишав вака е, онака е, но ќе реагирам се додека лаички се коментираат сите работи.
Лепи етикети дечко, само така, а јас ќе си продолжам одмерено и конкретно.
не намеравам да ја разврзувам дискусијава бидејќи ќе отидеме во непожелна дискусија што не е на темата
тука нека заврши ова


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Mar-2011 at 22:53
Изборот е тој, или недоградена со сите свои негативни страни или доградена и функционална во овој стил. Друга опција не се понудила. Дури и да имаше шанси за да се доврши модерниот изглед доколку ги имавме на бирање двата изгледа пак ќе се вртеше оваа дискусија,. немојте да ви паќа на памет дека некој ви украл една модерна зграда во скопје, зашто е далеку од таква положбата. Во тој затворен простор далеку од јавноста каде во опкржување има неколку стари згради, тесни улици и во блиска иднина ќе се дозатвори со уште една зграда прашање е и колку доликува во такви клисури некој ултра модерен изглед кој е пред се за отворени згради кон широчина. Да не ме сватите дека навивам за класицизмов или па дека не би навивал за модерен. навивам за довршување но сакам на отворено да ги имаме сите аргументи за било каква фасада. Зашто навивање за стакло само зашто било демек современо е исто толку непоткрепено колку и навивање за класицизамов ради колку да се навива.


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Mar-2011 at 23:43
Originally posted by lslcrew

Изборот е тој, или недоградена со сите свои негативни страни или доградена и функционална во овој стил. Друга опција не се понудила. Дури и да имаше шанси за да се доврши модерниот изглед доколку ги имавме на бирање двата изгледа пак ќе се вртеше оваа дискусија,. немојте да ви паќа на памет дека некој ви украл една модерна зграда во скопје, зашто е далеку од таква положбата. Во тој затворен простор далеку од јавноста каде во опкржување има неколку стари згради, тесни улици и во блиска иднина ќе се дозатвори со уште една зграда прашање е и колку доликува во такви клисури некој ултра модерен изглед кој е пред се за отворени згради кон широчина. Да не ме сватите дека навивам за класицизмов или па дека не би навивал за модерен. навивам за довршување но сакам на отворено да ги имаме сите аргументи за било каква фасада. Зашто навивање за стакло само зашто било демек современо е исто толку непоткрепено колку и навивање за класицизамов ради колку да се навива.
од каде па сега тоа дека според околниот простор и зближеноста на објектите не одговара објектов да има современ изглед?
не сакам ни јас да бидам разбран погрешно, не навивам за тоа објектот да има современа фасада, туку дека ова што ти го болдирав воопшто не ми е логично
како и да е навивам за тоа објектот да нема ваква фасада бидејќи е недефинирана, измешана и според боите и формите не ми е пријатна за очи лично
зградава според мене требаше да биде просечна и современа, ништо друго, ни ултра експериментална модерност, а помалку пак стилови од минатите векови


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Mar-2011 at 02:23
Originally posted by lslcrew

Изборот е тој, или недоградена со сите свои негативни страни или доградена и функционална во овој стил. Друга опција не се понудила.
Question


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Mar-2011 at 02:35
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by lslcrew

Изборот е тој, или недоградена со сите свои негативни страни или доградена и функционална во овој стил. Друга опција не се понудила.
Question
тоа е всушност проблемот, што некој не дозволува отворени опции и си праи се по свој кеиф... така ни е формиран пола град
сега ние по секоја цена треба да го прифатиме објектов бидејќи претходно бил обична карабина и конечно некој проба да го среди...


Posted By: Sykes
Date Posted: 15-Mar-2011 at 19:23
Череп и коски пронајдени во зградата на идното министерство за финансии

15.03.2011 | Македонија | Извор: Макфакс
Череп и остатоци од човечко тело во распаѓање попладнево се пронајдени во зградата на Југо банка, односно зградата каде што треба да биде изградено новото министерство за финансии, во центарот на Скопје.

Како што информираат од полицијата, остатоците ги пронашле работниците во зградата, во подрумските простории околу 13:30 часот.

Најпрвин бил пронајден черепот, а потоа биле пронајдени и остатоците на човечкото тело кое, како што велат од полицијата, било во поодмината фаза на распаѓање.

Остатоците се очекува да бидат префрлени во Институтот за судска медицина каде ќе треба да се утврди на кого му припаѓале черепот и коските. Полицијата најави подетални информации за утре.

http://kajgana.com/makedonija/cherep-i-koski-pronajdeni-vo-zgradata-na-idnoto-ministerstvo-za-finansii - http://kajgana.com/makedonija/cherep-i-koski-pronajdeni-vo-zgradata-na-idnoto-ministerstvo-za-finansii


Posted By: fichot
Date Posted: 16-Mar-2011 at 02:12

Ајдеее, среде центар коски черепи.. језиво. 

Него, зградава не бајадера (ко што спомна некој) ами торта има да биде. 



-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Mar-2011 at 17:26

Зградата-убиец отвори нова мистерија

Истрагата за најдените човечки остатоци во зградата на поранешна Југобанка сé уште трае. Резултатите од обдукцијата ќе бидат познати за неколку дена. Полицајци вчера го обезбедуваа просторот околу зградата и не им дозволуваа на минувачите да се задржуваат на местото на злосторството




Дали новата неокласична зграда на Министерството за финансии ќе ја прекине црната серија?

Зградата-убиец во центарот на Скопје отвори уште една мистерија. Во вторникот на еден од катовите градежни работници најдоа череп и коски од човек. Случајот засега е енигма и за полицијата, истражниот судија и за лекарите од Институтот за судска медицина и криминалистика. Никој во моментов не кажува за што станува збор. Истрагата за најдените човечки остатоци во зградата на поранешна Југобанка сé уште трае. Резултатите од обдукцијата ќе бидат познати за неколку дена.

Полицајци вчера го обезбедуваа просторот околу зградата и не им дозволуваа на минувачите да се задржуваат на местото на злосторството. Истражители ја пребаруваа зградата и го сликаа местото каде што работниците ги најдоа остатоците од човек.

Десеткатната грдосија во Градски ѕид, која цели дваесет години стоеше запуштена, ќе остане запаметена како зграда на смртта. Исправена среде градот, со години им беше засолниште на скопските питачи, скитници, и проститутки и свратилиште на разни сомнителни типови и наркомани. За скопјани оваа зграда ќе остане запаметена како место на хоророт и стравот. Таа уште долго ќе останеше зграда на злото доколку Министерството за финансии не одлучеше да ја догради за сопствени потреби. Фасадата во неокласичен стил треба да ги затвори лошите спомени за оваа зграда-убиец.

Во неа досега неколку пати паѓаа и умираа луѓето. Пред десетина години овде татко пропадна во подрумските простории, враќајќи се со ќерка си од вечерната претстава на киното од соседната улица Македонија. Последниот случај беше во јануари годинава, кога беше пронајден скитник што барал топло засолниште од сибирските студови. Овде беа најдени и безживотните тела на двајца мажи. Во 2009 година бездомник беше најден мртов. На неговото тело не беа најдени траги на насилство. Истрагата подоцна утврди оти починал од природна смрт.

Бездомници и наркозависници секојдневно го окупираа објектот и го користеа како преноќиште и собиралиште. Се караа, се тепаа. Соседите неколкупати реагирале на собирањето сомнителни типови. Полицијата доаѓаше и ги растеруваше, но попусто, тие пак доаѓаа. Влезот на приземјето неколку пати беше заѕидан, повторно правеа дупка, се провираа низ неа и влегуваа внатре. Околината беше загадена, а станарите на околните згради немаа мирен сон.

Зградата, која се наоѓа на десеттина метри од најпрометната улица во државата, улицата Македонија, позната со многубројните споменици, до неодамна беше депонија од картони и од пластични амбалажи.

Душеци, детски колички, чевли и шут беа расфрлени во околниот простор. Жителите на Скопје го одбегнуваа ова место, кое беше запуштено од градските комунални претпријатија и администрација. Дали новата неокласична зграда на Министерство за финансии ќе ја прекине црната серија на зградата на Југобанка?



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31711856126&id=12&setIzdanie=22233


Posted By: Stibera
Date Posted: 05-May-2011 at 11:44
ЗОШТО НЕМА РАБОТНИЦИ НА ОБЈЕКТОТ НА ЈУГОБАНКА?


Пред речиси два месеца Владата помпезно и предизборно ја најави доизградбата на зградата на поранешна Југобанка за потребите на Министерството за финансии. На „свечениот чин“ присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески, дел од банкарската и од деловната елита, а црковни лица го осветија објектот. Меѓутоа, денес, барем од тоа што може да се види, таму никој не работи.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2304&ArticleID=160296



Print Page | Close Window