Print Page | Close Window

Паркови (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2909
Printed Date: 06-Oct-2022 at 11:41

Topic: Паркови (општо)
Posted By: lslcrew
Subject: Паркови (општо)
Date Posted: 19-Oct-2008 at 00:53
Парк пред судот во прилеп:

Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 00:56
Парк во прилеп пред ЦК "Марко Цепенков"

Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Aug-2013 at 12:45
Отворам нова, општа нишка за парковите во Македонија. Тука може да објавуваме информации и слики за реконструкција и изградба на нови паркови и зелени површини, како и слични проекти.

За почеток, неколку фотографии од реконструкцијата на парк во Велес (во близина на ликовниот салон). Сликите се преземени од Фејсбук страницата на Општина Велес.

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Aug-2013 at 12:47

Ме чуди зошто плановите се на турски јазик. Веројатно фирмата што го проектирала паркот е турска.

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Sep-2013 at 11:49
ПАРК НА 100 ДРВЈА НА БУЛЕВАРОТ МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ

Градоначлникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска /05.09.2013 година (четврток)/ го најавија почетокот на уредувањето на новиот Парк на 100 дрвја, што ќе никне на локацијата помеѓу булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Народен фронт.

- Градот продолжува да го зазеленува Скопје, и на овој простор што е со површина од 3 900 квадратни метри, ќе изврши реконструкција на зелената површина, ќе подигне нов тревник во кој ќе се постави систем за полевање со 60 прскалки, ќе се отворат 8 нови шахти, како и систем капка по капка до сите новозасадени садници. Во паркот ќе се засадат нови листопадни садници од видовите платани (platanus orientalis), јапонска цреша (prunus serulata), црница (morus alba), јавор (acer negundo), планинска пепел (sorbus aucuparia), како и зимзелени садници од видовите туја (tuja), чемпреси (cupresociparis) и смреки (picea). Во изминатиот период нашите екипи засадија околу 50 000 садници и подигнаа тревници на 25 000 квадратни метри на различни локации, што ја измени сликата на градот и придонесува за подобрување на животната средина на скопјани, а се надевам дека и овој нов парк, за кој од Буџетот издвоивме околу 3,7 милиони денари, ќе ги мами жителите од околината да излезат и да се рекреираат - истакна градоначалникот Трајановски.

Во новиот парк ќе има и алпинетум (каменестa градинa) со засадени садници, перени и сезонско цвеќе, а се планира да биде поставен и еден летниковец.

На уредувањето на паркот на терен ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6018&mid=482&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6018&mid=482&tabId=1&tabindex=0

-------------
За сè има вторпат

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Sep-2013 at 12:04
Mozed da mi dade nekoj koordinati kade se naogja ova lokacija? Inace se nadevam deka kje bide nesto atraktivno ne samo drvca..

Posted By: Teglarot
Date Posted: 05-Sep-2013 at 13:21
Паркот не се наоѓа меѓу булеварот "Теодосиј Гологанов" и "Народен Фронт", туку помеѓу булеварот и улицата "Јуриј Гагарин" веднаш пред министерството за економија. Многу е симптоматично што спаѓа на територија на Општина Карпош. После избори, партиски се на иста должина градоначалнициве и веднаш се гледа соработката

Кога веќе ми ја спомнаа мојата улица Народен Фронт, помеѓу булеварот и истата таа моја улица, нема ништо друго освен паркинзи, биртии ("елитни" ресторани) и паркче од цели 3м2 со две клупи.   

Posted By: Teglarot
Date Posted: 05-Sep-2013 at 13:26
Originally posted by my Macedonia

Mozed da mi dade nekoj koordinati kade se naogja ova lokacija? Inace se nadevam deka kje bide nesto atraktivno ne samo drvca..

Повели.

41.995196, 21.410876

Posted By: koska
Date Posted: 07-Sep-2013 at 11:47
Најпрвин треба да се ОТСТРАНАТ автопералната и ресторанот,па да се среди и заживее просторот како целина ,но некому не му е во интерес да ги измести привремените објекти(ако во меѓувреме не добиле имотен лист) како и објектите на потегот од треска до споменикот на Чакаларов,кои се наоѓаат на трасата на јужен булевар, а некој од нив имаат добиено имотни листови, што претставува криминал!

Posted By: kultuzin
Date Posted: 11-Sep-2013 at 17:36
ФОТО: Модерниот зелен парк во Горно Лисиче од утре во употреба
Среда, 11 Септември 2013 14:14

Еден од најмодерните паркови во општина Аеродром, утре ќе биде пуштен во употреба.

Новиот парк во Горно Лисиче свечено ќе го пушти градоначалникот на општината Ивица Коневски. Се очекува да присуствува и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој претходно ќе престојува во посета на општина Аеродром.

Станува збор за хортикултурно и партерно уредување на дел од местото познато како Бановина, каде е изграден нов зелен парк со вкупна површина од околу 6.500 метри квадратни.

Истиот содржи зелена површина од околу 2.300 квадратни метри, која е уредена со висока и ниска вегетација и езеро на две нивоа со пешачки мост.

Детско игралиште, лулашки, езеро, видиковец, лизгалки и вртелешка се составен дел од модерниот зелен парк во Горно Лисиче.

-Со изградбата на овој парк граѓаните од Горно Лисиче ќе добијат зелено катче за одмор и рекреација, а Аеродром уште еднаш ќе го потврди атрибутот на најзелена општина. Особено сме горди што општина Аеродром стана препознатлива по нејзините прекрасни паркови, истакна Коневски на стартот на изградбата на овој парк кој беше означен во март месец.

http://kurir.mk/republika/skopje/129716-FOTO-Moderniot-zelen-park-vo-Gorno-Lisice-od-utre-vo-upotreba - http://kurir.mk/republika/skopje/129716-FOTO-Moderniot-zelen-park-vo-Gorno-Lisice-od-utre-vo-upotreba

Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Sep-2013 at 19:00
Се надевам дека некој што живее во близина ќе појде да сними неколку фотки од паркот. Баш ме интересира како ќе излезе.

-------------
За сè има вторпат

Posted By: alexsend
Date Posted: 12-Sep-2013 at 21:16
Исекоа може 50 огромни дрва со оправдување дека ќе засадат 100 нови.
Тие 100 не се ни 10% од она што значеа оние 40-50 децениски дрва високи колку петкатница.
Живеам близу просторов, местото го поминувам секојдневно.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.

Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Sep-2013 at 11:47
Се комплетира паркот во Капиштец

Екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно работат на комплетирање на паркот помеѓу улиците Јуриј Гагарин и Теодосиј Гологанов.
     
Конкретно се работи на делот спроти Министерството за економија, каде што претходно запре изградбата на новите содржини предвидени за целиот овој комплекс од зеленило.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека овој дел, од Министерството до автобуската станица, претходно беше грда глетка за граѓаните поради запуштеноста на тревниците и на лулашките.

- Старата земја сега е ископана и ќе биде заменета со нова квалитетна и плодна почва, која ќе биде посеана со висококвалитетно семе за трева. Понатаму предвидуваме да засадиме дрвја и цвеќиња, кои ќе бидат полевани со најнов софистициран систем за наводнување - информираат од „Паркови и зеленило“.

Паркот ќе се простира на површина од 4 илјади квадратни метри, а предвидено е да биде готов и пуштен во употреба на 11 октомври годинава. Уредувањето чини 3,7 милиони денари, а проектот е под водство на градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92613940358&id=14&prilog=0&setIzdanie=22987 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92613940358&id=14&prilog=0&setIzdanie=22987

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Oct-2013 at 11:58
Во Велес

Градоначалникот направи увид во „Паркот на пријателството"

Денес (19.10.2013), градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев направи увид на активностите во „Паркот на пријателството" чиј интензитет од ден на ден се зголемуваат. Реализацијата на овој проект е во знак на пријателството помеѓу збратимените градови од Турција, Каршијака и Адалар. И во едната и во другата општина живеат македонски иселеници. Голем дел од овие граѓани кои го креираат економскиот и политичкиот живот на Турција по потекло се од овие краишта. Ова е основниот мотив што тие во своето родно место инвестираат во изградба на парк, за да не се заборави, да се даде благодарност кон родната земја, но и да се нагласи пријателската димензија на Турција и Македонија.

повеќе фотографии на https://www.facebook.com/media/set/?set=a.455581304559502.1073742078.371536522963981&type=3 - https://www.facebook.com/media/set/?set=a.455581304559502.1073742078.371536522963981&type=3

-------------
За сè има вторпат

Posted By: antigona
Date Posted: 21-Oct-2013 at 12:56
Eeeh prosta maso makedonska, do koga vaka...vo sopstvenata drzava Makedonskiot jazik da bide vtor! Razbiram deka se raboti za park, donacija od Turcija, no ne moze vo Makedonija, vo Veles, natpisot i tablata prvin da bidat na Turski a duri potoa na Makedonski jazik! Sami sme si krivi za se!

Posted By: Teglarot
Date Posted: 21-Oct-2013 at 14:44
Originally posted by antigona

Eeeh prosta maso makedonska, do koga vaka...vo sopstvenata drzava Makedonskiot jazik da bide vtor! Razbiram deka se raboti za park, donacija od Turcija, no ne moze vo Makedonija, vo Veles, natpisot i tablata prvin da bidat na Turski a duri potoa na Makedonski jazik! Sami sme si krivi za se!

И пак ќе се фатиме за турскиот јазик, турското знаме на Џеваир. . . Абре пола држава ни е отидена у мајчина, ко да си во соседната земја, ние за таблата на турски јазик ќе скокаме и ќе викаме . . .

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-Oct-2013 at 16:17
Originally posted by Teglarot

Nema vrska, pak vo makedonija e I vo svajcarija vo primer Tesin /Ticino da si odis kje pomislis deka si vo Italia

Posted By: gorco
Date Posted: 21-Oct-2013 at 19:11

Shvajcarija e zemja na kantoni i so odredeni "oficijalni jazici".

Vo Makedonija, po 2001, makedonski jazik e oficijalen (znachi primaren), a po nego sledat jazicite na dominantnite narodnosti...

HOW SIMPLE CAN IT BE ?!

-------------

Posted By: antigona
Date Posted: 21-Oct-2013 at 20:18
@Teglarot: Turskiot jazik i Turcija voopsto ne se problem, problem e naseto nepocituvanje na sopstvenata drzava i makedonskiot jazik kako PRV jazik na drzavata. Vo bilo koja prigoda, nezavisno dali se raboti za koristenje na jazik na zaednica koja e mnozinstvo vo nekoja opstina ili na malcinstvo na drzavno nivo, ili pak koga se koristi angliskiot ili bilo koj drug svetski jazik, toj jazik moze da se koristi SAMO otkako tekstot prvin kje bide napisan na makedonski jazik! Makedonskiot jazik ne smee da bide vtor jazik bilo kade vo Makedonija i nezavisno od kombinacijata so koj drug jazik. Ama da ne zabeguvame pak na ovaa tema...

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-Oct-2013 at 20:35
Originally posted by gorco

Originally posted by my Macedonia

Originally posted by Teglarot

Originally posted by antigona

Eeeh prosta maso makedonska, do koga vaka...vo sopstvenata drzava Makedonskiot jazik da bide vtor! Razbiram deka se raboti za park, donacija od Turcija, no ne moze vo Makedonija, vo Veles, natpisot i tablata prvin da bidat na Turski a duri potoa na Makedonski jazik! Sami sme si krivi za se!

И пак ќе се фатиме за турскиот јазик, турското знаме на Џеваир. . . Абре пола држава ни е отидена у мајчина, ко да си во соседната земја, ние за таблата на турски јазик ќе скокаме и ќе викаме . . .
Nema vrska, pak vo makedonija e I vo svajcarija vo primer Tesin /Ticino da si odis kje pomislis deka si vo Italia

Shvajcarija e zemja na kantoni i so odredeni "oficijalni jazici".

Vo Makedonija, po 2001, makedonski jazik e oficijalen (znachi primaren), a po nego sledat jazicite na dominantnite narodnosti...

HOW SIMPLE CAN IT BE ?!

Ne ne gorco ne ja vrti rabotata. Zboruvase za toa sto polata zemja valja otidelo. Stom ne e se makedonski ne znaci deka e od sosedstvoto. Sepak ista drzava e iako mozebi e se prvo na drug jazik (ti mislese na albanskiot). Vo svajcarija istotaka kje pomislis deka si vo italija no toa ne znaci deka toj del ,,otide,, vo italija. Kolku za jazicite dobro, ovde sega vo veles smesno e turskiot da bide prv, ama tamu kade e zakonsko opraveden zosto da ne, toa ne znaci deka e izguben delBig%20smileOhno.

Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 21-Oct-2013 at 21:38
@ММ: Јас тебе те жалам што не можеш грам да разбереш што е закон, а што анархија.
Нас другите не жалам што сепак ти си еден ор редките горе-голу либерални припадници на твојата заедница. Сметај со кого си имаме работа!

Трето не е воопшто важно дали е турски, албански или индијски, се работи за принцип и тој не смее да се погази ниту во еден момент. Македонскиот јазик е официјален на ниво на државата и сите други (вкл. и албанскиот во општините со 20% малцинско население) му се подредени, односно второстепени. Смешно е нешто да наречеш Парк на пријателството и потоа вака насилнички да го крстиш Каршијака парк (што по ѓаволите значи тоа)? И тоа во општина без турско малцинство како Велес! Затоа на пример мене ми е пологично и поприфатливо парков да се вика да речеме Илирија во Тетово отколку Каршијака во Велес! Што значи тоа тие финансирале? Ако финансираат нешто, тоа им дава за право буквално да извршат голема нужда врз нашите глави? Па не им го сакам паркот финансиран од нив, кој вака одвратно нарушува достоинство и принципи. Да потсетам дека во Турција има околу 20 милиона Курди, на кои дури сега Ердоган им дозволи употреба на својот јазик и тоа забележете само во приватни училишта! До сега и во приватни установи беше забрането да се писне на курдски! Одвратно насилничка е таа Нео Османска политика на Ердоган и Турција (која патем засилено оди наназад и се соочува со исламизација, диктатура, бег на интелигенција и левица), која за жал многу луѓе во Скопје не ја забележуваат или се прават дека не постои. Турција на Македонија не и е пријател, ниту пак имаме или треба да имаме нешто заедничко со турскиот народ. Ова се разбира е лично мое мислење.

За крај би ја потсетил Антигона дека официјалното писмо на Македонскиот јазик е само кирилицата и е контрадикторно да го заштитуваш својот јазик на латиница. Инаку се согласуваме!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-Oct-2013 at 21:45
Originally posted by Andrej_LJ

Ne gledam nekoja pricina zosto bi se spustil na tvojot nivo Poz

Posted By: Danndy
Date Posted: 22-Oct-2013 at 06:27

Твоето* ниво. А и не мислам дека во твојот случај се работи за „спуштање“

Андреј!

-------------
Traveling.

Posted By: Teglarot
Date Posted: 22-Oct-2013 at 18:06

Кратко јасно и сеопфатно.

Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Oct-2013 at 22:07
Originally posted by antigona

@Teglarot: Turskiot jazik i Turcija voopsto ne se problem, problem e naseto nepocituvanje na sopstvenata drzava i makedonskiot jazik kako PRV jazik na drzavata. Vo bilo koja prigoda, nezavisno dali se raboti za koristenje na jazik na zaednica koja e mnozinstvo vo nekoja opstina ili na malcinstvo na drzavno nivo, ili pak koga se koristi angliskiot ili bilo koj drug svetski jazik, toj jazik moze da se koristi SAMO otkako tekstot prvin kje bide napisan na makedonski jazik! Makedonskiot jazik ne smee da bide vtor jazik bilo kade vo Makedonija i nezavisno od kombinacijata so koj drug jazik. Ama da ne zabeguvame pak na ovaa tema...
Previous
луѓе, кратко и јасно, без расправии, поенатата на проблемот е оваа

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Oct-2013 at 17:30
Паркот на пријателството во Велес

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Nov-2013 at 10:34
Проект за партерно уредување на парк во центарот на Вевчани

Ситуација на терен

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Nov-2013 at 19:00
Отворeн е парк за миленичиња во Гази Баба

Општина Гази Баба во соработка со Здружението за заштита на животни Анима Мунди го пуштија во употреба паркот за миленици во паркот Борис Трајковски во н. Ченто. Градоначалникот Тони Трајковски ја поздрави оваа иницијатива и истакна дека вакви и поголеми простори за домашни миленичиња ќе се направат и во останатите населени места во општината и апелираше до граѓаните да го користат овој парк и да не ги пуштаат миленичињата во парковите за деца.

Претседателот на Здружението за заштита на миленици Анима Мунди, Столе Велковски изрази благодарност до општина Гази Баба и градоначалникот Тони Трајковски што овозможија простор опремен со реквизити за миленичињата.

Градоначалникот и претседателот на Анима Мунди најавија дека ќе реализираат и проекти за заштита на невдомените миленичиња од подрачјето на Гази Баба.

http://gazibaba.gov.mk/vesti-2013/vesti-2013/2330-otvoranje-na-park-za-milenicinja-vo-gazi-baba.html?lang=mk - http://gazibaba.gov.mk/vesti-2013/vesti-2013/2330-otvoranje-na-park-za-milenicinja-vo-gazi-baba.html?lang=mk

-------------
За сè има вторпат

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Nov-2013 at 21:09
Deneska e pusteno vo upotreba noviot park albanskata majka vo opstina kicevo

Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Nov-2013 at 22:58
можеби звучи лудо(за разлика од други места во РМ) но пред општината Зајас-објектот на сликата(сега веќе не постои како засебна единица) одсекогаш се поставувало македонското знаме.Но сепак со забелешка дека не е за 1/3 поголемо од другите

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Nov-2013 at 00:02
Важно е да се респектира државното знаме, позитивен изненаден сум што кажа албанскиот политичар. Овај парк не ги потсетува само масакрите врз албанците туку и врз македонците и други позитивни работи! Баш убаво а гледам и македонско знаме се вее.кога ќе земаш во предвид како беше порано, мора да кажам дека сега почнува се да оди во вистински правец! Се извинувам за оффтопик

Posted By: Danndy
Date Posted: 29-Nov-2013 at 02:05

Па уште и жртви во случајов... Oh, the innocence.

-------------
Traveling.

Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Nov-2013 at 09:21
Споменикот на албанските мајки...

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Dec-2013 at 10:33
ВО ПРИЛЕП НАСКОРО ЌЕ ПРОФУНКЦИОНИРА НОВИОТ МУЗИЧКИ ПАРК

На површина од 700 до1000 метри квадратни на најстариот парк во Врбеско маало, Прилеп ќе добие нов музички парк.

Јавното претпријатие за Просторно и урбанистичко планирање, исполнувајќи ја својата професионална заложба за креативно урбанизирање на Прилеп, го претставува идејното решение за новиот музички парк во Прилеп.

Паркот ќе биде исполнет со најразлични содржини кои ќе бидат интересни за сите граѓани. Ќе има стари музички инструменти, со музички елементи, место и распоред за концерти.

Стилот на музиката ќе биде различен и адаптиран според потребите на граѓаните. Музичкиот парк ќе стане вистинска туристичка атракција, граѓаните ќе имаат можност да уживаат во прекрасните звуци на музиката и уникатните инструменти.

http://10bez10.com/vesti/opshtina/1767-foto-vo-prilep-naskoro-kje-profunkcionira-noviot-muzichki-park#photo%5bgallerya0644e9c4e - /7/ - http://10bez10.com/vesti/opshtina/1767-foto-vo-prilep-naskoro-kje-profunkcionira-noviot-muzichki-park#photo[gallerya0644e9c4e - /7/

-------------
За сè има вторпат

Posted By: daci92
Date Posted: 16-Dec-2013 at 21:53
Во населба Јане Сандански од страната на Бисер на крстосницата со Бул.Србија спроти паркот Јане Сандански.
Ова е сликано утринава , изгледа се припрема за новиот парк што беше најавен во предизборната кампања на Конески.

Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jan-2014 at 21:37
Реконструкција на паркот во ООУ „Васил Главинов” во Велес

Денес започна реконструкцијата на паркот во ООУ „Васил Главинов”. Проектот предвидува комплетна реорганизација на просторот во парковската површина на училиштетото, со подигање на зелени површини и парковски елементи.

Вкупната предвидена површина за реконструкција изнесува 5.084 м2. Целокупната процес ќе се одвива во неколку етапи: најпрво ќе се расчисти просторот и ќе се отстранат оградата, ќе се постави систем за наводнување а ќе се подигнат и нови тревни, цветни и зелени површини. Исто така предвидено е и поставување на фонтата, езерца со мини реки до нив, летниковци, урбана опрема и други интересни делови во новиот парк кој денес започна да се уредува. Вкупната инвестиција за овој зафат би изнесувала 1.181.981 денари.

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Jan-2014 at 08:44
Општина Центар ќе го реконструира паркот во Капиштец

Средишниот зелен простор помеѓу зградите во скопската населба Капиштец ќе прерасне во парк со две фонтани, нова урбана опрема, осветлување и детски игралишта. Локалната власт од Центар распиша тендер за избор на градежна компанија што ќе ги изврши неопходните активности за реконструкција на паркот што се наоѓа помеѓу улиците Народен Фронт и Васил Ѓоргов. Според информациите од веб – страницата на Бирото за јавни набавки, првичната проценета вредност на зафатот изнесува 25 милиони денари, без вклучен ДДВ. Проектот предвидува да се реконструира постоечкото зеленило од над 20.000 метри квадратни со автоматски систем за полевање и да се изведат нови пешачки патеки со површина од 2.000 метри квадратни. Просторот ќе се осветли, а предвидена е и изведба на две фонтани со подни прскалки.

Плановите на општина Центар се целокупниот зафат да се заврши во рок од 12 месеци. Градежните компании треба да ги достават своите понуди за овој проект најдоцна до 18 декември, кога ќе се знае и кој е најповолниот понудувач. Уште од период на нејзината изградба, Капиштец е една од населбите во главниот град со најмал процент на зелени површини на својата територија.

http://www.build.mk/?p=32095 - http://www.build.mk/?p=32095

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Feb-2014 at 12:32
Општината ќе го реконструира паркот во центарот на Ново село

Градоначалникот на општина Ново Село Блажо Велков го потпиша договорот за реконструкција на паркот во Ново Село со изведувачот Д.Г.Т.У Пирамида-Ново Село .Со оваа реконструкција ке се обезбедат подобри и побезбедни услови за одмор и рекреација на децата но и место каде жителите на општина Ново село ќе можат да се одмараат.

Според идејното решениево паркот се предвидени зелени површини, клупи за одмор, фонтана и целосно осветлување на овој дел од општинскиот центар, со што новоселчани ќе добијат урбано и современо катче за одмор и рекреација

jugoinfo.mk

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Feb-2014 at 17:42
Првиот парк од предвидените шест кај градскиот пазар во Штип доби потпорен ѕид

Фондацијата ЛЕР-ИТ при Општина Штип продолжува со интензивни активности за конструкција на зелените површини кај градскиот пазар во Штип, на улицата „Сутјеска“.

Убавото време ги засили активностите за уредување на шест паркови површини покрај станбените објекти. Првиот парк веќе доби и потпорен ѕид од камен, со што е оформена парковата парцела а во сличен стил ќе се продолжи и со останатите пет локации, во долниот дел на улицата „Сутјеска“.

http://vostip.mk/index.php/%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%88%D0%B5%D1%81%D1%82-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%B3/ - http://vostip.mk/index.php/%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%88%D0%B5%D1%81%D1%82-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%B3/

-------------
За сè има вторпат

Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Feb-2014 at 20:53
ова е парк Question
да не сум пропуштил некоја дефиниција за парк?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: FCB
Date Posted: 15-Feb-2014 at 21:00
Парк - Предвидено место за паркирање   

Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Feb-2014 at 13:12
Започнаа градежните активности за Скејт паркот

Градот под марковите кули ќе добие Скејт парк кој ќе биди со површина од 1.331м2 и ќе може да се користи за возење на скејтборд, ролери или BMX велосипеди. Исто така просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари.

Скејтпаркот ќе се состои од повеќе делови како функционални целини. Бетонските површини ќе бидат околу 900м2 и функционално ќе бидат поделени на дел за почетници кој што ќе го сочинуваат рампи, скали, метални препреки и огради, помали надвишувања и аморфен базен со различна длабочина од 80см па се до 2м. Одделен од него ќе биди делот за искусни кој што ќе биде базен со аморфна форма и со длабочина од 2м која што максимално се зголемува до 3м. Бетонските површини меѓусебно ќе бидат поврзани со тревната површина. Оваа идеја беше предложена на денот на идеи од група млади луѓе.

http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocnaa-gradeznite-aktivnosti-za-skejt-parkot/ - http://www.prilep.gov.mk/news/mk/zapocnaa-gradeznite-aktivnosti-za-skejt-parkot/

-------------
За сè има вторпат

Posted By: kiriOK
Date Posted: 25-Feb-2014 at 13:23
Скејт парк во Прилеп?

Posted By: daci92
Date Posted: 25-Feb-2014 at 16:44
Само да не го направат сакат кој овој во Скопје...

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Mar-2014 at 18:10
Pocnaa gradeznite zafati vo kitino kale kicevo. Bese edno vetuvanje od gradocalnikot na Kicevo Fatmir Dehari
Kje se osvetli Kaleto, kje se stavat novi klupi, kje se podobruva zelenilotot itn.
Fotkite se od stranata na Gradocalnikot vo Facebook

Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Mar-2014 at 18:32
колку само пати е на ова место поставуван кабел,и повторно истиот се краде.се ставаа и чувари на калето(се извинувам-пијаници) ,се заградуваше со жица(им се најде на луѓето за огради).

само да останиме оптимисти и да се подржи иницијативата.

следниот сончев викенд ќе сликам

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-Mar-2014 at 22:48
Китино кале денеска ( преземано од фб страницата на градочалникот)

Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Mar-2014 at 23:01
Ова е веќе традиција во Кичево,на секој 21 Март сите вработени кои се опфатени со ЕЛС Кичево излегуваат надвор и се чисти градот.Школите исто така неучеа,туку и учениците и учителите чистат и садат цвеќина

Posted By: Danndy
Date Posted: 23-Mar-2014 at 00:40
Originally posted by gjoko

Ова е веќе традиција во Кичево,на секој 21 Март сите вработени кои се опфатени со ЕЛС Кичево излегуваат надвор и се чисти градот.Школите исто така неучеа,туку и учениците и учителите чистат и садат цвеќина

Секаде во Македонија е така...

-------------
Traveling.

Posted By: gjoko
Date Posted: 29-Mar-2014 at 22:32
во калето се работи,со малку поспоро темпо ,но сепак работата оди за напред.се поставува електрична инсталација за канделабри(вероватно нови)

http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/kicevo/IMAG1168.jpg.html">

http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/kicevo/IMAG1169.jpg.html">

а веќе од најгорната точка на калето е започнато со реконструкција на патеките и скалилата

http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/kicevo/IMAG1170.jpg.html">

но овде ништо не е превземено барем да се дигнат спомениците кои дивјаци ги искршија

http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/kicevo/IMAG1171.jpg.html">

Posted By: kultuzin
Date Posted: 29-Mar-2014 at 22:44
Ѓоко зошто не се организирате и извршите притисок или во крајна линија да ги превземете работите во свои раце за да се средат и заштитат бистите.

Posted By: gjoko
Date Posted: 29-Mar-2014 at 23:08
како?еднаш се најдоја делови од биста во отпад кога беше актуелно и скапо железото(бронза).се постави жица на времето и се огради калето.`граѓаните` ја искрадоа жицата за подома.се ставија чувари кои повеќе пиеја ракија него што чуваа...

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Mar-2014 at 20:26
Prvo, fala gjoko za slikiteCheers
Ne sum voopsto zadovolen od kvalitetot na renoviranje na prostoriite vo Kicevo. Kolku sto gledam, renoviranje na kaleto znaci, nekolku sadnici, pateki, osvetluvanje i eventualno klupi.
Za mene renoviranje znaci sekoe kjose da se renovira, kapka po kapka. Toa ne fali samo vo Kicevo, tuku vo celata drzava. Vakvi raboti e pola raboti, e toa me nervira. Sepak, eden cekor napred, kolku i da se pravi, e OK. Bese veteno, i se realizira, toa e najvaznoto.
Za vandalizmot, nemam komentarCrazy

Posted By: gjoko
Date Posted: 30-Mar-2014 at 20:33
Калето ,Булеварот и уште еден проект во Кичево се финансирани од Платежната агенција(онаа за субвенции на земјоделието,фактички владина помош)) и одтаму ми кажуваа дека ќе има строги контроли за све што е направено и ќе се следи во чекор.Од искуство знам дека тие многу цепидлачат и сигурно нема да дозволат да платат нешто а да небии направено како што треба

Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Apr-2014 at 18:50
Новиот парк пред училиштето „Васил Главинов” го добива својот лик

Општина Велес овие денови врши интензивни градежни активности уредување на новиот парк кој се наоѓа пред основното училиште „Васил Главинов”. Наскоро се очекува да заврши поставувањето на новата фонтана и системите за наводнување. Исто така ќе бидат подигнати и нови тревни, цветни и зелени површини. Просторот ќе биде допоплнително уреден со урбана опрема, летниковци и други интересни делови во новиот парк кој ќе претставува пријатно место за одмор и рекреација на граѓаните во овој дел на градот.

-------------
За сè има вторпат

Posted By: daci92
Date Posted: 11-Apr-2014 at 18:52
Тоа е Македонскиот/Балканскиот менталитет, уште неисушен бетонот - чекај да се потпишеме ,да ставиме наши белези !

Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Apr-2014 at 19:25
се навраќам на детсвото кога скоро секое лето играв во овој парк

Posted By: kultuzin
Date Posted: 11-Apr-2014 at 22:12
Каде е ова школо?

Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Apr-2014 at 22:54
41.717246,21.76591

Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Apr-2014 at 07:47
Половина милион евра за нов парк во населбата Капиштец

Општина Центар продолжува со проектите за обнова на зелените површини во централното подрачје на главниот град. Тетовската компанија „АК Инвест“ е избрана да го реализира зафатот за реконструкција на паркот во населбата Капиштец, кој вклучува поставување на урбана опрема, детски игралишта, фонтани, чешми, но и ново хортикултурно уредување на просторот и негово осветлување. Од локалниот буџет за овој проект се обезбедени финансиски средства во висина од 31.864.838 денари или над 510 илјади евра. Паркот ќе се простира на површина од над 20.000 метри квадратни и пешачки патеки со површина од 2.000 метри квадратни. За одржување на новото зеленило ќе биде инсталиран и систем за полевање.

Според потпишаниот договор со фирмата од Тетово, изведбата треба да заврши во рок од 12 месеци. Паркот ќе биде лоциран на просторот помеѓу зградите на улиците Народен Фронт и Васил Ѓорѓов, кој во моментов е препознатлив по тоа што има еден од најмалите проценти на зелени површини по глава на жител во Скопје.

http://www.build.mk/?p=34219 - http://www.build.mk/?p=34219

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Apr-2014 at 23:34
Originally posted by Џоле

Новиот парк пред училиштето „Васил Главинов” го добива својот лик

Извор: Фејсбук страницата на Општина Велес

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Jun-2014 at 10:38
Парк Македонија, Скопје

skopjeinfo.mk

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jun-2014 at 16:07
Новиот парк во Велес

МИА.мк

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Jul-2014 at 08:50
Велес

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Aug-2014 at 19:41
Паркот во Ченто

https://flic.kr/p/oyxYuz"> https://flic.kr/p/oyxYuz - DSC04804 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Aug-2014 at 19:55
Парк на скулптурата во населба Железара. Страшно е запуштен и демолиран.

https://flic.kr/p/oyy1rv"> https://flic.kr/p/oyy1rv - DSC04780 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/owN2XA"> https://flic.kr/p/owN2XA - DSC04781 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/oyBKLo"> https://flic.kr/p/oyBKLo - DSC04782 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/ohkg4X"> https://flic.kr/p/ohkg4X - DSC04783 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Dexter26
Date Posted: 13-Aug-2014 at 01:45
Го најдов овој план на град Скопје од 1998 година во канцеларија каде што кратко бев вчера, поради што немав доволно време за да направам подобра фотографија.
 
Но и со лошиот квалитет на фотографијата, јасно се гледаат подрачјата обоени со плава боја и со пешаци во истите тие подрачја, кои означуваат парк шуми во град Скопје.
 
Чисто колку за да се направи споредба со денешната реалност.
 
Posted By: jyvation
Date Posted: 13-Aug-2014 at 02:02

Авиоимпекс горе картава е стара 5-6 години најмалку.
Иначе и тие малку плави што се гледаат едвај во Центар ги нема веќе

Posted By: Dexter26
Date Posted: 13-Aug-2014 at 02:38
Previous
 
Убаво пишав, од 1998 година е картата.

Posted By: jyvation
Date Posted: 27-Aug-2014 at 15:29
Во тек е реконструкција на Паркот на поезијата во Струга

Во тек е реализацијата на првата фаза од проектот за реконструкција на Паркот на поезијата во центарот на Струга, местото каде што сите лауреати на „Струшките вечери на поезијата“, во чест на поезијата, засадуваат дрвца. За оваа намена од буџетот на Министерството за култура во 2014 година се издвоени 1,5 милион денари.
Како што соопшти денеска Министерството за култура, во првата фаза, надлежната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ веќе го изработила проектот, а по изборот на фирма за санација на просторот, веднаш ќе се пристапи кон поплочување на постојните патеки со бекатон плочки и хортикултурно уредување.
Реализацијата на целиот проект, кој опфаќа реконструкција на јавна површина од 5.480 квадратни метри, ќе се одвива во две фази. Во втората фаза, која ќе се реализира во 2015 година, ќе се изврши реконструкција на фонтаните и целосна илуминација на просторот, а ќе бидат поставени и клупи. Со овој проект, Паркот на поезијата ќе блесне во полн сјај, а Струга ќе добие репрезентативен јавен простор кој е лоциран во срцето на овој град.

http://www.porta3.mk/vo-tek-rekonstrukcija-na-parkot-na-poezijata-vo-struga/ - http://www.porta3.mk/vo-tek-rekonstrukcija-na-parkot-na-poezijata-vo-struga/

Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Aug-2014 at 17:52
Originally posted by Dexter26

Previous
 
Убаво пишав, од 1998 година е картата.
мразам да гледам стари мапи и урбанистички планови од градов, ме потсеќа на тоа какви можности и потенцијали имало за него, а со какво нецивилизирано гнездо на умоболни идеи завршивме (Ск2014 е само фргмент од тоа, не зборам за него)

еве конкретно, на мапава, доколку плавите делови се зеленило, се гледа каков парк можел да се развие на течението на Вардар... наместо тоа, завршивме со подпросечни станбени комплекси кои поради некои чудни причини, ги нарекуваат ексклузивни, пуста површина, ископани и напуштени градилишта и слично

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: jyvation
Date Posted: 08-Oct-2014 at 00:37
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ПАРК ПОМЕЃУ ЦРКВАТА “СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ” И СПОРТСКИОТ КОМПЛЕКС ВО ДЕЛЧЕВО

Вчера во Делчево започна изградбата на новиот градски парк во централното градско подрачје кој ќе се протека од новата црква “Св.Кирил и Методиј” па се до Спортскиот комплекс.

Започна изградбата на новиот градски парк во центарот на Делчево. Вчера беше потпишан договорот за набавка на работи ,,Парковско уредување на дел од Основен проект за уредување на просторот помеѓу ул. Кеј на Ослободување река Брегалница и Спортска сала и река Габровчица во Делчево,, помеѓу Општина Делчево и економски оператор (,,СД-ТРАНС,, ДООЕЛ Славе с.Звегор, Делчево) кој е добитник на тендер по јавно одржана аукција.

Станува збор за изградба и уредување на парковска јавна површина покрај кејот на реката Брегалница на потегот помеѓу црквата “Св.Кирил и Методиј” и Спортскиот комплекс во централното градско подрачје во Делчево.

Со овие градежни активности ќе се добие уште едeн нов убав градски парк со уредени пешачки патеки, ќе биде поставена урбана опрема, клупи за седење, фонтани за пиење вода, корпи за отпадок и други пропратни елементи.

http://delcevodenes.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA-%D0%BF%D0%BE%D0%BC/ - http://delcevodenes.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA-%D0%BF%D0%BE%D0%BC/

Posted By: jyvation
Date Posted: 24-Oct-2014 at 12:34
НОВ ПАРК ВО KАПИШТЕЦ

Општина Центар ги изведува завршните активности во уредувањето на паркот во Kапиштец, кој се простира на 20.000 квадратни метри, во средиштен простор помеѓу 12 згради. Освен тоа, се градат две детски игралишта и едно кошаркарско игралиште со соодветна подлога, се поставуваат две групации на подни прскалки и нова урбана опрема (клупи, канти, паркиралишта за велосипеди) со уникатен изглед.

- На детските игралишта ќе се стави подлога од гумени плочи со дебелина од пет сантиметри.

Се отстранува песокот кој е нехигиенски, привлекува животни, се растура, тешко се чисти од листови. Опасен е за децата, речиси исто колку и бетонската подлога - потенцираат од Општината.

Ќе бидат засадени 60 разни видови садници, 18 зимзелени дрвја, 6 цветни листопадни, 6 високи грмушки, 582 цветни листопадни и зимзелени грмушки кои цветаат во различни делови од годината, 104 листопадни грмушки, 430 зимзелени грмушки, 184 покривачи, 4.010 перени, 20 парчиња високи украсни треви, 870 ниски украсни треви и 1.450 парчиња луковици и тоа лалиња, нарциси и мускари.

Поставен е автоматски систем за полевање и ископани се два бунара.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=E4440EEA432028428800A705371139E7 - http://www.dnevnik.mk/?ItemID=E4440EEA432028428800A705371139E7

Posted By: AndrejMK
Date Posted: 30-Oct-2014 at 10:10
Originally posted by jyvation

Дали ќе биде истиот изведувач како за Боемската улица затоа што таа улица е многу убава.

Posted By: jyvation
Date Posted: 30-Oct-2014 at 11:48
Originally posted by AndrejMK

Дали ќе биде истиот изведувач како за Боемската улица затоа што таа улица е многу убава.

Не.Општина Центар само купува садници и го уредува веќе постоечкиот и запуштен парк помеѓу блоковите.

Posted By: kultuzin
Date Posted: 30-Oct-2014 at 11:56
Некако во Македонија како резултат на неписмените новинари се онеписменува и народот. Неможе секоја зелена површина да се нарече парк. Има разлика од парк, паркче и зеленило пред зграда. Вака излезе дека секоја површина на која има два квадрати трева , три дрва и 10 цвеќиња е парк. Мора да се разграничува со поимовите. Истото е и со други поими како што се арена, стадион и игралиште или терен.

Posted By: kultuzin
Date Posted: 30-Oct-2014 at 13:57
Еве го правиот збор за вакви помали површини

Се уредуваат некоку зелени катчиња во градот
Вести | Охрид | 30.10.2014 13:38Посети : 48
Деновиве екипите на „ Паркови и зеленило“ вршат уредување на неколку зелени катчиња во градот кои ќе добијат нов изглед, а се оформуваат и нови парковски решенија.
Се реконструираат: паркот во близина на мостот кај каналот „Билјанини Извори“, кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај населба „Даљан“, површината околу спомен-обележјето на Коста Абраш на Сараиште.
Постоечките површини се оплеменуваат со нови цветни леи и декоративни садници и се украсуваат со декоративен чакал.
http://www.ohridnews.com/vesti/76530

Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Nov-2014 at 17:11
Се прави парк кајшто се проширува бул. Митрополит Теодосиј Гологанов. Веројатно ќе биде продолжение на веќе изградениот парк на милениците во тој дел на Скопје.

https://flic.kr/p/q4bhqw"> https://flic.kr/p/q4bhqw - DSC06394 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/q6pCyA"> https://flic.kr/p/q6pCyA - DSC06395 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат

Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Nov-2014 at 12:51
Паркот на новинарите ќе се искасапи, виновен ќе биде Кензо Танге

Следен парк кој ќе се најде под секирата на Градот е оној пред зградата на некогашна „НИП Нова Македонија“, познат како Парк на новинарите. Како што изјави градоначаникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на ова место треба да се изгради кружен тек, најголем до сега, кој ќе се користи за потребите на две нови сообраќајници кои ќе се прошируваат.

Од Град Скопје потврдуваат дека паркот ќе биде отстранет затоа што ова е планирано со децении претходно со изработката на првиот Генерален урбанистички план на архитектот Кензо Танге за Скопје. Ова е втор парк во овој дел од градот на кој му се заканува уништување, по отстранувањето на оној пред хотелот „Бристол“, како и на зеленилото со повеќедецениски дрвја кое беше уништено поради изградба на три нови административни повеќекатници во барокно фасадно обликување.

Кружниот тек кој ќе се најде на местото на новинарскиот парк, ќе ги поврзува двете сообраќајници кои треба да го олеснат градскиот метеж на улиците. Првата сообраќајница која ќе се поврзе со кружниот тек е улицата Св. Кирил и Методиј, а втората е улицата Јордан Мијалков, некогашна Железничка, која се наоѓа во фаза на проширување. На овој начин ќе има врска меѓу двете улици со тоа што по Св. Кирил и Методиј ќе се вози во правец кон кружниот тек, а на Јордан Мијалков во спротивен правец. Уште еден кружен тек ќе се изгради на почетокот на Кисела Вода, кај рампа. Поради ова ќе мора да се срушат неколку куќи кои се наоѓаат на планираната локација.

Со изградбата на овој инфраструктурен проект ќе се создаде јадро во кое се наоѓаат трговскиот центар „Рамстор“, Музејот на Град Скопје, катната гаража, Тутунска банка и други објекти, околу кои сообраќајот ќе кружи.

Проектот би почнал со реализација откако ќе се направи проширувањето на улицата Јордан Мијалков и откако турската компанија „Лимак“ ќе ја изгради подземната сообраќајница со која Јужниот булевар ќе се најде под земја, а над него ќе се изградат комерцијални и хотелски објекти на компанијата. Од Градот велат дека од компанијата зависи кога ќе се изгради кружениот тек и дека истиот ќе се гради со средства на Град Скопје.

http://plusinfo.mk/vest/5042/parkot-na-novinarite-kje-se-iskasapi-vinoven-kje-bide-kenzo-tange- - http://plusinfo.mk/vest/5042/parkot-na-novinarite-kje-se-iskasapi-vinoven-kje-bide-kenzo-tange-

-------------
За сè има вторпат

Posted By: fichot
Date Posted: 22-Nov-2014 at 17:45
Не сфатив, ЈБ ќе се вклучува во кружниве текови или ќе оди независно (под) од нив?

Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Nov-2014 at 03:17
се е супер, само што постземјотресните планови предвидувале клучки на „урбани автопати“, а не кружни текови на импровизирани решенија

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: N23
Date Posted: 05-Dec-2014 at 17:13
Од новиот парк во Капиштец

-------------
23ka.wordpress.com

Posted By: jyvation
Date Posted: 06-Dec-2014 at 22:23

извор:Општина Центар

Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Dec-2014 at 10:02

Општина Центар свечено го отвори паркот „Капиштец“

Обновен е паркот на просторот помеѓу висококатниците на улиците Народен Фронт и Васил Ѓорѓов во скопската населба Капиштец. На површина 20.000 метри квадратни, од кои 12.000 се тревна површина, има две детски игралишта за деца од различни возрасти и кошаркарски игралишта са соодветна подлога. Поставена е урбана опрема и два типа осветлување – амбиентално и високо осветлување, со канделабри. Исто така е изведен автоматски систем за полевање, а техничка вода се црпи од два новоископани бунари.

Во паркот „Капиштец“ се засадени 18 зимзелени дрвја, 6 листопадни цветни дрвја, 6 високи грмушки, 582 цветни листопадни и зимзелени грмушки, кои цветаат во различни периоди од годината, 104 листопадни грмушки, 430 декоративни зимзелени грмушки, 184 покривачи, 4010 перени, 20 високи украсни треви, 870 мини треви и 1450 луковици од лале, зумбул, нарцис и мускари.

Паркот е лоциран во еден од најгусто населените делови на Скопје, на простор којшто има еден од најмалите проценти на зелени површини по глава на жител во градот. Неговата обнова е проект на Општина Центар, која за оваа намена вложи 510 илјади евра. Изведбените активности започнаа во јули годинава и ги вршеше „АК Инвест“ од Тетово.

http://www.build.mk/?p=41704 - http://www.build.mk/?p=41704

-------------
За сè има вторпат

Posted By: xnx
Date Posted: 15-Dec-2014 at 11:15
Originally posted by Џоле

sho e so kosava? WTF???

Posted By: Dexter26
Date Posted: 24-Dec-2014 at 17:47
Ако паркот не е под ингеренција на градоначалник од моја партија, најкомотно ќе му го одземам паркот и ќе му го доделам на некој друг градоначалник од моја партија.
 
Знам дека форумов не е место за политика, но ајде нека каже некој каде нема политика во денешните градежни и урбанистички потфати во Центар и пошироко во Скопје ?
 
Значи вистина е тоа што го велат:
 
Ако ти не се занимаваш со политика, тогаш политиката ќе се позанимава со тебе. Bash
 
Се разбира, тоа не е никакво оправдание за ваквите идиотизми.
 
Ајмо нови споменици. Crazy
 
http://www.24vesti.com.mk/trajanovski-go-prevzema-zhena-park-pod-ingerencija-na-grad-skopje - http://www.24vesti.com.mk/trajanovski-go-prevzema-zhena-park-pod-ingerencija-na-grad-skopje
 
Трајановски го превзема Жена парк под ингеренција на Град Скопје

24.12.2014 | 16:50
 
Паркот „Жена борец“ официјално под закрила на Град Скопје. Ваквата одлука била донесена на последната седница на Градското собрание, со образложение дека оваа зелена површина има исклучително значење за градот и граѓаните.
 
Градоначалникот Коце Трајановски тврди дека единствената цел е да се направи целосно уредување на самиот парк.
 
Градоначалникот на опшина Центар не се огласи на барањето на 24 Вести за став околу превземањето на паркот.
 
Деновиве во паркот „Жена борец“ беа поставени тезги, кои според градските власти се дел од Новогодишниот маркет организиран од Град Скопје.
 
Според нив, тезгите ќе бидат наменети за промоција и продажба на храна и пијалоци.
 
Ивана Рамаданова

Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Dec-2014 at 22:02
Тие веќе го уништија паркот со милион споменици и глупости. Малку ли им беше?

-------------
За сè има вторпат

Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Dec-2014 at 23:13
воопшто не мислам да го кажам ова политички, ама прославите за нова година на градот Скопје, во последниве 10 години се fail невиден... контра на тоа, општина Центар успешно ги организира, па сега се нечкаат повторно околу тоа

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: jyvation
Date Posted: 25-Dec-2014 at 00:53
Жално е што се прават две одделни прослави на две различни места а при тоа се трошат народни пари.

Posted By: kultuzin
Date Posted: 02-Jan-2015 at 14:17
Во општина Аеродром ќе се гради нов парк
Детали Создадено На Петок, 02 Јануари 2015 13:49      Датум на објавување      Категорија: Локално

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска одржа прес-конференција на која најави изградба на нов парк.

Градоначалникот Коневски изјави дека Општината планира да гради нов парк спроти „Мајчин дом“. Тој најави и изградба на улици, асфалтирање, изградба на канализации.

Новиот парк спроти „Мајчин дом“ ќе се гради на површина од 2.319 квадратни метри и ќе содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и со водопади, река и детско игралиште. Постојните дрвја на таа локација ќе се задржат и ќе се збогати паркот со ново зеленило составено од нискостеблести растенија и од цвеќе.

Мета
http://sky.mk/republika/427583-vo-opshtina-aerodrom-kje-se-gradi-nov-park

Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Jan-2015 at 16:00
значи нема потреба од фонтани, водопади и реки, доволно е да се уреди хортикултурно просторот и да се креираат пешачки патеки... тоа е се
во нешто толку споредно, се расфрлаат, а во нешто најбитно се штедат...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: jyvation
Date Posted: 03-Jan-2015 at 14:46
Каде е ова отприлика може координати?

Posted By: slucaen_patnik
Date Posted: 03-Jan-2015 at 20:57
Тоа е меѓу Мајчин дом и булевар Јане Сандански, повели координати:

41.988531, 21.461721

Веќе имаат направено од тие нивните параклиси на стероиди.

Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-Jan-2015 at 21:00
Зошто прават паркови до булевари? Добро е да се средат тие зелени површини но паркови и дестки игралишта подобро е да се прават на малку потивки локации, на кои нема до толку смрдеш од издувни гасови. Намената на паркот најчесто е одмарање а како да се одмориш до булевар. Пример локацијата позади каде што има некое тениско игралиште многу повеќе би одговарала. А можеби и се мисли на таа локација?

Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Jan-2015 at 22:04
покрај булевари како овие,најдобро решение е да се прават дрвореди како на партизанска на пример.се применува во цел свет дури и во арапските земји каде што има недостиг на вода за наводнување

Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Jan-2015 at 21:46
Originally posted by kultuzin

Во општина Аеродром ќе се гради нов парк

Новиот парк спроти „Мајчин дом“ ќе се гради на површина од 2.319 квадратни метри и ќе содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и со водопади, река и детско игралиште. Постојните дрвја на таа локација ќе се задржат и ќе се збогати паркот со ново зеленило составено од нискостеблести растенија и од цвеќе.

vecer.mk

-------------
За сè има вторпат

Posted By: kiriOK
Date Posted: 07-Mar-2015 at 02:05
Ајде отиде уште една зелена површина во центарот...

Ќе се гради „барокот“ во Универзитетскиот кампус на УКИМ!

http://www.build.mk/?p=43474 - http://www.build.mk/?p=43474

Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Mar-2015 at 07:43
А нели беше реконструиран пред неколку години?!

Се крчка реконструкција на паркот Жена борец

Откако се поставија серија на споменици и скулптури од владиниот проект „Скопје 2014“, паркот Жена борец во центарот на Скопје ќе биде подложен и на реконструкција. Ќе се менува постоечкото осветлување со ново, а предвидено е и да се санира партерното уредување. Градот Скопје денеска го распиша огласот за избор на компанија што ќе го изготви основниот проект со вклучена ревизија за претстојниот реконструктивен зафат. Од градската каса за оваа намена е проценето дека ќе се одвојат 1 милион денари, без вклучен ДДВ. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди најдоцна до 23 март.

Откако ќе се изработи проектната документација, Градот Скопје ќе пристапи и кон избор на најповолен понудувач за изведба на градежните активности. Паркот Жена борец е една од локациите во централното градско подрачје што беше преплавена со нови споменици и скулптури. Со средствата на граѓаните во изминативе неколку години на овој простор свое место најдоа Прометеј, спомен – обележјето од првото заседание на АСНОМ, спомениците на македонските бранители, на основачите на ВМРО и на Кузман Јосифовски Питу, како и споменикот на „Паднатите херои на Македонија“.

Од Градот Скопје засега нема информација за временскиот период во кој би се извршила најавената реконструкција на паркот Жена борец, ниту пак има информации колкави финансиски средства од градскиот буџет би се потрошиле за оваа намена.

http://www.build.mk/?p=43526 - http://www.build.mk/?p=43526

-------------
За сè има вторпат

Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Mar-2015 at 18:49
изгледа и на парков не му дихтуваат прозорите

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Mar-2015 at 19:54
ако не се чепка тоа што досега е реконструирано,е ок, а ако севадат некои елементи и на нивно место се ставаат понови,само ќе се повтори плоштадот

Print Page | Close Window