Print Page | Close Window

Жичарница на Водно

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=295
Printed Date: 19-Nov-2018 at 16:53


Topic: Жичарница на Водно
Posted By: beTon
Subject: Жичарница на Водно
Date Posted: 25-Jun-2008 at 17:35
Атракција, потреба или преоптеретување за Скопје,
едно е сигурно дека сите сакаат, но никој не е спремен да се фати на орото.

Неофицијално работата е пред крај т.е. на почеток, се доработува проектот во МТВ (министерство за транспорт и врски)...
...ако некој знае нешто повеќе за заинтересираниот австриски инвеститор, за трасата, исплатливоста, стандардите за сигурност и квалитет како и за најновите трендови од овој тип на транспорт,
кажете гласно со време... Question
исто доста лошо решение е http://www.vest.com.mk/default.asp?id=120468&idg=6&idb=1822&rubrika=Skopje - две жичари , побрзо и полесно би било да се изгради една од Кале до Крстот на Водно т.е. Кале-Влада-СоборенХрамСв.КлиментОхридски-Водњанска-Водно.






Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2008 at 19:32
Жичара со Водно мислам дека е нужна и ќе биде премногу исплатлива. Со кале немора толку, ама сепак и тоа е добра идеја, само не гледам кој би се возел. Овие од црквата не треба, тие се вероватно напишани за чалам.

Инаку скоро читавме за оние жичарине што беа како идеја за врз партизанска. Нешто како за јавен превоз. Тоа е според мене е тотална глупост.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jun-2008 at 08:39
Originally posted by beTon

Атракција, потреба или преоптеретување за Скопје,
едно е сигурно дека сите сакаат, но никој не е спремен да се фати на орото.

Неофицијално работата е пред крај т.е. на почеток, се доработува проектот во МТВ (министерство за транспорт и врски)...
...ако некој знае нешто повеќе за заинтересираниот австриски инвеститор, за трасата, исплатливоста, стандардите за сигурност и квалитет како и за најновите трендови од овој тип на транспорт,
кажете гласно со време... Question
исто доста лошо решение е http://www.vest.com.mk/default.asp?id=120468&idg=6&idb=1822&rubrika=Skopje - две жичари , побрзо и полесно би било да се изгради една од Кале до Крстот на Водно т.е. Кале-Влада-СоборенХрамСв.КлиментОхридски-Водњанска-Водно.


Жичарата на Водно е дефинитивно потреба. Не би ја класификувал како атракција бидејќи не е дека ќе бидеме меѓу првите градови со ваква содржина. Тирана го има Dajti Express веќе подолго време.



Потреба е бидејќи е одличен начин да се сочува Водно како многу битен еко систем за градот и како одлично и многу достапно рекреативно место за Скопјани. Инсталацијата на една ваква жичара би била предуслов комплетно да се забрани сообраќајот на Водно.

Што се однесува до трасата. Едно време се зборуваше за почетна станица позади Музејот на Град Скопје но незнам каде тоа би се сместило таму со оглед на сите нови содржини кои почнуваат да се градат во тој реон. Секако почетната станица би ја сместил до некоја од планираните катни гаражи што би било многу корисно за посетителите.

Некоја дискусија околу најновите трендови и производи во овој тип транспорт се разви во дискусијата за http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=24 - Ски Кожуф (страници 1-5) каде некои информации сподели и еден дечко кој работел на инсталацијата на шестоседот на Кожуф (btw треба да пробаме да дознаеме што се случува на Кожуф летово, беше најавена инсталација на уште неколку нови жичари).

Инаку доколку се гради жичара на Кале мислам дека треба да биде независна од онаа на Водно. Во случаи како на Кале се користат обично funiculars (не го знам зборот на македонски).

Загреб



Љубљана изгради нов модерен funicular пред само 1-2 години

Од изградбата





Како и да е, мислам дека проектот funicular до Кале е на дното на приоритетите за Скопје.


Posted By: beTon
Date Posted: 26-Jun-2008 at 23:05
ок што е атракција ако не скопска панорама во движење, па таква глетка од секакви доградби и надградби по тоа крововите ни во Тирана сигурно нема, а за потреба незнам дали некој наш скопјанец повеќе од трипати годишно ќе се качи до горе мислам дека како нација која е зависна од ТВ тоа тешко дека ќе легне ко песна а уште и ако инвеститорот е австриец (ве поздрави ЕВН) во тој случај мора скопско лето, супер ѕвезда и сличните на нив да се преселат горе - и јас баш многу не верувам во вакво сценарио но Скопјани и се е можно... а за преоптеретување мислам на нашите кадарни и ревносни служби и инспекции во МТВ па тоа ептен напор и главоболки ќе им даде и така досега не можат на крај да излезат со лифтовите по зградите па сега и ’овој луксуз!

него шала на страна овој град заслужува и подобро но за тоа ќе почекаме некоја друга прилика за солидарност од светот па внукот на кензо да го заврши она што го имал на ум дедому и ако не се лажам дека мегалополис е возможен за едно 50 години од Куманово-Скопје-Тетово тогаш маглев ќе треба да лета од Липково виа Скопје до Џепчиште...




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jun-2008 at 02:37
Само да спомнам дека и до сега имаме доста дискутирано за потенцијалната жичарница на Водно, но во темата за http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=29&PN=1 - Милениумскиот Крст

Текстовите што се постирани таму се баш во контекст на милениумскиот крст, па не сакав да ги префрлам тука, особено што ќе се направи збрка во таа нишка. Предлагам понатамошната дискусија да се одвива тука, освен ако жичарницата не биде дадена под концесија на фондацијата милениумски крст.


Posted By: beTon
Date Posted: 27-Jun-2008 at 10:06
интересен е податокот на pbanks за шеикот и монореилот кој треба прво ние да го изготвиме како проект па сетне да го продадеме па зошто да не и самите ние да инвестираме како држава во истиот, http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=65&EditionID=294&ArticleID=4363 - но проблемот е во брзина на имплементација на стратегии или проекти , тоа како информација за шеикот јас го знам како монореил од Нижеполе до Брајчино и имало предлог до општина Битола но батето сакал и постојки попат на Баба а на постојките и по некој комплекс, па работата се изјаловила бидејќи Пелистер е национален парк па многу тешко дека таму ќе помине нешто освен дивоградба.
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=29&PN=3">
Originally posted by pbanks


Ако го најдам некако ќе ви ја ископам и приказната дека некој шеик ќе градеше монореил од Ресен до Охрид преку Галичица Crazy. Да и ваква приказна се продаваше како сериозна во македонските медиуми некаде во 95-97. Мотивот беше дека не видел таква убавина во животот до сеа и толку се заљубил што сите пари тука ќе ги фукнел Nuts. Веќе ми се премногу бледи деталите од овој "проект" ама меѓу другото вклучуваше и аеродром во Битола и што уште не.






Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2008 at 11:22
Во вакви случаеви треба да се "наруши екологијата". Мене многу мнгоу не ми е гајле, пошто тоа глобално затоплување е само урбана легенда за перење пари преку шарени кеси за гурбе.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 27-Jun-2008 at 12:07
LOL

Лсл, ми се свиѓа новиов аватар.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jun-2008 at 12:35
Аман бе ЛСЛ, веруваш дека некој шеик сакал да гради монорејл од Нижеполе до Брајчино, али сумњаш у глобално затоплување LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2008 at 16:25
Абе не ми беше мене муабетот за шеикот. Што сака нека гради. Ама се нервирам кога ќе прочитам дека некој како проблем ја наведува екологијата.


Posted By: beTon
Date Posted: 27-Jun-2008 at 19:46

нема што навистина било оптимистички проект во очи на ЛОИ’04 муабетов, овие нашиве урбани рекетари верувале дека за две години ќе сме стокмеле жичара,
мислам дека во стратегијата уште фали и рушење на браната на матка па сетне можеле да сонуваат и за најатрактивен кањон за кајак на балканов Bonk

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=40279&idg=3&idb=602&rubrika=Skopje - ПРЕЗЕНТИРАНА СТУДИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ НА ГЛАВНИОТ ГРАД ПРЕД ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО АТИНА-2004
Калето, жичарницата Водно, езерата Треска и Матка - туристички мамки на Скопје
Vest - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=40279&idg=3&idb=602&rubrika=Skopje - 7/11/2002
Скопје конечно доби стратегија за развој на туризмот. Лоцирани се главните туристички точки. Калето, жичарницата Водно, езерата Треска и Матка чекаат потенцијални инвеститори, организации и донаторски проекти, кои ќе го унапредат туризмот во Скопје.
Во хотелот "Холидеј ин", вчера беше презентирана "Студијата за развој на туризмот на град Скопје", изработена од Светската банка и од Владата на Македонија. Тоа е визијата за развојот на туризмот на главниот град во наредните 20 додини. На презентацијата зеде збор и градоначалникот на Скопје Ристо Пенов, кој рече дека Скопје мора да ја искористи шансата да ги промовира атрактивните туристички места пред Олимпијадата во Атина-2004 година. Пенов потенцираше дека тогаш се очекува прилив на голем број странци и транзит туристи. Наедно, рече тој, ако се средат атрактивните места, се очекува и поголем број вработувања.
Во Студијата се анализира подобрувањето на опременоста на објектите со туристичка понуда, можноста за изградба на кампови и мотели во Скопје, потоа изградбата на некои светски хотелски синџири, развојот на угостителството на Старата чаршија, изградбата на нови сообраќајници, уредување на коритото на Вардар, како да се најдат концесии, донатори. Студијата ќе биде ставена на Интернет страницата на градот Скопје њњњ:градскопје.нет.мк. (А.Г.)







Posted By: beTon
Date Posted: 14-Oct-2008 at 11:02

...

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=34ECE5218F66E64BB993ACA99ABE6B0B - Во јануари или најдоцна до март ќе започне и изградба на жичарницата од Средно Водно до врвот на Водно  

- Милениумскиот крст е едно од најсилните обележја во Република Македонија, туристичка и верска атракција. Ние како Влада работиме и на следниот проект поврзан со Крстот, а тоа е изградба на жичарница, иницијатива којашто започна уште пред неколку месеци. 

Некаде од јануари следната година, најдоцна до март, ќе започне изградба на жичарница од средно Водно до врвот на Водно, а подоцна 2010, од Средно Водно до Рамстор. Целта е на овој начин што повеќе граѓани да можат да дојдат и да го посетат овој дел на Скопје, особено стари и изнемоштени лица кои не можат да си дозволат да пешачат, изјави вчера Груевски.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=34ECE5218F66E64BB993ACA99ABE6B0B - Вечер - 09.09.2008

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149240&idg=8&idb=2333&rubrika=Skopje - ФОНДАЦИЈАТА МИЛЕНИУМСКИ КРСТ ВО ПРЕГОВОРИ СО ДОМАШНА ФИРМА
Жичарница од "Рамстор" до Крстот на Водно
Кабините ќе бидат затворени и во нив ќе може да се возат по осум луѓе

Почетната станица на жичарницата до Милениумскиот крст на Водно, која веќе неколку години ја најавува Фондацијата "Милениумски крст", ќе биде кај "Рамстор", односно на просторот меѓу трговскиот центар и катната гаража која е во изградба. Од Фондацијата велат дека се во преговори со домашна фирма која е заинтересирана да ја изгради жичарницата и да стопанисува со неа.
"Австриската фирма 'Лаитнер' го изработи проектот за жичарницата. Со него се предвидува нејзината траса да биде од трговскиот центар 'Рамстор' до Крстот, а на Средно Водно да има попатна станица. Кабините ќе бидат затворени и во една кабина ќе можат да се возат осум луѓе. За целосната изградба на жичарницата, според проектот на 'Лаитнер', ќе бидат потребни 8 милиони евра", вели Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата "Милениумски крст".
Од Фондацијата објаснуваат дека до крајот на месецов ќе се знае дали ќе биде постигнат договор со фирмата која сака да ја гради и да стопанисува со жичницата. Во моментов сопственикот на фирмата бил на службен пат во странство и веднаш штом се врати, Фондацијата ќе ги почне разговорите за склучување договор.
Покрај изградбата на жичарницата, фирмата концесионер ќе изгради и ресторан кај Милениумскиот крст со кој, исто така, ќе стопанисува на одредено време.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149240&idg=8&idb=2333&rubrika=Skopje - Vest -  3/26/2008

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=11EEDD38B07DBF4589E2C5369AA5FE51 - АВСТРИЈЦИТЕ САКААТ ДА ГРАДАТ ЖИЧАРНИЦА ДО КРСТОТ

Фирмата „Лајтнер“ сака жичарницата да ја земе под концесија

Претставници од австриската фирма „Лајтнер“, заинтересирана да ја гради и да ја добие под концесија жичарницата до Милениумскиот крст, начелно се согласиле со проектот што го изработува скопската проектантска куќа ИНПУМА. Тие на средбата со проектантите се интересирале за трасата по која ќе се стигнува до крстот. Немале ништо против жичарницата да тргнува во близина на „Рамстор“, па преку поранешниот хотел „Панорама“ да продолжи до крстот на Водно. Вкупната должина на трасата изнесува околу 4,5 километри и ќе се гради во две фази. Австријците побарале мали попрецизни корекции на поставеноста на носечките столбови.

Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата „Милениумски крст“, треба исто така, да се сретне со претставниците на „Лајтнер“ и да му ја соопштат цената за изведување на проектот. Според него, ако претходно изведбата чинела околу 5 милиони евра, кога проектот предвидуваше жичарницата да тргнува од „Панорама“, сега веројатно ќе чини многу повеќе.

Тој додава дека во Фондацијата веќе се обратиле двајца инвеститори кои сакаат да вложат во жичарницата. Дојчиновски не ги открива нивните имиња се' додека не се дефинира дали тие ќе ја прифатат цената за реализација на проектот што треба да му се соопшти „Лајтнер“. Сепак, и двајцата се изјасниле дека во проектот ќе бидат вложени осум милиони евра. Едниот од инвеститорите е повратник од Австралија, а другиот сопственик на кафеана.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=11EEDD38B07DBF4589E2C5369AA5FE51 - Utrinski -  07 март 2008



Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Oct-2008 at 16:21
Jas mislam deka uste poubava e idejata da se izgradi od Kaleto pa do vodno , toa ke povlece poveke turisti spored mojata procenka

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Oct-2008 at 17:14

Originally posted by mitatos

Jas mislam deka uste poubava e idejata da se izgradi od Kaleto pa do vodno , toa ke povlece poveke turisti spored mojata procenka

такво нешто би направило како прво интересна панорама низ СК , друга предност е што би направила некаков стартен пункт од калето, а како трето ќе го растерети тој дел кај рамстор од цел хаос што сигурно би се јавил на тој потег,  иако би дошло добро и мореил до кале во продолжение жичарницата на истиот би се надоврзала како екстра решение, но главен проблем сега во овој случај ќе остане само согласноста на америте за еден ваков потег, ниту финансиите ниту инфраструктурата за сетото тоа има и чаре и лек а и есап!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Oct-2008 at 17:29
Абе ова скриена камера да не е?!

Митатос дава предлог што не држи вода ама ич, демек ќе ставиме низ центар стубови од по 100 метра висина.Crazy

И тука се убацува бетон демек прво требало америте да ги прашаме поради калето!!! CrazyCrazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2008 at 17:39
Beton, за во колкав радиус околу Амбасадата ќе треба во иднина да бараме одобрение од Мекејн или Обама?

Roll%20eyes


Може ли да пројде нишка без тој муабет?


Posted By: Plugger
Date Posted: 14-Oct-2008 at 17:59

Абе ова скриена камера да не е?!


Bogami i ja toa se prashuvam, distancata e golema da se ide. Od Kale do Vodno bi imalo 5-6 kilometri minimunj a da ne zaboravime deka Vodno e planina ke treba na koso da ide zicata, da duvne malce veter ke se prevrti vagonot naopaku. Premnogu rizicno e a i distancata e premnogu daleku.

Mada bi bilo interesno od Muzejot na Sovremena Umetnost do Sredno Vodno, ali pa stubovi da gradat niz centarot i toa pa ne ide.

Inache vo Zagreb i vo Ljubljana bev na Ospinjachite, Vo Zagreb e star ali vo Ljubljana e prekrasen. Mnogu dobro smislen taman na brdo e i gore na kulata imaat zname na gradot.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Oct-2008 at 18:04
Каков вакгон бре човече?! Каков ветер?! Какво превртување?! Ова изгледа стварно е скриена камера!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2008 at 18:10
Originally posted by lslcrew

Каков вакгон бре човече?! Каков ветер?! Какво превртување?! Ова изгледа стварно е скриена камера!!!


Богами да



Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Oct-2008 at 18:46
E zosto se cudis, pa dokolku se izrazi zelba od kale togas ke go napravat ne e nekoja filozofija za stolbovite , cim nekoj rekol takvo nesto sigurno go isplaniral ne go kazal tuku taka : eve kako funkcionira vo shpanija





-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Oct-2008 at 18:56
да, ама ова е у сред шума, за да стигне од кале до водно жичарата треба да помине меѓу згради и улици е сосема невозможно
ако е за панорами сметајте дека и од жичарата на водно ќе има супер панорами додека се качуваш нагоре


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Oct-2008 at 19:10
Абе не викам дека нема да има убави понорами и од таму ,но сепак ме интересира како било планирано тоа од Кале, сигурно имало некој проект, но сепак не ми се чини дека е тешко изводлив проект.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Oct-2008 at 19:15
ај баш ако можеш нацртај која е твојата замисла, од каде би сакал да оди па ќе видиме

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kire85
Date Posted: 14-Oct-2008 at 19:22
od kale, preku mostot kaj vladata, dolz ulicata nakaj beko, preku ramstor....mozebi veze nema trasava ama mi tekna varijanta vaka u momentov....a inace i jas mislam deka zicarnica od kale do vodno ne e voopsto mission impossible.


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Oct-2008 at 19:36
Луѓе какви ви се овие идеи Nuts

Знаете ли вие колкави се столбовите што треба да ги носат гондолите?! Нема шанси да најдете место или некоја траса што ќе овозможи тргнување од Кале - и точка. Башка, цената на целиов проект што ќе треба да поминува низ центар ќе се стреми кон бесконечно....


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Oct-2008 at 19:50

Originally posted by mitatos

Абе не викам дека нема да има убави понорами и од таму ,но сепак ме интересира како било планирано тоа од Кале, сигурно имало некој проект, но сепак не ми се чини дека е тешко изводлив проект.

план ниту имало ниту ќе има според денешнава состојба, тоа го кажав јас како размислување на почеток. 

Originally posted by beTon

исто доста лошо решение е http://www.vest.com.mk/default.asp?id=120468&idg=6&idb=1822&rubrika=Skopje - две жичари , побрзо и полесно би било да се изгради една од Кале до Крстот на Водно т.е. Кале-Влада-СоборенХрамСв.КлиментОхридски-Водњанска-Водно.

а хипотетички тaква траса не би била оптеретување за СК бидејќи столбови само би имало по  бул.Св.Климент Охридски па ќе продолжат кон водњанска и водно а истата би стартувала некаде меѓу кале и музеј на современа па преку институтот за спортска медицина покрај влада и сетне по Св.Климент Охридски да продолжи. како што реков панорамски интересна маршута има доста објекти да се видат попат а и добар поглед ќе има за миг на партизанска. исто добро е што калето и музеј на современа би заживеале повеќе а и ќе биде добро како панорамска тура после разгледување на СК, чаршија и кале да се продолжи и на  Крстот  на водно. веќе друг момент е почетокот да биде пред рамстор мислам дека таму беспотреба би се направил метеж од туристи, небаре го планираат таму заради новиот хотел, а и како почетна точка е скриен момент во градот па доколку нема човек водич за низ СК(туристите и оние од другите градови) тешко дека лесно и ќе ја најде жичарницата иако на нас ни делува се прегледно и едноставно.

што е до америте  кло постојано ги спомнувам во контекст на кале бидејќи истите и се параноични и на кале имаат бункер на циа за балкан, а кога веќе ни се единствена потпора и само тие не есапат на меѓународен план,  тогаш по логика на нештата нивниот глас ќе мора да се чуе или  во најмала рака консултира, нереков никаде дека нема да се согласат истите со таков момент или која било друга иницијатива на и околу кале но ќе мора да им се рапортира и на нив.

гледано финансиски значи не е некој издаток да се дадат пари за уште десет столба за оваа траса. а  воедно доколку се дава жичарницата под концесија негледам причина зошто не би се направила анализа и за ваква траса...



Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:15
Eve nesto nabrzina, ne deka e mnogu precizno ama  samo da vi kazam deka e mozno )



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:21

ne morat  da ide peku centar  po levo ili po desno ama ne vo centar 



Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:23
abe moze od bilo koja strana, a uste podobro e da go napravat od Muzejot pogore, za da bide malku razdvoeno od kale, ima i drugi varijanti

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:25
Да не е сево ова SF ?

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:25
da Big%20smile ama problemot e deka vaka nesto ne pravatOuch


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:32
Митатос оддалеченоста од еден до друг столб е преголема...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:35
abe toj ne go napravil exsakt  ..tuku kako moze nesto taka ...... navistina ne ce bidat tolku golemi


Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Oct-2008 at 20:37
Да де точно така, јас напишав дека не е баш прецизно хехе , само дадов пример дека е можно такво нешто , и не верувам дека би коштало толку многу.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: beTon
Date Posted: 26-Oct-2008 at 16:16

ме бунеше ова сега со почетна точка на панорама па еве од каде извира идејата...

http://www.utrinskivesnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=2405688C69C4FA4BA357391FD98769EC - Привршуваат анализите за изградба на жичарница до Милениумскиот крст - Утрински - 20.03.2007

Ако се изгради во еден потег жичарницата би имала должина од 3.300 метри

Во ИНПУМА привршуваат анализите за изградба на жичарница до Милениумскиот крст. Тим од десетина стручни лица, проектанти и машински инженери разгледувале две можности за трасата, односно патот на движење на жичарницата од затворен тип.

Првата можна траса е жичарницата да тргнува од Стара железничка станица, а втората од пред некогашниот хотел „Панорама“. Но, имајќи предвид дека во првиот случај жичарницата би минувала над населено место, што ќе предизвика реакции од жителите, проектантите се повеќе за втората идеја. Проект-менаџерот Благоја Тагасоски вели дека се водело сметка за пристапноста, еколошката заштита и за финансискиот ефект при изведбата.

Идејата за изградба на жичарница била разгледувана уште пред изградбата на Милениумскиот крст, кога покрај замислата жичарницата да тргнува од Стара железничка станица, имало и друг предлог за нејзин почеток од улицата „Брадфордска“ кај фабриката „Алумина“.

„Ја разгледуваме и варијантата жичарницата да тргнува од пред ’Панорама’ и во смисла дали трасата да се изведува во еден или во два дела, бидејќи и тоа е врзано за финансии. Сметаме дека таму веќе постои паркингот, односно дел од инфраструктурата пред стариот хотел. Потоа втора станица би била на Средно Водно, од каде што трасата би продолжила до крстот“, вели Тагасоски и додава дека доколку жичарницата се изгради во еден потег, би имала должина од 3.300 метри. Таа би се движела на надморска височина од 500 до 1.066 метри.

Од: mene
Датум: 20.03.2007 13:56:50
ako e od panorama....... kolku mesto ke ima za parking.. ako ima navala od lugje ........ togas ke ima navala od koli......... nenormalno......



Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:20
Жичарница и од Крстот до Матка?!


Од страна на градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, вчера беше промовирана идеја за изградба на жичарница од Крстот на Водно до Матка. Според Костовски, идејата произлегла од завчерашната средба со Министерката за култура.
- На средбата беше разговарано за надминување на проблемите поврзани со Водно, како да се зачува планината и да се направи жичарница од Средно Водно до Крстот и таа да продолжи до Матка, каде ќе има места за качување на жичарницата од двете страни. Со тоа Градот би добил фантастична можност за промоција на туризмот. Предложивме и да се направи еден заеднички проект меѓу Владата и Градот, за возобновување на сите 76 манастари, за кои постојат темели. Истовремено би се промовирале и трите пештери на Матка, изјави вчера Костовски.

http://vecer.com.mk/?ItemID=91C4103AE35DFD4587AEBD5E09862F25




Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:53
за возобновување на сите 76 манастари


Ќе го преќутам секој цент од оваа цела мегаломанја доколку ова е компензација со градот околу црквата на плоштад!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Nov-2008 at 03:39
Жичарницата на Водно - визионерски и амбициозен проект


Иницијативата на Град Скопје за изградба на жичарница на релација Средно Водно - Милениумски Крст - Кањон Матка, експертите ја оцениле како визионерска мисија, но и како амбициозен проект кој бара сериозен пристап и повеќеслојно решение. На средбата на која освен градоначалникот Трифун Костовски и претставници од градската администрација, присуствуваа и професори од Архитектонскиот, од Градежниот, Машинскиот факултет и претставник од Министерството за транспорт и врски.

Експертите сметаат дека жичарницата претставува најсоодветно решение за достапност до природните убавини на Матка, бидејќи како сообраќајно решение најмалку го нарушува природниот амбиент. Тие нагласиле дека конфигурацијата на теренот овозможува поставување на систем на жичарници.

Градоначалникот Костовски пред експертите ја презентирал идејата за изработка на комплетен проект за изградба на жичарницата Средно Водно - Милениумски крст - Кањон Матка, нагласувајќи дека проектот ќе овозможи промоција и достапност на уникатната убавина на Матка и возобновување на кањонот во духовно светилиште преку реконструкција на бројните манастири и на инфраструктурата. Тој потенцирал дека посебно внимание во идејното решение ќе биде посветено на заштитата на флората и на фауната во овој реон.

Претставникот на Министерството за транспорт и врски рекол дека идеите за изградбата на жичарницата на Градот и на Владата се поклопуваат и дека проектот на Владата за изградба на жичарница на релација Средно Водно - Милениумски крст е во напредна фаза и дека наскоро ќе биде распишан тендер. Тој најавил финансиска поддршка од Владата за продолжување на жичарницата до кањонот Матка ако постои добар проект.

http://vecer.com.mk/?ItemID=7B3DA7E4F175BB41AFD70EB95198A3E6




Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 29-Nov-2008 at 01:40
zicarava od koga ja zborat,a nikako da ja pocnat,ama koga ke vidis deka liftot na krstot go postavuvaa 5-6 god.ova ke bide za 30.i se se vazno vo podgotovki


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Jan-2009 at 02:16

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160131&idg=8&idb=2534&rubrika=Skopje - Жичарница до Матка со пари од Министерството за транспорт - Вест - 26.11.2008

За кусо време ќе биде распишан тендер за изградба на жичарница до Милениумскиот крст, а од Министерството најавуваат помош и за жичарница до Матка, ако се направи добар проект

ова АКО некако ми делува ветувачки но само АКО дојде подобен кандидат за градоначалник на следните избори Smile шала на страна комбинаториките околу политички поени се реални, но веќе толку има  ВМРО набилдано рејтинг што мислам дека и би се нафатиле да го финансираат и ова поврзување со матка па дури и од СДС да биде следниот градоначалник, но она што малку ептен ми боде очи во цел овој муабет е естетскиот момент односно најверојатно е дека оваа траса до матка ќе оди по сртот на водно, ова значи дека ќе имаме уште една визуелна атракција во прилог на SK imposible city но ајде можеби креативноста ќе проработи па ќе го свртат цел муабет за новава траса на монореил! 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2009 at 02:26
Бетон може би не си го прметил аноунсментот, те молам прочитај го! Додека не излезат програми официјани и кандидатури ќе те молам да се воздржиме од споменување партиски тактики! Да не идам и ја офтопик.....


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Jan-2009 at 02:50

па ок поентата повеќе ми е дека ова идеја на Трифун некој веќе си ја има врзано во крпче и дека без разлика на ситуација истата многу веројатно е и да се истера, но како што нагласив повеќе ме засега моментот околу естетиката и цел тој муабет околу столбовите по сртот, па во тој случај не би било лошо да затераат еден симетричен муабет и по другиот крај кон сопиште а зошто да не продолжат и преку чифлик до Солунска глава LOL

но сепак она АКО во цитатот од МТВ заедно со денешнава светска финансиска криза мислам дека ќе ја разводни идејата на Трифун.   



Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Feb-2009 at 12:24
До Милениумскиот крст ќе се оди само со жичница
Скопје
Милениумскиот крст ќе прерасне во туристичка атракција до крајот на оваа година со изградбата на жичницата која ќе води до него и со отворањето на ресторанот и на продавницата за сувенири. Благоја Дојчиновски, претседателот на фондацијата „Милениумски крст“ информира дека отворениот простор на крстот ќе биде затворен со термопан стакло, а во делот на второто ниво ќе биде поставена стреа. Тој соопшти и дека постапката за тендерот за поставување на жичницата веќе била во тек во Министерството за транспорт и врски која ќе се гради од Средно Водно до крстот. Драган Симоновски, портпаролот на министерството потврди дека постапката е во тек, а понудите требале да бидат доставени до крајот на февруари.

Дојчиновски истакна дека првата фаза од изградбата на жичницата ќе се гради оваа година, а втората фаза ќе започнела во 2010 година.

- Тендерот е распишан од Министерството за транспорт и врски и тоа е нивен проект. Според моите информации оваа година ќе биде започната изградбата на жичницата од Средно Водно до крстот, а следната ќе се гради од Средно Водно до просторот зад трговскиот центар „Рамстор“. Овој проект е со цел објектот да биде поатрактивен, а истовремено со самата жичница да не се загадува околината бидејќи патот кој води дотаму ќе биде затворен за автомобили - изјави Дојчиновски.


Тој информира и дека алуминиумските рамки кои ќе бидат во златна боја ќе бидат поставени до крајот на февруари.


- Избраната фирма „Песпа алуминиум“ од Гостивар до крајот на месецов ќе ги постави златните алуминиумски рамки, а потоа ќе бидат потребни уште два до три дена за да се намести термопан стаклото кое е висококвалитетно и не се замаглува во зимски услови. Овој проект чини 42 илјади евра и се надевам дека временските услови ќе ни дозволат побрзо да го реализираме - истакна Дојчиновски.


Откако ресторанот и дуќаните ќе се покријат со стакло ќе биде распишан јавен оглас за нивно изнајмување, а киријата ќе биде наменета за одржување на Милениумскиот крст.
За негова поголема атрактивност, на денот на независноста на Македонија, свечено беше пуштен во употреба и лифтот со кој посетителите ќе можат да уживаат во панорамскиот поглед на градот за само 100 денари.

Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за транспорт и врски, истакна дека за брзо време ќе се започне со изградбата за жичницата, проект кој бил на Владата, а се спроведувал преку надлежното министерство.

- Жичницата е проект на Владата, но ние го спроведуваме бидејќи станува збор за транспорт. Во тек е постапката за јавна набавка за проектирање на еднојажна кабинска жичница за превоз од Средно Водно до Милениумскиот крст - рече Симоновски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=319&ArticleID=18287


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Mar-2009 at 08:43

Жичницата до Милениумскиот крст конечно годинава

Милениумскиот крст годинава конечно ќе ја добие долгонајавуваната жичница, информираат од Фондацијата за изградба на Милениумскиот крст. Претседателот на Фондацијата, Благоја Дојчиновски, вели дека Министерството за транспорт и врски го распишал тендерот за најповолен изведувач. Станува збор за жичница на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст.

- Оваа година ќе биде направена само жичницата на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст, а наредната ќе се гради жичницата од Средно Водно до Трговскиот центар „Рамстор“, потенцираше Дојчиновски.Од Министерството за транспорт и врски велат дека станува збор за проект на Владата и дека нивна надлежност е само да ја распишат тендерската постапка за најповолен изведувач, која е во тек.

Дојчиновски најави дека до крајот на месецот ќе биде завршена конструкцијата за поставување натстрешник. Исто така, ќе биде застаклен ресторанот што е сместен на првата плоча од Милениумскиот крст, како и десетте дуќанчиња.

- Откако ќе бидат застаклени дуќаничињата, ќе биде распишан јавен повик за нивно издавање под закуп. Средствата што ќе бидат собрани од закупнината, ќе бидат наменети за одржување на Милениумскиот крст, објасни Дојчиновски.

Лифтот на Милениумскиот крст засега работи само за викенди, бидејќи е период кога интересот е помал поради студеното време. Од Фондацијата за изградба на Милениумскиот крст објаснуваат дека со затоплување на времето, во првите пролетни денови, лифтот ќе работи и во текот на неделата. Задоволството да се качите на лифтот и да застанете на краците на крстот и оттаму да ја видите панорамската глетка на Скопје ќе ве чини 100 денари. Собраните пари од услугата за лифтот се наменети за негово одржување.

 
 
  http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D3D547D831B2DF4891A821CD56157000 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D3D547D831B2DF4891A821CD56157000
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DAF073CEBBD35B429F57A975A00C7FCC -


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Apr-2009 at 23:13
Транспарентност на ниво како и обично... Roll%20eyes

Жичарницата до Милениумски крст ќе ја гради Владата

Фондацијата „Милениумски крст“ е исклучена од проектот

Снежана Калабакова

Министерството за транспорт и врски ќе ја гради жичарницата до Милениумскиот крст. Колку проекти се доставени и колкумина изведувачи се јавиле на тендерот за изградба на жичарница, од Министерството нема одговор. Тендерот беше распишан на 25 ноември минатата година, а 11 февруари годинава бил крајниот рок до кога можеле да се јават заинтересираните за доставување проект, како и фирмите-изведувачи.

Тендерот предвидувал доставување проекти за кабинска еднојажна жичарница за превоз на лица, со кружен тек. На веб-страницата за јавни набавки на Министерството за финансии не е прецизирано дали трасата за жичарницата ќе води од ТЦ „Рамстор“, или можеби ќе тргнува од старата железничка станица до крстот. Нејзината релација е посочена само како Скопје-Водно и ќе се изведува во три секции. За другите детали околу овој проект побаравме информација од Министерството за транспорт и врски. Но, и по неколку дена инсистирање, не добивме одговор на нашето прашање. Портпаролот Драган Симоновски не се потруди воопшто да одговори на нашите телефонски јавувања, ниту, пак, се обиде да даде одговор на прашањата доставени по електронска пошта.

До каде се работите по објавениот тендер не знаат ниту во Фондацијата „Милениумски крст“ од каде што тврдат дека се наполно исклучени од проектот. И покрај финансиските тешкотии што ги има Фондацијата, таа правеше напори да најде изведувач за изградба на жичарницата. Од проектантската куќа ИНПУМА доби бесплатен проект, а со австриската фирма „Лајтнер“ речиси беше пред потпишување договор за изградба и за земање на жичарницата под концесија.

„Министерството за транспорт и врски не' стави настрана од изградбата на жичарницата до Миленумскиот крст. Како Фондација веќе не учествуваме во реализацијата на проектот, бидејќи сега ќе го реализира Владата. Министерството распишаа тендер и веројатно веќе е избран најповолниот изведувач, но не сме информирани“, вели Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата „Милениумски крст“.

Според проектот на ИНПУМА, на чија анализа работеа десетина експерти, должината на жичарницата изнесуваше 1.900 метри. Една од варијантите беше таа да тргнува од „Панорама“ и да оди до Средно Водно.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40690063DC985D41B0C1517259A07AEA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Apr-2009 at 02:26
Што се однесува до жичарава, мислам дека треба да ја гледаме како посебен проект од крстот. Нормално, доколку имаат договор жичарата и крстот деа издаваат пакет билет или слични услуги тогаш воопшто не е проблем тоа технички да се уреди, и покрај тоа што не гледам некоја којзнае колкава потреба од тоа.

И упте нешто за жичарава. Мислам дека треба повеќе станици да се овозможат, барем упте една-две, а ако може и повеќе, а не само на средно водно. Така всушност долж цела траса ќе се направи шеталиште и ќе може ако сака некој да шета и по другите делови од водно, ане само на средно или на горно. Но барем една во близина на одморалиштето и она запуштено градилиште кое се надевам некој ден ќе се рекативира.

бтв што требаше да биде тоа, некоја болница или што?!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-May-2009 at 17:42
Македонија

Нов тендер на Mинистерството за транспорт за жичарница на Водно

сабота, 23 мај 2009, 18:20

Министерството за транспорт и врски објави нов тендер за изградба на жичарница од Скопје до врвот на планината Водно. Овојпат, освен што е познато дека се бара кабинска еднојажна жичарница со кружен тек, позната е и трасата по која би се движела жичарницата. Според огласот на министерството, 3,5 километри долгата жичарница ќе има три секции од кои- првата ќе почнува од паркингот во близина на црквата свети Јован до институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле. Од тука ќе почнува втората секција која ќе води до комплексот Средно Водно. Третата и најголема делница ќе го поврзува средно водно со миленумскиот крст на врвот на скопската планина. Граѓаните кои денеска одмараа во сенките на планината, имаа различни мислења за идејата за популаризација на локацијата. 

Портпаролот на министерстовото за транспорт и врски, денеска не одговараше на повиците на неговиот мобилен телефон за да објасни колку ќе чини инвестицијата и дали е изработена студија за исплатливоста на потфатот. Она што засега е познато е дека заинтересираните ќе треба да ги достават своите понуди во наредните 60 дена.
 
Според тендерот на министерството сепак е предвидена изградба на само една третина од жичарницата. Делницита која ќе се гради сега, ќе го поврзува средно водно со милениумскиот крст, а ќе биде со должина од околку 2 километри.

Освен изградбата на оваа делница, тендерот предвидува и изработка на техничка документација и за трасите кои ќе водат од црвката св. Јован до средно водно. Потенцијалниот проектант ќе мора да води сметка сите три делници да можат да бидат споени во една целина. Одговорот што се случи со претходните студии, засега го знаат само во министерството.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=8331


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-May-2009 at 18:17
ќе почнува од паркингот во близина на црквата свети Јован


Освен доколку нема тешки технички препреки за трасата на жичарата да почнува негде во близина на старата железничка (како што одсекогаш било најавувано), променава ми изгледа многу чудно. Би сакал да чујам издржано објаснување од надлежното министерство, зошто вакво нагло реобмислување.


За оние кои не знаат, еве каде се наоѓа црквата:
41°59'34.56"N  21°24'36.09"E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jun-2009 at 11:46
СЕ СОБИРААТ ПОНУДИ ЗА ИЗБОР НА ИЗВЕДУВАЧ
На Водно, сепак, ќе се гради жичарница

Од црквата „Свети Јован Крстител“ во Капиштец до Милениумскиот крст на Водно е релацијата на која ќе се протега жичарницата што Владата најавува дека ќе ја гради подолго време. Според последниот јавен повик на Министерството за транспорт и врски, распишан минатиот месец, жичарницата ќе има три дела “ од паркингот на црквата до Институтот за белодробни заболувања кај деца во Козле, од таму до средно Водно и од средно до врвот. Со конкурсот, кој истекува на први јули, е предвидено да се изработи техничка документација за целата траса и да се изгради и пробно да се пушти во употреба првата секција од средно Водно до Милениумски крст, која ќе биде и најдолга. - Во соработка со Министерството за транспорт и врски ја почнавме постапката за проектот и во тек е јавната набавка за проектирање кабинска еднојажна жичарница со кружен тек на трасата Скопје - Водно. Откако ќе измине рокот за доставување на пријавите, ќе се определи датум за електронска аукција која ќе се одржи во просториите на Министерството “ велат од Град Скопје, кои, исто така, се вклучени во проектот. Проектот жичарница е вклучен и во програмата на градоначалникот Коце Трајановски. Таму е наведено дека изградбата ќе почне овој месец, а треба да заврши во септември идната година, но од кабинетот на градоначалникот не одговорија зошто е одложен дадениот рок. Од Министерството, исто така, не образложија што се случи со тендерот кој го распишаа лани. За трасата на жичарницата досега се даваа повеќе варијанти. Прво имаше најави дека ќе ја гради Фондацијата „Милениумски крст“, а за можен инвеститор се споменуваше австриска фирма. Како предлози за почетната станица се спомнуваа трговскиот центар „Рамстор“, Старата железничка станица, „Панорама“, фабриката „Алумина“. Минатата година поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, побара трасата да се продолжи од крстот до Матка, но не доби јасна поддршка од власта дека тоа ќе се случи. Експертите од Градот и Министерството, кои тогаш ја разгледуваа идејата, тврдеа дека станува збор за амбициозен проект и дека жичницата е најсоодветен начин за достапност до наведените локации, бидејќи како сообраќајно решение најмалку навлегува во природниот амбиент и самата конфигурацијата на теренот овозможува поставување на таков систем. Идејата за жичарница на Водно е стара и се промовираше и пред седум години, во мандатот на градоначалникот Ристо Пенов.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1727&ArticleID=115424


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Aug-2009 at 01:08

Австријци ќе градат жичница на Водно

Жичницата која ќе оди од Средно Водно до врвот на планината ќе биде долга три километри, а фирмата „Допел маер“ треба да ја изгради за 15 месеци

Австриската фирма „Допел маер“ за 6,7 милиони евра ќе ја гради жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст на врвот на планината. Министерството за транспорт и врски на електронска аукција ја избра оваа фирма како најповолен изведувач. Ова Министерство јавниот повик за избор на изведувач го објави на 15 мај, откако Владата реши проектот за жичницата да го земе во свои раце.

На јавниот повик, на кој понудите можеа да се достават до 1 јули, се јавиле три фирми. Од нив, Австријците имале најповолна понуда, односно се обврзале да ја завршат работата за цена од околу 408 милиони денари, односно 6, 7 милиони евра. За овие пари тие се должни да ги проектираат сите три секции од трасата на жичницата Скопје-Водно, да ги изградат и пробно да ги пуштат во употреба до издавање на употребната дозвола.

- Ќе се проектираат три секции од жичницата кои сами по себе претставуваат техничко-технолошки целини, кои можат да функционираат како посебни објекти, но ќе имаат можност да бидат поврзани и во една целина. Вкупната должина на трасата на жичницата е околу 3.000 метри. Станува збор за кабинска еднојажна жичница за превоз на лица, со кружен ток, која Австријците треба да ја изградат во период од 15 месеци - објаснуваат во Министерството за транспорт и врски.

Минатата година и претседателот на Фондацијата за изградба на Милениумскиот крст, Благоја Дојчиновски, најавуваше дека ќе се гради жичница до врвот на Водно, но со почеток зад трговскиот центар „Рамстор“. Фондацијата сериозно преговараше со австриската фирма „Лаинтер“ која беше заинтересирана веднаш да го изгради објектот.

Дојчиновски најавуваше дека таа ќе биде готова за многу кус период бидејќи австриската фирма „Лаинтер“ за неа веќе имала изработен проект. Според проектот, жичницата требаше да почнува меѓу „Рамстор“ и Старата железничка станица и би водела до Милениумскиот крст, во должина од 3.700 метри воздушна линија. На тој простор, според важечкиот урбанистички план, има градежна маркичка за ваков објект. Оваа жичница требаше да биде со затворени кабини со осум седишта, а Дојчиновски најавуваше дека би можела да се даде и под концесија.

Од друга страна, поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска лани во ноември договорија изградба на жичница од Водно до Матка. Според проектот, кој тие заедно го претставија, жичницата треба да се гради во две насоки: од Средно Водно до Милениумскиот крст, а оттаму да продолжува до кањонот на Матка. На тој начин, скопјани и туристите требаше да ги видат убавините на градот од една поинаква перспектива.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4A83A34BF03FE64CAF1F140F3ADA3CB2


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Aug-2009 at 12:54
аман бе, три километри? не се разбирам во жичарници, ама ова треба некако цик-цак да иде?


Posted By: Supervisor
Date Posted: 01-Aug-2009 at 13:00
Па нели од долу требаше? Ништо не е тоа тоа.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Aug-2009 at 14:27
ИЗБРАН ПОНУДУВАЧ ЗА ИЗВЕДБА НА ПРВАТА ТРАСА
Австријци ќе прават жичница на Водно

Роза Петкова

Австриска компанија ќе го изработи проектот за жичница во Скопје и ќе ја гради првата траса од Средно Водно до Милениумскиот крст. Од Министерството за транспорт и врски велат дека ја избрале „Допелмајр“ од Австрија за најповолен понудувач. Компанијата понудила цена од 407,8 милиони денари, а од Министерството не дадоа одговор кои биле другите пријавени фирми и колкави понуди доставиле. - За учество во аукцијата за избор на најповолен понудувач кој ќе проектира кабинска еднојажна жичница на траса Скопје и“8211; Водно беа доставени три понуди. Беше избран операторот „Допелмајр“ од Австрија. Во определениот рок добивме една жалба, која комисијата за спроведување на постапката по јавната набавка почна да ја разгледува и за која ќе се донесе одлука во најкус временски период и“8211; велат од Министерството за транспорт и врски. Како ќе почне да се реализира изградбата не е јасно зашто во годинашниот државен буџет се предвидени само 60.000 денари за проектот „Жичница“. За буџетот во 2010 година се проектирани 200.000 денари, а за 2011 година 240.000 денари. Од Министерството за транспорт и врски немаа информација кога ќе почнат изградбата на жичницата, ниту, пак, одговорија колку ќе чини изградбата на целата траса. - Времетраењето на договорот е 15 месеци. Инвеститор на проектот е Владата, во соработка со Град Скопје и“8211; кратко одговорија надлежните. Во буџетот на државата стои дека годинава ќе биде опфатена само првата фаза од реализацијата на проектот „Жичница“. Од Град Скопје, пак, велат дека изградбата наскоро ќе почне, а иако проектот е дел и од програмата на градоначалникот Коце Трајановски, властите велат дека нивната улога била само логистичка и избегнуваат да одговорат дали ќе предвидат пари во градскиот буџет за негова реализација. - Град Скопје ќе даде комплетна логистичка поддршка на овој проект. Според наши сознанија, изградбата на првата траса од жичницата треба да почне наскоро и“8211; велат одговорните за односи со јавност. Со вториот јавен повик кој Министерството за транспорт и врски го распиша во мај се бараше понудувач кој ќе изработи техничката документација за целата траса и ќе ја изгради и пробно ќе се пушти во употреба најдолгата секција од Средно Водно до Милениумски крст. Жичницата би се протегала од црквата „Свети Јован Крстител“ во Капиштец до Милениумскиот крст на Водно. Таа ќе има три дела и“8211; од паркингот на црквата до Институтот за белодробни заболувања кај деца во Козле, од таму до Средно Водно и од средно до врвот. Вкупната висинска разлика на трасата е 814 метри, а должината 3,5 километри. На интернет-страницата на компанијата е наведено дека таа има производствени капацитети и продажни единици во повеќе од 33 земји во светот и досега изградила повеќе од 13.970 инсталации околу 80 земји. Тие изработиле патнички транспортен систем за летни и зимски туристички капацитети, како и во урбана средина, потоа аеродроми, трговски центри, спортски комплекси, забавни паркови, саеми и други содржини, заедно со соодветен транспорт за нив.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1792&ArticleID=120161


Posted By: gorco
Date Posted: 22-Oct-2009 at 10:07
Убава е целава идеја за правење за жичара на Водно.

Само ќе морам да прашам, од каде ќе почнува ??? Бидејки колку што може да се види, во близина на Рамстор (од каде што воедно и велеа дека ке почнува), е прилично изграден терен. Дали можеби ќе почнува од кај Панорама на Водно или од некоја друга локација?

Не сакам никого да напаѓам, ама некако тешко ми изгледа дека ќе почне и тоа во најскоро време. Инаку да одлична е идејата... Знам голем број на луѓе кои горе на Крстовар не биле со години или пак воопшто.


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Oct-2009 at 14:17
Стартната точка не е дефинирана, особено што за првава фаза се заговара трасата средно водно-врв. Инаку си во право, локацијата кај Рамстор доста се згуснува а и како одминува времето мислам дека е лоша идеја жичарницата да проаѓа над резиденцијалните куќи на Водно. Веројатно логично е почетната станица да е изместена подогре кон Панорама но доколку истата не е обезбедена со добра автобуска врска или асален паркинг мислам дека би се работело за пропадната кауза. Во секој случај и делот кај Панорама доста се видоизмени овие години така да немам идеја во моментов која би била оптималната почетна точка.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Oct-2009 at 15:22
И јас мислам дека се уште ништо не е сигурно околу стартната точка, но сепак во последно време отворено почна да се истапува дека тоа ќе биде кај црквата Св. Јован Крстител (регистрирано е во пооследните вести)

41°59'35.81"N  21°24'35.05"E

Изостана било какво објаснување од каде и зошто таква идеја. Исто така не се спомна ништо околу тоа како ќе се прилагоди таа локација. Еве на пример не се спомнува ништо како би се решил паркингот.


Posted By: gorco
Date Posted: 25-Oct-2009 at 13:52
Видете кај рамстор повеќе од сигурно е (живеам таму па знам) ХАОС. А кај црквата... што знам... тој простор нема паркинг, а сепак мислам дека за потребите на секоја жичара би треабло да има...

Така да најреално е она што го кажа pbanks дека ќе се прави од Панорама. Таму сепак испоизградија гадни згради и високи објекти кои за планина не доликуваат, но сепак има простор.


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Nov-2009 at 04:40

Темел за жичницата во февруари

Австриската компанија „Допелмаер“ го подготвува идејниот проект со кој ќе се одреди видот на опремата што ќе се користи, како и динамиката на изведбата на работите

Изградбата на жичницата од средно Водно до Милениумскиот крст, долга три километри, ќе почне во февруари. Ќе ја гради австриската фирма „Допелмаер“, која треба да ја заврши работата за 15 месеци. Еднојажната жичница со кабини ќе чини 407.800.000 денари, односно околу 6,7 милиони евра, а парите ќе ги обезбеди Министерството за транспорт и врски.

Раководителот на проектот за изведба на жичницата, Андреја Кочовски, вели дека зимава ќе се искористи за довршување на идејниот проект.

- Кога надворешната температура е под нулата не може да се врши бетонирање. Но, ако постојат поволни временски услови, со изведбата може да се почне и во февруари. Дел од градежните работи околу долната и средната станица ќе може да почнат и порано, нема да се чека пролетта - вели Кочовски.

Моментно во австриската фирма се работи идејниот проект со кој ќе се утврди видот на опремата што ќе биде потребна и динамиката на изведбата на работите. Сето тоа ќе се утврди врз основа на конфигурацијата на планинскиот терен.

Кочовски открива дека градежните работи за „Допелмаер“ ќе ги врши исто така австриска фирма, „Трабак“.

Од Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека се во тек активности за изработка на основниот проект за изградба на жичницата до врвот на Водно.

- По подготовката на проектот, Министерството за транспорт и врски ќе изврши негова ревизија, во согласност со тендерската документација - информираат од Министерството.

Компанијата „Допелмаер“ беше избрана за најповолен понудувач по пат на јавна електронска аукција, а договорот за изградба на жичницата е потпишан на 2 октомври. Вредноста на склучениот договор изнесува околу 6,7 милиони евра, согласно постигнатата цена на електронската аукција.

Раководителот на проектот Кочовски не сакаше да открие како ќе се врши исплатата за завршените обврски, со оглед на тоа што во ребалансот на годинашниот буџет беа скратени предвидените пари за таа намена.

- Не би сакал сега да коментирам за начинот на исплатата. Сметам дека тоа е деловна тајна - вели Кочовски.

Ниту од Министерството за транспорт и врски не ја прецизираат постапката за исплата. Оттаму одговорија дека парите за имплементација на овој проект се обезбедени во буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2009 година, а ќе бидат предвидени пари и во буџетот за 2010 година.

Според условите во јавната набавка, австриската компанија е должна да подготви основна документација за кабинска еднојажна жичница за превоз на лица со кружен тек на трасата средно Водно-Милениумски крст во три секции, да ја изгради и пробно да ја пушти во употреба до издавањето на употребна дозвола.

Трите секции од жичницата сами по себе ќе претставуваат техничко-технолошки целини кои ќе можат да функционираат и како посебни објекти. Вкупната должина на трасата на жичницата е околу 3.000 метри.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=904F94875FC9EB40B62B87D9D9F441F1



Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Nov-2009 at 04:40
Ги чекам НГО шумарите да го саботираат проектов!


Posted By: gorco
Date Posted: 06-Nov-2009 at 19:50
Originally posted by lslcrew

Ги чекам НГО шумарите да го саботираат проектов!


Основни правила во Македонија:

се гради паркинг на сметка на некое "калливо паркче", на луѓето им пречи , зашто тоа било зеленило и немало да дишат чист воздух (а прашина да дишат не им е проблем).

се гради нова улица (примери колку сакаш Илинденска, и онаа накај Адолф Циборовски), пак им пречи... ќе се нарушела статика, немало да имаат мир - па и ја живеам у град се навикнав на тоа... е*ати сељаците...

и ете ги накрај шумарите! ај уште да го видиме и тоа не вести.

Кај нас ништо и никој не чини - и секогаш оној кој јаде бурек е попаметен од оној кој добил каква и да е идеја за некој проект.



-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2010 at 04:52
Жичарницата на Водно поблиску до реализација

Министерството за транспорт и врски објави оглас за вршење на надзор над изградбата на жичарницата на сегментот Средно Водно – Милениумски Крст, кој претставува прва фаза на проектот за жичарница на Водно. Понудите треба да се достават најдоцна до 02.03.2010, а почетокот на изградбата од претходната најава за овој месец е одложен за март.

Жичарницата ќе ја реализира австриската компанија Допелмаер (Doppelmayr) која беше прогласена за најдобар понудувач во јули минатата година. Допелмаер во 2007 го изгради и шестоседот на Кожуф. За Водно е планирана еднојажна кабинска жичарница со кружен тек. Кабините ќе собираат по 8 патници, додека вкупниот капацитет на системот ќе биде 1.200 патници на час. Како почетна точка се најавува црквата Св. Јован Крстител во Капиштец, а крајната е Милениумскиот Крст, со висинска разлика од 814 метри и должина на трасата од 3,5 километри. Сегментите на жичарницата ќе претставуваат функционална и техничка целина, но ќе можат да функционираат и како посебни објекти. Првиот сегмент се најавува да биде готов за 5 до 6 месеци, а целиот проект за 15 месеци. Вкупната инвестиција изнесува околу 6,6 милиони евра. Постои и идеја во иднина да се изгради жичарница и до Матка.


http://www.build.com.mk/?p=1904 - http://www.build.com.mk/?p=1904


Posted By: leonid23
Date Posted: 14-Feb-2010 at 08:16
FinalyThumbs%20Up


Posted By: Supervisor
Date Posted: 14-Feb-2010 at 20:20
Едно големо браво!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Plugger
Date Posted: 15-Feb-2010 at 03:20
Eve poveke informacii

Идниот месец почнува реализацијата на долгонајавуваниот проект


Жичарница ќе води до Милениумски крст


Најпрво ќе се гради жичарницата на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст, а во втората фаза, која ќе следува по комлетирање на првата, се предвидува продолжување на жичарницата од Средно Водно до локацијата која се наоѓа во близина на црквата "Св. Јован" во Капиштец


Минстерството за транспорт и врски следниот месец почнува со изградбата на жичарницата на Водно. Реализацијата на овој долгонајавуван проект ќе се спроведува во две етапи. Според информациите од ресорното министерство најпрво ќе се гради на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст, а во втората фаза, која ќе следува по комлетирање на првата, се предвидува продолжување на жичарницата од Средно Водно до локацијата што се наоѓа во близина на црквата Св. Јован" во Капиштец. Изградбата на првата етапа, во должина од околу 2000 метри, е планирано да заврши за 15 месеци.

Проектот за изградба на жицницата на Водно како и целосната изведба ќе го врши реномираната австриска компанија Допелмаер", која важи за една од најафирмираните компании во доменот на на ваков тип инсталации. Таа фирма, како што веќе информиравме, беше избрана за избрана за најповолен понудувач јавната набавка што ја спроведе Министерството за транспорт.

Во согласност со договорот "Допелмаер" има обврска да подготви основен проект за целата предвидена траса и за изградба на делот од Средно Водно до Милениумскиот крст.
- Планирано е да се гради кабинска еднојажна жичарница, со затворен тип на гондоли, а секоја од гондолите треба да има капацитет да превезе 8 патници. Ова техничко решение претставува најексплоатирано и најпопуларно решение во однос на сличните решенија кога станува збор за жичарници. Вкупниот капацитет на превезени патници е предвидено да изнесува 1.200 патници на час. Предвидено е почетокот на градежните работи да биде во март, годинава, потврдуваат од Транспорт.

Во согласност со потпишаниот Договор за изготовка на проектот за целата жичарница и градба на делот од Средно Водно до врвот на Водно станува збор за инвестиција тешка 407.800.000 денари или околу 6,7 милиони евра.

Експертите велат дека жичницата на Водно ќе биде уште една туристичка атракција, но таа е дефинитивно и потреба, бидејќи е одличен начин да се сочува овој многу битен екосистем за градот. Екологистите велат дека инсталацијата на жичарата е добар предуслов комплетно да се забрани сообраќајот во овој дел.

Елизабета АРСОСКА
http://%20www.vecer.com.mk/?ItemID=9AF764F7C7AD2F47BED5A5E72C9EB605 - http:// www.vecer.com.mk/?ItemID=9AF764F7C7AD2F47BED5A5E72C9EB605


Posted By: Plugger
Date Posted: 15-Feb-2010 at 05:20
ИЗГРАДБАТА НА ДОЛГОНАЈАВУВАНИОТ ПРОЕКТ ПОЧНУВА ВО МАРТ
Скопјани есенва ќе се возат на жичница

Роза Петкова

Жичницата на Водно ќе почне да се гради во март, велат од Министерството за транспорт и врски, од каде што вчера распишаа оглас за фирма која ќе врши надзор над изградбата. Оттаму информираат дека прво ќе се гради делот од Средно Водно до Милениумскиот крст во период од пет до шест месеци.
- Кабинската жичница со едно јаже ќе биде со затворен тип гондоли, а секоја од нив има капацитет да превезе осум патници. Ова техничко решение претставува најексплоатирано и најпопуларно решение во однос на сличните решенија кога станува збор за жичници. Таа ќе може да превезува 1.200 патници на час. Предвидено е почетокот на градежните работи да биде во март – велат од Министерството.
Од австриската компанија „Допелмаер“, која е избрана да ја гради жичницата, потврдија дека ја изработиле целата техничка документација.
- Изградбата е потполно изводлива и првата секција ќе се заврши според договорот, до крајот на годинава. Во првата фаза ќе се постават темели на станиците и столбовите, а во втората ќе се прави електромашинска монтажа. Линиските столбови од број еден до број девет ќе се носат со хеликоптер, а кабините ќе се постават со дигалки. Првата секција ќе има десет столба – вели Андреја Кочовски од претставништвото на австриската компанија за Македонија, Србија и за Црна Гора.
Според огласот на Министерството, рокот за прибирање на понудите за фирма што ќе ја надгледува изградбата е втори март. Во државниот буџет за 2010 година се предвидени 35.800.000 денари за првата фаза од проектот, а во 2011 година се очекуваат 4.200.000 денари за оваа намена. Министерството лани ја избра австриската компанија, за која вели дека е една од најафирмираните компании во доменот на проектирање и изградба на ваков тип инсталации. Договорот што го склучија чини околу 6,7 милиони евра, односно 407.800.000 денари.
Во втората фаза, која ќе следува по завршување на првата, се предвидува да се изгради делницата од Средно Водно до паркингот во близина на црквата „Свети Јован Крстител“ во Капиштец. Вкупната должина на целата траса треба да биде 3.500 метри.
Од претставништвото на „Допелмаер“ велат дека тие се присутни на македонскиот пазар уште од 1963 година кога фирма, која сега е дел од нивната компанија, ја изградила гондолската жичница на трасата Тетово – Попова Шапка. Исто така, тие граделе и во Маврово, а последна работа во Македонија им била шестоседната жичница во скијачкиот центар Кожуф, која воедно е прва нивна активност во Југоисточна Европа, која е наведена и на веб-локацијата на компанијата.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1943&ArticleID=133842 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1943&ArticleID=133842




Posted By: Plugger
Date Posted: 15-Feb-2010 at 05:26

Vaka sega po dve prashanja

Dali ke nosi samo 8 patnici ili ke ima poveke vagoni sto ke idat nagore?

A isto taka sto ke bide so stubovite kade ke gi stavat isto taka kako ke im bide bezbedniot plan za da mozhe site da bidat bezbedni dur se transportiraat preku zhicharata.


Posted By: Macedonian
Date Posted: 15-Feb-2010 at 16:33
Кабинската жичница со едно јаже ќе биде со затворен тип гондоли, а секоја од нив има капацитет да превезе осум патници


Posted By: Supervisor
Date Posted: 15-Feb-2010 at 22:15
LOL

Секоја кабина има капацитет од 8 седишта. Ова е најмодерна жичарница и најскапа воедно исти такви има низ цела европа.
Столбови се монтираат со хелихоптер, Допелмаер го има изградено цел свет со жичари.

http://www.hotel-mr.com/images/leisure-winter.jpg


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Feb-2010 at 23:47
Се чисти трасата за жичарницата на Водно

Вчера почна сечењето на дрвјата и грмушките во близина на Планинарскиот дом на Црвениот крст "Даре Бомбол". Токму на ова место ќе биде сместена базната станица на жичарницата што ќе води до Милениумскиот крст


Со механизација на ЈП "Паркови и зеленило", вчера на Средно Водно, почна расчистувањето на трасата за жичарницата што ќе води до Милениумскиот крст. Се сечеа дрвјата и грмушките во близина на Планинарскиот дом на Црвениот крст "Даре Бомбол". Токму на ова место ќе биде сместена базната станица на жичарницата. Одговорните од Паркови и зеленило", но и од Градот Скопје, кои се задолжени да обезбедат услови за почеток на градежните работи, вчера не сакаа да ни дадат подетални информации за динамиката со која ќе се спроведува акцијата, ниту пак сакаа да го објават точниот термин кога ќе почне изградбата на жичарницата.
- Расчистувањето ќе зависи од временските услови. Ќе се отстранува мал дел од дрвјата и грмушките кои се наоѓаат на локацијата каде што ќе треба да се постават бетонските столбови за жичарницата. За други информации обратете се во Министерството за транспорт и врски, информираше Неделчо Крстевски, портпарол во Град Скопје.

Како што веќе информиравме, реализацијата на овој долгонајавуван проект ќе почне следниот месец. Според информациите од Министерство за транспорт и врски најпрво ќе се гради жичарницата на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст, а во втората фаза, која ќе следува по комлетирањето на првата, се предвидува продолжување на жичарницата од Средно Водно до локацијата која се наоѓа во близина на црквата Св. Јован" во Капиштец. Изградбата на првата етапа во должина од околу 2000 метри е планирано да заврши за 15 месеци.

Проектот за жицарницата како и целосната изведба ќе го врши реномираната австриска компанија Допелмаер", која беше избрана на тендерот што го спроведе Министерството за транспорт и врски. Ќе се гради кабинска еднојажна жичарница, со затворен тип на гондоли, а секоја од гондолите треба да има капацитет да превезе 8 патници. Таа ќе има капацитет за превезување на 1.200 патници на час. Оваа инвестиција ќе ја чини Владата околу 407.800.000 денари или околу 6,7 милиони евра.

http://vecer.com.mk/?ItemID=018768D42CC03E4D93EC30E1C3A4F3CD


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2010 at 12:31

Шумата на Водно и отстапува место на жичницата

Звуците од десетина моторни пили вчера ги вознемирија планинарите што се рекреираа на Водно. Во близина на рампата кај Средно Водно стотици дрвја и грмушки паѓаа пред машините, особено боровите стебла засадени пред неколку децении


Исплашени дека некој диво сече среде парк-шума што е прогласена за заштитена зона, тие веднаш ги алармирале надлежните чувари. Сепак, добиле одговор дека не станува збор за кражби на дрва, туку за расчистување на теренот за изградба на новата жичница, која треба да води од тоа место до Милениумскиот крст.

Иако за Водно е надлежно јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ на градот Скопје, вчера екипи на државното претпријатие „Македонски шуми“ ги туркаа високите борови стебла и ги расчистуваа грмушките, правејќи голина широка 20-30 метри.

- Ни рекоа да исчистиме појас долг 3,5 километри. Друго ништо не знаеме - рекоа работниците на теренот.

Надлежните од Министерството за транспорт и врски, кое го спроведува проектот за изградба на жичница на Водно, потврдија дека се почнати подготвителните работи за првата фаза, во која ќе се изгради трасата од Средно Водно до крстот. Кога ќе заврши таа работа, ќе се гради и втората фаза, до локација во близина на црквата „Свети Јован“ во Капиштец.

- Работите ќе ги извршува австриската фирма „Допелмаер“, избрана на тендер, која е една од најреномираните компании за изградба на ваков вид инсталации. Според договорот, тие треба да направат проект за целата траса и да го изградат делот од Средно Водно до врвот. Жичницата ќе биде кабинска еднојажна, со затворени гондоли што ќе собираат осум патници. Ова техничко решение е најексплоатирано и најпопуларно. На тој начин ќе може да се превезуваат 1.200 патници на час. Се предвидува изградбата да почне во март - рекоа од министерството.

И од градот Скопје, под чија надлежност е парк-шумата Водно, рекоа дека се се прави во соработка со нив, а низ целата траса главно имало грмушки и само мал број дрвја.

- Овој проект ќе овозможи да заживее Милениумскиот крст како туристичка атракција. Движењето со возила кон врвот е забрането подолго време, па сега до таму ќе можат да одат сите што сакаат, не само физички способните. Со овој вид превоз ќе се зачува животната средина и ќе се овозможи тој дел од Водно навистина да заличи на заштитена зона - додадоа градските власти.

Се уште не се знае што ќе се прави со многуте здрави борови стебла што паднаа поради проектот за жичницата, но од градот рекоа дека исечената дрвна маса обично ја користи претпријатието „Паркови и зеленило“ за изградба на павилјони, видиковци и слични објекти.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=216101019175&id=9&prilog=0&setIzdanie=21911


Еве ги почнаа да квичат "екологистите". Им текнува на три дрва вака што се блиску до урбани средини, а не им текнува колку шума се сече секоја сезона за огрев и легално и не.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 16-Feb-2010 at 12:41

Јас како љубител на Водно, и по убедување екологист 100% се сложувам со иницијативата за изградба на жичарница во врвот. Еве и зошто:

- Патот до врвот ќе може и понатаму да остане затворен за сообраќај, а со тоа помало загадување на планината и вознемирување на животните и рекреативците
- Ќе го зголеми интересот на граѓаните на Скопје за планината која им е најблиску и ќе биде нова атракција во градот
- Бидејќи работи на струја воопшто нема да ја загадува планината
- Конечно би го заживеала крстот


Posted By: krale
Date Posted: 16-Feb-2010 at 12:45
Сепак би требало да е обврска на секој што ќе сече дрво, да засади 10 за возврат. Мислам тоа не е тешко изводливо, а ќе придонесе да не се нарушува еколошката слика која и онака ни е катастрофална.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Feb-2010 at 16:36
Огромна подршка за проектов, ама никако не ми е јасна почетната точка кај црквата Св. Јован... Мислам спомнав и порано, јавниот превоз до таму е ужасно слаб, а местото за паркинг е минимално. Како ќе се справи тој простор со капацитетот на жичарницава од 1200 патници на час?!? Реално не може да се справи ни со 10 пати помал капацитет Dunno


Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Feb-2010 at 17:02
Проектов ми се допага, стварно е топ, само што не ми се допага тоа што го прават на еден начин дискриминаторски ,пошто во македонија живеат 900 илјади муслимани,а овој проект се прави само за да се стигне од еден христијански до друг христијански објект,јас не дека имам нешто против,но лично за мене тоа што се врзуваат црквата со крстот едноставно не ме влече да се качам на таа жичара, мада една туристичка атракција треба да биде инспиративна за сите грагани,а не само за еден дел,барем јас така мислам не ме свакајте погрешно ,немам ништо против , јас повеке би бил жичарата да беше според проектот на Ристо пенов да почне од Скопското кале, до средно водно, па од водно до крстот, така би било поволно и за двете страни.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Feb-2010 at 17:08
Originally posted by mitatos

Проектов ми се допага, стварно е топ, само што не ми се допага тоа што го прават на еден начин дискриминаторски ,пошто во македонија живеат 900 илјади муслимани,а овој проект се прави само за да се стигне од еден христијански до друг христијански објект,јас не дека имам нешто против,но лично за мене тоа што се врзуваат црквата со крстот едноставно не ме влече да се качам на таа жичара, мада една туристичка атракција треба да биде инспиративна за сите грагани,а не само за еден дел,барем јас така мислам не ме свакајте погрешно ,немам ништо против , јас повеке би бил жичарата да беше според проектот на Ристо пенов да почне од Скопското кале, до средно водно, па од водно до крстот, така би било поволно и за двете страни.


мислам дека не треба да се гледа работата од таа црно-бела призма која не по наша вина ни се наметна како образец на размислување во секоја дискусија на форумов. проектов има многу други димензии кои претежни ги спомна Урбан фрик и е пред се го спојува градот со рекреативните зони на средината и врвот на планината а не некакви религиски симболи.

За самата траса. И покрај маните кои ги спомна Кловер, секогаш сум се прашувал како ќе изгледа таа жичарница (еве нека не е од Кале до врвот на Водно, туку од Рамстор) која ќе проаѓа над големи површини на резиденцијални населби. Колкави столбови ќе треба да се издигнат за да луѓето од кабините не им ѕиркаат на луѓето во дворовите и што е со безбедноста? Замисли да се откачи една кабина на тој потег каков 'ршум ќе направи.

Во делот каде што се предлага сега, урбаната зона е многу тенка и мене лично ми е логично таму да проаѓа жичарата иако губи доста на атрактивноста.


Posted By: krale
Date Posted: 16-Feb-2010 at 17:56
Дефинитивно рамстор е подобро место за поаѓање. Кај црквата нема место за такво нешто.


Posted By: Max
Date Posted: 16-Feb-2010 at 20:08
најверојатно заради јужен булевар е ваквото решение кое во иднина може да се измени или да добие дополнителни приклучоци!?!  но додека да ја стокмат првата фаза може и проектот дополнително ќе се ревидира!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 16-Feb-2010 at 20:17
Според мене најлогично место за почеток на жичарата е сеизмолошка. Вероватно недостатокот е малку поголемата должина бидејќи е источно од врвот, но би се решил проблемот со паркинг. Порано постоеше и автобус (незнам дали сеуште постои) 9а кој одеше до Хотел Панорама. Можеби истиот да продолжи до Сеизмолошка.


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Feb-2010 at 20:38
мислам дека требаше прво да стават привремена траса од средно водно до крстот, таму има и паркинг кој ги задоволува потребите, а подоцна да се размислуваше за продолжеток на трасата




Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2010 at 21:08
Митатос не знам зашто би ти пречела завршната кота на жичара. Ако кртстот ништо не значи во твој живот едноставно игнорирај го, гледај го како обична зграда и немора воопшто да ти раѓа било какви чувства, а поготово па негативни. Тоа што долната кота е црквата не е ништо намерно за инает нечив, него е една од опциите што се разгледувани и е тука усвоена. Најдобронамерно сакам да посочам, па и жичарава ли сега ќе биде предмет на тензии по разни основи? Сега и на жичарава ли со сила ќе и импутираме политика. А кога сме веќе кај црквата, тамо непосредно од црквата и нема техничка можност да тргнува. Над црквата е карпа, горе одма се некои куќи. Најблиску каде што има место и за паркинг да се направи и за почетна станица ми изгледа локацијава над капиштец 41°59'30.54"N 21°24'45.31"E. Друга локација што ми изгледа доста логична е оваа 41°59'28.79"N 21°24'21.20"E, одкаде што без да се иде над куќи слободно може да се пробие трасата.


Posted By: Max
Date Posted: 17-Feb-2010 at 00:57
абе ќе биде или кочо рацин, заради што би требало да се дислоцира школото, или доле спроти нома, односно пред клучката на јужен булевар која е предвидена тука за во иднина, но додека да дојде до таа фаза ќе се исменат илјада комбинации, па зошто не и изиис, или пак кале...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Feb-2010 at 02:50
Originally posted by Max

најверојатно заради јужен булевар е ваквото решение кое во иднина може да се измени или да добие дополнителни приклучоци!?!  но додека да ја стокмат првата фаза може и проектот дополнително ќе се ревидира!
Originally posted by Max

абе ќе биде или кочо рацин, заради што би требало да се дислоцира школото, или доле спроти нома, односно пред клучката на јужен булевар која е предвидена тука за во иднина, но додека да дојде до таа фаза ќе се исменат илјада комбинации, па зошто не и изиис, или пак кале...

Овие работи изгледа се кажани колку да си го потрошиш муабетот
Како само ги внесе клучките во комбинација  Confused



Posted By: Max
Date Posted: 17-Feb-2010 at 04:06

so keif, kako od rakav, ova se moi razmisli, kolku i tebe da ne ti drzat voda! no ne e loso da se cudis po niv!

i jas za skoloto se iznacudiv no ako razmislis podobro isklucivo vklopliv moment, tuka kako osnova za taa pocetna tocka moze da se napravi i pogolema katna garaza a vrz nea pocetniot stolb od zicarata (skoloto vo toj slucaj neka go premestat pogore ili podole)

kluckata na juzen e problem za trasata da pocnuva kaj nova mak., a juzen bulevar precka za lokacijata kaj ramstor...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Feb-2010 at 04:32
Confused


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 17-Feb-2010 at 11:36
Колку и да е спектакуларна, жичарата можам да ја изедначам со мостот око па дури и со влајко.

Прво ќе спикаш објект на најглупото и најочигледно место, и после правиш инфраструктурни гимнастики за да може тој објект да функционира Ни Ф од физибилити студија...

Само се надевам дека шумата нема да биде исечена за џабе.


Posted By: ebivetre
Date Posted: 17-Feb-2010 at 14:35
Ako pocnuva od Sredno Vodno kaj parkinzite, togas ne gledam sto e problemov za prvata faza.
No ne znam dali planiraat "megjustanica"!
Se nadevam se sekjavate deka imase obid od povekej entuzijasti da se napravi skijacka pateka, sto zavrsuvase bas kaj nedovrsenoto odmaraliste. NE deka Vodno ima kojznae kolku sneg, ama barem denovite koga go ima e ubavo da se kaci covek nekolku pati na Vodno. Ako mozea kaj Zagreb na Sljeme (duri i pomala nadmorska visocina od Vodno) da napravat da ima skijanje cela zima, togas moze i Skopje. Najgolemata investicija e gondolata.. Potoa verojatno kje si dojde vreme da se ratmisluva i za vestacki sneg.


Posted By: krale
Date Posted: 17-Feb-2010 at 15:19
Originally posted by ebivetre

Ako pocnuva od Sredno Vodno kaj parkinzite, togas ne gledam sto e problemov za prvata faza.
No ne znam dali planiraat "megjustanica"!
Se nadevam se sekjavate deka imase obid od povekej entuzijasti da se napravi skijacka pateka, sto zavrsuvase bas kaj nedovrsenoto odmaraliste. NE deka Vodno ima kojznae kolku sneg, ama barem denovite koga go ima e ubavo da se kaci covek nekolku pati na Vodno. Ako mozea kaj Zagreb na Sljeme (duri i pomala nadmorska visocina od Vodno) da napravat da ima skijanje cela zima, togas moze i Skopje. Najgolemata investicija e gondolata.. Potoa verojatno kje si dojde vreme da se ratmisluva i za vestacki sneg.


Со оглед на популацијата на Скопје, сосема е исплатливо да се има патека со вештачки снег. Друга работа е дали Водно има услови (според стрмнината) за таква патека.

А жичарата мислам дека ќе остане недовршен проект (т.е. ќе тргнува од Средно Водно, а не од Скопје), што според мене е и подобро решение од да се прави некоја станица кај црквата.


Posted By: ebivetre
Date Posted: 17-Feb-2010 at 15:55
Patekata gore e odlicna, strmna kolku sto treba da bide za skijanje - i za turisticko, no i za natprevaruvacko. Vestacki sneg e definitivno izvodlivo resenie, no ne znam dali ima nekakva studija. Znam uste na vremeto koga se pravese patekata se zboruvase, samo nemase pari normalno..


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Feb-2010 at 15:59
Водно има услови да оддржува снег но не и да падне во којзнае колкави количини. Кога ќе падне опстојува долго макар и малку да е. А за вештачки снег треба да има барем минимална подлога од снег, неможе директно врз трева да се нанесе. така да предуслов по секој параметар е да падне малку снег и после да се дотура вештачки и да се оддржува теренот. Само незнам зашто одма сместивте скијачки центар, како да жичара е реквизит само за скијачки центри, а не и за други намени. Попатна станица ќе има, незнам зашто тоа ве буни кога веќе беше и најавена колку што се сеќавам, а и нема логика да ја нема.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Feb-2010 at 17:14
И јас така памтам. Ова ќе биде некаква меѓустаница, а ќе се трга од градот. Нели и ова е фаза 1? Вака е баш попаметно, кој сака да оди на средно водно, ќе си слези таму, кој сака до крстот, ќе си оди догоре. Ама не очекувам да заживее особено крстот со по првата фаза. Арно ама ако се трга некогаш од градот, веројатно ќе има повеќе заинтересирани. (сепак нема секој кола да оди до средно водно, а рековте автобусите скоро и да не возат доттаму).


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: krale
Date Posted: 17-Feb-2010 at 17:36
Originally posted by lslcrew

Водно има услови да оддржува снег но не и да падне во којзнае колкави количини. Кога ќе падне опстојува долго макар и малку да е. А за вештачки снег треба да има барем минимална подлога од снег, неможе директно врз трева да се нанесе. така да предуслов по секој параметар е да падне малку снег и после да се дотура вештачки и да се оддржува теренот. Само незнам зашто одма сместивте скијачки центар, како да жичара е реквизит само за скијачки центри, а не и за други намени. Попатна станица ќе има, незнам зашто тоа ве буни кога веќе беше и најавена колку што се сеќавам, а и нема логика да ја нема.


Кажи им дека не може на оние што во Дубаи направија скијалиште.


Posted By: ebivetre
Date Posted: 18-Feb-2010 at 09:53
NE zboruvam za pocetnata stanica na faza 1 sto trgnuva od Sredno Vodno. Zboruvam dali kje ima popatna stanica na samata gorna zicara. Rabotata e sto nema dovolna strmnina delot od nedovrsenoto odmaraliste do parkingot na sredno. Islcrew, nikoj ne veli deka zicara e rekvizit samo za skijacki centar. Odlicna e i za zimo i za leto, no koga se gradi ubavo e da se ima seopfaten proekt za da bide prakticna.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 18-Feb-2010 at 10:39
Originally posted by ebivetre

NE zboruvam za pocetnata stanica na faza 1 sto trgnuva od Sredno Vodno. Zboruvam dali kje ima popatna stanica na samata gorna zicara. Rabotata e sto nema dovolna strmnina delot od nedovrsenoto odmaraliste do parkingot na sredno. Islcrew, nikoj ne veli deka zicara e rekvizit samo za skijacki centar. Odlicna e i za zimo i za leto, no koga se gradi ubavo e da se ima seopfaten proekt za da bide prakticna.
 
Јас мислам дека има доволна стрмнина да се направи скијачка патека од врв до средно Водно. Врвот се наоѓа на 1100 метри а средно на некои 600, што значи 500 метри висинска разлика. За потсетување двоседот во Маврово ја има висинска разлика од 400 метри, а трасата е доста подолга.
 
Друг проблем е трасирањето на патеката која и тоа како чини, а не мора во целост да ја следи трасата на жичарницата. Проблемот со снегот се решава со вештачки снег дури и да нема една снегулка на патеката, но предуслов е температура пониска од -5 и огромна количина вода.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 18-Feb-2010 at 22:41
500 метри скијачка патека е смешна работа Crazy

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 18-Feb-2010 at 22:55

@Supervisor

Читај поубаво, 500 метри висинска разлика од горна до долна точка. Должинска вероватно би била околу 1400-1500 метри права линија под жичарата според ГЕ


Posted By: ebivetre
Date Posted: 19-Feb-2010 at 10:13
500 m visinska razlika e sosem ok. Samo ne ako treba da bide 2.5-3 km dolzina, neli tolkava bese faza 1 od sredno do gore. Mozebi gresam. No ako e taka, togas treba da ima megjustanica na krajot na strmniot del sto e kaj odmaralisteto. Problemot e sto dase napravi uste edna stanica kosta bagji pari, pa ne veruvam deka kje ima. Bas me interesira dali imaat idea kako kej se resi ova..


Posted By: ebivetre
Date Posted: 25-Feb-2010 at 10:15
DENESEN DNEVNIK


Жичница за позелено Водно



Една од најголемите придобивки од изградбата на жичницата ќе биде намалувањето на издувните гасови, поради намалената фреквенција на возила во парк-шумата, а се очекува и поттик на социо-економскиот развој на Центар и Карпош, развој на туризмот, повеќе вработувања и зголемена мотивација за рекреација на населението

Со изградбата на жичницата на Водно се очекува поттик на социо-економскиот развој на општините Центар и Карпош, развој на туризмот, повеќе вработувања, заживување на локацијата, како и зголемување на мотивацијата за рекреација на населението. Една од најголемите придобивки ќе биде тоа што ќе се намалат издувните гасови, поради намелената фреквенција на возила во парк-шумата. Ова се дел од позитивните влијанија од изградбата на жичницата до врвот на Водно, кои се посочени во Студијата за стратегиската оцена на влијанието на овој објект врз животната средина, што беше презентиран завчера попладне. Изработката на студијата ја побарало Министерството за транспорт и врски, а работата ја заврши фирмата „Технолаб“.

Материјална придобивка од реализацијата на овој проект е што трасата не минува низ урбанизирани места, а не се пронајдени археолошки локалитети, што значи дека нема да има никакво влијание врз културно-историското наследство.

Почетната станица е избрана да биде на лесно пристапно место, кај црквата „Свети Јован“ во населбата Капиштец, а според извештајот, таа траса е најсоодветна, бидејќи не минува низ објекти и зафаќа малку површина под шума.

- Оваа варијанта на трасата беше најповолна, бидејќи минува низ предел каде што нема објекти. Искористена е патеката што е малку зафатена со шума, а речиси 90 отсто од земјиштето се државни. Оваа траса има предност што минува кај болницата за белодробни заболувања „Козле“, каде што е предвидена алтернативна станица за евентуални излети на децата кои се лекуваат во неа. Кога ќе има вакви излети, жичницата нема да биде отворена за останатото население - вели Љубомир Ивановски од „Технолаб“.

Постоеле уште две алтернативи за почетна станица на жичницата, но тие не се прифатени.

- Една од варијантите беше жичницата да почнува кај хотелот „Александар палас“. Но, така трасата би била многу долга, а една третина би минувала низ рамничарски дел, со што се губи во атрактивноста. Втората варијанта беше почетната станица да биде кај „Рамстор“, бидејќи е близу до подножјето на Водно. Но, трасата требаше да минува низ повеќе објекти, станбени, резиденцијални и конзуларно-дипломатски, па не беше земена предвид - рече Ивановски.

Негативното влијание на проектот ќе трае се' додека трае реализацијата, а најмногу ќе биде изразено врз флората и фауната.
- Негативните влијанија ќе бидат посебно изразени во близина на градбата и ќе бидат локални и привремени. Тоа ќе биде, пред се', појавата на бучава и прав и тоа на почетната станица, каде е планирана изградба на катни подземни и надземни гаражи. Негативно влијание ќе има и врз флората и фауната заради деградација на вегетацијата - нагласи Ивановски.

Според мислење на екипата од биолози и други ангажирани стручњаци жичницата негативно ќе влијае врз птиците, поради нивниот евентуален судир со турбините.

Ивановски нагласи дека не се очекуваат значителни влијанија врз почвата.

- Опасноста од ерозија ќе биде спречена со тоа што при расчистување на теренот

ќе се сече само високостеблестата вегетација, а нискостеблестата ќе остане - рече Ивановски.

Меѓутоа, ниту тој ниту претставниците од Министерството за транспорт не кажаа колку квадратни метри шума ќе мора да се исечат.

- Дури кога ќе се изработи конечната верзија на студијата, ќе се знае колку кубни метри дрва ќе биде потребно да се исечат за жичницата. Во моментов ова прашање не е предмет ниту на јавна расправа ниту на планската документација. Тоа ќе биде последица при реализацијата и ќе се врши во согласност со законите - образложи Рада Филиповска, раководител на Секторот за уредување на просторот.

Сечењето на шумата на Водно почна пред една недела. Тогаш работниците на „Паркови и зеленило“ и на „Македонски шуми“ рекоа дека ќе биде соголен терен долг 4-5 километри, со ширина од 18 метри.

Жичницата ќе ја гради австриската фирма „Допелмаер“, која го доби тендерот за 6,7 милиони евра. За тие пари таа треба да ја изгради првата фаза, од Средно Водно до Милениумскиот крст и да ја пушти во употреба. Вкупната должина на целата траса е околу 3.000 метри.

Анела Петрова


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2010 at 16:52
Конечно да слушнеме нешто во врска со адаптацијата на просторот околу почетната станица.   Cheers

Тоа ќе биде, пред се', појавата на бучава и прав и тоа на почетната станица, каде е планирана изградба на катни подземни и надземни гаражи.


Posted By: Max
Date Posted: 03-Mar-2010 at 22:06
а оваа па локација ја погодија ептен! добро може едноставно делува бидејќи е пострана, но прво таму ќе се создава невидена гужва, а и воопшто нема да бие атрактивна за скопјани како локација, ајде туристите наврат нанос ќе ги носат дотаму но ова требаше да биде до некоа ачик место а не збутана настрана! смешно резиденцијални објекти ќе врвеле над водњанска па затоа ја изместиле кон козле, што не ја зајсоа кај матка може така уште подобро ќе беше! 


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 05-Mar-2010 at 14:59

Почетната станица на жичницата над црквата „Свети Јован“

Возењето со жичницата од почетната станица кај црквата „Свети Јован“ до Милениумскиот крст ќе трае 10-12 минути

Дали ќе има доволно место за паркирање, како ќе се изградат гаражите над црквата „Свети Јован“, ќе се знае за неколку месеци кога ќе биде готова студијата за втората фаза од изградбата на жичницата до врвот на Водно. На терен состојбата е поинаква во споредба со замислите на Министерството за транспорт и врски. Просторот во близината на Теолошкиот факултет, каде што ќе биде сместена почетната станица, е ридест, но и премногу мал за да може да собере околу илјада автомобили. Особено ако се знае дека се планира со жичницата во една тура да се превезуваат по 1.200 патници на час.

Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски, вели дека должината на трасата на жичницата изнесува 3.500 метри. Кабините ќе поминуваат по шест метри во секунда, односно од подножјето до врвот на Водно ќе се стигнува за 10-12 минути.

- Жичницата ќе ја гради австриската фирма „Допелмаер“, која е една од најафирмираните компании во доменот на проектирање и изградба на ваков тип инсталации. Предвидено е почетната станица да биде над црквата „Свети Јован“, поточно во близината на Теолошкиот факултет. Должината на трасата на жичницата е 3.500 метри, и тоа од подножјето до Средно Водно должината е 1.900, а од тука до Милениумскиот крст изнесува 1.600 метри. Според планот, прво ќе се гради делницата од Средно Водно до Милениумскиот крст, а во втора фаза потегот од почетната станица до Средно Водно. Со жичницата ќе се превезуваат по 1.200 патници на час. Таа ќе има во 30 кабини, од кои две ВИП - објаснува Симоновски.

Тој додаде и дека во тек е изработката на Студијата за влијанието на жичницата врз животната средина. Исто така, предвидената траса нема да им пречи на постојните изградени објекти.

Жителите од овој дел на градот велат дека не им е јасно каде ќе се изградат гаражите за паркирање толку многу возила, бидејќи делот на кој е предвидена почетната станица е рид.
 
- Не ни е јасно како ќе се изведе изградбата на гаражите, без разлика дали тие ќе бидат подземни или катни. Почетната станица се планира да се гради на ридот. Просторот тука е премногу тесен, а за да се изгради каква било гаража треба да се израмни дел од ридот. Значи ако се изгради само подземна гаража, таа ќе може да собере најмногу 30-40 автомобили, а ако се изгради катна гаража, таа ќе треба да биде најмалку на 10 ката за да може да ги собере возилата. Особено проблем ќе биде кога жичницата ќе се пушти во употреба, кога сите ќе нагрнат да се повозат со неа до врвот на Водно. Како жители покрај чии куќи ќе поминуваат кабините, нé интересира и колку ќе се загади и воздухот во овој дел на градот, од толкав наплив на возила. Сметаме дека тоа негативно ќе влијае на животната средина - велат жителите.

Од Министерството за транспорт и врски не ни одговорија како ќе се реши проблемот со паркирањето. Сé уште не се знае каде точно ќе се изградат гаражите и паркиралиштето. Не се знае ни колку дрвја досега се исечени, а и уште колку ќе треба да се исечат за да се изгради жичницата.
 
   
Автор: Бојана Стојчевска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3510103806&id=14&setIzdanie=21926 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3510103806&id=14&setIzdanie=21926



Print Page | Close Window