Print Page | Close Window

Најнепромислени изјави

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2956
Printed Date: 08-Jul-2025 at 01:04


Topic: Најнепромислени изјави
Posted By: phenomenon
Subject: Најнепромислени изјави
Date Posted: 01-Dec-2013 at 13:54
Овде ќе пишуваме за најнепромислените изјави што доаѓаат од званични лица и тоа изјави кои тешко може да се чујат и во душевни болници.

Еве ја перјаницата на сите изјави до сега, т.е. изјава над изјавите:

- Се надевам дека јавниот повик ќе биде успешен и дека ќе најдеме изведувач, иако се работи за специфичен објект - вели Николов. 

За изградба на тркалото планирани се 12 милиони евра. Дел од нив ќе бидат средства од ЈСП, а дел донации. Парите ЈСП ќе ги двои во четири буџетски години. Во следната година ќе одвои милион евра, а во наредните по два до три милиони евра.

За оние што не знаат, се работи за Панорамското тркало на Вардар.

ЈСП како претпријатие еден автобус не успеаја да купат со свои пари, сѐ им купи Владата како на последни слепци, покажаа невиден "aлтруизам" донирајќи им ги самоодните контејнери на другите општини, небаре таму не живеат граѓани, туку добиток. Една автобуска постојка сами не се во состојба да обележат, уште имаат картонски и дрвени табли на автобусите...

И на сето ова, а и на многу други работи овде неспомнати, нивната најголема грижа е изградбата на Панорамското тркало.

Па и мрсулаво дете подобро си ги знае своите приоритети.


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、



Replies:
Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-May-2020 at 20:48
„Да го изразам моето задоволство од денешната посета од страна на министерот за земјоделство и да му се заблагодарам за времето што го одвои за денешната посета. Навистина за време на неговата посета и неговиот краток престој во регионот, односно во општина Кочани, го искористивме за разговор околу стратегијата за оризопроизводствтото и секако, како што слушнавте, направивме и обиколка на акутелниот објект, браната Речани, што навистина е еден од многузначајните објекти кои во овој момент се градат.“ - Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Работа му е на министерот да ги посети оризовите полиња во Кочани! Не издвоил слободно време за кафе муабет, на работа отишол. На што мисли со „актуелниот објект“?

А убави вести слушаме од Кочани изминатиов месец (освен моментално украдениот асфалт, арно не пишале секундарно).
[tube]p1gY_efyV2c[/tube]

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 23-May-2020 at 21:10
Еве одма уште еден кадидат, со години контроверзен и присутен по сите афери.

Рамиз Мерко: Баш нѐ брига за реакциите на невладините за дивоградбите

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели дека не му е гајле за реакциите на јавноста и на невладините организации дека се градат нови дивоградби во Струга. Тој не го прифаќа предлогот на Антикорупциската комисија надлежноста за уривање на дивоградбите да биде префрлена на владата. Мерко останува на ставот дека во Струга сѐ што е изградено е легално.

„Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите. За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не напаѓаат, „нас баш не брига“ изјави Мерко за медиуми.

Тој потсети дека кога ги остапувал ингеренциите во делот на урбанизмот, владата не ги прифатила и сега, вели Мерко нема закон со кој што владата може да му ги одземе надлежностите во делот на справувањето со дивоградбите.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/ramiz-merko-bash-nje-briga-za-reakciite-na-nevladinite-za-divogradbite - https://www.mkd.mk/makedonija/politika/ramiz-merko-bash-nje-briga-za-reakciite-na-nevladinite-za-divogradbite



Print Page | Close Window