Print Page | Close Window

Разно

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=297
Printed Date: 28-Mar-2024 at 23:33


Topic: Разно
Posted By: pbanks
Subject: Разно
Date Posted: 12-Sep-2008 at 12:27
Феноменална вест. Особено доколку навистина се применува во континуитет Applause

Акција за собирање на питачи во Скопје

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/39439/pitacenje.jpg">

Во акцијата “Питачење“, што стартуваше вчера, во Скопје, полицијата приведе 11 возрасни лица и 13 малолетни деца. Против родителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и прекршочни пријави по Законот за прекршочна постапка за јавен ред и мир.

Како што најави министерката за внатрешни работи оваа акција ќе се одвива во континуитет со активно учество министерството за труд и социјална политика преку јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. Главна цел на истата ќе биде превентивно делување, намалување и сузбивање на оваа негативна појава.

При вчерашното отпочнување на акцијата биле опфатени 23 критични точки низ градот и тоа највеќе на подрачјето на Полициската станица Центар, каде акцијата е реализирана на 9 места, главно крстосници, плоштадот, камениот мост и Бит Пазар. По четотири места биле опфатени на подрачјата на полициските станици Бит Пазар, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров и уште две во Гази Баба.

Оние деца кои се веќе евидентирани дека престојувале во дневните центри и покрај постоење на претходна согласност од родителот задолжително се зема повторна согласност за нивно сместување во Дневните центри и во  тој случај тие деца од страна на инспекторите по малолетничка деликвенција и претставникот од меѓуопштинскиот центар ќе бидат згрижени  во Дневните центри.

За деца од седум – 18 години кои се затекнати на питање без присуство на родителите, во случај да не се обезбедат старателите, времено ќе се згрижуваат преку Одделението за старателство во Јавната Установа за згрижување на деца и младинци „25-ти Мај“. Исто така за деца до седум години без обезбедено присуство на родители, обврската за згрижување ќе ја превземе Одделението за старателство и тоа децата до три години ќе се згрижуваат во згрижувачки семејства, а од три до седум години во Домот за деца  без родители „ 11-ти Октомври“, во Скопје.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=39439&kategorija=4



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Sep-2008 at 01:30
НА ПРОСТОРОТ ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА
Депонија место адреналин-парк
Просторот на кој градоначалникот Костовски вети парк за екстремни спортови е затрупан со ѓубре и отпад и е претворен во отпад за собирање пластични шишиња

Просторот под Железничката станица, наместо адреналин-парк, стана депонија и место каде што ромски семејства си изградиле импровизирани куќи од картони. Пред две години градоначалникот Трифун Костовски вети дека ќе го претвори овој простор во катче каде што скејтерите и другите љубители на екстремни спортови ќе можат да се рекреираат. За таа цел, овој простор беше расчистен од насобраното ѓубре, а беа исчистени и сливниците за атмосферските води. Но, по извесно време, Градот се откажа од проектот, бидејќи немал пари, односно дека приоритетно му било решавањето на капиталните проекти со кои ќе се намали сообраќајниот метеж во Скопје.
Сега сликата под Железничката станица е полоша од кога било. Просторот е затрупан со ѓубре и отпад. На ромските семејства, кои собираат пластични шишиња и ги носат на откуп, им се видел овој простор погоден за складирање. Тука ги носат шишињата што ги собираат во текот на денот низ градот, ги пребројуваат, а оштетените ги фрлаат наоколу. Под Железничката станица се направени и неколку импровизирани куќарки за живеење од картони и од кутии.
Од Град Скопје велат дека ЈП "Улици и патишта" презело акција за расчистување на ѓубрето под Железничката станица. Оттаму објаснуваат дека "Македонски железници", кои се сопственици на делот под Железничката станица, треба да го оградат просторот за да не се прават депонии и диви картонски населби од несовесните граѓани.
Градските власти ни потврдија дека адреналин-паркот нема да се гради, бидејќи средствата им биле скромни и ограничени, а за скопјаните што сакаат да спортуваат ја продолжиле патеката за ролери и за велосипеди до населбата Аеродром. (А.А.)



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156955&idg=8&idb=2474&rubrika=Skopje


Posted By: dejan
Date Posted: 18-Sep-2008 at 09:06
Ohno

НАЦИОНАЛНИОТ СПЕЦИЈАЛИТЕТ ПРЕД ОПАСНОСТ

Казна од 50 евра за правење ајвар пред зграда

Полицијата ќе реагира ако има пријава дека некој прави ајвар, поради што сезонава ќе се зголеми бројот на извршителите на законот, објаснуваат надлежните


Инспектори и полицајци ќе казнуваат за печење пиперки на јавна површина

Педесет евра казна ќе плати секој што годинава ќе прави ајвар на јавна површина. Ова произлегува од новиот Закон за јавната чистота, во кој децидно не се забранува правењето ајвар. Но во него има казнени одредби за палење, поставување предмети на јавна површина и оставање смет. Ова практично ќе значи дека општинските и градските инспектори, но и полицијата, ќе можат на граѓаните да им наплатат глоба ако ги затекнат како печат пипер на јавна површина, на паркинг, пред зграда или во некои од парковите.Граѓаните се во недоумица. Голем дел од нив воопшто не помислуваат да го прават специјалитетот што стана македонски кулинарски заштитен знак. Најоштетени се тие што живеат во зграда и немаат викенд-куќи. Тие се бесни бидејќи годинава ќе останат без ајвар.

- Првпат нема да направам зимница бидејќи немам каде. Ако државата не' обврзува да го купиме земјиштето околу зградата, како дворните места во индивидуалните домови, не ни е јасно зошто државата не ни дозволува да правиме ајвар ако дворот законски е наш - вели Петар П., пензионер од скопската населба Аеродром.

КОМУНАЛНИТЕ ИНСПЕКТОРИ ДЕЦИДНИ

- Сезоната на правење ајвар почна, но граѓаните од годинава треба да бидат внимателни каде ќе ги поставуваат ќумбињата, ако не сакаат да заработат казна. Со новиот Закон за јавната чистота, кој деновиве стапи во сила, тие лесно можат да заработат казна ако печат пипер на јавна површина. Според законот, ако казната не ја платите на самото место, пријавата ќе ви стаса од Основен суд, а потоа ќе мора да платите 150 евра, односно трипати поголема сума за својата несовесност - велат скопските општински власти.

Во локалните комунални инспекции велат дека, иако и досега посебни одлуки за комунален ред забранувале да се поставуваат предмети од ваков вид на јавна површина без дозвола, тие немале можност за мандатни казни, туку само ги опоменувале граѓаните, кои не само што правеле смет и оставале лушпи насекаде туку со палење ќумбиња можеле да предизвикаат и пожар.

- Со новиот Закон за јавната чистота точно се определени казните за физички лица, како и услови кога се казнува. Иако нема стриктно казна за печење пипер, се казнува палење, поставување предмети на јавна површина и оставање смет, со што се опфатени и вакви примери, а тоа ни овозможува да ги казниме и граѓаните што печат пипер и прават ајвар пред зграда - велат од градската власт.

МОЖЕ ДА ГО ПРИЈАВИТЕ СОСЕДОТ АКО ПЕЧЕ ПИПЕР


Според нив, и Законот за комуналниот отпад, што беше донесен лани, овозможуваше санкционирање на несовесните граѓани. Новиот закон е подециден и поригорозен, а ќе овозможи пошироко дејствување на општинските и на градските инспектори и полицијата. Тие ќе реагираат и на пријава од граѓани, со што ќе се зголеми ефикасноста на теренот. Се предвидува да се зголеми бројот на извршители, односно да се вработат комунални редари што ќе го спроведуваат законот - објаснуваат надлежните лица.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=78E5FC53E8BDEB438351BF552BC33B16




Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Sep-2008 at 14:16
зашто таква реакција dejan?
немам ништо против ајварот, но убаво си имаат наброено зашто го забраниле, ако некој сака ајвар нека си одбере една ливадка и нека си пече, во сред град тоа воопшто не е убаво
но нешто осеќам дека казниве како што ги засилуваат, на крај ќе си ги направат во своја цел, па скоро ништо нема да биде дозволено


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2008 at 15:07
- Првпат нема да направам зимница бидејќи немам каде. Ако државата не' обврзува да го купиме земјиштето околу зградата, како дворните места во индивидуалните домови, не ни е јасно зошто државата не ни дозволува да правиме ајвар ако дворот законски е наш - вели Петар П., пензионер од скопската населба Аеродром.


Абе дедо, па и у стан е твоја сопственост, што не правиш таму ако е толку наивна работата? Crazy

Само не сум сигурен дали луѓево стварно се сељаци и повеќето стварно не разбираат, или така им чини да се прават дека не разбираат Roll%20eyes


Инаку за поздрав е тоа што се превзема нешто за овој хроничен есенски проблем, но да не остане само на хартија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Sep-2008 at 11:56
МЕСТО МЕТРОПОЛА ГЛАВНИОТ ГРАД СТАНА ГОЛЕМО СЕЛО
Во Скопје се шета со затнат нос
Градот смрди на канализција, затрупан е во ѓубре, нема јавни тоалети, нема пречистителна станица за отпадните води, нема ред во градењето...

Скопје нема ниту едно обележје на вистинска метропола. Ваков е ставот не само на скопјани кои секојдневно заглавуваат во сообраќајниот метеж, се пробиваат низ поплавени улици и благодарни се ако некој барем ги закрпи дупките на улиците, туку таков е ставот и на стручната јавност. Стручаци од речиси сите области се согласни дека на градот наспроти зачестената употреба на зборот метропола за него, му требаат уште долги години и многу измени за навистина да го заслужи тоа име. Скопјани во зимо немаат базен бидејќи од двата што ги имаше едниот на зимо се затвора, а годинава и другиот најавува дека ќе се затвори поради големите трошоци. Се возат во распаднати автобуси за јавен превоз, лете се варат во нив, а зиме се мрзнат, кинат нерви во сообраќјот бидејќи повеќе време се стои во место отколку што се вози и ред други проблеми не дозволуваат градот да се нарече метропола.
Првото нешто што го забележува секој што ќе дојде во Скопје е ѓубрето. Го има насекаде. Покрај контејнерите не може да се помине од смрдеата бидејќи постојано се преполни со ѓубре, а и просторот околу нив е депонија. Има ѓубре по улиците, ѓубре во парковите, ѓубре пред зградите како градот да нема препријатие кое го собира сметот. И градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски потврдува дека со волку ѓубре метропола не се станува. Тој нагласува дека освен грдата слика, тоа е извор на зарази што не демне на секој чекор, но свеста дека сами треба тоа да го смениме никако да проработи.
"За да го направиме градот метрпола треба прво да почнеме сами од себе. Треба да го чувствуваме, да го негуваме. Тој преку ноќ не може да стане метрполола, но може барем да биде чист, а тоа е нешто зависи исклучиво од скопјани", вели градоначалникот Костовски.
Тој на скопјани им вети дека за време на градоначлнички мандат Скопје ќе го направи како Виена, но по три и пол години вели дека тоа е невозможно се додека не се направат коренити измени не само во градот туку и во државата.
"Скопје ќе биде чисто како Виена само ако виенчани ги донесеме да живеат тука. Ако пак скопјани ги однесеме во Виена, градот преку ноќ ќе го изгуби она што со векови е создавано", вели градоначалникот Костовски.
И не е само ѓубрето извор на смрдеата во Скопје. Градот смрди и од канализацијата. Онаму каде што ја има, бидејќи не е доволна за потребите на скопјани, при најмал дожд се преполнува, па фекалиите излегуваат на улица и градот со денови смрди. Делови од градот пак смдрат од септичките јами. Место во канализација, отпадните води во септички јами се собираат и во центарот на Скопје.
"За нас е мислена именка систем за пречистување на водата, луксуз кој со овој буџет на Градот не можеме да си го дозволиме. Додека светот ја преработува канализацијата и прави чиста вода која пак може да се употребува, ние се уште полеваме тревници и ладиме нозе со питка вода", вели градоначалникот Костовски.
Скопје нема ниту јавни тоалети, нешто што е незамисливо за една метрпола. Оние што некогаш ги имало под мостот Гоце Делчев, во зеленилото кај плоштадот, во близина на гиманзијата Јостип Броз Тито и ред други се искршени, наполнети со измет и ѓубре и баталени со години. Но и покрај тоа што се во ужасна состојба, скопјани од немајкаде кога имаат зорт пак вршат нужда во нив. Немаат избор, па затнуваат нос и влегуваат внатре или пак воопшто не влегуваат туку се затскриваат во блзина на некогашните тоалети и завршуваат работа. И така е повеќе од десет години, па до тоалетите се доближува само оној што ептен има зорт.
Никој нема интерес да изгради јавни тоалети, но затоа пак згради се градат на сите страни. И онаму каде што може, но и онаму каде што секој со здрав разум ќе каже дека не може. Водно од парк - шума стана зона за колективно домување со висококатници кои се веќе изградени, а се планираат и уште еден куп лусузни, елитни квартови во заштитеното зеленило. Урбанистите се против ширење на Скопје на сметка на Водно, но нивните препораки остануваат само на хартија. Поголемиот дел од нив се изјаснија и дека се против изградбата педесеткатници во близина на хотелот "Холидеј Ин" за кои Владата бара инвеститор, дека се против задушување на плоштадот со нова црква на простор кој и сега е веќе задушен, но и за тоа никој не им го уважува зборот. Урбанистите веќе 15 години алармираат дека водени од брзата заработка, градителите место да му нарават имиџ на градот, го разградуваат, го разнебитуваат и го оддалечуваат од можноста некогаш да добие ранг на метрпопола.
"Скопје имаше свој лендмарк или обележје. Тоа беа Кале, камени мост, Офицерски дом, Народната банка. Сега реминисцентната реконструкција не се применува во Скопје иако Европа се смета дека е најубав континент токму поради реминисцентната реконструкција на објектите. Обележјата на Скопје се неповратно изгубени. Градот сега нема лендмарк туку на негово место има средсело, а за еден град да биде метропола потребно е да има свој лендмарк", вели Виктор Пајвански, професор на Архитектонскиот факултет.
Токму негувањето на традцијата е една од основните одлики на една метропола, смета и градоначалникот Костовски. Тој вели дека секоја метропола има посебен однос кон генезата и кон минатото, нешто што Скопје го нема.
"Овие најави на Владата за офанзивно поставување споменици, фонатни, лавови, коњаници и ред други работи длабоко сум убеден дека се само невиден кич. Тие му се наметнати на Скопје и не го отсликуваат минатото на градот. Ние треба да се залагаме за објекти и споменици кои ќе го отсликаат менталитетот на македонскиот народ. Не треба да градиме огромна црква, како онаа што се најавува на плоштадот ако знаеме дека интимноста на чинот молитва македосниот народ не може да ја дожвиее во црква со високи сводови огромен простор каде не може да се почувствува мисрисот на свеќите и темјанот", вели градоначалникот.
Тој вели дека Скопје не може да се одликува како метропола и поради негрижата за културното живеење во градот. Без вистински театар, без филхармонија, без кина, без спортски сали, без базени, без опера па и кабареа кои би овозможиле слободно да се критикува она што е лошо во денешното живеење во градот, нема напредок.
Но иако Скопје нема ниту едно нешто што би го одбележило градот како метропола градоначалникот Коствоски вели дека скопјани не треба да се разочараат.
"Па ниту Љубљана или Загреб градови кои се многу посредени од Скопје не можат да се наречат метрополи. Можеби најблиску до метропола е Белград, бидејќи за време на комунизмот во овој град најмногу се вложувало па денес и има и спортски сали и плоштади и базени, но и навики на жителите да водат живот исполнет со културни манифестации, со спорт и со забава. И во Скопје, она што останало од комунизмот е можеби единственото што не доближува до развиените градови. Такви се градбите направени по планот на Кензо Танге, како Градски sид или неколкуте урбани населби во градов. Се што е изградено подоцна е без контрола и без урбан смисол ", рече Костовски.
Тој не се чувствува одговрен или виновен што Скопје нема одлика на метропола. Вели дека направил максимум од она што може да се направи во услови на половична децентралиција, на десеткуван буџет, и на закони кои не го полнат буџетот на градот. Доколку Владата ги усвои неговите предлози за измена на Законот за Град Скопје, Косвоски вели дека има надежи главниот град да направи чекор напред, но тоас ќе му остане на следниот градоначалник.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157546&idg=8&idb=2485&rubrika=Revija


Posted By: Plugger
Date Posted: 27-Sep-2008 at 20:47

Sea koa ke vidite kako ke pravat ajvar na terasite LOLLOLLOL

Nego edno ne mie jasno, zosto ne smee da se pece ajvar pred zgrada a ne smee da se pece pred dvor ili pozadi dvor?? Chadot pak ke ide na isto mesto.

Treba vladata da kazhe kaj smee da se pravi,  da si znae sekoj koj saka da si napravi zimnica.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Oct-2008 at 22:08
Незнаев кај да го постирам ова па еве овдека.... Болдираните делови посебно ме фасцинираат LOLNuts

ОПШТИНА ЦЕНТАР ПРОДОЛЖУВА СО ИЗНЕНАДУВАЊА


Бесплатно лизгање на Плоштад


Околу педесетина дечиња вчера можеа бесплатно да лизгаат на официјалното отворање на Еко лизгалиштето на плоштадот Македонија во центарот на градот. Лизгалиштето од вештачки мраз, со површина од 120 квадратни метри и 50 лизгалки за најмладите, со свечена манифестација го отвори градоначалникот на Општината Центар, Виолета Аларова.
- Јас, во моето детство, сакав но немав услови да лизгам, па затоа сторив се овие деца да можат бесплатно да пробаат да лизгаат", за Вечер изјави Аларова. Таа додаде дека Општината и понатаму ќе продолжи со изненадувања за најмладите се со цел да им се овозможи на децата бесплатна забава и рекреација во центарот на градот.

Општината Центар обезбеди и 50 чифта лизгалки за оние што се љубители на ваков вид рекреација, а ги немаат тие реквизити. Инаку, на него ќе може да се лизга во текот на целата година, без оглед на временските услови и надворешната температура. Лизгалиштето е направено од посебна нетоксична полимерна супстанција, односно еколошка материја што не загадува и не троши вода и електрична енергија, а од вчера па во наредните шест месеци, ќе работи секој ден од 10 до 22 часот.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2C9D5F2009B40B48992AC7B6036FD5AE


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Oct-2008 at 00:33
Па супер место за перманентно лизгалиште Nuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2008 at 00:38
Ќе ја видам за некој месец кога ќе се лизне позади решетки. Ај да не забегавам со темава.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Oct-2008 at 14:48
ВИНО СКОП на Трифка, со неговите „архитекти советници“ Wallbash








-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Oct-2008 at 15:06
pfffffffffffffff    ja mislaev deka ce se napravi nesto (rekonstrukcia na skalite ili nesto drugo ama  nisto   ... lele toj trifka ne gledat da napravi nesto drugo  .. patekite  skapani se


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Oct-2008 at 22:06
Ѕирка низ клучалка а не е класичен воајер


Тоа се соседите кои внимателно ги следат сите бурни случувања во околината, се им пречи и вечно бараат правда. Полицајците задолжени за спроведување на ЈРМ одговараат во просек по десетина поплаки и жалби на ден. Дел од нив се сериозни, некои се бизарни, но многу често се реакции на соседи против соседи кои ги насмеваат до солзи


Ало, полиција, помагајте, не можам да заспијам од моите страсни соседи! Помош, кучето во станот до мене прегласно лае! Мојата сосетка од станот подолу нон-стоп тропа со штиклите!? Климата во соседниот стан се дере како луда! Соседите на цел глас пуштаат "онакви" филмови! Вакви или слични поплаки секојдневно стигнуваат до дежурните во 92-ка. Полицајците задолжени за спроведување на ЈРМ одговараат во просек на десетина вакви или слични поплаки и жалби на ден. Навикнале да одговорат на секој повик, па дури и на понекогаш здодевните станари кои се жалат на се и сешто. Постапуваат по секој повик.

- Секој што тргнал да се јави кај нас, значи има проблем и потребна му е некаква помош. Токму од таа причина ние сме должни да излеземе на терен, на самото место да согледаме за што се работи и ако е во наша надлежност да го разрешиме проблемот. Во спротивно, наша должност е го упатиме граѓанинот каде да се обрати, до кое место, до која институција - вели Дине Китанов, главен државен инспектор за ЈРМ во СВР Скопје. Тој признава дека има секакви пријави. Некои се сериозни, некои се бизарни, но многу често се реакции на соседи против соседи кои ги насмеваат до солзи.

- Најчесто граѓаните се жалат на бучна музика, на тропање на штикли, на гласно зборување, на реновирање на становите во времето предвидено за одмор, на непочитување на куќниот ред, на семејно насилство... Ние излегуваме на лице место и најчесто овие проблеми ги решаваме со спогодба, односно со опомена. Иако поретко, поднесуваме и прекршочни пријави. Досега имаме поднесено 48 пријави - информира Китанов. Во текот на цела мината година, пак, биле поднесени 68 пријави, најмногу за гласна музика.

Според најновите одредби од Кривичниот законик прекршочната постапка, наместо судот ја води специјално формирана Комисија на МВР, па затоа и реализацијата е поекспедитивна. Во зависност од прекршокот предвидени се глоби во висина од 100 до 2000 евра.

Кодошите се корисни
Полицајците велат дека во секоја зграда, во секое маало живее по еден кодош. Тоа е човек којшто ѕирка низ клучалка а не е класичен воајер, внимателно ги следи сите бурни случувања во околината, се му пречи и вечно бара правда. Тој е редовно на линија со 92. Но, полицајците велат дека овие граѓани се нивен одличен извор на информации кои им помогаат да разрешат деликатни случаи. Тие во секој момент знаат кој каде работи, со кого се дружи, кога излегува. Со нивната приправност прават и добри дела - спречуваат кражби, провали па дури и крвопролевање.

Најголемите галамџии живеат во Центар
На целата територија на Скопје, во просек дневно се пријавуваат околу десетина нарушувања на ЈРМ. Најмногу поплаки има за време на викендите кога вообичаено се прават журки и домашни веселби. Статистиката покажува дека големи галамџии се жителите на Центар, по нив се оние на Карпош, Аеродром, а најтивки се во руралните делови на градот. Со глоби до 400 евра ќе се казнат сите оние кои се караат, врескаат, кршат шишиња или чаши или пијани малтретираат други лица. Гласна музика, пеење, свирење од 23 до 6 часот изутрина се казнува 200 до 500 евра. Овие глоби не важат за домашни веселби.

http://vecer.com.mk/?ItemID=077CE154F2A2184FA48DDF07DF8EB343


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Oct-2008 at 22:16
Ваквите фаци на сите ни се многу добро познати. Незнам дали сте приметиле ама одприлика ~80% од ваквите случаеви живеат у стан 1. Нека не се вреѓа никој доколку живее во стан 1. Стварно ова е малограѓанска појава, па макар и незнам колку и да е корисна за полицијата. Само едно не ми се свиѓа, а тоа е што галамата у центар ни се пласира како да е тоа нешто што нечини. Па нормално е во голем град галамата да биде у центар голема. Мене стварно не ми се јасни некои фаци како може да бидат толку себични да сакаат да живеат у центар, а никој што штикли да не им тропа. Bash


Posted By: kire85
Date Posted: 18-Oct-2008 at 01:07
Originally posted by lslcrew

Ваквите фаци на сите ни се многу добро познати. Незнам дали сте приметиле ама одприлика ~80% од ваквите случаеви живеат у стан 1. Нека не се вреѓа никој доколку живее во стан 1. Стварно ова е малограѓанска појава, па макар и незнам колку и да е корисна за полицијата. Само едно не ми се свиѓа, а тоа е што галамата у центар ни се пласира како да е тоа нешто што нечини. Па нормално е во голем град галамата да биде у центар голема. Мене стварно не ми се јасни некои фаци како може да бидат толку себични да сакаат да живеат у центар, а никој што штикли да не им тропа. Bash


abe ima sekakvi budali pa i ti....kaj nas ziv primer se komsiite so se bunat so sedime u maalo u 1 ili 2 sabajle i si praime muabet, demek od nas ne mozele da spijat, a ne im preci koa ke im pomine 15ka so dupnat auspuh na 10 metra od prozor, so prai galama kao avion pri poletuenje Nuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:15
Прват ја приметувам онаа рекламата SONY на една од кулите од градски ѕид.




Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 16:38


Пред едно месец дена ја закачија


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 18:57


Еве две фотки од Фликр за поубав увид

1

2



Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 19:12
Не ми текнуваше каде да го ставам постов па нека иде тука. Навистина жална глетка се надевам дека и овој простор набргу ќе дојде на агенда Ohno Сликата е од Фликр




Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Nov-2008 at 00:11

Некогашната фабрика „Цветан Димов“ грдотија на Општина Кисела Вода

Општинарите велат дека се немоќни да сторат нешто, бидејќи објектот е во постапка на денационализација


Деспина Трајковска


Од некогаш репрезентативна зграда, поранешната фабрика за сапун „Цветан Димов“ на улицата „Првомајска“ во Кисела Вода, со години е претворена во грдотија. Објектот е наркоманско дувло, преноќиште за питачи, скитници и бездомници, а лете дури и расадник на змии и други животни. Глетката особено е морничава ноќе поради трњето и грмушките со кои е обраснат објектот. Сликата е надополнета со искршените прозорци и остатоци од ѕидови, кои наместа се испочкртани со графити со вулгарни пораки.

Од Општина Кисела Вода, на чие подрачје се наоѓа објектот, велат дека се немоќни да сторат нешто, бидејќи тој се наоѓа во постапка за денационализација. Свесни се дека некогашната фабрика го нагрдува ликот на општината, особено непосредната околина каде што од неодамна е вселив новиот станбен комплекс на „Илинден“. Единствено што можат и што веќе неколку пати го сториле е да ја исчистат околината, а наместа поставиле и заштитна ограда.

„Свесни сме за грдата слика од објектот кој де факто ни го нагрдува ликот на општината, имајќи предвид дека се наоѓа на најфреквентната и главна општинска улица. Ние, всушност, имаме решение, но го чекаме исходот од процесот на денационализација“, вели Тони Чупоски, одговорен за информирање во општината.

Тој посочува дека градоначалникот се' уште смета дека државата, која делумно е сопственик на објектот, својот дел треба да и' го отстапи на општината. Од Кисела Вода имаат идеја таму да изградат нова општинска зграда.

„Нам ни одговара и да добиеме половина од објектот. Тој е на два ката и има површина од 4.000 квадратни метри. Според идејното решение што го имаме, доволни се 2.000 квадратни метри за сите потребни содржини и служби, а ќе може да ја сместиме и службата за венчавање“, вели Чупоски.

Тој признава дека општината е немоќна да го реши проблемот со бездомниците кои го користат објектот како привремено живеалиште, а немаат решение ниту за дилерите на дрога, кои честопати се собираат тука. „Неколку пати интервенираше и полицијата и нашата комунална инспекција, но залудно. По еден ден откако ќе бидат избркани, тие повторно се враќаат“, додава Чупоски.

Во случај објектот да не и' биде отстапен на општината, градоначалникот Џорџе Арсов имал резервен план за изградба на општинска зграда и тоа во рамките на сегашните бараки. Но, и тоа не е сигурна варијанта, бидејќи само две од 15 бараки се во сопственост на општината. За добивање имотен лист и за овие бараки, општината чека милост од државата.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3AE9C0E519AB904193304ECB039D2484




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2008 at 02:12
По дифолт не е у ред општинска зграда да се гради на самата општинска граница. Не дека бараките се до толку подобро поставени, но за нијанса подобро таму нека размислуваат. Идеално според мене е на просторот помеѓу Првомајска и салата Расадник.


Posted By: vardar
Date Posted: 13-Nov-2008 at 00:47

Метрополата сонува да стане град


Скопје има превоз што не го заслужува зборот градски, нема улица што не е ископанa, контејнерите не се гледаат од купиштата смет...

Скопје денес, 64 години по ослободувањето од фашистичкиот окупатор, е метропола што мака мачи да стане град, во вистинската смисла на тој збор. Ако власта - и државната и градската - го остваруваше тоа што им го ветуваше на граѓаните, тогаш во македонската престолнина ќе имаше трамвај, жичница, елитни населби, спортски терени, базени, концертни сали, сообраќајници...

Но, таа редовно го правеше тоа што не го кажуваше јавно. Затоа сега Скопје има превоз што не го заслужува зборот градски, нема улица и плоштад што не е ископан, контејнерите не се гледаат од купиштата ѓубре, не си ги знае ни границите ни бројот на жителите, ги уништува Чаршијата и урбаните простори и ги легализира дивоградбите... Да тргнеме со жичницата. Според проектот, првата станица требаше да биде кај „Рамстор“, а последната кај Милениумскиот крст, со попатна станица на Средно Водно. Но, испарија сериозните преговори за реализација, а ја снема и фирмата што наводно беше подготвена веднаш да ја изгради жичницата.Градските часовници покажуваат погрешно време откако се поставени и се' уште никој не најде успешна формула за нивно одржување.

Контејнерите требаше да се чуваат во посебно ограден простор, секој станар да има клуч за пристап. Сето тоа заврши во маалски депонии и расфрлано ѓубре. Ветуваа јавни тоалети на автобуските станици, плоштад без диви картонски тезги, цветен пазар... Градската власт најави дека ќе подготви нови правила за поставување летни тераси. Но, на Кејот 13 Ноември, нагрден со новото „најлон маало“, никна и непредвидена улица и се отвори нов градежен кратер.Тоа не значи дека во Скопје никој не направил ништо добро. По катастрофалниот земјотрес, благодарение на светската солидарност, градот беше обновен во современ центар. Беа изградени врвни објекти и поставени темелни стандарди на градското живеење. Но, сето тоа полека и сигурно исчезнуваше пред напливот од кич, личен профит, инстант-решенија и незаинтересираност за јавниот простор. Борбата за ослободување од окупаторот наречен некултура се' уште трае.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=06633BCD28168C4AA28B5333A9CA61BA - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=06633BCD28168C4AA28B5333A9CA61BA  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2008 at 02:56
Метропола со над 20 илјади септички јами

Проблемот нема да се реши брзо, зашто општините немаат пари да постават сами канализациски мрежи


Фекалии може да се исфрлаат само кај мостот на булевар Србија,
исклучиво со дозвола на ЈП „Водовод и канализација

Повеќе од 20 илјади семејства што живеат во Скопје се' уште користат септички јами. Поголемиот дел немаат шанса да се приклучат наскоро на градската  канализација, оти проектите за изградба на таквите мрежи е голем зафат, кој општините не можат да го платат. Септички јами нема само на периферијата, туку и во центарот на градот. Претседателот на Месната заедница „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Маџар Маало, Драган Атанасовски, вели дека граѓаните што живеат на улиците  Охридска, Анте Хаџимитков, Велешка и на дел од улицата Ѓуро Ѓаковиќ се' уште користат нужници, и покрај тоа што тоа е едно од најстарите и најурбаните градски маала. Момо Николовски, одговорен за односи со јавноста во општината Ѓорче Петров, вели во општината има најмалку 6.000 семејства што користат септички јами.

- Сите што живеат во населбите Волково, Ново Село, Пржина, Кисела Јабука и Стопански Двор имаат септички јами. Луѓе ги чистеле јамите за симболични 300 денари. Потоа фекалиите ги исфрлале некаде во шахтите во населбата Влае. Со години имавме проблем со граѓаните што фекалиите од септичките јами ги фрлаа во реката Лепенец. Сега локацијата каде што нелегално ги исфрлаа фекалиите е заградена и тешко се приоѓа. Поставуваме канализациска мрежа на тој дел од општината и од предвидените 52, инсталацијата е поставена на 12 километри, и тоа со пари од општинската каса. Владата најави дека ќе ни помогне парично да поставиме канализација - објаснува Николовски.  

НУЖНИЦИ ПОКРАЈ ЕЛИТНА НАСЕЛБА

И покрај тоа што изгледа многу урбано, во општина Карпош, каде што се наоѓа една од елитните населби во Скопје,има многу семејства што немаат канализација. Септички јами има на Водно, во Горно и во Долно Нерези и куќите и објектите на улицата Скупи, но и во Бардовци - велат од општина Карпош.Во општина Гази Баба  нужници користат граѓаните од Инџиково и Маџари. Тони Чупоски, портпарол на општина Кисела Вода, вели дека голем дел од населбата е без канализација.

- Септички јами користат граѓаните што живеат во населбите Градинар и 11 Октомври во бараките, делови од Припор, делови од Драчево, кај месноста наречена Потстаница, пред Драчево и во Пинтија. Во последните 4 години војуваме да воведеме канализациска мрежа на територијата на општината, но за тоа се потребни многу пари, кои реално не можеме сами да ги обезбедиме - вели Чупоски. Септички јами користат и граѓаните од општината Аеродром - стотици семејства од населбите Горно и Долно Лисиче немаат канализација - иако општината поставува канализација.  

ЈАМИТЕ СЕ ЧИСТАТ НА ДИВО

Во претпријатието „Комунална хигиена“, кое има посебна служба за празнење и чистење на септичките јами, велат дека досега никој не побарал од нив да му ја исчистат јамата.

- Имајќи предвид дека илјадници семејства се' уште користат јами наместо градска канализација, не знам кој ги чисти и каде ги исфрлаат фекалиите. Нашите служби нудат ваква услуга за граѓаните и во договор со Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ фекалиите ги исфрла на соодветни места - вели Југослава Поленак, портпарол во „Комунална хигиена“.Јавното претпријатие наплаќа околу 3.300 денари за празнење на септичка јама, а приватните „комуналци“ - од 300 до 700 денари во зависност за колкава јама станува збор. Од „Водовод и канализација“ велат дека само со „Комунална хигиена“ имаат договор за исфрлање на фекалиите, а се' друго е злоупотреба на канализациската мрежа без одобрение од „Водовод“.

-  Има два главни колектора на реката Вардар - кај мостот кај булеварот Србија и во близина на фабриката „Пивара“. Фекалии може да се исфрлаат само кај мостот на булевар Србија и може да ги исфрла само „Комунална хигиена“. Се' друго е на диво - вели Никола Ѓоревски, технички директор во ЈП „Водовод и канализација“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6120442321B2E34CAF188C93E461EE62



Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2008 at 01:19
Тргнуваме на пат со автобуси за отпад

Голем број возила воопшто не треба да бидат пуштени во сообраќај бидејќи го загрозуваат животот на патниците, сметаат експертите


Со неисправни автобуси патувањето низ Македонија е ризик

Со неисправни автобуси постари и од 15 години, најчесто набавени откако биле исклучени од сообраќај во другите поранешни југословенски републики, се возат граѓаните во меѓуградскиот превоз, оценуваат експертите. Според нив, голем дел од меѓуградските автобусите воопшто не треба да бидат пуштени во сообраќај бидејќи го загрозуваат животот на патниците.

Сообраќајните експерти сметаат дека хаосот што владее во оваа дејност може да се среди со новиот закон за возилата, кој наскоро треба да стапи во сила, но само ако законските одредби се спроведуваат.

СТАРОСТА НЕ Е ПРОБЛЕМ

Професорот на Машинскиот факултет во Скопје, Драги Данев, смета дека новиот закон е добар од неколку аспекти.

- Најважно е што сите постари возила на секои шест месеци ќе одат на технички преглед. Тоа е многу позитивно, бидејќи сите дефекти ќе може навремено да се забележат и да се средат - вели Данев.

Според него, староста на автобусите не е проблем ако се почитуваат законите и возилата редовно се носат на технички преглед.

- Возило што чади од моторот или предизвикува голема бучава воопшто не треба да се пушта на улиците. На 12 години старост се прави детален преглед на возилата и се проценува нивната истрошеност, односно се утврдува дали воопшто тоа возило може и понатаму да се експлоатира - вели Данев.Тој објаснува дека најдобро е кога може автобусите да се заменат со нови, но за тоа се потребни многу пари.Доброупатените во оваа проблематика велат дека последниве неколку години се случува старите автобуси само каросериски да се репарираат по европските земји. Таквата репарација подразбира само надворешна, естетска „шминка“, а моторот останува ист.

ИСКЛУЧЕНИ ОД СООБРАЌАЈ 564 ВОЗИЛА

Државниот инспекторат за транспорт годинава спровел 4.345 контроли на возила кои вршат превоз на патници, при што инспекторите привремено исклучиле од сообраќај 564 возила. Поради прекршувања на Законот за превозот во патниот сообраќај, Државниот инспекторат поднесол 2.608 барања за поведување прекршочна постапка. Казните за правните лица што го прекршиле Законот се движат од 2.500 до 5.000 евра. За физичките лица казната е од 500 до 1.000 евра.

Граѓаните се крајно незадоволни и револтирани од автобусите во кои се возат. Речиси и да нема граѓанин што немал лошо искуство патувајќи со меѓуградски автобус. Студентка од Битола претрпела шок кога пред две недели патувала од Скопје за Битола.

- Автобусот изгледаше пристојно, беше од поновите. Но, по Прилеп внатре почна да мириса на нафта и се наполни со чад. Исплашени, свикавме по возачот да застане. Испадна дека се скинало цревото за нафта, поради што горело кај моторот. Возачот петнаесетина минути го поправаше дефектот и повторно тргнавме. Пред влезот во Битола нешто кај моторот повторно пламна и целиот автобус за кратко време се наполни со густ, црн чад. Сите истрчавме надвор. Тогаш видов дека цел пат течела нафта од автобусот. Не сакам ни да помислам што можеше да ни се случи. Често патувам на оваа релација и не е првпат да се случуваат вакви работи - раскажува студентката.

Милена Атанасоска од Прилеп вели дека поради расипан автобус нејзиното тригодишно синче во минатиот месец завршило на Клиниката за детски болести со бронхопневмонија.

- Се враќавме од кај моите родители и кај Велес автобусот се расипа. Беше многу ладно, патниците секој на свој начин се снаоѓаа за друг превоз, бидејќи фирмата немаше слободен автобус што ќе не' донесе до Скопје. Поминаа два часа додека дојде мојот сопруг. Синчето настина поради тоа што немаше можност да се вклучи греењето во автобусот. Ова што се случува е срамота - вели Атанасоска.

Превозниците не се многу расположени да зборуваат на оваа тема. Тие кратко објаснуваат дека сите автобуси пуштени во сообраќај го поминале техничкиот преглед, но оти секому може да му се случи дефект. Според нив, таквите дефекти не го загрозуваат животот на патниците.

Но, практиката го покажува спротивното. Јавноста се уште ја памети несреќата што се случи пред две години во Србија, кога поради дефект на уредот за управување автобус на битолската фирма „Транскоп“ падна во бездна. Тогаш загина еден патник, а имаше и повредени. Лани автобус на кавадаречката компанија „САМ ВЕЛ“ се запали во возење и целосно изгоре во тунелот кај Катланово. За среќа, ниту еден од 38-те патници не беше повреден.

ИНФО- Го собираме ѓубрето од странство

Автобуси постари од 15 години ги возат нашите патници во меѓуградскиот превоз. Според експертите, повеќето од овие возила се набавени откако биле исклучени од сообраќај во соседните земји и се опасни за животот на граѓаните. Професори од Машинскиот факултет сметаат дека староста на автобусите не е проблем ако се почитуваат законите и возилата редовно се носат на технички преглед.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C469D8A7377F7B438658D4BF786039D7




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2008 at 22:37
Во суб-форумов за урбани прашања немаме нишка за грандиозни зафати, па еве постирам тука.
Кирца се врати у општина и веднаш ја продолжи офанзивата за изградба на „декоративни“ фонтани Crazy

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7A4C7CA9ABC79746BCEAC3B48519BCB7

Планирани седум фонтани во Аеродром

На подрачјето на општината Аеродром ќе се изградат седум нови фонтани. Како ќе изгледаат и кој ќе ги гради, допрва ќе одлучуваат надлежните од Општината, кои неодамна распишаа тендер за избор на идејно решение за фонтаните.

Засега се познати единствено локациите на кои ќе се градат.

Една од нив ќе се гради во населбата Ново Лисиче на детската улица „Тоше Проески“, една кај урбаната заедница во Горно Лисиче, а нова фонтана е планирана и во Долно Лисиче кај спортското игралиште.

Општинарите одлучиле фонтана да се изгради и на аголот меѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Васко Карангелески“, потоа во населбата Острово меѓу четирите кули на улицата „Бојмија“, а две фонтани ќе се изградат и во населбата стар Аеродром, едната на просторот меѓу кулите на улицата „Руди Чајавец“ и една пред воениот хотел. (Дс.Т.)



Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 04-Dec-2008 at 15:49
zasto nezaev kaj da go stavam ova pa odbrav tuka


ЗА ДА СЕ ПОВРЗАТ ИЗЛЕТНИЧКОТО МЕСТО ТРИ КРУШИ И МАНАСТИРОТ "ПЕЛЕНИЦА"
Кисела Вода ќе гради трим-патека во Драчево
Трим-патеката ќе биде наменета за атлетичари, а на неа ќе се организираат и европски натпревари во маунтбајк

Излетничкото место Три Круши и манастирот "Пеленица" во Драчево, Општина Кисела Вода ќе ги поврзе со трим-патека. Делегација, составена од атлетски работници, заедно со уште неколку лица одговорни за спорт во Кисела Вода, веќе ја трасираа три километри долгата трим-патека.
"Веќе постои патека која води од манастирот 'Пеленица' до верско-рекреативниот локалитет Три Круши. Драчевци секоја година ја изодуваат по повод верскиот празник Покрсти. Но за да може да ја користат и атлетичари и на неа да се организираат натпревари од европски ранг во маунтбајк, Општината одлучи да ја направи трим-патека", велат надлежните за спорт во Кисела Вода.
Од Општина Кисела Вода потенцираат дека поради имотно-правни проблеми на постојниот пат, изградбата на трим-патеката ќе се одложи за наредната година, кога се очекувало решавање на спорот.
Во август минатата година Општина Кисела Вода изгради трим-патека за возење на ролерки и велосипеди покрај железничката пруга. (М.Ѓ.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160479&idg=8&idb=2541&rubrika=Skopje




Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 04-Dec-2008 at 15:52

Избор на најубаво украсен двор

И оваа Нова година Општина Гази Баба ќе избира најубаво украсени двор, балкон и простор пред зграда. Од годинава ќе се избираат и најубаво украсени градинка и основно училиште во општината. Заинтересираните жители на Гази Баба, кои имаат долгогодишно искуство во украсување и сакаат да се натпреваруваат за изборот, може да се јават во Канцеларијата на едношалтерско работење во општинските бараки или на телефон 3238-966 најдоцна до 19 декември годинава. Почнувајќи од 22 до 24 декември, комисија составена од членови на Советот и претставници на Општината најпрво ќе ги посетат пријавените, а потоа и ќе ги оценуваат. Најдобрите ќе бидат наградени, а наградите ќе им ги врачи градоначалникот. (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CA8813BDF032354A887F3054AFE4C0BC


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2008 at 00:13

Трамвај и многу ѕвезди за новогодишната ноќ

Градоначалниците од повеќето скопски општини планираат скромен дочек на свој терен

Две бини, ѕвездено небо и паркиран трамвај со ретро-музика ќе бидат дел од сценографијата за дочек на Нова година на скопскиот плоштад. Градоначалникот Трифун Костовски ветува спектакл за највеселата ноќ.

Планирано е забавата да почне со македонска музика, но главни ѕвезди ќе бидат група од Шведска, која ги пее хитовите на групата АББА, чии членовите и личеле на популарниот состав од седумдесеттите години на минатиот век. Во оригиналната копија на АББА има 16 члена, кои танцуваат и се облекуваат како во времето кога шведскиот бенд го освои светот. Сепак, организаторите очекуваат најголемото изненадување за скопјани да биде трамвајот паркиран на плоштадот.

- Во последните пет години секоја Нова година сум на плоштадот заедно со семејството. Забавата не беше секогаш успешна, а за најдобра ја сметам таа од пред четири години - плоштадот беше прекриен со светла, а на сцената настапија сите македонски ѕвезди. Сакам да има бини на повеќе места и секој да може да си одбере каде и каква музика ќе слуша. Но, пред се' сакам безбеден дочек, без петарди и оружје, ама со голем огномет - вели Благица Арсовска, од Аеродром.

И во скопските општини се планира организиран дочек на Нова година. Карпош ќе прави забава во трговскиот центар „Лептокарија“. Во Аеродром се' уште размислуваат каква програма да им понудат на своите сограѓани. Во Ѓорче Петров ќе бидат украсени улиците, ќе има три елки од светилки, а во општинскиот парк ќе постават ѕвездено небо во жолта и во сина боја. Градоначалникот Сокол Митревски, вели дека нема да расфрлаат пари за да придонесат во планот за штедење, пред економската криза што се заканува.Во општината Бутел ќе китат со лански украси, а тие што сакаат големи масовни дочеци ќе мора да одат на друго место. Слична е ситуацијата и во другите општини.

Дочекот на Новата година на градскиот плоштад не треба да биде парада од плеј-бек песни, туку вистинско шоу, велат нашите соговорници. Покрај македонските ѕвезди би сакале да ги видат и Здравко Чолиќ, Бајага, „Биело дугме“, „Прљаво казалиште“...

- Дочекот на плоштадот за постарата генерација е можност заеднички да се отпее некој познат рефрен, додека младите претпочитаат журки во ноќните клубови. Мој избор се Момчило Бајагиќ-Бајага, Чолиќ или Харис Џиновиќ, а од странците мои фаворити за големо новогодишно шоу се Ману Чао или Тина Тарнер - вели сопственикот на популарното радио „Бубамара“, Ранко.

Актерот Сашко Коцев посакува дочек на новогодишната ноќ како во странските метрополи, а негова желба е на градскиот плоштад да го види светскиот бенд „У2“.,

- Знам дека е невозможно да ми се оствари желбата. Затоа би било добро да се појават Бајага, Чолиќ и некоја од македонските ѕвезди - посочува Коцев.Пејачот Влатко Илиевски е голем љубител на рок-музиката.  Најдобра журка може да направат Роби Вилијамс, „У2“, Дјуран дјуран и Бајага од поранешните југословенски простори.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FCA65491D6EBCA43BFBE97A04B96E465




Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 09-Dec-2008 at 01:05
sto so tramvajot na plostad,sto ke mu praatQuestionQuestionQuestionCrazy


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Dec-2008 at 02:58

Автобуската постојка пред ТЦ „Мавровка“ оставена раскопана

Скопјани веќе подолг период газат во прав, или во кал пред да влезат во автобус

Скопјани веќе подолг период газат во прашина и кал на автобуската постојка пред трговскиот центар „Мавровка“. Тоа особено беше забележливо за време на завчерашните обилни врнежи од дожд, така што граѓаните мораа некако да се снајдат за да влезат во автобус. Просторот е целиот со дупки откако Општина Чаир го раскопа стариот асфалт од пред трговскиот центар се' до паркингот кај стоковната куќа „Илинден“.

И наместо надлежните да ја поплочат целосно раскопаната површина со бехатон- плочки, тие ја обновија само пешачката патека, поставија неколку клупи, а делот пред автобуската постојка го оставија раскопан. Вработените од фирмата „Дулибал“ работеа еден ден, а следните три дена не работеа, додека сега повеќе од десет дена работите се сосема стопирани. Од општината не соопштуваат за колкава инвестиција станува збор и дали можеби парите се проблем што ги нема градежниците да ги довршат започнатите работи. Авни Калаба, одговорен за информирање, посочи дека поплочувањето ќе биде покриено со средства од буџетот на општината. Не одговори зошто работите се стопирани, но тврди дека поплочувањето ќе биде завршено.

На чаирчани втор пат им се случува да потфрлат откако ќе раскопаат за нешто да поправат. Така беше и летоска со вадењето на асфалтот од коловозите на главните сообраќајници во Топанско Поле, кои останаа раскопани се' до есенва. И тогаш од општината не одговорија зошто толку долго се чекаше за да се постави новиот слој асфалт. (Сн.К.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E9899E3F77E0364CBBF9DF16E57AC197 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E9899E3F77E0364CBBF9DF16E57AC197


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Dec-2008 at 13:01

bas super ce go vidime tramvajot kako izgleda , tramvajot ce bide vo plostadot preku kamion ima extra kamioni za takvo nesto



Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Dec-2008 at 15:10
изненадување ќе биде кога ќе се возиме во трамвајот, а не кога ќе го гледаме, не праат будали демек не сме виделе трамвај Nuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jan-2009 at 03:26
Ќе се градат хранилишта за животни на Водно

Градските власти ја усвоија информацијата за одгледување и заштита на парк-шумата Водно за 2009 година. Планирани активности за наредната година се следење на планот за санитарна сеча на дрвјата, следење на планот за обнова на шумата со подигање нови шуми на голи површини, како и поставување хранилишта за животни, куќички за гнездење на птици и нивно набљудување во соработка со невладини организации. Исто така, планирана е изградба на противпожарна набљудувачница, противпожарна опрема за 10 лица и поставување табли на видни места на кои ќе има предупредување за опасноста од појавување пожар.

Во информацијата се вели дека се предвидува поголема контрола на шумарската инспекција, комуналната и инспекцијата за животна средина.За реализација на сите овие активности од буџетот на Градот ќе бидат издвоени четири милиони денари. Со реализацијата, пак, на ланската програма, Градот Скопје постави два рустик-павилјона, шест маси со клупи, набљудувачница за заштита од пожари, беа пошумени 12 хектари од шумата, а беше вршена и санитарна сеча на дрвата, при што беа отстранети 1.060 опожарени, суви и болни дрвја.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F35E6A4620A9DC43A98893304B200560
Ново хранилиште за грабливци

Хранилиште за ретките птици грабливци е изградено кај Демир Капија, а тоа е петто во Македонија. Хранилиштето е според пропишаните светски стандарди, според кои треба има место на кое по храна ќе слетуваат мршојадци од регионот и пошироко. Ова е една од активностите на акцискиот план за заштита на ретките птици граблицки во Македонија, Балканот и во светот. Хранилиштето е изградено со пари од странски извори.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C714F7B07B89A2439E9D48A189C58A8E



Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jan-2009 at 13:01
Originally posted by pbanks

Феноменална вест. Особено доколку навистина се применува во континуитет Applause

Акција за собирање на питачи во Скопје

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/39439/pitacenje.jpg">

Во акцијата “Питачење“, што стартуваше вчера, во Скопје, полицијата приведе 11 возрасни лица и 13 малолетни деца. Против родителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и прекршочни пријави по Законот за прекршочна постапка за јавен ред и мир.

Како што најави министерката за внатрешни работи оваа акција ќе се одвива во континуитет со активно учество министерството за труд и социјална политика преку јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје. Главна цел на истата ќе биде превентивно делување, намалување и сузбивање на оваа негативна појава.

При вчерашното отпочнување на акцијата биле опфатени 23 критични точки низ градот и тоа највеќе на подрачјето на Полициската станица Центар, каде акцијата е реализирана на 9 места, главно крстосници, плоштадот, камениот мост и Бит Пазар. По четотири места биле опфатени на подрачјата на полициските станици Бит Пазар, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров и уште две во Гази Баба.

Оние деца кои се веќе евидентирани дека престојувале во дневните центри и покрај постоење на претходна согласност од родителот задолжително се зема повторна согласност за нивно сместување во Дневните центри и во  тој случај тие деца од страна на инспекторите по малолетничка деликвенција и претставникот од меѓуопштинскиот центар ќе бидат згрижени  во Дневните центри.

За деца од седум – 18 години кои се затекнати на питање без присуство на родителите, во случај да не се обезбедат старателите, времено ќе се згрижуваат преку Одделението за старателство во Јавната Установа за згрижување на деца и младинци „25-ти Мај“. Исто така за деца до седум години без обезбедено присуство на родители, обврската за згрижување ќе ја превземе Одделението за старателство и тоа децата до три години ќе се згрижуваат во згрижувачки семејства, а од три до седум години во Домот за деца  без родители „ 11-ти Октомври“, во Скопје.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=39439&kategorija=4


Четери месеци по акцијава работите се враќаат на старо. Повторно гледам питачи на секоја раскрсница Ohno. Вчера дури видов како двајца си запалиле оган на средишното зеленило кај раскрсницата кај народна банка за да се топлат додека просат Wallbash


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Jan-2009 at 03:55
во недостаток на нишка за дезинфекција, дезинсекција и дератизација Smile текстов го постирам тука
http://dnevnik.com.mk/?itemID=BE58D35603988B478B7DAC7B7A09F7C3&arc=1 - Зголемен бројот на прскања против комарци

Советот на Град Скопје ја усвои Програмата за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Град Скопје за 2009 година. Со оваа програма се предвидува зголемување на досегашниот опфат на третираното подрачје, како и зголемување на бројот на третманите. Со авиодезинсекцијата ќе бидат третирани вкупно 40.000 хектари, наместо досегашните 20.000 хектари, и тоа во четири наврати: во мај, јуни, јули и во август против возрасни комарци, се вели во програмските планирани активности. Досега комарците беа третирани само три пати.

Со земјената дезинсекција, пак, е предвидено да бидат прскани 15.000 хектари, и тоа во јуни, јули и во август, како и 35 хектари, против ларви. Заради безбедно и ефикасно извршување на работите, граѓаните навремено ќе бидат информирани преку печатените и електронски медиуми за времето и начинот на спроведување на аеросолната дезинсекција.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=BE58D35603988B478B7DAC7B7A09F7C3&arc=1 - Дневник - 13.01.2009



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jan-2009 at 13:59
ОПШТИНИТЕ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ
Старите се распаѓаат, за нови не се размислува

Скопските општини и Градот изненадени го пречекаа огласот на Министерството за транспорт и врски во кој се бара да пријават локации за изградба на јавни тоалети. Локалните власти како да не размислувале досега дека на Скопје, а особено на туристите кои доаѓаат да го посетат градот, му се потребни санитарни јазли според светски стандарди, па се најдоа затечени од барањето на Министерството. Со новиот Закон за јавна чистота се предвидува општините и Градот во годишната програма за работи од областа на чистотата да обезбедат и јавни санитарни јазли. За таа цел Министерството предвидело 48 милиони денари за годинава, кои ќе бидат распределени во сите заинтересирани општини. Град Скопје и неговите општини имаат рок до вторник да пријават локации за тоалети, а досега никој од надлежните не знаеше да ни посочи барем една локација за каде е потребен ваков санитарен објект. Од Општина Центар велат дека ќе аплицираат на огласот. - Задолживме луѓе кои ќе се ангажираат во врска со огласот. Број на локации се уште немаме определено “ соопшти Лидија Неделковска, шефица на кабинетот на градоначалничката на Центар. Од Општина Аеродром ни рекоа дека немаат предвидено локации за јавни тоалети од тврда градба, без да одговорат дали ќе се пријават на огласот. Од Карпош велат дека досега користеле само монтажни тоалети и немаа информација дали ќе се пријават на огласот. Во Гази Баба ни потврдија дека ќе достават предлози за локации откако ќе ги утврдат со општинските урбанисти и додаваат дека немале големи побарувања за вакви градби, со оглед на тоа што половина од подрачјето на општината е рурално. Градските власти нема да аплицираат на огласот бидејќи, според Законот за град Скопје, изградбата и одржување на јавните санитарни јазли е во надлежност на општините. Локациите што ќе се предложат треба да се наоѓаат во детален урбанистички план или друг урбанистички документ. Потребно е да се наведе бројот на јавни тоалети со соодносот колку од нив ќе бидат машки и колку женски, процена на средствата за нивна изградба, број на население во населбата во која се планираат и приоритетни локации, ако се наведат повеќе. Општините не се ограничени во бројот на јавни тоалети.

Никој не се грижи за јавните тоалети

За постојните јавни тоалети во центарот на градот кои со години се распаѓаат и шират зараза и нечистотија никој од локалните власти не се грижи. Општина Центар и Град Скопје и натаму не сакаат да преземат одговорност за тоалетот зад полициската станица „Беко“ или за оној под мостот „Гоце Делчев“. Во градот велат дека тие се под надлежност на Центар, а таму, пак, дека со децентрализацијата не е извршено нивно примопредавање.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1598&ArticleID=105633


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jan-2009 at 14:02
Super e ova so toaletive, celosno poddrzuvam. Kako prvo ne mi e jasno kako edna opshtina nemoze da znae kade ima potreba od toaleti. Kako vtoro shto ushte poveke me zagrizuva e kvazi-decentralizacijata i sme dovedeni vl;adata da gradi wc-inja po opshtinite. Treta rabota koja e duri i smeshna e chiva nadleznost bile toaletite, dali na gradot dali na opshtinite!!!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Jan-2009 at 14:06
Previous
Има еден збор за се ова сра ..


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jan-2009 at 14:08
Јас не сум голем подржувач на овој проект. Нашата некултура е толку голема во моментот што ова ќе бидат пари фрлени во ветер. За жал. Во некое друго време да но сега....


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Jan-2009 at 22:14
Незнам дали во зеленило комуналец или вандализам ...




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Feb-2009 at 03:05
Еее ова е еден голем проблем во Скопје и низ Македонија. Колку што се сеќавам имаше некои акции за собирање. Прво се лепеше една налепница на колата, па ако ја возиш ќе си ја тргнеш налепницата. Кога проаѓа комисија, лепи уште една налепница и така до трета. После тоа проаѓаат "шинтерите" и секоја кола со три налепници ја товараат.

Хаварисани возила дремат по паркинзи

Градот се подготвува за голема акција за нивно собирање со помош на пајак-службата

Додека скопјани мака мачат да најдат слободно паркинг-место, хаварисани возила и приколки со години лежат неподвижни и скапуваат неупотребливи. Градот по којзнае кој пат се подготвува за голема акција за нивно собирање со помош на пајак-службата. На сопствениците на овие возила ќе им дадат рок од 30 дена да ги отстранат од паркинзите. Граѓаните што живеат или работат во центарот на градот велат дека не е фер на малкуте бесплатни паркинзи да лежат хаварисани возила, а тие со часови да бараат празно паркинг-место.

- Кај Прва полициска станица „Беко“ има еден стар „ситроен“ кој со години скапува пред носот на сите станари и граѓани што минуваат оттаму. Не знам зошто тоа возило е привилегирано, но знам многу примери низ цел град каде што стари возила или приколки зафаќаат место, а јас не можам да најдам слободно паркинг-место, па доцнам на состаноци и на работа - вели еден револтиран скопјанец.

Од Општина Центар велат дека наскоро ќе се приклучат кон акцијата. Ги повикуваат граѓаните што забележале хаварисани возила на нивна територија да се обратат во Општината за побрзо да ги отстранат од паркинзите. Во Општината Карпош велат дека и годинава продолжуваат со акцијата за отстранување хаварисани автомобили.

- Според одредбите од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, во тек е постапката за евидентирање хаварисани возила и приколки на целата територија на општината. На евидентираните возила ќе залепиме налепници со жолта боја, со кои сопствениците ќе бидат известени дека во рок од 30 дена ќе можат самите да ги отстранат возилата од паркинзите и од зелените површини. По истекот на тој рок, Општината Карпош во соработка со МВР, ќе ги подигне означените моторни возила и ќе ги складира на одреден простор, каде што ќе се чуваат уште 30 дена, а по истекот и на тој рок, возилата ќе ги однесеме на отпад за старо железо или во „Макстил“ на топење - велат од Карпош.

Во Аеродром акцијата во моментов не се реализира, но очекуваат по завршувањето на зимската сезона таа да продолжи. Во минатата година во оваа општина биле отстранети околу петнаесетина хаварисани возила. И во другите општини велат дека ги чекаат првите денови од пролетта и ќе се приклучат кон градската акција за чистење на паркинзите од хаварисани возила.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=19623BE6EB874743821E96AC1558F673


Што ако некој е отсутен од државата на повеќе од два месеци. Како ќе го обештетат?! Или ќе му вратат коцка железо?!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Feb-2009 at 03:02
Добар осврт на она што ни се дешава во културата...
Распеаниот Александар ќе црвенее од страшниот кич

Скопје веќе станува метропола со нагласен кич, а како последица на неукоста на неговите културни промотори

Тина Иванова

„Аман, веќе, нека дојде конечно тој 22 март и локалните избори, да си заминат бербатлиите на нашата култура и кичеристите на нашиот простор“. Вака малку на шега, малку на очај, скопјанец на плоштадот „Македонија“ ги коментира гласиштата за најновите бисер идеи на градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова, за натамошно бербатење на најелитните скопски и македонски плоштади.

Со споменикот на Александар Македонски на скопскиот плоштад ќе се гради и музичка фонтана, од која ќе ечат и две песни на Тоше Проески, од чии ноти ќе танцуваат водоскоците. Оваа идеја, која Аларова ја објаснува како „навистина убава“, е можен компромис да се реши спорот меѓу Општина Центар и градоначалникот на Скопје Трифун Костовски, за тоа дали во кругот на плоштадот треба да се постави споменик на античкиот војсководец или на трагично загинатата македонска поп-икона.

За ваквата мошне нејасна идеја пишува и хрватскиот портал „Индекс“ во текстот со наслов „Во чест на Тоше Проески во Скопје градат распеан Александар“. „Многу од жителите на Скопје“, се вели во текстот, „веднаш се огласија со зборовите дека ваквата идеја би била ненадминлив кич, додека еден читател саркастично дофрли дека покрај нив, би требало да се постави и фрижидер со грицки за да се докомплетира сликата“.

Се чини, чаршиските муабети за фрапантниот податок дека бронзениот споменик на Александар ќе биде висок 34 метри, па и политичко-економските дилеми за тоа дали неговиот поглед ќе биде насочен накај Пела или кон Брисел, сега кружат околу оската на вниманието на граѓаните. Фокусот на јавноста моментно, откако се објави идејата дека копитата на Букефал ќе танцуваат во озвучената вода, е насочен кон прашањето: како Македонија и главниот град понатаму ќе го трпат срамот од овој невиден кич?

Скопскиот културен простор не е имот ниту на Аларова ниту на нејзините налогодавци и партиски ментори. Не е простор што може „културолошки“ да се уредува со штапски декрети. Така насила ни се случија естетско и архитектонски контроверзниот музеј на Мајка Тереза, „Шмизлата“, девојчето кај пешачкиот премин пред некогашен „Путник“... Вкусот, се разбира, е индивидуална работа, ама за дома и за шопинг. Јавните простори се општа, заедничка и генерациска категорија. Тие им припаѓаат на луѓето, а не на градоначалниците. Затоа, елементарна човечка култура и обврска е иницијаторите и уредувачите на заедничките простори да не робуваат на сопствениот вкус од позиција на моментна моќ од актуелната функција. Се виде и досега каков и колкав е нивниот капацитет за тоа.

„Скопје стана пример за тоа како изгледа еден град кога го градат луѓе со паланечки критериуми. ’Градители’ кои за задоволувањето на своите криминални апетити си играат со најевтините сентименти на народот, а му градат градби кои за ништо не ги бидува, освен за распламтување на и онака разгорениот национализам“, вели Соња Исмаил, филозоф. „Примерот со Спомен-куќата на Мајка Тереза е само уште еден во низата недоквакани потези на ’градителиве’. Се чудам како никој не се сети во име на сета онаа благородност и добрина на скопјанката, со парите што ги фрлија во градба на монструм, да нахранат гладни и бедни луѓе, она што самата Мајка Тереза го правеше целиот нејзин живот. Го изгубивме центарот, го губиме плоштадот, го губиме Дебар Маало, го губиме Скопје. Не знам колку сме свесни за тоа“, вели Исмаил.

Пошироките стручни и јавни дебати не се непозната категорија. Секоја идеја и намера за уредување на овој скапоцен простор, неговите овластени и неовластени креатори треба да ја проверуваат на таков начин. И, особено, меѓу луѓето на кои естетиката им е професија и од кои нешто дури ќе можат и да поднаучат.

Новите избори во март ќе донесат нови градоначалници. Ако и тие продолжат самоволно, по диктат или поради сопствени патолошки причини да си поигруваат со заедничкиот простор според сопствениот вкус, да си поставуваат скулптури и споменици небаре се тоа сезонски садници, тогаш на градот не му се пишува добро. Особено Скопје не го заслужува тоа. Скопје веќе станува метропола со нагласена кич-препознатливост, а како последица на неукоста на неговите културни промотори.

http://www.build.com.mk/forum/forum_topics.asp?FID=8&PN=2


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Feb-2009 at 03:30
Вкусот, се разбира, е индивидуална работа, ама за дома и за шопинг. Јавните простори се општа, заедничка и генерациска категорија. Тие им припаѓаат на луѓето, а не на градоначалниците. Затоа, елементарна човечка култура и обврска е иницијаторите и уредувачите на заедничките простори да не робуваат на сопствениот вкус од позиција на моментна моќ од актуелната функција. Се виде и досега каков и колкав е нивниот капацитет за тоа.

Новите избори во март ќе донесат нови градоначалници. Ако и тие продолжат самоволно, по диктат или поради сопствени патолошки причини да си поигруваат со заедничкиот простор според сопствениот вкус, да си поставуваат скулптури и споменици небаре се тоа сезонски садници, тогаш на градот не му се пишува добро. Особено Скопје не го заслужува тоа. Скопје веќе станува метропола со нагласена кич-препознатливост, а како последица на неукоста на неговите културни промотори.


Applause


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Feb-2009 at 01:11

Печурки се кријат во засолништата

Поголем дел од скривниците се претворија во магацини и бо одгледувачници на печурки, вели архитектот Тагасовски


Јавните засолништа во Гази Баба, под Кале и на Водно се без опрема и услови за престој

Беше страшно да се влезе во засолништето на зградата со број 10, на улица Мито Хаџивасилев-Јасмин. Откако љубезниот домаќин Митко Глигоров, станар во оваа зграда, се понуди да ни покаже на што личи нивната скривница, се спуштивме по скалите во подрумот. Најпрвин ја отклучи влезната врата од подрумот, со клуч кој, како што објасни, го имаат сите станари. Вратата од скривницата немаше клуч, па Митко се снашол и ја заврзал со цврста жица за да ја заштити од натрапници.

- Кај нас нема, но се жалат соседите дека бездомниците често се кријат од студот во засолништата. Таму и јадат, и спијат, и уринираат - вели тој.Откако ја отвори вратата на скривницата, да зинеш од чудо. Канта за отпад, оставено старо железо и стар мебел. Прав, пајажини, смрдеа...Не можевме да ѕирнеме во другата просторија зашто таму немаше струја.

- Веќе 10 години не дошол никој да се заинтересира за тоа во каква состојба е засолништето. Нема ниту тоалет, ниту вода ниту струја, иако тоа се основните услови што треба да постојат за не дај Боже, вели Глигоров. Тој објаснува дека немало ниту опрема, кревети на склопување, туку само дрвени клупи кои исчезнале без трага и дека ни куќниот совет и ни неговиот претседател се доволно ангажирани и ажурни за да се доведе состојбата во ред.

Темни, без вентилација, без санитарни јазли и вода се засолништата во најголемиот број згради во Скопје. Без соодветна опрема и основни услови за престој, тие во никој случај не ја исполнуваат функцијата. Јавните засолништа, пак, кои се наоѓаат во Гази Баба, под Кале и на Водно се користеа за одгледување печурки.

Според Благоја Тагасовски, дипломиран архитект од ИНПУМА до 1990 година постоел закон, кој обврзувал при изградбата на зградите да се градат засолништа и го утврдувал начинот на нивното користење. Но, во последно време тоа не се бара.

- Постоеше обврска секоја колективна зграда да има засолниште, чија големина зависеше од претпоставениот број станари.Тие можеа да имаат двојна намена, односно во мирновременски услови да се користи како магацин, а дозволено беше и нивно закупување. Така, поголем дел од нив се претворија во магацини и одгледувачница на печурки. Затоа останаа запуштени, вели Тагасовски. Од општините објаснуваат дека од јули минатата година, според Законот за заштитата и спасувањето, изградбата на засолништа во зградите не е обврска, туку дека скривниците преминуваат во јавни објекти.

- Со новиот Закон за заштитата и спасувањето се укинуваат скривниците во зградите и стануваат јавни објекти кои се во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување. Пред да се случат измените, ние бевме должни од инвеститорите да бараме во зградите задолжително да се градат засолништа, велат од Секторот за урбанизам во Општина Центар.

Лидија Бјелица од Дирекцијата за заштита и спасување, објасни дека со одлуката на Владата за делбен биланс од 2005 година, засолништата во кои инвестирала државата паднале во надлежност на Дирекцијата. Таа вели дека Законот дава можност да се издаваат под закуп, со почетна цена што ја утврдува Управата за јавни приходи.Таа го нагласи проблемот со засолништата во зградите, за кои никаде во Законот не е нагласено во чија сопственост се тие.

- Во принцип, тие се наменети за луѓето што живеат во тие објекти и за нив би требало да се грижат тие, односно куќните совети. Но, кога на времето се купуваа становите, никаде во договорите не стоеја засолништата, ниту, пак, беа предвидени како заеднички делови од зградите. Со тоа практично не е прецизирано кој да се грижи за нив, вели Бјелица.

- На тој начин инвеститорите на згради нема да бидат обврзани да ги градат. Досега, тие што беа ослободени од градење поради одредени причини плаќаа придонеси од кои всушност се собираа средства за нивното одржување. Но, како сега локалната самоуправа ќе се справи со новите ингеренции не знам бидејќи нема од каде да доаѓаат пари за таа намена, скептична е Бјелица.

Таа најави дека наскоро ќе се организира акција за чистење на засолништата што се во нивна надлежност, односно што се градени со државни средства: црпење на водата од нив, доколку ја има, и поправка на системите за вентилација.Таа негира дека јавните тунелски засолништа под Кале, на Водно, во Гази Баба, се претворени во одгледувачници на печурки. Потврди дека ги користел „Бонум“ и на тој начин го узурпирал, па морале да интервенираат со асистенција на полицијата и да ги пломбираат.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=58FC5A88B4E4074A85DADF9BC63FE4A8


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Feb-2009 at 00:37
Кабли за струја се' уште висат на дрвени бандери

Додека во европските метрополи електричната и другата инсталација да се поставува под земја, ЕВН бавно ги заменува столбовите

Многу кабли за електричната енергија и за телефон висат по дрвени бандери и тоа во строгиот центар на Скопје. Жители на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов се жалат дека овие столбови се вистинска закана за нивната и за безбедноста на сите скопјани. Велат дека многупати барале надлежните да ги заменат дрвените бандери со бетонски или метални, но од Градот секогаш ги упатувале во ЕВН. Живеам во една од ретките куќи на Теодосиј Голаганов. Тоа е стара градба, но одржана и убаво зборува за некое минато време. Но, и бандерата пред куќата исто така зборува за одамна минато време. Скопје е главен град, мора да ги почитува сите урбани стандарди. Нашетан сум и никаде не сум видел во главен град на една држава дрвени бандери. Покрај естетиката, важна е безбедноста на граѓаните. Во невреме стравувам дека бандерата секој момент може да ми се урне врз глава, врз автомобилот или врз куќата. Во центарот на градот има голема фреквенција на пешаци, а дрвените бандери на кои им истекол рокот на траење, секако се опасност за сите. Згора на тоа, од дрвена бандера полесно се краде струја - вели Милош Стојановиќ.Од Градот велат дека тие немаат никаков правилник со кој би се регулирало каде и какви бандери може да бидат поставувани.

- Тоа е работа на ЕВН или на телекомот. Градот нема ништо со бандерите. Не постои правилник според кој би требало да се почитуваат стандарди како да изгледаат или од каков материјал да бидат направени. Сепак, сметаме дека сите други освен дрвените, покрај издржливоста, нудат и други можности како, на пример, за поставување реклами - велат од одделението за односи со јавноста. Од ЕВН велат дека имаат план за смена на бандерите на кои се закачени кабли што пренесуваат електрична енергија.

- Имаме план и се трудиме да ги смениме дрвените бандери со бетонски, секаде каде што е неопходно. Ако сакаме влез во Европската Унија, мора да исполниме некои стандарди. Така е и со сите бројачи, мрежата треба да е идентична како во Австрија. За жал, дрвени бандери има во целата земја. Ги менуваме според приоритет. Секако дека треба да се заменат сите дрвени со бетонски бандери. Дрвените не се безбедни и при секој посилен ветер имаме проблем со соборени бандери. Бидејќи за нас е најважна безбедноста на граѓаните, се трудиме во најкус можен рок да ги смениме бандерите. Граѓаните што имаат проблем со некоја стара или оштетена бандера треба да достават барање до нашата компанија. За нас е исто дали дрвената бандера е во центарот на Скопје или во центарот на Струмица или во центарот на кој било град во Македонија, предност имаат постарите дрвени бандери - изјави Ленче Карпузовска, портпарол на ЕВН. Во европските метрополи како Виена, Прага, Париз или Берлин се практикува електричната и другата инсталација да се поставува под земја.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=09D0668CBD7EAD49B9188ED0B09F10F4


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 06-Mar-2009 at 08:02
ОПШТИНА АЕРОДРОМ


Венијамин Мачуковски во црвено-жолта боја


Во населбата Мичурин, на улицата Венијамин Мачуковски, во моментов се поставуваат бекатон-плочки на тротоарите на оваа неодамна асфалтирана сообраќајница. Тротоарите на оваа улица, која е долга 400 метри се изведуваат во боите на општината, односно во црвено-жолта боја. Средствата за изградба на тротоарите се издвоени од буџетот на Општина Аеродром, а изведувач на работите е фирмата "Ексико", со која општината има потпишано договор.

(А.И)

http://vecer.com.mk/?ItemID=D59FF17431163A4C97D408E1DD88ED58


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Mar-2009 at 17:01
е ова стварно не знаев кај да го ставам, мислам дека може тука
нова патека на ликацијата карши Бисер
додека сликав слушнав коментар „ абе овој што ја правел толку ли не можел место за точак да направи“
а стварно не можеш да се разминеш



Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2009 at 17:02
какво предизборно павер ѓубре Puke

оваа појава ја гледам во цел град, здрави и прави тротоари наеднаш се прекопуваат и експресно се редат павери а нови патеки од овој тип никнуваат на најчудни места.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2009 at 23:56
ТЕСНИТЕ УЛИЦИ И ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ПРОБЛЕМ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ
Во Скопје не се стигнува до запалените објекти

Тесни улички, паркиралишта и тротоари пренатрупани со возила или непрописно оградени дворови најчесто го попречуваат пристапот на противпожарните возила и ја забавуваат интервенцијата во итни случаи. Секоја пристапна уличка, тревник или пешачка патека е узурпирана од автомобили, а новоникнатите градби покажуваат дека инвеститорите алчно го приграбуваат и последното парче од парцелата за градење и наместо да го употребат за итни случаи, му даваат комерцијална намена. Неодамнешниот случај со пожарот кој ја зафати Македонската опера и балет покажа дека никој не води сметка за слободен простор за противпожарните возила. - Иако стигнаа навреме, пожарникарските возила немаа пристап до зградата, па неколку минути кружеа за да пробаат да влезат од друга страна. За тоа време командирот се караше со една вработена која со автомобилот го блокирала влезот во паркингот, додека другите пожарникари мораа да ги отстрануваат столпчињата поставени на тротоарот како заштита од непрописно паркирање. Загубија драгоцени минути додека успеаја да се пробијат и да почнат со гасење на пожарот “ вели очевидец на пожарот кој минатата недела се случи на покривот на Македонската опера и балет. Во противпожарната бригада на Скопје се немоќни да се справат со овие проблеми, кои им пречат речиси при секоја интервенција. - Проблемите почнуваат уште од тргнувањето, кога по улиците се судруваме со некултурата на возачите. Но најмал пристап имаме на паркинзите. Таков беше случај и со Операта, каде што наидовме на буквално блокиран простор, па наместо да ја ставиме опремата за две-три минути, тоа го направивме за четири-пет минути. Тоа е губење време, но не можеме да направиме ништо “ вели Благоја Менковски, командир на Противпожарната бригада на Скопје. Според него, проблемот го има во сите населби, а најлош е пристапот во центар, особено делот околу кејот на Вардар каде што воопшто нема улици. Урбанистите велат дека законите пропишуваат стандарди со кои се внимава да се остави слободен простор околу објектот, но од проектираното до изведеното има разлика. - Кога се прави проект, секогаш се внимава да се направи пристап од сите страни. Во проектирањето се почитуваат прописите, а после кога ќе се изгради објектот, настануваат пропустите. Нема добра инспекција, па затоа на терен добиваме градби со повеќе катови и со поголема површина од претходно планираното “ велат од Заводот за урбанизам и проектирање и додаваат дека законот одредува пристапните патеки до објектите да бидат широки 5,5 метри.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=1&EditionID=1673&ArticleID=111500


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Apr-2009 at 17:44
Офтопик, ама онтопик. Во Солун, шоферите на автобуси чекаат 1 минута точно, и свират ако некој има блокирано тесна уличка, и по 1 минута поминуваат преку автомобилот Ми се има случено 2 пати, не чека, ќе го истурка од патот, па нека ја мисли после тој што паркирал. И онака автобусот само со гребаници ќе помине. За пожарникарите немам видено, но сигурно во таков случај само тоа е чаре.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Apr-2009 at 00:50

ПРИЛЕП - На површина од 6000м2, кај зградата на Основниот Суд, во тек се градежните зафати околу изградбата на новиот парк. Како што кажа градоначалникот Ристески, првата фаза во која се изведуваат градежните зафати е при крај, а во втората фаза која следи, хортикултурно ќе се уредува просторот. Според проектот за изградба на овој парк кој го изработи ЈП за ПУП предвидено е во паркот покрај урбаната опрема да има и две езерца што ќе ја доловуваат природноста. Изградбата на паркот се очекува да заврши до почетокот од наредниот месец.



http://vecer.com.mk/?ItemID=879A0F602F8B1642B1DCB4C2C8B773D7



Posted By: vardar
Date Posted: 14-Apr-2009 at 02:39
Previous
 
 
http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=632&Itemid=1 - Општина Прилеп
 
1
2
3
4
5
 
 
 
 
 


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Apr-2009 at 13:27
сопред тоа што го гледам на сликиве езерца некако не ми одговараат таму ама ок е


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Apr-2009 at 18:31

Вовче ќе ги разнесува луѓето низ гробишта

Вовчето би имало одредена маршрута по која би возело и попатни станици на кои граѓаните ќе можат да се симнуваат и да се качуваат

Надлежните од АД Бутел размислуваат да го забранат влезот на возила во гробиштата и низ нив граѓаните да ги пренесува мини вовче.
Вовчето би било како оние во луна парковите, односно еколошко и нема да ја загадува животната средина. Оваа идеја кај надлежните во погребалното претпријатие постои веќе неколку години, поради тоа што секојдневно зеленилото на грабиштата се уништува од испаркирани возила.
- За време на големи празници, кога секое семејство оди на гробот на своите покојни овде е вистинска гужва, едвај можеш да се разминеш од испаркирани возила. Ги остават кај ќе стигнат, најчесто во зеленило и џабе ние го одржуваме кога постојано се уништува. Затоа ќе бараме средба со новиот градоначалник Коце Трајановски, за да изнајдеме начин да ја реализираме оваа идеја - вели Илија Филиповски, директор на АД Бутел.
Вовчето би имало одредена маршрута по која би возело и попатни станици на кои граѓаните ќе можат да се симнуваат и да се качуваат. Во тој случај движењето на возила низ грабиштата би било строго забрането.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=0378C8D709000B409F72844955815908


Posted By: se_manda
Date Posted: 27-Apr-2009 at 19:05
ne vi e malku morbidna slikava so plavi luge?!?!?!? hahahahaha


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Apr-2009 at 19:37
vovce na grobista? lele ova ni vo romanija nemase da im tekne! veseloto chuchu vovche za grobishtata... navistina Crazy

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-May-2009 at 19:09
Приметив некоја железна конструкција на врвот на пошта. Слична ваква има и врз НИП. Дали знае некој за што се работи?! Дали се некои предаватели или па треба да бидат јарболи или што?!





Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-May-2009 at 22:46
Острово, Езерце и Арборетум-споменици на природата


Централниот дел на Скопската котлина е природен резерват на голем број ретки видови флора и фауна


Околу 29 хектари од централниот дел на Скопската котлина од атарот на Трубарево кој е природен резерват на голем број ретки видови флора и фауна ќе биде прогласен за Споменик на природата. Во моментов трае ревалоризација и постапка за повторно прогласување на локалитетот Интегрална целина Острово за заштитено подрачје согласно Законот за заштита на природата од 2004 година. Со него престанала да важи дотогашната класификација според која Интегралната целина била поделена на локалитетите Острово, Езерце и Арборетум. Во врска со повторната постапка за прогласување на Интегралната целина Острово за заштитено подрачје, вчера Општина гази Баба и Министерството за животна средина организираа јавна расправа на која македонски експерти го дадоа своето мислење.

Професорот од земјоделскиот факултет Владимир Џабирски поздравувајќи ја иницијативата раритетното природно живеалиште и хабитат на ретки видови да се заштити со закон, но предупреди на заканите од евентуално деградирање и узурпација на локалитетот од локалното население.
- Ќе треба да се посвети внимание на преземање превентивни мерки во смисла на едукација и обука на локалното население за добра производна пракса. Да им се објасни концептот. Истовремено, би апелирал до локалната власт да преземе мерки за контрола на отпадните води кои се директна закана за почвата и подземните води бидејќи во овој дел од Скопје нема изградена одводна мрежа-образложи тој.

Претставникот од Град Скопје, Цветанка Икономова, рече дека во процес на изготвување е физибилити студијата за отпадните води во Трубарево, но отвори дилема дали изградбата на пречистителна станица ќе биде законски дозволена во близина на споменик на природата. Експертите од ресорното Министерство одговорија дека системот нема да влијае негативно врз животната средина, туку напротив ќе ја заштити пошироката околина од загадување.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=DEAF35BB923788458165ADC3BCD8877F


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-May-2009 at 14:49


Ова е сликано на локација "Чешма" од центар према Кисела Вода. Ова уште една точка во Скопјево покрај Тифани и други локации каде што не се почитува поентата во движењето, односно кога се движите по некоја улица пред вас треба да се издика централен објект кој ќе го потенцира значајниот простор кој му  е доделен. Овдека тоа не е случај. Сега точно незнам дали ова воопшто и треба да биде тој објект кој ќе ја одигра таа улога со оглед на тоа што пред него има уште една локација слободна (сега има некој маркет +трафика (ќебапчилница)). Во секој случај грда слика!


Posted By: Supervisor
Date Posted: 18-May-2009 at 16:21
Навистина овој дел до Првомајска како и Јужен Булевар тоа се најгрдите сообраќајници во Скопје Roll%20eyes

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-May-2009 at 20:50
ОПШТИНИТЕ ГИ ПОСТАВУВААТ, ПА ГИ ЗАБОРАВААТ
Никој не се грижи за детските игралишта

За детските игралишта кои се градат со донации од странски организации, амбасади или, пак, со средства од Општините никој не води сметка. Општинските власти ги поставуваат, а потоа никој не ги чува. Не се ангажираат чувари, а и се поретко се заклучуваат затоа што нема кој да ја преземе обврската за нивната грижа. Иако од пред извесно време практика е новоизградените игралишта да се оградуваат, ни тоа не помага многу зашто набргу потоа тие завршуваат со разбиени врати и со оштетени и искршени реквизити. Меѓу несредените игралишта се тие во центарот на градот, кај зградите зад Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и кај Зелениот пазар. Таму одамна стојат искршени и рѓосани лулашки и искривени клацкалки. Игралиштето кај касарната „Илинден“, спроти новата американска амбасада на Кале, кое е странска донација, никој не го одржува ниту го обезбедува. Жителите од населбата Француски Гробишта велат дека местото одамна е претворено во ѓубриште и таму веќе нема ниту еден здрав реквизит. Тие тврдат дека просторот во летниот период, жителите од ромската населба го користат за свадби. Запуштени и искршени игралишта со неупотребливи реквизити има и во Карпош, а скопјани реагираат дека местата сега наместо малите деца ги користат тинејџери, кои тука се собираат. - Престанав да ја носам ќерка ми на игралиштето зад Драмскиот театар затоа што лулашките се скршени, а тобоганот е оштетен и се случува децата да си ги искинат алиштата кога се спуштаат по него. Во прво време имаше чувар кој се грижеше и за хигиената и за реквизитите, но дали потоа Општината го повлече, не знам. Игралиштето е во лоша состојба веќе цела година и таму сега се собираат тинејџери за да пијат “ тврди Марија од Карпош 2. Надлежните од Центар велат дека немаат практика да најмуваат чувари за детските игралишта. Сите такви места им биле оградени и навечер заклучени, а клучот го чува некој од Урбаната заедница што живее во близина. За одржување на реквизитите е задолжена фирмата која ги поставува. - Пред година и половина ги оградивме постојните игралишта, а редовно поставуваме огради и на сите нови кои ги градиме. Но вандалските однесувања не може да ги спречи ни железна ограда. Бидејќи триесетте игралишта колку што ги има во нашата општина се во централното градско подрачје очекуваме помош и од полицијата “ објаснува Лидија Неделковска од Општина Центар и додава дека, сепак, случаите на кршење на реквизитите се намалиле во изминатиов период. Од Карпош велат дека игралиштата изградени за време на првиот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски имале чувари и во тој период биле зачувани, но поради оптоварување на буџетот подоцна службите биле редуцирани и на крајот отпуштени. - Со тоа голем дел од нив се руинираа, како од поголемите деца кои ги искршија, така и од забот на времето. Со повторното доаѓање на Јакимовски, во тек е постапка за собирање тендерска документација за реконструкција на сите игралишта, а по барање на жителите на општината ќе се изградат и нови “ вели Виолета Цветковска, портпаролка на Општината. Властите во Аеродром, пак, најавија дека ќе се прават модерни игралишта, обезбедени со камери на кои родителите ќе може да си ги гледаат децата додека си играат. Се најави и поправка на педесетина стари игралишта, но властите не посочија кој ќе биде задолжен да ги одржува и надгледува реквизитите.



Да да, се разбира...

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1708&ArticleID=114080


Posted By: se_manda
Date Posted: 19-May-2009 at 17:36

sea napraija igraliste u park vo koj veke ima 4 i celoto e postaveno na beton...valjda ne planiraat i drugive igralista so kameri (WTF) da gi napraat isto...(zboram za aer)



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Jun-2009 at 17:04
На 13-06-2009 по втор пат се запрашуваше Скопје за комарци



Ановите буквално прелетуваа над глава


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jun-2009 at 17:06
Eeek2


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jun-2009 at 17:38
Јас не ги видов ама ги слушнав. Од прелетот се пренесоа вибрации на зградата и трепереше неколку секунди од кога помина авионот. 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Jun-2009 at 17:56
Кај мене се се тресеше, буквално ми помина над глава. Nuts
Иначе беа првиот пат 4 авиона, но вториот пат мислам само три ан-а


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Jun-2009 at 18:59
владимир, не знам кај живееш, ама јас живеам на девети спрат, и минатиот пат буквално ми прелетуваа на пет метра од моите прозори, ме будеа со вибрациите и бучавата во почеток на зората Nuts
е сега бидејќи обожавам авиони, сепак останував да ги гледам како вртат низ градот Big%20smile

само сигурен ли си дека е втор пат?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2009 at 18:15
Уредување на кејот во Куманово (www.kumanovo.gov.mk)...

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.



Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jun-2009 at 00:01
ми се допаѓа зеленилото





Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jun-2009 at 11:42

Пукната водоводна цевка ги нагризува темелите на зграда кај Зелен пазар

Станарите трет месец чекаат „Водовод“ да им го санира дефектот

Снежана Калабакова

Станарите од вториот влез на зградата број 32 на булеварот „Кочо Рацин“ трет месец веќе мака мачат со пукнатата главна водоводна цевка во подрумските простории. Уште во април ги алармирале службите на ЈП „Водовод и канализација“ да дојдат и да ја заменат пукнатата цевка, но проблемот се' уште не им е решен. Неколку пати стручни лица од претпријатието доаѓале и го детектирале дефектот. Станарите се подготвени да платат за поправката колку што ќе треба, само да се реши проблемот. Велат дека од течењето на цевката во подрумот дневно црпат по петнаесетина кофи вода, па стравуваат дека влагата веќе им ги поткопува темелите на зградата која е изградена во 1952 година.

Штом се влезе во објектот се чувствува силна реа на влага и мувла, а се наѕираат и раскопани ѕидови пред подрумските простории. Ништо не останало и од бетонскиот плочник под скалите што водат до подрумите. Станарите велат дека го слушаат шумењето на водата некаде во темелите и тоа многу ги плаши, бидејќи и мала сеизмичка активност на земјиштето за нив може да биде катастрофална.

Од „Водовод“ им било речено дека пукнатата цевка е надвор од вентилот, што значи дека обврската за поправка е нивна и тие сами треба да копаат до оштетениот цевковод или, пак, да ангажираат приватна фирма и потоа да ги повикаат службите од „Водовод“. Од Градот им објасниле на станарите дека во случај ако не можат сами да го решат проблемот, ќе мора да поднесат барање до „Водовод и канализација“. Притоа ќе треба да уплатат аванс од 30.000 денари, под услов сами да го организираат ископот и кршењето на бетонот во подрумите. Потоа „Водовод“ ќе го санира дефектот.

„Во зградата има дефект под водомерната шахта, а таа ги разграничува обврските меѓу ЈП ’Водовод и канализација‘, како давател на услуги, и корисниците. Очигледно дека дефектот е во надлежност на странките, кои треба да го санираат во сопствена режија“, објаснија од одделението за информирање во Градот.

„Во претпријатието навистина немаат разбирање. Ние најдовме приватна фирма, но од ’Енергомонт‘ ни рекоа дека само во ’Водовод‘ имаат таков инструмент, со кој може точно да се утврди каде е пукната цевката. Тоа и им го кажавме. Како ние сами да го кршиме бетонот и да копаме за да дојдеме до цевката, ако не знаеме тоа стручно да го направиме. Со црева и со кофи ја црпиме водата. Деновиве повторно се јавувавме во ’Водовод‘, но постојано не' лажат дека ќе дојдат“, вели Крсто Минговски, станар од зградата број 32.

Јорданка Романова, која живее во вториот влез, вели дека ако „Водовод“ им го реши проблемот станарите се подготвени да го платат она што претпријатието ќе им го фактурира. Само така шестемина постојани станари ќе можат да го обезбедат и оној дел од парите што треба да го платат нивните соседи, кои не живеат во зградата, а становите им се издадени на фирми, кираџии.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FC43A1F23A1F114AB7FA1FECFFDE3540



Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jun-2009 at 11:44
Добро у водовод има ли некој паметен?! Во целиов случај највеќе губи водовод со целата таа непотребно излиена вода од нивната мрежа. Водомерите се по становите на граќаните и оваа вода никој нема да им ја плати. Наместо да се потепаат први да го санираат дефектот уште па паметни као демек важи не било нивни проблем! 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jul-2009 at 14:29
ЗАЈАКНУВАЊЕ ВО КОМУНАЛНАТА СФЕРА
Во Скопје ангажирани 1.650 луѓе

Првите дваесет работници, кои со одлука на Владата се ангажирани како дополнителна сила во комуналната сфера, од вчера почнаа да работат на локации во Градскиот парк. Според градоначалникот Коце Трајановски, од петте илјади работници за кои беше распишан оглас пред еден месец, во градот и општините се ангажирани 1.650 луѓе. - Како град ние вработивме 330 луѓе во јавните претпријатија „Улици и патишта“, „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“. Покрај дваесет луѓе кои ќе го чистат новиот и стариот дел од паркот, работници се ангажирани и на кејот на Вардар, парк-шумите Водно и Гази Баба “ вели Трајановски. Во јавните претпријатија овие работници ќе бидат задолжени за миење на улиците, чистење мини-депонии, на коритото на Вардар и за ископи и други работи поврзани со водоводната мрежа. Градот решил покрај 6.300 денари кои на вработените месечно ќе им ги исплаќа државата, да им дава дополнителни 2.700 денари, а намирени ќе им бидат и трошоците за осигурување. Градоначалникот напомена дека овие вработувања се во пониските структури на јавните претпријатија, а превработеноста за која тој зборуваше пред извесно време, се однесувала на повисоките структури. Тој вели дека нема отпуштања, ниту смена на директори во претпријатијата.

Р.П.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1746&ArticleID=116928


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 11:17

Отстранет кран што 16 години висел над Автокоманда

Жителите на една зграда конечно добија помирен сон, откако јавното претпријатие за стопанисување со станбен и со деловен простор во соработка со градежната компанија „Пелагонија“ го размонтираа кранот заборавен откога се градел објектот

%20
По цели 16 години е тргнат кранот над зградата со број 6 на улицата 16 Македонска бригада во населбата Автокоманда, со што се отстранети и сите опасности од него, од кои се жалеа жителите. Тие велат дека добиле известување од јавното претпријатие за стопанисување со станбен и со деловен простор дека се подготвува акција да се демонтира оваа железна конструкција, што уште од 1993 година им висела над главите. Граѓаните се вселени во комплексот веќе две години. Толку време живееја под застарен кран, кој можеше во секој момент да се урне.

- Кога дојдоа работниците да го расклопат кранот не ни се веруваше. Сега местото ќе го уредиме со зеленило и со клупи и ќе направиме парк. По толку години поминување под кранот, сега првпат се почувствував слободно. Страшна беше сликата кога пред еден месец имаше невреме и ветар на кој кранот постојано се вртеше во круг. Околните жители стоеја на прозорците од своите станови и чекаа секој миг да падне некој од бетонските блокови и да ја сруши половина зграда. Конечно надлежните се смилуваа на нашата мака и направија нешто како што треба - објаснува дедо Тоде, жител на населбата Автокоманда.

Некои од околните жители велат дека кранот ќе им недостига, бидејќи се навикнале на неговото присуство и претставувал средство со кое полесно да објаснат каде живеат.

Од јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор додаваат дека долго време се залагале да го решат одложуваниот случај и да го тргнат кранот од населбата Автокоманда.

- На тендер беше избрана компанијата „Пелагонија“ која ни помогна да го тргнеме кранот. Тој е сега во наша сопственост и се наоѓа на наш плац - рече Владимир Бахчовановски, директорот на претпријатието.

Пред два месеци од ЈПССДП се правдаа дека постапката за да се тргне кранот се одложувала поради обжалување и пропаѓање на трите тендери кои биле распишани за да се избере фирма која ќе сака да го купи и да си го земе.

Зградата со број 6 на улицата 16 Македонска бригада почна да ја гради градежната фирма АД „Техника“, која и го поставила кранот. Но, таа отишла во стечај и не успеала да ја доврши работата. Потоа градежните работи ги продолжила фирмата „Промотинг“, која ја довршила зградата, но тие немале надлежност да го тргнат кранот, бидејќи не бил нивни.

Од општината Гази Баба, исто така, додаваа дека не можеле да преземат ништо, бидејќи станувало збор за приватно земјиште, дека фирмата која го поставила била во стечајна постапка, но дека нивните инспектори биле на терен и ги информирале надлежните служби за да се најде решение за кранот и да не настрада никој од нивните жители.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=849111209&id=14&prilog=0&setIzdanie=21754


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Aug-2009 at 22:08
Водата од климите и понатаму си капе!


Со измените на Законот за градежништво, климатизерите стануваат дел од градежните стандарди и за контрола на истечните води од нив надлежни се градежните инспекции во општините за санкционирање на прекршителите, информираат службите на Град Скопје


Станарката во повеќекатница на улицата Даме Груев во центарот на градот, пензионерката Лилјана Попова револтирано вели дека секое утро мора да ја собира водата од својата тераса која капе од комшискиот клима-уред.
-Водата која капе од климата, фактички не доаѓа од комшијата над мене туку од погорните катови над мене и директно се сливаат на мојата тераса. Принудена сум да чувам крпи и стари пешкири за да ја соберат водата која се слива, - вели Лилјана која објасува дека водата која беспрестано и тече не само по терасата туку и по ролетните, деновиве и ги скапале целосно и скоро сите ролетни.
-Доколку бидам принудена случајот ќе го пријавам во инспекција. Му предложив на куќниот претседател да се попишат сите клими во зградата кои немаат сигурен одвод на водата и тој проблем или да се реши заеднички еднаш за секогаш или да викнеме инспекција па тие да направат записник. Доколку тоа не се санира во наредните два до три дена, планирам сама да го пријавам случајот во комуналната инспекција. Јас своето црево од мојот клима-уред, уредно го имам спроведено во самиот олук на зградата. Ако можам јас да водам сметка, можат и другите - вели Лилјана која својот реши да го објасни јавувајќи се во нашата Редакција..

Во таа насока побаравме информации од градските власти да објаснат дали постои било каква регулатива за овие разладни уреди од кои, особено во централното градско подрачје, треба да се шета со чадор над глава.

Со измените на Законот за градежништво, климатизерите стануваат дел од градежните стандарди и за контрола на истечните води од нив надлежни се градежните инспекции во општините за санкционирање на прекршителите, информираат службите на Град Скопје.
Во комуналната инспекција во Општина Центар велат дека во овој период имаат по некоја пријава за непрописно поставен одвод за клима-уред.

Освен што реагирааме по добиените пријави на граѓаните, комуналните инспектори и самите организираат акции за проверување дали одводите за вода од разладните уреди правилно се поставени. Доколку се увиди на терен прекршок на прописите и капењето нанадвор од објектот, сопственикот најпрво ќе биде опоменат а подоцна и казнет доколку тој не преземе ништо, дали тоа било физичко лице или правен субјект, велат надлежните од Општина Центар.

МАЛКУМИНА ЦИВИЛИЗИРАНИ ВО СКОПЈЕ
Само на две локации овој проблем е решен уште при самата изградба на објектите. Едната е на булеварот "Осми септември" во населбата Тафталиџе. Таму, на новата станбена зграда уредно се поставени климатизерите и нивниот одвод. Другата е во Дебар Маало, во комплексот згради на местото на старото кино Карпош, каде со систем на мини олуци е спречено истекувањето на водата.

ДОСЕГА НИЕДЕН КАЗНЕТ
Иако постои и парична казна со измените во Законот за Градежништво, во оние неколку општини што успеавме да исконтактираме и побараме информации за било какво санкционирање на овој проблем во секојдневието, општините засега немаат податоци за било каква пријава или казна на прекршителите на овој кумунален проблем.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0BC114115A99DE49BBD7D0F2117777E8


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Aug-2009 at 13:52
Говорниците станаа огласни табли

Градските говорници се искршени и исчкртани со еден куп броеви за разни огласи

Во дефект и целосно искршени се речиси сите телефонски говорници во Скопје. Телефонските апарати се без сигнал, со искинати кабли и преполовени слушалки, а кабините се изналепени со разни огласи. Не работат ниту специјалните говорници за инвалиди кои пред неколку години, на барање на Друштвото на инвалиди во Македонија, беа поставени на 35 локации во градот. Проблемот со градските говорници не е од вчера. Скопјани веќе со години трчаат од една до друга говорница на градските улици со надеж дека ќе можат да се јават, но, како што велат, бадијала. Речиси сите кабини ги наоѓале искршени и исчкртани со еден куп броеви за разни огласи.
"Веќе навикнавме дека Скопје е град без јавни говорници. Не верувам дека вакво нешто се случува во кој било друг град во земјава и во светот. Вчера бев во ГТЦ и десетина минути барав нова говорница, бидејќи морав итно да се јавам, а немав од каде. Кога се распрашав дали некаде има исправна говорница, ми рекоа да проверам во Капиштец, па нормално се откажав оти нема логика за еден телефонски повик да трчам од Центар до Капиштец и пак да не е сигурно дали тој телефон работи. Ако не за повик барем ни користат како огласни табли", се пожали една скопјанка.
Објаснување за непријатните случки на граѓаните со јавните телефонски говорници вчера не добивме од "Телеком", оти беа недостапни за изјава. На територијата на Скопје има околу 600 телефонски говорници на сите пофреквентни локации во градот, близу здравствени установи и образовни институции, но ниту една не функционира.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=EEC15A53C50AEC468CFE933DA41126E1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Aug-2009 at 13:53
Секоја ноќ моторџиски трки на Првомајска

По полноќ децата ги паркираат моторите и скутерите пред "Тинекс", кај општинските бараки, се групираат во неколку групи и почнуваат да дивеат до разденување. Зборно место на моторџиите им е просторот пред "Тинекс" маркетот, од каде што и почнува трката

И летово најинтересна патека за трка со мотори и скутери е улица Првомајска во Општина Кисела Вода. Секоја вечер малолетници ги јавнуваат моторите и скутерите, се групираат во неколку групи и дивеат до разденување. И годинава ја возат истата маршрута.
По полноќ децата ги паркираат моторите и скутерите пред "Тинекс" и почнуваат да се подготвуваат за трката.
Трката стартува од детското паркче, спроти општинските бараки, се дивее по Првомајска, потоа моторџиите вртат на улицата Народни херои и возат до раскрсницата кај Димо Хаџи Димов. Кај раскрсницата вртат лево на Мариовска за да одморат. Се одмораат петнаесет минути, возат неколку круга на Мариовска и, по истата маршрута, се враќаат назад. Потоа доаѓа нова група моторџии и трката продолжува до раните утрински часови.
Од ноќното дивеење на моторџиите тамошните жители немаат сон.
"По цели ноќи не можеме око да склопиме. Неподнослива бучава се слуша секоја ноќ. Во нашата зграда има многу мали деца што се плашат од брмчењето на моторите. Никогаш не сме виделе полиција на улицата да ги брка, а нас не можат ни да нe слушнат кога ги бркаме", се жали жителка на Првомајска.
ОД МВР велат дека досега граѓаните не ја пријавиле трката со мотори. Од таму велат дека на Првомајска има полициски патроли, но не постојано. Доколку граѓаните се пожалиле на неподнослива бучава од мотори, полицијата веднаш ќе излегла на терен за да ги казни.
Проблемот со моторџиските трки на Првомјаска Општина Кисела Вода го пријавила во подрачната полициска станица за безбедност на патиштата и сообраќајот. Општинарите велат дека веќе секоја вечер патролираат полицајци на улицата и доколку ги фатат моторџиите, соодветно ќе ги казнат.
Минатата година Општина Кисела Вода постави радари за ограничување на брзината на возилата, но и покрај тоа, моторџиите летово пак се тркаат.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=78F1AD50556B2D4F8BC1AA376985F2D8


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Aug-2009 at 04:00
Зачувување на старата амбиентална архитектура во Куманово


Најголем дел од старите градби се градени во текот на 20-тите години од минатиот век и припаѓаат на неокласицизмот. Најзаслужен за ликот на Куманово е рускиот инженер Владимир Антонов. Освен што во тој период се поплочени најголемите улици во тогашно Куманово, изградени се и Околиската зграда, Занаетчскиот дом, Бановинската градска болница, Соколарскиот дом и Хотел "Куманово"


Кумановскиот огранок на Асоцијацијата на архитекти ќе побара од локалната власт формирање стручен тим, кој советодавно ќе влијае на зачувување на старата амбиентална архитектура во градот.

Според претседателот на кумановскиот огранок, Горан Митевски, во Куманово има значителен број објекти со сочувана амбиентална архитектура.
- Пожелно е со урбанистичкото уредување станбените и објектите од јавен карактер да не може да се доградуваат доколку не добијат одобрение од Асоцијацијата на архитекти со цел за зачување на старата амбиентална градба, смета Митевски.

Станбените објекти се лоцирани на улиците "Ленинова", "Моша Пијаде", "11 Октомври", "Илинденска", "Иво Лола Рибар", и во строгиот центар на градот.

Од здружението на архитектите го поздравуваат зачленувањето на Куманово во Асоцијацијата на градови со стара амбиентална архитектура. Најголем дел од старите градби се градени во текот на 20-тите години од минатиот век и припаѓаат на неокласицизмот. Најзаслужен за ликот на Куманово е рускиот инженер Владимир Антонов. Освен што во тој период се поплочени најголемите улици во тогашно Куманово, изградени се и Околиската зграда, Занаетчскиот дом, Бановинската градска болница, Соколарскиот дом и Хотел "Куманово".

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=1738258E0D55E64DA2647A74E6D9167C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2009 at 00:23

Граѓаните сами си местат громобрани

Има примери кога две-три семејства се организираат и ставаат громобран за соседството, како што е случајот со неколку куќи во Бардовци и на Водно, а како куриозитет, еден граѓанин си постави громобран на бачилото

Се' почестите невремиња годинава предизвикаа да се зголеми интересот кај граѓаните за поставување громобрани за заштита на куќитеод громови.Од Управата за хидометеорлошки работи велат дека годинава е рекордна по бројот на ударите од гром. Летово облаците достигнуваат големи височини и имаат голема енергија, поради што громовите се и многу силни. Во фирмите што се занимаваат со поставување на громобрани велат дека резултат од таквото време е поставувањето „приватни“ громобрани по домовите.

Кај нас ниту една институција не води евиденција на кои локации е неопходно да се постави громобран, па граѓаните ги местат ваквите уреди на своја рака. Милорад Димишковски од населбата Стопански Двор вели дека вложил многу пари во својата нова куќа, а ниту една осигурителна компанија не му понудила осигурување што ќе му ги надомести штетите од атмосферски електрични празнења, па решил сам да си постави громобран.

- Вложив многу во мојата куќа и сакав да се заштитам од громови. Со години плаќав осигурување на имотот во една наша компанија. При едно невреме поради електрично празнење во бандерите во околината ми се расипаа телевизорот, телефонот и неколку апарати во кујната. Кога се обратив до компанијата ми рекоа дека осигурувањето од гром подразбира само исплата на штетата ако ми се запали куќата. Тогаш решив сам да се заштитам. Успеав од Австрија да си увезам громобран и според сите пропишани стандарди сам си го монтирав. Сега помирно спијат и моите соседи, оти громобранот ги штити и нив - вели Димишковски. Една од фирмите-увозници на електронски нерадиоактивни громобрани вели дека во земјава не постои правилник за тоа кој каде смее да постави громобран. Сепак, се' повеќе граѓани бараат да им се постави громобран , бидејќи куќите им се „погодни“ за удари од гром.

- Во зависност од параметрите и додатоците на громобраните се формира и цената. Тие се изработуваат во повеќе димензии, а можат да штитат објекти во радиус од 40 до 100 метри, битен е заштитниот чадор. Цената на уредот се движи од 900 до 3.000 евра, а потребни се уште најмногу 1.000 евра за изградба на придружните градби и за заземјување. Новите громобрани не се радиоактивни, безопасни се за околина и не предизвикуваат несакани дејства. За жал, во земјава се' уште има радиоактивни громобрани и никој не води сметка зошто тие со години стојат на објекти со луѓе - велат од фирмата што увезува француски електронски громобрани.

Оттаму велат дека досега поставиле громобрани на дваесетина станбени објекти. Има и примери кога две-три семејства се организираат и ставаат громобран за соседството, како што е случајот со неколку куќи во Бардовци и на Водно. Како куриозитет, еден сопственик на бачило си постави громобран на бачилото.

Од фирмата додаваат дека громобран поставиле и на Милениумскиот крст на Водно, каде што само во оваа сезона се регистрирани стотици удари. Вакви уреди има на претседателската вила на Водно, Националната арена „Филип Втори“, аеродромот „Александар Велики“, Собранието, голем број објекти на Министерството за одбрана, повеќе објекти на ЕЛЕМ и на многу други компании.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=505840AF3B9D14418B7A807104E427BB


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Aug-2009 at 22:16
Чистење на речни корита

Ќе се чистат речните корита на Вардар, Брегалница, Лепенец, Пчиња, Црна Река и Драгор. Одлуката ја донесе министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески со Главното координативно тело, стопанските комори во земјата, АРМ, јавните претпријатија и градоначалниците на општините, кои се вклучени во реализација на Акцискиот план.
-Со акцијата која е продолжение на интервентната акција за чистење на реката Вардар која Владата успешно ја реализираше во 2008 година, ќе се обезбеди целосно чистење и регулирање на коритата на реките Вардар и Брегалница, дел од Лепенец, Пчиња, Црна Река и Драгор, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Министерот упати апел до градоначалниците, јавните претпријатија и градежните компании да ги вклучат своите расположливи ресурси за целосна реализација акцијата.
Со акцијата ќе се спречи излевање на водите и загрозување на месното население, материјалните добра и земјоделските површини, а ќе се подобри и еколошкиот амбиент околу реките. Акцијата е предвидено да трае до крајот на октомври оваа година.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3F1C937006B2444C9E65BD2ACA93626D


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Aug-2009 at 22:19
Applause Applause Applause

Пресвета Богородице, сега премногу ни требаш во Скопје


 

Граѓаните на главниот град денеска го слават Денот на својата заштитничка, Мајката Божја, барајќи од неа заштита од планерите што цртаат градби насекаде, од градоначалниците што земаат дел и им даваат малку на планерите и од бизнисмените што градат сé и им даваат малку на градоначалниците

 
 
%20  

Стотици години граѓаните на Скопје на овој ден и се поклонувале на Пресвета Богородица, заштитничката на градот. И се молеле и барале од неа да ги заштити од зло, од болести, од глад... Знаејќи што сé му се случуваше и уште му се случува на главниот град, токму на овој ден, на 28 август 2009 година, треба повторно да и се обратиме на Пресвета Богородица. Бидејќи има многу нешта за кои треба да се помолиме и од кои треба да побараме заштита.
Да и се помолиме на Богородица да нé заштити од урбанистичките планери што само навидум наивно цртаат сé и сешто во своите детални планови, без оглед на последиците што ќе ги предизвикаат со изградбата на сите тие згради што ги предвидуваат. Новите маркички што ги внесуваат сé почесто изгледаат како да се направени кога им протекло мастилото од пенкалото, па неконтролирано паѓале капки насекаде врз листот хартија на кој е нацртан просторот, на тој начин зафаќајќи површини и што смееле и што не смееле да се узурпираат.

Да и се помолиме на Богородица да нé заштити и од нивните нарачатели, во форма на разни градоначалници што зборот „план“ го поистоветуваат со „плен“, па се трудат што поголем простор да запленат за себе, да станат градски татковци или мајки во вистинската смисла на зборот, бидејќи кај нив дома би живеел половина град. Нека нé заштити и од советниците што незаинтересирано креваат раце за да ги изгласаат тие планови, кои народот ги избрал, а не ги познава, затоа што не гледаат ниту сантиметар подалеку од своето советничко столче и од џебот во кој се трудат да набутаат што повеќе хонорари и надоместоци од општинските буџети што се полнат со парите од граѓаните за да се прават улици, тротоари, паркови, игралишта... Овие не се мерат во квадратни метри како градоначалниците, но често се подмачкуваат и со две-три плати, за одвај тридневен општинско-советнички ангажман во месецот.

Да и се помолиме на Мајката Божја за заштита и од нивните нарачатели, таканаречената бизнис-елита-урбана-мафија (мислам дека сите овие зборови се синоними), на кои им треба многу малку за од глава до петици да се покријат со легални документи за сите згради што ги прават во зелени зони, заштитени зони, врз траси на сообраќајници, врз игралишта и простори за рекреација, па дури и низ влезовите на соседните објекти. Да го чува градот од тие што од катните гаражи направија катни негаражи, од спортските хотели кинески ѕидови, а од трошните куќи висококатници.

На овој голем ден да и се помолиме на Пресвета Богородица да нé заштити од сите лажни надежи дека ќе добиеме подновен јавен превоз со автобуси на еден или на два ката. Воедно, да упатиме молба секогаш кога влегуваме во сегашните возила за јавен превоз да издржат до крајот на патувањето, да не им излета некој дел што сам себеси се прогласил за вишок. Ако го крстосуваме градот со автомобил, пак, треба да се помолиме да не поскапуваат горивата толку често и да не ги трошиме толку залудно стоејќи заглавени од еден до друг семафор. Не за друго, за да ни остане барем некој денар за свеќи во црква. Да не мораме да се молиме само гледајќи во крстот закачен на средниот ретровизор.

Да и се поклониме на Мајката Божја и да се помолиме да нé заштити од таканаречените „несовесни граѓани“, за кои секое празно место е невидлив контејнер за отпад, секое детско игралиште е магацин со стока што може да се пренесе во дворот, секое сезонско растение во парковите е украс за терасата, секоја шахта е еднаква на два леба и на три кутии цигари, а секоја канта за ѓубре е бесплатна тренинг-опрема за удирање клоци.

Да се помолиме. Но и да се заштитиме. Сите овие појави можеме и самите да ги искорениме и да станеме заштитници на својот град. Не мораме веќе да слушаме приказни дека ниту Господ ниту Пресвета Богородица не можат да го спречат ова или она. Можеби можат. Но им треба само малку помош.

 
   
Автор: Гоце Трпковски



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82792237321&id=13&prilog=0&setIzdanie=21775


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Aug-2009 at 11:49
Кога се гради "зградата" од покрив па надоле! Вакви амбалажи проекти таква им е судбината кога ќе треба да се работи нешто под нив.

Привремено урнат амфитеатарот на Џорџе Арсов во Пинтија

Тлото се лизнало додека се правел ископ за новиот резервоар за вода и сцената се урнала, но од општината Кисела Вода велат дека сé ќе се обнови откако ќе завршат градежните работи за подобрување на водоснабдувањето

%20
Амфитеатарот над населбата Пинтија, кој пред две години го изгради и го пушти во употреба Џорџе Арсов, поранешниот градоначалник на општината Кисела Вода, се урнал за време на изградбата на новиот резервоар за вода за околните жители.

Од општината објаснуваат дека уривањето настанало ненамерно, бидејќи резервоарот и цевководот со кои треба да се реши проблемот со водоснабдувањето на граѓаните од Пинтија се граделе непосредно до амфитеатарот, сместен до малата црквичка „Свети пророк Еремија“ на ридот над населбата. Градежните екипи што работеле на теренот направиле широк ископ за да ги постават темелите, но тлото попуштило и поплочената сцена, како и дел од трибината, се свлекле надолу.

- Изградбата на тој амфитеатар беше инвестиција на општината Кисела Вода. Откако ќе завршат градежните работи за резервоарот, ние заедно со изведувачот целосно ќе го обновиме тој објект и на него повторно ќе се одржуваат културно-забавни манифестации - велат од општината.

Овој амфитеатар свечено беше отворен на 14 мај 2007 година, на празникот Свети пророк Еремија, кој го слави месната црква. Први што заиграа на новата сцена беа членовите на културно-уметничкото друштво „Никола Вапцаров“ од Горно Лисиче. Во изминативе две години таму се одржуваа и дел манифестации од општинското културно лето.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=83191037302&id=14&prilog=0&setIzdanie=21776


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2009 at 12:25
„ТОПЛИФИКАЦИЈА“ ГИ МЕНУВА СТАРИТЕ ЦЕВКИ ЗА ГРЕЕЊЕ
Скендер-бег стои на главниот топловод

Споменикот на Скендер-бег во Старата скопска чаршија се спасил од уривање, кога екипите на „Топлификација“ при копање за да ги сменат старите цевки забележале дека тој е поставен врз главниот топловод. Надлежните од фирмата велат дека за да ги сменат цевките требало да го урнат и споменикот, но за да го избегнат тоа мораат да копаат нова траса за топловодот. Ова не е првпат да се наиде на објекти изградени врз подземната инфраструктура, кои потоа се претвораат во сериозна пречка. - Каналот во кој се инсталирани цевките за топлата вода поминуваат под споменикот. Кога тој се поставувал никој не проверил што има оздола. Затоа сега моравме да правиме нов канал и да го заобиколиме споменикот на Скендер-бег, за да се поврземе на претходната траса и“вели Ацо Стојанов, раководител во „Топлификација одржување“. Овие и слични случаи им отвориле дополнителна работа на екипите на „Топлификација“, па оттаму велат дека тоа е причината зошто доцнат со реконструкцијата на мрежата за парногреење, која требаше до заврши до крајот на август. - Иста ситуација имавме во уличката зад зградата на архиепископијата. Таму најдовме носечки столб од зграда изграден меѓу цевките. Требаше да ја урнеме цела зграда за да ги поставиме цевките на истото место. Подолу се појави излез од скривница врз каналот и овде моравме да ја заобиколуваме трасата и“раскажува Стојанов. Според него, проблеми понекогаш прават и граѓаните. - Станарите не прашуваат дали сме добиле одобрение од нивниот куќен совет за да копаме. А, ние работиме со дозвола од општината. Или ако сакаме да го расчистиме теренот каде што работиме мораме сами да викаме пајак за да ги тргне возилата, па потоа ние ја плаќаме сметката за тоа. Но, цевките се стари, од пред 40 години и мора да се сменат за да се избегнат дефектите кога ќе почне грејната сезона и“додава раководителот од фирмата. И покрај оправдувањата на „Топлификација“, скопјани деновиве реагираат на ископаните улици, кои ги има на секој чекор. Велат дека сообраќајот е отежнат, па често мора да се заобиколуваат многу улички за да се стаса до центарот на градот. Од компанијата смируваат и објаснуваат дека се ќе биде готово до 15 овој месец кога цевките почнуваат да се полнат. Овој процес треба да заврши до1 октомври, кога е пробното пуштање на системот за греење. Надлежните велат дека цевките мора да се менуваат еднаш на 40 години, а на нивно место повторно се ставаат челични цевки, кои ќе издржат уште толку години. Реконструкцијата почна летово на дел од Партизанска, зад зградата на Архиепископијата и по булеварот Александар Македонски, кои се во завршна фаза. Уште десетина дена ќе се работи кај НУБ „Свети Климент Охридски“ и кај споменикот на Скендер-бег. За ископот, поставувањето на цевките, заварување и монтирање вентили и приклучоци се ангажирани околу 80 луѓе. Оваа инвестиција ќе ја чини „Топлификација“ од 20 до 30 милиони денари.

Се копа пред старт на сезоната

На улицата Никола Тесла во населбата Карпош 2, на потегот од Партизанска кон Машински факултет, коловозот почна да се копа во септември, реагираат жителите. Според нив, цело лето екипите на „Топлификација“ работеле во тревниците, а сега кога граѓаните се вратени од одмор се создава метеж во сообраќајот и постои поголема опасност за судир бидејќи возилата влегуваат и излегуваат од улицата на делницата што е наменета за возење само во еден правец. Во „Топлификација“ велат дека 80 проценти од работите се завршени, а на овој потег со должина од 30 метри ќе се работи уште една недела.

http://vreme.com.mk/



Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2009 at 13:26

Скопје до Нова година ќе добие три јавни клозети

Комплетно ќе се обноват јавните тоалети во првиот и вториот дел на Градски парк и тоалетот под мостот Гоце Делчев, а Градот допрва ќе утврди дали ќе бидат бесплатни и кој ќе ги одржува

Јавни тоалети во Скопје со уште нема, иако помина повеќе од една година од донесување на Законот за јавна чистота со кој се предвидуваат строги казни за вршење нужда на јавни места. Скопјани тогаш го поздравија новиот Закон, но побараа од надлежните да се изградат јавни тоалети, бидејќи постоечките со години се запуштени и надвор од употреба.
Иако и локалните власти и Министерството за транспорт и врски кое го изготви Законот, ветија дека брзо ќе го решат проблемот со немање јавни ве-цеа, тоа досега не се случи. Единствено Оштина Ѓорче Петров при реконструкција на реонскиот парк изгради нов јавен тоалет, кој беше планиран уште пред донесување на Законот. Останатите скопски општини не мрднаа ни со малиот прст за да обезбедат јавен санитарен јазол за своите граѓани, а Градот се правдаше дека по децентрализацијата веќе не се надлежни за ова прашање.
Сега од Градот најавуваат дека наскоро ќе ги реновираат постојните вециња во Градски парк и тоалетот што се наоѓа под мостот Гоце Делчев.
"Комплетно ќе ги реновираме тоалетите во првиот и вториот дел на Градски парк и оној под мостот Гоце Делчев. Тоа значи дека целосно ќе се замени инсталацијата, ќе се поплочат, ќе се стават потребните санитарии и осветлување", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Средствата за реализација на овој проект, градските власти ги обезбедиле од Министерството за транспорт и врски на конкурсот за уредување на инфраструктура.
"Спроведена е постапката за избор на изведувач, избран е изведувач и во тек е потпишување договор. Штом заврши оваа постапка ќе почнеме со обнова на трите тоалети, а реконструкцијата треба да заврши до крајот на годината", велат од одделението за односи со јавност на Градот.
Градот допрва ќе утврди дека дали користењето на тоалетите ќе биде бесплатно, и кој ќе ги одржува.

http://vest.com.mk/?ItemID=2F85B98BF83CD64D83492F4E370A59B5


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2009 at 13:28

Отворено градилиште за фонтаните во Вардар

Општина Центар почна да прави градилиште за фонтаните во Вардар на долниот дел од кејот од левата страна на Камениот мост. Минатата недела таму беше поставенио и градилиште за изградба на мостот во форма на око, па кејот околу Камени мост речиси целиот е заграден со лимени тараби. Портпаролот на Општина Центар Јовица Ацковски вели дека градилиштето е поставено и оти наскоро треба да почнат со градежните активности, но дека со уште не се договориле кога ќе ставаат камен темелник.
Изградбата на фонтаните требаше да почне уште летово, бидејќи Општината ги обезбедила потребните документи и дозволи. Како што пред дваесетина дена кажа градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ отпочнувањето на градежните работи се пролонгирало, бидејќи италијанската фирма "Ла моне мореда" што беше избрана за изведувач морала да вади лиценца за изведување градежни објекти, која се бара со новите законски решенија.
"Подготовките околу стартот на проектот се целосно завршени", рече портпаролот на Центар Јовица Ацковски.
Со проектот за поставување фонтани во реката Вардар предвидено е тие да се наоѓаат во средината на реката од двете страни на Камени мост. Фонтаните ќе работат на принцип на бунари со кои ќе се прочистува водата, ќе имаат кружна форма, на средината ќе има цевка која ќе испушта млаз висок 20 метри, а од страната ќе има осум помали цевки кои ќе испуштаат млазови вода високи седум метри. Тие воопшто нема да се гледаат, бидејќи ќе се постават на дното на реката и ќе бидат практично во вода. Надвор од реката ќе се гледаат само млазевите вода што тие ќе ги испуштаат. Фонтаните ќе бидат осветлени со специјални подводни рефлектори, а проектот за нивна изградба го изработи проектантската куќа ИНПУМА.
Според времениот сообраќаен режим за изградба на фонтаните во реката Вардар, механизацијата треба да се движи од паркиркингот пред плоштадот, кон мостот Гоце Делчев и по долниот дел од кејот кон градилиштата. Градските власти нагласија дека овој сообраќен режим ќе важи до завршување на градежните работи, а Општина Центар има обврска да ја врати во првобитна состојба трасата по која ќе се движи механизацијата, ако дојде до несакани оштетувања.

http://vest.com.mk/?ItemID=A6162A6316D4C344A15402F8EC46E586


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Sep-2009 at 17:08
зарем не пропаднаа фонтаниве, лелееееее градов е осуден на пропаст WallbashBashSuicide
SuicideSuicide


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Sep-2009 at 00:08

ЗА ДА СЕ СКРИЕ ГРДОТИЈАТА НА НАПУШТЕНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО КИСЕЛА ВОДА


Срамниот Фиком ќе се покрие со платно


Панорамски прекривки ќе добијат и останатите дивоградби во општината кои останаа недоурнати, а ја нагрдуваат околината и им пречат на жителите


Напуштената недовршена зграда на Фи ком во Кисела Вода ќе биде покриена со панорамско платно се додека надлежните институции не донесат конечно решение како да се третира овој објект кој стана синоним за урбана мафија. Ова го најави градоначалникот Марјан Ѓорчев, кој вели дека тоа е единствениот начин на локалната власт за привремено да се покрие објектот кој го нагрдува централниот и најфреквентниот дел на Општината.

- Во моментов се изработува финансиската конструкција на проектот. Треба да видиме колку ќе чини за потоа да одлучиме дали ќе го финансираме ние или ќе бараме донатори. Една од можностите е на панорамското платно да има фотографија на општината, а друга можност е да се искористи за поставување на реклами на фирмите кои се наоѓаат на наша територија. Неформално разговарав со неколкумина стопанственици кои покажаа интерес за тоа бидејќи зградата се наоѓа на многу атрактивна локација - вели Ѓорчев. Со истиот проект, додава тој, ќе се опфатат и останатите дивоградби во општината кои останаа недоурнати, а ја нагрдуваат околината и им пречат на жителите.

- Со непропусното платно ќе се постигне естетски ефект, но ќе се оневозможи и влегување внатре во објектите кои што се полнат со ѓубре, а неретко, според поплаките на граѓаните, се собиралишта на сомнителни лица - вели Ѓорчев.

Во такво опкружување долго време живеат жителите на улицата Драга Стојанова каде што се наоѓа дивоградбата на Раба која беше урната - недоурната пред две години. Тие се задоволни што општината конечно презема мерки за решавање на нивниот проблем и се надеваат дека прекривањето на карабината ќе се случи наскоро.
- Живееме како среде депонија. Од прашина не можеме прозорец да отвориме, ниту на балкон да седнеме како луѓе. По улицата има 'рѓосани шајки, опасно е за минување, а навечер од врева не се спие. Цртаат графити, пијат, палат оган...неколкупати досега пријавувавме но, без резултат - велат тие. Се надеваат дека со новите амбиентални фасади ќе им се олесни секојдневието.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A0AF978D9292AC409FF8A830BC50BC1C







-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Sep-2009 at 13:14
Фонтаните на Кирца  Wallbash

Фонтаните во Аеродром станаа жабурници и депонии





 

Жителите спроти трговскиот центар „Бисер“ најмногу ги иритира тоа што фонтаните не се направени со добра изолација, па се случува во подземните гаражи да тече вода врз нивните автомобили

 
 
%20  
Нечиста вода, отпадоци или празни дупки од кои само се наѕираат одводните цевки е сликата на фонтаните во општината Аеродром. Изминатата половина година никој не е задолжен за нивното одржување, бидејќи ниту една од пријавените фирми не доставила комплетна документација и не била избрана на тендерот. Жителите се жалат дека од фонтаните во кои има останато малку вода ќе почнат да излегуваат жаби, бидејќи водата веќе почнала да позеленува, а се ширела и непријатна миризба. Особено се остри критиките на оние што имаат гаражи под фонтаната спроти трговскиот центар „Бисер“, бидејќи се случува да им капе вода врз автомобилите.

- Живеам спроти трговскиот центар „Бисер“, во зградите каде што се наоѓа маркетот „Тедико“. На празниот простор меѓу зградите е направена една од првите фонтани во населбата. Тој дел претходно беше жардиниера, но надлежните добија желба да го пренаменат за фонтана. Неколку месеци таа функционираше одлично, но оваа година е претворена во депонија. Најмногу ме иритира тоа што не се направени со добра изолација, па се случува во подземните гаражи да тече вода. Сме се обратиле до надлежните во општината, но оттаму никој не дојде да ја види состојбата - објаснува Влатко Алексовски, жител во зградата 64 на булеварот Јане Сандански.

Тој додава дека, наместо идејата да се градат фонтани, тие пари можеле да се вложат во некои корисни работи, а не во нешто што би требало да нé разладува од летните горештини и да го разубавува просторот.

Од општината Аеродром велат дека во тек е тендерска постапка за избор на фирма што ќе ги одржува фонтаните и дека до крајот на месецот ќе се потпише договорот.

- На подрачјето на општината има изградено осум фонтани, а иницијативата беше за време на поранешниот градоначалник Кирил Тодоровски. Пред почетокот на летниот период распишавме тендер за избор на фирма што ќе ги одржува фонтаните, но ниту еден од понудувачите не ги исполни потребните услови, па затоа ја поништивме јавната набавка. Претходно за одржување беше задолжена фирмата „Тиверија“, но, според законот, секоја година треба да се распише тендер и да се повтори изборот - објаснуваат надлежните од општината Аеродром.

Оттаму додаваат дека се запознаени со протекувањето во подземните гаражи, но дека сето тоа ќе се среди откако ќе биде избрана новата фирма за одржување.

Сепак, оваа сезона аеродромци најверојатно нема да можат да уживаат во фонтаните, бидејќи во зимскиот период тие се конзервираат, односно им се отстрануваат сите пумпи и рефлектори за да не дојде до замрзнување или оштетување, за напролет да можат нормално да функционираат.
 
   
Автор: Р.З.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9259100201&id=14&prilog=0&setIzdanie=21796


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Sep-2009 at 14:32
баш сакав да направам неколку фотки од фонтаните во Аеродром за да ја видиме состојбата, ама немав време, најголем дел од нив не работат, петсто пати беа поправани, не беа синхронизирани, и сега пак се жабарници

конкретно за фонтанава карши бисер, мислам дека е најлошата, кога ја направија ставија обична плава боја, која се излупи за месец дена, па интервенираа на водоводот и притисокот, па на крај ставија плочки на фонтаната, и потоа ја исклучија и оклу месец дена и повеќе стои како баричка
но сега кога поминав од таму, ја чистеа


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Oct-2009 at 16:40

Се гради потпорен ѕид на „Сава Ковачевиќ“

Изградбата на потпорниот ѕид на улицата Сава Ковачевиќ број 6 во Кисела Вода е во завршна фаза, информираат општинските власти.

Оттаму велат дека со реализацијата на овој проект ќе се реши долгогодишниот проблем со лизгањето на земјиштето, што го имаа жителите од оваа улица, посебно во есенскиот период, кога се зачестени поројните врнежи. Ѕидот ќе дејствува и превентивно, за заштита на земјиштето од штетите од ерозивните процеси.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C487602F1708894DAA17A5A70149C977


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Oct-2009 at 00:08

„Милениум“ се враќа како градско кино

Од ГТЦ велат дека е се' поизвесен договорот со градските власти за земање на киното под закуп, со цел повторно да заживее и да ја врати публиката

Градскиот трговски центар најверојатно позитивно ќе одговори на барањето од Градот Скопје да им го даде на стопанисување киното „Милениум“. Директорот на ГТЦ Аго Абазовски вели дека со Градот имаат начелен договор и дека е „извесно оти може да му го дадат киното на стопанисување, но во никој случај беспари“.

- Цената на закупот допрва ќе ја утврдуваме, но како акционерско друштво не можеме да го дадеме под 4.000 евра месечно, бидејќи имаме трошоци - изјави Абазовски.

Ако нивната понуда биде прифатена, на годишно ниво Градот Скопје би требало да плаќа околу 48.000 евра само за кирија.

Киното „Милениум“ е најголемото и најрепрезентативно кино во државава, на чија влезна врата, со месеци стои натписот „не работи“. За да го заживеат и за да ја вратат публиката, освен за скапа кирија, градските власти ќе мора да го одврзат ќесето и за набавка на атрактивни филмови.

Градоначалникот Коце Трајановски на последната седница на Советот најави дека веќе доставиле понуда до раководството на ГТЦ за преземање на киното, кое со години работеше проблематично.

Директорот Абазовски рече дека како раководство на ГТЦ неколкупати се обиделе да најдат инвеститор, но безуспешно.

- Сега ќе ми биде многу драго ако Градот Скопје успее во намерата - вели Абазовски.

Кинодејноста мора да се задржи, односно објектот не би смеел да се користи за друго. Тоа и би се потенцирало во договорот што би го склучиле Градот и ГТЦ.

- Целта на Владата е да се задржи кинодејноста на овој објект - истакнува Абазовски.

Скопските љубители на филмови велат дека е срамота Скопје толку долго да нема ниту едно репрезентативно кино. Има помали киносали во трговски центри и во други објекти, но „Милениум“ е најатрактивниот кинопростор.

- Не може да дојде никој од страна за промоција на свој филм, бидејќи нема ниту каде да се поклони. Поради тоа што немаме соодветна сала, Во Скопје не може да се одржи ниеден посериозен филмски фестивал. Главниот град треба да има не едно кино“Милениум“, туку десет вакви киносали - вели скопјанката Ана С.

Од Градот велат дека токму фактот што на Скопје му недостигаат киносали го натерало градоначалникот Трајановски да поведе иницијатива пред управата на ГТЦ за преземање на киното. Оттаму не информираа за детали, односно не кажаа кои услови ми ги понудиле на ГТЦ за преземање на киното, ниту како планираат да го заживеат.

- Во овој период очекуваме одговор и ќе подготвуваме документација. Потоа ќе се утврдат правата и обврските и начинот на кој ќе функционира градското кино - изјавија од Одделението за односи со јавноста во Градот.

Во однос на тоа која градска институција би ја презела кино-дејноста, неофицијално дознаваме дека тоа би можело да биде обврска на Младинскиот културен центар. Би се формирал тим, кој би бил задолжен за набавка и емитување на филмови, за соработка со дистрибутери, односно за се она што би довело до профитабилно работење на киното што би му се исплатело на Градот.

Во Скопје работат само неколку комерцијални кино-сали, односно оние во трговскиот центар „Рамстор“. Киното „Милениум“ се уште е во државна сопственост. Тоа му припаѓа на ГТЦ, кое е акционерско друштво во кое мнозински сопственик е Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор. Неколку години киното не работи поради разни недоразбирања меѓу управата на ГТЦ, продуцентите и кинодистрибутерите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=66EDD2A4790AF04D986C7071192DF1BD


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Oct-2009 at 17:37
се залепија за небитна работа во моментов, како што заклучивме претходно, кината изумираат, џабе ќе биде трудот и киното да биде најдоброто во светот, а да не збориме за парите кои треба да се потрошат, за филмови, опрема и рекламирање


Posted By: Max
Date Posted: 21-Oct-2009 at 18:19

абе немора блокбастери, и документарци да има ќе се најде публика, но без квалитетен маркетинг само со она сандучињата по трговски смешно е да се очекува посетеност. земи ги пример хрватте мултиплексот нема вечер на нова да не е покриен со со пола саат рекламен блок, а србите обавезно тераат некои кампањи како наградни игри и што се ја знам, од панини па на даље.

ова сега спојката со кино фросина ветува, со оглед дека МКЦ има далеку поголемо искуство околу ангажирањето на филмски недели, поткрепени и подржани и комерцијално но најчесто амбасадорски!

да беа паметни од градот за третиот кат за да издадат дозвола можеа да ги условат од ГТЦ покрај комуналиите да го добијат и киното, од активно кино ГТЦ како субјект може да има само корсит!  



Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Oct-2009 at 18:25
Сала како Милениум е предвидена за блокбастери. Нема Скопје таква потенција да полни такви сали со документаци или независен филм. Едно е фестивал едно е редовна програма.

А кампањите чинат пари и на крајот треба да се исплатат. Без дебели покровители чии реклами меѓу другото би се гледале пред филмот, ништо од оваа работа.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Oct-2009 at 19:37
ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Се гради патека за рекреативци

Во Ѓорче Петров продолжи изградбата на рекреативната патека покрај Вардар, која ќе се протега од железниот мост во Сарај до граница со општина Карпош. Досега се изградени повеќе од два километри од патеката до населбата Хром. Во моментов, таму се вградуваат павер-елементи. Од Општината велат дека планираат целата траса, која е широка два метри со рабници од двете страни, да биде осветлена. Парите за изведба на градежните работи ги обезбедија Град Скопје и Општина Ѓорче Петров.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1845&ArticleID=124618


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Nov-2009 at 01:55
Реконструкција на јавните тоалети
Понеделник, 02 Ноември 2009 18:24

CVETANKA%20Javno%20WC%20003

Општината започна со реконструкција на јавните градски тоалети. Како единствен објект од ваков вид во градот кој беше жртва на однесувањето на многумина несовесни нивната реконструкција беше неопходна:

CVETANKA%20Javno%20WC%20GEROVSKA

,,Се задржува обликот кој што досега го имаа. Ќе бидат изградени 5 + 5 јавни тоалети, односно 5 машки и 5 женски тоалети, вели Емилиа Геровска, Општина Битола.

CVETANKA%20Javno%20WC%2000

Објектот ќе биде изграден од квалитетни материјали кои ќе овозможат долгогодишно користење на тоалетите:

,,Објектот се реализира во делот на редење плочки, градба и лепење, вели Геровска.

На внатрешните ѕидови честопати се сретнували разни написи со непристојна содржина, тоалетите се полнеле со шприцеви во доцните ноќни часови, а неретко и се кршеле делови од ѕидовите и плочките. Човекот кој досега се грижеше за тоалетите вели дека реконструкција беше неопходна, но потоа потребна е голема грижа и совесно однесување на граѓаните:

CVETANKA%20Javno%20WC%20002

,,Беше да се направи ова градско веце. Колку ќе трае? И стари и малди ќе треба да се грижат, вели човекот кој досега го одржуваше тоалетот.


Доколку дозволат временските услови, до крајот на ноември Битола ќе добие нови тоалети. Нас како граѓани ќе ни остане обврската: Да не дозволиме да се уништат.

Цветанка Ристевска



Веројатно е за урбана чистота, ама може да е и урбана опрема. Епа бујрум, градот на конзулите и клавирите, со едно јавно веце нефункционално веќе 10 години.

http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=14116&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Nov-2009 at 16:35

Законот за градењето пред Уставен

Поранешниот градоначалник на Општина Центар и архитект, Мирослав Грчев, вчера поднесе иницијатива во Уставниот суд за преиспитување на законитоста и уставноста на новиот Закон за градењето.

Според Грчев, во Законот има повеќе спорни одредби, но иницијативата се однесува само на преиспитување на членот 138.

- Сметам дека во наведениот член се крие голема закана за огромен број граѓани на Република Македонија, закана која не амнестира никого. Таа се однесува на земјиштето и имотот што граѓаните по законски пат го стекнале или наследиле, а кои можат да бидат одземени врз основа на заклучок на градежен инспектор, само затоа што се дел или се затекнале во рамките или во непосредна близина на бесправна градба - изјави Грчев.

Тој вели дека ваквото загрозување на приватната сопственост е спротивно на член 30 од Уставот, кој ја гарантира правната заштита, сигурноста и неприкосновеноста на приватната сопственост, која може да биде ограничена или одземена само заради остварување јавен интерес утврден со закон.

- И во таквите случаи Уставот пропишува паричен надоместок, кој не е помал од пазарната вредност на недвижностите. Оспорениот член практично обезбедува одземање на секоја недвижност за која градежниот инспектор по свое наоѓање ќе донесе решение и заклучок за присилно извршување - вели Грчев.

Според него, спорниот член 138 од Законот за градењето не само што не ја подобрува состојбата со бесправната градба туку и ја сопира акцијата на инспекторот, кој наместо да се насочи кон дивоградењето, се фокусира на одземање земјишта и објекти.

- Јасно е дека овој член е средство за застрашување на населението, кое може да се употреби против оние за кои власта ќе смета дека е потребно - заклучи Грчев. (А.П.) n



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=96D27FBE53A9D047A32FFC708E7CA286


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2009 at 14:01

Паркинг врз каналот на Водно





 

Ако градот не го затвори отворот, општината Центар ќе го покрие со плочи на кои ќе може да се паркираат возила

 
 
%20  
Каналот покрај улицата Салвадор Аљенде, спроти основното училиште „Кочо Рацин“, во населбата Водно, ќе се затвори наредната година, најави Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на Центар. Овој отворен канал со години им создава непријатна миризба на околните жители, а е опасен и за пешаците, особено за учениците од училиштето, бидејќи се наоѓа веднаш до тесниот тротоар. Миризбите, пак, доаѓаа од отпадот што некои несовесни граѓани го фрлаа во него.

- Често може да се видат хартии, дрвени гајби од овошје и од зеленчук, пластични шишиња и друго. На некои места личи на депонија. Во лето се шири смрдеа од ѓубрето. Но најмногу сме загрижени за безбедноста бидејќи мораме да го користиме тротоарот и да пешачиме непосредно до дупката. Тоа е опасно за децата. Ако заврне снег или ако има мраз, опасностите се уште поголеми - велат локалните жители.

Тодоровиќ на седница на општинскиот совет најави дека ако градската управа не го затвори каналот во март, општината ќе го стори тоа со свои пари.

- Имаме готов проект за да го затвориме каналот. Планираме да поставиме дебели и трајни монтажни плочи врз него, доволно издржливи за врз нив да може да се паркираат возила. Но ќе се остави и доволно простор за пешаците. Покривањето треба да го направи градската управа и тие ни ветија дека ќе ја завршат оваа работа до март наредната година. Ако не го сторат тоа, ние ќе го покриеме каналот со наши пари - рече Тодоровиќ.

Од градската управа потврдија дека планираат да почнат со затворање на каналот, но требало дополнително да се договорат кога да биде означен почетокот на градежните работи.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112391027274&id=14&prilog=0&setIzdanie=21844


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2009 at 21:04

НЕМА КОПАЊЕ КОЈ КАДЕ САКА

За секоја инсталација, посебна дозвола

Од Градот велат дека веќе нема да важат годишните дозволи за поставување инсталации, туку за секој прокоп ќе треба да се добие посебна дозвола

За секој прокоп за поставување инсталации фирмите ќе треба да донесуваат проектна документација во Град Скопје и да добиваат дозвола за секој поединечно. Оваа мерка градските власти ја преземаат за да се реши хаосот со прокопите кои ќе го прават Телеком, ЕСМ, МВР и АД "Топлификација". По нивните интервенции, улиците и тротоарите остануваат со дупки, и никој од нив не ги затвора прокопите.
"Сите градоначалници ми се пожалија дека имаат големи проблеми со прекопите кои ги прават Телеком, ЕСМ, МВР и АД'Топлификација' за поставување инсталации. Со нив изгледот на улиците е целосно сменет, џабе ние крпиме и асфалтираме улици, кога на секој чекор се прават прекопи и никој не ги затвора. Затоа веќе нема да важат годишните дозволи за поставување инсталации туку за секој прокоп ќе треба да се добие посебна дозвола", вели градоначалникот Коце Трајановски.
Фирмите до Градот, покрај проекти за тековните работи под земја, ќе треба да достават документација и за сите интервенции кои ги имале досега, за да можат градските власти да почна да го подготвуваат подземниот катастар. (А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=DD4E9173C5D0FF41AA9137ABE4F35F26


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2009 at 21:05


Thumbs%20Up Thumbs%20Up Thumbs%20Up  ,   АМА чекаме да видиме на дело


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 27-Nov-2009 at 21:25
Па да ти кажам и веќе нема потреба за ова...и така улициве партали се напраија последниве години, мада еве и јас го поздравувам ова...за горенаведениве фирми и нивната спознаја на водењето на сопствените инсталации можам да кажам све најлошо, посебно електро и телефонската мрежа (тука се и „новите“ тв-кабелски оператори) - ако ви текне да праите куќа и да почнете да копате јама, ќе сфатите дека дворот ви е полн кабли за кои само Господ знае каде водат - баш да го видиме тој подземен катастар како ќе функционира...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY



Print Page | Close Window