Print Page | Close Window

Автопат Кичево - Охрид

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2981
Printed Date: 22-Oct-2018 at 00:12


Topic: Автопат Кичево - Охрид
Posted By: gjoko
Subject: Автопат Кичево - Охрид
Date Posted: 09-Jan-2014 at 19:57
Денес во една приватна катастарска фирма од мој другар ми ја прикажаа трасата за автопатската делница од коридорот 8 :Кичево-Охрид,но ова беше скица од глобалната траса,што значи беше означена централната линија(основата на трасата) и две странични линии на растојание од по 100 метри лево и десно од основната линија.До местото каде е плавото кругче негде на околу 300-500 метри после раскрсницата за Врбјани(мое),трасата е нова,а после ова трасата се поклопува со магистралниот пат.Дали ќе одат еден покрај друг пат,или автопатот ќе го замени магистралниот незнаеја да ми кажат.

Најважното е дека трасата ми зема една нива и дел од шума,па ќе има за по едно пиво
http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Makedonija/Kicevo-Preseka.jpg.html">

http://s1239.photobucket.com/user/gjoko-mkd/media/Makedonija/Preseka-Pesocan.jpg.html">



Replies:
Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 16-Jan-2014 at 20:35

Автопатот Охрид - Кичево ќе се гради од три места

Модерното автопатско решение Охрид – Кичево, со изградба ќе започне март годинава. Охридските советници Александар Николоски и Харалампие Шокароски успеаа потребата од реализација на овој капитален проект да ја наметнат како прв приоритет на Владата на Р. Македонија за 2014 година. Шест ленти, по три од секоја страна, тунел од 2 км, 14 помали мостови, 7 големи мостови 4 поголеми вијадукти се дел од содржините на ова автопатско решение, но како новина Николоски го обелодена начинот на изградбата на автопатот Охрид – Кичево.

„Во исто време ќе се стартува од три места што е прв пат во Р. Македонија.  Досега кога се гради пат се стартувало од една точка а сега од три за да може за три годинида се изгради. Позитивно е тоа што 51 % од луѓето кои што работат мора да се луѓе од регионот и најмалце 49% од изведувачите да се од Р. Македонија“ - вели Николоски.

Николоски исто така при денешната средба со новинарите најави уште две новини во врска со патиштата во земјава.

„Во моментов се разговара за концесиско решение за делот од Кичево до Гостивар, популарно наречено Стража и за делот од Скопје до Блаце, односно до косовска граница кој што треба да се врзан систем за да би имало интерес за концесија. И второ веќе се разговара за банката за развој на Советот на Европа, се надевам сега на јануарската сесија каде што јас сум шеф на делегација ќе имаме нови разговори за финансирање на магистралниот пат Косел – Охрид-Пештани – Св. Наум“.

Николоски верува дека до крајот на оваа тековна година ќе успеат да ги да завршат сите процедури за изградба на магистралниот пат на источното охридско крајбрежје и веќе од наредната 2015 да отпочне реализација и на овој проект кој е од исклучителна важност за развој на туризмот.

http://tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/16099-avtopat-ohrid-kicevo-gradi-tri-mesta



-------------


Posted By: nenad
Date Posted: 17-Jan-2014 at 08:33
Николоски и Харалампије ја наметналерализацијат ана автопатот да биде приоритет!!!!!
Додека политичари ни градат патишта не одиме далеку. Не сум против автопатот, но 3 ленти на секоја стране е премногу. Нема да се исплати ни за 100 години. Уште само да дознаеме кој ќе ја собира патаринат а и колкава ќе биде?
Ов ами личи на српско сценарио (во градењето на автопатишта - кредитите ги попапала меца)


Posted By: Goran
Date Posted: 21-Feb-2014 at 00:47
Обновено: Викендов започнуваат градежните активности за изградба на автопатот Кичево-Охрид
Вести | Охрид | 20.02.2014 17:34Посети : 1231
Со свеченост што ќе се одржи во сабота во кичевското село Извор и официјално ќе започне изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Пратеникот од Охрид Александар Николоски на својот Фејсбук профил денеска објави дека после години лобирање започнувва да се гради најбитниот инфраструктурен проект за Охрид и цела Западна Македонија.



Според најавите, автопатот од Охрид до Кичево, треба да биде готов за 45 месеци.

Вкупната должина на автопатот изнесува 56,7 километри. Ќе има две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина. Помеѓу двата коловоза ќе има разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови – вијадукти, 7 армирано бетоснки мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1990 метри.

OhridNews
%20 - http://www.ohridnews.com/vesti/66167
PS Ако е вистина треба нова нишка да се отвори


Posted By: daci92
Date Posted: 21-Feb-2014 at 01:20
Всушност нема потреба од нова нишка оваа е таа .

Инаку би требало да е вистина ,бидејќи стартот на работата на двата автопати беше најавен дека ќе биде на крај на Фебруари или почеток на Март ,исто мислам дека и за железничката делница Куманово - Бељаковце.


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Feb-2014 at 08:22
Кинези во Кичево има,имаат закупено соби во еден мотел,а најитересно е што купуваат најскапи вина во продавниците.Мислев имаат помал стандард


Posted By: zdravozivo
Date Posted: 21-Feb-2014 at 14:01
Можеби незнаат Ѓоко, можеш да ја искористиш приликата и да му подадеш некое домашно под рака, па само од тебе да земаат [}]
(An idea of every normal Kavadarcanian)


Posted By: Тркало
Date Posted: 21-Feb-2014 at 18:38
Originally posted by nenad

Николоски и Харалампије ја наметналерализацијат ана автопатот да биде приоритет!!!!!
Додека политичари ни градат патишта не одиме далеку. Не сум против автопатот, но 3 ленти на секоја стране е премногу. Нема да се исплати ни за 100 години. Уште само да дознаеме кој ќе ја собира патаринат а и колкава ќе биде?
Ов ами личи на српско сценарио (во градењето на автопатишта - кредитите ги попапала меца)


3 ленти по нивниот речник - по ‘нашки‘ би било две за возење и една за паркирање

http://www.ohridnews.com/vesti/66167 - http://www.ohridnews.com/vesti/66167


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Feb-2014 at 18:41
Кај нас се пие само шљивка од 60 степени,за виното немаме баш традиција.Го прашував командирот на ПС Извор како е ситуацијата,ми рече дека последно време доаѓале и кинези во селото како и македонски инженери.Највероватно Гранит ќе го гради овој автопат,а се слуша дека Бетон(Минчо) ќе го гради оној другиот за Штип.Ова ми го кажа директор на една од фирмите која сака да биди подизведувач на овие големиве волци


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 22-Feb-2014 at 16:37

Почнува изградбата на автопатот Кичево - Охрид

Кај кичевското село Извор денеска и официјално ќе почнат активностите за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Проектот вреден 274 милиони евра, треба да биде заокружен за 45 месеци.


 Кај кичевското село Извор денеска и официјално ќе почнат активностите за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Проектот вреден 274 милиони евра, треба да биде заокружен за 45 месеци.

Автопатот ќе биде со должина од 57 километри и ширина 25,2 метра, во две насоки со три ленти. Предвидена е изградба на тунел долг два километра, седум поголеми и 14 помали мостови, четири вијадукти, како и останата пропратна инфраструктура.

Проектот и е доверен на компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ од Кина. Градежните работи ќе почнат истовремено на три локации за да завршат за три години. Во активностите ќе бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија, од општините кои гравитираат околу автопатот.

На денешното поставување на камен-темелникот ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=71780#.UwjDc4W2zCk - извор



-------------


Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Feb-2014 at 17:24
Има слики по портали,но само од политичари и лопати,така да за сега нема што да се прикажи.Местото каде се поставуваше камен темелникот мислам дека е за неколку стотини метри подолу од трасата


Posted By: Тркало
Date Posted: 23-Feb-2014 at 11:54
Најјакиот дел кој го прочитав на еден портал во темата за планираниот автопат:
- ‘‘Патот не поминува низ територијата на националниот парк Маврово и нема заштитени подрачја на самата траса – пишува во студијата на Министерството за животна средина‘‘.

НП Маврово
http://kicevo.mk/avtopatot-kraj-kicevo-so-tunel-i-klucka-izgradbata-startuva-naprolet/


Posted By: phenomenon
Date Posted: 23-Feb-2014 at 12:20
Previous

Да не мислел дека ќе се прави автопат Гостивар-Охрид?


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:01
Се надевам дека овај пат навистина ќе добиеме јак автопат не само асвалт и тоа е се! Убаво би било цел автопат да биде ограничен со бетонски цигли( исто како ограничувањето меѓу улица и тротуар). Најмногу ми интересира како ќе биде тунелот напраен( СОС центар, осветлување како и осветлување на тунелот во СОС ситуација! Едвај чекам хехе


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:12
Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: I.M.
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:20
Дали ќе дочекаме некогаш и автопат,Куманово-К.Паланка -Деве Баир,да заличиме малце на нормална европска држава.?


Posted By: anti-modernista1
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:34
Originally posted by ovaj_stariov

Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.
Ili mozese nesto da se izgradi izmegju 50 do 91 godina, ama toa e po bitno bese Brioni, slovenija, hrvatska taka da ova ne e malce.


Posted By: fichot
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:48
Originally posted by anti-modernista1

Originally posted by ovaj_stariov

Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.
Ili mozese nesto da se izgradi izmegju 50 do 91 godina, ama toa e po bitno bese Brioni, slovenija, hrvatska taka da ova ne e malce.


hahaha. jako.

99% od patistata i ulicite koi bile vo 91va bile napraveni vo periodot 50ta-91va. a toa e daleku poveke od ova sega. ok poz.


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:49
Мнение на Бугарски форумаш YesYesYes Като гледам тия новини май полека лека ще си го построите коридор 8 в пътно отношение YesYesYes а от Гостивар до Кичево дайте неква карта на това и интересно ми е от Куманово до Деве баир има ли проект щото в България никой не говори нищо за София до Гюешево а съм виждал два проекта за скоростен път до границата с Македония Thumbs%20UpThumbs%20UpThumbs%20Up


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:54


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:55


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:57
Повели...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:58


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:58
Си мислам, а зошто да не се изгради брза врска - експресен пат меѓу Охрид и Струга? Мало растојание, не верувам дека би чинело повеќе од десетина милиони евра...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:59
aa хвала маи това требе да станеYesYesYes


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Feb-2014 at 13:59
Ха-ха-ха, сте го преместиле Скопје на запад...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 14:01
Ми той Коридора 8 май се изгражда на 70% по цялата си далжина или бъркамCheers


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 14:09
BowBowBow


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 14:16


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 14:17


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 14:18
Какво има и какво няма към 23 02 2014Thumbs%20Up


Posted By: geny
Date Posted: 23-Feb-2014 at 14:21


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Feb-2014 at 14:52
Originally posted by anti-modernista1

Originally posted by ovaj_stariov

Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.
Ili mozese nesto da se izgradi izmegju 50 do 91 godina, ama toa e po bitno bese Brioni, slovenija, hrvatska taka da ova ne e malce.

Се надевам си саркастичен, во тој период е изградено:
- Куманово - Скопје
- Скопје - Велес
- велес - Градско
Сите магистрални патишта, РЕК Битола 3 блока, РЕК Осломеј, Мавровските хидроцентрали, шпиље, Глобочица, Тиквешко, електрифицирана е железницата долж коридорот 10, направена пругата Скопје- Кочани и Ск-Кичево и отворени се сите фабрики кои денес нешто значат во мк.

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: anti-modernista1
Date Posted: 23-Feb-2014 at 15:10
Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by anti-modernista1

Originally posted by ovaj_stariov

Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.
Ili mozese nesto da se izgradi izmegju 50 do 91 godina, ama toa e po bitno bese Brioni, slovenija, hrvatska taka da ova ne e malce.

Се надевам си саркастичен, во тој период е изградено:
- Куманово - Скопје
- Скопје - Велес
- велес - Градско
Сите магистрални патишта, РЕК Битола 3 блока, РЕК Осломеј, Мавровските хидроцентрали, шпиље, Глобочица, Тиквешко, електрифицирана е железницата долж коридорот 10, направена пругата Скопје- Кочани и Ск-Кичево и отворени се сите фабрики кои денес нешто значат во мк.
sto e smesno vo sporedba sto e izgradeno vo slovenija, bosna, hrvatska ili srbija vo istiot period..


Posted By: daci92
Date Posted: 23-Feb-2014 at 15:41
Originally posted by I.M.

Дали ќе дочекаме некогаш и автопат,Куманово-К.Паланка -Деве Баир,да заличиме малце на нормална европска држава.?

Според тоа што го видов коридор 8 од Скопје до Деве Баир не поминува низ Куманово туку на јужната страна на Кумановската општина (кај Романовце) врти десни низ рамничарскиот предел и се движи по течението на река Пчиња, а потоа паралелно со железничката пруга.

Originally posted by anti-modernista1

Originally posted by UrbanFreak

Originally posted by anti-modernista1

Originally posted by ovaj_stariov

Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.
Ili mozese nesto da se izgradi izmegju 50 do 91 godina, ama toa e po bitno bese Brioni, slovenija, hrvatska taka da ova ne e malce.

Се надевам си саркастичен, во тој период е изградено:
- Куманово - Скопје
- Скопје - Велес
- велес - Градско
Сите магистрални патишта, РЕК Битола 3 блока, РЕК Осломеј, Мавровските хидроцентрали, шпиље, Глобочица, Тиквешко, електрифицирана е железницата долж коридорот 10, направена пругата Скопје- Кочани и Ск-Кичево и отворени се сите фабрики кои денес нешто значат во мк.
sto e smesno vo sporedba sto e izgradeno vo slovenija, bosna, hrvatska ili srbija vo istiot period..

Исто така смешно е колку старата ни држава инвестирала во Македонија иако СР Македонија имала околу 5% удел во државната економија. Па навистина не ми е јасно кој тогаш ги финансирал овие проекти што се изградиле во тие години, најверојатно Словенија и Хрватска, а делумно и Србија.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 23-Feb-2014 at 19:55
Босна немаше ниту еден км автопат, Хрватска го имаше делумно Загреб-Белгтад, така што воопшто не би се сложил, побиј ме со конкретни проекти.

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Feb-2014 at 19:56
Originally posted by Џоле

Си мислам, а зошто да не се изгради брза врска - експресен пат меѓу Охрид и Струга? Мало растојание, не верувам дека би чинело повеќе од десетина милиони евра...

Во право си Џоле, се сеќавам отприлика на податоците за обемот на сообраќај на македонските патишта од пред неколку години - патот помеѓу Охрид и Струга беше меѓу најфреквентните, извесно е дека се' уште е така. Особено фреквентен беше делот помеѓу Охрид и Подмоље, со константно над 10К ААДТ што беше недостижно дури и за најголем дел од автопатските делници низ земјава. Но и делот помеѓу Подмоље и Струга имаше значителен сообраќај што налага размислување за надградба на тој сегмент.

Со оглед дека со изградбата на автопатот Кичево - Охрид во иднина ќе биде решена ситуацијата во делот помеѓу Охрид и Подмоље, до Струга би останала изведба на само 7 километри експресен пат од клучката Подмоље до следнава точка 41°11'2.20"N 20°40'31.93"E (каде што би се изградила нова клучка). Потреба за нешто повеќе од експресен пат нема да има, затоа што Коридорот 8 од Мешеишта до границата со Албанија ќе оди по нова автопатска траса, односно сегашниот пат Подмоље - Струга нема да биде веќе дел од К8.

Значи се' што треба да се направи се 7 километри експресен пат (надградба на постоечки магистрален пат), една нова мала клучка и надградба на една постоечка клучка. Потребите на локалната економија и туризмот мислам дека го оправдуваат тоа. Исто така и постоечкиот обем на сообраќај, како ретко каде во Македонија, оправдува да се размислува за ваква инвестиција.


Posted By: daci92
Date Posted: 23-Feb-2014 at 21:58
Мислам дека засега оваа власт не размислува да гради врска помеѓу Охрид и Струга токму поради различната траса на К8 и Е65 кој ја одминуваат врската помеѓу двата града.
Вакво нешто би било лесно изведено доколку локалните самоуправи се согласат меѓусебно за инвестирање и барање до владата за помош за изградба, но сепак средствата делумно ќе треба да ги обезбедат општините , што и не е некоја голема сума со оглед дека е лесен терен, мала должина а воедно и има постоечки пат кој може да се надгради и обнови. Во овој случај најкап дел би била експропријацијата бидејќи ако не се лажам голем дел од земјиштето во околината е приватно.


Posted By: gjoko
Date Posted: 23-Feb-2014 at 22:18
и екстремно скапо по пзарни цени


Posted By: mon
Date Posted: 25-Feb-2014 at 11:23
Originally posted by gjoko

...Најважното е дека трасата ми зема една нива и дел од шума,па ќе има за по едно пиво


Можеби и за некој подобар модел во Н0.    

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net


Posted By: mon
Date Posted: 25-Feb-2014 at 11:32
Originally posted by fichot

Originally posted by anti-modernista1

Originally posted by ovaj_stariov

Искрено верувам дека автопативе ќе бидат завршени на време, најмногу ради кинезите. Секако сето ова можеше да биде многу поинаку, пример да се започнеше во 2008, најголемиот дел од парите да беа од државниот буџет, па деновиве да ги пуштавме веќе во употреба двата правци. Но пак сега си имаме споменици и тоа не е малку.
Ili mozese nesto da se izgradi izmegju 50 do 91 godina, ama toa e po bitno bese Brioni, slovenija, hrvatska taka da ova ne e malce.


hahaha. jako.

99% od patistata i ulicite koi bile vo 91va bile napraveni vo periodot 50ta-91va. a toa e daleku poveke od ova sega. ok poz.

fichot !!!

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net


Posted By: gjoko
Date Posted: 25-Feb-2014 at 17:16
Угриноски(лустерот) вели: `тоа што Тито го направи вие неможите ни да го искречите`


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Feb-2014 at 19:56
Ај, да си прашам јас, вака неук... Автопатов што ќе се гради ќе биде целосно нов, или ќе се гради само една нова траса, а стариот пат Кичево-Охрид само ќе се надгради? Може некој да ми објасни? Однапред фала.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 25-Feb-2014 at 20:01
Originally posted by Џоле

Ај, да си прашам јас, вака неук... Автопатов што ќе се гради ќе биде целосно нов, или ќе се гради само една нова траса, а стариот пат Кичево-Охрид само ќе се надгради? Може некој да ми објасни? Однапред фала.


малку ти е смешно прашањето ама еве ќе ти одговорам...., СКРОС НОВА ТРАСА И СИТЕ ДРУГИ ПРИДРУЖНИ РАБОТИ !! 370 милиони евра е проектот, засега ...

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Denko
Date Posted: 25-Feb-2014 at 20:08
Originally posted by gjoko

Угриноски(лустерот) вели: `тоа што Тито го направи вие неможите ни да го искречите`
Ova e izjava na sinot na Ceusesku za tatko mu "Toa sto tatko mi go izgradi vie ne mozete da go iskrecite", taka sto Ugrinovski kako i sekogas se kiti so tugi perja.


Posted By: gjoko
Date Posted: 25-Feb-2014 at 20:34
Имењак,ја гледав трасата од автопатот во катастар(приватен),но таа беше како да речам грубата траса, а не деталната.До с.Врбјани после Пресека трасите се скроз разделени,но од кај Врбјани трасите се поклопуваа.

Е сега дали од Врбјани ќе имаме автопат и плус магистрала паралелно до него или овие два пата ќе се соединат-незнам.До Охрид овие траси се поклопуваамшто грубо го прикажав на сликата погоре


Posted By: daci92
Date Posted: 26-Feb-2014 at 00:18
Денко колку што знам јас таа реченица е многу постара и нема врска со тој што го спомнуваш.

Би требало да не се поклопуваат и да бидеме како повеќето нормални земји дека замена за автопатот треба да има регионален/магистрален пат кој би ја поминувал истата траса за повеќе време но за разлика од автопатот не би се наплаќало патарина, е сега кај нас ова правило не важи така да неможам да бидам сигурен ,но ако трасата се поклопува на повеќе места или целосно тогаш сообраќајот до/од Охрид и Струга како би се одвивал во наредните 3-4 години со оглед на тоа дека преку Галичица на А5 е невозможно.


Posted By: nenad
Date Posted: 26-Feb-2014 at 08:35
neka se pravi avtopatot, nemam nisto protiv.
NO samo da se znae deka e protiv sekakva ekonomska logika, nema dovolen soobrakaj za avtopat (a ne veruvam deka toj ke generira vo idnina).
se nadevam deka za 10-tina godini nema da zboruvame kolkav kamen na vratot e toj pat!


Posted By: Тркало
Date Posted: 08-Mar-2014 at 12:52
Eкспропријација на здраво и работено земјоделско земјиште - за едно евро од квадрат



Posted By: Denko
Date Posted: 08-Mar-2014 at 12:59
Se raboti li na delnicava? Dajte nekoga fotografija ako moze.


Posted By: Тркало
Date Posted: 08-Mar-2014 at 16:06
Originally posted by Denko

Se raboti li na delnicava? Dajte nekoga fotografija ako moze.

Засега само паркингот спремен специјално за ‘отворањето‘, со чакал.
И 4 колчиња по 30 цм висина закачени малку понастрана.Ова е состојба од сабајлето.


Posted By: gjoko
Date Posted: 08-Mar-2014 at 19:55
Originally posted by Тркало

Eкспропријација на здраво и работено земјоделско земјиште - за едно евро од квадрат



блазе си ти,мене во вторникот ме повикаа(мајками и тетка ми) и им помудија по 40 денари за квадрат,и тоа не ја земаат целата нива.Остатокот ионака ќе биде уништен од багерите


Posted By: axel
Date Posted: 08-Mar-2014 at 20:16
исто и на пругата (коридор 8) нема никакви активности.Баш денес бев до шупли камен и клечовце на делницата ништо не се случува нема работници нема машини.. СЕ надевам дека во најскоро време ке почнат со работа..ке видиме


Posted By: Тркало
Date Posted: 11-Mar-2014 at 12:59
Да веруваме дека е до законското блокирање на сите вакви настани одреден период пред избори.Со оглед дека свечено ја отворија изградбата и сега би требало да е тековно работење, дали само на отворање се мислело во уредбите за предизборни настани или и тековни работи?


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Mar-2014 at 18:46
тековно јас веќе кажав-не повикаа и ни понудија `фантастични ` 40 денари по квадрат.

како споредба за проширување за рудникот во осломеј,жителите прават барикади и не ги пуштаат работниците да одат со автобусите,оти се незнадоволни со над десет(10) пати поголема цена од оваа


Posted By: daci92
Date Posted: 14-Mar-2014 at 01:29
Originally posted by gjoko

тековно јас веќе кажав-не повикаа и ни понудија `фантастични ` 40 денари по квадрат.

како споредба за проширување за рудникот во осломеј,жителите прават барикади и не ги пуштаат работниците да одат со автобусите,оти се незнадоволни со над десет(10) пати поголема цена од оваа


Истата понуда ја имаат добиено и мој познаници кој имаат имоти на делницата Миладиновци - Штип... , а ако не се лажам истата понуда ја добија и за железничката пруга до Бељаковце...


Posted By: mon
Date Posted: 31-Mar-2014 at 10:16
Некаде по весниците прочитав дека приватно земјиште во Шведска на кое државата била заинтересирана да гради пат,
сопствениците не сакале да го продадат за помалце од 25 евра по м2.

Знам дека Шведска и Македонија не се исто ама ете,
доколку информацијава може да послужи за каква/таква споредба...

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net


Posted By: Тркало
Date Posted: 05-May-2014 at 19:50
Во меѓувреме, исплатата на луѓето зафатени со експропријација веќе почна и мислам дека е (засега) добра индикација за конкретно активирање.


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-May-2014 at 21:44
мојата фамилија само потпиша договор,а мислам дека рок за исплаќање беше 2 години.

иначе низ Кичево веќе се зборува кој ќе `втера` камиони,кој ќе ги снабдува со вода кинезите,кој ќе `работи` со Гранит.....


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-May-2014 at 21:50
Тоа се знаеше, многу типично за Кичево !


Posted By: Тркало
Date Posted: 15-Jun-2014 at 13:38
Во селото Извор на земјиштето на поранешната база на Гранит веќе е подигнат камп за работниците.Засега само неколку контејнери.


Posted By: gjoko
Date Posted: 15-Jun-2014 at 15:21
Во четвртокот се доедли тендерот за чистење на трасата од дрва и слични работи,и замислете на фирмата што го доби тендерот му ги `доделиле` и дрвата што не се откупени од државата.на мојот договор пишува дека за дрва,шуми,насади,поисеви...
е се договара цената дополнително.А овие му ја бапнале целеата траса нему.И сега јас треба да се пазарам со него за да добијам трошки.

Многу убав почеток на градба


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Jul-2014 at 12:38
Кинеско гратче никна крај селото Извор



Забрзано се гради населбата крај селото Извор, Кичевско, во кое ќе бидат сместени работниците на кинеската компанија „Сино хидро корпорејшн лимитед“, кои ќе бидат ангажирани на изградбата на новиот автопат Кичево - Охрид. И покрај топлото време, работници од повеќе македонски компании деновиве го завршуваат првиот дел од таканаречениот кинески град.

- Околу два месеца целосно сме фокусирани во изградбата на овој комплекс, каде што ќе бидат сместени работниците од Кина. Покрај изградбата на бараките во кои ќе бидат сместени работниците, во овој мал град ќе има и управна зграда, каде што ќе се наоѓаат луѓето што ќе го водат целиот проект, а во комплексот се гради и работничка менза со сите неопходни содржини - вели Мусли Муслиоски, раководител на ова градилиште од компанијата „Пилана Плачковица“.
Не се бара луксуз

Работниците ангажирани на овие објекти велат дека платите се добри и дека нивното работно време е од 8 до 17 часот, а за викендите се слободни.

Од кинеска страна постои надзорен орган, кој будно ги следи квалитетот и динамиката на работата и материјалите што се вградуваат во овој град.
- За цело време на изградбата на оваа населба постојано сме под буден надзор на луѓето од кинеската компанија, кои се грижат објектите да бидат квалитетно изградени и по сите стандарди. Зачудува фактот што Кинезите не инсистираат на голем луксуз, дури во идната менза сметаат дека на подот не мора да се ставаат керамички плочки, што од наша страна секако дека не беше прифатено.

Како и да е, до почетокот на август сите започнати објекти ќе бидат комплетно завршени и предадени во употреба и, според нашите пресметки, во нив ќе можат да се сместат околу 300 работници. По завршувањето на првата фаза ќе продолжиме со вториот дел од оваа населба, во која по финализирањето ќе бидат сместени околу 600 работници - додаде Муслиоски.

Се поставуваат контејнери

Во непосредна близина на кинеската населба, Градежниот институт од Скопје формира своја населба од контејнерски тип, во која ќе бидат сместени службите од овој институт ангажирани на автопатот.

- Во 21 контејнер ќе бидат сместени надзорниот орган и лабораториите. Ќе се испитуваат квалитетот на бетонот и геомеханичките својства на асфалтот. Во девет контејнери ќе бидат сместени и нашите лаборатории. Контејнерската населба комплетно ќе биде завршена до крајот на јули. Не можам да ви ја соопштам точната бројка на луѓе што ќе работат во овие контејнери, но се очекува во нив да функционираат околу 60 лица. Што се однесува до нивното сместување, тие што се од поблиските градови ќе патуваат секојдневно, додека оние што се од Скопје и од подалечните градови најверојатно ќе бидат сместени во Кичево или во Охрид - рече Сребре Великичевски од Градежниот институт на Македонија, раководител на оваа населба.

Жителите од селото Извор се жалат од неконтролираното движење на машините по селскиот пат, кој деновиве претрпел сериозни оштетувања.

- Без некој да нѐ праша по селскиот пат деновиве поминуваат тешки булдожери, под чија тежина асфалтот попушти и на повеќе места е оштетен. Ако продолжи ова самоволие на компаниите што градат тука, тогаш од селскиот пат за брзо време нема да остане ништо - се пожалија изворчани, кои ги сретнавме во полициската станица во ова село, каде што од органите на редот побараа да се спречат овие појави.

v - http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71114102495&id=10&prilog=0&setIzdanie=23222

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Jul-2014 at 17:09
А кој ќе има корист од сето ова-класична македонска идиотштина


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Jul-2014 at 11:34
Засега се работи на пристапни патишта до местата каде ќе има темели за мостовите.Темпото е поспоро,бидејќи има некои проблеми со самиот проект и непредвидени ситуации.Изградбата на патот сигурно нема да заврши за тоа време што го кажа владата.

Шефот на делницата од Гранит ми е близок човек,па ќе имам информации од прва рака,плус и службено ќе бидат активен ако се користи експлозив за пробивање на трасата

од пред неколку дена(една недела) и е сликано од кај влезот во Кичево од страна на Охрид

https://flic.kr/p/obK5Tn">
https://flic.kr/p/obJ8bb">


Posted By: jyvation
Date Posted: 26-Jul-2014 at 17:46
Еве слики од "Трансмет" кога се почнуваше со работните активности околу автопатот.















Posted By: jyvation
Date Posted: 26-Jul-2014 at 17:47
Овие се од пред околу 15-20 дена.











Posted By: jyvation
Date Posted: 26-Jul-2014 at 17:49
Овие се најнови од пред 2-3 дена.







Posted By: Dexter26
Date Posted: 26-Jul-2014 at 17:59
Бидејќи не сум најдобро запознаен, еве ќе прашам:
 
Автопатот Кичево - Охрид нема да биде по истата траса по која е сегашниот пат ?
 
Прашувам бидејќи пишувате за мостови, а од сликиве гледам дека се копаат нови траси, па претпоставувам дека нема да биде истата траса.
 
Како за споредба, автопатот Скопје - Тетово е истиот пат што беше и претходно, само го проширија. Одлично помнам дека на почетокот од летото 2001 или 2002, кога почнаа градежните работи, се копаше веднаш до постоечкиот пат Скопје - Тетово, а на крајот од истото лето, патот - кој тогаш веќе стануваше автопат, беше до некаде асфалтиран.
 
Но автопатот Кичево - Охрид ќе се гради по друга траса, односно нема да се проширува веќе постоечкиот пат, или погрешно разбирам некои работи ?


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Jul-2014 at 19:20
Декс,имам погоре ставено слики каде е трасата.Се до село Врбјани трасите се засебни и автопатот се качува над Кичево,па низ планините слично како патот Скопје-Велес.

Од Врбјани трасите се поклопуваат со тоа што незнам дали ќе бидат два паралелни патишта или автопатот ќе биди врз магистралниот


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Jul-2014 at 19:33
погорнине слики би требало да се од оваа локација:

41.446455, 20.819858

каде би требало во близина да започнува тунелот под Пресека


Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Jul-2014 at 20:19
Еве и од локацијата кај село Извор денешни.Имаше работници во некој мал број, работеа уште на средување на теренот меѓу и околу живеалиштата

Кратка географија на теренот

http://s820.photobucket.com/user/Galeb_Oh/media/ohd/CAM00540_zps500cab7e.jpg.html">

Лево на сликата во правец запад - три поголеми и два помали ‘павиљони‘, по таа логика објектот контра нив во правец исток би бил со некоја управна функција

http://s820.photobucket.com/user/Galeb_Oh/media/ohd/4e11f839-4151-43dc-aba9-8c222fb19413_zpsd9fda6b7.jpg.html">

Влез во ‘населбата‘

http://s820.photobucket.com/user/Galeb_Oh/media/ohd/CAM00511_zps74aacbc0.jpg.html">

http://s820.photobucket.com/user/Galeb_Oh/media/ohd/39e4eca4-dbd1-4b00-b81c-8935d4100b52_zpsdd6e7fc2.jpg.html">


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Jul-2014 at 21:01
местото од каде е сликана првата фотографија е приближната локација на еден од поголемите мостови на оваа делница


Posted By: jyvation
Date Posted: 02-Aug-2014 at 23:15
Кинези во кичевски Извор. Изградбата на автопатот Кичево-Охрид ги раздвижи мештаните



Звукот на машините во шумите над селата Кленоец и Извор после Кичево, најавуваат дека автопатот Кичево-Охрид се гради. Подготовките на теренот за изградба, односно сечата на шумата и рамнење на теренот не беа запрени ниту за викенд, ниту за празник. Се работеше интенизивно.

Во подножјето на Кленоец, односно во селото Извор кај изворите на реката Треска, треба да „изникне“ нов мост кој практично ќе поврзе две планини, кој е само еден ден од делницата на автопатот.Можеби и најтешкиот. Во моментов се градат привремени објекти, односно бараки каде што ќе бидат сместени околу 300 Кинези кои ќе учествуваат во изградбата на автопатот. Присуството на Кинезите можеше да се забележи, но во далеку помал број како што се најавуваше. Беа седнати пред кооперација.

Во поранешната стаклара во Извор пак, се сместени вработените на компанијата Трансмет која исто така учествува во изградбата на автопатот кој треба да биде готов за четири години.

Трансмет за потребите на изградба на дел од автопатот Кичево-Охрид имаше потреба од 235 работници – градежни инженери, техничари, рударски инженери, извршители и работници на каменолом, минери, раководители со градежна механизација, ракувачи со градежни машини, возачи и градежни работници.

Во Трансмет, но и за потребите за изградбата на автопатот се вработени и жители на Извор и Кленоец. Мештаните велат дека со започнувањето на изградбата на автопатот, има повеќе луѓе а и селата малку заживеале.

„Дочекавме Кинези во селото,“ на шега велат мештаните.

Но со изградбата на автопатот, голем дел од имотот ќе им биде одземен, односно исплатен по одредена сума. Државата им дава по 40 денари за метар квадратен, сума од која воопшто не се задоволни.

Почетокот на изградбата беше означен во февруари годинава.

Должината е 57 километри, а инвестицијата е вредна 375 милиони евра. Средствата за инвестицијата се обезбедени преку кредит од кинеската Ексим банка, а ќе го гради кинеската компанија „Сајнохидро корпорејшн лимитед“. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија.

Се проценува декан ова е највисоката инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија.

Според проектот, новиот автопат ќе има две ленти со вкупна ширина од 25,2 метри, а на трасата ќе има 6 натпатници и 13 потпатници, и еден тунел со две цевки.

Изградбата на автопатот за жителите на овие села носи и добри и лоши страни. Добрата секако е можниот економски бенефит, подобрената инфраструктура, побрзото стигање до Охрид, стратешката позиција на местата. Но, лошата е што ќе го наруши мирот, ќе ја уништи природата и ќе го загади свежиот и чист воздух на планината.

http://emagazin.mk/%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%B7%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD/ - http://emagazin.mk/%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%B7%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD/


Posted By: Тркало
Date Posted: 03-Aug-2014 at 23:18
^ ^ ^ ^
Базата малку подолу од кампот


И гледана од горе, отприлика локацијата - едниот крај на планираниот мост , а лево е другиот крај.На средина на сликата пробиеното во правец кон Кичево, во подолната слика пак


Ова во далечина е делот некаде пред Извор во правец кон Кичево, убав дел е трасиран почетно (бр. 1 на сл. слика)


Копано и делумно трасирано е и кај селата Попоец и Малкоец (2,3 и 4 - видливо од кај чешмата пред Пресека).По некоја логика според местата на работа вака некако би одело


Posted By: gjoko
Date Posted: 03-Aug-2014 at 23:47
интересно е што базата е поставена на местото каде била базата кога се градел магистралниот пат Кичево-Охрид преку пресека.Малку погоре према патот за Ехловец се наоѓаат каменоломите(лево од базата на слика 2) од кои се вадел камен за изградба на магистралата


Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-Aug-2014 at 23:53
Штата за природата. За жал таа секогаш е жртва а развојот , не ми е по ќејф но нема бегање од глобализацијата и светските трендови.


Posted By: Denko
Date Posted: 04-Aug-2014 at 10:35
Originally posted by kultuzin

Штата за природата. За жал таа секогаш е жртва а развојот , не ми е по ќејф но нема бегање од глобализацијата и светските трендови.
i zivotinskiot svet...


Posted By: axel
Date Posted: 16-Aug-2014 at 12:15

Заврши изградбата на кинеската населба кај Извор

Во овој комплекс ќе бидат сместени работниците од кинеската компанија што ќе го гради автопатот

 
 
%20  
СЕ ЗАБРЗУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД

Заврши изградбата на кинеската населба кај селото Извор што за потребите на компанијата „Синохидро корпорејшн лимитед“ ја изгради скопската фирма „Плачковица-Ел-Мик“.

- Во предвидениот рок од два месеца ги комплетиравме шесте објекти, кои за потребите на кинеската компанија „Синохидро“ ги изградивме кај селото Извор. Во овој комплекс изградивме шест приземни бараки, од кои четири ќе послужат за сместување на работниците од кинеската компанија, во една барака ќе биде сместена мензата, а друга ќе послужи за сместување на администрацијата. Веќе почна да пристигнува и неопходниот инвентар и наскоро сите објекти ќе ги примат првите станари - рече Иван Симоновски, еден од косопствениците на пиланата „Плачковица“.

Во текот на изминатите два месеца пиланата „Плачковица“, покрај сопствените работници, во изградбата на објектите ангажира и други работници, претежно од Кичево, како и подизведувачи. Инаку, работите за време на изградбата беа следени од надзорниот орган на работодавецот „Синохидро“.

- Цело време над нашата работа надзор вршеше кинеската компанија „Синохидро“. Со мали исклучоци, Кинезите беа задоволни од нашата изведба, лесно наоѓавме заеднички јазик за малите недостатоци, кои ги отстранувавме, што беше уште еден комплимент за нашата компанија. Единствено преостана до почетокот на грејната сезона Кинезите да одлучат на кој начин ќе ги затоплуваат бараките, кои се градени според сите светски стандарди - додаде Симоновски.

Деновиве се врши и партерното уредување на просторот, со што ќе се добие финалниот изглед на овој мал град. Наскоро се очекува значително да порасне и бројноста на работници на „Синохидро“ на автопатот Кичево - Охрид.

Во непосредна близина на кинеската населба финишира и изградбата на работните простории од контејнерски тип на Градежниот институт на Македонија од Скопје.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81514183923&id=9&setIzdanie=23251


Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Aug-2014 at 21:05
од вчера:

https://flic.kr/p/ouCmYA">
https://flic.kr/p/oM633U">
https://flic.kr/p/oK5XRy">
https://flic.kr/p/ouCJii">


овде треба да биди влезот на тунелот

https://flic.kr/p/ouCLY8">


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Aug-2014 at 01:05
Доста шума е масакрирана.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 19-Aug-2014 at 08:31
Нова бетонска база на Трансмет во с.Извор,Кичевско за потребите за изградба на автопатот Кичево-Охрид.









Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Sep-2014 at 20:54
Сликано денес.Оваа позиција е одма после Кичево на излезот према Охрид.Сликано е со мобилен од голема далечина(6-7 км).Цело време се думав да не го заборавам апаратот-и нормално го заборавив

https://flic.kr/p/p3CwvF">
https://flic.kr/p/p3DpoS">


Posted By: pfc
Date Posted: 21-Sep-2014 at 21:01
Од Кически манастир вака се гледа?


Posted By: Тркало
Date Posted: 21-Sep-2014 at 21:04
102,5% од манастирот


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Sep-2014 at 22:55
Да,денес е празникот мала Богородица


Posted By: Тркало
Date Posted: 27-Sep-2014 at 13:55
Едночасовен застој кај „Пресека“

Вести | Охрид | 27.09.2014 13:33Посети : 396

Поради минирање на теренот во близина на патната делница Пресека – село Врбјани на магистралниот пат Охрид-Кичево, денес од 13:30 до 14:30 часот на овој патен правец ќе има едночасовно сопирање на сообраќајот во двата правци.

Инаку, застојот на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај делницата Пресека-село Врбјани е поради потребите на градежната фирма „Илинден“ која ги изведува работните зафати на изградба на автопатот Кичево – Охрид.

© 2014 Ohridnews.com. Сите права се задржани.


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Sep-2014 at 19:25
се минира негде околу ова место,каде беа тие малите споменичина одма од десната страна на патот

41.424259, 20.816463


Posted By: jyvation
Date Posted: 29-Sep-2014 at 21:30
@gjoko Трансмет минираат и расчистуваат еве и слики од терен..







Posted By: gjoko
Date Posted: 29-Sep-2014 at 23:57
знам,деновиве сите им текна дека треба да се минира,па трчаат по процедури кои требаше да ги завршат уште летоска


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Oct-2014 at 21:10
од денешната посета при минирањето на карпите за пристапните патишта за трасата:

https://flic.kr/p/pdjDWi">
https://flic.kr/p/pdk5iA">
https://flic.kr/p/puN6cb">
https://flic.kr/p/puPRoP">
https://flic.kr/p/psMGQ3">
https://flic.kr/p/pdkvcm">

и каде летнале `мали` камења(по 200 кг)

https://flic.kr/p/puN5wy">


Posted By: Тркало
Date Posted: 05-Oct-2014 at 15:02
Originally posted by gjoko

се минира негде околу ова место,каде беа тие малите споменичина одма од десната страна на патот

41.424259, 20.816463


Изгледа и тука некоја мала населба (ќе) градат.


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Oct-2014 at 19:08
кај кинеската база во с.Извор:

https://flic.kr/p/pAFqCo">
https://flic.kr/p/pyEJZG">

местата каде ќе бидат влезовите од цевките на тунелите од кичевска страна:

https://flic.kr/p/pjdiT9">
https://flic.kr/p/pjdiG7">


Posted By: alexsend
Date Posted: 09-Oct-2014 at 22:19
Секогаш е особено задоволство да се гледаат фотографии кои го отсликуваат прогресот!


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Oct-2014 at 23:16
кинезите најмногу доцнат со напредувањето.сакаат да почнат со минирање на тунелите при крајов на месецов,а нема никаква шанса.сеуште се на самиот почеток.немаат ни струја донесено до таму,а та е потребна за бушење.

Гранит и Трансмет работат турбо


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Oct-2014 at 08:05
Вчера на фирмениот меил стигнаа два интернационални тендера од страна на патната агенција на РМ во врска со изградбата на автопатот Кичево-Струга.

*Тендер 1 - изработка на идеен и технички проект за делницата Кичево-Требеништа
*Тендер 2- изработка на идеен и технички проект за делницата Требеништа-Струга

Сепак немав многу време да ги разгледам деталите, но јас мислев дека одамна се направени идејните и техничките проекти на овој пат кој е во изградба. Или се работи за некое дополнување? Како и да е повеќе инфо очекувајте во понеделник, но успеав да забележам дека единствениот критериум за избор е најниската цена.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Staki
Date Posted: 11-Oct-2014 at 18:59
Како што имам читано од програмата на ВМРО треба да имам крак на автопатот Кичево- Охрид, од селото Требеништа до Струга. 15-тина километри мислам дека се во прашање и допрва треба да се направи проект.


Posted By: jyvation
Date Posted: 21-Oct-2014 at 19:44
Турбо работат "Трансмет" еве го нивниот дел.

1.


2.


3.


4.


Posted By: jyvation
Date Posted: 21-Oct-2014 at 19:46
5.


6.


7.


8.


Posted By: jyvation
Date Posted: 21-Oct-2014 at 19:48
9.


10.


11.


12.



Print Page | Close Window