Print Page | Close Window

Мариово

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Фото/Видео
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2993
Printed Date: 09-Dec-2022 at 09:06


Topic: Мариово
Posted By: Џоле
Subject: Мариово
Date Posted: 26-Jan-2014 at 14:27














exploring.mk

-------------
За сè има вторпат



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jan-2014 at 14:28














exploring.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jan-2014 at 14:31














exploring.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jan-2014 at 14:34














exploring.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jan-2014 at 14:35














exploring.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jan-2014 at 14:36














exploring.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Jan-2014 at 15:43
Овој мост не е тој што се користеше при цнимањето на првиот спот на Милчо манчевски со пеперутката од сребро?Неможам да го најдам видеото да споредам





Posted By: Skopjanecot
Date Posted: 26-Jan-2014 at 16:13
Мислам дека не е. Мостот над Гарска река (Еленски скок) беше колку се сеќавам.



Него рекава Црна река е?
И fcck it - лепота е ова Мариово!!!


-------------
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jan-2014 at 16:46
Напротив, тој е мостот од филмот „Прашина“ на Манчевски. Се наоѓа во село Зовиќ, Мариовско. А реката не знам која е.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ehrlich
Date Posted: 26-Jan-2014 at 23:00
Точно така, тој е мостот од филмот „Прашина“. Реката се вика Градешка и се влива во Црна Река, која во поголемиот дел тече низ Мариово. Еве и статија на https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD_%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82_%28%D0%97%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C%29 - Википедија за мостов.


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Aug-2014 at 21:20
На ова мариовско село никако не можам да му го откријам името...

https://flic.kr/p/oj12Ny"> https://flic.kr/p/oj12Ny - Mariovo, Macedonia by https://www.flickr.com/people// - axel.meiss , on Flickr

https://flic.kr/p/oCfe36"> https://flic.kr/p/oCfe36 - Mariovo, Macedonia by https://www.flickr.com/people// - axel.meiss , on Flickr

https://flic.kr/p/oAsLw5"> https://flic.kr/p/oAsLw5 - Mariovo, Macedonia by https://www.flickr.com/people// - axel.meiss , on Flickr

https://flic.kr/p/oiU5Tx"> https://flic.kr/p/oiU5Tx - Mariovo, Macedonia by https://www.flickr.com/people// - axel.meiss , on Flickr

https://flic.kr/p/oiTiug"> https://flic.kr/p/oiTiug - Mariovo, Macedonia by https://www.flickr.com/people// - axel.meiss , on Flickr

https://flic.kr/p/oiUykZ"> https://flic.kr/p/oiUykZ - Mariovo, Macedonia by https://www.flickr.com/people// - axel.meiss , on Flickr

https://flic.kr/p/oynAoL"> https://flic.kr/p/oynAoL - Mariovo, Macedonia by https://www.flickr.com/people// - axel.meiss , on Flickr

https://flic.kr/p/oAnzZB"> https://flic.kr/p/oAnzZB - Mariovo, Macedonia by https://www.flickr.com/people// - axel.meiss , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 05-Aug-2014 at 21:26
Ако се разгугламе сигурно ќе најдеме

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D0%B0%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BD:%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0 - http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D0%B0%D0%B1%D0%BB%D0%BE%D0%BD:%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0


Posted By: kultuzin
Date Posted: 24-Aug-2014 at 11:05
Мислам дека овој крај заслужува своја тема.


Македонија за почетници: Мариово, Марина земја, Мореја

Гоце Ристовски

„По пат одам за пат прашам, кој пат води за Мариово…” Со прашување далеку се стига. Дур до Мариово, а ене каде е. Долж средното сливно подрачје на Црна Река, заградено со Ниџе и Кожуф од југ, со Селечка Планина од запад, Дрен планина од север и со Козјак од исток, со просечна височина од 700 до 1.000 метри над морето.

И кога и да слушнам, кога и да помислам на Мариово, умот ми оди на Итар Пејо. Така се стори по итроманецот Пејо да се познава Мариово, иако пред помалку од сто години во некои описи за мариовчани не се кажува дека биле итри… Напротив.
Дури и за Итар Пејо се раскажува како ја сечел гранката на која седел и како се струполил обезглавен, та никој дури и Итра Пеја, неговата жена, не можела да се сети дали Пејо имал глава. Ама запишано е и нешто друго, дека мариовци биле „диви“ и „бунтовни“ што може горделиво да се прими на знаење. Запишано е многу за Мариово и мариовци.

Мариовците како составен дел од македонската нација ги споменува Ѓорѓија Пулески. Ми прави впечаток описот од првата половина на дваесеттиот век: „… природата неизмерно ги надарила мариовци со чудесна убавина и прекрасна – стројна снага, особено жените. Сите мариовци се одликуваат со висока и стројна става, силна телесна градба и убави црти на лицето. И ако на таа телесна убавина се додаде женската селска носија, украсена со секаков вид на сребрен и други накити, имаме убавици какви ретко се среќаваат.“ Мариовската женска носија е меѓу колоритно најбогатите македонски народни носии. Невестинската Мариовска носија тежи 48 килограми.

ИТАР ПЕЈО И КАЛЕШ АНЃА

Кога, пак, ќе се сетам на Пеја-итроманецот, ми текнува на писателот Стале Попов. На легендата за Калеш Анѓа, што овој современ македонски писател, кој долго време беше прв на листата најчитани домашни автори, овековечена во истоимениот роман. Куќата на најубавата и надалеку позната мома (опеана и во познатата песна „Ајде слушај, слушај, Калеш бре Анѓо“), е во Старавина.

Преубавата Анѓа, не сакајќи да се потурчи, била грабната и однесена кај турскиот бег или кадија во Прилеп. Мариовци се разгневиле поради постапката на бегот, отишле и успеале да ја вратат Калеш Анѓа дома. Потоа се сокриле во тврдината Пешта, која и денес се заѕира од селото, во која живееле под опсада цели десет години, сè додека, според едно предание, една баба не ги предала на Турците.

Тврдината е на 52 километри од Битола, помеѓу селата Градешница и Старавина. Таа постоела уште во времето на античките македонски кралеви, а во време на Римската империја во неа имало војска. По Мариовската буна била оставена на милост и немилост на времето, а била разурната во бамбардирањата за време на Првата светска војна. Спасувањето на Калеш Анѓа било вовед во организирано востание против Отоманската империја (1564/65) познато како „Мариовска буна“, првата масовна форма на отпор на македонскиот народ против Османската власт.

И, кога сме кај Итар Пејо, бездруго се присеќавам на генијалниот прилепски терзија, неуморниот собирач на народни умотворби и самиот раскошен творец, Марко Цепенко кој го овековечи мариовецот Итар Пејо кој живеел во селото Градешница. И веднаш, и на актерот Благоја Спиркоски –Џумерко. Не само затоа што тој така уверливо го играше мариовскиот итрец, туку и зашто и самиот е Пејо.

Мариово е ридско-планински предел во јужниот дел на Република Македонија (средишен на етничка Македонија). Низ Мариово протекува ЦрнаРека и го двои на две (Мало Мариово на левата страна од реката и Старо или Големо Мариово, од десната страна), создавајќи ја најдолгата клисура во Република Македонија, сто километарската Скочивирска Клисура.

Не знам кој од кога и зошто го поделил Мариово на три: Битолско (Старавина, Маково, Рапеш, Зовиќ, Градешница, Будимирци, Груништа, Орле, Брник, Ивени и Петалино), Прилепско (Витолиште, Бешиште, Вепрчани, Врпско, Дуње, Жиово, Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Полчиште, Пештани, Чаниште и Гудјаково) и Тиквешко (Рожден, Клиново, Р’жаново, Мајден и Галиште).

Во Мариово имам одено од трите страни, и од секаде сонце грее. Еднаш во Р’жаново, сетне малку се подзагубивме, па за малку не појдовме, неканети, преку граница, кај нашиот јужен сосед.

Областа Мариово била населена уште од антиката, а била и дел на Античка Македонија, за што сведочат остатоци од многу тврдини и пронајдоците на штитови и други предмети од антиката.

Во Мариво биле населени повеќе од 40 населби. Меѓутоа, за само 40 години населението и стапката на раѓање се неколкукратно намалени. Во училиштето во Старавина, во шеесеттите години учеле над 1.000 ученици. Имало интернат и кујна. Денес ништо од тоа. Мариово во пописот од 1948 година имало највисока стапка на раѓање во тогашна СФРЈ, а денес детски плач не се слуша, оти Мариово е речиси запустено.

Некаде околу 1800-тата година селото Мелница што се простира по двата брега на реката Бутирица, броело 50 куќи, но населението било прокудено и селото останало пусто. „Јужно од селoто, на 500 метри оддалеченост, изграден е нов манастир Свети Илија. Ктитор на манастирот е дедо Стале од село Полчишта, умрен на 115 години. Угоре од с. Мелница, во правец на северо-исток, патот води низ клисури, образувани од реката Бутурица. По еден час пат, се стига во главното мариовско село Витолишта. Тоа брои 168 куќи, 1.225 жители, и има две цркви, два свештеника и училиште, кое датира от 1829 година.“ – пишува во книгата „Мариово“ од 1923 година.
Родната куќа на писателот Стале Попов е токму во веќе иселеното мариовско село Мелница. Во близина на една од најпознатите македонски цркви – Свети Илија.

Со прашување далеку се стигнува. Ама со расприкажување – уште подалеку.

Во една прилика со сликарот Проф. Владимир Георгиевски и Проф. д-р Ивица Џепаровски тргнавме кон манастирот Свети Илија, каде веќе не очекуваа. Тргнавме во манастирот изграден 1872 година од мајсторПере Лауц, роден во Прилеп, кој во животот изградил триесетина цркви, а за негова најзабележлива градба се смета градскиот часовник во Прилеп.

Не знам како дојде до тоа, но се отвори дискусија за воспитувањето на децата, Карлос Кастaнеда, Берѓаев, Аристотел… И, возачот што требаше да не одвезе до Мелница, во манастирот Свети Илија, во чија близина е и куќата на Стале Попов, дали го шашардисавме, не однесе во Витолишта.
- Стале Попов овде завршил основно образование, убаво е да го видите и ова убаво село, резимираше возачот.

МАРИОВО МИРНА ЗЕМЈА

Повеќе легенди кажуваат за потеклото на името на овој прекрасен македонски крај – Мариово. Во „Македонска библиотека” ГеоргиТрајчев во 1923 година првата книга ја посветува на Мариово. Според него, областа го добила името според владетелката Мара, сестра на последниот бугарски цар Шишман Трновски, кој ја дал за сопруга на Султан Мурат.

Според преданието на кое се повикува, таа неколку години живеела под името Тала-Мара и Тамар-Мара, јавно исповедувајќи ја својата христијанска вера и воспитувјќи ги децата според христијанската вистина. Муслиманските духовници не можеле да гледаат како Султанката горделиво посетувала христијански цркви и како во султанските палати прибирала свештеници кои вршеле христијански обреди.

Поради нивните приговори, Султанот и предожил на Мара да прими муслиманска вера. Откако таа решително одбила да се потурчи, тој и понудил да побара од него што сака, но да отиде некаде далеку каде тој нема да може да ја види, ниту неа ниту четиригодишниот син.

Мара се согласила и посакала да и даде да владее со областа меѓу Прилеп, Битола, Воден и Демир Капија. Султанот ја испратил, подарувајќи и многу имот и благороден накит, со придружаба од 500 телохранители. Кога пристигнала до Прилеп, посакала да се замонаши во прилепскиот манастир Света Богородица, во Трескавец, но калуѓерите не ја прифатиле. Навредената Мара заповедала да ги убијат сите монаси и да го запалат манастирот.

Потем се населила во убавото село Витолиште, каде изградила величествена палата, а покрај Црна Река изградила нов манастир – Свети Димитрија Чебренски. Од тогаш таа област го добила името Мариово. Марина земја или Марино поле.

По нејзината смрт Мариово одново било во Турската империја, а нејзините палати и прекрасниот Чебренски манастир, Турците ги урнале, за да не остане споменот на Мариовската самостојност. Но, благодарение на самостојноста во времето на Мара, Мариово било поштедено од исламизација.

Според Георги Трајчев, Мариово го воодушевува патникот со својата убавина, природните богатства и древнините. Со еден збор, намерникот во душата чувствува наслада бидејќи се наоѓа во царството на „вечнозелените борови“, прибежиште на мечката, дивата свиња, дивата коза, фазанот, срната и други диви ѕверки и од помислата дека тука секоја педа земја, секое камче се облеани со човечка крв. Славното Мариово запишало уште пославна историја.

Антон Поп Стоилов, исто така, детално го опишал Мариово, село по село, и ја споменува истата легенда за султанката Мара и султаниките по неа, нагласусвајќи ја независноста на овој крај во „турското“. Според Стоилов, прилепската поговорка „Мариово мирна земја“, води потекло од тоа убаво време кога мариовецот ги ползувал привилегиите што му биле дадени од султанките.

Друга легенда вели дека името Мариово сведочи дека предмногу векови таму имало море што, пак, се потврдува со многубројните карпи во форма на школки. По мое, Мариово било – Мориево, т.е. Мореа, што се споменува и во светите книги.

БЕЗБРОЈ ТАЈНИ И ЛЕГЕНДИ

Според една легенда, во Мариово постои „трева што бега“ од која се подготвувал волшебниот напиток кој им давал сила на јунаците. Дојдете и проверете и узнајте зошто низ овој регион водел патот Виа Игнација. Посетете некоја од многубројните цркви и манастири.

Во Градешница, на пример има девет, најстарата е од 14-от век. Дознајте зошто една црква во Старавина се нарекува Магарешка црква. Поминете преку мостот во село Зовиќ, од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски, изграден без врзивен материјал во 1955/56 година од мајсторот Џуладин од Струга. Видете го насликаниот Свети Ѓорѓи на карпа под мостот. Отидете до водопадот во близина на селото Брник, каде водата паѓаод 18 метри, Расимбеговиот мост за кој постојат многу легенди и преданија, до кој се доаѓа по асфалтен пат од Прилеп.

Можеби ќе ви се посреќи да го пронајдете скриеното богатство – 1.200 килограми злато. Посетете го манастирски комплексЧебрен – некогаш еден од најбогатите македонски манастири што се наоѓа по течението на Црна Река, на нешто повеќе од пет километри од Зовиќ, каде може и да се преспие.Посетете ја црквата Свети Никола во Манастир каде се откирени фрески од 1271 година, едни од најстарите во Република Македонија.

Искачете се на Кајмакчалан, највисокиот врв на Ниџе, една од клучните позиции за време на Првата светска војна каде се наоѓа црквата Свети Петар, во која до Втората светска војна се чувало позлатеното срце на Рудолф Арчибалд Рајс, професор, криминолог, фоторепортер и дописник на повеќе весници кој известувал од Фронтот. Од Битола тргнете со возило до селото Скочивир по асфалтен пат, а потоа со џип или пеш (за околу пет часа). Може да ноќевате во ловечкиот дом или во шумската куќа.

Мариово изобилува со лековити води: Извор – Манастир Свети Илија во близина на селото Градешница. Дојдете и напијте се од водата од која се снабдувала тврдината Пешта по Мариовската буна и Светонеделската вода во селото Брник.

Посетете ги археолошките наоѓалишта во Витолишта каде постоела римска населба и каде живеел и предисториски човек. Бидете од оние на кои Мариово им стана уште поинтересно по откривањето на античките штитови во Бонче…

Во Мариово секој ден можете да возите по различна велосипедска патека или да уживате во прекрасниот предел, возејќи се со џип. Поминете прекрасни мигови во сè уште недоистраженото археолошко наоѓалиште Мариово.Тука во овој песнопоен крај одново послушајте ја (и запејте ја) песната „Заплакало е Мариово / За тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугаре./ За шпиуните Параловци, Ѓорѓија што ми го предадоа…“

И, поддржете ја идејата/иницијативата Мариово да биде прогласено за национален парк!
http://www.maticanaiselenici.com/?p=1206 - http://www.maticanaiselenici.com/?p=1206




Posted By: kultuzin
Date Posted: 24-Aug-2014 at 11:06
[tube]XoNiNejvL_4[/tube]


Posted By: kultuzin
Date Posted: 24-Aug-2014 at 11:07
[tube]yAgZwRVHUoU[/tube]


Posted By: kultuzin
Date Posted: 24-Aug-2014 at 11:12
Не сум сигурен дали целото видео е од Мариовскиот крај па ако знае некој нека каже.

[tube]SHCKelxbJOA[/tube]


Posted By: kultuzin
Date Posted: 24-Aug-2014 at 11:57
[tube]biJRuwC2u-g[/tube]


Posted By: jyvation
Date Posted: 26-Aug-2014 at 02:10
[TUBE]QR8JSZemoO4[/TUBE]


Posted By: Max
Date Posted: 01-Dec-2014 at 05:50

http://www.mariovofilm.mk/mk/regioni/mariovo - http://www.mariovofilm.mk/mk/regioni/mariovo

https://www.youtube.com/playlist?list=PLlQMacj9G7TKLw0VJHiMPhM8vPFTp7aOc - Мариово Филм - Региони дури Вмбел в костурско им фатила кадри камерата на мариовциве

[tube]9Yp0xJh2VwE[/tube]


Posted By: Max
Date Posted: 04-Dec-2014 at 21:31



Нешто и за на Мара Виорот значи вортекси има по цел балкан но Мариово велат е главната спона, да не звучам пагански ќе речам просто бадијала не се креваат лесно таму во облаци Соколите, Мршојадците и Орлите а преку нив и мариовската земја стига високо до небото [ https://www.youtube.com/watch?v=6n-cqd-ULQA - 1 ]

Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=133287#133287 - Max

]to conclude, here bridging-climbing-naturalizing i.e. bridge-climb-nature means to be closer to the Sun, Winds and Sky so one can recharge its directions-batteries-horizonts... and if these are done or fulfill as in land that is unique place and not just confound location, it could trigger sci-vortexes or art-portals like the scientific premise that here is the center of Rodinia [ http://en.wikipedia.org/wiki/Rodinia - 1 ][ http://www.nvcc.edu/home/cbentley/shenandoah/rodinia.jpg - 2 ][ http://www.youtube.com/watch?v=Cm5giPd5Uro - 3 ] or the fantastical premise that here is the center fi Middle Earth [ http://www.youtube.com/watch?v=DXe46A0rmGQ - 1 ][ http://www.lotrplaza.com/forum/forum_posts.asp?TID=229914 - 2 ][ http://forum.net.hr/forums/p/344610/10778428.aspx#10778428 - 3 ], all in all a peninsular glow that has primordial beauty > reachable only if all countries and people that exist here are seen without borders...

[tube]nPUkrqyRa_A&[/tube]





Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jan-2015 at 18:32
Зовиќ, Мариово

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071602?p=0">
ОТКРЫЛАСЬ МНЕ ДОЛИНА

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071603?p=0">
МОСТ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071605?p=0">
ОСТАТОК РИМСКОЙ ДОРОГИ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071606?p=0">
СПАСИБО РИМЛЯНАМ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071608?p=0">
ПРОРЫВ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071609?p=0">
НА ТВЕРДОМ МЕСТЕ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071610?p=0">
СОЕДИНИТЕЛЬ

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Jan-2015 at 18:34
https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071611?p=0">
СКРОМНЫЙ БУКЕТ

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071761?p=0">
БИВАК

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071762?p=0">
ВЫПАС

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071763?p=0">
ЧЕРЕПАШКА

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071764?p=0">
РАСЩЕЛИНА

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1071766?p=0">
ИЗЛУЧИНА

https://fotki.yandex.ru/users/aleksaesto/view/1072053?p=0">
ГОТОВЯТСЯ К НОВОМУ ГОДУ


-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Jan-2015 at 19:05
Многу убаво место е Мариово,штета што се испусти.Кога би имал можности би го посетувал повеќе него Охрид


Posted By: jyvation
Date Posted: 09-Jan-2015 at 20:14
Кај мене не се појавуваат сликите..


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 04-May-2016 at 16:16

[ http://itarpejo.org/kultura-i-religija/naucni-trudovi/541-2011-02-13-01-07-30 - 1 ] http://itarpejo.org/za-mariovo/mapa-na-mariovo - http://itarpejo.org/za-mariovo/mapa-na-mariovo


можеби последна прилика да се загрее народ да скитне по 200км течение на Црна Река [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PID=94559#94559 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PID=144502#144502 - 2 ] по најдолгиот и најубавиот Кањон во земјава 100км кој врви сред Мариовката висорамнина тн Скочивирска Клисура [ http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=9CC45E1FE067A44197750112F316C35C - 3 ]

https://web.archive.org/web/20160504142932/http://mojden.mk/ideas/mojvikendmariovo - http://mojden.mk/ideas/mojvikendmariovo

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=127853#127853 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=127853#127853

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=138734#138734 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=138734#138734

[tube]2iY1aCw-x94[/tube]

Буши в Мариово



-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 18-May-2016 at 16:55
Originally posted by +Protagorist

по течението на Црна Река [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PID=94559#94559 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PID=144502#144502 - 2 ]


сигурно во блиска иднина убав селски одмор со поглед на идното езеро Чебрен ќе може да се истера во некое од селата по падините на Селечка планина пр. село Брник иако и останатите села ко Орле или под него Маково се повеќе од инспиративни по тоа сушните предели, кои во минатото биле домакин на градот Пелагон [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3092&PID=179089#179089 - 1 ][ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1085&PID=188686#188686 - 2 ] гребенот карши овие села над село Крушевица [ http://itarpejo.org/za-mariovo/mapa-na-mariovo - 3 ]

~


еве репортажа од прилепскиот дел на првата или последната мариовска планина зависно кому што му е горе или доле на компасот лично Селечка ја доживувам како мариовски излез иако за повеќето вардарци е влез в Мариово веројатно оти сум егеец по потекло па затоа наопаку

[tube]8kG7rTflqcg[/tube]

ВИКЕНД НА СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА
Планински туризам - ПАТОКАЗ-Бр.15 Илија Ацески


Планинарењето ми е во крвта – со татко ми планинарев, со моето семејство, сам и со пријателите. Сум бил на многу места, но најмногу сакам да одам на Селечка планина. Селечка... иако изгледа како да е многу далеку, под нејзините ридови се стигнува за еден час. Сум пешачел од Триглав до Титоврв, Олимп, Ниџе, Солунска глава, Беласица, Пелистер, Козјак... но од секогаш и засекогаш Селечка е планината која ми е на душа. Се протега од исток до југ, и не е многу висока (само 1500 м.н.в.), не е многу атрактивна, нема многу карактеристични природни белези, нема познати урбани објекти, поточно кажано, нема работи кои би привлекле многу туристи. Но има нешто што јас до сега го немам сретнато на друго место. Мир. Велат дека на Селечка нема многу растителен и животински свет. Тоа е многу голема грешка. Има жив свет, но тој е сокриен. Жителите на ова место сакаат мир и тишина, а исчезнуваат ако има бука, каква што создаваат големите групи на планинари. Затоа сакам да одам сам. Уживам во мирот и природните звуци, а исто така, само тогаш можам да ги видам животните кои живеат тука. Уште едно скриено богатство на Селечка е нејзината вода. Тоа е планина со многу природни извори. Има и многу чешми изградени од прилепчани од дамнина. Сум пиел води од многу извори, но немам пробано ни приближно убава вода како водата од изворите кои се наогаат под леска. Има слатко ладен вкус, а откако еднаш ја пробате, телото ќе ве моли за уште, а мозокот ќе мечтае за да најде уште еден извор. Совет од мене, кога одите на Селечка, носете си неколку празни шишиња. Доколку пак ја посетите од мај до јули, тогаш спремете се да ги наполните ранците со мајчина душица, кантарион, ајдучка трва, и уште многу, многу билки и познати чаеви!



Исто така, http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=160489#160489 - Селечка може да биде извор на инспирација . Љубителите на фотографијата, како малите деца што научиле дека шеќерот е благ, немаат наситка! Мотивот може да биде панорама, погледот кон околните планини, цветовите или живинчињата кои се насекаде за оној што знае да гледа на правото место и многу друг нешта за креативните. Ако пак Ви се погоди времето, тогаш ќе уживате во прекрасниот поглед на Ниџе, Пелистер и Солунска глава.

Селечка била раскрсница, или врска на Мариовските села со цивилизацијата. Преку нејзиниот срт се стасува до Кокре, Кален, Дуње и многу други Мариовски села.

Кој е правиот пат кон врвот не можам да ви кажам, затоа што не е еден.

Има многу патеки, некои обележани а некои не, но ако планирете за прв пат да ја освоете планината, појдете со локален планинар. Се разбира има и лоши страни како и се друго, на пример добро ќе се испотите и измачите како почетници. Нема чести сенки за во летните денови и на места е пострмна, но ако издржите до врвот, сето тоа ќе се исплати кога ќе стасате на сртот. Прилеп цело време се гледа, па затоа нема ни најмала шанса да се загубите.





http://www.patokazmagazin.com.mk/patokaz-br-15/selecka-planina - http://www.patokazmagazin.com.mk/patokaz-br-15/selecka-planina




-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 19-May-2016 at 12:55


секое село е убаво во пролет а особено мариовските, чинам и ова е


~


еве и по нешто абер за http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2993&PID=178877#178877 - Тур д Мариово корисно за секој дружељубив авантурист

http://biciklijade.com/detail/1572 - 1 ] http://karas4training.com/mk/events/cycling-roller/mariovo-road-experience-2016 - http://karas4training.com/mk/events/cycling-roller/mariovo-road-experience-2016

[ http://whereismacedonia.org/what-to-do-and-see-in-macedonia/events-in-macedonia/838-mariovo-off-road-experience-enter-the-wilderness - 1 ] http://www.to4ak.com/index.php/interesting/39-mariovo-off-road-experience-enter-the-wilderness - http://www.to4ak.com/index.php/interesting/39-mariovo-off-road-experience-enter-the-wilderness




-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 20-May-2016 at 12:31

фрлив абер во нишката Рељефни панорами дека не се сложувам со гео-стратиграфската поделба на Мариово како Мариово и Витачево туку цел тој потег го гледам како една целина [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1916&PID=212569#212569 - 1 ] муабетов е сличен ко на Поречието да се гледа подвоено наместо исцело ... а и не за џабе иако административно поделено разнолико народ го делел и запамтил како битолско, прилепско и кавадаречко Маривово [ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%B2%D0%BE#.D0.9F.D0.BE.D0.B4.D0.B5.D0.BB.D0.B1.D0.B0 - 2 ] а има и зошто
...
Познато е дека во XV век целата област била засебна политичка територијална управна единица – мариовски хас која над себе директно немала управа од турски паша, туку била полуслободна автономна единица со обврска да плаќа годишни даноци на земјоделските производи и стоката. За време на овој период Мариово ја задржало својата слобода и било управувано од земски кметови – наследни домашни господари кои сочинувале тело наречено Сбор кое имало судска власт до право на смртна казна, а Мариовците имале право да избираат „земски крсердар“ кој ја носел титулата „војвода на Мариово“, а имал должност да ја води „земската чета“ на народната самоодбрана заради заштита на областа од турските, арнаутските и други злосторнички и ограбувачки банди и арамии.

Заради ова ваквиот начин на живот наречен „земско време“ кој траел сѐ до XIX век, кај Мариовците развила чувство на слободољубивост, бунтовност, непокорност и бестрашност. Така, заради зачестените грабежи на мариовски деца како на прилепскиот пазар така и од грабачки наезди во селата, зголемените давачки, даноци, подароци и самоволие кое го барале османлиските службени и неслужбени лица и сеопштата неиздржлива положба довеле до тоа Мариовците во 1564 да ја организираат и дигнат првата мариовска буна, која била воопшто прва побуна на поробеното христијанско население во Македонија и на Балканот.
... [ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%B2%D0%BE#cite_ref-.D0.83.D0.BE.D1.80.D1.93.D0.B8_.D0.A1.D1.82.D0.B0.D0.BB.D0.B5.D0.B2_4-0 - 3 ]

https://web.archive.org/web/20150803094118/http://itarpejo.org/kultura-i-religija/monografija-za-gradesnica/202-2011-01-28-22-53-30 - http://itarpejo.org/kultura-i-religija/monografija-za-gradesnica/202-2011-01-28-22-53-30

веројатно мариовскaва буна му била инспирација на Милчо за Прашина само што како сцена односно увертура на македонската самосвест за слобода ја споил со илинденско вклопувајки го и вестерн муабетот со америчкиот комита
Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=138734#138734 - Max

]i'll be glad if it stays as it is, a rural or primitive museum, as such best portrayed in the movie http://www.youtube.com/watch?v=kbIULClHuPc - Dust a ethno-western http://uashome.alaska.edu/~dfgriffin/website/dust.htm - drama waffle inspired by an american volunteer in IMRO during the Macedonian Struggle for independence from ottoman rule [ http://www.nypl.org/sites/default/files/archivalcollections/pdf/2817_0.pdf - 1 ][ http://www.manchevski.com/docs/1_history_in_dust_coover.pdf - 2 ][ http://www.narrativepress.com/profile.php?book_id=1-58976-237-1 - 3 ]





карпава е кај http://www.oldprilep.com/prilepsko/stavic.html - село Штавица на влез во Мариово, а тука е и Црквичката од Прашина поврзани во монтажа со http://itarpejo.org/za-mariovo/top-destinacii-vo-mariovo/577-most-vo-selo-zovik - мостот кај село Долен Зович [ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%97%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C#.D0.98.D1.81.D1.82.D0.BE.D1.80.D0.B8.D1.98.D0.B0 - 1 ][ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD_%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82_%28%D0%97%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C%29 - 2 ]




-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 20-May-2016 at 18:48


стратиграфски по мермерниот појас се распослани разноразни кристали, а заради што и сета оваа област има екстра резонанца, односно прилика за супер вортекси, иако на ова влијаат и други фактори ... златото пак е од другата страна кај Алшарот на Кожуф но ко што знаеме него одамна го имале проретчено сите владетели од антика наваму, иако од време на време разно азно се растурало по ридоите на пелагонците, а нешто им се истурало попат и на разни карвани пример во турско на отоманската банка од Битола [ http://itarpejo.org/za-mariovo/top-destinacii-vo-mariovo/729-rasimbegov-most - 1 ]

но што и да имало, до сега сигурно ко што http://www.dw.com/mk/%D0%B7%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0/a-15614160 - не тешат упатените веќе е откопано и однесено, освен ако тоа не е некоја нова златна жица, иако јас попрво би барал смарагдна [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2948&PID=183068#183068 - 1 ] но неа и со gpr скенери тешко човек да ја најде со леснотија, освен ако не е вичен во астрал та медитирајки да ја закачи од прва нормално со глава ~ шала на страна но бркањето азно само ќе ви зароби свеста та додека слините по златни тронови покрај вас ќе ви замине сета светлина од природата со се се' понеа, животот е тука и сега, најубав и во најмалиот цвет кој ви е при рака, јасно доколку имате кому да му го подадете како честитка или утеха, онаа лековита мистика која в себе ја има секоја една растителна клетка, да не почнувам за печурки бобинки и останати мевлеми ... но добро е да се чуе од време на време некоја легенда и да се посматра среброљубивата наивност на сите кои неможат да префрлат подалеку од идеалот за https://www.youtube.com/watch?v=CJ07JyztEIU - мај-прешес-чекмеџе и својот http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=742&PID=140806#140806 - верен коџабашија мамона

Во Мариово се крие турско азно https://web.archive.org/web/20111206230310/http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12311850297&id=12&setIzdanie=22447 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12311850297



-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 21-May-2016 at 08:58

она што е најизобилно и најозбилно азно во Мариово како еколошки недопрен регион е лековитата флора, тие диви билки полни светлина, иако мислам дека Пелистерот е без конкуренција но заради тоа пестицид табиетод на преспани денес не би можел да се мери со Селечка, Ниџе и Кајмакчалан планини кои кријат и нешто повеќе пример како дивиот мед, макар и култивиран изваден од тие краишта ќе биде идеален лек за душа, особено ако е натопен со некоја мариовска есенција [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=126152#126152 - 1 ]

[ http://bilki-lekoviti.blogspot.mk/search/label/%D0%9B%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B8%20%D0%91%D0%B8%D0%BB%D0%BA%D0%B8?&max-results=6 - 1 ] http://itarpejo.org/za-mariovo/bilki-lekoviti-rastenija-vo-mariovo - http://itarpejo.org/za-mariovo/bilki-lekoviti-rastenija-vo-mariovo

[ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=146071#146071 - 1 ] http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=174900#174900 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=174900#174900 [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=186082#186082 - 1 ]


во кавадарачкиот дел од висорамнината нели викан и Витачево имале пак од секогаш најубо вино во тиквешијата добро познатиот благ Витач дури бидејки сушни предели во недостаток од вода селаните пр. https://web.archive.org/save/http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=FF75ACB45D014C4EB4AB40E1706CAE5E - во с.Ресава куќите ги натопувале во вино

не би било лошо да брендираат некоја 3М комбинација ко маривоски мед вино и риба за астал на секоја туристичка трпеза ... бар ко награда за то бајкерите ако ништо друго нели после добра турнеја нема полезет работа од тоа да сте накркани електролити од локалната природа, иако веќе попат сте се насркале убава енергија, уште да има успат да ви запее некој локален метузалем [ https://www.youtube.com/watch?v=GRJi0-o4CDM - 1 ] та и душа да одморите


Здружението „Кајмакчалан“ со иницијатива за брендирање на мариовскиот мед


Еколошкото здружение „Кајмакчалан“ со седиште во мариовското село Маково, почна иницијатива за брендирање на мариовскиот мед.

Стратегијата за оваа активност е промовирана пред локалната самоуправа во Новаци, експерти од странство, како и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Мариово е чиста, еколошки незагадена средина каде навистина пчеларите имаат можност да произведуваат еколошки чист мед. Токму затоа потребно е брендирање и заштитување на мариовскиот мед, посочи Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци и поддржувач на иницијативата на здружението „Кајмакчалан“.

На средбата со градоначалникот Котевски, членовите на здружението „Кајмакчалан“ истакнаа дека иницијативата за брендирање на мариовскиот мед е со цел да се потврди тоа што со години е познато за мариовскиот мед како препознатлив и со вистинско, сигурно, чисто и еколошкото потекло.

Во Македонија постојат над 4.000 пчелари со повеќе од 80.000 пчелни семејства од кои над 150 пчелни семејства имаат 2,1 отсто, речиси 30 отсто имаат од 50 до 150 пчелни семејства, 49,4 отсто од 20 до 50, а 18,4 отсто од едно до 20 пчелни семејства. Во земјава најмногу од пчеларите, дури 83,5 отсто практикуваат стационарно пчеларење кое дава помал принос, а само 16,5 отсто селидбено пчеларење. Од едно пчелно семејство во Македонија во просек се добиваат по 12 килограми мед годишно, а на годишно ниво се троши само по 700 грама мед по глава на жител, додека во Германија потрошувачката е 9, а во Јапонија дури 16 килограми по жител.

„ Започнавме иницијатива за брендирање на мариовскиот мед затоа што сакаме да биде препознатлив по вистинско, сигурно, чисто и еколошкото потекло. Досега имаме случаеви на продавачи на мед кои го користат името мариовски мед а истиот е произведен во друг регион. Токму затоа за да го заштитите сакаме да го брендираме бидејќи сите ги знаеме здравствените придобивки кои се добиваат од медот и медните производи. “ вели Менде Трајковски, ЗГ – Кајмакчалан.

Кочански ориз, тетовски грав, малешевско сирење, охридски чај и македонски ајвар, ова се само дел од вкупно 18 наши брендови со заштитено географско потекло, според меѓународните процедури.[ http://opstinanovaci.gov.mk/2016/03/24/%D0%B7%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D1%98%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD-%D1%81%D0%BE-%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8/ - 1 ]


не е лошо со вакви, та и понадежни перспективи [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=337&PID=89183#89183 - 1 ] да го колонизираат Мариово, бар колку да има нешто народ за туристички чекпоинт, хм дај му цело село и нека се ладат на то сонцето со http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=211917#211917 - субвенционирани бунари , хм со артериски ко ништо [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=887&PID=69312#69312 - 2 ] иако заради тоа езерата штосе в план чинам Мариово нема веќе да чуе за склет жега, доколку воопшто и ги кренат некогаш имајки предвид каков сушен век најавуваат то научниците, нејсе, Маривово и сега е атрактивно за надежни пчелари [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=208730#208730 - 3 ] само штотаму би требало да одат со багрем место субвенционирани треви
Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=211916#211916 - +Protagorist

] место сред фацелиа на моите социјално дарувани 3 хектара би ошол и со поуникатен багрем ко sophora japonika [ http://spos.info/rad/sofora/ - 1 ][ http://www.pcela.hr/forum/viewtopic.php?f=44&t=7268 - 2 ][ http://www.beeculture.com/some-outstanding-leguminous-bee-trees/ - 3 ] чинам и него го субвенционираат точка 10 во следниот пост ...



-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 24-May-2016 at 12:00


она по што е познато ова плато се и мариовските Манастири а како пуст крај сигурно бил магнет за локалните средновековни аскети, за што сведочат и пештерните Цркви таму, од оние за кои знам една е кај браната над тиквешко езеро а мислам ја викаа Маркова, но индиректно еве разбрав дека кај зовичкиот мост всушност некогаш имало некоја ... и ајде црквички туку имало и големи манастири, можеби ко таков најпознат е http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=202&PID=180518#180518 - Полошкиот Манастир [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2942 - 1 ][ http://www.mn.mk/kultura/4463 - 2 ] но има и многу други сочувани или заминати па дури и живи односно оживени ко што е http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=625&PID=183997#183997 - Свети Никола во с.Манастир [ http://www.oldprilep.com/prilepska-crkovna-opstina/manastir-sv-nikola-manastir.html - 1 ][ http://itarpejo.org/kultura-i-religija/crkvi-i-manastiri-vo-mariovo/74-monastery-st-nikola-manastir - 2 ] интересно е дека овде по овие планини човек може со леснотија да си исполни верувањето за Прва Молитва односно т.н. Отворање на Црквата [ https://www.scribd.com/doc/29909923/Historija-Na-Manastir-Sveti-Pantelejmon-Mariovo-Makedonija-Palenzo - 3 ]

[tube]qIZDCe7NRYM[/tube]

http://www.off-road.mk/en/off-road-events/4x4-tours-and-excursions/142-churches-and-monasteries-in-mariovo-unforgettable-4x4-driving-experience - http://www.off-road.mk/en/off-road-events/4x4-tours-and-excursions/142-churches-and-monasteries-in-mariovo-unforgettable-4x4-driving-experience


инаку еден од регионите каде има Изворен Kосмос муабет кај нас [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=133084#133084 - 1 ] е и Мариово а во случајов и буквално, бидејки веднаш под самиот мост кај с.Зовиќ оставен/останат е и космички печат [ http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122915913451&id=49&setIzdanie=23650 - 2 ] од некогашна пештерна Црква која постоела таму, а веројатно што било и повод за нов мост токму тука [ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD_%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82_%28%D0%97%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C%29 - 3 ] та може симболично да се каже дека оној кој сака да скубне од канџите на бетонска џунгла да неречам аждаја, а тоа и го посакува, нека мине низ овој мост за Свети Ѓорѓи и да му помогне, ќе остане сетне само да не вртите глата назад за да пак не ве прелаже градскиот комформизам и егзотичното гетоизирање, а така и ви ја земе шансата за слобода, иако ова ќе важи секогаш кога би морале и требало да слезете од планина ... бар додека сесрдно и трајно не се одврзите од градот и заградените ...

Живописот со приказот на Свети Ѓорѓи е возобновен најнапред во 1925 година кога се испишани и имињата на реставраторите.



Сместен е во правоаголна рамка која во горниот дел завршува лачно. http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=490&PID=39269#39269 - Бордурата е од три ленти; во средината црвена која е најширока и е ограничена со потенка бела лента од внатрешната и црна од надворешната страна. Централно поставена е фигурата на Свети Ѓорѓи на бел коњ и со развиорена црвена наметка како ја убива аждајата. Фонот е обоен со светлосина боја, во долниот дел претставен е карпест пејсаж, а во горниот дел на фреската на црковно словенски е испишано Велико Маченик Ѓеорѓи. Живописот на карпата е реставриран во 2006 година од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.




-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: ehrlich
Date Posted: 24-May-2016 at 19:17
Панорамска фотографија на Зовиќ



Posted By: +Protagorist
Date Posted: 29-May-2016 at 16:48

па биваше ли во исто време со заврнишцата на Џиро да го организираат настанов, кој е тој бициклист кој би скубнал баш тогаш в планина ... а можеби и намерно е вака темпирана турата за да се зберат само дустабанлии со пошироки педали ...

http://veloevropa.mk/nastani/mariovo1 - http://veloevropa.mk/nastani/mariovo1  



-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Jun-2022 at 11:29
Минатиов викенд го шетав Мариово со друштво, па да споделам некоја фотка. Инаку, патот до село Рапеш е широк, потоа се стеснува, а кај Старавина се стеснува за само едно возило, но е асфалтиран до Градешница и главно во одлична состојба.

село Рапеш









околината околу селото





продолжува...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Jun-2022 at 18:41
Градешница, можеби најживото село во Мариово (население: 86 лица)









Шлемови од Прва светска војна (во близина бил фронтот)









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Jun-2022 at 18:43
Во Градешница оваа вила издава соби за преноќување (300 ден. од вечер), со сосем пристојни услови (соби со кревети, кујна, бања, убаво дворче).













продолжува...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Jun-2022 at 21:36
Уште некоја фотка од Градешница...





















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Jun-2022 at 21:39


Свети Никола











Видете ја иконава



Свети Димитрија, на влезот од селото









Фино местенце за одмор, надвор од селото



продолжува...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Jun-2022 at 16:21
Село Старавина, со население од 23 постојани жители.

На влезот од селото ве пречекува оваа разурната градба што потсетува на црква. Во неа има некаков бетонски бункер (не се гледа на сликиве).







Сретсело. Поранешна крчма „Кај компасот“.









Куќата на Калеш Анѓа (спомен дом или музеј) и, се разбира, не беше отворена за посетители.







Успение на Пресвета Богородица





продолжува...


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Jun-2022 at 23:41
Селото Старавина од ридот каде што се наоѓа манастирот Свети Атанасиј:



Погледот оттаму:







Црквата Свети Атанасиј:



продолжува...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ehrlich
Date Posted: 02-Jul-2022 at 15:09

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0 - Горна црква , еве нешто повеќе за недовршената градба што наликува на црква.


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Jul-2022 at 15:17


Супер, ти благодарам.

Да продолжам со последното село што го посетив во Мариово – Зовиќ. Според Википедија, селото има 31 постојан жител.









Етно ресторан













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Jul-2022 at 15:20
Се разбира, ако си во Зовиќ, тогаш задолжително треба да го посетиш кањонот на Градешка река, со познатиот мост и воденица.



















Толку од репортажата. Довидување до некое наредно патешествие.

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window