Print Page | Close Window

Skopje East Gate (поранешно ERA City)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Проекти
Forum Discription: Административни, станбени, резиденцијални...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3
Printed Date: 20-Aug-2018 at 03:45


Topic: Skopje East Gate (поранешно ERA City)
Posted By: pbanks
Subject: Skopje East Gate (поранешно ERA City)
Date Posted: 04-Sep-2007 at 17:45



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 17:46
 
 


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 19:00
Imam nekolku prashanja:

(1) Zasto e tolku golema "gas station"-ot? Mislam vo sporedba so prostorot za kupuvanje ispagja tuka negde deka se (osven valjda deka trgovskiot ke bide na nekolku sprata).

(2) Kade e otvoreniot prostor za koncerti?

(3) Dali imate pojma od koj brend ke bide hotelot?

(4) Izgradba pocinja prolet 2008 taka?

djuro, ne mislis deka e bolje da gi stavame vakvite stvari t.e. sliki, renderi, planovi u delot "Projects" od sajtot kako sto e na "Oko Zagreba"?



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Sep-2007 at 19:10
Originally posted by gotsomekicks

Imam nekolku prashanja:

(1) Zasto e tolku golema "gas station"-ot? Mislam vo sporedba so prostorot za kupuvanje ispagja tuka negde deka se (osven valjda deka trgovskiot ke bide na nekolku sprata).

(2) Kade e otvoreniot prostor za koncerti?

(3) Dali imate pojma od koj brend ke bide hotelot?

(4) Izgradba pocinja prolet 2008 taka?

djuro, ne mislis deka e bolje da gi stavame vakvite stvari t.e. sliki, renderi, planovi u delot "Projects" od sajtot kako sto e na "Oko Zagreba"?




1. Мене не ми изгледа до толку голема.

2. Не знам ама гледам само една поголема чистинка.

3. Е ова и мене ме копка од поодавна. Дали ќе го превземат Континентал уствари и дали ќе го ребрендираат ако го превземат. Мислам и се надевам дека Континентал ќе биде дел од комплексот. Така барем нема да мора да му се обезбедува посебен влез и ќе може како-така подобро да се поправаат грешките во сообраќајното решение од страната на бул. Александар Македонски.

4. Јас колку што памтам рекоа дека уште во септември ќе постават камен-темелник на деловната зграда (99,9% оваа на рендерите)


А за тоа каде да бидат поставувани рендери, јас мислам дека не смета да бидат и таму и таму. То ест нека си бидат они кај проектите, ама може и тука кој сака да ги постира во правец на дискусијата.

Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 19:24
1. Ne veruvam deka e samo benzinska verojatno ima tamu nekoi pridruzni sodrzini so benzinskata (peralna, meralna)... Sprema mene redno e da pocneme da pravime asalni benzinski pumpi, prostrani. Na toj bulevar bas i bi odgovaralo, samo sto kako sto rece Realek na SSC mozno e da ima zaebancija so kluckata sto e planirana tamu.
 
2. Prvapat slusam deka treba da ima takvo neso
 
3. Jas mislam deka nema nov Hotel, tuku deka toa e Kontinental
 
4. Sea za sea najaveno e delovnata zgrada Septemvri, a mallot za 2008. Za drugite sodrzini nema najavi
 
Definitivno, proektite na sajtot kje gi napunam so site mozni materijali i bitni informacii ko so treba da bide samo da go dodelkam sajtot, eve praam posledni testiranja. Ova go staiv ovdeka cisto kolku da ima neso poso jezivo izglea onaka prazen forum a i da ni trgne diskusija od neso.
 
So znam mislam deka e dobra ideja da vospostavime kukjen red, ko kje se otvara thread za nov proekt, prviot post da sodrzi nekoi osnovni podatoci, megju koi i link do stranata na toj proekt na sajtot.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 19:33
Abe zboram za veke postoeckata livada kade sto se odrzuvaat koncerti na otvoreno. Pretpostavuvam deka nesto ke se gradi tamu, mi se cini deka toa bese delot so benzinskata i parking garazata. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 19:37
ja mislam otide jabana taa livada...
 
shoping mallot kje dojde na nejzino mesto


Posted By: dejan
Date Posted: 07-Sep-2007 at 08:42
Neznam dali ste gi videle ovie sliki...(brishi ako)




Prezemeni od http://www.era.si/index.php?st=2&men=4&cat=23&sub=28 - tuka
Toa Metropolos Arena...sto e toa?? Saemot ke go renovirat??


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 07-Sep-2007 at 11:18
^^ da nesho taka. Ali vekje e renovirano i mislam deka djuro postirashe sliki na SSC. 


Posted By: dejan
Date Posted: 07-Sep-2007 at 12:53
Au da sega vidovConfused


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Sep-2007 at 14:23
Abe ne e metropolis toa, tuku planot na noviot mol Tongue

-------------


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 07-Sep-2007 at 14:55
Pa nikoj ne rece deka e toa metropolis...


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Sep-2007 at 15:12
^^
onda sto sakase da kaze pisatelot?
 
Originally posted by gotsomekicks

^^ da nesho taka. Ali vekje e renovirano i mislam deka djuro postirashe sliki na SSC. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Sep-2007 at 16:34
+ ova TongueTongueTongue

Originally posted by dejan

http://www.era.si/index.php?st=2&men=4&cat=23&sub=28 -
Toa Metropolos Arena...sto e toa?? Saemot ke go renovirat??


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Sep-2007 at 16:38
aaaa.... se razbravme site Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Nov-2007 at 14:31
Еве две слики од локацијата од Мерцедес салонот нема веќе ни трага но нема ни други активности. Парцелата е заградена од страна на саемот но не и накај улицата. Да забележиме дека рокот е повторно пробиен веќе втор месец поминува од крајниот рок кога требаше да почне да се гради.

1


2



Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jan-2008 at 11:20
Banana

СОРАБОТКА
Рупел доаѓа во Скопје

Шефот на словенечката дипломатија, Димитриј Рупел, доаѓа во Скопје. Неговата посета е закажана за први февруари, кога ќе биде поставен камен-темелник на најголемата словенечка инвестиција во Македонија „Ееа сити“, кај управната зграда на Скопскиот саем. Посетата на Рупел во Македонија се оценува како потврда на поддршката на Словенија за земјава, особено затоа што таа претседава со ЕУ во наредните шест месеци.

Н.Д.



Извор: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1308&ArticleID=84083 - Време


Posted By: dejan
Date Posted: 29-Jan-2008 at 12:37
Super! Ova ke bide golem plus za Skopje.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Jan-2008 at 13:00

Секако знеате дека Меркатор ги купи ЕРА сити....До сега и едните и другите се доста троми и тоа не само кај нас, туку и во регионот. По Јанковиќ Меркатор речиси и да не се шири вон Словенија.



Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Feb-2008 at 16:29
Мене ми е ова пак сомнителна работа. Градилиштето ни денес не беше оградено а од тешка механизација немаше ни траг. Последниве два дена само го шминкаа просторов за денешниот настан и толку. Да не е ова само некоја парада на ЕРА по 100ти пат до сега? Да не остане работава на камен темелник?




Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 01-Feb-2008 at 17:41
Искрено се надевам дека не си во право. Се случувало ова и порано, но сепак, словенците се сериозно заинтересирани да инвестираат кај нас. Ако некој забушава тоа би било од наша страна. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Feb-2008 at 15:03
И скоро две недели од камен темелникот нема ама баш никаква активност на терен Ohno

Овој проект ги има сите предиспозиции да го надмаши Лумикс по развлекување. Стварно несериозно.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Feb-2008 at 16:27
hm... zasto togas stavaa kamen temelnik ako uste ne odbrale firma?

Македонски компании ќе градат од проектот „Ера сити“

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=15&VestID=90171 - Анета Додевска  
27.02.2008 16:17

Македонски градежни компании ќе ја градат инфраструктурата и деловниот центар од проектот „Ера сити“, а за изградба на огромните, луксузни трговски центри домашните компании ќе водат конкурентска трка со странски изведувачи.

Битката за првата фаза од инвестицијата вредна 40 милиони евра е во завршница. Се споменуваат имиња на поголемите македонски градежни фирми.

„Селекцијата оди по основ, прво на квалитет, материјали па потоа по основ на цена и условите на плаќање. Се работи за голема и педантна работа. Постапката ќе се спроведе по европски стандарди“, изјави Петер Тршан, директор во „Ера сити“.

Дали македонските компании ќе ја градат само инфраструктурата или ќе учествуваат и во градежните зафати во останатиот дел од инвестицијата, вредни 110 милиони евра?

„Зависи од понудата што ќе ја пратат македонските фирми“, додаде Тршан.

Вредноста на проектот се проценува на 150 милиони евра, трговско-деловниот комплекс ќе се протега на 157.000 метри квадратни. Изградбата треба да заврши за пет години.

Оваа словенечка инвестиција беше блокирана повеќе од една година. Сопствениците на Скопски саем не можеа да обезбедат комплетна градежна документација поради административно бирократски бариери.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90171 -
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90171


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Feb-2008 at 16:00
Еве некоја информација повеќе за почетокот на активностите... ај да го видиме и тоа чудо

ГРАДЕЖНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ
Македонски компании ќе го градат „Ера сити“


Македонски градежни фирми ќе ја градат инфраструктурата и деловниот центар од огромниот проект наречен град во град - „Ера сити“, кај Скопски саем. Словенечките директори велат дека битката за зделката вредна 40 милиони евра е во завршница. Во игра се речиси сите поголеми градежни компании од земјава. Според информациите на „Време“, победникот е веќе познат. Станува збор за скопска фирма што располага со голема градежна оператива и работи на повеќе проекти надвор од земјава. - Селекцијата се прави по основа на квалитет, на материјали за изградба, па потоа по цена и услови на плаќање - вели Петер Тршан, директор во групацијата „Ера“, посочувајќи дека критериумите биле по европски стандарди. Дел од градежните фирми што ги консултираше „Време“ велат дека се работи за строги критериуми за изборот на компанијата што ќе ја реализира првата фаза. Останува отворено прашањето дали македонските фирми ќе добијат и дел од планираните изградби во наредната фаза, проценети на 110 милиони евра. - Имаме намера да соработуваме со фирми од Македонија, но дали ќе учествуваат во изградбата на двата огромни трговски центри во рамките на „Ера сити“ ќе зависи од нивните понуди, велат словенечките директори. Изградбата на првата фаза треба да почне во март. Оваа словенечка инвестиција со месеци беше блокирана. Сопствениците на Скопски саем не можеа да обезбедат комплетна градежна документација поради административно-бирократски бариери. Изградбата на деловно-трговскиот комплекс кај Саемот ќе чини 150 милиони евра. Објектите ќе бидат на површина од 157.000 квадратни метри. Според планираната динамика - комплексот треба да биде изграден за пет години, а инвестицијата да донесе 800 нови вработувања.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1330&ArticleID=85840


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Mar-2008 at 13:50
Еве убава слика од локацијата Cheers




Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Mar-2008 at 14:14
Previous Овдека би била Management house што е означена на планот под број 1? ЕRA city би зафаќала многу поголема површина

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Mar-2008 at 14:25
Originally posted by La Linea

Previous Овдека би била Management house што е означена на планот под број 1? ЕRA city би зафаќала многу поголема површина


Management house e belata zgrada sto se gleda desno na slikata. Ovaa parcela e za Br. 3, t.e. za objektot za koj imame renderi i za koj ocekuvame uste od septemvri da pocne da se gradi vo sekoj moment Ohno

Ostatokot od ERA City treba da legne na ova prostranstvo




Posted By: blejdsk
Date Posted: 22-Mar-2008 at 00:48
Ера сити ќе почне да се гради во април


Деловниот центар Ера сити на Скопски саем ќе почне да се гради најдоцна до почетокот на април, најави Гвидо Омладич, претседател на Управата на групацијата ЕРА и на Управниот одбор на Скопски саем по вчерашното отворање на саемот МЕБЕЛ 2008. Центарот ќе го гради македонска фирма, која ќе биде објавена во наредните неколку денови.

На отворањето на саемот за мебел беше посочено дека на дрвната индустрија во Македонија отпаѓаат 3,22 отсто од вкупното индустриско производство. Заменик-министерот за економија Киро Спанџов нагласи дека за подобрување на бизнис-климата во дрвната индустрија веќе е формиран и кластер кој засега брои 55 фирми.

- Саемот за мебел претставува можност за обединување на компаниите учеснички и размена на мислења за нови технологии - истакна Спанџов.

МЕБЕЛ 2008 ќе трае до 26 март. Манифестацијата е организирана на вкупно 15.300 квадратни метри, а учествуваат околу 400 фирми. Од нив 158 се директни, а 240 индиректни изложувачи. На МЕБЕЛ 2008 ќе се претстават над 260 странски брендови од регионот, Австрија, Белгија, Кина, Чешка, Германија, Италија, Кореја и Полска. Учесници има и од Тајван, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Шпанија, Швајцарија, Турција и САД, како и околу 130 домашни изложувачи.
Во текот на шесте саемски денови изложувачите ќе понудат саемски попуст на своите производи и услуги за сите заинтересирани посетители.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8A6445F3A5AB9A4AAD439ED60486A89C - http://vecer.com.mk/?ItemID=8A6445F3A5AB9A4AAD439ED60486A89C


Posted By: ProMKD
Date Posted: 22-Mar-2008 at 01:10
Учесници од тајван и кина во исто време... чудно. Ќе видиме дали кина ќе примети


Posted By: vardar
Date Posted: 19-Apr-2008 at 12:20
 
 
 
 
 
 
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Apr-2008 at 13:35
Ej vardar dobar 'find'. Konecno se resija na malku transparentnost pa ete da go evidentirame i oficijalniot sajt

http://www.eracity.com.mk - http://www.eracity.com.mk

Za zal na terenot uste ne se slucuva nisto. Posledna najava bese kraj na Mart, pocetok na April a eve go kaj i da e kje pocne maj :(

Od nivniot sajt eve dve mali rendercinja koi dosega ne sme gi videle i verojatno se odnesuvaat na delovnata zgrada sto treba da pocne da se gradi. Nemoze mnogu da se vidi no vo sekoj slucaj izgleda razlicno od prethodnite renderi (koi isto taka figuriraat na sajtot)






Posted By: vardar
Date Posted: 19-Apr-2008 at 14:44
И ја очекував повеќе од словенциве Unhappy Ова се најавува веќе....
И мене ми изгледа различно особено 10-иот спрат, изгледа како да планираат ресторан или нешто  има еден куп маси а и целиот спрат е повнатре...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Apr-2008 at 15:25
Добро 10-ти кат е повнатре, ама тоа останатото ми изгледа како тераса некоја, зашто гледам и тамо има барки маси (коњопој) и слолчиња!


Posted By: vardar
Date Posted: 19-Apr-2008 at 15:42
Можда skybar Big%20smile
 


Posted By: JoAnS
Date Posted: 19-Apr-2008 at 15:52
Не е баш тераса......селиот простор е ко стакленик......фино у секој случај


Posted By: SkaNdErBeG
Date Posted: 19-Apr-2008 at 20:17
Originally posted by pbanks

Еве убава слика од локацијата Cheers





great location... this is where the ERA complex will be located?




Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Apr-2008 at 20:19
yeap that's where the first building that we have renders of will be located


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Apr-2008 at 18:23
Судејќи според најновиов рендер на целиот комплекс овој објект кој го промовираа пред година и кусур изгледа дефинитивно отпаѓа Ohno



Еве каде требаше да се наоѓа во рамките на комплексот значи некаде пред раскрсницата што води накај Железара






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2008 at 18:32


Стварно штета... 


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-May-2008 at 13:54
Нова промена во матриксот Nuts

Македонски конзорциум ќе го гради „Ера Сити“

Конзорциумот на македонски изведувачи предводени од „Гранит“ е избран за најдобар понудувач на тендерот за изградба на комплексот „Ера Сити“ на словенечката Групација ЕРА, што во наредните пет години треба да се изгради на просторот кај Скопски саем.

„Предноста за изведување на градежните работи ја доверивме на најдобриот понудувач кој обезбедува висок квалитет на градежни работи. Понуди испратија градежни компании од Македонија и ЕУ, меѓутоа, инвеститорот сепак на крајот се одлучи за конзорциум на домашни, односно македонски изведувачи кои ги предводи „Гранит“ како носител на работата“, велат од ЕРА.

Според најавите од компанијата, денеска ќе започне изградбата на комуналната инфраструктура и на комерцијално-деловната зграда, која претставува приоритетен објект од целокупниот комплекс „Ера Сити“.

Таа треба да биде готова за една година. Паралелно ќе продолжи и изградбата на комплексот и другите предвидени објекти, кои ќе бидат со различни дејности, со најсовремен деловен, трговски и забавен карактер во регионот.

„Веќе длабоко влеговме во разговори со потенцијалните партнери за двата шопинг мола, односно трговски центри. Нашата цел е до наесен со партнерите да ги договориме сите услови на заедничка изградба на двата трговски центри. Со тоа ќе постигнеме истовремено завршување на главните објекти на комплексот“, додаваат од ЕРА.

Во наредните пет години групацијата ЕРА ќе го гради најголемиот деловен комплекс според планираниот динамичен план.

Вредноста на целата инвестиција на комплексот „Ера Сити“ ќе изнесува приближно 155 милиона евра, што групацијата ЕРА ќе ги реализира преку партнерства.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=93460 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=93460


Posted By: dejan
Date Posted: 28-May-2008 at 13:56
Samo sto go procitav i jas na A1.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2008 at 01:12

ЕРА СИТИ


Гранит ќе ја гради инфраструктурата


Изградбата на комуналната инфраструктура на повеќенаменскиот комплекс ЕРА Сити - Скопје, што за пет години треба да никне на Скопски саем, му е доверена на скопски Гранит. Словенечката групација ЕРА го избра Гранит за најдобар понудувач на тендерот за изградба на инфраструктурата на комплексот и на ископот на градежната јама на комерцијално-деловната зграда која почнува да се гради. Гранит на тендерот понудил четири милиони евра, а учествувале и други градежни компании од Македонија и ЕУ.

Камен-темелникот на деловната зграда беше ставен на почетокот на февруари годинава и модерната десеткатница треба да биде готова за една година. Кој ќе ја гради зградата ќе се знае откако од ЕРА ќе ги проучат понудите што се пристигнати на тендерот за најповолен изведувач. Паралелно ќе продолжи и изградбата на комплексот и другите предвидени објекти што ќе бидат со различни дејности со најсовремен деловен, трговски и забавен карактер во регионот, за чија реализација ќе бидат вложени 155 милиони евра. Од ЕРА велат дека двата шопинг мола ќе ги градат со партнери и до есен со нив ќе бидат договорени условите.

(С. Бл.)


http://vecer.com.mk/?ItemID=E4A47147FC5CE44381FC6CE16736746E


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-May-2008 at 08:06
Ми е страв да кажам дека навистина почна изградбата да не се зезнам по илјадити пат. Но денеска се шуњаа некои работници таму (не многу) а и поставиле ограда кон ул. Беласица (до сега тој дел беше отворен).

Доколку се гради и објектот и инфраструктурата тука ќе има што да се слика . Веројатно е добро да се сликне цела таа пустелија пред да се пополни со објекти. Чисто да ја имаме.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2008 at 10:11
единствено од континентал може асална фотографија да излезе. Така да кој има време нека гребе по врати, ако не па ќе платиме еден пансион.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-May-2008 at 10:24


таква фотка веќе имаме, на претходната страна Ама фино ќе дојдат и некои фотки од доле


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jun-2008 at 09:03
Конечно! Денеска почнаа да копаат Banana


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jul-2008 at 08:27
Немам точен увид за деловната зграда но целиот плац на ERA City се до Автокоманда деновиве се чисти и раскопува. Веројатно се спремаат за изградба на инфраструктурата низ целиот комплекс. Ако не се лажам Гранит ги доби во пакет инфраструктурата и деловната зграда на тендерот.

Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jul-2008 at 19:26


Во прилог на претходниот пост слики од денеска Cheers

П.С. Кулата во Автокоманда е совршена за апдејти на ова градилиште. Има еден многу добар балкон некаде на 12 кат само заклучени беа вратите. Од таму сликите би биле совршени но за оваа намена не се лоши ни сликите преку стакла иако стаклата се нормално валкани

1 Големиот плац беше обраснат како џунгла моментално се расчистува и раскопува

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11 Градилиштето на деловната зграда

12




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jul-2008 at 20:17
Ама кај зградата се уште нема ништо поконкретно или така ми се чини...?


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jul-2008 at 20:24
Originally posted by Cloverstack

Ама кај зградата се уште нема ништо поконкретно или така ми се чини...?


Па има некој куп карпетини дали е зезнато тлото за ископ или е нешто друго  незнам но факт е дека пак иде споро


Posted By: twin
Date Posted: 02-Aug-2008 at 12:05
ej sto e yoa menagment house a



Posted By: twin
Date Posted: 02-Aug-2008 at 12:05
nov sum 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Aug-2008 at 12:46


Тоа е управната зграда која и денеска си постои.


Posted By: twin
Date Posted: 02-Aug-2008 at 15:01
da sega znam koja e no dali ke se renovira


Posted By: twin
Date Posted: 05-Aug-2008 at 15:46
na nisto ne lici taa zgrada


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2008 at 20:25
Бавен напредок кај деловната зграда

1


2




Posted By: maestro
Date Posted: 03-Oct-2008 at 19:25
Неколку прашања

1. Навистина не разбрав што се ќе се прави освен Бизнис зградата. Некако многу нејасно. Имам разбрано дека ова ќе биде како некој вид Град во Град.
2. ЕРА Сити е сопственик на Скопски саем?
3. Кога е предвидено отприлика да се направи сето ова??

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Oct-2008 at 19:29


1. Па првиот пост веќе прилично кажува што ќе биде и што уште ќе се гради. Исто така има и други постови од кои можат да се извлечат дополнителни информации.

2. Ера, не Ера сити е сопственик

3. Сигурен сум дека некаде се спомнти рокови, ама од досегашната пракса не знам дали треба да се потпираме на нив, па одговорот би бил - господ знае...


Posted By: maestro
Date Posted: 03-Oct-2008 at 19:45
Originally posted by Cloverstack

1. Па првиот пост веќе прилично кажува што ќе биде и што уште ќе се гради. Исто така има и други постови од кои можат да се извлечат дополнителни информации.2. Ера, не Ера сити е сопственик3. Сигурен сум дека некаде се спомнти рокови, ама од досегашната пракса не знам дали треба да се потпираме на нив, па одговорот би бил - господ знае...


Значи целта на проектот е конечно да се „закрпи“ таа парцела на Скопски саем и повторно да се измеша старо со ново

Се надевам дека и Саемот и Континентал дека ќе издржат мало реновирање

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Oct-2008 at 22:39
Еве го статусот од денеска. Не делува дека многу мрднало од прошли пат но на терен малку понатаму (некаде во линија со влезот во првата сала на саемот) имаше голема фрка и нешто се работеше на големо. И кај зградава се копаше се пустеше но не успеав да видам дали имаат нешто почнато. А би требало да имаат почнато бидејќи на неколку пати сум убеден дека имам видено како виси една бетоњерка и истура. Целиот плац на ЕРА го заградиле и скроз на другата страна од каде до сега можеше да се влезе и да се ѕирне што се случува со инфраструктурата која најавија дека ќе ја градат паралелно.



Posted By: dacito
Date Posted: 12-Oct-2008 at 13:40
Деловната зграда дефинитивно не е почната, бидејќи поминувам секој ден од таму, но наголемо се копа кај Скопски саем. Се гледаат огромент број цевки на земјиштето, па претпостваувам дека чекаат да извршат приклучок кон постоечките мрежи па потоа да почнат со изградба. Значи ова е подготовка за проектов, бидејќи е огромен, ваљда одзема волку време. Како и да е, ќе биде сигурно. Словенците се сериозни луѓе


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Oct-2008 at 13:51
Originally posted by dacito

Деловната зграда дефинитивно не е почната, бидејќи поминувам секој ден од таму, но наголемо се копа кај Скопски саем. Се гледаат огромент број цевки на земјиштето, па претпостваувам дека чекаат да извршат приклучок кон постоечките мрежи па потоа да почнат со изградба. Значи ова е подготовка за проектов, бидејќи е огромен, ваљда одзема волку време. Како и да е, ќе биде сигурно. Словенците се сериозни луѓе


мене ми делува дека тие цефки си се башка работа бидејќи раскопани се и тротоарите надвор од комплексот по цела должина па мислев дека можеби менуваат топловодна мрежа или нешто слично. Но можеби си и ти во право како и да е и на плацот на ЕРА се работи така да тоа е доволно добар индикатор.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Oct-2008 at 18:52
site ovie objekti sto se predvideni dali pocnalle(bez era citi) ili seuste ne???


Posted By: BSA*
Date Posted: 14-Oct-2008 at 06:58

Известување

ГД Гранит АД Скопје превзема нова работа каде инвеститор е Саем инвест доо

Скопје за Изградба на инфраструктура и прва фаза на комерцијално деловен

објект ископ и заштита на градежна јама за потребите на Комплексот ЕРА

СИТИ . Вредноста на договорот е 3,978,116 €, рокот за изведба е 10 месеци

односно до 28,02,2009 год.

ГД



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:52






Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 16:56
Овдека стварно не се заебаваат и тоа ме радува.

А информацијата која ја постираше BSA* може и објаснува зошто не се работи на деловниот објект туку само се копа дупката.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 19-Oct-2008 at 21:06
a ova treba da znaci deka pocnuvaat poveke objekti da se gradat od ednas? ako e taka toa e odlicno (ne moze da se vidi vo Skopje cest0)




-------------





Posted By: mitatos
Date Posted: 19-Oct-2008 at 21:08
Era city imaat stvarno mnogu jaka lokacija, samo kolku ke iskoristat ke vidime

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 21:14
Originally posted by blejdsk

a ova treba da znaci deka pocnuvaat poveke objekti da se gradat od ednas? ako e taka toa e odlicno (ne moze da se vidi vo Skopje cest0)




Не колку што знам ја градат само инфраструктурата за комплексот и деловната зграда но и тоа е добар почеток нека ја ишараат парцелата со улици Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Nov-2008 at 14:40
1 На деловната зграда се работеше, делува дека се апла при крај со подготвки но заебележав дека е почнато со темелите

2 И на остатокот од плацот делуваше дека се работело но уште нема на повидок некакви контури на она што треба да се добие

3

4



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 26-Nov-2008 at 19:57
zgradava mi lici na vakvo nesto http://imageshack.us">
basel hilton  svaicaria


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 26-Nov-2008 at 23:07
rabotat ne se zaebavaat veke se e ispitano,imaat postaveno kanalizaciona mreza i atmosferska, i imav moznoat da go vidam i razgledam ubavo cel proekt i ne e ist ko sto gi imate istaknatit dosta e razlicen,i ogromen duri od sto mi iznakazaa sto sve ke imalo ne ni zapamtiv,inace pozadi kontinental ke ima trgovski i od strana.malce ne mi e logicno na edno mesto dva ima trgovski ama toa e,a i neznam dali skopje voopsto ima tolku potreba od trgovski centri pocna vise da se gradat na sekoj cekor.poubavo se ke se rasprasam za objektov i ke pisam sto sve ke ima.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Nov-2008 at 23:09
Originally posted by Б.Ѓ.Т

rabotat ne se zaebavaat veke se e ispitano,imaat postaveno kanalizaciona mreza i atmosferska, i imav moznoat da go vidam i razgledam ubavo cel proekt i ne e ist ko sto gi imate istaknatit dosta e razlicen,i ogromen duri od sto mi iznakazaa sto sve ke imalo ne ni zapamtiv,inace pozadi kontinental ke ima trgovski i od strana.malce ne mi e logicno na edno mesto dva ima trgovski ama toa e,a i neznam dali skopje voopsto ima tolku potreba od trgovski centri pocna vise da se gradat na sekoj cekor.poubavo se ke se rasprasam za objektov i ke pisam sto sve ke ima.


super info... ako mozes da se dokopas i do aktuelniot render bi bilo super. Na nivniot sajt imaat mali slikicki od nekoja druga varijanta na objektot, no n se raboti za fundamentalni razliki, samo za nijansi...


Posted By: maestro
Date Posted: 28-Nov-2008 at 14:32
Originally posted by Б.Ѓ.Т

rabotat ne se zaebavaat veke se e ispitano,imaat postaveno kanalizaciona mreza i atmosferska, i imav moznoat da go vidam i razgledam ubavo cel proekt i ne e ist ko sto gi imate istaknatit dosta e razlicen,i ogromen duri od sto mi iznakazaa sto sve ke imalo ne ni zapamtiv,inace pozadi kontinental ke ima trgovski i od strana.malce ne mi e logicno na edno mesto dva ima trgovski ama toa e,a i neznam dali skopje voopsto ima tolku potreba od trgovski centri pocna vise da se gradat na sekoj cekor.poubavo se ke se rasprasam za objektov i ke pisam sto sve ke ima.


супер! едвај чекам да се направи
Да не имаш информација дали имаат рок за завршување?


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 28-Nov-2008 at 19:35
nemam seuste ne sum se rasprasal za podetalni informacii.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Dec-2008 at 21:22
На изградбата на инфраструктурата на целиот комплекс очигледно се работи како што се гледа од сликиве. Но на деловниот објект немаше поместување од последниот пат кога имам сликано Ohno

1

2



Posted By: dacito
Date Posted: 08-Dec-2008 at 22:21
Да, ама колку што гледам од сликиве и секојдневно поминувајќи од таму повеќе ги нема оние брда од песок и земја што ваљда беа ископани, копајќи за потребите на подземната инфраструктура. Сепак мислам дека се работи за поприлично голем комплекс, многу инфраструктура треба за тоа. Дупките се затрупани, подземната инфраструктура е инсталирана сега може да се почне со изградба, зарем не?! Banana јееееееее


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Dec-2008 at 22:24
Originally posted by dacito

Да, ама колку што гледам од сликиве и секојдневно поминувајќи од таму повеќе ги нема оние брда од песок и земја што ваљда беа ископани, копајќи за потребите на подземната инфраструктура. Сепак мислам дека се работи за поприлично голем комплекс, многу инфраструктура треба за тоа. Дупките се затрупани, подземната инфраструктура е инсталирана сега може да се почне со изградба, зарем не?! Banana јееееееее


Па да може не се гледа толку добро на сликиве но оние долги ровови колку што видов се полни со цевки... Тоа веројатно значи дека набргу ќе почнат да ги градат улиците а тоа ќе биде стварно убава глетка


Posted By: dacito
Date Posted: 08-Dec-2008 at 23:37
Едвај чекаме Big%20smile


Posted By: vardar
Date Posted: 19-Jan-2009 at 01:30
Што е сега па ова Question
 
 
 
Name: Development land near Skopje fair - Sqm:2030 -

Short description: Development land of 2030sqm on sale. The land has construction plan for commercial office space building. The land is located near Skopje Fair on the exit road to Kumanovo. Surface of parcel 2030sqm surface of the construction parcel 2381sqm Construction conditions ground +4 floors proposed price 1.500.000,00€
http://www.altitlan.com/properties/view/74 - Altitlan
 
 
 
Ако не се лажам ова е местото каде словенциве планираат бензиска (број 8) а некој го продава ( не најдов датум па можда ова е постаро Dunno)
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2009 at 02:30


Навистина чудно. Ќе треба да го истражиме ова подобро Yes


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2009 at 08:06
Originally posted by vardar

Surface of parcel 2030sqm surface of the construction parcel 2381sqm Construction conditions ground +4 floors proposed price 1.500.000,00€



Малку овие бројки мене ме збунија! Па нели констракшн парцел треба да е во рамките на парцел?! Јас ги премерив сите парцели што се дел од планот и на меркиве одговара само онаа парцелата што е лево од 8-ица. Таа парцела нема број. Јас колку што знам ЕРА го стопанисува делиот простор меѓу пругата и булеварот, што не значи дека мора ЕРА да ги изгради сите објекти и ЕРА остава простор и други заинтересирани да влезат во нејзниот комплекс со учество, односно изградба на некој објект. Затоа и бројчиња имаат само оние објекти што ќе ги гради ЕРА.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2009 at 21:28
Пак заспаа Sleepy

1


2



Posted By: dacito
Date Posted: 30-Jan-2009 at 23:24
Оваа инвестиција мислам дека е многу сериозна. Можеби заспаа, ама верувам дека нема да потонат во длабок сон. Многу вложија во подземна инфраструктура. Освен тоа местово е „злато вредно“. Ќе биде...


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Jan-2009 at 23:40
 
Па незнам колку се сериозни кога само зборат со години и години Roll%20eyes Кобајаги им тргна ископаа една голема дупка, расчистија малце земја, ставија две-три цевки под земја и толку....да не се уморија Ohno


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 31-Jan-2009 at 01:29
Мене исто така не ми личат на доста сериозно. Плус се сомневам дека Ера Веленје е доволно финансиски моќна компанија да го истурка сама овој проект. Иначе оваа земја е може би највредната и најпогодната за изградба на трговско-деловен парк во градот. Блиску е до центарот, Аеродром и Автокоманда и е супер сврзана со инфраструктура. Што се бават никој незнае. Неможам да замислам како кај нас фирмиве работат без никаков ПР, тотално нетранспарентно и без рокови.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2009 at 01:46
Originally posted by Andrej_LJ

Мене исто така не ми личат на доста сериозно. Плус се сомневам дека Ера Веленје е доволно финансиски моќна компанија да го истурка сама овој проект. Иначе оваа земја е може би највредната и најпогодната за изградба на трговско-деловен парк во градот. Блиску е до центарот, Аеродром и Автокоманда и е супер сврзана со инфраструктура. Што се бават никој незнае. Неможам да замислам како кај нас фирмиве работат без никаков ПР, тотално нетранспарентно и без рокови.


Не го ни туркаат сами овој проект. На пример за трговскиот центар партнер требаше да им биде Меркатор кој требаше да го гради едниот од трите најавени центри во Скопје токму на саем. Од тоа не бидна ништо.

До сега ЕРА се покажа како прилично површен инвеститор. Стопанисува со саемот веќе 10на години а од тогаш е направено следново.

- реновираа постоечки простории во управната зграда во т.н. бизнис центар
- ја подзакрпија првата сала на саемот и ја крстија со претенциозното Метрополис арена
- преуредија една од постоечките хали во Action Park
- направија едно 234923843928 прес конференции за најава на изградбата на ЕРА Сити (кој кога прв пат го најавија требаше да се вика БТЦ Сити или БТЦ Скопје а како партнер да влезе познатиот БТЦ од Љубљана).

И еве не денес година ипол од "последниот старт за изградба", година дена од кога наводно го поставија камен темелникот и околу пола година од кога почнаа да ја копаат дупката.............. останавме на тоа.... дупка


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 31-Jan-2009 at 02:00
Знаеш што ми е многу симтоматично во сето ова? Тука во Словенија, кога Меркатор или Туш почнуваат да градат големи трговско-деловни центри во Сарајево или Белград, се пишува на големо и е страшно покриено од медиска гледна точка. За Скопје ниту збор. Немам чуено дека БТЦ Словеније им е партнер...
Иначе тоа што го изградија за 10 години (силно кажано е изградија) е ништо. Само шминкаа и преуредуваа. Сега имаме 3 од 5 хали на Саемот, со што тој делумно ја изгуби првобитната намена. Не викам дека Метрополис е лоша работа ама не за сметка на изложбениот простор за Скопски Саем.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jan-2009 at 02:05
Па колку што разбрав од пбанкс БТЦ веќе не е у игра.

За метрополис мислам нема никакви пречки да служи и како самска хала (веројатно и служи, ама не можам да гарантирам пошто одамна не сум посетил некој саем)

А тоа дека овие се покажаа како несериозен инвеститор, тоа за жал е веќе многупати потврдено.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2009 at 02:08
Originally posted by Andrej_LJ

Знаеш што ми е многу симтоматично во сето ова? Тука во Словенија, кога Меркатор или Туш почнуваат да градат големи трговско-деловни центри во Сарајево или Белград, се пишува на големо и е страшно покриено од медиска гледна точка. За Скопје ниту збор. Немам чуено дека БТЦ Словеније им е партнер...
Иначе тоа што го изградија за 10 години (силно кажано е изградија) е ништо. Само шминкаа и преуредуваа. Сега имаме 3 од 5 хали на Саемот, со што тој делумно ја изгуби првобитната намена. Не викам дека Метрополис е лоша работа ама не за сметка на изложбениот простор за Скопски Саем.


Метрополис би дошла добро како гарнир но не и како главно јадење. Реално 10 години не направија ништо.

Што се однесува до БТЦ. Ти зборувам за ова потенцијално партнерство некаде во периодот во 2004

Originally posted by http://www.btc.si/eng/031_detail.php?id=98&tip=1 - link

]

7 May 2004, BTC is welcoming a Macedonian delegation led by Stevčo Jakimovski, Minister of Finance, and Iljaz Sabriu, Macedonian Ambassador to Slovenia.

The guests were received by the President of the Management Board, Jože Mermal and the visit was accompanied by Macedonian journalists. The intention is to examine the activities of BTC City because a city of a similar scope is being built in Skopje in co-operation with BTC plc and Era Velenje.

 

Slovenia’s entry to the European Union also meant BTC’s entry to other foreign markets, Macedonia being one of many. The first important project is the construction of a business and shopping centre similar to Ljubljana’s BTC City in Skopje in co-operation with ERA Velenje. BTC will invite its long-term and reliable partners to co-operate, but both companies will be looking for their own long-term strategic partners.

 

The Era City Skopje shopping centre will be built where the Skopje Trade Fair (owned by Era plc) is located. It is situated near the Skopje-Priština motorway and the centre of Skopje. By this summer the whole design will have been prepared. Negotiations with potential business partners are already taking place and co-operation contracts will have been signed by summer. The Era City Skopje Congress centre with 2 congress halls has already been upgraded, and the construction of the commercial centre is seen as a continuation of the project.

 

The whole Era City Skopje project is designed as a mixture of trade fair, commercial, congress and entertainment activities because this combination attracts more visitors, as proven by Ljubljana’s BTC City. The project is due to be completed in the next three years, with the total investment being worth EUR 80 to 100 million.


Меркатор пак дојде тука на голема врата. Неколку пати доаѓаше Зоран Јанковиќ и се сретнуваше директно со премиерот. На почетокот ја меркаа локацијата пред НБМ но тука ги победи Веро. Потоа се ориентираа на други локации. Како дефинитивни се спомнуваа оние кај базенот Карпош и во склопот на ЕРА Сити. Демек работата е завршена и ќе се градат паралелно. Ова го зборуваше лично Јанковиќ по телевизии. Истовремено се шпекулираше со трета локација кај мостот близнак во Лисиче (карши салонот на Мерцедес од другата страна на Вардар).

Се нагло се смени од кога го сменија Јанковиќ и на чело дојде Дебељак. Од еднашка Македонија ја снема од краткорочните планови и ете од тогаш ситуацијата си е статус кво.



Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Feb-2009 at 09:38
Roll%20eyes Зарем не им е срам да го стават зборот 'рокови' во било каков контекст во врска со овој проект.

Ќе се гради нов деловен коплекс кај „Континентал“

Местото каде што ќе се гради новиот деловно - комерцијален објект

 

Во оваа дупка во наредниот период треба да биде изграден деловно - комерцијалниот комплекс на словенечката групација ЕРА.

Надлежните велат дека ќе бидат запазени роковите за изградба на регионалниот мулти бизнис центар и покрај светската економска криза. Инвеститорот добива понуди и од други заинтересирани компании кои сакат да се вклучат во проектот ЕРА Сити, вреден 150 милиони евра.

„Задоволни од големиот интерес на сериозни компании, пред се од делот на ИТ секторот, финансискиот сектор, за нивното инсталирање, односно доаѓање на деловниот центар. Во делот на изградбата и менаџирањето на останатите објекти , влегуваме во преговори за заедничко џоинт-вентчр, соработка со играчите кои се водечки играчи во тој сегмент на дивелоперскиот бизнис“, изјави Дејан Кошутиќ, директор на ЕРА Сити.

Дејан Кошутиќ

 

Скопски саем каде се гради ЕРА Сити, следната недела ги отвора вратите на шестиот по ред меѓународен саем за градежништво. Во време кога кризата длабоко навлезе во оваа гранка, во три хали ќе се претстават околу од 220 излагачи од 18 држави во регионот, Европа и Азија. Освен изложбениот дел, раководството најавува и можности за тета тет средби меѓу компаниите, дебати на тема градежништвото и кризата, како и активности кој ќе станат пракса и на сите наредни саемски манифестации.

„Нашата цел е да изградиме економски мост меѓу Македонија и регионот, и да ги поврземе со економскиот мост и стопанствата во Европа. Тоа значи да им помогнеме на добрите развиени фирми од Европската унија кои сакаат да инвестираат во Македонија во развивање на бизнисот овде, а исто така и македонските компании кои имаат стандарди во работењето да ги пласираме во Европа“, рече Јaнез Сајовиц - директор на Експо Медија и ЕРА Трејд.

Саемот за градажеништво ќе биде отворен од трети до 7 март.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105004



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Feb-2009 at 09:54
LOL
aman neka gradaat, mislev deka ce se otkazuvaat ama za sreka ne se otkazaa
 
i slikata sto e vo vesnikot e od Cloverstack Big%20smileBig%20smile  100% ista e


Posted By: maestro
Date Posted: 28-Feb-2009 at 11:25
Originally posted by Cloverstack

Па колку што разбрав од пбанкс БТЦ веќе не е у игра.За метрополис мислам нема никакви пречки да служи и како самска хала (веројатно и служи, ама не можам да гарантирам пошто одамна не сум посетил некој саем)А тоа дека овие се покажаа како несериозен инвеститор, тоа за жал е веќе многупати потврдено.


Служи и како хала и како сала за концерти.
Преуредувањето било од акустички причини колку што знам, па сега било многу подобро.
А и порано се користеше како сала, така?

Е, сега, многу е лошо тоа што Хала 5 ја узурпираа со Action park. Не дека е лоша идејата, но можеа да го изработат тоа и во друг објект кога ќе го направат целиот Era city.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Mar-2009 at 17:25
Иако спијат со деловниот објект со инфраструктурава навистина работат. Еве една од новопроектираните улички меѓу Кнауф и Континентал




Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 01-Apr-2009 at 11:25
Што бидна со ова?Вчера бев во Скопје и поминав од таму и освен дупката не е мрднато со проектов.


Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Apr-2009 at 11:31
мене ме нервира што изградбата на комплексов го блокира до некаде сајмиштето, пред околу недела бев на саем за мебел и немаше место за паркинг, а на делови и самиот паркинг беше раскопан и каллив


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jun-2009 at 22:49
Овдека времето запрело. Имаше само 3-ца работници и ми кажаа дека сеуште се работи на водоводот. За почнување со градење на зградата да не ни збориме



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jun-2009 at 12:39
Еве ја оригиналната макета за комплексот Скопски саем. Не ми е јасно зошто 3 телевизиски кули? И дали кулите требале да бидат толку малечки или Хотел Континентал требал да биде многу повисок? Како и да е уште една скопска половична приказна.




Posted By: twin
Date Posted: 03-Aug-2009 at 23:29
ovie navistina nasle kade da si igraat majtap ili neka izgradat ili neka ne gubat vreme navistina me nervirat.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2009 at 15:29
СЛОВЕНЦИТЕ ЈА ОДЛОЖИЈА НАЈГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА
Од „ Ера сити“ само дупка

Само една голема дупка има на местото каде што требаше да почне изградбата на „Ера сити“ кај Скопски саем. Помина година и пол откако беше поставен камен-темелникот, а словенечкиот инвеститор „Ера“ од Велење, кој го купи Скопски саем, деновиве ја известил градежната компанија „Гранит“ дека изградбата се одложува. - Од Скопски саем не известија само дека изградбата се одложува на неодредено време. Кои се причините не ни кажаа - вели Страшо Милковски, директор на градежната компанија „Гранит“. Гвидо Омладич, претседател на Управниот одбор на Скопски саем, кога почна градежното расчистување на теренот, најави дека изградбата на „Ера сити“ ќе почне најдоцна во април 2008 година. „Ера сити“, требаше да се гради етапно во период од пет години. Прво требаше да се гради деловната зграда со површина од 33.600 квадратни метри, потоа трговскиот центар за храна и за друга намена на површина од 85.000 квадратни метри и на крај трговски центар од 22.000 квадратни метри, како и 5.000 паркинг-места. Ова, требаше да биде најголема словенечка инвестиција, вредна 150 милиони евра. Во исто време кога изградбата на „Ера сити“ се одложува, во деловните кругови се шират информации дека словенечкиот сопственик бара купувач за Скопски саем и дека било разговарано со словенечки „Меркатор“ и со српската „Делта“. Од словенечка „ЕРА“ пак ги негираат ваквите информации. - Скопски саем не е на продажба, во тек се разговори со стратегиски партнери за нивното влегување во поединечни проекти. Во комплекс од 110.000 квадратни метри ќе се изгради најсовремен регионален комерцијален и трговски центар „Ера сити Скопје“. Тоа е голем проект, кој бара многу, финансиски проценет на 150 милиони евра, кој ќе се реализира во партнерство - вели Гвидо Омладич. Омладич, исто така, негира дека е одложена изградбата на „Ера сити“.
- „Ера сити“ е огромен проект и е замислен како проект „град во град“. Можеме да изјавиме дека ја завршивме првата фаза на проектот и тоа е изградбата на инфраструктура, која чинеше повеќе од пет милиони евра , и со тоа се создадоа технолошки услови за реализација на другите објекти во рамките на „Ера сити“. Завршуваме документација за трговски центар 1, трговски центар 2 и бензинска станица. Така можете сами да согледате, дека проектите се одвиваат според планот “ тврди тој.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1783&ArticleID=119506



Print Page | Close Window