Print Page | Close Window

Коритото и кејот на Вардар низ Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=304
Printed Date: 28-Mar-2024 at 23:48


Topic: Коритото и кејот на Вардар низ Скопје
Posted By: Vladimir P
Subject: Коритото и кејот на Вардар низ Скопје
Date Posted: 11-Jul-2008 at 10:17
И ова се деси !
Што со жбуновите покрај обалата, ке видиме.





Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jul-2008 at 10:22
аеееее абе ја мислев дека подлабоко е!!! Инаку тема за вардар има веќе!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Jul-2008 at 10:25
Originally posted by lslcrew

аеееее абе ја мислев дека подлабоко е!!! Инаку тема за вардар има веќе!!!


Да ама таа е во Фото/Видео. Треба една тема за вакви дискусии може да ја префрлам во Урбани прашања.

Инаку какво длабоко ова лето мислам дека скроз ќе пресуши.

Еве глеај една фотка од лани колку било длабоко LOL




Posted By: dejan
Date Posted: 12-Jul-2008 at 15:41
Не знаев каде да го ставам ова па еве го тука, од http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5FFC0A086433E2479AF42DBAFFE8E4F6 - Utrinski

Во Вардар ќе се постават три живи врби на бетонски острови


Предвидено е врбите да се постават на бетонски конструкции што ќе личат на саксии широки по два метра

Идејното решение за проектот е избрано на конкурсот на Министерството за култура

Деспина Трајковска

Три живи врби поставени на бетонски конструкции слични на саксии е планирано да се постават во водите на реката Вардар. Ова е овозможено со последните измени на Детаљниот урбанистички план за „Мал ринг“, во кој се вцртани три маркички за изградба на споменик со фонтана во Вардар.

„И идејното решение за врбите, всушност, е еден вид споменик со кој ќе се оддаде почит на вегетацијата на Скопје“, вели Искра Димитрова, авторка на идејното решение избрано на конкурсот што го распиша Министерството за култура за избор на спомен-обележја кои во иднина ќе го разубавуваат центарот на Скопје.

Токму футуристичката нишка на овој проект, од една страна, и предвизикот во центарот на градот да се даде печат на вегетацијата, која се' помалку ја има во централното градско подрачје, биле предизвик за Димитрова при изработка на проектот. Вели дека ги избрала врбите како вегетација карактеристична за река, а Вардар како белег на Скопје, кој наедно би претставувал и природна средина за врбите.

„Во моето идејно решение предвидов врбите поставени во бетонски конструкции да се наоѓаат паралелно на кулите лоцирани до ГТЦ. Бетонските основи би биле така изведени да личат на саксии, широки по два метра“, објаснува Димитрова, која смета дека реализацијата на овој проект е реално изводлива и покрај сомнежот на дел од јавноста, бидејќи Вардар е непредвидлив, а со тоа и несоодветна подлога за поставување на конструкциите и виреење на растенијата. Авторката на идејното решение, како што вели, при неговата изработка се консултирала и со стручни лица од областа на хортикултурата и градежништвото, кои и' потврдиле дека не постои никаква пречка планираното да се изведе на предвидената локација.

„Сакав да создадам нешто што на градот би му дало свој израз и автентичност, а сето тоа на еден посовремен начин. Во проектот, бетонот како суров, урбан материјал го спротивставив на романтичниот аспект на врбите. Притоа, водев сметка тие да не го попречуваат погледот на Камен мост, бидејќи тој е еден од главните симболи на Скопје, а сепак да дадат доза на веселост на урбаниот пејзаж“, дообјаснува Димитрова.

Таа засега нема точни информации кога ќе бидат преземени конкретни чекори од страна на Министерството за култура за реализација на проектот. И оттаму не прецизираат ништо. Велат дека се во период на прибирање спецификации за сите прифатени проекти, по што ќе располагаат со точни информации за тоа колку средства ќе бидат потребни за нивна изведба. Планирано е сите да се реализираат до крајот на идната година.


Иначе ова ми изгледа малку чудно...нешто што не го гледаш секој ден?Question Би сакал да видам други рендери за да може да се види како навистина изгледа пошто овака ми личи како некоја мала џунгла.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jul-2008 at 17:26


Веќе се изјаснив за ова во нишката за МАл Ринг.

За да дискутираме за било што да поставиме во Вардар, прво Вардар треба темелно да се исчисти и среди. А тоа секако нема да се случи во блиска иднина...
Секој ден по една нова будалаштина за во Мал ринг

Bash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jul-2008 at 18:04
Како прво на кој му текнало ваква глупост. Како второ гранките само ќе збираат ќубре, кеси ќе се закачуваат. Едносатвно нема никаков продуктивен момент, дури ни естетскиот.


Posted By: mitatos
Date Posted: 12-Jul-2008 at 18:18
ima ama dokolku ovie nesta bi se napravile na drugo mesto, toj del kako prvo ne e ureden,tie kockite niz vardar koga ke setas se od pred 50 godini, neka napravat prvo lugeto da se custvuvaat udobno koga ke se prosetaat pokraj vardar, ili neka ja prodolzat patekata , stazata da ja povrzat so taa od aerodrom, barem toa tocacite i rolerasite nema da smetat pokraj kej ,mislam imam uste nekoi futuristicki idei, ama dzabe sto ke gi kazam koga nema da se napravi nisto od toa, a baska kako moja IDEJA , ke go realizira nekoj drug vo negovo ime )))) ima i takvi stvari vo opstina SKOPJE

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Jul-2008 at 21:10
Originally posted by Cloverstack

... прво Вардар треба темелно да се исчисти и среди. А тоа секако нема да се случи во блиска иднина ...

Идејќи по трагите на теснолинејката, пробав да ја најдам кај мостот на Вардар во Сарај, и еве на што налетав, каква регулација какви бакрачи, уште малку дрвата и зеленилото и мостот ќе го покријат.
Кога сме кај тој мост, секој ден се чека да недај боже се сруши




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jul-2008 at 21:48


Пред неколку недели најавија изградба на нов мост наместо овој во теков на годината. Ќе се гради сосема нов мост а овој ќе остане пешачки


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Jul-2008 at 22:14
Previous
Мислам дека уште во прошлата година беше најавено градењето на мостот но ...
Незнам каде би го граделе новиот ако овој остане пешачки, бидејки таму веке е шума од некакви градби.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jul-2008 at 22:21
Originally posted by Vladimir P

Previous
Мислам дека уште во прошлата година беше најавено градењето на мостот но ...
Незнам каде би го граделе новиот ако овој остане пешачки, бидејки таму веке е шума од некакви градби.


Знам дека го најавија уште лани но според последната информација која што ја прочитав (за жал не ми текнува каде) работата е прилично изгледа овој пат.

Ни мене не ми е јасно каде би се градел мостот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Jul-2008 at 23:39
ме фрустрира тоа што после земјотресот кејот на вардар е направен ко бомбона, и чисто поради неодржување (како и се друго во скопјево) се претвори во голем неред и повторно заличува како да е пред земјотресот Ohno
ја би рекол да го реновираат кејот (не само во центар) и да го одржуваат подобро, а не да ми градат некои дебилни фонтани и врби на сред река плус пред некое време ми светна идејава (а претпоставувам вакво нешто е тешко остварливо), да се прочисти реката од сите, се извинувам срања во неа, а и да се изгради некој систем на помали брани со кој ќе се контролира длабочината на водата а и филтери кои ќе ја прочистуваат, така да вардар нема да личи на одводен канал низ кој може да помине велосипед или булдожер
ова само онака си размислував Smile



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jul-2008 at 23:50
Originally posted by zabegan

ме фрустрира тоа што после земјотресот кејот на вардар е направен ко бомбона, и чисто поради неодржување (како и се друго во скопјево) се претвори во голем неред и повторно заличува како да е пред земјотресот Ohno
ја би рекол да го реновираат кејот (не само во центар) и да го одржуваат подобро, а не да ми градат некои дебилни фонтани и врби на сред река плус пред некое време ми светна идејава (а претпоставувам вакво нешто е тешко остварливо), да се прочисти реката од сите, се извинувам срања во неа, а и да се изгради некој систем на помали брани со кој ќе се контролира длабочината на водата а и филтери кои ќе ја прочистуваат, така да вардар нема да личи на одводен канал низ кој може да помине велосипед или булдожер
ова само онака си размислував Smile



Thumbs%20UpThumbs%20UpThumbs%20UpThumbs%20Up

Вакво нешто најавуваше Пенов на времето (зборувам за каскадните брани) но ништо не излезе. Дури и да нема филтри (во прво време) реката ќе изгледа подобро со малку повисок водостој.

Thumbs%20Up


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jul-2008 at 01:13
Каскадни брани за регулација на водостојот и брани/решетки за справување со отпадот се релативно ефтино и едноставно решение кое може и треба да го спроведеме, но тоа ни од далеку не би го преобразило Вардар во доволно пријатна река за во него да правиме визуелни експерименти...
А во нишката за плажа на Вардар беше спомнато дека вистински пречистителен систем би чинел ~100 милиони евра, така да уште долго време не треба воопшто да размислуваме на темава...



Инаку за новиот мост кај Сарај консултирајте го сообраќајниот ГУП

http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg - http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg

(го имате и на првата страница во нишката Урбани автопати)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2008 at 01:19
Извинете сега малце избегавме од темава, но изгледа новиот мост ќе наметне и изведба на црногорска, или пак по старо, па ќе биде приклучен на ул.г.петров.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jul-2008 at 01:22
Originally posted by Cloverstack

Каскадни брани за регулација на водостојот и брани/решетки за справување со отпадот се релативно ефтино и едноставно решение кое може и треба да го спроведеме, но тоа ни од далеку не би го преобразило Вардар во доволно пријатна река за во него да правиме визуелни експерименти...


Апсолутно воопшто не ни размислував за таа лудорија кога го поддржав забеган за идејата.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 13-Jul-2008 at 08:51
Suicide  lele koj zabegan resil drva na beton vo vardar da "proektira" lol.... ova e mislam ramno so "plazite na vardar od trifka" Runaway

-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Jul-2008 at 00:48
Originally posted by Cloverstack

... Инаку за новиот мост кај Сарај консултирајте го сообраќајниот ГУП
http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg - http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg
(го имате и на првата страница во нишката Урбани автопати)

Благодарам за инфо, ме зачуди зашто под толкав агол влага патот на новиот мост ?




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jul-2008 at 12:43

Се чисти коритото на Вардар

„Улици и патишта“ започна акција за чистење на коритото на реката Вардар и нивелација на речното дно на потегот од мостот кај МАНУ до мостот кај хотелот „Холидеј ин“. Со акцијата е планирано да се опфати и коритото на реката во должина од 11 километри, од мостот „Близнак“ во населбата Јане Сандански до мостот кај „Александар палас“.

Екипите на „Улици“ со булдожер ќе извршат и нивелација на создадените островчиња од земја и наноси во коритото на Вардар. Се очекува да бидат израмнети 30.000 кубни метри земја, со што ќе се пополнат вдлабнатините на речното дно, кои биле создавани од надојдените води. Во акцијата се очекува да бидат исцрпени околу 5.000 кубни метри шут, тиња и дивоникната вегетација од коритото на Вардар. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5917B9CDF6C5714CB8C045F81A2F5AD9 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5917B9CDF6C5714CB8C045F81A2F5AD9


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Jul-2008 at 13:00
Applause ЕВЕ НЕШТО УБАВО

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Jul-2008 at 19:51
им текна Smile

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Jul-2008 at 14:26
Ги спомнавте гумените каскади но заборавивте на ветувањата за плажи по кејот на вардар

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Jul-2008 at 14:36
Еве не баш добра слика за илустрација како е тоа во Будимпеста низ целиот кеј со песоци базени кафичи ....


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jul-2008 at 14:57


За плажите имаме развиено дискусија во посебна нишка
http://%20www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=153 -
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=153

Cheers


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2008 at 20:58
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=462DDC2DA98AF64AB02449A4B9EFA8F1 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=462DDC2DA98AF64AB02449A4B9EFA8F1


Багери го чистат коритото на Вардар

Коритото и кејот на реката Вардар во следните десетина дена ќе се расчистуваат од тињата и сметот, откако драстично опадна нивото на водата. Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ со два багера спуштени во коритото на Вардар и 4 камиони работат кај хотелот „Александар палас“ и кај зградата на Македонската радио-телевизија.Најголем дел од собраните наноси се користат за да се пополнат дупките во коритото што се создадени од струењето на водата. Останатата тиња се товари во камиони и се носи во депонијата Дрисла.Две бригади на „Улици и патишти“, составени од по 6 вработени, работат на расчистување на дивата вегетација по косините на кејот на реката Вардар.

Досега рачно се исчистени 50.000 квадратни метри површина. Со програмата за работа е зацртано до крајот на сезоната да се расчистат 63.900 квадратни метри површина. Со помош на градежна механизација исчистени се 4.000 квадратни метри, а со програмата се планира да се расчистат 30.000 квадратни метри.Во последната фаза од оваа акција ќе се прередат изместените гранитни коцки на кејот.Водостојот на реката Вардар во последниве десетина дена драстично е опаднат, па најголемата река во државата може лесно да се прегази. Нискиот водостој е резултат не само на екстремно високите температури туку и на зголеменото трошење вода за наводнување и други потреби.Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, протокот на Вардар е 6 кубни метри во секунда. Апсолутниот минимум од 5,2 кубни метри во секунда бил забележан во 1961 година.

(А.П.)
Фото Маја Златевска



Posted By: Shopgirl
Date Posted: 17-Aug-2008 at 00:22
Vardar e reka od 5ta kategorija, a postojat 4 kategorii na zagadenost. Toa znachi deka vodata od Vardar ne smee da se koristi ni za indrustriski celi. :(

Minatata godina vo mart, studenti od AF SKopje vo sorabotka so Grad Skopje, rabotea rabotilnica za ureduvanje na minor koritoto na Vardar, i imase impresivni idei.. Se raboterse na dve lokacii, enda vo Centar naspoti GTC, pred MNT, i drugata vo park, nasproti Kajakanu klubot. Temata na rabotilnicata beshe Reanimacija na leviot breg na Vardar... Gradot veti deka nekoi od idejnite reshenija kje gi izvede.. megjutoa eve ushte se cheka.

A pritoa go ismevam proektot so vrbite vo Vardar, koj ne samo shto ne e produktiven, tuku e nelogichen, neadekvaten, nepotreben..


Posted By: beTon
Date Posted: 17-Aug-2008 at 04:00
http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/93b2e0dc7585986e80256a22004f833e/5dc7d9d1a3033384c12574260041888b?OpenDocument - П Р О Г Р А М А
за одржување на коритото на реката Вардар на подрачјето на град Скопје за 2008 година
http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/93b2e0dc7585986e80256a22004f833e/5dc7d9d1a3033384c12574260041888b?OpenDocument -
http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/93b2e0dc7585986e80256a22004f833e/5dc7d9d1a3033384c12574260041888b?OpenDocument -
http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/93b2e0dc7585986e80256a22004f833e/5dc7d9d1a3033384c12574260041888b?OpenDocument -

Година: 2008 Број: 4

Датум на издавање: 03/28/2008

Општина: Совет на Град Скопје

Тип:Програма

Наслов: Програма за одржување на коритото на реката Вардар на подрачјето на град Скопје за 2008 година

Текст:Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.05/02) и член 10,точка 4,алинеја 20 од Законот на Град Скопје (“Службен весник на Р.М.” број 55/04 ), Советот на Град Скопје, на шеесет и втората седница, одржана на 24 март 2008 година, донесе


I. Вовед

Со оваа Програма се дефинира обемот и динамиката на потребните активности за одржување на минор- коритото на реката Вардар во урбаниот дел во град Скопје, како и начинот на финансирање на истата за 2008 година.

Делот од речното корито, што е опфатен со програмата, е по должина на реката Вардар и тоа од мостот во Сарај до мостот ,,Близнак,, во населба Аеродром .


II. Планирани активности

Одржувањето на коритото на левиот и десниот брег на реката Вардар предвидено е да се одвива во три фази и тоа:

·Прва фаза- рачно чистење

Рачното чистење на косините на коритото подразбира сечење и отстранување на дрва и на целокупната ниска вегетација (трева, корење,трња и друга дива вегетација) како и собирање на пластична амбалажа.

·Втора фаза - машинско туркање на песочни наноси

Машинско булдожерско туркање на песочните наноси и мил опфаќа пополнување на дупките и нерамнините на нивелетата на речното корито. За реализација на истото потребно е да се постават времени шљунковити рампи за да се овозможи влез на потребната механизација во коритото на реката

·Трета фаза - машинско чистење, утовар и транспорт

Машинско чистење е во функција на регулација на речното корито и под него се подразбира отстранување на суспендиран нанос и наталожен мил по косините и нивелетата на реката Вардар. За реализација на истото потребно е да се постават времени шљунковити рампи за да се овозможи влез на потребната механизација во коритото на реката . Извадениот нанос , мил и друг материјал ќе се товари на камиони и ќе се транспортира до соодветна локација.

·Четвртата фаза - прередување на гранитни коцки на мајор коритото

Во оваа фаза предвидено е прередување на извадените гранитни коцки на мајор коритото, кои се во непосредна близина на минор коритото.


III. Физички и финансиски приказ на работите по фази



За реализација на оваа програма потребни се средсва во висина од вкупно 14.193.000,00 денари


IV. Финансирање

Финансирање на Програмата се врши од средствата кои ќе се обезбедат од Буџетот Град Скопје за 2008 година.


V. Извршител

Извршител на активностите предвидени со Програмата ќе биде ЈП Улици и патишта - Скопје, Сектор за одржување на хидромелиоративни системи, врз основа на претходно склучен договор со Градот Скопје.


VI. Надзор

Надзор над извршувањето на Програмата врши Секорот за комунални работи.


VII. Завршна одредба

Оваа Програма влегува во сила следниот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје”.

Број 07- 844/1
24 март 2008 година
Скопје

СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
Ирена Мишева, с.р.


http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/93b2e0dc7585986e80256a22004f833e/5dc7d9d1a3033384c12574260041888b?OpenDocument - http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/93b2e0dc7585986e80256a22004f833e/5dc7d9d1a3033384c12574260041888b?OpenDocument





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2008 at 04:13
Originally posted by Shopgirl


Minatata godina vo mart, studenti od AF SKopje vo sorabotka so Grad Skopje, rabotea rabotilnica za ureduvanje na minor koritoto na Vardar, i imase impresivni idei.. Se raboterse na dve lokacii, enda vo Centar naspoti GTC, pred MNT, i drugata vo park, nasproti Kajakanu klubot. Temata na rabotilnicata beshe Reanimacija na leviot breg na Vardar... Gradot veti deka nekoi od idejnite reshenija kje gi izvede.. megjutoa eve ushte se cheka.


Да не беше тоа поврзано со идејата за „плажа“?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2008 at 04:17
Не е поврзано. Лани се најавуваше дека градот ќе распиште тендер за изведба плажа на вардар па ништо не бидна. Така да одвоена е изгледа работата. Барем така имаме евидентирано во темата за плажата.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2008 at 04:40
Иначе се работи и во делот кај Аеродром. Вчера возев точак по кеј и видов екскаватор и камиони близу пешачкиот мост.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2008 at 04:44
Извини што е тоа екскаватор. Булдожер?! Некој лингвистички дериват на excavation?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2008 at 05:03
Екскаватор е ова






А булдожер е ова




Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2008 at 05:19
А багер?!

Ова може треба да иде у градежни совети и едукација, под тема механизација.


Posted By: beTon
Date Posted: 17-Aug-2008 at 12:21
Originally posted by lslcrew

А багер?!
Ова може треба да иде у градежни совети и едукација, под тема механизација.


дефинитивно треба да се почне тема за идиомите и кованиците од зборови во градежништвото, има доста народ што е затекнат кога ќе чуе македонска верзија за интернационална терминологија или пак не го знае потеклото и значењето на интернационалната, а добро е да се потрудиме да ги наведеме или изнајдеме (доколку ги нема) правилните македонски термини за градежните работи и муабети и да направиме своевиден импровизиран градежен толковник, па нели оваа година е година на македонскиот јазик, па вака и ние нешто да допринесеме.
инаку доста работи може да се најдат во толковниот речник на македонскиот јазик кој од неодамна е комплетиран а мислам дека го има и во електронска верзија но како и книжното издание за сега може само да се купи во Институтот за македонски јазик во УКИМ комплексот на факултети но сигурен сум дека доста и се пропуштени посебно во делот на идиоми-сленгови...

http://en.wikipedia.org/wiki/Bagger - Bagger - идиом преносно значење од англискиот термин за лифт куферџија
http://en.wikipedia.org/wiki/Excavator#Terminology - Excavator - правилниот термин - digger копач (a person or thing that excavates)
http://en.wikipedia.org/wiki/Power_shovel - Power shovel - турбо лопатар (тоа билбил е премногу брзо а и мало за да му се закачи в среде)  LOL сигурно во суводол имаат подобри сленгови



Posted By: Shopgirl
Date Posted: 17-Aug-2008 at 12:25
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Shopgirl


Minatata godina vo mart, studenti od AF SKopje vo sorabotka so Grad Skopje, rabotea rabotilnica za ureduvanje na minor koritoto na Vardar, i imase impresivni idei.. Se raboterse na dve lokacii, enda vo Centar naspoti GTC, pred MNT, i drugata vo park, nasproti Kajakanu klubot. Temata na rabotilnicata beshe Reanimacija na leviot breg na Vardar... Gradot veti deka nekoi od idejnite reshenija kje gi izvede.. megjutoa eve ushte se cheka.


Да не беше тоа поврзано со идејата за „плажа“?



Megju ostanatite idei imase i ideja za plazha..


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Aug-2008 at 13:47
абе остај плажите, треба да се уреди, да се исчисти и да се осветли
и дефинитивно треба некој да помисли на нивото на водата
и зашто никој не ја сака тревната површина, или е претворена во слама или го има обраснато целиот кеј


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2008 at 15:31
Originally posted by Shopgirl


Megju ostanatite idei imase i ideja za plazha..

За плажата има подетално овде:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=153&PN=1 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=153&PN=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 16:14
Риалити чек: Кејот и коритото на Вардар во Мал Ринг, во најстрог центар на градот.

Како очајната состојба на коритото и кејот да не е доволно, има и бонус:

- Коњ на испаша, што не е невообичаена глетка во Скопје, ама на оваа локација дури и мене ме изненади...

- Човек стварно треба да е мрднат за да лови риба во Вардар, поготово во Скопје, ама кога веќе решиле, не морале баш у центар да се нацртаат...




Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2008 at 16:29
Ја апелирам на рибарите од Скопје да ловат риба, има едно убаво место, под новиот мост во влае! Тамо не им е мутна водата многу!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2008 at 01:39

Интервентна акција за чистење на најголемата македонска река

Генералка на Вардар


Ќе се чисти тревата, ѓубрето и градежниот шут таложени со децении од изворот во Вруток, па до македонско-грчката граница во должина од 301 километар


Со тешка механизација, багери, камиони и рачни алати, вчера, 40 војници почнаа со чистење на коритото на Вардар кај хотелот "Александар палас" и сливот на Лепенец. Ќе се чисти тревата, ѓубрето и градежниот шут таложени со децении од изворот во Вруток, па се до македонско-грчката граница во должина од 301 километар.
Овие активности го означија стартот големата еколошка акција за генерално чистење на целиот слив на нашата најголема река, што ќе се одвива во следните дваесетина дена. "Интервентна акција за чистење на реката Вардар" е Владин проект во којшто ќе бидат вклучени претставници од Министерствата за животна средина, за Транспорт и врски, за Земјоделие, АРМ, Дирекцијата за заштита и спасување, МЕПСО, повеќе фирми, како и општините каде ќе се изведува акцијата. Координатор на проектот е Центарот за управување со кризи. На вчерашната промоција на проектот, координаторот на работната група од ЦУК Драги Димовски информираше дека паралелно се работи на осум локации.
- Посебно ќе се интервенира критичните точки. Денеска почнавме со работа и во Гостивар и во делот кај Удово и Ѓавато, каде што постои опасност од поткопување на магистралниот пат - појасни Димовски. Министерот за животна средина Неџати Јакупи потенцираше дека акцијата ќе има голем еколошки ефект и ќе придонесе за заштита на биодиверзитетот на реката.
- Многу важно е тоа што првпат се спроведува генерална интервенција за чистење на Вардар од градежен шут, вегетацијата и разновидниот отпад. Реката на одредени точки е многу загрозена, отворени се такви меандри од 90 степени, коишто го имаат свртено текот на водата во сосоема друг правец - рече Јакупи.
Вардар е обраснат со треви, на делови има диви депонии, а неретко по водата летаат пластични шишиња и разни отпадоци. Неколкумина риболовци кои вчера ги затекнавме на брегот тврдат дека се случува по реката да течат и фекалии. "Акцијата е одлична, но треба да се спроведат системски мерки за да се спречи понатамошното загадување на реката. Без пречистителни станици нема да добеме поголем ефект, рекоа тие.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1E0E279640924949AE64AED77236690D


Вардар се чисти од Вруток до Гевгелија

Со собирање на градежниот шут и отпад и со сечење на дивата вегетација на кејот на Вардар непосредно до хотелот „Александар палас“, вчера почна да се реализира еколошкиот проект за чистење на речното корито од изворот во Вруток до грчката граница.

- Почнавме со работа на седум до осум локации, а ќе се започне со работа и во Гостивар и на делот кај Удово. Во моментов на кејот од реката Вардар кај хотелот „Александар палас“ работат околу 40 војници со една градежна и машина за товарање и камион - рече Драги Димовски, координатор на работната група од Центарот за управување со кризи.За проектот наречен „Интервентна акција за чистење на реката Вардар“, Владата формира координативно тело што ќе ги планира, спроведува и анализира работите на надлежните институции и организации во акцијата. Акцијата продолжува во наредните дваесетина дена. Во оваа акција е важно тоа што Вардар ќе се прочисти од градежниот шут, вегетацијата и разновидниот отпад. Реката на некои точки е многу загрозена и затоа мислам дека со ова прочистување ќе се интервенира адекватно. Ваква генерална интервенција не се случила подолго време, освен на некои места од текот - изјави Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање.Со проектот ќе координира Центарот за управување со кризи, а во неговата реализација ќе бидат вклучени претставници од Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, АРМ, Дирекцијата за заштита и спасување, МЕПСО, градежни и приватни фирми, како и локалните самоуправи каде што ќе се изведува акцијата.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=21D10F983526184BA2C858D3B1447F4A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2008 at 01:41
Ми се свиѓа што армијата секогаш се одзивала на вакви акции за расчистување, гасење пожари и слични работи. секоја чест за акцијава и сите кои се инволвирани во неа!


Posted By: vardar
Date Posted: 26-Aug-2008 at 05:32

Владата ќе го бетонира коритото на Вардар

Надлежните владини служби се задолжени да подготват елаборати за наоѓање води што дополнително би се влеале во Вардар, а ќе се разгледа можноста коритото на реката во градовите да се направи од цемент, со што би се спречило зараснувањето на треви што го собираат ѓубрето. Ова го изјави вчера премиерот Никола Груевски, по посетата на еден од пунктовите во Скопје каде што одвива акцијата за чистење на реката Вардар.

- Најверојатно ќе можеме да го искористиме цел септември. Идејата е што е можно побрзо, додека нивото на реката е пониско, да се исчисти поголем дел од ѓубрето. Се надевам дека повеќето од планираните активности ќе завршат пред почетокот на есенските дождови - рече Груевски, најавувајќи интензивна работа и удвојување на бројот на локациите за чистење.Чистењето на реката Вардар од Вруток до грчката граница е владин проект. Почна пред четири дена, а предвидува отстранување градежен шут, вегетација и разновиден отпад. Во него се вклучени министерствата за транспорт и врски, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина и просторно планирање, АРМ, Дирекцијата за заштита и спасување, МЕПСО и локалните самоуправи каде што ќе се изведува акцијата. Проектот го координира Центарот за управување со кризи.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=56CAE1E2103F6C41AC3B1C5DEB394C00 - Dnevnik


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Aug-2008 at 05:43
Нека напраат двокатно корито!!! Идејава ја оправдувам, само да не биде од бекатон!!! Шала на страна добра е идејава до некаде, само незнам колку тоа ќе значи околу растењето на тревите и качување на нивото. А дополнителните води да се влеваат во вардар, стварно незнам која корист од тоа?!?! Да не случајно го направат пловен. Ионака имаме автопат покрај цел вардар, пловен не ни треба. За естетика вреди да се фрли пара ама коритото на вардар има поприоритетни локации за среедување, него бетонирање на коритото. За земјоделците, како што знам досега немало недостиг на вода. Инаку со чистењето секоја чест рака им пружам!!! Ама ова коритото пак нешто како на два ката да ми изгледа!


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 09:16


Не се сложувам. На ништо не личи бетонирано корито не е ова некој канал во Лос Анџелес. Веројатно не ни смее така, реката е веројатно во комуникација со некои подземни води и целиот тој тек може да се прекине.

Акцијава за чистење е супер, стварно ми е кеј што почна, но нека не измислуваат безвезни решенија зошто ги мрзи да го одржуваат коритото во континуитет.

Верувам дека растенијата во голем дел би се решиле доколку водостојот на реката е нормален, подобро нека работат на тоа (пак ќе ги спомнам каскадните брани како решение)


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Aug-2008 at 13:43
и јас не се согласувам со бетонирање на коритото, едноставно не им се даваат пари за одржување на било што во државава и тоа одсекогаш ме нервирало
а и пбанкс ми го зеде зборот, многу повеќе би се сложил со каскади одколку со дополнителни сливови
доколку би били контролиран водостојот, не би се формирале островчиња на кои раснат треви и се задржува отпадот


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Aug-2008 at 12:09

Вардар во Ѓорче Петров е без регулирано корито и со депонија наместо кеј

Шеталиштето и кејот завршуваат кај мостот во населбата Хром, до каде е и пешачката патека

Сања Наумовска

Ѓорче Петров е единствената општина во Скопје во која реката Вардар нема регулирано корито. Кејот на Вардар во Ѓорче Петров е претворен во вистинска депонија. Пријатното шеталиште завршува кај мостот во населбата Хром, до каде е и пешачката патека што ја изградија Општина Карпош и Градот. От таму, наназад се' до мостот во Сарај, брегот на Вардар се користи за се' само не за шетање и уживање. Купишта градежен шут, искршени плочки, цигли, остатоци од стари куќи, брда хартија и картони, кутии, ѓубре од домаќинствата што може да се види на секој чекор. Згора на се', долги години неуредуваниот простор личи на змијарник обраснат во грмушки и трева висока и до половина метар, која навлегла и длабоко во коритото на реката.

На забелешката на советникот Александар Ѓорѓиев на последната седница на Советот на Градот дека другите општини се занимаваат со изградби на велосипедски патеки и уредување на кејот, градските власти одговорија дека Вардар во Ѓорче Петров нема ниту регулирано мајор- корито. Од мостот кај Сарај до мостот во Хром Вардар продолжува да тече диво, иако минува низ населени места, кои исто така би требало да бидат заштитени од потенцијални поплавувања со регулирано речно корито. Сепак, за ваква инвестиција градските власти немаат пари, а нема ниту стручен кадар за да изработи проект.

„Проблемот со коритото на Вардар во Ѓорче Петров е комплексен и нема да се реши ако Градот ја продолжи велосипедската патека и во овој правец. Станува збор за нерегулирано корито, за кое Градот нема пари да го реализира“, истакна Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам.

Во меѓувреме, пак, општинарите се обидуваат колку толку да го расчистат кејот за да биде попријатно место за рекреација. Како најзагрозени локации каде што редовно има диви депонии се пешачкиот мост што ја поврзува општината со СРЦ „Сарај“ кај составот на Вардар и Треска, како и локацијата зад стадионот кај стартот мост кон Крушопек. Сепак, велат во општината, кејот е неуреден по целата должина на реката низ Ѓорче Петров, бидејќи никој во минатото не инвестирал ниту денар во негово уредување. Општинарите потенцираат дека општината е немоќна сама да финансира големи проекти, поради што очекува помош од Градот. Досега се направени повеќе разговори во кои е предочен овој проблем, но засега ништо не е реализирано. Граѓаните на Ѓорче Петров заслужуваат да имаат место за рекреација и прошетка исто како и жителите на другите општини, кое ќе биде еколошко, чисто и уредено.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5362626CE70F143806F836EE9652A05 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5362626CE70F143806F836EE9652A05


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Sep-2008 at 13:49
Доста се пишува за ова деновиве. Не сакам да влегувам во политикантскиот дел. Принципиелно Трифун е во право (како што беше во право и со автобусите) но во случајов навистина нема кредибилитет премногу да зборува. Треба да си го постави прашањето зошто коритото на Вардар воопшто е доведено во толку лоша состојба.

И Вардар ги раздели градот и Владата
По црквата на плоштадот, двокатните автобуси и фискалната децентрализација, сега и реката Вардар ги влоши односите меѓу градоначалникот Трифун Костовски и Владата.
 
Централните власти почнаа акција за интервентно чистење на целото корито на реката, од Вруток до границата со Грција, а откако Зоран Лапевски, раководителот на градскиот сектор за комунални работи, без консултација со Костовски во неа ги вклучил и градските јавни претпријатија, градоначалникот го разрешил од функцијата.
 
- Владата уште еднаш се меша во ингеренциите на градот. Не може да се прави таква акција без договор. И градските претпријатија не смеат да се третираат како сопственост на државата. Градот веќе потроши 400.000 евра за да ги исчисти деловите од коритото на Вардар, кои Владата сега повторно ги чисти. Кој ќе одговара пред граѓаните за тоа што двапати се трошат нивни пари за истата работа - праша Костовски.
Ирена Мишева, претседателката на градскиот совет и членка на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата што ја имаше со Костовски, ги бранеше позициите на Владата.
 
- Досега имаше неколку средби, кои ѝ претходеа на акцијата. Но тоа што веројатно имало одредени пропусти во самата градска администрација поради кои Костовски не бил информиран, не е проблем на централната власт, туку на градот - истакна Мишева.
 
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа обвинувајќи го градоначалникот Костовски за невршење на неговата должност.
- Досега сме слушнале за разрешување лица што не си ја работеле работата, но очигледно кај господинот Трифун Костовски се разрешуваат и луѓе што си ја завршиле својата обврска и си ја сработиле својата работа. Акцијата за чистење на коритото на реката Вардар на Владата на Република Македонија следуваше по период на немање иницијатива од страна на господинот Трифун Костовски да ја заврши истата акција, која е во негова надлежност. Доколку ваквата акција беше реализирана, Владата ќе немаше потреба од реализација на овој проект - се вели во соопштението на партијата.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=172&ArticleID=6409




Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 01-Sep-2008 at 15:10
Така pbanks,никој не го спречуваше Трифун да го направи истото претходниве четири години,дури се занимаваше со сечење на најстарите дрва во градскиот парк коритото беше катастрофа.
Целосно ја подржувам владата за овој проект


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Sep-2008 at 16:11


Работите се испомешани.

За Трифун нема оправдување, но за владата има уште помалку простор за пофалба.

Овие работи се очигледно дел од веќе почнатата кампања за локалните избори... Со грубо мешање во надлежностите на градот и со заобиколување на градските власти ама баш за се, владата сака да прикаже ситуација дека тие се демек многу способни и ангажирани, па дури добронамерно ги вршат и работите што се во надлежност на градот, кој во оваа приказна треба да биде единствениот виновник.
Во реалност тоа не е ништо друго освен ефтин политички маркетинг, а за чија цел кршат којзнае колку закони!

Факт е дека градот е финансиски сакат и дека не може да стигне насекаде (повторно, ова не е универзално оправдување за Трифун, ама сепак треба да се земе во предвид во ситуацијава). Во таква ситуација наместо владата да интервенира со тоа што конечно ќе се ангажира да спроведе вистинска и добра финансиска децентрализација, таа глуми дарежливост со дел од парите од кои претходно буквално ги лишила локалните власти низ државата.

Владата да престане да се расфрла со пари кои дефинитивно не треба да се во нејзина надлежност, па дури после тоа ќе може да процениме кој колку е ангажиран и колку добро си ја врши работата!


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 01-Sep-2008 at 16:42
Previous

Има голема веројатност за тоа дека владата го прави ова за политички маркетинг.
Во право си и за тоа што кај нас имаме катастрофална финансиска децентарлизација.

Но никој не го запираше Трифун да поведе една вакав иницијатива,па дури и тој да побара помош од владата за реализирање на ваков проект.

За тоа и го подржувам пректот,мислам дека е позитивен,без разлика дали има политичка заднина или не.
Сепак работата ја вршат државни(мислам и на тие од локалната самоуправа) предпријатија,па нема некоја можност за малврзации,од типот на тендери и слично.
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Sep-2008 at 17:09
1.Како прво чистењето на вардар треба да биде редовна ствар и не треба нешто што се случува на 10 години, а уште помалку да се дешава како ефтин маркетинг.

2. Второ!! Трифун е во право кога збори дека владата не ја спроведува финансиската децентрализација. Е сега пошто народот не ги согледува работите баш најдобро, следи пофалби кон владата, а дискредитација на трифун. Тука трифун иако е во право, он е бесправно ставен на јавен вербален линч и треба да си се повлече, зашто што и да каже џабе е. Но што да правиме кога имаме ваква бош ситуација со јавното мислење.

3. Трифун подобро му е воопшто да не спомнува дека потрошил 400000 евра за чистење, кога со 400000 евра вардар двапати ќе се исчисти.


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Sep-2008 at 20:43

околу бетонирањето мислам пбанкс дека се работи за полочување на коритото на вардар па така нема ни да дојде до реметење на каналите бидејќи плочите само се редат по дното на коритото па сетне и полесно булдожерите би го чистеле, а дека би се поплочувало заради пловност како што викаш лсл не ми се верува бидејќи во тој случај ќе може да се чисти вардар само површински но не и со механизација, напротив ова е доказ дека оваа власт нема намера да се зафаќа со проектот вардарска долина па нека остават нешто и за другите да почнат...Sleepy

но има мислам по приоритетен момент од чистењето кое нормално треба да си е редовна и воопшто бомбастична работа а тоа скротување на скопската  атмосферска, комунална и индустриска канализација, но и тоа е преобемен проект па во блиска иднина тешко кој би се нафатил на негово реализирање освен ако не се примени новиот изум Анаеробната станица на Јоти Поповски. во овој момент најверојатно владата сака да подготви нов имиџ за европското првенство во ракомет во декември па верувам затоа и форсира идеи како двокатните автобуси, чистење на коритото на вардар (она со пополочувањето бар оваа година не е изводливо) и казните за ѓубре... додека сите оние проекти како музеите, театарот, црквата, жичарата и мостовите најверојатно ќе се сефтосаат за некој друг повод...

а трифка се најде во небрано ниту сдс му прават муабет ниту вмро го есапат па човекот како налутено заборавено дете се инати по весници место да земе даработи на некој проект освен на кермес и на вардар па и нив не ги истерува докрај како што треба...



Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Sep-2008 at 21:14
Originally posted by beTon

но има мислам по приоритетен момент од чистењето кое нормално треба да си е редовна и воопшто бомбастична работа а тоа скротување на скопската  атмосферска, комунална и индустриска канализација, но и тоа е преобемен проект па во блиска иднина тешко кој би се нафатил на негово реализирање освен ако не се примени новиот изум Анаеробната станица на Јоти Поповски.


За ова скроз се сложувам но не само во Скопје, пречистителни станици треба да има многу блиску до изворот бидејќи уште од таму Вардар е страшно загадена река.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Sep-2008 at 19:04
Еве дел од работите што се изведуваат под капа на градот:




Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Sep-2008 at 13:59
ме радува што денес видов како ја прават велосипедската патека и го расчистуваат земјиштето на десната страна, мислам со замата изградба на патекава автоматски се чиости и кејот од треви, грмушки и отпад, кога ќе ја направат патеката останува уште и пешачките да ги реновираат и да ги изградат таму кај што нема, и сето тоа добро да се осветли
а на левата страна видов еден куп работници како темелно го расчистуваат кејот, од косините до ѕидчето
патем мислам дека сега вардар е  многу почист од од порано, ако се сеќавате порано водата беше кафена, а сега е проѕирна и може дното да се види, барем тоа е голем напредок


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Sep-2008 at 14:07
Во вардар никогаш не биле причини тие тревата и грмушките да го загадат ,вардар го загадува канализацијата што се пушта во него ,порано имаше и ракови во вардар,раковите обично живеат во чисти води, а сега ги нема, а нема ни да ги има ,може да изгледа дека е чист, мегутоа не е , а бојата на вардар зависи од дождовите, сега нема дождови , па кога ке има ке видиш дека пак ке стане кафеан хехех

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Sep-2008 at 14:11
добро те разбирам за дождовите, ова не го знаев
а за грмушките и тревите, мислев на тие што се на кејот


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: mitatos
Date Posted: 13-Sep-2008 at 14:44
zabegan @ и јас те разбирам тебе, само зборот ми беше да напоменам дека грмушките не сметале во загадуванјето на водата, можеби го рушат угледот на кејот, и затоа треба повеке ангажирање на овој дел од градот, треба 2 пати во годината да се исчисти за да не никнат други , јас мислам дека покрај белосипедската патека, треба да има и патека за џогинг ,и пешачка патека зборам за тој дел доле, и повеке клупи и да изградат некое место за одмор.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Sep-2008 at 18:17
да де, и јас го имав тоа на ум, само и ова е некој добар почеток

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 00:46

Нивото на водата во Вардар ќе се подига со каскади

Каскадите ќе се изградат откако ќе се подобри канализацијата во Сарај и Ѓ. Петров

Деспина Трајковска

Во Вардар ќе има каскади според примерот на Влтава во Прага, но за три години. Бетонските прегради кои ќе служат за подигнување на нивото на реката, ќе станат реалност откако претходно ќе се изведат пречистителни станици, колекторски системи и ќе се подобри канализациската мрежа во делови на Сарај и Ѓорче Петров.

Од Министерството за животна средина, кое е носител на проектот, информираат дека неговата изведба веќе е во тек. За активностите што се изведуваат координирано помеѓу општините и Министерството, на последната владина седница бил информиран и премиерот Груевски, кој инсистирал да се изнајдат мерки за подобрување на минор-коритото на Вардар, особено во периодите од годината кога има несоодветни хидробиолошки услови за реката. Во Министерството уште сега се подготвени да ги изведат каскадите, но напомнуваат дека во постојните услови тие нема да го дадат целосниот посакуван ефект.

„Сакаме претходно да обезбедиме услови и гаранции дека водата ќе биде чиста, односно нема да мириса. Од тие причини, првите фази од проектот предвидуваат доизградба на системите за пречистување на водите кои се слеваат во Вардар, особено од подрачјата во близина на Скопје“, вели Соња Лепиткова, заменик-министер за животна средина.

Таа посочува дека надлежните од Ѓорче Петров веќе интензивно работат на проблематиката за доизградба на одводните канали, а од идната година ќе стартува и изградбата на пречистителната станица. Во Сарај, пак, активностите се' уште не се започнати, но Општината има подготвена физибилити студија за изградба на пречистителна станица и за подобрување на канализациската мрежа. Од Министерството се оптимисти дека сите овие фази од проектот ќе бидат реализирани до 2010 година, по што ќе може да се изградат каскадите во Вардар.

Планирано е бетонски прегради да се изведат на четири локации по течението на реката во Скопје. Каскадите, сметаат од Министерството, ќе овозможат водостојот на Вардар и при несоодветни хидробиолошки услови да биде висок. Инаку, овој проект е дел од владините намери за подобрување на состојбите со најголемата река во државава, за што неодамна се спроведе и голема акција за нејзино чистење.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=77E411BC685D7A48837A48E23CC44201




Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 13:14
Има една друга нишка за вардар, ама таа е под фото/видео, па најрелевантна ми изгледа оваа нишка!!!

Започнаа завршните мерки за чистење на реката Вардар

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/42156/vardar-reka.jpg">

Министерството за транспорт и врски информира дека отпочнаа активностите за пренасочување на течението на реката Вардар на локации кај месностите Удово-Јосифово и Ѓавато, кои воедно претставуваат и завршни мерки од интервентната акција за чистење на реката Вардар.

“Врз база на проект на републичкиот Завод за водостопанство е утврдена трасата на речното корито во должина од 780 на локацијата кај Удово-Јосифово, каде се врши прокопување на  старото речно корито во широчина од 50 метри и длабочина од 3 метри и насип од 5 метри. На локацијата кај месноста Ѓавато трасата на пренасочување е со должина на речното корито од 1.200 метри,  длабочина 3 метри и широчина не речното корито од 50 метри. Со преземањето на овие активности ќе се спречи евентуалната опасност реката Вардар да се доближи до коловозот на автопатот Е-75“, се вели во соопштението од министерството.

Градежните работи за пренасочување на текот на реката Вардар ги изведуваат градежни компании од Македонија, а во акцијата е вклучен и Инженерскиот баталјон на Армијата на Македонија.

Со овие активности се завршува интервентната акција за чистење на реката Вардар, која министерството за транспорт и врски,  ја спроведе во координација со поголем број на релавантни институции, со цел зачувување на животната средина и еколошка заштита на реката Вардар.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=42156&kategorija=1




Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 18:50

Почитувани,

 

Ве информираме дека отпочнаа активностите за пренасочување на течението на реката Вардар на локации кај месностите Удово-Јосифово и Ѓавато, кои претставуваат завршни мерки од интервентната акција за чистење на реката Вардар.

 

Врз база на проект на републичкиот Завод за водостопанство е утврдена трасата на речното корито во должина од 780 на локацијата кај Удово-Јосифово, каде се врши прокопување на  старото речно корито во широчина од 50 метри и длабочина од 3 метри и насип од 5 метри. На локацијата кај месноста Ѓавато трасата на пренасочување е со должина на речното корито од 1.200 метри,  длабочина 3 метри и широчина не речното корито од 50 метри. Со преземањето на овие активности ќе се спречи евентуалната опасност реката Вардар да се доближи до коловозот на автопатот Е-75.

 

Градежните работи за пренасочување на текот на реката Вардар ги изведуваат градежни компании од Република Македонија, а во акцијата е вклучен и Инженерскиот баталјон на Армијата на Република Македонија.

 

Ве информираме дека со овие активности се завршува интервентната акција за чистење на реката Вардар, која Министерството за транспорт и врски,  ја спроведе во координација со поголем број на релавантни институции, со цел зачувување на животната средина и еколошка заштита на реката Вардар.

 

 

Со почит,

Министерство за транспорт и врски


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Oct-2008 at 18:56
Мислам дека се работи за една од овие две локации. Кај десната локација се познава старото корито па логично ми е да е таа локација, но затоа па должината на преусмерувањето одговара на левата локација. Сеуште неможам да увидам за која локација се работи.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Oct-2008 at 13:52
ОПШТИНА ЦЕНТАР ВТОР ПАТ РАСПИША ТЕНДЕР ЗА ВОДОСКОЦИ КАЈ КАМЕНИ МОСТ
Никој не сака да гради фонтани во Вардар
Општина Центар не добила ниту една понуда на тендерот за избор на изведувач кој треба да ги гради фонтаните, поради што целиот проект е одложен и распишан е нов тендер

Изградбата на фонтани во коритото на Вардар, од двете страни на Камени Мост, е одложено, бидејќи на тендерот за изведувач, кој Општина Центар го распиша летово, не се јавил никој. Фонтаните, кои ќе функционираат на принцип на бунари, преку кои ќе се прочистува водата во Вардар, требаше да почнат да се градат во септември и да бидат готови до Нова година, но неуспешниот тендер ги одложи работите за следната година.
Од Општина Центар велат дека меѓународниот тендер го распишале по втор пат.
"Новиот тендер за избор на изведувач ќе трае до трети следниот месец. По јавното отворање на понудите и по изборот на изведувач, ќе мора да се испочитуваат роковите за жалби, така што сега не може да се каже дали изградбата на фонтаните ќе почне до крајот на годината. Тоа ќе зависи од тендерот, односно од понудите кои ќе ги добиеме", велат надлежните од Општина Центар.
Маркичката за изградба на фонтани во Вардар беше вцртана со последните измени на деталниот урбанистички план Мал ринг, кои Советот на Општина Центар ги усвои во јули годинава. Тие треба да се градат во средината на коритото од двете страни на Камениот мост. Млазовите вода кои ќе ги испуштаат треба да бидат во форма на водоскоци. Фонтаните ќе бидат осветлени со специјални подводни рефлектори во различни бои. Проектот за нивна изградба, кој го изработи проектантската куќа ИНПУМА, предвидува тие да бидат сосем идентични, односно ќе имаат кружна форма, на средината ќе има цевка која ќе испушта млаз висок 20 метри, а од страната ќе има осум помали цевки кои ќе испуштаат млазови вода високи седум метри. Постаментите за фонтаните ќе се постават на дното на реката и нема да се гледаат, ќе се гледаат само млазовите што ќе ги испуштаат. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158357&idg=8&idb=2500&rubrika=Skopje




Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 18:54
Акцијава за чистење на Вардар навистина вроди со одличен плод и можам да кажам само браво за владата што го истера ова. Иако технички Трифун беше во право дека му се мешаат во штипки имаше сосема доволно време да реагира претходно за да воопшто не дојдеме во ситуација каде од грмушките во коритото ќе истрчуваат крокодили.

Еве една слика од Фликр која убаво покажува дека работата е добро одработена, останува уште одржувањето понатака да биде континуирано и да се дигнат тие каскадни брани кои ги најавија.




Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Oct-2008 at 18:58
Изгледа одлично, тука се сложиме сите. Но една работа цело време ми се врти низ глава-колку ќе чекаме за следното чистење? 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 20-Oct-2008 at 00:03
Кои и да беа мотивите на владата резултат е одличен, конечно вардар да заличи на река. Thumbs%20Up
 
 
 
Originally posted by La Linea

Но една работа цело време ми се врти низ глава-колку ќе чекаме за следното чистење? 
 
 
 
или следната суша или следните избори....


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Oct-2008 at 11:58

wow bas me raduva



Posted By: beTon
Date Posted: 24-Oct-2008 at 13:00
Originally posted by lslcrew

Од Министерството велат дека со изградбата на пречистителните станици и канализациски мрежи во Ѓорче и во Сарај и со изградбата на камените каскади во Вардар и колекторскиот систем до Трубарево, квалитетот на водата во реката треба да се доближи до вода за пиење.

дали ова значи дека утре и плажите би имало услови да му се вратат на врадар?! од вакво нешто ќе се офајди СК по цел свој ’рбет, претпоставувам дека каскадите ќе  имаат на себе и врати за регулирање на испустот на вода. ова се делува како екстра момент сепак мислам дека повторно вардар нема да биде пловен бар за чамци и кајаци т.е. ќе биде пловен од каскада до каскада и евентуално добар за рафтинг, сепак потег за поздравување. еве една интересна информација, според ГУПот од 1985 било планирано да има кајак канал низ СК, а исто и денешната детската улица во ново лисиче најпрво била проектирана за кајак канал(најверојатно била дел од СК кајак каналот), но работите почнале да добиваат друг тек кога заради посета на некоја делегација набрзина се скрпила улица на местото на каналот, а подоцна ’87 и месната заедница се одлучила да се задржи улицата(која не била според планот) на која нешто покасно во 1990 со самопридонес а по иницијатива и донација на егејците беше почната изградбата на ОУ Лазо Ангеловски која заврши во 1993, па со тоа се стави капак на таа идеја за кајак канал во ново лисиче, кој  прашање е дали во тоа време бил изводлив без да се изрегулира нивото на вардар со каскади порано познати како преливници. 



Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Oct-2008 at 14:18


Рафтинг малку потешко со скротена река со каскади, попригодна ќе биде за гондоли.

Како и да е многу ме радува оваа иницијатива, немора да има ни чамци, немора да има ни плажи, супер ќе биде за прв чекор да се упристои коритото и водостојот.


Posted By: beTon
Date Posted: 27-Oct-2008 at 10:27
 гондоли Thumbs%20Up скијање на вода Big%20smile...

па рафтинг во смисла за каскадите кои не верувам дека поинаку би можело да се поминат, но која е поентата од каскади доколку се почнува проектот вардарска долина и колку и за што ќе служат истите тие каскади доколку бидат утре потопени, ова ми изгледа на уште едно од многуте неусогласувања со идеите меѓу идеалистите па можам само да извлечам заклучок дека човек не треба да бара нзс онаму каде реката е мирна туку онаму каде е чиста LOL по се изгледа  некој ќе се офајди некако од каскадите...



Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Nov-2008 at 17:06
Колку за споредба

1.


2.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 29-Nov-2008 at 01:27
dobra e 2 fotka.se gleda stvarno deka rabotele,ama mene mi bese drugo muabetot, imav slusnato nesto deka ke se gradat nekolku brani na vardar imate li nekoja poopsirna informacija za ova ako e tocno??


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Dec-2008 at 18:26
ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ПАРКОТ И НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

По повод Денот на волонтирањето, утре /05.12.2008 година, петок/, во 10 часот, екипи на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ заедно со работници од „Митал Стил“ ќе спроведат голема акција за чистење на Градскиот парк и на кејот на Вардар. Акцијата за чистење ќе ја поддржи и градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски.

Заедно со работниците од двете јавни претпријатија, педесетина работници од „Митал Стил“ утре ќе го чистат потегот од зградата на Владата на Република Македонија до Градскиот парк, по кејот на реката Вардар. За таа цел ЈП ”Паркови и зеленило” за работниците на „Митал стил“ обезбеди ракавици, а ЈП ”Комунална хигиена” вреќи за собирање на ѓубрето и возила за транспорт на собраниот отпад.

Ова е уште една од акциите што ги организираат јавните претпријатија со други претпријатија и фирми кои се свесни за значењето на чистата животна средина и кои сакаат да дадат свој придонес за нејзиното одржување. Се надеваме дека примерот на Прокредит банка, која редовно организира акции за чистење на градот и која донираше корпи за ѓубре за кејот, за Градскиот парк и за Водно, и примерот на „Митал Стил“ ќе го следат и другите

 
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2264&mid=24&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2264&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: mitatos
Date Posted: 06-Dec-2008 at 19:54

Патките на Вардар - природна атракција во Скопје

Дивите патки , кога стега студот во Европа, се селат во потоплите краишта на југ

Снежана Калабакова

Стотина диви патки осум години опстојуваат покрај кејот на Вардар во Скопје. Овие птици некако се одомаќинија во еден мошне урбан дел на реката и поголеми јата се забележуваат близу Македонската академија на науките и уметностите и близу Камениот мост. Тие му даваат посебна убавина и живост на тој дел на брегот и за љубителите на природата претставуваат вистински украс. Рибарите-рекреативци, кои повеќе медитираат отколку што ловат на Вардар, велат дека птиците ги привлекла алга што има црвен цвет и таа претставува вкусен залак за дивите патки. Птиците често го привлекуваат вниманието на минувачите. Но, можат ли да ги намамат близу и случајните минувачи и туристи во градов, кои можеби барем ќе се фотографираат покрај Вардар? Некои ќе се согласат и ќе речат „зошто да не“. Ако на плоштадите на европските метрополи вниманието на туристите го предизвикуваат гулабите, како што тоа е случај на плоштадот „Свети Марко“ во Венеција, зошто во срцето на Скопје да не го прават тоа дивите патки. Но, тие сами по себе се недоволни доколку кејот на Вардар не понуди и други и нови содржини и доколку кон него не се сврти актуелното живеење на градот. Не е доволно само со една акција и една донација да се исчистат корито и кејот на Вардар од бујната вегетација, да се направат пешачки и велосипедски патеки и да се постави урбана опрема. Сето тоа треба и да се одржува и да се доуредува со нови содржини и, пред се', со туристички атракции. Регулацијата на Вардар е еден од најскапите проекти што досега биле реализирани и милиони кубни метри камен е вграден од левата и од десната страна на брегот на реката. Со генерации се менувале урбанисти и политички гарнитури, кои никако не успеваат да дадат нова визија за лоцирање на јавниот живот на Вардар. Сега во изградба се Музејот на ВМРО и старо-новиот театар. Исклучок се и мал број манифестации што се одржуваат покрај Вардар. Зошто и Скопје да го нема она што го има Струга со Црн Дрим?

Секогаш не држат оправдувањата дека нема пари, зашто, пред се', пресудни се идеите за да се дојде и до нив. А тоа значи дека може да се постигне со издржани проекти потпомогнати од претпристапните европски фондови, со вклучување на бизнис-елитата и локалната самоуправа. Може да се направи многу повеќе доколку и Скопје добие пречистителна станица на Вардар.

Дивите патки покрај Вардар се само индикатори дека водата во реката е почиста. Но, тоа е така затоа што ги нема главните загадувачи, кои главно не работат, а не поради тоа што сме повнимателни. Факт е дека има и дотур на свежа и чиста вода од „Козјак“. Сепак, загрижуваат и оние точкести загадувања од малите претпријатија што ги испуштаат отпадните води во реката.

„Не треба да дозволиме во минор-коритото на Вардар да има островца, околу кои има дива вегетација, за чие чистење се потребни пари, што ги немаме. Потребно е да се направат мали брани и езерца кои ќе бидат совршени живеалишта за дивите патки. Езерцата ќе нудат можности и за реализација на многу други идеи, кои повторно треба да се поткрепат со издржани проекти со кои треба да настапиме пред фондовите на ЕУ. Многу одамна постоеше еден проект, за кој се сеќавам дека остана нереализиран, за садење дрвја и аранжирање цвеќиња во Вардар. Но, секако, може да се послужиме и со искуствата на другите европски градови покрај реки“, вели Јосиф Милевски, раководител на Хидролошкото одделение во Управата за хидрометеоролошки работи на Скопје.

Познавачите на состојбите тврдат дека е илузорно да се направи брана на Вардар кај Ѓорче Петров само низводно и да се добие чиста вода доколку водите на реката не се искористат во градското подрачје.

Методија Велевски, член на Македонското еколошко друштво, вели дека појавата на дивите патки покрај Вардар не е поврзано со локалните услови. Половина век откако се прават набљудувањата на овие птици и се знае дека нивното присуство не е поврзано со климата на одредено место. Дивите патки сега, кога стега студот во Европа, се селат во потоплите краишта на југ. Тие, главно, се хранат со полжави, црвчиња и ракчиња. Им одговара и подобрениот квалитет на водата на реката поради чистата вода од Козјак. Всушност, имаат храна и мир и бараат заштита. Откако се исчистија дивата вегетација и врбите, тие немаат услови за гнездење во урбаниот дел на Вардар, па бегаат надвор од него, или тоа им се случува само инцидентно. Сите животни активности покрај реката се поврзани само со спорт и рекреација. Токму затоа, смета Велевски, постоењето градска плажа на Вардар ќе биде мошне корисно во однос на биодиверзитетот. „Со малку напор што го направивме во делот на Вардар во Демир Капија, еве, сега имаме пет двојки белоглави орли“, објаснува Велевски.

Во Македонија мора да се подигне културното ниво на сите чинители кога се во прашање реките и, воопшто, чистата, убава и привлечна животна средина, зашто сега Вардар е само автопат на пластични шишиња.






http://utrinski.com.mk/?ItemID=19CD4B43678C5447A7ECD0DD6260C4A2


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 07-Dec-2008 at 00:42
dobra e vtorata slika so patkite i tocaceto ili motorceto sto e vo pozadina...Smile


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Dec-2008 at 01:04
паткиве првпат ги заљбележав на кејот во Аеродром, пред околу една година, малку ме зачудија
но патките се фамилијарни, ако сега дојдат пеесет, рачунајте во наредниве години можно е да надојдат илјадници патки, да го научат местово и тука да доаѓаат секоја зима, асамо не знам што ги привлече толку, ваљда топлата вода Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2009 at 12:24
ЦЕНТАР ЧЕКА ДОЗВОЛА ОД УПРАВАТА ЗА ВОДОСТОПАНСТВО ЗА ДА ГРАДИ ВО ВАРДАР
Мајстори од Венеција ќе ги прават фонтаните во Вардар
Центар ќе гради кружни фонтани од двете страни на Камениот мост во водите на Вардар и од нив ќе излегуваат млазови вода во форма на рози

Фирма од италијанскиот град Венеција ќе ги прави фонтаните во вид на цвет во Вардар, од двете страни на Камениот мост, кои ќе ги постави Општина Центар. Градоначалничката на Центар Виолета Аларова вели дека на вториот конкурс за избор на изведувач била избрана италијанската фирма "Ла моне мореда" од Венеција, која наскоро треба да почне со изградба на фонтаните во речното корито. Таа објаснува дека во моментов се чека согласност од Управата за водостопанство, бидејќи со законските одредби не е дозволено да се гради или да се става нешто во речните корита.
"Фонтаните нема да бидат никаква пречка на речното корито и сметаме дека ќе ја добиеме потребната согласност од Управата, и избраната фирма, со која веќе потпишавме договор, веднаш ќе може да почне со работа. Фонтаните ќе бидат многу убави, во форма на цвет и во најразлични бои", вели Аларова.
Фонтаните ќе бидат изградени на средината од коритото на реката Вардар и ќе функционираат на принцип на бунари со кои ќе се прочистува водата, а проектот за нивна изработка го изготви проектантската куќа ИНПУМА. Со проектот е предвидено двете фонтани да бидат сосема идентични, односно ќе имаат кружна форма, на средината ќе има цевка што ќе испушта млаз висок 20 метри, а од страната ќе има осум помали цевки што ќе испуштаат млазови вода високи седум метри. Фонтаните воопшто нема да се гледаат, бидејќи ќе бидат поставени на дното од реката и ќе бидат практично во вода. Надвор од реката ќе се гледаат само млазовите вода што ќе ги испуштаат тие. Осветлувањето на фонтаните, исто така, ќе биде под вода, односно ќе бидат ставени специјални подводни рефлектори, а со млазовите вода што ќе се испуштаат од нив ќе личат на рози.
Рокот за изградба на фонтаните е седум месеци, а Општината ќе потроши околу 60.000 милиони денари за нивна реализација.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162035&idg=9&idb=2572&rubrika=Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2009 at 15:19
Оваа тешка глупост би била барем малце помала глупост доколку би се извела во некој иден чист и добро регулиран Вардар (пречистителни станици, каскадни брани за водостојот, редовно одржување...). Но далеку сме ние од тоа, така да во моментов не може дури ни малце да се ублажи глупавоста на оваа идеја.

Доколку навистина се реализира, ќе фрлиме еден милион евра (доколку не се пробие буџетот) за еден 20-метарски и два 7-метарски гомноскоци  Nuts Puke
Плус шесте милиони што истава општина ги има предвидено за споменици и плус безброј такви малоумни „инвестиции“ што не спопаднаа во последно време. И после инфраструктурата ни била лоша, се немало пари... Епа се нема.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2009 at 15:27
Originally posted by Cloverstack

Оваа тешка глупост би била барем малце помала глупост доколку би се извела во некој иден чист и добро регулиран Вардар (пречистителни станици, каскадни брани за водостојот, редовно одржување...). Но далеку сме ние од тоа, така да во моментов не може дури ни малце да се ублажи глупавоста на оваа идеја.

Доколку навистина се реализира, ќе фрлиме за еден милион евра (доколку не се пробие буџетот) на 20-метарски и два 7 метарски гомноскоци  Nuts Puke
Плус шесте милиони што истава општина ги има предвидено за споменици и плус безброј такви малоумни „инвестиции“ што не спопаднаа во последно време. И после инфраструктурата ни била лоша, се немало пари... Епа се нема.


Тоа највеќе ме плаши од се (ок се ме плаши во случајов)... Колку сака нека се пречистува водата одоздола кога млазот ќе исфрли ќе повлече и вода од реката. 20 метарски млаз кога ќе дувне ветер ќе прска измет по цел плоштад.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2009 at 21:00
Се уредува нешто спроти Александар Палас. Барем така изгледа немам слушнато нешто официјално околу ова




Posted By: Dragan
Date Posted: 08-Mar-2009 at 23:05
neznam dali sve kazale vo predhotnite izjavi, eve i jas ke kazam za da ima pogolem vodostoj vo vardar treba da se iscisti Dump koritoto od izvorod na vardar sve do kraj,eve jas kade sto ziveem vardar e na 1 km od moata kuca i celiot e ''zapusen'' Dumpso otpad i go blokira vodostojot na rekata da tece


Posted By: волан
Date Posted: 07-Jun-2009 at 13:04

http://volanskopje.blogspot.com/2009/06/blog-post_07.html - Џогинг на кеј на Вардар ... скопска летна шема ...




На иницијатива на странците кои во кризата со распадот на ЈУ дојдоа во нашиот град, донесувајки ги своите навики да џогираат - побараа од градот да направи џогинг, ролер, велосипетски т.е. трим патеки ... започна со иницијативата на USAID. Проектот го прифатија дваицата предходни градоначалници на Скопје Пенов и Костовски и со помош на донации скоро во целост се изградени трим патеки по должината на кејот на Вардат од Мостот близнак кај Влае до мостот близнак кај Ново Лисиче (еден до седум на горната фотка).
  • Должината на трим патеката е нешто повеќе од 10 километри.
  • Составена е од два дела кои се протегаат на двете нивоа на Вардар.
  • На горното ниво на одбранбениот зид е изгреадена патека за прошетка, каде се поставени клупи за одмарање и соодветно осветлување. Оваа патека е погодна за постари лица и луѓе со мали деца.
  • На долната патека направена е соодветна патека за возење точаци и ролери
  • Третата патека онаа покрај сам Вардар е наменета за вистинските џогери кои трчајки горат калории.
  • На неколку дела од патеката е поставена опрема за рекреација, особено за деца. Ова фали.
  • Највеќе фалат чешми со вода за пиење. На сите овие патеки се троши енергија и водата за пиење е неопходност.
  • Фалат места каде би можело да се сончаат луѓето, заедно со мали базени за расладување и тушеви за миење. Вакви проекти треба да бидат направени во партнерски однос со компаниите. Трифун вети во својата програм но не исполни.
  • Трим патеките треба да се направат и од другата страна на Вардар, можеби таа страна може да се предвиди со повеќе зони за рекреација и капење со места за сончање, на некои од сликите ке видите дека некои граѓани тоа веќе го прават.
  • Најкористена патека е онаа околу Градскиот парк и општината Каршуш. Од Ново Лисиче до центар е релативно понова патека и навиките треба да се створат.
Повеќе фотографии погледате на линкот http://volanskopje.blogspot.com/2009/06/blog-post_07.html - Џогинг на кеј на Вардар ... скопска летна шема ...
  • http://volanskopje.blog.com.mk/node/227334 - Велосипедска патека - Кај на Вардар, од Центар до Ново Лисиче ...
  • http://volanskopje.blog.com.mk/node/176431 - КЕЈ НА ВАРДАР ... репринт ...



-------------
волан


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jun-2009 at 13:41
Волан, еве направив избор на неколку фотографии од твојот блог




















Убава атмосфера  Cheers


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Jun-2009 at 14:05
уште само зеленилото да беше поуредено...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jun-2009 at 14:31

Владата годинава му го остава Вардар на градот


Централната власт засега не планира да го чисти речното коритоо како лани, кога паралелните акции беа причина за остар конфликт меѓу градската управаи Владата

%20
Годинава нема да има паралелни акции за чистење на коритото на Вардар, каков што беше случајот лани, кога кејот на реката стана причина за остар конфликт меѓу Владата и претходниот градоначалник Трифун Костовски. Градските власти, исто како и минатата година, преку јавното претпријатие „Улици и патишта“ ја спроведуваат својата програма во четири фази за одржување на коритото. Од Владата велат дека засега не размислувале да ги повторат активностите од минатата година, кои ги раководеше Центарот за управување со кризи, а во кои се вклучија и државната компанија МЕПСО, Дирекцијата за заштита и спасување, војниците на АРМ и други институции.

Иако минатата година имаше најави дека акцијата ќе прерасне во редовна практика, од Владата велат дека сé уште не се разговарало за ова прашање.

- На владините седници досега не се расправало дали ќе се повтори акцијата за чистење на коритото на реката Вардат низ целата територија на државата, односно од Вруток до границата со Грција. Не располагам со детални информации, но ако имам некоја најава ќе бидете известени - истакна Мартин Мартиновски, портпаролот на Владата.

Од Центарот за управување со кризи, кои ја координираа минатата акција, велат дека немаат навестувања дали ќе се повтори чистењето на кејот, но не ја исклучуваат можноста тоа да се случи во следните месеци.

- Чистењето на коритото на реката Вардар треба да се извршува во континуитет. Дали таа одлука Владата ќе ја спроведе и оваа година не можеме да кажеме, сепак тоа ќе зависи од повеќе фактори, како што се и климатските. Во март упативме препорака до граѓаните и до локалната самоуправа за поголемо одржување на каналите околу Вардар. Ова важи особено за оние делови од коритото што поминуваат низ урбаните места, каде што каналите се затнуваат од фрлениот градежен шут и отпад и каде што за време на поројните дождови се поплавуваат обработливите површини или објектите за домување - објасни Мишко Талески, портпаролот на Центарот за управување со кризи.

Тој додава дека најмногу треба да им се обрне внимание на несовесните граѓани и на слабата ангажираност на локалната самоуправа.

Градската управа, како и изминатите две години, и оваа подготвила програма за чистење на кејот на реката Вардар, која ја усвоил советот на 31 декември 2008 година.

- Во тек е спроведување на првата фаза од програмата со која се предвидува рачно чистење на кејот, кое подразбира сечење и отстранување на дрвата и на целата ниска вегетација, како што е косење на тревата, корењата, трњето и собирање на пластичната амбалажа. Втората фаза од чистењето ќе се спроведе по опаѓање на нивото на коритото на реката Вардар кон крајот на јули или во текот на август, со што ќе се овозможи пристап со механизацијата. Со машинско-булдожерското туркање на песочните наноси и мил се опфаќа и пополнување на дупките и нерамнините на речното корито - објаснуваат оттаму.

Во програмите се предвидени и транспортот на милта и прередување на извадените гранитни коцки од коритото.

Минатата година во владината акција беа ангажирани скопските јавни претпријатија без знаење на поранешниот градоначалник Трифун Костовски. Од градот тогаш остро реагираа, а владината кампања ја сметаа за потценување на законите и редот на работењето на градската администрација. Костовски ја обвинуваше Владата дека се меша во ингеренциите на градот, како и дека акцијата не можела да се спроведува без соодветна програма и проект и без да се знае кој ќе биде негов носител. Според него, градот веќе имал потрошено 400 илјади евра за чистење на кејот на реката Вардар, па нелогично било Владата да ги чисти истите места. Поранешниот градоначалник неколку пати прашуваше кој ќе ја преземе одговорноста за тоа што двапати се трошат парите на граѓаните за една иста работа.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61594305121&id=14&prilog=0&setIzdanie=21712


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 15-Jun-2009 at 15:23
Originally posted by pbanks

Се уредува нешто спроти Александар Палас. Барем така изгледа немам слушнато нешто официјално околу ова


Зградата на Орка сега ќе биде некаква си болница, затоа и Хард-рок е дислоцирана во парк, уште да ги дигнат во воздух шаторите што се под мостов (што не се гледаат на сликава) и ова си е еден многу фин и културен дел од Скопје...


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 22:09
Ќе се чисти левиот брег на Вардар


Повеќе од 40 приватни форми и градежни компании доброволно ќе се вклучат во големата акција за чистење на речните корита во државава која ја спроведува Владата преку Министерството за транспорт и врски што е планирана да почне идната недела


Повеќе од 40 приватни форми и градежни компании доброволно ќе се вклучат во големата акција за чистење на речните корита во државава која ја спроведува Владата преку Министерството за транспорт и врски што е планирана да почне идната недела. Ова е продолжение на акцијата од минатата година кога генерално се уредуваше коритото на Вардар.
- Во масовната акција реките ќе се чистат од градежен шут, одпад, од растенијата, а на местата каде што е потребно ќе се вршат реконструкции на коритата. Минатогодишната интервенција на Вардар беше оценета како успешна, но останаа само уште неколку делови каде што треба да се интервенира. Во Скопје ќе се работи на потегот од Железниот мост во Сарај до хотелот Александар Палас, со посебен акцент на левиот брег, потоа од мостот Близнак кон Јурумлери, а ќе се реконструира и коритото кај мостот во Орешани, како и на каналот во Таор. Истовремено ќе се чистат Лепенец, Брегалница, Пчиња, Црна Река и Драгор - информира Драган Јовановски од Дирекцијата за заштита и спасување.

Освен градежните фирми, во уредувањето на речните корита ќе се вклучат и јавните претпријатија, општините, армијата со механизација и луѓе, Министерствата за животна средина, за транспорт и врски, за земјоделство, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи. За сите вклучени во акцијата ќе биде обезбедено гориво и потрошен материјал, транспорт на машините кои не се самоходни, а работниците ќе добиваат дневен надомест од по 1500 денари.

Минатата година за чистење на коритото на Вардар во Скопје беа ангажирани 600 лица.
Акцијата има за цел зачувување на животната средина и еколошка заштита на реките, а е превенција од поплави.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=43A1AFBDFF2C5D4EA4EC0E4CC3DA8570


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Jul-2009 at 13:25
Добра вест, ова изгледа преоѓа во традиција. Сосема е доволна оваа годишна генералка за да коритото изгледа пристојно, се надевам дека нема да се прекине понатаму.

Почна акцијата за чистење на коритото на Вардар

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/58500/cistenje-korito-Vardar-%284%29.jpg">

Акцијата за чистење на коритото на реката Вардар, започна денес со расчистување на коритото кај мостот во Сарај.

Акцијата која се спроведува во соработка меѓу министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и скопските општини ќе трае до август, а по потреба ќе се продолжи и во наредниот период, известуваат од оделението за односи со јавност на Град Скопје.

“Екипите на Градот Скопје максимално ќе се ангажираат за да го исчистат коритото на реката Вардар, во соработка со екипи од општините кои гравитираат кон Вардар. Во акцијата ќе се вклучат и дел работници кои со одлука на Владата на Република Македонија од денеска се ангажирани за извршување јавни работи. Сметам дека оваа акција е многу корисна, коритото прво ќе го исчистиме, а потоа во соработка со скопските општини ќе осмислиме содржини со кои ќе ги привлечеме граѓаните да ја посетат реката”, рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на стартот на денешната акција.

На почетокот на денешната акција за чистење на коритото на Вардар присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и градоначалниците на општините Ѓорче Петров и Сарај, Сокол Митровски и Блерим Беџети.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=58500&kategorija=1


Posted By: vardar
Date Posted: 03-Jul-2009 at 14:35
 

Пешачка патека на кејот кон Нерези

На кејот од десната страна на реката Вардар во Карпош, на потегот од Железниот мост кон Нерези, идната недела ќе почне да се гради пешачка патека. Патеката ќе се изведе од бехатон-плочи и ќе биде широка два метра, а долга 657 метри. На секои дваесетина метри од патеката ќе се постават клупи за седење, а целата траса ќе биде осветлена со канделабри. Оваа инвестиција вредна 2 милиона денари е на Општина Карпош, која планира на крајот од патеката кон Нерези да изгради и детско игралиште и терени за фудбал и кошарка. Градоначалникот Стевчо Јакимовски објасни дека засега спортските терени се' уште се само на хартија, бидејќи дел од земјиштето е во приватна сопственост.

„На сопственикот му понудивме опција да му плаќаме месечен или годишен надомест за користење на земјиштето за да ја реализираме идејата. Се' уште немаме добиено одговор, иако се надеваме дека нашата понуда ќе биде прифатена, бидејќи со изградбата на спортските терени и детското игралиште, како и со изведената пешачка патека, сметаме дека тој дел од Карпош целосно ќе заживее како соодветен простор за спорт и релаксација“, изјави Јакимовски.

Тој објасни дека на потегот каде што ќе се гради пешачката патека, нема да се изведе и патека за ролери, бидејќи тоа не го дозволува просторот. Изведувач на патеката, која автоматски ќе се спои со постојната што минува по целата должина на кејот во Карпош, ќе биде „Металелектрик“

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C2DBEAA00D777C489F7D8E24FCB00582 - Utrinski
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 20:46
СЕ ЧИСТИ КОРИТОТО НА ВАРДАР КАЈ КАМЕНИ МОСТ



Екипи од јавните претпријатија на Град Скопје деновиве го чистат минор коритото на левиот брег на реката Вардар меѓу Камени мост и мостот „Гоце Делчев“. Од ЈП „Улици и патишта“ на овој потег работат 40 работници.
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, како дел од акцијата, исекоа 5 тополи во мајор коритото на реката во непосредна близина на Камени мост. Целосно е искосена и собрана тревата на потегот од мостот „Близнак“ до Железничка станица. Денеска ќе се расчистува и во Ќерамидница, на левиот брег на реката Вардар.



Се работи и во делот од Комплекс банки до социјално во Аеродром. Ангажирани се околу 40 работници.
Од ЈП „Комунална хигиена“ на чистење на вегетацијата во мајор коритото на реката Вардар кај Камени мост работат 23 работници.
Акцијата за чистење на коритото на Вардар ја спроведува Владата на Република Македонија во соработка со Градот Скопје и со скопските општини.

http://www.skopje.gov.mk/


Posted By: maestro
Date Posted: 11-Jul-2009 at 11:44
Од пред недела-дена приметувам како е светнат кејот, барем во Аеродром.
Сега едниот брег изгледа ептен пристојно, но тој од другата страна, во комбинација со ужасната вода на Вардар ја расипуваат сликата.
Имам и забелешка на тоа што точаци возат на патеката за пешаци, како и џогери кои трчаат по патеката за точаци.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2009 at 18:37

Кејот во Ѓорче ќе се уредува следната година

Со идејниот проект ќе се утврди како да се регулира кејот, а тој треба да предвиди и изградба на велосипедска патека и простор за спортски игралишта

Општина Ѓорче Петров до крајот на годината ќе изработи идеен проект за уредување на кејот на Вардар, на потегот од Железниот мост во Сарај, па сè до новиот мост во населбата Хром. Сокол Митревски, градоначалник на Ѓорче Петров, вели дека "Маврово инженеринг" го работи идејниот проект за уредување на кејот на Вардар во делот од Општината, и оти до крајот на годината очекуваат да биде готов. Тој објасни дека со идејниот проект ќе се утврди како да се регулира кејот, кој во овој дел од Скопје никогаш не бил уреден, а тој треба да предвиди и изградба на велосипедска патека и простор за спортски игралишта.
"Очекуваме проектот да заврши до крајот на годината, за да може да го предадеме во Градот и да може во буџетот за 2010 година Градот да предвиди средства за уредување на кејот во Ѓорче", вели Митревски.
Тој објаснува дека во моментов, заедно со Градот прават пешачка патека по кејот, која ја поплочуваат со павер елементи, но оти и таа не може да биде целосно завршена, бидејќи дел од насипот на Вардар во делот на населбата Хром е неуреден.
"Поради насипот, патеката ќе биде со прекини, и со овој проект што сега се работи сакаме тие делови убаво да се уредат и израмнат, за да може патеката да се спои со онаа што е веќе изградена до Крапош 4. Во Аеродром речиси целосно е уреден кејот, и сакаме и во делот на Ѓорче да биде така уреден, за да можат луѓето пеш или со велосипед, движејќи се по кејот, да стигнат во Центар или до другите населби", вели Митревски.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=8A65174DC99A36408ECED266ECD5E2B9




Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Aug-2009 at 19:26
ова што беше чисто пред година дена пак е обраснато со трева, зарем мислат дека нешто што треба да се чисти и средува барем секои два месеци, дека треба да се прави на секои 50 години Question



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2009 at 19:34
А може ли да се употребат некои хемиски средства што за навек ќе ја затрујат земјата со добра цел, односно да не никнува трева. Колку што знам после напалм на таа земја не расне никаква вегетација со децении! Значи има некое такво хемиско решение!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Aug-2009 at 20:24
Originally posted by lslcrew

А може ли да се употребат некои хемиски средства што за навек ќе ја затрујат земјата со добра цел, односно да не никнува трева. Колку што знам после напалм на таа земја не расне никаква вегетација со децении! Значи има некое такво хемиско решение!

А потоа и помор на риби Smile
Него засукување ракави !


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2009 at 20:44
Мислам дека нема ризик од помор! Внимателно ако се нанесе хемикалија во доволни количини, а башка и се работи за река, проточна вода, така да нема некој ризик!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 18-Aug-2009 at 21:20
-Ама мислиш дека нема ризик- хемикалија си е хемикалија и некако лоша комбинација ми е тоа и природа, али во секој случај наш Вардар е навикнат и нема да му биде прва сигурен сум ..))

-------------





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2009 at 02:42
lsl, не знам како мислиш да се аплицира таа икс хемикалија, ама како и да би се правело, рибите веројатно ќе ги отруеш многу пред да успееш резумно да ја ставиш под контрола непожелната вегетација.
Плус тоа не збориме само за труење на рибите, туку за труење на цел екосистем (и локално, а во помала мерка и по течението на реката).

Проблемот треба да го решаваме како што тоа го прават градови на кои се угледуваме. Ако треба почесто уредување, тогаш тоа е тоа, нема што да се правиме креативни со отрови. Ако е толку скапо уредувањето, за почеток нека бидат поактивни барем во центарот, од влада до МАНУ.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Aug-2009 at 21:03
Ако веќе мислиме за пари, буџети ... тогаш едино ефтино решение е да се контролира висината на водата и протокот, така ќе се успори растенје на вегетацијата и заштедат средства.
Вардар ќе изгледа ко река а не некој обраснат поток, а со тоа ке се поправи еко и микро климата.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/



Print Page | Close Window