Print Page | Close Window

Рига, Латвија

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Патеписи
Forum Discription: Патеписи од Македонија и светот
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3041
Printed Date: 28-Apr-2024 at 20:54


Topic: Рига, Латвија
Posted By: BOJAN
Subject: Рига, Латвија
Date Posted: 20-Apr-2014 at 10:44

Во продолжение следуваат неколку фотографии од Рига, Латвија. Времето беше многу лошо додека го обиколував градот, ама сончеви фотки може да очекувате од ГижBig%20smile




Replies:
Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Apr-2014 at 10:49
 
Седиштето на Латвиската академија на науките, симболот на сталинистичката архитектура во Рига.
 
 
Голем дел од старите зданија во центарот на Рига се реконструирани или во моментов им се изведува конзервациски зафат. Заедно со арт-нуво квартот на Рига, го формираат урбаното ткиво што вреди да се посети.
 
 
Долготрајната борба за независноста на Латвија остава свој белег со огромниот споменик на независноста во центарот на Рига. Во советско време, оваа локација била полазна точка за автобусите од јавниот превоз, денеска едно од најзначајните места во градот.
 
Со големина како Скопје, главниот град на Латвија има развиена мрежа на јавен превоз составена од трамваи и тролејбуси, автобуси и популарните „маршрутки“
 
Главниот пазар во Рига, кој со својата големина го привлекува вниманието на посетителот. Зградите се поделени според продуктите што се продаваат, па така едно вакво огромно здание е специјализирано за месо и месни производи, друго за зеленчук итн.
 
Поглед кон центарот на Рига
 
 
Седиштето на латвиската национална опера во Рига. Инаку овој град е прогласен за Европски град на културата за 2014 година, што значи дека уметниците од целиот свет во моментов работат на своите креативни проекти во градот во текот на целата година.
 
 
Главната автобуска станица во Рига, во близина се наоѓа и железничката станица, многу сомнителни луѓе на едно место. Инаку латвискиот назив за аеродром е Litosta.
 
 
 
 


Posted By: Dexter26
Date Posted: 20-Apr-2014 at 11:30
 
 
Летонија сакаше да кажеш, а не Латвија.
 
Инаку, сликите се супер. Thumbs%20Up 


Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Apr-2014 at 12:00
Originally posted by Dexter26

 
 
Летонија сакаше да кажеш, а не Латвија.
 
Инаку, сликите се супер. Thumbs%20Up 
 
Видиш, најголема мистика е името на земјата. Некој ја нарекува Латвија (онака како што се нарекува), а на македонски доаѓа Летонија. Како и да е, има уште материјал за објавување на Билд.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 20-Apr-2014 at 12:56
Прифатени се и двете варијанти од страна на правописот, така да не е некоја грешка како и да кажеш, а и самите тие се нарекуваат Латвија.


Posted By: Harry Potter
Date Posted: 20-Apr-2014 at 13:16
во последно време кај нас се повеќе правописно се форсира Латвија, а не Летонија, што е за мене мн логично бидејќи самата земја на сопствениот јазик си се вика Латвија. а ова Летонија сме го земале од французите, беда.

бај д уеј, шо си сликал само зградурини, дај слика од некоја латвијка да видиме, врска немаш!


-------------
www.MacedonianFootball.com



Print Page | Close Window