Print Page | Close Window

Рајска градина Аеродром

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3057
Printed Date: 19-Apr-2024 at 18:41


Topic: Рајска градина Аеродром
Posted By: kultuzin
Subject: Рајска градина Аеродром
Date Posted: 28-May-2014 at 18:24
Ресторани, езеро, срни и елени во Рајската градина во Аеродром
28.05.2014 - 12:10:56
    
Проектот за изградба на паркот со срни и елени во Аеродром е готов. Тој ќе биде пре­зен­ти­ран на почетокот на јуни, по што ќе се објави тендер за избор на фирма ко­ја ќе го гради паркот, познат како Рајска градина. Изградбата на паркот ќе почне ле­то­во, пренесува Вест.
Иви­ца Коневски, градоначалник на Општина Аеродром, вели дека во состав на пар­кот ќе има и два ресторана, мини-плоштад и едно езеро, по примерот на паркот со езе­ра­та.

„От­ка­ко ќе биде избран изведувачот, ќе почнеме да го градиме првиот дел од пар­кот, кој опфаќа партерно уредување на просторот, односно ќе се градат езе­ра­та.Следната година, односно во втората фаза ќе се постави оградата на паркот, која ќе биде доста висока. поради тоа што во паркот првенствено се планирани животни. Во третата фаза, на крајот на мојот мандат, пак, ќе се градат рестораните и кан­це­ла­ри­и­те за вработените што ќе ги чуваат животните", вели Коневски.
Тој нагласи дека целиот парк ќе се протега од паркот со авион, до куќите во на­сел­ба­та Лисиче, веднаш покрај Кејот на Вардар.
„Ова ќе биде најголем парк во земјата кој го градиме заедно со Владата. Колку ќе чи­ни, ќе знаеме дополнително, во текот на изградбата", додаде Коневски.
Про­ек­тна­та задача за Рајската градина ја направија архитектите Никола Стакинов и Лазар Димов.
За­мис­ле­ни се и патеки за џогирање, за пешачење, за ролерки и за електрични ко­лич­ки, како и за пајтони.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1859817511/restorani-ezero-srni-i-eleni-vo-rajskata-gradina-vo-aerodrom

Мислам дека овој проект заслужува нишка особено сега кога се знае дека за неколку дена ќе биде готов проектот и дека идеата не замрела. Вакви проекти ептен подржувам затоа што едно ја разубуват и урбанизират околината а воедно ја зголемуваат и сигурноста друго се еколошки и на некој начин каква таква заштита од урбаната мафија.



Replies:
Posted By: phenomenon
Date Posted: 28-May-2014 at 19:46

Ресторани, езеро, срни и елени во Рајската градина во Аеродром

28.05.2014 - 12:10:56

Проектот за изградба на паркот со срни и елени во Аеродром е готов. Тој ќе биде пре­зен­ти­ран на почетокот на јуни, по што ќе се објави тендер за избор на фирма ко­ја ќе го гради паркот, познат како Рајска градина. Изградбата на паркот ќе почне ле­то­во, пренесува Вест.

Иви­ца Коневски, градоначалник на Општина Аеродром, вели дека во состав на пар­кот ќе има и два ресторана, мини-плоштад и едно езеро, по примерот на паркот со езе­ра­та.

„От­ка­ко ќе биде избран изведувачот, ќе почнеме да го градиме првиот дел од пар­кот, кој опфаќа партерно уредување на просторот, односно ќе се градат езе­ра­та.Следната година, односно во втората фаза ќе се постави оградата на паркот, која ќе биде доста висока. поради тоа што во паркот првенствено се планирани животни. Во третата фаза, на крајот на мојот мандат, пак, ќе се градат рестораните и кан­це­ла­ри­и­те за вработените што ќе ги чуваат животните", вели Коневски.
Тој нагласи дека целиот парк ќе се протега од паркот со авион, до куќите во на­сел­ба­та Лисиче, веднаш покрај Кејот на Вардар.

„Ова ќе биде најголем парк во земјата кој го градиме заедно со Владата. Колку ќе чи­ни, ќе знаеме дополнително, во текот на изградбата", додаде Коневски.
Про­ек­тна­та задача за Рајската градина ја направија архитектите Никола Стакинов и Лазар Димов.

За­мис­ле­ни се и патеки за џогирање, за пешачење, за ролерки и за електрични ко­лич­ки, како и за пајтони.




-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 28-May-2014 at 19:50
Kultuzin, ако сакаш да копираш текст со слики од друг портал, тоа може да го правиш само на Mozilla Firefox.

Исто и копирање слики само со десен клик на слика Copy Image и во build.mk веднаш Paste.

Ваква опција има само овој прелистувач и ниеден друг.


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: kultuzin
Date Posted: 28-May-2014 at 19:54
Благодарам јас користам најчесто Хром или Опера. Ќе го имам во предвид советот.


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-May-2014 at 21:26
Култузин,за хромот ти пишав во темата за плажи како оди таа работа


Posted By: NikolaMKD
Date Posted: 25-Jul-2014 at 19:41
Ова ќе биде кај населбата Горно Лисиче, не населбата Лисиче. Населба Лисиче се бараките.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 02-Jan-2015 at 18:12
Во плановите за 2015 нема никаква најава за овој проект. Веројатно никогаш нема ни да се реализира.


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Jan-2015 at 13:48
Искрено, кога го прочитав овој наслов
Ресторани, езеро, срни и елени во Рајската градина во Аеродром
, веднаш знаев дека ќе остане само замисла и нечија фантазија.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 03-Feb-2015 at 12:53
Нов парк во Аеродром со езеро, фонтани, водопади и река

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска присуствуваа на почетокот на градежни работи за расчистување на просторот за уредување на новиот парк во општина Аеродром крај Февруарски поход.



- Денеска eкипи на Град Скопје го почнаа уредувањето на новиот парк во населбата Аеродром со површина од околу 82 000 квадратни метри, што значи дека ќе биде поголем од Првиот дел на Градски парк. Во рамките на паркот ќе се оформат трим патеки со чешмички за пиење вода, клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема. Во паркот ќе има и содржини намените за децата, односно ќе се направат 2 детски игралишта.

По должината на паркот ќе се постават и летниковци коишто ќе им овозможат на граѓаните да уживаат во него без разлика на временските услови и годишните времиња.На терен ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 16 милиони денари. Се надевам дека овој парк ќе им ја подобри животната средина на жителите на Аеродром, а ние како Град и во иднина ќе продолжиме да градиме зелени паркови кој ќе бидат пријатни катчиња за граѓаните на Скопје- истакна градоначалникот Трајановски.



Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, потенцираше дека му претставува задоволство што може да ја најави изградбата на новиот парк во неговата општина, и што овој запуштен простор ќе се претвори во зелен и модерен појас во кој сите генерации ќе си најдат свое катче за одмор или рекреација.

Откако екипите на Градот ќе ја исчистат површината од шутот, ќе се направи планирање на површината на којашто ќе се насее трева.
Во новиот парк ќе се постави и нова хидрантска мрежа, со 1 000 метри перфорирано црево за системот капка по капка и со 450 прскалки со кои ќе се полева зеленилото.
На терен ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот ќе се издвојат околу 16 милиони денари.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/470987590/nov-park-vo-aerodrom-so-ezero-fontani-vodopadi-i-reka-galerija - http://www.skopjeinfo.mk/gradot/470987590/nov-park-vo-aerodrom-so-ezero-fontani-vodopadi-i-reka-galerija


Posted By: kultuzin
Date Posted: 04-Feb-2015 at 22:18
Од рајска градина паркот се претвори во најобичен парк. Не дека е лошо ама кога најавуваш некој проект ред е да излезеш и да образложиш зошто проектот не успеал и зошто се оди на алтернатива. А уште помизерни се нашите медиуми кои очигледно работат по принцип од денес за утре и по нарачка. 


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Feb-2015 at 22:31
Originally posted by kultuzin

Од рајска градина паркот се претвори во најобичен парк. Не дека е лошо ама кога најавуваш некој проект ред е да излезеш и да образложиш зошто проектот не успеал и зошто се оди на алтернатива. А уште помизерни се нашите медиуми кои очигледно работат по принцип од денес за утре и по нарачка. 
абе нека има парк, срни може кога сакаш да пуштиме да пасат по тревата LOL

мене повеќе ми одговара да се уреди просторот, отколку да се прават „грандиозни“ проекти без потреба


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kultuzin
Date Posted: 04-Feb-2015 at 22:32
Originally posted by zabegan

Originally posted by kultuzin

Од рајска градина паркот се претвори во најобичен парк. Не дека е лошо ама кога најавуваш некој проект ред е да излезеш и да образложиш зошто проектот не успеал и зошто се оди на алтернатива. А уште помизерни се нашите медиуми кои очигледно работат по принцип од денес за утре и по нарачка. 
абе нека има парк, срни може кога сакаш да пуштиме да пасат по тревата LOL

мене повеќе ми одговара да се уреди просторот, отколку да се прават „грандиозни“ проекти без потреба


Потенцирав погоре дека и вака не е лошо, но мене повеќе ме иритират нашите квази новинари кои буквално немат врска што се случува и затоа незнаат прашање да постават.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-Feb-2015 at 00:42
Не е истиот парк... Овој е десно (источно) од Февруарски поход, а рајската градина е лево (западно) од Февруарски поход, позади ФФМ.

Или визуелно...



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Feb-2015 at 09:51
Originally posted by FoSsiL

Не е истиот парк... Овој е десно (источно) од Февруарски поход, а рајската градина е лево (западно) од Февруарски поход, позади ФФМ.


Истиот е, односно најточно кажано, зафаќа дел од површината на која беше најавена „Рајската градина“:
Тој нагласи дека целиот парк ќе се протега од паркот со авион, до куќите во на­сел­ба­та Лисиче, веднаш покрај Кејот на Вардар.


Во моментов е тешко да заклучиме што се случува со „Рајската градина“, изградбата на овој сегмент не значи автоматски дека проектот каков што беше првично најавен е откажан, но од друга страна фактот што воопшто не спомнаа ниту „Рајска градина“ ниту срни-мрни, туку изиграваат паднати од марс, сепак говори во тој правец.


Posted By: DandarMKD
Date Posted: 09-Mar-2015 at 15:09
До куќите во Горно Лисиче, не до населбата Лисиче.


Posted By: daci92
Date Posted: 09-Mar-2015 at 21:05
Кај местото предвидено за новиот парк (тој што го најавија пред некое време) нема ни машинерија ниту ништо , барем не од страната на АСНОМ. Стои во мртва точка.


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Mar-2015 at 21:26
Нема ни да има. Тоа беше претстава за пред камери. Прашање е дали воопшто ќе се гради парк таму.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 10-May-2016 at 10:04


Електрани на Македонија ќе гради „Рајски парк“ во скопски Аеродром























Компанијата Електрани на Македонија, објави тендер за изградба на „Рајски парк“, најголем парк во Скопје, со разновидна вегетација и животни. Местото на кое се очекува да биде изграден е кејот на реката Вардар, во близина на Куќата на фудбалот на ФФМ. Се работи за простор од 9 хектари, на кој е предвидено да живеат срни, фазани, мајмуни и други животни.



Според официјалниот тендер, планот за реализација предвидува период од 2 години. Идејното решение ја чинеше компанијата 114 000 евра, а негови автори се Никола Стакинов и Лазар Димов.

Инаку идејата е стара скоро 4 години, а слични содржини почнаа да се градат на конкретното место, но градежните активности беа запрени поради нерегуларности. Компаниите имаат рок до 23 јуни да ги достават своите понуди до Електрани на Македонија, по што ќе следи избор на изведувач.
http://skopjeinfo.mk/elektrani-na-makedonija-kje-gradi-rajski-park-vo-skopski-aerodrom


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-May-2016 at 16:23
Мене оваа верзија повеќе ми се допаѓа, и не поради тоа што самиот сум ја пишувал.

900 милиони денари ќе отидат на Рајски парк во општина Аеродром!

Електрани на Македонија во изминативе пет години има изградено само два нови енергетски капацитети – ветропаркот „Богданци“ и хидроелектраната „Матка 2“. Нискиот број на подигнати објекти за производство на електрична енергија не ја спречи компанијата денеска да објави тендер за изградба на Рајски парк во скопската општина Аеродром. Публикуваниот тендер има проценета вредност од дури 900 милиони денари, не вклучувајќи го тука ДДВ. Најголемиот скопски парк со разновидни животни е планирано да се лоцира крај Кејот на Вардар во населбата Ново Лисиче, веднаш по Куќата на фудбалот на ФФМ. Рајскиот парк треба да се протега на површина од околу 9 хектари и во него ќе можат слободно да шетаат срни, фазани, мајмуни и други животни.




Според објавените податоци од Бирото за јавни набавки, државната енергетска компанија планира проектот да го реализира во период од две години. Проектната документација за Рајскиот парк е веќе завршена, а само за идејното решение се потрошени речиси 114.000 евра. Автори на проектот се Никола Стакинов и Лазар Димов. Замислата за издигнување на ваква содржина во Скопје беше обелоденета на отворена владина седница од поранешниот премиер Никола Груевски кон крајот на 2012 година. Сите заинтересирани компании имаат рок до 23 јуни за да ги достават своите понуди до Електрани на Македонија, по што ќе следи период за избор на изведувач на Рајскиот парк.

http://www.build.mk/?p=49987


Posted By: kultuzin
Date Posted: 10-May-2016 at 22:17
Koga sme veke za kvalitet na tekstovi i informacii.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=15475196AF375342B1282029286BCCD9 - http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=15475196AF375342B1282029286BCCD9


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-May-2016 at 23:41

погледни ја таблата неколку поста погоре, и погледни го само насловот на Дневник и ќе ти стане све јасно...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-May-2016 at 17:51
Проектот изгледа ќе почне наскоро.14 мил. Евра а кога ќе земиме во предвид, сеуште има места во скопје без струја. Треба да се инвестира на нешто што ќе ни донесе нова енергија и капитал. Како и да е, со среќа.


Posted By: macedonia
Date Posted: 01-Jun-2016 at 14:39
Паркот ќе има повеќе споменици од дрва

http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-2014-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%80%D0%B0%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0 - „Скопје 2014“ продолжува со „Рајска градина“


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Jun-2016 at 18:36
Потребна е лекарска помош, ако може од психијатри.

Пола град нема нормални услови за живот, ние се заебаваме со барокни рајски градини. Боже мили, дај еднаш нека заврши ова лудило.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Jun-2016 at 19:20
Сега треба да излезат на протести граѓаните од Лисиче, па граѓаните од Керамидница и да објаснат во какви услови живеат тие, за инфраструктура зборувам. Потоа, владата да им објасни што е тоа планирано за градење на неколку стотина метри од нив.


Posted By: alexsend
Date Posted: 01-Jun-2016 at 22:06
А нели е поевтино само да се засадат стотици дрвја и да се направат прости патеки со столчиња, сигурно од 15 ќе се спадне на 2 мил, а ефектот е малтене ист.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Jun-2016 at 08:47
Originally posted by alexsend

А нели е поевтино само да се засадат стотици дрвја и да се направат прости патеки со столчиња, сигурно од 15 ќе се спадне на 2 мил, а ефектот е малтене ист.


Видете, первертираниот ум не го дозволува тоа. Има умови кои не размислуваат рационално. А тоа е така бидејќи од државната цицка шмукаат целиот свој живот. А кај нас државното е поистоветено со онаа општествена сопственост од минатото, апстрактен поим на средства кои доаѓаат до мене, а јас им правам што сакам. И со една ваква комбинација, јас не мислам дека паркот ќе чини 15 милиони евра. По мое, тој ќе чини повеќе.


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Jun-2016 at 04:26
а кога кажале животни, мислеле мермерни.... ок

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kiriOK
Date Posted: 05-Jun-2016 at 15:31
Барокна рајска градина во населба од комунистички тип на колективни станбени единици...тоа е тоа вклопување.


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-May-2020 at 14:15
Во „Рајскиот парк“ во Ново Лисиче ќе се одгледуваат градинарски култури и зачински билки

Скопје ќе ја добие првата урбана градина која ќе биде со површина од 3.000 квадратни метри. При тоа, предвидени се 30 парцели од 50 квадратни метри кои ќе ги користат околните жители. Освен парцелите ќе има и мини стаклена градина, како и дел за компостирање. Здружението на граѓани „Зелената арка“ е задолжено за реализацијата на овој проект, за што е склучен договор со Градот

За прв пат жителите на Скопје ќе имаат можност да почувствуваат како е да се грижиш за животната средина и тоа да ти биде возвратено со благодат. Вакво чувство ќе може да се добие во првата урбана градина која ќе биде подигната на локација кај Рајскиот парк во Ново Лисиче.

Корисник на оваа урбана градина ќе биде локалното население, а проектот ќе го реализира здружението на граѓани „Зелената арка“, кое за таа цел склучи договор со Градот.

Оттаму за весникот ВЕЧЕР изјавија дека градината ќе биде распослана на 3.000 квадратни метри, од кои 1.500 квадрати се поделени на 30 парцели со по 50 квадратни метри, каде што може индивидуално, семејно или во група да се посветат околу 30 постојани учесници со сезонско членство, а останатиот простор е отворен за градинари со желба и можност за повремено заедничко градинарење, како и за одржување образовни посети и обуки за љубопитните.

– Градината е структурирана во осум модули организирани како „соседства“ составени од четири парцели, секоја со површина од 50 квадратни метри, со заеднички средишен дел. „Соседствата“ се распоредени по периферијата на градината, а просторите меѓу нив се слеваат во средишниот заеднички дел од градината што е директно отворен кон влезот во градината – објаснија од „Зелената арка“.

Освен парцелите ќе има и мини стаклена градина, како и дел за компостирање. Во оваа градина ќе бидат опфатени автохтони лекови билки, ќе може да се произведуваат градинарски култури, органски зеленчук, овошје, зачински билки, цвеќе, повеќегодишни јадливи растенија, грмушести бобинки и овошни џуџести дрвја. Средишниот дел е предвиден и како простор за социјализација меѓу присутните и за одржување јавни настани поврзани со градинарството.

Градските власти потенцираат дека урбаната градина ќе создаде можност за дружење меѓу локалното население.

– Според резултатите на истражувањето кое претходно беше спроведено, од вкупно 220 испитаници, 208 или 94,5 проценти одговорија дека сакаат да учествуваат во општествената (заедничката) градина, од нив 161 пополнија пријави за учество во градината. Иако значително повеќе граѓани изразија желба да градинарат на определени парцели од 50 квадратни метри, заради ограниченоста на капацитетите успеавме да дојдеме до заемно разбирање и волја да се споделуваат парцелите од страна на повеќе учесници, наместо само еден учесник по парцела – изјавија од „Зелената арка“.

Од здружението додаваат дека условите за учество во градината се пропишани во градинарскиот ред што задолжително мора да го прочитаат, прифатат и почитуваат сите учесници/градинари уште при пополнувањето на пријавата за учество.

– Забранета е употребата на вештачки ѓубрива и штетни синтетички хербициди, инсектициди, пестициди и фунгициди, плодовите набрани во градината е забрането да се продаваат, сите учесници заеднички треба да ја одржуваат целокупната површина на градината, да се почитуваат, да соработуваат меѓусебно и да го одржуваат биодиверзитетот во почвениот екосистем – објаснуваат од „Зелената арка“.

Како последица на општиот застој за време на вонредните мерки за заштита од ковид-19, изведбата на основните инфраструктурни зафати е целосно сопрена. Рокот за завршување на урбаната градина беше до јуни 2020 година, но поради состојбата со корона вирусот, Градот со здружението „Зелената арка“ склучи анекс-договор со кој овој рок е продолжен за една година.

– Ограничувањата за собирање на јавни површини и препораките за држење безбедно растојание ги намалија можностите за градинарење на минимум, па така само повремено неколку учесници во општествената градина се обидуваат да градинарат во смени – потенцираат од „Зелената арка“.

Градежниот институт Македонија за потребите на Град Скопје ќе изведе бунар за експлоатација на подземна вода кој ќе биде лоциран во рамките на урбаната градина и ќе се користи за наводнување на изведените засадени површини. Организацијата „Macedonian Honey“ ќе донира пчелини сандаци кои ќе бидат поставени на работ од градината и тие ќе се грижат за пчелите, но ќе биде вклучено и локалното население.

(А.П.)

https://www.vecer.press/во-рајскиот-парк-во-ново-лисиче-ќе-с/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jun-2020 at 16:28
По повод одбележување на 45 години постоење, Градежниот институт Македонија изведе бунар за експлоатација на подземна вода како донација за Град Скопје.

Бунарот е комплетно опремен со пумпа и потребна опрема за црпење на подземна вода.

Бунарот e лоциран во рамките на првата Урбана градина во Скопје која Градот ја развива во населбата Ново Лисиче, кај Рајскиот парк и ќе се користи за наводнување на засадените површини.

Заедничката градина се реализира во рамките на проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со средства обезбедени од Град Скопје, локална логистичка поддршка од Општина Аеродром и во изведба на Граѓанската организација „Зелената арка“.





https://www.facebook.com/gradezeninstitutmakedonija/


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Aug-2021 at 16:48
СЕ ОТВОРА „БОСТАНИЕ“ - ПРВАТА УРБАНА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ









Првата урбана градина во Скопје, сместена во паркот во Ново Лисиче, од денеска ги отвора вратите за посетители. Градината „Бостание“ е работена согласно со проектот на здружението на граѓани „Зелена Арка“, реализиран со финансиска поддршка на Град Скопје, а во соработка со Општина Аеродром, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, Градежниот институт и повеќе општествено одговорни компании.

Овој проект претставува уште еден придонес кон остварувањето на концептот за отпорен град, односно приспособување кон климатските промени и зајакнување на урбаната отпорност на Скопје. За реализација на овој проект предвидени се 2 милиони денари финансиска поддршка од Буџетот на Град Скопје.

Урбаното градинарство кое зема се поголем замав во градовите низ светот има за цел дружење и зближување на граѓаните преку претворање на јавните површини во градини, односно во оази за производство на здрава храна преку споделување на искуствата и одговорностите. Одржливоста на урбаните градини е заснована на примена на дизајн на самиот терен, при што се земаат предвид сите елементи како што се: микроклимата, геологијата на теренот, искуствата на заедницата во одгледувањето на различните градинарски култури, снабдувањето со вода, електрична енергија, пристапни патишта и друго.

https://www.facebook.com/CityofSkopje



Print Page | Close Window