Print Page | Close Window

Турски театар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=308
Printed Date: 12-Aug-2020 at 19:42


Topic: Турски театар
Posted By: pbanks
Subject: Турски театар
Date Posted: 29-Jan-2008 at 00:10
Нека ја менуваат локацијата на проектов само нека не го менуваат проектов. Ohno Еден од подобрите што требаше да му се случат на Скопје според мене.

Турскиот театар, најверојатно, ќе никне на Бит-пазар

Театарот веќе има обезбедена локација кај Железничка станица, но министерот Аднан Ќахил иницира нов проект

Лилјана Митевска

Наместо на локацијата кај Железничка станица во Скопје, новиот Турски театар, најверојатно, ќе никне на Бит-пазар, зад универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на местото на старото турско училиште „Тефејуз“. Но, на оваа локација нема да има само театар. Идејата е да се изгради комплекс во кој покрај театарот, ќе има училиште за средно и основно образование, како и културен центар, сето ова за задоволување на потребите на локалното турско население.

Иницијативата е на актуелниот министер без ресор во Владата на РМ, Аднан Ќахил, кој уште во 1998 година ја обелоденил оваа идеја, но проектот останал само на фаза на преговори со тогашната Влада. Во меѓувреме, поранешното раководство на Турскиот театар на чело со директорот Атила Клинче ја реактуализираше идејата за изградба на нова зграда на Турски театар бидејќи постоеше одлука зградата на Театарот на народностите, во која дотогаш заедно егзистираа Турската и Албанската драма, да се отстапи на Албанскиот театар, а Турскиот театар да се дислоцира.

Во времето на минатата политичка гарнитура на власт, Турскиот театар го доби просторот кај Железничката станица, на местото на поранешното балетско училиште, а проектот беше дотуркан до фаза на изработка на идејно решение за театарот. И тука запре процесот.

Со смената на власта и раководната структура на театарот, актуелниот директор на Турскиот театар, Наџи Шабан, сопартиец на министерот Аднан Ќахил од Партијата за движење на Турците, требаше да го продолжи процесот, но тој упорно тврдеше дека не поседува никаква документација за новиот театар. Токму ова го тврди и министерот Аднан Ќахил.

„Имотноправните односи за локацијата кај Железничка не се расчистени. Во Катастар нема ништо и тоа земјиште не се води на има не Турскиот театар“, вели министерот Аднан Ќахил, потенцирајќи дека иако во основа станува збор за добра намера, сепак целта работа е водена дилетантски, дека останала само на ниво на иницијатива и дека од Министерството за култура биле доделени само пари за изложба на идејни проекти, а во буџетот немало ставки за градба на театарот.

Ѓунер Исмаил, претседател на Управниот одбор на Турскиот театар во времето кога беше инициран проектот за градба на театарот и поранешен Министер за култура, пак вели дека сите приказни за нерешени имотно-правни односи се најгруба шпекулација од најнизок вид. „Министерот Аднан Ќахил лаже! Постојат две одлуки на Влади, потпишани од двајца премиери, постои урбанистичка согласност и маркичка, како и легално спроведен конкурс за идејно решение“, вели Исмаил.

На ова тврдење се надоврзува и изјавата на поранешниот министер за култура, Благоја Стефановски, за време на чие министерување проектот за Турскиот театар беше дотуркан до фаза на изработка на идејно решение. „Ако на Влада помине одлука со која се пренесува правото на користење на дел од земјиштето кај Железничка на Турскиот театар, тогаш значи дека имотно правните односи се решени и Турскиот театар поседува имотен лист за оваа локација. И неможе да објавите конкурс за идејно решение ако претходно не поседувате комплетна катастарска документација, со точните параметри за земјиштето“, вели Стефановски. Тој додава дека е логично откако ќе заврши фазата на избор на идејно решение за театарот, да следи фазата на градба, кога во буџетот би се оформиле ставки за оваа намена.

Во овој контекст, поранешниот директор на Турскиот театар, Атила Клинче, потсетува дека конкурсот за избор на идејното решение на кое победи архитектот Виктор Михајлов заврши во септември 2006, а тој беше сменет од функцијата во октомври 2006 година. „Буџетот се оформуваше во ноември, а новиот директор Наџи Шабан требаше да продолжи да го бутка проектот. Но, тој упорно даваше изјави во јавноста дека не поседува никаква документација за новиот театар, иако со процесот на примопредавање на функцијата таа му беше предадена, како и дека новата локација за театарот не соодветствува бидејќи во околината не живеело турско население“, вели Атила Клинче.

Она што пак е фактичка состојба во моментов е запирање на проектот за градба на Турскиот театар на локацијата кај Железничка станица, иако е факт дека во деталниот урбанистички план таа се води како парцела за изградба на театарот, а постои и имотен лист од кој се гледа дека ова земјиште е доделено на користење на Турскиот театар. Од друга страна токму сега отпочнува нов процес за иницирање на градба Турскиот театар на локацијата на Бит-пазар. „Владата донесе одлука јас како министер да го следам овој проект. На мој предлог, во буџетот за 2008 се оформени три ставки од по милион денари за градба на театарот, две во Министерството за култура и една во Министерството за образование со оглед на тоа што во комплексот е вклучено и училиште. И започнуваме системски да го реализираме проектот. Најпрво ќе се решат имотно правните работи во однос на плацот, па ќе следи конкурс за идејно решение, ќе се оформи комисија која ќе ги направи пресметките за тоа колку би чинел проектот врз основа на идејното решение... “, вели министерот Ќахил. Значи, повторување на целата процедура која беше завршена досега, но сега за друга локација, при што граѓаните на Македонија ќе платат два пати. Но, ова е дел од општата ситуација кај нас, каде со смената на една политичка гарнитура од власта, светот почнува од почеток, без притоа да се води никаква сметка за некаков континуитет во работењето.

Истовремено индикативна е и ситуацијата со локацијата на театарот на Бит-пазар. Многумина ќе ја протолкуваат реализацијата на новиот проект за театарот токму на оваа локација како остварување на планот на политичката опција на која и припаѓаат министерот Аднан Ќахил и директорот Наџи Шабан, кој уште од стартот изјави дека локацијата кај Железничка станица не соодветствува, меѓу другото и поради фактот што во околината не живее турско население. Министерот Аднан Ќахил пак вели дека е свесен за можноста сето ова да биде протолкувано на тој начин, но реагира на забелешките од страна на опонентите велејќи: „Ако се загрижени за Турскиот театар, тогаш треба да знаат дека ние не стопираме, туку градиме. И што е проблемот? Фактот што не се реализира нивната идеја? Ние ќе докажеме дека ќе го изградиме театарот. Јас ја туркам идејата и Владата стои зад овој проект со сите коалициони партнери“, вели Ќахил. Според него планот е Турскиот театар да биде готов до 2010 година, во рокот предвиден и за сите други капитални објекти во областа на културата.

Министерството за култура пак нема коментар за целата ситуација околу градбата на Турскиот театар. Според нив, се зависи од одлуките на Владата, која пак во оваа стартна фаза очигледно ја поддржа новата иницијатива. Сето ова, пак, отвора простор и за шпекулациите од типот дека на Турскиот театар му се обезбедува нова локација бидејќи некој друг ја пикирал атрактивната локација кај Железничка станица за објект од комерцијална намена.


Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=77F87C3BAA409E4E986E2C146ED49FD6 - Утринки весник



Replies:
Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Jan-2008 at 00:23
Ја како што знам од буџетот за оваа година не се издвоени средства за овој театар, така да не знам како планираат да го изградат до 2010 година.. А рендерот е супер, само нека го градат.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2008 at 00:23
Го памтам проектов за турскиот театар, навистина е одличен. Само нека се гради, локацијата е второразредна (иако мене повеќе ми се свиѓаше оргиналната, во близина на железничка)



Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jan-2008 at 00:29
@La Linea театаров беше готова работа уште на крајот на мандатот на СДСМ. Имаа обезбедено и пари (барем според тогашните кажувања). Дел од Владата преку некои 'designated' фондови за малцинства дел од Турција како донација. Кога се смени власта имаше написи дека новиот директор сака да го менува проектов. Ова е прва објава во последниве година и кусур за театаров. Се надевам дека ќе го биде. Има и други рендери ќе ги ископам од SSC ваљда до утре. Проектот е многу добар инаку автор е Виктор Михајловски, дечкото што го направи проектот за Филхармонијата.

@Clover локацијата е можеби второразредна но еден ваков проект би створил услови да стане прворазредна. Сепак се работи за поширокиот центар. Додуше немам точна ориентација за каде точно зборуваат. Дали би гледал на Александар Македонски?  Некако зградата не ми одговара за покрај таков прометен булевар.  Не дека претходнава локација бепе различна од тој аспект но сепак.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2008 at 00:34
Originally posted by pbanks


@Clover локацијата е можеби второразредна но еден ваков проект би створил услови да стане прворазредна. Сепак се работи за поширокиот центар. Додуше немам точна ориентација за каде точно зборуваат. Дали би гледал на Александар Македонски?  Некако зградата не ми одговара за покрај таков прометен булевар.  Не дека претходнава локација бепе различна од тој аспект но сепак.


Абе мислев како второразреден критериум, а најважен е фактот дали ќе се гради и дали ќе се гради по оргиналниот проект Big%20smile 

Не мислев автоматски дека е лоша локација...

А иначе не сум сигурен баш најточно каде е маркицата и затоа не би шпекулирал понатака околу самата локација


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jan-2008 at 10:07
Еве уште еден малечок рендер од друг агол како и оригиналната локација каде што требаше да се гради. Имам видено и еден рендер од внатрешноста на објектот (повторно изгледа одличнно) но не знам дали го имам во дигитална форма :(





Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 29-Jan-2008 at 10:49
Прв пат слушам за овој проект, и морам да кажам дека сум воодушевен. Али зошто да се менува локацијата па?? Колку убаво си доаѓа тука кај железничка... Ohno


Posted By: mitatos
Date Posted: 06-Sep-2008 at 22:49

Турскиот театар се враќа на локацијата кај железничка

Министерот без ресор Хади Незири, задолжен за проектот, се согласил градбата на театарот да продолжи на старата локација

Лилјана Митевска


Турскиот театар ќе се гради на старата локација, на просторот околу новата железничка станица. Ова е решението донесено во Министерството за култура, по средбата меѓу министерката Елизабета Канческа Милевска и министерот без ресор во Владата на РМ, Хади Незири, задолжен за овој проект.

„На средбата на која присуствуваа и претставници од правниот сектор на министерството, беше донесен став да се информира Владата изградбата на театарот да продолжи на локацијата кај старото балетско училиште околу новата железничка станица за кое веќе има и идејно решение. На средбата беше поканет и авторот кој победи на конкурсот за идејното решение, архитектот Виктор Михајлов, кој се согласи да го изработи и главниот и изведбениот проект. Сега ја чекаме одлуката на Владата по што ќе може да се продолжи со процесот за изградба на Турскиот театар“, вели министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Иницијативата за изградба на Турскиот театар, кој во моментов ги дели просториите на Театарот на народностите заедно со Албанскиот театар, потекна во времето на министерот Благоја Стефановски. До крајот на неговиот мандат, се реши проблемот со новата локација на Турскиот театар, односно Министерството за одбрана ги отстапи просториите кај старото Балетско училиште кај новата железничка, беа решени имотно-правните односи и проектот беше доведен до фаза на изработка на идејно решение.

Но, по смената на политичката гарнитура и со доаѓањето на Наџи Шабан на местото на Атила Клинче, за нов директор на Турскиот театар, работите попримија надолен тек. Шабан тврдеше дека нема никаква документација за локацијата на новиот Турски театар, а воедно се проширија гласините дека просторот кај железничка станица не се преферира бидејќи во околината не живее турско население. По извесно време, со поранешниот министер без ресор, Аднан Ќахил, кој го доби задолжението од Владата да го води проектот, раководството на Турскиот театар излезе со иницијатива за нов проект за Турскиот театар, кој би бил лоциран на Бит пазар, зад универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на местото на старото турско училиште „Тефејуз“, а во чиј склоп би функционирало и училиште за средно и основно образование, како и културен центар, сето ова за задоволување на потребите на локалното турско население. Но, за овој проект одново ќе требаше да се врши испитување на имотно-правните односи и целата легална процедура која веќе еднаш беше извршена за локацијата кај железничка, а сето тоа логично ќе ги чинеше граѓаните на Македонија двојно.

Согледувајќи ги околностите Министерството за култура сега го враќа проектот на првобитната локација. „Министерот без ресор, Хади Незири, се согласи со локацијата, така што сега, по информирањето на Владата следи склучување на договор со авторот на идејното решение Виктор Михајлов за изработка и на главниот и изведбениот проект. Потоа следи објавување на тендер за ревизија и на крајот тендер за градба“, објаснува министерката Милевска.

Турскиот театар е дел од капиталните проекти во културата планирани да бидат изградени до 2010 година кои директно се финансираат од буџетот на Владата. По изградбата на Турскиот театар, зградата на Театарот на народностите целосно ќе му биде отстапена на Албанскиот театар.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=5C533161ED3C4B4FBBBED0771D05CB4D




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Sep-2008 at 22:53
Мило ми е што се враќа на првобитната замислена локација, наместо да се импровизира по тоа прашање   Cheers


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Sep-2008 at 18:41
многу интересен проект, одлично е што го вратија на старата локација,и онака на тој простор му треба доста уредување
единствено што ми пречи е кога ќе видам културен центар меѓу станбени згради и куќи



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Sep-2008 at 23:44
одлична вест, имам двоумење околу соодветноста на локацијата но дефинитивно не би сакал овој проект да пропадне така да сум дефинитивно за Thumbs%20Up


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Sep-2008 at 10:12
а од кај ја извадија сега улицава, колку што знам таму нема улица со четири ленти?
можеби сум се збунил, поправете ме ако грешам


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: mitatos
Date Posted: 09-Sep-2008 at 15:09
си се збунил кога ке отидеш накај новата аутобуска т.е новата желеничка ке видиш дека има 4 ленти , 2 за наваки 2 за натаки хехе усфари ја мислам дека се по 3 ама ај еве по 2 се хеххее

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Nov-2008 at 21:08

ова дури сега го видов на мапата на build на google earth... почнато е да се гради, бидејќи според еден пост така заклучувам, дека изградбата ќе продолжи таму. почнато е?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Apr-2009 at 19:01
Од задната страна, кај функционерската кула. Незнам дали само задниов дел треба да биде ваков или се работи за сеопфатна измена на изгледот. Ако е ова второво тогаш промената е на лошо, барем мене ми се допаѓаше повеќе она што го имаме на оскудниве рендери поназад во нишкава.



Posted By: BOKO
Date Posted: 25-Apr-2009 at 20:24
Не знам луѓе дали бевте на изложба за проектите на театар Центар во КИЦ , ама истиот автор Виктор Михајловски имаше проект чија фасада страшно ме потсеќа на ова ново решение за Турскиов театар, со таа разлика што таму фасадата беше навнатре закривена...немам слика за upload се надевам ќе најдам...ама ако фасадава е copy/paste стварно ќе бидам многу разочаран од авторот

а и мене како и на pbanks повеќе ми се допаѓа првото решениеза фасадата


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2009 at 18:46
абе остај фасадата, локацијата е најголема утка Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Nov-2009 at 21:47


Posted By: lupo
Date Posted: 28-Dec-2009 at 10:20
Pa cek mislam deka i celiot ovoj tim se vkluceni vo rekonstrukcija na Stopanska banka ne?Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Feb-2011 at 12:27
Албанскиот и Турскиот театар остануваат под ист покрив

     
И покрај тоа што од 2006 година се прогласени за национални театри, Турскиот и Албанскиот театар сé уште „се тискаат“ под покривот на еден објект. Најавената изградба на новата зграда на Турскиот театар, во близина на новата железничка станица, сé уште не е почната поради, како што велат од Министерството за култура, неразрешени имотноправни односи околу парцелата


     
     
Анимација на новата зграда на Турскиот театар
Албанскиот и Турскиот театар најмалку уште две години ќе мораат да работат под ист покрив, кој се покажа како претесен за потребите на два национални театарски ансамбли. Како излез од ваквата ситуација уште од 2006 година, кога двата театри станаа самостојни правни субјекти, беше иницирана идејата за изградба на нов објект на Турскиот театар. Албанскиот театар треба да остане во зградата на некогашниот Театар на народностите, во непосредна близина на Бит-пазар.

Новата зграда на Турскиот театар, која долги години беше најавувана како капитален проект, во план е да се гради годинава во близина на новата железничка станица. Но изградбата сé уште не е почната, поради, како што велат од Министерството за култура, нерасчистени имотноправни односи на парцелата предвидена за градба.

- Потребно е проширување на маркицата со еден мал дел што се наоѓа во приватна сопственост. Поради проблемите од имотноправен карактер на локацијата, во тек се измени во основниот проект, затоа што постојната локација се наоѓа покрај Центарот за социјални работи на град Скопје и приватни објекти, кои треба да се дислоцираат. Откако ова ќе се реши, ќе следува и распишување тендер за изработка на проект за акустика и акустична обработка на просториите на самиот објект и избор на изведувач на градежните работи - велат од Министерството за култура.

Од Турскиот театар се оптимисти и очекуваат спорот околу локацијата да се разреши во скоро време и изградбата на театарот да почне во првата половина од оваа година. Се оценува дека за комплетно завршување на новиот објект ќе бидат потребни околу две години.

- Ни ветија дека Министерството за финансии има обезбедено пари за откуп на тој мал дел спорно земјиште, кое изнесува само 46 квадрати и се наоѓа во приватна сопственост и дека штом ова се реши, веднаш ќе биде распишан тендер за изведувач - оптимистичен е директорот на Турскиот театар, Атила Клинче.

Со договор меѓу Министерството за транспорт и врски и Министерството за култура, Турскиот театар доби 550 квадратни метри и дополнителни 2.500 квадратни метри плац, каде што треба да се гради. Идејното решение на новиот театар е на архитект Виктор Михјлов, и во него е предвидена голема сцена со капацитет од 350 седишта и мала сцена со 120 седишта.

- Сега имаме по 5-6 претстави неделно, што само по себе подразбира потреба од самостојна сцена, иако ние веќе 60 години функционираме како два субјекта во една зграда и во моментов немаме некои поголеми проблеми - вели Клинче.

Двата ансамбла, покрај сценската техника, „братски“ ја делат и заедничката сцена. Во четврток, петок и во недела, таа е резервирана за претставите на Турскиот театар, а во вторник, среда и во сабота за Албанскиот.

Што се однесува до сценската техника, двата театри сé уште функционираат на „устен договор“. Откако биле подготвени новите статути на Албанскиот и Турскиот театар како национални театри, не бил направен делбен биланс, а со тоа не била дефинирана ниту припадноста на сценската техника.

И покрај овие проблеми и двата театри велат дека имаат солидна посетеност и јазично измешана публика, благодарение на софистицирана преведувачка технологија.
http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=2151193618&id=16&prilog=0&setIzdanie=22207


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2011 at 11:13
Распишан тендер за изведувач на Турскиот театар

По многу одложувања и средување на имотно-правните односи за парцелата каде што треба да се гради новата зграда на Турскиот театар, од завчера е распишан меѓународен тендер за изведувач.
Како што ни рече директорот на Турски Атила Клинче, тендерот ќе трае 52 дена, и се надеваат оти ќе биде успешен, па веќе во мај да почне да се гради новата зграда, на местото на поранешното Балетско училиште, пред Новата железничка станица.
Според идејното решение на архитектот Виктор Михајлов, објектот има стаклена фасада со ромбоидни форми, подземен паркинг на 3 нивоа, главен хол, издигнат на 3 нивоа, голема сала со 329 седишта и мала сала со 140 седишта. Предвидено е да има и галерија, книжарница, национален ресторан, а бидејќи во приземјето има слободен простор, како предлог постои да има и културно-информативен центар, агенција на "Туркиш ерлајнс" или, пак, туристичка агенција специјализирана за дестинации во Турција.
Новиот Турски театар е дел од капиталните инвестиции на Владата на Македонија, а има најави дека во следните фази на градба ќе се приклучи и турската Влада. http://www.vest.com.mk/?ItemID=EC5E2DC08A0C9F49B2816550CA45A837


Posted By: Baze
Date Posted: 26-Apr-2011 at 10:47
Македонија наликува на театарско градилиште


Доказ за тоа се изградбите на Стариот театар во Скопје и на новата зграда за театарот во Велес. Обете згради се очекува да бидат готови за нецела година. На пат да се реализираат се и долгоочекуваните нови театарски зданија - згради на Турскиот и Драмскиот театар


Во последните три-четири години благодарение на инвестициите во културата, Македонија подзаличува на едно големо театарско градилиште. Доказ за тоа се изградбите на Стариот театар во Скопје, кој треба да биде завршен наредната година, како и на новата зграда за театарот во Велес. Велешани уште отсега се подготвени широкоградо да го дочекаат новото театарско здание.
-Работите привршуваат, веќе се во фаза на уредување на ентериерот, вградување на техниката, а исто така се работи и на екстериерното уредување на паркингот пред зградата. Се надеваме дека работите ќе завршат за нецела година, ни рече Јордан Витанов, директор на НТ "Јордан Хаџиконстантинов-Џинот" од Велес.

Покрај овие два театри, конечно, по се изгледа ќе се рализираат и долгоочекуваните нови театарски зданија - згради на Турскиот и Драмскиот театар.
Во однос на тоа до каде е процедурата за стартување на новиот Турски театар, од директорот Атила Клинче, дознаваме дека од почетокот на овој месец е распишан тендер за изградба, од меѓународен карактер, од страна на Бирото за јавни набавки. Клинче очекува анимација на проектот и од Европскта заедница на инвестиции како и финансиска поддршка од Република Турција.
-Ова е значаен момент, бидејќи по многу години проблематични во однос на локацијата, сепак, проектот се реализира. Изградбата на театарот е дел од капиталните инвестиции на Владата. Тендерот се однесува на карабината и фасадата. Театарот би требало да биде изграден за 16 месеци, додаде Клинче.

Што се однесува до Театарот во Карпош, чија иницијатива отпочна од пред неполни две години во моментов се подготвува проектна програма за новата зграда, заснована на идејното решение од минатата година.
-Програмата се однесува на функционалноста и потребите на театарот, а наша задача како институција е да учествуваме во оваа програма. Наредна фаза во процесот е Конкурсот за јавно приватно партнерство за изградба на театарот, вели директорот на Драмски, Бранко Ѓорчев.


(Б.Г.-Д.Т.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=00FE92585F5B5643AC74DA6685975A21 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=00FE92585F5B5643AC74DA6685975A21


Posted By: axel
Date Posted: 07-Jun-2011 at 12:28

Новиот турски театар во август, на спорно земјиште


Новата зграда на Турскиот театар, која долги години беше најавувана како капитален проект, во план е да се гради во близината на новата железничка станица. Но изградбата се одолжуваше поради нерасчистени имотноправни односи на парцелата предвидена за градба. Иако спорот не е решен, почетокот на изградбата се најавува за август

 
 
%20  

Идејното решение предвиденува главен хол издигнат на три нивоа, голема сала со 29 седишта и мала сала со 140 седишта

Во август ќе почне изградбата на новиот објект на Турскиот театар, која се одложува последниве неколку години поради нерешен имотноправен спор за локацијата. Од Министерството за култура нема потврда дека спорот е решен, и покрај амбициозната најава од раководството на Турскиот театар за почнувањето на градежните работи.

- Од формално правен аспект постапката е во тек, но наскоро ќе биде решена - вели Анита Јовановска, порпаролка на Министерството за култура.

На 31 мај се одржа јавното отворање на понудите за изведување затворена карабина за изградба на новиот објект.

- Се очекува комисијата за јавни набавки да донесе одлука за избор на најповолна понуда и најдоцна во август изведувачот да се воведе во работа. Со договор меѓу Министерството за транспорт и врски и Министерството за култура, Турскиот театар доби 2.500 квадратни метри плац, каде што ќе се гради - вели Атила Клинче, директорот на театарот.

Според него, ако во рокот за жалбената постапка нема жалби, ќе се пристапи кон потпишување на договорот.

- Маркицата е чиста. Да се надеваме дека ќе нема жалби и дека проектот ќе напредува. Мојот дел од работата е успешно завршен. Имаме дури 4 фирми-понудувачи, што е одлично - вели Клинче.

Идејата за нов објект на Турскиот театар е иницирана уште од 2006 година, кога двата театри (Турскиот и Албанскиот) станаа самостојни правни субјекти. Новата зграда на Турскиот театар, која долги години беше најавувана како капитален проект, во план е да се гради во близината на новата железничка станица. Но изградбата се одолжуваше поради, како што пред неколку месеци изјавија од Министерството за култура, нерасчистени имотноправни односи на парцелата предвидена за градба.

„Потребно е проширување на маркицата со еден мал дел што се наоѓа во приватна сопственост. Поради проблемите од имотноправен карактер на локацијата, во тек се измени во основниот проект, затоа што постојната локација се наоѓа покрај Центарот за социјални работи на градот Скопје и приватни објекти, кои треба да се дислоцираат“, изјавија тогаш од Министерството за култура.

Сега оттаму нема официјална потврда дека спорот е решен. Сепак, од Турскиот театар се оптимисти и најавуваат дека изградбата на театарот ќе почне уште во август, а се оценува дека за комплетно завршување на новиот објект ќе бидат потребни околу две години.

Идејното решение на новиот театар е на архитектот Виктор Михајлов, и во него се предвидени три нивоа, главен хол издигнат на три нивоа, голема сала со 329 седишта и мала сала со 140 седишта. Предвидено е да има галерија, книжарница, национален ресторан и слично.

- Новиот турски театар е дел од капиталните инвестиции на Владата на Македонија, а имаме најави дека во следните фази на градба ќе се приклучи и турската влада - вели Клинче.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6711714403&id=16&setIzdanie=22299


Posted By: Portal
Date Posted: 11-Oct-2011 at 23:08
Vo vrska so site ovie tekstovi moram da priznaam deka ne mi se jasni mnogu raboti
Vecer veli "Тендерот се однесува на карабината и фасадата" sega e veke oktomvri i 4 kompanii prijaveni bile pa potoa veli deka za finansiranje od Turskata Vlada i od EU... Cenata na ovoj tip na objekti karabinata cini samo 30% od objektot... itn itn
 


Posted By: OCB
Date Posted: 01-Feb-2012 at 17:55
Macedonia to construct Turkish theater in Skopje

Macedonian government will construct a Turkish theater building in Skopje.
Macedonian State Minister Hadi Nezir, who is visiting Turkey's central Anatolian province of Konya together with several other Macedonian ministers, told AA on Wednesday that Turkish theater in Skopje would have its own building with an investment of 13 million Euro.

Nezir said that Turkish theater in Skopje had been under the same roof with Albanian theater, adding that they would lay the foundation of a private building for Turkish theater on an area of 4,500 square meters thanks to a decision made by Macedonian Council of Ministers in December 2011.

Except in Turkey, there won't be such another building like this in Balkans and Europe, Nezir said.
Macedonian government will construct the building of the theater, but we will ask for the help of Turkey for the equipment, said Nezir, adding that the foundation would be laid in March or April.

We target to complete the building within 2-3 years, he said.

http://www.worldbulletin.net/?aType=haber&ArticleID=85168


Posted By: Harry Potter
Date Posted: 29-Mar-2012 at 15:12
почна ли да се гради објектов и на која локација? глеам на мапата сте обележале дека ќе биде кај Железничка, а таму баш и се гради во моментов нешто...

-------------
www.MacedonianFootball.com


Posted By: Pallatino
Date Posted: 29-Mar-2012 at 19:57
Голема сала со 29 седишта и мала сала со 140 седишта.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2012 at 22:22
Originally posted by Harry Potter

почна ли да се гради објектов и на која локација? глеам на мапата сте обележале дека ќе биде кај Железничка, а таму баш и се гради во моментов нешто...
Јас не сум забележал да почнале со изградба.

Каде поточно се гради? Во близина имам видено едно помало градилиште за друг објект, можеби е тоа  Dunno



Posted By: Harry Potter
Date Posted: 30-Mar-2012 at 20:34
па и јас мислам дека е помал објект, ми личи на станбена зграда. ама битно таму нешто градат... па ме интересираше да не е ова.

-------------
www.MacedonianFootball.com


Posted By: axel
Date Posted: 26-Feb-2013 at 16:57

Скопски Бетон ќе го гради Турски театар за 4 милиони евра

26/02/2013  //  Пред 23 минути  //  http://faktor.mk/archives/category/construction - ИНФРАСТРУКТУРА  //  http://faktor.mk/archives/32609#respond - Коментирај

5303C55637EF97469568567845CD967D

Скопски Бетон за речиси 4 милиони евра ќе го гради новиот објект на Турскиот театар во Скопје.

Компанијата денеска ја извести берзата дека е склучен договор за изградба на овој објекти на вкупна сума од 245 494 259 денари, или безмалку 4 милиони евра.

http://faktor.mk/archives/32609?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bf%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25bd-%25d1%259c%25d0%25b5-%25d0%25b3%25d0%25be-%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25b8-%25d1%2582%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0#.USzbIzd0mK8



Posted By: nouseforname
Date Posted: 26-Feb-2013 at 23:07
kako 4 milioni samo??? pa ili ova e pre evtino ili objektite os Sk 2014 se preee nadueni.Turcive ocigledno treba da naucat kako vo ekonomska kriza da stedat kako nasava vlada


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Feb-2013 at 11:08
Originally posted by nouseforname

kako 4 milioni samo??? pa ili ova e pre evtino ili objektite os Sk 2014 se preee nadueni.Turcive ocigledno treba da naucat kako vo ekonomska kriza da stedat kako nasava vlada


Нема шанси да се направи волку голем објект за 4 милиони евра, мислам дека Бетон ќе има задача да го подигне објектот на ниво на карабина, а понатаму Турција ќе помогне во целиот проект. Турската фондација ТИКА и уште неколку други веќе активно работат на бројни проекти во Македонија, така што за овој објект мислам дека сигурно би ги обезбедиле финансиските средства.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Feb-2013 at 12:44
Јас типувам дека целосната инвестиција ќе чини најмалку 2-3 пати повеќе од предвиденото.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Portal
Date Posted: 28-Feb-2013 at 01:39
Karbinata e evtina posle toa cinat ostanatite raboti ... Nego gore na fotografiite od vesti teatarot toest salata nekako mala mi zigleda se, posle toa cirkulacijata (koridorot za dvizenje izmegu stolovite) negde povnatre a eden kup stolici go zalepile vo zid... toa ne mi s edopadna bas... ama sigurno ako go pravat toa turcite ke izrabotat nov proekt so akustika... ova bi trebalo da e samo idejno resenie...


Posted By: axel
Date Posted: 18-Jan-2014 at 11:06

Камен темелник на нов објект на Турски театар

Свеченост по повод поставувањето на камен-темелникот на новиот објект наменет за Турскиот театар ќе се одржи во сабота во Скопје.

Предвидено е новиот објект да биде лоциран кај поранешното балетско училиште, во близина на новата Железничка станица.

На настанот ќе се присуствуваат премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. /крај/

http://makfax.com.mk/#327276



Posted By: BOJAN
Date Posted: 24-Jun-2014 at 14:01

Помина половина година, а Турскиот театар се` уште не е почнат со градба. На градилиштето нема никој, а единствено што е оставено во спомен на идниот објект е камен-темелникот и информативната табла:

 
 
 


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Jul-2014 at 20:14
Овие згради треба да се урнат да се изгради театарот... Тука беа сместени просториите на Установата за советување малолетни деликвенти.

https://flic.kr/p/nU8agw"> https://flic.kr/p/nU8agw - DSC04442 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 03-Jul-2014 at 08:59
Originally posted by Џоле

Овие згради треба да се урнат да се изгради театарот... Тука беа сместени просториите на Установата за советување малолетни деликвенти.

https://flic.kr/p/nU8agw"> https://flic.kr/p/nU8agw - DSC04442 by https://www.flickr.com/people// - george k. 1981 , on Flickr


Токму тоа и ме чуди. Ништо не е започнато, а колку што се сеќавам е потпишан договор и обезбедени се финансии за градежните работи. Ако Велешкиот го градеа 8-9 години, овој по се изгледа дека на овој ќе му треба минимум деценија.


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Jul-2014 at 09:08
Мислам дека доста време се изгуби во селење на просториите на горенаведената установа. Еден мој пријател работи таму, и преку него дознав дека доста време се селеле и барале нови простории. Но сега, откако се конечно преселени (тоа заврши пред отприлика 2-3 недели), не би требало да има никакви пречки, посебно ако финансиската конструкција е заокружена и е избран изведувачот на работите.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 17-Jul-2014 at 21:59
Официјално проектов е започнат, објектот што беше на ова место веќе не постои ,денес теренот го расчитуваа од последните траги од објектот. Имам 2 слики на телефон но бидејќи незнам како да ги извадам од овој телефон (мојот ми цркна пред 2 дена) не верувам дека вечерва ќе можам да ги прикачам.


Posted By: N23
Date Posted: 26-Jul-2014 at 14:32
Од рушењето






-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: daci92
Date Posted: 07-Aug-2014 at 19:45
Сликите од ископувањето неможам да ги пронајдам и затоа не ги поставив, инаку овде е веќе длабока дупка.


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-May-2015 at 09:06
Новиот објект на Турскиот театар остана на темели!

Наместо да биде издигнат на ниво на карабина, идниот Турски театар во скопската населба „Пролет“ остана на ниво на темели. Првичното ветување за завршување на карабината на овој објект до март годинава не се оствари, а за големото доцнење на градежните активности засега нема подробни информации од Министерството за култура. „Билд“ минатата недела побара одговор на прашањето за причините поради кои се одолговлекува изградбата на оваа зграда, но оттаму досега не добивме конкретни информации и покрај првичното ветување.



За изведба на објектот беа одвоени финансиски средства во висина од 245 милиони денари, односно околу 4 милиони евра. Театарската зграда е планирано да има пет надземни и три подземни нивоа, со две сцени што можат да примат над 450 посетители. Во екстериерното обликување, како и опремувањето на театарот треба да инвестираат и институции од Турција.



Изградбата на објектот на Турскиот театар започна кон средината на јануари 2014 година. За изведувач на градежните работи е избрана компанијата „Бетон“ од Скопје. Надзорот врз изведбените активности го врши „Градежен институт Македонија“. Идејното решение го изработија архитектите Виктор Михајлов и Александар Наумчески, а основниот проект го изготви „Македонија Проект“.

http://www.build.mk/?p=44415 - http://www.build.mk/?p=44415

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 30-Jul-2015 at 12:22
Почна изградбата на новиот објект на Турскиот театар



Поставена е првата темелна плоча на новиот објект на Турскиот театар-Скопје, кој се гради во близина на Железничката станица и до крајот на годинава треба да има завршена карабина.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја посети локацијата каде што ГП „Бетон“ денеска ја постави првата темелна плоча на зградата во која ќе биде сместен театарот, на површина од 2.600 метри квадратни.

- Досега интензивно се работеше на ископ на градежната јама, имаше мал застој зашто беа откриени подземни водина местото на објектот каде што се вршеше испумпување и целосна хидроизолација. По завршување на овој процес, се пристапи кон понатамошните градежни активности и денеска, на огромно задоволство, се поставува првата темелна плоча. Кога тоа ќе заврши, ќе се продолжи со карабината на самиот објект кој се планира до крајот на годината да биде целосно завршен, изјави Канческа-Милевска по увидот на градежните работи.

Договорот со „Бетон“ за карабината е 4,5 милиони евра. Откако ќе биде готова карабината, активностите ќе продолжат во соработка со Турција која, според договорот, ќе се вклучи во останатите фази од изградбата.



Директорот на Турски театар-Скопје Атила Клинче очекува дека наскоро ќе биде изграден нов објект во кој ќе се пресели ансамблот на Турскиот театар, кој годинава одбележува 65 години постоење.

- Јас сум најсреќниот човек денеска зашто толку години работевме на овој проект, прво со експропријација, расчистување на просторот, на имотот. Сега конкретно се гледа, првата темелна плоча веќе се гради и до крајот нагодината ќе ја завршиме карабината. Република Турција ќе учествува во изградбата на театарот. Да се надеваме дека работите ќе си течат според предвидената динамика и дека во најскоро време ќе имаме театар каде што ќе се случува најважното – претставите, истакна Клинче.

Во новиот објект ќе има современи услови за работа на оваа национална установа, која долги години сцената ја делеше со Албанскиот театар-Скопје. Поранешниот заедничкиот објект му е предаден на Албанскиот театар и се реконструира од темел.

Додека траат градежните работи за новите објекти, ансамблите на двата театра своите претстави ги изведуваат на сцената на театар „Комедија“.

http://www.porta3.mk/pochna-izgradbata-na-noviot-objekt-na-turskiot-teatar/ - http://www.porta3.mk/pochna-izgradbata-na-noviot-objekt-na-turskiot-teatar/


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Aug-2015 at 18:41
на театаров би требало да се работитурбо, изминативе два дена навечер цело време бетоњерки поминуваат натака

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Dec-2015 at 17:07
Конечно објектов почна да се гледа над тарабите.Многу време им помина во темелите.Последиве два месеца работат турбо и саботи и недели.


Posted By: hcitrS
Date Posted: 01-Jan-2016 at 20:08
Треба во уставот да влезе закон дека треба да се распишуваат избори на секои 12-15 месеци. Градежните/инфраструктурни работи во државава ќе одат како подмачкани


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jan-2016 at 13:12
Еве неколку денешни фотки


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jan-2016 at 13:13


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2016 at 09:06
Posledniov period ima golem broj rabotnici na objektov i cestopati se betonira do kasno navecer. Megutoa objektov se protega na golema povrsina i rabotnicite ne se podednakvo rasporedeni tuku se fokusirani na nekoi delovi od objektot.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 19-Jan-2016 at 18:16
Турски театар: Карабината ќе биде готова до април


Турскиот театар е капитален проект кој се наоѓа во програмата на Владата на РМ и Министерството за култура, реагира Театарот на http://plusinfo.mk/vest/54629/thp-kade-e-veteniot-turski-teatar - соопштението на Движењето на Турците во Македонија (ТХП) кое праша кога ќе биде готов Турскиот театар.

„Карабината на овој значаен објект во вредност од 245 милиони и 494.259,00 денари, средства издвоени од буџетот на РМ, ќе биде завршена до април 2016 година, по што во натамошната реализација со финансиски средства и техничка поддршка ќе се вклучи и Република Турција според потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура и туризам на Република Турција. Овој проект претставува само еден од многуте аргументи за сериозните заложби на Владата на РМ и на Министерството за култура за реализација на проекти кои се во интерес на турската заедница во нашата земја.

Навистина не очекуваме разбирање за реализацијата на фазите на овој сложен проект од одредени структури кои никогаш немаат изградено театар или друг објект кој е во функција на културата во Република Македонија.

Делата се најсилен аргумент и потврда дека сето она што го ветила Владата на Република Македонија пред граѓаните, тоа и го исполнила.

Турскиот театар е бренд на Република Макдонија, тој е силен симбол на мултиетничноста, заедничкиот соживот и трајноста на вистинските вредности. Ние сме единствениот професионален театар на Балканот и во Европа, кој 65 година претставува инспирација за современите уметници токму овде, во Република Македонија, да ги реализираат своите идеи и да го прикажат пред јавноста својот творечки опус, изведувајќи претстави на мајчин, турски јазик, творејќи надвор од матичната држава, Република Турција“, се наведува во реакцијата на Турскиот театар.

http://plusinfo.mk/vest/54673/turski-teatar-karabinata-kje-bide-gotova-do-april- - plusinfo.mk

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Jan-2016 at 19:06
Mozno e. Vo posledno vreme rabotat za vreme na vikendi,dozdovi. Potoa ke ima mnogu rabota vnatre.


Posted By: daci92
Date Posted: 19-Jan-2016 at 20:26
Според тоа што го видов како се армирани столбовите на првиот кат покажува колку оваа градба ќе биде силна ,јас знам дека нашите стручњаци за земјотреси се најдобрите во светот ,но ова што се гради за овој објект може да држи слободно 10 ката во време на земјотрес од 9-10 степени по рихтер. 


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2016 at 14:08
Денешни фотки



Posted By: CenterCityKid
Date Posted: 24-Feb-2016 at 06:58
Рендерите за театарот, со таа разлика што мислам дека нема да има толку подземни нивоа.











Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Feb-2016 at 19:31
Еве една денешна фотка,не е нешто баш,од другата страна може да се направат подобри фотки.


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Feb-2016 at 21:50
Мислам дека уште е рано за многу фотографии, зашто зградата допрва треба да расте во висина.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Apr-2016 at 17:20
Еве една денешна:



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Apr-2016 at 18:49
Mnogu ja zavleckaa gradbava. Trebase do April gotova karabina ama.....


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Apr-2016 at 17:48
U posledno vreme gi rascistuvaa kupistata zemja koi bea od stranata na bulevarot,a inaku objektov go rabotat vo etapi i rabotata odi prilicno sporo nekolku rokovi probija,neznam kolku ke trae vnatresnoto ureduvanje koe ke se odviva vo sorabotka so Turcija. Jaka im dusa na okolnite stanari uste kolku dolgo vreme ke slusaat tropanje,secenje daski i sl. Inaku objektov ne mi licese deka ke go pravat dolgo.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jun-2016 at 11:49
Денешна фотка


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Jul-2016 at 13:49
Почнале нешто да соѕидуваат.Денешна фотка.


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Jul-2016 at 13:23
Уште колку ќе оди ова во висина.Многу се некако високи спратовите.


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Sep-2016 at 18:21
Во последно време се работи со посмалено темпо.Има релативно мал број на работници за толку голем објект.Денешна фотка.Нема некои позначајни промени.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 22-Sep-2016 at 21:55
Турски театар во Пролет???


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Sep-2016 at 22:09
Originally posted by kiriOK

Турски театар во Пролет???
требаше да биде на друга локација (не се сеќавам каде) и го преместија тука, како и да е, подобро театар, културна содржина, отколку кокошарници збирштина на стока народ

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Nov-2016 at 19:19
Денешна фотка.Работат секојдневно но со прилично слабо темпо и со мал број на работници на терен.


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Feb-2017 at 18:47


-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Mar-2017 at 19:07
Во последно време се работи турбо на театаров споредено со претходните неколку месеци особено ноември и декември кога имаше малку работници.Претежно се работи на редење цигли.Еве една денешна фотка.



Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Mar-2017 at 12:15
Еве една денешна фотка



Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Apr-2017 at 17:16
Еве една денешна од подалеку





Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Apr-2017 at 20:42
Се работи ли тука нешто? Имам впечаток дека подолго време градежните работи стагнираат.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Apr-2017 at 05:49
Pa edno vreme negde okolu noemvri dekemvri 2016 ne se rabotese nisto no od mart negde pocnaa pointenzivno da rabotat. Inaku osven ova so zidanjevo ne se desava nisto drugo. Od zadnata strana kon bulevarot veke se e sodzidano.Ke vidime kolku ke im treba vreme za vnatresnoto ureduvanje koe mislam deka treba da go rabotat vo sorabotka so nekoja firma od turcija.


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-May-2017 at 18:34
Кранот го демонтираа пред 10-тина дена,на градилиштето нема посериозни активности.Мислам дека Бетон веќе нема тука многу што да работи бидејќи они требаше само карабината да ја направат а за ентериерот треба соработка со Турција.

Еве подолу во текстот информации за капацитет на салите и сл.


Нова зграда ќе добие и Турскиот театар, која се гради спроти Железничката станица во Скопје. Ќе се протега на површина од 10.000 метри квадратни и поседува две сали - едната со 340, а другата со 120 седишта. Инвестицијата е тешка 4,5 милиони евра.
Директорот на Турскиот театар Наџи Шабан вели дека ова е најважниот храм на турската култура во Македонија и затоа, како што рече, нема позаслужна институција за ваква капитална инвестиција.
Дректорот Наџи Шабан нагласи дека за три години Турскиот театар слави 70 години и очекува до тогаш да влезат со претстава во новиот театар.
Груевски истакна дека Скопје со изградбата на Турскиот театар ќе добие уште еден убав објект и место за култура, а турската заедница место каде ќе се собираат често и ќе уживаат.

- Првпат во Република Македонија се гради посебен објект за Турскиот театар. Се работи за модерен објект што ќе биде културно сврталиште за турската заедница во Македонија. Простор што турската заедница го заслужува и и е потребен и ние како влада со задоволство го започнавме, изјави Груевски.
По реконструирањето самостојно ќе работи Албанскиот театар, а ансамблот на Турскиот ќе добие свој матичен театар. Пред да почнат новите објекти, овие театри работеа во една зграда, и мака мачеа со претставите.
Инаку, зградата на Албанскиот театар почна да се реконструира во 2014 година, а темелите на Турскиот театар се удрија исто така пред три години.

http://www.vesti.mk/read/news/13211245/4555136/so-polna-parea-napreduvaat-gradezhnite-raboti-na-albanskiot-i-na-turskiot-teatar


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jun-2017 at 12:00
Сите тараби околу објектот се отстранети на градилиштето освен расчистување нема некои позначајни активности.Еве една денешна.



Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Jul-2017 at 12:58
Еве една фотка и од предната страна.Веќе подолго време ништо не се работи,којзнае објектов дали некогаш ќе се заврши.



Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Nov-2017 at 20:01
Inaku ovoj objekt slobodno moze da se oznaci kako stopiran. Prasanje e dali voopsto nekogas ke se zavrsi.


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 12-Nov-2017 at 22:24

чекај сега, Грчев до тука не стигнал со ревизија, а дека ќе го завршат објектов не е спорно, вака или онака ќе му најдат капаче можеби пренамена ... навистина збутување на културен објект во стамбено деловна зона тоа само на МилеТиРеков проаѓа ... нормално заради меѓуградска и железничка, тука би било логично да има простории некое министерство ко Транспорт и врски, илити Пасошко + ПС Пролет, но во тој случај и еднонасочен сообраќај по бул.Никола Карев ...
Турскиот Театар можеби најдобро би било да го паркираат некаде горе на Кале а со што би се одало индиректно почит кон османлиите што ни го зачувале православно Скопје, кое во спротивно ако не биднало католичко посекако ќе биднело протестанско .. нејсе, за сега Театар КОмедија нека го прешалтаат во Драмски, а овој нека го преадаптираат за Турски, настрана дали ќе добијат нови објекти ...

хм, имаше ли некоја јавна дебата за ова, бар да обзнанеа дека турците се согласиле за ваков поклон, вака делува ко да се потценети и негде успут збутани, од овој аспект достојно би било Турски театар пр. да кренат до МРТВ, има тука до мостот една стара мислам поранешна школска зграда, која не ни мора да ја бутнат, само нека ја преадаптираат и нека и доградат по некоја сала, купола, видиковец итн.


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Apr-2018 at 19:11
Карабината на Турскиот театар градена дилетантски и со пробиена финансиска конструкција и рок за градба

Наместо стаклена фасада, бетон и цигли. Вака изгледа карабината за новиот објект на Турскиот театар, петта година по почетокот на градежните зафати. Иако беше најавено од претходната власт дека ќе биде готова до крајот на 2015, карабината е завршена неодамна. Појава на подземни води поради кои морало да се менува проектната документација, а со тоа и цената на чинење од 4 на 5 милиони евра, но и политичката одлука на претходната власт, турската заедница да биде маргинализирана, се причините за оддолжување на изградбата на објектот, рече министерот за странски инвестиции, Аднан Ќахил.

„20 илјади метри квадратни со една катна гаража. Апсолутно, тоа кажува дека дилетантски е работена работата. И втора работа, дека тука има подземни води. Секој што испитувал геолошки знаел. И зошто баш тука се градело кај што има подземни води, да направат на овој начин? Мислам дека таквите работи се објаснети без објаснување“, кажа Аднан Ќахил- министер за странски инвестиции.

Според министерот за култура, сега се расплеткуваат заостанатите долгови околу изградбата на карабината.

„Дали се правилно исплатени одредени фактури, дали одредени барања, дадени на суд се исправни и објективни? Така што се надеваме дека во многу скоро време и тоа ќе го расчистиме. За да можеме во втората фаза да стартуваме со чиста ситуација“, кажа Роберт Алаѓозовски – Министер за култура.

Поради ваквата ситуација, македонската и турската страна на ново ќе постигнат договор за доградување на објектот, а финансиската конструкција ќе биде направена до крајот на јуни. Готовност за соработка, за довршување на новиот Турски театар, изрази директорот на генералниот директорот на Државни театри на Турција, Мустафа Курт. Тој рече дека едвај чекаат да соработуваат со Турскиот театар и на уметнички план.

https://telma.com.mk/karabinata-na-turskiot-teatar-gradena-diletantski-i-so-probiena-finansiska-konstruktsija-i-rok-za-gradba/ - https://telma.com.mk/karabinata-na-turskiot-teatar-gradena-diletantski-i-so-probiena-finansiska-konstruktsija-i-rok-za-gradba/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Aug-2018 at 10:22
Просторов околу театарот е ужас,купишта отпад расфрлани наоколу а денес забележав и неколку импровизирани живеалишта каде се собираат бездомници.Којзнае до кога ќе трае ваквата ситуација,исто така просторот е претворен и во паркиралиште за автобуси,минибуси и автомобили.Патем треба да се тргне и кранчето од нишкава бидејќи повеќе од една година проектов тапка во место.Еве две денешни фотки





Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Oct-2018 at 16:45
Срамота.Објектов ќе стои вака со години пошто е заглавен во некаков си судски процес и којзнае дали некој ќе му го најде крајот.Но би било добро просторот некако да се огради со цел да се спречи вселување на бездомници кои во текот на денешниот ден предизвикале пожар од насобрано ѓубре и стар мебел.Патем ако некако не ја решат ситуацијава зимоска којзнае колку ќе се населат во објектот(ќе потсетува на бившата Југобанка која долги години стоеше недовршена и ги имаше сличните проблеми но таа барем се пренамени во нешто театаров според она што гледам како е граден незнам во што би можел да се пренамени освен да се почека да биде завршен)

Еве фотки од денешниот пожар превземени од долниот линк









%20 - https://a1on.mk/archives/961893


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Nov-2019 at 16:31
Ова скорз го заборавија,незнам зошто воопшто почнуваат објекти кога немаат пари и сега вака ќе чмае и ќе го нагрдува просторот плус ќе креира див паркинг со години.Не сум слушнал најава дека во скоро време ќе го доградуваат...



Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Jan-2020 at 09:33
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НЕМА ПЛАН ЗА ДОВРШУВАЊЕ НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР, КАРАБИНАТА СТОИ ШЕСТ ГОДИНИ



Новиот објект на Турски театар шест години е карабина, а ако наскоро не се преземе нешто, ќе почне да пропаѓа, вели в. д. директорката Несрин Таир.

Театарот на локацијата во близина на Железничката станица во Скопје, почна да се гради во 2014, како еден од капиталните проекти на тогашната Влада со премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Според тогашните најави, карабината на театарот ќе ја финансира Министерството за култура, а за втората фаза пари ќе даде Турција.

Таир, која е актерка, а на оваа функција е од јануари 2019, на неодамнешната прес-конференција за новата премиера, кажа дека уште кога дошла на фунцијата, прашала во Министерството за култура и во Владата до каде е процесот.

„Колку што ми дозволува надлежноста, праќав писма. Одговорија дека се прави сè за да продолжи изградбата на Турскиот театар и да може да се реши дупката од две и пол години што ништо не се правело поради потрошените средства дотогаш, затоа што во изградба работите се менуваат. Потрошени се средства за кои, веројатно, некој друг одлучува. Јас не одлучувам. Во тоа немам увид, но според моите сознанија, за следната фаза за изградба се потребни 115 милиони денари за фасада и за покрив. Очекувам државата тоа да го реши и Владата да одвои пари, барем за наредната фаза, затоа што во спротивно ќе почне да пропаѓа“, рече в. д. директорката. Таа додаде дека претходно имала средба со поранешниот министер за култура Асаф Адеми, но со актуелниот, Хусни Исмаили, немала можност за средба.

Редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК испрати прашања до Министерството за тоа во која фаза е изградбата и кои се идните планови и активности на Министерството за Турскиот театар, а оттаму кусо ни одговорија: „Во врска со прашањата упатени до Министерството за култура околу проектот за изградба на Турскиот театар, ве информираме дека завршена е фазата карабина, а во наредниот период ќе се разгледуваат начините за поефиксно финанисирање за продолжување на проектот за изградба на Турскиот театар“.

повеќе на

https://sdk.mk/index.php/kultura/ministerstvoto-za-kultura-nema-plan-za-dovrshuvane-na-turskiot-teatar-karabinata-stoi-shest-godini/ - https://sdk.mk/index.php/kultura/ministerstvoto-za-kultura-nema-plan-za-dovrshuvane-na-turskiot-teatar-karabinata-stoi-shest-godini/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jan-2020 at 21:44
Žalno ama očigledno nikoj nema plan što ke pravi so objektov ke ostane vaka ruglo,div parking,deponija i po 2-3 godini ke kažat deka objektot e nefunkcionalen,propadnat...a spored gradbava teško e i da se prenameni za druga namena.



Print Page | Close Window