Print Page | Close Window

Села во Македонија (општо)

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Фото/Видео
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3083
Printed Date: 20-Apr-2024 at 02:06


Topic: Села во Македонија (општо)
Posted By: kultuzin
Subject: Села во Македонија (општо)
Date Posted: 10-Aug-2014 at 10:28
Незнаев каде да го ставам следниот текст кој се однесува на селото Гари. Мислам дека не е лошо да имаме тема и за селата.


Гари – убавина што треба да се доживее

http://republika.mk/?cat=1 - Македонија | 10.08.2014 11:00

Га­ри го на­се­ли­ле хра­бри и го­сто­прим­ли­ви лу­ѓе. Се чув­ству­ва­те до­бре дој­де­ни во се­кое вре­ме. Осо­бе­но им е за­до­волс­тво да слуш­нат де­ка сте про­ше­та­ле во пла­ни­на­та, сте ги по­се­ти­ле тие ин­те­рес­ни ме­ста што се гор­дост за гар­ци. Ве­лат што се гар­ци, гар­ци се, ама што не се гар­ци, ко­га ќе се за­ле­пат за Га­ри, не се од­ле­пу­ва­ат


Свеж и чист воз­дух, тем­пе­ра­ту­ра мно­гу по­ни­ска од таа во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, жу­бор на во­да и не­ве­ро­јат­на ве­ге­та­ци­ја – уба­ви­на што ја ну­ди Ма­ке­до­ни­ја, а мал­ку­ми­на ја ко­ри­стат. Ве­лат ми­јач­ки­от крај е еден од нај­у­ба­ви­те кра­и­шта во зем­ја­ва. При­чи­ни да се по­се­ти ме­сто­то во па­зу­ви­те на Би­стра и на Сто­го­во има мно­гу. Не­до­пре­на­та при­ро­да на 1.100 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на е ви­стин­ско ме­сто за од­мор, но, ка­ко што ве­лат ста­ри­те гар­ци, са­мо за тие што зна­ат да ужи­ва­ат и ја са­ка­ат при­ро­да­та. Га­ри жи­вее во ле­то. Во зи­ма жи­вот има во две-три ку­ќи. Но во ле­то гар­ци се вра­ќа­ат до­ма. Дел од ку­ќи­те се со­се­ма но­ви или об­но­ве­ни, во пре­поз­нат­ли­ви­от и ори­ги­на­лен охрид­ско-кру­шев­ски стил на гра­де­ње. Ре­чи­си се­ко­ја ку­ќа е пол­на и отво­ре­на за тие што ре­ши­ле да го по­се­тат се­ло­то. Се­дев­ме во ку­ќа­та на де­до Бла­жо Дој­чи­нов­ски. Го­ле­ма бе­ла ку­ќа, со ка­фе­ни про­зор­ци, ку­ќа што го за­чу­ва­ла ста­ри­от стил. Ни рас­ка­жу­ва­ше ин­те­рес­ни при­каз­ни за се­ло­то, за жи­во­тот не­ко­гаш, за тоа што е Га­ри де­нес. Ќе ја слуш­не­те при­каз­на­та за ки­ли­ма­ра­та во ко­ја ра­бо­те­ле 120 же­ни и ги про­из­ве­ду­ва­ле нај­до­бри пер­си­ски ки­ли­ми што ги про­да­ва­ле во Гер­ма­ни­ја. За за­дру­га­та, за ку­ла­ци­те, за за­ба­ви­те и за му­зи­ка­та. Ќе ја слуш­не­те при­каз­на­та за пе­чал­ба­ри­те, за Дим­ко Шан­гај, кој на вре­ме­то ка­ко пе­чал­бар стиг­нал нај­да­ле­ку, ду­ри до Ки­на. Ќе ви рас­ка­жат за фуд­бал­ски­те нат­пре­ва­ри на игра­ли­ште­то, ка­де, ка­ко што уме­ат да ре­чат, има­ло ви­стин­ски го­ло­ви уште во вре­ме­то ко­га во Скоп­је обе­ле­жу­ва­ле го­ло­ви со ка­ме­ња. Ужи­ва­ат да збо­ру­ва­ат за нив­ни­от под­го­твен тим, кој ги по­бе­ду­вал ти­мо­ви­те од Мел­ни­ча­ни, од Ла­за­ро­по­ле и од дру­ги­те окол­ни се­ла. Со гор­дост збо­ру­ва­ат за стру­ја­та што ја има­ле ко­га гра­до­ви­те не­ма­ле, за ма­ло­то ки­но во пе­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, за не­ве­ро­јат­на­та во­да.

 

Reportaza100-2

Бла­жо­ва чеш­ма

И на­ши­от до­ма­ќин оста­вил бе­лег во Га­ри. Не­да­ле­ку од не­го­ва­та ку­ќа, во гор­ни­от дел од се­ло­то ја има на­пра­ве­но чеш­ма­та, де­не­ска поз­на­та ка­ко Бла­жо­ва чеш­ма. Се на­о­ѓа на спро­тив­на­та стра­на од кр­стот. Уба­во уре­де­но ме­сто, гор­дост на де­до Бла­жо. Ве­ли ја на­пра­ви со по­мош на дру­ги­те се­ла­ни.

- Тре­ба одр­жу­ва­ње, до ко­га мо­жам мо­жам, по­тоа ќе ја пре­не­сам на дру­ги.Ко­га ќе за­ми­нам јас чеш­ма­та ќе оста­не да те­че – ве­ли тој.

 

- Во­да­та е по­себ­на. Да ис­пе­реш не­што не­ве­ро­јат­но бе­ло из­ле­гу­ва. Да го ва­риш гра­вот на гар­ска во­да ќе би­де по­и­на­ков од тој со скоп­ска во­да – ве­лат тие.

И до­де­ка раз­го­ва­рав­ме, по­ми­на ед­на мла­да брач­на двој­ка, ко­ја дош­ла да го по­се­ти се­ло­то. Де­до Бла­жо вед­наш ги по­ка­ни на ка­фе за и тие да ги слуш­нат гар­ски­те при­каз­ни. Га­ри го на­се­ли­ле хра­бри и го­сто­прим­ли­ви лу­ѓе. Се чув­ству­ва­те до­бре дој­де­ни во се­кое вре­ме. Осо­бе­но им е за­до­волс­тво да слуш­нат де­ка сте про­ше­та­ле во пла­ни­на­та, сте ги по­се­ти­ле тие ин­те­рес­ни ме­ста, кои се гор­дост за гар­ци. Ве­лат што се гар­ци, гар­ци се, ама што не се гар­ци, ко­га ќе се за­ле­пат за Га­ри не се од­ле­пу­ва­ат.

- Се ме­ну­ва­ат лу­ѓе­то. Мла­ди­на­та не е иста ка­ко по­ра­но. По­ра­но до­а­ѓаа мла­ди во гру­пи и се­кој ден одеа на Сто­го­во, да ви­дат при­ро­да, по­то­ци, ба­чи­ло… Ако не го на­пра­виш тоа, ка­ко да не си бил во Га­ри. Се че­каа на сви­јо­кот од ка­де што се гле­да Га­ри и се до­ви­ку­ваа „ај­де оди­ме“. Бе­ше ин­те­рес­но. Но во пос­лед­ни­те 10-15 го­ди­ни мла­ди­на­та е по­и­на­ква. До­а­ѓа ту­ка, ни пла­ни­на ги ин­те­ре­си­ра, ни жи­во­пис­ност, ни из­во­ри. Ста­ну­ва во 10-11 ча­сот. Про­ме­на­та е во тех­но­ло­ги­ја­та. Ста­ну­ва, зе­ма лап­топ, и не ја до­жи­ву­ва при­ро­да­та и уба­ви­на­та. Мла­ди­те не одат пеш. Тре­ба да им е ма­ла пла­ни­на­та да ја про­ше­та­ат. Тие не ја до­жи­ву­ва­ат таа уба­ви­на – ве­ло де­до Бла­жо но­стал­ги­чен за го­ди­ни­те што по­ми­на­ле.

Reportaza100-4

Секој гарец остава свој белег

Се­ло­то со око­лу 100 ку­ќи пле­ни со сво­ја­та ин­те­рес­на ар­хи­те­кту­ра, кла­ден­ци­те со сту­де­на во­да, ин­те­рес­на­та по­ста­ве­ност под па­ди­ни­те на две­те пла­ни­ни. По­ра­но ова би­ло зби­е­но се­ло, по­крив до по­крив. Де­не­ска бро­јот на ку­ќи е на­ма­лен, но пар­це­ли­те ни­кој не ги про­да­ва. Ако го про­да­дат ме­сто­то, уми­ра пре­зи­ме­то, фа­ми­ли­ја­та гас­не, се би­ти­су­ва. Ку­ќа­та ко­га ќе ја про­да­деш и да има кој да го нас­ле­ди пре­зи­ме­то, тоа уми­ра.

На­се­ка­де око­лу Га­ри има по­ста­ве­но клу­пи на кои мо­же да ужи­ва­те во уба­ви­от пог­лед. Над се­ло­то се на­о­ѓа крст, ка­де што на клу­пи­те че­сто ќе срет­не­те лу­ѓе што ужи­ва­ат во уба­ва­та гле­тка. До не­го се до­а­ѓа лес­но. Гар­ци рас­ка­жу­ва­ат де­ка е по­да­рок од нив­ни зем­јак.

- Во 1963 го­ди­на си­те бе­гаа од ту­ка. Си­те за­ми­ну­ваа, ка­ко да е крај на све­тот. Но на­у­че­ни сме на по­и­на­ква кли­ма. Скоп­је бе­ше пре­топ­ло. Уште то­гаш се ро­ди иде­ја­та да ни жу­бо­ри гар­ска ре­ка, да го ди­ше­ме воз­ду­хот од бу­ки­те и од ба­гре­ми­те гар­ски. Во тоа вре­ме фор­ми­рав­ме Ми­јач­ка ро­до­љу­би­ва фон­да­ци­ја. Ор­га­ни­зи­ра­ни сме во 1970 го­ди­на. Не доз­во­лив­ме да про­пад­не. Спа­су­вав­ме од кан­џи­те на за­бо­ра­вот. Мно­гу има­ме за­бо­ра­ве­но. На Гар­ска Ре­ка има­ло 12 во­де­ни­ци. Има­ло пи­ла­ни, вла­ча­ри, ва­ла­ви­ци… Го за­шти­тив­ме се­ло­то. Га­ри е му­зеј под отво­ре­но не­бо. Има ме­ста од ка­де што со еден ка­дар мо­же да го фо­то­гра­фи­раш це­ло­то се­ло. Во тој склоп на единс­тво си­те да­вав­ме, ама сѐ оде­ше ка­ко во бу­нар. И не­кои што беа по­моќ­ни и им ле­же­ше Га­ри на ср­це, ре­ши­ја да на­пра­ват по не­што за се­ло­то. Та­ка еден на­ши­нец на­пра­ви крст пред не­кол­ку го­ди­ни. Оста­ви тра­ен спо­мен за Га­ри – ни ве­ли де­до Бла­жо.

 

Reportaza100-3

Гар­ска­та во­да до­не­се ин­ве­сти­ци­ја

Хр­ват­ска­та ком­па­ни­ја „Ма­ли Ло­шињ“ поч­на со из­град­ба на фа­бри­ка во Га­ри, во ко­ја ќе пол­ни во­да за пи­е­ње од окол­ни­те из­во­ри. Про­из­водс­т­ве­на­та ха­ла ќе би­де со по­вр­ши­на од 2.200 ква­драт­ни ме­три и ќе има ма­га­цин­ски дел, со управ­на згра­да, ка­ко и до­пол­ни­тел­ни про­сто­рии ка­ко ла­бо­ра­то­ри­ја, кан­ти­на и дру­го. Фа­бри­ка­та е ло­ци­ра­на на пет ки­ло­ме­три пред се­ло­то, по­крај ре­ги­о­нал­ни­от пат Бо­шков мост – Из­вор.

 

При­каз­на­та ја про­дол­жу­ва со Ви­сок Ка­мен, не­о­бич­на кар­па соз­да­де­на од при­ро­да­та. Ве­ли, тоа е амб­лем на Га­ри. Се­ла­ни­те се по­гри­жи­ле кај не­о­бич­ни­от ка­мен, кој изг­ле­да ка­ко лу­ѓе да го ва­ја­ле да на­пра­ват при­јат­но ме­сто за од­мор. На­ве­чер ка­ме­нот е освет­лен, од кла­де­не­цот бли­ка во­да, а клу­пи­те се од­лич­но ме­сто да го ис­пи­е­те ва­ше­то утрин­ско ка­фе или на­ве­чер да ужи­ва­те во зву­ци­те што ги соз­да­ва при­ро­да­та. Во бли­зи­на се и ма­ли­те во­до­па­ди на Гар­ска Ре­ка. Но де­до Бла­жо пак се вра­ти на она исто­то – мла­ди­те де­не­ска не ја до­жи­ву­ва­ат при­ро­да­та, не пра­кти­ку­ва­ат да се со­би­ра­ат кај Ви­сок Ка­мен.

 

Reportaza100-5

Елен­ски скок – сим­бол на хра­бро­ста и на истрај­но­ста

Пр­ва­та де­сти­на­ци­ја на си­те што одат кон Га­ри и кон Ла­за­ро­по­ле е мо­стот Елен­ски скок, из­гра­ден во пер­и­о­дот на тур­ско­то вла­де­е­ње. Жи­те­ли­те има­ат по­ве­ќе ин­те­рес­ни при­каз­ни за мо­стот. Ед­на­та ве­ли де­ка е из­гра­ден по на­ред­ба на тур­ски бег, кој за вре­ме на лов ра­нил елен, кој бе­гај­ќи од сво­и­те го­ни­те­ли, иа­ко бил ра­нет, ус­пе­ал да ја пре­скок­не Гар­ска Ре­ка, а по­тоа умрел. Бе­гот ре­шил на тоа ме­сто да се из­гра­ди мост, кој ќе прет­ста­ву­ва сим­бол на хра­бро­ста, че­ста, си­ла­та и бор­ба­та во ко­ја се истра­ју­ва до пос­ле­ден здив. Овој мост се на­о­ѓа на ме­сто­то ка­де што ми­ну­вал не­ко­гаш­ни­от рим­ски пат Виа Иг­на­ци­ја.

 

На Бо­го­ро­ди­ца гр­ми

Во се­ло­то се на­о­ѓа ма­ла­та, но пре­крас­на цр­ква „Св. Бо­го­ро­ди­ца“, од 1860 го­ди­на. Во неа ико­но­ста­сот е изра­бо­тен од жи­те­ли на се­ло­то, Фи­лип, Пе­тре и Мар­ко Да­бо­рес­ци. На­ши­от до­ма­ќин е нив­ни прав­нук. Во гор­ни­от кат од цр­ква­та е ода­ја­та за не­ве­сти­те и за де­вој­ки­те. Ту­ка, ако пог­лед­неш на­го­ре, ме­ѓу ико­ни­те се гле­да око. Око­то е на­цр­та­но во три­а­гол­ник, и ка­ко и да се дви­жи­те, тоа по­сто­ја­но ве сле­ди. Пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја, ка­ко што се прет­по­ста­ву­ва во до­ку­мен­ти­ра­ни­те за­пи­си за Га­ри, е де­ка тоа е ма­сон­ско око. Ама ло­кал­ни­те жи­те­ли не зна­ат да об­јас­нат што зна­чи овој знак. Над ол­та­рот има и сон­це со 16 кра­ци. Се­ла­ни­те ве­лат де­ка тоа им е сим­бол на ми­јач­ки­от крај и де­ка на вре­ме­то Ми­ја­ци­те, по­крај сво­јот ми­јач­ки ја­зик, си има­ле и ми­јач­ко зна­ме со сон­це со 16 кра­ци. Во цр­ква­та се на­о­ѓа­ат и ко­ски од све­тец, кои, ка­ко што рас­ка­жу­ва­ат, им по­мог­на­ле на мно­гу­ми­на. Ко­ски­те се пре­ми­ва­ат со во­да, а со таа во­да бол­ни­от се мие. Од кој све­тец се ко­ски­те, ни­кој не знае, но се ве­ру­ва де­ка чу­до­твор­ни­те ко­ски им по­мог­на­ле на мно­гу­ми­на.

- Се­ла­ни­те би­ле сто­ча­ри, но и пе­чал­ба­ри. Пе­ча­ле­ле во Ру­си­ја и во Пол­ска. Од си­те се­ла­ни најм­но­гу прос­пе­ри­ра­ле тие што би­ле во Пол­ска. Зла­то те­че­ло од нив­ни­те ра­це, са­мо ус­пе­си ни­же­ле. Пол­ја­ци­те ги при­ми­ле уба­во, раз­ви­ле го­лем ка­пи­тал, по­ве­ќе­то има­ле сла­ткар­ни­ци, на­пра­ви­ле мно­гу па­ри. За праз­ни­кот Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца се пра­ве­ле го­ле­ми свад­би. Би­ло тра­ди­ци­ја то­гаш да на­пра­виш свад­ба. Во Ла­за­ро­по­ле тоа би­ло за Илин­ден. По­сто­е­ло ри­валс­тво. Ќер­ки­те на пе­чал­ба­ри­те од Пол­ска се ма­же­ле со три чи­фта ми­јач­ки ру­би. На чар­да­ци ши­е­ле ру­би 360 де­на. Се нат­пре­ва­ру­ва­ле кој ќе на­пра­ви по­го­ле­ма свад­ба, кол­ку чи­фта та­па­ни ќе се слуш­нат. Бо­го­ро­ди­ца гр­ме­ла – се по­тсе­ту­ва до­ма­ќи­нот.

Гар­ци про­дол­жи­ле да се со­би­ра­ат на овој ден. На­пра­ви­ле оби­ди да се пра­ват свад­би, но иа­ко ве­ќе не­ма свад­би, сѐ уште по­стои тра­ди­ци­ја­та на овој ден си­те да се со­бе­рат. Бр­зо­то тем­по на жи­вот се одра­зу­ва и ту­ка. Дел од не­го­ви­те жи­те­ли по­ра­ди биз­нис не ус­пе­ва­ат да дој­дат, но но­стал­ги­ја­та ги те­ра да не доз­во­лат да згас­не оваа тра­ди­ци­ја.

 

Reportaza100-6

 

Цр­ква зат­скри­е­на во пла­ни­на­та

Во па­ди­ни­те на Сто­го­во, на око­лу три ки­ло­ме­три од се­ло­то се на­о­ѓа ин­те­рес­на цр­ква „Св. Пе­тка“. Па­тот кон неа ќе ве оду­ше­ви. Го слу­ша­те жу­бо­рот на ре­ка­та, по­ми­ну­ва­те кон ин­те­рес­ни из­вор­чи­ња, кои, бу­квал­но, из­ви­ра­ат од ка­ме­ња­та, зе­ле­ни­ло, ин­те­рес­на ве­ге­та­ци­ја. Са­ма­та цр­ква е сме­сте­на во зе­ле­ни­ло, до­лу под па­тот. Клу­пи за се­де­ње, чеш­ма со сту­де­на во­да, кам­ба­на­ри­ја… Де­до Бла­жо рас­ка­жу­ва де­ка цр­ква­та ја на­ре­ку­ва­ат Из­во­ри­те.

- Оваа стра­на на Сто­го­во е со зе­ле­ни­ло, па­си­шта, шу­ма, из­во­ри. Дру­га­та стра­на е кон Дрим. От­та­му е су­во и пе­кол­но, со го­ли ри­до­ви. Ние сме бо­га­ти со шу­ма. Се­ко­ја го­ди­на за Ве­ли­пе­ток се оде­ше та­му, по­по­ви­те ја кр­стат во­да­та, се пра­веа из­ле­ти. Из­во­ри­те е „Све­та Пе­тка“. Се­ла­ни­те ја пра­веа со го­ди­ни, ка­ко што мо­жеа. Не­ма­ше ни стру­ја. Та­му фа­ќа­ат го­ле­ми сне­го­ви. До два-три ме­три. И ни се ури­ва­ше цр­ква­та. Ко­га дој­де пом­ла­да­та ге­не­ра­ци­ја, по­моќ­ни, ре­коа ќе го на­пра­ви­ме да би­де гор­дост – рас­ка­жу­ва де­до Бла­жо.

По па­тот од цр­ква­та кон вр­вот на пла­ни­на­та се на­о­ѓа­ат ба­чи­ла­та. Та­му се пра­ви вкус­но­то гар­ско си­ре­ње. Ов­де мо­же да про­ба­те и леб пе­чен под сач, ка­ко и ов­чо мле­ко.

Reportaza100-7

Ре­ста­вра­ци­ја на ста­ри­те ку­ќи

Од стра­на на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра е изра­бо­те­на сту­ди­ја за еко­ном­ска оправ­да­ност за ре­ви­та­ли­за­ци­ја на ова ми­јач­ко се­ло. Сту­ди­ја­та пред­ви­ду­ва ре­ста­вра­ци­ја на по­стој­ни­те ку­ќи со тра­ди­ци­о­нал­ни­те ма­те­ри­ја­ли, ар­хи­те­кту­ра и тех­ни­ки на ста­ри­те мај­сто­ри.

Пред­ви­де­но е да се ин­ве­сти­ра и во но­ви со­др­жи­ни што ќе го под­др­жат сел­ски­от ту­ри­зам, ка­ко што се: сме­сту­вач­ки и уго­сти­тел­ски ка­па­ци­те­ти, ин­фо­зо­ни, из­лож­бен про­стор, уре­ду­ва­ње на про­сто­рот во цен­та­рот на се­ло­то, ре­ви­та­ли­за­ци­ја на цр­ква­та „Св. Бо­го­ро­ди­ца“ и ор­га­ни­зи­ра­ње лет­на шко­ла за ар­хи­те­ктон­ска кон­зер­ва­ци­ја на тра­ди­ци­о­нал­ни­те ку­ќи.

Се­ла­ни­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка по­ра­но има­ло 25.000-30.000 ов­ци, се пра­вел нај­у­ба­ви­от ка­шка­вал, со ми­риз­ба што се ши­ре­ла низ це­ло­то се­ло. Ка­шка­ва­лот за­вр­шу­вал на аме­ри­кан­ски­от па­зар.

Ова е са­мо дел од тоа што мо­же да се ви­ди во Га­ри и да се слуш­не од не­го­ви­те се­ла­ни. Ве­ќе две го­ди­ни во се­ло­то по­стои ви­ла во ко­ја мо­же­те да прес­пи­е­те, да ја­де­те вкус­на тра­ди­ци­о­нал­на хра­на, да про­ба­те гар­ска па­стрм­ка. Оста­ну­ва са­мо да го по­се­ти­те се­ло­то и да ја по­чув­ству­ва­те уба­ви­на­та, ко­ја не се опи­шу­ва. И, се­ка­ко, да го пос­лу­ша­те де­до Бла­жо – оста­ве­те го лап­то­пот, до­жи­веј­те ја пла­ни­на­та.

 

(Пишува: Билјана Зафирова

http://republika.mk/?p=297379



Replies:
Posted By: jyvation
Date Posted: 10-Aug-2014 at 12:00
Скопско село само со двајца постојани жители

Тодор Велковски, 89-годишен старец, и 50-годишниот Тихомир Тодоровски се единствените постојани жители на село Говрлево.



Селото, познато поради многуте стари цркви во околината и по прастарата скулптура Адам од Говрлево, е оддалечено 30-ина километри од Скопје. Припаѓа на Општина Сопиште, изборна единица број 1 и е единственото село во Скопско со ваков куриозитет - да има само двајца постојани жители, кои му пркосат на модерното време и не посакале да се иселат од родното место за да заминат в град, пишув Дневник.
Дедо Тоде, поради проблеми со здравјето и годините што го нагазиле, а и слабиот вид и слух, годинава не го остварил своето избирачко право, раскажаа неговите внуци, кои зиме го чуваат во населбата Kисела Вода, а Тихомир, како што самиот ни кажа, гласал. Единствените жители на Говрлево не ги најдовме во селото, туку ги баравме низ градот - дедо Тоде беше кај синовите во Kисела Вода, а Тихомир на работното место во Пинтија.

Дедо Тоде, како што вели, никогаш не би ја напуштил својата куќа, но сега е во години, а имал и операција, па синовите го зеле да го почуваат. Го најдовме на тераса, седнат на стол, со ќебе преку нозете и со поглед во далечина, кон Сонцето. Слуша, но не толку добро, па во негово име зборуваше еден од внуците. Едното око му е затворено, имал неуспешна операција на катаракта, а на другото гледа само сенки. Но, и покрај тоа, месецов инсистирал да оди да си поседи во Говрлево. Го прашавме кој ќе го чува, а внукот ни рече „самиот ќе се чува“. Таква му била желбата, тоа го правел и претходно.

- Не гледа, но сам си нареди пластични шишиња во дворот, од кои направи една патека, и така се движи. Сонцето прави отсјај и така гледа силна светлина. Не готви, јаде малку, само чорбесто, а најважно му е дента да има млеко. Сака сам да си седи, но секако за него ќе се грижат соседите. Потоа пак ќе го земеме - вели внукот.

Дедо Тоде е роден во 1925 година во Говрлево, на 7 јануари, на Божик. Сопругата му починала пред десетина години и оттогаш е сам. Додуша и сака да биде сам, вели внукот, самиот си мисли дека ни додева и никако да го убедиме во спротивното. Во Втората светска војна се борел во партизани и бил погоден со куршум во рамото. Оттогаш зема боречка пензија, а цел живот е земјоделец.

Тихомир Тодоровски е помлад, но и тој како дедо Тоде, сам живее во селото. За разлика од старецот, кој повремено е во градот, Тихо живее во Говрлево, а работи во Скопје. Тоа го чини многу изгубено време во патување. Секој ден оди 20 минути пеш до автобуската станица среде Говрлево, а потоа со автобус до Пинтија.

- Немам постојана работа, но нешто подработувам во автомеханичарски салон кај мој роднина - раскажува тој.

Не е пречека на работното место со еден автомеханичарски клуч во рацете и во работничко одело. Го прашавме дали некогаш добива желба да се иссели од селото, а тој вели „не“. И покрај сите недостатоци, како, на пример, слабата струја и проблемот со водата.

- Ова време во селото има луѓе, но тоа се претежно викендаши, луѓе што повремено доаѓаат, одгледуваат земјоделски култури, се одмораат на чистиот воздух, а потоа пак се симнуваат во градот - вели Тодоровски.

На последните избори го остварил своето избирачко право, но долу, во Горно Соње, со тамошните жители. Не било отворано посебно избирачко место во Говрлево, за само двајцата гласачи, последните говрлевци.
Недостатокот од чиста вода за пиење и за наводнување, недостигот од улично осветление, како и слабата струја, која е монофазна, се главните причини што жителите од Говрлево изминативе децении го напуштија селото, до кое има асфалтен пат. За ова ни раскажаа викендашите, кои со години доаѓаат таму. Некои од нив се родени во ова место, а се иселени во Скопје, други тука купиле или направиле викендички за одмор.

Некои од тие што вчера ги најдовме во Говрлево се пожалија дека локалната власт не вложува многу и е време да почне да го прави тоа, особено што во месноста се гради и нов манастир „Свети Илија“, за чиј празник на 2 август доаѓаат и до 5.000 посетители. Недостатокот од вода прави проблеми при одгледувањето на градинарските култури, а поради тоа е тешко и да се чува стока. Затоа ретко се занимава со тоа, а ако се нафатат, собираат дождовница или копаат бунари, но вода наоѓаат дури по 20 метри длабочина.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/78775386/skopsko-selo-samo-so-dvajca-postojani-ziteli - http://www.skopjeinfo.mk/gradot/78775386/skopsko-selo-samo-so-dvajca-postojani-ziteli


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Aug-2014 at 19:47
Ќафа,село кое е голема надморска височина,можеби во највисоките во Македонија.Постојани жители нема,има само повремени посети на отселени претежно во Гостивар,Кичево и нормално во странство.

Населението е албанско,а самото име кажува дека на тоа место на времето било некаква граница(Кафа Сан,Ќафа Боте,...Ќафа).

Се наоѓа на следната локација:

41.657218, 21.023487

Селото административно припаѓа на Гостивар,но во некои сегменти се управува од Кичево(ЕВН).

Овој дел сега заживе благодарејќи на убавиот ресторан кој се наоѓа на самиот врв од планината.Се оди преку локалниот пат за РЕК Осломеј,па Жубрино,Поповјани,Јагол,Бериково и од Бериково до Ќафа е шумски неасфалторан пат од 3.1 км.

Од селото има прекрасен поглед према Кичево и према Падалишта(големиот железнички тунел)

https://flic.kr/p/oELjKi">
https://flic.kr/p/oELjg2">
https://flic.kr/p/oogzkQ">
https://flic.kr/p/oEuLz2">
https://flic.kr/p/oogyNN">
https://flic.kr/p/oogyzb">
https://flic.kr/p/oCJwAE">
https://flic.kr/p/oCJx4o">
https://flic.kr/p/oogVhS">
https://flic.kr/p/oogwj9">


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Aug-2014 at 19:55
Ресторанот на врвот на превојот(снабдувањето со електрична енергија е исклучиво преку соларни колектори):

https://flic.kr/p/oGwboH">
https://flic.kr/p/oEuKj6">
https://flic.kr/p/oogJt8">
https://flic.kr/p/oohjKc">
https://flic.kr/p/oohjhP">
https://flic.kr/p/oExKZS">
https://flic.kr/p/oGwcRx">


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Aug-2014 at 19:57
А каков поглед има од ова село се гледа од следнава слика на која се гледаат РЕК Осломеј(крајно десно),Србица,Аранќел,Премка..

https://flic.kr/p/oCLff9">

некои слики се сликани со апарат ,некои со мобилен


Posted By: ehrlich
Date Posted: 10-Aug-2014 at 20:30
Секогаш ми е интересно кога прв пат ќе чујам за села во Македонија. Одлична местоположба има селото. Инаку, мала исправка, сепак селото си се наоѓа во Општина Кичево, а до 2013 година во Општина Осломеј.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%8C%D0%B0%D1%84%D0%B0 - На Википедија има и карта со селата на поранешната Општина Осломеј


Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Aug-2014 at 20:41
надлежностите се помешани,дел ги има Гостивар,дел Кичево,слично како Лисичани кај општина Пласница


Posted By: kultuzin
Date Posted: 11-Aug-2014 at 23:46
ЗАЕДНО СО ДЕДО БИНО УМРЕ И МАРИОВСКИ БРНИК



Што не сторивме да го донесеме во градот, за да биде поблиску до нас, а и животот да му биде побезбеден. Дури ни свирепото убиство што го стори кумановец врз жена од селото за пари, не го набрка. Во Битола купи стан, но никогаш не се пресели. Ни велеше „селото ќе ми даде сто години живот“. Вака членовите од семејството раскажуваат за Бино Стојановски, последниот жител на мариовското село Брник. Тој беше бастионот за ова село кое пред еден век имало над 200 луѓе, а по неговата смрт остана без ниеден жител. Стојановски не ја доживеа стотката, почина на 91 година. Последните десет години живееше осаменички живот во селото, без друга човечка душа, придружуван само од стоката, освен во викенди кога го посетувале роднините.

- Чудно е што најголемата љубов во животот ја имаше кон селото во кое не беше ни роден. Беше од прилепско Полчишта, но даден како ранениче во Брник на 10 години. Го привлекуваше природата таму. Во градот му пречеше бучавата, загадениот воздухот. Го убедувавме да дојде. Луѓето ме сретнуваа и ми велеа „зошто не си го земиш таткo ти?“. Им одговарав, ако можеш ти да го наговориш да дојди, веднаш ќе го земам - раскажува ќерката Менка Стојанова.

Роднините ќе го паметат како храбар и вреден човек. За време на Втората светска војна бил партизан, а потоа еден од најпосветените кога се правеле колективите во Мариовско. Работел во „Водостопанство“, а по пензионирањето одгледувал стока. Трипати ги намалувал овците продавајќи ги, зашто бил во години и не можел да ги одгледува сите. На крајот ги продал, купил кози, па кокошки и непосредно пред да почине и живината ја дал во соседното село Рапеш.

- Беше многу вреден. Kога го посетувавме, јагнето ќе ни го испечеше, а тој заминуваше со стоката. Не смееше таа да биде гладна. Раскажуваше дека кога умрел татко му млад, му дале наследство од десет овци и тој ги донел во Брник. Пред да почини повторно ги продаде во Полчишта. Рече „ги вратив овците од каде што ги донесов“ - раскажува внуката Бојана Петровска.

Живеел во село до кое не води асфалтен пат, во кое нема ни вода ни струја. На 90 години пеш минувал по четири километри за да стигне до Рапеш по храна, меѓу живи луѓе или за да гласа на избори.

- Државата не му ја исполни животната желба, селото да добие струја. За таа работа трчаше по дистрибуција, по општини. Немаше ни телевизија, а што е најиронично години му доаѓаа сметки за да плаќа радиодифузна такса. На крајот му ја укинаа откако се разболе - вели зетот за ќерката, Никола Стојанов.

Пред да почине собрал 30 килограми брнички смокви, а истиот ден кога се разболел, за последен пат ги изорал нивите. Вечерта му се слошило и им јавил на блиските во Битола. Починал од мозочен удар.

За да не се заборави ова мариовско село, историчарите Никола Миновски и Владо Темелковски објавија книга „Село Брник без брничани“. Во неа е запишано дека селото што се споменува како постојна населба уште во турските тефтери од 1570 година сега е без жители.

- Со Бино се договоривме дека кога ќе почине, ќе напишеме напис во весник дека замина последниот бастион на селото. Тоа е село со здрава и еколошки чиста околина, пространи тревни пасишта, за жал, денес неискористени, разновидни шумски плодови, печурки, погодни услови за лов на диви животни. Тоа е село од каде што потекнувал војводата Трајко Kрало, десна рака на војводите Димче Могилчето и Јон Пашата - напишале во книгата.

Kако природна реткост се споменува Брничкиот Водопад од кој водата слободно паѓа од 18 метри височина, но во убавината, мирот и спокојството веќе нема кој да ужива. Ова е една од десетината мариовски села што згаснаа во Битолско.

Жанета Здравковска
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6C9BA6F6611D5E40B45CC2478EEC6889


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Aug-2014 at 12:05
село Ума, Гевгелиско

[tube]4UNlNbMeu7E[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 18-Aug-2014 at 22:54
[tube]vdj11w-8cJc[/tube]


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Sep-2014 at 07:54
Брајчино















brajcino.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Sep-2014 at 07:54














brajcino.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Sep-2014 at 07:56














brajcino.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Sep-2014 at 07:58














brajcino.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Sep-2014 at 08:01














brajcino.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Sep-2014 at 08:04




brajcino.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Sep-2014 at 16:25
убаво место


Posted By: kultuzin
Date Posted: 17-Sep-2014 at 01:46

Во селото со пет музеи

http://balkon3.com/tr/balkon3-bes-muzeli-koyun-ziyaretinde/ - TR http://balkon3.com/gr/?p=3135 - GR http://balkon3.com/al/fshati-me-pese-muze/ - AL http://balkon3.com/en/the-historic-village-and-the-five-museums/ - EN

Скопје има осум музеи, Охрид четири, Битола два, а повеќето помали градови по еден. Но едно мало село од 200-300 жители, затскриено меѓу планините во централниот дел на Македонија, има дури пет. Горно Врановци е познатото село-музеј, со многу повеќе историја отколку што може да се очекува од еден таков изолиран крај. Но токму тоа била неговата предност во историјата што го направила славно.

vranovci

Во еден момент од историјата, во Втората светска војна, ова мало селце на некој начин било главниот град на Македонија. Партизаните се бореле против неспоредливо помоќните окупаторски сили. Но имале добра стратегија, создале голема слободна територија во непристапните планински краишта во централниот и во западниот дел на Македонија. Таа територија, како и целата борба, се раководела од Горно Врановци. Тука бил Президиумот на АСНОМ, значи државното собрание, Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, која била еден вид влада, Главниот штаб на НОБ, како денешен генералштаб, и ОЗНА, разузнавачката служба.

vranovci%201

По конечното ослободување, сите тие институции се префрлиле во Скопје и таму функционирале. Но куќите во Горно Врановци, каде што биле сместени, денес се нивни спомен-музеи. Заштитени и одржани, го чуваат споменот на таа борба.

vranovci%202 vranovci%203

Музеите се мали, сите имаат по една-две соби, главно полни со стари документи или копии, големи фотографии од славното борбено минато и понекое парче оружје што го користеле партизаните. На нив точно може да се види колку било тешко, на пример по фотографијата од тројца партизани, сите облечени во различни униформи, кој каква успеал да најде. Но имало и интересни моменти, како тој кога готвачот со црпалката в рака застанал да се слика до борците со пушки.

vranovci%204 vranovci%205

Петтиот музеј е поинаков. Тоа е печатницата во која бил испечатен првиот број на дневниот весник „Нова Македонија“. Внатре е печатарската машина тешка еден тон, која партизаните кришум ја носеле в раце од Скопје до таму, преку планини и долини.

vranovci%206

Во соседната соба може да се види и како се сложувале страниците за печатење, буква по буква. Тоа што денес се прави за неколку минути на компјутер тогаш било макотрпна работа. „Нова Македонија“ веќе не е ниту партизански ниту државен весник, но се` уште излегува, како најстар во Македонија и еден од најстарите на Балканот, со 69 години. Членовите на нејзината редакција секој октомври го посетуваат музејот, по повод годишнината од првиот број на 29 октомври 1944 година.
vranovci%207

Шестиот музеј е спектакуларен. Но нели беа само пет? Да, но шестиот не е спомен-куќа важна поради историските настани од Втората светска војна, туку е милиони години постар. Тоа е природата околу Горно Врановци. Малата Врановска река во ова осојничаво место создава толку влага што камењата и корите од дрвјата се прекриени со мов.

vranovci%20priroda vranovci%20priroda%202

Волшебна зелена земја како од „Господарот на прстените“. Водата се пробива низ камења, карпи, паднати стебла, а со секој чекор љубопитноста расте за тоа што има зад следниот мал водопад. Во природата, со малку среќа, ќе се сретнете и со некои од нејзините жители. Малите гуштери веројатно ќе бидат порасположени да позираат пред вашиот фотоапарат, но верверичките ќе ги снема за неколку секунди.

vranovci%20guster

Низ Горно Врановци не прошетаа две момчиња што веќе се иселиле од таму во Горно Јаболчиште. Велат, има се помалку жители во ова село. Иако е оддалечено по триесетина километри од Скопје, Прилеп и од Велес, до него може да се стигне само преку Велес по тесен планински пат. И покрај тоа што е единствено со толку многу атракции, тешко се наметнува како туристичка дестинација. Дури ни за викенди.

vranovci%20cover

Особено во последнава деценија, откога не работи хотелот „Врановци“. Изграден во 1986 година, дваесетина години ги пречекувал велешките работници од јавните претпријатија и многу други гости. Веќе не е отворен поради судските спорови околу сопственоста. Како секој друг хотел што одамна го испратил својот последен гостин, и овој сега изгледа како сцена од филмот „Сјаење“ на Стенли Кјубрик.

vranovci%209

Стар, затворен, напуштен, тивок. Толку тивок што речиси може да се слушнат звуците од минатото, од гостите на големата тераса со поглед на реката или од оние во собите со прозорци завтрени кон планинските врвови. Но се слуша само ветрот, шумот на реката и минатото. Затоа што сегашност таму нема.

Гоце Трпковски

http://balkon3.com/vo-seloto-so-pet-muzei-2/



Posted By: martind
Date Posted: 17-Sep-2014 at 07:53
Ете, во минатото и селскиот туризам бил развиен во МК.


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Oct-2014 at 11:49
[TUBE]3k6RBnL6A1Q[/TUBE]


Posted By: jyvation
Date Posted: 10-Nov-2014 at 13:16
Галичник



Posted By: jyvation
Date Posted: 15-Dec-2014 at 21:34


Народни носии од Галичник







Posted By: jyvation
Date Posted: 15-Dec-2014 at 21:35


Posted By: genevica
Date Posted: 15-Dec-2014 at 21:49
Ocigledno ne si videl galicka nosija i galicki tip na lugje.

-------------
mijacite osnova na makedonizmot


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Dec-2014 at 08:15
ТАРИНЦИ ПОМЕЃУ УБАВИНАТА И БЕГСТВОТО НА МЛАДИТЕ



Селото е распнато помеѓу две крајности: добрата инфраструктурна уреденост и се' поголемиот број млади што си ја бараат иднината во странство

Иван Бојаџиски

Штип – Таринци е едно од најголемите села во источна Македонија. Се наоѓа во општина Карбинци, на само десетина километри од Штип. Селото е распнато помеѓу две крајности: се' подобрата инфраструктурна уреденост и се' поголемиот број млади што си ја бараат иднината во странство. Третиот елемент во приказната за ова село е во големиот број млади кои не се решаваат да формираат семејство. Причината е една: без работа и без пари, семејство не се издржува.

„Селото, во однос на инфраструктурата, е одлично уредено. Имаме водовод, канализација, парк, сега се гради детска градинка, плоштад со мал парк, асфалтирани се речиси сите улици... Но тоа за нас младите не е доволно. Бидејќи нема работа, сите си ја бараат среќата во странство. Над триесетина млади последниве години заминаа во европски држави, и тоа сите со бугарски пасоши. Тоа е најголемата болка, младите луѓе, поради тоа што не можат да најдат работа, не се решаваат да формираат семејства, па има многу стари моми и ергени“, вели Дарко.

Неговите зборови ги потврдува неговиот другар, 33-годишниот Славчо. „Нема шанси да се женам бидејќи не можам да си обезбедам живот ниту за себе, а не и други да земам на душа. А излезот се чини дека е скопскиот аеродром и некаде во Европа. Јас работам на тоа, малку време бев и во Германија, ама јазикот ми беше пречка, инаку таму работа има за секој што сака чесно да работи и да заработи“, вели Славчо.

„Како човек да се жени кога нема работа, затоа сите заминуваат во странство. Во последните години над триесетина заминаа со бугарски пасоши“, велат Дарко, Орце и Славчо

Орце држи продавница за прехранбени производи. „Оваа продавница храни седум усти зашто моите родители се стечајци. Не стасува за се' што ни е потребно за нормален живот, но некако се живее“, вели Орце.

Никој не може да каже точно колкав е бројот на стари моми и ергени во селото кои не сакаат да формираат семејство, но сите тврдат дека е голем.

Гордана е млада наставничка во подрачното училиште во Калузлија. Таа вели дека во Таринци е убаво да се живее, но е загрижена поради фактот дека во селата со доминантно македонско население се намалува бројот на децата, за разлика од селата во кои доминира турското (јуручко) население. Во селото недостига медицински персонал, не е доволно да имаме доктор што ќе доаѓа само еднаш во неделата, ќе препише лек, а за него треба да се оди во Штип бидејќи тука нема аптека, иако селото има над илјада жители.

Сања, која има 21 година, работи во убаво уредена продавница. Вели дека женскиот свет има поголеми проблеми од машкиот. „На Таринци му фали барем едно кафуле за да има каде и ние младите да излеземе навечер, да се дружиме. Пензионерите имаат пензионерски клуб, мажите имаат спортски терени и може да седнат пред некоја продавница или во флиперницата“, вели Сања.

Најголема знаменитост во селото е познатата Турска кула, која се наоѓа на самиот негов влез. Но и таа е во распаѓање бидејќи никој не се грижи за неа, иако е надалеку позната. На влезот од селото се гради нова детска градинка, но, ако трендот на заминување на младите од Таринци продолжи, тогаш и тоа може да се покаже како промашена инвестиција. Сепак, сите во селото велат дека е добро што се гради градинката.

Јордан Трајков е пензионер. За да не му мине денот џабе, работи на 4,5 декари плодни ниви, кои му биле вратени со денационализација. Нему животот во Таринци му е убав.

„Преку ден сум на нива, приквечер со друштво во пензионерскиот клуб. Имаме се' што ни треба во селото, но лично сум загрижен за големиот број стари моми и ергени што ги имаме. Традиција во нашето село било да се склучуваат бракови на млади години, но сега не го гледам тоа. Тоа е проблем што мора да се решава. Факт е дека младите немаат работа и не сакаат да преземат одговорност и да создадат семејство. Нам ни треба уште една фабрика, една веќе имаме, за чевли. Така ќе се надмине овој голем проблем“, вели Трајков.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0B4CC9C5D44DEE429B9CCD997AE882CE - http://www.utrinski.mk/?ItemID=0B4CC9C5D44DEE429B9CCD997AE882CE

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Dec-2014 at 08:16
Село Панчарево, делчевско



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Dec-2014 at 08:17
Тврдината и селото Град, делчевско





селото





-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 17-Jan-2015 at 15:11
село Велмеј во Општина Дебарца

[TUBE]uyXhADLehco[/TUBE]


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Feb-2015 at 18:31
VILLAGE KURATICA AERIAL PANORAMA

http://ohrid360.com/listing/village-kuratica-aerial-panorama/ - http://ohrid360.com/listing/village-kuratica-aerial-panorama/


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Feb-2015 at 18:34
VILLAGE KURATICA GROUND PANORAMA

http://ohrid360.com/listing/village-kuratica-ground-panorama/ - http://ohrid360.com/listing/village-kuratica-ground-panorama/


Posted By: phenomenon
Date Posted: 11-Feb-2015 at 12:48
Како се води грижа за селата во Македонија

Павлешенци

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1909&stID=5605 - http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1909&stID=5605

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 11-Feb-2015 at 13:13
Како се води грижа за селата во Македонија

Коњух

http://www.konjuh.mk/ - http://www.konjuh.mk/

- с.Коњух и околината се непознати за посетителите и
туроператорите;
- единствениот асфалтиран пат до с.Коњух води од Кратово, но
истиот нема никакви патокази кои упатуваат
кон археолошкиот локалитет или селото;
- нема автобуски превоз до селото;
- единствената врска со регионалниот пат Куманово - Крива
Паланка е необележан земјен пат кој е во лоша
состојба;
- нема сместувачки капацитети и др.услови за развој на селски
туризам во с.Коњух;
- нема продавница поблиску од 6 км од селото;


Неодамна се асфалтира и патот од Коњух до Бељаковце. Сега Коњух е поврзан и од страна на Кратово со асфалтен пат преку Шопско Рударе и од страна на Куманово со асфалтен пат преку Бељаковце и Клечовце. Но и од двете страни нема никакви патокази кои укажуваат на археолошките локалитети во селото, ниту пак до селото има автобуска линија. Најблиското село поврзано со автобус е Бељаковце и последната автобуска постојка е оддалечена околу 4 километри од локалитетот Градиште и 7 километри од Цоцев Камен.

Во селото нема ни водoвод!

[tube]Qth23LCB3pk[/tube]


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 12-Feb-2015 at 21:22
Како се води грижа за селата во Македонија

Проевце

http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1222 - http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1222

http://www.kariera.mk/viewnews/7598263560583680419/kumanovska-banja-postoi-samo-na-geografska-karta - http://www.kariera.mk/viewnews/7598263560583680419/kumanovska-banja-postoi-samo-na-geografska-karta

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Kid_A
Date Posted: 12-Feb-2015 at 21:33
Originally posted by phenomenon

Како се води грижа за селата во Македонија

Проевце

http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1222 - http://www.igeografija.mk/Portal/?p=1222

http://www.kariera.mk/viewnews/7598263560583680419/kumanovska-banja-postoi-samo-na-geografska-karta - http://www.kariera.mk/viewnews/7598263560583680419/kumanovska-banja-postoi-samo-na-geografska-karta


Сум бил 2-3 пати во Стара бања во ресторанот и летната бавча. Убаво место и има огромен потенцијал да прерасне во туристичко-рекреативен центар, но што е проблемот тоа не знам. Огромен парк и зеленило, стара бања, минерална вода, хотел со огромен паркинг + базен, блиску до градот е. Ги има сите услови да прерасне во модерно и уредено место за рекреација, а богами и многу туристи.

Од тоа што го знам тоа место е дувло на проститутки, ноќни секс сеанси, нечиста река, запустен парк, хотел и базен.


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Feb-2015 at 10:27
Сместено во подножјето на планината Китка од скопската страна спие селото Долно Количани. Животот во мирна идила често привлекува авантуристи кои решаваат да преноќат во селото пред да продолжат понатаму со патување. Околината нуди прекрасна недопрена природа и чист планински воздух кој не се наоѓа во градот.

[tube]9wt5UozDYz8[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: phenomenon
Date Posted: 10-Mar-2015 at 11:34
Цели села во нагоричанско се отсечени од живот – ЈП Македонија Пат нема пари за расчистување

http://kumanovskimuabeti.mk/tseli-sela-vo-nagorichansko-se-otsecheni-od-zhivot-jp-makedonija-pat-nema-pari-za-raschistuvan-e/ - http://kumanovskimuabeti.mk/tseli-sela-vo-nagorichansko-se-otsecheni-od-zhivot-jp-makedonija-pat-nema-pari-za-raschistuvan-e/

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Mar-2015 at 09:50
Ростуша (или Ростуше)



















-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Mar-2015 at 15:29
Најубавиот водопад во Македонија заедно со Корабскиот


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Mar-2015 at 20:05
Село Димонце, кратовско

https://flic.kr/p/qUbwUK"> https://flic.kr/p/qUbwUK - Dimonce Village by https://www.flickr.com/people/76454523@N00/ - rante_to4ak , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-May-2015 at 12:46
Село Сачево, струмичко



фото: jonassundberg.zenfolio.com

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Kid_A
Date Posted: 07-May-2015 at 13:03
За жал селата населени со македонско население многу одамна веќе се иселени и напуштени за разлика од албанските и турските каде што има млад свет, училишта, свадби, деца, нови куќи.

Ние сите сакаме во Аеродром и Кисела Вода да живееме во гулубарниците таму.


Posted By: jyvation
Date Posted: 07-May-2015 at 13:15
Кој се тие сите? Еве на пример јас несакам


Posted By: Kid_A
Date Posted: 14-May-2015 at 14:52
Originally posted by jyvation

Кој се тие сите? Еве на пример јас несакам


Ти можеби не, али мнозинството да. Селата со македонско население се празни и пусти со децении. Цената со урбанизмот е платена. Менталитетот на македонскиот народ е катастрофа.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 14-May-2015 at 16:13
Originally posted by Kid_A

Ти можеби не, али мнозинството да. Селата со македонско население се празни и пусти со децении. Цената со урбанизмот е платена. Менталитетот на македонскиот народ е катастрофа.


Слушнете го Бугаринот од 14:20 какви биле селата во Северозападна Бугарија и што нуделе на своите жители, па сепак се испустиле, и споредете со тоа што го нуделе/нудат нашите села во кои нема ни продавница.

[tube]vxcVLl3rJcU[/tube]

Во селата во Северозпадна Бугарија имало училиште, читалиште, кино, детска градинка, фудбалско игралиште и улично осветлување!



-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 14-May-2015 at 21:06
Еве да го земеме за пример селото Говежда. Се наоѓа во областа Монтана и заедно со областите Видин и Лом припаѓа на официјално најсиромашниот регион во Европската Унија - бугарскиот рурален северозапад, каде што депопулацијата е многу драстично изразена. Селото во 2015 имало 443 жители. Се простира на двете страни на реката Огоста, при што двата дела се поврзани со 2 бетонски и 2 висечки моста. Во селото имало средно училиште до 12-ти клас (сега е затворено) и детска градинака (исто така сега затворена). Има асфалтирани улици со тротоари, улично осветление, контејнери и канти за отпадоци(провери на Google Street View).

Знаете ли кои работи од тие што ги има Говежда ги има село во Македонија со сличен број на жители?


Центарот на селото:


Главниот пат во селото:


Селското училиште:


Селската градинка:


Детско игралиште:


-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Kid_A
Date Posted: 15-May-2015 at 03:52
Originally posted by phenomenon

Еве да го земеме за пример селото Говежда. Се наоѓа во областа Монтана и заедно со областите Видин и Лом припаѓа на официјално најсиромашниот регион во Европската Унија - бугарскиот рурален северозапад, каде што депопулацијата е многу драстично изразена. Селото во 2015 имало 443 жители. Се простира на двете страни на реката Огоста, при што двата дела се поврзани со 2 бетонски и 2 висечки моста. Во селото имало средно училиште до 12-ти клас (сега е затворено) и детска градинака (исто така сега затворена). Има асфалтирани улици со тротоари, улично осветление, контејнери и канти за отпадоци(провери на Google Street View).

Знаете ли кои работи од тие што ги има Говежда ги има село во Македонија со сличен број на жители?


Центарот на селото:


Главниот пат во селото:


Селското училиште:


Селската градинка:


Детско игралиште:


Во Бугарија пола градови изгледаат како да паднала атомска бомба или да удрило цунами со тие километарски запуштени комунистички блокови. Селата им се уште полоши.

Какви услови да градиш во македонски села кога тие се празни со децении повеќето? За кого да градиш? Еве земи ги за пример селата со албанска и турска популација како може тие да се живи села, а нашите мртви? Сепак се е во главата, менталитетот и воспитувањето. Ние се начукавме како сардини во 60м2 станови и администрација работа што е еквивалент на умствено затупувување, а знаеме дека градска средина секогаш носи слаб наталитет и многу други аномалии.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 15-May-2015 at 09:38
Originally posted by Kid_A

Какви услови да градиш во македонски села кога тие се празни со децении повеќето? За кого да градиш?


Kaко за кого? Еве јас ќе ти дадам три примери каде има прилична концентрација на селско население, кадешто не е вложено речиси ништо во инфраструктурата.

1) Агино Село и Брзак. Во овие две села живеат преку 1000 жители. Немаат асфлтиран, па дури ниту тампониран пат и спрема Дељадровце и спрема Романовце. Дури и приклучокот кон автопат им е со земјен пат. Нема канализација,а во Брзак нема ни водовод ни улчично осветлување.

http://www.kumanovonews.com/vesti/agino-selo-i-brzak-so-seriozni-infrastrukturni-problemi - http://www.kumanovonews.com/vesti/agino-selo-i-brzak-so-seriozni-infrastrukturni-problemi

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=26194 - http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=26194

http://www.makdenes.org/content/article/26708429.html - http://www.makdenes.org/content/article/26708429.html

2) Пчиња и Студена Бара. Во овие две села живеат преку 1100 жители. Познати се по земјоделство и раноградинарско производство. Во нивна близина, надвор од секоја логика, се наоѓа градската депонија. Со асфалтен пат се поврзани само спрема Куманово. Спрема скопската страна, иако Студена Бара е оддалечена само 3 километри од Дељадровце и 5 километри од Горно Коњари не е поврзана сообраќајно, туку само со колски патишта кои се во многу лоша состојба. Немаат канализација, ни контејнери ни канти за отпадоци. Кон Куманово имаат комбе само 7 пати во текот на денот.

http://www.makdenes.org/content/article/24614652.html - http://www.makdenes.org/content/article/24614652.html

3) Селата Ранковце, Опила, Љубинци, Гиновци, Петралица и Псача. Во овие села живеат преку 3000 жители. Се наоѓаат едно покрај друго на меѓународниот пат Куманово - Софија во рамничарскиот регион Славишко Поле. Никој досега не нашол за потребно да им се изгради на овие луѓе или паралелен пат покрај меѓународниот или да им се направи некоја пешачка патека или тротоар бидејќи мора да се движат покрај меѓународниот пат изложувајќи ги своите животи на постојана опасност, бидејќи не постои друг алтернативен пат помеѓу овие соседни села. Никој не нашол за потребно да постави контејнери и канти за отпадоци во овие села. Eве каде мора да се движат жителите на овие села:




-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Kid_A
Date Posted: 15-May-2015 at 11:01
Originally posted by phenomenon

Originally posted by Kid_A

Какви услови да градиш во македонски села кога тие се празни со децении повеќето? За кого да градиш?


Kaко за кого? Еве јас ќе ти дадам три примери каде има прилична концентрација на селско население, кадешто не е вложено речиси ништо во инфраструктурата.

1) Агино Село и Брзак. Во овие две села живеат преку 1000 жители. Немаат асфлтиран, па дури ниту тампониран пат и спрема Дељадровце и спрема Романовце. Дури и приклучокот кон автопат им е со земјен пат. Нема канализација,а во Брзак нема ни водовод ни улчично осветлување.

http://www.kumanovonews.com/vesti/agino-selo-i-brzak-so-seriozni-infrastrukturni-problemi - http://www.kumanovonews.com/vesti/agino-selo-i-brzak-so-seriozni-infrastrukturni-problemi

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=26194 - http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=26194

http://www.makdenes.org/content/article/26708429.html - http://www.makdenes.org/content/article/26708429.html

2) Пчиња и Студена Бара. Во овие две села живеат преку 1100 жители. Познати се по земјоделство и раноградинарско производство. Во нивна близина, надвор од секоја логика, се наоѓа градската депонија. Со асфалтен пат се поврзани само спрема Куманово. Спрема скопската страна, иако Студена Бара е оддалечена само 3 километри од Дељадровце и 5 километри од Горно Коњари не е поврзана сообраќајно, туку само со колски патишта кои се во многу лоша состојба. Немаат канализација, ни контејнери ни канти за отпадоци. Кон Куманово имаат комбе само 7 пати во текот на денот.

http://www.makdenes.org/content/article/24614652.html - http://www.makdenes.org/content/article/24614652.html

3) Селата Ранковце, Опила, Љубинци, Гиновци, Петралица и Псача. Во овие села живеат преку 3000 жители. Се наоѓаат едно покрај друго на меѓународниот пат Куманово - Софија во рамничарскиот регион Славишко Поле. Никој досега не нашол за потребно да им се изгради на овие луѓе или паралелен пат покрај меѓународниот или да им се направи некоја пешачка патека или тротоар бидејќи мора да се движат покрај меѓународниот пат изложувајќи ги своите животи на постојана опасност, бидејќи не постои друг алтернативен пат помеѓу овие соседни села. Никој не нашол за потребно да постави контејнери и канти за отпадоци во овие села. Eве каде мора да се движат жителите на овие села:





Колку државата вложила во селата со албанска и турска популација, па пак се каде-каде поразвиени од селата со македонска популација?

Нашите села се жив ужас, но и менталитетот ни е жив ужас. Сите сакаат да живеат во гулубарник 60м2, но битно е да се во центар и да му е 5 минути до работа. Затоа денес од потегот на Липково до Струга скоро и да нема село со македонска популација, а од друга страна села со албанска и турска популација стануваат градови. Сложни браќа палат градат


Posted By: jyvation
Date Posted: 03-Jun-2015 at 22:47
[TUBE]watch?v=V_9Mi6ABXz0[/TUBE]


Posted By: jyvation
Date Posted: 13-Jun-2015 at 18:07
Галичник



Posted By: jyvation
Date Posted: 19-Jun-2015 at 19:48
село Вруток



Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Jun-2015 at 21:04
[TUBE]watch?v=znUHTZLy_4g[/TUBE]


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Jun-2015 at 21:07
[TUBE]watch?v=J6BTFz7LH44[/TUBE]


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Jun-2015 at 21:14
село Галичник

















Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Jun-2015 at 21:16


Posted By: kultuzin
Date Posted: 02-Jul-2015 at 17:39
10 Najubavi sela vo Makedonija
http://block.com.mk/10-te-najubavi-sela-vo-makedonija/ - http://block.com.mk/10-te-najubavi-sela-vo-makedonija/


Posted By: jyvation
Date Posted: 08-Jul-2015 at 13:43
село Галичник



Posted By: jyvation
Date Posted: 11-Jul-2015 at 20:39
село Пештани



Posted By: jyvation
Date Posted: 11-Jul-2015 at 20:41




Posted By: jyvation
Date Posted: 20-Jul-2015 at 11:48
село Галичник















Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Jul-2015 at 19:21
Село Скочивир. Населбата се наоѓа на крајниот југоисточен дел на Битолското Поле, на територијата на Општина Новаци. Селото е ридско и лежи на 585 метри надморска височина. Од Битола селото е оддалечено 34 км. Под селото минува Црна Река и нејзиното корито се стеснува, така што веднаш под Скочивир, влегува во клисура.

Од оваа населба се иселил значителен број од населението и таа од средна преминала во мала. Така во 1961 г. Скочивир броел 503 жители, за да во 2008 г. останат само 12 жители. Бројот на иселеници изнесува над 300 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, во прекуокеанските земји и во Европа.

Во селото има црква посветена на Св. Петка (изградена 1860г.) и манастир Св. Архангел Михаил.







Свети Архангел Михаил



фото: mojrodenkraj.com.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Jul-2015 at 19:24
Село Новаци се наоѓа во средишниот дел на Битолското Поле и претставува седиште на истоимената Општина Новаци. Постои легенда според која оваа населба во споредба со околните настанала подоцна, па затоа новодоселените ги викале новаци кое име со текот на времето се пренесло и на населбата.

Селото е расположено на патот којшто води од Битола преку Селечка планина за битолскиот дел на Мариово. Селото е рамничарско, сместено на 578 метри надморска височина. Новаци од Битола е оддалечено 12 км. Новаци е голема и развиена рурална населба, седиште на Општина со позитивен популациски биланс.

Така, во 1961 г. Новаци имало 1048 жители, а во 2002г. имала 1283 жители. Во периодот по 1960-тите години на 20-тиот век започнува нов бран на емиграција. Бројот на емигрираното население од Новаци изнесува над 500 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, Прилеп, во прекуокеанските земји и во Европа.

Во населбата се наоѓа еден манастир и една црква. Црковниот храм посветен е на Св. Атанасиј, а манастирот на Пресвета Богородица. Слава на селото е Св. Атанас.





фото: mojrodenkraj.com.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Kid_A
Date Posted: 23-Jul-2015 at 23:26
Колку убава архитектура има Скочивир. Со малку пари и идеја може да прерасне во етно село и да живне тој крај. Но, секако, во Скопје треба се да се натрупа.



Posted By: jyvation
Date Posted: 03-Aug-2015 at 21:04
село Богомила











Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Aug-2015 at 12:45
село Брајчино



Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Aug-2015 at 21:53




Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Aug-2015 at 14:20
Село Богородица, гевгелиско. Се гледаат и граничниот премин Богородица, хотелот- казино Фламинго, хотелот Рамада Плаза/Принцес и реката Вардар.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 09-Aug-2015 at 22:30
село Брајчино



Posted By: jyvation
Date Posted: 16-Aug-2015 at 21:41




Posted By: jyvation
Date Posted: 16-Aug-2015 at 21:43


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:17
Љубојно, преспанско





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:17














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:18














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:18
Свети Петар и Павле











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:18














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:19














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:19
Свети Атанас















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:19
Свети Јован















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:20














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2015 at 22:20










-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dexter26
Date Posted: 16-Aug-2015 at 23:46
Originally posted by Џоле


 

 
Бесценето е ова со сателитскава чинија, единствено оправдание е локацијата на куќата - во село, бидејќи во спротивно, нешто вакво во централно градско подрачје... Question
 
А што зборувам, доволно е да се видат бараките, ако може да се наречат такви, на краевите на пешачкиот мост помеѓу Аеродром и Керамидница, тие веќе се украсени со сателитски чинии.


Posted By: nenad
Date Posted: 17-Aug-2015 at 13:44
braqjcino i Ljubojno edni od najubavite (skoto) napusteni sela vo Makedonija. Steta, preubavo e tamu

-------------


Posted By: jyvation
Date Posted: 24-Aug-2015 at 15:08
село Љубојно





Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Sep-2015 at 14:12
село Радожда



Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Sep-2015 at 14:14


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Sep-2015 at 14:18
село Битуше



Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Sep-2015 at 14:21
село Велебрдо



Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Sep-2015 at 21:39
Селото Прострање се наоѓа во западниот дал на Република Македонија, во Општина Кичево. Селото е ридско и се наоѓа на 995 метри надморска височина. Прострање од Кичево е оддалечено 24км.

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 560 жители. Во 1961 година броело 295 жители, а во 2002 година - 31 жител.







Свети Никола



извор: http://mojrodenkraj.com.mk/village.php?id=271 - http://mojrodenkraj.com.mk/village.php?id=271

-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Sep-2015 at 22:20
Nad seloto se naogja planina od koja od vrvot možat da se vidat i ohridsko i prespansko ezero, i dobro se dolovuva razlikata vo nadmorskata visina


Posted By: fichot
Date Posted: 08-Sep-2015 at 10:51
Originally posted by jyvation

село Брајчино




Ова е Љубојно! Старата училишна зграда, изгорела во пожар, не знам која година. Можно е кај влезот уште да стои една табла со најава за реконструкција, ама од тоа ништо не бидна.

Со гордост 50% Љубојчанец.
И со срам, ради то шо ниедна фотка не сум закачил.. . Баш спремав една серија од скоро, ама фоткиве од Џоле горедолу покриваат сЕ што имав и ја фотнато.   


Posted By: fichot
Date Posted: 08-Sep-2015 at 12:35
Љубојно.



Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Sep-2015 at 18:34
Стави и твои фотки, нема да бидат на одмет.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 08-Sep-2015 at 20:34
село Радожда



Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Sep-2015 at 20:18
Село Логоварди

Населбата го добила името по стационираниот турски воен логор, каде постепено, за потребите на логорот, се подигнувале куќи, чиишто жители ги опслужувале војниците.

Населбата се наоѓа на источната страна на Битолско Поле, од десната страна на Црна Река. Селото е рамничарско на 578 м.н.в. Логоварди е голема населба со максимален број жители од 1.272 жители, забележан во 1981 г. Оттогаш започнува забрзано популациски да се намалува. Во 2002 г. имало 699 жители. Се проценува дека од населбата емигрирале над 800 лица. Најголем број од населението се иселило во Битола, во Скопје, во прекуокеанските земји и во Европа.

Црквата во селото е Св. Ѓорѓи а селска слава е Ѓурѓовден.













-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 11-Sep-2015 at 22:02
село Говрлево



Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Sep-2015 at 16:44
Село Оптичари, битолско



-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 09-Oct-2015 at 14:25
Селото Јанче од Долнореканскиот крај – архитектура градена по вертикала



Не треба и понатаму да се бараат докази и оправдувања за тоа дека мијачкиот крај е регион од каде се раѓаат врвни мајстори и архитекти. Генијалноста на мијачките мајстори и нивните извонредни градби дури го имаат воодушевено и големиот Ле Корбизје, кој патувајќи низ тој регион, за архитектурата од мијачкиот крај вели дека е една од најимпресивните во тоа време.



Изработена од локални материјали кои можат да се најдат во непосредна близина, кои биле обработени до совршенство од рацете на вештите мајстори, оваа традиционална архитектура и денес ги воодушевува сите оние што ги посетуваат овие села и чија професија или пасија е архитектурата.



Селото Јанче е едно од низата села од Долнореканскиот крај. Toa е едно од најстарите населени места од овие мијачки простори, за кое датираат информации стари повеќе од пет века. Стационирано на стрмните падини на планината Бистра, ова село се наоѓа на надморска височина од 760 метри и од сите страни на селото се надвиснуваат високи планински и карпести врвови кои само ја надополнуваат и така преубавата природа која го опкружува и прекрасниот амбиент.



На теренот кој е со голем пад во ова село, речиси еден врз друг се редат објектите. Гледано од патот Гостивар – Дебар, ова село се надзира над бујното зеленило и како да ѕирка од внатрешноста на планината. Секоја од куќите се „бори“ и го добива својот дел од сонцето. Секоја куќа е добро осончена, добро проветрена и позиционирана. Кога се гледа во селото од дистанца, изгледа како да се развива по вертикала, а не по хоризонтала.



Постојат повеќе „катови“ на кои куќите од ова село се поставени. Генијалноста, која нас нè воодушевува, не е само во поставеноста на објектите, туку во тоа што ова не е урбанистички планирано и уредено место, а истовремено, урбанистички гледано, ги задоволува сите прописи и хумани правила на кои нè учи урбанизмот. Како што и погоре наведовме, секоја од куќите ужива идеални услови од аспект на осонченост, проветреност и пристап до објектот.



Генијалноста на оваа народна архитектура не е само во тоа. Во низата карактеристики кои ја класифицираат оваа архитектура во генијална, се и начинот на изведба и материјалите што биле користени. Овие објекти се градени од природен делкан камен кој овде го има во изобилство. Од камен се градени најчесто долните делови на куќите и општо на сите објекти. Камените блокови кои се наоѓаат на аглите се попрецизно обработувани, додека пак оние од внатрешноста на ѕидните површини се погрубо обработени.







Во калта била мешана и слама, па во ваква комбинација овој материјал е одличен изолатор и од ниските температури во текот на зимата, кои во овој регион знаат да бидат доста сурови, но и од високите летни температури.



Како покривен материјал на објектите од ова село, како и од целиот мијачки регион, се јавуваат камените плочи, кои совршено наредени една врз друга формираат природен пад на водата и без никаков друг изолатор не ѝ дозволуваат на водата да навлезе под покривот во објектот.



Во поново време, последните неколку години, во Јанче заживува изградбата, или реконструкцијата на постоечките стари куќи, на начин на градба со кои се служеле старите мијачки мајстори. Веќе неколку објекти во селото се реконструирани со материјалите кои во минатото биле користени. Вештите раце и на сегашните мајстори, речиси по ништо не заостануваат од мајсторите од познатата Дебарска школа или попрецизно Мијачка школа.



Главниот „виновник“ за ваквиот тренд во Јанче и целокупниот развој и напредок е италијанскиот повратник во ова село Тефик Тефикоски – Туто. Туто инвестирајќи во изградба на хотелски и ресторански капацитети го „оживеа“ ова село кое речиси беше во изумирање, додека пак со своите вешти раце и големото знаење за традиционалниот начин на градба, освен животот во ова село, ги враќа и традицијата и начинот на градење со локални материјали.



Посетата на Јанче, како и на целиот овој регион, може да биде едно позитивно и воодушевувачко искуство. Преубавата природа по течението на реката Радика, густата вегетација, високите планински врвови и, секако, карактеристичната македонска традиционална архитектура се доволни причини кои можат да ве натераат да го посетите овој регион и да уживате во сите убавини кои ги нуди и ги пружа како на дланка. Задоволсвото ќе ви биде загарантирано.









http://www.porta3.mk/seloto-janche-od-dolnorekanskiot-kraj-arhitektura-gradena-po-vertikala/ - http://www.porta3.mk/seloto-janche-od-dolnorekanskiot-kraj-arhitektura-gradena-po-vertikala/


Posted By: gjoko
Date Posted: 09-Oct-2015 at 17:33
многу фален и скап ресторан(на третата слика одназад), но мене не ме бендиса


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Oct-2015 at 22:02
Ле Корбизје бил во Јанче

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: fichot
Date Posted: 10-Oct-2015 at 11:13
Има шетано по Балканот (па мож и низ МК) пред WW1. Познато е дека локалнава архитектура има извршено влијание во неговото творештво.



Print Page | Close Window