Print Page | Close Window

Антички град Скупи - Реставрација

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3088
Printed Date: 24-Apr-2024 at 11:29


Topic: Антички град Скупи - Реставрација
Posted By: Makedonij
Subject: Антички град Скупи - Реставрација
Date Posted: 21-Aug-2014 at 20:19

Римскиот Театар ќе се обнови до 2017

Ќе бидат обновени сценската зграда и околу 10.000 седишта во гледалиштето, со што локалитетот ќе биде осособен за културни манифестации. На терен интензивно се работи под директна надлежност на Музеј на Град Скопје и, според планот, оваа година треба целосно да се истражи амфитеатарот и сценската зграда, кои потоа ќе се реставрираат. Во ископувањата се најдени гробови и значајни наоди

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска го посетија локалитетот, кој е пранаселба на денешниот главен град. Задоволни се од активностите од овој капитален проект на Владата на РМ.

- Римскиот театар беше покриен од големи наноси на земја и истражувањето беше многу сложено. Резултатите се огромни и видливи и, според динамиката и додека дозволуваат временските услови, оваа година ќе се заврши целокупното истражување на Римскиот театар. Интензивно се работеше и на сценската зграда на театарот и во септември ќе се изработи проект за нејзина конзервација, рече Канческа-Милевска.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска го посетија локалитетот, кој е пранаселба на денешниот главен град. Задоволни се од активностите од овој капитален проект на Владата на РМ.

- Римскиот театар беше покриен од големи наноси на земја и истражувањето беше многу сложено. Резултатите се огромни и видливи и, според динамиката и додека дозволуваат временските услови, оваа година ќе се заврши целокупното истражување на Римскиот театар. Интензивно се работеше и на сценската зграда на театарот и во септември ќе се изработи проект за нејзина конзервација, рече Канческа-Милевска.

Скупи е прогласен за споменик на културата и е под надлежност на Музеј на Град Скопје. Директорката на установата Љубица Кондијанова информираше дека се очекува потешко да оди реставрацијата и конзервацијата на гледалиштето, затоа што од автентичните седишта од вториот век зачувани се само две. Тие ќе послужат како примероци кој камен е најсоодветно да се употреби при реконструкцијата.

- Двете седишта се зачувани благодарение на тоа што биле паднати во еден од коридорите, покриени со доста земја. Според наши сознанија, а тоа треба да се потврди, целиот тој материјал е однесен на Скопското кале, каде што се пронајдени исти такви камења. Анализите ќе покажат од кое место е носен каменот овде, и од таму ќе се потрудиме што поавтентично да биде прикажан театарот, а потоа и целиот локалитет. Тоа е и главна цел на нас како археолози, конзерватори и реставратори, истакна Кондијанова.

Покрај истражувањето на објектите на локалитетот, најдени се и артефакти од неколку периоди. Предметите се конзервираат паралелно со истражувањата на терен.

При ископувањата се најдени интересни и значајни наоди. Меѓу нив би ги издвоил праисториските наоди на два гроба од железно време, потоа над 50 гробови од средновековниот период, датирани со монети, над три и пол илјади предмети кои ги инвентариравме, кои се конзервирани и чекаат да бидат изложени пред јавноста, рече Антонио Јакимовски, раководител на истражувањата на Скупи.

Градоначалникот Коце Трајановски се заблагодари на Владата и Министерството за култура што го финансираат истражувањето на Скупи.

- Задоволство ќе биде во првата половина на 2017 година да ги имаме првите културни настани овде, во амфитеатарот Скупи. Се наоѓаме на огништето на старото Скопје и затоа Скупи е од огромна важност за историјата на градот Скопје, од каде потекнуваме и од каде градот почнал да се развива. Тоа ќе придонесе и за поголема културна афирмација на Скопје, рече Трајановски.

016%20skupi%20%2021%20avgust%202014

08%20skupi%20%2021%20avgust%202014

012%20skupi%20%2021%20avgust%202014

013%20skupi%20%2021%20avgust%202014

05a%20skupi%20%2021%20avgust%202014

01a%20skupi%20%2021%20avgust%202014


http://cooltura.mk/?p=53162



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ



Replies:
Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Aug-2014 at 09:55
File:Skupi%20walls.jpg

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Feb-2016 at 23:24
E voilaaa!
9 Илјади седишта, почнува кон крајот на Април! Од zhurnal.mk




Posted By: kultuzin
Date Posted: 05-Feb-2016 at 23:29
[tube]bBFEDCuGaGA[/tube]


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Feb-2016 at 23:41
Импресивно според гугл снимката па и нешто како пелурка излезе во површина


Posted By: hcitrS
Date Posted: 06-Feb-2016 at 00:59
N.GRUIO.Т.F.PRE.TERTIUM.FECIT


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Feb-2016 at 01:24
what...the actual... f*ck???   

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares



Print Page | Close Window