Print Page | Close Window

Проблем со летните тераси

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=309
Printed Date: 27-Apr-2024 at 18:06


Topic: Проблем со летните тераси
Posted By: pbanks
Subject: Проблем со летните тераси
Date Posted: 29-Nov-2007 at 09:33
незнам дали на оваа сапунска серија и треба посебна нишка бидејќи очигледно не и се гледа крајот Bash
 

НЕМА КРАЈ НА НЕДИСЦИПЛИНАТА НА КАФЕАНЏИИТЕ

Најлон-маалото се втемели на кејот

Од општина Центар велат дека на сопствениците им испратиле известување да ги тргнат терасите во рок од седум дена

Одделението за инспекциски работи при општина Центар завчера на 10 кафулиња на кејот 13 Ноември им издало известување со кое сопствениците се предупредуваат да ја отстранат оставената урбана опрема на шеталиштето, односно масите и столовите од летните тераси. Ако сопствениците на локалите не го направат тоа во рок од седум дена, урбаната полиција на општина Центар, присилно ќе ги тргне.

На кејот повторно се повторува истата приказна што трае неколку години. По завршувањето на летната сезона, која трае до 31 октомври, кафеанџиите наместо да ги тргнат масите, ги заградуваат со најлони, што создава екстремно грда слика на атрактивното шеталиште.

Од општината Центар велат дека и претходно, на 16 октомври, односно 15 дена пред истекот на сезоната, сите угостители со известување од комуналните инспектори биле предупредени дека се должни уште пред престанокот на дозволата за летна тераса да ја отстранат урбаната опрема и најлонските церади од пред своите објекти и да ја преуредат површината за непречено минување на пешаците.

- Општината и писмено ги извести сопствениците на локалите дека на сите на кои им е доставено второ известување присилно ќе им бидат отстранети терасите ако самите не го направат тоа - вели Лидија Неделковска од Општина Центар.

На прашањето дали добиле известување од општината Центар да ги отстранат урбаната опрема и најлоните, сопственичката на локалот „Пица торес“, која сакаше да остане анонимна, беше изненадена.

- Не знам дали сме добиле известување за тоа бидејќи неколку дена не бев тука. Ако сме добиле, ќе постапиме според предупредувањето - вели таа.

На прашањето зошто досега сами не ја отстраниле опремата кога им истекла дозволата, таа прокоментира дека нивната летна тераса никому не му пречи и дека таа го разубавува просторот, а не го нагрдува.

Слично одговори и шефот во кафе-пицеријата „Ања“, кој во отсуство на сопственикот, не знаеше дали добиле известување за отстранување на терасата. Тој не сакаше да коментира тоа зошто досега не ја испочитувале договорената обврска, но истакна дека ако има известување од Центар, ќе постапат според него.

Кејот со години е место каде што владее вистински неред. Општината Центар и Градот Скопје не успеаја да воведат ред на шеталиштето и да ги дисциплинираат несовесните кафеанџии, кои бркајќи профит, воопшто не водат сметка за изгледот и за намената на кејот. Летните тераси ги вадат надвор со недели пред почетокот на сезоната, а не ги тргаат цела зима. Некои ги заградуваат масите со најлони и така бесправно ја користат јавната површина за вадење профит, а други ги собираат масите и столовите на купови и ги покриваат со грди церади.

Анела Петрова

 
Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A316F44DA6E06B4199C1BAA61250C6E6 - Дневник



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Nov-2007 at 20:50
Абе до кога оние кафанџии ќе си тераат по свое??? И до кога надлежните ќе бидат лабави (од којзнае кои мотиви)

Mad Mad Mad Mad Mad



Ама и ние сме криви што им ги пуниме кафичите... Треба малце бојкот за тие говеда!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2007 at 02:00
Фала богу... Арно им текна Roll%20eyes

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2707561C219095489B695BA0AE94CE17 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2707561C219095489B695BA0AE94CE17



Механизацијата се „загреа“ на кеј


Градежната инспекција на Општина Центар вчера интервенираше на дивите настрешници на кафулињата на кејот. И покрај студеното време, градежната механизација работеше со полна пареа. Рушењето на тендите почна од кафулето „Опиум“, додека сопствениците од соседните кафулиња сами почнаа да ги отстрануваат дивопоставените делови. Според општинарите, на кеј има десетина нелегални настрешници. (В.Д.)




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Mar-2008 at 14:12
Дежурна тема Ohno

А надлежните во Општина Центар секогаш со интересни ставови Bash

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=AC1F86FBB7EDCF48931B52F4D6342301 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=AC1F86FBB7EDCF48931B52F4D6342301


ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОВТОРНО Им ПРОГЛЕДУВА НИЗ ПРСТИ на кафеанЏиите

Наместо уривање, си добија одобренија

Сега е бесполезно да се интервенира бидејќи доаѓа 1 април, кога почнува новата летна сезона за поставување на масите,вели Милан Пижула , градежен инспектор во Центар

Наместо присилно да ги отстранат летните тераси поради предвременото поставување, надлежните од Општина Центар на кафеанџиите почнаа да им делат одобренија бидејќи летната сезона била на прагот. Пред три недели општинските инспектори на кафеанџиите на Кејот 13 Ноември и на улицата Македонија им врачија решенија за отстранување на масите и столовите, но тие не го сторија тоа, а инспекторите, како и многупати досега, не се ангажираа за присилно да ги отстранат. Градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, вети дека оваа година нема да дозволи да се повтори проблемот со незаконското узурпирање на просторот за пешаците, кој се провлекува со години, но очигледно е дека го прави спротивното. Сега е бесполезно да се интервенира бидејќи доаѓа 1 април, кога почнува новата летна сезона за поставување на масите и столовите. Инспекторите на сопствениците на кафулињата веќе им врачуваат одобренија за поставување урбана опрема на јавните површини за претстојната сезона, врз основа на нивните поднесени барања. Веќе почнува сезоната и сега не е во ред да се тргаат масите и столовите за една недела. Доколку сопствениците на локалите не се придржуваат на условите и роковите наведени во новите одобренија, тогаш ќе интервенираме - вели Милан Пижула, градежен инспектор во Општина Центар. Додека Општина Центар замижува пред самоволието на кафеанџиите, тие веќе цел месец го користат топлото време за да ќарат што е можно повеќе пари од летните тераси, без да платат надомест за користење на јавната површина.  Советот на Градот Скопје на вчерашната седница требаше да го усвои новиот правилник за поставување урбана опрема на јавните пешачки површини, според кој се раководат општините при издавањето на дозволите. Кафеанџиите пред неколку месеци побараа од Општината да им дозволи летните тераси да ги поставуваат во текот на целата година, а не само од април до октомври, но за тоа треба да одлучи Градот. Оттаму, пак, велат дека кај нив не пристигнало такво барање. Општината Центар се' уште работи според стариот правилник и се' уште не сме го добиле новиот од Градот - вели Соња Шумковска, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Центар и додава дека ако е потребно ќе се направат соодветни измени за да се усогласат со новите правила на градските власти. И таа потврди дека веќе почнало врачувањето на новите одобренија за поставување летни тераси. Секој од угостителите со барањето за одобрение поднесува и изработен проект на кој претходно согласност даваат и градските власти. Дури потоа, Општината Центар го издава одобрението за поставување маси и столови - објаснува Шумковска.

Анела Петрова



Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Apr-2008 at 22:12
Eeek2 овие битанги (кафеанџиите) заслужуваат своја нишка... а богами и по која година затвор... во Вест има подеднакво спектакуларен примитивен излив на кафеанџиите... ќе го постирам утре ко ќе искочи електронската верзија

Клупа настрадала од моторна пила


Завчера еден час пред полноќ, една клупа на улицата Македонија точно пред новоотвореното кафуле Рома, спроти Домот на АРМ била пресечена на пола. Пред очите на минувачите, пред гостите, некој" извадил моторна пила ја пресекол, а потоа ја откорнал од лежиштето. На нејзино место ги поставил масите и столовите.

Во трката за профит кафеанџиите не се воздржуваат да преземат се, само за да ги распостелат летните тераси до каде што им е волја. Не им треба ни дозвола за користење, ниту пак некој им ја побарал. А и ваквите вандализми не се некоја новина!?.

Инаку, ЕУ ја прогласи улицата Македонија за најевропска улица. Комисијата веројатно не ги зела предвид навиките на скопјани.

Фото:Н.Батев


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0D8403ECB91D004AB4ACC2E9CD66045C


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Apr-2008 at 23:36


Колку и да сме навикнати на екстремен безобразлук и дрскост, ова веќе поставува нови стандарди во однесувањето на овие крлежи... Но да не го забораваме главниот проблем! Главниот проблем е што надлежните не си ја вршат работата. Идиоти имало и ќе има, ама на нив институциите треба да применат закон и ред. За жал тоа изостанува... Општина Центар е очигледно до толку удавена во корупција и неодговорност, што еве некој тоа го протолкувал како одврзани раце дури и за вакви работи.

Wallbash Wallbash Wallbash


Posted By: vardar
Date Posted: 15-Apr-2008 at 00:15
Applause originalno reshenie
 
 

Фото вест

Безобразлакот на скопските кафеанџии нема крај. Сопствениците на кафулето„Стрип“,спроти гимназијата„Јосип Броз Тито“, летната тераса си ја поставиле во уредената жардиниера натротоарот, а тревата ја покриле со бродски под, небаре се работи за нивен двор. Комуналната инспекција мора да реагира итно, во спротивно, ќе станат соучесници во ова перверзно окупирање на драгоценото јавно зеленило.

Фото: Маја Златевска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C0F0AAD0176A9149A7BA5872D763FBA5 - Dnevnik



Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Apr-2008 at 09:08


За ова чудо зборев во претходниот пост, не било во Вест туку во Дневник Ohno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-May-2008 at 14:06
Фарсата продолжува... Демек нешто се превзема...

Првин се зачудив зошто треба цел месец за да се отстранат маси и столови поставени во жардињера (иако ми е несфатливо и кој сељак би седнал да пие кафе у жардињера), ама читајќи го текстот се потсетив дека на кафичот „Тренд“ никој не може да му застане на пат веќе со години, така да во Македонски услови веројатно треба да сме и пресреќни со ваква динамика - еден месец е експресно брзо за нас...

Crazy Crazy Crazy


Добро е Пижула... Само ти продужи да спиеш... Bash


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F68218C7219FD14994928AEFA84C395B - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F68218C7219FD14994928AEFA84C395B

ОПШТИНА ЦЕНТАР УТРЕ ВО АКЦИЈА

Уривање на две летни тераси

Инспекторот Пижула вели дека не е запознат со најновиот случај со кафулето „Нана“, чија тераса на плоштадот прилега на куќа

Градежната инспекција на општина Центар утре ќе отстранува бесправно поставени маси и столови од кафулиња на јавните површини, како и друга урбана опрема. Инспекторот Милан Пижула најавува дека први ќе бидат отстранети масите и столовите од кафулето „Стрип“, спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“, кои се поставени среде жардиниера со зеленило. Ќе бидат отстранети и стреата пред некогашен „Јукан“, како и киоск на улицата Партизански одреди, кај кројачкиот дуќан „Ангелковски“.За в четврток е закажана интервенција со полицијата за отстранување на масите и столовите на локалот „Стрит“. На сопственикот претходно му беше укажано сам да ги отстрани, оти се поставени без дозвола. Ако не бидат тргнати до четврток, ние ќе ги тргнеме присилно - вели Пижула.Тој информира дека и на сопственикот на кафулето „Тренд“, кое се наоѓа на плоштадот Македонија, му е врачено решение за отстранување на стреата. Веќе трета година едноподруго летната тераса на ова кафуле прилега на куќа, со лежечки гарнитури и завеси, покриена со дрвена конструкција и со цврст под. Сопственикот го игнорира правилникот за поставување урбана опрема, според кој, на летните тераси може да се поставуваат маси, столови, чадори и ништо друго. Пижула најави дека инспекцијата наскоро ќе го посети и овој локал.Тој не беше запознаен дека деновиве и летната тераса на кафулето „Нана“ во близина на „Тренд“ прилега на објект со цврста градба. Сопственикот на „Нана“ терасата си ја огради со дрвена конструкција и направи покрив. Вчера оградата ја разубавуваа со пластични жардиниери со цвеќе. Веднаш ќе го испитаме и случајот со терасата на „Нана“. Ние сме постојано на терен, но во минатата недела не забележавме дека ова кафуле поставува тераса. Тоа е направено најверојатно скоро и веднаш ќе провериме - вели Пижула.Од локалот „Нана“ велат дека имаат дозвола за поставување на масите и на столовите, дури и дека платиле за поголем простор отколку што користат.Ситуацијата со летните тераси е иста и во другите делови на Скопје, а проблемот е најизразен на улицата Македонија и на Кејот 13 Ноември. Таму летните тераси не само што не се унифицирани, како што е пропишано, туку се изградени од недозволени материјали и се поставени на простор поголем отколку што треба.Од Општина Центар за ваквата состојба се бранат дека интервенираат, но локалите повторно го узурпираат просторот за пешаците.Изминативе две години четири пати интервенираме и на Кејот и на улицата Македонија, но сопствениците на дуќаните повторно си ги враќаат масите и столовите - вели Пижула. Од оваа сезона на општинските инспектори ќе им се приклучат и градските инспектори, кои со новиот Правилник добија можност да ја отстрануваат бесправно поставената урбана опрема. Градската инспекција вети дека кафеанџиите повеќе нема да се толерираат и дека редовно ќе спроведуваат акции за отстранување на бесправно поставените тераси.

(А.П.)



Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jul-2008 at 12:55

Започнува обележувањето на зоните за кафулиња на кејот

Првата линија на летните тераси да биде залепена до излогот на рестораните

Градските власти следната недела ќе започнат со исцртување на зоните на кејот „13 Ноември“, во кои е дозволено поставување на масите на кафулињата. Зоните се определени со новата Одлука за користење јавни површини, која неодамна ја усвои Советот на Скопје и со која детално се уредува поставувањето урбана опрема на кејот, плоштадот и на улицата „Македонија“. Таа почнува да се спроведува веднаш откако ќе биде објавена во „Службен гласник“. За нејзиното спроведување на терен, отсега ќе се грижи, покрај Општинската, и Градската инспекција.

Со најавеното исцртување на кејот, велат во Градот, на најтранспарентен начин ќе се одвои просторот наменет за пешаци од закупените зони од кафулињата. Предвидено е првата линија на летните тераси да биде залепена до излогот на рестораните, а слободната пешачка зона, веднаш по нив да се зголеми за 2,5 метри и да изнесува 6,5 метри. Исцртувањето ќе се направи помеѓу дрвјата во средишниот дел, каде што повторно ќе има маси и столчиња. Слободниот простор за движење до крајот на кејот сега ќе изнесува 12,5 метри.

На улицата „Македонија“, според новата Одлука, ќе има најмногу промени, бидејќи во иднина летните тераси ќе почнуваат веднаш до прозорците на локалот, со што тампон-просторот од 2,5 метри наменет за пешаци ќе се префрли во централната средишна зона за движење. Во Градот најавуваат дека на улицата, каде што досега најмногу се злоупотребуваше просторот за слободно поминување, ќе има најригорозни контроли од инспекцијата, особено во вечерните часови кога кафеанџиите двојно го зголемуваат бројот на масите. За непочитување на Одлуката ќе се запленува урбаната опрема на сметка на сопствениците на локалите. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FE57EDF32001D8429FA6FA009F5FD5ED - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FE57EDF32001D8429FA6FA009F5FD5ED


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Jul-2008 at 19:58
немам ништо против кафулиња со летни тераси на кеј и ул. Македонија, сепак и тие се потребни на вакви места, но претераа веќе со ширењево, на кеј има само некој метар два за поминување, а замисли си да го изградат мостот на цвеќето, од кај ли ќе се поминуваше?
фала богу што им текнало мерки да превземат


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: dimme.von.macedonia
Date Posted: 16-Feb-2009 at 10:47
Originally posted by pbanks

Eeek2 овие битанги (кафеанџиите) заслужуваат своја нишка... а богами и по која година затвор... во Вест има подеднакво спектакуларен примитивен излив на кафеанџиите... ќе го постирам утре ко ќе искочи електронската верзија

Клупа настрадала од моторна пила


Завчера еден час пред полноќ, една клупа на улицата Македонија точно пред новоотвореното кафуле Рома, спроти Домот на АРМ била пресечена на пола. Пред очите на минувачите, пред гостите, некој" извадил моторна пила ја пресекол, а потоа ја откорнал од лежиштето. На нејзино место ги поставил масите и столовите.

Во трката за профит кафеанџиите не се воздржуваат да преземат се, само за да ги распостелат летните тераси до каде што им е волја. Не им треба ни дозвола за користење, ниту пак некој им ја побарал. А и ваквите вандализми не се некоја новина!?.

Инаку, ЕУ ја прогласи улицата Македонија за најевропска улица. Комисијата веројатно не ги зела предвид навиките на скопјани.

Фото:Н.Батев


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0D8403ECB91D004AB4ACC2E9CD66045C
 
WallbashWallbashWallbashWallbash
 
Zemi STAP i udri!! Abe, kako ne im e sram? Question
 
Edna rabota ne mi e jasna, sto pravat nadleznite? WallbashWallbashWallbashWallbash
 
Mozam samo da si zamislam vo Zagreb kako bi bilo toa da se sluci, udarni vesti na HRT! Mad
 
 
Se izvinuvam za offtopicot, eli dali moze nekoj da mi kaze kade mozam da ja najdam informacijata deka ''ЕУ ја прогласи улицата Македонија за најевропска улица. ''? Smile


-------------
The beauty comes from within.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 04:28

Блокирани скали, што е многу, многу е!

Окупирана пешачка зона и блокирани скали и приоди до блиски институции. Ваквата ситуација е сосема доволна причина новоизбраните градоначалници на Скопје и на Општина Центар уште во првите работни денови да го проверат функционирањето на летните тераси. Навистина ли сите имаат соодветни дозволи да поставуваат инвентар на толкава површина, плаќаат ли комунална такса и реагира ли воопшто инспекцијата на терен? Никој не е против летната шема на кафулињата, но што е многу, многу е!

http://utrinski.com.mk/?ItemID=47A12D3133789241ADA0C4AAC1B82485


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Apr-2009 at 19:39

„Мачката“ фатена во кафеанска стапица

Од Министерство за култура очекуваат надлежните во Општина Центар скулптурата на улица Македонија итно да ја „ослободат“ од масите, столовите и чадорите за сонце

Скулптурата „Мачка“ на улицата Македонија, која помпезно ја отвори премиерот Никола Груевски, сега се крие од сонце и дожд - под кафеански тенди!

- За Велигден ги прошетав гостите од Србија низ центарот и кога сакав да се пофалам со „Шмизлата“, „Мачката“ и „Бикот“, „Мачката“ ја најдовме под стреа. Се засрамив и воопшто не се обидував да им објаснувам што се случува. По само два-три месеци веќе никој не се грижи и за новите споменици. Знаев дека ако досега немало чувство за старите, ќе нема ни за новите. Поставувањето на скулптурите е чудо за три дена пред избори. Жив доказ за тоа е „Мачката“ што пие кафе во кафеана - вели скопјанецот Оливер Димовски.

Градските комунални инспектори, кои имаат обврска да вршат контрола на летните тераси и поставувањето урбана опрема, иако ја забележале оваа „заштита на Мачката“, до вчера не презеле никакви законски мерки. Од Министерство за култура, кое ги финансирање изградбата и поставувањето на спомениците во центарот на Скопје, очекуваат дека надлежните во Општина Центар итно ќе ја „ослободат“ скулптурата од масите, столовите и чадорите за сонце. Вработените од кафеаната „Космик“ велат дека непотребно се обвинети од граѓаните, зашто урбаната опрема што ја заробила мачката му припаѓа на соседното кафуле, кое, според нив, немало ни дозвола за работа.

- Опремата е на продавничката што одвај има пет квадратни метри, а е сместена во Палата Македонија. Фирмата е регистрирана за продажба на тутун и весници, а има импровизиран шанк и кафемат во ходникот, од каде што се носат нарачките за муштериите. Тие бесправно со маси и столови го зазедоа просторот околу „Мачката“. Работат без дозвола, на диво, а го држат најубавото место на улицата Македонија. И ние сме кафеанџии, но никогаш не би го окупирале споменикот. Инспектори од Градот беа завчера, но иако утврдија неправилности, новите кафеанџии не ја затворија терасата, велат вработени од кафулето „Космик“.

Импровизираното кафуле вчера беше затворено и немаше никој за да ни даде изјава. Од општина Центар велат дека Градот е надлежен за спроведување на правилникот за летни тераси, а тие биле одговорни само за урбаната опрема. Лидија Неделковска, шефица ка кабинетот на поранешната градоначалничка Виолета Аларова, вели дека за летните тераси е одговорен нивниот инспектор Пижула и дека таа нема информации што работи тој.

Милан Пижула, главен градежен инспектор во Центар, изјави дека се' уште не може да дава изјави за поставувањето на терасите.Од Градот велат дека тие имаат обврска да издаваат одобренија за вршење дејност надвор од деловен простор, кои се однесува и на летните тераси.

- Одобренијата се издаваат според проектот за летните тераси, усвоен во минатата година од Советот на Град Скопје. Стандардите за летните тераси во тој проект се исти како и во претходниот правилник. Наплатата на таксата за користење на јавната површина се врши според Законот за комунални такси. Досега во Градот не пристигнало ниту едно барање за издавање одобрение за користење летна тераса од кафулињата на кејот 13 Ноември. Во Градот пристигнаа барања за издавање одобрение за летните тераси од неколку локали од улицата Македонија. За санкционирање на летните тераси отворени без одобрение е задолжена градската комунална инспекција, која веќе врши увид на терен, велат од одделението за односи со јавноста на Град Скопје. Скулптурата „Мачка“ е дело на Томе Аџиевски, која ја нарача и постави Министерството за култура пред околу три месеци на шеталиштето Македонија, во близина на киното „Манаки“.

Поставувањето на 35 скулптури на разни локации во центарот на градот, според Министерството за култура, требаше да му дадат посебен белег на Скопје.На шеталиштето меѓу метежот од столови, маси и чадори за сонце се поставени и скулптурите „Еееј“, „Шмизла“, „Бик“, „Питач“ и „Чистачот на чевли“.

Марија Тасев
Фото Слободан Ѓуриќ



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F368AB727775E74C998FE740BF4B9671


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2009 at 19:51
абе остај ја мачката, жали ја улицата Crazy


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2009 at 20:02
neverending story  Bash


Креваа маси, останаа тераси

Огромните дивоизградени кафеански објекти на Кејот 13 Ноември и вчера останаа невидливи за инспекторите на Општина Центар. Нивната акција за чистење на омиленото шеталиште заврши со одземање на неколкуте маси и столови што излегувале од пропишаната рамка. Од општината неофицијално коментираат дека нивните инспектори се плашат од газдите на кафеаните, кои се помоќни од законот.Дел од граѓаните инсистираа да се урнат бесправно изградените тераси. Имаше и такви што ги поддржуваа кафеанџиите.

- Кејот е прекрасно место и без кафулињата би бил само една слепа улица по која ќе се собираат кучиња-скитници. До неодамна беше пуст. Наместо да урива, општината треба да најде начин како да заработи од кафеаните - дофрли студентот Никола Мијалковиќ додека траеше акцијата за собирање на урбаната опрема. Иако инспекторите на кејот конфискуваа во придружба на полицијата, беа вербално нападнати од револтираните кафеанџии, па наместо полни камиони урбана опрема, си заминаа само со еден камион.

Пред неколку дена од улицата Македонија инспекторите од Општина Центар одзедоа четири камиони урбана опрема, односно 42 маси и 58 стола, а од кејот одвај десетина маси и стола.

- Не ја разбирам оваа парада на глупоста. Дојдоа да соберат две-три маси. Иако издадоа решенија, ние инсистираме на друго решение: да ни ги легализираат летните тераси во кои инвестиравме. Акцијата беше резил. Гостите, меѓу кои имаше и странци, беа уплашени и си заминуваа - изјави еден вработен во кафулињата кој инсистираше да остане анонимен.

Горан Матевски, портпарол на Општина Центар, изјави дека поставувањето на урбаната опрема се толерира само ако таа е според одобренијата, согласно со елаборатот од минатата година.

- На оние на кои им е одземен дел од урбаната опрема, а повторно местат нова, Општина Центар комплетно ќе им ја одземе и нема да дозволи поставување на маси во текот на целата сезона. Акцијата за одземање на урбаната опрема ќе продолжи се' додека корисниците на просторот пред угостителските објекти не се дисциплинираат - се вели во соопштението од Општина Центар.

Марија Тасев



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A9451655E4B5C641A64044C7F7035599


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2009 at 01:51
Рикверц за возилата на пешачките зони


Од денеска дотурот на стока во кафулињата на Кејот ќе може да го извршуваат само оние кои имаат дозвола и тоа во периодот меѓу 2 и 10 часот наутро


Пешачките зони во центарот на македонската метропола, особено Кејот 13 Ноември, се претворија во егзибиционистички патеки на кои скутерџии и моторџии со висока брзина ги покажуваат своите возачки способности. Не помалку опасни за пешаците се и возилата за кои не важи забраната за движење. На жалбите на скопјани, а посебно на жителите од околните згради, деновиве одговорија одговорните од Град Скопје кои ги известуваат сите граѓани, особено оние што вршат дотур на стоки од Кејот дека од денеска заедно со сообраќајната полиција ќе се врши засилена контрола на влегувањето на возилата за дотур.
- Дотурот на стока ќе можат да го извршуваат само оние кои имаат дозвола и тоа во периодот меѓу 2 и 10 часот наутро. Најостро ќе бидат санкционирани сите кои ќе вршат дотур надвор од пропишаното време, или пак, истото ќе го прават без валидна дозвола издадена од Град Скопје.

Контролата на возилата со дозвола, при влегувањето и излегувањето, во рамки на пропишаното време ќе ја вршат вработените на паркинг пунктот на хотелот Холидеј Ин - информираат градските власти. Тие ги повикуваат сите субјекти кои немаат дозвола што поскоро да поднесат барање до Секторот за сообраќај за издавање на дозвола. Граѓаните се задоволни од најавените мерки и се надеваат дека со нив ќе се намали сообраќајот а ќе се зголеми нивната безбедност на Кејот.
- Ноќе не се спие од бучава, а дење да ти е страв да излезеш од дома. Моторџии возат на едно тркало, се вртат под рачна, се чкрипат со гумите. Посебна пориказна е кога се врши дотур во кафулињата, тогаш врие од автомобили. Општ хаос...Можеби зачестените полициски контроли ќе ги вразумат сите несовесни возачи - вели еден жител од кулите на Кејот.

Градот Скопје и досега имаше воспоставен режим на забрана за движења на моторни возила на Кејот и улицата Македонија според кој единствено возилата на Комуналец, на Брза помош, пожарникарските и полициските возилата имаат слободен влез. Секое возење на пешачка зона без дозвола се казнува со глоба во висина од 25 евра во денарска противвредност.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=19C3F4A7E7DA514A9BCDF15F9071F7C3


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jun-2009 at 18:08

Див запад во Струга

Стружани негодуваат поради урбанистичкиот хаос во градот, за што некои го обвинуваат поранешниот макро Дилавер Бојку Леку, кој е сопственик на хотел во Струга, а за други, виновна е локалната власт

Летни тераси и шанкови во чаршијата и на кејот на реката Црн Дрим, но и несредените плажи деновиве ги пречекуваат малобројните туристи во Струга, пред почетокот на летната туристичка сезона. Додека посетителите се одмораат во сенките на шанковите на кејот, стружани негодуваат поради урбанистичкиот хаос што со години владее во градот на поезијата. Дел од нив за нередот го обвинуваат поранешниот макро Дилавер Бојку Леку, кој е сопственик на хотелот „Блу скај“ во центарот на Струга и на шанковите на градската плажа, а останатите го бранат и вината ја гледаат во државата и во локалната самоуправа. Додека Советот на Општина Струга во исчекување на изборот на претседател на Советот не функционира, струшките угостители и бизнисмени меѓусебните проблеми почнаа да ги расчистуваат со пиштоли.


Летните тераси жежок проблем

Екипа на „Дневник“ беше во Струга по инцидентот во понеделникот, кога полицијата го приведе Леку, откако пукал со пиштол за да го реши имотниот спор со Меџит Цома, сопственик на ТЦ „Цома“.

- Лека избрка десет трговци од кејот и стана газда, а ја узурпира и плажата. Постави секаде маси, а потоа неговиот пример го следеа и останатите угостители. Нареди околу 100 квадратни метри маси со кои навлегува во локацијата на „Цома“, како и на скалите од кејот. Масите и столовите го попречуваат пристапот на граѓаните, но и на возилата за дотур на стока. Во Центарот има 40 дуќани на кои им е попречено работењето. Затоа пред две години, заедно со сопствениците на дуќаните, поднесовме петиција и барање до градоначалникот, до МВР и до Министерството за локална самоуправа да го решат проблемот и дивопоставените маси да бидат отстранети. До сега немаме одговор - вели Цома.Според него, пред да се случи инцидентот Леку му се заканувал нему и на неговото семејството. Барал од него да го тргне градежниот материјал оставен пред Центарот, наменет за реновирање. Вели дека е среќа што никој не бил повреден, иако куршумот завршил во патиката на неговиот син.

- Знам само дека полицијата му поднела кривична пријава за предизвикување општа опасност. Сепак, страв ми е дека ќе се забошоти случајот. Намерата на Леку е да ме избрка одовде, ама јас пред десет години се вратив од Америка за да останам тука. Инвестирав чесно и нема никој да ме избрка. Ако тој се преселил од Велешта во Струга за да води бизнис, нека работи, ама нека не ги плаши сите - вели Цома.По разговорот со Цома, го побаравме и Леку, но тој не беше во градот. Не' пречека неговиот син Ербен, кој ги негираше обвинувањата.

Државата и Општината во спор

- Татко ми реагираше со право бидејќи градежниот материјал од ТЦ „Цома“ беше поставен пред влезот на хотелот. Ако сака некој да влезе во хотелот, ќе мора да скока преку него. Не држат ниту обвинувањата за масите, бидејќи ние имаме поставено маси и столови на кејот пред хотелот и на дел од скалите. За нив уредно си ја плаќаме киријата во Општината. Тие што се пред „Цома“ не се наши - вели Ербен.Тој смета дека на дел од стружани им пречи што неговиот татко работи во градот поради што прават проблем и таму кај што ги нема. Јас сум сопственик и на шанкот и на тобоганот на дел од плажата. Имам договор за купопродажба со двајца стружани, кои беа претходни сопственици на објектите на тој дел од плажата - вели Ербен. Според неговиот адвокат, Гоце Ибушевски, Ербен за плажата ги има сите документи.

- Мојот клиент беше тужен од државата, но откако видоа дека ја имаме целокупната документација, се повлекоа. Земјиштето од 700 квадратни метри сопственост на државата е доделено со корисничко право на Ербен до 2010 година. Тој дел од струшката плажа беше ѓубриште. Многу пари се инвестирани во плажата и поради тоа аплициравме за добивање на предвидените концесии за плажите, со што би го добиле на долгорочно користење - вели Ибушевски. Одговор за состојбата побаравме и во Општината. Оттаму велат дека Советот не работи и поради тоа се во мат-позиција.

- По изборот на претседател ќе има седница на која на дневен ред ќе биде програмата со која ќе се утврдуваат локациите на привремените објекти. До тогаш ќе биде статус кво. Проблемот со дивите шанкови на плажите постои и покрај забраната за секакви градежни зафати додека не се реши судскиот спор меѓу државата и локалната власт за надлежноста на градските плажи. Иако немаме овластување да раководиме со плажите, можеме да правиме инспекција. Сите плажи од детското одморалиште „25 мај“ до хотелот „Евротел“ подлежат на инспекција. Ќе се проверуваат и плажите што имаат дозвола од транспорт и врски и ќе се отстранат сите привремени објекти поставени на нелегален и незаконски начин - вели Зоран Гулицовски, секретар во Општината.

Даниела Вељановска, Игор Шегавиќ
Фото Маја Златевска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A2A112EF49027948B1A3413BF1007723


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jun-2009 at 21:00

Наместо казни, олеснителни околности за кафеанџиите

Ќе се менува правилникот, но без корекции за суштинско решавање на проблемот

Деспина Трајковска

Локалните власти најавуваат измени во постапките за користење на летните тераси и трансфер на некои од надлежностите помеѓу Градот и општините, но очигледно тоа нема да резултира со подобрување на состојбите на терен. Градоначалниците на неодамна одржаната координативна средба утврдиле недостатоци во законите кои го регулираат прашањето за летните тераси и договориле заеднички да се заложат за решавање на досегашните проблеми. Сепак, во утврдените потребни измени нема да се извршат суштински корекции за да се стави крај на хаосот со поставувањето на урбаната опрема на јавните површини. Засега, нема да се менува Правилникот кој го регулира поставувањето на инвентарот, туку единствено корекции ќе се направат во постапката низ која треба да помине секој кафеанџија.

„На Координативното тело беше утврдено дека Правилникот засега нема да се менува, но беше постигната согласност општините да ги префрлат надлежностите во оваа област на Градот, со цел да има подобра контрола и управување на целиот процес во насока на воведување ред во поставувањето на летните тераси низ градот“, велат од Градот.

Оттаму појаснуваат дека со трансферот на надлежностите, административната постапка за добивање согласност за користење летна тераса, кафеанџиите сега ќе ја завршуваат во Градот без да минува и во општинските служби. Поделбата на надоместокот за користење на јавните површини, како и досега, ќе биде помеѓу Градот и општините, додека инспекцискиот надзор и понатаму останува единствена обврска за општинските служби.

Токму тој сегмент, се чини, е клучниот за трајно решавање на проблемот. Иако од општините тврдат дека повремените акции за надгледување на состојбите на терен даваат резултати, директните извршители признаваат дека кафеанџиите ја демонстрираат недисциплината во вечерните часови и за време на викендите, кога инспекцијата не работи. Често, како што досега неколкупати изјавуваа инспекторите, кафеанџиите го распостилаат инвентарот на недозволени површини и по само неколку минути по спроведување на акцијата. Дел од градоначалниците се согласуваат дека големи парични казни и затворање на локалите, чии сопственици не ги почитуваат правилниците, се единственото решение за проблемот. Сепак, досега никој од надлежните не повел иницијатива за воведување ригорозни мерки во соодветните регулативи.

Од Градот негираат дека на Координативното тело станало збор за вклучување во целата проблематика на Пазарната инспекција, која по налог на Градот би добила задача да затвори локал, чиј сопственик и покрај неколкуте итервенции за отстранување на непрописно поставен инвентар, би продолжил со узурпирање на просторот.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B21F9DEB3073A149ADADF9FC92D05E40


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Sep-2009 at 13:33

Кафулиња узурпираат приватно земјиште

Додека локалите „Грин хаус“, „Филипис“ и „Попе“ без одобрение го користат приватниот двор на зграда во Дебар Маало, надлежните со молчење овозможуваат грубо кршење на нашите уставни права, обвинуваат станаритe

Без одобрение и на наше земјиште пред нашата зграда кафе-барови си поставуваат летни тераси и узурпираат приватна сопственост, обвинуваат станарите од зградата број 2 на улицата Благој Давков во Дебар Маало. За сопственоста на парцелата пред и околу зградата станарите имаат и имотни листови.

- Во заедничка сопственост имаме земјиште со површина од вкупно 2.337 квадратни метри, од кои 1.132 квадрати се околу зградата, а останатите се под зградата. Над 100 лица сме заеднички сопственици. На дел од нашето земјиште, на околу 600 квадрати, кои всушност се двор околу зградата, два локала и една сендвичарница си поставија летни тераси со чадори и огради со жардинијерии, без одобрение од градските власти - велат станарите.

Станува збор за кафе-баровите „Грин хаус“ и „Филипис“ и за сендвичарницата „Попе“.

Станарите велат дека градските власти во јули им одговориле дека локалите немаат одобрение за летни тераси. Во тој реон одобрение има само кафе-барот „Кино Карпош-Бастион“, издадено на 5 август, но станарите се жалат дека и овој локал ја распослал терасата повеќе од дозволеното. Тие велат дека мора да дадат согласност на нотар за поставување тераси пред нивната зграда, а тоа досега не го сториле.

- Одземено ни е правото на сопственост, кое ни е загарантирано со Уставот. Досега никој од надлежните не ни помогна, иако сме реагирале повеќе пати. Ние не можеме да им забраниме објектите да бидат кафе-барови, но бараме надлежните да реагираат и да се почитуваат законите. Се обративме до градежниот инспекторат во Општина Центар, но досега немаме писмен одговор, само усно ни образложија дека тие не биле надлежни за отстранување на монтажни натстрешници, односно тенди, туку само за уривање натстрешници кои се фиксирани за под или за ѕид, како и за времени објекти - револтирани се станарите.

Тие пријавиле и во Пазарната инспекција, но оттаму ги одбиле со образложение дека била во тек постапка за добивање одобренија за тераси за сите локали во Скопје, а тие ќе реагирале кога постапката ќе заврши.

Од Градот велат дека освен на „Бастион“ не му издале одобрение на ниту еден друг стопански субјект во зградата на „Благој Давков“ 2.

- За опремата на локалите „Грин хаус“, „Филипи“ и „Попе“, станарите треба да се обратат до надлежните инспекции во Општина Центар, за да извршат контрола на документацијата - велат градските власти.

Од Општината Центар се правдаат дека комуналните инспектори немаат овластување да дејствуваат, бидејќи терасите на локалите не се наоѓале на јавни површини, туку на заедничка сопственост. Додаваат дека комуналните инспектори на 4 септември му издале опомена на „Бастион“ поради непридржување кон дозволата за користење јавни пешачки површини.

Управителот на кафе-барот „Филипи“, Горан Зечевиќ, вели дека просторот пред локалот е во приватна сопственост и дека му е издаден под закуп.

- Јас имам документи од Катастар и имотен лист од кој се гледа дека просторот пред локалот е приватна сопственост и дека ми е издаден под закуп. Имам елаборат од кој, исто така, се гледа дека имам оставено простор со ширина од 3,5 метри за да може да минуваат станарите. Тие се бунат за простор што е во заедничка сопственост, како што е атриумот, ходниците и местото за поминување. Ова се луѓе што не се реализирани и прават проблем онаму каде што го нема - изјави Зечевиќ.

Тој додаде дека локалот нема тенди, туку само чадори, но призна дека се' уште нема добиено одобрение за поставување маси и столови.

- Уредно поднесовме барање со потребните документи уште во јуни, но од определени причини постојано ни беа барани нови документи. Не е наша вина што постапката се одолжува - вели Зечевиќ.

Станарите се незадоволни од однесувањето на надлежните институции, бидејќи не покажале интерес да го решат овој проблем. Велат дека нема да застанат со постапката и дека ќе поднесат преставка до народниот правобранител, а ќе реагираат и до Уставниот суд. (А.П.)



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D65616CC1E10764394D2B94AD1C1F811


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Oct-2009 at 15:25
ГРАДСКАТА ИНСПЕКЦИЈА ВО АКЦИЈА
Од три кафулиња во Аеродром одземена опрема

Град Скопје, со асистенција на полицијата, вчера организира акција за подигање урбанистичка опрема од три кафулиња кои се наоѓаат на улицата Владимир Комаров во општината Аеродром, во близина на слаткарницата „Палма“. При редовна контрола од страна на инспекциските служби на Градот, биле забележани низа неправилности во работењето на трите кафулиња и недозволено поставување урбанистичка опрема на јавна површина. - Град Скопје од нас побара асистенција за подигање урбанистичка опрема, која незаконски била поставена на јавна површина во општина Аеродром. Полицијата веднаш излезе на терен, а одземањето на опремата траеше околу еден час и акцијата помина без какви било проблеми и“вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје. Од Град Скопје најавуваат дека и во иднина инспекциските служби ќе прават обиколки по кафулињата.

Е.М.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1829&ArticleID=123091


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2009 at 15:56

Сезоната за летните тераси завршува утре

Град Скопје ги потсетува сопствениците на угостителски објекти дека во согласност со Одлуката за поставување мебел и опрема на јавни површини, на 30 октомври, односно утре, истекува рокот на дозволата за поставување на летните тераси.

По истекувањето на рокот надлежната градска инспекција ќе излезе на терен и ќе ги казни угостителските објекти кои нема да го испочитуваат предвидениот рок.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DB184583A98B9A4D8FB39200E4414D36


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Nov-2009 at 22:18
Ама кај нас прописите се многу релативна работа...

Crazy

Додека има сонце ќе има и летни тераси





 

Од градот најавуваат дека нивните инспектори следните денови постојано ќе бидат на терен и ќе ги казнуваат угостителите што нема да ја почитуваат оваа одлука, односно ќе им бидат собрани масите и столовите

 
 
%20  
Иако на 30 октомври заврши сезоната за поставување на летните тераси пред кафулињата, сепак некои од сопствениците на локалите го искористија сончевото време изминатиот викенд и се распослаа со неколку маси и столови. Тоа беше случај со неколку кафулиња на улиците Македонија и на Ленинова, како и на кејот „13 Ноември“, каде што делот пред локалите веќе е ограден со најлон и со тоа подготвен за зима.

Кафеанџиите велат дека собрале голем дел од урбаната опрема од терасите, но дека временските услови се поволни, граѓаните бараат да седат надвор, па се случува да извадат неколку маси.

- Само неколку часа во текот на денот, додека има сонце, ги вадиме масите и столчињата, а потоа ги собираме. Го почитуваме Законот, но мислиме дека на никого нема да му пречиме ако уште некој ден опремата ја оставиме надвор. Се противам на узурпирањето на простор со најлони. Тоа не е изгледа убаво - објасни сопственик на кафуле на улицата Ленинова.

Тој додаде дека не треба на едни да им се дозволи да оградат одреден простор пред локалите, а другите да се казнат.

Од градот најавуваат дека нивните инспектори следните денови постојано ќе бидат на терен и ќе ги казнуваат угостителите што нема да ја почитуваат оваа одлука, односно ќе им бидат собрани масите и столовите. Оттаму додаваат дека нема да бидат поштедени најлон терасите на кејот „13 Ноември“.

- Ќе се тргнат терасите од вториот дел, односно од пешачката патека на кејот, но сé уште не знаеме дали ќе им дозволиме да остане заграден просторот пред кафулињата. Чекаме да се договориме со општината Центар и да најдеме едно решение со кое ќе се решат сите проблеми што се јавуваат со летните тераси. Во секој случај, угостителите што нема да ги почитуваат одредбите на правилникот ќе бидат санкционирани - објасни градоначалникот Коце Трајановски.

%20


Изминатите пет години не се најде решение за узурпирањето на јавните површини, но оваа година градот првпат ја презеде од општините надлежноста да ги собира парите од комуналната такса и да воспостави ред со летните тераси. Досега инспекторите од општината Центар не ги казнуваа оние што не го почитуваат Правилникот за користење јавна површина.

Постојано се случуваше да излезат на терен еднаш и да соберат маси и столови од неколку кафулиња, но наредниот ден угостителите повторно по истата шема вадеа нови маси и столчиња.

Граѓаните велат дека надлежните треба посериозно да се занимаваат со овој проблем, бидејќи поради летните терасите тие се движат по улиците.
 
   
Автор: Р.З.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11291014275&id=14&setIzdanie=21826


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Dec-2009 at 02:12

Чистка на најлон-маалото до Нова година

Кафе-барот „Тренд“ на плоштадот Македонија и речиси сите кафулиња на Кејот 13 Ноември не го почитуваат предупредувањето од Општина Центар итно да ја отстранат урбаната опрема пред објектите. Иако сезоната за летни тераси заврши пред еден и пол месец, некои угостители продолжуваат нелегално да го узурпираат јавниот простор, кој го оградуваат со најлони, како што правеа и во изминатите пет-шест години.

Општина Центар на несовесните кафеанџии пред десетина дена им наложи површината пред објектите да ја приспособат за непречено користење од пешаците, бидејќи сезоната за користење на јавните прометни површини трае до 31 октомври. Најавија дека во спротивно инспекциските служби ќе ја отстранат нелегално поставената урбана опрема, но досега не го направија тоа.

Градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, најави акција по која состојбата со летните тераси ќе биде доведена во ред.

- Нашата инспекција до Нова година ќе излезе на терен и со асистенција од полицијата ќе го собере тоа што смета дека не е законски поставено. Впрочем, тоа и сами ќе го видите на терен. Ќе се реагира и на Кејот и на улицата Македонија, таму каде што сопствениците на локалите не ја почитуваат регулативата - вели Тодоровиќ.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0ADD8277EA342540A56A4572AA851E8A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Dec-2009 at 13:52
Crazy

Од 31 Октомври до нова година има цели 2 месеци... кога веќе од општина центар се до толку стрпливи, нека почекаат уште некој месец за повторно да почне летна сезона и да не мора да се „замараат“ со проблемов.

Всушност, зошто да веруваме дека ете барем до нова година ќе ја средат состојбата? Затоа што до сега си „стоеја“ на збор?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Dec-2009 at 15:42

Долгогодишната најлон-узурпација станува легална


Од градската управа велат дека само четири кафулиња до сега побарале дозвола за поставување зимски тераси, можност што се отвора со измените во Законот за градење и со која илјадници квадратни метри јавна површина најверојатно засекогаш ќе им бидеодземена на пешаците




Од април до октомври легални, со багателна кирија, а од ноември до март на диво, со најлони и со грејачи и одвреме навреме понекоја „држ-не дај“ акција на градежните инспектори. Ваква беше досега приказната за популарните кафулиња и за нивните летни тераси, кои само го носеа тој назив, а стоеја цела година. Но со измените во Законот за градба се отвора можност илјадници квадратни метри јавна површина што им припаѓа на сите граѓани засекогаш да биде загубена поради бизнис интересите на угостителите. Со новите одредби се овозможува да се направат таканаречени зимски тераси, односно површините што се закупуваат за летната сезона да им се остават на користење на кафеанџиите и во зимската. За таа цел тие ќе може да се заградат, а градската управа е институцијата што ќе треба да одлучи дали тоа ќе може да се направи со најлони, со стакло, со метална конструкција или без ништо, само да се постават високи грејачи. Засега градот е со став дека не треба да има заградувања, бидејќи на тој начин настануваат привремени објекти.


И ГОДИНАВА ПРИКАЗНАТА Е ИСТА


Законската можност за зимски тераси е новина само на хартија, бидејќи на улиците тие постојат веќе неколку години. Познато е дека кејот 13 Ноември и улиците Македонија и Ленинова се најпопуларните локации каде што угостителите распослуваат маси и столови на јавните површини, пред се во лето, но се обидуваат да се задржат што подолго. И годинава состојбата е иста. Сезоната официјално заврши на 30 октомври, општината Центар испрати неколку предупредувања до кафеанџиите, а инспекциите направија обиди да ја соберат поставената урбана опрема.

На кејот 13 Ноември кафулињата „Рич“, „Ало Ало“ и ирскиот паб „Ст. Патрик“ ги затворија просторите непосредно пред локалите со најлони. Кубанскиот ресторан и „Плаза дел торос“ го направиле истото со конструкции од цврсти материјали и со стакло. Ресторанот „Ања“ има поставено најлони не само пред својот влез, туку и во средишниот дел. Само терасата на „Картел“ се уште е отворена. На улицата Македонија нема затворени тераси, поставени се само грејачи за да го затоплуваат отворениот простор. Слична е и состојбата со улицата Ленинова, каде што дел кафулиња се уште чуваат маси надвор и се обидуваат да искористат понекој последен сончев зрак.

Граѓаните коментираат дека на овој начин преку целата година губат површина што треба да служи за пешачење, а во многу случаи со тоа им се намалува и безбедноста во сообраќајот.

- Безбедноста е на ниско ниво, особено на улицата Ленинова, бидејќи целите тротоари се зафатени со маси, а од двете страни на коловозот се паркираат возила. На пешаците им останува да одат само среде улица. Одвај чекавме да заврши летото за кафулињата да се повлечат, но ништо од тоа. Ако им дозволат да останат цела година, пак, хаосот ќе биде неподнослив - велат жителите на Ленинова.


ЕДЕН КВАДРАТ ЧИНИ 15 ДЕНАРИ ДНЕВНО


Од градската управа велат дека само четири кафулиња до сега побарале дозвола за поставување зимска тераса, но не сакаат да откријат кои се и на кои локации закупиле јавен простор. Градот и Министерството за транспорт и врски се уште не се договориле дали ќе се вадат сезонски дозволи, прво за летна, па за зимска тераса, или ќе се издаваат годишни. Извесно е само дека закупувањето на просторот зиме ќе ги чини кафеанџиите исто како и лете, скромни 15 денари за квадратен метар дневно.

Градските власти цврсто уверуваат дека законските измени нема да овозможат неограничено ширење на кафулињата и преградување нови простори.

- Нема да биде дозволено класично затворање на терасите со најлон или со метална или дрвена конструкција и стакло. Таквите градби ќе имаат статус на привремени објекти и нема да се толерираат. Затоа секој што сака да си ја задржи терасата и во зимскиот период ќе може само да постави грејачи. Се уште нема одлука за времетраењето на дозволата. Законот е релативно нов и уште преговараме со министерството. Засега таа ќе биде сезонска, а во иднина може да се направи и годишна - објаснуваат од градската управа.

Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за тра­н­спорт и врски, пак, вели дека за начинот на кој што ќе треба да се постават зимските тераси ќе одлучуваат локалните власти. Но тие ќе треба да се придржуваат кон упатствата што ги изработува надлежното министерство.




Советници од Центар загрижени за преградувањето

Дел советници апелираат до Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината, и до инспекциските служби да ги отстранат сите конструкции што немаат добиено дозвола за поставување зимски тераси. Тие велат дека кејот 13 Ноември повторно е преполн со најлони и со цврсти конструкции.

- Сакаме да знаеме кои се условите за добивање дозвола за зимски тераси и колку од објектите во Центар имаат таков документ. Според тоа што ние сме го слушнале, дозвола имаат два-три локали, а целиот кеј личи на еден голем магацин, одделен со најлони. Преградите треба да се тргнат од сите места каде што стојат без одобрение. Нивното толерирање е неправда за тие што платиле - велат општинските советници.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121891040473&id=14&prilog=0&setIzdanie=21865


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jan-2010 at 06:32

Летни тераси работат и во зима

Иако уште пред два месеца требаше да бидат отстранети летните тераси и заградените најлон-површини од кафетериите во Велес, се' уште постојат и функционираат. Во друг случај, на главната улица Благој Ѓорев изминатиот период киосците што се привремени објекти преку ноќ станаа мини-маркети со двојно поголема површина. Граѓаните и конкуренцијата реагираа на ваквата состојба, бидејќи станува збор за узурпирање јавни површини, дивоградби, кои немаат документација.

Локалната власт знае за ваквата состојба, а не може да ја реши зашто нема извршна служба.

- Има многу вакви примери на градежна недисциплина кај сограѓани, откако во 2005 година на локално ниво беше спуштена ингеренцијата за извршната служба. Во Велес во овој период нема ваква служба и сега се обидуваме да ја надминеме состојбата со распишување оглас за фирма што ќе ги извршува овие работи - вели градоначалникот Горан Петров.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=25C824C9F91A27498CC7389BA8DCCF62


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jan-2010 at 20:44
Конечно го подбраа Тренд Cheers




Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2010 at 03:09


А богами акцијата продолжи Cheers

Вистинска чистка на нелегалните тераси на кеј

Истовремено се вршеше безмилосно уривање на терасите на сите седум локали на шеталиштето. Кафеанџиите не даваа отпор

Како никогаш досега општинската инспекција од Центар вчера ги уриваше незаконски заградените тераси на кејот на Вардар. Педесетина ангажирани извршители од рано изутрина почнаа со демонтирање на најлоните, подовите и воопшто на сите делови од конструкциите од нелегалните градби. Безмилосна чистка истовремено се вршеше на терасите на сите седум локали на шеталиштето. Освен општинските работници во акцијата се вклучија и дел од сопствениците на кафулињата со свои работници. Иако револтирани, сепак, кафеанџиите не даваа отпор.

Милан Пижула, градежен инспектор во Општина Центар, објасни дека надлежните имале сознанија оти ниту еден од кафеанџиите не поседува дозвола за користење на терасите, но акција досега не била преземена, бидејќи Општината се' уште немала избрано фирма за уривање. 

„Тендерот конечно заврши и ангажирани се три фирми, или вкупно педесетина работници. Почнавме со уривање утринава и очекувам работата да ја завршиме најдоцна до понеделник“, изјави Пижула. 

Општинскиот инспектор немаше сознанија дали и кои дивозаградени тераси се следни на списокот за уривање, имајќи предвид дека на повеќе локации во Центар кафеанџии нелегално узурпираат јавни површини со месеци.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9928B7E1406EC544B566647789E07D49 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9928B7E1406EC544B566647789E07D49


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2010 at 03:53
Конечно нешто за пофалба  Cheers

Сепак, да не биде само чудо за три дена... доколку се јави потреба, веднаш да се интервенира повторно!


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 21-Jan-2010 at 04:41
   Аха, дриим он... Доаѓа пролет, а со неа и печурките по дождот.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2010 at 08:51
Како почнаа, две маси, па церадар, па фрижидер за сладолен, па тенда, па ај ги сменија мсите со гарнитури, па маси скроз до кејот, ај покив, некои почнаа со дрвени конструкции. И така све тоа налепено, а не сме ни го приметиле како драстична промена. 


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2010 at 00:02

КАФЕАНЏИИТЕ БАРААТ ИЗМЕНА НА ЗАСТАРЕНИТЕ АДМИНИСТРАТИВНИ ОДЛУКИ


Нови правилници - лек за летните тераси


Угостителите се жалат дека Правилникот за поставување летни тераси и останатите законски норми се носат или задоцнето или пак со предлози кои тешко се спроведуваат на теренот


Кафеанџиите и угостителите бараат измена на актуелната законска регулатива од доменот на нивната дејност и итно донесување на нови акти во кои ќе бидат имплементирани и нивните предлози со што конечно би се ставило ред на јавните површини. Оваа иницијатива не е нова, но е актуелизирана деновиве откако Општина Центар почна да ја спроведува акцијата за отстранување на летните тераси од кејот 13 Ноември и плоштадот Македонија. Угостителите се жалат дека Правилникот за поставување летни тераси и останатите законски норми се носат или задоцнето или пак со предлози кои тешко се спроведуваат на теренот.
- Секоја година се повторува истата приказна. Се донесуваат административни одлуки, правилници, па измени, кои е тешко да се спроведат на теренот. Не сум изненаден од вакви ад хок акции бидејќи градските власти тоа го правеле и досега. Но, тоа не е решение. Ние сме подготвени да разговараме и сето она што е во интерес на Градот, општината и граѓаните да го прифатиме и да го спроведеме. Конечно, да изнајдеме вистинско, долгорочно решение. Оваа локација е навистина атрактивна, а на неа има место и за летни тераси и за пешаците, вели еден од угостителите на Кејот којшто деновиве остана без летна тераса.

И Македонската туристичка заедница - МТЗ ги повика сите градоначалници во државава да иницираат измени во своите индивидуални правилници и да побараат измена и дополнување во Законот за угостителска дејност. Тие предлагаат да се издаваат дозволи за вршење на угостителски услуги на јавните пешачки површини: плоштади, простори, пешачки улици и дозволи и за поставување на маси, столчиња, шанкови, фрижидери, мебел и др., но со услов корисниците да обезбедат услови за непречено и безбедно одвивање на пешачко движење. Тие предлагаат законски да се спречи поставувањето на архитектонски бариери кои можат да го попречат безбедното движење на пешаците или да го отежнат и оневозможат движењето на хендикепираните лица. Овие предлози МТЗ ќе ги достави до Владата и истовремено ќе покрене иницијатива за формирање на Министерство за туризам или да направи измена, туризмот да го префрли од министерството за економија во Министерството за локална самоуправа.

И скопјани немаат ништо против летните тераси, доколку се ослободи место и за пешаците и за угостителите. "Летните тераси се неопходни особено сега со новиот Закон против пушење. Ама кафеанџиите треба да имаат точно определена површина и доколку се прошират надвор од границите ригорозно да бидат санкционирани - сметаат тие.
Минатата недела Општина Центар успеа да ги отстрани конструкциите и летните тераси од Кејот и улицата Македонија.                                                                                                                              http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FD7506BAB06FF040AD7301040F63A800      



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Feb-2010 at 11:35
ПРЕЦИЗИРАНИ ПРОПИСИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ УРБАНИСТИЧКА ОПРЕМА
Летните тераси под строг режим

Кафеанџиите повеќе нема да можат да изнесуваат цели гарнитури и фотелји пред кафулињата затоа што се дозволени само лесноподвижни маси, столови, жардиниери, ограда, чадори, стреи или тенди. Сите овие елементи треба да бидат усогласени по боја и облик и да сочинуваат една естетска целина. Страните на тендата не смеат да се затвораат со најлон или каков било друг материјал заради изградба на зимска градина на јавна површина. Ова е дел од прописите во новите одлуки што ги донесе Советот на Град Скопје, во согласност со Законот за градење. Со градските одлуки се забранува да се поставуваат платформи или рампи пред кафулињата, освен ако служат за нивелирање на подлогата на теренот. Кога столовите и масите се на тротоар, мора да постои 1,5 метар простор за пешаци, а во централното градско подрачје, односно Малиот ринг, 2,5 метра. Ако сопственикот сака да постави опрема на површината која е во границите на заштитено подрачје или објект со посебен режим на користење, тој мора да има мислење од Државната управа за заштита на културно-историското наследство или од друга надлежна институција. Конечно, се разрешува и прашањето кој ја издава дозволата за поставување на урбанистичката опрема, а не како досега одобрението да се зема од две страни, и од Градот и од Општината. Со одлуката, сопственикот ќе вади дозвола од Градот ако локалот се наоѓа на површина под градска надлежност или од Општината ако се наоѓа на нејзино земјиште. Сепак, општинската дозвола ќе подлежи на претходна согласност од Градот. Доколку општината не сака да се ангажира за издавање дозволи, може да потпише договор со Градот и нему да му ја препушти обврската. Но, во тој случај ќе треба и парите од комуналната такса да ги дели по половина со градските власти. Одобрението за поставување опрема трае 24 часа ако се зема за еднодневни манифестации и презентации, еден месец доколку е наменето за подолготрајни настани и за изложби, сезонско од три до седум месеци, ако е за трговија на мало, и годишно, ако е за угостителство, трговија, градилиште и друга намена. За да го извадат документот, граѓаните треба да достават заверен елаборат со детални цртежи за тоа како планираат да ја постават опремата, колкава површина за пешаци и за пристап на итни возила ќе остават и да приложат доказ за платена комунална такса. Пресметката за таксата ја прави надлежниот Сектор за планирање и уредување на просторот. Ако сопственикот пред локалот изнесе опрема на поголема површина од таа во елаборатот или пак не постапува според мерките од инспекцијата, службите ќе му ја одземат дозволата и нема да му издадат нова во рок од шест месеци. Граѓаните ќе треба да го усогласат своето работење со одлуката во рок од еден месец, а ако не го направат тоа, опремата ќе им биде тргната на нивни трошок. Од Одделението за односи со јавност на Градот не одговорија со колку инспектори ќе ги спроведуваат одлуките, со оглед на тоа што во последниот извештај за работата на инспекцијата, овој сектор се жалеше за недоволна екипираност.

Прописи за се и сешто

Одлуката пропишува и како да се прават привремени паркиралишта и пешачки патеки на неизградено земјиште, како треба да се постават платформи за различни манифестации, сплавови за јавни настани на вода, информативни табли, летни дискотеки, дури и колкава површина смеат да зафатат тие што продаваат билети, весници, сувенири и цвеќе на отворено. Таа ги опфаќа и автобуските постојки, телефонските говорници, куќарките за чувари, јавните тоалети, тезгите, опремата за детски игралишта, фонтаните, чешмите, клупите, кантите и паркиралиштата за велосипеди.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1948&ArticleID=134343


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Feb-2010 at 11:36
Сега системот е поставен, нема потреба ни кафеанџиите да импровизираат цели ресторани, а ниту градските власти да импровизираат акција. За поздравување полтикичката воља да се реши проблемов.


Posted By: krale
Date Posted: 19-Feb-2010 at 15:03
Мислам дека прописите се малку престроги - па на што ќе личат кафичите и рестораните ако се поставуваат само пластични столици? Од друга страна кај нас, како и со пушењето, мора изгледа се да се забрани додека не се стави ред, па после може да се попушти за по некоја работа.


Posted By: axel
Date Posted: 08-Apr-2010 at 11:11

Сите летни бавчи треба да имаат иста боја и височина, но и да бидат лесно расклопливи затоа што по завршувањето на работното време на кафулињата урбаната опрема ќе мора да се собира

 
 
%20  
Наскоро сите летни и зимски тераси во угостителските објекти во градот ќе треба да имаат чадори или, пак, тенди во иста боја. Тендите по кафулиња ќе треба да бидат со иста висина. Досегашните гарнитури за седење како двоседи, троседи и фотелји поставени на терасите ќе треба да се заменат со обични маси и столчиња. Сето ова е предвидено со новата предлог- одлука која градот ја достави до општините, кои се должни да ја изгласаат, но и да се грижат за нејзиното спроведување. Во иднина ниту едно кафуле не смее да постави платформа на јавна површина, оградите и жардиниерите не смеат да бидат фиксирани за земја, а нивната висина да не е поголема од 80 сантиметри. По завршувањето на работното време сопствениците на кафулињата ќе треба да ја соберат својата опрема. При поставувањето на масите и столичињата, кафеанџиите мораат да внимаваат да остават по 1,5 метар слободен простор за пешаците, а оние во Малиот ринг ќе мора да остават 2,5 метри слободен простор за движење.

- Оваа одлука е обид кафулињата во сите градски општини на некој начин да добијат ист унифициран изглед. По нејзиното усвојување од општинските совети, таа ќе се објави и во Службен весник, по што таа ќе стапи на сила и ќе важи на подрачјето на градот. Досега имавме проблем со поставување на урбаната опрема, но се надеваме дека овој пат оваа одлука успешно ќе се применува - ни изјавија од градот.

Одлуката досега помина на советот на општината Центар, а во другите ќе се разгледува деновиве. Од градот додаваат дека очекуваат најдоцна за две недели таа да се изгласа и на ниво на цел град.

Цената за квадратен метар површина на која се поставуваат летните тераси е иста како и досега - 15 денари.
Некои сопственици на кафулињата на кејот „13 Ноември“ велат дека не се многу сигурни во резултатот што ќе произлезе од оваа акција. Тие објаснуваат дека порано не можеле да се договорат со општинските власти само за поставување на масите и столчињата, а камоли пак, сега кога ќе треба сите да се договараат за тоа како да изгледаат локалите.

- Не знаеме ниту кој ќе одлучува, ниту, пак, на кој начин ќе се спроведе целата акција. Се надевам дека нема да претрпиме големи загуби поради овој проект. Минатата година, па и на почетокот на оваа, имавме проблем со општината Центар која ни ги отстрануваше терасите, дури ни ги извадија и платформите. Се надевам дека откако конечно ќе се донесе ова одлука, нема повеќе да ги имаме истите проблеми – велат кафеанџиите.     
 
                                                                                                                                                    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=47101550555&id=14&prilog=0&setIzdanie=21953


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 13-Apr-2010 at 00:59

„Тренд“ пак гради дивоградба

Од Општина Центар велат дека нема да се толерира никој што гради дивоградби, а најмалку на градскиот плоштад и тоа веднаш до споменикот на Ченто

Сопствениците на кафулето „Тренд“ на плоштадот Македонија деновиве повторно нелегално изградија подлога со натстрешница, под која е сместена голема летна тераса. За сопствениците, кои редовно бесправно ја поставуваат терасата, како да не значеше ништо тоа што пред само два и пол месеца градежната инспекција на Општина Центар ја урна претходно поставената натстрешница. За нив не важи ниту правилникот за поставување урбана опрема, кој неодамна го усвои Град Скопје, според кој, масите и столовите мора да се поставуваат директно на подлогата, односно на тротоарот, а врз него не смее да се зашрафува или гради друга подлога. Исто така, правилата не дозволуваат да се градат натстрешници, а гостите од сонце и дожд треба да се штитат единствено со чадори.

Инспекторите на општина Центар велат дека уште во саботата ги опоменале сопствениците на кафулето да престанат со изградбата, но тие продолжиле да градат со исто темпо. И вчера работници ја монтираа металната конструкција, а скопјани коментираа дека споменикот на Методија Андонов-Ченто, кој наскоро ќе биде поставен пред кафулето, нема да се гледа од огромната тераса.

Од Општина Центар вчера изјавија дека нема да го толерираат однесувањето на сопствениците и дека ќе го урнат објектот.

- Иако ги опоменавме уште во саботата да престанат со изградба на натстрешницата, тие продолжиле. Главниот градежен инспектор Милан Пижула го подготвува решението за уривање и штом ќе добиеме асистенција од полицијата, дивоизградениот дел „Тренд“ ќе биде урнат. Нема да се толерира никој што гради дивоградби, а најмалку на градскиот плоштад и тоа веднаш до споменикот на Ченто - велат од Општина Центар.

Сопствениците на кафулето вчера не беа достапни да и' објаснат на јавноста зошто повторно го узурпираат плоштадот и градат тераса без дозвола.

Тие со години ги игнорираат правилата на игра кога се летните тераси во прашање, па досега наместо едноставни летни тераси градеа цели куќи, односно поставуваа завеси, лустери, телевизори, гарнитури за седење, па дури и за лежење. И покрај тоа, за неколку години беа уривани едвај два-три пати.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=35FAC92A74BC4044B3A3F5F67B1FCD90 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=35FAC92A74BC4044B3A3F5F67B1FCD90


Posted By: Baze
Date Posted: 13-Apr-2010 at 16:52
НОВ ПРА­ВИЛ­НИК НА ГРА­ДОТ ЗА РЕД НА ЛЕТ­НИ­ТЕ ТЕ­РА­СИ

Заб­ра­не­ти тен­ди и плат­фор­ми

На ке­јот 13 Но­ем­ври ма­си ќе смее да има че­ти­ри мет­ри пред ка­фу­ле­то, по­тоа сло­бо­ден прос­то­рот од де­вет мет­ри за пе­ша­ци­те, и пов­тор­но прос­тор од де­вет мет­ри за лет­ни те­ра­си. Во мо­мен­тов се од­ре­ду­ва прос­то­рот за лет­ни те­ра­си и на ули­ца Ма­ке­до­ни­ја

Сопс­тве­ни­ци­те на ка­фу­ли­ња­та оваа се­зо­на ќе сме­ат да пос­та­ву­ва­ат са­мо ма­си, сто­ли­о­ви и ча­до­ри на лет­ни­те те­ра­си. Ни­ту ед­на те­ра­са не смее да би­де ог­ра­де­на со ме­тал­ни конс­трук­ции и со плат­фор­ми. Ова е пред­ви­де­но спо­ред но­ви­от пра­вил­ник за лет­ни те­ра­си, кој го до­не­се Град Скоп­је, сог­лас­но За­ко­нот за град­ба, кој пред­ви­ду­ва уни­фи­ци­ра­ни лет­ни те­ра­си.
Спо­ред пра­вил­ни­кот, стро­го се од­ре­ду­ва и кол­кав прос­тор ќе мо­же да за­фа­ќа­ат ка­фу­ли­ња­та. На ке­јот 13 Но­ем­ври по­ве­ќе не­ма да би­де доз­во­ле­но ка­фе­ан­џи­и­те ма­си­те и сто­ло­ви­те да ги рас­пос­ти­ла­ат по це­ло­то ше­та­лиш­те. Ма­си ќе смее да има че­ти­ри мет­ри пред ка­фу­ле­то, по­тоа тре­ба да има сло­бо­ден прос­то­рот од де­вет мет­ри за пе­ша­ци­те, и пов­тор­но прос­тор од де­вет мет­ри за лет­ни те­ра­си. Во мо­мен­тов се од­ре­ду­ва и кол­кав прос­тор со ма­си и сто­ли­о­ви ќе мо­же да за­зе­ма­ат ка­фу­ли­ња­та на ули­ца Ма­ке­до­ни­ја, во Де­бар ма­а­ло и на ос­та­на­ти­те ло­ка­ции ка­де што има лет­ни те­ра­си. Сопс­тве­ни­ци­те на ка­фу­ли­ња­та ќе тре­ба, по за­вр­шу­ва­ње на ра­бот­но­то вре­ме, да ги со­би­ра­ат си­те ма­си и сто­ло­ви­те од јав­на­та по­вр­ши­на, а не ка­ко до­се­га, да сто­јат це­ла ноќ, ка­ко што бе­ше слу­чај со ке­јот 13 Но­ем­ври.
"Со овој пра­вил­ник лет­ни­те те­ра­си на ка­фу­ли­ња­та ќе би­дат уни­фи­ци­ра­ни. Не­ма ве­ќе да се доз­во­лу­ва ко­му ка­ко му тек­не да го ог­ра­ду­ва прос­то­рот со ме­тал­ни конс­трук­ции, да пос­та­ву­ва же­лез­ни тен­ди и др­ве­ни плат­фор­ми", ве­лат од Оп­шти­на Цен­тар.
Ин­спек­то­ри­те од оп­шти­на­та на чи­ја те­ри­то­ри­ја се на­о­ѓа­ат ка­фу­ли­ња­та кои не­ма да ги по­чи­ту­ва­ат од­ред­би­те од пра­вил­ни­кот ќе ги ури­ва­ат ди­во­из­гра­де­ни­те те­ра­си.(А.А.)

"Тренд" гра­ди ди­ва лет­на те­ра­са

Ка­фу­ле­то "Тренд" де­но­ви­ве пов­тор­но поч­на да го ог­ра­ду­ва прос­то­рот за лет­на те­ра­са со ме­тал­ни конс­трук­ции. Иа­ко од Град Скоп­је и од Оп­шти­на Цен­тар ги пре­дуп­ре­ди­ле ка­фе­ан­џи­и­те де­ка мо­ра да ги по­чи­ту­ва­ат од­ред­би­те на но­ви­от пра­вил­ник и де­ка, во спо­ро­тив­но, ќе би­дат ур­на­ти, сопс­тве­ни­ци­те на ка­фу­ле­то си те­ра­ат по свое.
"Ка­фу­ле­то 'Тренд' не смее да го ог­ра­ду­ва прос­то­рот со ме­тал­ни конс­трук­ции. До­не­се­но е ре­ше­ние за ури­ва­ње, и на­ши­те ин­спек­то­ри де­но­ви­ве ќе из­ле­зат на те­рен и ќе ин­тер­ве­ни­ра­ат", ве­ли Јо­ви­ца Ац­ков­ски, пор­тпа­рол на Оп­шти­на Цен­тар.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=58C194A2223C4E4FA3F79A64D1401375


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 13-Apr-2010 at 22:06
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41310104475&id=14&setIzdanie=21957 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41310104475&id=14&setIzdanie=21957
 
дифрент енгл, се надевам не е стара
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Apr-2010 at 22:09


Дефинитивно е нова, ене го Ченто од десно


Posted By: axel
Date Posted: 20-Apr-2010 at 11:40
ЕТНИТЕ ТЕРАСИ СЕ ПРИСПОСОБУВААТ НА НОВИТЕ ПРАВИЛА
Чадори наместо стреи на улица Македонија

Роза Петкова

Улица Македонија осамна со црвени, бели, зелени чадори за сонце откако кафеанџиите почнаа да ја применуваат новата градска одлука за летните тераси. Одлуката наложува сопствениците на кафулињата да се откажат од досегашните тенди и стреи, па се чини исплашени од честите контроли на Општина Центар, сопствениците побрзале да ги применат новите правила. Така, по шеталиштето во строгиот центар може да се забележат чадори во различна боја и облик, во зависност од тоа кој спонзор се рекламира. Според одлуката за поставување привремени објекти и урбана опрема, сите чадори на една тераса треба да бидат усогласени по боја и облик за да формираат една целина. Сепак, од Град Скопје и од Општина Центар не прецизираа што точно значи унифициран изглед за кафулињата и дали за да не се наруши естетскиот и општиот лик на околината, како што се вели во одлуката, терасите треба да се усогласат и меѓу себе по бојата на опремата. - Унификацијата на летните тераси треба да ја направи Општината. Ние ја донесовме одлуката, а понатаму неа треба да ја усвојат и општините - вели Неделчо Крстевски, портпаролот на Град Скопје.
На денешната седница на Советот на Општина Центар на дневен ред е предлог-одлука за овластување за поставување урбана опрема на општинско подрачје, но и оттаму не кажаа прецизно дали кафулињата на еден ист простор ќе треба да се усогласат со боите на чадорите. Одговорот на портпаролот на општината, Јовица Ацковски, е дека прашањето е уредено со одлуката на Градот.
Кафеанџиите во изминатиов период направија промени и во мебелот што го поставуваат пред локалите, па така место фотелји и каучи, како досега, можат да се забележат претежно лесни маси и столчиња. Со новите правила, стреи и тенди се дозволени ако пред локалите се извадени само по еден ред маси, што не е случај со најголемиот број кафулиња во центарот на Скопје. Исто така, тендите мора да бидат монтажни и да се поставени на чело на објектот, паралелно со ѕидот, без потпирачи на јавната површина. Тие смеат да го покриваат само просторот за летна тераса и не е дозволено да се затвораат со најлон или друг материјал за да се изгради зимска тераса, како што беше случај досега. Минималната височина за чадорите за сонце, пак, изнесува 2,4 метри, а за стреите и тендите 3,2 метри над слободната површина.
Нејасно е и кој ќе ја врши контролата за спроведувањето на новата одлука, па така додека во Градот тврдат дека на плоштадот, улица Македонија и на кејот 13 Ноември треба да бидат општинските инспектори, во Центар тврдат дека контролата ќе ја врши и општинска и градска инспекција, секој во својата надлежност.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2000&ArticleID=138914


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Apr-2010 at 22:58
Blahblah
ПРОБЛЕМ СО ЛЕТНИТЕ БАВЧИ
Парите ги скараа Центар и Град Скопје

Советниците на Општина Центар не дозволија Градот да им ја преземе надлежноста врз летните бавчи за да не ја делат со градските власти добивката од комуналната такса. Општината и натаму ќе ги издава одобренијата за урбана опрема, која се поставува пред локалите од нејзиното подрачје, по претходно добиена согласност од Градот. На последната седница Советот ја одби одлуката со која градоначалникот Владимир Тодоровиќ требаше да склучи договор со Град Скопје, за тие да го преземат издавањето одобренија на кафулињата, а парите од комуналиите да ги делат по половина. Советниците жестоко реагираа дека тоа би било уште еден упад во нивните надлежности и дека ќе ги изгубат приходите, како што тоа се случува со зонското паркирање и со издавањето на рекламните паноа. - Не еднаш сме изиграни од Градот. Ние ќе ја изгубиме контролата и утре кога ќе има нови измени на Законот за локална самоуправа ќе докажеме дека сме само подрачна единица, а не општина - рече советникот Иванчо Вучевски. Советничката Благородна Крстевска-Мојсовска предложи градските власти, како тест за нивната соработка со Општината, да ја делат и добивката од зонското паркирање, кое се одвива на улиците под општинската надлежност. Градоначалникот одговори дека измешаноста во надлежностите меѓу Градот и општините е стара. Тој потсети дека улица Македонија, според делбениот биланс, е во надлежност на Градот, а Центар ја реконструираше. Истиот случај е и со кејот, кој по делбата припаднал на општината, а градските власти го уредија. 

Р. П.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2002&ArticleID=139115



Би ги потсетил господата од општина центар дека надлежност за летните тераси не значи само собирање на пари, туку и обврска да се воведе и одржува ред. Години наназад гледавме како се покажаа на тоа поле.

Инаку дотичните господа во одредени случаи радо прифаќаат да бидат декор и нечија алатка (или по нивно „подрачна единица“)  за упад во надлежностите на градот (во времето на Трифун), ама некогаш па сакаат да бидат држава во држава. Епа не бива  Bash


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 24-Apr-2010 at 14:22

Решение за уривање на стреата на „Тренд“

Трите фирми што на тендер ги избра општината Центар, деновиве прават увид на ситуацијата со надградбата на кафулето „Тренд“, во центарот на градот

Трите фирми треба да видат во каква состојба е кафулето и колку пари ќе чини отстранувањето на покривот, кој сопственикот незаконски го постави. Фирмата што ќе побара најмалку пари ќе биде овластена од општината Центар да ја отстрани дивоградбата. Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар, изјави дека е донесено решение за уривање на „Тренд“, а се чека само фирмите да се изјаснат за сумата потребна за отстранување на стреата.

Од општината информираат дека на подрачјето на Центар има околу шеесетина диви надградби и доградби, кои наскоро ќе се отстранат.

- Инспекторите се на терен, така што наскоро ќе се донесат решенија за уривање на неколку дивоградби - кажа Ацковски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42410108553&id=14&prilog=0&setIzdanie=21967 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42410108553&id=14&prilog=0&setIzdanie=21967


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 24-Apr-2010 at 14:27

Советниците од Центар се премислија за летните тераси

Откако во вторникот советниците од општината Центар решија дека сами ќе издаваат дозволи за поставување летни тераси, на седницата на советот што се одржа во четвртокот се премислија и решија сепак градот да ги издава овие дозволи во нивно име

На оваа седница на советниците им се поделени нови материјали, меѓу кои и попрецизниот договор со кој Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, треба да го овласти скопскиот градоначалник Коце Трајановски да ги издава дозволите за летни тераси во име на општината Центар. Советниците велат дека овој пат го усвоиле договорот затоа што во него се прецизирани повеќе точки, за кои тие мислеле дека со претходниот договор не се опфатени.

- Го усвоивме договорот, а со тоа и го овластивме градот да собира елаборати и да издава дозволи во име на општината Центар, а нашата администрација да добива редовни информации за тоа - објаснија советниците од Центар.

Градоначалникот Тодоровиќ кажа дека со потпишувањето на договорот на сите оние што ќе бараат дозволи ќе им се овозможи полесна постапка, а повеќе не ќе мора да поднесуваат документи и во градот и во општината.

- Со овој договор поднесувањето документи ќе биде нешто како едношалтерски систем. Од градот редовно ќе нé информираат за сите новости. Сметам дека ова е добра одлука - кажа Тодоровиќ.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42410109132&id=14&prilog=0&setIzdanie=21967 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42410109132&id=14&prilog=0&setIzdanie=21967


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Apr-2010 at 14:54


Знаејќи како стојат работите, поверојатно ми е дека ги повлекле за уши 


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 24-Apr-2010 at 23:46
СОПСТВЕНИКОТ НА КАФУЛЕТО „ТРЕНД“ ОБВИНУВА
Весникот „Вест“ сака да го уништи „Тренд“

Сопственикот на кафулето „Тренд“, Предраг Василевиќ-Пеџа, кое се наоѓа во строгиот центар на градот, тврди дека весникот „Вест“ и неговиот главен уредник Горан Михајловски од лични мотиви константно се обидува да му го наруши угледот и целосно да му го уништи бизнисот. Само во изминатиов период во овој весник се излезени околу дваесетина текстови со кои без аргументи и по секоја цена се напаѓа исклучиво кафулето „Тренд“. Текстовите се однесуваат на се и сешто, од невистинити обвинувања за гласна музика, до тврдења за незаконско работење. - Очигледно дека целта на „Вест“ и на Михајловски е да ми ја затворат кафеаната по секоја цена. Нема друг одговор. Им пречам и тие ја манипулираат јавноста и вршат притисок врз институциите да ме затворат - вели Василевиќ. Мотивот за ваквите напади, според газдата на ова популарно кафуле, е во фактот што близок роднина на Михајловски живее во зградата веднаш до „Тренд“ и најверојатно тој врши притисок врз главниот уредник на „Вест“ да се пишуваат текстови оти му пречи кафулето. Интересно е што од во центарот на Скопје, поточно, околу плоштадот Македонија и трговскиот центар, гравитираат околу 300 кафулиња, но „Вест“ објавува толку текстови само за едно, а тоа е кафулето „Тренд“.
- Не можам да разберам како може од толку кафеани, само за мојата да се пишува, како само „Тренд“ да постои во центарот. Нема друг одговор освен дека сакаат да ме затворат, да ми го уништат бизнисот - вели Василевиќ. Тој тврди дека кафулето ги почитува сите можни закони и одлуки, кои ги имаат донесено надлежните институции. Редовно исплаќа плати на преку десетина вработени, редовно си го плаќа данокот и другите давачки кон државата и општината. Поради некои од одлуките, кои се однесуваат на бавчата и на тендата, газдата морал и да отпушта вработени. Но, тоа не е доволно, вели Василевиќ, оти по притисокот и текстовите од весникот „Вест“ секојдневно доаѓале разни инспекции, но кога ќе виделе дека се е во ред си заминувале со извинување. Апсурдот оди до таму што, иако во кафулето има само тивка музика, роднината на главниот уредник на „Вест“ постојано пријавува дека се кршат прописите за предизвикување бучава. Полицијата неколку пати доаѓала да интервенира, но попусто, оти кога ќе дојдат се уверуваат дека музиката е тивка. - Сега веќе не ни доаѓаат, зошто и самите знаат дека пријавите се лажни - вели Василевиќ. Тој смета дека главниот уредник на „Вест“, Горан Михајловски, со ова ја злоупотребува својата функција и го злоупотребува медиумот за свои лични интереси. Поради тоа, Василевиќ веќе има подготвено претставки со кои ќе се жали до Здружението на новинари, уредништвото на „Вест“, менаџментот на „Медиа принт Македонија“, кој го издава весникот, но и до седиштето на германски „ВАЦ“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2004&ArticleID=139302 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2004&ArticleID=139302


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Apr-2010 at 23:55


Трагична судбина на скопскиот кафеанџија. Тој само сака чесно да си го заработи лебот

Puke


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 06-May-2010 at 23:37
вака-така, терасава на Тренд пак стои и функционира и е залепена до постаментот за споменикот на Ченто (кој патем некако ми се чини превисок)..


Posted By: axel
Date Posted: 27-May-2010 at 22:09
ЌЕ СЕ СТАВИ ЛИ РЕД ВО ХАОСОТ НА ПЕШАЧКИТЕ ЗОНИ


Летните тераси ќе ги одобрува Градот

Контролата и санкциите и натаму ќе ја вршат општинските градежни инспектори


Одобренијата за летните тераси кафеанџиите ќе треба да ги побараат во Град Скопје, каде што ќе се изработуваат и елаборатите, а не како досега во општините, а контролата и натаму ќе ја вршат општинските градежни инспектори. Ова било договорено на средбата на Координативното тело на градоначалници, со цел, како што истакна градоначалникот Коце Трајановски, да се реши хаосот што во изминативе години се правеше поради недоследности во законската регулатива и преклопување на надлежностите меѓу Градот Скопје и општините.
- Годинава првпат се воведува ред и во овој дел од надлежностите на локалната власт. Град Скопје ја презема обврската да ги изготви елаборатите и програмите за урбаната опрема за сите општини. На атрактивните делови, како улицата Македонија" и кејот 13 Ноември" се направени елаборати со Општина Центар според кои се даваат одобренија, информираше Трајановски и потсети дека Градот ги издава одобренијата за поставување урбана опрема за сите општини, а финансиите од приходите ќе се делат 50 отсто за општини и 50 за Градот.
Досега во Градот биле поднесени 300 барања за поставување на урбана опрема на јавни површини од кои на половината било позитивно одговорено.
Градоначалникот Трајановски најави и дека се планира летово на плоштадот Македонија" и поширокиот центар да се постават повеќе мултифункционални тезги од отворен и од затворен тип на кои ќе се продаваат уметнички и занаетчиски производи. За таа цел веќе се склучуваат договори со избраните форми за изработка на тезгите кои ќе имаат унифициран изглед.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=842371AED322E94DA77A1FE102BF9F21


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 01-Jun-2010 at 22:23

Нова градска шема за летни тераси

 
Сопствениците на кафулето „Тренд“ викендов ја сменија својата натстрешница, односно ја урнаа старата и изградија нова, уште поголема, но овој пат легална, со дозвола од градските власти. Иако според Правилникот за поставување урбана опрема, според кој летните тераси ќе се покриваат само со чадори, а масите треба да се местат директно на подлогата, без да се зашрафува нешто друго на неа, легалната стреа на „Тренд“ има посебна подлога, цврста изградена натстрешница и никаде нема чадори. Сопствениците на кафулето велат дека се' е легално и дека градските власти им издале одобрение за натстрешницата врз основа на однапред подготвен и одобрен елаборат.

Од Градот Скопје, кој од оваа сезона ги издава дозволите за летни тераси, потврдија дека „Тренд“ е меѓу кафулињата што обезбедиле дозволи. Велат дека сите субјекти што сакаат да постават опрема и мебел надвор од објектите мора да ги почитуваат нормите.

- Сите елементи треба да бидат според стандардите предвидени во правилникот и не смеат да бидат градежно фиксирани за подлогата. „Тренд“ има добиено одобрение за поставување мебел на јавна површина и не смее да изведува никакви градежни активности со кои ќе го огради и покрие просторот. Ако не се придржувал до нормата, општинската градежна инспекција треба да го констатира тоа и да ги преземе сите законски мерки за почитување на пропишаните стандарди - велат во одделението за односи со јавноста.

Општина Центар досега неколкупати најавуваше дека ќе ја урне старата натстрешница на кафулето, но не го исполни ветувањето. Првин немаа обезбедено фирми за уривање, потоа им фалеше полициска асистенција, а на крајот се правдаа дека фирмите за уривање рушеле на улицата Железничка.
 
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3A13E937BDAB7649934B8417833E3E6A - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3A13E937BDAB7649934B8417833E3E6A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2010 at 02:23
Сопствениците на кафулето „Тренд“ викендов ја сменија својата натстрешница, односно ја урнаа старата и изградија нова, уште поголема, но овој пат легална, со дозвола од градските власти.



Може некој да ми објасни како летната (и зимска!) тераса на „Тренд“ стана легална?!?
летните тераси ќе се покриваат само со чадори, а масите треба да се местат директно на подлогата, без да се зашрафува нешто друго на неа
Со новите правила, стреи и тенди се дозволени ако пред локалите се извадени само по еден ред маси, што не е случај со најголемиот број кафулиња во центарот на Скопје. Исто така, тендите мора да бидат монтажни и да се поставени на чело на објектот, паралелно со ѕидот, без потпирачи на јавната површина. Тие смеат да го покриваат само просторот за летна тераса и не е дозволено да се затвораат со најлон или друг материјал за да се изгради зимска тераса, како што беше случај досега. Минималната височина за чадорите за сонце, пак, изнесува 2,4 метри, а за стреите и тендите 3,2 метри над слободната површина.

А како бонус, зарем не е недоличен начинот на кој што терасата на „Тренд“ е слепена за споменикот на Ченто? Милион евра за огромен мермерен споменик, за некој кафанџија практично да си го направи инвентар. Кого лажеме дека со овие споменици им оддаваме почит на нашите великани? Очигледно на некои им е битно да се направат набавките, а за понатака не се замараат премногу.
  Bash

1


2



Posted By: <Fresno>
Date Posted: 15-Jun-2010 at 10:59
Значи нема никаква разлика со претходната „стреа“...



...а и близината до Ченто е иста. Мора некако да се притиснат градов и општиниве да стават крај на ова узурпирање на јавен простор. Направија каков таков ред на кеј и ул. Македонија, ама на Тренд и на сите кафичи со тераси на тротоар (Ленинова, Буњаковец и низ цело Скопје) им дадоа одврзани раце да прават што сакаат. Се знае како се прави тоа, еден два реда маси, мала стреа над нив и тоа е тоа. А на медиумиве глас не им се слуша, па ако нешто заслужува посебно внимание тоа е оваа тема.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 15-Jun-2010 at 12:51
Ама се е поткупено во таа проклетија од држава. Вие зошто мислите му правеа рации неколку пати, за да го зауздаат ли? НЕ, да си ја поткупи дебело дозволата. Така се случува со повеќето угостителски објекти (ниту зборовите кафич, ниту кафуле се правилни на македонски, всушност мислам дека е настанат вакум во 1945 со вештачката промена...кафене треба да е правилно, но не тврдам), а и зградите воопшто. Истото е и со СК2014, мрсна пара се изналапаа од сите страни, простиот народ се пали и се дели, тие безделничат и само за свое добро гледаат.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 15-Jun-2010 at 18:10

ако веќе неможе да се тргне (незнам од кои причини) бар да беше пола од ова што е.. срамота е до спомеников е залапена тересава.. што апетити ќе беа во прашање.. ептен се нема респект за спомеников..



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jun-2010 at 23:35

Во Дебар Маало метеж на големо

Невиден сообраќаен метеж се случува во Дебар Маало откако стана популарно место за излегување. Поради новата мода летните тераси да се распослуваат до самите рабници на тротоарите, пешаците ги изгубија и последните педи слободен простор за безбедно движење. Сега сите, и млади и стари, се принудени постојано да се движат на улица, каде што фреквенцијата на возила е зголемена поради проширувањето на Илинденска и поради летната шема во Дебар Маало. Таква е ситуацијата на улиците Орце Николов, 29 Ноември, Ленинова и на другите помали улици.

- Дебар Маало е јазол, без тротоари, секое слободно парче од улиците е прекриено со кафеани или со разна стока на маалските продавничиња, играчки, велосипеди. Ризик е да си пешак во Дебар Маало. Нема каде да одиме, а најстрашно е што некои улици и воопшто немаат тротоари. Кој и како ќе го среди овој метеж, не знам - вели дебармаалецот Владо Матевски.

Откако годинава градските власти ја презедоа надлежноста да ги издаваат дозволите за летните тераси, се очекуваше да се воведе каков-таков ред. Иако контролата требаше да ја вршат и градските и општинските инспекциски служби, од Центар досега исконтролирале малку. Инспекторите се правдаат дека тие не се виновни за ништо, оти ги немале на увид елаборатите за изгледот на кафеаните, кои останале во Градот.

- Градските власти не ни ги доставија елаборатите од кафеанџиите. Досега немавме увид кој и каква дозвола има да поставува летна тераса. Не е вистина дека во Дебар Маало нема тротоари - велат инспекторите во Центар.

Од друга страна, од Градот Скопје порачуваат дека онаму каде што е очигледно дека терасата е поставена спротивно на правилата, нема потреба од елаборатот за да се напише казна. Оттаму велат дека вината е во Општина Центар, оти таа требало да си ги побара елаборатите и дека вработените таму имаат увид во нив оти претходно ги потпишуваат.

- Не е точно дека градската администрација доцни, туку општинската треба да си ги знае надлежностите. Според прописите, за поставување летна тераса задолжително мора да има место за минување на пешаците, а ако тоа некаде не е запазено, не мора инспекциските служби да го гледаат елаборатот, се подразбира дека е нелегално поставена - велат во одделението за односи со јавноста во Градот.

Тоа е се' што може да се добие како објаснување од локалните власти за хаосната ситуација. Во Општина Центар никој не сака да зборува повеќе на оваа тема, ниту објаснува според кои стандарди граѓаните седат на половина метар од автомобилите во движење и пијат кафе зачинето со миризбата од нивните издувни гасови. Освен изјавите дека се запознаени со состојбата и дека во минатата недела вршеле некои мерења, од кабинетот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ не објаснуваат како ќе создадат услови за побезбедно движење на граѓаните.

- Секое отстапување од одбележаното, инспекцијата на Општина Центар ќе го казнува според законските прописи - велат оттаму.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E9434279F69F164B80728A66B68EBC61



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 19-Jun-2010 at 22:21

Кафеанџиите се залепија до излозите

В понеделник ќе биде дефинирана шемата за поставување на масите и столовите

Иако кафеанџиите од улица „Македонија“ и кеј „13 Ноември“ веќе три месеци ја тераат летната шема, тие дури в понеделник ќе знаат, конечно, до каде можат да ги распостилаат масите и столовите. Градот Скопје во изминатата недела на терен ја снимаше ситуацијата и го испитуваше визуелниот ефект од досегашните состојби, а ги имаше предвид и последните предлози за начинот на поставување на инвентарот.

На кафеанџиите од улицата „Македонија“ од неодамна им е сугерирано меѓу излозите на локалите и поставените маси и столови воопшто да нема празен простор, а инвентарот да им биде поставен во должина од најмногу 5 метри од излогот. На кејот, пак, маси може да има до четири метри од излозите, што, генерално, е само навидум идентичен распоред како и во изминативе години. И годинава кафеанџиите го поставуваат инвентарот врз основа на поединечни елаборати, но разликата е што сега не смеат да остават коридор меѓу масите и излозите на дуќаните.

Од Град Скопје објаснуваат дека сегашнава ситуација, всушност, е испитување на визуелниот ефект. Посочуваат дека метражата за оддалеченост на инвентарот од локалот не е наведена во Правилникот за поставување урбана опрема. Тоа се дефинирало со елаборатите.

„И досега начелно важеа овие правила, но не беше унифицирано за сите кафулиња. Деновиве инспекцијата е на терен за да утврди дали е пофункционално, првенствено, во интерес на пешачките зони, масите да се залепени или одделени од излозите. В понеделник и дефинитивно ќе биде утврдено по која шема кафеанџиите ќе треба да го постават инвентарот“, рекоа вчера од Град Скопје.

Не е исклучена можноста предложените должини да се намалат или да се зголемат, се' со цел кафеанџиите од „Македонија“ да не бидат оштетени во однос на оние од кејот, имајќи предвид дека кафулињата покрај Вардар имаат на располагање далеку поголем простор.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=22ADFFA564F1F64788561FE60C4734BD - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=22ADFFA564F1F64788561FE60C4734BD


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2010 at 00:59
Треба да ги патентираме овие наши уникатни „летни тераси“.  Ниту се летни, ниту се тераси.

Летните тераси прераснаа во куќи

Од Градот убедуваа дека на терасите во зимскиот период нема да дозволат ништо освен маси и столови

Еден месец по одлуката на Градот да им дозволи на кафеанџиите да користат летни тераси и зиме, на терен е хаос. Не поради тоа што немаат одобренија, напротив, сите спорни кафулиња имаат одобренија. Хаосот е во немањето одговори од градската власт зошто за едни кафулиња важат одредбите од Правилникот за користење урбана опрема, а за други не.

- Улица Македонија и Кејот се до толку изградени, и на нив владее невиден башибозук и беззаконие, да ми е срам да кажам дека живеам во центар. Имаме ли ние воопшто градоначалници? - вели Соња К., која живее во непосредна близина на плоштадот.

Како што е познато, пред одредено време од Градот дозволија кафеанџиите да користат летни тераси и зиме, но исклучиво само маси и столови и гасна боца за греење за тие што ќе сакаат да запалат цигара надвор. Градоначалникот Коце Трајановски две години ја убедува јавноста во неговата решеност да ги казнува тие што ќе се дрзнат да отстапат од пишаните правила, но на терен со терасите се случува нешто сосема друго - претворени се во цврсти градби со покриви и оградени се со железарија и материјали за да не им дува и студи на гостите. Зголемена е комоцијата, им се делат и ќебиња на гостите за да ги покријат колената, и тоа е еден вид нова мода по скопските кафулиња.

Од Градот не дадоа договори кој на кафеанџиите им издава одобренија и им потпишува елаборати под превезот на урбана опрема, која всушност потоа прераснува во цврсти градби. Се оградуваат и од интервенции на терен ако некој го прекршил Правилникот, кој го усвои Советот на Скопје. Од Општина Центар тврдат дека општинските и градските инспектори треба да ја контролираат заедно оваа состојба, но од Градот имаат сосема друга изјава.

- Според Законот за градба, урбаната опрема, надзор, контрола или отстранување на истата се надлежност на градежните инспекции на општините. Градскиот инспекторат преку комуналните инспектори редовно врши увид на терен на локации што се под надлежност на Градот и потоа писмено со официјален допис ги известува надлежните општини -изјавија од градското одделение за односи со јавноста.

Највпечатлива слика за хаосот со летните тераси во Скопје, може да се види ако се прошета низ Дебар Маало, на плоштадот, на кеј 13 Ноември... Пример е кафулето „Тренд“. Овој објект со години е предмет на медиумска опсервација, околу дозволата за летна тераса. Градските власти не кажаа каков елаборат им е потпишан од градоначалникот Коце Трајановски, за нивната летна тераса сега да личи на куќа со покрив, да е оградена со материјал - плексиглас.

- Градската инспекција и во случајот со кафулето „Тренд“ писмено ја информира градежната инспекција на општината Центар за состојбата на терен - кратко рекоа од Градот, без да кажат за што точно ја информирале општинската инспекција.

Јовица Ацкоски, портпарол на Центар, рече дека немаат никаков допис од градската власт за вакво нешто. Тој изјави дека пред неколку дена имале акција на улица Македонија и на плоштадот и дека биле отстранети и казнети тие што отстапувале од елаборатите. Но, „Тренд“ не бил меѓу казнетите, што за него е знак дека имал соодветна документација издадена од Градот.

Јорданка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=88B8541EB6E0B04F850031CF240BE604 - http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=88B8541EB6E0B04F850031CF240BE604


Posted By: Radoslav
Date Posted: 14-Apr-2014 at 17:17
Верувам дека темава е можеби и претходно спомната, али сепак морам да прашам.

Значи во маало имаме кафеана, која е во сопственост на полицаец. Е сега, како полека иде летната сезона тие почнаа да местат тераса, а сигурен сум дека они за тоа немаат дозвола, затоа што целиот плац е планиран да биде паркинг. Мене лично ми смета затоа што таа летна тераса би се наоѓала на 3м од мојот прозорец, па во ситуација кога тие би имале гости - јас немам приватност.

Цело маало сме против оваа незаконска летна тераса, а знаеме дека ја местат поради поврзаноста на сопственикот со локалната самоуправа.

Прашањето ми е, дали постои некоја правна алатка на која би можеле да се повикаме? Собирање потписи и тн.? Затоа што, обичен разговор со инспекцијата нема да биде од помош....


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Apr-2014 at 23:28



Не сум многу упатен, но гледам никој не пишал, па еве ги моите 2 денари. Немој да претпоставуваш дека нема дозвола, увери се. Ако навистина нема, тогаш не би требало да е проблем да издејствувате отстранување, мада и тоа зависи од местото на твоето живеење, односно нивото на каубојштина кај локалната власт.
Инаку фактот дека на таа локација е планиран паркинг (претпоставувам се повикуваш на некој ДУП) не би требало да значи дека не може во меѓувреме да се издаде дозвола за летна тераса. Има некаков си правилник за поставување на урбана опрема, најди го и прочитај го, дури и ако типот има дозвола за терасата, види дали е прекршен правилникот, па терај оттаму.


Posted By: gjoko
Date Posted: 16-Apr-2014 at 17:15
обично шемата е ваква:

-прво се ставаат цвеќарници,т.е. оние виесќи саксии за цвечина,се заградува просторот,
-после тоа се ставаат чадори,нели мора да се има,

-после некое време се става метална конструкција како тенда,
-па најлони за во зима,
-па најлоните нечинеле па се ставаат `подвижни` стакла,
.
.
.
-и на крај се заѕидува све и се бара легализација на заграбаниот простор.


така `газдите` се стекнуваат со вишок квадрати за без пари(1 евро за 1м2)



А за тој газда,провери си дали има дозвола,а ако нема тогаш ќе ти пишам што да направиш,верувај ако не е чист никој нема да го спаси


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Jun-2021 at 13:27
БОГДАНОВИЌ НАМЕСТО ШИЛЕГОВ ЌЕ ДАВА ДОЗВОЛИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ЛЕТНИ ТЕРАСИ ВО ЦЕНТАР

Општина Центар отсега ќе издава одобренија за поставување летни тераси пред кафулињата и кафеаните, наместо Град Скопје. Општината и Градот денес го потпиша договорот за преземање на овластувањата и обврските за издавање одобренија за поставување урбана опрема на територијата на Општина Центар.

Досега одобренијата за летните тераси ги издаваше Град Скопје, а Општината потоа требаше да контролира, казнува и урива.

„Во јуни 2009 година Општина Центар потпишала договор за отстапување на ингеренциите на Град Скопје да врши овластување и издавање дозволи за поставување урбана опрема во Дебар Маало, Парк и Мал Ринг. По одржаните состаноци со Град Скопје, заеднички одлучивме ингеренциите да се вратат на Општина Центар, бидејќи за истите општината врши контрола и инспекциски надзор“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Општина Центар има подготвено сопствена програма и план за начинот на кој ќе биде поставена урбаната опрема.

„Ова е голем успех за Општина Центар, бидејќи конечно ингеренции што претходно биле дадени или одземени, сега се враќаат под контрола на Општина Центар, а во наредниот период продолжуваме да работиме на програми и планови за преземање на урбаната опрема и на други локации, согласно останатите детални урбанистички планови во Општина Центар“, изјави Богдановиќ.

Од Општината велат дека овластен градежен инспектор по службена должност направил увид во два објектa, каде што се утвдени неправилности во работењето, согласно Законот за градење. Секторот за инспекциски надзор издал Решение за отстранување за инвеститорот Кафе бар-Макка на булеварот Климент Охридски бб и за инвеститорот Ди Лума Груп Дооел-Скопје на улица Ленинова бр.38. Ако во наредниот период нелегалните градби не бидат отстранети, Општина Центар ќе пристапи кон присилно административно извршување.

Во буџетот на Општина Центар за 2021 планирани се 12 милиони денари за рушење на бесправно изградени објекти во Центар.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bogdanovik-namesto-shilegov-ke-dava-dozvoli-za-postavuvane-letni-terasi-vo-tsentar/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2022 at 12:56
Сопственикот на кафе барот „Хепи“ без дозвола си поставувал маси и столици во пешачка зона





Откако „Независен“ објави дека на малиот зелен простор пред кафе барот „Хепи“ некој поставува метални столици и маси со кои го узурпира пешачкиот простор, инспектори од Општина Аеродром вчера излегле на терен и констатирале дека сопственикот на кафе барот решил самоиницијативно да се прошири буквално на улица, и што е навјажно, за тоа немал никаква дозвола.

Како што се дознава, и инспекторите биле шокирани од иновативноста на сопственикот на кафе барот што ја прокоментирале со оценката – дека во својата кариера не виделе вакво нешто на терен.

Како што може да се види од фотографијата со новопоставените метални маси и столици практично се затвора пристапот до слаткарницата „Палма“, а на другата страна се попречува движењето на пешаците. Од Општина Аеродром му наложиле на сопственикот веднаш да ги отстрани поставените маси и столици, а ако не го стори тоа – тие ќе ги тргнат на негова сметка.

https://nezavisen.mk/sopstvenikot-na-kafe-barot-hepi-bez-dozvola-si-postavuval-masi-i-stolici-vo-peshachka-zona/ - https://nezavisen.mk/sopstvenikot-na-kafe-barot-hepi-bez-dozvola-si-postavuval-masi-i-stolici-vo-peshachka-zona/

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window