Print Page | Close Window

ТИРЗ Струга

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Индустриски
Forum Discription: Индустриски зони, фабрики, лесна индустрија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3091
Printed Date: 28-Mar-2024 at 20:37


Topic: ТИРЗ Струга
Posted By: jyvation
Subject: ТИРЗ Струга
Date Posted: 25-Aug-2014 at 08:55
Поставување на камен темелник на ТИРЗ “Струга“



Денеска свечено ќе биде поставен камен темелник на Технолошко индустриската развојна зона ,,Струга“.

На свеченоста ќе присуствува Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.

http://lider.mk/2014/08/25/postavuvanje-kamen-temelnik-na-tirz-struga/ - http://lider.mk/2014/08/25/postavuvanje-kamen-temelnik-na-tirz-struga/



Replies:
Posted By: Navigator
Date Posted: 25-Aug-2014 at 15:41
Почна изградбата на ТИРЗ Струга



Поставен е камен темелник на новата Технолошко индустриска развојна зона во Струга. Странски компании веќе пројавиле интерес да лоцираат во неа индустриски капацитети од каде што би го покривале европскиот пазар.

Градбата на инфраструктурата во зоната ќе ја следи динамиката на градење на објектите на странските инвеститори, најавуваат од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

На поставувањетокамен-темелник присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за економија Беким Незири, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и градоначалниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски.

Владата, како што истакна премиерот Груевски, преку Дирекцијата на ТИРЗ активно ќе работи на изградба на целосната инфраструктура на зоната.

„Ќе се реализира сообраќајно поврзување, ќе се изгради внатрешна патна мрежа, целосна водоводна канализациска, електроенергетска и телекомуникациска приклученост и се што е потребно за нормално функционирање на фабриките“, рече Груевски.

Паралелно, додаде тој, Владата ќе работи на привлекување нови инвеститори. Потсети дека првиот инвеститор, германскиот гигант ОДВ Електрик паралелно со изградбата на зоната ќе почне и со изградба на фабриката.

Оваа компанија, според премиерот, ќе вработи илјада луѓе во првите три години. Петнаесетина вработени веќе се на обука во Украина. Во завршна фаза се подготовките за влез на друга германска компанија која го одбра комплексот на поранешен ЕМО и во период од три години ќе вработи илјада луѓе.

„Станува збор за два силни гигантa од Германија кои ќе отворат над две илјади нови работни места во охридско-струшкиот регион. Плус заинтересираноста на уште една до две компании од областа на изработка на трансформатори и далноводи кои се заинтересирани за останатите делови од ЕМО“, рече Груевски, кој деталите ги остави по завршување на преговорите.

http://mrt.com.mk/node/13293 - http://mrt.com.mk/node/13293


Posted By: Navigator
Date Posted: 26-Nov-2014 at 11:24
ТИРЗ Струга, 25.11.2014





Posted By: jyvation
Date Posted: 12-Dec-2014 at 16:03












Posted By: Navigator
Date Posted: 24-Dec-2014 at 11:47
ГЕРМАНСКАТА “КОСТАЛ” Е НОВАТА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА



Германската компанија Костал е најновата странска инвестиција во земјава која ја најави лично премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил. Во писмото потпишано од Кристофер Сандерс, потпретседател на Костал кое беше објавено на фејсбук страната на премиерот се потврдува дека инвестицијата ќе започне во 2015 година како браунфилд проект, кој во периодот 2017-2018 треба да се развие и во нова грифилд инвестиција.

„Со задоволство ги објавуваме нашите планови за зголемување на производствените капацитети во Европа преку инвестиција во Македонија. И двете страни се посветени на финализација на договорот, кој се очекува да се комплетира во јануари 2015 година“, изјавува Сандерс.

Според првичните најави инвестицијата треба да донесе нови 1.000 работни места во охридско-струшкиот регион.

„Планот за инвестиција на КОСТАЛ во Охрид ја следи нашата стратегија за развој и нашата посветеност да им служиме на потрошувачите на глобално ниво, со тоа што ќе им нудиме производи со најдобар квалитет, технологија и цена“, вели Сандерс.

Компанијата Костал развива и произведува технолошки напредна електроника, електромеханика и мехатронички производи за поголеми индустриски огранизации. Групацијата има преку 38 производствени погони во 17 земји на четири континенти и вкупно вработува околу 15.083 луѓе. Компанијата е поделена на четири главни производствени сегменти : автомобилски електронски систем, индустриска електроника, конектори, тест технологија и соларна електрика.

http://kapital.mk/germanskata-kostal-e-novata-stranska-investitsija-vo-makedonija/ - http://kapital.mk/germanskata-kostal-e-novata-stranska-investitsija-vo-makedonija/


Posted By: Navigator
Date Posted: 10-Jul-2015 at 19:58




Posted By: Navigator
Date Posted: 31-Jul-2015 at 08:52
Потпишан договор со „ОДВ Електрик“, планирани 1.000 вработувања



За две недели почнува изградбата на новата фабрика на „ОДВ Електрик“ во Охридско – Струшката слободна економска зона. Германците ставија потпис на договорот за инвестицијата вредна 15 милиони евра, која треба да отвори 1.000 работни места. Компанијата, која во моментов е во фаза на пробно производство, во новиот капацитет треба да се пресели кон средината на идната година.

„Во овој момент, „ОДВ Електрик“ има пробно производство во Охрид со повеќе од 130 вработени во три смени. До крајот на годинава очекуваме да имаме повеќе од 150 вработени“, изјави Лудвиг Батон, извршен директор на компанијата.

Првичниот контакт со „ОДВ Електрик“ беше воспоставен на крајот од 2013-та, а една година подоцна компанијата почна да работи во земјава. Директорот Батон вели дека обртот двојно се зголемил во последниве години, што ја наметнало потребата од нов капацитет во Европа. Ја скенирале Македонија, но и Молдавија, Белорусија, Бугарија, Србија.

„Предноста на целиот процес се состоеше во тоа што македонската Влада има создадено организација која точно знае што очекуваат потенцијалните инвеститори и што им е потребно“, нагласи Батон.

„ОДВ Електрик“ во моментов оперира во Германија, Унгарија, Украина и Македонија и вработува вкупно 2.000 луѓе.

„Вкупно е планирано во Македонија да се вработат 1.000 луѓе, што значи дека овој погон ќе биде сличен на овој што го имаат во Украина“, рече Виктор Мизо, директор на слободните економски зони.

Како ќе се гради новата фабрика, така ќе се реализира и процесот на вработување.

„Владата и во иднина останува посветена на привлекувањето странски инвестиции, посветена на отворање фабрики и нови работни места. Бизнис – заедницата секогаш може да смета на отвореноста на Владата за поддршка и решавање на предизвиците со коишто се соочуваа, на создавање на деловниот амбиент и клима погодни за позитивни деловни резултати од што корист има целата држава“, истакна премиерот Никола Груевски.

„ОДВ Електрик“ е германска семејна компанија за производство на автомобилски компоненти, основана во 1970-та година.

http://mrt.com.mk/node/25187 - Извор


Posted By: jyvation
Date Posted: 22-Sep-2015 at 15:17
ГЕРМАНСКИ „ОДВ- ЕЛЕКТРИК“ ПОЧНУВА СО ИЗГРАДБА НА ФАБРИКАТА ВО СТРУГА

Германската компанија „ОДВ-Електрик“ почнува со изградба на фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, кај Мислешево.

Производна хала ќе се простира на површина од 10 илјади метри квадратни во слободната трговска зона меѓу Струга и Охрид.

Очекувањата се дека во оваа германската компанија ќе се вработат околу 1.000 работни места. Во погонот во Охрид, кој првично беше отворен, веќе има вработено околу 130 лица.

„ОДВ-Електрик“ производува електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови.

Во веќе постоечка хала на „ОДВ-Електрик“ во Охрид во рамките на браунфилд инвестицијата на германската компанија за адаптација и опремување на погонот беа вложени 600.000 евра.

Инаку, целата инвестицијата се проценува на 15 милиони евра, а договорот премиерот Никола Груевски и компанијата го потпишаа во јули годинава.

http://kapital.mk/germanski-odv-elektrik-pochnuva-so-izgradba-na-fabrikata-vo-struga/ - http://kapital.mk/germanski-odv-elektrik-pochnuva-so-izgradba-na-fabrikata-vo-struga/


Posted By: Navigator
Date Posted: 05-Nov-2015 at 19:05
Германски „Костал“ ја официјализира инвестицијата во Македонија



Германската компанија „Костал“ почна со реализација на инвестицијата вредна 50 милиони евра. Ќе вработат 1.000 луѓе. Стартуваат со работа во старата зграда на ЕМО Охрид, како браунфилд инвестиција.

Наредната година почнуваат со изградба на нов капацитет во слободната економска зона Охрид-Струга. Ќе произведуваат електронски компоненти за автомобилската индустрија. Одлуката за инвестирање ја донеле по спроведеното истражување во повеќе земји.

Од менаџментот велат дека Охрид и Струга нудат многу предности за нивниот иден бизнис.

„Верувам дека со блиска меѓусебна соработка ќе ги исполниме потребите на пазарот. Ќе започнеме со активности во следните недели. Можам да ви кажам дека веќе имаме 10 вработени кои посетуваа обуки во нашиот објект во ЕМО, а со новиот објект ќе стартуваме идната година и очекуваме 1.000 вработувања“, вели Кристофер Сандерс, извршен потпретседател на „Костал“.

Преговорите со „Костал“ почнале уште во 2011-та година. Од Кабинетот на премиерот Груевски велат дека реализирањето на инвестицијата е потврда за истрајноста и за успешноста на политиките за привлекување нови инвестиции.

„Интензивно работевме да им докажеме дека токму Македонија е правата дестинација за нивниот нов производствен погон. Се работи за еден многу важен настан не само за Охридско- струшкиот регион, меѓута и за целата држава“, изјави Алек Никовски, советник во Кабинетот на премиерот Никола Груевски.

Инвестицијата беше најавена во март 2014 година за време на митингот на владејачката коалиција во Струга.

„Една друга компанија исто така од Германија донесе одлука да изгради фабрика за делови од автомобилската индустрија во Охридско- струшкиот регион. Произведуваат автомобилски делови и електроника за други индустрии. Најпрво би почнале со работа во некој изграден објект, додека изградат сопствена фабрика“, соопшти тогаш Груевски.

Во објектот на „Костал“ ќе бидат ангажирани поранешни вработени во ЕМО. Со производство треба да почнат во почетокот на наредната година. Компанијата работи во 17 земји и има 16 илјади вработени. Произведува делови за најголемите брендови на автомобили во Европа. Во последниве години двојно го зголеми растот. Има годишен обрт од две милијарди евра.

http://mrt.com.mk/node/27246 - Извор


Posted By: kultuzin
Date Posted: 05-Nov-2015 at 21:52
Vestackata i nametnata politicka kriza negativno se odrazi vrz investiciite taka i KOSTAL mnogu podocna od planiranito ja oficijalizira investicijata.


Posted By: ironm
Date Posted: 28-Apr-2020 at 20:25
Не знам дали е овде соодветно, но еве неколку фотки од надвозникот во градба што ја поврзува ТИРЗ со магистрален пат Подмоље - Струга. Го градат од лани пролетта ако памтам добро и никако да го довршат.









Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Sep-2020 at 10:26
Зоната кај Охрид и Струга зјае празна

Технолошко индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга и понатаму зјае празна. Освен една фабрика изградена пред неколку години, друг објект засега нема. Зоната требаше да донесе инвестициски бум во регионот и да отвори повеќе работни места.

„Досега требаше да е полна со фабрики и тоа од домашни инвеститори, а не постојано да чекаме и да се молиме да дојди некој од надвор“, рече Мевмед Џемаилоски- бизнисмен од Струга.

Во текот на 2018 година, во време на претходниот мандат на СДСМ и ДУИ, беше најавена нова инвестиција, на иселеник од САД, каде требаше да се произведуваат козметички производи. Од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони велат дека компанијата имала потпишано договор за долготраен закуп на градежно земјиште уште во август 2018 година.

ДТИРЗ:

„Согласно договорот закупецот на земјиштето е обврзан да ја заврши изградбата на градежното земјиште и да започне со производство најдоцна 30 месеци од датумот на склучување на Договорот…“

Ова значи дека на инвеститорот му остануваат само уште пет месеци за да почне со работа, но на локацијата се уште нема ниту фабрика. Од Дирекцијата за индустриски зони за Алсат тврдат дека не е сè така црно. Во зоната кај Струга веќе имало подготвителни работи за изградба на објект на канадска фирма за производство на ретровизори.

Во една ваква ситуација експерти по економија сметаат дека сега кога светската пандемија дополнително ги влошува состојбите со странските инвестиции, нешто мора да се менува.

„Да се понудат и поатрактивни пакети за привлекување на странските компании кои се заинтересирани, но да се земат во предвид и интересите на малите и средни претпријатија, односно да бидат повисоко рангирани и повеќе мотивирани да дојдат оние компании, кои би воспоставиле сериозни врски со нашите мали и средни претпријатија“, изјави Анастас pbanksски-професор по економија.

Инаку, во Македонија, освен зоната во Струга, на хартија постојат дури 14 вакви слободни области за гринфилд инвестиции, но во функција се само четири.

https://alsat-m.tv/mk/зоната-кај-охрид-и-струга-зјае-празна/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Nov-2020 at 18:11
Industrial Object - TIRZ STRUGA







https://www.facebook.com/CeaCon


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Jan-2021 at 18:30


https://www.facebook.com/CeaCon


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Jun-2021 at 17:03
Канадска „Магна“ ќе прави ретровизори во ТИРЗ Струга

Канадската компанијата „Магна“ ќе отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга во кој ќе произведува ретровизори за „Дачиа Дастер“. Според најавата во фабриката ќе работат 300 луѓе, а во план е за 10 години бројот на вработени да достигне 1.200 луѓе. Инвестицијата се проценува на 35 милиони евра.

Како што беше речено на денешната презентација на новата инвестиција, инвестицискиот циклус на „Магна“ започна во март 2021 и ќе трае до 2026 година, а објектот кој ќе се гради ќе биде со големина од околу 17.000 м2.

Производството на првите ретровизори е планирано кон крајот на 2021 година.

Компанијата „Магна“ има 160.000 вработени низ светот, присутна е во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди.


%20 - https://plusinfo.mk/kanadska-magna-e-pravi-retrovizori-vo-tirz-struga/?fbclid=IwAR0TZ7Qj_4Qz5duLh-ACfiLxLS8Aor0c18W0UoIDSr6B94aZNUqaswIkJis


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Oct-2022 at 17:42
Отворена канадската инвестиција „Магна” во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга



https://www.facebook.com/VladaMK - https://www.facebook.com/VladaMK

-------------
Carpe diem


Posted By: Vire
Date Posted: 13-Oct-2022 at 06:23



Print Page | Close Window