Print Page | Close Window

Италијанска болница (Еуроиталиа) - Петровец

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Здравствени
Forum Discription: Болници, клиники...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3104
Printed Date: 24-Oct-2019 at 05:36


Topic: Италијанска болница (Еуроиталиа) - Петровец
Posted By: axel
Subject: Италијанска болница (Еуроиталиа) - Петровец
Date Posted: 21-Oct-2011 at 12:52
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=93488&kategorija=2

Ќе се гради луксузен трговски центар во Петровец


Во центарот на општината Петровец ќе започне да се гради луксузен трговски центар, а како инвеститор се јавува компанијата Еуро Италија која по пат на јавен повик стана сопственик на парцелата за околу 220 илјади евра.

Трговскиот центар во Петровец ќе има приземје и четири ката, односно корисна површина од околу 10 илјади квадрати, основа од повеќе од 2000 метри квадратни и деловен простор од околу седум илјади квадрати.

Градоначалникот на општината Борче Митевски изрази благодарност што Сојузот на пензионери го отстапил просторот за градење на трговскиот центар, а најави и дека набрзо ќе почне изградбата и на спа – комплекс со болница во општината, инвестиција на истата компанија.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска ќе присуствува на поставувањето на поставувањето камен темелник на трговскиот центар, а истиот се очекува да биде изграден кон крајот на 2012 година.






Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Dec-2012 at 08:00
Напредува изградбата на трговскиот центар на „Еуроиталиа“ во Петровец

Општина Петровец наредната година ќе добие модерен трговски центар на површина од 10.000 метри квадратни. Градежните активности на терен забрзано се одвиваат, а во моментов се подигнува вториот кат од идниот мултифункционален комплекс кој ќе се простира на приземје и четири ката. За посетителите е планирана изградба на паркинг простор со капацитет од 80 возила. Инвеститор во новиот трговски центар е италијанската компанија „Еуроиталиа“. Висината на оваа странска директна инвестиција изнесува 10 милиони евра. За изведувач на градежните работи е избрана компанијата „Ники градба“ од Скопје.

 



Засега не се објавуваат информации кои брендови и ланци на продавници ќе бидат дел од трговскиот центар. Предвидувањата се дека идниот комерцијален објект ќе отвори 100 нови работни места. http://www.build.mk/?p=10155 - Камен – темелникот беше поставен кон крајот на октомври минатата година  и тогаш инвеститорот најави дека зданието ќе биде завршено до крајот на 2012 година, но според последните информации официјалното пуштање во употреба е пролонгирано за наредната година. Локалната власт соопштува дека италијанската компанија има купено уште една парцела од 6.000 метри квадратни во Катланово, каде што е предвидено да се реализира современ спортско – рекреативен комплекс и спа – центар на површина од 27.000 метри квадратни.



http://www.build.mk/?p=20987 - #
Објавено на 07.12.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d0%b0%d1%9a%d0%b8 - Бањи , http://www.build.mk/?tag=%d0%b5%d1%83%d1%80%d0%be%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b0 - Еуроиталиа , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be - Катланово , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални , http://www.build.mk/?tag=%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0 - Ники градба , http://www.build.mk/?tag=%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%86 - Општина Петровец , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%86 - Петровец , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8 - Спортски , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d1%80%d0%b8 - Спортско-рекреативни центри , http://www.build.mk/?tag=trgovski-centri - Трговски центри , http://www.build.mk/?tag=%d1%85%d0%be%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8 - Хотели


http://www.build.mk/?p=20987


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Sep-2014 at 14:49
1


2


3


4



Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Sep-2014 at 16:11
си додале по некое катче ко ништо да не е


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: BOJAN
Date Posted: 23-Sep-2014 at 17:29
Afrika Centrale di centro commerciale


Posted By: fichot
Date Posted: 23-Sep-2014 at 23:11
wow. Првпат ја гледам темава и објектов. Делува доста грозно... ама ај, Петровец е.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 24-Sep-2014 at 00:21
Originally posted by BOJAN

Afrika Centrale di centro commerciale

 
Потпис со двете раце !!!
 
Ова воопшто не делува на трговски центар, туку повеќе делува на деловен центар.
 
Изминативе неколку години на форумов претежно дискутираме за чировите кои изникнуваат врз покривите на зградите и куќите, но сега Италијанциве ја прошируваат дискусијата и на страничните чирови со ова нивно ремек дело.
 
Изгледа ќе треба да бидеме благодарни бидејќи овој објект не се гради во централното градско подрачје во Скопје.


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Sep-2014 at 07:46
Од фотографиите се гледа дека во изведбата има отстапување од рендерот (зборувам за оние полукружни елементи на последниот кат).

-------------
За сè има вторпат


Posted By: avijacijamk
Date Posted: 29-Dec-2014 at 19:01
До каде е овој објект? Има новости поврзано со евентуален влез на некој брендови и слично?


Posted By: maks
Date Posted: 01-Jan-2015 at 15:21
Уште еден доказ дека кога се остава на ,,слободната интерпретација и визија,, на домашните инвеститори, излегуваат вакви ЧУДЕСИИ, кои се потсмев за струката и македонското градителско наследство. Следствено на ова, овој објект е протопример за негрижата во образовниот систем на Архитектонскиот факултет, кој досега требаше цврсто и стамено да го води кормилото на создавање и развивање  креативна и современа размисла за различни интерпретации на домашното градителство, кое го има во доволен број! Но, ете за цивилизациска жалост го имаме ова во изобилие и пред СК14та!

-------------
Architecture is the living organisam of society>It shows your dreams!


Posted By: martind
Date Posted: 01-Jan-2015 at 19:10
Originally posted by maks

Уште еден доказ дека кога се остава на ,,слободната интерпретација и визија,, на домашните инвеститори, излегуваат вакви ЧУДЕСИИ, кои се потсмев за струката и македонското градителско наследство. Следствено на ова, овој објект е протопример за негрижата во образовниот систем на Архитектонскиот факултет, кој досега требаше цврсто и стамено да го води кормилото на создавање и развивање  креативна и современа размисла за различни интерпретации на домашното градителство, кое го има во доволен број! Но, ете за цивилизациска жалост го имаме ова во изобилие и пред СК14та!



Не можам воопшто да се сложам со тебе бидејќи од Архитектонскиот Факултет излегоа многу млади лица кои имаат создадено многубројни модерни архитектонски проекти кои за жал дел беа одбиени од страна на Градот Скопје поточно Мнозинството на Советот на Град Скопје и од страна на Министерството за Култура...


Posted By: phenomenon
Date Posted: 01-Jan-2015 at 19:49
Originally posted by maks

Уште еден доказ дека кога се остава на ,,слободната интерпретација и визија,, на домашните инвеститори, излегуваат вакви ЧУДЕСИИ, кои се потсмев за струката и македонското градителско наследство. Следствено на ова, овој објект е протопример за негрижата во образовниот систем на Архитектонскиот факултет, кој досега требаше цврсто и стамено да го води кормилото на создавање и развивање  креативна и современа размисла за различни интерпретации на домашното градителство, кое го има во доволен број! Но, ете за цивилизациска жалост го имаме ова во изобилие и пред СК14та!



Точно. Ова е за потсмев, а не е за потсмев што жителите на Петровец во 21-от век немаат канализација и користат септички јами.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Jan-2015 at 22:31
Originally posted by maks

Уште еден доказ дека кога се остава на ,,слободната интерпретација и визија,, на домашните инвеститори, излегуваат вакви ЧУДЕСИИ, кои се потсмев за струката и македонското градителско наследство. Следствено на ова, овој објект е протопример за негрижата во образовниот систем на Архитектонскиот факултет, кој досега требаше цврсто и стамено да го води кормилото на создавање и развивање  креативна и современа размисла за различни интерпретации на домашното градителство, кое го има во доволен број! Но, ете за цивилизациска жалост го имаме ова во изобилие и пред СК14та!
добро што ти е проблемот со факултетот човеку?
некојси архитект креирал некојси објект за некојси тазе бизнисмен, по негов кеиф и со негови пари, и одеднаш Архитектурата во Македонија е загрозена од страна на Архитектоснкиот факултет?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pfc
Date Posted: 26-Jan-2015 at 23:27
Пренамена преку ноќ. Да се чудиш
http://vecer.mk/skopska/vo-petrovec-se-gradi-svetska-bolnica-za-pacienti-od-cel-balkan


Posted By: jyvation
Date Posted: 26-Jan-2015 at 23:29
Лажна 9-ка


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Jan-2015 at 00:32
Originally posted by pfc

Пренамена преку ноќ. Да се чудиш
http://vecer.mk/skopska/vo-petrovec-se-gradi-svetska-bolnica-za-pacienti-od-cel-balkan
Светска LOL


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Jan-2015 at 08:24
Фотографиите од текстот:





-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 27-Jan-2015 at 20:33
А каде е ова-у Шутка?


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Jan-2015 at 23:56
Originally posted by gjoko

А каде е ова-у Шутка?
у италија, нели читаш горе на рендерот?


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Jan-2015 at 08:39
Бидејќи и официјално е потврдено дека зградата ќе биде пренаменета во болница, ја преименував и ја префрлив темата во Здравствени проекти.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 17-Aug-2015 at 14:23
Враќајки се од аеродром ја сликнав болницава.Со мобилен сликав и не е баш добра фотографијата но ми се чини како воопшто да не се работи на објектов.



Posted By: SugarBlue
Date Posted: 17-Aug-2015 at 17:17
Веќе неколку месеци не се работи, а веројатно уште неколку и нема да се работи. Причината сеуште не ја знам точната, ќе се обидам да дознаам деновиве и ќе пишам


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-May-2016 at 21:37


-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Mar-2017 at 14:00
Болница од светски калибар се отвара во Скопје
Италијанската болница од светски калибар која пред пет години почна да се гради во општина Петровец се очекува во мај годинава да ги отвори вратите.Како што информираше градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, приземјето и првиот спрат од објектот ќе бидат пуштени во употреба во мај.
Тука се сместени приемниот деск, ресторан, кафуле, аптека и супермаркет.
Инвеститорот веќе почнал да ја носи и опремата за болницата, односно досега е донесен апарат за магнетна резонанца и компјутерски систем, а се очекува до крајот на годината да се заврши со опремување на болницата.

На четвртиот кат пак е предвиден хотел со 30 соби.

Изградбата на овој објект во Петровец на италијанскиот инвеститор Еуроиталија започна во 2011 година кога беше поставен камен темелникот на објект кој првично беше наменет за трговскиот центар. Италијанците тогаш најавија дека ќе инвестираат 10 милиони евра во Петровец.
По кратко време објектот беше пренаменет во луксузна болница која ќе биде опремена со најсовремена апаратура, а вредноста на инвестицијата порасна на 50 милиони евра.



http://skopjeinfo.mk/bolnica-od-svetski-kalibar-se-otvara-vo-skopje


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Mar-2017 at 22:05
über kitsch

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Kid_A
Date Posted: 20-Mar-2017 at 07:55
Aracinovo style.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Mar-2018 at 15:58
Веќе е ставена во функција,може да се смени кранчето.Фотката е од нивниот фб профил.



Posted By: Portal
Date Posted: 12-May-2018 at 15:19
znaci deugarive od Sutka ko ke se vratat od italia ... koj ne bil U italija soske mange klasika nekakva vrska so ciganite od italija
Bravo za petOeec, steta sto ke prima pacienti samo do Balkanot, akao sto gleame ima "paciJenti" i od italiJa


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Nov-2018 at 09:57
Специјалистичката поликлиника ЕУРОИТАЛИА прераснува во општа болница!

Надвор од секојдневниот градски метеж, в среда на 28 ноември во 17 часот, во близина на Општина Петровец, ќе се одржи свеченото отворање на ПЗУ Еуроиталиа Општа болница.

На наше големо задоволство, а од особено значење, како за Скопје, така и за цела Македонија и пошироко, поликлиничката дејност ја прошируваме и ја подигнуваме на болничко ниво. Нашата секојдневна обврска е најпрофесионална, најефикасна и најсовесна грижа за пациентите.



https://fokus.mk/spetsijalistichkata-nbmbmbnpoliklinika-euroitalia-prerasnuva-vo-opshta-bolnitsa/ - https://fokus.mk/spetsijalistichkata-nbmbmbnpoliklinika-euroitalia-prerasnuva-vo-opshta-bolnitsa/

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window