Print Page | Close Window

Детска градинка „Кочо Рацин“ - Капиштец

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Образовни
Forum Discription: Училишта, универзитети, институти, библиотеки...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3110
Printed Date: 16-Apr-2024 at 17:26


Topic: Детска градинка „Кочо Рацин“ - Капиштец
Posted By: jyvation
Subject: Детска градинка „Кочо Рацин“ - Капиштец
Date Posted: 09-Oct-2014 at 11:05
Денес е ставен камен темелник на новата детска градинка 'Кочо Рацин' во Капиштец. Главни актери во настанот беа децата, кои на почетокот на летото ќе влезат во новите простории на современа градинка, правена по сите светски стандарди. Тие, денес, заедно со градоначалникот Андреј Жерновски ја исекоа црвената лента и го означија почетокот на изградбата.
Градинката треба да биде готова за девет месеци.





Рендер:




Replies:
Posted By: alexsend
Date Posted: 09-Oct-2014 at 16:24
Одлична вест за Капиштец, па наскоро конечно и училиште!


Posted By: jyvation
Date Posted: 01-Jul-2015 at 15:08
Од есен, децата во нова најсовремена градинка во Капиштец

Во новата современа градинка во Капиштец, децата ќе можат да се вселат на есен. Во посета на новиот објект, каде што е завршена карабината, денеска беше градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, со соработниците и советниците.

Старата, дотраена и нефункционална градинка Кочо Рацин, замина во историјата, а прв пат по цели 40 години во општина Центар, рече Жерновски, се гради нова.

- Ова е прва градинка во државата која се гради со општински пари. Ова е градинка со која ќе се гордееме. Во неа се вградени најсовремени материјали. Градинката ќе има енергетски ефикасна фасада со тројна термичка заштита. За прв пат во Македонија во образовна институција се поставува ваков кровен противпожарен панел кој издржува до 180 минути. Подовите се антиалергени, антибактериски и со вградено подно греење. Меѓу просториите ќе има звучна изолација. Ова ќе биде убедливо најубавата градинка во Република Македонија со критериуми и услови кои ги заслужуваат нашите деца - објасни градоначалникот на општина Центар.

Кујната ќе биде современа, според ХАСАП стандардите, и ќе произведува 500 оброци дневно за децата од матичната градинка и двата клона.

Заложба на општина Центар е што повеќе зеленило и цвеќе, и затоа во дворот на оваа градинка ќе бидат засадени 40 нови дрвја.
Новиот објект е на бруто површина од 3.560 м2 и нето површина од 2.742 м2.



http://plusinfo.mk/vest/32165/od-esen-decata-vo-nova-najsovremena-gradinka-vo-kapishtec-%28videogalerija%29 - http://plusinfo.mk/vest/32165/od-esen-decata-vo-nova-najsovremena-gradinka-vo-kapishtec-(videogalerija)


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Aug-2015 at 12:50
Детската градинка во нас. Капиштец











повеќе на http://opstinacentar.gov.mk/%D0%A1%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5/%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/ArtMID/549/ArticleID/756/%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%E2%80%9C%D0%9A%D0%BE%D1%87%D0%BE-%D0%A0%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BD%E2%80%9C-%E2%80%93-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B8 - http://opstinacentar.gov.mk/%D0%A1%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5/%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/ArtMID/549/ArticleID/756/%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%E2%80%9C%D0%9A%D0%BE%D1%87%D0%BE-%D0%A0%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BD%E2%80%9C-%E2%80%93-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B8

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Sep-2015 at 20:58
Завршува изградбата на новата и современа градинка “Кочо Рацин“



Привршуваат градежните работи на матичниот објект на градинката “Кочо Рацин“.



Новата, најсовремена и најубава градинка во Република Македонија, градена по европски стандарди и со голема љубов за најмладите, ќе биде комплетно готова кон крајот на октомври. Ова, велат познавачите, е објект оригинален по изведба и со највисок капацитет, квалитет и долговечност.



Фасадата е енергетски-ефикасна, со тројна термичка заштита. Фасадниот ѕид ќе обезбеди максимална термо-акустична изолација. Изборот на боите, живи и колоритни, е во согласност со намената на објектот, како што прилега за најмладите.



При крај е опремувањето на кујната, која е современа, според ХАССП стандардите и ќе произведува 550 оброци дневно, за матичниот објект и двата клона.

Плафонот е обложен со материјал кој го апсорбира нечистиот воздух и бактериите. Производителот на плафонот гарантира противпожарност од 120 минути. Сите 11 занимални и сите тоалети се изведени со топло, водно, подно греење, кое е автоматски регулирано и обезбедува константна температура. Веќе е готова кујнската платформа (лифт), за безбедно пренесување на храната.



Објектот изобилува со мноштво разработени материјали, при што највеќе е водена сметка за сигурноста на децата и желбата нивниот простор да биде и сигурен и безбеден. Секоја затворена занимална е директно поврзана со надворешна, врз која е поставена долготранјна, гумена подна подлога.

Големиот двор на матичниот објект на градинката “Кочо Рацин“ е опремен партерно, но на минимална површина, за да се задржи постојната зелена површина, а ќе се засади и нова.

Објектот на градинката “Кочо Рацин“ е со нето површина од 2.800 м2. За прв пат по 40 години, општина Центар добива нов простор за сместување, грижа и воспитување на најмладите.

       http://libertas.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%80%D0%B5/ - извор


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Sep-2015 at 23:29
Привршуваат градежните работи на новата градинка „Кочо Рацин“

„Гранит“ ги привршува градежните работи на новиот објект на градинката „Кочо Рацин“ во скопската населба Капиштец. Инвестицијата на Општина Центар вредна 112 милиони денари треба да биде завршена до крајот на октомври годинава. Од локалната самоуправа информираат за врвните перформанси што ќе ги поседува новата зграда. Нејзината фасада е енергетски ефикасна, со тројна термичка заштита. Фасадниот ѕид ќе обезбеди максимална термо – акустична изолација. Изборот на боите, живи и колоритни, е во согласност со намената на објектот, како што прилега за најмладите.





При крај е опремувањето на кујната, која е современа, според ХАССП стандардите и ќе произведува 550 оброци дневно, за матичниот објект и двата клона. Плафонот е обложен со материјал кој го апсорбира нечистиот воздух и бактериите. Во просториите каде што ќе бидат сместени дечињата е изведено подно греење. Целата околина на градинката е партерно уредена, со почитување на веќе присутното зеленило. Објектот има бруто површина од 3.560 метри квадратни, во чии рамки се наоѓаат 11 занимални за деца. За прв пат по 40 години, Општина Центар добива нова градинка за сместување, грижа и воспитување на најмладите.

http://www.build.mk/?p=46448 - http://www.build.mk/?p=46448

-------------
За сè има вторпат


Posted By: xnx
Date Posted: 29-Sep-2015 at 12:45
od nadvor mi e malce eftina ama od vnatre deluva prilicno solidno izvedeno


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Sep-2015 at 20:26
Originally posted by xnx

od nadvor mi e malce eftina ama od vnatre deluva prilicno solidno izvedeno
па добро, со оглед на тоа дека градинката е прилично добро опремена и современа, фасадата е гола вода некогаш во иднина да ја средиш

најбитно од се е што капиштец сега има градинка

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Oct-2015 at 13:48
Градинката “Кочо Рацин“ е на површина од 2800 м2 и е комфорно место за сместување и грижа за околу 250 деца.

При изведбата се запазени сите високи стандарди за објект од ваков карактер, а во градбата се користени врвни и долготрајни материјали, за чиј квалитет сведочат сертификатите добиени од светските лаборатории.

Градинката е градена исклучиво со средства од буџетот на општината, без ниту еден денар помош од државата.















http://opstinacentar.gov.mk/%D0%A1%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5/%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/ArtMID/549/ArticleID/818/%D0%A3%D1%82%D1%80%D0%B5-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0-%E2%80%9C%D0%9A%D0%BE%D1%87%D0%BE-%D0%A0%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BD%E2%80%9C - http://opstinacentar.gov.mk/%D0%A1%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5/%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/ArtMID/549/ArticleID/818/%D0%A3%D1%82%D1%80%D0%B5-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0-%E2%80%9C%D0%9A%D0%BE%D1%87%D0%BE-%D0%A0%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BD%E2%80%9C

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kliment
Date Posted: 28-Oct-2015 at 15:23
Убаво и модерно изгледа навистина. Меѓутоа темата со градинки ако се гледа на ниво на држава е нешто на што треба многу да се работи. Во повеќето градови нема изградено нови градинки уште од времето на Југославија на пример во Тетово.
Мислам дека е општините треба да се зафатат со изградба на ваков тип на објект кои нема потреба да бидат скапи и да изгледаат футуристично тука да бидат наједноставни објекти кои нема да чинат многу пари а ќе завршат огромна работа.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Oct-2015 at 18:08
Честитки за Општина Центар за реализираниот објект во пропишаното време. Има уште многу да се работи во центарот на Скопје на ова поле. Во иднина е неопходно да се размислува барем за уште една градинка во Ново Маало/Пролет, како и она што во Дебар Маало.

И не само ова, надлежното министерство треба да ги надмине дневнополитичките преписки и да помогне на Општина Центар за реализацијата на овие проекти.


Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Oct-2015 at 19:55
Уште некоја слика..











http://a1on.mk/wordpress/archives/543846 - http://a1on.mk/wordpress/archives/543846


Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Oct-2015 at 13:57


mkd.mk

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window