Print Page | Close Window

Брза железница Македонија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3117
Printed Date: 02-Jun-2024 at 02:56


Topic: Брза железница Македонија
Posted By: jyvation
Subject: Брза железница Македонија
Date Posted: 06-Nov-2014 at 14:51
Се погласни се натписите за воведување на брза железница на релација Будимпешта-Солун.И Македонија сакала или нејќела би била на некој начин вовлечена во ова бидејќи железничкиот коридор X поминува токму низ Македонија.
Јас мислам редно е да отвориме и ваква тема па макар и да не се оствари ништо од ова.Чисто да видиме размислувања на форумов на оваа тема.

Еве една денешна статија на "Дневник"

KИНА ПРИТИСKА ЗА БРЗАТА ПРУГА

БРЗИОТ ВОЗ ДО БУДИМПЕШТА ЗЕМЈАВА БИ ЈА ЧИНЕЛ МИЛИЈАРДА ЕВРА



Kинезите притискаат и Македонија да се вклучи во проектот за изградба на брза пруга што ќе се протега од Будимпешта, преку Белград и Скопје, се до Солун и Атина, дознава „Дневник“. Притисокот доаѓа најмногу поради фактот што земјата така ќе има брз железнички пристап од централна Европа до стратегиските грчки пристаништа за чија приватизација се заинтересирани големи кинески компании.

Унгарските и српските власти дефинитивно се решени да го „истуркаат“ проектот и да ги модернизираат железничките линии во своите земји. Веќе е договорено официјалниот документ за брзата пруга да биде потпишан во Белград следниот месец, на самитот на европските лидери што го организира Kина, кога и ќе бидат презентирани детали за модернизацијата на пругата Белград-Будимпешта. Македонија се уште калкулира дали овој проект ќе биде исплатлив, имајќи предвид дека првичните проценки се оти ќе ја чини земјава околу една милијарда евра.

- За проектот не информира кинеската делегација при последната посета, но проектот се уште е во фаза на подготовка и е рано да се каже што ќе содржи - изјави неодамна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Според првичните снимања на теренот, ако земјава реши да стане дел од брзата железница, нема да има потреба да се гради целосно нова пруга од Kоридорот 10, кој се протега од север кон југ. Односно, одредени делници ќе треба да се реконструираат и да се приспособат на планираната брзина по целата траса, а на некои ќе треба да се гради комплетно нова железничка инфраструктура.

Грција, пак, е најнезаинтересирана од сите четири земји низ кои треба да поминува брзата железница. Грчките власти досега не се изјасниле дали воопшто размислуваат и сакаат да се вклучат во целиот проект, кој ќе се финансира со кредит од Kинеската развојна банка.

Според најавите на Србија и Унгарија, ако договорот дефинитивно се потпише во декември, градежните работи на пругата би можеле да почнат уште напролет, а би требало да завршат за три години.

KОЈ Е ИНТЕРЕСОТ НА KИНА?

Kина е заинтересирана за овој проект поради железничката врска со која грчкото пристаниште во Пиреја, кое е делумна сопственост на кинескиот државен гигант „Kоско“, ќе се поврзе со централна Европа. Kинески компании се влезени и во потесниот круг за купување на Солунското пристаниште и уште неколку помали во Грција, што е дополнителен поттик да се притиска за изградба на брзата пруга, со која стоките за многу пократко време и со помалку трошоци ќе стигаат до централна Европа. Пресметките покажуваат дека со изградбата и модернизацијата на пругата Будимпешта-Белград, времето на патување од осум часа ќе се намали на само три.



Replies:
Posted By: kultuzin
Date Posted: 06-Nov-2014 at 15:06
Пред некое време патував од Минхен до Загреб со воз. Имав некоја работа така си го уклучив лаптопт го ставив на маса и си завршив тоа што требаше за тој ден. Времето на патување е 8 и пол часа и тоа со нај нај обичен воз кој често застанува , плус менува локомотива на секоја граница. Но и покрај тоа комотноста е незаменлива. После неколку дена поминати во Загреб се убив од барање комбинации од Загреб до Скопје и за жал сите варијанти беа прво до Белград па потоа до Скопје а цлата акција трае скоро цело деноноќие (УЖАС). Така љуљаќи се во Авобусот си мислев колку би било убаво да има врска Минхен Загреб, Загреб Скопје Солун. Но таа врска да биде по реновирани и побрзи пруги барем некој си 120 километри на час. Мислејќи така почнав да сонувам и за оние брзите возови на TGV или ICE кои возат со 300 км на час. Со таков воз се стига од Карлсруе до Париз за 3 саати тоа е далечина од 550 километри.Скопје Белград се 440 километри а до Будимпешта 820 така оваа далечина би се поминувала за некој си 5 до 6 саати. Јас незнам што сакат да прават Кинезите и што се подразбира под „брз воз„ но и да се движат со 160 километри на час за нас би биле бомбона.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 06-Nov-2014 at 16:08
Прво не е брза железница движењето на возовите со 160км/ч. Ќе треба да менуваме наслов на нишкава. На брзи пруги сообраќаат само патнички возови со брзина од над 250км/ч, но тоа е сулудо решение за земји во кои најмногу се патува од Скопје до Велес или од Лесковац до Ниш.

Кина сака унапредување на нашите пруги, претпоставувам пруга со брзина од 160 до 200, максимум 220 километри на час која би се користела за товарен, а потоа и за патнички сообраќај.


Posted By: jyvation
Date Posted: 06-Nov-2014 at 17:07
Па се збори за брзини повеќе од 200km/h затоа нека остане насловов ваков кој мислам дека е најсоодветен.Кога ќе има нешто сосема поконкретно нека се промени соодветно.


Posted By: one1
Date Posted: 06-Nov-2014 at 17:34
Баткава ги измешал брзиние. Не ни знае што е брза железница току ајде колку да се пишело.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 06-Nov-2014 at 18:27
Originally posted by BOJAN

Прво не е брза железница движењето на возовите со 160км/ч. Ќе треба да менуваме наслов на нишкава. На брзи пруги сообраќаат само патнички возови со брзина од над 250км/ч, но тоа е сулудо решение за земји во кои најмногу се патува од Скопје до Велес или од Лесковац до Ниш.

Кина сака унапредување на нашите пруги, претпоставувам пруга со брзина од 160 до 200, максимум 220 километри на час која би се користела за товарен, а потоа и за патнички сообраќај.

 
Македонскиот менталитет е поинаков од останатите.
 
На овие простори важи правилото дека ако пајтонот до вчера до влечеле 2 коња, а од денес ќе го влечат 4 коња, тогаш веќе утре ќе можеме да се фалиме дека имаме брз пајтон.
 
Така функционираат сите "нови" работи во оваа наша чудесна земја.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 06-Nov-2014 at 18:37
Треба да правите разлика помеѓу брза железница и супер брза железница. Така да тоа што го гледаме по телевизии за најбрзите возови тоа се супер брзи железници. И чудо едно како се фативте од толкав текст за поимот. Олицетворние на нашиот чудесен менталитет секогаш да се фаќаме и да го тупиме за најнебитните работи. Споре мене кажав и погоре возовите да одат до 160 километри на час ќе биде феноменално за нас со што Македонија од горе до доле би се поминувала за помалку од 2 часа.


Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Nov-2014 at 20:38
И јас мислам дека нетреба толку да се цепидлачи дали е брза или супер брза железница.За нас железница со 160 км/ч е суперсонична а не брза железница.Немора светските норми за брзина да ги вкалкулираме и кај нас.Кој воз ќе кочи со 300/ч помеѓу така блиску распоредени градови.

Ќе споредам со една состојба од мојата струка-во ЕУ 110 кв далекуводи веќе ги сметаат за дистрибутивни а кај нас тие се преносни.Толкава ни е државата.

исто беше и во екс ЈУ државата-Македонија поради блискоста на границите исток-запад и одалеченоста на јужната граница од Скопје неможеше да има воени авиони од типот на МИГ-29.штом полетаат на 11 000 метри веќе излегле од граница.

треба да ги проспособиме работите на нашата околност


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 07-Nov-2014 at 05:34
Поентата на Ѓоко е добра. За тие што имаат искуство со германските железници би требало да знаат дека интер-сити експресите кои технички се способни да имаат патна брзина од над 250 км/ч (значи зборам патна а не максимална) а пругите (инфраструктурата) се оспособени за патни брзини до 300 км/ч на делници каде станиците/поголемите градови се не подалеку од 100 км ретко кога ја постигнуваат патната брзина од 250 км/ч. Во просек се движат со 170-180 км/ч. Нешто што реално нема да биде ништо полошо опслужено од возови способни за патна брзина од 160-180 км/ч (максимална 200) и пруги кои се приспособени за брзини до 200 км/ч. Претпоставката е дека дадената линија би застанувала само на поглавни и поодалечени станици Будимпешта-Нови Сад-Белград-Ниш-Скопје-Велес-Солун


Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Nov-2014 at 09:28
Она што е изработено како проектна документација за евентуална нова пруга минува подалеку од река Вардар, малтене во ридиштата помеѓу река Вардар и Овче Поле. Тоа е за Велес, а и самата станица би била многу оддалечена од градот. За другите градови не знам, но можам да се кладам дека слично би било и за Демир Капија.


Posted By: alexsend
Date Posted: 07-Nov-2014 at 11:53
Јас би рекол
Будимпешта-Нови Сад-Белград-Ниш-Скопје-Гевгелија-Солун
А дефинирам брзо како се што е во најмала рака побргу од да патуваш со автомобил. 160км/ч би било феноменално. Од еден до друг крај на државата за саат.


Posted By: stratus
Date Posted: 07-Nov-2014 at 12:53
Со оглед колку се движат моментално возовите кај нас и колкава ни е целата територија, 160 е одлично, а 200 идеално. Се над тоа би било илузорно и непотребно. Доколку по коридор X се движат возовите со ~160км/ч и има двоен колосек би бил повеќе од задоволен. За товарен воз тоа би значело од Табановце до Гевгелија за час и пол, наместо сегашните ~4. Нешто подолго би било за патничките возови, но сепак доста побрзо отколку патување со автомобил.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 07-Nov-2014 at 13:02
Originally posted by BOJAN

Она што е изработено како проектна документација за евентуална нова пруга минува подалеку од река Вардар, малтене во ридиштата помеѓу река Вардар и Овче Поле. Тоа е за Велес, а и самата станица би била многу оддалечена од градот. За другите градови не знам, но можам да се кладам дека слично би било и за Демир Капија.


Бојан може ли повеќе околу трасата која стои во проектната документација. Според мене иделано би било железницата ако веќе е во овчеполието да има станица и во Штип , со тоа е опфатена цела источна Македонија. Ако е така Куманово , Штип и Гевгелија се најидеални за опслужување. А од Скопје до Куманово да има исто така редовна и брза врска која ќе биде прилагодена со овие возови.   


Posted By: +Protagorist
Date Posted: 07-Nov-2014 at 14:03

од каде и да минува ако не ја врзат за аеродромот [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=180727#180727 - 1 ] ќе биде бадијала инвестиција, идеално би било вакват нова траса да ги врзе во едно и патничкиов и идниот карго аеродром, а доколку веќе Кина дава лесни кредити а нашиве имаат доволно чалам нека бараат во пакет и мираз за нови композиции

-------------
HaјсилнoтoOpужјe https://archive.is/Vu2G4 - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: Staki
Date Posted: 07-Nov-2014 at 15:20
Ако биде на постоечката пруга со еден колосек и 300 км/ч да ја направат, пак ќе се има истиот проблем со чекање возови. На сегашната пруга не е проблем колку е брза, главниот проблем е што има еден колосек и често пати има лоша комуникација, па споредните возови мора да чекаат. Ми се има случено да чекам 30 минути на станица да помине возот за Белград, а тоа чекање можеше да се направи и на друга станица. Меѓутоа поради лошата комуникација на Македонски железници споредниот воз не смее да тргне додека не добие зелено светло. Овој проблем ќе биде уште поизразен во случај да има зголемен сообраќај на пругите. Министерство за транспорт и врски имаат планови да ја развијат железница, но тоа нема да се случи со постоење на еден колосек.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Nov-2014 at 15:48
Еве еден документ каде што може да се прочита нешто за оваа пруга, и тоа за пругата Скопје-Велес: http://www.mtc.gov.mk/new_site/images/ObjavaPDF/ESIA%20Dracevo-Veles%2031.12.2013%20final%20nacrt.pdf

Јас бев на една од презентациите, и тоа токму на овој документ. За жал, професорите од Градежен факултет во 1989 година предвиделе двоколосечна пруга за брзина од 160 км. на час, а со сегашниве документи се придвижуваме кон изградба на едноколосечна пруга со брзина од 160 км/ч.


Posted By: jyvation
Date Posted: 05-Jan-2015 at 15:44
КОЛКУ Е РЕАЛНО ОСТВАРЛИВА И КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА БРЗАТА КИНЕСКА ПРУГА?



По официјалното објавување на плановите за изградба на брза железница од Грција до Западна Европа преку Македонија и Србија со кинески пари околу изводливоста на ова решение веќе почнаа да владеат поделени мислења. Ефектите и бенефитите од секое инфраструктурно напредување се познати и позитивни. Прашањето кое го поставува експертската јавност е дали самиот проект е реално остварлив и финансиски исплатлив.

Првичните проценки се дека најверојатно ќе нема потреба од изградба на целосно нова линија, туку само реконструкција и доградба на постоечката мрежа која е дел од коридорот 10. Во прилог на ова одат и фактите дека делови од оваа линија која се протега од северот до југот на земјава веќе се реконструирани со пари од европските фондови. Согласно на тоа сесмета дека ќе се потребни многу мали корекции.

Но, многумина експерти имаат тотално различно мислење. Според нив, ако Македонија навистина влезе во овој проект ќе треба да се замени цела постојна пруга долж Коридорот 10.

Македонската пруга долж Коридорот 10 со последните реконструкции од 2012 година е проектирана брзина на возовите од 120 километри на сат, а брзите железници бараат истата да може безбедно да издржи возови кои ќе се движат со брзина помеѓу 160 и 200 километри. Во некои проценки се зборува дури и за 300 км на час.

Дејан Трпевски, претставник на чешката Локо Транс во Македонија и човек кој цела работна кариера е во бизнисот со железници се обиде да ни ги доближи дилемата околу тоа како би требало да изгледа или да се гради новата супер брза пруга.

„Ако навистина Кинезите сакаат да достигнат брзини на движење како оние што ги пренесуваат медиумите, тогаш дефинитивно им е потребна целосно нова траса на пругата. Значи не станува збор само за промена на металнитеделови и подлогата, бидејќи најголем проблем се самите кривини. Дали можете да замислите воз со брзина од 200 или еве да речеме 300 км на час да влезе во кривини и тунели како оние во Демиркаписка или Таорска клисура? Значи потребно е целосно нова траса и целосно нова пруга изградена по сите стандарди за безбедност на брзи железници“, вели Трпевски.

А на нашето прашање колку би чинело сето тоа Трпески ни даде интересна проценка.

„Ако километар на обична пруга чини два три до пет милиони евра, брза пруга би требало да чини барем 7 до 8 пати повеќе. Тоа се светски стандарди од кои нема бегање. Останува да се види дали има економска исплатливост за тоа“, смета Трпевски.

Од Македонската транспортна асоцијација се поголеми оптимисти, но и тие додаваат дека гледано од трошковен и технички аспект, може да дојде до неусогласеност на постојните решенија кои се однесуваат на модернизирање на пругата на делот од Коридорот 10 во Македонија со потребите на „брзата пруга“, бидејќи сегашното модернизирање на пругите во Македонија се прави за брзина на возовите од 120 километри на час, не за брзина од 160 километри на час, колку што се предвидува за „брзата пруга“.

„Доколку се прифати учество во овој проект, тогаш ќе треба одделни делови од пругата во земјава да се изградат одново, а останатите делови само да се приспособат на планираната брзина од 160 километри на час“.

Од Асоцијацита сметаат дека значајно е да се нагласи дека за да може Македонија да одговори на овие предизвици ќе има потреба од обезбедување на високи износи на финансиски средства.

„Во овој момент, без соодветна финансиска поддршка од меѓународните финансиски институции и без поширока регионална финансиска поддршка, која би се реализирала преку заеднички регионални проекти, а во ситуација на исцрпена финансиска моќ на стопанството, таа, реално, не е во можност на истите соодветно да одговори“.

http://kapital.mk/kolku-e-realno-ostvarliva-i-kako-ke-izgleda-brzata-kineska-pruga/ - http://kapital.mk/kolku-e-realno-ostvarliva-i-kako-ke-izgleda-brzata-kineska-pruga/


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Jan-2015 at 18:16
Za gradba treba proekt,a za proekt treba presmetki. Sve ova što e napišano pogore treba da e vkalkulirano vo presmetkite


Posted By: ehrlich
Date Posted: 05-Jan-2015 at 22:21
Да, де, уште само уште една милијарда ни фали да се задолжиме кај Кинезите за оваа пруга, која е целосно непотребна во овој даден момент, особено кога Железницата нема основни средства (како локомотови, па откажува линии), а камоли занесување и изградба на вакви брзи пруги, кои нам не ни се воопшто потребни.

Се освен концесиска изградба на делницата не треба да се прифати. Ако толку сакаат Кинезите пруга, нека одврзат кесето и нека си направат, а нам нека ни ја вратат по 20-30 години.


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Jan-2015 at 22:54
Ne doagja predvid nie da investirme. Koj saka neka vliži pari i neka gradi. Normalno so koncesija na okolu 30-50 godini


Posted By: MIKI1
Date Posted: 06-Jan-2015 at 16:00
Ако власта продолжи да ја „сече„ Македонија со транспортни коридори (патишта и железници), односно да ја „сече„ македонската територија која има неверојатни 200/200км површина, што ќе ни остане од земјава?...

Ќе треба сите да се отселиме од Македонија, за да можат белосветските парајлии да градат брзи пруги?


Posted By: alexsend
Date Posted: 06-Jan-2015 at 19:40
Брза железница е во интерес на сите граѓани во државава. Сепак ова е нереално освен доколку некој од надвор не вложи.


Posted By: avijacijamk
Date Posted: 06-Jan-2015 at 21:20
Bulshit e ова нема да има брза железница кај нас сите го знаеме тоа ова е само дрн дрн муабети по портали.


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Jan-2015 at 10:08
И јас не верувам дека некогаш ќе се оствари тоа, но...

МАКЕДОНИЈА И КИНА ЌЕ ПРАВАТ СТУДИЈА ЗА БРЗАТА ЖЕЛЕЗНИЦА

Македонија е заинтересирана да биде дел од проектот за изградба на пругата од пристаништето во Пиреја до Будимпешта.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешната средба со кинеската делегација предводена од заменикот министер за национален развој и комисија за реформи Ксу Ксианпинг, заменик генералниот директор на кинеската железничка корпорација, Хуанг Мин и потпретседателот на кинеската Ексим банка, Сун Пинг.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Пешевски, двете страни изразиле согласност да биде изработена физибилити студија за трасата каде би поминувала пругата и за цената на проектот по што би следувала втората фаза која би се однесува на утврдување на моделите за финансирање на проектот.

Вицепремиерот Пешевски посочил дека овој проект е од огромно значење за Македонија бидејќи ќе се поттикне економски раст и ќе се отворат голем број нови вработувања, а Македонија ќе стане еден од главните транспортни коридори во Европа.

Двете страни ја нагласиле важноста на проектот за изградба на брза железница, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за развој на целиот регион, ќе помогне да се поврзат подобро сите земји и да се олесни трговијата и транспортот. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=18613AA3491A3B4CA366320E33E6065D - http://www.utrinski.mk/?ItemID=18613AA3491A3B4CA366320E33E6065D

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Floranc
Date Posted: 11-Mar-2015 at 05:37
Да те поправам BOJAN Албанија ќе гради автопат од Тирана до Дебар, не од Елбасан. За мене позгражувачки од градењето на Кичево-Охрид е земениот кредит од Требеништа до Струга. Тој автопат од 15-тина километри беше предвиден заради коридор 8. Струга ќе преживее и без тој автопат, за кој би се фрлиле непотребни пари според мене. Тие пари може да се реинвестираат кон Дебар, ако веќе така е тргната работата. Инаку мислам дека не може да се споредуваат развивањето на коридор автопатски и

-------------
Our excellent online http://www.test-king.com/onlinecourses/TEAS.htm - Testking teas practice test training



Print Page | Close Window