Print Page | Close Window

Штркова населба во Кривогаштани

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3142
Printed Date: 25-Apr-2024 at 20:22


Topic: Штркова населба во Кривогаштани
Posted By: kultuzin
Subject: Штркова населба во Кривогаштани
Date Posted: 28-Dec-2014 at 16:10

http://patokazmagazin.com.mk/vesti/top-5/item/1190 - Во Кривогаштани ќе се гради Штркова населба

Недела, 28 Декември 2014 http://patokazmagazin.com.mk/item/darko-stargoski - Дарко Штаргоски

Силјан штркот од приказните на Марко Цепенков, од прилепско Мало Коњари, доби виза соседната Општина Кривогаштани. Оваа општина за неколку месеци планира да гради цела Штркова населба која би била хортикултурно уредена. Во општината има над 1.000 легла од овие птици, кои ги градат на бандерите и покривите од куќите. Идејата е сега сите да бидат на една место, и тоа да стане вистинска атракција, единствена можеби во цела Европа.

„Таа штркова населба ќе се наоѓа покрај самиот регионален пат за Крушево, на таков начин ние планираме да ги задржиме туристите кои транзитираат низ нашата општина. На почетокот ќе направиме два прони локалитети и ќе видиме кој од нив ќе го прифатат штрковите“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

tz

Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани

Проектот на старт би чинел околу 30 илјади евра, а ќе се реализира со пари од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Првите јата на штрковите во Кривогаштани пристигнуваат кон крајот на февруари и почетокот на месец март. Затоа кон средината на февруари е одлучено да се започне со изградбата на оваа населба. Проектот би отворил и нови работни места во Општината.

nikolce

Николче Дуртаноски, координатор на проектот

„Со реализацијата на проектот ќе се потткнуваат одржливоста на заедницата стимул за младите да останат тука, да се стопира миграцијата. Населбата би влегла и во јавно-приватно партнерство со што би се отвориле и нови работни места“, вели Николче Дуртаноски, координатор на проектот.

„Општината планира покрај изградбата на штрковата населба да има и хотелски комплекс, како и други содржини како што се паркови и сувенирници“, рече Даниела Крстеска, координатор на проектот.

daniela

Даниела Крстеска, координатор на проектот

Во иднина општината планира направи и цела стратегија за развој на туризмот, а покрај оваа Штркова населба веќе има изградено и патека за планински велосипедизам.

http://patokazmagazin.com.mk/vesti/top-5/item/1190


Идеата на мене ми е многу оргинална затоа мислам дека треба да има посебна тема.




Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Dec-2014 at 18:34


















patokazmagazin.com.mk

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window