Print Page | Close Window

TomTom GPS мапи за Македонија

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Виртуелна Македонија
Forum Discription: Работилница за мапирање на Македонија и 3D објекти во Google Earth
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3187
Printed Date: 09-Dec-2022 at 10:06


Topic: TomTom GPS мапи за Македонија
Posted By: Macedonicus
Subject: TomTom GPS мапи за Македонија
Date Posted: 09-Jun-2015 at 19:53
Најнова вест од мојот професор:

Светскиот гигант за ГПС навигација TomTom, започна постапка за детално и прецизно дополнување на дигиталните мапи со патната мрежа во Република Македонија. За таа цел, оваа компанија склучи договор со Тримакс Картографија од Скопје, која до крајот на 2015 година ќе изработи геодатабаза на патната-улична мрежа за 45 градови и населени места во Македонија. Со договорот е предвидено да се мапираат околу 5 000 км улична мрежа, заедно со имињата на улиците, типот, брзината и други податоци. Заради сложеноста, обемот на работа и кратките рокови, во постапката се користат иновативни пристапи развиени од д-р Ивица Милевски, професор на Институтот за географија во Скопје. Истите се базираат на специјална обработка на сателитски снимки и на постоечки ГПС и ГИС датабази (RS-vector extraction). На тој начин, веќе кон крајот на оваа година, TomTom за своите корисници ширум светот ќе понуди ГПС-мапи со патна мрежа за Македонија, која ќе биде многу подетална од оние на Google Maps, Open Street Maps, HERE и др.



Ова би значело дека сите корисници на Apple Maps (iPad, iPhone users) ќе добијат екстра прецизни карти кон крајот на 2015 година бидејќи ресурсите ги црпат од TomTom.

Мислам дека редно беше да се случи ова со оглед на тоа што останавме единствена држава во регионов што не е искартирана на TomTom / Apple Maps. Косово и Албанија добија нови карти пред нас.

http://routes.tomtom.com/#/map/?center=42%2C21.433304&zoom=9&map=basic

-------------
ಠ_ಠ



Replies:
Posted By: avijacijamk
Date Posted: 19-Jun-2015 at 22:41
Дајбоже да е така пошто кога ги видам мапите за Македонија на навигатор ми се плаче...


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 20-Jun-2015 at 08:20
Од вчера се ажурирани, можеш да провериш дали ти стигнал апдејт ако имаш ТТ уред

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: avijacijamk
Date Posted: 20-Jun-2015 at 15:41
Originally posted by Macedonicus

Од вчера се ажурирани, можеш да провериш дали ти стигнал апдејт ако имаш ТТ уред



Еве гледам за Штип пак е исто празни улици...


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 03-Jul-2015 at 09:59
Сите што сте на iOS од вчера мапите се апдејтирани со подлога од ТомТом. Проверете си

-------------
ಠ_ಠ



Print Page | Close Window