Print Page | Close Window

Клиничка болница - Штип

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Здравствени
Forum Discription: Болници, клиники...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3206
Printed Date: 29-Nov-2021 at 09:56


Topic: Клиничка болница - Штип
Posted By: jyvation
Subject: Клиничка болница - Штип
Date Posted: 07-Aug-2015 at 14:27
Штип ќе добие нова клиничка болница која ќе ги помести стандардите во регионот

Нова најсовремена, најквалитетна и најсофистицирана клиничка болница ќе се гради во Штип, која воедно ќе биде современа здравствена установа за повеќе од 200.000 граѓани во тој регион.

Министерот за здравство Никола Тодоров, денеска ја најави изградбата на новата штипска клиника, која ќе започне да се гради во средината на октомври 2015 година, а според прoценките ќе биде готова во средината на октомври 2017 година.



-Квалитетот на еден здравствен систем првенствено зависи од квалитетот и знаењето на здравствените работници, квалитетот и софистицираноста на опремата, како и од квалитетот на здравствената инфраструктура. Денес сакам да го промовирам проектот за изградба на најсовремената, најмодерната и најквалитетната здравствена инфраструктура во Македонија. Реализацијата на овој проект ќе значи изградба на болница со карактеристики и функционалност какви што до сега не е изградена во Македонија. Изградбата на оваа болница ќе постави стандард кој ќе треба да се достигне не само во Македонија, туку и пошироко во регионот, изјави министерот Тодоров.

Вчера од страна на Банката на Советот на Европа во официјалниот гласник на Европската Унија беше објавен тендерот за градба на Клиничката болница во Штип.



Станува збор за инвестиција од приближно, 30 милиони евра.

Токму овој проект доби прва награда за реализиран архитектонски проект на 17-то биенале на македонската архитектура „БИМАС 2014“ која како награда е воведена од 1981 година како највисока архитектонска награда во земјава.

Имено, подготовката за техничката документација траела околу 2 години, а на неа работеле вкупно 5 стручни тимови, од аспект на архитектура, статика, електрика, машинство и водовод. Дополнително и посебно задолжени лица за противпожарна заштита, животна средина, звук, енергетска ефикасност, и заштита на градежната јама.



Објектот ќе се гради на местото каде што во моментов се наоѓа штипската клиника и ќе претставува грандиозна високо енергетски ефикасна клиника на површина од 34.000 м2.



-Болницата ќе има комплетно воспоставен BMS, односно билдинг менаџмент систем, кој во целост ќе ја контролира електриката, и машинството во целиот објект и е директно поврзан со системот за менаџирање на болничките соби. Кога пациентот се прима во болница се внесува во системот дека собата е зафатена и тогаш автоматски се активира климатизацијата во собата. А при влезот во болничката соба автоматски се пали светло. На ваков начин се постигнува ефикасно и одговорно користење на ресурсите, рече Тодоров.

За прв пат во јавна здравствена установа е проектиран и ќе се изведе систем за пневматска пошта кој ќе ги поврзува лабораторијата со дијагностиката и оперативниот дел.

-Објектот има сопствен резервоар за вода кој може да обезбеди авотномија од два дена на целата болница, како и сопствен агрегат и UPS кои обезбедуваат автономија во случај на прекин на електрична енергија и тоа ups-ите за оперативниот дел овозможуваат и автономија до 45 минути во случај на прекин на напојувањето, подвлече Тодоров.

Објектот се состои од две целини: при што првата целина се состои од три катни висини каде ќе бидат организирани сите болнички одделенија, а втората целина се состои од 4 нивоа: подрум, ниско приземје и први кат. Во подрумските простории се сместени сите технички и сервисни одделенија како и одделот за патологија и судска медицина.

-Во ниското приземје се сместени Ургентниот центар, радиолошко дијагностичкиот оддел, централните гардероби и лабораторијата, болничката аптека и стерилизацијата. Во приземјето и пониските нивоа се сместени 17 амбуланти, дополнети со специјализирани простори за прегледи и третман, како и дневни болници за трансфузиологија, дневна хирургија со три мали сали, хемотерапија психијатрија, служба за превенција и третман за зависности од дрога. Ова е со цел да се намали растојанието кое треба да го поминат пациентите кои се лекуваат, рече Тодоров.

Одделенијата за нега на хоспитализирани болни планирани се со 80% да бидат во 4-креветни соби, 10% да бидат 2-креветни соби и 10% едно-креветни соби.

-Секој стационар ќе има приемен простор, простории за поддршка, простории за персонал и заеднички простории. Новата Клиничка болница ќе биде распределена на 8 нивоа, каскадно поставени на теренот. На последните три нивоа ќе бидат сместени болничките соби, со сите неопходни содржини за поддршка и медицински надзор, додека пак во подолните катови се проектирани сите неопходни содржини за дијагностика, интервенција и третман како за болничките, така и за амбулантските пациенти, подвлече Тодоров.

Подрумските простории ќе бидат исполнети со технички простории и магацини, а на крововите е предвидено да се постават градини, од кои дел ќе бидат проодни и ќе можат д асе користат од вработените или од пациентите, а дел ќе бидат непроодни. Сите ќе имаат сопствен систем за наводнување.

-Предвидено е и ново сообраќајно решение со кое што ќе се овозможи посебен и брз пристап до Ургентниот центар, за возилата на Брзата помош, посебен пристап до главниот влез за големиот болнички капацитет, посебен пристап техничките и сервисни содржини на болницата, а периферно на објектот ќе има и други помошни влезови за вработени, трансфузиологија, психијатрија и за радиологија, додаде тој.

Новата Клиничка болница во Штип ќе биде високо енергетски ефикасен објект со ниска потрошувачка на годишно ниво која ќе се троши за греење, вентилација и климатизација, санитарна топла вода, осветлување и помошна енергија.

Значителен придонес во енергетска ефикасност на објектот ќе имаат и просторно-концептуалниот распоред на болничките и помошните содржини и целата фасада.

http://lider.mk/2015/08/07/stip-ke-dobie-nova-klinicka-bolnica/ - http://lider.mk/2015/08/07/stip-ke-dobie-nova-klinicka-bolnica/



Replies:
Posted By: jyvation
Date Posted: 07-Aug-2015 at 14:28
[TUBE]watch?v=g-9h0FehiqU[/TUBE]


Posted By: SugarBlue
Date Posted: 07-Aug-2015 at 15:59
Одлично


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Aug-2015 at 17:01
Само да не остане уште едно неостварено предизборно ветување... Инаку, искрено навивам Штип да добие соодветна и модерна и добро опремена клиничка болница која ќе го опслужува тој регион.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-Mar-2016 at 11:45
Во Штип денеска ќе биде поставен камен-темелник за изградба на новиот објект на Клиничката болница.

Министерството за здравство соопшти дека станува збор за изградба на нова најсовремена клиничка болница во Штип, според врвни светски стандарди со најмодерна и најквалитетна здравствена инфраструктура во Македонија.

– Изградбата на новиот објект ќе овозможи современи услови за здравствена заштита за над 200.000 жители од Штип и целиот Источен регион, кои ќе имаат директен бенефит од изградбата на новиот објект, соопшти ресорното Министерство.

На поставувањето камен темелник е најавено присуство на министерот за здравство Никола Тодоров
http://republika.mk/?p=562897


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 03-Mar-2016 at 14:35
После завршениот клинички во Скопје време беше да направат еден во Штип

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Mar-2016 at 16:18




-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-Mar-2016 at 16:23
Почна изградбата на новата Клиничка болница во Штип








03.03.2016










Во Штип денеска е поставен камен темелникот на новата Клиничка болница, инвестиција вредна околу 30 милиони евра и во која здравствени услуги ќе добиваат над 200.000 пациенти.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, министерот за здравство Никола Тодоров, двајцата директори на ФЗОМ, директорот на Бирото за лекови, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, двајцата пратеници во Собранието на РМ Никола Мицевски и Трајче Димков и градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев.

Премиерот за спроведување на изборите Димитриев истакна дека му претставува големо задоволство што денеска стартува изградбата на новиот Клинички центар во Штип – клиничка болница која досега играла важна улога за лекување на пациентите од источна и југоисточна Македонија, но исто така од неа излегле и врвни имиња од лекарската фела.

- Времето си го прави своето и 80-годишното постоење на оваа болница значи нужна потреба за дополнителни инвестиции, како би се задржал и подобрил имиџот на еден од најдобрите и најзначајни клинички центри во Македонија. Од овие причини, како продолжение на политиките на Владата за капитални инвестиции во македонското здравство денеска почнува со изградба новиот Клинички центар во Штип, кој претставува инвестиција вредна околу 30 милиони евра, рече Димитриев.

Тој додаде дека новиот Клинички центар со сите свои карактеристики и функционалности ќе биде здравствен комплекс како што досега не е изграден во Македонија.

- Комплексот ќе биде распределен на осум нивоа со голем број болнички одделенија и центри. На последните три нивоа ќе бидат сместени болнички соби со сите неопходни содржини за директна поддршка и медицински надзор, додека во подолните катови се проектирани сите неопходни содржини за дијагностика, интервенции и третман, како за болничките, така и за амбулантните пациенти. Сите содржини на комплексот ќе бидат соодветно групирани и меѓусебно поврзани со цел полесна комуникација и движење на пациентите и медицинскиот персонал, рече Димитриев.

Министерот Тодоров истакна дека новата клиничка болница ќе биде најсовремениот објект кој ќе биде изграден во сферата на здравството, објект којшто ќе има 34.000 метри квадратни, во кој ќе бидат сместени сите одделенија, амбуланти, специјалистички амбуланти и ургентниот центар.

- Ова е камен темелник за поквалитетно здравство. Објектот ќе биде изграден со современи европски стандарди, а во него квалитетни здравствени услуги ќе добиваат потенцијални над 200.000 услуги. Инвестицијата е вредна 30 милиони евра, но вкупната инвестиција е 56 милиони евра, од кои еден милион евра за проектирање, 16 милиони евра за опремување на болницата. Болницата ќе има комплетно воспоставен систем кој ги контролира во целост електриката и машинството на објектот и е директно поврзан со системот за менаџирање на болничките соби, рече Тодорот.

Тој истакна дека првпат во Македонија е проектиран систем со кој транспортот на крв за лабораториски потреби наместо физички од страна на здравствените работници ќе се врши преку пневматски туби со кои ќе се поврзе лабораторијата со дијагностиката и оперативниот дел.

Тодоров посочи дека тендерот за изградба на новата клиничка болница во Штип е спроведен согласно критериумите на Банката на Советот на Европа, а веќе е склучен и договорот со градежната компанија „Интеркат“ која што денеска е вклучена во изведување на градежните работи.

Изградбата на клиничката болница ќе се одвива во наредните две години и ќе има две фази, од кои првата е изградба на објектот, а втората е доизградба и интегрирање на објектот.

Градоначаникот Захариев рече дека поставувањето камен темелник на новата клиничка болница е голем историски ден за Штип и за целиот источен регион.

- Првата болница во источна Македонија била изградена пред Втората светска војна токму во Штип, а по 80 годиини сме среќни што токму денеска почнува еден капитален проект. Морам да истакнам дека во 2013 година и во мојата програма беше потенцирано дека Штип ќе добие клиничка болница, а токму оваа Влада ги исполнија сите тие ветувања кои беа дел од изборната програма. Како што гледате автопатот Велес - Штип се гради, изградбата на експресниот пат Велес - Кадрифаково е во завршна фаза. Почнати се и градежните работи за изградба на експресниот пат Штип-Кочани, а распишан е и тендер за изградба за експресниот пат Штип - Радовиш. Значи, имаме инвестиција од над 300 милиони евра во штипскиот и источниот регион, рече Захариев.

Тој истакна дека како локална самоуправа во наредните две години треба да ги завршат и инфраструктурните проекти односно изградба на улиците кои ќе водат до новата клиничка болница. Станува збор за улиците „Љубен Иванов“ и „Тодор Коларов“.

Директорите на клиничката болница Штип, Елизабета Попарова и Александар Стојанов истакнаа дека изградбата на клиничката болница бенефит ќе имаат и медицинскиот кадар кој во текот на изминатите години беше на голем број обуки, а најголем бенефит ќе имаат над 200 илјади пациенти од општините од источниот регион.
http://vlada.mk/?q=node%2F11897&language=mk - http://vlada.mk/?q=node%2F11897&language=mk
[tube]ZDuza5Geym0[/tube]


Posted By: Petar Skopje
Date Posted: 05-Mar-2016 at 21:55
Ако биде убава како новаиот Клинички центар во Скопје, ќе биде супер.


Posted By: one1
Date Posted: 05-Mar-2016 at 22:24
А ако чекате вести и мислења од Култузин, пратете си го мозокот на пасење трева.
Иста вест со иста објава, компонирана во Република на С.М со ист наслов од 2009 година. Оттогаш заминаа 8 години.

-------------
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.


Posted By: Kid_A
Date Posted: 06-Mar-2016 at 02:27
Штипското лоби повлече многу големи проекти за Штип. Универзитет, автопат, нов Клинички центар, индустриска зона...

Мислам дека овој проект нема да остане само на зборови.


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Aug-2016 at 12:21




http://bazephotographer.deviantart.com/art/construction-of-the-clinical-hospital-Stip-626468644 - http://bazephotographer.deviantart.com/art/construction-of-the-clinical-hospital-Stip-626468644

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Dec-2016 at 16:00
Еве фотки во периодот од октомври до крај на ноември(превземено од фб на бетон-штип)





















Posted By: Џоле
Date Posted: 22-May-2017 at 18:34


http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133706596/1?month=5&year=2017&day=22&desc=0 - http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/133706596/1?month=5&year=2017&day=22&desc=0

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Feb-2019 at 13:23
„БЕТОН – ШТИП“, ШТО ГО ГРАДЕШЕ СКОПЈЕ 2014 ЗА 55 МИЛИОНИ ЕВРА, ОСТАНА БЕЗ ДОГОВОР ЗА ШТИПСКИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР И БЕЗ ПЛАТИ И К-15 ЗА РАБОТНИЦИТЕ



Околу 250 работници од некогаш реномираната градежна фирма „Бетон – Штип“ почнаа масовно да го напуштаат претпријатието и истовремено преку суд да ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци и К-15 за оваа година. Повеќе работници на „Бетон“ деновиве ја посетуваат трудовата инспекција во Штип и пријавуваат дека не зеле К-15, а речиси сите веќе почнале да поднесуваат до судот тужби со побарувања за неисплатени плати.

Истовремено, дел од работниците заминале на работа во други градежни фирми, а поголем дел во грчката компанија „Интракат“ која е изведувач на новиот Клинички центар во Штип, а каде „Бетон“ беше подизведувач.

„’Интракат’ еднострано го прекина договорот што требаше да биде продолжен при крајот на минатата година. Бетон поради тоа губи 2,5 милиони евра. Грчката фирма ја дадовме на суд затоа што ни направи огромни загуби, поради што не сме исплатиле за 4 месеци плата како и други принадлежности на вработените, кои почнаа да ја напуштаат нашата фирма“, вели управителот на „Бетон“ Ване Мијалчев, кој нагласува дека од 250 работници сега останале само со педесетина.

Од „Интракат“ потврдуваат дека пред извесно време бил раскинат договорот со „Бетон“ како подизведувач на новиот Клинички центар во Штип.

„Работници на ‘Бетон’ почнаа да си ги повлекуваат своите контејнери, алат и материјали од Клиничкиот центар во изградба. Но, ‘Интракат’ продолжува со проектот“, вели преставникот на грчката фирма Атанасие Парисисто.



Тој не открива детали како и со кого ќе продолжи изградбата на Клиничкиот центар во Штип кој требаше да биде предаден во употреба пред една година. Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку месеци во Штип најави дека, со оглед на случувањата околу изградбата и недоразбирањата меѓу договорените страни, новиот Клинички центар ќе биде предаден во употреба во 2020.

Повеќе на https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/beton-shtip-shto-go-gradeshe-skopje-2014-za-55-milioni-evra-ostana-bez-dogovor-za-shtipskiot-klinichki-tsentar-i-bez-plati-i-k-15-za-rabotnitsite/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Nov-2019 at 17:27
ЗАКОЧЕНА ИЗГРАДБАТА НА ШТИПСКАТА БОЛНИЦА

[tube]ExRSckLEPOc[/tube]

Повторно стоп за изградбата на новата штипска клиничка болница. Неколку месеци изведувачот чека амин од владата за промена на проектот во делот за машинско и електронско уредување во внатрешниот дел на зградата.

Изведувачт грчки Интеракт смета дека проектот направен во 2015 мора да се ревидира поради застареност на одредени решенија.

Новиот застој сигурно ќе предизвика и пробивање на роковите. Според планот првата фаза од болницата треба да биде завршена до средината на 2020-та. Ова е четврто пролнигирање на рокот.

Претходно, застојот беше поради проблеми со подизведувачот штипски бетон,што поради финасиски проблеми веќе отиде во стечај. Според првичните проекции првата фаза требаше да биде готова уште лани, вкупната вредност е 30 милиони евра а ќе значи поквалитетни здравствени услуги за над 200 илјади пациенти.

https://24.mk/details/zakochena-izgradbata-na-shtipskata-bolnica


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jan-2020 at 18:18
НОВО ПРОЛОНГИРАЊЕ НА РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ШТИПСКАТА БОЛНИЦА

[tube]ahYH7T_41lY&feature[/tube]

Дополнителени седум милиони евра се потребни за изградбата на штипската Клиничка болница. Толку чини промената на проектот за електро машинскиот дел, што се прави на барање на изведувачот. Грчки „Интеракт“ уште пред половина година ги побарал промените од Министерството за здравство бидејќи сметаат дека проектот направен во 2015-та е застарен и мора да се ревидираат одредени решенија.

Здравство ја завршило ревизијата, сега се чека на амин од Владата. Според најавите продолжувањето на изградбата на новата клиничка болница во Штип треба да биде една од првите точки на техничката Влада по празниците.

Застојот ќе се одрази на крајните рокови, па се очекува првата фаза од изградбата на болницата да биде готова на почетокот од наредната година. Ова е четврто пролонгирање на крајниот рок на овој дел од проектот чија вкупна вредност е проценета на 30 милиони евра. Претходно, застојот беше поради проблеми со подизведувачот штипски Бетон. По раскинувањето на договорот од таму тогаш обвинија дека Интеракт договорот го раскинал еднострано и не ги исплатил сите обврски кон нив.

Неколку месеци откако ги исфрлија од игра за изградба на болницата, за Бетон беше отворен стечај. Лошата финансиска состојба на компанијата ја запре и изградбата на Офицерскиот дом на плоштадот во Скопје и на хотелот до него, како и зградата на ФИНКИ.

Судбината на Бетон, чиј целокупен имот е ставен под хипотека и должи 15 милиони евра, ќе се знае на 23 Јануари за кога е закажано Собрание на доверители што треба да одлучи дали Бетон ќе се ликвидира или ќе се прифати планот за реорганизација на еден од доверителите.

https://24.mk/details/novo-prolongiranje-na-rokot-za-izgradba-na-shtipskata-bolnica


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Apr-2020 at 08:39
На 1:40 минута од видеово неколку секунди може да се види состојбата со овој проект.

[tube]hRRrpZnm-ZQ[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Aug-2020 at 15:39
Неизвесна изградбата на Клиничката болница во Штип

[tube]dfY-WWNJdIU&feature[/tube]







%20 - https://telma.com.mk/2020/08/08/неизвесна-изградбата-на-клиничката-б/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Aug-2020 at 16:40
По одлука на судот во Штип е блокирана сметката на грчката фирма која ја гради штипската болница

Со одлка на судот во Штип е блокирана сметката на грчката фирма која ја гради штипската болница. Ова за Телма го потврдуваат од судот од каде поради тоа што судијката Лилјана Јанкова која ја донела одлуката е на одмор, не откриваат повеќе детали. Во информацијата испратна до Телма се вели:

Од страна на ГТД Бетон АД Штип – во стечај преку адвокатско друштво Наков и Бошков на ден 20.02.2020 год. била поднесена тужба со предлог за издавање судски платен налог против Интраком Констракшнс – Интеркат Грција, подружница Скопје. Согласно автоматската распределба, предметот бил распореден кај судијата Лилјана Јанкова. Постапувајќи по тужбата,
судијата на ден 25.02.2020 год. донела решение со кое се усвојува предложениот судски платен налог. Решението и тужбата со докази се доставени до тужениот Интраком Констракшнс – Интеркат Грција, подружница Скопје, по пошта и истите ги примил на ден 28.02.2020 год. Против решението, тужениот не изјавил приговор, ниту жалба и решението станало правосилно на ден 08.03.2020 год, велат од судот.

Спорот меѓу Бетон Штип и грчки Интракат е за долг од околу 2 милиони евра кои според судот грчката фирма како изведувач на проектот и ги должела на Бетон како подизведувач. Откако не биле исплатени, извршител ја блокирал сметката на грчката фирма. Адвокатите на фирмата која го доби тендерот, сега не откриваат детали за спорот бидејќи велат дека имаат обврска за доверливост со нивниот клиент. Со ова сега е неизвесна и доградбата на болницата во Штип. Од Министерството за здравство за сега не откриваат што ќе се случува со понатамошната реализација на овој проект.

%20 - https://telma.com.mk/2020/08/11/по-одлука-на-судот-во-штип-е-блокирана-с/


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Sep-2020 at 16:34
Штипјани нема да добијат нов клинички центар, грчки „Интракат“ паѓа во стечај



Македонската подружница на грчката компанија „Интракат“ (Intracom Constructions Societe Anonyme Technical and Steel Constructions), која го доби тендерот за изградба на новиот клинички центар во Штип за сума од 30 милиони евра, се наоѓа пред стечај, објавува „Фокус“.

Барањето за поведување на стечајна постапка до Основниот суд Скопје – 2 го поднесе стечајниот управник Живко Калков во име на компанијата „Бетон-Штип“, поради неможност за наплата на долг од 2 милиони евра, направен од времето кога македонската компанија работеше како подизведувач на објектот.

Во меѓувреме, грчката фирма одлучи самостојно да го доврши проектот, по што склучи и анекс-договор вреден 7 милиони евра, но од Министерството за здравство велат дека нема никаква исплата кон изведувачот во овој период поради забавени градежни активности во услови на вонредна состојба.

https://vecer.mk/node/526168


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Sep-2020 at 16:38
Грчки „Интракат“ паѓа во стечај пред да ја заврши изградбата на штипскиот клинички центар

Македонската подружница на грчката компанија „Интракат“ (Intracom Constructions Societe Anonyme Technical and Steel Constructions), која го доби тендерот за изградба на новиот клинички центар во Штип за сума од 30 милиони евра, се наоѓа пред стечај. Барањето за поведување на стечајна постапка до Основниот суд Скопје – 2 го поднесе стечајниот управник Живко Калков во име на компанијата „Бетон-Штип“, поради неможност за наплата на долг од 2 милиони евра, направен од времето кога македонската компанија работеше како подизведувач на објектот. Во меѓувреме, грчката фирма одлучи самостојно да го доврши проектот, по што склучи и анекс-договор вреден 7 милиони евра, но од Министерството за здравство велат дека нема никаква исплата кон изведувачот во овој период поради забавени градежни активности во услови на вонредна состојба.

Градежната компанија „Бетон-Штип“, застапувана од стечајниот управник Живко Калков, до Основниот суд Скопје- 2 поднела барање за поведување на стечајна постапка врз подружницата на грчката компанија „Интракат“, која го гради новиот клинички центар во Штип, за што неодамна склучи и анекс на основниот договор со Министерството за здравство во вредност од 7 милиони евра.

Оваа информација за Фокус ја потврдија од надлежниот граѓански суд во Скопје, како и стечајниот управник Калков, кој практично управува со компанијата-предлагач – „Бетон-Штип“, додека над неа, исто така, веќе една година се спроведува стечајна постапка.

Во предлогот за поведување на стечајна постапка доставен до скопскиот граѓански суд, Калков наведува дека должникот „Интракат“, односно нејзината македонска подружница формирана во 2016 година, е неликвидна и неспособна да ги сервисира доспеаните обврски, вклучително и долгот кон „Бетон-Штип“.

Имено, станува збор за долг во износ од 2 милиони евра врз основа на фактури од 2016, 2017 и 2018 година, од кои преку извршител периодов биле наплатени околу 500.000 евра, меѓутоа останатите 1,5 милиони евра побарувачот не може да ги наплати, бидејќи нема пари на ниту една од трите банкарски сметки на должникот.

На тој начин, се создадени законски предуслови за иницирање на стечај, откако претходно била блокирана сметката на „Интракат“ повеќе од 45 дена, а воедно компанијата-должник нема побарување, додека нејзините обврски се поголеми од имотот што го поседува.

Во ваква ситуација, надлежниот стечаен судија во рок од 30 дена треба да закаже рочиште за претходна постапка на кое, доколку предлогот е технички уреден, ќе се донесе решение за отворање на стечај, во однос на кое, патем речено, должникот нема право на жалба.

Како што е познато, грчката компанија „Интракат“ во 2015 година, во конкуренција на 5 меѓународни понудувачи, го доби тендерот за изградба на новата клиничка болница во Штип, која беше најавена како современ објект со површина од околу 34.000 квадратни метри, што треба да овозможи услови за здравствена заштита на над 200.000 жители од целиот источен регион на земјава.

Откако го доби овој бизнис вреден над 30 милиони евра, обезбедени со кредитен заем од Банката на Советот на Европа, „Интракат“ за подизведувач го ангажираше токму „Бетон-Штип“, чии поголеми акционери беа „БИМ Инвест“ на Сашко Бошков (која ги откупи акциите од „Езимит“ на Зоранчо Митровски), по што следуваа „ТИМ ДОО“ на Панделески и „ОРКА Холдинг“ на Камчев итн.

Меѓутоа, соработката меѓу двете компании траеше се до почетокот на 2019 година, кога „Интракат“ го раскина договорот со „Бетон Штип“ и презеде обврски пред Министерството за здравство самостојно да го доврши објектот, со тоа што рокот на реализација по вторпат се пролонгираше, овојпат од 2019 до тековната 2020 година.

Откога извиси од проектот, подизведувачот „Бетон-Штип“ падна во стечај по барање на доверителите, пред се банките-кредитори, но оваа компанија истовремено поднесе тужба кон „Интракат“ со која побаруваше 2 милиони евра за неисплатени изведени работи на штипската болница.

Врз основа на ова побарување, стечајниот управник на „Бетон-Штип“ прво ја блокираше сметката на македонската подружница на грчката компанија, а сега и бара и покренување на стечај, кој ќе биде отворена во рок од еден месец, освен ако предлагачот го повлече предлогот, должникот го исплати долгот или пак долгот го презеде некоја трета страна.

Како што своевремено пишуваше Фокус, непосредно пред „Интракат“ да одлучи да ја прекине соработката со подизведувачот и самостојно да го реализира проектот, во сопственичката и менаџерската структура на грчката компанија влезе Димитрис Кутрас, кој претходно беше дел од друга добро позната грчка компанија – „Актор“, што ја градеше автопатската делница Демир Капија-Смоквица.

Колку за потсетување, обвинителката Фатиме Фетаи на почетокот на 2018 година објави дека СЈО отвора истрага со назив „Актор“, поради фаворизирање на истоимената грчка компанија од страна на екс премиерот Никола Груевски, кој, според Фетаи, во 2012 година му наложил на министерот Миле Јанакиески да ја елиминира конкурентската италијанска компанија „ТО-ТО“, иако имала подобра понуда, што предизвикало буџетска штета од скоро 8 милиони евра.

Всушност, аферата „Актор“ првично во јавноста ја обелодени СДСМ како опозициска партија во 2014 година, кога од Бихаќка побараа кривична одговорност за одлевање на кеш од сметката на грчката компанија што го градеше автопатот Демир Капија-Смоквица, чија вредност изнесуваше околу 220 милиони евра.

И тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ потврди дека се ваделе средства од сметка на компанијата, но од таму се правдааа дека станува збор за автохтона одлука на компанијата да располага со парите кои сама ги заработила.

Како и да е, во тоа време Кутрас беше еден од главните фактори во „Актор“, но во меѓувреме направи трансфер во „Интракат“, откако кон крајот на 2018 година откупил 20 отсто од уделите на оваа фирма за сума од 8 милиони евра, а веќе во ноември ја презема и водечката менаџерска функција.

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на објектот ќе го пробие временскиот рок ама не и финансиската рамка, сепак, грчката компанија и Министерството за здравство на почетокот на годинава склучија анекс со кој вредноста на проектот се зголеми за 7 милиони евра.

– Не станува збор за зголемени трошоци, туку за проект кој го наследивме со сериозен надостаток. Во овој проект не беше предвидена електрика. Бидејќи проектот е финансиран со заем од Банката за развој при Советот на Европа, експерти на Банката доаѓаа за технички проверки, укажаа на недостатоците и побараа ревизија на проектот. По направената ревизија, на крајот на 2018, констатирано е дека ќе треба дополнителни средства за да се надополни и модернизира проектот – објасни тогаш министерот за здравство Венко Филипче.

%20 - https://fokus.mk/grchki-intrakat-paga-vo-stechaj-pred-da-ja-zavrshi-izgradbata-na-shtipskiot-klinichki-tsentar/


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Nov-2021 at 18:20
Не се знае кога ќе заврши изградбата на Клиничкиот центар во Штип

Банката на Советот на Европа која беше финансиер на изградбата на Клиничка болница Штип најавила оти сака да се повлече, потврди доцна попладнево министерството за здравство. Причина за повлекувањето е доцнење на изведбата,   како резултат на судски процес и блокада помеѓу изведувачот грчки Итеркат и првичниот подизведувач, штипски Бетон.

За жал затекнавме процес на изградба со нецелосен проект кој доведе до судски спор во кој Министерството за здравство не учествува, а со тоа и стопирање на изградбата на Клиничка болница Штип. Проектот се обидувавме да го корегираме. Во договор со Министерството за финансии изградбата ќе продолжи со друг финансиски извор, на што Министерството за финансии веќе работи, веднаш откако ќе се одглави процесот помеѓу изведувачот и првичниот подизведувач, односно ќе заврши спорот помеѓу овие две страни, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски синоќа во Топ Тема на Телма објави, а на денешната прес-конференција го покажа и документот, со кој банката, ги информира институции.

Инаку изградбата на болницата чини околу 30 милиони евра, тоа значи дека искористени се речиси 55 отсто од кредитот. Телма денеска беше пред градилиштето, кое од сите страни е обезбедено. Мештаните кои живеат на само неколку чекори од болницата велат дека и денеска е тивко, не е бучно како во едно големо градилиште, а во објектот има околу десетина работници, кои работата на електриката.

Штипјани се разочарани, доколку изградбата на болницата биде целосна прекинати.Грчки Интеркат го доби тендерот, подизведувач беше штипски Бетон, кој се замрси во стечајна постапка, остана без работници. Компанијата беше еден од најголемите тендерски корисници на Скопје 2014, а се поврзуваше со Камчев и Мијалков, бизнисмени порано блиски со ВМРО ДПМНЕ.

https://telma.com.mk/2021/11/18/не-се-знае-кога-ќе-заврши-изградбата-на/ - https://telma.com.mk/2021/11/18/не-се-знае-кога-ќе-заврши-изградбата-на/


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Nov-2021 at 18:37
Еве едно видео од август годинава каде може да се види до каде се со градежните работи...

[tube]SQWl5kFROVQ&t=2s[/tube]

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window