Print Page | Close Window

Дали да се отстранат спомениците низ Скопје?

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3213
Printed Date: 26-Apr-2024 at 06:28


Topic: Дали да се отстранат спомениците низ Скопје?
Posted By: Bojan10
Subject: Дали да се отстранат спомениците низ Скопје?
Date Posted: 03-Sep-2015 at 12:11
Многу често низ форумот се појавуваат мислења дека спомениците треба да летаат како партали. Затоа сакам да отворам дискусија, кога веќе се направени спомениците, дали треба да се отстранат, дали сите, дали еден дел, или не треба да се чепка ниту еден споменик.

Мое мислење е дека нашиот премиер го уништи поимот споменик. Јас мислам дека сите јунаци кои добиле споменик, тоа го заслужуваат. Меѓутоа, споменик не се поставува на начин на кој ги поставуваше Груевски. Споменик не се поставува после полноќ, во тајност. Кога му поставуваш споменик на еден Васил Чакаларов, на еден Ѓорѓи Сугарев, Гоце, Даме; Александров, треба државна делегација, војска, плотуни да пукаат. Прво и основно, сите тие јунаци заслужуваат барем по една страница текст и една слика во учебниците по историја. Да не се раѓаат дудуци, кои не се свесни како тоа, и зошто денес тие може да се наречат Македонци. Кој е тој што се борел да не се посрби народот, да не се потурчи, ако ништо друго да се слуша името Македонско, за да има за што да се закачиш на некој покрупен настан во иднината кога се доделуваат права од поголемите сили.
Мене ме навредува начинот, ме навредува целата атмосфера која ја создадоа и власта и опозицијата. Опозицијата преку своите медиуми вршеше притисок да мора после полноќ, во тајност да се поставуваат спомениците. Цело време се вршеше притисок, и се потенцираше финансиската причина како основна. Како да се живее само од пари. Како духовното да не е животна потреба. Во комбинација, власт+опозиција, добивме добра народна маса која е накрвена да ги сруши спомениците, затоа што тие се главен непријател за нивниот подобар живот. Прштат коментари по твитер и фејсбук, наместо да градевме споменици требаше автопати, требаше болници, требаше училишта, како демек се што тие наведоа би се направило со тие пари. Врежано е во мозокот на просечен македонски граѓанин кој само чека нова епизода на некоја серија, дека спомениците им ја уништиле иднината, и не можеш ти сега ништо да смениш.

Дедо ми ми кажуваше како правеле држава, татко ми ми кажуваше како правеле фабрики, јас ќе кажувам како правевме споменици. Најглуп статус во историјата на статусите и твитовите. Прво, народ не прави држава, тоа само незнајко може да го каже. Држава прават лидери. Бизмарк прави држава, Обреновиќ прави држава итн. Фабрики кои не издржале ни една генерација, и во кои половина од работниците оделе на работа со лукче и лута пиперка и само го чекаат ручекот и да скокнат ограда да одат на риболов, не ме интересираат. Доста е на оваа тема.

Треба да се престане со постојаното потенцирање дека градењето споменици е причина зошто младите заминуваат во странство. Младите заминуваат во странство затоа што никогаш не фатиле пушка во рака, не се бореле за таа држава и не знаат што е држава, духовната состојба им е мизерна, не ја чувствуваат државата. Ни татковците нивни не се бореле за таа држава. Еден многу мал дел 2001 кога фати пушка во рака, другиот дел, политикантски, саботираше од пратеничките фотељи. И последиците си ги живееш. Албанците демек не живеат мизерно, ама кога ќе отидат надвор сите пари тука ги враќаат, а нашите не сакаат да слушнат за Македонија. Зошто е тоа така? Зошто не си ја сакаме државата и хероите? Една причина, на пример е тоа што татковците спијат по штабови, и на тој начин чекаат да ги обезбедат децата. Е сега тој чија партија ќе ги загуби изборите, пцуе држава и ги праќа децата надвор, после обратно. Младите заминуваат затоа што те труе телевизорот нон стоп, и не си задоволен од ништо. Еден другар, има куќа, има женска, има татко, мајка, факултет завршил тука речиси за безпари, си отиде, го нервирало тоа што мијалков ја држи државата, и што се градат споменици. Добро, утре ќе си отиде некој друг што го нервира црвенковски што ја држи државата. Што е најтрагично, и тој што ќе се вработи во државано, и ја цица државата, ги дипли парите цела година и ќе отиде ќе ги остави во грција, или во Сити Мол, значи ги носи надвор. хахаха Значи ти ако не си свесен дека оставаш повеќегенерациски труд да се обезбеди пристоен живот, тогаш што да ти кажам. Во западноевропските држави забрането е фасада да смениш на своја куќа, се потенцира значајот на континуитетот, по пет, шест генерации живеат во иста куќа, кај нас секоја генерација прави нова, никој не сака да живее со таткото, и после црвенковски и мијалков се криви. Не бе, спомениците се криви. Кога ќе отидеш таму каде што ќе ти биде убаво, и стоиш пред некоја зграда, или стадион, и се палиш, и викаш ваууу, колку е доброоо а колку е усрано во Македонија, треба да знаеш дека сето тоа е резултат на повеќевековен арамилак, на повеќевековна свест дека војската е на прво место. И тебе ако те примат таму, те гледаат само и само како некој кој држи пушка во рака кога треба материјално да се обезбеди државата. Да не наведувам примери дека за колонијализација, неоколонијализација, пљачки на злато, ресурси, бомбардирање твои фабрики, затворен пазар и сл.

Многу боли начинот на кој се зборува за спомениците, простачката дискусија, и духовната состојба на народот. Што да кажеме за држава во која кога сакаш да смениш име на кеј, од Јосип Броз Тито во Македонија, се крева цел опшстински совет, спремен да се тепа. Сепак не се живее само од Сникерс и Кока Кола.

Спомениците треба да си останат таму каде што се. Да сведочат за едно време на арамилак кога биле поставувани, ама и со надеж дека некогаш во иднина ќе се запрашаме, што сме направиле ние за државата, а што направиле тие што имаат споменик. Затоа што не постои ниту една нација која е уништена, ама постојат нации кои се угасиле сами од себе, не се бранеле од пропаст. Како стојат работите, Македонците ќе живеат во резервати, како Индијанците, и тоа само оние кои ќе бидат спремни да не земат туѓи документи за подобар живот.





-------------
Од чаламот си патиме!



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Sep-2015 at 12:55
Отвораш опширна тема за која веќе е разговарано на форумов.

Мислев да ти одговорам, но навистина не знам од каде да почнам. Само ќе кажам дека ова што ни се случува е заслужено.

Ако спомениците се од вистинска бронза и мермер, треба само да се преместат (во музеј, во некој посебно изграден парк, да се распоредат по населби итн.) за да се дозволи просторот, кој сега е задушен, да може да диши. Последниве 5-6 години прошетав многу европски градови, со плоштади многу поголеми од нашиов, и верувај ми, никаде немаше толку многу споменици на толку мал простор. Ние веќе се навикнавме на таа пренатрупаност, но секој што ќе дојде прво го забележува тоа. За предимензионираноста на т.н. Воин на коњ и на Филип Втори не треба ни да се зборува, и тоа се единствените споменици што целосно би ги отстранил и никогаш не би ги поставил некаде. Би ги стопил и од нив би направил нешто покорисно, на пример, ќумбиња за печење ајвар или олуци за некое основно училиште.

Финансиската причина што ја споменуваш е многу важна. Во време кога пола Македонија нема канализација, водовод и други основи инфраструктурни нешта, градењето толкав број споменици е изживување со маките на тие луѓе. Оти нацијата и државата ја прават луѓето. Кога ќе видат дека државата не прави ништо за нив, и тие нема да сакаат да направат ништо за државата. Впрочем, сведоци сме на такви појави секојдневно, нема што да се додаде.

Не навлегувам во тоа дали личностите заслужиле да добијат споменик зашто за добар дел од нив немам слушнато. Не знам дали тоа е пропуст на професорот по историја или на периодот кога бев во средно училиште (1996-2000, на факултет немав историја), или на нешто друго, навистина не знам. Но знам дека требаше првин луѓето да се едуцираат за кои личности станува збор, зошто се важни за нас и зошто ги славиме на овој начин. Со подмолното и кукавичко поставување споменици ноќе само се покажа дека некој брза да заврши нешто, без да му е гајле за мислењето на јавноста.

Ќе повторам, оваа тема е разговарана на темата за Скопје 2014 и за споменици и скулптури, така што не знам што друго да кажам. Мојот став е познат на оние што долго време го следат форумов.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 03-Sep-2015 at 13:12
За мене постојат две опции...

едната остранување на споменици и сместување во некој посебен простор како парк специјално наменет за тоа подалеку од центарот на Скопје.

другата е топење на брозата и правење на една голема плоча споменик каде што ќе стојат имињата на сите (релативно) заслужни Македонци, а за кои нема посебен споменик, а уште подобро би било доколку се поделе на секции, пример не знам борци, хуманисти, уметници и сл. (особено од независна Р. Македонија)


-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Sep-2015 at 16:34
да бидеме реални и да се соочиме со фактот дека спомениците кои се сега поставени нема никогаш да бидат дислоцирани, барем оние со поголеми димензии и на попознати личности од нашата историја... нема да бидат отстранети поради политички причини, баш напротив ќе бидат искористени во секоја друга реченица во нечија друга кампања после сегашнава...

тоа што е најлошо, е што Ск2014 отвара простор за повторно градење низ градов врз база на фрустрации, онака како што Ск2014 беше изградено на база на фрустрации, и така секој фрустрација на секоја нова генерација само ќе го закопува градот
инаку постојат милијарда опции за тоа што може да се направи со спомениците и генерално тоа што му е направено како штета на градов (затоа што, кога би дислоцирале споменици, зошто да не срушиме и по некој објект?)

јас личнно, после Ск2014 не би чепкал ништо, освен некои мали модификации на просторот и секако би изменил планови што уште не се започнати за поквалитетно да се изработи просторот, напроти произволноста на Ск2014
и тоа е цивилизираниот начин на одвивање на работите, се прилагодуваш кон тоа што го имаш со секој нов проект, затоа што Ск2014 креира нова конфигурација на просторот (колку и да е забегана) и за да се постигне нормален урбан развој на тој простор, таа треба да се следи и да се почитува колку што е можно... плус, она што го имаме денес, во иднина ќе биде бележник на нашето вртеме, за добро или за лошо, ќе си го одбележува своето (затоа и имам огромна омраза кон третманот на објектите кои се видоизменувани и доградувани, па макар и да немале некоја голема архитектонска вредност)
ако тргнам да контрирам на Ск2014 и да се залагам за негово уништување, ќе одам контра на сите мои ставови поради кои го мразам Ск2014, малце е парадоксално, ама така е

што се однесува до спомениците, проблемот е дискутиран многу пати и треба да е јасен, на никого не му сметаат споменици, нити има нешто против тоа да се поставуваат, тоа е нормална работа... ама проблемот е во брзото, масовно и произволно поставување и штанцањето како од фабричка лента... споменик се знае како и зошто се поставува некаде

јас сметам дека добра идеја е или спомениците да се сместат во тематски паркови, или секој споменик да си добие свој сопствен простор, посветен на него

за другово нема многу да коментирам, само ќе се дадам себе како пример... не бегам од земјава оти ме фаќа инает дека можеш да се развиеш себе и да направиш нешто добро за околината, дури и во ваква, од господ забаталена земја
а тука ми е смачено од менталитетот, да не набројувам, затоа и немам чувство на припадност, затоа што не можам да се поистоветувам со сопствен народ, кој ми е неверојатно одвратен во многу сфери...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Glava
Date Posted: 03-Sep-2015 at 19:59
Потребно е да се затвори прашањето за спомениците. Едноставно треба да се заборави и затвори оваа тема.
Зарем е потребно промената на власта да мора да резултира со политичка одлука за дислокација на спомениците? Не е ли тоа подеднакво зло како и поставувањето на спомениците?

На што ќе личиме во очите на странците? Што ако поврторно се смени власта, треба ли да се вратат спомениците и да станат паричка за поткусурување?

Едноставно како што имаме бројни споменици од комунизмот, според мене треба и оваа споменичка градба да остане како сведоштво на своето време.

Во спротивно ќе мора да бидеме доследни до крај и сите преплатени глупости од времето на комунизмот да ги урнеме или преместиме


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Sep-2015 at 20:32
Па повеќе од половина од „комунизмот“ се веќе дислоцирани, забаталени, или префасадирани. Поздрав.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Spiridon
Date Posted: 04-Nov-2015 at 21:01
Originally posted by Glava


На што ќе личиме во очите на странците?
Едноставно како што имаме бројни споменици од комунизмот, според мене треба и оваа споменичка градба да остане како сведоштво на своето време.


Е тоа е најбитно,што ќе мислеле странците?Кого заб*ле што ќе мислат?Ко мене некој да ме прашува што мислам за спомениците во Прага.
90% треба да се дислоцираат,за да Скопје не изгледа како Дизниленд(како некој кога бил мал сакал да биде архитект,ама не успеал,па ај сеа ќе си играм играчки).Прескапо се платени(тоа се решава на суд),Скоп-је е големо,имаме градови низ Македонија,ќе се дислоцираат и решен проблем.Во Центар нека останат 2-3-4,колку што треба и да има ,а не 200.Изгледаме ко некој шизофреник да си седнал во некој кабинет и да си играл со Центарот на Скопје.



Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Nov-2015 at 08:29
Па, последната реченица и не е далеку од вистината.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kultuzin
Date Posted: 05-Nov-2015 at 11:10
Otstranuvanje NE. Premestuvanje spored prethodno definiran, logicen i izdrzan plan DA.


Posted By: fichot
Date Posted: 05-Nov-2015 at 18:18
Јако. Да ги применеа овие критериуми пред нивното поставување сега немаше да го правиме муабетов.


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 06-Nov-2015 at 22:39
Интересна тема

Прво треба да ставиш уште еден избор а тоа е дислокација на спомениците.
Инаку тотално се согласувам со тебе секој споменик си е на место според идеалите кои ги бранеле тие луѓе за независна и самостојна Македонија. И целава ситуација со некои измислени термини како антиквизација итн. е крива власта и опозицијата, што сум јас крив што во основно учев дека Александар е македонски и за геноцидот во егејска македонија за тоа сигурно не се криви ВМРО туку некој друг.

Е сега дали треба да се отстранат поради неки критериуми грд, лошо место, изведба, итн. е непочитување на идеалите на тие луѓе некои да се дислоцираат да ама да се отстранат ќе биде резил.

Инаку не се согласувам со начинот на изведба и лопужлакот на целиот проект 2014
и омаловажувањето на историјата на македонија од страна на неки личности од опозицијата.



Posted By: Kid_A
Date Posted: 07-Nov-2015 at 01:43
Залудно правите детски муабети. Проектот Скопје 2014 е скоро завршен и никој нема храброст да се дрзне да направи таков чекор. Плус, ова не е 1980 година на доминантно влијание на комунистите.

Дали проектот во иднина треба да доживее корекција? Тоа секако ДА. Мислам дека можеше и сеуште може да се направи уште подобар.


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Nov-2015 at 01:27
никогаш не разбрав зошто резил е да отстраниш споменик, ама поставувањето на споменици на историски личности како да се градинарски украси не е
...взушност, цело време проектов е резилење на Македонска култура и историја, ама за жал се смета баш обратното...
и зошто на пример не е резил да смениш име на плоштад (кое нема везе со Тито и Југославија и промена на политички системи) и да ставиш на него огромен споменик на Филип втори?
инаку, ако веќе сакате да гледаме на спомениците така, тогаш не е во ред ни тоа што по падот на комунизмот се отстранети милијарда споменици на Ленин и Сталин...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 08-Nov-2015 at 11:49
Проектот и сите споменици е некој обид да се врати "македонското" во Македонија, ШТО и да ЗНАЧИ тоа. Не ми е јасно како можеш да "преферираш" еден дел од историјата, а друг да го тотално занемариш како небитен. Секој дел, секоја револуција на еден народ си има свое значење, на пример во периодот на пред комунизмот против фашистите, во периодот на вмро- против османлиите и се така можеме да одиме наназад. Како може веднаш до спомен обележје на некој настан од комунистичкиот перид да ставиш огромен споменик на некој си борец од вмро, навистина тотално непочитување првин на својата историја а после на делото. Не знам, ова исто се случува сега и во Украина како што има нов закон кој го изгласаа пред неекој месец каде што сите спомен обејежја од комунизмот се незаконски! Значи ако сакаш да форсираш еден период, една идеја од историјата во ред, пропагирај, го разбирам тоа но ова тотално непочитување и деградирање навистина ме провоцира. Ако гледаме така, државата доби делумна-независнот токму во периодот на страшниот комунизам, народот беше признаен во тој период кој денешната влада се труди да го избрише... страшно и жално е сето ова.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: Tzar_28
Date Posted: 10-Nov-2015 at 22:53
Originally posted by zabegan

а тука ми е смачено од менталитетот, да не набројувам, затоа и немам чувство на припадност, затоа што не можам да се поистоветувам со сопствен народ, кој ми е неверојатно одвратен во многу сфери...


100% се согласувам, да бил народот посаалам и поук немало да се случува тоа што се случува/ло, здрав/о општество/народ тешко паѓа на манипулации и притисоци, Сите се жалат од оваа и од претходните власти, а кога треба колективно јавно да се бунат за нешто или да кажат нешто јавно сите се кријат и молчат за да не изгубеле работно место на пр. значи сакат слобода и правда а не сакат да дадат се жртвуваат, не може така.!


Posted By: channar
Date Posted: 29-Jan-2016 at 04:45
Според мене да се отстранат: споменикот на Јустинијан и шмизлите.
Да се преместат сите други од плоштадот и да остане само споменикот на Ацо.
Да се преместат спомениците на ул. Македонија, сите до еден освен можеби бикот.
И комплетно уривање на спомен куќата на Мајка Тереза и релокација на друго место и иста намена со далеку покреативно решение.


Posted By: Glava
Date Posted: 29-Jan-2016 at 22:18
Originally posted by channar

Според мене да се отстранат: споменикот на Јустинијан и шмизлите.
Да се преместат сите други од плоштадот и да остане само споменикот на Ацо.
Да се преместат спомениците на ул. Македонија, сите до еден освен можеби бикот.
И комплетно уривање на спомен куќата на Мајка Тереза и релокација на друго место и иста намена со далеку покреативно решение.


Хмм, имало и полуди од овие што ги поставија спомениците..


Posted By: channar
Date Posted: 30-Jan-2016 at 07:59
Originally posted by Glava

Originally posted by channar

Според мене да се отстранат: споменикот на Јустинијан и шмизлите.
Да се преместат сите други од плоштадот и да остане само споменикот на Ацо.
Да се преместат спомениците на ул. Македонија, сите до еден освен можеби бикот.
И комплетно уривање на спомен куќата на Мајка Тереза и релокација на друго место и иста намена со далеку покреативно решение.


Хмм, имало и полуди од овие што ги поставија спомениците..



Не ми е јасно што ми се нафрли ко да сум ти опцул мајка? Мене ми делува симпатично и ај не можеш очи да ми извадиш сеа.


Posted By: one1
Date Posted: 09-Mar-2016 at 13:56
За ова мислам дека сериозно ќе се размислува во периодот што следи.

-------------
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.



Print Page | Close Window