Print Page | Close Window

Автопат Гостивар - Кичево

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3237
Printed Date: 24-Apr-2024 at 10:37


Topic: Автопат Гостивар - Кичево
Posted By: Џоле
Subject: Автопат Гостивар - Кичево
Date Posted: 02-Dec-2015 at 09:55
ЌЕ СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО

Неколкудецениската иницијатива за изградба на автопатско решение на патниот правец Гостивар - Кичево, конечно, ќе се реализира. Идната година ќе започне изградбата на автопатот во должина од 45 километри. Ова денеска на прес- конференција го соопшти градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта. Тој рече дека за тоа го информирал министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој рекол дека Европската банка за развој и’ одобрила на Македонија поволен кредит од 400 милиони евра.

На прес-конференцијата присуствуваше и кинеска делегација предводена од амбасадорот на Кина во Македонија, Вен Џеншун. Тој истакна дека кинеската компанија „Синохидро“, која го гради автопатот Кичево - Охрид е заинтересирана да ја гради и оваа делница.

Понудата на кинескиот амбасадор, Гостивар да се збратими со град од Кина беше прифатена со задоволство.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=3550081878FBE44DA1C36A9CF8EF8A8D - http://www.utrinski.mk/?ItemID=3550081878FBE44DA1C36A9CF8EF8A8D

-------------
За сè има вторпат



Replies:
Posted By: WolfLeader
Date Posted: 02-Dec-2015 at 13:38
Супер


Posted By: kultuzin
Date Posted: 02-Dec-2015 at 14:09
Znaci sami ke si go graime. Spored mene podobro taka. So dobro organiziran Makedonija pat mozat da se ostvarat ubav prihodi vo drzavnata kasa od ovie avtopatista.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Dec-2015 at 15:36
Го поздравувам чекорот нашата земја со сопствено задолжување да го гради овој автопат, кој може да биде исплатлива инвестиција ако се земе во предвид протокот на возила кој досега бил мерен по години само кон Охрид и околните места. Ако се земе во предвид фактот што делницата ќе постане дел од Коридорот 8, тогаш може да очекуваме уште поголема фреквенција на возила.

Сепак, имам голема резерва за овој проект додека не се договорат Македонија и Албанија за автопатската траса за Коридорот 8. Колку што се сеќавам, Албанија подигна кинески кредит за изградба на автопат до Дебар, со можност за нејзино продолжува директно кон Гостивар. Од друга страна, ние градиме пат од Гостивар кон Струга. Мора преку билатерални средби на Македонија и Албанија да се договорат овие работи, бидејќи остануваат недоречени.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 02-Dec-2015 at 22:23
Значи сепак сами ќе си го правиме и тоа преку кредит од ЕБОР, иако малку ме изненади сето ова и повеќе си помислив дека Кинезите ни одобриле уште некој нов кредит по самитот на Средна и Источна Европа пред некоја недела, но ете сепак европски пари ќе влезат повторно. Сепак, малку ме буни целокупниот текст и се вели дека кинеската Синохидро се нуди да биде изведувач на проектот, а сепак доколку парите се од ЕБОР, обично изведувач е некоја европска компанија, како Актор на Демир Капија-Смоквица.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 03-Dec-2015 at 01:23
ehrlich едно нешто што е сигурно е дека ако навистина тие 400мил доаѓаат од европска каса тогаш задолжително ќе има јавен повик за понуди. И целиот процес на избор на изведувач ќе биде надгледуван директно од ЕУ. Така да пројавениот интерес на Синхидро најверојатно значи дека фирмата смета дека може да даде многу подобра понуда за изведба на проектот поради веќе постоечките капацитети кои се создадени во државава во текот на другите проекти кои ги доби.


Posted By: zabegan
Date Posted: 03-Dec-2015 at 02:58
Originally posted by BOJAN

Го поздравувам чекорот нашата земја со сопствено задолжување да го гради овој автопат, кој може да биде исплатлива инвестиција ако се земе во предвид протокот на возила кој досега бил мерен по години само кон Охрид и околните места. Ако се земе во предвид фактот што делницата ќе постане дел од Коридорот 8, тогаш може да очекуваме уште поголема фреквенција на возила.

Сепак, имам голема резерва за овој проект додека не се договорат Македонија и Албанија за автопатската траса за Коридорот 8. Колку што се сеќавам, Албанија подигна кинески кредит за изградба на автопат до Дебар, со можност за нејзино продолжува директно кон Гостивар. Од друга страна, ние градиме пат од Гостивар кон Струга. Мора преку билатерални средби на Македонија и Албанија да се договорат овие работи, бидејќи остануваат недоречени.
коридорот може да има краци, ништо страшно, само што како што викаш, битна е спогодбата меѓу земјите на ова прашање

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 03-Dec-2015 at 10:10
Што има да се договараме со Албанија? Се знае како е дефиниран коридорот. Ние во секој случај треба да имаме автопат со кој ќе биде поврзан југозападот, макар тој завршувал и на Ќафасан.


Posted By: hcitrS
Date Posted: 03-Dec-2015 at 15:56
Pa kako golema geopolitichka sila, drzhava so golemi razmeri i izlez na more, Makedonija nema apsolutno nikakva potreba da se dogovara so drugite sosedi.
Ete vo takvi romantichni odnosi sme so sosedite posledniov chetvrt vek, i gledam ni citu gradinata domashna.


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Dec-2015 at 16:58
Во случајов, Албанија е таа што упорно турка неразумна траса за коридорот. Не можеме да бидеме заложници на непрактични идеи и романтичарски занесувања. Нашата цел е да се поврзат сите поголеми градови во Западна Македонија со автопат кој ќе продолжува накај Албанија. Албанската цел не ми е докрај јасна, освен ако не сакаат да имаат пократок автопат, а со тоа и помали трошоци.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stratus
Date Posted: 03-Dec-2015 at 17:14
Албанската цел е со автопат да се поврзат само Албански општини Дебар, Гостивар и Тетово.

-------------


Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-Dec-2015 at 17:56
•     Се согласувам со сите оние што велат дека Македонија пред и НАД се треба да си ги гледа сопствените интереси а потоа да преговара и договара. Од искуство знаеме дека секое преговарање и договарање било на наша штета. Приоритет за нас е Скопје да се поврзе со најголемиот туристички ценатар. Плус видете го теренот кон Дебар најубавиот и најеколошкиот дел на Македонија плус национален парк. Значи и од тој аспект не може и не треба да се гради во тој дел. Така да добро си го терат магарето нашите.


Posted By: Phalanx
Date Posted: 03-Dec-2015 at 18:44
Zasto vo zapadna makedonija se se grade avtopat a vo istocna makedonija edvaj eden avtopat i 2 ekspresni patista mozat da izgradat?!


Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-Dec-2015 at 18:47
•     Ова што е планирано во Источна Македонија сега за сега е добро. Во иднина треба да се размисли уште на експресен пат до Струмица како и на транзитниот пат до Бугарија да биде со променета траса и да не поминува низ Струмичките села.


Posted By: stratus
Date Posted: 04-Dec-2015 at 00:04
Ако некаде не се гради или не е предвиден или изграден автопат тоа е преспанско-пелагонискиот регион.

-------------


Posted By: kultuzin
Date Posted: 04-Dec-2015 at 00:23
Originally posted by stratus

Ако некаде не се гради или не е предвиден или изграден автопат тоа е преспанско-пелагонискиот регион.


Битола Прилеп мислам дека го остават како шлаг на торта.


Posted By: Phalanx
Date Posted: 04-Dec-2015 at 00:54
Originally posted by kultuzin

•     Ова што е планирано во Источна Македонија сега за сега е добро. Во иднина треба да се размисли уште на експресен пат до Струмица како и на транзитниот пат до Бугарија да биде со променета траса и да не поминува низ Струмичките села.


"Ekspresnio" pat radovis - strumica se gradese okolu 15 godini...

Imas pravo za potrebna promena na trasata na patot Strumica - Novo Selo

Ako gostivar - kicevo zasluzuva avtopat, stip - radovis - strumica zasluzuva avtopat so zlato na mesto so asfalt.

Na gostivar - kicevo e dovolno ekspresen pat... Se poveke e samo perenje na pari i ne potrebno.


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Dec-2015 at 05:34
Originally posted by kultuzin

•     Се согласувам со сите оние што велат дека Македонија пред и НАД се треба да си ги гледа сопствените интереси а потоа да преговара и договара. Од искуство знаеме дека секое преговарање и договарање било на наша штета. Приоритет за нас е Скопје да се поврзе со најголемиот туристички ценатар. Плус видете го теренот кон Дебар најубавиот и најеколошкиот дел на Македонија плус национален парк. Значи и од тој аспект не може и не треба да се гради во тој дел. Така да добро си го терат магарето нашите.
да ама ова не е некој наш личен проблем, туку пан-европски коридор на кој треба да се соработува со заеднички интереси
и трасата треба да поминува низ цела западна Македонија затоа што така одамна е одлучено, а не затоа што на некој му е гајле за нашиот главен туристички центар


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: AmyntA
Date Posted: 04-Dec-2015 at 15:16
Албанскиот "Rruga e Arberit" е ПАТ, Тиран-Дебар . да повторам. ПАТ. не е ни брз, ни експресен, а накмалку пак автопат.

[tube]n0r-wDVLJW8[/tube]

[tube]8HBMtKCoxjw[/tube]

[tube]AKXaB5HefCs[/tube]

-------------


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-May-2018 at 08:16
Со грант ЕБОР да ја поддржи изградбата на автопатот Гостивар -Кичево

Автопатите Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце и патот Крива Паланка до границата со Бугарија, се идните проекти кои ќе бидат во фокусот на соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на ЕБОР, кои се одржуваат во Јордан.

ЕБОР се заинтересирани за финансирање на овие проекти и има можност за доделување на грант средства за изведување на дел од градежните работи за автопатот Гостивар-Кичево, за што стана збор на средбите. Грантот би се однесувал за дел од изградбата на првата делница од автопатот, односно делницата Букојчани – Кичево во должина од 12 километри. Се очекуваат и грант средства и за реконструкција на патот Крива Паланка-Деве Баир.

-За автопатот Скопје – Блаце веќе добивме грант од ЕБОР за комплетирање на проектната задача, која треба да биде готова за помалку од три месеци – истакна Тевдовски.

https://www.biznisvesti.mk/tevdovski-so-grant-ebor-da-ja-poddrzhi-izgradbata-na-avtopatot-gostivar-kichevo/ - https://www.biznisvesti.mk/tevdovski-so-grant-ebor-da-ja-poddrzhi-izgradbata-na-avtopatot-gostivar-kichevo/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Joralemon
Date Posted: 08-Dec-2018 at 13:21
За автопатот Гостивар – Кичево се обезбедија првите 20 милиони евра

Првата секција од идниот автопат Гостивар – Кичево ќе се гради со неповратни средства од Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) и со кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Првите 12,7 километри од идниот автопат меѓу Гостивар и Кичево ќе се поддржат во изградбата со средства во висина од 20.348.000 евра. Покрај добиениот грант, од владата информираат дека останатите средства ќе се обезбедат преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 79,2 милиони евра, додека Јавното претпријатие за државни патишта ќе обезбеди 6 милиони евра од сопствениот буџет.

За првата секција од автопатот Гостивар – Кичево до крајот на годинава треба да се комплетира инфраструктурниот проект, којшто се изработува од „Геинг КуК“. Основниот проект за првите 12,7 километри ги изработи фирмата „Балкан консалтинг“, при што за проектната документација досега се издвоени над 49,3 милиони денари. Со комплетирањето на проектот и со обезбедувањето на финансиските средства, македонската влада создаде услови за распишување на тендер за избор на изведувач. За преостанатите две секции од автопатот меѓу Гостивар и Кичево треба допрва да се бараат проектанти, а вкупната должина на целата траса е 42 километри.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан се обезбедени и над 2,6 милиони евра за рехабилитација и реконструкција на делницата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир од Коридорот 8. Овие неповратни средства ќе бидат доволни за санација на патот во должина од 13 километри, земајќи во предвид дека веќе се подигна заем од ЕБОР во висина од 10 милиони евра за оваа намена. Третиот грант што е доделен на нашата земја изнесува 1 милиони евра и со него ќе се подготвува физибилити студија и студија за влијание на животната средина и социјалните аспекти на проектот за изградба на хидроелектраната „Чебрен“.


Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.mk


Posted By: Théoden
Date Posted: 08-Dec-2018 at 14:20
На кој дел се однесуваат овие 12,7 km? Ќе се настават како продолжение на Охрид-Кичево или се работи за некаква обиколница околу Гостивар?


Posted By: Joralemon
Date Posted: 08-Dec-2018 at 16:08
Овие 12.7 км се однесуваат на првата делница Кичево-Букојчани. Втората делница е Букојчани - Горна Ѓоновица и третата делница Горна Ѓоновица – Гостивар.


Posted By: alexsend
Date Posted: 08-Dec-2018 at 19:17
Нема логика да се прави во фази пат кој не води никаде. Ако не може да се пушта во фази нема логика да се гради во фази. Ова е нова траса и треба да се гради целосно.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Dec-2018 at 23:05


Од делницата Кичево-Букојчани со должина од 12,7 km околу 10 km ќе бидат употребливи веднаш чим се заврши. Тие се надоврзуваат на оние цирка 2,5 km од автопатот Охрид-Кичево кои инаку би останале неупотребливи (делот што е пробиен низ шумата над Кичево).

Значи со изградба на Кичево-Букојчани реално добиваме околу 12,5 km веднаш употреблив автопат.

Но исто така важно, со пуштање во употреба на Охрид-Кичево без Кичево-Букојчани, транзитниот сообраќај останува да се одвива низ Кичево. Со Кичево-Букојчани се оформува обиколница на Кичево и на тие 2-3 села северно од Кичево кои се прилично незгодни од сообраќаен аспект, бидејќи на секој чекор има директни приклучоци на магистралниот пат (вклучувајќи и еден куп приклучоци директно од индивидуални куќи).

Немам мапа од трасата за да тврдам со сигурност, но веројатно спојувањето на автопатот со магистралниот пат ќе биде северно од Зајас, па на ист начин ќе се избегне и периферијата на ова село, каде што ситуацијата со магистралниот пат е слична.



Posted By: alexsend
Date Posted: 09-Dec-2018 at 08:53
Точно, за првата делница имаш право. Но втората делница без третата е неупотреблива.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: elnino
Date Posted: 08-Mar-2019 at 18:30
надвор од тема, која е трасата на автопатот гостивар-кичево


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Mar-2019 at 23:46
Originally posted by elnino

надвор од тема, која е трасата на автопатот гостивар-кичево


Ова го имам



Грубо земено, северната половина оди по траса отприлика на средина помеѓу магистралниот пат и пругата, а јужната половина оди по траса во близина на пругата.



Posted By: elnino
Date Posted: 09-Mar-2019 at 16:18
сега имам претстава, иако вака земено е многу долг, премногу завои.....не сум струлен но за мене би било најиделано решението исто како пругата, со голем тунел се би се решило, ама изгледа исклучувањето пред гостивар сакајки да избегнат скапи ниви од лево фатиле скроз десно.....тежок ке биде сепак овој автопат потежок и од демиркапија смоквица


Posted By: daci92
Date Posted: 09-Mar-2019 at 18:15
Мислам дека според новиот проект бега лево ,но не сум сигурен.
Инаку елнино , проценката за автопатот Гостивар - Кичево е 650+ милиони евра.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Mar-2019 at 21:10
Originally posted by daci92

проценката за автопатот Гостивар - Кичево е 650+ милиони евра.


Eeek


Во тој случај мислам дека без масивна помош од ЕУ фондови/грантови, несериозно ќе биде да помислуваме да го почнуваме проектот во наредните 6-7 години.


Инаку трасата што ја постирав има само еден тунел и тоа прилично краток (мислам 350 метри, кај Горна Бањица), така да веројатно Даци е во право дека има нов проект, инаку не знам како би се објаснила таква цифра од 650+ милиони евра.

Даци, имаш ли некакво инфо за број и должина на тунели?




Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Aug-2019 at 10:59
Автопатот Кичево – Гостивар ќе почне да се гради во 2020 година

Македонската влада планира кон средината на следната година да ја започне изградбата на автопатот Кичево – Гостивар на Коридорот 8. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека во моментов се комплетира проектната документација за првата делница – од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри.

– Тендерот за избор на изведувач очекуваме да биде распишан кон крајот на 2019 година и изградбата да започне кон средината на 2020 година – велат за Мета.мк од ЈП за државни патишта.

Првата делница од идниот автопат Кичево – Гостивар ќе се надоврзе на постојниот автопат во изградба Кичево – Охрид. Кога ќе се реализира тој дел од проектот, би профункционирала и автопатската обиколница околу Кичево, и над 10 километри од целокупната траса на автопатот Кичево – Гостивар ќе може да се користи за возење веднаш по неговата изградба.

За првата фаза од изградбата на автопатот Кичево – Гостивар веќе се обезбедени неповратни средства од Инвестициската рамка за Западниот Балкан на ЕУ во висина од околу 20 милиони евра, државата од сопствени средства ќе инвестира 6 милиони евра, додека останатите средства во износ од 79,2 милиони евра ќе бидат обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој. Вкупната вредност на оваа делница ќе изнесува 105 милиони евра, според проценките изнесени во документите на Инвестициската рамка за Западниот Балкан.

Автопатот Кичево – Гостивар ќе биде долг 42 километри, а ќе се гради во три фази. За втората и третата делница од Букојчани до Горна Ѓоновица, односно од Горна Ѓоновица до Гостивар, се обезбедени неповратни средства од 2 милиони евра за изработка на проектната документација.

Со овие средства ќе се изработи основниот проект за делницата од Букојчани до Горна Ѓоновица, како и идеен проект за трасата од Горна Ѓоновица до Гостивар.

– Во моментот се усогласува проектната задача за проектирање со ЕБОР и ИФИКО. Се очекува проектирањето да започне кон крајот на 2019 година – информираат од ЈП за државни патишта.

Идната изградба на трасата меѓу Гостивар и Кичево ќе значи многу за развојот на туризмот во Охридскиот регион, земајќи го предвид фактот дека Скопје и Охрид би биле целосно поврзани со автопат. Воедно, најголем дел од автопатската траса на Коридорот 8 кон Албанија би била завршена, а како недовршена ќе остане единствено трасата од охридското село Требеништа, преку Струга, до граничниот премин Ќафасан.

https://meta.mk/avtopatot-kichevo-gostivar-ќe-pochne-da-se-gradi-vo-2020-godina/?fbclid=IwAR3v8m-PjYTbRrO5pYhGjS-lR_Vp0B92r4zx40tIxOKFxOozF7aT1PpjOOQ


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 13-Aug-2020 at 18:20
Оваа делница повеќе од 10 години ја говорат.

Пак ли ќе чекаме уште 20 години дур да почнат да ја градат, па да се влечкаат како Кичево - Охрид и да исперат пари????????

Незнам што се влечкаат сеуште, до сега да беше некој друг не 1 туку 101 автопатни правци ќе изградеа....

И зошто коридорот 10 е преку Ќафасан??? Кој го правел така тој коридор?
Подобро ќе е од кај Ќафасан а не од кај г.п. Блато, оти таму е далеку потешко да се изгради автопат, и ќе кошта многу.


Posted By: Marxentric
Date Posted: 13-Aug-2020 at 19:21
Originally posted by The Wild Boy

Оваа делница повеќе од 10 години ја говорат.

Пак ли ќе чекаме уште 20 години дур да почнат да ја градат, па да се влечкаат како Кичево - Охрид и да исперат пари????????

Незнам што се влечкаат сеуште, до сега да беше некој друг не 1 туку 101 автопатни правци ќе изградеа....

И зошто коридорот 10 е преку Ќафасан??? Кој го правел така тој коридор?
Подобро ќе е од кај Ќафасан а не од кај г.п. Блато, оти таму е далеку потешко да се изгради автопат, и ќе кошта многу.

Што испомеша тука? Коридор 10 е Табановце-Богородица, или со меѓународна ознака Е-75 и национална ознака А1. Исто така и рутата од Градско накај Пелагонија е крак од коридор 10. Од друга страна, коридор 8 е Ќафасан-Деве Баир, или национална магистрала А2, низ дел од неа врви и меѓународниот Е-65. Албанија инсистираше овој коридор да поминува преку Блато за на тој начин Тирана да ја поврзе директно со Гостивар, Тетово па после и Скопје. Но нам тоа воопшто не ни одговара бидејќи таа траса поминува низ планински дел кој впрочем е дел и од национален парк, поскапо е да се изведе автопат таму и немаме никаква корист да вложиме таму во споредба со тоа да добиеме автопат до Охрид.


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 14-Aug-2020 at 01:06
Originally posted by Marxentric

Originally posted by The Wild Boy

Оваа делница повеќе од 10 години ја говорат.

Пак ли ќе чекаме уште 20 години дур да почнат да ја градат, па да се влечкаат како Кичево - Охрид и да исперат пари????????

Незнам што се влечкаат сеуште, до сега да беше некој друг не 1 туку 101 автопатни правци ќе изградеа....

И зошто коридорот 10 е преку Ќафасан??? Кој го правел така тој коридор?
Подобро ќе е од кај Ќафасан а не од кај г.п. Блато, оти таму е далеку потешко да се изгради автопат, и ќе кошта многу.

Што испомеша тука? Коридор 10 е Табановце-Богородица, или со меѓународна ознака Е-75 и национална ознака А1. Исто така и рутата од Градско накај Пелагонија е крак од коридор 10. Од друга страна, коридор 8 е Ќафасан-Деве Баир, или национална магистрала А2, низ дел од неа врви и меѓународниот Е-65. Албанија инсистираше овој коридор да поминува преку Блато за на тој начин Тирана да ја поврзе директно со Гостивар, Тетово па после и Скопје. Но нам тоа воопшто не ни одговара бидејќи таа траса поминува низ планински дел кој впрочем е дел и од национален парк, поскапо е да се изведе автопат таму и немаме никаква корист да вложиме таму во споредба со тоа да добиеме автопат до Охрид.


Моја грешка на Коридор 8 мислев.

Ако инсистирале треба да си го сменат мислењето, и да се измени коридорот 8. Незнам како тоа без наши консултации се одлучиле така.

Нели од Тетово до Призрен зборат дека во план им бил автопатско поврзување, па еве кај е границата измеѓу Косово и Албанија, чак пак преку тоа побрзо ќе се стига до Албанија.

Па незнам исто така од Ќафасан до Елбасан што ќе ги кошта да го продолжат автопатот. И така од Тирана до Елбасан има автопат, ќе треба да се направи едно заобиколување на Елбасан, и после тоа има претежно ридски предел, што не е толку тешко таму да се изгради автопат до Ќафасан.
Тамам со тоа Тетово - Призрен, и Скопје - Блаце и ете подобра поврзаност со Косово и Албанија.
Незнам повеќе што треба искрено.
Вака они како што запнале за џабе и ние и они ќе потрошиме време, пари а плус и од нивна страна имаат национални паркови. Овде да не ги спомнувам еко - активистите и какви им се законите во Р. Албанија (дали е дозволено да се гради автопат низ национален парк), колкаво влијание би имал таков автопат на околината, итн итн...

Делот од Елбасан до Ќафасан мислам дека нема никаков национален парк, и е далеку полесен во споредба со тоа што од каде Албанците сакаат коридор 8 да минува.

Е сега кај нас останува Охрид - Струга автопатското решение проблем, да го средат тоа со УНЕСКО па после ке му ја мислиме.

Инаку да не залутам многу оф топик назад на темава.

Според вас, дали оваа делница Гостивар - Кичево ќе биде потешка и поскапа за разлика од Кичево - Охрид???

Се надевам нема пак 8+ години да ја градиме оваа делница...


Posted By: Marxentric
Date Posted: 14-Aug-2020 at 15:52
Си запињаа тие, ама на крај ниту изградија автопат до Блато, ниту пак ќе изградат некогаш. Целата работа беше воглавно политичка, а неиздржана економски и стратешки. Сепак коридорот 8 останува кај Ќафасан, а ние треба нашата работа да си ја завршиме и до секоја граница да има барем по еден автопат, па тие ако сакаат и по козји патеки нека возат. Кога се влегува во една земја, прво нешто што паѓа во очи и кажува за таа земја е патот.


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Dec-2020 at 18:09
Проектот за првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај, догодина тендер и почеток на градба

Изработката на проектната документација за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај и се очекува да биде целосно завршена во првата половина на 2021 година, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Станува збор за идната автопатска делница од селото Букојчани до Кичево, во должина од 12,7 километри.

Од ова претпријатие информираат дека проектната документација се подготвува според барањата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од каде ќе биде земен кредит од околу 70 милиони евра како надополнување на добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку ВБИФ Инструментот на Европската Унија. За првата фаза во вредност од околу 90 милиони евра во текот на месецов ќе биде објавена Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, која ќе ѝ биде достапна на јавноста 120 дена.

„Во тој период, паралелно ќе тече рокот за одобрување на студијата и според националното законодавство. По тој период, ќе следи финално одобрување на целокупната техничка документација и добивање на одобрение за градење“, информираат од ЈП за државни патишта.

Тие потенцираат дека тендерот за изградба на автопатската делница од Букојчани до Кичево треба да се објави кон средината на 2021 година.

„Се очекува почеток на градбата до крај на 2021 година. За оваа делница
очекуван рок за завршување на работите е 36 месеци“, велат од ова претпријатие.

За преостанатите две фази од автопатот Гостивар – Кичево, проектирањето не е започнато, но начелно се обезбедени 2 милиони евра за изработка на основен проект за делницата Гостивар – Горна Ѓоновица и за идеен проект за делницата Горна Ѓоновица-Букојчани. Средствата ќе бидат достапни преку т.н. Заеднички фонд на
ЕБОР, додека објавата за избор на проектант ќе биде во текот на 2021 година.

Автопатот Кичево – Гостивар ќе биде долг 42 километри, а ќе се гради во три фази. Со неговата изградба, патниот Коридор 8 кон Албанија речиси би се комплетирал во целост, со исклучок на делот од охридското село Требеништа до граничниот премин Ќафасан. Автопатот е важен и за развојот на туризмот во охридско-струшкиот регион. За висината на финансиските средства што ќе бидат потребни за неговата изградба е прерано да се зборува, бидејќи проектната документација за делот од Гостивар до Букојчани сѐ уште не е изработена во целост.

https://meta.mk/proektot-za-prvata-faza-od-avtopatot-gostivar-kichevo-e-pri-kraj-dogodina-tender-i-pochetok-na-gradba


Posted By: Realistic88
Date Posted: 11-Dec-2020 at 09:23
Eve edna godina vetuvajne i na kraj sepak nishto, sega ostanuva da se cukneme vo glavata i da se molime deka vo 2021 neshto ke se smeni.


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2021 at 15:02
Мало Драгомиште ќе се подели на две! – Мештаните против проектот за автопат Кичево-Букојчани

[tube]bg2VxHAAPvs&feature[/tube]

Преку ова место ќе се гради автопатот Кичево-Букојчани кон Гостивар, кој пак се поврзува со Коридорот 8.

Според проектот, автопатот ќе поминува преку селото Мало Драгомиште, поради што селото ќе биде поделено на два дела.
Освен што ќе поминува близу куќите, мостот кој се очекува да биде изграден ќе поминува низ гробиштата и над дворовите на некои жители.

Во населбата каде ќе поминува автопатот се изградени нови куќи, во кои главно живеат печалбарите.
Дел од нив се против, бидејќи како што велат, автопатот ќе стане пречка за локалните мештани.

„Ние сме против проектот – автопатот да поминува низ селото бидејќи целото село ќе биде уништено, ќе има големи последици, селото ќе биде поделено надве, влезот на селото ќе биде уништен, квалитетот на животот во селото ќе биде нарушен, ќе се затвори главниот пат кој води до Централното училиште „Реџ Рушит Зајази“, до Полициска станица, Железничка станица, Поштата, Амбулантата итн“, вели Арсим Зибери.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, вели дека проектот е во фаза која не може да претрпува измени. Како што вели средствата за овој автопат се обезбедени од Европската банка за развој, додавајќи дека биле во контакт со општината и жителите во врска со овој проект.

„За проектот кој е финансиран од Европската банка за обнова и развој, ние бевме во разговори за обезбедување средствата и сега е во фаза кога треба да имаме јавен увид на еколошкиот проект и на проектот во тој дел. Кога започна трасата, имаше дадено мислења од надлежните институции за тоа каде треба да поминува. Бев во контакт со градоначалникот на општината, како и со жителите на селото“, посочи Ејуп Рустеми.

Но, Арсим го вели спротивното. Уверува дека не бил запознаен, а ниту консултиран од никого во врска со ова прашање.

„Ние немаме никаква информација. Побаравме од градоначалникот на селото да ни каже, но ни рекоа дека е идеен проект и не ни дадоа никаква информација“, порача Арсим Зибери.

Мештаните се мобилизираа и почнаа да собираат потписи против изградбата на овој автопат, а до денес успеаја да соберат над 2.000. И кичевскиот муфтија исто така побара да се стопира изградбата на автопатот кој поминува низ селските гробишта.

https://mk.tv21.tv/malo-dragomishte-ke-se-podeli-na-dve-meshtanite-protiv-proektot-za-avtopat-kichevo-bukojchani/


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Jan-2021 at 15:33
Глупости мештански, типично! Screw them, терајте со проектот!

Башка се искажани некакви апсурдни реченеци како на пример: "....се изградени нови куќи, во кои главно живеат печалбарите." Печалбари се, не живеат во куќите кои ги градат зато не се дома.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jan-2021 at 16:07

На видеото се гледа каде ќе поминува трасата на една секција од околу 4 km кај Зајас.


1



2



3




Posted By: ehrlich
Date Posted: 10-Jan-2021 at 20:06
Во каква-таква држава со унитарен карактер, медиуми си тераат кампања со бришење македонски топоними. Село „Мало Драгомиште“ не постои, туку само Горно и Долно Строгомиште.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Jan-2021 at 20:14
Официално не постои, но кај луѓето се нарекува малиот и големиот Строгомиште


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2021 at 01:18

На нет сега можат да се најдат подетални документи за автопатов, особено за секцијата Букојчани - Кичево, ама некои работи стануваат појасни и за целиот автопат:

-
http://roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2020/Buk_Kic/Studija_Bukojani_Kicevo.pdf - http://roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2020/Buk_Kic/Ne-tehnicko%20rezime_Bukojchani-Kichevo_NTS%20MK.pdf[/urlurl]

http://roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2020/Buk_Kic/Studija_Bukojani_Kicevo.pdf

http://www.roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2015_01_02_SEA%20Gostivar-Kicevo_objavena%20na%20jpdp%20web.pdf - http://www.roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2015_01_02_SEA%20Gostivar-Kicevo_objavena%20na%20jpdp%20web.pdf
(последнава е од 2014, ама се однесува на целиот автопат)


А знае ли некој каде е тој превој Буково, што се спомнува меѓу Гостивар и Кичево?








АНАЛИЗА НА АЛТЕРНАТИВИ

При изработката на проектната документација за автопатот од Гостиват до Кичево
разгледувани се алтернативи на трасата. Разгледувани се три коридори и тоа:

Источен коридор: по овој коридор трасата поминува источно од Гостивар и по должината
на Лаковичка и Падалишка Река, се искачува на превојот Буковиќ, од каде како веројанта
со тунел и без тунел преминува на Кичевската страна од Буковиќ. Поминувајчи помеѓу
селат Долно и Горно Страгомишта, потоа помеѓу селата Колибари и Грешница и западно
од селото Трапчин Дол се насочува кон западната страна на Кичево. Оценето е дека
варијантата без тунел е технички поповолна.

Централен коридор: Во почетокот трасата се поклопува со обиколницата предвидена со
урбанистичкиот план на Гостивар од северната страна. Од пресекот со реката Вардар
заобиколувајќи го Гостивар, односно Горна Бањица од западната страна, продолжува до
Ѓоновица и се движи по стариот пат Гостивар-Кичево. Од Ѓоновица патот се одвојува во
две подваријанти, од кои едната води преку превојот Буково, а другата преку превојот
Стража. Варијантата преку превојот Буково се поклопува со источната варијанта речиси
до Кичево. Варијантата од Ѓоновица преку превојот Стража оди по долината на
Сретковска Река, го преминува превојот Стража со тунел и излегува во долината на
Тајмишка Река, потоа по нејзината лева брегова линија оди до село Строгомирово, од
каде како единствена варијанта продолжува до Кичево. Овој коридор е оценет како
поволен за водење на трасата, особено за подваријантата што минува преку превојот
Буково.

Западен коридор: Овој коридор во почетокот на трасата во должина од 4 километри се
поклопува со централниот коридор; потоа коридорот се поклопува со постојниот
магистрален патен правец, следејќи го од неговата источна страна, поминувајќи западно
од селото Церово, потоа источно од Сретково и со тунел под превојот Стража преминува
во долината на Тајмишка Река продолжувајќи према Кичево. Овој коридор е испресечен
со бројни реки и суводолици и од технички и изведбен аспект е оценет како неповолен.

Проектантите утврдиле дека централниот коридор е најповолен за водење на
трасата од аспект на техничка изводливост на изградбата. Во рамките на
централниот коридор е утврдена најповолната траса, односно подваријантата која
води преку превојот Буково
. Врз основа на оваа избрана алтернатива е изработен
Главен проект (според постојната законска регулатива тоа е еквивалент ха основен
проект).








Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2021 at 01:21

Еве ја детално секцијата Букојчани - Кичево



Posted By: user8642
Date Posted: 11-Jan-2021 at 01:21
Превој Буково е највисоката точка на патот меѓу Ресен и Охрид. Меѓу селата Завој и Крушје.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2021 at 01:26
Originally posted by user8642

Превој Буково е највисоката точка на патот меѓу Ресен и Охрид. Меѓу селата Завој и Крушје.


Да, ама еве превој со такво име се спомнува и тука, меѓу Гостивар и Кичево, во подваријантите на централната траса. Едната подваријанта е со тунел кај Стража, а другата, како што изгледа одбраната, е преку Буково.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Jan-2021 at 09:36
Буково и Бистрица се топоними кои ги има од Вардара па до Триглава (па до Шчечин и Владивосток). Има неколку Букова во државава, точно е името на превојов, јас се чудев кога го поминав прв пат (бидејќи ресенското Буково ми е попознато).

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2021 at 12:34



Која е точната локација на ова Буково?



Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 11-Jan-2021 at 13:08
Originally posted by Cloverstack


Еве ја детално секцијата Букојчани - Кичево



Тунел Колибари ќе биде најдолг до сега што имало во Македонија, така?

Мислам добро е што ја одбраа трасава или подобро би било по друга траса да оди автопатот?

И дали на автопатот од Кичево до Гостивар ќе има други тунели планирано?


Posted By: user8642
Date Posted: 11-Jan-2021 at 13:10
Мислам дека е некоја новинарска глупост. Баш тамо има превој Буковик (41.657327° 20.953174°), а не Буково. Ако видиш во текстот баш во истиот дел кадешто се опишува централната варијанта напишале и село Строгомирово, иако тако не постои туку е Строгомиште.

https://ibb.co/qm7kDwY">


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2021 at 13:25
Originally posted by The Wild Boy



Тунел Колибари ќе биде најдолг до сега што имало во Македонија, така?

Тунел Колибари ќе биде долг околу 600-700 метри.



Originally posted by user8642

Мислам дека е некоја новинарска глупост. Баш тамо има превој Буковик (41.657327° 20.953174°), а не Буково.

Ако е грешка, не е новинарска. Текстот е цитиран од официјален документ - Извештајот за стратегиска оцена на животната средина.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Jan-2021 at 14:36

Не знам каде е точното место, но верувам дека моменталниот пат поминува низ превој „Буково“, бидејќи го имам видено знакот/таблата. Освен ако се лажам, и всушност пишува „Плетвар“ или „Ѓавато“. Како и да е, знам дека има некој од тие „битолските“ топоними на моменталниот пат, ама не се сеќавам кој точно.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 11-Jan-2021 at 16:58
Всушност целата планина помеѓу Кичевско и Гостиварско се нарекува https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%83%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C_%28%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%29 - Буковиќ . За грешки во студии и не треба толку да сме изненадени.

Јас како што сфаќам ќе ја следат рутата на железничката пруга.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2021 at 18:42
Originally posted by ehrlich

Јас како што сфаќам ќе ја следат рутата на железничката пруга.

Најблизок до трасата на пругата е Источниот коридор, кој исто така како пругата најпрвин поминува по долините на Лаковичка и Падалишка Река. Ама според документиве, тој коридор е отфрлен.



Во случајов (опишаниот Централен коридор, подваријанта преку „Буково“) јасно е дека автопатот од Горна Бањица оди на југ кон Ѓоновица, и од таму се искачува на планината Буковик, па се спушта прилично стрмно во полукруг некаде од Свински Дол кон Букојчани.



Еве направив обид да ја дешифрирам и вцртам опишаната траса. Но бидејќи не само што нема мапи на коридорите, туку и текстуалниот опис е оскуден и лош, ова е повеќе нагаѓање врз база на релјефот, отколку врз база на информациите.

Изгледа дека во делот од Ѓоновица до тунелот кај Колибари нема воопшто други значајни тунели (или е некоја минимална должина), но дека голем процент од трасата би била на вијадукти и во засеци.

Исто така делува дека спуштањето од Буковик кон котлината е прилично стрмно, можно е на секција од околу 2 километри да биде некој голем надолжен градиент, што ќе биде на граница на прифатливост за автопат.

1



2



3





Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 12-Jan-2021 at 13:32
Значи овде ќе имаме најдолг тунел од 700 метри, со големи искачувања и спуштања, многу мостови, виадукти, и неколку помали тунели, така?

Мислам дека поубаво оваа траса што ја одбрале, ама да оделе паралелно со онаа покрај железничката пруга можеби растојанието и колку време треба да се стигне од Кичево до Гостивар би се скратило.

Сепак не сум јас експерт, они заради тоа одлучиле и ако испаднала оваа траса по - безбедна и по исплатлива тогаш така ќе си биде.

Сигурно нема да сака некој да се вози во 4-5km долг тунел за време на земјотрес. Барем јас не.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 12-Jan-2021 at 13:57
700m tunel e pomal od onoj na avtopatot Demir-Kapija smokvica koj ima dva dvocevni tunela po 1km. Isto taka najdolgiot tunel e pod preseka na avtopatot Ohrid-Kicevo, toj tunel e dolg mezmalku 2km. 700m tunel e mozebi onaj tunel na trasata od Veles prema Skopje. Toa sto ke izobiluva na ovaa trasa e dosta mostovi i vijadukti kako i pokomplicirani klucki osobeno onaa pred Kichevo. Po mene ako se zafati seriozno celata trasa bi trebalo da e izvodliva za 3 godini i ne e niso postrasna od avtopatot od granica prema pristina od Kosovskata strana.


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 12-Jan-2021 at 16:19
Да гледам.
Кај фаза 1 теренот не е толку тежок, кај фаза 3 теренот изгледа ќе е најтежок, а кај Фаза 2 теренот горе долу ќе е сличен со Фаза 2 ама малку полесен.

Како што кажа @Cloverstack, да се изгради прво Фаза 1 до клучка Кичево Север за да се искористат тие преостанати километри од Кичево - Охрид автопатот.

После како што гледам Секција 2, па на крајта Секција 3.

Се надевам ќе испловат и проектите за целосната траса од новиот физибилити.

А до тогаш, очекувам Тетово - Гостивар да биде реновиран и проширен во права автопатска делница.


Posted By: user8642
Date Posted: 12-Jan-2021 at 18:13
Tunel Preseka kje bid emislam najdolgiot vo Makedonija, skoro 2km.


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 12-Jan-2021 at 19:28
Originally posted by user8642

Tunel Preseka kje bid emislam najdolgiot vo Makedonija, skoro 2km.


Па да, се дур не бидне проектот од Тетово до Призрен каде што ќе треба да има тунел подолг од 3 километри.


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jan-2021 at 08:24
Груби од денешната владина седница: Одобрена изградбата на три автопати

Првиот вицепремиер Артан груби информира дека на денешната 41 седница на Владата била одобрена годинешната програма за работа на ЈП „Државни патишта“ според која во 2021 започнуваат со изградба три автопати од Коридорот 8.
Станува збор за автопатите од Кичево до Гостивар, од Гостивар до тетово кој треба да биде проширен на три ленти и делницата Требениште - Струга - Ќафасан, односно до македонско-албанската граница, со кој ќе треба да биде комплетиранано поврзувањето на коридорот.
„КОРИДОРОТ 8 се реализира. Владата ја одобри програмата на претпријатието за патишта, која, меѓу другото ги опфаќа и патните правци (автопати):
Ќафасан - Струга - Требениште, Гостивар – Кичево,Тетово - Гостивар.
Коридорот 8 се комплетира, ВЕТУВАЊАТА СЕ ИСПОЛНУВААТ“, напиша Груби на Фејсбук.

https://faktor.mk/grubi-od-deneshnata-vladina-sednica-odobrena-izgradbata-na-tri-avtopati


Posted By: T1
Date Posted: 27-Jan-2021 at 10:58
Tolku se razbira ovoj G-din Artan Grubi.

Toa sigurno ne e odobruvanje na izgradba, tuku stanuva zbor za odobruvanje za otpocnuvanje na procedura za proektiranje na istite i izgotvuvanje finansika konstrukcija. Daleku sme nie od otpocnuvanje na izgradba.

Spored mene uste edno 5 godini minimum do raspisuvanje na tender za Izvedba. Plus na toa stavete uste 7 godini izvedba posto toa e mnogu slozen teren taka da nie sme minimum 12 godini od izgradba na ovie avtopati.

No kako i da e mora da se tresne nesto kolku da ima za sto stampata da pisuva.
Pojma nemaat ovie nasive politicari sto se treba za edni vakvi proekti.

Nejse. Taka si bilo i taka ke si ostane.

Pozdrav



Posted By: user8642
Date Posted: 27-Jan-2021 at 17:42
Пораката е сосема друга во умот на дотичниот: "Еве државата ќе гради три автопата од интерес на албанците, и уште побитно, ниеден од значење за другите!" Три автопата да може да се снимаат уште многу >200 kmh видеа на ТикТок и да може побрзо и оние останати постојани жители на подјабланичкиот мегалоселис да се иселат у Швајцарија.

И повторно најгорливиот проблем од интерес на неговите гласачи не го споменал. Автопат Тетово-Јажинце со голема клучка на 4 страни на влез во Тетово како единствен пат кој според многу анализи заслужува да прерасне во автопат. Бројките тоа го покажуваат во многу независни анализи една од друга, нализа на ЕУ, анализа на МК (ПГДС), Гоогле трафицк. Ама у тоа не се разбираат, па еве вака политички ќе "изградат" понекој автопат, исто како што до сега го "изградија" Скопје-Блаце.


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 28-Feb-2021 at 18:34
https://ibb.co/zrcDHzS">

Што ќе кажете за рутава?
Тетово - Гостивар да биде автопат разделен, слично како Катланово - Велес што е, па после да се спои.
Пред Гостивар ќе се спојат двата дела од автопатот во Еден, и би имало една труба клучка.

Вака со оваа рута се оди кон најлесниот дел по планината, има и еден голем тунел и после искача према другата страна. Веднаш после Гостивар пред таа планина ќе има доста искачување. Решение може и вакво да се примени:
https://ibb.co/wSChS7r">
https://ibb.co/D9Y1MtZ">
https://ibb.co/pbW9LVK">
https://ibb.co/Ngq8MYj">
https://ibb.co/jyPxpsV">

Ова е во Хрватска, и навистина извонредно направено. Од едно 250 метри надморска височина се искачува на 600 - 650.

Еве точно каде се наоѓа:

https://www.google.com/maps/place/23243,+Jasenice,+Zadar+County,+Croatia/@44.2500724,15.5997109,13z/data=!4m2!3m1!1s0x4761bfc88d224119:0x17e227220bdb809?force=pwa&source=mlapk


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Mar-2021 at 09:38
ЕКСКЛУЗИВНО! Груби: Коридорот 8 ќе го изгради компанијата „Bechtel – ЕNKA“, по принципот „клуч на рака“ до 2024

Првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно откри која компанија ќе го изгради коридорот 8, односно патот Гостивар – Кичево, и Струга – Ќафасан (граница со Албанија), со што ќе се комплетира цел коридор.

„Очекуваме од автопатот Кичево – Струга да биде завршен до тогаш. Идејата е, според разговорите со компанијата „Bechtel – ЕNKA“, коридорот 8 да биде целосно завршен по принципот „клуч на рака“ до 2024 година.

Bechtel – ЕNKA“ е американско-турска компанија која го изгради и автопатот Приштина – Блаце.

„Во петок имам состанок со компанијата „Bechtel – ЕNKA“. Ќе ги издефинираме деталите и ќе предложиме закон во Собрание за изградба на коридор 8. Еве ја предизвикувам опозицијата да дебатираме за овој капитален проект“, посочи Груби.

https://mk.tv21.tv/ekskluzivno-grubi-koridorot-8-ke-go-izgradi-kompanijata-bechtel-enka-po-printsipot-kluch-na-raka-do-2024/


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Mar-2021 at 09:05
Коридорот 8 ќе го гради „Bechtel-ENKA“ – Рустеми: Овој автопат ќе биде готов до 2025 година

[tube]hAtzJRdR1DQ[/tube]

%20 - https://mk.tv21.tv/koridorot-8-ke-go-gradi-bechtel-enka-rustemi-ovoj-avtopat-ke-bide-gotov-do-2025-godina/


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 17-Mar-2021 at 19:53
Цел коридор 8 до 2025 готов?!?!?!
Да видам не верувам. На овие ништо веќе не им се верува. Да не мислеле 3025??? Или пак дека ковид вакцините ќе стигнат во 2025, сигурно на тоа мислеле.

Се надевам дека сум грешка. Тука има нешто сумљиво 100%.


Posted By: Blagh
Date Posted: 17-Mar-2021 at 21:27
Интересен текст околу фирмата која се спомнува дека би го градела. Дали и кај нас е избрана со директен договор?
http://off.net.mk/vesti/balkan/kako-kosovo-dobi-skap-avtopat-koj-ne-mu-treba - https://off.net.mk/vesti/balkan/kako-kosovo-dobi-skap-avtopat-koj-ne-mu-treba

Оригиналниот текст http://foreignpolicy.com/2015/01/30/steamrolled-investigation-bechtel-highway-business-kosovo/ - е објавен во Foreign Policy


Posted By: Realistic88
Date Posted: 20-Mar-2021 at 02:45
Ne sum optimist deka ke bide zavrhsen do 2025. Site ovie politicari se isti. Znaci kako si naddavame godini kako i da e za neveruvajne e.

Gledate vo 2025 nema da bide gotovo i togash nekoj drug ke kaze, 'da potpishan e aneks, ke bide zavrsheno do 2039'' bullshit


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Mar-2021 at 15:23
Груби по владината седница: Американски „Бехтел“ ќе го гради Коридорот 8

Владата ќе потпише Меморандум за соработка за изградбата на Коридорот 8 со американската компанија Бехтел Енка, соопшти денеска првиот вицепремиер Артан Груби кој преседавал денеска на седницата на Влада.

Потпишувањето на меморандумот е утре во Скопје а тоа ќе значи дека оваа компанија ќе треба и да го гради автопатот долж овој коридор односно Тетово - Гостивар, Гостивар - Кичево и Требениште - Струга- Ќафасан.

Првиот вицепремиер Артан Груби претходно на 19 март годинава објави и дека остварил средба со претседателот на компанијата „Бехтел“ одговорен за глобални политички и надворешни работи, Стујард Џонс, поранешен висок службеник на американскиот Стејт Департмент.

„Заедно разговаравме за можноста за вклучување на познатата компанија „Bechtel“ во изградбата на Коридорот 8. Модернизацијата на Коридорот 8 и неговата реконструкција е од особено значење за Северна Македонија поради нејзината регионална поврзаност и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од големо економско значење за земјата“, објави Груби.

Медиумите пишуваа дека „Бехтел“ е најголемиот американски контрактор, но зад себе има историја на спорни, односно неисплатливи и недовршени изградби преку директни договори во Косово, Хрватска и Романија.

https://faktor.mk/grubi-po-vladinata-sednica-amerikanski-behtel-kje-go-gradi-koridorot-8


Posted By: Marxentric
Date Posted: 30-Mar-2021 at 17:26
Поголем доказ за провизии од патиштава здравје. УЧК не направија ништо во корист на економијата и инфраструктурата веќе 20 години и одеднаш се заинтересираа за автопати, форсирајќи ја баш криминалната компанија која градеше во другите делови на Републикес е Иљирид.

Нашиве лидери нормално ќутенката, тука отстапуваат ДУИ да лапа пошто нели тоа е нивна територија, ама затоа тие ќе лапаат на другите траси. И така.


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 30-Mar-2021 at 19:50
Vmro bile losi ....


Posted By: Urbanista
Date Posted: 30-Mar-2021 at 20:31
А до кај е Охрид Кичево или небитно...


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Mar-2021 at 16:18
„Бехтeл Енкa“ без тендер ќе ги поврзува Ќафасан со Блаце и Битола со Прилеп заради побрза изградба на автопатите

Американскиот контрактор „Бехтел Енка“ ќе го гради Коридорот 8, односно автопатите Тетово - Гостивар, Гостивар - Кичево и Требениште-Струга-Ќафасан, како и автопатот Прилеп - Битола без распишување на тендер, туку преку модел кој ќе треба да биде одобрен од пратениците во Собранието.

Ова денеска го потврдија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и првиот вицепремиер Артан Груби по потпишувањето на меморандумот за разбирање со веќе избраниот оператор од САД.

Вицепремиерот Бочварски вели дека по овој модел, американскиот изведувач сам ќе ги изгради овие важни проекти по најкусо можно време, наместо да има застој со години како што е примерот со автопатот Кичево- Охрид и пругата кон Бугарија.

- Ова е модел без тендер, со пристап кон нова постапка. Од утре ќе се креира процес во кој биде вклучена стручната фела, но договорот треба да биде изгласан во Собранието. Нема да се оди со постапки за проектирања, ревизии, и други постапки за градба. Тоа го води самиот изведувач. Така ќе се избегнуваат судските постапки, а од друга страна имаме силен изведувач. На автопатот Кичево - Огрид и пругата кон Бугарија имаме големи проблеми со реализацијата. Овие примери се доказ дека треба да се обидеме со овој модел кој дава брзи и ефикасни резултати., рече Бочварски.

Според министерот, ова е модел кој ги дава најбрзите и најоптимални резултати, бидејќи досегашното искуство покажало дека со години проекти се одолговлекуваат поради проектирање и проблемите кои настануваат поради неусогласеност на изведувачите, проектантите и надзорот. Бочварски вели дека со новиот проект нема да има повеќе калкулантски игри. Цената што ќе биде понудена се уште не се знае.

- Колку би чинело не се знае, експертите треба тоа да го проценат како пакет кој ќе биде презентиран пред пратениците во Собранието. Тоа ќе го покаже техничката документацијата и анализите. Треба да се знае дека ќе има изградба на мостови, тунели, вијадукти, натпатници, тврди Бочварски.

За видепремиерот Груби ова е проект кој ќе биде брз и ефикасен бидејќи е под покровителство на САД, а компанијата веќе се докажала во Косово, Албанија и Србија.

- И од политички аспект станува збор за добра можност, тој добива нова геополитичка тежина. Со овој меморандум ќе овозможиме преструктуириање на постоечката инфраструктура и нови градби. Исто така, важен е од енергетски аспект за економијата., кој лесно ќе ги поврзе Ќафасан и Блаце, изјави Груби.

https://faktor.mk/behtel-enka-bez-tender-kje-gi-povrzuva-kjafasan-so-blace-i-bitola-so-prilep-zaradi-pobrza-izgradba-na-avtopatite


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Apr-2021 at 09:38
Потпишан договор за изградба на коридорот 8 – „Амин“ ќе чека од Собранието

[tube]rYgyuyTOaLE[/tube]

Потпишан договорот за изградба на коридорот 8 и 10 со американската компанија Бечтел Енка. Работите ќе започнат тогаш кога ќе се изготви законот кој треба да се изгласа во Собрание. Од утре во влада ќе се формира работна група каде ќе се подготви акциски план за целиот проект. Директорот на претпријатието Државни патишта вели дека коридорот 8 ќе биде готов до крајот на мандатот односно до 2025.

„Се надеваме дека на брз начин ќе се донесе законот и по донесувањето веднаш ќе почнеме, се надеваме дека годинава ќе почнеме со градежните активности. Според разговорите кои ги водевме, доколку немаме административно доцнење, до крајот на 2025 година ќе ја имаме изградбата на автопатот на коридорот 8“, истакна Ејуп Рустеми.

Првиот вицепремиер Артан Груби рече дека изградбата на коридорот ќе го подобри квалитетот на живеење на граѓаните и економијата во земјава.

„Коридорот 8 претставува добра можност за РСМ било тоа од политичка гледна точка бидејќи со тој коридор земјата ќе добие нова геополитичка вредност како поврзувачки мост меѓу балканските земји. Проектот ќе поминува низ Тетово, Гостивар, Кичево, Требеништа во Струга до Ќафасан“, посочи Артан Груби.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека со оваа инвестиција се модернизира коридорот 8 и 10. Тој додаде дека нема да дозволат доцнење на изградбата на патиштата како што се случувало до сега.

Целиот проект се уште не се знае колку ќе го чини државниот буџет. Инаку коридорот 8 е сообраќајна делница која треба да ги поврзе Северна Македонија, Бугарија и Албанија. Бугарија и Северна Македонија така ќе имаат поголем пристап до Запад а Албанија како и другите земји се надева на економски пораст.

%20 - https://mk.tv21.tv/potpishan-dogovor-za-izgradba-na-koridorot-8-amin-ke-cheka-od-sobranieto/


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Apr-2021 at 10:43
По скандалите во Косово, Романија и Хрватска, Бехтел ќе гради автопатишта и во Македонија

Во ноември 2013 година, Косово доби 77 километри долг и модерен автопат со четири ленти „за само" 1,3 милијарди долари, односно за речиси 17 милиони долари за еден километар. Целиот овој проект заврши како голем скандал, а на неисплатливоста предупредуваа и ММФ и Светската банка, пишува угледниот Форин полиси. Изведувач на работите беше американска градежна фирма Бехтел, а вчера македонската влада потпиша меморандум за изградба на коридорите 8 и 10 со американско-турската компанија Бехтел-Енка. Еден од главните промотори на проектот во Косово беше американскиот амбасадор во Приштина кој потоа заврши како претставник на Бехтел во Мозамбик.

Еве делови од истражувањето на Форин полиси објавено на 30 јануари 2015 година:

ММФ и Светска банка уште пред почетокот на изградбата на автопатпот во Косово велаеа дека таков автопат е економски неисплатлив.

Денес тој автопат е практично празен и се користи со само една третина неговиот капацитет, за што зборуваат и локалните сообраќајни податоци и проценките на меѓународни институции.

Автопатот минува низ еден од најсиромашните џебови на југоисточна Европа. Еден од тројца Косовари живее во сиромаштија (со помалку од 2,18 долари дневно) и се соочува со сериозни инфраструктурни недостатоци (во 2012 година, 58% од домаќинствата имале „пак снема вода“ на дневна база). Во 2013, дури секој седми Косовар имал кола што е една од најниските стапки на поседување автомобил во Европа.

„Црната асфалтна вена денеска штрчи во балканскиот пејсаж, како да ѝ се потсмева на околната сиромаштија во некоја сурова Дикенсовска шала.“

Уште е нејасно кому требаше да му служи толку амбициозен автопат. Јасно е само дека тој проект е само еден од балканските проекти на изведувачкиот гигант Бехтел кој е поврзан со високи цени, слаба транспарентност и сомневања за корупција. Шестмесечен истражувачки проект на новинарската школа на калифорнискиот Беркли вели дека проектите на Бехтел се непотребен луксуз за земјите во кои се градело и дека проблемите биле видливи и пред да бидат удрени првите лопати.

Улогата на тогашниот амбасадор на САД во Косово, фамозниот Кристофер Дел, кој по своето влијание и улога во косовските политики имал ранг на монарх е дел од тоа проблематично бришење на линијата меѓу американската надворешна политика и корпоративните интереси.

Дел јасно и гласно го брани автопатот за кој договор беше потпишан во 2010 година, иако потребата од него ја доведуваат во прашање многу релевантни меѓународни институции. На пример Светската банка во чиј извештај од истата таа 2010 година се вели дека само две од деветте секции на патот (оние кои се најблиску до Приштина) ќе бидат економски исплатливи.

Кристофер Дел ја напушта Приштина во 2012 година, прифаќа една друга дипломатска позиција за веќе следната, 2013, да се пензионира од Стејт Департментот. Само еден месец подоцна, Бехтел го ангажира Дел како свој специјален претставник во Мозамбик.

Бехтел е баш гигант; станува збор за најголемиот американски контрактор по приходи додека глобално се трети. Имаат 54.000 вработени во речиси 40 земји и пред десетина години вртеле 40 милијарди долари годишно.

Во 1998 корпорацијата постигна договор за градење автопат во Хрватска, во директни преговори и без наддавање. Кога хрватскиот шеф на дипломатијата лобира за втор договор со Бехтел по урнек на првиот, се открива дека тој претходно работел за вашингтонската правна фирма Патон Богс која имала договор за лобирање со - Бехтел. Под притисок на ЕУ, Хрватска се откажа од директно договарање и отиде на јавен тендер.

Сличен e случајот и со Романија каде во 2003 година беше постигнат директен договор за модернизирање на речиси непостоечки автопат, за цена од 2,7 милијарди долари. Проектот станува 10 годишна ноќна мора за обете страни; одложувања, спорови, меѓусебни обвинувања за уцени и корупција. Сув остаток: за добиени 64% од парите, Бехтел испорачал 12,5% од договорот.

Надвор од вклучените страни, ретко кој го видел договорот за косовскиот автопат; тоа не му успеало ни на специјалниот меѓународен претставник на Косово Питер Феит, кој комплетно бил тргнат настрана.

„Беше бизарно еден западен дипломат (мисли на американскиот амбасадор - н.з.), така директно да се спротивстави на препораките од Светската банка и ММФ. Незамисливо е поради бизнис интереси да се дискредитира целата меѓународна мисија на Косово која се темели на борба против корупција, јакнење на институции и промовирање на владеењето на правото“, вели холандскиот дипломат Феит.

Полн со самодоверба бидејќи работи под диригентска палка на американскиот амбасадор, тогашниот косовски премиер Хашим Тачи во серија приватни писма ја обвинува претставничката на Светската банка дека погрешно го оценува менаџирањето на големите проекти на неговата влада и дека автопатот е договорен во најдобар интерес за косовскиот народ (подоцна со подигнување на хашко обвининие против него, ќе биде потсетен дека не е само Америка на светов).

Фрапантната сума од 1,3 милијарди долари е постигната на веќе виден начин, со договор кој вели дека конечната цена ќе биде утврдена откако сè ќе биде завршено, што остава простор за безброј анекси на договорот.

„Никој не беше против пат, ама беше против начинот на кој беше договорен и изграден. Можевме да имаме и убав пат и да ни останат пари за здравство и образование“, вели Љумир Абдиџику, извршен директор на Риинвест институтот за развојни истражувања во Приштина.

Според некои протечени делови од договорот, во него има навистина бесрамни ставки: на пример се предвидуваат 53 милиони долари за пренесување на опремата и механизацијата. А таа била на самата граница (со Албанија) бидејќи Бехтел го градел и тој дел од автопатот. Само за преминување на границата - 53 милиони долари.

„Правилото гласи: која држава бомбардира, таа држава после ги добива договорите,“ вели за ФП западен консултант со повеќегодишно искуство од Балканот. Бомбите се скапа работа“.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/po-skandalite-vo-kosovo-romanija-i-hrvatska-behtel-kje-gradi-avtopatishta-i-vo


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Apr-2021 at 08:16
Придобивките и важноста на Коридорот 8 – Рустеми: Ќе влијае врз зголемувањето на трговската размена

[tube]FxnIMowi4pI[/tube]

Пред неколку дена се потпиша договор за изградба на Коридорот 8 со американската компанија Бехтел Енка. На потпишувањето на меморандумот учествуваше и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс. Градежните активности ќе почнат кога ќе се подготви законот кој треба да се усвои во Собрание. Но, кои се придобивките од овој проект!?

Со изградбата на коридорот 8 отворањето нови економски полиња е неизбежно. Економијата на земјата ќе има директна но и индиректна придобивка, од транзитот на камионите меѓу Албанија и Бугарија, се вели во анализата на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Директорот на ЈП „Државни Патишта“, Ејуп Рустеми, вели дека овој коридор има голема важност бидејќи го поврзува Истокот со Западот, со што, како што вели, ќе влијае на зголемувањето на трговијата меѓу соседните држави.

„Коридорот 8 е многу важен бидејќи го поврзува источниот и западниот дел. Кога зборуваме за коридорот 8, зборуваме од Деве Баир на границата со Бугарија до Ќафасан на граница со Албанија. Всушност е врска меѓу Исток и Запад и доколку гледаме, сега имаме активности во целиот коридор 8 и наш приоритет, на Владата и ЈП „Државни патишта“ е целосната изградба на Коридорот 8“, истакна Ејуп Рустеми.

Според анализата на СКСЗМ, Коридорот 8 е важен не само за зголемување на трговската размена меѓу РСМ и Албанија, туку и со Бугарија, која за транспортот на стоки ќе треба го користи овој коридор.

„Со изградба на Коридорот 8, видно се зголемува трговската размена меѓу нашата земја и Албанија, Бугарија и повеќе од тоа“, се вели во анализата на СКСЗМ.

Коридорот 8 треба да се простира од Варна Бугарија до Драч Албанија со целосна должина од 1 350 километри. Рустеми вели дека овој проект ќе биде готов до крајот на 2025. Според СКСЗМ државата може да има значителни приходи од транзитот на возила низ коридорот 8 само од увоз и извоз, неземјаќи го предвид внатрешниот транспорт.

https://mk.tv21.tv/pridobivkite-i-vazhnosta-na-koridorot-8-rustemi-ke-vlijae-vrz-zgolemuvaneto-na-trgovskata-razmena/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Apr-2021 at 17:21
Интервју со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми

Владата склучи меморандум со Бехтел-Енка за изградба на автопати за „Коридорот осум“. Но, меморандумот е потпишан без да се објави меѓународен тендер. Непознат е и критериумот, и процедурата, зошто токму оваа фирма, која градеше патишта во албанија и косово, е одбрана на ваков начин. Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, се уште не се завршени сите детали околу овој договор, а не се знае ниту задолжувањето, ни каматната стапка за патот, кој како што вели Рустеми, ќе се гради според така-наречениот жолт фидик – иста фирма да е и проектант, и изведувач.

[tube]QvIMyuk2XIo[/tube]

%20 - https://telma.com.mk/2021/04/10/интервју-со-директорот-на-јп-за-државн/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 16:27
Невладини алармираат за ризик од корупција во директната зделка со „Бехтел&Енка“

[tube]56l4r3QGon4[/tube]

https://360stepeni.mk/video-nevladini-alarmiraat-za-rizik-od-koruptsija-vo-direktnata-zdelka-so-behtel-enka-za-izgradba-na-avtopati/


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-May-2021 at 18:02
Кога ќе биде готов Kоридорот 8? – Бочварски: Се спрема документацијата за автопатот Гостивар – Кичево

[tube]yn5wTctez1U[/tube]

%20 - https://mk.tv21.tv/koga-ke-bide-gotov-koridorot-8-bochvarski-se-sprema-dokumentatsijata-za-avtopatot-gostivar-kichevo/


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Jul-2021 at 11:30
Владата новите автопати ќе ги гради „по скратена постапка“

Владата новите автопати ќе ги гради „по скратена постапка“

Предлог законот со кој директно без тендер ќе биде ангажиран американско-турскиот конзорциум „Bechtel and Enka JV“ за проектирањето и изградба на Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д. (делница на автопатот Прилеп Битола) ќе се носи по скратена постапка. Не е наведено колку ќе чинат градежните активности на овие паневропски коридори.

Власта преходно во неколку наврати побара поддршка и од опозицијата за овој закон, бидејќи според нив, на овој начин ќе се скратат процедурите и побрзо ќе се изградат делниците. Инаку операторот, како што се вели во законот, најмалку 51 отсто ќе треба да користи од локалните ресурси, а работниците ќе може да работат до 60 часа неделно.

„Врз основа на овој закон, на Стратешкиот партнер му е овозможено да спроведе уникатен процес на изградба на Проектот преку брза метода на планирање, изведба и изградба. Соодветно на тоа, на Стратешкиот партнер му е дозволено да изгради посебни делници од Проектот на одделни делови врз основа на достапните проекти кои ќе му овозможат на Стратешкиот партнер да извршува различни фази на работите пред да се комплетира конечниот дизајн за целиот Проект“, се вели во законското решение.

Според предлог-законот, стратешкиот партнер ќе има поголеми слободи кога станува збор за старт на изградба на делници додека се води процедурата за експропријација на земјиштето, а државните органи ќе бидат задолжени да ги издадат сите потребни и применливи локални лиценци во итна постапка. За некои градежни активности воопшто нема да има потреба „Бехтел“ да ги прибави важечките дозволи и лиценци.

„Релевантните локални власти ќе му помогнат на Стратешкиот партнер во однос на сите прашања кои се релевантни за спроведувањето на Проектот на итен и забрзан начин, вклучително и обезбедување на потребните комунални услуги (како што се вода, снабдување со електрична енергија, и сл.) за имплементација на Проектот. Кога и да биде потребно да се одобрат плановите за управување на сообраќајот за рехабилитација на постоечките делници, таквите одобренија ќе се издаваат без непотребни одлагања.

„Бехтел“ и „Енка“ ќе може да ги користат своите лаборатории за тестирање, а материјалите кои ќе ги увезува нема да биде потребно да бидат локално сертифицирани. Исплатите на договорот ќе бидат извршени во денари или евра.

Операторот ќе биде ослободен од било каква одговорност која произлегува од услугите извршени од страна на проектантите.

https://faktor.mk/vladata-novite-avtopati-kje-gi-gradi-po-skratena-postapka


Posted By: AmyntA
Date Posted: 11-Jul-2021 at 08:46
Корумпирани подопашкари.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 11-Jul-2021 at 11:17
Вака се гради во банана држава.


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Jul-2021 at 10:13
Оваа година ќе започне изградбата на Коридорот 8 – Рустеми: Ќе имаме автопат по европски стандарди

[tube]iU0shSLUhy0[/tube]

Оваа година ќе започне изградбата на коридорот 8 а до крајот на 2025 ќе имаме автопат до граничниот премин Ќафасан, изјави за ТВ21 директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми. Тој верува во работата на компанијата Бехтел и Енка затоа очекува градежните работи да се реализираат во предвидените рокови.

„Сега се отвора патот Владата да формира комитет кој треба да започне преговори со компанијата Бехтел и Енка, за да имаме договор за почеток на работата на овие делници што е предвидено и со законот кој вчера помина во Собранието на Северна Македонија. Врз основа на овој закон се предвидува да се комплетира коридорот 8 почнувајќи од Тетово до Гостивар, бидејќи сегашниот автопат Тетово –Гостивар не ги исполнува условите според европските стандарди“, истакна Ејуп Рустеми.

Рустеми рече дека на овој дел од автопатот и на тие делови каде што има потреба ќе се интервенира со цел тие да ги исполнуваат потребните услови. Но колку ќе чини целиот проект и за колку време ќе се стасува од Скопје до Охрид по завршување на градежните работи?

„Јас не сакам сега да давам проценки за вредноста и за тоа колку ќе чини, но во секој момент граѓаните ќе бидат информирани транспарентно. Ние зборуваме за изградба на автопат на највисоко ниво, по европски стандарди а кога ги имаме предвид европските автопати кои дозволуваат брзина и до 130 км/ч и возејќи со таква брзина, а имајќи ја предвид и безбедноста на учесниците во сообраќајот, јас верувам дека многу брзо граѓаните ќе стигнуваат од Скопје до Охрид“, посочи Ејуп Рустеми.

Автопатот кој треба да ги поврзе Македонија, Бугарија и Албанија, ќе минува од Скопје до Ќафасан. Коридорот 8 е еден од проектите од кој се очекува најмногу да и помогне на економијата во земјава. Директорот Ејуп Рустеми рече дека овој коридор е од голема важност бидејќи ги поврзува Истокот со Западот, со што, како што вели тој, ќе влијае да порастот на трговијата меѓу соседните земји. Според него, домашната економија ќе има директа придобивка но и индиректна, од транзитот на    стоките меѓу Албанија и Бугарија.

%20 - https://mk.tv21.tv/ovaa-godina-ke-zapochne-izgradbata-na-koridorot-8-rustemi-ke-imame-avtopat-po-evropski-standardi/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Sep-2021 at 07:13
Изградбата на автопатот Кичево - Букојчани ќе чини 110 милиони евра, практиканти инклузивно ќе работат на него

Изградбата на автопатот Кичево - Букојчани кон Гостивар на Коридорот 8 во должина од 12,7 километри ќе чини 110 милиони евра, според законотот за гаранција според кој Европската банка за обнова и развој треба да му го даде овој заем на Јавното претпријатие за државни патишта, а за истиот е предложено да се донесе по скратена постапка во Собранието.

Покрај оваа сума, грант е обезбеден и од „Инвестициската рамка за Западен Балкан“ од 19,85 милиони евра, со што вредноста на делницата се очекува да биде околу 130 милиони евра.

„Делницата од европскиот коридор VIII (државен пат А2) од Гостивар до Кичево во моментов е изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои, има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и лошите возно - динамички услови кои се проектирани пред повеќе од 50 години, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки“, се вели во законското образложение за проектот.

Во договорот со ЕБОР ќе биде вклучена и Агенција за вработување, која од регионот каде што ќе се гради овој автопат, кој ќе треба да ги поврзе делумно Кичево и Гостивар, ќе треба да обезбеди 40 невработени практиканти кои инклузивно ќе работат заедно со изведувачот

„Од привремениот износ на Изведувачот ќе му бидат надоместени следните реални трошоци коишто се настанати како резултат на обуката на локацијата (практикантската работа) · Бруто плати и трошоци за 40 лица интегрирани во тимот на Изведувачот. · „Менторски“ ресурси на Изведувачот за да овозможи брза интеграција на практикантите и навремена подготовка на обрасци и документирање на активностите за инклузија, кога тоа е потребно. Изведувачот е должен да осигури дека во текот на целиот период на практикантска работа, сите практиканти ги почитуваат барањата на националното законодавство, а особено во областа на здравјето и безбедноста и трудовото право“, пишува во предлог-законот.

Практикантската работа ќе опфаќа млади луѓе вклучени во градежните сегменти како геодезија, земјени работи, патно инженерство, управување со сообраќајот, проектирање и изградба на градби (тунели, мостови), управување со здравје и безбедност при работа, управување со обезбедување квалитет, машинство и електротехника, управување со проекти и друго.

„Со обуката се очекува младите луѓе да се стекнат со релевантни вештини и практично искуство со цел да им се овозможи пристап до можности за вработување во инфраструктурата, транспортот и другите капитално-интензивни сектори во Северна Македонија. Во овој поглед, времетраењето на обуката (практикантската работа) ќе се разликува врз основа на степенот на образование на кандидатот: · 3 месеци за кандидати со III и IV ниво на образование („средно образование“); и · 12 месеци за кандидати со VI и VII ниво на образование („универзитетска диплома“)“, се додава во предлогот.

Станува збор за продолжување на постојниот автопат E-65. Првата транша ќе биде во износ од 41.700.000 евра, а втората од ЕБОР ќе изнесува 68.300.000 евра. Сите градежни работи на Проектот се очекува да бидат завршени во рок од 48 месеци по доделувањето на првиот договор за градежни работи од секоја транша.

Автопатот, како што е предвидено со претходен закон, се очекува да го гради американско турскиот конзорциум Бехтел и Енка, но за тоа треба да реши Уставниот суд, бидејќи Државната комисија за спречување на корупција виде неусогласувања во изборот на изведувач без преговори со други евентуално заинтересирани страни

https://faktor.mk/izgradbata-na-avtopatot-kichevo---bukojchani-kje-chini-110-milioni-evra-praktikanti-inkluzivno-kje-rabotat-na-nego - https://faktor.mk/izgradbata-na-avtopatot-kichevo---bukojchani-kje-chini-110-milioni-evra-praktikanti-inkluzivno-kje-rabotat-na-nego


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Dec-2021 at 13:00
Обезбедени пари за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево

Македонија може да почне да ја гради првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево по комплетирањето на финансиската конструкција за проектот од 130 милиони евра. По добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), земјава доби кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 110 милиони евра.

Инаку, првата фаза од автопатот Гостивар-Кичево ја вклучува трасата што почнува од Кичево (поврзување со автопатот во градба Кичево-Охрид) до селото Букојчани, долга 12,7 километри. Од Јавното претпријатие за државни патишта за Мета.мк пред една година информираа дека рокот за изведба на овој проект е 36 месеци. Проектната документација за оваа делница веќе е изработена.

„Коридорот 8 е еден од стратешките проекти за нашата инфраструктура, којшто ќе ја направи земјата поконкурентна. Со изградба на патната инфраструтура од Коридорот 8, во РС Македонија ќе се заокружи изградбата на Паневропскиот коридор, значаен за подобра поврзаност на Р С Македонија, Албанија и Бугарија со другите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими по вчерашното потпишување на договорот со ЕБОР.

Автопатот Гостивар-Кичево со должина од 42 километри е планирано да се гради во три фази. Најдалеку во реализацијата се наоѓа трасата од Кичево до Букојчани, за која што во следната етапа ќе треба да се распише меѓународен тендер за избор на изведувач на градежните работи.

Преостанатите две фази од автопатот се Букојчани-Горна Ѓоновица и Горна Ѓоновица-Букојчани, коишто ќе бидат и најтешки за изведба поради планинскиот терен. За втората и третата фаза треба допрва да се изработува проектната документација, но нивните изградба и пуштање во употреба ќе мора да се одвиваат заедно, бидејќи идната траса минува далеку од постојниот магистрален пат Гостивар-Кичево. Ова е и една од причините што Владата на РСМ ги вклучи во пакет овие две фази во планираниот договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за довршување на патните Коридори 8 и 10д.

Влезот на „Бехтел-Енка“ беше најавен во март годинава со потпишувањето на Меморандумот за разбирање и соработка, по што Собранието на РСМ го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот.

Иако Антикорупциската комисија побара од Уставниот суд да ја поништи и стопира примената на специјалниот закон што беше усвоен од Собранието на РСМ, уставните судии кон крајот на годинава не поведоа постапка за оценување на уставноста на овој закон.

Владата месецов информираше дека го формира и Комитетот за преговори и преговарачкиот тим за преговори со „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатите Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан од патниот Коридор 8, како и автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д. Наредната година ќе се знаат многу повеќе детали околу изворите на финансирање, начинот на изградба и роковите за изградба на овие автопатски делници.

https://meta.mk/obezbedeni-pari-za-izgradba-na-prvata-faza-od-avtopatot-gostivar-kichevo - https://meta.mk/obezbedeni-pari-za-izgradba-na-prvata-faza-od-avtopatot-gostivar-kichevo


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 23-Dec-2021 at 18:51
Ги видов цените. Нема повеќе што да се збори. Уште првиот ден кога разбрав дека бехтел ќе гради, се ми стана јасно.

Само незнам овој народ кога ќе се разбуди, кога ќе се крене против сето ова што ни се случува сиве овие годни. Македонецот е првак да кука по интернет за мизерниот живот ама нема сила да излезе да ги бутне овие што во здрав ум не прават будали.

Џабе веќе ќе зборуваме, кога пак нема ништо да се смени.

Кичево - Букојчани 130 милиони евра, за 12,7км автопат.
Почетната цена на 1 километар е 10.23 милиони евра, и ќе се гради едно 3 години на рамничарски предел...


Не ни е никој друг крив, самите ние сме си криви.

Ама ајде, повеќето од Коридорот 8 ќе биде готов до 2027 - 2028 на сметка на овој напатен народ. Толку, повеќе нема што да се каже.

Ајде барем да се надеваме да нема задоцнувања, да не направат никакви грешки од Бехтел што ќе биде mission impossible, знаејки каков хаос имаат направено во Романија.


Posted By: paheta1705
Date Posted: 23-Dec-2021 at 19:53
Не знам колку е валиден во моментов документот подолу, ама нека стои тука за секој случај.

https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/Izvestuvanje-za-namera-avtopat-Gostivar-Kicevo.pdf - Izvestuvanje za namera avtopat Gostivar Kicevo.pdf

https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/Izvestuvanje-za-namera-avtopat-Gostivar-Kicevo.pdf - https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/Izvestuvanje-za-namera-avtopat-Gostivar-Kicevo.pdf


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 01-May-2022 at 10:22
Како што објавив во темата за автопатот од Тетово до Гостивар, ќе објавам и овде.

Подолу ви се сликите кои што успеав да ги сликам од едно од видеата на ДУИ од изборната кампања:
https://ibb.co/9ns2KYk">
https://ibb.co/D8wfmLY">
https://ibb.co/pWswFBY">
Ова се слики, мислам за едната фаза од овој проект. Ако не се грешам тоа е за фазата веднаш после Гостивар. Слободно поправете ме ако грешам.
Видеото го имате подоле, на фејсбук објавено:
https://fb.watch/cK27u1mTQC/
А ова беше пратено од еден член на SkyScraperCity форумот. Обично не гледам и паѓам на такви политички реклами, но оваа пат кога го погледнав видеото ми го привлече вниманието, бидејки ги покажаа плановите и тоа не само за овој автопат, туку и за автопатот од Тетово до Гостивар, и за автопатот од Прилеп до Битола. Кога ќе седнам на компјутер, ќе пробам повтроно да ги сликам да видам дали ќе испаднат во поголема резолуција.

Жално што сеуште ги немаме официјалните планови, а со овој автопат теба да се почне со градба оваа година...


Posted By: Joralemon
Date Posted: 13-Sep-2023 at 18:21
„Бехтел-Енка“ ја почна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе го гради овој автопат, заедно со делниците Тетово-Гостивар, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и 10д


Со минирање на теренот кај гостиварското село Горна Бањица, денеска започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево на Коридорот 8. Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе го гради овој автопат, заедно со делниците Тетово-Гостивар, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и 10д. Трите автопати ќе бидат со должина од 110 километри.

„Со почетокот на градбата на овие автопати почнува нова ера, во која наместо само по 5,8 километри автопат годишно колку што се градеше во изминативе 32 години, во следните 4,7 години ќе се градат по 23 километри автопати годишно“, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Според договорот со „Бехтел-Енка“, изградбата на автопатите Коридорите 8 и 10Д треба да заврши за 4 години и 7 месеци, а истите треба да чинат 1,3 милијарди евра. На сметката на американско-турскиот конзорциум досега се легнати 174,5 милиони евра од предвидените 243 милиони евра за годинава.

http://https://meta.mk/behtel-enka-ja-pochna-izgradbata-na-avtopatot-gostivar-kichevo/ - https://meta.mk/behtel-enka-ja-pochna-izgradbata-na-avtopatot-gostivar-kichevo/


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 27-Sep-2023 at 07:30
Слики од терен? Или повторно си заминале работниците?


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Jan-2024 at 16:21
Месноста Дузлук, што на турски значи рамнина, што се наоѓа во непосредна близина на селото Горна Бањица е меѓу првите локации на кои веќе се започнати градежни работи за изградба на автопатот.



[tube]FJz7mrnheQU[/tube]

https://360stepeni.mk/video-banichkiot-kromid-i-unikatniot-mineral-makedonit-kurban-za-avtopatite-na-behtel-i-enka/ - https://360stepeni.mk/video-banichkiot-kromid-i-unikatniot-mineral-makedonit-kurban-za-avtopatite-na-behtel-i-enka/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Mar-2024 at 18:49
Градежните активности веќе се видливи на терен, а интензивно се врши и експропријација на земјиштето. Изведувачот работи и на проектирање, врши геотехнички и геомеханички истражни работи и, во моментов, работи на неколку позиции на делницата Тетово – Гостивар – Букојчани, односно на делницата Гостивар – Букојчани (прв дел).
Можат да се проследат работи на ископ, на земјените работи за поставување на дробилка, потоа подготвителните активности за поставување на бетонска база и слично. Поодминати активности има и на делницата Тетово – Гостивар.











https://www.facebook.com/drzavnipatista - https://www.facebook.com/drzavnipatista

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window