Print Page | Close Window

Христос Спасителот - Карпош

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Верски
Forum Discription: Цркви, џамии, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3246
Printed Date: 09-Dec-2018 at 22:33


Topic: Христос Спасителот - Карпош
Posted By: kultuzin
Subject: Христос Спасителот - Карпош
Date Posted: 19-Dec-2015 at 15:31
http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/330662-postaven-kamen-temelnik-za-nova-crkva-vo-karpos - http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/330662-postaven-kamen-temelnik-za-nova-crkva-vo-karpos
Од она што може да се види од рендерот одлично изгледа нешто во стил на црквата во центар што се гради.



Replies:
Posted By: kultuzin
Date Posted: 19-Dec-2015 at 15:33

ФОТО: „Христос Спасителот“ – нова црква во Карпош по повеќе години


Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан денеска го освети камен-темелникот на новата црква „Христос Спасителот“, чија градба започна во скопската општина Карпош веднаш до трговскиот центар Сити мол.

19 декември 2015| 15:28




   

crkva1

Во населбите долж булеварот „Партизански одреди“, од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во центарот на главниот град до црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, досега немаше друг храм на МПЦ-ОА.

– На денот на големиот доброчинител Свети Никола верувам чиниме добро дело, започнуваме нов божји дом за доброто на сите. Православните христијани од Карпош со децении го очекуваа овој ден, од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ па се таму до „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров нема храм, нема место за молитва, истакна г.г. Стефан.

crkva5

Поглаварот на МПЦ додаде дека Карпош, која е поголема населба од повеќе градови во Македонија и со доминантно православно христијанско население, немаше храм. Посочи дека во Македонија се градат повеќе нови храмови. Неодамна е почнат храм во Даме Груев, се градат во Аеродром, Ново Лисиче, Ченто и Бутел, а набргу најави тој, ќе почнат уште неколку во населбите каде што недостасуваат сакрални градби.

crkva4

– Колку поблиску до Бога, толку поблиски меѓу себе, а ние очигледно колку сме подалеку од Бога толку сме подалечни меѓу себе. Ако сме блиски на Бога, ако си ја знаеме и живееме, според верата, нема да правиме дела спротивни на заповедите и законите на црквата. Заборавивме дека ако ораме безбожност, ќе жниеме беззаконие. Не можеме да го сакаме Бога, а да ги мразиме луѓето, рече поглаварот на МПЦ-ОА. – Да им се вратиме на верата и на црквата, да бидеме христијани, не само по името, туку и по делата, порача г.г. Стефан.

crkva2

Градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски истакна дека многу често добивал прашања од граѓаните кога ќе се изгради црква за граѓаните од овој дел на градот и им се заблагодари на ктиторот и на сите оние кои помогнале да се изгради црква во овој дел на градот.

crkva3

– Покрај овој свет храм, следната година ќе се стави камен-телемелникот на црквата во Влае, и уште една црква во Козле кај споменикот на Кузман Јосифовски-Питу. Бараме локација за четврти храм на територијата на Карпош 1 и Карпош 2 и со тоа мислиме дека во најголем дел ќе бидат покриени потребите на граѓаните на Општината, изјави Јакимовски кој побара помош и донации за изградба на оваа и на другите цркви и од жителите на населбите.

Ктитор на новата црква е Зоран Антиќ, сопственик на Фешн груп и неговото семејство, а донација за изградба на црквата има и од семејство на македонски иселеници во Австралија.
http://kurir.mk/republika/skopje/foto-hristos-spasitelot-nova-tsrkva-vo-karposh-po-poveke-godini/ - http://kurir.mk/republika/skopje/foto-hristos-spasitelot-nova-tsrkva-vo-karposh-po-poveke-godini/


Posted By: macedonia
Date Posted: 19-Dec-2015 at 17:35
Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сабота, го освети камен-темелникот на новата црква „Христос Спасителот“, чија градба почна во скопската Општина Карпош веднаш до трговскиот центар „Сити мол“.






Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Dec-2015 at 18:54




mia.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: macedonia
Date Posted: 20-Dec-2015 at 22:11


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Dec-2015 at 17:40
Koja firma ja gradi crkvava?


Posted By: Teglarot
Date Posted: 21-Dec-2015 at 19:53
Originally posted by stef4o

Koja firma ja gradi crkvava?


Стевче, па не е твоја ?!


Posted By: Калоян
Date Posted: 21-Dec-2015 at 19:56
Мислам дека во изградбата на нови православни храмови кај нас архитектите треба да се повикуваат на овдешните градителски традиции кои се неспорно ремек дело на византиската архитектура, но очевидно некои луѓе во РМ вече не знаат на кој начин побрзо да и се додворуваат на Русија. Храмов е бледа и жална копија на истоимениот катедрален храм во Москва кој беше разрушен по наредба на Сталин за на негово место да се изгради Палата на Советите па после падот на СССР е востановен и денес е најголемата православна црква на светот. Иначе Цар Николај Први барал храмот да се изработи по подобие на Св. Софија во Константинопол, поентата е, во случајов за вдахновение е земена градба која веќе на некој начин по својата суштина е “копија“ на нешто друго!? Зошто како инспирација не е земен еве на пример Јован Канео, Св. Наум и сл. Дури и името на цркава е исто, добро што куполите не се во форма на кромид


Posted By: fichot
Date Posted: 21-Dec-2015 at 22:17
Originally posted by stef4o

Koja firma ja gradi crkvava?



МПЦ?


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jan-2016 at 20:16
Pred nekoj den pominav nesto se betonirase megutoa ne uspeav da sliknam,ako moze nekoj neka slika.


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Jan-2016 at 17:24
Штрчат некои арматури над тарабите.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2016 at 20:52
Aj nekoj ako moze neka stai nekoja fotka posto ja retko pominuvam nataka.


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Nov-2016 at 16:09
Sto bidna so crkvava,nemame nikakva informacija se gradi li? Veke skoro edna godina od najavite.


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jun-2017 at 15:29
Ја мислев дека се гради а тие воопшто и не почнале.Изгледа Карпош ќе почека уште за да се изгради црквава.

Весковски: Јакимовски со лажни ветувања за изградба на цркви

Душко Весковски, претседателот на ОО СДСМ - Карпош, денеска во обраќање за медиумите ги посочи неисполнетите ветувања на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за изградба на црквата „Христос Спасителот“ и за цркви во населбите Влае, Козле, Карпош 1 и 2.„На ова место, веднаш зад трговскиот центар Скопје Сити Мол, во 2015 година градоначалникот во заминување Стевчо Јакимовски ја започна со градба и го постави камен - темелникот на долгонајавуваната црква „Христос Спасителот“. Иако оттогаш поминаа повеќе од 18 месеци, овде нема никаква градежна активност.“ - изјави Весковски, посочувајќи на шутот и обраснатата трева кои сведочат за, како што рече, уште едно лажно ветување на Јакимовски.
„Освен овде, Јакимовски ветуваше изградба на верски храмови и во населбите Козле, Влае, Карпош 1 и 2, но до денес, ниту на тие локации нема никакви градежни активности.“ - вели Весковски.

http://www.vesti.mk/read/news/13432080/4630440/veskovski-jakimovski-so-lazhni-vetuvanja


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Aug-2017 at 19:23
Izgradbata konecno prodolzi. Izveduvac e Rapid Bild Kumanovo.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Nov-2017 at 14:38
Denes minuvav pored gradilisteto i zabelezav deka crkvava veke prilicno ja izgidnale no ne bev vo moznost da sliknam. Dokolku nekoj pocesto minuva natamu neka napravi nekolku fotki.


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Dec-2017 at 19:35


-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Jan-2018 at 11:14
Црквава е малце тешка за фотографирање поради многуте дрва,ќе треба да почекаме да оди во висина па потоа може да се направат подобри фотки.Еве две денешни,има мал напредок.





Posted By: mirakuliks
Date Posted: 08-Jan-2018 at 01:21
Ова е на раскрсницата на Илинденска со Љубљанска?


Posted By: Мартин
Date Posted: 08-Jan-2018 at 03:27
Originally posted by mirakuliks

Ова е на раскрсницата на Илинденска со Љубљанска?
Да, токму таму.


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Mar-2018 at 11:43
Неколку денешни







Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Apr-2018 at 18:25


-------------
За сè има вторпат


Posted By: macedonia
Date Posted: 26-Jun-2018 at 18:32
од почетокот на јуни



Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Jul-2018 at 16:13
Се работи на камбаната







-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Aug-2018 at 13:58
Фоткава е од фб профилот на Елена Лука Хоум чиј што комплекс Twins се гради наспроти црквата.



Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Oct-2018 at 17:58
Сликано одзади, камбанаријата е целосно изградена, но од овој агол не се гледа.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Nov-2018 at 19:00
Сликано со мобилен, денес.



-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window