Print Page | Close Window

Skopje City Garden (Скопје Сити Гарден)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3261
Printed Date: 17-Nov-2018 at 14:04


Topic: Skopje City Garden (Скопје Сити Гарден)
Posted By: Џоле
Subject: Skopje City Garden (Скопје Сити Гарден)
Date Posted: 01-Feb-2016 at 15:21
Веднаш до City Tower, т.е. меѓу кулата и новата административна зграда на ПроКредит Банка во Карпош.



-------------
За сè има вторпат



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Feb-2016 at 15:27
Скопје добива нов интересен проект - станбен комплекс во кој акцентот е ставен и на зеленилото. Бидејќи проектот е на самиот почеток, мислам дека е добро да има сопствена нишка каде ќе се води диксусија и ќе се објавуваат фотографии.

Линк до страницата на компанијата што го гради

http://www.zsf.com.mk/ - http://www.zsf.com.mk/


-------------
За сè има вторпат


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 02-Feb-2016 at 00:21
Не испадна лошо тоа катче околу Партизан......на времето беше само празна нива, со две три трошни куќарки.


Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Feb-2016 at 02:01
би сакал да се радувам на вакви убави проекти што конечно ја носат архитектурата во права насока, кога веќе ете не не бивало да бидеме експериментални и храбри

само што, знам од старт што ќе се случи со половина од тие тераси и висечки градини, ако не се внимава на кого ќе припаднат и што е законски дозволено да прави со нив

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: fichot
Date Posted: 02-Feb-2016 at 02:05
Интересно и современо изгледа. Да видиме што ќе испадне. Портфолиото им е тро тнко и неимпресивно.


Posted By: ZSF KOM Dooel
Date Posted: 10-Feb-2016 at 15:50
Почитувани,
најпрво сакаме да истакнеме дека ни е драго што се отворила дискусија за нашиот најнов проект за станбено-деловниот комплекс "Skopje City Garden". Комплексот е составен од 3 обејкти, меѓусебно поврзани со тераси, кои се наменети за индивидуални зелени градиини. Мотото за овој комплекс е " Живот во зеленило, за доброто на сите нас...". Понесени од целокупната функција и благодетите што со себе ги носи зеленилото, ЗСФ КОМ смело одлучи да го внесе зeленилото во домовите на нашите клиенти. Комплексот нуди над 400 станови, започнувајќи од гарсоњери до четворособни, атрактивни станови со индивидуални градини/тераси. Во однос на квадратура становите се движат од 28м2-180м2. Комплексот ќе располага и со деловен простор над 3000м2, додека планирани се и две подземни нивоа со паркинг места, остави и придружни единици. Нашата интернет страна е во изработка, акцентот на неа моментално е даден на најновиот комплекс и зато недостасуваат податоци. Повелете и на саемот за градежништво на 1ви март оваа година, да се запознаете со целокупната идеја и реализацијата на комплексот. Активно ја работиме и нашата FB страна.


Posted By: ZSF KOM Dooel
Date Posted: 10-Feb-2016 at 16:06
https://www.facebook.com/ZSFKom/


Posted By: ZSF KOM Dooel
Date Posted: 10-Feb-2016 at 16:19


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Feb-2016 at 17:10
Не разбирам, па нели во таа локација почнаа радежните работи за црква??


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 10-Feb-2016 at 17:27
Ме интересира кој вид на дрво ќе биде поставен, и како тоа ќе се изведе, имајќи во предвид дека потребна е почва и одредена длабочина за корените, во зависно секако од видот на дрво, затоа и прашувам.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: ZSF KOM Dooel
Date Posted: 10-Feb-2016 at 18:11
Градежните работи се започнати на локацијата која излегува на улица "Манапо", веднаш после паркингот на кулата "Skopje City Tower". Локацијата со црквата се наоѓа западно од нас. Нашиот комплекс се наоѓа меѓу објектот на ПроКредит банка и кулата.

Што се однесува до хортикултурното уредување на комплексот, ангажирани се стручњаци од таа област, кои внимателно ги одбираат видовите на зеленило. Само за информација, високото зеленило нема да биде засадено во почва која е распоредена во конструктивен детал со самата,терасна конструкција, односно во директна поврзаност со конструкцијата, во случајот со конструктивните, носиви плочи. Високото зеленило е планирано да биде засадено во жардинерии, кои би биле пред се мобилни и лесни за одржување. Се разбира на сметка на тежината на самите дрвја, нивната почва и самите жардинерии, водена е сметка во статиката на проектот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Feb-2016 at 01:32
Originally posted by FoSsiL

Ме интересира кој вид на дрво ќе биде поставен, и како тоа ќе се изведе, имајќи во предвид дека потребна е почва и одредена длабочина за корените, во зависно секако од видот на дрво, затоа и прашувам.
не мора да бидат којзнае какви дрва
јас кај мене на тераса имам мали борчиња па супер си живеат и во саксија, а не па една поголема жардиниера да имаш вметната во самата платформа на терасата

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: xnx
Date Posted: 11-Feb-2016 at 11:59
interesno.. ke vidime sto ke ispadne


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 11-Feb-2016 at 12:16
Би било поинтересно доколку црните делови од фасадата се заменат со црвена фасадна тула. Но и вака не изгледа лошо, се надевам дека финалниот продукт ќе остане доследен на прикажаното.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ZSF KOM Dooel
Date Posted: 11-Feb-2016 at 13:10
Секогаш сме останувале доследни на предвиденото и прикажаното. Најголем доказ за тоа е нашиот последен деловно-станбен објект "ПАРТИЗАНСКА", од 3D визуализација до финална изведба. "Skopje City Garden" e нов предизвик за нас, доста комплексен и истовремено современ со својата содржина, затоа максимално работиме за изведба која ќе биде доследна на прикажаното.


Posted By: xnx
Date Posted: 11-Feb-2016 at 13:18
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2870&PN=3
eve link od diskusiite za predhodniot objekt na ZSF
inaku proektov, kako i na toj na partizanska e na GMS proekt (San Marco-komercijalna banka, Bonimi, katna garaza Smilevski kongres, Kozara, Kino Karpos, DON, DM, Tetris i drugi)


Posted By: team17
Date Posted: 11-Feb-2016 at 13:44
Se nadevam deka nema da ja zeznat so PVC prozori. Bonimi i Kozara izgledaat top so aluminiumskite.


Posted By: hcitrS
Date Posted: 11-Feb-2016 at 13:47
Originally posted by ZSF KOM Dooel

Секогаш сме останувале доследни на предвиденото и прикажаното. Најголем доказ за тоа е нашиот последен деловно-станбен објект "ПАРТИЗАНСКА", од 3D визуализација до финална изведба. "Skopje City Garden" e нов предизвик за нас, доста комплексен и истовремено современ со својата содржина, затоа максимално работиме за изведба која ќе биде доследна на прикажаното.


Па, скоро... Освен што на Партизанска се појави спрат плус и никна поткровјиште. Ситница.


Posted By: xnx
Date Posted: 11-Feb-2016 at 14:17
ako vo meguvreme se smenil planot i dozvolila opstinata uste eden kat i potkrovje, normalno deka sekoj investitor ke go iskoristi toa. bitno e nadvoresniot izgled ne e unisten.
sega go vidov renderot, potkrovjeto go ima i na nego. dodaden e kat plus sto nikako ne ja menuva fasadata


Posted By: hcitrS
Date Posted: 11-Feb-2016 at 15:43
Да не се лажиме, објектот не го прави само бојата на фасадата. За македонски услови е доста задоволителна сличноста со рендерот, но чудовишното поткровје и габаритот на зградата бегаат многу.

Без замерки, и онка не се ни надевам дека во МК ќе гледам добар проект повеќе од 1-2 пати годишно...


Posted By: xnx
Date Posted: 11-Feb-2016 at 16:40
edinstvena razlika so renderot se eden kat plus, tipot na ogradata i bojata na prozorcite. gabaritot i potkrovjeto se isti ko na renderot


Posted By: zlatko_k
Date Posted: 12-Feb-2016 at 08:13
Originally posted by xnx

edinstvena razlika so renderot se eden kat plus, tipot na ogradata i bojata na prozorcite. gabaritot i potkrovjeto se isti ko na renderot


јас што сум лаик, па гледам дека завршеното поткровје врска нема со рендерот...


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Mar-2016 at 16:54
Има напредок во градежните работи... Патем, со зградава овде ќе се заокружи една целина и целиот блок со Сити Мол, со новата зграда на ПроКредит банка и Скопје Сити Гарден ќе изгледа убаво и модерно.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 12-Mar-2016 at 16:58
Има доволна оддалеченост помеѓу објективе?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Mar-2016 at 17:19
Отприлика некои десет метри, можеби и повеќе. Поради аголот на фотографијава се чини дека нема многу простор.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 12-Mar-2016 at 21:50
до него има уште еден објект ,моментално се градат темелите или првиот подземен кат...


Posted By: alexsend
Date Posted: 13-Mar-2016 at 15:19
Истиот комплекс е, мислам дека се 3 згради една до друга

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-May-2016 at 18:12




-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Jun-2016 at 10:44
Денешна фотка.


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Aug-2016 at 12:08




-------------
За сè има вторпат


Posted By: alexsend
Date Posted: 16-Aug-2016 at 18:46
На овие и Адора може да им подзавиди во кревање катови...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Aug-2016 at 19:50
Колку катови треба да има? Оди кон 13


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 16-Aug-2016 at 20:42
На рендерот на претходната страница избројав 9 на понискиот и 16 на повисокиот.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Sep-2016 at 17:39
За да се добие впечаток за колкав комплекс станува збор:





-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Oct-2016 at 13:36
Денешна фотка.


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Nov-2016 at 12:33


од ЅЅС

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 18-Nov-2016 at 13:59
Ова се монструозни чудовишта што ги одобрува Општина Карпош и Јакимовски со измена на урбанистичките планови. Гнасно е тоа што им се случува на населбите од Карпош 1 до 4, заедно со Тафталиџе. Само да напоменам дека 20 и 25 катници се предвидени спроти Воена болница. Ненормално!


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Nov-2016 at 18:01
Една денешна...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: ja_licno
Date Posted: 19-Nov-2016 at 23:18
Originally posted by BOJAN

Ова се монструозни чудовишта што ги одобрува Општина Карпош и Јакимовски со измена на урбанистичките планови. Гнасно е тоа што им се случува на населбите од Карпош 1 до 4, заедно со Тафталиџе. Само да напоменам дека 20 и 25 катници се предвидени спроти Воена болница. Ненормално!


Не ми е јасна твојава логика.Дали со закон е забрането?И до колку ката е дозволено да се гради во овој дел на Скопје?


Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Nov-2016 at 10:48
Originally posted by ja_licno

Originally posted by BOJAN

Ова се монструозни чудовишта што ги одобрува Општина Карпош и Јакимовски со измена на урбанистичките планови. Гнасно е тоа што им се случува на населбите од Карпош 1 до 4, заедно со Тафталиџе. Само да напоменам дека 20 и 25 катници се предвидени спроти Воена болница. Ненормално!


Не ми е јасна твојава логика.Дали со закон е забрането?И до колку ката е дозволено да се гради во овој дел на Скопје?


ja_licno ништо не е забрането. Само треба да се земе во предвид мислењето на граѓаните на населбите во кои се градат овие монструми. А граѓаните се јасни, нивните населби се урбанистички комплетирани зони уште пред неколку децении наназад. Ако сака некој да гради згради, тоа може да го прави на други локации во Општина Карпош, па и во Скопје.

Поентата е дека овде се работи за пореметено ниво на лакомост. Ако не се лажеме, сите знаеме како оди донесувањето на урбанистички планови, особено сегментите за станбени згради, низ скопските општини. Ова што Стефчо од Општина Карпош го прави со овие 20, 25-катници е рамно на злочин.
-Злочин врз чистиот воздух и врз единственото и најчесто струење на воздухот од Скопје во зимскиот период (Качаник)
-Злочин врз зелените површини, на кои сега се удира и во Општина Карпош
-Обесправување на граѓаните со правото на нивно користење на паркинг
-Создавање на сообраќаен метеж
или севкупно земено, уништување на квалитетот на живот на граѓаните на Карпош!


Posted By: Robbi-MKD
Date Posted: 20-Nov-2016 at 11:20
Originally posted by BOJAN

Originally posted by ja_licno

Originally posted by BOJAN

Ова се монструозни чудовишта што ги одобрува Општина Карпош и Јакимовски со измена на урбанистичките планови. Гнасно е тоа што им се случува на населбите од Карпош 1 до 4, заедно со Тафталиџе. Само да напоменам дека 20 и 25 катници се предвидени спроти Воена болница. Ненормално!


Не ми е јасна твојава логика.Дали со закон е забрането?И до колку ката е дозволено да се гради во овој дел на Скопје?


ja_licno ништо не е забрането. Само треба да се земе во предвид мислењето на граѓаните на населбите во кои се градат овие монструми. А граѓаните се јасни, нивните населби се урбанистички комплетирани зони уште пред неколку децении наназад. Ако сака некој да гради згради, тоа може да го прави на други локации во Општина Карпош, па и во Скопје.

Поентата е дека овде се работи за пореметено ниво на лакомост. Ако не се лажеме, сите знаеме како оди донесувањето на урбанистички планови, особено сегментите за станбени згради, низ скопските општини. Ова што Стефчо од Општина Карпош го прави со овие 20, 25-катници е рамно на злочин.
-Злочин врз чистиот воздух и врз единственото и најчесто струење на воздухот од Скопје во зимскиот период (Качаник)
-Злочин врз зелените површини, на кои сега се удира и во Општина Карпош
-Обесправување на граѓаните со правото на нивно користење на паркинг
-Создавање на сообраќаен метеж
или севкупно земено, уништување на квалитетот на живот на граѓаните на Карпош!


Не те сваќам...
- За каква зелена површина зборуваш, јас како што знам таа парцела од секогаш била запуштена со ѓубре, гранки, отпад
- Bо нејзина непосредна близина го имаш „Скај Сити„ и долж илинденска повеќе згради со 10+
- Какво „обесправеност„ на некакви си граѓани за паркинг места, што има тоа врска со овој објект? Овој си има свои тиа си имат нивни!

„злочин„? мислиш на злосторство...учиме македонски! Big%20smile


-------------
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Nov-2016 at 20:33
И јас колку што се сеќавам тоа место беше запуштена полјана, обрасната со грмушки. Со изградбата на оваа зграда се добива една смислена целина, заедно со Сити Мол, со новата зграда на ПроКредит Банка и со новата црква што е планирана тука некаде. А со својата висина на некој начин ќе парира на City Tower, која испадна големо естетско разочарување, барем за мене.

Еве уште една вчерашна фотка:

https://flic.kr/p/PpqF9p"> https://flic.kr/p/PpqF9p - Skopje / Скопје by https://www.flickr.com/photos/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Nov-2016 at 18:08
ако некое место е запуштена полјана, не значи дека треба да ја наполниме таа полјана со огромни објекти, има многу начини... најлошо е кога тие објекти треба да бидат станбени и кога населбата се преоптеретува со нови жители... додека сеуште не е најдено решение да се справиме со проблемите кои ги имаат станбените простори низ градов, ние го трупаме под земја со се повеќе и повеќе со обични, назадни транзициони станбени кокошарници

еве Карпош 1,2 и 3 се населби каде што нема некој поголем централен парк, зошто на пример на оваа локација не се офроми парк која ќе беше добро надополнување на јавен простор со Сити мол... истото важи и за целиот појас од кеј до Илинденска и од Влае до СЦ Борис Трајковски што отсекогаш бил предвиден да биде парк

исто така, објектите кои се градат се неверојатно збиени еден до друг, а се масивни, од толкави простори, мора да ги зипуваат така нели?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Robbi-MKD
Date Posted: 21-Nov-2016 at 21:25
Mislam deka treba da razbereme deka Skopje ima nedostatok na stanovi, koi ne se gradele so decenii, i imalo deficit na istite...
Skopje kako glaven grad  mislam deka do prva ke se razviva i ke se shiri, taka da i mene ne mi se dopagaat nasekade zgradi, kuci, objekti ama toa e patot po koj ke ode Skopje vo idnina kako glaven grad...Od prva i namene mi izgleda zgradata nekako zbiena, da vidime kako ke ispadne koga ke bide finishirana pa da sudime.


-------------
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!


Posted By: BOJAN
Date Posted: 21-Nov-2016 at 23:45
Највредното нешто во еден град е празниот јавен простор. Без разлика дали е парк, плоштад, игралиште итн. итн., тоа е местото каде што се гради урбаното ткиво на граѓаните кои живеат во околината. Ако вие секоја можна парцела (дури и да не е средена, побогу, и Кејот на Вардар е претворен во депонија, па мора да значи дека и таму згради треба да се градат) ја направите во станбена зграда, вие не сте какафонија од зградетини.

Па така, секоја нова зграда изградена по плановите на општината го руши комодитетот и можноста за урбано живеење на претходната. Во нормален свет има нешто што се вика урбанистички комплетирана населба. Ниво на развој на одржливост на местото кое е достигнато. Секое ново издигнување на нови објекти во тој простор носи само проблеми за жителите.

Конкретно, за овој објект (не знам колку ката ќе излезат!), проблемот е што ја руши од темел архитектонската препознатливост на „ПроКредит Банка“. Од друга страна, самиот објект на банката по ништо не личи на онаа висококатница во зелена боја изградена до „Сити мол“.

На крајот, би сакал да напоменам дека на Скопје не му требаат нови згради. На Скопје му требаат помалку згради. Згрозен сум од намерата на Општина Карпош да насее нови 15, 20, 25-катници низ населбата. Пак ќе повторам, отровот што го дишеме е делумно резултат на изградбата на цела серија вакви објекти низ градот во минатото.


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Nov-2016 at 01:39
Originally posted by Robbi-MKD


Mislam deka treba da razbereme deka Skopje ima nedostatok na stanovi, koi ne se gradele so decenii, i imalo deficit na istite...Skopje kako glaven grad  mislam deka do prva ke se razviva i ke se shiri, taka da i mene ne mi se dopagaat nasekade zgradi, kuci, objekti ama toa e patot po koj ke ode Skopje vo idnina kako glaven grad...Od prva i namene mi izgleda zgradata nekako zbiena, da vidime kako ke ispadne koga ke bide finishirana pa da sudime.
како успеа да заклучиш дека има дефицит од станови? според цената?
ок тука може и да се согласам со тебе, ама сетоа тоа е резултат на поширока политика... ја би рекол дека Скопје нема дефицит ос резиденцијален простор, туку дека премногу брзо се трупа со жители кои не може да ги издржи економски, сообраќајно и резиденцијално... не викам дека не треба да се шири, ама тоа што се случува е премногу рапидно и хаотично, а не се превзема ништо во врска со тоа

дури и да речеме еве, дека имало дефицит, дали е во ред тие станови да се градат во веќе плански оформени населби и во центарот на градот, или во предградија со простор за секаква секојдневна активност и рекреација, доволно паркинг места, комерцијални содржини со свој доволен простор, всушност онака како што се направени Аеродром и Карпош?
никаде не пишува дека дефицит на станови се надоградува со некој масивен 10+ ката кокошарник со пет влеза... само се уназадуваме постојано

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Robbi-MKD
Date Posted: 23-Nov-2016 at 20:39
@Zabegan 
Kako zakluciv?
Po oglasite za nedviznosti i cenite za koi se prodavaa stari amortizirani stanov za nerealni visoki ceni!
Zarem mislish deka investitorite pred da investiraat ja nemat ispitano situacijata, koga pri tolku izgradeni nedviznini cenite na stanovite padnaa minimalno, ima prostor za uste!
Pobaruvackata i ponudata go dirigiraat pazarot!


-------------
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Nov-2016 at 23:11
Originally posted by Robbi-MKD

@Zabegan  Kako zakluciv? Po oglasite za nedviznosti i cenite za koi se prodavaa stari amortizirani stanov za nerealni visoki ceni! Zarem mislish deka investitorite pred da investiraat ja nemat ispitano situacijata, koga pri tolku izgradeni nedviznini cenite na stanovite padnaa minimalno, ima prostor za uste! Pobaruvackata i ponudata go dirigiraat pazarot!
епа како тоа цените воопшто не паѓаат а бројот на станови е три пати поголем од оној пред 20 години? ...цената е многу ирелевантен фактор во дискусијава ако знаеме дека нема никаква врска со ништо и се пумпа безвезе во многу случаи
побарувачка има, ама тоа не значи дека има недостиг од станови... кој ги купува тие станови и за што се користат? дали ако еден човек купи пет стана и манипулира со нив чисто како имот, тоа значи дека има недостиг?

и зошто би имало толку многу нови луѓе во градов на кои им е потребно сместување а наталитетот не е нешто посебно зголемен?
пак е тоа поширока политика, пазарот може да се стимулира и да се среди доколку некој би сакал да го направи тоа... пак ќе речам Скопје нема недостиг од било што, туку се форсира и се трупа со многу граѓани кои не може да ги издржи со неговата моментална состојба, ако веќе збориме за потребен простор... сето тоа е злоупотребено од приватници на кои им паднала секирата во мед... епа сега Скопје да си цркне нели?

и уште еден битен фактор каде што профитираат инвеститорите, е што многу луѓе се префрлаат во нивните станови поради подобриот квалитет, организација и фактот што се е ганц ново, и без никаква анализа на пазар тука имаш профит...
и тоа можеше да биде регулирано од државата/градот, кога веќе станарите од една згрда се доволно стоки да не знаат да соработуваат меѓусебно за заеднички цели

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 23-Nov-2016 at 23:49
Кој не сака згради нека си оди в село, таму ливада ќе имаш. Не разбирам што е лошо тука баш убаво се урбанизира комплетно тој дел. Да се надеваме дека ќе расти до 25 катови.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 24-Nov-2016 at 01:07
Проблемот е во тоа што инфраструктурата што ги подржува тие згради не се развива и гради паралелно со изградбата на зградите. И тука се создава јаз кој резултира со станарите на тие станови да не ја имаат истата или сличната пристапност и квалитет на инфраструктура како во претходно спомантите плански населби.


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Nov-2016 at 01:17
Originally posted by my Macedonia

Кој не сака згради нека си оди в село, таму ливада ќе имаш. Не разбирам што е лошо тука баш убаво се урбанизира комплетно тој дел. Да се надеваме дека ќе расти до 25 катови.
а некој негде рече дека сака да има диви ливади и ѓубришта во урбани средини?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexsend
Date Posted: 25-Nov-2016 at 19:40
А токлку многу простор има Скопје за ШИРЕЊЕ, малку треба само памет

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Robbi-MKD
Date Posted: 25-Nov-2016 at 20:18
@ my Macedonia  тоа и ми беше поентата во предходните постови, сакат да живеат во главен град, а да имаат услови како на село!

-------------
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Nov-2016 at 23:55
Originally posted by alexsend

А токлку многу простор има Скопје за ШИРЕЊЕ, малку треба само памет


Памет и приватен капитал не одат во иста реченица.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: hcitrS
Date Posted: 26-Nov-2016 at 00:33
Originally posted by Robbi-MKD

сакат да живеат во главен град, а да имаат услови како на село!



Овој дел од твојот пост е буквално максимата по која тргнаа/сакаат да тргнат сите градови на западот. Меѓу другото и во Германија.


Posted By: alexsend
Date Posted: 26-Nov-2016 at 18:34
Originally posted by Џоле

Originally posted by alexsend

А токлку многу простор има Скопје за ШИРЕЊЕ, малку треба само памет


Памет и приватен капитал не одат во иста реченица.


Не мора да си во центар ако до таму стигаш за неколку минути. Се што треба е Градот да повлече потег. А тие потези не им се влечат...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: fichot
Date Posted: 27-Nov-2016 at 02:47
Лично не ми пречи средувањето баш на овој простор, ама ме мачи мислата дека со згради сакаат да го пополнат и просторот помеѓу Илинденска и реката (за кој што се сеќавам на многу убави планови за паркови уште од раните 90ти).



Posted By: Robbi-MKD
Date Posted: 27-Nov-2016 at 11:16
Originally posted by hcitrS

Originally posted by Robbi-MKD

сакат да живеат во главен град, а да имаат услови како на село!



Овој дел од твојот пост е буквално максимата по која тргнаа/сакаат да тргнат сите градови на западот. Меѓу другото и во Германија.


Незнам на кои западноевропски земји мислиш...
За Германија и Австрија можам да ти потврдам дека еколошката свест (работат на тоа децении наназад) им е најразвиена во споредба на другите западноевропски земји и пошироко токму заради проблемите што ги имаа и имаат со загаденоста на градовите и централните градски подрачја, така да како решение воведоа еколошки семафори за влез во истите (колку тоа е ефективно е друга работа), екстра висок данок за дизел возила, има селектирање на отпад 20 год наназад итн итн ...али тоа е друга тема!

Последните 10-тина години има тренд на исселување од градовите (на оние побогатите) во предградијата и селата на градовите, ама не станува збор за воспоставување на „селски услови„ во нив градовите што е и просто невозможно! Thumbs%20Up


-------------
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!


Posted By: hcitrS
Date Posted: 27-Nov-2016 at 21:32
Не си глуп кога нешто незнаеш туку кога се правиш дека не знаеш!


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Dec-2016 at 17:18
Еве до каде се стигнати(превземено од фб страната на ЗСФ КОМ)














Posted By: Bojan10
Date Posted: 28-Dec-2016 at 18:06
Skopje City Garden
Skopje City Golubarnik боље.

Градски голубарник треба да го крстиме.

-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 29-Dec-2016 at 13:13
Стварно без врска го направија цел кварт. Подобро да проектираа една 50-катница со City mall на првите катови и паркови наоколу. Вака излезе Реонски центар 2.


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Feb-2017 at 20:41






-------------
За сè има вторпат


Posted By: Bojan10
Date Posted: 26-Feb-2017 at 20:42
Логично решение. Скопје е загадено, се иде у висина.

-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-May-2017 at 22:19
Неколку денешни...







-------------
За сè има вторпат


Posted By: anonimen
Date Posted: 06-Aug-2017 at 10:59


https://photos.google.com/photo/AF1QipMdvz15UaVWqwkJdg629rk2sEu4ZvfAyd8Ixvwy


Posted By: anonimen
Date Posted: 06-Aug-2017 at 11:01


https://photos.google.com/photo/AF1QipPs6Ampy8DCU0tZBKD4t1HlhBS5gNx71f0JjRZ0


Posted By: anonimen
Date Posted: 06-Aug-2017 at 11:28
Ako moze nekoj neka gi upload-ira fotografiite bidejki ne uspeav od android tablet


Posted By: daci92
Date Posted: 06-Aug-2017 at 20:46
Овие фотографии не постојат, барем според линковите кој си ги оставил.


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Aug-2017 at 20:50
Комплексов има потенцијал да биде нешто добро. Од нивната фејсбук страница:









https://www.facebook.com/ZSFKom/ - https://www.facebook.com/ZSFKom/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: anonimen
Date Posted: 06-Aug-2017 at 22:20


Posted By: anonimen
Date Posted: 06-Aug-2017 at 22:23


Posted By: anonimen
Date Posted: 06-Aug-2017 at 22:26


Posted By: anonimen
Date Posted: 06-Aug-2017 at 22:27


Posted By: zlatko_k
Date Posted: 07-Aug-2017 at 08:22
многу ме интересира каде ќе ги засадат зеленилото и дрвјата што им се на рендерот?


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Aug-2017 at 09:03
Интересно делуваат балконите но немораа да одат до толку во висина. Само незнам од што материјал се изработени балконите ми делува на некаква пластика. Се надевам дека и зеленилото ќе биде доста застапено.


Posted By: anonimen
Date Posted: 07-Aug-2017 at 16:50
Balkonite spored vizuelniot izgled od nadvor se etalbond "aluminium" so vnatresni zelezni profili od vnatresnata strana. Vo odnos na zeleniloto postoi moznost da se postavi no sepak toa ke bide odgovornost na stanarite kolku ke se grizat za drvceto vo nivniot balkon. Dzabe e zelenilo ako stanarite go zapostavat.


Posted By: anonimen
Date Posted: 20-Aug-2017 at 18:45


Posted By: xnx
Date Posted: 08-Sep-2017 at 22:32
veoma vrlo interesno


Posted By: Albertos
Date Posted: 08-Oct-2017 at 03:54
Луѓе дали знае некој по која цена се движи квадрат во сити гарден. Конкретно овие од 48м2 и кога би биле готови ?


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Oct-2017 at 19:55
Originally posted by Albertos


Луѓе дали знае некој по која цена се движи квадрат во сити гарден. Конкретно овие од 48м2 и кога би биле готови ?


Види на нивната фејсбук или интернет страница, обично таму имаат телефони за контакт.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Oct-2017 at 10:10
Од фејсбук страницата на ZSFKom







-------------
За сè има вторпат


Posted By: xnx
Date Posted: 28-Oct-2017 at 12:12
interesno skroz


Posted By: alexsend
Date Posted: 28-Oct-2017 at 14:16
Таман ќе може да се ѕиркаат од терасите Седиш на тераса и над тебе виси некој ти прави друштво А и деца може да си подаваат со топка исто така интересно.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Nov-2017 at 18:38
Неколку денешни фотки...
















-------------
За сè има вторпат


Posted By: alexsend
Date Posted: 18-Nov-2017 at 19:53
И совршена за паркур
Но убава фасада во секој случај.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Dec-2017 at 19:21
Денешни...










-------------
За сè има вторпат


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 10-Dec-2017 at 20:10
Овде ко ќе напукат, Косово и остала „популација“ ќе биде „весело“

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: hcitrS
Date Posted: 11-Dec-2017 at 00:49
Originally posted by Obedineta Makedonija

Овде ко ќе напукат, Косово и остала „популација“ ќе биде „весело“

fail


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Dec-2017 at 00:55
Originally posted by Obedineta Makedonija

Овде ко ќе напукат, Косово и остала „популација“ ќе биде „весело“


Кај живееш ? Да си знаеш дека комшија ќе ти бидам, секако куќата ќе има голем орел а би имал и голем надписник со Kosova e Shqipëri хаха. Што ти направија тебе сега албанците? Ако мислиш дека патриот си ќе ти кажам дека воопшто не си.


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 11-Dec-2017 at 01:18
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by Obedineta Makedonija

Овде ко ќе напукат, Косово и остала „популација“ ќе биде „весело“


Кај живееш ? Да си знаеш дека комшија ќе ти бидам, секако куќата ќе има голем орел а би имал и голем надписник со Kosova e Shqipëri хаха. Што ти направија тебе сега албанците? Ако мислиш дека патриот си ќе ти кажам дека воопшто не си.


Против албанците немам ништо, против радикалите - многу, а и никаде не спомнав радикали, се извинувам ако те навредив или се самонавреди, немав таква намера верувај!

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Jan-2018 at 22:57
Денес поминував оттука, па сликнав. Оваа страна одамна не сме ја виделе.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 05-Jan-2018 at 15:53
Што бидна со дрвата кои требаше, според рендерот, да ги има по терасите?


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jan-2018 at 16:42
Najverojatno ke gi postavat nekolku nedeli pred otvoranjeto na kompleksot,samo neznam koj ke se grizi za nivno opstojuvanje,da ne bide za 2 meseca da gi snema. Se nadevam ke najdat nekoe resenie,istoto vazi i za kompleksot Domino blizu grand prestige.


Posted By: xnx
Date Posted: 06-Jan-2018 at 14:21
i vaka e ubava, ali drvata ke dojdat mnogu ubavo dokolku se stavat


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Mar-2018 at 11:33
Денес



Posted By: team17
Date Posted: 22-Mar-2018 at 13:19
Што стана со дрвата што ќе се садат по терасите?


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Mar-2018 at 20:15
Веројатно првин треба да се заврши комплексот, па да ги постават.
Инаку, веќе можат да се видат неколку на фоткава, снимена на 9 март (на највисоката кула, лево, на балконите од првите 3-4 ката).



-------------
За сè има вторпат


Posted By: team17
Date Posted: 23-Mar-2018 at 07:35
Клучеви се дадени на станарите... Не верувам дека сега ќе им влагаат дома со садниците...


Posted By: kiriOK
Date Posted: 23-Mar-2018 at 11:11
И на крај што...испадна уште една кутија за сардинирање.



Print Page | Close Window