Print Page | Close Window

Рециклирање

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=327
Printed Date: 02-Jun-2024 at 03:23


Topic: Рециклирање
Posted By: lslcrew
Subject: Рециклирање
Date Posted: 20-Jul-2008 at 02:40
Досега за рециклажа се опфатени стакло, пластика, метал, хартија, но стварно треба да се опфати и отпадот лисја трева дрва, што понатаму може да се искористи за бриќети за огрев.



Replies:
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Jul-2008 at 12:01
Во општина Карпош се спроведе акција за рециклирање на хартија и пластика - идеја одлична

Е, реализација:

- ни дадова огромни кеси кој нема каде да ги ставиш (нема некој држач- лесна конструкција за кеси да можат да стојат)
- ако ги оставиш во дворот покрај врата, ромите ги крадат
- ако ги тргнеш нема одреден ден и сат кога ги собираат за да ги изнесеш
- и ај на крај после неколкукратна употреба, можете да замилите во каква состојба се кесите (не ги заменуваат на одреден период)

И на крај некој од „сограганите“ се откажаа и кесите стигнаа на буниште



Изгледа како и се, идеи одлични реализации никакви или брзоплети


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jul-2008 at 13:53
Требало да се поделат канти во боја, а не кеси, па уште не ги мењаат, него ги тресат. Мајкуму стара, кеса е! Очигледно не им било гајле за рециклажа, него еднократен обид да се испере некоја ситна пара.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Jul-2008 at 22:17
Previous
Како и во сите проекти, а нарочно страни Wallbash


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jul-2008 at 16:13
не знам во кој град беше, имаше ѓубреџиски камиони, од кои отпадот го собираат и рециклираат и од него прават гориво за истите тие камиони, добра идеја
а и аман од циганиве мора ли се да уништуваат за свое добро, кесиве ги крадат, големите зелени контејнери кои беа за хартија ги превртуваа, обичните контејнери ги прават лом, крадат железо и нивните коњи ги красат улиците на Скопје со нивниот измет
кога сме кај изметот од коњите, чим се толку паметни сите можат да го претворат во ѓубриво
извинете што малку забегав со циганиве ама морав негде да се искажам


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jul-2008 at 22:23
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=565D4E20674F3443B3798044693F880C - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=565D4E20674F3443B3798044693F880C


Пластиката организирано ќе се селектира во сите населби

Проектот ќе стартува со грант од УСАИД, а ќе го реализираат ЈП „Комунална хигиена“ и Градот

Деспина Трајковска

ПЕТ-амбалажата организирано ќе се селектира на подрачјето на сите општини. Граѓаните кои живеат во индивидуални куќи пластиката ќе ја собираат во посебни кеси, а пак оние од станбените објекти отпадот ќе го исфрлаат во соодветни контејнери. Подготвителните активности за примена на селекцијата на пластичната амбалажа, а наедно и нејзини реализатори ќе бидат ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје кои ќе го спроведат проектот со грант од УСАИД. За таа цел градоначалникот Трифун Костовски, директорот на „Комунална“, Златко Димовски, и раководителот на Проектот за рециклирање пластика финансиран од УСАИД, Аријан Тоска, потпишаа Меморандум за разбирање за воспоставување општински шеми за собирање пластика. Со грантот во висина од 60.000 долари ќе се набави потребната комунална опрема, а ќе се спроведе и кампања за подигање на јавната свест за селекцијата на ПЕТ-амбалажата.

„Главната цел на програмата за собирање пластика е да се воспостави ефективен и одржлив систем за собирање ПЕТ-амбалажа на подрачјето на Скопје. Градот ќе ги покрие инфраструктурните трошоци за воспоставување центри за собирање пластика и ќе преземе активности за зголемување на свеста на граѓаните од потребата за рециклирање на отпадот. ЈП ‘Комунална хигиена‘, пак, ќе учествува преку уредување на рециклажниот двор и дефинирање, обезбедување и отстапување посебни локации за поставување еколошки острови, односно контејнери за селекција на отпадот“, објаснуваат градските власти. Според најавите од комуналното претпријатие, динамиката на имплементација на проектот низ сите општини ќе се одвива постепено, во зависност од утврдувањето на локациите и нивно опремување со контејнери. Најверојатно, ќе се постават исти како и тие во Карпош 4 чиишто граѓани од пред неколку месеци имаат можност да го селектираат отпадот. Од „Комунална“ посочуваат дека граѓаните, пак, кои живеат во индивидуални куќи ПЕТ-амбалажата ќе ја исфрлаат во посебни кеси, на истиот принцип како и жителите во Тафталиџе 1 и 2 и дел од Влае, каде што селекцијата се врши речиси половина година. Имено, домаќинствата од ЈП ќе добиваат кеси за пластиката, а по утврдена програма екипи на „Комунална“ ќе им ги празнат кесите.

„Со оглед на сите потребни подготвителни нешта за организација на стартот на проектот, не можеме да прецизираме кога ќе почне да се применува. Сепак, се надеваме дека по летните одмори граѓаните од неколку општини веќе ќе можат да почнат со селекцијата“, вели Југослава Поленак одговорна за информирање во комуналното претпријатие.



Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 10:36
СТАРАТА ХАРТИЈА И ПЛАСТИКАТА НЕ СЕ САМО ЃУБРЕ
Скопјани научија да селектираат отпад

Неколку скопски општини интензивно почнаа да ја спроведуваат програмата за рециклирање хартија и други видови отпад, иницирана од страна на Град Скопје и ЈП „Комунална Хигиена“, во соработка со УСАИД. Програмата предвидува граѓаните од секој дел на градот да почнат да ги издвојуваат пластичните шишиња од ПЕТ-пластика и старата хартија од домашниот смет и подоцна да ги складираат во жолти, односно во сини ќеси. Проектот најпрво почна во населбата Тафталиџе, а потоа и во другите населби во општина Карпош. Надлежните од Град Скопје позитивно го оценуваат спроведувањето на акцијата во овој дел од градот. Само при првото подигање на селективниот отпад, од околу 1.200 домаќинства во индивидуално домување се собрани некаде околу пет тони стара хартија и ПЕТ-амбалажа. - Според првичните согледувања, кај селективниот отпад уделот на хартија е нешто поголем од оној на ПЕТ-шишињата. Тоа делумно се должи на фактот што дел од собраните пластични амбалажи, што од Тафталиџе требаше да ги подигнат екипите на ЈП „Комунална хигиена“, беа претходно нелегално присвоени од лицата кои собираат пластични шишиња од улиците и од контејнерите - велат од Град Скопје. И од Јавното претпријатие се задоволни од одѕивот на жителите на оваа скопска населба на повикот да рециклираат. Граѓаните доследно се придржуваат до упатствата за селектирање на домашниот отпад, кои беа наведени во флаерите кои им беа поделени. - Предвидено е наскоро, откако ќе се согледаат сите димензии на реализираниот проект во Тафталиџе, системот за селекција на отпад постапно да се воведе во целиот град. Во програмата веќе вклучивме 1.600 домаќинства во населбата Влае - велат од „Комунална хигиена“. Во акцијата за складирање и собирање отпад се вклучени и општините Центар и Аеродром. Од Центар објаснуваат дека проектот кај нив се спроведува во четири фази. Со првата фаза е опфатено поставување рекламни светлечки столбови, пред се во средините каде што проблемот со пластичната амбалажа и со лименките е најголем и каде што поради зголемената сообраќајна фреквенција не е можно поставување класични контејнери на улиците и на паркиралиштата. Пред влезот на оваа општина се поставени и првите два специјални апарати за отпадна пластика. Во следниот период е планирано да се спроведат и останатите три фази од проектот, кои ќе опфатат воведување апарати-минимизатори, а ќе се почне и со рециклирање ПЕТ-амбалажа и изработка на финални производи. Од Центар велат дека со целосната реализација на овој проект е предвидено да се вработат околу 250 граѓани. Подготовките за спроведување на проектот во општина Аеродром се во завршна фаза и веќе се подготвуваат локации за поставување таканаречени острови со контејнери.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1486&ArticleID=97487


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 22:07
Ova e vekje dobro Thumbs%20Up Samo da se sprovede

Од 1 јануари пластичните ќеси забранети за употреба!


Наредбата е донесена вчера и стапува во сила од 1 јануари 2009 година, а за секој трговец кој нема да ја почитува, следува казна во износ од 6.000 евра. Исклучок се ќесите со носивост поголема од 5 килограми, кои купувачите ќе мора да ги платат


Министерството за животна средина вчера донесе наредба со која се забранува употреба на пластични ќеси. Оваа одлука ќе стапи во сила од 1 јануари 2009 година, а трговците кои нема да ја почитуваат наредбата ќе платат казна во висина од 6.000 евра. Исклучок се ќесите со носивост поголема од 5 килограми, кои купувачите ќе мора да ги платат.
- Забраната за употреба на пластични ќеси е детерминирана од проблемот со прекумерна употреба на пластичните ќеси кои станаа наше секојдневие, но и нивно неправилно одлагање. Целта ни е да се избегне создавање на ваков вид отпад кој има огромно штетно влијание врз животната средина со оглед дека нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а ако горат, поради хлорот содржан во нив, се ослободуваат канцерогени материи. Од друга страна езерските и речните крајбрежја се затрупани од пластични ќеси и доаѓа до задушување на животинскиот свет во нив. Исто така, тие можат да бидат и причина за поплави поради затнување на атмосферската канализација, вели Неџафи Јакупи, министерот за животна средина и планирање.
Во иднина граѓаните ќе треба да се преориентираат на употреба на платнени или други видови торби од траен материјал, кој може повеќекратно да се користат. Според министерот Јакупи, една од причините за донесување на ваквата наредба е и тоа што во Македонија не постојат доволен број капацитети за собирање и рециклирање на ќесите, а од друга страна, како што вели, граѓаните покажуваат негрижа за нивно собирање и одлагање на определени места.
- Во насока на зачувување на животната средина, Министерството во своите наредни активности ќе обезбеди и поддршка за правните лица кои вршат собирање и селектирање на пластика и отпад од пакувања. Сметаме дека со спроведувањето на оваа наредба ќе се зголеми свеста кај граѓаните и трговците, а наедно ќе влијаеме на производителите и увозниците да дадат свој придонес преку увоз на биоразградливи ќеси, ќеси кои се рециклираат и кои можат повеќекратно да се употребуваат, како и платнени торби, додава Јакупи. Тој вчера напомена дека ваквата забрана е донесена во согласност со меѓународните процедури, но и дека успешно се спроведува во сите земји од Европската унија.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0A184978471C7F4FA6A70D340E41AA3A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Aug-2008 at 23:17
Позитивен чекор би било доколку и пластичните шишиња ги замениме со стаклени, барем оние над 1,5 литро, и при секое купување да треба да се приложи празна амбалажа. Стварно сум скептичен како ова ќе се спроведе. Иако сакам многу да се случи тоа, сепак не сум докрај убеден у штетноста на неразградливиот отпад.


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Nov-2008 at 23:13
ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“
Нови контејнери за пластика

Дванаесет нови жичени контејнери за собирање ПЕТ-амбалажа се наместени во населбата Горче Петров. До крајот на оваа седмица уште 34 ќе се постават во општините Центар, Кисела Вода и Аеродром. Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека е во тек реализацијата на проектот во сите урбани делови на Скопје, во чии рамки ќе бидат поставени вкупно 97 жичени контејнери, донација на фондацијата УСАИД. - Контејнерите ќе бидат прицврстени за подлогата, со што ќе се спречи нивно поместување и отворање. Дивите собирачи на пластика изгледа не се задоволни од буричкањето по ѓубрето, па сега ги вадат пластичните садови што граѓаните сами ги селектираат. Треба да се зголеми контролата на комуналните инспектори за да се спречи оваа појава која зема се поголем замав - рече Југослава Поленак од ЈП „Комунална хигиена“. Во текот на октомври се собрани 2.096 килограми ПЕТ-амбалажа и 4.490 килограми стара хартија. Од февруари до крајот на минатиот месец, колку што трае акцијата за селекција на отпад, собрани се вкупно 11.961 килограми пластична амбалажа, 57.200 хартија и 288 килограми пластични ќеси.

 
 
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1543&ArticleID=101649 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1543&ArticleID=101649


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Nov-2008 at 23:26


ili kako koga bev germanija, plastichno shishe se naplakja 1 evro kaucija... znachi koka kola od pola litar beshe 1 evro mislam + 1 = dve evra... koga kje go vratish shisheto ti vrakjaat edno evro... samo ne znam dali sekade beshe taka ili samo tamu kaj sho pazarvav jas... anyway, kaucija za plastichnite e mnogu pametna rabota, em kje si gi vrakjaat site kje se recikliraat na krajot, em "bogatashite" sho nema da gi vrakjaat kje gi frlaat negde pa nekoj bezdomnik (kako vo amerika) kje se bogati od toa...

sepak ova so edno evro malku mnogu mi izgleda za da bilo sekade, mislam samo tamu jas kaj sho kupvav beshe vo eden hotel. sepak dobro e da se zemaat plus pari za plastikata

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: BlacK
Date Posted: 13-Dec-2008 at 02:33

Од први јануари пластичните кеси се исфрлааат од употреба - маркетите неинформирани

Забраната за користење на пластични ќеси во малопродажба стапува на сила од први јануари, потврдија за “Тотал“ во Министерството за животна средина.  Малопродажите компании кои воедно се и најголеми корисници на пластични кеси се уште немаат стратегија на кој начин ќе ја спроведат оваа наредба. Тотал ги контактираше речиси сите поголеми супермаркети од земјава, но од никаде не успеавме да добиеме конкретен одговор. Повеќето од нив не се информирани за забраната.
Од Министерството за животна средина, пак велат дека сите засегнати компании биле уредно известени, а во соработка Стопанската комора на Македонија на трети декември било донесено и упатство за начинот на спроведување на забраната, кое е достапно и на веб страната на Министерството.
“Во Стопанската комора на Македонија засегнатите компании имаа можност да дискутираат за новата наредба, а упатството беше и изменето според барањата на дел од учесниците на организираната трибина“, ни рече раководителот на секторот на ЕУ во Министерството за животна средина, Јадранка Иванова.
Во Упатството стои дека  наредбата се однесува на само на пластични ќеси кои што имаат капацитет на носење помал од пет килограми, односно имаат дебелина помала од 14 микрони. Наредбата главно се однесува на пластичните ќеси кои се користат во малопродажбата, односно кесите кои до сега бесплатно се издаваа на каса.
“Тоа значи дека од први јануари продавачите нема да смеат да издаваат бесплатни кеси, освен за зеленчук овошје, месо и слично, односно за производи кои немаат амбалажа и се продаваат во различни количини по желба на купувачот“, стои во упатството.
Со упатството исто така се советуваат и граѓаните при пазарење со себе да ностат торби или биоразградливи ќеси за повеќекратна употреба.
Од Државниот инспекторат веќе биле известени за новата наредба и ни кажаа дека ќе дејствуваат веднаш штом истото ќе стапи во сила.
“Државниот инспекторат е известен за новата наредба и со контроли ќе започнеме веднаш по стапувањето во сила“, потврди за “Тотал“, Сашо Аќимоски,  директор на Државниот пазарен инспекторат.
За непочитување на наредбата, казната е шест илјади евра.
(Тотал)      

http://total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=13883



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2009 at 21:14
УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ
Неделно се собираат два тони пластика

По два тони пластичен отпад се подигнува неделно, од поставените 120 контејнери за ПЕТ-амбалажа, главно на територијата на Карпош. Според надлежните од „Комунална хигиена“, за целосно да биде покриено колективното домување во градот, потребен е двојно поголем број контејнери за пластика. - Во Карпош сега се покриени 70 проценти од индивидуалното домување, а 50 проценти од колективното. Подигнуваме по два тони пластичен отпад неделно, но во иднина планираме да подигаме по пет тони. Мора да признаеме дека имаме слаба поддршка од стопанството и дека на ова ниво работиме со загуби - рече Златко Димовски, директор комуналното претпријатие. Тој очекува дека наскоро ќе се промени Законот за третман на отпадот, кој ќе овозможи поефикасно собирање и третман на пластичниот отпад.
Досегашните искуства од спроведувањето на проектот за рециклирање на ПЕТ-амбалажа, што една година се спроведува на подрачјето на општината Карпош, надлежните ги оценуваат како успешни. И градоначалникот Трифун Костовски соработката со УСАИД на ова поле високо ја цени и верува дека селектирањето на пластичната амбалажа ќе продолжи на целото подрачје на градот. Претставниците од УСАИД на вчерашната средба со скопскиот градоначалник се интересираа дали на Скопје му се потребни уште контејнери за пластичен отпад за да се прошири системот за селектирање.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1609&ArticleID=106533


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 29-Jan-2009 at 23:24
Претставниците од УСАИД на вчерашната средба со скопскиот градоначалник се интересираа дали на Скопје му се потребни уште контејнери за пластичен отпад за да се прошири системот за селектирање.


Потребни се. Затоа мислам дека и не треба да прашуваат,треба да се постават контејнери за класификација во секоја општина-населба и ке има резултат од тоа, може од почеток нема да функционира сето тоа баш најсјајно ама со тек на време ке се прилагодат луѓето и ке се навикнат...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Feb-2009 at 00:38
Скопјани се повеќе го селектираат ѓубрето


Одговорните од ЈП Комунална хигиена кои во 2007 година почна со реализација на проектот за селекција на отпадот, се задоволни со досегашните резулатати. Велат дека количеството на собраната ПЕТ амбалажата е се поголема. Според статистиките, во февруари мината година биле собрани 578 килограми, а до 15 февруари годинава дури 4320 килограми.
- Граѓаните ја прифатија оваа идеја за селекцијата на отпадот и се надеваме дека ќе се придржуваат кон тоа. Воведовме и дежурен телефон каде ќе може секој да се јави и да побара поставување на жичени контејнери на одредени населби. Со ова се завршува и фазата од воведувањето на селекцијата и кај индивидуалните домаќинства во општина Карпош и кај колективните домаќинства со жичани контејнери во сите општини во Скопје. Во план е и набавка на нови возила, набавка на нова машина за балирање на пластиката која е потребна за поефикасна работа со оглед на големото количество на пластика која се наоѓа во Рециклажниот двор - информираше Катерина Лаова, портпарол на јавното претпријатие.

Таа додаде дека уште на почетокот на оваа активност, било јасно дека трошоците кои ќе ги има Комунална хигиена за селектирање на отпадот ќе се зголемат во смисла на ангажирање на работници, ангажирање на возила за собирање на амбалажата од сите 130 контејнери и подигање на ПЕТ амбалажата од индивидуалните домаќинства се со цел да се исполнат обврските од Законот за управување со отпад. Поради рецесијата и цените за откуп на пластичната амбалажа и хартијата се намалил за два пати.

http://vecer.com.mk/?ItemID=71B7BD3AD7DB7A42A6307365915899F4


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Feb-2009 at 22:44
Некогаш се жалевме дека цел град е во пластика, па градските власти поставива контејнери за PET, народот стекна навика но властите изгледа НЕ - некој треба и да ги празни !




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-May-2009 at 16:00

Скопје затрупано во картони и во хартија

Купишта картони со денови стојат несобрани во населбата Хром на последната станица на „четворка“. Слично е и во други населби и места во градот. Ги нема контејнерите за хартија, па со неа се преполнети и тие за другиот отпад. Никој не се одзива на поплаките од граѓаните.

- Контејнерите ги отстранивме бидејќи од нив немаше фајде. Беа секогаш празни или оштетени од несовесни граѓани. Беа обивани токму поради картоните од кои некои сакаат да си обезбедат егзистенција - вели Слободан Муцунски, генерален директор на „Комуна“. Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ сметаат дека зголеменото количество картони е поради тоа што е намалена цената за откуп.

- Ромите, кои собираа картони за да заработат некој денар, велат дека немаат повеќе, зашто паднала откупната цена - вели Катерина Лаова, портпарол во „Комунална хигиена“.

Од „Комуна“ соопштуваат дека нема застој во откупувањето на картонската амбалажа и хартија. Таму потврдија дека откупната цена е намалена за 20 проценти, односно дека хартијата и картонската амбалажа од тие што самостојно ќе им ја достават сега се откупува за 1,30 денар за килограм.  Деновиве откупивме 60 тони. Цената мораше да падне, бидејќи хартијата нема вредност. Во Германија, на пример, воопшто не се откупува хартија, а фирмите како што е нашата ги субвенционира државата. Ние сами инвестиравме во специјални возила и контејнери - истакнува Муцунски.

Проблем со картонската амбалажа прават и поголемите маркети и дуќанџии, кои ги преполнуваат контејнерите за смет. Поради тоа, граѓаните немаат каде го фрлат ѓубрето. На тоа неодамна се пожали и „Комунална хигиена“, од каде што повикаа маркетите и продавниците да се јават во претпријатието и да склучат договор со нив за да дојдат нивни камиони со кои ќе ги соберат и пренесат картоните и хартијата до фабриката“Комуна“ или соодветно да ги постават покрај контејнерите од каде што повторно со другиот смет ќе бидат собрани.Директорот на „Комуна“ гледа решение во отворање откупни пунктови во секоја општина, каде што граѓаните би ја оставале хартијата. Но, општините ниту отвориле пункт ниту предвиделе локации за таа цел.

- Со отворање вакви пунктови во секоја општина, на граѓаните ќе им биде полесно и поблизу да ја оставаат картонската амбалажа или хартија. Постои приемна барака, вага на која се мери хартијата и контејнер во кој се става. Така што, ниту едно хартивче не се изнесува надвор - објаснува Муцунски. Во Општината Ѓорче Петров тврдат дека досега не добиле предлог за отворање пунктови.

- До сега сме немале иницијатива од „Комуна“, ниту разговори за да и' обезбедиме локации. Ние сме подготвени да го направиме тоа бидејќи сме преплавени од картони и хартија. „Комуна“ долго не ги празни контејнерите, без никакво образложение - тврди Момо Николовски, портпарол во Општината.Засега ваков пункт има во Маџари, во кругот на фабриката „Комуна“. Таа дневно откупува по 65 тони хартија, а овој месец се откупени вкупно 1.500 тони.

(А.П.)



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=24C89616C6B6914AA0554D213E7F853B


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jun-2009 at 01:49

Контејнери полни пари

Надлежните досега не успеаја да најдат сила да воведат рециклирање на комуналниот смет и покрај тоа што со таа мерка се штедат пари и се чува животната средина

Скопјани и натаму ќе продолжат да фрлаат „пари“ во контејнер зашто надлежните не се осмелија да спроведат селекција и рециклирање на отпадот на територијата на целиот град.

Контејнерите ќе продолжат да се полнат со разновидно ѓубре, иако голем дел од него,како стаклото,пластика, хартијата, лименките и друго, може да се рециклира и наново да се употребува, како што се прави во современиот свет.

Градските власти пред една и пол година најавија дека ќе спроведат проект за рециклирање на ѓубрето во цело Скопје. Тогаш беа направени првите чекори кон селекција на отпадот и тоа во населбата Тафталиџе во Општина Карпош, а поранешниот градоначалник Трифун Костовски и' наложи на „Комунална хигиена“ во рок од една година да воведе рециклирање во сите општини, за да се постигне максималниот ефект. Од тие најави не се оствари ништо, освен едукација на учениците од прво до четврто одделение во 30 училишта, во кои беа поставени жичени контејнери за пластика и беше отпечатена сликовница на македонски и на албански јазик за бенефитите од селектирањето на ѓубрето.

Граѓаните сакаат да селектираат

Од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ не знаеја зошто досега не е воведено рециклирање и во општините, но се надеваат дека новиот градоначалник Коце Трајановски ќе предвиди определени активности.

- Со проектот беше предвидено прво да се селектираат хартијата и пластиката, како најлесен начин на одвојување на отпадот, бидејќи и Законот за управувањето со отпад налага да се воведе соодветно третирање и селектирање на ѓубрето. Понатаму селектирањето требаше да се развива во 12 фракции, односно, освен пластика и хартија, да се селектира стакло, лим, алуминиум итн. За тоа беше направен и рециклажен двор во Карпош на површина од 1.500 квадратни метри поделен на 12 боксови за селекција, вреден милион денари. Но, до такво рециклирање засега не дојде. Се' уште немаме инструкции како проектот би продолжил да функционира и во другите општини. Се планира ребаланс на буџетот на Градот, по што ќе се види со која динамика ќе се оди понатаму. Се надевам дека новиот градоначалник ќе најде стратегија за рециклирање во целиот град - вели Катерина Лаова, портпарол во „Комунална хигиена“.

Таа додава дека пилот-проектот во Општина Карпош дава позитивни ефекти и дека граѓаните сакаат да селектираат отпад. Со проектот се опфатени 3.000 домаќинства од Тафталиџе и од Влае кои во жолти и во сини кеси ја одвојуваат пластика и хартија.

- Двапати во месецот се собираат пластиката и хартијата од индивидуалните домаќинства, а еднаш неделно се собира пластиката од 130-те жичени контејнери за складирање кои се поставени на главните улици, како еколошки острови. Ефектот од овој проект е голем. Лани во текот на целата година беа собрани околу 16.000 килограми ПЕТ-амбалажа и 60.000 килограми хартија, а годинава само во првите четири месеци се собрани 17.575 килограми пластика и 9.000 килограми хартија - вели Лаова. Таа појаснува дека, благодарение на селектирањето, е намалена количината на отпад во депонијата Дрисла, со што се продолжува нејзиниот век на траење.

Ѓубрето може двојно да се намали

На Дрисла секојдневно се исфрлаат просечно од 350 до 400 тони отпад, а еден скопјанец годишно создава околу 260 килограми смет. Со правилно рециклирање таа бројка може и да се преполови. Така животната средина ќе стане почиста, ќе се штедат пари, ќе се зголемува еколошката свест на луѓето, односно ќе се менува нивниот однос кон ѓубрето што го создаваат.Од Градот Скопје велат дека проектот за селектирање на ѓубрето ќе продолжи, зашто и новиот градоначалник Коце Трајановски во својата изборна програма вети дека ќе воспостави европски стандарди за управување со отпадот.

- Најпрвин со општините ќе направиме платформа за заедничко дејствување, од која ќе произлезе стратегијата за понатамошниот настап. Во неа ќе се договорат сите сегменти од оваа дејност значајна за граѓаните - велат од Одделението за односи со јавноста во Градот.Оттаму велат дека основа во активностите за рециклирањето ќе биде проектот во Карпош, што го финансираше УСАИД со 1,2 милион долари. Со проектот беа иницирани програми за собирање пластичен отпад, беа основани клубови за рециклирање во основните училишта, опремени беа еколошките острови, а на осум компании за рециклирање им беше донирана соодветна опрема.

СТАВ
Рециклирај сега

Современиот свет знае дека и ѓубрето е пари, а нам тоа практично ни го покажаа десетици ромски семејства што егзистенцијата ја најдоа во собирањето на употребената пластична амбалажа и на старата хартија. Но ниту градските власти, ниту Владата досега не собраа храброст да го воведат рециклирањето на комуналниот смет во Скопје и така сите да не' спасат од преполнетите контејнери и од дивите депонии. Големите промени тешко се воведуваат и уште потешко фаќаат корен, но еднаш треба да се почне. Кога се знае дека со рециклирањето може да се заштеди, дека многу од суровините - наместо на депонија - може да завршат во фабрика и дека опкружувањето ќе биде многу почисто, а еколошката свест поголема, тогаш ништо не треба да ги спречува градоначалниците во спроведувањето на оваа значајна мерка. Немањето пари не смее да биде изговор, оти тие може да се набават и од донации, а потоа проектот да се самоисплати. Потребна е само смелост, решителност и храброст, инаку ќе се задушиме во сопственото ѓубре, а градот ќе ни остане голем контејнер.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C04A2B3294CDC94886EB7DC5BB43A31F



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 01-Jun-2009 at 08:58
Како што напишав погоре од нишкава 

Во општина Карпош се спроведе акција за рециклирање на хартија и пластика - идеја одлична ...

Пишав два имејла на општина Карпош ако веќе една прекрасна акција е прекината, да постави PET контејнери за одлагање на пластика - одговор или реакција нормално нема, па незнам зашто е поставен контакт: коментари и прашања (додуше не им работи) но барем ја има и e-mail адресата mailto:kontakt@karpos.gov.mk - kontakt@karpos.gov.mk

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Jun-2009 at 09:31
vo svajcarija dreba da si gi frlas sisinjata tamu kade ste gi kupile
(tamu ima 3 dupki:edna e za normalni sisinja, drugata za maslosisinja->sisinja sto imalo maslo vnatre i sisinja sto imalo mleko)
koga ce odam vo migros ce fotografiram, deneska ne e mozno deka e praznikBig%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jun-2009 at 00:02

Селектираните пластика и хартија никој не ги собира

„Комунална хигиена“ со месеци не поминува да го собере селектираниот отпад од домаќинствата

Сања Наумовска

Селекцијата на хартија и на пластичен отпад не функционира веќе подолго време. „Комунална хигиена“ со месеци не доаѓа во населбите Тафталиџе и Влае, каде што индивидуалните домаќинства секоја втора недела треба да го одвојат овој отпад од комуналниот смет. И покрај тоа, од јавното претпријатие упорно тврдат дека селектираниот отпад редовно се собира.

Забелешки на неговата работа имаат и жителите на населбите Кисела Вода и Центар, каде што еднаш неделно треба да се празнат жичените контејнери за пластични шишиња, поставени пред зградите. Велат, преполни се со денови, па пластиката се истура покрај нив. Граѓаните апелираат „Комунална“ или да ја зголеми фреквенцијата на празнење на овие контејнери или, пак, да се врати на старо, па целиот отпад да завршува во обичен контејнер.

„Пред почетокот на проектот, сите пластични шишиња и хартијата ги земаа дивите препродавачи, со кои моравме да се бориме да не ни влегуваат во дворовите и да не ја земаат пред да дојде ’Комунална’. Сега ги нема ниту едните ниту другите, па целата идеја пропаѓа“, се жалат скопјани.

Селекцијата на отпадот во индивидуалните домаќинства во општината Карпош започна пред неколку години, како проект на Градот Скопје и Карпош, поддржан од УСАИД. Тогаш градските власти најавија дека многу бргу ќе биде проширен низ целиот град, каде што има населби со индивидуални куќи. Истовремено, на целата територија на Скопје беа поставени жичени контејнери, кои исто така требаше да ги празни „Комунална хигиена“.

Во Градот Скопје, моментно, не се информирани за поплаките на граѓаните за состојбата со селекцијата на отпадот. Оттаму соопштуваат дека „Комунална хигиена“ редовно ги празни жичените контејнери и го собира отпадот од индивидуалните домаќинства во Тафталиџе и во Влае. Меѓу приоритетите на новиот градоначалник Коце Трајановски е и воспоставување европски стандарди за менаџирање на отпадот во градот Скопје, односно негово селектирање, собирање, реупотреба и рециклирање.

„Моментно, Градот ја спроведува акцијата ’Заедно за чисто и зелено Скопје’. По завршувањето на оваа акција, ќе се разгледува прашањето за проширување на проектот за селекција на отпадот низ целиот град. Плановите за проширување на селекцијата на отпад низ целиот град ќе бидат разгледувани во соработка со сите општини на подрачјето на Скопје и со централната власт, односно со Министерството за заштита на животната средина“, информираат од Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4294C16E13F8F04391BE8155E642E4AA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2009 at 15:25

Три години си играме рециклирање пластика

Собирањето и одвојувањето на ПЕТ-амбалажата заради нејзината понатамошна преработка е сé поуспешен проект, но градот е далеку од комплетен и функционален систем за справување со пластичниот отпад

%20
Повеќе од три години Скопје тренира рециклирање пластика, но оваа практика никако да стане редовна во главниот град. Пилот-проектите за собирање и за одвојување на ПЕТ-амбалажата почнаа уште во 2006 година, со помош на американската агенција за меѓународен развој УСАИД. До денес рециклажата на овој материјал премина во редовна практика на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, но само во четири населби.


РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ОХРАБРУВАЧКИ


Сите вклучени страни во овие пробни собирања и рециклирања на пластиката се презадоволни од досегашните резултати што ги постигнале. Но дали и кога ќе се спроведе оваа активност низ целиот град сé уште нема никакви најави. Во меѓувреме, неколку причини придонесоа да се намали бројот на уличните собирачи, кои одеа од еден до друг контејнер и ги собираа шишињата. Едната е Законот за јавна чистота, кој забранува буричкање во садовите за отпад, освен за овластените лица од јавните претпријатија. Претурајќи по ѓубрето, барајќи некое шишенце за парче леб, неколку собирачи биле казнети со по 50 евра или со општокорисна работа. Друга причина е и светската економската криза, поради која се намали и цената на суровината. Така, за разлика од порано, кога не можеше ниту капаче да се види на улиците, сега фрлените пластични шишиња не се ретка глетка.

Организираното собирање како пилот-проект, во кој беше вклучена и локалната самоуправа, почна во општината Карпош во 2006 година, во соработка со УСАИД. Се направија „еколошки острови“ на неколку места, каде што граѓаните можеа да ја фрлаат пластиката и на тој начин да ја одвојат од другиот отпад. Потоа пилот-проектот се прошири и во други општини преку јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Мерита Кули, портпаролката на УСАИД, вели дека главната цел на нивните активности е да се информира јавноста за важноста од рециклирањето, како и да се вклучат сите партнери што би придонеле оваа активност да се спроведува што поуспешно.

- Проектот се состои од неколку компоненти, односно општинска програма за рециклирање, програма за развој на бизниси и програма за издигање на јавната свест. Беа поставени контејнери за селекција на пластичниот ПЕТ-отпад. Општините ги одбираа локациите за нивното поставување, а на индивидуалните домаќинства им беа поделени пластични ќеси. Овие активности резултираа со зголемување на количествата на рециклирана пластика од 350 тони во 2005 година до 6.000 тони лани. Во кампањите за издигање на јавната свест беа вклучени општините и невладините организации. Во Скопје во едукативни часови за рециклирање беа вклучени 2.000 ученици од 30 основни училишта, а се делеа и брошури, брендирани маици и се прикажуваа кратки документарни филмови - рече Кули.

Катерина Лаова, портпаролката на „Комунална хигиена“, истакна дека посериозна селекција на отпадот во 2007 година почнала во населбите Тафталиџе 1 и 2, како и во Влае 1 и 2.

- Околу 3.000 домаќинства го рециклираат отпадот, и тоа во сини ќеси хартијата, а во жолти пластиката. Се изгради и рециклажен двор со површина од 1.500 квадратни метри, кој е поделен на 12 бокса за одлагање на пластиката и за нејзина понатамошна селекција и балирање. Со донацијата на УСАИД во жичени контејнери беа направени 130 еко-острови. Резултатите се позитивни. Минатата година беа собрани 16.000 килограми пластика, а во првите пет месеци од оваа година над 19.000 килограми - изјави Лаова.


НЕМА КАЗНИ ЗА НЕРЕЦИКЛИРАЊЕ


Но иако овие резултати покажуваат дека кај скопјани има интерес да ја рециклираат пластиката, од претпријатието сé уште не знаат кога практиката ќе се спроведе низ целиот град. Оттаму велат дека градската управа треба да го даде тој одговор. Од градот, пак, одговорија дека во предизборната програма на градоначалникот Коце Трајановски било предвидено до крајот на 2010 година да се спроведе проект за воспоставување европски стандарди во врска со управувањето со отпадот. Дополнително ќе се открие што сé ќе содржи тој проект. Сепак, немањето посебни контејнери во сите населби, односно маала, не е единствениот проблем за целосно да се спроведе рециклирањето. Има недостиг и во законската регулатива. Засега не постојат казни за граѓаните што би постапувале неправилно со ѓубрето, односно не би го оставале во соодветните садови.

Момо Николовски, портпаролот на општината Ѓорче Петров, во која исто така се тренира рециклирање, истакна дека, и покрај сите поставени потребни елементи, не биле задоволни од проектот.

- Сé што беше потребно направивме, ги поставивме жичените контејнери, но проблем се појави кога тие се преполнија, заедно со нивната околина, а никој не доаѓа да го среди тоа - рече Николовски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6179103020359&id=14&prilog=0&setIzdanie=21714


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Jun-2009 at 18:20
Примерот кај мене во Карпош од ЕКОЛОШКИОТ ОСТРОВ



Иначе тражевме од општина Карпош да постави повеке вакви PET контејнери но како и на се нема никаков повратен одговор.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 02:31
Евидентно е дека граѓаните сакаат да рециклираат, а запушено е во институциите. Ако општините веќе не го прават ова тогаш треба да отвориме можност приватните фирми кои се заинтересирани да го собираат селектираниов отппад, да им отвориме можност за да постават свои контејнери и нормално да си платат за локацијата на контејнерот колку ќе од одреди општината. Во ситуција на слаба финансиска сосотојба на локалната самоуправа (сите до една) општиниве се трудат да опстанат па дури и се надеваат на некој мини профит дали од шишињава, дали како што пред некој ден зборевме на пример град Скопје со треска, а посебно со луна-парк.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2009 at 17:04

Нов закон ќе го направи рециклирањето одржлив бизнис

Законот за пакување и за отпад од пакување, кој го подготвува Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со американската агенција УСАИД, ќе овозможи да се обезбедат доволно пари за процесот на рециклирање уште повеќе да се развива. Со него се предвидува секоја компанија што произведува пластични амбалажи да плаќа одредена такса, а тие пари потоа ќе се користат за да се одржува и да се развива рециклирањето


%20
Аријан Тоска, раководителот на проектот за рециклирање пластика во УСАИД, вели дека пред тие да го почнат пилот-проектот во општината Карпош во 2006 година, ваква индустрија во земјава не постоела, а денес работите се сосема поинакви.

- Проектот за собирање пластика веќе не е во пилот-фаза, затоа што се спроведува низ цело Скопје. Во секоја општина рамномерно, според бројот на жителите, се поставени жичени контејнери за пластични шишиња. Вкупно има 130, а за целосно да се покрие градот се потребни уште толку. Еден таков контејнер чини 250 евра, не сметајќи ги трошоците за поставување и за понатамошно сервисирање. Порано немаше ниту една компанија, а сега има 20, со пет илјади вработени. Пет од нив рециклираат пластика, а другите ја обработуваат - објаснува Тоска.

Тој додава дека законот во август ќе влезе во процедура, во 2010 година ќе се спроведува како пилот во повеќе општини, а од 2011 година треба да стапи во сила.

Претставниците на американската агенција се задоволни и од резултатите од кампањите што ги спровеле за издигнување на јавната свест кај населението за рециклирањето.

- Тие беа особено ефикасни кај децата, кои, откако стекнаа навики правилно да го селектираат отпадот, ги учат и своите родители како се прави тоа - вели Мерита Кули, специјалист за односи со јавност во УСАИД.

И градот има планови да го развие рециклирањето. Како што велат оттаму, управувањето со отпадот било еден од приоритетите на градоначалникот Коце Трајановски, но поголеми ангажмани за тоа ќе се направеле откако ќе завршела големата акција „Заедно за чисто и зелено Скопје“.

- Наш приоритет е да ги подобриме комуналните услуги и јавната чистота и да воспоставиме европски стандарди во менаџирањето со отпадот. Тоа подразбира негово собирање, селектирање, реупотреба, рециклирање, како и воведување систем за трговија со корисните делови и депонирање само на тоа што повеќе не може да се искористи. Активностите околу тоа ќе ги разгледуваме во соработка со сите општини и со централната власт - најавуваат од градската управа.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=619993818549&id=14&prilog=0&setIzdanie=21715


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2009 at 17:13
Интересен концепт за поддржување на рециклирањето. Воведување обврзувачка такса за секое парче пластика произведено и на некој начин канализирање на средствата што се платени директно во поддржување на рециклирачката индустрија. Иако моите сваќања се повеќе диктирани од пазарната логика, сепак рециклирањето и животна средина се домени коишто имаат и социолошка димензија така да ок е.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2009 at 21:39
ИНОВАТОР ТВРДИ ДЕКА ПОСТОИ РЕШЕНИЕ ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД
Со минимизатор ќе нема шишиња во Вардар

Постои решение за пластиката во Вардар, но никој не го применува, смета Мирко Узелац, автор и промотор на уреди за собирање пластични шишиња. Тој уверува дека пластиката лесно може да се собира и првично да се складира во помал волумен, со помош на неговиот изум - минимизатор. Оваа направа, за која Узелац изработил прототип, е од нерѓосувачки челик, тежи четири килограми и нејзината изработка чини 300 евра. Со неа се сече шишето, налепницата се издвојува и потоа малите пластични делчиња се складираат. На овој начин пластиката зафаќа многу помал простор отколку обично собрано шише кое не е исечено и има поголем волумен затоа што е исполнето со воздух. - Идејата има и социјален аспект затоа што со неколку вакви уреди може да се вработат стотина семејства и да се тргнат од листата на социјални случаи. Откако ќе се обработи со минимизаторот, се добива пластика во предрециклирачка фаза која е многу полесна за понатамошно процесирање и чини повеќе од обичното пластично шише - вели Узелац. Тој е автор и на рекламните столбови со посебен дел за собирање пластични шишиња, кои пред повеќе од една година ги постави Општина Центар пред своето седиште, а исти беа поставени и пред влезот на Зоолошката градина. Во Центар требаше да се продолжи со пилот-проектот и да се постават 24 објекти, но тоа не се случи. Еден рекламен столб чини 1.600 евра. Според авторот на идејата, целиот процес може да функционира кога би се вклучиле локалните власти, кои би одобриле локации за кантите за шишиња, и надлежните министерства, кои би инвестирале во минимизатори и би ангажирале луѓе за сечење на пластиката. Самите работници, пак, ќе ги плаќа фирмата што ќе ја откупува пластиката.

Излетниците виновни за ѓубрето во реката

Дефинитивно е елиминирана можноста некој намерно да ги фрлал шишињата во Вардар, вели директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемет. Тој тврди дека причина за отпадот кој реката неколку дена го носеше поради обилните дождови се излетници, ловџии или дрвосечачи, кои со години оставале ѓубре зад себе, но и жителите на руралните средини кои ги претвориле суводолиците во депонии. Од Министерството за животна средина информираа дека во завчерашната акција кај браната на ТЕЦ „Неготино“ сопрени се повеќе од десет тони отпат од пластика, стиропор и друг материјал, кој деновиве ќе се однесе во најблиската депонија.


Р.П.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1864&ArticleID=126360


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Nov-2009 at 15:45

За 10 месеци собрани 44.000 кила пластика

ЈП "Комунална хигиена" од почетокот на годинава до ноември од жичаните контејнери собрале 44. 024 килограми пластика. Од претпријатието велат дека оваа бројка е за четири пати поголема од лани, имајќи го предвид фактот дека ланската година биле собрани вкупно 16.000 килограми пластика. Собраната пластика ЈП "Комунална хигиена" потоа ја продава. За еден килограм се добиваат 5 денари.

http://vest.com.mk/?ItemID=9F77F41565BE834E8E629C7627903075


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2010 at 11:32

Лани собрани 52 тона пластична амбалажа

Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во текот на изминатата година собрале вкупно 52.304 килограми отпадна пластична амбалажа. Тоа е три пати повеќе споредено со 2008 година, информираат од Градот.

Селекцијата на отпадот во Скопје се спроведува веќе трета година, во сите општини. Пластичната амбалажа се собира од 130 жичени контејнери, поставени на фреквентни локации и од околу 2.000 индивидуални домаќинства.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D9C076FE17567D4182D3C783DEF9B729


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:29

Фирмите ќе плаќаат рециклажа на амбалажа

Компаниите ќе мора да го собираат и рециклираат отпадот од амбалажите на производите што ги продаваат. Во спротивно, ќе платат казна. На пример, винарница што шишињата вино ги продава спакувани во картонски кутии, во текот на годината од купувачите ќе мора да собере одреден процент од празните кутии и шишиња и да се погрижи тие да бидат рециклирани, за што самата ќе треба да плати. Ваквите обврски на компаниите се предвидени во новиот закон за управување со пакување и отпад од пакување, кој стапи во сила од Нова година.

Сепак, обврската за собирање на амбалажите најверојатно ќе почне да важи од следната година, бидејќи компаниите добија време да се приспособат на регулативата. Законот точно ги дефинира националните квоти што треба да се достигнат. Тој дефинира колкав процент од различните видови амбалажен отпад (хартија, стакло, пластика, метал, дрво) секој производител или увозник е должен да собере, однесе на рециклирање или одново да го искористи пакувањето. Оваа обврска нема да важи само за фирмите што само извезуваат, како и за производители што на пазарот пуштаат мали количини амбалажен отпад.

Освен одговорноста за собирање на отпадот, производителите и увозниците ќе бидат должни и на самата амбалажа да ги посочат материјалите од кои е изработена, како и штетните материи што ги содржи. Ќе мора да стават и ознаки за рециклирање.

Законот, кој е дел од европските директиви, пропишува дека секоја компанија е должна да најде начин да го собере пропишаниот процент од отпадните пакувања. Се остава можност и за наплаќање таканаречена „кауција“, односно плаќање одредена сума пари за секоја вратена амбалажа. Ако компаниите не можат самите да се организираат, Законот им дозволува да се здружат и да формираат посебна организацијам која во нивно име ќе го собира отпадот и ќе го носи на преработка.

- Законот го воведува начелото „одговорност на производителот“, со кое субјектите што го создаваат овој вид отпад се должни за своја сметка да обезбедат негово собирање и рециклирање. Со овој Закон, отпадот од пакување всушност станува ресурс, кој може да се искористи, што е спротивно на досегашното негово третирање како ѓубре што треба да се фрли. Долгорочните придобивки се во насока на зголемување на пазарот за преработка и рециклирање отпадни материјали, зголемено вложување во изградба на капацитети за рециклирање, како можност за отворање нови работни места - вели Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање.

Бугарскиот консултант, Никола Дојчинов, кој учествуваше во подготовката на Законот, смета дека регулативата најмногу е значајна заради заштита на животната средина. Но, има и други придобивки.

- Особено е важно дека како резултат на одделното собирање на отпадот и неговото сортирање, корисните суровини кои можат да се рециклираат стануваат достапни за локалната индустрија. Со тоа се поддржува и развојот на националната економија - вели Дојчинов.

Компаниите ќе бидат должни да достават месечни и годишни извештаи за тоа колку пакувања собрале, рециклирале и слично. Освен македонското Министерство за животна средина, во подготовката на Законот беа вклучени и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) преку проектот за Интегрирано управување со цврст отпад, заеднички финансиран од ИФЦ и Сојузното министерството за финансии на Австрија. Во изработката на регулативата помогнаа и британската амбасада и УСАИД.

Даница Тунтевска



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FBA19AA9F9AF12478F496D0B2BD5FB10


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:39
Aбе уште не можам да заборавам во Германија пред три години ми наплаќаа цело евро поскапо за пластично шише, макар и од пола литар, и после ги враќаа кога ќе им го вратиш шишето празно. Кој е будала да го фрли? Не знам дали тоа беше само во мини маркетот на мојот хотел, или низ цела Германија беше цело едно евро, како и да е и 10-20 денари да има кауција ќе вроди со плод.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Feb-2010 at 04:28

Градот ќе ги собира опасните батерии

Градските власти со пилот-проект ќе ги собираат и ќе ги складираат искористените батерии, со цел да се намалат опасностите за здравјето на луѓето и за околината што произлегуваат од нивното распаѓање во природата и во депониите

Градските власти подготвуваат пилот-проект за селективно собирање на искористените батерии. Преносливите батерии, кои се опасен отпад, кај нас по употребата завршуваат на депониите и во природата, каде што под атмосферските влијанија протекуваат и значително ги загадуваат подземните и површинските води со тешки метали, најчесто со жива, кадмиум и со олово. Опасни за околината се и автомобилските акумулатори кои, пак, се собираат од индивидуалните собирачи и се продаваат на складиштата. Според Националниот план за управување со отпад, во Македонија годишно се создаваат 1.500 тони отпадни автомобилски батерии и акумулатори, кои се закана за здравјето на луѓето и за животната средина.

Од Министерството за животна средина потенцираат дека ваквиот вид отпад кај нас досега воопшто не се третирал.

- Не е воспоставен систем за селектирање на национално ниво. Ваквиот вид отпад треба да се третира на локално ниво. Стратегијата за управување е усвоена од Владата, но општините се должни да ја имплементираат - потенцира Филип Иванов, директор на Управата за животна средина.

Тој е скептичен дека батериите како отпад наскоро ќе бидат третирани, бидејќи според него, постојат поприоритетни работи. Сепак, вели дека начинот на кој тие ќе бидат третирани прецизно ќе се дефинира со закон за управување со електронски отпад.

- Според законот за електронски отпад, обврска на производителот и на тој што ги откупува батериите е да ги складира и соодветно да ги третира или да плати трето лице што ќе ги собере. Постои метод, начин на третман и понатамошна обработка на батериите. Нам ни е битно тие да не завршат на депонија - потенцира Иванов.

За делумно да престане фрлањето на батериите на депонија и во природа Градот ќе спроведе пилот-проект за нивно селективно собирање во некои делови од Скопје. Целта е да се намалат опасностите што произлегуваат од нивното разградување и протекување. Батериите ќе се собираат на местата што се определени за селективното собирање на ПЕТ-амбалажата, како и во училиштата.

- Собраните батерии ќе се складираат во соодветно пакување, односно со пластични ќеси во пластични буриња, во складиште за опасни компоненти, лоцирано на одреден дел од депонијата Дрисла. Тие би се извезувале заради рециклирање или отстранување, со евентуално претходна селекција по видови - е наведено во Планот за управување со отпад на Град Скопје за периодот од 2010 до 2015 година, во кој е вметнат и овој проект.

Во Планот стои дека пилот-проектот ќе се спроведе ако надлежното министерство им додели средства од Програмата за инвестирање во животната средина или ако обезбедат пари од производителите и увозниците на батерии.

- Проектот е во почетна фаза и неговата реализација е во ингеренции на Министерството за животна средина, бидејќи третирањето на опасниот отпад е во негова надлежност. Градот Скопје ќе даде свој придонес во рамките на своите ингеренции - велат градските власти.

Од Министерството велат дека Планот од Град Скопје го добиле деновиве и дека допрва ќе одлучат дали пилот-проектот ги исполнува условите за да биде финансиран од нив.

Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ засега не се запознаени со намерата на Градот да ги собира батериите.

Директорот на Дрисла, Горан Ангелов, вели дека годинава не постои можност на депонијата да се врши третман на батериите, оти треба да се создадат технички услови.

- Батериите во принцип мора да се рециклираат, бидејќи не можеме да ги уништиме. Но, засега не постои погон за нивна обработка. Треба да се создадат технички услови за таа работа, односно да се изгради соодветен простор, каде што тој отпад ќе може да се селектира и да се обезбеди негова заштита, бидејќи е опасен - објаснува Ангелов.

Тој истакна дека годинава им дале приоритет на други проекти.

- Оваа година ја санираме депонијата. Се подготвуваме за црпење на депонискиот гас и за производство на електрична и топлинска енергија, како и за изградба на фабрика за рециклирање и евентуално за третман на отпадот. Годинава, депонијата ќе биде соодветно опремена за примање азбестни плочи и други азбестни градежни материјали што треба да бидат извадени од објектите на градските институции. Ако помогне Министерството за животна средина, би можеле да го реализираме и проектот за батериите - заклучи Ангелов.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=86303F2C99184B4C863C5C6AC7078536


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Apr-2010 at 20:56

Картонска амбалажа за бламажа

Картоните, особено кутиите во кои се доставуваат производите до трговските и угостителски субјекти, значајно придонесуваат за неефикасност на системот за собирање и транспортирање мешан комунален отпад во урбаниот дел на градот. Овој вид отпад е главната причина за недоволната искористеност на волуменот на контејнерите и возилата и растурен отпад околу контејнерите.

Поради ова, ќе се воведе и систем за селективно собирање на овој вид отпад од стопанските субјекти што го создаваат.

Два модела

Двата модела „врата на врата“ и „донесување“ ќе се тестираат и за селектирање на овој вид отпад. Моделот „врата на врата“ предвидува формирање мобилна претоварна станица, поточно контејнер од пет кубни метри, кој ќе го подигаат од „Комунална хигиена“ по системот „полн за празен“. Контејнерот ќе се бојадиса во жолта боја, видливо ќе се обележи и ќе се држи под клуч со кој ќе располагаат собирачите и „Комунална хигиена“ или приспособен контејнер од 1,1 кубен метар, кој вообичаено се користи за мешан комунален отпад. Тој ќе биде бојосан во жолто, видливо ќе се обележи и ќе се држи под клуч со кој ќе располагаат собирачите и „Комунална хигиена“. Се проценува дека на сите локации каде што има најмалку четири контејнери за мешан комунален отпад, еден од нив ќе може да се пренамени и приспособи за селективно собирање картон-лепенка. Овој модел може особено добро да биде прифатен од продавниците што продаваат храна поради обврските што за нив ги создава ХАЦЦП-системот.

Вториот модел „донесување“ предвидува на еден или неколку стопански субјекти да им се додели контејнер, до кој пристап ќе имаат само тие, бидејќи тој постојано ќе биде заклучен. Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе го подига контејнерот („полн за празен“ ) или ќе го празни со користење на стандардните возила за подигање контејнери од 1,1 кубен метар.

Собраните картони ќе се транспортираат во рециклажниот центар, а оттаму во АД „Комуна“. Стопанските субјекти ќе може сами да го изберат моделот што ќе го користат.

Син контејнер за хартија

За деталите на моделите и датумот од кога ќе почне да се спроведува шемата, опфатените трговски и угостителски субјекти мора да бидат директно известени од „Комунална хигиена“ писмено, со сметките за отпад кои тековно ги добиваат, и тоа три месеци пред да се активира шемата. Моделите ќе се тестираат на истите локации, избрани и за тестирање на моделите за ПЕТ-амбалажа во урбаниот дел на Градот.

Селективното собирање хартија ќе се изведе исто така во првата половина од планскиот период 2010 - 2015 година. Тоа ќе опфати селективно собирање мешана отпадна хартија (весници, тетратки, книги, кеси, тенок картон...) во урбаниот дел на градот, во општините Центар и Карпош, по моделот „донесување“. За овој систем нема потреба од набавка на нови контејнери, туку ќе се приспособи по еден 1,1 кубен метар на локациите каде што се групирани најмалку три контејнери. Контејнерот ќе се обои во сина боја, видливо ќе се обележи, на капакот ќе се отворат процепи и ќе се држи заклучен, а со клучот ќе располага „Комунална хигиена“. За оваа намена би можеле да се издвојат едно до две од постојните возила на „Комунална хигиена“, со рационализација на режимот за собирање и транспортирање мешан комунален отпад.

За успешно спроведување на селекцијата на отпадот ќе има долотрајна и континуирана кампања за едукација на населението и подигање на јавната свест. Контролите на екопатролата во рамките на „Комунална хигиена“ и инспекцискиот надзор и контрола ќе бидат интензивирани.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=69930AD3BF188F4283FFBBE3EC9F9C8E


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 06-Apr-2010 at 00:08

Градот решен да се справи со отпадот

Планот за управување со отпад на Град Скопје за периодот од 2010 до 2015 година предвидува формирање рециклажни и собирни центри за селектирање ПЕТ-амбалажа, лименки, картони и хартија

Општините Центар и Карпош ќе бидат првите пилот-локации на кои Градот и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе ја тестираат шемата за селективно собирање на комуналниот отпад, предвидено со Планот за управување со отпад на Град Скопје за периодот од 2010 до 2015 година.

Селектирањето на различни видови отпад се спроведува ако селективно собраниот отпад може повторно да се употреби или преработи, како и за оние материи што се ризични за животната средина. Од овие причини во Планот се предвидува селективно собирање само на стара хартија, картон-лепенка, ПЕТ- шишиња, лименки и преносливи батерии. Кон овие видови отпад, во подоцнежната фаза на планираниот период, може да се додадат пакувања и од друг вид пластика.

„Поради заканата за загадување на почвите, подземните и површинските води со опасни супстанции преку исцедокот од депонијата, дури и ако не бидат почнати активности на национално ниво за изградба на депонија за опасен отпад, Градот, поточно „Комунална хигиена“ мора да воведе селективно собирање и на други опасни видови отпад, освен батерии и да обезбеди нивно привремено складирање“, стои во Планот за управување со отпад на Град Скопје.

Што се однесува до ПЕТ-шишињата и лименките, планот предвидува тестирање на ефикасноста на два модела на селектирање, во зависност од густината на населението и на стопанските субјекти. Едниот е „од врата до врата“, преку формирање собирни центри на повеќе места во градот, кои ќе бидат во надлежност на општините, вториот е преку формирање рециклажни центри, кои ќе бидат во надлежност на Градот, односно на „Комунална хигиена“.

- Засега се' уште се прават подготовки за овој проект. Веќе испративме дописи до скопските општини во кои би можело да се формираат рециклажни дворови. Факт е дека во Скопје постои само еден рециклажен двор за селектирање отпад, а тоа е во Карпош. Постои размислување нов рециклажен двор да се формира и на поранешната депонија „Вардариште“. По претходно распишан оглас, поднесовме проект до Министерството за животна средина, бидејќи една од неговите задачи е и ревитализација на одредени простори што во минатото биле депонии. Очекуваме дека ќе добиеме поддршка - изјави Ракип Дочи, директор на „Комунална хигиена“.

Вториот модел е донесување, кој предвидува поставување заеднички контејнери, но и собирни центри и тоа во руралните средини, кои ќе бидат во надлежност на општините и ќе им го олеснат пристапот на возила на „Комунална хигиена“. Би се поставувал по еден контејнер за 200 жители, а тие ќе бидат обоени во жолто и ќе бидат дводелни. Во поголемиот дел ќе се складира безбојната ПЕТ-амбалажа, а во помалиот - обоената ПЕТ-амбалажа и лименки. Локациите и бројот на собирните центри ќе ги утврдат општините. Собирните центри ќе се уредат во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“. Локацијата на рециклажните центри ќе ја утврдат општините во соработка со Градот. Овие модели ќе ги вклучат социјално загрозените структури, обезбедувајќи нивна лична заштита и хигиена и остварување финансиски средства што ќе ја подобрат нивната социјална состојба.

Во првата половина од планираниот период двата модела ќе се тестираат на локацијата омеѓена со улиците: Народен фронт, Васил Ѓоргов и Франклин Рузвелт во Општината Центар и на локацијата омеѓена со булеварот Партизански Одреди и улицата Карпошово востание во Општината Карпош. Во руралните делови овие модели ќе се тестираат во населено место Орман, на територијата на Општина Ѓорче Петров. Изборот на пилот-локациите во урбаниот дел на градот е направен поради релативно малата оддалеченост на собирните центри до рециклажниот центар на ЈП „Комунална хигиена“ во Општина Карпош, а во руралниот дел поради компаративните предности на населеното место Орман да се оформи како пилот „Екосело“.

Дел од патите за изградба на рециклажните и собирните центри би се обезбедиле од поголемите „индиректни“ создавачи на отпадни ПЕТ-шишиња и лименки - производителите и увозниците на пијалаци, кои би се јавиле како кофинансиери. (А.П.)
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2CDCE2ED96177440B0912468909CEA06 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2CDCE2ED96177440B0912468909CEA06


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jun-2010 at 21:14

Акумулаторите ќе се фрлаат во специјални контејнери

Пробиштипската фабрика „Весна САП“ ќе управува со батерискиот и акумулаторскиот отпад

Иван Бојаџиски


Штип - Пробиштипската фабрика „Весна САП“, единствен производител на акумулатори во државава, ќе управува со батерискиот и акумулаторскиот отпад во Македонија. Планот за управување со овој вид отпад наскоро ќе биде донесен од Министерството за просторно планирање и животна средина.

„’Весна САП‘ покажа голема општествена одговорност во однос на заштитата на животната средина за што пред еден месец се здоби и со престижната интегрирана еколошка А дозвола, која на овој колектив широко му ги отвора вратите за извоз на неговите производи во најразвиените европски држави. И не само поради тоа што се единствен производител на акумулатори во државава, туку затоа што се најквалификувани на територијата на Македонија за оваа работа, сосема сигурно оваа компанија ќе ја добие одговорната обврска да управува со батерискиот и акумулаторскиот отпад на територијата на цела држава“, вели Соња Липиткова, заменичката на министерот во Министерството за животна средина.

Според Липиткова, „Весна САП“ во изминатите десет години по рестартирањето покажала исклучително почитување на најстрогите еколошки норми. Во тој контекст заменичката на министерот посебно ја потенцира најсовремената технологија што оваа фабрика ја набавила за производство на акумулатори, технологија што не загадува и која дава производство со сите неопходни еколошки подобности. За прибирање на ваквиот вид отпад, според Липиткова, ќе бидат обезбедени посебен вид контејнери, кои ќе се постават во сите наши градови и во кои граѓаните ќе можат да ги одложуваат разните видови потрошени батерии и акумулатори.

Сашо Наневски, технички директор на „Весна САП“, појаснува дека тие веќе набавиле околу 500 специјални контејнери, кои ќе бидат дистрибуирани до сите градови и во претпријатијата за собирање отпадни суровини.

„Ние сме организирани така што во рок од 48 часа од моментот кога ќе добиеме пријава дека некој контејнер е полн, да го транспортираме до нашата фабрика во Пробиштип каде што имаме најсовремен погон за рециклажа на олово-киселински акумулатори и батерии. Нашава држава годишно се соочува со над 2.500 тони ваков вид отпад, а значителен дел се расфрла неконтролирано и ја загадува околината. Ние сме подготвени целото количество да го рециклираме во нашата фабрика и со тоа уште повеќе да придонесеме во заштитата на животната средина“, вели Наневски.

Пробиштипската фабрика ја доби интегрираната еколошка А дозвола пред еден месец, но таму велат дека имаат уште обврски на планот на унапредувањето на заштитата на човековата околина. „Ние не се задоволуваме со постигнатото и затоа изготвивме оперативен план за подобрување на сите перформанси во фабриката, кои имаат значење за животната средина. Овој план ќе го реализираме до крајот на 2013 година, а неговата етапна реализација ќе ја надгледува ресорното Министерство“, вели Наневски.

Во фабричките хали на „Весна САП“ е инсталирана најсовремена технологија, која е достапна на светскиот пазар за производство на акумулатори. Станува збор за технологија што, покрај тоа што овозможува најквалитетно производство на акумулатори, истовремено ја чува и животната средина. Вложувањата во најсовремена технологија во „Весна САП“ се вршат во континуитет во последните десет години.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C4B5B0E6DA45C40BC281642F045EEE7


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Oct-2010 at 15:43

Собирачите на пластика чекаат рециклажни дворови

Ваков трансфер-центар има само во Карпош, кој како единствен во градот не е во доволен за реализација на програмата за ПЕТ-амбалажа

Засега нема ништо од реализацијата на проектот за ангажирањето собирачи на пластика, т.н. ПЕТ-амбалажа, во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Директорот на ова претпријатие, Ракип Дочи, со евроамбасадорот Ерван Фуере и министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, на крајот од април, најави вработување на овие лица за да се избегне нивна маргинализација. Притоа посетија 100 ромски семејства, стационирани во близина на полигонот на Кале, на кои единствена животна егзистенција им е собирањето ПЕТ-амбалажа.

Според Гоце Делевски, заменик-директор во „Комунална хигиена“, за да се создаде можност да се повикаат надворешни соработници, прво треба да се оформат трансфер-центри, односно рециклажни дворови по општините, а дури потоа ќе се развива проектот. Делевски тврди дека локациите тешко се наоѓаат, бидејќи на дел од нив се јавуваат и приватни сопственици .

- Имаме само еден рециклажен двор во Карпош. Само со тој не може да се реализира првичната програма, која предвидуваше надворешни собирачи. ПЕТ-амбалажата е крупен отпад и опасно е да го користиме само тој рециклажен двор за цел град - дециден е Делевски.

- Треба да бидеме претпазливи кога нешто почнуваме за однапред да не биде осудено на неуспех - смета Делевски.

Локации за рециклажни дворови може да се најдат во Гази Баба, Бутел и Кисела Вода. Контакт е воспоставен и со градоначалникот на Општината Аеродром, но таму се' уште не е дефинирана локацијата - потенцира Делевски.

- Излезени сме на терен во Гази Баба. Разговарано е и со градоначалникот Тони Трајковски, па се надеваме дека ќе ни биде дадена за користење локација во рамките на депонијата Вардариште - потенцира Делевски.

Од „Комунална хигиена“ информираат дека рециклажниот двор, кој би бил на дел од поранешната депонија Вардариште, би бил поголем и би се користел и како претоварна станица. И во овој двор во почетокот би се селектирале пластиката и картонот, а ако се создадат услови, и други делови од отпадот.

Засега за да се развие уште повеќе системот за селекција на отпадот се планира да се набават нови жичени контејнери. Засега во сите општини се распределени 130 жичени контејнери.

Анела Петрова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CB51F91F2F81314ABD13062191653281 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CB51F91F2F81314ABD13062191653281


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Oct-2010 at 11:54
Eve kade se frlat sisite od staklo, aluminium, doza kako tie od pivoto vo svajcarija!
http://img209.imageshack.us/i/dsc00675kt.jpg/">

Slusnav za podzemni kanti sto kje se postavat vo centarot!
Vaka nekako kje izgledat posto i ovie se podzemni Smile!




-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Oct-2010 at 16:54
Законот за отпад новина за бизнис секторот
СРЕДА, 27 ОКТОМВРИ 2010 17:31


По два месеци на сила ќе стапи нов закон, за управување со пакување и отпад, кој пред се ќе биде новина за бизнис секторот. Целта на законот е да се намали количината на отпад кој се создава од пакувањата на производите. Секој производител што создава отпад од пакувања, со овој закон има обврска да го собере истиот и да го рециклира.



-Кога се подготвуваше овој закон направена е регулаторна проценка на влијанието и излезе дека трошоците со овој закон би се зголемиле од 1-2%. Компаниите оваа обврска имаат можност да ја спроведат на два начини - да се здружат и една компанија да го собира отпадот во нивно име или поединечо, сами да собираат - вели Јадранка Иванова, од МЖСПП.

Регистрацијата на компаниите ќе се врши во Министерството за животна средина и тоа најдоцна до јуни 2011 година. Една од целите на законот е и поголема општествената одговорност на компаниите.



-Она што е значајно за овој закон е што ќе се зголемат економските активности во делот на собирање и рециклирање и ќе даде можност јавните комунални претпријатија да се вклучат поактивно во исполнување на оваа обврска во име на компаниите - додава Иванова.

Со законот се опфатени и граѓаните.

-Тие ќе треба отпадот да го остават на соодветно означени места - вели Иванова.



Законот беше донесен во 2009 година. Годинава била транзиционен период во кој компаниите требаше да се навикнат. Од министерството велат дека законот за управување со пакување и отпад не би требало да ги зголеми цените на производите.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=28320&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=28320&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: OCB
Date Posted: 21-May-2011 at 13:53
Сите компании ќе мора да најдат начин да рециклираат отпад

Најдоцна до крајот на месецот сите компании ќе мора да најдат начин како ќе го рециклираат својот отпад.



Министерството за животна средина ги стегна бизнисмените. Стопанството ќе мора да одлучи дали да се приклучат кон интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад Пакомак, или пак ќе и плаќаат на државата давачка бидејќи ја загадуваат околината.

Досега се вклучени 11 големи компании. Незагадувачите ќе се препознаваат со меѓународниот знакот ,,греен дот,, кој ќе биде ставен на нивните амбалажи. Рециклирањето ќе биде помогнато и од граѓаните. Министерството ќе почне со пилот проект во скопје и битола, а потоа и во другите општини. Ќе бидат поставени три канти, една за лименки, за хартија и пластика.

Граѓаните ќе добијат кеси во различни бои во кои ќе го складираат ѓубрето, и ќе треба да го однесат во соодветниот контејнер. По извесно време проектот ќе се спроведе и во Штип, Кавадарци, Струмица, Охрид и Тетово.

Пројуроп - интернационалната мрежа за управување со отпад, на која Пакомак денеска и официјално се приклучи, членуваат компании од 32 европски земји и Канада. А најупотребуваниот симбол греен дот го имаат повеќе 170 000 компании во светот.

Марина Доковска (прилично неписмена „новинарка“)
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/site-kompanii-ke-mora-da-najdat-nachin-da-recikliraat-otpad


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jun-2011 at 16:26
Во рециклажниот двор на ЈП „Комунална хигиена“
ПРОМОВИРАН СИСТЕМОТ ЗА СОБИРАЊЕ СЕЛЕКТИРАН ОТПАД ОД ПАКУВАЊА ОД СТРАНА НА НЕФОРМАЛНИ СОБИРАЧИ

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Neformalni%20sobiraci%20na%20otpad.jpg"> Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /09.06.2011 година/ присуствуваше на промоцијата на првата група неформални собирачи на отпад кои што ќе бидат дел од интегрираниот систем на ЈП „Комунална хигиена“ за селектирање и преработка на отпадот од пакувања. Првите 19 неформални собирачи на селектиран отпад денеска потпишаа договори со ЈП „Комунална хигиена“ и добија легитимации што им дава правно признание за нивните активности. За почеток, неформалните собирачи ќе го собираат селектираниот отпад од подрачјето на три општини, Ѓорче Петров, Карпош и Центар, но, проектот наскоро ќе се прошири на целата територија на Скопје.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Neformalni%20sobiraci%20na%20otpad%202.jpg">Градот Скопје постави 116 трикоморни мрежести контејнери за селективно собирање на отпадна пластика, хартија и лименки. Овие контејнери се распоредени во сите десет скопски општини, со што се создадоа услови граѓаните на Скопје отпадот од пакувања од нивните домаќинства да го селектираат и одложат во наменскиот контејнер поставен на најблиската локација. Градот Скопје, заедно со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, УСАИД и првото регистрирано претпријатие за управување со отпад од пакувања „Пакомак“ е потписник на http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Neformalni%20sobiraci%20na%20otpad%203.jpg"> Меморандум за разбирање со кој што се предвидува неформалните собирачи на отпад од пакувања да бидат активно вклучени во еден интегриран систем за селективно собирање отпад што ќе им овозможи да обезбедат сигурна егзистенција. Денеска, веќе се создадени сите услови за промоција на овој систем. Би сакал да апелирам до моите сограѓани да го селектираат отпадот и активно да придонесат за заштита на животната средина – рече градоначалникот Трајановски.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Neformalni%20sobiraci%20na%20otpad%204.jpg"> Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, објасни дека во согласност со потпишаниот Меморандум извршена е обука на неформалните собирачи за постапување со собраниот отпад, обезбедени се заштитни средства за работа, елеци, маски и ракавици и поделени се упатства за работа.

- Придобивките од овој проект ќе ги почувствуваме сите. Проектот овозможува да се намалат количините на отпадот од пакувања што инаку завршуваат на депонија, се решава егзистенцијата на неформалните собирачи и доследно се почитуваат законите – нагласи Дочи.

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Neformalni%20sobiraci%20na%20otpad%205.jpg"> Според проектот, собраниот отпад од неформалните собирачи во рециклажниот двор на булеварот Илинден ќе го откупува ЈП „Комунална хигиена“, ќе го презема, балира и ќе обезбеди пласман на секундарната суровина преку „Пакомак“.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4300&mid=482&tabId=1&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4300&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2011 at 00:28
Слабо следиме вакви теми, само ме зачудува ова. Далеку дека Македонија е лидер со толку малку легални собирачи, ама голем простор има ако веќе тргнало.
Легален ѓубреџија за четири месеци заработува 100.000 денари


Резултатите од собраните 84 тони хартија, 33 тони пластика и 340 тони лименки беа соопштени на вчерашната прес-конференција што се одржа во рециклажниот двор на ЈП "Комунална хигиена", а јасно говорат дека овој проект се покажа како доста успешен и во иднина ветува многу


Проектот на УСАИД за рециклирање пластика започна пред четири месеци во соработка со ЈП Комунална хигиена" и Пакомак". Во него беа вклучени 19 легални собирачи за празнење на трикоморните мрежести контејнери за селективно собирање отпадна пластика, хартија и лименки, а ја претвори Македонија во лидер на регионот во рециклирањето пластика. Резултатите од собраните 84 тони хартија, 33 тони пластика и 340 тони лименки беа соопштени на вчерашната прес-конференција што се одржа во рециклажниот двор на ЈП Комунална хигиена", а јасно говорат дека овој проект се покажа како доста успешен и во иднина ветува многу.
- Секој почеток е тежок, но за кратко време успеавме да покажеме дека успеавме многу. Во новиот рециклажен двор во Вардариште, што во моментов е во изградба, планираме да вклучиме уште неколку легални собирачи на пластика. Иако имавме проблеми со пет собирачи од првата група, кои неодговорно си ја вршеа својата работа, сепак, собирањето за нив е економски оправдан бизнис. Го велам ова, бидејќи некои од нив успеаја да заработат по околу 100.000 денари за четири месеци, што е плата повисока од просечната плата на повеќето вработени во ЈП Комунална хигиена", откри директорот Ракип Дочи, притоа додавајќи дека иако постојат исклучоци кои не ги почитуваа точките од потпишаните договори и ги празнеле контејнерите кои не спаѓаат во нивните реони, сепак тој е задоволен од досегашната работа на собирачите.

Проектот за рециклирање пластика освен што ја подобри динамиката и количината на собрано ѓубре, им ги олесни и секојдневијата на собирачите, кои повеќе не се мета на полицијата, а им го подобри и здравјето, зашто тие сега носат посебна облека што ги штити од бактерии и инфекции.
- Освен новите 5 вработени кои ќе ги заменат старите неоодговорни собирачи, УСАИД за неполни два месеци ќе донира и нови велосипеди за собирачите, со што се надева дека ќе им ја олесни работата. Морам да напоменам и дека Македонија пополека, но сигурно ги надминува стандардите на Европската унија за рециклирање и со овој проект кој трае само четири месеци донесе два пати подобри резултати од минатите години, додаде директорот на УСАИД, Роберт Вудс, кој на вчерашниот прес ги додели и наградите за највредните и најпрофитните собирачи. Првата награда му припадна на Асап Реџер. Освен наградените на прес-конференцијата работно место добија и уште петмина легални собирачи, кои од денес ќе бидат распоредени низ општините Горче Петров, Центар и Карпош.

http://vecer.com.mk/?ItemID=2229D9C032DFE446922BF6222031EC7A



Posted By: mirakuliks
Date Posted: 07-Oct-2011 at 10:16
Проектов со легалните собирачи/селектори на отпад убива три муви со еден замав. Прво тие што собираат, се административно регулирани како луѓе со работа и приходи. Второ со селекција на отпадот, многу пефикасен станува процесот на рециклирање. Трето на легалните собирачи им се доделуваат велосипеди, со што процесот на транспорт на селектираниот отпад неможе да биде поеколошки.


Posted By: Djole88
Date Posted: 07-Oct-2011 at 23:45
Е колку време зборам во НВО(NGO) секторот дека треба парите на вакви проекти да се трошат. Ама упорно никој не обраќа внимание на средината, особено не на рециклажата

Малку само паралела. Годинава бев 4 месеци во Америка, не е важно каде. На источна обала во куќа изнајмувавме соба. Уште првиот ден имавме писмо од газдата на куќата, дека според закон е обавезно да се селектира ѓубрето при фрлањето. Стакло посебно, картон посебно, пластика и лименки посебно. Се друго како генерално ѓубре. Ние секако се придржувавме до тоа. Ама затоа еден Бугар јадеше казна од некои 500долари зошто фрли 4-5 шишиња пиво во генералното ѓубре. Со ваков механизам и со законски мерки може малку да се влее страв и тоа да се направи и кај нас. Не дека ќе имаме милион инспектори па ќе шетаат и ќе гледаат што се фрла, едноставно кај совесните луѓе ќе проработи свеста и ќе си речат, зошто да ризикувам со казна од 300еур кога можам да селектирам отпад. Е кога ќе стигнеме на тоа ниво, тогаш ќе може да се каже сме напреднале едно ниво во човековата еволуција

И уште нешто. Во градов немам приметено вакви канти. Конкретно ми треба негде во реонот Козле-Капиштец-Тафталиџе. Дали има канти за рециклирање и каде???? Сакам да пробам да го применувам тоа што го зборам во пракса


Posted By: Marteen
Date Posted: 08-Oct-2011 at 04:03
Originally posted by Djole88

И уште нешто. Во градов немам приметено вакви канти. Конкретно ми треба негде во реонот Козле-Капиштец-Тафталиџе. Дали има канти за рециклирање и каде???? Сакам да пробам да го применувам тоа што го зборам во пракса


Не е во Капиштец но блиску е ако сакаш да се размрдаш на ул. 50 Дивизија во Центар имаш канти за хартија и пластика посебно. Big%20smile

Ова со рециклирањето на одпад е одлична работа, win-win ситуација за сите. Треба со флаери, спотови и на други начини да се подигне јавнтата свест за двоењето на одпад. А исто мора да се постават и повеќе канти низ градовите, не сум приметил на многу места (на факултет имам приметено картонска корпа за хартија има поставено од поодамна).


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Dec-2011 at 23:30

Десет илјади семејства ќе двојат биоотпад

„Kомунална хигиена“ во една општина ќе подели 10.000 канти за биоразградлив отпад, по што граѓаните во нив ќе ги фрлаат одвоено само остатоците од храна и преостанатото ѓубре, кое е со органско потекло

Селекцијата на биоотпадот, на која досега не ~ се обрнуваше никакво значително внимание, наскоро ќе биде секојдневие на десетици илјадни скопјани, кои во посебна канта ќе го собираат таканаречениот влажен отпад што го создаваат. Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ кон крајот на годината во една општина ќе подели 10.000 канти за биоразградлив отпад, по што граѓаните во нив ќе ги фрлаат одвоено само остатоците од храна и преостанатото ѓубре, кое е со органско потекло, како трева и друг градинарски отпад и слично. Со тоа кај нас за првпат ќе биде воведена помасовна организирана селекција на отпад во домаќинствата, практика која во европските земји е одамна установена и која и ние мора да ја воведеме во согласност со стандардите и директивите на ЕУ.

- Од нашите анализи околу количеството отпад што се депонира ќе зависи во која општина ќе се спроведе пилот-проектот. Извесно е дека на 10.000 индивидуални домаќинства ќе им биде поделена уште по една канта во која ќе го фрлаат т. н. влажен биоразградлив отпад. Првата канта ќе биде за сувата фракција – вели Ана Марија Бранѓолица, портпарол во „Kомунална хигиена“.

Помалку депониски гас и исцедок

Во Македонија, според Националниот план за управување со отпад (2009-2020), годишно во домаќинствата се создаваат околу 570.000 тони комунален отпад или околу 313 килограми на човек. Од него 150.000 тони е органски отпад, околу 15.000 тони дрво, 70.000 тони хартија и картон, 20.000 тони стакло, 17.000 тони текстил, а преостанатото е пластика, метал, отпад од пакувања, друг отпад, фини мешани честички. На биоразградливиот дел отпаѓа дури и до 60 отсто од вкупниот комунален смет, што е голем предизвик во управувањето со отпадот.

Моментално ситуацијата со депонирањето е очајна. Од 45 депонии само скопската „Дрисла“ е градена според стандарди и има дозвола за работа, а преостанатите се комунални и диви депонии каде што заедно се фрла секаков вид отпад - комунален, опасен, медицински, градежен, индустриски итн. За селекција и за рециклирање не станува збор, а поради мешањето на опасниот и на неопасниот смет, речиси половина од депониите се високоризични.

Од друга страна, бенефитите од одвојувањето на органскиот од другиот отпад се многукратни и одат на сметка и на економијата и на екологијата.

- Биоразградливиот отпад под дејство на микроорганизми и други фактори се распаѓа на депониите при што се произведува депониски гас, кој главно се состои од метан. Тој е 21 пат посилен како стакленички гас од јаглерод диоксидот, а го зголемува и ризикот од пожари на депониите. Распаѓањето на биоотпадот има негативно влијание и врз исцедокот од депонијата. Ако се намали количеството биоотпад на депониите, ќе има помалку стакленички гас, помалку исцедок, ќе се создаде нова вредност од ѓубрето и ќе се продолжи векот на експлоатација на депонијата – вели Филип Иванов, директор на Управата за животна средина и автор на една студија за преработка на биоотпад.

Според него, една од главните предности на биолошкиот третман на влажниот отпад е производството на компост, кој се користи во земјоделството за подобрување на почвата, а со употребата се спречуваат исцрпување на органската материја и ерозијата на земјиштето. Kомпостирањето е природен циклус на претворање на органското ѓубре во хумус и ја намалува потребата од употреба на други видови ѓубрива.

Ако можат Италијанците...

За предностите од производство на компост неодамна потсети Италијанецот Енцо Фавоино, експерт за биоотпад, кој учествуваше на меѓународната конференција за одржливо управување со отпад, што се одржа во Скопје.

- Во САД веќе има депонии само за градинарски отпад, а на комуналните депонии е забрането да се депонира органски отпад, што е дополнителен чекор напред од она што се прави во Европа. Биоотпадот има централна улога во многу стратегии за управување со отпад во ЕУ затоа што наредните години ефектот на стаклени градини ќе се зголемува и мора да се намали продукцијата на депониски гас. Од друга страна, и органските материи треба да се вратат во почвата со употреба на компост затоа што таа осиромашува. Предуслов е посебното прибирање на биоразградливиот отпад, што е практика во многу земји од ЕУ. Во Холандија секоја општина прибира биоотпад и врши компостирање, во Австрија е развиено и домашното компостирање. Од 60 милиони Италијанци 20 се во шемата за собирање биоотпад. Имаме селекција во Наполи, во Палермо... Ако можевме ние, можете и вие. За ова не ви е потребен цел век, може да го воведете за една година оти нема значителни трошоци - порача Фавоино.

„Дрисла“ како ороводец

Во Законот за управувањето со отпад е наведено дека пред да се отстрани отпадот треба да биде подложен на механички, физички, хемиски, термички или на биолошки третман, со цел да се намалат количеството на отпадот, неговиот волумен и негативните влијанија врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето. Законот не се почитува, но се прават првите обиди.

- ЈП „Дрисла“ планира да воведе нова технолошка линија, која се однесува на биолошки третман на биоразградливиот отпад, со можност за евентуално енергетско искористување на гасовите, кои се продуцираат од самиот процес. Една од најголемите инвестиции е конечната преработка на биоотпадот со технологија која му дава повторна употребна вредност. Најверојатно, ќе се гради биодигестор каде што ќе имаме екстракција на гасовите и нивна употреба за производство на топлинска и електрична енергија. Се предвидува дека околу 50.000 тони биоразгардалив отпад ќе се третираат во овој биодигестор. Ќе градиме и компостарница за зелениот отпад што доаѓа од градот каде што ќе се третираат од 10.000 до 15.000 тони годишно – вели Горан Ангелов, генерален директор на „Дрисла“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D47EA00437607E4E8D417170CCA1387C


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 06-Dec-2011 at 23:44

За голем поздрав. Ова е многу позитивна работа.

Иако и самото компостирање и производство на ѓубриво не е лоша работа. 

Можат да комбинираат... пола пола... или зависи од потребите... пола отпад да оди за топлинска и електрична енергија, пола за ѓубриво...

Во секој случај, само напред со оваа акција... 

Да слушаме и да учествуваме во уште повеќе вакви позитивни промени во иднина... и тоа блиска



Posted By: tomi_z
Date Posted: 07-Dec-2011 at 01:54
Ајде, има ли ентузијасти? Или само ќе се жалиме како никој не рециклира, воздухот е лош за дишење и Вардар е матен??

Сакајќи да ја подигнеме рециклирачката и еколошката свест кај нашите сограѓани и да направиме нешто добро за општеството, се решивме да пробаме и ние да организираме вакво нешто. Не сум баш сигурна дали ќе ни треба дозвола од Општина/Град Скопје за употреба на јавна површина, меѓутоа и да ни треба, верувам дека добрите господа би ни излегле во пресрет за една ваква акција. Доколку знаете нешто поконкретно во врска со вадење дозвола (и дали воопшто е потребна) за ваков настан, пишете коментар. Датумот и времето не се одредени меѓутоа, ова би се одвивало на максимум 3 дена пред Нова Година.


http://jovanatozija.blogspot.com/2011/12/blog-post_06.html - http://jovanatozija.blogspot.com/2011/12/blog-post_06.html


-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Dec-2011 at 03:13

Јас сум за.

Ајде да се собереме повеќе.



Posted By: dule
Date Posted: 07-Dec-2011 at 07:42
Потполно во целост ја подржувам секоја општокорисна работа во која како членови ќе допринесеме за разубавување на градот.

Покрај тоа ќе допринесеме и кон поголема промоција на форумот во медиумскиот простор.

Без разлика дали се работи за рециклирање,чистење и уредување на некој простор или јавна зелена површина,помали поправки околу урбана опрема ,покривање на графитите во централното градско подрачје ,па дури и уредување на некој запустем парк кој ке го носи логото на BUILD и слично

.Јас сум сигурен дека доколку направиме еден проект или некоја си идеја за доброто на градот,убеден сум дека и Градот и било која општина ќе не подржи во истата.

Исто така и јас сум за и во секое време подготвен да ја дадам подршката.



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 07-Dec-2011 at 10:25
Originally posted by dule

Потполно во целост ја подржувам секоја општокорисна работа во која како членови ќе допринесеме за разубавување на градот.

Покрај тоа ќе допринесеме и кон поголема промоција на форумот во медиумскиот простор.

Без разлика дали се работи за рециклирање,чистење и уредување на некој простор или јавна зелена површина,помали поправки околу урбана опрема ,покривање на графитите во централното градско подрачје ,па дури и уредување на некој запустем парк кој ке го носи логото на BUILD и слично

.Јас сум сигурен дека доколку направиме еден проект или некоја си идеја за доброто на градот,убеден сум дека и Градот и било која општина ќе не подржи во истата.

Исто така и јас сум за и во секое време подготвен да ја дадам подршката.

А може и БИЛД да испечати 50-тина мајчки за учесниците, според претходниот дизајн на Фосил Thumbs%20Up

-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Dec-2011 at 18:00
Јас веќе прибрав неколку зелени шишиња, до нова година ќе се соберат уште...   Smile
Ќе се најде и нешто хардвер, ама распар чорапи и ракавици за жал немам  LOL


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Dec-2011 at 23:19

Ќе приберам и јас колку што можам работи...

Но имам 25 алуминиумски шишиња, боци од дезодоранс досега... Ако памтите еднаш кога спомнав да собираме... епа од тогаш имам 25 на број... денес го потрошив број 25



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Dec-2011 at 23:29

Еве и доказ...





Posted By: tomi_z
Date Posted: 08-Dec-2011 at 02:53
Земи ги, може да се употребат како лампиони

-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Dec-2011 at 01:38

http://ilike.mk/art/​dizajn/subcategory/​elka-od-32000-shishinja/ - http://ilike.mk/art/​dizajn/subcategory/​elka-od-32000-shishinja/

Зошто да неможеме и ние

Ајде да пробаме?



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Dec-2011 at 22:10

Луѓе ај кој е заинтересиран нека пише.. ако ништо друго... шишиња ако имате?

Станува посериозно, можно е и Карев да ја подржи акцијава... ако можете и сакате помогнете



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 16-Dec-2011 at 03:21
http://www.facebook.com/events/311445585542199/ - Новогодишна елка од пластични шишиња


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2011 at 21:47
Јас собирам, а за другите не знам... 


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 16-Dec-2011 at 21:52

Денес однесов 7 шишиња во школо. 

Имам дома уште 5, а ќе ми донесат уште....

Е сега, сеуште не е сигурно, но како што реков, можно е Карев активно да се вклучи во акцијава, ако се согласат професорите... А можно е деновиве да тркнам и до кај директорката...

Како и да е... опримистички гледам кон целава акција и мислам дека бројот на шишиња ќе биде доволен и голем... и се надевам дека ќе можеме да се здружиме... општо граѓани и Каревчани. Јас воедно сум и некако во средина, и би ми било глупо да не ја правиме заедно... 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Dec-2011 at 14:16
Еве колку шишиња беа собрани на пунктот пред Бисер, на пола час пред истекот на предвидениот рок (и тоа откако процентуално значително ја засилив колекцијата со моите скромни 12 пелистерка шишиња)  Unhappy

За муабети секогаш сме силни, но кога треба нешто на дело, тоа слабо... Во град од 700 илјади жители и повеќе, не може да се соберат троа пластични шишиња за една ваква убава иницијатива.






Не ми останува ништо друго освен да се надевам дека на другите пунктови поминало подобро. А за оние кои сакаат да придонесат, но денес од објективни причини не успеаа, шишиња ќе може да однесат директно на дешавката и да земат учество во правењето на елката:
http://www.facebook.com/events/311445585542199/ - http://www.facebook.com/events/311445585542199/




Posted By: FoSsiL
Date Posted: 24-Dec-2011 at 16:22

Јас се успав, спиев.

Но имам дома 50-тина шишиња, и ќе пробам да успеам до утре да исконтактирам и да ги дадам на организаторите.



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 25-Dec-2011 at 21:53

 

 

 




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Dec-2011 at 21:57


Сепак успешно!     Cheers


Posted By: tomi_z
Date Posted: 26-Dec-2011 at 00:47
Сепак има млади луѓе со иницијатива. Баш ми е мило, браво! Cheers

-------------


Posted By: BOJAN
Date Posted: 26-Dec-2011 at 01:07
Освен големи честитки за дечките и момичките, ништо друго не можам да кажам. За жал, мојот г`з не успеав да го повлечам кон Градски парк, а и мене повеќе ми одговараат лименки и стаклени шишиња.... мислам пиво не се пие во пластична амбалажа, а ја освен пиво друго и не пијам... така да, една личност полна со пародија, иронија и сарказам помалку на овој благороден настан.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 26-Dec-2011 at 09:49
БРАВО!

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 26-Dec-2011 at 10:58

Прекрасно. Дали  некој наш член присуствуваше на настанот?



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: alexgizh
Date Posted: 26-Dec-2011 at 12:57
Јас колку што знам, најмалку FoSsiL бил присутен.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Dec-2011 at 13:59
Да бев... Бевме таму од 10 часот (јас стигнав во 11, пак се успав малку) и беше готова негде околу 5... се сликавме, некои си отидоа, а некои отидовме во Занзибар на чај и после по дома околу 7 на ‘‘полнење батерии‘‘...


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Dec-2011 at 14:29

Единствен недостаток е што нема сијалички и не е доволно осветлена. Но од повеќе причини... да не правиме дополнителни трошоци... бидејќи самата идеја е со помалку да се направи нешто што ќе биде пример... а од друга страна несакавме да трошиме струја, бидејќи не одговара на еко-елка да се троши струја, бидејќи не е многу баш еколошко... а и да не чепкаме по бандерите.... ако воопшто можевме и смеевме... и сакавме...

Како и да е... проценките се дека на елката има приближно 1050 шишиња... имаше донесено и повеќе... некоја бројка од 1200+, но ни беа доста, немавме каде да ги ставиме па ги фрливме во контенјерите за пластика...

Инаку на крај бевме 31 човек... толку отприлика беа луѓе кои беа констатно присутни и ангажирани... иако на периоди бројката на луѓе беше и можеби накај 100ка...



Posted By: tomi_z
Date Posted: 26-Dec-2011 at 18:25
И јас бев до кај 16h. Акцијата беше супер, логистиката исто така добра. На пример, беа направени повеќе групи за паралелно да се спремаат „гранките“ од елката, имаше екипа која спремаше чај и греена ракија за одмрзнување на рацете и кревање морал А дека беше ладно, беше! Веќе знам некоклу твитераше кои се на антибиотици од денес

Елката излезе подобра од очекувањата, исто така ме радува што пластични шишиња донесоа и постари луѓе, помали деца, еден дедо не само што донесе 20тина шишиња, дури застана и да ги сече шишињата со нас. Посебно сум задоволен што усреќивме едно хендикепирано дете кое дојде со мајката да донесе шишиња и ептен и се радуваше на елката

Ептен ми е мило што повеќето од присутните не се ни познаваа, освен како @ime на твитер. Се осеќа дека сепак има група млади луѓе кои не се зачмаени како повеќето денес.

Штета што не се запознавме Фосил, ама ајде во следна прилика! Cheers



-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 26-Dec-2011 at 19:27

Може и сме се запознале  

Јас сум тој вториот од лево со белата капуљача... на заедничката фотка



Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Dec-2011 at 21:29
Елка од пластични шишиња го краси Градскиот парк
Понеделник, 26 Декември 2011 17:07
Сподели
16

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Како апел за подигнување на свеста на граѓаните за чување на животната околина, вчера во скопскиот Градски парк никна новогодишна елка од пластични шишиња, иницирана и изградена од припадниците на Твитер заедницата во Македонија.

Новогодишната еколошка елка „порасна“ над четири и пол метри во висина, а во ширина се протега на околу три метри.

Акција спроведена на неколку пункта во Скопје и еден во Куманово беше успешна и беа собрани повеќе од 1.200 пластични шишиња, кои послужија за подигнување на елката.

Целиот проект беше организиран преку интернет од страна на македонските блогери и корисници на друштвената мрежа Твитер.

Македонските твитерџии го реализираа овој проект инспирирани од иста ваква акција во литванскиот град Каунас и велат дека нивна желба е елката да остане во Градскиот парк барем до Нова година.
http://kurir.mk/republika/skopje/54919-Elka-od-plasticni-sisinja-go-krasi-Gradskiot-park - http://kurir.mk/republika/skopje/54919-Elka-od-plasticni-sisinja-go-krasi-Gradskiot-park


Posted By: tomi_z
Date Posted: 28-Dec-2011 at 10:37
Еве стигна и time-lapse видеото:

[tube]cRilM52apq4[/tube]


-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 28-Dec-2011 at 13:47

http://tamaraatanasoska.wordpress.com/2011/12/28/elkata-od-plasticni-shishinja-misija-uspeshna/ -



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Jan-2012 at 01:15
[tube]aCu8vlcJBJY[/tube]


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 23-Feb-2012 at 00:05
ТРИ СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ПОНУДИ ЗА СЕКУНДАРНА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ ВО ПРИЛЕП

Три реномирани странски компании директно или преку свои подизведувачи се јавија на распишаниот тендер на прилепското Ј.П. Комуналец

за изведба на линија за секундарна селекција на собраниот отпад. Загрепски Техникс, Турбоинжењеринг од Скопје со подизведувач австрски МУТ и меѓународниот конзорциум Еко клуб ги доставија понудите за изнсталација на сет од 4 машини во линијата од кои најниската е 240.000 а највисоката е 500.000 евра. Комисијата за спроведување на тендерот, како што објаснува директорот на Комуналец Златко Ристески во рок од 1 месец ќе ги проверува веродостојните референци на компаниите и со нивна посета на такви проекти во неколку градови од земјите на поранешна Југославија, по што ќе биде извршен изборот согласно критериумите 70 бода носи цената а 30 бода начинот на наплата. Прилеп важи како прва општина во земјава која ја спроведува примарната селекција на отпадот со досега дистрибуирани над 3.000 пластични канти во домаќинствата и голем број поставени контејнери низ градот, а со инсталирањето на оваа линија за секундарна селекција ќе биде единствен во Македонија и меѓу малиот број градови на Балканот:

- Да се имплементира во 2013 година, а во 2013 година да отпочне и компостарата, да заврши таа инвестиција од околу 700.000 евра во 2014 година. Потоа ќе видиме точно колку отпад останува 20%-30% и врз основа на таа количина 2015 година ќе се димензионира последната фаза-санитарната депонија.

По извршениот избор и потпишаниот договор избраната компанија ќе има рок од 6 до 8 месеци да ги монтира 4-те машини што значи по изградбата на хала на површина од 1.000 м2 треба да се очекува секундарната селекција да стартува со дневна обработка, доколку би работела во две смени, можност нововработени 30 луѓе и машините да селектираат околу 150 тони отпад-хартија, пластика и метал, кој потоа пресуван би се продавал на заинтересирани компании, а остатокот т.н. микс би се понудил на цементари кои го користат за затоплување на нивните печки. Во ЈП Комуналец според првичните пресметки очекуваат инсталираната линија за селекција да се отплати за околу 2 години од продадениот селектиран и пресуван отпад. Овој проект фактички значи огромни заштеди и стопирање на понудите од ЈП Амиа од Верона за слична ваква линија за која најниската сегашна понуда е 240.000 евра а нивната била околу 5 милиони евра, велат Од Комуналец.

http://10bez10.com/vesti/2193-tri-stranski-kompanii-so-ponudi-za-sekundarna-selekcija-na-otpadot-vo-prilep - http://10bez10.com/vesti/2193-tri-stranski-kompanii-so-ponudi-za-sekundarna-selekcija-na-otpadot-vo-prilep

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: rbobi26
Date Posted: 26-Feb-2012 at 21:42
Дали некој има информација дали во Македонија има опција за ништење односно рециклирање на отровен отпад како индустриски бои, лакови, улја и мазива и слично или па можеби во регионов, ако не во МКД.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 12-May-2012 at 11:06



-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 16-Jul-2012 at 20:18

36 досега...




-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Jul-2012 at 20:34
и јас почнав да собирам, досега имам осум, а наскоро десет, ако има некаква акција како таа со елката радо би ги донирал

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 16-Jul-2012 at 20:56
Јас не ни приметувам... воопшто не ми е проблем да ги собирам... ми се собираат во купатило неколку и по некое време ги ставам во една кутија... и така... незнам што ќе им праам... ама ете... нека стојат... може ќе можат за нешто да се искористат... ако не... тогаш како алуминиум да се рециклираат...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jul-2012 at 22:47
Sekade gi gledam ovie kanti a naskoro kje ima i po stanbenite zgradi

ЈП Комуналец ќе рециклира

von http://www.facebook.com/Opstina.Kicevo - Општина Кичево , Montag, 21. Mai 2012 um 09:13 ·

 

Минатиот петок, ЈП Комуналец – Кичево потпиша договор со непрофитната организација “Пакомак” со цел откупување на пластика и хартија.

 

“Пакомак” е првата компанија во Македонија која поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи и 34-тата национална непрофитна организација која се приклучува кон интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад “ProEurope”. Од страна на оваа организација се очекува донирање на дваесетина контејнери за селекција на отпад.

 

ЈП Комуналец веќе постави пластични контејнери за селекција на отпад на неколку локации во градот.

 

 

– Најпрво започнавме со поставување на контејнери на одредени локации, во втората фаза ќе бидат опфатени институциите, додека во последната фаза ќе бидат поставени и пред станбените згради. Во план е и на самата депонија да се прави секундарна селекција – изјави г-нот Васко Станкоски, директор на ЈП Комуналец.

 

Минатата година беа наместени решетки за пластика, меѓутоа во нив се фрлаше се освен пластика. Затоа од јавното претпријатие сметаат дека најмногу треба да се работи на зголемување на еколошката свест кај граѓаните. Работејќи во таа насока, во план е подготовката на флаери, кои би се испраќале заедно со сметката за вода до сите домаќинства во Кичево.

 

КИЧЕВСКО ОГЛЕДАЛО

Биљана Крстеска




Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Jul-2012 at 23:02
ми е срам што ставам вакви слики,ама со ваква култура нема рециклирање



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Jul-2012 at 23:04
A gjoko ti znaes kaj sande kaj romite stavea isto takvo nesto i sega za 2 casovi ja snemaa. Ili kradea romite ili pak opstinata ja trgnala. Inace bev vo krusino a lugjeto bea za pofalba, polno bese so sisinja bez nikakvi vandali


Posted By: gjoko
Date Posted: 22-Jul-2012 at 23:56
вероватно собирачите на пластични шишина ги кршат катанците и ги вадат шишината


овие слики нетреба да ги покажувам,бидејќи се од одземени предмети,но сакам да објаснам на што све се спремни овие луѓе.на моторна пила за сечење на дрва,уградиле брусна плоча со запчаник и со оваа пила можат да трупат бандери,огради,шини,шахти и што све не за кратко време и на места каде нема струја за брусалка





Print Page | Close Window