Print Page | Close Window

Новитети во јавниот превоз

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3325
Printed Date: 23-Apr-2024 at 14:06


Topic: Новитети во јавниот превоз
Posted By: Bojan10
Subject: Новитети во јавниот превоз
Date Posted: 25-May-2016 at 19:00
Додека се расправаме дали трамвај или не, дали двокатни или не, дали метро или не, има луѓе што работат на темата јавен превоз:
https://www.youtube.com/watch?v=bpiFJsWdCuY - https://www.youtube.com/watch?v=bpiFJsWdCuY



-------------
Од чаламот си патиме!



Replies:
Posted By: zabegan
Date Posted: 26-May-2016 at 01:28

треба да е барем уште еден метар повисоко, со оглед на тоа дека по улици возат и камиони и некои други сервисни возила со голем габарит, вклучувајќи ги и оние на противпожарните единици
или пак, треба да се создаде посебна лента за таквите возила, што го прави решениево без поента, со оглед на тоа што веќе во светов постои ЛРТ и посебни ленти за јавен транспорт

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dexter26
Date Posted: 26-May-2016 at 02:10
Previous
 
Е па очигледно планот е создавање на посебна лента за таквите возила, бидејќи максималната дозволена висина на возилата кои ќе поминуваат под автобусот е 2 метра, што значи дека нема да поминуваат камиони под автобусот.


Posted By: zokidac
Date Posted: 26-May-2016 at 09:56
не знам шо се "замараме" со "неважни работи". си имаме ние двокатни автобуси и точка


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-May-2016 at 15:36
ЈСП уште поставува автобуски постојки, нешто што требаше да се заврши во една година, а тие го развлекоа веќе трета по ред, а ние овде треба да разгледуваме некои футуристички решенија за јавниот превоз? Мислам дека малку повеќе реалност не би била на одмет.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-May-2016 at 02:00
Originally posted by Dexter26

Previous  Е па очигледно планот е создавање на посебна лента за таквите возила, бидејќи максималната дозволена висина на возилата кои ќе поминуваат под автобусот е 2 метра, што значи дека нема да поминуваат камиони под автобусот.

тогаш нема логика решението, посебна лента може да има за автобуси, што звучи многу пологично
плус колку што видов на некои клипови, кога собира/истовара патници, го кочи целиот сообраќај под него со рампи

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: phenomenon
Date Posted: 27-May-2016 at 11:07
Во пост-ЈСП и пост-МЖ ерата, најдобро решение според мене за Скопје е комбинација од градско-приградска железница и Бус Рапид Транзит.

Линии на градско-приградска железница:

1. Дексион-Ѓ.Петров-Д.Груев-Бардовци-Визбегово-Ск.Север-Бутел II-Железара-Автокоманда-Маџари-Хиподром II-Трубарево-Илинден-Марино- Населба Јака-ТИРЗ „Бунарџик„-Аеродром „Александар Велики“

2. Волково-К.Јабука-Д.Груев-Бардовци-Визбегово-Ск.Север-Бутел II-Железара-Автокоманда-Фершпед-Ќерамидница-Т.Центар-11. Октомври-Населба Лисиче-Г.Лисиче-Драчево

3. Драчево-Г.Лисиче-Населба Лисиче-11. Октомври-Ќерамидница-Фершпед-Маџари-Хиподром II-Трубарево-Илинден-Марино- Населба Јака-ТИРЗ „Бунарџик„-Аеродром „Александар Велики“

Линии на БРТ:

11.TЦ Рамстор-Т.Центар-Ново Лисиче, по булеварите Македонија, Крушевска Република, 3. МУБ, Никола Карев, К.Ј.Питу, Ј.Сандански, В.С.Бато, Феб. Поход, АСНОМ, Србија и повторно по Ј.Сандански за назад.

12. Ск.Север-Сити Мол, по булеварите Босна и Херцеговина, Словенија, Качанички Пат, 8. Септември, М.Т.Гологанов, Московска, Партизанска, Лондонска и повторно по М.Т.Гологанов за назад.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: one1
Date Posted: 27-May-2016 at 21:14
Вие надвор од Скопје што се не е лошо да не делите многу памет на Скопјани, да видите таму во вашите касаби што се случува.

-------------
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 27-May-2016 at 22:21
Originally posted by one1

Вие надвор од Скопје што се не е лошо да не делите многу памет на Скопјани, да видите таму во вашите касаби што се случува.


Има причина да бидеш задоволен што Скопје е далеку подобро од Куманово, Битола, Прилеп, Тетово... Немој да го споредуваш Скопје со другите градови од регионот и Европа, туку споредувај го со македонските касаби десет пати помали од него.

Ако не си задоволен од мојов предлог, веројатно ќе бидеш презадоволен што ЈСП ќе фрли непотребно 18 милиони евра заради ќејф на некој неизживеан човек, што Скопје нема да воведе градско-приградска железница, ниту ќе изгради трамвај или ЛРТ. Сигурно си и презадоволен што градските автобуси како единствено средство за јавен превоз во Скопје, луѓето што одат на работа мора да ги делат со пензионерите кои се возат од мерак, зашто им е гага, па поради ваква непромисленост да трпат гужви и да доцнат на работа.

П.С. Всушност, во право си. Што има ние отстрана да ви делиме памет, кога вам приоритет ви се панорамски тркала, галии и удобноста на пензионерите. Тоа што има неверојатна гужва во автобусите кои често заглавуваат во огромниот сообраќаен метеж во централното градско подрачје на Скопје, и тоа што е еден од факторите кои придонесуваат зимно време да се гушите од загаден воздух,(покрај другите фактори како непланско и пренатрупано градење, неквалитетни горива за греење, хаотичен сообраќај, очаен јавен превоз итн.) тоа сигурно ви годи.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: one1
Date Posted: 28-May-2016 at 12:08

Поради вас Скопје е такво какво што е, се поголема касаба и паланка. Прво културата во сообраќај ви е дно, во најголем дел случаи во скопските прекршоци учествуваат провинцијалци, се познава по регистрациите, сум бил сведок.
Тоа што всушност вие бегате од вашите касаби нема да ве направи градски луѓе никогаш, ќе си останете од паланка, затоа предлагам да се борите таму општините нешто да ви изградат и да се борите идните власти да го променат начинот на миграција.

-------------
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.


Posted By: Bojan10
Date Posted: 29-May-2016 at 21:54
Додека не се воведе посебен данок само за жители на Скопје државава ќе изумира, баш во Скопје.
Скопјарина од 1000 евра годишно по уживател на Скопскиот живот.

Не може бе да го издриблаш животот во државава така што ќе се преселиш во Скопје. Можеби тебе нема, ама син ти или внук ти ќе го стигне казна. Е сега, ако не се превземат сериозни мерки како данокот скопјарина, оние што се доселиле пред 50 години во Скопје ќе им спуштаат муабети на оние кои се доселиле пред 5 дена, затоа што патот е јасен, од секаде во Скопје и од Скопје надвор од МКД.

Пред 100 години Скопје немало 50 000 жители и 50 улици без кал. Скопје од селендра тргнува по европски правец со ослободувањето 1912.


Треба да се изврши рамномерна распределба не само на парите, туку на целокупната енергија и ресурси во државата. Што може да направи градоначалник чиј буџет секоја година е се помал затоа што државата нема стратегија, и Скопје како црна дупка ја голта Македонија.



-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 29-May-2016 at 22:39
Скопјарина само за оние доселени од 1963 наваму. Оние кои од Скопје потекнуваме не треба да плаќаме данок за живеење во сопствениот град. А оние кои упорно ги кршат „градските“ (сообраќајни и сл.) закони, треба да се пратат (депортираат) на село да го развиваат примарниот сектор, зашто со актуелнава политика никој нормален не би се вратил таму.

Originally posted by Bojan10

Пред 100 години Скопје немало 50 000 жители и 50 улици без кал. Скопје од селендра тргнува по европски правец со ослободувањето 1912.


Затоа пред 350 години имало 30.000-200.000 жители и бил еден од најбогатите и најразвиени градови на Балканот. Затоа и го запалил Пиколомини, не би го запалил да бил некој безначаен збир на куќи.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: one1
Date Posted: 29-May-2016 at 23:00
Имам многу против генерализација, но има многу да се зборува за провинцијалските манири во Скопје, што си влечат нормално позадина. Тоа е тој стандард, додека Македонија имаше визи за белиот свет и многу Скопјани не знаеа да се понашаат кога ќе излезеа надвор од земјава, па веројатно за се си треба време.

Околу политиката би оставил тоа идната власт да мисли, затоа што со овие Скопје се напумпа и доста е. Настел во Карпош го градат за провинцијалци, а касабите празни и полни со кал... Потребни се многу Настели што државни што станбени насекаде само не во Скопје.

-------------
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.


Posted By: Bojan10
Date Posted: 29-May-2016 at 23:18
Јас не велам дека некому треба да му се одземе правото да се досели во Скопје. Ама треба да си плати цена, за да тој што не сака во животот да се сели и коренте нешто му значат има шанса да живее пристојно. Скопје како главен град мора да прима интелектуало-амбиционистичка инфузија од надвор ако сака да напредува, ама се си има своја цена. Скопје треба да биде град кој не прави разлика кој, кога и од каде се доселил во Скопје. Скопје со својата енергија и ритам на живот треба да ги апсорбира сите и да ги усмерива во правец кој би бил квалитативно карактеристичен за градот.

Многу глуп поим "провинцијалски" манири. Кога ќе дојде некој од провинција во Скопје, може само да прави грешки, а не намерно од курчење да греши.
Како размислуваш? Само во Скопје може да живее пристоен, цивилизиран човек? Само скопски родител и скопско училиште, и скопка авто-школа можат да воспитаат пристоен човек, граѓанин и возач? Ако тргнеме да расправаме за класификација на невоспитани, нецивилизирани луѓе ќе загазиме во забранета тема, а нели така мора да се каже, дека сите луѓе се исти без разлика на...

ЕДИТ: Кога велам треба да се плати цена не мислам да се наплати незнаењето на народот по цена 1000еур+ за квадрат кои ќе ги поделат градежните арамии и власта, туку вишокот вредност кој го создава тој град треба да се редистрибуира на останатиот дел од државата по точно определена стратегија.
Енормна е разликата во квалитетот на животот помеѓу било кој град од МКД и Скопје. И тоа властите и градежната мафија скапо го наплаќаат. Делуваат како злосторничко здружување. Профитот во градежништвото во Скопје е незамисливо голем. Скопје треба да им плаќа на сите што не се во Скопје за да не дојдат во Скопје, зашто ако продолжи вака, ќе градот и државава ќе изгубат смисла.

-------------
Од чаламот си патиме!


Posted By: one1
Date Posted: 30-May-2016 at 14:02
Скопје ако сака да биде европски град и космополитски град, секако тоа значи и странски фирми и инвестиции нека значи и доселување и на Кинези, може градот само да цвета, но со доселува на провинцијата во Скопје се оди на сметка да се уништи остатокот од Македонија, што е поразително и катастрофално, настрана нивните никакви градски навики.

-------------
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jun-2016 at 10:34

Брилијантно... Во тема за јавен превоз, еден форумаш анализира и образложува потенцијални решенија за јавниот превоз во Скопје, и доаѓа друг форумаш и му вика:

"не делите многу памет на Скопјани, видите таму во вашите касаби што се случува"


Suicide


И ете така, дискусијата од јавен превоз преминува во дискусија за прочуената скопска култура и префинетост, наспроти провинцијалскиот примитивизам.

По таткова страна, од сите можни дедовци, прадедовци и пра-пра дедовци што ги знам, влечам корени од Скопје. Од татко ми, од дедо ми, од разноразни тетки и чичковци и роднини се имам изнаслушано милион приказни за секојдневниот скопски живот, од предвоениот период, од периодот после војната, од периодот после земјотресот. Впечатокот којшто сум го стекнал од сите тие сведоштва од прва рака, воопшто не е сјаен. Тоа митско префинето Скопје за кое толку често се збори, никогаш не постоело.

И каква црна „скопјарина“, вие стварно ли сте сериозни? Со тоа ќе сме обезбеделе рамномерен развој на Македонија?!? Пошто ако за „привилегијата“ да се живее во Скопје наметнеме давачка, одма сите ќе се стрчаат да се вратат по своите села и паланки и тоа автоматски ќе ја равие Македонија, рамномерно. Луѓе, нели приметувате дека за оваа држава многу поголем проблем е масовното иселување во странство, отколку внатрешната миграција кон Скопје?

Во Скопје се доселуваат секакви луѓе. Се согласувам дека на повеќето од нив културното ниво им е на импресивно ниско ниво, дури пониско од културното ниво на повеќето „староседелци“, коешто е приказна за себе. Но нивото на култура на поединецот во најголема мерка е негов личен проблем. Тоа што ради простаклукот и каубојштината на поединци, последици трпат сите, тоа е сосема друг проблем. Тоа е проблем на немање на ред, немање правна држава, лошо функционирање на системот. И не, на избори не се решава дали во наредните 4 години ќе функционира или нема да функционира правната држава.

Сега конечно малку во контекст на темата. Еве магично иселете ги свежите доселеници во Скопје, магично култивирајте ги преостанатите, пак јавниот превоз ќе си остане катастрофа, се додека сериозно не се поработи на него и не се инвестира во него. За второво во догледно време нема да имаме ресурси, затоа што ги испумпавме во јавни глупости и во приватни џебови. Така да ни останува да видиме што може да се направи со реорганизација на она што го имаме како ресурси во јавниот превоз во моментов и што може да се направи со помали инвестиции. Тоа треба да го направат сосема нови луѓе, од сегашниве се виде што може да се очекува.



------------------------------


one1, имаш 416 постови на форумов, од кои 417 неконструктивни

Навистина се потруди да заработиш банирање, и еве конечно успеа.


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Aug-2016 at 13:48
АВТОБУСОТ КОЈ СЕ ДВИЖИ НАД АВТОМОБИЛИТЕ Е НАПРАВЕН: ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ВО РЕАЛНОСТА




Станува збор за автобусот кој беше најаван од поодамна, кој би се движел на шини над самиот автомобислки сообраќај. Навидум првично идејата била воодушевувачка, а за некого вознемирувачка во сообраќајот.

Меѓутоа ТЕБ навистина е направен. Пуштен е во употреба првиот примерок кој што беше ветен дека ќе биде готов до август. Тој веќе е во употреба.

Погледнете ги фотографиите во продолжениe:









http://webcafe.mk/zivot/avtobusot-koj-se-dvizhi-nad-avtomobilite-e-napraven-eve-kako-izgleda-vo-realnosta/?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook - http://webcafe.mk/zivot/avtobusot-koj-se-dvizhi-nad-avtomobilite-e-napraven-eve-kako-izgleda-vo-realnosta/?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Aug-2016 at 14:47
Ми изгледа на нешто сосем непрактично за нашите услови.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: hcitrS
Date Posted: 04-Aug-2016 at 15:55
За наши услови во никој случај. Мислам дека пред се е наменето за кинескиот пазар, за новоразвиените градови во кина во кои во последните 15-20 години бројот на жители се зголеми за 400-500% и повеќе. Новопроектирани населби, со широки улици имаат простор за вакво нешто, а и потребниот број на патници, бидејќи не се исплаќа изградбата на инфраструктурата за вакво нешто ако имаш дневен сообраќај помал од неколку милиони патници. А сигурно е многу поевтина варијанта од метро.


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 19-Mar-2020 at 13:43

веројатно за ова треба една засебна нишка како Хигеина во Јавниот Градски Превоз но додека админи да ја пуштат нека оди тука абер како неопходни новитети не само за во пандемиски туку и за во секојдневни околности бидејќи светов посекако е полн вируси [ http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31605 - 1 ]

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=485&KW=Кинезите+Закон&PID=237529#237529 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=485&KW=Кинезите+Закон&PID=237529#237529

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=14&KW=автобуси&PID=229444#229444 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=14&KW=автобуси&PID=229444#229444

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=903&KW=ув-ц&PID=191677#191677 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=903&KW=ув-ц&PID=191677#191677

колку и да е новитет кој ескап а не е доколку и една тужба помине од Сограѓаните кои закачиле некаков гајрет во ЈСП во чии автобуси денес секаде има еркондишни но не и начин како истите комплетно да се стрелизираат и по каналите а не само хепа-филтрите кои надворешниот воздух го филтрираат, но нели и за ова прво ќе се оди со некаков тендер а потоа и доплаќања бидејќи мора да се импровизира наместо уште од старт да се бара подобно ноу-хау од ЕТФ бидејќи конечно за јавно добро студентите би се впрегнале [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=485&KW=неонки+канали&PID=229096#229096 - 1 ]


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 31-Mar-2020 at 12:41

дали ова ко UV-C Тренд ќе го видиме како реалност и во Такси Превозот но и Рент-А-Кар или пак Рент-А-Бајк, мислам за сега се бадијала неонкиве во однос ефектот кој го имаат како стерилизатори безопасни по материјалите кои се зрачат, но доколку и Народ запне и Тој да ја тера хипохондрички сигурно цени ќе одат во плафон, затоа и велам често треба да си сторат општините секоја засебно евентуално зелс еден соодветен погон за штанцање вакви и не толку терсене за прозиводство направии, би им предложил нека ги здружат CNC-ноу-хау-то на Микросам и еланот на студентите од ЕТФ, а којзнае потоа може ќе им текне и улично осветлување да заштанцаат бар за по селата ...


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-May-2022 at 21:42
Снимкава не е баш најдобра...

[tube]h_rnzaiur48[/tube]

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window