Print Page | Close Window

Населба Александрија - Ѓорче Петров

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3330
Printed Date: 02-Oct-2022 at 07:27


Topic: Населба Александрија - Ѓорче Петров
Posted By: axel
Subject: Населба Александрија - Ѓорче Петров
Date Posted: 29-Feb-2016 at 14:10

Скопје добива нова еконаселба, кумот ќе добие стан

На простор од 500.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек ќе се гради првата еконаселба во Скопје.

„Следејќи го модерниот начин на живот во големите градови, кога сите сакаме да заминеме во помирните делови на градот и да уживаме во семејниот живот, не постои сомнеж дека секој би уживал во предностите и убавините кои ги нуди оваа еконаселба“, вели инвеститорот.

Новата населба е лоцирана на само 5 километри од центарот на Скопје кој е поврзан со постоечки и новопредвиден булевар и на само 150 метри од кружниот тек кај Порта Влае. Овој простор има постоечка здравствена, трговска и социјална инфраструктура кој со новопредвидената урбанизација на просторот и многу зеленило. Оваа еконаселба ќе прерасне во уникатна населба која ќе биде идеален избор за секое семејство. Исто така во населбата ќе има и голем број на игралишта, трговски центар, деловни објекти, бензиски пумпи, градинка, и многу други содржини.

„Населбата се наоѓа на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. По нејзиното течение преку Качаничката клисура, доаѓа главната струјница од ружата на ветрови во градот Скопје, обезбедувајќи му на ова подрачје чист и свеж воздух, дури и кога Скопје е под магла и штетни гасови. Исклучително консолидираното земјено тло обезбедуваат максимална стабилност на градбите. За нејзината чистота говори и фактот дека во близина на населбата се наоѓаат и главните бунари за водоснабдување на Скопје како доплнение на Рашче. Голем дел од градбите ќе имаат и своја зелена површина на кровните површини како и на дел од терасите и останатите заеднички простории”, изјави Александар Стефанов, член на управниот одбор на „Фабрика Карпош”.

Она кое е интрерсно е што оваа населба сеуште нема свое име, а инвеститорот „Фабрика Карпош”, на кумот на оваа населба ќе му подари стан – гарсоњера.

Сѐ што треба да направите е да дојдете на Саемот за градежништво кој се одржува од 1 до 5 март во Скопје, и со секој купен билет добивате награден купон на кој треба да го напишете вашето предлог име за населбата и да го ставите во кутијата која се наоѓа на штандот на „Фабрика Карпош“.

Цената на становите изнесува 790 евра за м2, и таа цена е промотивна за времетраењето на саемот. Секој заинтересиран може да направи бесплатна резервација.

Почетокот на изградба на оваа еконаселба е предвиден за месец мај, а првите станбени комплекси се предвидени да бидат вселиви кон крајот на 2017 година.

Oваа еконаселба е единствена од ваков тип која нуди врвен квалитет на живеење и современи услови за секое семејство да се чувствува комотно и пријатно во својот нов дом.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/skopje-dobiva-nova-ekonaselba-kumot-kje-dobie-stan



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Jun-2016 at 17:57
[tube]z7lLNj1vxjU[/tube]

Почна да се гради Александрија, првата скопска еконаселба

На простор од 150.000 м2, со вкупна изградена површина од 500.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек, денеска започна со изградба населбата Александрија, која е првата еконаселба во Скопје.



На поставувањето на камен-темелникот на новата населба присуствуваа голем број гости.

Проект-менаџерот на новиот проект, Александар Стефанов, изјави дека новата населба ќе претатвува прва од ваков тип кај нас, и ќе ги задоволи сите еколошки стандарди.

– Ми претставува вистинска чест и задоволство што денеска заедно со вас започнуваме една нова етапа во нашето работење, а тоа е е започнувањето на изградбата на првата еконаселба во Скопје – Александрија. Ние како фабрика во овој проект се вклучивме со сопствени финансии и ресурси за да ја изградиме оваа населба чијшто камен-темелник го поставуваме денес. Во оваа пригода сакам да изразам голема благодарност до Градежниот институт на Македонија, кој активно учевствуваше во изработка на проектот на населбата, како и на цела техничка документација. Во врска со овој проект можам да ви кажам дека околу 20.000 семејства ќе имаат можност да живеат во исклучително стабилни градби кои ќе имаат и своја зелена површина на покривните површини, како и на дел од терасите и останатите заеднички простории во рамките на населбата – изјави Александар Стефанов, проект-менаџер на Александрија и член на Управниот одбор на фабрика „Карпош“.





На денешниот настан беше избран и кумот на населбата на кој сопственикот на „Фабрика Карпош“ и претсетдател на Надзорниот одбор на фабриката, Кире Стефанов, му го додели клучот од гарсониерата. Кумот беше избран по пат на извлекување бидејќи името Александрија го дадоа повеќе од 30 учесници. Кумот на населбата, Сашо Ендровски, објасни од каде ја добил идејата за името Александрија.

– Моментално работиме на преводот на „Каменот од Розета и древното македонско писмо“ и се сетив дека каде и да одел Александар Македонски градел градови кои го носат името Александрија. Бидејќи кај нас нема ниту едно облежје со ова име, сметав дека би било убаво населбата да го носи токму ова име – објасни Ендровски.

Населбата се наоѓа на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. По нејзиното течение преку Качаничката клисура, доаѓа главната струјница од ружата на ветрови во градот Скопје, обезбедувајќи му на ова подрачје чист и свеж воздух, дури и кога Скопје е под магла и штетни гасови. За нејзината чистота говори и фактот дека во близина на населбата се наоѓаат и главните бунари за водоснабдување на Скопје како дополнение на Рашче.

Лоцирана на 5 километри од центарот на Скопје, населбата Александрија е поврзана со постоен и новопредвиден булевар и на само 150 метри од кружниот тек кај Порта Влае. Овој простор има постојна здравствена, трговска и социјална инфраструктура, кој со новопредвидената урбанизација на просторот и многу зеленило, оваа еконаселба ќе прерасне во уникатна населба која ќе биде идеален избор за секое семејство. Исто така, во населбата ќе има и голем број игралишта, трговски центар, деловни објекти, бензиски пумпи, градинка и многу други содржини.

Првите станбени комплекси се предвидени да бидат вселиви до јули 2017 година.

http://republika.mk/?p=611618 - http://republika.mk/?p=611618


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 16-Jun-2016 at 19:50
Originally posted by Џоле


...Во врска со овој проект можам да ви кажам дека околу 20.000 семејства ќе имаат можност да живеат во исклучително стабилни градби кои ќе имаат и своја зелена површина на покривните површини...


Тука ќе збере 80.000 луѓе??? И да се 20.000 луѓе, а не семејства, пак ми личи многу.

Вака на планов не изгледа лошо, камо и РЦ Аеродром, РЦ Ново Лисиче и другите нови населби да беа вака организирани.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Jun-2016 at 20:14


И јас мислам дека претерале со бројките. Малку сум скептичен кон целосно рализирање на населбата, сигурно ќе претрпи некакви импровизации и измени, но сепак секое урбанизирање неурбанизирани површини во градска средина е добредојдено, посебно ако се создадат услови за нормално цивилизирано живеење и работење.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 16-Jun-2016 at 20:17
Се надевам дка имаат предвидено школо/градинка во населбава.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 16-Jun-2016 at 20:45
Jas gledam 4 zgradi sto bi odgovaralo na 200 semejstva. Moze "novinarot" zaspal koga pritisnal na nulata


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Jun-2016 at 06:49
Мислам дека на првата слика е претставена целата населба, а за почеток ќе се градат тие четири згради.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: phenomenon
Date Posted: 17-Jun-2016 at 10:17
Originally posted by kultuzin

Jas gledam 4 zgradi sto bi odgovaralo na 200 semejstva. Moze "novinarot" zaspal koga pritisnal na nulata


Заспал и проектантот кога улицата „Марк Твен“ ја прикажал како Булевар Илинден.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: phenomenon
Date Posted: 17-Jun-2016 at 10:33
Originally posted by Џоле


Населбата се наоѓа на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. По нејзиното течение преку Качаничката клисура, доаѓа главната струјница од ружата на ветрови во градот Скопје, обезбедувајќи му на ова подрачје чист и свеж воздух, дури и кога Скопје е под магла и штетни гасови...


... сè додека не им текне да ѝ го затрпаат коритото со галии и други слични глупости.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: alexsend
Date Posted: 17-Jun-2016 at 11:22
Originally posted by phenomenon

Originally posted by kultuzin

Jas gledam 4 zgradi sto bi odgovaralo na 200 semejstva. Moze "novinarot" zaspal koga pritisnal na nulata


Заспал и проектантот кога улицата „Марк Твен“ ја прикажал како Булевар Илинден.


Па технички гледано кога градските власти ќе решат да ја продолжат Илинденска, Марк Твен би станал бул.Илинденска. Еден ден. Не денес. Не догодина

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Sep-2016 at 18:14
Фотографиите се преземени од фејсбук страницата на Фабрика Карпош:







-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Dec-2016 at 12:06
Постои ли некаква можност некој да појасни што се е срушено/се планира да се руши во кругот на фабрика Карпош? Ќе остане ли нешто од овој објект-подарок од Советскиот сојуз за изградба на пост-земјотресно Скопје? Цели населби во скопски Карпош се изникнати од оваа фабрика, така што сметам дека најмалку што можеме како скопјани да направиме е да го одбележиме овој историски чин со симбол на оваа локација.


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Dec-2016 at 00:52
Originally posted by BOJAN

Постои ли некаква можност некој да појасни што се е срушено/се планира да се руши во кругот на фабрика Карпош? Ќе остане ли нешто од овој објект-подарок од Советскиот сојуз за изградба на пост-земјотресно Скопје? Цели населби во скопски Карпош се изникнати од оваа фабрика, така што сметам дека најмалку што можеме како скопјани да направиме е да го одбележиме овој историски чин со симбол на оваа локација.
кај нас сеуште е непознат терминот „индустриско наследство“, а не па како да се справиме со него

поради тие причини фабрики се рушат или влегуваат во заборав и многу 'рѓа, без разлика дали постои фирмата... еве една пивара што е толку голем бренд во Скопје не знае еден музеј или центар за посетители да отвори, кога веќе оригиналниот објект им е одамна срушен... затоа не може да се пофалиме дека имаме култура, историја и традиција
не велам дека треба секој погон да се чува затоа што нема пореба од тоа и голем дел од фабриките се наоѓаат во драгоцен урбан простор кој може да се искористи во други цели, само малку повеќе внимание да им се посвети

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Feb-2017 at 16:56


Погледот на идните станари



фотките се преземени од фејсбук страницата на Фабрика Карпош

https://www.facebook.com/fabrikakarposh/ - https://www.facebook.com/fabrikakarposh/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Влатко
Date Posted: 28-Feb-2017 at 12:03
На страна се мислам дека е добро што ќе се урбанизира тој дел и ќе се направи подобра врска со населбата Даме Груев.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 28-Feb-2017 at 22:49
Во секој случај самото Ѓорче изгледа посредено дури и сега од една Кисела Вода, која за мене лично е село, ни влезовите на приградските населби не изгледаат така. Од Тутунски комбинат, целата лева и десна страна до Општина Кисела Вода е ужас, грдосија, не си веруваш на очи.


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2017 at 13:19
Од фб профилот на изведувачот





Posted By: stef4o
Date Posted: 09-May-2017 at 12:42
Od facebook





Posted By: daci92
Date Posted: 09-May-2017 at 22:27
Еко населба со бетон како надоврешен ѕид - извинете ама нема ни е од еко .


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-May-2017 at 12:35
Од фб страната на изведувачот

https://ibb.co/eFsLVv">
https://imgbb.com/ - free ssl image hosting

https://ibb.co/etaqVv">


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jun-2017 at 12:00
Од фејсбук




Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jun-2017 at 12:49
Eve nekolku fotki od facebook,pocnale i so fasada na edna od zgradite







Posted By: <Fresno>
Date Posted: 27-Jun-2017 at 13:18
Sad. Ај може со зеленилото ќе се извадат колку толку.


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Jul-2017 at 23:17
"ЕКО НАСЕЛБА"


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: team17
Date Posted: 20-Jul-2017 at 07:12
Ова не е ни социјална категорија....


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Aug-2017 at 15:47
Фотките се од фб страната на ф-ка карпош.







Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Apr-2018 at 20:38
Имаше ископи за уште две-три згради, не се гледаат од оградата.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-May-2018 at 15:05
Во склоп на комплексов наскоро треба да никнат уште неколку станбени објекти меѓу кои и овој



Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jun-2018 at 15:32

Атриа – нов и повисок стандард на домување

Новата населба Александрија ја добива својата 5-та зграда со атриум

Новата населба во Скопје, Александрија, благодарение на Фабрика Карпош, започнува со изградба на резиденцијална зграда со атриум. Новата зграда Атриа е петта во населбата Александрија, а се наоѓа на само 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае и на само 5 км од центарот на градот. Станбената зграда Атриа ќе понуди нов, уште повисок стандард на домување.
Сите еколошки, економски и социјални предности кои што ги носи атриумот совршено се совпаѓаат со концептот на Александрија, па оттаму дојде и идејата за Атриа како 5-та зграда во составот на населбата. Максимално сме посветени на квалитетот на животот на идните станари и сакаме да им овозможиме едно поинакво доживување на животот во Скопје.“ – велат од Фабрика Карпош.
Атриа ќе биде објект во кој ќе биде внесен микро еко-систем со внесување на зеленило во самата зграда. Средишните простори ќе бидат отворени со атриум и ќе имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот ќе биде збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор, кои ќе му дадат една убава форма, а на станарите ќе им дадат чувство на живот во природа. Овие зелени градини се предвидени за заедничка употреба со што ќе го подобрат социјалниот живот во објектот.
Во Атриа како дел од Александрија, ќе има 70 одделни единици од кои дел од приземјето ќе бидат наменети за деловен простор, а остатокот за приватни станови, распределени на приземје, 6 ката и поткровје. Изградбата на Атриа започна кон крајот на мај, а се очекува да биде готова кон крајот на 2019 година. Заедно со новата зграда започнуваат со изградба и пристапните улици, како и партерното и хортикултурно уредување на првите 4 згради, а предвидено е да се заврши кон крајот на летото.


https://denar.mk/181306/biznis/atria-nov-i-povisok-standard


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jul-2018 at 12:37
Хортикултурното уредување(превземено од фб)









Posted By: fichot
Date Posted: 16-Jul-2018 at 21:52
Ова делува многу... јадно. Има некаде преглед на станови и сл.?


Posted By: alexsend
Date Posted: 18-Jul-2018 at 07:05
И што е тука ЕКО

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: fichot
Date Posted: 23-Jul-2018 at 23:45
Originally posted by alexsend

И што е тука ЕКО


па ете, паркинг за точаци има.


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Jul-2018 at 20:22
Се бетонираат темели за уште неколку згради во комплексов(од фб)



Posted By: alexsend
Date Posted: 01-Aug-2018 at 08:17
И тие ќе бидат ЕКО или нормални згради?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Sep-2018 at 13:16
Од асфалтирањето на пристапните улици(превземено од нивната фб страна) + изгледот на новиот објект Атриа кој веќе се гради во склоп на комплексов и би требало да биде нешто побогато опремен,барем така делува на сликите.











Posted By: TENDO
Date Posted: 11-Dec-2018 at 00:55
Има некој нова информација до каде е проектот?
И дали веќе првите две згради добија технички прием?


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jan-2019 at 13:52
Од фб,новата зграда Атриа која веќе се гради во склоп на комплексот












Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Feb-2019 at 14:24
Отпочнале со реализација на проектот Атриа(од фб)







Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Mar-2019 at 16:50

Од фб







Posted By: Bakica
Date Posted: 29-Mar-2019 at 22:48
Mnogu e loso benziskata sto e lepenka do zgradata


Posted By: fichot
Date Posted: 30-Mar-2019 at 08:28
Originally posted by Bakica

Mnogu e loso benziskata sto e lepenka do zgradata


Па добро е тоа, имаш 24/7 тобако.
----------
Има и на други места по Скопје кај што има бензински во непосредна близина (Козле, Лептокарија кај општината, Центар карши Соборна итн.) на станбени објекти.


Posted By: alexsend
Date Posted: 30-Mar-2019 at 09:53
Се слагам со тоа но со оглед што околината и не е нај урбана барем ќе има продавница 24/7. Ќе треба години за да заличи на вистинска населба, маркети, банки, банкомати... Сепак добар страт, тој е процосот.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Mar-2019 at 10:25
Бев пред недела-две, сакав да разгледам што има во населбата и се изненадив кога открив дека има обезбедување, т.е. за да влезеш во зградите (без разлика дали живееш таму или само одиш на гости) треба да се најавиш кај обезбедувањето што се наоѓа во една кабина. Сето тоа е поради фактот што во населбата се влегува преку дворот на една деловна зграда (се гледа десно на последната фтка од постот #44). Инаку, во населбата од еко има само во називот, зашто е обична станбена населба, една од многуте во градов што нуди згради и паркиралиште, а зеленилото е сведено на некој тревник од два метри квадратни. Самите згради, пак, не се ништо посебно, ниту во квалитет ниту во изглед.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Bakica
Date Posted: 30-Mar-2019 at 19:09
Za benziskata mislev deka e loso poradi toa sto e lepenka do samata zgrada. Licno sum zainteresiran da kupam stan vo zgradava. Edinstveno me predomisluva benziskata pred se poradi bezbednost, zagaduvanje (isparuvanje na gorivo) i slicno. Inace do samata zgrada e objektot na Imer Selmani (Garden Inn Residence) vo koj sto kje ima eden pogolem market (najverovatno VERO ili Ramstor), banka, apteka i uste nekolku dukjani taka da mislam deka pogolemiot broj od potrebite na zitelite na Aleksandrija kje bidat zadovoleni. Plus kako brzo se gradi ovoj del od Skopje za 5-6 godini kje dobie poinakov lik


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 30-Mar-2019 at 19:39
Подземен паркинг е ова?

Наместо да го затрупаат центарот, требаше да изградат вакви населби во Ѓорче, Горно Лисиче, Хиподром, Радишани, Ченто... Се надевам дека сѐ ќе испадне како на плановиве и дека населбава ќе се збогати со рекреативно-зелени и комерцијални содржини кога целосно ќе се изгради и всели.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: kiriOK
Date Posted: 31-Mar-2019 at 03:05
Originally posted by Staro Skopje

Подземен паркинг е ова?

Наместо да го затрупаат центарот, требаше да изградат вакви населби во Ѓорче, Горно Лисиче, Хиподром, Радишани, Ченто... Се надевам дека сѐ ќе испадне како на плановиве и дека населбава ќе се збогати со рекреативно-зелени и комерцијални содржини кога целосно ќе се изгради и всели.
Населбава е опкружена од индустријска зона и булевар, со скоро никаков простор планиран на приземјето од зградите за издавање и со одалеченост на објектите еден од друг од макс 10 метри...незнам кај си ги планираш ти тие рекреативно-зелени и комерцијални содржини. Инаку оваа архитектура е достојна за Пехчево во 90 тите , вакво нешто воопшто не треба да се гради во денешно Скопје па макар тоа било во Волково,Ченто,Горно Лисиче...


Posted By: fichot
Date Posted: 05-Apr-2019 at 18:52
Originally posted by Bakica

Za benziskata mislev deka e loso poradi toa sto e lepenka do samata zgrada. Licno sum zainteresiran da kupam stan vo zgradava. Edinstveno me predomisluva benziskata pred se poradi bezbednost, zagaduvanje (isparuvanje na gorivo) i slicno. Inace do samata zgrada e objektot na Imer Selmani (Garden Inn Residence) vo koj sto kje ima eden pogolem market (najverovatno VERO ili Ramstor), banka, apteka i uste nekolku dukjani taka da mislam deka pogolemiot broj od potrebite na zitelite na Aleksandrija kje bidat zadovoleni. Plus kako brzo se gradi ovoj del od Skopje za 5-6 godini kje dobie poinakov lik


Ако гледаш накај бензинската ќе имаш чист видик кон Водно/Југ.. бар нема да никне зграда таму и да зјапаш во прозори. Плус, долгорочно, ако се реализира планот со Илинденска и новата улица од кружниот тек па натаму, оваа улица ќе стане споредна (дури ми се чини ко да се затвора пристапот кон кружниот тек ПВлае?) а со тоа и бензинската ќе стане маалска.. значи нема камиони, шлепери и останато. Ама кога ќе биде тоа...


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-May-2019 at 18:29
Атриа(од фб)







Posted By: stef4o
Date Posted: 17-May-2019 at 14:26
Од фб





Posted By: ehrlich
Date Posted: 17-May-2019 at 17:26
Прашано веќе, но ете пак да прашам, што е „еко“ тука


Posted By: hcitrS
Date Posted: 17-May-2019 at 18:02
Името на проектот


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-May-2019 at 07:33
Од фб



Posted By: Џоле
Date Posted: 22-May-2019 at 16:16
„Населбава“ испадна големо разочарување.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-May-2019 at 16:19
Незнам зошто дозволија да се градат згради толку блиску до бензинската.А патем нема ни е од најавуваното Еко.Испадна обична населба со згради кои според мене се преблизу една до друга без доволно зеленило меѓу нив,за паркинг места незнам како но ми се чини дека ги има доволно.


Posted By: ironm
Date Posted: 22-May-2019 at 17:54
Запалил трикот кога ги ваделе градежните дозволи Big%20smile


Posted By: kiriOK
Date Posted: 23-May-2019 at 07:20
Која иронија,чак и Стар Аеродроме повеќе еко од ова...

А која пак катастрофа за градов каде сите слободни и видливи пространства во урбано Скопје се зафатија со вакви и слични проекти со нулта естетска и архитектурна вредност.


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-May-2019 at 15:28
Еве какво зеленило е застапено меѓу зградите,и во Стар Аеродром типуваат на слична варијанта со овие ниски зимзелени дрвца кои се ништо во споредба со тоа што го сечат пред да почнат со градба.Колку и да ставаат дрва и по кровови и по тераси неможе ни приближно да надоместат.Фотките се од нивната фб страна







Posted By: stef4o
Date Posted: 30-May-2019 at 18:16
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jul-2019 at 07:12




Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jul-2019 at 10:28
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Aug-2019 at 07:02
Од фб









Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Aug-2019 at 06:41
Поглед од Garden Inn кон Атриа(од фб)



Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Oct-2019 at 15:58
Атриа-бетонирање последна плоча





https://www.facebook.com/fabrikakarposh/?eid=ARBDh7H0mgsdUiplBfbouisbvvSX86jd6lHxWxVb8FaInyJjRf6itBkRsMOybRfe-vj4KXmZN1JvY8K1


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Oct-2019 at 08:35
Ни еко, ни населба, ни Александрија

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Nov-2019 at 15:17
Originally posted by stef4o

Од фб,новата зграда Атриа која веќе се гради во склоп на комплексот





Очигледно рендерот претрпел измена



https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Mar-2020 at 16:55
Поглед од покривот на Гарден Инн кон Атриа(од фб)





Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Apr-2020 at 10:49
Поставување фасада на зградата Атриа



https://www.facebook.com/fabrikakarposh/


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-May-2020 at 07:39












https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jun-2020 at 10:42
Дел од фасадата на Атриа





https://www.facebook.com/pg/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jun-2020 at 12:46
Интервју со Александар Стефанов: Александрија е населба која ги задоволува сите потреби од функционален и социјален карактер

Фабрика Карпош АД е компанија која постои на македонскиот пазар веќе 72 години. Низ својата историја се позиционираше како компанија која е една од лидерите во сегментот на производство на бетонски производи, нискоградбата и високоградбата. Во 2015 започнаа со изградба на еден од најголемит епроекти, а тоа е изградбата на новата населба на градот Скопје, Александрија, во Општина Ѓорче Петров. Фабрика Карпош е и сопственик на ракометниот клуб Бутел Скопје. Денеска зборуваме со Александар Стефанов, член на управниот одбор на Фабрика Каропш како и проект менаџер на Александрија.

Александрија е нова населба во Скопје, која започна да се гради во 2016 година, проект позади кој стои Фабрика Карпош. Во првите неколку години се изградија и вселија првите четири згради, а при крај е и петтата. Од каде се јави идејата за нова населба во Скопје?

Идејата за нова населба се роди уште во 2015 година, кога ние како Фабрика Карпош одлучивме дека време е да се започне со инвстиција во станбена површина. Имаме одлична локација и истата е идеална за комплетно нова населба поради нејзиниот габарит. По долги анализи, донесовме одлука, нашите канцеларии и целата фабрика постепено да ги дислоцираме надвор од урбаната средина, а на нивно место да изградиме нова населба - Александрија која ќе се простира на 150.000 м2. Во првата фаза изградивме четири објекти, а во моментов се финализира и петтата зграда, Атриа, која е обележје на населба Александрија.

Дали постоеше интерес кога ја најавивте новата населба, а воедно и целиот проект?

Интересот за новата населба беше и сè уште е огромен. Пред сè поради местоположбата и содржините кои ги нуди за секој станар. Она што е интересно, а луѓето го препознаа е мирот и чистиот воздух, кој поради течението на реката Лепенец која е во непосредна близина и спојувањето со Вардар, креира ружа на ветрови, што навистина ја прави населбата одличен избор за нашите станари.

Доказ за интересот за Александрија се и сите продадени станови, во 5-те згради од првата фаза, и постојаните јавувања за стан повеќе. Нам ни е особено драго што граѓаните се идентификуваат со концептот на населбата Александрија. Концептот на Александрија, од една страна, како и довербата која Фабрика Карпош ја оправдува долж годините, од друга страна, придонесоа за голема заинтересираност кај јавноста за домување во Александрија.

Какви се плановите за Александрија во наредниот период? Дали се предвидени нови станбени блокови, или содржини во блиска иднина?

Новиот блок ќе биде продолжение на целата приказна за оваа населба и придвижување на процесот кон нејзина целосна реализација. Истиот е предвидено да има 4 објекти со вкупно 360 станови.

Кога се очекува да се започне со изградба на првиот објект од нивиот блок?

Изградбата на првиот објект е веќе започната, односно направен е ископ на првиот објект со што е овозможено да се постави темелна плоча, и започнато е расчистување на теренот за ископ на вториот објект.

Планот е, на секои 3 до 6 месеци да започнуваме со изградба на секоја зграда од новиот блок, со што истите ќе ги ставиме целосно во функција за релативно краток временски период.

Во наредните 3 години планирано е да бидат целосно изградени и пуштени во употреба.

Какви станови се предвидени и што е она што можат да го очекуваат новите станари?

Во новиот блок на Александрија, предвидени се 4 објекти со по 90 станови во секој од нив распределени на приземје, 5-ката и поткровје, а ќе се протега на вкупна површина од 28 000 м², секој објект по 7000 м2.

Становите се одлично димензионирани со што максимално го организиравме просторот за едно удобно домување и се движат од 34m² до 106m². Она што нè краси нас како фабрика е што во сите наши објекти користиме врвни материјали за градба и внимаваме на секој детаљ со што секој наш купувач ќе може да ужива максимално во својот нов дом.

Посебно сакам да истакнам дека како компанија обезбедивме и голем број на соработки со банки, со што ќе придонесеме сите потенцијални купувачи на поедноставен начин да стигнат до својот нов дом.

За колкава инвестиција станува збор целиот нов проект и генерално Александрија како населба?

Целата населба Александрија е еден голем проект, кој е навистина интересен за целата јавност, но и за нас како компанија претставува предизвик поради сериозноста која ја носи позади себе. Имајќи предвид дека се работи за 150.000 м2 и дека се работи на унапредување на целосната слика, не би можеле да излеземе со бројки за нејзината вредност, но можеме да кажеме дека новиот блок во Александрија, со габаритот кој го носи со себе, како и квалитетот на градба и материјалите, ќе биде инвестиција од околу 16 милиони евра.

Какви содржини ќе има Александрија?

Најавата на Александрија ќе ги инкорпорира сите неопходни елементи за задоволување на потребите од функционален и социјален карактер, како: деловни објекти, трговски центри, градинка, голем број на игралишта и останати содржини кои ќе им овозможат современ стандард на живеење на сите жители. Местоположбата на целата населба е посебна сама по себе и се наоѓа речиси на самата главна улица која ве поврзува со повеќе делови на Скопје. Во близина е на училишта за основно и средно образование, градинки, игралишта, паркови, маркети, банки, автобуска постројка, амбуланти, зелен пазар, и што уште не. Во непосредна близина е и Скопје Сити Мол и е на само 5км од центарот на градот.

Малку за Фабрика Карпош. Какави се проекти работите во моментов? Каква е ситуацијата во градежниот сектор во моментов?

Фабрика Карпош е етаблиран бренд, кој постои повеќе од 70 години и како градежна компанија е активна во повеќе сектори. Широкиот делокруг на работа опфаќа активности започнувајќи од производство на готов бетон, бетонска галантерија, бандери, цевки, прстени, па сè до реализација на голем број капитални проекти како нискоградба и високоградба. Во областа на нискоградба и високоградба активни сме преку изградба и реконструкција на голем број на објекти, патишта, улици и мостови низ целата држава, а како посебни проекти би ги одвоил проширувањето и реконструирањето на булевар „ Босна и Херцеговина“ и булевар „Словенија“, како и изградбата на клучката и пристапните патишта во ТИРЗ Прилеп. Изминатиов период, покрај останатите активности, реализиравме и неколку проекти на кои сме особено горди, а тоа е живеалиштето на фламингата во Зоолошката градина Скопје, а во завршна фаза е и живеалиштето на пингвините. Во врска со ситуација во градежниот сектор, сакам да кажам дека будно ја следиме ситуацијата во нашата држава секојдневно, но сигурни сме дека како сектор кој важи за еден од постулатите на нашата економија, истиот ќе продолжи да ја развива нашата држава преку реализација на големи проекти кои се зацртани.

https://faktor.mk/intervju-so-aleksandar-stefanov-aleksandrija-e-naselba-koja-gi-zadovoluva-site-potrebi-od-funkcionalen-i-socijalen-karakter

рендер од една од зградите која треба да се гради во рамки на новиот блок кој го отпочнуваат



Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Jun-2020 at 15:39
Местово се наполни со згради покрај овие на Ф-ка Карпош никнаа Гарден Инн,два комплекси на Саник и сега ќе прават уште 4 згради,барем така најавија од фабрика Карпош



Posted By: ehrlich
Date Posted: 23-Jun-2020 at 19:29
Во интервјуто фалат прашања од типот: „Дали знае што е населба?“ (ако да, дали ова што се гради, е тоа) и „Дали знае што е еко?“ (ако да, дали тоа се применува).


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 24-Jun-2020 at 11:53
23.06.2020







Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Jun-2020 at 12:01
На втората фотка сосем десно се забележува оградена парцела и ископ,дали е тоа за некоја од новите згради кои погоре ги најавија Ф-Ка Карпош...?


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 24-Jun-2020 at 13:30
Зградава во Г форма погоре на рендерот, би требало да се гради измеѓу двете згради на саник, онаа на ќошот и онаа во П форма. Само таму има маркица за Г зграда од тоа што имам гледано планови за населбава.


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 24-Jun-2020 at 18:55
Originally posted by stef4o

На втората фотка сосем десно се забележува оградена парцела и ископ,дали е тоа за некоја од новите згради кои погоре ги најавија Ф-Ка Карпош...?


Да, огромна е дупката веќе имаат стаено темел/мршав бетон. Ќе сликам нареден пат. Инаку како што забележав се руши веќе и дел од фабриката.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 25-Jun-2020 at 07:17
Тоа мислам дека е на Саник. Постор за 4 нови згради има само северно, на парцелата што веќе е оградена.


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 29-Jun-2020 at 09:14
„Еко“ населбава гледана од далеку -Жданец.



-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 04-Jul-2020 at 17:42
04.07.2020









Posted By: David
Date Posted: 04-Jul-2020 at 17:59
Да крстиш населба "Александрија" и да градиш фарбаници од 91-ва



Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 04-Jul-2020 at 22:31
Мора името на нишкава да го промениме во Населба Александрија. Сами себе се вреѓаме со прифаќање на терминот Еко xD


Posted By: skopskodete
Date Posted: 04-Jul-2020 at 23:00
Originally posted by MKDSTRUGA

Мора името на нишкава да го промениме во Населба Александрија. Сами себе се вреѓаме со прифаќање на терминот Еко xD

Хахаха, реално, да.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 05-Jul-2020 at 16:15
Мораше да се смени ни бодеше очи цело време


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jul-2020 at 08:16
Atria





https://www.facebook.com/www.makalb.mk/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jul-2020 at 12:01
ЗАПОЧНУВАМЕ НОВ БЛОК ВО АЛЕКСАНДРИЈА

Александрија, новата населба во градот Скопје, инвестиција на АД Фабрика Карпош, која започна да се гради во 2015, продолжува со реализација на својот план. По успешните проекти и изградбата на 5-те згради АД Фабрика Карпош одлучи да започне со изградба на нов блок.

Новиот блок кој започна да се гради како дел од Александрија ќе има четири згради, од кои започнавме со првите две. Секоја зграда ќе биде со по 90 станови со површина од 34m² до 106m², распределени на приземје, 5 ката и поткровје, а ќе се протега на вкупна бруто површина од 27.120 м².













https://www.facebook.com/fabrikakarposh/


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jul-2020 at 11:04


https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jul-2020 at 11:18
Атриа, убавицата на Александрија... зграда која претставува симбол на новата населба во Скопје..







https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Jul-2020 at 12:06
Originally posted by stef4o

Атриа, убавицата на Александрија... зграда која претставува симбол на новата населба во Скопје..


Мало отстапување во позитивен правец во однос на останатите згради во населбата, но сепак останува естетски потпросечна зграда и ниеден маркетиншки трик не може да го промени тоа.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Aug-2020 at 10:27
Атриа



https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Aug-2020 at 14:56






https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Aug-2020 at 14:59
Веќе се изведуваат активности и на новиот блок,пумпиве фрлаат бетон кон подземните нивоа на една од новите згради





https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Aug-2020 at 09:04


https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Aug-2020 at 11:06
Originally posted by stef4o

ЗАПОЧНУВАМЕ НОВ БЛОК ВО АЛЕКСАНДРИЈА

Александрија, новата населба во градот Скопје, инвестиција на АД Фабрика Карпош, која започна да се гради во 2015, продолжува со реализација на својот план. По успешните проекти и изградбата на 5-те згради АД Фабрика Карпош одлучи да започне со изградба на нов блок.

Новиот блок кој започна да се гради како дел од Александрија ќе има четири згради, од кои започнавме со првите две. Секоја зграда ќе биде со по 90 станови со површина од 34m² до 106m², распределени на приземје, 5 ката и поткровје, а ќе се протега на вкупна бруто површина од 27.120 м².




https://www.facebook.com/fabrikakarposh/


Еве како напредуваат со новиот блок









https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Sep-2020 at 06:45
Атриа





Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Oct-2020 at 15:13


-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Dec-2020 at 18:02
Асфалтирање на пристапните улици во населба Александрија.









https://www.facebook.com/fabrikakarposh


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Dec-2020 at 16:29
Ова е населба Александрија, општина Ѓорче Петров, додека ги продаваат становите со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат заради проектирана улица според нов ДУП.







https://www.facebook.com/o2inicijativa


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 18-Dec-2020 at 17:27
Најаки ми се овие мал садници кои ги рекламираат како „дрвја“. Еко населба со една лента зеленило позади зграда. Топ.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Dec-2020 at 15:11
16.06.2016

[tube]BjKl7dJRSOA[/tube]



Print Page | Close Window