Print Page | Close Window

Експресен пат Градско - Прилеп

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3333
Printed Date: 24-Oct-2018 at 00:02


Topic: Експресен пат Градско - Прилеп
Posted By: AmyntA
Subject: Експресен пат Градско - Прилеп
Date Posted: 30-Jun-2016 at 18:03
Минувајќи вчера забележав дека посериозно е започнато со градежни дејства на овој правец, и тоа околу Дреновската клисура.



Replies:
Posted By: WolfLeader
Date Posted: 30-Jun-2016 at 20:52
Да и јас забележав пред неколку дена голем број машини беа поставени на тој дел..


Posted By: ja_licno
Date Posted: 30-Jun-2016 at 22:54


Posted By: hcitrS
Date Posted: 04-Jul-2016 at 14:44
Ја знаете ли рутата на овој нов пат? По цела должина ќе врви покрај стариот, или некако поинаку ќе врви? Тунели??


Posted By: goranmitev
Date Posted: 04-Jul-2016 at 16:59
Еве некои документи што се наоѓаат на Гугл, па прочитај си:
https://www.google.com/search?q=Градско+-+Прилеп+pdf


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 05-Jul-2016 at 14:53
Тесната котлина по која таа се протега, не остава избор на повеќе
алтернативи. Водена по котлината на река Раец, од левата страна на водотекот,
преку Дреновската клисура прави поврзување со постоечкиот пат Р–107, пат за
Кавадарци, преку ново проектираниот патен јазол „Дреново“. Поради малата
застапеност на обработливи површини, а и поради големата стрмност на теренот,
во овој дел од трасата не се предвидени надпатни и подпатни објекти. Тесната
клисура во овој дел од трасата диктира примена на минимални елементи, при што
и се појавуваат големи висини на ископите и насипите, поради што како решение
кај критичните висини во ископ, одлучено е да се применат тунели и потпорни sидови.

Ова го најдов во pdf формат на Агенција за државни патишта , што значи ова дека ќе има тунел ?


Posted By: elnino
Date Posted: 05-Jul-2016 at 15:51
na katastar.gov bese iscrtana celata trasa


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 05-Jul-2016 at 23:34
Originally posted by elnino

na katastar.gov bese iscrtana celata trasa


Ако можиш да го најдиш прикачи го тука.


Posted By: iristevski
Date Posted: 20-Jul-2016 at 15:19
Еве линк од еден pdf документ за изградбата на делот Раец - Дреново
http://www.roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/Drenovo/FinalenPlanGradskoPrilep3En.pdf

-------------
Build Responsively


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 21-Jul-2016 at 14:39
Веќе се реализира првата фаза во должина од 10 километри од Фаришката до Дреновската клисура, која се гради на речиси комплетно нова траса на постојниот пат, 95 проценти се нова траса, а пет проценти ќе се спојува со стариот пат во клисурите каде ќе има проширување.

Инвестицијата за тој дел од трасата е 31,8 милиони евра, а градежните активности ги реализира шпанската компанија „Рубау“. Досега се исчистени 70 отсто од овој дел од трасата на која се планира да се изградат 15 мостови и вијадукти, а по завршувањето на неа да се вози со просечна брзина од 80 километри на час.

На трасата ќе има два тунела, еден од 40 и еден од 140 метри. Ова, како што истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, е најтешкиот дел од патот.

Во втората фаза во текот на 2007 година се планира да почнат градежните работи на делницата Градско – Росоман – клучка Кавадарци во должина од 16 километри, со проценета вредност на градба од 31,4 милиони евра. Изградбата на овој дел од делницата треба да трае 24 месеци, а во третата фаза ќе се врши проширување на делницата од Тројаци до Плетвар и влезот кај Прилеп во должина од 7,5 километри за што е изготвена проектна документација, а проценетата вредност за градба е 5,7 милиони евра. Се очекува на почетокот на следната година за оваа делница да се распише повик за изведување на градежни работи.

Како што рече Мисајловски, се очекува експресниот пат од Градско до Прилеп, што с егради со средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), целосно да биде готов за три до четири години. Стариот пат од Градско до Прилеп се планира да остане како регионален пат.

Парарелно со Прилеп-Градско, укажа Груевски, Груевски се градат и експресните патишта Штип - Кочани и Велес - Кадрифаково, а во тек се градежни активности и за изградба на автопатиштата Кичево - Охрид, Скопје - Штип и Демир Капија - Смоквица



Posted By: Navigator
Date Posted: 29-Mar-2017 at 11:16
Неколку слики од изградбата на патот

https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/1651912121782484 - Фејсбук профил на Владо Мисајловски















-------------


Posted By: elnino
Date Posted: 30-Mar-2017 at 18:34
http://gis.katastar.gov.mk/arec

zum zum zum i ja gledas trasata


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Apr-2017 at 17:53
Фотографииве ми ги испрати нашиот член WolfLeader, ги објавувам како што ми се симнаа на компјутер, не знам дали е по редоследот што тој го има замислено. Исто така, и текстот е негов, само го пренесувам без никакви јазични исправки и слично. Ќе ги означам сликите со бројки за полесно објаснување ако има потреба за тоа.

Сликите се правени последните 10 дена , опфатени се деловите од трасата кај мотел Дреново или попознат како Ловец , после тоа дел од траса кај Чешма значи малце погоре од Ловец и дел кај Раец , на сликите е прикажана изведба на столбови за мостови , бидејќи на трасата почна со работа најтешкиот дел а тоа се мостовите , може да се виде како од прилика изгледа изведба на столб од самиот почеток и на дел од сликите се цевките кој што се користат за пропустите , дел од пропустите веќе се направени , дел се само ископани а цевките не се наместени , исто така и веќе поголем дел од трасата е оформена а друг дел допрва се прави , од моја гледна точка темпото на работа е одлично и вака ако продолжи ќе биде супер , се работи преку цела дел па дури и на дожд нема прекин на работа , сеа за сеа е тоа од прилика


1.


2.


3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.


10.


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Apr-2017 at 17:56
11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Apr-2017 at 17:58
21.


22.


23.


24.


25.


26.


27.


28.


На крај, сакам да му изразам благодарност на WolfLeader за трудот и за фотографиите.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 20-Apr-2017 at 19:02
НАПОМЕНА , сликите не се по ред целите се измешани , нема да ми замерите што не успеав по ред да му ги пратам ,но од прилика може да се види дел од работата како изгледа Нема проблем Џоле фала и на тебе што ги постира.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2017 at 13:17

Проблематичен и експресниот пат Прилеп - Градско



06/07/2017 13:58.

Проблеми во проектот и во наплатата на средствата што треба да ги исплати Јавното претпријатие за државни патишта се воочени и при изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој посочи дека се работи за слични проблеми како оние на автопатот Кичево – Охрид каде во моментот се одвиваат градежни активности со минимален интензитет.

– Во неделата бев во посета на автопатот Кичево – Охрид каде се работи со минимален интензитет во делот на бетонските работи. Проблемот со свлечиштето коешто е појавено на патот Кичево – Пресека е сериозен така што тоа не може да се реши со ад хок решение, истакна министерот Сугарески при денешната прва средба со претставници на Комората на овластени архитекти и инженери.

Тој најави сериозна анализа на сите делници кои се градат во државата бидејќи, како што рече, очигледно е дека во изминатиот период имало направено сериозни проблеми при изградбата на патиштата.

– Сакам да ги видам проблемите коишто се случуваат на делниците кои се градат бидејќи она што опозицијата во моментот го претставува дека само треба да продолжи да се гради, без да се направи анализа, очигледно дека нема да биде можно, нагласи министерот Сугарески.

За автопатот Кичево – Охрид, како што посочи, најверојатно ќе треба да се исплатат дополнителни средства бидејќи последната направена пресметка покажала дека ако се се одвива според планираното, нема да биде под 120 милиони евра.

Рокот за изведба на автопатот Кичево – Охрид е 31 јануари 2018 година.

Во однос на можноста за дислокација на објекти од проектот „Скопје 2014“, министерот Сугарески рече дека се прави анализа по што ќе се види каде постои простор и услови за дислокација бидејќи треба да се има предвид дека понекогаш дислокацијата може да чини колку градењето на спомениците.

Со ребалансот на Буџетот, во Министерството за транспорт ќе бидат скратени средствата од непродуктивните трошоци. – Ќе се крати од сите непродуктивни трошоци кои се однесуваат на купување мебел, возила….Некои стапки ќе бидат сведени на нула, рече министерот Сугарески.

Од Комората на овластени архитекти и инженери посочија дека целта на оваа прва средба со министерот е да го запознаат со овластувањата и работата на Комората, а најавија дека ќе разговараат и за измени на Законот за градење во делот којшто се однесува на категоризацијата на градбите.


http://a1on.mk/archives/760962


Posted By: elnino
Date Posted: 30-Jul-2017 at 22:39
Од прва рака ми кажаа дека ништо не е промашено, никој не им замерил нишо на изведувачите, а ова што го лафат на тв ги загрижува шпанците кои веќе си ангажирале адвокатска куќа од Лондон па сеа нека измислува пак некој.
Све ќе то народ да покрије


Posted By: AmyntA
Date Posted: 31-Jul-2017 at 13:32
Само кенкања од новиве добиваме.


Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Jul-2017 at 15:41
Originally posted by elnino

Од прва рака ми кажаа дека ништо не е промашено, никој не им замерил нишо на изведувачите, а ова што го лафат на тв ги загрижува шпанците кои веќе си ангажирале адвокатска куќа од Лондон па сеа нека измислува пак некој.
Све ќе то народ да покрије


За какви „шпанци“ станува збор? Морам да признам дека малку не ти го разбирам коментаров.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Navigator
Date Posted: 31-Jul-2017 at 16:32
Originally posted by Џоле

Originally posted by elnino

Од прва рака ми кажаа дека ништо не е промашено, никој не им замерил нишо на изведувачите, а ова што го лафат на тв ги загрижува шпанците кои веќе си ангажирале адвокатска куќа од Лондон па сеа нека измислува пак некој.
Све ќе то народ да покрије


За какви „шпанци“ станува збор? Морам да признам дека малку не ти го разбирам коментаров.
Зборува за шпанците кои се главни изведувачи на патот - Construcciones Rubau.


Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Jul-2017 at 16:46
Аха, во ред. Благодарам за појаснувањето.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 31-Jul-2017 at 21:43
Неколку пати бев на оваа делница не е битно во какво својство, и можам слободно да кажам дека сигурен сум дека нема проблеми , чисти глупости се дека е утната трасата или незнам што , работата се одвива добро , не баш со забрзано темпо али сепак динамиката на изведба е супер ,надзорот исто така добро си ја врши работата ,единствено замерка можам да кажам само под изведувачките фирми кој што вршат ископ ,тампонирање и тие работи машините што ги користат се стари и се расипуваат цело време се дефекти , еден багер со месеци стоеше расипан и оставен на сред траса , и за тоа бавно се одвива работата само во тој сегмент , иначе надзорот го вршат искусни со 40 години искуство и наши астрански така да за квалитетот на изведба нема да се сомневам,а дека можеби има ситни пропусти тоа да како и секаде ама сепак не толку очајни како што се тврди ,изгледа у мода стана тоа дека секој проект е утнат или незнам што ... Оваа делница нема да заврши во предвидениот рок тоа е факт , само поради слабите под изведувачи тоа е голема дупка .. Дај боже да грешам ама не сум оптимист за навремено завршување , барем квалитетно да се направи тоа е најбитно.


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Aug-2017 at 07:19
Викендов поминав оттука, забележливи беа знаци на работа, меѓутоа, немав впечаток дека се работи со големи размери.

Две-три фотки во возење:







-------------
За сè има вторпат


Posted By: WolfLeader
Date Posted: 18-Mar-2018 at 20:22
[tube]J-H9HuxCC2U[/tube]

-------------


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-May-2018 at 09:04
Почнува втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп

Втората фаза на експресниот пат Градско – Прилеп почнува денеска со изградба на делницата Градско – Дреново во должина од 16 километри.

Станува збор за проект вреден 23 милиони евра што ќе трае две години.

Изведувач е италијанската компанија Тирена Скави.

Почетокот на втората фаза ќе го означат премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

https://civilmedia.mk/potchnuva-vtorata-faza-od-izgradbata-na-ksprsniot-pat-gradsko-prilp/ - https://civilmedia.mk/potchnuva-vtorata-faza-od-izgradbata-na-ksprsniot-pat-gradsko-prilp/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-May-2018 at 21:22


Ако некогаш се изгради патот преку Бабуна, а апсолутно треба да се изгради и тоа што побрзо, овој „експресен“ пат Градско - Дреново ќе стане целосно бескорисен и пуст.

Во не толку екстремна мерка, но сепак чудна е и инвестицијата во „експресниот“ пат Велес - Кадрифаково, кој секако требаше квалитетно да се реконструира, но не знам баш дали му требаше коловоз од 11,4 метри за да се справи со мизерниот сообраќај што ќе го има откако ќе бие во пуштен во употреба автопатот Миладиновци - Штип.

Ако се држевме до Просторниот план на РМ 2002-2020 (како што требаше да се држиме затоа што тоа не е документ со кој политичари треба да си го бришат газот) немаше да имаме автопат Миладиновци - Штип, ниту „експресен пат“ Градско - Дреново, ниту „експресен пат“ Велес - Кадрифаково. Но за отприлика иста инвестиција ќе имавме автопат Прилеп - Велес - Штип, со што ќе се постигнеше многу поголем ефект и подобро интегрирање на севкупната патна мрежа.

Ние несериозно инвестираме големи суми, без долгорочен план, лутаме, градиме патишта со чудни технички карактеристики, кои згора на тоа се нелогично вмрежени и лошо се надополнуваат еден со друг.




Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-May-2018 at 00:43


Реално со завршувањето на добата на вмровците, Штип повторно ќе се врати на старото место што го заслужува. Регионален центар во Источна Македонија, а не втор најважен град во државата. Не дека Битола е нешто посебна, но за време на претходната власт буквално сите факултети и инвестиции од други сфери беа пренасочени кон Штип, Штип и Штип. Денес Битола не ни има студенти, особено не од други градови.

Јасна ни е причината зошто се изгради автопат до Штип, иако нема никаква смисла.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 15-May-2018 at 20:25
На Македонија ѝ фали визија. Ние не знаеме што ќе правиме за 5 години, а не пак за 50. Треба да седнат сите урбанисти, сообраќајни инженери, архитекти, социолози, демографи, економисти, правници, политичари и да се договорат што, каде, зошто, како, колку и со што ќе правиме. Каде ќе има автопат, каде ќе се гради зграда, за колку жители ќе се планираат сите проекти во секој град, колку се исплати миграција на голем број луѓе од селата во градовите, каде ќе се пошумува, како ќе се снабдуваме со енергија, и уште многу други работи важни за развојот на земјава. Моментално не знаеме каде одиме и секоја година ги менуваме т.н. планови. И после се чудиме зошто ништо не е како што треба.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: WhyNot
Date Posted: 15-May-2018 at 21:22
не знам зошто таа негативна енергија према Миладиновци Штип... веројатно политички причини, се друго нема смисла


Posted By: daci92
Date Posted: 15-May-2018 at 23:26
Миладиновци - Штип јас го гледам како одлично решение, само доколку се продолжи до Струмица, макар и со експресен ,но вистински експресен пат а не ова квази решение кое ни го продаваат како експресен кај нас. Мада мене не ми е јасно зашто не оди до клучката туку завршува кај новата клучка за Кочани.

Градско - Прилеп е солидно привремено решение иако патот преку Бабуна требаше прв да се прави а подоцна овој да се среди ,но на долг рок за оние кој би патувале од Охрид, Ресен, Битола, Прилеп и останатите кон Источна Македонија , Западно-Јужна Бугарија е солидно решение да стане експресен, само ако се реши и делот околу Плетвар кој гледам дека немаат некој големи идеи за инвестиции.

Токму денес го возев овој пат два пати и напорен е со кривините и брзините, а особено со окупираноста од камиони кој нема како да ги преминеш, а често возат прилично споро.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-May-2018 at 04:11

Originally posted by daci92

Миладиновци - Штип јас го гледам како одлично решение

daci, не спорам дека Штип требаше автопатски да се поврзе со коридорот 10. Но тоа можеше многу поевтино, и од многу аспекти подобро да се направи кај Отовица, односно Велес. Растојанието Скопје - Штип ќе беше само маргинално поголемо од ова што се реализираше преку Миладиновци (околу 5 километри), а единствено посериозно во километража ќе загубеше Св. Николе, релативно мало место кое сепак ќе имаше одлична врска со остатокот од државата преку автопатот Велес - Штип. Но од друга страна, со Велес како логична сообраќајна крстосница, многу други поврзувања ќе станеа поповолни.

Исто така многу важно е што заштедата ќе беше голема, затоа што ќе беше потребно да се изградат помалку километри автопат и немаше да има ридско-планински делници како што има на значителен дел од автопатот Миладиновци - Штип. Со 206 милиони евра за трасата преку Миладиновци, која поскапе за дополнителни 20 милиони, стигнуваме до замашна сума. Автопат од Отовица до Три Чешми би можел да заштеди сигурно над 100 милиони евра. Додај ги тука и оние 15 милиони евра со кои се надгради стариот пат Велес - Кадрифаково, проект кој во овој случај ќе беше непотребен, доаѓаме до заштедена сума од отприлика 130-140 милиони евра кои ќе можеа да се насочат кон изградба на автопат Велес - Прилеп преку Бабуна.



Мојата поента се сведува на тоа дека пакетот:

- автопат Велес - Штип
- автопат Велес - Прилеп

е далеку подобар и пологичен од пакетот:

- автопат Миладиновци - Штип
- квази-експресен пат Велес - Кадрифаково
- квази-експресен пат Градско - Прилеп




Вториот пакет е поинфериорен дури и ако првиот пакет среднорочно наместо автопат имаше „полуавтопат“ Велес - Прилеп. Затоа што дури и полувтопат преку Бабуна со лента за искачување/претркување е неспоредливо подобро отколку неартикулиран, наводно експресен пат преку Плетвар:

- Со последната усвоена траса преку Присад, патот Велес - Прилеп се крати за 25 километри во однос на опцијата преку Плетвар!
- Полуавтопат би имал далеку подобри технички карактеристики отколку патот преку Плетвар, благи кривини по автопатски стандарди, и слично. Резултатот би бил дополнително кратење на времето за патување и поголема безбедност.
- Патот преку Плетвар, со исклучок на две клучки кои треба да се изградат допрва, има безброј вкрстувања на ниво.
- Полуавтопат може да се надгради во автопат со изградба на втор коловоз, за разлика од патот преку Плетвар.




Originally posted by daci92


Градско - Прилеп е солидно привремено решение

За жал не е привремено решение, ние веќе 15 години се занимаваме со фазна надградба на патот преку Плетвар и сеуште не се гледа крајот, за 2 делници допрва ќе следат тендери, којзнае кога ќе се објават, којзнае кога ќе заврши изградбата. А еве го цехот:

Градско - Дреново (во тек)
23 милиони евра

Дреново - Фариш (во тек)
31,8 милиони евра

Прилеп - Ленишка река + Беловодица - Каменолом (допрва)
5 милиони евра

Изградба на 3-та лента на околу 20 километри во изминативе речиси 15 години
веројатно 10-тина милиони евра


Вкупно околу 70 милиони евра!

Дали пат со такви технички карактеристики оправдува толкава инвестиција, или ќе беше попаметно овие средства да се насочат кон изградба на автопат преку Бабуна? Ако овие 70 милиони се додадат на оние 130-140 милиони заштеда со врзување на Штип преку Велес, веројатно доаѓаме блиску до заокружување на финансиска конструкција за автопат преку Бабуна, а камо ли за полуавтопат.




Originally posted by daci92


иако патот преку Бабуна требаше прв да се прави а подоцна овој да се среди ,но на долг рок за оние кој би патувале од Охрид, Ресен, Битола, Прилеп и останатите кон Источна Македонија , Западно-Јужна Бугарија е солидно решение да стане експресен, само ако се реши и делот околу Плетвар кој гледам дека немаат некој големи идеи за инвестиции.

Токму денес го возев овој пат два пати и напорен е со кривините и брзините, а особено со окупираноста од камиони кој нема како да ги преминеш, а често возат прилично споро.

Се огласувам требаше приоритет да се даде на врската преку Бабуна, а потоа требаше да се средува Плетвар, но наместо од Дреново кон Градско, да се инвестира од Дреново кон А1 кај Неготино (со обиколници на Кавадарци и Неготино). Затоа што со Бабуна ќе беа решени многу подобро сите дестинации кои сега поминуваат на релација Дреново - Градско, а она што ќе преостнеше е подобро врзување со јужна и југоисточна Македонија, како и врзување со оној патот што оди од кај Криволак накај Радовиш.

Затоа сум и изиритиран од оваа директна делница Градско - Дреново што сега почна да се гради, бидејќи при изградба на пат преку Бабуна, оваа останува во тотален офсајд, практично никој нема да ја користи.

Мислам дека е направена голема утка, како во изборот на трасите и делниците, така и со изумот на овие наши квази-експресни патишта, со чуден профил и без јасна намена и цел. Овие „експресни“ патишта не се ни меѓусебно стандардизирани, на пример Штип - Кочани ќе биде полуавтопат, што е за поздравување, но Дреново - Раец и Велес - Кадрифаково не се. Вториот е барем денивелиран, а третиот не е, па дури поминува и низ населени места. Оди најди им НЗС...




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-May-2018 at 04:25

Originally posted by WhyNot

не знам зошто таа негативна енергија према Миладиновци Штип... веројатно политички причини, се друго нема смисла

Баш обратно, таа траса е одбрана од политички причини, а негативната енергија произлегува од тој факт.

Има ли некакво објаснување зошто се напушти концептот од просторниот план на РМ каде што е предвидено поврзување Отовица - Штип, а не Миладиновци Штип? Има ли некакво истражување, или било каков документ, каде што стручно е аргументирано зошто е избрана оваа нова траса? НЕМА. Одлуката е донесена дилетантски, знаеме во чиј кабинет, само не знаеме какви глупости му се вртеле во главата во тој момент.




Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-May-2018 at 14:08
Originally posted by A1ON





https://a1on.mk/archives/895595 - https://a1on.mk/archives/895595


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-May-2018 at 14:07


Ја разгледав стратегијата, (авто)патот Велес - Прилеп преку Бабуна никаде не се спомнува.

Wallbash


Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-May-2018 at 15:25
Originally posted by Cloverstack

Ја разгледав стратегијата, (авто)патот Велес - Прилеп преку Бабуна никаде не се спомнува.
Wallbash


Влегувам тотално без конкретни податоци за овој проект, но ме интересира поволноста што би ја донел овој автопат во иднина. Знам дека се работи за траса на Коридорот 10д, но не ми е јасно до кој степен Грција го има изградено својот дел од Меџитлија до јонското крајбрежје. Исто така, не ми е јасно дали постои некое поголемо пристаниште што би генерирало поголема бројка на сообраќај кон него.


Posted By: The_Night_Hawk
Date Posted: 22-May-2018 at 20:18
Motorway 27 (A27) is a branch of the https://en.wikipedia.org/wiki/Egnatia_Odos_%28modern_road%29 - A2 motorway (Egnatia Odos) at https://en.wikipedia.org/wiki/Kozani - Kozani , which leads towards https://en.wikipedia.org/wiki/Ptolemaida - Ptolemaida and from there to https://en.wikipedia.org/wiki/Florina - Florina and the https://en.wikipedia.org/wiki/Niki,_Greece - Niki border crossing with the https://en.wikipedia.org/wiki/Republic_of_Macedonia - Republic of Macedonia . Within 2012 tenders were announced for the construction of the 14,5 km section from https://en.wikipedia.org/wiki/Florina - Florina up to the border crossing with the https://en.wikipedia.org/wiki/Republic_of_Macedonia - Republic of Macedonia as a motorway. https://en.wikipedia.org/wiki/Motorway_27_%28Greece%29#cite_note-1 - [1] Construction started in 2013 and finished in December 2015. The northern part from https://en.wikipedia.org/wiki/Florina - Florina to https://en.wikipedia.org/wiki/Niki,_Greece - Niki was opened to traffic in 20 May 2016. The section from https://en.wikipedia.org/wiki/Ptolemaida - Ptolemaida to https://en.wikipedia.org/wiki/Florina - Florina is operational as an expressway and is planned to be upgraded to a motorway sometime until 2025.


Posted By: kokimih
Date Posted: 23-May-2018 at 14:12
Ќе се ревидира проектот за патот Велес-Прилеп, преку Бабуна

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска во Велес, одговарајќи на новинарски прашање за патот од Велес за Прилеп, преку Бабуна, рече дека Владата сериозно размислува за тој проект.

– Меѓутоа, пред да ја донесеме конечната одлука овој проект мора целосно да се ревидира за да можеме да аплицираме за средства, бидејќи станува збор за исклучително скап проект, а тоа мора да се каже јавно. Ние ги разгледуваме сите програми што ЈП за Државни патишта ги прави и во програма ги внесуваме дополнително оние патишта што треба да ги прават, за што сметаме дека треба да бидат рехабилитирани и реконструирани или да се прават нови. Во делот на субвенционирањето на ова, претходно треба да се направат анализи се’ со цел да не даваме паушални анализи, дали тоа може или не може – појасни министерот Сугарески.

https://plusinfo.mk/%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B5/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-May-2018 at 00:04
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска во Велес, одговарајќи на новинарски прашање за патот од Велес за Прилеп, преку Бабуна, рече дека Владата сериозно размислува за тој проект.

Како владата сериозно размислува за патот преку Бабуна, кога пред некој ден започна со изградба на „експресен“ пат Дреново - Градско, делница која ќе остане бескорисна во тој случај. А 23 милиони евра не се баш мала сума да се вложи во ова делница, бидејќи таму има постоечки пат кој далеку подобро го опслужува локалниот сообраќај, отколку што тоа ќе го први заобиколниот „експресен“ пат. А и не се само парите, туку зошто да се уништува земјоделско земјиште со нова траса и коловоз широк 11,4 метри ако планираат во иднина тој пат да го користат 10-тина автомобили дневно.

Колку сериозно размислуваат за патот преку Бабуна, може да се извлече заклучок и од тоа што не им текнло проектот макар декларативно да го спомнат во погоре наведената Национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-May-2018 at 00:32
Originally posted by BOJAN



Влегувам тотално без конкретни податоци за овој проект, но ме интересира поволноста што би ја донел овој автопат во иднина. Знам дека се работи за траса на Коридорот 10д, но не ми е јасно до кој степен Грција го има изградено својот дел од Меџитлија до јонското крајбрежје. Исто така, не ми е јасно дали постои некое поголемо пристаниште што би генерирало поголема бројка на сообраќај кон него.


Поволностите се такви што овој пат несомнено треба(ше) да биде на самиот врв на приоритетите.

The_Night_Hawk  веќе објасни до каде е конекцијата од грчката страна на границата, и тоа е голем аргумент плус, но и без тоа нашата домашна потреба од овој пат е поголема и позначајна.

Македонија има повеќе од доволно внатрешни причини за изградба на патот преку Бабуна. Неколку постови погоре пишував подетално зошто е тоа така, а накратко, со тој пат би се остварила 25 километри пократка и далеку побезбедна врска пред се на Прилеп, Битола и цела Пелагонија, но и на помали градчиња и нивните околини како Ресен, Крушево, Демир Хисар, од една страна, со Скопје и Велес, со најголем дел од источна Македонија, и со практично цела Европа, од друга страна.

Ќе донесе и нови економски можности за областа Азот, еден сообраќајно тотално отсечен регион, мада тоа е веќе минорен ефект со оглед на тоа колку луѓе се останати таму. Долгорочно гледано, сепак не е за потценување и таа придобивка.




Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Jun-2018 at 20:23
Фотки од Словенец кој поминувал низ земјава, од форумот на ЅЅС:









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jun-2018 at 13:16


Првите две фотки не се од експресниот пат. Трасата на експресниот пат што се гради завршува во близината на Фариш, каде што се спојува со постоечкиот пат преку Плетвар:
41°25'32.92"N  21°48'17.14"E

Понатака кон Прилеп останува стариот пат, со тоа што е планирано да се изгради трета лента на двата сегменти каде што нема.


Ова на сликите е доста позападно од пределот каде што се гради новиот експресен пат. Тоа што се гледа во далечината е некој локален земјен пат, го има на гугл земја на првите снимки од тој реон во 2005 година. Не ми е јасно што е тоа што се гледа поблиску, можеби е за гасовод или за далновод.



Posted By: elnino
Date Posted: 25-Jun-2018 at 15:57
хахаах, тоа на првите две слики е од гасоводот. поздрав од кавадарци


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Sep-2018 at 13:27
Две фотки од утринава. Доста е раздвижено, барем кога поминував беше така.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: elnino
Date Posted: 13-Sep-2018 at 14:38
ова е секторот дреново-фариш, додека се работи и на другиот дел од патарина до клучка кавадарци, вчера со еден шофер разговрава направил договор на три години, подизведувач е кавдаречка фирма Градба Промет, а таа има ангажирано уште 5 фирми мали од градот


Posted By: iristevski
Date Posted: 21-Sep-2018 at 07:50
Денес налетав на едно видео од изградбата на мостовите кај Дреновската клисура

https://www.youtube.com/watch?v=q9ksFpUbWjE - BRIDGES AND TECHNICAL WORKS MOTORWAY GRADSKO - PRILEP, ALBEKAT-GRUP

-------------
Build Responsively


Posted By: JOE
Date Posted: 28-Sep-2018 at 13:49



Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Sep-2018 at 13:55
Од фб(кај Фаришката клисура)












Print Page | Close Window