Print Page | Close Window

Градење куќа во Македонија - услови и комбинации

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335
Printed Date: 02-Sep-2014 at 20:49


Topic: Градење куќа во Македонија - услови и комбинации
Posted By: vardar
Subject: Градење куќа во Македонија - услови и комбинации
Date Posted: 23-Jul-2008 at 10:57
Малце каснат со ова али сепак   Applause 
( повторно се извинувам ако не е за тука Big%20smile  )
 
 

СЕ ГОТВИ ПРАВИЛНИК ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ


Без изолација, објектите нема да се пуштаат во употреба


Кога се гради објект, изведувачот треба да поседува посебно изработен елаборат за енергетска ефикасност каде точно ќе биде зацртано какви градежни материјали треба да бидат употребени во неговата изградба


Добра изолација на деловните и станбени објекти во земјава ќе овозможи и до 50 проценти заштеда на енергијата. Тоа, според енергетски експерти, е голем бенефит во услови кога цената на топлинската и електричната енергија и на природниот гас постојано расте на светските берзи, а граѓаните во земјава немаат можност да бараат нови алтернативни решенија во услови кога енергетски сме зависни од увоз.

За таа цел во Министерството за економија интензивно се работи на подготовка на нов правилник за енергетска ефикасност. Во правилникот треба да бидат зацртени сите стандарди по кои еден деловен или станбен објект треба да биде изграден или реконструиран. Имено, кога се гради објект, изведувачот треба да поседува посебно изработен елаборат за енергетска ефикасност каде точно ќе биде зацртано какви градежни материјали треба да бидат употребени во изградбата на ѕидовите и столбовите, во фасада и покривот, но ќе се цени и квалитетот на прозорците и вратите.

Според Дејан Зармановски, раководител на одделението за енергетска ефикасност при Министерството за економија, кога објектите ќе се пуштаат во употреба, доколку ги имаат исполнето условите од правилникот ќе добијат и официјален сертификат за енергетска ефикаснот.
- Со сертификатот ќе се знае и вкупната потрошувачка на енергија по квадратен метар - вели Зармановски.

Тој појаснува дека овој документ предвидено е да го издаваат енергетски ревизори. Зармановски укажува дека треба да биде изработена климатолошка карта според која земјава ќе биде поделена на посебни климатски зони.
- За ова треба да се ангажира посебна фирма од странство која во соработка со УХМР заеднички ќе ги постават мерните станици - вели Зармановски.

За него не е исто да се гради еден објект на југот или северот на земјава.
- Изолацијата секако дека ќе биде помала ако објектот се гради во Гевгелија - смета тој.

Правилникот се очекува да биде готов до крајот на септември кога ќе треба да добие виза од новата Влада.
И професорот на машинскиот факултет, Константин Димитров смета дека е неопходен ваков правилник. За него изолацијата на објектите значајно ќе придонесе во заштедата на енергијата. Тој е против употребата на дрва за греење бидејќи ќе се случи масовно уништување на буката и дабот што се користат како огревен материјал.

Димитров потсети дека во Градот интензивно се работи на проектната документација за гасификација и дека до крајот на годинава ќе почнат и градежните активности.
- Употребата на природниот гас е еден од клучните решенија за земјава, а овој проект 14 години стоеше во фиока - нагласува Димитров.

Валентина МАРЈАНОВИЌ

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9657D97AA931449892B5D4122FC1860 - Вечер



Replies:
Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jul-2008 at 11:13
пред некое време кога барав инфо околу почнување на градба на куќа, налетав на темава во форумот на bagra.org, едноставен наслов со уште по едноставни одговори ми падна во очи бидејќи човек навистина неочекува дека на доволно опуштен форум ќе налета на ваков муабет, а за чудењето да биде најпозитивно муабетот е стокмен прецизно и разбирливо за секој помалку упатен сограѓанин да може да ја свари лесно процедурата за планирање, започнување и изведување на индивидуален објект за домување или работа...

темава бара простор и тука, со оглед дека местото е стокмено за потенцијални неимари (гр.совети и едукација) па интересно ќе биде секој да остави дел од своите искуства и знаења како би се оформил добар прирачник за сите кои би сакале да почнат на своја рака со анализи и подготовки за изведба на градежен објект...
во продолжение ќе ја постирам темата во целост како што е извозена на www.bagra.org
за да не ни стегнат копирајт паушал LOL туку ова бара и на долго ина широко да се докрчми посебно со новиве регулативи за енергетска ефикасност, подземни инсталации и какви се не одобрувања кои ќе ни ги накалемат набрзо, па сакавме европа - дали... туку тоа за наше добро е нели Drool


**********************************

Градење куќа во МК - инфосторминг ... Апла хардвер...
од KraFT на 26 мај 2007 - 07:41

Би сакал да ве замолам тука да ги постирате сите можни информации кои можат да помогнат во процесот - градење на куќа.

Чисто информативно, да видиме што све ќе излезе и што све се знаеме за овој процес.
Цени и искуства на све што ке ви текне во врска со процесот.

Како наплаќаат кај нас архитекти за проекти, како ги прават има ли 3д и сл.
Колку и како наплаќаат зидари, град.фирми , теслари и све што се прилепуе на тој процес. Што цаки и фори имаат ...

Колку кошта камен колку е цигла, која е боља која нечини ...
Кои математики се во опток, квадрат ваков, квадрат таков, која даска чини, која не.
Булдожери, потпорни зидови, бунари, септ, јами и све.
Бетони, усје мал-голем , керамиди, лимови, олуци .
Терволи, стиропори, гуми и тн.

За овој процес све знам доколку се одвива на запад.
Таму Функциноира на принцип адд-то-карт со маус и некст некст... Од почеток до крај.
Би сакал да знам како функционира овде.

**********************************

од ZisDead на 26 мај, 2007 - 14:24

За изградба можеш да сметаш на цена од 200 Евра/м2 нагоре, зависи од луксузирањето. Тука треба да се вклучени сите завршни работи, под, санитарии, столарија, односно да биде вселиво. Со 300 Евра/м2 би требало да добиеш висок стандард.

**********************************

од Robomarket на 28 мај, 2007 - 05:15

Ме заинтересира еднаш темава ама немав со кого да направам корисен муабет. Ај едно ЧПП на градење куќа.

Во сличен контекст, ме интересира како оди купување земјиште кај нас? На пример наоѓам некое ливатче во некој заборавен регион и сакам да го купам. Како иде тоа, колку пари метар квадрат, папири и слично?

**********************************

од KraFT на 29 мај, 2007 - 05:30

Robomarket напиша:

Во сличен контекст, ме интересира како оди купување земјиште кај нас? На пример наоѓам некое ливатче во некој заборавен регион и сакам да го купам. Како иде тоа, колку пари метар квадрат, папири и слично?

Процесот.
1. Наогаш ливада и се договараш за цена.
2. Идеш во катастар и земаш имотен лист. (250 ден - одма.)
Бараш и "движење" на имотот. Тоа е лог за сите сопственици на имотот, како се продавало и итн... (250 ден - 7 дена.)
3. Во истиот гледаш дали земјиштето е "трансформирано" и дали е во градежен реон.
Ако не е дигаш веднаш рачна и за понатаму се советуваш со КаФка.
4. Ако е ОК, тогаш идеш на нотар. Toj ти спрема договор и пред него броиш кеш и му ги предаваш на сопственикот на ливадата.
5, Му плаќаш и на нотарот кеш 150е и им купуваш Јупи и пиво и излагаш со таквото во раце. Договор не добиваш евра еден тон си се истресол а фискална е "педерски" да побараш" Парите си ги дал а нотарот ти вика , немај гајле - си се потпишал во "книга"
Мој совет снимај со мобилен... Не дека нешто....
Овој го праќа договорот службено у општината кај што е ливадата , да кажат и они дека е ок да ти се продаде ливадата и да израчунаат колку данок треба да платиш во зависност од класата на ливадата (класа 1 или 2 ) и каде се наоѓа. Они тоа го враќаат назад па ти плаќаш данок. Е тогаш нотарот ти дава копија од ЗАВЕРЕН нотарски договор.
Ова знае да се чека и до година дена затоа фаќаш врски. Идадија итн...
( 100 евра кебапи и многу кретенски муабети ... )
Во меѓувереме пукаат афери за нотари и луѓе што шиткаат еден недвижен имот 100 пати но ти ги игнорораш ладнокрвно ...
Ако купуваш дел од ливадата тогаш стануваш акционер во цела ливада односно си процентуален сопственик на вкупната ливада. Thumbs%20Up

6. После наогаш геодет - 150евра. Идете со катастар колчите таму и правите физичка делба . Твоето парче станува твое а на стариот сопственик му се намалува квадратурата на имотот што го поседувал.
7.Имотен лист итн.
http://www.katastar.gov.mk/prasanja_cesti.aspx

Овде би сакал да не се шири темата во овој контекст,
Да не се јават сеа правници и дрвени адвокоати и да солат памет како треба а како нетреба да биде ...
Процесот засега е овој и молам да не се тупи натака...
Ако не , нема нива...
Толку за Кафка...

Затоа сега назад кон видови камења, нивно редење, архитекти, зидари и "газда суво е"
фраери ...
Без мрза ...
најави се или зачлени се за да пишуваш коментари

Од готово вересија - од m3chan1k на 29 мај, 2007 - 09:48

За тие што се по градењето - многу среќа и пари, пошто ќе им требаат и двете... Јас претпочитам од тие готовите куќички (www.hot-hot.com.mk). За пристојна сума, горе-долу иста како да си ја градиш сам, минус нервози и други заебанции, добиваш клуч од готова куќа. Без да остане куќата до пола изградена, немалтарена, без гелендери и слично, к'о шо знае Македонче да си напраи кога ќе му снема кеш, жифци или енергија...

**********************************

од dimitar27 на 4 јуни, 2007 - 14:52

Крафт бе другарче, со цел памет од БАГРАва очекуваш помош или онака си правиш муабет??
Не дека нејкат, ами не можат да ти помогнат. Со пар исклучоци, другите тројца активни БАГРАши живеат со тато и мама, или под кирија, или ко мене у стан. Мислиш дека некој изградил куќа своја???
Има еден дечко овде, стар БАГРАш, гради сеуште (мислам) куќа у радишани, ама изгледа не ја чита ни он више мртвава ни БАГРА.
Искрено и мене ме интересира темава (иако јас би купил веке готова куќа, само да видам да продадам станчињата) ама тешко дека од овде ке се офајдиме со информации, или ко ти што викаш инфостероминг.
Поздрав друже и со среќа ако си тргнал по тој долг и трновит пат.Знаеш како викаат, кога ке направиш своја куќа, дури тогаш си ЧОВЕК )
П.С.
И уште викаат дека на третата куќа ке знаеш како НЕ ТРЕБА ))

**********************************

од Gorco на 15 август, 2007 - 02:16

Друже, гледам дека горе-доле знаеш шо се оди во градење куќа, не си тутуле-бале . Ќе си најдеш градежна фирма или под-изведувач и ќе се информираш околу понудата. За да пројдеш поевтино, барај фирми надвор од Скопје. Консултирај се со неколку фими, барај на интернет за материјалите што ги вградуваат, преговарај за цената. Е сега, најважното:

1. Обавезно договор каде ќе биде прецизиран датумот на завршување.
2. Листа на сите материјали кои ќе бидат вградени на одредени места од градежниот план, со претходно напишани мерки за квалитет!

3. НАЈБИТЕН ДЕЛ: твое присуство во процесот на градба, посебно во почетокот кога се ставаат темели. Ако не си присутен, од каде знаеш колку железо и кој квалитет на бетон е користено?? Ај, ќе бутнеш ѕид за да видиш дебелина на малтер (усје-мал, никако вар) и како се редени циглите (по височина или должина) и нивната дебелина... но темели неможеш да "тестираш" без специјална опрема!

Бетонот сигурно ќе го носат од некоја фирма специјализирана само за тоа. Барај документ за квалитет т.е. процент на цемент во него. Од изведувачот барај цена за секој дел поединечно, колку се прозори, колку се вратите, колку е базенот , струјната инсталација (никако кинески, турски или француски елементи), водоводот... па после барај фирми чија специјалност се токму тие сектори, за да споредиш цена. Прашај колку чини само карабина!

Прво собери понуди од фирмите, постирај овдека (без мрза) па ќе разглобиме детали. Градење куќа е сериозна пара, може да се изведе за помалку од два месеца, клуч на рака, но само со добро планирање.

**********************************

од triipol на 24 август, 2007 - 13:43

Ке ти го кажам најбитното правило кога градиш куќа или реновираш стан

НЕ ДАВАЈ КЕШ ОДНАПРЕД НА МАЈСТОРИ / ПРЕДУЗИМАЧИ максимум 30%

Ма колку да те вртат дека мора да купат материјал, или треба да платат мајстори итн. никако не давај повеке од 30%

Држисе до ова правило, и ке ја изградиш пред време, со квалитет кој си го договорил, бидејки ке треба да земат пари од тебе, мајсторите и предузимачите ке те тинтраат до крај

**********************************


па одприлика тоа е тоа плус минус еден два поста, мислам дека екипава во два три поста решила доста муабет, ние ова ќе го имавме развлечено меѓу десет страни, што од сеир што од анализирање, па вака како вовед добро е сега може и ние да му дадеме луфта малку, па да бидне турбо билбил прирачник за потенцијални стопани!


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jul-2008 at 15:08
палирот е битен момент во процесот на изведба на објект, но само ако истиот е дел од тимот, но доколку нарачателот преземе улога на палир е тогаш работите или ќе летаат или ќе се блокираат на чисто...

од секогаш сум се прашувал дали е подобро на мајсторите да им висиш над глава или да ги оставиш да си работат и на крајот од денот да направиш контрола, ова го велам бидејќи од она што го имам чуено мајсторите како и секој занаетчија немаат многу мерак некој да им ги брои чекорите, а грешки секогаш има, но ако потенцијалниот стопан е постојано околу нив а тие направат грешка, истата набрзина ја замачкуваат, место натенане да ја оправат... има ред други ситуации зависно од договорот со тајфата било таа да е фискализирана или не! имам чуено за неколку случки како мајсторите побарале екстра шише ракија која не ја добиле па за казна по цела фасада додека малтареле налепиле парчиња кожа од сланина која после некое време од топлото направила еден куп флеки по фасадата - нешто што натака сигурно го чинело стопанот едно буре ракија за да ја оправи работата, како и екстра време изгубено во чудење и нервози, има уште некој пример со шешири и оџаци, плочки и хартија...

не дека сите мајстори се арпаџик, но муабетот е пазете со кого фаќате работа, не игра тука улога цената, договорот, тајмингот, сепак ова е поднебје каде ограничувањата не наидуваат на плодна почва, тука игра улога добрата атмосфера, па имаш сетне обичаи разно разни, па чинел песокот нечинел малтерот итн.
затоа е најдобро самиот мајстор да го бира основниот материјал и тајминг (неговиот збор да биде чуен), а за се останато дограмата и изолацијата за тоа си одлучува стопанот но не е на одмет да се осигура дали мајсторите имаат искуство околу монтажа на истите(доколку е договорен ѓутуре) бидејќи секој ден излегува нешто ново или има модификации на постојните материјали, пример за тоа се вентилирачките кровови или пак новите типови изолација за кои треба некакво знаење не само пракса...





Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jul-2008 at 16:40
http://a24e.blog.hr/2006/02/index.html -
a24e blog o gradnji obiteljke kuće



http://a24e.blog.hr/2006/02/index.html - http://a24e.blog.hr/2006/02/index.html

абе ако Хрватите не направат нешто вакво нема кој друг, ај што се педантни туку и хумани стануваат, иако делува дека се отупени од тоа презадолженоста кон надвор. исто имаат и доста форуми на оваа тема но за тоа покасно...
за навигација блогов е извондреден во тој белиот круг горе можете по периоди и датуми да возите низ процесот на изведба на објектот или пак десно од спротива имате мени со сите фази при изведбата.
блогот е прилично детален и јасен и целиот процес е проследен со фотки, уште и да го филмуваа процесот и дефинитивно ќе беа топ (не дека вака не се)...
исто интересно е за споредба со нашите цени - имате лево по страна трошоци по позиција...




Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jul-2008 at 04:01
доколку заглавите некаде или се интересирате да не заглавите во процесот once maybe twice in a life time добро е да ги консултирате подолниве неколку линка кои се прилично едукативни...
  • http://www.sezadomot.com.mk - www.sezadomot.com.mk
  • http://www.a4a.info/Articles.asp?article_category_id=12 - www.a4a.info
  • http://www.webgradnja.hr - www.webgradnja.hr
  • http://www.gradimo.hr - www.gradimo.hr
  • http://www.yu-build.co.yu - www.yu-build.co.yu
  • http://www.yu-build.co.yu - http://www.samsvojmajstor.com/Forums.html - www.samsvojmajstor.com/Forums.htm
  • http://www.forum.hr/forumdisplay.php?s=bcd04bac3339ab5a63c1949e433e5a3a&f=74 - Forum.hr > Lifestyle > Stanovanje
  • http://www.domeslatkidome.blog.hr - www.domeslatkidome.blog.hr
  • http://bigblog.tportal.hr/ytong?Blog - bigblog.tportal.hr/ytong?Blog
дефинитивно хрватите предничат околу порталите, форумите и блоговите за градење и уредување но кај и да е и ние ќе фатиме чекор, само нека го пуштат лизингот за градба под полна пареа како што е кај нив, кој кај нас само Hypo Leasing скромно го почнаа финансирајќи за сега само градба од типот на хотели, фабрики, магацини, но и готови куќи со висок стандард, но незнам кога ќе ја официјализираат понудата веќе некое време чекаат да се укине двојното оданочување како би излегле со реклама, но никако да дочекаат па доколку некој не му се чека хипо одобруваат проекти но треба да прифати корисникот на лизингот двапати да плати данок еднаш додека објектот е на име на хипо и втор пат откако ќе го исплати лизингот и ќе го земе во владение објектот 9бар така го разбрав јас тоа со двојно ддв), инаку Хипо за 2008 имаат предвидено 30 мил. евра за лизинг на недвижности има мислам инфо на нет...


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Jul-2008 at 16:23
Одлична тема беТон. Мене ме интересира исто така и прашањето како до градежна дозвола? Значи делот од купувањето (или имањето парцела) до добивањето на сите градежни дозволи. Дали знаеш нешто на оваа тема?


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jul-2008 at 16:34
Мене пак ме интересира да издискутираме колку од прилика би чинела куќа до фаза на карабина.

Не се разбирам па не би ни паметувал тука туку повеќе би послушал.

Значи ме интересира мајсторскиот дел, претпоставуваме дека имам локација, имам градежна дозвола... И сакам да дотерам до карабина, т.е. да сум попрецизен сакам цел екстериер да биде готов а одделни делови од внатрешноста би ги правел понатака.

Исто така како иде редот со геотермалната пумпа? Дали е пологично истата да се инсталира при изградба на куќата или пак е безболно тоа да се изведе и подоцна?


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jul-2008 at 21:44
Originally posted by UrbanFreak

Одлична тема беТон. Мене ме интересира исто така и прашањето како до градежна дозвола? Значи делот од купувањето (или имањето парцела) до добивањето на сите градежни дозволи. Дали знаеш нешто на оваа тема?


колку што знам градежна дозвола можеш да добиеш само во урбанизирани средини а таму мораш да се држиш до дупот на општината бидејќи тие и го издаваат одобрението за градба. од прилика оди нешто како земаш скица од катастар за плацот што го имаш со се скица уплаќаш уплатница од 50 или100 денари и поднесуваш барање за извод од дуп кое со новата регулаторна гилотина мора најкасно во рок од два до пет работни дена да ти го достават(незнам кои се пеналите доколку каснат), сетне одиш кај архитект со печат да ти направи проект по мерка од дупот кој го поднесуваш пак во општина за да ти издадат одобрение, но се случува и да ти го вратат проектот на доработка доколку некаде габаритот ѕирнал сантим лево или десно па така подобро држисе стриктно до котите во дупот за да не доплаќаш доработки и преправки, после тоа плаќаш комуналии и бујрум легално можеш да почнеш да ја креваш куќата, мислам дека сега имаат донесено и некои нови правилници за подземна инфраструктура и времетраење на изведба на објект но за тоа незнам ништо поконкретно, ако има некој абер нека фрли малку светло и на тоа, е заборавив уште нешто битно а тоа е не заборавај дека доколку сакаш да извадиш утре кредит или лизинг на куќата гледај се да токмиш од материјали и стандарди како за хотел или музеј... ако нешто сум испуштил или искривил некој нека ме исправи!





Posted By: beTon
Date Posted: 29-Jul-2008 at 19:41
Originally posted by pbanks

Мене пак ме интересира да издискутираме колку од прилика би чинела куќа до фаза на карабина.

Не се разбирам па не би ни паметувал тука туку повеќе би послушал.

Значи ме интересира мајсторскиот дел, претпоставуваме дека имам локација, имам градежна дозвола... И сакам да дотерам до карабина, т.е. да сум попрецизен сакам цел екстериер да биде готов а одделни делови од внатрешноста би ги правел понатака.

Исто така како иде редот со геотермалната пумпа? Дали е пологично истата да се инсталира при изградба на куќата или пак е безболно тоа да се изведе и подоцна?


pbanks еве една пресметка за 100м2 како што му има излезено на еден брат, скоро целосно затворена сосе работна рака во вкалкулирана, може фали само манџата и бакшишот за тајфата.
доколку одиш со фирма мислам дека сите позиции почнуваат да растат како тесто, не мора да значи, сепак тука се наведени позиции со прилично квалитетни материјали при калкулација, па така може да ја добиеш и од фирма истава понуда но со многу послаби материјали, затоа прво добро осигурај се со кого и за што фаќаш работа...

малтер - внатре/надвор 5eu m2 - 1250
вантрешен ѕид 15eu m2 - 1500
плафон 14eu m2 - 1400
плоча 15eu m2 - 1500
пливачки под  - 1300
хидро-изо.  - 500
ѕид 10e m2 - 1000
столб 18eu метар должен - 900
темел 25eu - 1750
ископ  - 400
исполна 10eu m2 - 600
батуда 3eu m2 - 300
кров 18eu m2 - 3250
паркет 21eu m2 - 2100
врата 150eu парче - 1050
прозор 250eu парче - 1450
парно  - 2000
септичка  - 500
купатило  - 600
вода  - 300
струја  - 800
демит  - 3500

Вкупно   -  28000 euro

сепак секој нека си остави + 5 за непревидливи трошоци, а што е до пумпата таа можеш кога сакаш да ја инсталираш, но како и со се најдобро е со време да ја поставиш, за мирно да спиеш уште одма!


Posted By: davce99
Date Posted: 07-Dec-2008 at 21:04
Momci edno prashanje, kolku chini proekt za kukja i  ako moze da mi posochite web strani za gotovi free proekti i firmi kaj nas koi pravat proekti

Pozdrav!!


Posted By: beTon
Date Posted: 07-Dec-2008 at 23:46
се зависи од проектот и нормално зависи од архитектот, минималец за куќа мислам дека е 1 евро - 1 квадрат(готов проект), но најдобро е да се распрашаш по архитекти арх.студија и да си извлечеш средна цена од најповолните понуди. исто зависи дали сакаш сам да ја бркаш цела работа после проектот или тоа ќе му го препуштиш на архитектот. навистина она со стоте евра е омаловажувачки и за еснафот но и лично за човекот, како да го наградиш ефтино оној кој треба да ти ја зацрта статиката во животот Question нема смисла човек да фрли пример 50 илјади на куќа(вселива) а на архитектот да му фрли колку за удирање печат...
...Во февруари годинава го овластив мојот архитект, во мое име и за моја сметка, да ги поднесе сите потребни молби во надлежните служби на Општина Центар во Скопје, за да добијам градежна дозвола за да можам на мојата локација за градба да почнам со градба на деловно-станбен објект...

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=6DFE3E3A8BAF60429943A92D888F0EE8&arc=1 - Дневник - Отворена - 21.07.2007

а за нет само оди на гугл барај free house blueprints and projects и имаш еден тон со булдужер да ги ринеш Smile еве од мене препорака http://house-blueprints.net - http://house-blueprints.net/   и   http://www.eplans.com - http://www.eplans.com/



Posted By: davce99
Date Posted: 11-Dec-2008 at 23:12
fala mnogu za iscrpniot odgovor ako nekoj ima nekoi idei i sliki od kukji bi go zamolil da postira

Pozdrav!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2008 at 23:33
Originally posted by davce99

fala mnogu za iscrpniot odgovor ako nekoj ima nekoi idei i sliki od kukji bi go zamolil da postira

Pozdrav!!!


давче, за каков тип на куќа се остриш? И јас сум во процес на "истражување" па баше ме интересира за каков стил си се одлучил. Линковите на бетон се корисни но она што е понудено на нив е сепак премногу "американски" за мој вкус.


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Dec-2008 at 10:09

абе толку има на нет планови и комбинации што човек треба да биде компјутер за да се одлучи ѓто му лежи. мое мислење е дека најнапред треба да тргне од себе во каков простор лично тој треба да функционира или што треба да претставува(симболизира) просторот во кој престојува. јас предност им давам на енергетски ефикасните куќи и на еколошките материјали гледано од материјален аспект, а естетски би гледал да живеам во простор опкружен или вплотен во природа кој ќе биде доволно екстремен претоп помеѓу конструкцијата и зеленилата( http://www.oshatz.com/text/residential.htm - organic architecture ) еве уште некој линк плус

  • http://www.houseplans.com/ - www.houseplans.com/
  • http://www.ehouseplans.com - www.ehouseplans.com
  • http://www.architecturaldesigns.com - www.architecturaldesigns.com
  • http://www.coolhouseplans.com/ - www.coolhouseplans.com/
  • http://www.houseplansandmore.com/ - www.houseplansandmore.com/
  • http://www.artdecohomes.com/ - www.artdecohomes.com/
  • http://www.architecturalhouseplans.com - www.architecturalhouseplans.com
  • http://www.theplancollection.com/passive-solar-house-plans - www.theplancollection.com/passive-solar-house-plans
  • http://www.energetika.com.mk/poveke.php?nid=256 - www.energetika.com.mk/poveke.php?nid=256
  • http://www.ecobusinesslinks.com/house_plans.htm - www.ecobusinesslinks.com/house_plans.htm
  • http://www.mortgages-loans-calculators.com - www.mortgages-loans-calculators.com
  • http://www.make-my-own-house.com/blueprint-symbols.html - www.make-my-own-house.com/blueprint-symbols.html
  • http://www.thenaturalhome.com/drywellinstallation.htm - www.thenaturalhome.com/drywellinstallation.htm


Posted By: davce99
Date Posted: 14-Dec-2008 at 02:22
Originally posted by pbanks

Originally posted by davce99

fala mnogu za iscrpniot odgovor ako nekoj ima nekoi idei i sliki od kukji bi go zamolil da postira

Pozdrav!!!


давче, за каков тип на куќа се остриш? И јас сум во процес на "истражување" па баше ме интересира за каков стил си се одлучил. Линковите на бетон се корисни но она што е понудено на нив е сепак премногу "американски" за мој вкус.


Eve druze cisto da ti pokazam shto imam zacrtano

http://www.bauen.com/musterhaeuser_online/On-Top-145-Bungalow,Bien-Zenker,734,3,1,fh,a1.html

ednostavno pishi na google fertighäuser i ke ti stane jasno koj se najdobri vo svetot za montazni kukji i dizajn

i mojata omilena kukja e ovaa napravena od pininfarina

http://www.elk.at/index.php?id=fhaustyp&hausid=arte161&bfkz=f

pozdrav i fala ushte ednash za linkovite i bi ve zamolil za konkretni ceni od firmi vo mk za kluch na raka, zashto od  prolet treba da startuvam




Posted By: ABC
Date Posted: 14-Dec-2008 at 03:58
Eве една за почеток колку да се запознаеш што проектира и изведува чичо ABC во Прилеп,од проект до клуч на рака,додуша сликава е малку постара,ама тоа е тоа.Smile





-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: ABC
Date Posted: 14-Dec-2008 at 04:06
Може да се договориме доколку сте заинтересирани за ваква градба од проект до било која фаза на градба.

Слободно пишете на exterier@hotmail.com

Eве уште едно сликче:




-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Dec-2008 at 05:04

ABC педантно средена куќа само ова испустите на терасите ептен се некако old shcool малку не лежат на ваква фасада, можело таман да ги пуштиш по олукот кога веќе истиот поминува крај нив, или можеби нарачката била таква! како и да е за клуч на рака колку земаш по квадрат, и направи ми една ценовна споредба со погорната пресметка што ја имам направено за цврста градба нормално со квалитетни материјали вкалкулирано! инаку фасадава што е, ренофикс украсен малтер?! кога велиш дека и проектираш и изведуваш кажи како малтариш рачно или машински и според тебе која е поефтина комбинација од двете?

Давче колку што разбрав изборот ти е монтажна куќа! но колку што можам да разберам, ќе ја нарачуваш по пошта(камион) Smile до душа имам чуено и за такви случаи кај нас, кои што од љубов, што од немукает се решиле за “импортирана“ лего градба. инаку од монтажниве http://www.hot-hot.com.mk/f_kuk.htm - хот и хот се најизвикани и најисплатливи кај нас 250-300 евра м2, инаку хот-хот порано беа само претставништво на Горњи Ибар(Рожаје - Црна Гора). квалитетот на куќите е топ само треба да се внимава околу поставувањето на изолацијата за да не се јават топлински мостови по споевите кај столбовите, http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=334&PID=13351#13351 - но се на се овој тип на градба е најздрав(еколошки), најбрз(за месец клуч на рака) и теоретски мобилен(елементите можат да се размонтираат)  Smile плус куќата можат да ти ја состават и по твој план, а воедно можеш и да си поиграш со http://www.hot-hot.com.mk/g/pic/Gradina03.jpg - заоблувања на дрвото со оглед дека хот-хот свиваат греди, само незнам до која големина, па сетне можеш да средиш некоја “импровизација“ од типот на веќе горе посочените комбинации на органска архитектура http://www.oshatz.com/text/residential.htm%20 - www.oshatz.com/text/residential.htm  



Posted By: ABC
Date Posted: 15-Dec-2008 at 06:25
Па сега баш и немам време за онаква калкулација,особено што со групите со кој работам се пазариме кутурица,што ни излегува поефтино поприлично,јас гарантирам за квалитетот на матријалот и стручната работна рака.Можеби сега ќе не заебат малку со ова новиов закон за градба,кој предвидува сите мајстори да бидат регистрирани вработени па градбата ќе оскапи,но сума-сумарум кога се ќе се сведе на пресметки Прилепчани се најефтините мајстори во Македонија според квалитетот кој не е за потценување.Малку повеќе одиме на традиционални материјали со солидни интервенции во доменот на изолација,ПВЦ дограма како и внатрешни врати со полиретански лак,прилично поефтино изработени од Прилепски фирми дури и за 30% од споменатите погоре.Термоизолационите фасади ги работиме од 18-22 евра во зависност од марката на фасадниот материјал.Поефтино со 30% се и ѕидање како и покривот,а малтерисувањето со класичен малтер,влечена или гребена теранова како на сликата,која ја изработуваме сами на лице место со материјали од близина на Прилеп без примеса на ни капка боја.Значи одиме малку на традиционално и поефтино но тоа не значи и неквалитетно.И самиот гледаш дека немаш никакви префрлувања на бои.Во овој случај инвеститорот сакаше стиропорот да биде вметнат во средина на ѕидовите што малку ми ја успори работата и покрај тоа што му напоменав за проблемите со топлотно-изолационите “мостови“,но сепак моите стравувања биле џабе во практика,затоа што самиот објект е со јужна оријентација и постојано е изложен на благо проветрување.Објектот е веќе вселен и малку е поддотеран со алуминумски огради на терасите за што беа и предходно испланирани, само треба да направам понекоја нова фотографија.
-Инаку сите се чудат како може толку добра да биде старата добра теранова припремена на традиционален мајсторски начин која иде дури и 50% поефтина од онаа готовата а ефектите се можеби и подобри во случај на интервенции при оштетувања.Исто така се избегнуваат барем визуелно познатите и грди траги од вода по терасите,затоа што како што напоменав се е од природен материјал од блиската околина.Инвеститорот не сакаше никаков лак или заоблувања на објектот што исто така е во функција на речиси 30% поефтиување во самата градба но и подоцна со вградување на прозорите како и вратите.Овој објект чинеше окулу 70 000 евра и е со корисна површина од 450 метри квадратни заедно со тераси,гаражи и подрумски простории.Ова го мислам само на изградбата со материјалот,при што изостана парното греење кое инвеститорот можеби нахнадно сака да го вгради и не беше вкалкулирано во цената.Подовите се изведени со прилично квалитетен естрихт и наместо паркет сакаа ламинат.ПВЦ дограмата е од Gealan (6 коморен и исклучиво Германски зошто не се произведува на друго место).
Во контекст на објаснувањево би презентирал и еден друг исто така завршен објект со помала квадратура од некаде 280 метри квадратни кој чинеше 80 000 евра но со прилично поскапа интервенција во изградбата со сводови и специјална изолациона постапка за подрумските простории кој инвеститорот ги користи како работни.А во цената е вкалкулиран водовод и подно парно греење,за кој не знам зошто ама не можам да постирам фотографија,што воедно е и моја примедба за модераториве на форумчево,кое најверојатно нема повеќе да го посетувам доколку не можам да инсертирам фотографии.Thumbs%20Down




-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Dec-2008 at 07:16
Originally posted by ABC

за кој не знам зошто ама не можам да постирам фотографија,што воедно е и моја примедба за модераториве на форумчево,кое најверојатно нема повеќе да го посетувам доколку не можам да инсертирам фотографии.Thumbs%20Down


Dunno

Не те разбирам баш за што станува збор. Ете погоре си се снашол и си постирал фотографии, што поточно е проблемот во последниов случај? Каде си се обидел да ставиш фотографија која не се појавила (не можам да приметам според контекстот на претходните постови, ниту гледам дека некој пост е едитиран)

Ако има лек ќе го најдеме, само лоцирај го проблемот попрецизно Smile





Posted By: ABC
Date Posted: 15-Dec-2008 at 14:20
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by ABC

за кој не знам зошто ама не можам да постирам фотографија,што воедно е и моја примедба за модераториве на форумчево,кое најверојатно нема повеќе да го посетувам доколку не можам да инсертирам фотографии.Thumbs%20Down

Dunno
Не те разбирам баш за што станува збор. Ете погоре си се снашол и си постирал фотографии, што поточно е проблемот во последниов случај? Каде си се обидел да ставиш фотографија која не се појавила (не можам да приметам според контекстот на претходните постови, ниту гледам дека некој пост е едитиран)
Ако има лек ќе го најдеме, само лоцирај го проблемот попрецизно Smile



Се извинувам на админот,најверојатно беше моја грешка иако според известувањето пишуваше дека треба да имам посебна дозвола за прикачување слики.Сепак извинете уште еднаш за недоразбирањето.Thumbs%20Up

Инаку објектот за кој ви зборував од 80 000 евра е овој подолу,со квадратура од окулу 280 метри квадратни,но со потенцирана изолациона изведба со специјални малтери и изолациони материјали,како и посебни прохтеви на инвеститорот од повеќе заоблени елементи при самата конструкција односно фасада на објектот.




-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Dec-2008 at 17:58
Дали и надзорот беше дел од оргиналниот проект? Ако да, тогаш те молам кажи ни што е потребно да се земе во предвид при неговото планирање.


Posted By: ABC
Date Posted: 15-Dec-2008 at 23:01
Kај првата не,но кај втората итоа како да.Како инвеститори потребно е да знаете дека надзорот што би го зеле во предвид е потребно да биде што понезависен и посамостален од изведувачот тоа подобро ,практично негов соперник,ама во однос на браншата не во буквална смисла на зборот и во приватниот живот.Big%20smile
Инаку што се однесува до надзорот морам да напоменам дека е вредно да се издвојат и по 1000-2000 евра,во зависност од времетраењето на изградбата,не мора да биде инжинер архитект,препорачувам градежен техничар со искуство,или човек што нема да размислува дали да се качи на покрив,да ѕирне во секоја оплата или да се извалка во веќе турениот бетон броејќи шипки или узенгии.Згодно би било некој од изведувачите доколку прифати да ви биде надзор.Се разбира дека во Македонија неколку фирми се стекнаа со сертификати за комплетна изработка на проекти изградба и надзор,но лично јас доколку сум во улога на инвеститор не би ги користел ако не морам па би препорачал или би барал што понезависен односно директно инволвиран човек кој добро знае да чита планови но и да изведува објекти.Тоа го кажувам од лично искуство како изведувач кога далеку поквалитетен надзор сум имал во случај кога објектите беа контролирани од луѓе што знаат она што го контролираат и да го направат,луѓе кој не се “крем“ во архитектурата.Ова ви го кажувам како дел од тајната на целиот процес наречен ГРАДБА,и би сакал разбирање од колегите на форумот,заради мојата искреност која се надевам дека нема да ги навреди.Dunno


-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Dec-2008 at 23:11
Малку невнимателно го употребив зборот надзор... Мислев на видео-надзор (ја забележав камерата на вториот објект)

LOL

Во секој случај научив нешто ново и корисно  Thumbs%20Up



Сега да се вратам на она што сакав да прашам во првиот наврат. Значи ме интересира ако знаеш да ни кажеш како се планира пософистицирано обезбедување на некој објект (аларм, видео-надзор и слично...)





Posted By: ABC
Date Posted: 16-Dec-2008 at 00:49
Originally posted by Cloverstack

Малку невнимателно го употребив зборот надзор... Мислев на видео-надзор (ја забележав камерата на вториот објект)

LOL

Во секој случај научив нешто ново и корисно  Thumbs%20Up
Сега да се вратам на она што сакав да прашам во првиот наврат. Значи ме интересира ако знаеш да ни кажеш како се планира пософистицирано обезбедување на некој објект (аларм, видео-надзор и слично...)


Тоа е работа на електричарите а секако според потребите на инвеститорот.Значи најпрво се консултираш со инвеститорот дали и каде сака надзор на објектот,за потоа да им предочиш на електричарите каде да пуштат грклани или во консултација со специјализирана фирма и кабел за опремата која треба да се инсталира одкако ќе завршат градежните работи.Многумина кај нас инсистираат “надзорот“ да биде инсталиран и пред завршните градежни работи,од само ним познати причини.Roll%20eyes


-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 16-Dec-2008 at 01:06
naj lezerna rabota e elektro inz.na gotov proekt treba samo da postavi crvena i plava linija i kade kolku da bide debel kabelot,od arhitektot dobiva sve kaj treba da bide i prekidach i steker i sve on samo samo da si potcrta.Big%20smile


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Dec-2008 at 02:08
Originally posted by ABC

... Тоа е работа на електричарите а секако според потребите на инвеститорот.Значи најпрво се консултираш со инвеститорот дали и каде сака надзор на објектот,за потоа да им предочиш на електричарите каде да пуштат грклани или во консултација со специјализирана фирма и кабел за опремата која треба да се инсталира одкако ќе завршат градежните работи.Многумина кај нас инсистираат “надзорот“ да биде инсталиран и пред завршните градежни работи,од само ним познати причини.Roll%20eyes

Мајку е изместена логиката, прво се повика специализирана фирма (кој за жал малку ги има) која по захтев на инвеститорот да го опреди типот и количината на опремата а потоа може или самата фирма или електричари да пустаат кабли кој се нај небитната и задна работа во надзорот.
Затоа кај нас има толку мртви точки во надзотот - да не спомнувам многу значајни објекти кој се со такви  дупки да коса ти се дигне.


-------------

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/ - http://mz-rail.atwebpages.com/


Posted By: beTon
Date Posted: 16-Dec-2008 at 08:57

@ Владимир тука си грешка околу специјализираните фирми, еве погледни колку фирми само се регистрирани во http://www.zlatnakniga.com.mk/Details.aspx?zaglavje=2942 - ЗК за Видео Надзор , од нив имаш и профи и импровизатори т.е. колпортери на првиве. не сум нај упатен кој е нај моќен на ова поле кај нас, но сите имаат на лагер добра опрема. пример http://www.wizard.com.mk/index.php?option=com_virtuemart&Itemid=32 - визард имаат и IR камери тоа сум сигурен, инаку повеќето имаат и wireless системи... што е до системот кога и како ќе се намести мислам дека е релативно бидејќи кај повеќето резиденцијални објекти истиот обично служи како секундарна заштита за разлика од алармите! мој предлог е камерите да се замаскирани во дворното зеленило како не би имало проблеми околу мртвите агли покривајќи дијагонално со една камера две лица од фасадата, а воедно и ќе си постои и перфектна камуфлажа! лош видео надзор е оној кој е без сензор и кој нема или постојано не ги снима движењата, има луѓе кои се одлучуваат и на видлив лажњак колку само за да поминат поефтино и на блеф да се заштитат, но во таков случај и за таква потреба најдобро куче нека врзат во двор и решиле работа.

ABC ти најпрво го почна палирскиот муабет за надзорот. види она што го велиш дека неутрално лице добро ќе ја заврши работата тоа си во право, но повторно не постои гаранција дека нешто нема да се подиспушти! единствен начин е и инвеститорот да е запознаен на лице место со ситуациите! според мене за палир е најдобро (како што кажа и ти) да се земе мајстор, кој ем многу повеќе ќе оди во инспекција за разлика од инжињер за истите пари (малку поинаку за срце ги земаат мајсторите работите за разлика од теоретичарите), ем ги познава сите мајсторски цаки околу крпениците.

во никој случај не смее да види тајфата дека селото е без кучиња, во најмала рака ќе го однесат времето или пребрзо или преспоро, и во двата случаи на штета и на градбата и на стопанот . најголема грешка мислам е доколку опадне прецизноста кај тајфата што е единствено возможно само доколку алкохолот е главна  течност после водата на терен, иако има исклучоци за мајстори кои само кога се под гас работата ја тераат како песна, сепак таквите се постојан ризик и за себе и за околината! 

патем не ми одговори дали со пуц-машина или рачно го работиш малтарењето и што мислиш која е поевтина варијанта од двете?!



Posted By: kliki
Date Posted: 16-Dec-2008 at 14:25
дали знаете што е бондрук?
фала многу
не е ли тоа врзна дрвена конструкција?



-------------
Kliki


Posted By: beTon
Date Posted: 16-Dec-2008 at 16:15

абе како го вртиме муабетов те дрво те цврста градба, те пак дрво, сетне назад на бетон Smile како и да е добра недоумица! имам нешто градежно-архитектонски речници ископано па може да направиме нова нишка, но пред се за да ги средиме сопствените архаични зборови како душеме(патос) или "демирот" узенгија - шипка за затвoрање на главните порти на рајот во форма на кука(најпрво портите се затворале со попречна греда, но подоцна попречната греда е едно со вратата а на неа се затнуваат-се зафаќаат демирите кои се врзани во страничниот ѕид од тремот) за истава направа има и минијатурна варијанта попозната како рајбер кука ( http://systempilots.eu/index.app?search=%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%B1%D0%B5%D1%80 - кука за на врата прозор [ http://tonimeboli.17.forumer.com/a/_post794.html - 1 ])

Бондрук - куќен ѕид изграден од диреци и греди меѓу кои се ставаат непечени тули.
ова е дефиниција од лексиконот на идивиди, но бидејќи е малку нејасна еве уште еден цитат
во приземјето е изградена од делкан камен, а ѕидовите се од керпич и бондрук-конструкција.
http://magazin.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=172&EditionID=84&ArticleID=2576&Page=2 - ФорумПлус - 13.05.2006

мене ми недостига инфо за зборот черен



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Dec-2008 at 23:40
Originally posted by beTon

@ Владимир тука си грешка околу специјализираните фирми, еве погледни колку фирми само се регистрирани ...

Како и во се друго, имаш про и шалабајзери, твое е да дознаеш кој е кој.

Originally posted by beTon

... но сите имаат на лагер добра опрема. пример http://www.wizard.com.mk/index.php?option=com_virtuemart&Itemid=32 - визард имаат и IR камери тоа сум сигурен, инаку повеќето имаат и wireless системи...

Најголемиот дел имаат она што се продава за широка потрошувачка, (што го имаше и на ауто пазар) не про. опрема.

Ете баш што спомнуваш прво

IR камери - со која резолуција и која осетливост (иначе нив ги имаш бес пари и за PC, нели !)

Wireless системи, се тотална не про. опрема - „минута“ треба за да го онеспособиш системот.

Originally posted by beTon

... со една камера две лица од фасадата,

Од таа далечина тоа едино можеш да го постигнеш само со камери со висока резолуција и осетливост, зашто кога треба да ја прегледаш снимката ке видиш само некој мрљи кој се движи таму негде.

Така да, најголемиот дел имаат видео заштита, но кога ќе дојде до стварна нејзина користност сваќаат дека имале шминка.



-------------

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/ - http://mz-rail.atwebpages.com/


Posted By: beTon
Date Posted: 17-Dec-2008 at 01:25

гледај од камера за 50 евра не можеш да очекуваш ништо повеќе. а ако мисли човек дека камерата е заштита со која ќе си ги врати украдените пари тогаш ја утнал работата, обично оние кои се подготвени да пробијат аларм и кодирани брави не верувам дека ќе си дозволат аматеризам од типот на отскриено лице... за вакво нешто човек треба да се осигура во банка или во осигурително друштво. инаку видео надзор мислам дека е корисно да се има само за евиденција што се се случува наоколу.

безжичниот систем има свои предности и свои мани, иако во принцип многу полесно се хакира доколку човек има опрема, знаење и намера! вакво нешто е добро за непремостливи пречки и за редовна дислокација на системот, но комбинација од двата системи е повеќе од корисна...      

еве ја понудата на визард за комбинирани IR камери http://www.wizard.com.mk/index.php?option=com_virtuemart&page=shop.browse&category_id=13&Itemid=32 - www.wizard.com.mk/index.php?option=com_virtuemart&page=shop.browse&category_id=13&Itemid=32

инаку картиците им се далеку поскапи отколку камерите http://www.wizard.com.mk/index.php?page=shop.browse&category_id=44&option=com_virtuemart&Itemid=32 - www.wizard.com.mk/index.php?page=shop.browse&category_id=44&option=com_virtuemart&Itemid=32                    

а за тоа кој е про а кој не човек брзо ќе дознае! како што реков јас сум запознаен со системите на визард и знам дека имаат и добра но и ефтина понуда, а и она што го немаат по нарачка за брзо време го обезбедуваат.            



Posted By: ABC
Date Posted: 20-Dec-2008 at 01:08
Originally posted by kliki

дали знаете што е бондрук?
фала многу
не е ли тоа врзна дрвена конструкција?



Бондрукот како термин се користи во Македонската архитектура на повеќе места,меѓутоа неговото значење пред се се фокусира на конструкциите каде дрвото завзема многу важно место.Така на пример можеме да го сретнеме терминот “бондручни ѕидови“ особено во старата Македонска архитектура за која и Корбизје вели:
-Ако сакате да видите вистинска градска архитектура со незамисливо добра искористеност на просторот и со генијално применети конструктивни зафати на самата градба,треба да ги посетите Охрид или Крушево во Македонија каде генијалноста на неимарите е особено видлива и изразена како рај за вашите очи.(добро сега малку ја филував изјавава ама верувам дека нема да ви смета Smile).
Инаку бондручните ѕидови или бондрукот се користеле за да обезбедат еласичност на самиот објект,со што дополнително и сеизмолошки се зајакнува самата градба.Многупати под терминот бондрук употребуваме и за одредена греда во кровната конструкција или пак за изработка на оплата.Еве како изгледа објект со типични бондручни ѕидови:

http://www.tresonce.com.mk/images/b19.jpg




-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: ABC
Date Posted: 20-Dec-2008 at 01:27



-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: ABC
Date Posted: 20-Dec-2008 at 01:40
Дрвата кој се употребуваат за изградба на “бондруци“ се викаат “кушаци“,но кога веќе се распаливме терминолошки би запрашал дали некој овде сеуште знае што е терминот “каратаван“ кого јас сеуште го употребувам при изградба на некои објекти по желба на инвеститорите,деновиве ќе ви постирам слика?Smile

-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: davce99
Date Posted: 21-Dec-2008 at 02:27
Momci za kolku najbrzo bi mozel da dobijam proekt (plan za ovaa kukja) so site potrebni raboti toa Statika, izraboten spored GUP i  kolku od prilika bi me chinelo, mi treba za pred nova godina!!!


http://www.elk.at/index.php?id=fbilder&hausid=arte161&bfkz=f - http://www.elk.at/index.php?id=fbilder&hausid=arte161&bfkz=f
http://www.elk.at/index.php?id=fhaustyp&hausid=arte161&bfkz=f - http://www.elk.at/index.php?id=fhaustyp&hausid=arte161&bfkz=f



Posted By: beTon
Date Posted: 21-Dec-2008 at 02:40

еј прашањево е многу релативно колку што разбрав, уште повеќе што сега сите се разлабавуваат 10 дена пред нова година, како прво за да земеш извод од дуп минимум ќе ти треба една недела, сетне на ревизија ти оди барањето за градежна дозвола т.е. проектот и во најдобар случај се да се заврши за две недели! значи и брзата птица итрица да ја проектира куќата и истата и да има роднина во општината пак ќе го пробиеш рокот нова година.

а доколку мислиш само на проектирањето, мислам дека со копи пасте можеш и за еден ден да го добиеш проектот (карикирам до една недела зависи кој и како го работи) ќе им побараш на германциве скица за понудата и архитект само ќе ја припитоми...!



Posted By: davce99
Date Posted: 21-Dec-2008 at 03:10
Problemot e shto moram pred nova godina poradi komunaliite, sakam da gi platam zashto poskapuvat za 50% vo 2009, za vo opshtina sopishte ne e problem ke mi ubrzaat, bitno e da podadam se za da platam komunalii na vreme pa posle popoleka, znachi spored tebe vikash  germancive ke dadat podetalen proekt, bash ke probam


Posted By: beTon
Date Posted: 21-Dec-2008 at 03:50

мислам дека тоа не е проблем ќе им објасниш што ти е маката и која ти е намерата и "сигурно" ќе ти излезат во пресрет?! пробај нема зијан, уште утрово прати им меил за да ти пуштат скици, целосен проект сигурно нема да добиеш и на самата страна http://www.elk.at/index.php?id=fhaustyp&hausid=arte161&bfkz=f# - www.elk.at/index.php?id=fhaustyp&hausid=arte161&bfkz=f# го имаш првиот кат, ти треба вториот и цел проект во две перспективи... сепак најдобро оди во хот и хот земиси куќа, готов проект или нека ти модификуваат по оваа скица проект набрзина и терај во општина, сметај дека треба процедурата да ја запазиш т.е. со скица од катастар(за плацот) одиш во општина да пораш скица од дуп, а со скицата од дупот кај архитектот! сетне назад во општина да си платиш комуналии и да си го земеш одобрението за градба! колку навистина ќе успееш се да завршиш за десет дена незнам, но моја препорака ти е да не брзаш и натенане да ја истераш цела работа... 

што мислиш види што би било поголем зијан брзање или дупли комуналии?!



Posted By: ABC
Date Posted: 21-Dec-2008 at 16:18
Се согласувам со Бетонот,дека не треба брзање,а за комуналиите е дискутабилно дали навистина ќе поскапат кога се и онака дефинитивно прилично скапи.Во ова време на рецесии јас очекувам дека ќе поефтинат.Друга работа е што проектот не е за наши услови предвиден,ова го кажувам од лично искуство затоа што во Македонија нема фирма која што ќе ти го изведе објектот со изолациони материјали според проектот кој нема да трпи инпровизација како на малку покласичните проекти што ги прават нашите архитекти.Би советувал да се обрне посебно внимание на врската помеѓу кровната конструкција и ѕидовите,каде секогаш ќе има прилично снег во зима и водени преливања во пролет и лето.Првите проблеми со изолација ќе ти се јават најмногу по две години од изградбата и тие не се решаваат толку лесно и едноставно како што си мислат архитектите во Австрија или Германија.Друг е проблемот со ветровите и компатибилноста на ваквиот вид градба за наши услови,или ќе сакаш при секој посилен ветар да трчаш по околните ниви барајќи делови од твојата кровна конструкција.Инаку би се согласил за вакви “смели“ проекти кога би бил сигурен во пристапот до квалитетни материјали и стручни лица кој знаат тоа и да го направат и кај нас во Македонија.Мислам дека не сакаш Австријската фирма да дојде и да ти ја изгради куќата овде,затоа што ќе те чини прилично поскапо одколку што е наведено во нивниот ценовник.Би ги замолил колегите на форумот да бидат малку пореални и да дадат стручно мислење дали ваква кровна конструкција ќе издржи повеќе од две зими во Македонија:





-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: ABC
Date Posted: 21-Dec-2008 at 16:55
Инаку заборавив да напоменам дека ваков сличен проект до фаза клуч на рака кај нас може да се изведе со цена од само 50-60% одколку во Австрија од каде е превземена сликата,односно проектот.Smile

-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 21-Dec-2008 at 18:34
kaj nas mislam deka hot i hot zimaat 300e od kvadrat.a za krovnata konstrucija se slozuvam deka nema mnogu da izdrzi,moze ne za dve zimi ama nema da trae mnogu,mnogu e lesna gradbata,ama moze da se stai i drug korov ne mora vakov da bide,moze da bide karatavan,sto go imash objasneto vo nishkata tehnicki recnik i ima i slika,kaj nas sto se gradeni barakive i finskite objekti sto se posle zemjotresot kako izzdrzale do sea i tie se montazni.a za toj objekt sto e na slikata nekako mnogu e ko staklarnik i mislam deka ne e bash za nashi uslovi.za izolacija na zidovite moze da se naprai i ima dosta nacini.


Posted By: ABC
Date Posted: 21-Dec-2008 at 19:20
Проблемот лежи во врската помеѓу ѕидовите и кровот.Знаеш кога снежната покривка започнува да се топи па водата префрлува малку и преку олуците,тогаш имаме директна изложеност на самата фасада која не би ја спасила ни една од изолациите кој можат да се најдат кај нас,барем со стандардни цени.Без разлика дали покривот ќе биде “каратаван“ или стандардна изведба,зборот ми беше дека вака раскршени кровови не се практични за условите кој ги имаме кај нас,како по однос на материјалот кој ни е на располагање,така и во поглед на стручните кадри кој ни недостигаат.За покривање на ваква куќа треба исклучиво добри тесари,кадар што кај нас исчезна како таков но и исклучиво добри а не приучени лимари кој располагаат со технички можности да изведат добар одвод на ваква покривна конструкција.Во секој случај зборот ми беше дека повеќе сум скептичен окулу техничката издржливост на објектот на подолг рок одколку класичното и проверено покривање кај нас.

-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: beTon
Date Posted: 21-Dec-2008 at 20:00

убаво кажа ABC мора да се внимава на изолацијата и на споевите. кај монтажниве баш заради овие проблеми околу разиграните или рамните кровови,  во европа се користи поскапа изолација  како styrofoam. но доколку не експериментираш со кровот и одиш класично на две или четири води (класично-компактно) не мора да му ја мислиш многу околу изолацијата т.е. и со поефтини варајанти ќе поминеш, и зависи дали сакаш вентилирачки кров или не...  

еве што изолација е ѕидната на германциве wood-brick wall ® from ELK 

а еве ја изолацијата на хот-хот кај нас http://www.hot-hot.com.mk/semejni-eko-kuki/konstrukcija/konstrukcija.html - http://www.hot-hot.com.mk/semejni-eko-kuki/konstrukcija/konstrukcija.html

а еве што би ти препорачал јас од изолација доколку одиш дефинитивно со твојата замисла

http://building.dow.com/europe/mk/applications/pitchedroof.htm - http://building.dow.com/eu/mdk/mk/applications/pitchedroof.htm - STYROFOAM XPS - Pitched Roof Insulation [ http://building.dow.com/europe/mk/applications/ - http://building.dow.com/eu/mdk/mk/applications/ - 1 ]

http://www.ergoland.com.mk//index.php?option=com_content&task=blogcategory&id=20&Itemid=53 - http://www.ergoland.com.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=34&Itemid=54 - www.ergoland.com.mk  > Термоизолација > Материјали

Additional insulation below the rafters 

1. Roofing tile / roof finishing - Ќерамиди
2. Batten - Летви или Плоча
3. Counterbatten - Контра летви 
4. Ventilated air-gap - Вентилирачки(празен  простор)простор 
5. Diffusion-open underlayer membrane - Вентилациона трака
6. STYROFOAM SM-TG-A - Термоизолациони плочи
7. Bituminous water proofing membrane - Битуменизиран кровен картон (хидроизолациона трака) 
8. Vapour barrier (optional) - Парна Брана
9. Timber boarding… Rafters -
Рог Греда

ваква изведба би ти била сигурна гаранција дека комбинацијата што сакаш да ја имаш ќе куртули снежни зими а воедно ќе имаш и екстра парна брана, НО по која цена?! јас со овие комбинации и материјали го имам пресметано кровот за горната финансиска конструкција - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=13628#13628 - кров 18/20eu m2...  е сега сметај на истата изолација и на таван,  а по можност и ѕидовите значи http://www.ursa.com.mk/products_241.htm - XPS стиропор - Екструдиран полистирен далеку поисплатливо и поквалитетно решение од EPS или стакленаволна (и посекако квалитетна вентилациона трака која треба да биде водонепропусна но паропропусна "ткаенина" трака, доколку одиш со вентилирачки кров) и јасно квалитетна ќерамида или табла - не заборавај снегобрани Big%20smile


Insulating pitched roofs of reinforced concrete

1. Roofing tile / roof finishing
2. Batten
3. Counterbatten
4. Ventilated air-gap
5. Diffusion-open underlayer membrane
6. STYROFOAM SM-TG-A
7. Bituminous water proofing membrane



Posted By: davce99
Date Posted: 22-Dec-2008 at 01:02
Blagodaram na site koi shto odgovorija, ama ne mislam da ja pravam montazna tuku cvrsta gradba, shto mislite za toa nekoj sovet???

I vi blagodaram ushte ednash na site i gruba presmetka kolku bi chinela cvrsta gradba so tie dimenzii na sajtot???


Posted By: beTon
Date Posted: 22-Dec-2008 at 01:44

јас направив финансиска конструкција веќе за цврста градба, но цените постојано рипаат паѓаат и во зависност од материјалите и начинот на изведба вкупната цена варира,  но во основа тоа е тоа според мојата математика. како што кажа ABC 40-50-60%(сам-друг-фирма)  поефтино отколку во Австрија, со една разлика, ако примети тие имаат стаклен ѕид, а стаклен ѕид чини, со оглед дека блиску фабрика нема па доколку сакаш посебни димензии и косини посебен и поскап муабет, сетне си сакал http://www.efficientwindows.org/lowe.cfm - Low-E стакло (Low-emissivity).  незнам имаш предвидено визба, подрум или гаража итн.?!

проектот на купче и брои ставки секогаш имај резерва за непредвидени трошоци, како не би ја градел цел живот понатака. пробај оди со лизинг  наместо со кредит доколку форсираш стакларник, бар нема да бидеш врзан долго со хипотека, ем ако ти згусне нема да загинеш хипотека која ти ја процениле банкарите во најдобар случај 2:1 доколку е нова,  а во повеќето случаи 3:1 па и 4:1 зависи  каква е, и каде е...! 

сега барај финансиска од ABC сметај дека она со вентилирачкиот кров е комбинација и за монтажни и за цврсти, а целта е енергетска ефикасност со добра парна брана слично со инвестирање на Low-E прозори,  можеш и немораш! но поентата е заштеда на топлинска енергија и до 40%... 



Posted By: davce99
Date Posted: 22-Dec-2008 at 21:46
Vauuu e sega me zbunivte so krovov dajte neshto poednostavno kako odgovor Parna Brana i go zamoluvam ABC za finansiska


Posted By: davce99
Date Posted: 22-Dec-2008 at 21:50
eve realni sliki od kukjata se gleda ubavo vnatre i shto se odnesuva za dimenziite za stakloto se naogja i kaj nas i na ovie sliki se gleda deka ne e enormno, kako na predhodnitehttp://www.buildingcentre.cz/nbc/company-profile/photogallery/opening-of-elk-s-house/


Posted By: beTon
Date Posted: 22-Dec-2008 at 23:52

Originally posted by davce99

Vauuu e sega me zbunivte so krovov dajte neshto poednostavno kako odgovor Parna Brana

поентата е термо изолација на кровот и таванот, како и кај ѕидовите, заради зголемување на топлотната ефикасност на просторот! што значи што подобра изолација толку помалку греење бидејќи не се јавуваат топлински загуби. порано т.е. сеуште е практика да се користи стаклена волна наместо стиропор, и најлон наместо вентилациона(паропропусна фолија)трака! ако земеш во предвид дека енергенсите константно поскапуваат ваквата(на око скапа)интервенција кај цврстите градби е повеќе од добредојдена. но со ова се решава и потенцијалниот проблем со капавиците заради снег и дожд што ги наведе ABC...

еве и дефиниција:

Парни Брани се слоеви во облик на фолија, премаз или сл. кои имаат мала или готово никаква паропропусност, благодарејќи на големиот фактор на отпор на дифузија на водена пареа μ низ структурата на тие материјали. факторот μ покажува колку пати е поголем отпорот на дифузија на водената пареа низ материјалот(траката) во однос на слој  на воздух со еднаква дебелина и еднаква температура (μвоздух=1). особине на парна брана имаат металите пр. алуминијумска фолија, гума, битуменски премази, асфалт, пластични маси и др.

За разлика од Парната брана, Паропропусните фолии овозможуваат дифузија на водената пареа во еден правец, додека од другата страна спроводливоста е блокирана. Затоа таквите фолии се применуваат како секундарни слоеви на покривите, т.е. слоевите кај кои е битно водената пареа да поминува низ нив но према надворешниот простор, а истовремено тој слој служи како заштита од навлегување на вода пр. кај крововите и/или ѕидовите кај кои постои реална опасност од капавица од дождовница.
http://www.gradimo.hr/Forum/Thread.aspx?ThreadID=%2067 - Silvio Novak dipl.ing.građ. - KNAUF INSULATION d.o.o

http://www.rigips.com/web/mk/prodsys/wand/wand_rightnav/wand_wandbekleidungen_3.php -
http://www.bro.gov.mk/podracje/ispiti/formativno/sep07/Primer_za_proektna_%20zadaca_po_gradezni_konstrukcii.pdf - Можна е и испорака на плочи од задната страна обложени со Алу или ПЕ фолија (парна брана) која се употребува во рендгенски и озрачени простории за заштита на Х зраците, како и други разновидни изолациони слоеви.



Posted By: ABC
Date Posted: 23-Dec-2008 at 00:29
Зборот ми беше да има малку покомпактна кровна конструкција,што се решава со мало редизајнирање на кровот.Значи малку се зголемува површината и надворешниот изглед на кровот но затоа добиваш поцврста и покомпактна градба во целина,адаптирана и изводлива за наши услови.Инаку самиот проект не е лош во целина,и како што реков единствена замерка му е тоа што кај нас нема материјал и стручни лица кој би обезбедиле сигурна врска кров-ѕид како што беше прикажано на австрискиот проект.Мислам дека другите работи се изводливи прилично квалитетно и поефтино кај нас и за наши услови.Значи немој да се “делиш од умот“ кога веќе ти се допаѓа првобитниот проект.Smile

-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: ABC
Date Posted: 23-Dec-2008 at 00:53
Еве како би го редизајнирал малку Австријскиот концепт за наши услови:




-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: beTon
Date Posted: 23-Dec-2008 at 02:41

Originally posted by davce99

shto se odnesuva za dimenziite za stakloto se naogja i kaj nas

види не е спорно дека ќе најдеш и кај нас стакло, но доколку сакаш квалитетно(Low-E) стакло со тие димензии, тогаш верувај ми и да го најдеш тука ќе го платиш трипати поскапо него реално! http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=87465 - едно време турците ќе градеа стаклара кај нас но незнам што бидна (во бг http://www.trakyacam.com.tr/Mimari_Camlar/en/markalar.htm - веќе имаат две ), но добро и само со едно коморен стаклен ѕид ќе поминеш доколку не ти е битно колку и како ќе ја загреваш или ладиш куќата...

еве како процентуално одат топлинските загубите во еден објект:

  1. подот.......9%
  2. ѕидови....26%
  3. покрив....24%
  4. прозори...41% 

затоа колку што е битна изолацијата кај објектот битно е и стаклото, посебно кога се работи за стаклен ѕид! затоа би ти препорачал во твојот случај а и за секого http://www.askthebuilder.com/097_Low-E_Glass_-_It_Really_Works_.shtml - Low-E glass варијанта која e нешто поскапа како опција, тоа е ист систем како и алуминиумските траки за изолација само овие се стоkмени за прозори( http://en.wikipedia.org/wiki/Low-emissivity - coatings are microscopically thin, virtually invisible, metal or metallic oxide layers deposited on a window ) оваа опција е нешто поскапа сепак заради заштедата на енергија овие low-e прозори се вистински избор. на пазарот има и само фолија да се купи и додатно да се залепи, но таквата варијанта баш и не е препорачлива заради гужвање или кинење на фолијата(исто како кај колите) па на крај и стаклото збрчкано и ефектот загинат!

 

http://www.glassindustry.info/list.php?gSearch=low-e%20glass - World Low-E Glass Manufacturers ( http://www.mis-glas.com/proizvod.html - босна /бугарија/романија/турција од комшилук)



Posted By: ABC
Date Posted: 23-Dec-2008 at 14:33
Види сега,не би рекол дека загубите се толку големи само поради стаклото од оние фамозни 41% вистина е дека на стаклото отпаѓаат 10тина %,а другото е на неквалитетна изработка на целите прозорски окна.Практиката досега беше одкако ќе се измалтари грубо објектот да се вградуваат прозорите во веќе припремените отвори.Во последно време со примена на ПВЦ материјалите како опција и комбинацијата Алуминиум со ПВЦ “термо мост“ но и хибридните дрвени прозори обложени со Алуминиум(кој се и најскапи) се постигнува ефект од помали 10% загуби само поради неквалитетното стакло кое не е електростатски котирано или “пресвлечено“ со специјална емулзија за ултравиолетова заштита.Аргонот и силикатниот гел веќе наголемо се применуваат па така слободно можеме да кажеме дека кај обработка на прозорите има прилично напредок и солидно си ја работат својата функција.Ова го кажувам од лично искуство по западните земји,особено Германија каде изработката на прозори не е многу понапредна од кај нас и не сите користат емулзија на стаклата за изработка на термопан,практично тоа го работат многу ретко и само во исклучителни примери доколку инвеститорот настојува и таа мерка да биде запазена.Значи како што рековме за изработка на семеен дом во наши услови и за наши прилики најмногу треба да се обрне внимание на компактната кровна конструкција,која не му дава премногу слобода на архитектот за уметничко изразување,но сепак понекогаш и таа со мали интервенции може да остане прилично атрактивна и покрај адаптацијата за наши услови.

-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: beTon
Date Posted: 23-Dec-2008 at 21:12

што е до кровот со квалитетни материјали се е изводливо, па и рамен кров на шапка! и сам кажа ABC дека кај нас е проблем квалитетот на материјалите! но во принцип секое експериментирање со себе носи ризик, пред се заради нестандардниот пристап за кој треба луѓе со искуство при изведбата како не би се импровизирало со крпеници!

што е до инфото за топлинските загуби на прозорите оваа информација ми е од скрипта за K стакло. инаку дали и колку отпаѓа од тој процент на стаклото, а колку на споевите меѓу дограмата и окното, тоа незнам!

патем колку што те разбрав Low-E глазурата е термопан стакло! ова сега малку ме збуни, јас мислев дека термопан се викаат овие класичните 3 или 5 коморни прозори исполнети со аргон - термо мост! или јас лошо сум разбрал или се рекламирале претенциозно продавачите! Shifty но и во таков случај да има термопан(Low-E)стакло повторно е прашање дали кај нас има двослојно глазирани стакла како http://www.lifestylewindowsandconservatories.com/pilkington_glass.asp - Pilkington K Glass [ http://www.pilkington.com/Applications/products2006/english/bybenefit/thermalinsulation/kglass/default.htm - 1 ]

колку што приметив U-факторот кај еднослојната глазура на горната слика е 1,2 W/m2 , а кај двослојната глазура U-факторот е 0,29 / 0,27 / 0,25 W/m2 значи поголема изолациска вредност и од ѕидна изолација http://www.efficientwindows.org/lowe.cfm - www.efficientwindows.org/lowe.cfm



Posted By: beTon
Date Posted: 24-Dec-2008 at 02:20

еве ја скриптата за К-стакло. и тука малку е нејасно објаснето што е термопан а што К-стакло(Low-E)... 

К стакло 4мм

К –стакло 4 мм е висококвалитетно нискоемисионо тврдо стакло и претставува монолитен тип на стакло, на кој на едната страна на стakлото со процес на пиролиза е нанесен функционален слој на метални оксиди. Тврдиот слој е продукт на новиот слој на пиролиза - технологија CVD, постојана хемиска постапка која представува реакција на стакло и гас, при висока температура од(600С°). Процесот резултира со тврд и блескав пиролитичен слој. Токму тој слој ги зголемува термоизолационите својства на стаклото и не само што го задржува големо количество на топлина во просторијата, туку и пропушта максимално количество на светлинска енергија. На тој начин се ограничува загубата на енергија, и одржувањето на повисоки температури во просторијата е значително олеснето. Се произведува со тврдо и меко покритие.

Начин на обработка на К стакло

Пиролитичкиот невидлив слој овозможува К-стаклото да биде полесно за обработка од обичните стакла, бидејки процесот на пиролиза овозможува стаклото да се користи во секакви услови. Особено важно е што К-стаклото може да биде складирано, сечено и монтирано како и обичното стакло. Сепак треба да се обрне внимание пиролитичкиот слој да не се извалка или измрси и да се одбегнува контакт со остри метали. Препорачливо е при сечењето К-стаклото да биде поставено со слојот нагоре.
Ви гарантираме дека при поставувањето на К-стаклото од внатрешната страна на термопанот нема да оксидира-карактеристика која го фаворизира и наметнува пред сите останати типови нискоемисиони стакла.

Мултнфункционално стакло

Основна карактеристика на нискоемисиониот слој е да ја спречува топлината да излегува од просторијата, со друти зборови ја спречува загубата на енергија, а тоа значи значително пониски сметки за загревање на просторијата. Термопанот Јтознат како изолационо стакло, овозможува звучна изолација како и контрола на пропустливост на светлината се разбира само во комбинација на К-стаклото со соодветно стакло (stopsol, sunergy, stoprey).

Функции на застаклувањето или
Зoшто е важно да се обнови стаклото

Во почетокот на 21 век се поизразена е енергетската криза. Цената на нафтата и електричната енергија расте, а енергетските ресурси се намалуваат. Во вакви околности на исцрпување на ресурсите на енергија се повеќе се размислува за штедење на енергија. Освен економскиот аспект, експертите обрнуваат внимание на квалитетот на живот и негово подобрување со новитетите во стакло производството
Темата "Функции на застаклувањето" разработена од Glaverbel дава одговор на нараснатата побарувачка на стакло. Во основа на застаклувањето на секој објект битни се неколку аспекти:

Топлинска изолација
Сончева и светлинска контрола
• Звучна изолација
• Сигурност и безопасност
• Архитектура и декорација

Подвлекуваме два аспекти:

ТОПЛИНСКА изолација- Од основно значење за овој аспект се загубите на топлина во еден објект. Испитувањата на специјалистите од таа област даваат информации за загубите на топлина и тоа:

  1. -подот - 9%
  2. -ѕидови - 26%
  3. -покрив - 24%
  4. -прозори -41%

Од овие податоци увидуваме дека најголем дел од топлината се губи од прозорите. Знаејки дека 85% од прозорите се стакло јасно увидуваме од какво значење за термална заштита на објектот е правилниот избор на стакло. Токму затоа ние го нудиме новиот производ на Glaverbel К-стакло 4mm. кој во стаклопакет(термопан) значително ги намалува загубите на топлина - Загуба на топлина преку зима и заштита од надворешни влијанија преку лето. Со тоа се постигнува голема заштеда на енергијата.

СОНЧЕВА и светлинска контрола- Во однос на овој аспект, широката палета на ниско емисиони стакла (во кои спаѓа К-стаклото) го пропушта само оној дел на сончевите зраци, кои во себе носат светлина, сопирајќи го топлинското влијание со што се заштедува енергија за климатизирање преку лето.
Табела:
http://i229.photobucket.com/albums/ee263/shabanadzovic/build/Re-4.jpg - Light caracteristics(Reflection) - ENERGY CHARACTERISTICS - U Value - American standards(with gas)

...инаку ова е скрипта презентација, со оглед дека ја добив баш вака, фотокопиран текст за понудата на www.salamander.com.mk од палетата на http://www.yourglass.com/agc-flatglass-europe/glass/coated_insulating.html - AGC Glass - (stopsol, sunergy, stoprey ) [ http://www.yourglass.com/agc-flatglass-europe/types.html - 1 ] еве и форум кој ги покрива сите недоумици околу Low-E прозорите http://double-glazing-window.info - www.double-glazing-window.info , во контекст на К стаклото еве едно размислување плус, од форумот

Optitherm is a "soft coat" low-e coating application, in exactly the same position as the "hard" K glass coating, and works in just the same way.
Optitherm is based on silver, whereas K is based on tin.
Optitherm is a bit more expensive than K (I understand this is mainly because of the extra handling) but performs slightly better thermally. K is applied as part of the hot production process, whereas Optitherm is applied cool, later.
Certainly other manufacturers produce low-e coated glasses - indeed I believe they all do!

http://double-glazing-window.info/post.php?cat=2&fid=1&pid=668&order=fl&page=1 - Philip Rougier - The Window Man Double Glazing Discussion Forum



Posted By: sorabotnik
Date Posted: 26-Mar-2009 at 17:17
file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Zdravo,

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Ve molam site koi imate iskustvo ili solidno poznavanje od gradeznistvo da mi pomognete.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Planirame da izgradime semejna vikend-kukja vo edno planinsko mesto vo MK.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Sekako deka pred da zapocneme naprolet so gradba deka ke kontaktirame so nekoj arhitekt koi ke go izraboti detalniot plan, no zasega sakame da imame prividna slika dali nasata zamisla moze vaka da se realizira. Vo prilog e slika od nasiot plan za toa kako sakame da ni izgleda vikendicata.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - http://i562.photobucket.com/albums/ss65/sorabotnik/Vikendica.jpg

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Kako sto mozete da zabelezite od crtezot, se raboti za vikendica koja ima golem hodnik od koj se vleguva vo dvete spalni, vo kupatiloto i vo dnevnata soba koja e spoena so kujnata vo koja planirame da ima i trpezariska masa. Kujnata e so pregraden zid odvoena od kupatiloto, so sto sakame da iskoristime da ni bide celata vodovodna instalacija samo na edno mesto vo kukjata.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -  

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Vnatresnite dimenzii mi se planirani da bidat (vo metri):

  1. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Dneven pretstoj – 4.0 X 4.2 (do sankot kaj kujnata)
  2. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Kujna – 4.0 X 2.8 (so sankot)
  3. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Kupatilo – 2.8 X 2.2
  4. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Spalna - 3.5 X 3.0 (0.8 X 2.2 odzema delot od kupatiloto)
  5. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Spalna – 3.5 X 3.0

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -  

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -  

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Toa sto nas ne interesira se slednive nekolku raboti:

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -  

  1. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Planirame da ja gradime na nekakov postament, podignato od zemja. Kako najdobro da go napravime toj postament i na kolku skalicki-santimi treba da bide najmalku potkrenata od zemja?
  2. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Za pocetok e planirana da bide samo na - eden sprat, so moznost vo idnina da se napravat potkrovni prostorii. Kako bi mozelo od ovoj plan vo idnina da se izvedat skali za gore so toa sto vo toj slucaj mozeme (ako e nevozmozno od hodnikot) da ja “zrtvuvame” spalnata oznacena so broj 4?
  3. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Kade i kolkavi po dimenzija stolbovi treba da postavime za vednas da bide pokriena so ploca so fert-gredi i monti?
  4. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - So koja dimenzija na cigla-blok treba da gi izgradime nadvoresnite a so koja vnatresnite-pregradni zidovi? (nesakame pregradni zidovi od knauf)
  5. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Planirame vednas od vnatresna strana da ja izolirame so 2cm tvrdo presuvan stiropor i knauf 12mm. Dali treba pred da se stavi stiroporot i knaufot zadolzitelno da se malterisuva od vnatre ili da stavame direktno na ciglite?
  6. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Od nadvor vo idnina planirame da stavime fasada so stiropor, no zasega ke bide samo izmackana. Dali ima efekt stiropor i od dvete strani na zidovite?

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -  

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Mozebi ke mi teknat uste nekolku prasanja, no zasega ovie mi se osnovni za razmisluvanje. A da, dali znaete kolku kosta izgradba na m2 karabina so moj materijal, bez instalacija, samo stolbovi i zidanje.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -  

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Vi blagodaram na site koi ke pomognete.

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Pozdrav.



Posted By: beTon
Date Posted: 26-Mar-2009 at 17:56

се може да се комбинира во недоглед во зависност од финансиските можности, но мој предлог за викендичка е строго http://www.hot-hot.com.mk - www.hot-hot.com.mk комбинација или стара камена куќа на село. 

инаку доколку одисте со цврста градба тогаш размислете и за http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=447&PID=21371#21371 - www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=447&PID=21371#21371

патем од внатре стиропор не би советувал во никој случај, влагата ќе се задржува на ѕидовите и ќе се јавува оросување. за внатрешна ѕидна изолација доволно е само кнауф плочи или ламперија, јасно внатре како и надвор може да се комбинира со термо малтер. 

темели:

http://www.forum.hr/showthread.php?t=305329 - www.forum.hr/showthread.php?t=305329

http://sr.wikipedia.org/wiki/Темељ - sr.wikipedia.org/wiki/Темељ

http://environment.uwe.ac.uk/geocal/foundations/Fountype.htm - environment.uwe.ac.uk/geocal/foundations/Fountype.htm

http://www.diynetwork.com/diy/home_building/article/0,2085,DIY_13953_2512213,00.html - www.diynetwork.com/diy/home_building/article/0,2085,DIY_13953_2512213,00.html



Posted By: medo
Date Posted: 27-Mar-2009 at 15:56
Originally posted by sorabotnik

  file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Toa sto nas ne interesira se slednive nekolku raboti:

file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml -  

  1. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Planirame da ja gradime na nekakov postament, podignato od zemja. Kako najdobro da go napravime toj postament i na kolku skalicki-santimi treba da bide najmalku potkrenata od zemja?
  2. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Za pocetok e planirana da bide samo na - eden sprat, so moznost vo idnina da se napravat potkrovni prostorii. Kako bi mozelo od ovoj plan vo idnina da se izvedat skali za gore so toa sto vo toj slucaj mozeme (ako e nevozmozno od hodnikot) da ja “zrtvuvame” spalnata oznacena so broj 4?
  3. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Kade i kolkavi po dimenzija stolbovi treba da postavime za vednas da bide pokriena so ploca so fert-gredi i monti?
  4. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - So koja dimenzija na cigla-blok treba da gi izgradime nadvoresnite a so koja vnatresnite-pregradni zidovi? (nesakame pregradni zidovi od knauf)
  5. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Planirame vednas od vnatresna strana da ja izolirame so 2cm tvrdo presuvan stiropor i knauf 12mm. Dali treba pred da se stavi stiroporot i knaufot zadolzitelno da se malterisuva od vnatre ili da stavame direktno na ciglite?
  6. file:///C:%5CDOCUME%7E1%5CA&B%5CLOCALS%7E1%5CTemp%5Cmsohtml1%5C01%5Cclip_filelist.xml - Od nadvor vo idnina planirame da stavime fasada so stiropor, no zasega ke bide samo izmackana. Dali ima efekt stiropor i od dvete strani na zidovite?


Како што самиот кажа, прво ангажирајте архитект и многу од овие прашања ќе ви ги разјасни архитектот, без вие да се замарате какви ѕидови, изолација и сл. Во склоп со работата на архитектот, ангажирајте градежен инженер кој ќе ви направи проект за конструкцијата (темели, столбови, греди, плочи и сл.). Тоа не го прави архитектот.

Што се однесува до прашањата, би можел да кажам:

1. Бидејќи градите во планина, мој совет е да си направите подрум, колку што ви се можностите, односно како што ви дава плацот. Дали ќе биде на цела површина или на дел, останува да се види од условите на терен. Не го заборавајте подрумот, бидејќи сигурно ќе се греете на дрва, а ќе ви треба простор и за други работи во двор. Ова е од искуство-Маврово.

2. За можност за правење втор спрат мора да му кажете на градежниот инженер, да може да предвиди доволно арматура (ако се прави од класична скелетна градба). Арматурата од долниот спрат треба да биде испуштена (да штрчи) над таванската плоча за да може утре да се поврзе со новата и да се формира вториот кат.
Мој совет: Бидејќи сте во планина, претпоставувам има снег, ќе ви треба голема косина на кровот. кога веќе ќе го направите кровот, не верувам дека ќе ви се исплати утре да правите нов кров заради новиот кат. Затоа, ако веќе планирате кат, најдобро би било и него да го направите сега.
Скалите може да се стават во ходникот и да бидат еднокраки, но со малку поголема косина, што и за викендица не е толку важно или да бидат спирални, па ќе заштедите и на простор. Тие може да бидат и челични, па лесно накнадно да ги монтирате.

3. Позицијата на столбовите ќе ја лоцира архитектот, а ќе ја потврди или утврди дополнително градежниот инженер. Бидејќи скицата е лоша, вака тешко може да се утврди добра позиција за столбовите, но би можел да ти помогнам со мој предлог, ако има потреба.

4. Јас би препорачал надворешните ѕидови да ги направите во најмала рака со шуплив блок 20 (25x25x20 cm), изолација стиропор од 6-8 cm, тврдо пресуван со најмала волуменска тежина од 20kg/m3, малтер и фасада, а од внатрешна страна малтерисано и глетувано.  Преградните ѕидови, доволно би било да се од керамички блок 10 или 12 со малтерисување од 3-4 cm.

5. Не би ставал гипс картон од внатрешна страна на нова куќа, ич не сакам гипс картонски плочи. Иако е побрзо градењето, од искуство кажувам, плочата работи, односно се движи во самата конструкција, пука и имате лош изглед на ѕидовите. Би го ставил кога би бил само во крајна нужда.
А стиропор од внатре никако. Зошто ти е??? Кога ти е ладно во зима, носиш јакна под блузата или над неа :-)
Значи, би предложил цигла измалтерисана и глетувана.

6. Оваа позиција не ја планирајте за подоцна. Направете ја веднаш. Како што веќе реков, изолација стиропор од 6-8 cm, тврдо пресуван со најмала волуменска тежина од 20kg/m3, малтер и фасада. Бидејќи сте во планина, би можеле наместо класична фасада да ги обложите ѕидовите од надвор со делкан камен или дрво.
Ова драстично ќе ви се одрази на удобноста кога ќе претстојувате во викендицата. А згора на тоа и брзо ќе ви се загрева.
Во куќа во планина без изолација од надвор, секогаш ќе имате студени ѕидови, а само топол водух во собите од печката, но брзо ќе ви се лади.

Се надевам не претерав со постов. Ако имате други прашања, тука сме. Thumbs%20Up



Posted By: beTon
Date Posted: 27-Mar-2009 at 18:10

со 6-8 стиропор ништо не бива во планина, тоа веќе 15ка треба за во град а за во планина може и појако, како би се зголемила енергетската ефикасност. инаку сето ова што го наброја си е таман, но доколку некој има средства да обложува фасада со делкан камен, верувај дека ќе има и за уште еден спрат. што значи во секој случај комбинацијата која ја посочуваш ем со подрум, повеќе е за луѓе или кои имаат слободно конто за расфрлање или пак кои имаат намера таму да живеат...

инаку за столбовите и плочите како што кажа се ќе пресмета проектантот, во принцип се зависи од финансиската конструкција, додека за кровот дефинитивно може да се оди со високо поткровје, крвајќи го кровот за едно пет реда во вис, она што вели abc да се оди на каратаван.

сепак доколку се одлучувате за цврста градба разгледајте ја комбинацијата со ytong-от со оглед дека има далеку помалку работа а ефектот на крај е воедно и поголем и финансиски и енергетски!  



Posted By: medo
Date Posted: 27-Mar-2009 at 19:01
Originally posted by beTon

со 6-8 стиропор ништо не бива во планина, тоа веќе 15ка треба за во град а за во планина може и појако, како би се зголемила енергетската ефикасност. инаку сето ова што го наброја си е таман, но доколку некој има средства да обложува фасада со делкан камен, верувај дека ќе има и за уште еден спрат. што значи во секој случај комбинацијата која ја посочуваш ем со подрум, повеќе е за луѓе или кои имаат слободно конто за расфрлање или пак кои имаат намера таму да живеат...

Јасно дека е така, затоа и јас само предлагав, па кој колку може нека си допушти. Во принцип со добра термо тула за правилна изолација доста се 6-8 cm стиропор. Ако е обична тула, тогаш може и повеќе.

Originally posted by beTon

инаку за столбовите и плочите како што кажа се ќе пресмета проектантот, во принцип се зависи од финансиската конструкција, додека за кровот дефинитивно може да се оди со високо поткровје, крвајќи го кровот за едно пет реда во вис, она што вели abc да се оди на каратаван.

сепак доколку се одлучувате за цврста градба разгледајте ја комбинацијата со ytong-от со оглед дека има далеку помалку работа а ефектот на крај е воедно и поголем и финансиски и енергетски!  


Се сложувам, YTONG-от е добар, но сепак има и керамички тули кои го постигнуваат истиот ефект во поглед на термо и акустични карактеристики, како и еколошки, несогориви и други својства, но со пониска цена од YTONG. Така што, кој како милува, важно е дека постои избор.


Posted By: beTon
Date Posted: 27-Mar-2009 at 20:01

да но за итонгот не треба никаква дополнителна изолација  и  освен украсен малтер од надвор и внатре. додека за термо тулите треба повторно демит што значи исто ти се фаќа на крај. патем според она хрватите што се фалат за итонгот (линкот погоре), наводно и сеизмички градбите со итонг биле поотпорни!?

а гледано сооднос обична цигла + 20mm стиропор, во однос на термо цигла + 10 стиропор, мислам првата варијанта е поисплатлива, додека енергетски најдобра и најквалитетна комбинација  за ен.еф.куќа е обична цигла + http://www.ergoland.com.mk//index.php?option=com_content&task=view&id=20&Itemid=59 - XPSот на DOW (10mmXPS=20mmEPS ефикасност)     



Posted By: medo
Date Posted: 27-Mar-2009 at 20:18
Не е баш така, дека за YTONG не треба никаква изолација. Реши еден пример од градежна физика (топлопроводливост), па ќе видиш.
Во одредени големини YTONG=термо блоковите, така што како и да земеш исто е. Постојат и керамички блокови отпорни на сеизмички сили!
А ако комбинираш скелете АБ систем со било какви блокови, сеизмички отпорни или не, се е џабе, оти АБ системот се димензионира за сеизмички сили. Ако користиш само блокови и врзно средство, односно ѕидарија, тогаш сеизмички отпорните блокови ја вршат функцијата.


Posted By: beTon
Date Posted: 27-Mar-2009 at 20:45

па тоа и го велат хрватите на она клиповите, јас немам никакво искуство со итонгот ниту пак можам да кажам колку е сето ова што го велат на клипот е неспорно, но вака на прв поглед делува муабетот реален, со оглед дека истиот го тераат доктори...

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=447&PID=21371#21371 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=447&PID=21371#21371

...

[tube]kxfPqng1EJI[/tube]    

ова им е поентата: она поскапата цена на итонгот се компензира со брзината на изведбата како и немањето потреба од додатна надворешна изолација. на крај заштедата на енергија  тера и до 30% отпојќе во однос на класичните системи, a воедно и сеизмички се покажале најотпорни. . 



Posted By: ABC
Date Posted: 05-Apr-2009 at 01:53
Eве уште едно интересно Македонско куќарче во Прилеп.Laugh :




-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Apr-2009 at 04:15
АБЦ искрено куќава не ми се допаѓа воопшто (но оффенс), малку ме постеќа на седиштето на една политичка партија (предизборен молк е па да не ја спомнувам) и на пола населба кисела вода! Мислам дека можело да се извади нешто подобро.

п.с. Доколку е твое дело, се надевам позитивно ги примаш критиките, освен доколку за објектов биле побарани детали од страна на сопственикот.


Posted By: beTon
Date Posted: 05-Apr-2009 at 06:06

ABC почна да ми заличува Прилеп на тропикалистички град од Мексико, со ова се почестите разиграни класични форми и живописни бои, дури и таму би позавиделе на коктелијадава, фалат уште и статуи пред порти за сликата да биде комплетна Smile доколку имаше цел еден кварт со вакви тонови ќе беше тоа уникатна глетка! исто многу попитом би бил просторот доколку куќава имаше цветна градина и јасно фонтана...

зошто не одел стопанот со скроз бела фасада или пак бледа крем евентуално, ова вака како од барби ворлд да излегла куќава, мојот избор би бил посветли или потемни пастелни бои, но во никој случај џиш, особено не за ваков стил! лично доколку морам да одам со свежи тонови дефинитивно како полезет би избрал комбинации на бела со сина, или  окер со бела итн. инаку досега сум пријатно изненаден од понудата на надворешни украсни малтери од ренова, лезет и за око и за џеб! еве неколку варијации на бои на истата фасада: 

 едно време се продаваше украсен јапонски малтер за внатрешно уредување, има некој абер кај може да се најде вакво чудо денес ? е уште такво нешто и фали на куќава за да и навистина човек се почуствува како тропикалист! тук таму расцеветани по некоја палма, лимон, банана, а може и лозница ко за сенка.

како и да е, куќава е пристојна и иако разиграна и искршена, не е премногу накинџурена со екстра детали по фасадата, единствено бојата е премногу напорна, добро сепак секој си има свој вкус, но за разлика какви се комбинации на стилски коктели од куќи постојат оваа градба е и поприлично чиста, сепак лошо е вклопена во опкружувањето, а уште па капак кога ќе се накити со реклами кога ќе се пушти во функција деловниот  простор, и ете токму кандидат за во нишката транзициона архитектура, јасно плус поен во тој контекст ќе бидат посекако и обесените фрижидери за климатизација, како и осветлувањето на објектот и на околината... 



Posted By: ABC
Date Posted: 05-Apr-2009 at 17:27
Originally posted by lslcrew

АБЦ искрено куќава не ми се допаѓа воопшто (но оффенс), малку ме постеќа на седиштето на една политичка партија (предизборен молк е па да не ја спомнувам) и на пола населба кисела вода! Мислам дека можело да се извади нешто подобро.

п.с. Доколку е твое дело, се надевам позитивно ги примаш критиките, освен доколку за објектов биле побарани детали од страна на сопственикот.


Секако,сите критики се добронамерни,ама кога сопствениците имаат максималистички барања за деловни простории,тоа е максимумот што може да се постигне во основа.А инаку првобитниот проект ми беше без ниеден закривен елемент,што ја поефтинува градбата и целата понатамошна финансијска конструкција за минимум 30%.Но што да се прави,кога се сака сводови и заоблени елементи,тогаш да им ги исполнеме желбите на инвеститорите кој се божества во вакви прилики.Bow


-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: ABC
Date Posted: 05-Apr-2009 at 17:36
Originally posted by beTon

ABC почна да ми заличува Прилеп на тропикалистички  град од Мексико, со ова рзиграниве барокни форми и живописни бои дури и таму би позавиделе на коктелијадава фалат уште и статуи пред порти за сликата да биде комплетна Smile во секој случај доколку имаше пример цел еден кварт со вакви тонови ќе беше тоа уникатна глетка! исто многу попитом би бил просторот доколку куќава имаше цветна градина и јасно фонтана...

зошто не одел стопанот со скроз бела фасада или пак бледа крем евентуално, ова вака како од барби ворлд да излегла куќава, мојот избор би бил посветли или потемни пастелни бои, но во никој случај џиш, особено не за ваков стил! лично доколку морам да одам со свежи тонови дефинитивно како полезет би избрал комбинации на бела со сина, или  окер со бела итн. инаку досега сум пријатно изненаден од понудата надворешни украсни малтери   на ренова,  лезет и за око и за џеб! еве неколку варијации на бои на истата фасада: 

едно време се продаваше украсен јапонски малтер за внатрешно уредување, има некој абер кај може да се најде вакво чудо денес ? е уште такво нешто и фали на куќава за да и навистина човек се почуствува како тропикалист! тук таму расцеветани по некоја палма, лимон, банана, а може и лозница ко за сенка.

во секој случај куќава е пристојна и иако разиграна и искршена, не е премногу накунџурена со детали по фасадата, единствено бојата е премногу напорна, добро сепак секој си има свој вкус, но за разлика какви се комбинации на стилски коктели од куќи постојат оваа градба е и поприлично чиста, сепак лошо е вклопена во опкружувањето, а уште па капак кога ќе се накити со реклами кога ќе се пушти во функција деловниот  простор и ете ти токму кандидат за во нишката транзициона архитектура, јасно плус поен во тој контекст ќе бидат посекако и обесените фрижидери за климатизација, како и осветлувањето на објектот и на околината... 



Абе и мојот предлог најпрвин беше за чисто бела,ако веќе правиме “хациенди“ тогаш нека бидат со стил,или во најмала рака бев за еднобојна варијанта до максимум бледо кремова како двобојна,ама инвеститорот запнал дека треба да има дречливост оти ако не се пофали исто како да не направил нова куќа,барем така е во Прилеп.А и го поштувам правилото дека инвеститорот е секогаш во право барем за надворешниот изглед на куќата во која тој ќе живее,иако не се согласувам баш секогаш.Bash


-------------
Секогаш е подобро нешто да се гради отколку да се руши.


Posted By: beTon
Date Posted: 05-Apr-2009 at 17:55

токму оправдано, фактички муабетов е комбинација од она класичниот шаблон што ти го практикуваш и она што стопанот некаде го видел Smile ова како  решение е само за на планина  но без заоблувањата, и јасно со комбинација на материјали од дрво и камен, добро не дека за в град не е,  но во град заради коктелот од материјали и претежно бои од градинката на весели цветови, ваков објект може да биде само музеј за турбо фолк. добро повторно работа на вкусови е но во иднина бар гледај околу боите малку повеќе соли им памет на инвеститорите, за колку толку да се избегне тотален офсајт...

гледам и тука си одел на високо поткровје т.е. каратаван, кажи која е математиката за куќава квадратура и цена, затворена финансиска конструкција? и кога веќе паѓаме на муабет околу твојата цена што мислиш во другите поголеми градови за истава комбинација колку би можело да нарасте цената!? а доколку можеш би те замолил да постираш за некој од твоите завршени проекти приближна финансиска конструкција на сите позиции во изградбата (цени за елементи и фази) 



Posted By: ATC@LWSK
Date Posted: 17-May-2009 at 23:19
Originally posted by beTon

Originally posted by davce99

shto se odnesuva za dimenziite za stakloto se naogja i kaj nas

види не е спорно дека ќе најдеш и кај нас стакло, но доколку сакаш квалитетно(Low-E) стакло со тие димензии, тогаш верувај ми и да го најдеш тука ќе го платиш трипати поскапо него реално! http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=87465 - едно време турците ќе градеа стаклара кај нас но незнам што бидна (во бг http://www.trakyacam.com.tr/Mimari_Camlar/en/markalar.htm - веќе имаат две ), но добро и само со едно коморен стаклен ѕид ќе поминеш доколку не ти е битно колку и како ќе ја загреваш или ладиш куќата...

еве како процентуално одат топлинските загубите во еден објект:

  1. подот.......9%
  2. ѕидови....26%
  3. покрив....24%
  4. прозори...41% 

затоа колку што е битна изолацијата кај објектот битно е и стаклото, посебно кога се работи за стаклен ѕид! затоа би ти препорачал во твојот случај а и за секого http://www.askthebuilder.com/097_Low-E_Glass_-_It_Really_Works_.shtml - Low-E glass варијанта која e нешто поскапа како опција, тоа е ист систем како и алуминиумските траки за изолација само овие се стоkмени за прозори( http://en.wikipedia.org/wiki/Low-emissivity - coatings are microscopically thin, virtually invisible, metal or metallic oxide layers deposited on a window ) оваа опција е нешто поскапа сепак заради заштедата на енергија овие low-e прозори се вистински избор. на пазарот има и само фолија да се купи и додатно да се залепи, но таквата варијанта баш и не е препорачлива заради гужвање или кинење на фолијата(исто како кај колите) па на крај и стаклото збрчкано и ефектот загинат!

 

http://www.glassindustry.info/list.php?gSearch=low-e%20glass - World Low-E Glass Manufacturers ( http://www.mis-glas.com/proizvod.html - босна /бугарија/романија/турција од комшилук)



Да не има некој шема за пресметка на топлински загуби? Со мојот проект за машинство добив пресметки, но во меѓувреме направив некои измени, како на пример се одлучив за друг профил (ПВЦ од Рехау - ГЕНЕО профил со трослојно стакло 4+20+4+16+4К), смалив некои стаклени површини, ја зголемив надворешната изолација од 50мм на 100мм (т.е. се уште се информирам што е разликата помеѓу 80мм и 100мм стиропор), па ми треба да прекалкулирам кои ми се топлинските загуби. Инаку за оние што се сеќаваат, почнав со градба на индивидуална куќа во Жданец, почнав со градба пред 3 недели, па сега го решавам греењето. Се одлучив за Altherma Air Water Heat Pump од Даикин, по препорака на еден познаник кој ја стави минатата година, па сега се концентрирам на добра изолација пред се.
Поздрав, ќе гледам да правам почест update до каде е работава


Posted By: beTon
Date Posted: 18-May-2009 at 05:55
ATC ова со пресметката може само приближно да имаш ориентација но не и целосно, бидејќи во секој случај загуби ќе се јавуваат дали директно пример од топлинските мостови кои ќе ти се јават покасно или индиректно пример од проветрување.
ова што го бараш ти би била груба пресметка колку енергетски ефикасна куќа ќе имаш!
е сега чим си одел со топлинска пумпа, мислам ти фали уште стиропорот да го зголемиш помеѓу 10 и 15 см и да дотераш блиску до енергетски пасивна куќа, http://www.energetska-efikasnost.undp.hr/index.php?option=com_content&view=article&id=274&Itemid=232 - www.energetska-efikasnost.undp.hr/index.php?option=com_content&view=article&id=274&Itemid=232 , а за топ ен.еф. куќа мислам дека треба да одиш и на добар кров, т.е. парна брана, јасно low-e прозори со поголем топлински отпор, исто опишани поназад во нишкава...

инаку има поназад пишувано размисли за xps наместо за eps стиропор со оглед дека е далеку поквалитетен, па она со цената се компензира со дебелината 10cm XPS = 20cm EPS, чисто вештачка размисла кога веќе одиш на вештачка изолација Smile

скоро најпрецизен програм за пресметка на ен.еф. е оној новиот на http://www.novolit.si - новолит , па поиграј си околу комбинациите и ќе ги добиеш бројките Yes иако малку тешко дека треба да се земе здраво за готово ваквата пресметка, како што напоменав со оглед дека има и други х фактори кои ретко ваквите програми ги земаат во предвид како навистина би се добила една реална вредност... од тука можеш да го симнеш програмчето http://www.novolit.si/hr/novocad.html - www.novolit.si/hr/novocad.html

иако ги има еден куп на нет, еве уште неколку калкулатори кои можат да ти се најдат:
http://www.aerotehna.hr/kalkulator.html - www.aerotehna.hr/kalkulator.html
http://www.green3dhome.com/calculators.aspx - www.green3dhome.com/calculators.aspx
http://www.heatpumps.co.uk/heatpumpcalculator.html - www.heatpumps.co.uk/heatpumpcalculator.html


Posted By: ATC@LWSK
Date Posted: 18-May-2009 at 14:49
Фала БеТон, ќе разгледам



Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2009 at 09:48


Баш би било супер да споделиш повеќе искуства АТЦ, верувам ќе им помогнат и на други кои се острат да градат (на пример јас ). Особено ме интересираат искуствата со водната пумпа.


Posted By: ATC@LWSK
Date Posted: 19-May-2009 at 14:07
Pbanks,
Кажи конкретно што те интересира, ќе се обидам да те советувам...
Инаку, почнав со градба пред 3 недели, после долгиот процес на средување документација и добивање дозвола за градба. Инаку, градбата ја договорив со изведувач, за фаза карабина, а за понатаму, поединечно ќе ги договарам следните фази.
Поз


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2009 at 14:13
Originally posted by ATC@LWSK

Pbanks,
Кажи конкретно што те интересира, ќе се обидам да те советувам...
Инаку, почнав со градба пред 3 недели, после долгиот процес на средување документација и добивање дозвола за градба. Инаку, градбата ја договорив со изведувач, за фаза карабина, а за понатаму, поединечно ќе ги договарам следните фази.
Поз


Па буквално се. Јас сум во фаза на размислување и на разработка, уште ми го прават идејниот проект и сум отворен за секакви сугестии и идеи.

Ако не е тајна супер би било да поставиш некои основи или рендери од куќата.

Ако не е тајна колку ќе те фати за материјали + работна рака за карабината? И јас имам сличен план да одам до карабина па за понатака на тенане.

Значи буквално секоја информација што си расположен да ја споделиш со задоволство ќе ја проследам

Поздрав Cheers


Posted By: ATC@LWSK
Date Posted: 21-May-2009 at 17:52
@Pbanks
Еве некои рендери како би изгледала куќата:




Позади имаме мала измена, наместо тераса одиме само со скали кон дворот.

План од катовите немам во електронски формат, но иде вака: Најдолу имам подрум со гаража, како што може да се види на рендерот, со вкупна површина од 75м2, потоа приземје со кујна, трпезарија и гостинско TWC, и денивелирана дневна ориентирана кон задниот двор - исто околу 75м2 + 2 тераси. Во поткровјето имаме две детски соби со заедничка тераса, master bedroom со лоѓија и големо купатило со лоѓија.
Тоа беше нашето барање, во однос на квадратура и потреби, и Архитектот одлично ги срочи сите работи и ни го даде ова решение. Инаку, како што гледате од рендерот, над дневната нема плоча и нема кат, односно над дневната е директно кровот, што мислиме дека ќе изгледа одлично

За цена, не можам да разговарам, тоа се договара со изведувачот, јас го одбрав ТОРУС Инжинеринг, од повеќе причини (најмногу од причина што сопственикот ни е пријател) и досега можам да кажам дека работат беспрекорно.
Сега го решавам греењето и ладењето, и се одлучив да одам со Altherma heat pump од Daikin, и комбинација од подно греење (купатила, претсобје, кујна и трпезарија), неколку фенкојлери (во дневната каде што нема да имам подно) и радијатори во спалните на горниот кат.
Внатрешното уредување е work in progress, за тоа - потоа

@BeTon
Бев денес во ерголенд, во меѓувреме се распрашав и за EPS, и која е разликата, и се одлучив за XPS, само уште да ја размислам дебелината, во ерголенд дури ми рекоа дека 50мм е доволно за изолација, но јас би одел или со 80 или со 100мм дебелина.
А што мислите за кровната изолација, затоа што горниот кат ми е потровје... каква изолација да ставам?


Posted By: ATC@LWSK
Date Posted: 21-May-2009 at 17:57



@Pbanks
Еве некои рендери како би изгледала куќата:



Позади имаме мала измена, наместо тераса одиме само со скали кон дворот.

План од катовите немам во електронски формат, но иде вака: Најдолу имам подрум со гаража, како што може да се види на рендерот, со вкупна површина од 75м2, потоа приземје со кујна, трпезарија и гостинско TWC, и денивелирана дневна ориентирана кон задниот двор - исто околу 75м2 + 2 тераси. Во поткровјето имаме две детски соби со заедничка тераса, master bedroom со лоѓија и големо купатило со лоѓија.
Тоа беше нашето барање, во однос на квадратура и потреби, и Архитектот одлично ги срочи сите работи и ни го даде ова решение. Инаку, како што гледате од рендерот, над дневната нема плоча и нема кат, односно над дневната е директно кровот, што мислиме дека ќе изгледа одлично

За цена, не можам да разговарам, тоа се договара со изведувачот, јас го одбрав ТОРУС Инжинеринг, од повеќе причини (најмногу од причина што сопственикот ни е пријател) и досега можам да кажам дека работат беспрекорно.
Сега го решавам греењето и ладењето, и се одлучив да одам со Altherma heat pump од Daikin, и комбинација од подно греење (купатила, претсобје, кујна и трпезарија), неколку фенкојлери (во дневната каде што нема да имам подно) и радијатори во спалните на горниот кат.
Внатрешното уредување е work in progress, за тоа - потоа

@BeTon
Бев денес во ерголенд, во меѓувреме се распрашав и за EPS, и која е разликата, и се одлучив за XPS, само уште да ја размислам дебелината, во ерголенд дури ми рекоа дека 50мм е доволно за изолација, но јас би одел или со 80 или со 100мм дебелина.
А што мислите за кровната изолација, затоа што горниот кат ми е потровје... каква изолација да ставам?


Posted By: ATC@LWSK
Date Posted: 21-May-2009 at 18:03
Извинете за двојниот пост, нешто се зезнав


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-May-2009 at 18:07
atc@lwsk според мене проектов ти е горе долу добар, само што јас на пример никогаш не би одбрал рамен кров на ниеден дел. А предната тераса незнам зашто си ја скратил и скалите доаѓаат достѕа повнатре кога би можело да се добие и малку поголема тераса (кога веќе си ја скратил задната). А и неможам да приметам колкав е нагибот на гаражата?! Дали е нешто премногу остро?!


Posted By: ATC@LWSK
Date Posted: 21-May-2009 at 18:23
Рамен кров немам никаде. Не знам дали може да се примети од рендериве (од последниот на пример) дека кровот е асиметричен, но никако не е рамен од страната на дневната (позади) кровот има поголема косина, а од напред, косината е помала (негде околу 7-8 степени) што е премалку за керамида, па затоа одиме со пластифициран лим (something's gotta give), додека влезот во гаражата е 18 степени, што, од тоа што можам да видам, е негде на граница на стрмност и можност за користење (зиме, пред се). Е сега, за да се задржи тој агол, мора да се жртвува предниот трем (мислам дека е поадекватен израз од тераса) за да имам clearance за влез во гаража (негде 202cm vertical clearance)а и не гледам дека тремот би бил многу корисен за седење (сега е негде 120см) при убав двор (а плус тремот, позади црвениот столб, е поврзан со терасата од трпезарија (вториот рендер)


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-May-2009 at 21:31
Убаво ATC

И јас размислувам за концепт како твојот околу дневната соба само имам дилеми колку е сето тоа згодно за тековно одржување. Чистење на високите ѕидови, на таванот.... Инаку нема дилема на изглед ќе биде бомба.

Исто така никогаш не ми се допаѓале гаражи со кратка рампа и голем нагиб но веројатно просторно теренските можности толку ти овозможиле и/или не си сакал да губиш од приземната површина за гаража.




Posted By: beTon
Date Posted: 22-May-2009 at 00:28
ATC интересна замисла, разиграно но и робусно. она дневната што велиш горе ти е отворена галерија или соба што се отвора кон високата дневна?
инаку вака пространи и чисти површини добро легнуваат за видеобим, па од две нивоа сетне да гледаш пренос на аеромитинзи 
 
туку размислувај со време и за двор, распоред на дрва, евентуално бунар, фонтана или базен, чисто како проекција, за да на крај се си  дојде подмачкано на свое место. инаку за кров има нешто инфо и во нишкава исто за xps комбинација плус парна брана, но има и во нишката изведба на кров...
 
лично јас на ова бетонско-армираниве, ајде да речам вештачки градби, и не сум баш мераклија, но во секој слујчај изборот на поквалитетни материјали е вистинска одлука, која поскако долгорочно е и поефтина и посигурна инвестиција.
 
гаражата што не ја пуштиш странично, а доле истераш екстра соба или поголем подрум !? исто можеш и нивото на тремот да го подигнеш, и така внатре ти е разигран просторот па да добиеш и поголема тераса на која би закачил и скали за в двор или за на спрат...
 
патем доколку можеш пробај низ фази направи спредбена пресметка со тоа конструкцијата на хрватскиот блог од првата страна во нишкава!!! само цени по позиции, немора фотоблог
 


Posted By: ATC@LWSK
Date Posted: 23-Jun-2009 at 14:19
Update 22.06.09:

http://www.facebook.com/photo.php?pid=30410940&l=938d75c6fc&id=1469658751
http://www.facebook.com/photo.php?pid=30410944&l=95ffc80616&id=1469658751
http://www.facebook.com/photo.php?pid=30410947&l=3323573c3d&id=1469658751
http://www.facebook.com/photo.php?pid=30410939&l=2c50f2bc19&id=1469658751
Како што можете да видите на последнава слика, направив мала измена, и ја продолжив плочата и над дневна, која што е денивелирана btw, и над тоа направив уште една, гостинска соба. Ова од повеќе причини, што поради повеќе корисен простор, што поради намалување на кубатурата од дневна....

Comments welcomed...

P.S. Еве го и наследникот:
http://www.facebook.com/photo.php?pid=30410933&l=b67e296072&id=1469658751
http://www.facebook.com/photo.php?pid=30410932&l=ba231636d7&id=1469658751


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Jun-2009 at 14:38
@ATC ја издвоив оваа слика да ја имаме на преглед без кликање. Одличен напредок Thumbs%20Up

Колку време ти требаше од почетокот на изградбата до оваа фаза?

Да е жив и здрав наследникот Cheers






Posted By: micko_v
Date Posted: 23-Jun-2009 at 14:46
Здраво момци, се надевам дека некој од вас може да ми да даде подетални информации околу ова, се работи за извод од катастар за една парцела, арно ама некои работи не ми се јасни :

процент на изграденост 59%  ???
коефициент на искористеност 0,98
површина на парцела 366м2
бруто развиена површина 340 м2  ???
максимална висина на венец Н 8,50м
висина на венец до слеме 3м ???

Не разбирам што е слеме, колку ката може да се градат ??

фала







Posted By: ATC@LWSK
Date Posted: 23-Jun-2009 at 14:47
@pbanks
Темелите беа удрени на 29.04.09, среда за среќно


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jun-2009 at 14:59
@ ATC LWSK

Аирлија работа!



@ micko

Иако имам генерална идеја, не би си го пикал носот бидејќи не сум сигурен Smile
На форумов има многу постручни од мене за да ти дадат точни дефиниции и објаснувања и мислам нема долго да чекаш на одговор Cheers


Posted By: se_manda
Date Posted: 23-Jun-2009 at 15:39
sleme ti e najvisokiot del od krovot...dr zborovi vrvot na krovot...a za venec ne sum siguren ama mislam deka e dolniot del na krovot...


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 23-Jun-2009 at 15:44
Originally posted by se_manda

sleme ti e najvisokiot del od krovot...dr zborovi vrvot na krovot...a za venec ne sum siguren ama mislam deka e dolniot del na krovot...

Завршетокот на фасадата, највисокиот дел поточно, може да е надоѕидок, ако објектот е со рамен кров или до под олукот на кос кров.


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: micko_v
Date Posted: 23-Jun-2009 at 15:48
А дали бруто развиена површина подразбира и површина на подкровјето и подземните простории? 


Posted By: KamaZ
Date Posted: 25-Jun-2009 at 23:00
@ micko
Вака другар по ред да ти кажам .

процент на изграденост 59%  ??? -ова ти е површина на маркицата, односно колку површина процентуално ке ти фати градбата од парцелата (колку од дворот ќе покриеш со куќата)

коефициент на искористеност 0,98  - коефициент на искористеност е соодносот помегу површина на парцела 366м2 и нето површина на градбата, а нето површина ти е крајниот станбен простор без скали ѕидови и слично

површина на парцела 366м2 - не бара објаснување мислам

бруто развиена површина 340 м2  ??? - бруто развиена површина е точната површина на плочите + скали, што исто подразбира и ѕидови кои што ќе ти бидат поставени на тие плочи. Значи хоризонтален пресек на надворешниот изглед на објектот помножен со катност. Во оваа површина се земаат и 10% од поткровјето. Е сега, во овој случај јас мислам кај тебе има грешка. Не се совпаѓаат бруто површината со коефициентот на изграденост. Бидејќи нели секоја општина си има свој експерт Bash можно е тие бруто површината да си ја разбираат ко станбена површина и така да си израчунале Smile.

максимална висина на венец Н 8,50м

висина на венец до слеме 3м - висина од венец до слеме подразбира наједноставно висинска разлика од врвот на зградата до работ на кровот (каде што обично седи олукотSmile). што значи дека во овој пример зградата би можела да биде висока максимум 11,50м.

Ако имаш уште некое прашање повели. Мислам дека се имам испраксирано доста со овие маркици и слични документи.

Мене од друга страна ме интересира дали ти ова го купуваш или го продаваш и каде се наоѓаSmile?
Јас сум од скопје и со моите бараме место за градба негде блиску до центар веќе 2 години ако не и повеќе. Низ рака ни прошле богами доста катастарски изводи. И уште сме во фаза на барање па секоја информација за плац или куќа на продажба во тоа подрачје би била добродошла. (се надевам не е против правилата на форумот да поставам вакво прашање/барање, ако е тогаш слободно бришете го овој дел и се извинувамBig%20smile)

Поздрав и се надевам дека објаснувањава ќе ти помогнат

едит: чисто да додадам, подрумски простор не ти се рачуна во бруто површина додека од поткровјето ти се рачунаат 10%


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Jun-2009 at 23:22
Originally posted by KamaZ


Мене од друга страна ме интересира дали ти ова го купуваш или го продаваш и каде се наоѓаSmile?
Јас сум од скопје и со моите бараме место за градба негде блиску до центар веќе 2 години ако не и повеќе. Низ рака ни прошле богами доста катастарски изводи. И уште сме во фаза на барање па секоја информација за плац или куќа на продажба во тоа подрачје би била добродошла. (се надевам не е против правилата на форумот да поставам вакво прашање/барање, ако е тогаш слободно бришете го овој дел и се извинувамBig%20smile)


Напротив. Слободно прашај си

Што подразбираш инаку под блиску до центар? Можеш ли да дадеш некои граници? И дали бараш плац за куќа или зграда?


Posted By: micko_v
Date Posted: 25-Jun-2009 at 23:29

Камаз, фала за исцрпниот одговор.

Инаку ме погоди со ова за „експертите„, затоа што се работи за елементарна математика; ако искористеноста е 59%, тогаш основата би требало да биде 215м2 од 366м2 , а во 8,5 м до венец мислам дека има барем 215м2 * 2 .
Инаку во правилникот за урбанизам се вели дека висината на спрат треба да биде минимум 2,9м.
Значи во висина од 8,5 не може да се извади повеке од П+1 ?
 
Локацијата е во близина на олимписко село, водно..


Posted By: KamaZ
Date Posted: 25-Jun-2009 at 23:37
Епа одлично
Барам нешто што се протега на простор од нова железничка до тафталиџе 1 и може нагоре накај водно, црниче и козле на пример. Се разбира и дебармаало влегува во овој простор како мој омилен дел на скопје . Што се однесува до дилемата зграда или куќа, во принцип сме отворени и за двете опции. На почеток бевме заинтересирани за зграда баш во центар или многу блиску до центар ама сега раширивме и на куќи во поширокиот регион околу центар . Фала за секоја информација.


Posted By: KamaZ
Date Posted: 26-Jun-2009 at 14:49
Мицко, според коефициентите ти доаѓа точно така, 215*2 (П+1) плус 21,5 (10% поткровје). Тоа се 450м2 бруто отприлика и ако тоа го помножиш со нето/бруто коефициент 0,75 ти испаѓа точно 340м2 нето површина. Што се однесува до катноста, точно е дека не можеш да извадиш повеќе од П+1, меѓутоа имаш добар простор за правење на високо приземје и убаво поткровје. Сутеренот може да се крене максимум 1,2 метри и тој не ти се рачуна во квадратура. Така можеш да направиш сутерен (од -1,8 до 1,2 метри висина) и над тоа П+1 на останатите 7,3 метри до венец. Јас овде би го симнал и поткровјето за некој пола метар до метар и така ке добиеш и доволно високо поткровје и повеќе од доволно високи приземје и прв спрат. Максимална искористеност Big%20smileBig%20smile.

Ова ти ќе го градиш или? Како ти иде со сите документи и слично? Јас имам разбрано дека е голема гњаважа за да ги добиеш сите дозволи.


Posted By: micko_v
Date Posted: 26-Jun-2009 at 16:33
Уште не сум стигнал до градежни дозволи, претпоставувам дека ќе биде малтретирање.
Инаку сега гледам да соберам некои генерални информации.
Правам некои математики дали ке можам да реализирам околу 480 м2 корисна површина (нормално вклучувајки го и подкровјето), и буџет до кај 200.000 Е максимум Big%20smile...
Според тебе реалистично е сценариово ?


Posted By: KamaZ
Date Posted: 26-Jun-2009 at 16:59
Хаха и јас сакам. И ние гледаме за тие квадратури. И гледавме и таму во околината некои куќи и плацови ама ништо не ни фати баш око. Ако имаш нешто интересно на продажба во комшилук кажувај.
Пошто ние уште плац немаме најдено, не знам точно како иде со градба, ама и нашите рачуници се тука негде (нешто под 500 евра квадрат). Мислам дека има големи разлики при изборот на материјали и начинот на градење. Колку повеќе одолговлекуваш толку поскапо ќе те чини јас мислам. А за цените од градежните компании би требало сега да се пониски бидејќи со кризава имаат помала искористеност и на машинерија и на работници. Се на се мислам дека со добар план и контрола од твоја страна би можел да завршиш со околу 200.000.

Околу квадратурата, најмногу ќе можеш да извадиш ако спратот или приземјето го направиш дуплекс. Така можеш да направиш на пример приземје 2,9 метри + спрат дуплекс од 5,1-5,2 метри и на крај поткровје 3,4-3,5 метри високо. Така ке ти излезат 4 нивоа. И плус дуплексот може да биде ептен ептен луксузен и голем (се разбира ако сакаш да го правиш таков само за себе ако не може да се подели на 2 сосема пристојни станови).
Понатаму, и самата пресметка за 75% нето/бруто коефициент отпаѓа кај ваков објект со голема основа. Јас мислам дека во случајов со 215 квадрати основа може слободно да излезат околу 80% корисна површина. Независно од тоа на технички прием тебе ќе ти ги рачунаат 75% (има и некои предности кај нашиов систем на паметњаковичиLOL).

Инаку ти пожелувам многу среќа во процесов Smile и се разбира чекаме по некое рендерче за идната куќа и понекое искуство од голготата по македонските шалтери LOL

едит: напраив мала рачуница и кај тебе со дуплекс можат слободно да се извадат над 500 квадратиThumbs%20Up


Posted By: sorabotnik
Date Posted: 28-Jul-2009 at 00:37
Здраво,
Можеби се сеќавате на мојот претходен пост каде барав општи информации или совети околу изградба на викенд куќа. Откако направивме консултации и пресметки со компетентни лица, одлучивме на неопределено време да го одложиме почетокот на градбата од финансиски причини. Многу било ефтино гледано од страна како комшиите градат, ама кога требаше ние да се брцнеме во џебот, јбг нема доволно.
Така, уште еднаш си потврдив едно од своите животни реченици - кој сака наоѓа начин, а кој не сака наоѓа изговор. Искрено, мене ми беше полесно овој пат  да си најдам изговор и тоа не еден него неколку - економска криза е сега остај за понатаму, што ќе ти е викенд куќа кога со тие пари што ќе ги "заѕидаш" у некоја вукојебина можеш да одиш барем 20 години на одмор каде сакаш низ нашава ни Македонија, што ќе ти е викендица кога можда само 2 пати месечно ке отидеш таму, итн итн итн.
Па така, за да не биде дека само барам изговори, почнав да размислувам на алтернативни начини. Прво им се тупнав на едни роднини кој имаат плац во близина на Скопје и на него имаат паркирано една поголема камп приколка со тоалет и кујна и неа ја сместиле на постамент кој претходно го направиле. Правиме муабет 2 саата и јас нормално слушам се што ми се допаѓа, а игнорирам можеби еден куп клучни работи. Роднините презадоволни од тоа што го направиле зашто со вкупно 2500 еур имаат место во кое десетина пати годишно проаѓаат по неколку дена фамилијарно.
Единствена грешка била што наместо камп приколка можеле да купат од оние стамбени контејнери па да имаат "поцврсто" семејно катче. Ама сепак, колку пари толку музика.
Потоа јас право со мој пријател кај негов пријател да прашаме за стамбени контејнери. Има, половни од унпрофорците што останале, 3 комада ми ги нуди за 1600 еур. Двата се стандардни а третиот е со две врати поделен на пола со водоводна инсталација демек санитарен. Сите се по 12м2 односно 6х2. Мене ми фаќа око. Само треба да правам постамент за нив и да обезбедам превоз. Некако ке го решам и тоа. Ама што уствари сум решил. Вреди ли да ги бапнам и тие 1600 еур кој се скоро 15 пати помалку од планот за викендица и пропорционално на тоа ќе добијам ли 15 пати полоша опција? Разликата во квалитет немојте да ја коментирате. Иако во ваши очи  можеби сум дудук, кампер сум долги години и знам што значи спиење и мочање во времен монтажен објект а што во цврста градба. Но сепак сакам да слушнам размислување и можни искуства. Ајде да измериме на кантар инвестиција и придобивки. Потребите се јасни, времено сместување за 2-3 пати месечно по неколку дена (викенд). Дали постои кај нас некаква законска одредба која дава можност за поставување монтажни објекти без потреба за дозвола за градба? Ај да почнеме од негде со времениве монтажни објекти, па ке видиме каде ке не однесе патот. Фала и извинете за долгиов пост ама ми беше досадно па викам ај да поднапишам нешто за ова што ме мачи. Поздрав.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Jul-2009 at 10:10
Поздрав соработник. Интересно размислување. Во секој случај мислам дека одлуката би била индивидуална т.е. никој неможе да ти каже со сигурност дали се исплати да ги дадеш тие х15 па да ѕидаш или да се снајдеш со контејнерите. Дали се флексибилни тие 3 контејнера, дали можеш да ги споиш па да направиш да речеме 6х6 објект а и внатре да ги преуредиш ѕидовите? Колку често планираш да одиш во твојата „викендичка“? Мислам дека вреди да се обидеш, па и да се покаже со тек на време дека контејнерите се непрактични, или пак преретко одиш, барем не си лупнал преголема сума на пари.


Posted By: sorabotnik
Date Posted: 28-Jul-2009 at 11:01
Фала UrbanFreak за одговорот. Искрено очекувам повеќе одговор и размислувања зашто сметам дека секој може да допринесе колку толку за разгледување на оваа опција. Имајќи во предвид колкав е бројот на луѓе во светот кои Живеат во времени или монтажни објекти, првично не мислам дека тоа е лоша инвестиција за мојата замисла. Сепак се се сведува само на неколкудневен претстој во таков објект и тоа неколку пати во текот на годината, најчесто од пролет до есен кога нема да биде потребно греење. Првичната одлука за купување на тој плац беше да уживаме, одмараме и да ја користиме  недопрената природа во тој крај. Тоа значи дека не мислиме да поминуваме време затворени внатре во куќа или контејнер, туку да шетаме и дишеме чист воздух. Значи, самиот објект ќе биде најмалку искористен. Токму така како што поминувавме по 15-20 дена непрекинато сместени во приколка во некој автокамп а користевме заеднички санитарен чвор. Вака со контејнериве дури ќе имаме и поголем луксуз Smile.
Она што цело време ми се врти низ глава е добивање дозвола за градба или за поставување на времен монтажен објект. За изградба на куќа, постапката за дозвола е добро позната. Воедно, најдов дека во Хрватска за поставување на монтажни објекти на сопствен плац (контејнери, готови монтажни куќи, приколки и сл.) до 12м2 нема потреба за барање дозвола. Дали кај нас е тоа некако регулирано и како? Освен тоа, утринава на кафе имам еден пријател кој даде уште еден предлог. Наместо како што велиш ти да спојам два контејнера за да добијам 6х4 (а што е неизводливо со овој тип контејнери кои ми ги понудија), сам да направам монтажен објект од челична конструкција-профили на претходно поставен постамент. Нешто како монтажните објекти-хали кои се почесто се прават. Така ке можам лично јас да ја дефинирам квадратурата и распоредот на просториите. Малку разгледавме по нет и еве нешто слично на тоа што наидовме

http://www.anatus.hr/web/index.php?option=com_content&task=view&id=20&Itemid=35 (прегледајте ја цела нивна страница ако тоа ве интересира)

Само околу дозволите за градба на вакви објекти ако некој знае повеќе да каже. Еве тоа би било тоа па да слушнеме размислување.



Print Page | Close Window