Print Page | Close Window

Урбана уметност: графити, мурали, стикери и сл.

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Македонски градови
Forum Discription: Општа фотографија од македонските градови
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3361
Printed Date: 25-May-2020 at 02:39


Topic: Урбана уметност: графити, мурали, стикери и сл.
Posted By: hcitrS
Subject: Урбана уметност: графити, мурали, стикери и сл.
Date Posted: 25-Aug-2016 at 17:12
Барајќи, не најдов нишка која се занимава со оваа многу битна и интимна страна на градовите. Овде можеме да споделуваме новини, старини, струења, вести од ликовната уметноста под отворено небо.




Replies:
Posted By: hcitrS
Date Posted: 25-Aug-2016 at 17:14
УШТЕ ЕДЕН МУРАЛ НА „ЗЕРО“ ВО МКЦ

Покрај стариот мурал во холот, ликовната група работи на нов мурал на надворешниот ѕид на „Фросина“

На надворешниот ѕид на киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар (МКЦ) веќе се гледа работата на уште еден мурал од ликовната група „Зеро“. Новиот мурал е со површина од 60 м2, а како што најавуваат од МКЦ, официјално ќе биде промовиран на 7 септември, како сегмент од одбележувањето на 25 години самостојност на Република Македонија.



Од МКЦ потсетуваат дека групата „0“-Зеро, во 80-тите години на 20 век претставуваше парадигма за вонинституционално генерациско дејствување на македонската ликовна сцена. Ликовната група во состав: Александар Станкоски, Беди Ибрахим, Златко Трајковски, Синиша Цветковски, Зоран Јаневски, Роберт Михајловски, Горанчо Ѓорѓиевски, Стефан Шашков и Владо Манчевски-Марсо, како и Перица Георгиев-Пепси и Миодраг Десовски-Мишко, кои повеќе години се вон Македонија, пред 30-ина години го наслика култниот мурал во холот на МКЦ. „Додека го создава новиот мурал, ‘Зеро‘ ќе го реставрира и стариот во холот на МКЦ, кој исто така ќе биде заштитен и осветлен со соодветна светлосна опрема, со што во иднина ќе претставува постојана, трајна изложба, за што е и првично создаден“, потенцираат од МКЦ.


%20http://www.utrinski.mk/?ItemID=2C284A0EE541C548953C40ADAF8DFCA4 - link


Posted By: hcitrS
Date Posted: 12-Oct-2016 at 23:05
Ushte eden:

https://scontent-mxp1-1.xx.fbcdn.net/v/t1.0-9/14642137_750432355132172_8412735048260598927_n.jpg?oh=87df5966b6f099184065c02832d0da3d&oe=58ADD036


Posted By: hcitrS
Date Posted: 12-Oct-2016 at 23:13
Се ширеа деизнформации дека максимава е скопска. Не е, битолска е. Спроти Св. Димитрија, точно.

Еден од најдобрите концепти во Бт, според мене. Антинихилистичка критика на богобојзаливите безбожници:



Posted By: hcitrS
Date Posted: 22-Aug-2018 at 22:32
https://www.facebook.com/hybridmindscr/?ref=page_internal - Hybrid Minds Crew - Bitola

Bitola:




]



Print Page | Close Window