Print Page | Close Window

Скијатос, Грција

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Патеписи
Forum Discription: Патеписи од Македонија и светот
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3374
Printed Date: 23-Apr-2024 at 22:04


Topic: Скијатос, Грција
Posted By: BOJAN
Subject: Скијатос, Грција
Date Posted: 28-Sep-2016 at 10:56
Слушам дека Скијатос бил убав ѕа одмор, така ли е Џоле ?



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Sep-2016 at 11:09
Ти благодарам, Бојан, што ја отвори темата, имам некои технички проблеми, па не можев самиот.

Како и да е, деновиве ќе објавувам фотографии од мојот осумдневен престој на овој грчки остров што се случи од 15 до 23 септември годинава. Накратко, станува збор за мошне познато летувалиште, дестинација на бројни светски ѕвезди, место со убава природа и средени плажи (дел песочни, дел карпести), со среден јавен превоз во градот што главно го покрива јужниот дел од островот, додека северниот дел (каде што се наоѓаат бројни прекрасни плажи) не е покриен со јавен превоз и ако некој сака да појде таму ќе мора да изнајми мотор, кола или да појде со сопствено возило. Остров со скапи услуги (храна, пијалаци, карта за јавен превоз 2 евра, пиво во кафуле или бар од 4,5 до 6 евра, изнајмување возила итн.), со бројни гостилници, сувенирници, кафулиња. Преполн со туристи, дури и вон сезона. Ако ми текне нешто, ќе допишам, а ако некој има прашања, со задоволство ќе му одговорам.

Ќе започнам со неколку фотографии од градот Волос, што се наоѓа на копнениот дел на Грција, од каде со траект се патува до градот Скијатос (патот трае околу два и пол часа). Фоткиве се направени од траектот, главно го опфаќаат крајбрежниот дел на градот.
















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Sep-2016 at 11:12














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Sep-2016 at 11:13
Уште оваа фотка, од утре почнувам со Скијатос.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2016 at 11:09
Кога се доближувате до островот, ве пречекува следнава глетка (градот Скијатос):















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2016 at 11:10






Пристаништето









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2016 at 11:11










-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Sep-2016 at 09:14
Вилата во којашто бев сместен, вила (Bad) Memories. Не ви ја препорачувам поради лошите (хигиенски) услови. Агенцијата (Игуана) што нуди сместување во Скијатос нуди уште две други вили, ми се чини оваа беше најлошата од сите нив.



Инаку, вилата е сместена на периферијата на Скијатос, на некои десетина минути пешачење до центарот на градот. Неколку попатни фотки (додека од вилата Меморис се оди накај центарот):









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Sep-2016 at 09:17
Веќе сме во центарот:





Низ градот поминува една централна пешачка улица каде што се наоѓаат бројни угостителски локали (таверни, пицерии, ресторани, слаткарници, разни продавници за облека, за сувенири, за секакви други глупости).





Споменатата пешачка улица:



Испресечена е со помали споредни (пешачки) улички:





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Sep-2016 at 09:19


Ова е шеталиштето покрај старото пристаниште што се наоѓа веднаш до поновото:











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Sep-2016 at 09:21


Низ „стариот“ дел на градот има бројни стрмни улички со скали:



Архитектурата на самиот град не е нешто посебно. Има некои убави зградички, но главно се безлични и ретко која се одликува со нешто посебно.







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Sep-2016 at 09:24
Зградата на театарот што се наоѓа на еден мал полуостров



Улички и куќички















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Sep-2016 at 09:25














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Sep-2016 at 09:26






Една од многуте цркви во градот и на островот







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Oct-2016 at 20:34
Веќе споменав дека на островот Скијатос јавниот превоз е добро организиран. Сепак, тоа важи само за јужниот дел, каде се наоѓаат градот и голем број од плажите, додека за да се стигне до плажите на северниот дел потребен ви е друг вид на превоз (сопствен или изнајмено возило). Е сега, за некои плажи постои опција јавен превоз + пешачење од околу 30 минути низ шума. На пример, ако се симнете на автобуската станица бр. 24 (таму станиците се нумерирани и почнуваат со 0 [нула] и завршуваат со бр. 26), имате обележана патека низ борова шума што ве води кон три плажи што се оддалечени на околу 2 км една од друга.

Неколку фотографии од патот низ шумата:





На секои 100-200 метри ќе наидете на вакви буриња полни со вода што служат за превентивно спречување шумски пожари:





По 20-30 минути пешачење, ве очекува ова:



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Oct-2016 at 20:37
Ова е еден мал црковен комплекс на кој наидовме додека го истражувавме северниот дел на островот:















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Oct-2016 at 20:40
Кастро претставуваат остатоци од некое старо утврдување на северо-источниот дел од островот, а исто така се нарекува и плажата што се наоѓа во негова близина:



Теренот е ваков, главно карпест:









Малата плажа. Инаку, да споделам една занимливост во врска со барот - имено, поради тешко пристапниот терен, сите намирници и пијалаци се доставуваат со магариња







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Oct-2016 at 17:19
Градот Скијатос сликан од врвот на планината преку која се оди кон северниот дел на островот. Во северниот дел некои од патиштата што водат кон плажите се земјени и воопшто не се асфалтирани.







А овде се гледа аеродромот...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Oct-2016 at 17:23
Кога сме кај аеродромот, тој се наоѓа многу блиску до градот (нашата вила беше на околу 1-2 км од него) и постојано се гледаат авиони што слетуваат или полетуваат.
Постои еден дел каде што може да се набљудуваат полетувањата и слетувањата на само десетина метри од пистата.















Еве ја близината до пистата...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Oct-2016 at 19:56
Друже, задњиве фотки се перфектни. Штета што не сте фатиле слетување над глава, гарант би било уникатно искуство.


Posted By: Teglarot
Date Posted: 05-Oct-2016 at 21:20
Пред 5 години го имам посетено.

Прекрасен остров со убави плажи и доста добар ноќен живот

Не дека е битно, ама тука бевме сместени, ко во контролна кула за аеродромот, око не затворивме Доста фреквентен e во екот на сезоната.



Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Oct-2016 at 02:00
офтопик прашање: има некаде кај нас во близина вакво plane spotting место?

инаку фоткиве се право за на airliners.net

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Oct-2016 at 10:04
Да се навратам малку на подзаборавенава тема.

Неколку фотки од кејот на пристаништето и околните згради:











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Oct-2016 at 10:06












-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Oct-2016 at 10:08










-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Oct-2016 at 10:09
Црквата се наоѓа на височинка што дава убав поглед кон градот и околината:









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Oct-2016 at 19:12
Уште малку фотки од градот:













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Oct-2016 at 19:12












-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Oct-2016 at 19:13









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Oct-2016 at 19:14














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Oct-2016 at 19:15








КРАЈ

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window