Print Page | Close Window

Nowa Huta, Polska (Нова Хута, Полска)

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Патеписи
Forum Discription: Патеписи од Македонија и светот
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3421
Printed Date: 27-Apr-2024 at 20:01


Topic: Nowa Huta, Polska (Нова Хута, Полска)
Posted By: BOJAN
Subject: Nowa Huta, Polska (Нова Хута, Полска)
Date Posted: 22-Apr-2017 at 17:52
„Скопје 2014“ е вонбрачното дете на Nowa Huta (превод: Нова челичарница). Овој замислен град на Сталинизмот во Полска, денес предградие на Краков, е соц-реалистичко чудовиште во стил неокласицизам кое што ретко каде може да се сретне дури и во некогашните земји од Источен блок. Започнува да се гради во 1949 година, како дом на полските работници кои треба да ја покренат челичарницата „Ленин“.



Replies:
Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Apr-2017 at 18:03
Идејата за изградба на новата челичарница на ова место доаѓа по директива на Советскиот Сојуз во времето на товариш Сталин. Гигантскиот објект се наоѓа на само девет километри од центарот на Краков. Советските инженери им наложиле на полските власти да ја изградат челичарницата токму овде, наспроти противењето на локалните власти дека објектот ќе го загадува воздухот во целиот град.

Советите намерно ја имаат избрано оваа локација. Едната причина веќе ја напоменав. Втората е што комунистичките власти по Втората светска војна имале најмала поддршка од Краков за раководењето на земјата. На референдумот во 1947 година добиваат изненадувачки мала поддршка од околу 17% во однос на референдумските прашања кои требало да ја консолидираат тогашната власт.

Власта на сталинистичкиот претседател Биерут се одлучува да изгради предградие од селани и работници како предградие на Краков, со цел да ја зголеми поддршката за самата власт во овој град. Челичарницата е пуштена во употреба во 1954 година, додека првите станбени и комерцијални објекти во Нова Хута се изградени во нам добро познатиот неокласицизам. Неокласицизмот бил официјален архитектонски стил наложен од Сталин при изградбата на какви било објекти во целиот Источен блок по Втората светска војна.

По смртта на Сталин, Хрушчов им наредува на полските власти да ја продолжат изградбата на Нова Хута по следнава дефиниција: „модернизам по форма, социјализам по содржина“. Денес во Нова Хута живеат 200.000 жители. Местото е жално за гледање, како од архитектурата што се нуди, така и од големиот број на сиромашни луѓе кои се гледаат на сите страни. Местото е локација на фудбалските хулигани на „Краковиа“ и е ПРЕПОЛНО со полиција во униформа дури и денес.

Нова Хута им е позната на постарите генерации како местото на кое редовно се одвивале битки помеѓу полициските сили на комунистичката власт и работниците. Во 80-те прераснува во средиште на „Солидарност“, со членство на преку 90% од работниците во овој синдикат. Жестоките секојдневни судири на полицијата со тогашните работници можат и денеска да се погледаат на Интернет.

На местото спроти некогашниот споменик на Ленин (срушен во 1989 година), денеска се наоѓа споменик на „Солидарност“ на идентичната локација каде во 1960 година е поставен првиот крст во Нова Хута. За да го намалат притисокот, во подоцнежните години комунистичките власти градат црква, кино, театар и останати содржини за работничката класа, но без успех во нивното придобивање.

Во продолжение следуваат фотографии од Нова Хута.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Apr-2017 at 18:06
























Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Apr-2017 at 18:09
































Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Apr-2017 at 18:15























































Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Apr-2017 at 18:26
За на крај следуваат фотографиите од челичарницата. Таа се наоѓа на 10-15 минути пеш од Нова Хута и е вистински џин изграден во неокласицистички стил (административни објекти). Советите намерно ја наложиле локацијата поради кревката земја. Во текот на експлоатацијата некои од машините и објектите тонеле во земја поради несоодветниот терен. Тоа е „подарокот“ од Сталин:
















Posted By: Понтифик
Date Posted: 24-Apr-2017 at 00:45
Градов е прекрасен, барем што се однесува до мене. Не сум сигурен дали ве разбрав добро Бојан, но нема ништо општо со СК014, ако тоа го инсинуиравте. Епохата и стиловите во кои се издигнал градов се веќе историска и културолошка категорија. Роднинските врски на СК014 треба да се бараат во "становите" на централна Азија поскоро.

-------------
Само тъмен ум като моя може да знае всички тайни, защото са тъмни, толкова тъмни...но в теб.



Print Page | Close Window