Print Page | Close Window

Варшава (Warszawa), Полска

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Патеписи
Forum Discription: Патеписи од Македонија и светот
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3438
Printed Date: 27-Apr-2024 at 06:43


Topic: Варшава (Warszawa), Полска
Posted By: BOJAN
Subject: Варшава (Warszawa), Полска
Date Posted: 29-May-2017 at 22:17
Варшава е еден од европските градови кој се има најмногу променето по падот на комунизмот во 1989 година. Заедно со Скопје и со мал број на други места во Европа, тоа е голем град кој не би го препознале ако сте биле претходно во 80-те или во 70-те години на минатиот век.

Со своите 1,7 милиони жители привлекува огромен странски капитал, кој во изминативе две и пол децении изгради десетина облакодери. Многумина од Полјаците, се разбира, оние кои знаат за Скопје, Варшава ја споредуваат со нашиот главен град. Во изминативе два века се има променето целосно во четири наврати, вклучувајќи го периодот по 1989 година.

Денеска се искачив на 30-тиот спрат од Палатата на културата и спортот во Варшава, која е воедно највисоката зграда во Полска. Ова место овозможува панорамски поглед на целата полска метропола. Сликиве се посветени на Clover и pbanks како поранешни членови на SkyscraperCity




Replies:
Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-May-2017 at 22:31


























Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-May-2017 at 22:33
























Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-May-2017 at 22:38


































Posted By: Мартин
Date Posted: 29-May-2017 at 23:19
Како е „скоцкана“ Варшава, за мерак!


Posted By: Dragan
Date Posted: 01-Jun-2017 at 01:04
Бев во Варшава минатото лето, можам да кажам дека е вистинска метропола, се возев со јавниот превоз со метрото и се е на место, немам зборови. Некаде читав дека Полска има страшен економски раст 10та-економска сила станува во Европа далеку пред Австрија , Белгија,Норвешка според ГДП- Номинал, со стапка на раст од 3,1%(2016) , се претпоставува дека за 15-20 год ќе стане и меѓу 5 водечки економии у Европа..


Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Jun-2017 at 19:26
Продолжувам со фотографиите од Варшава. Во продолжение следува Варшавското метро, за кое најавувам посебна репортажа за на порталов. Првата метро линија е целосно комплетирана, додека втората во моментов се гради. Метро станиците од втората линија се како да влегуваш во дискотека















Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Jun-2017 at 19:30




















Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Jun-2017 at 19:32












Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Jun-2017 at 19:54
Во продолжение следуваат фотографии од Маршалковска (главната улица во центарот на Варшава), стариот град, Палатата на културата и спортот, МДМ и сето она изградено во времето на соц-реализмот од периодот на 50-тите години на 20 век. Изненадувачки е голем степенот на изградени објекти во промената на сталинизмот. Центарот на Варшава доминира со вакви објекти, иако во изминативе две и пол децении истите се професионално искомбинирани со објекти инвестирани од приватниот капитал.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Jun-2017 at 19:58














































Posted By: BOJAN
Date Posted: 09-Jun-2017 at 20:04































































Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Jun-2017 at 09:15
Внатрешноста на метрото ми е катастрофа, очекував повеќе од град како Варшава.

Туку, каков музеј е ова, да не знаеш?



-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Jun-2017 at 18:50
Originally posted by Џоле

Внатрешноста на метрото ми е катастрофа, очекував повеќе од град како Варшава.

Туку, каков музеј е ова, да не знаеш?



Добро око соколово имаш . Станува збор за Музејот на модерна уметност во Варшава, кој нема сопствен објект. Токму така, оваа музејска установа, за разлика од Скопје, во Варшава е основана во 2005 година. Немајќи сопствен простор, тие го заземаат просторот на оваа зграда „хрушчовка“ помеѓу новите облакодери, предупредувајќи на експедитивното менување на ликот на Варшава во изминативе години.

Разговарав со неколку куратори од овој музеј и тие посочуваат дека во минатото имало и соодветен простор пред самиот објект, но дека тоа е срушено и дека ќе се гради некое ново здание од приватен инвеститор. Инаку, оваа музејска установа има мобилна галерија сместена крај реката Висла. Новиот објект се гради уште од 2006 година, но не е до денешен ден завршен. Вработените од музејот не знаат ниту кога ќе се заврши

Сакам да кажам, првиот полски музеј за модерна уметност во историјата на оваа голема држава е изграден во Скопје во 60-тите години . Вработените од Музејот во Варшава со посебно воодушевување гледаат на нашата музејска зграда, но и на целата постапка како е изграден музејот

Инаку, прв пат кога го видов варшавскиот Музеј на модерна уметност помислив дека музејската установа ја има зазедено целата зграда и дека целокупната внатрешност е пренаменета. Тоа би било мнооогу кул ствар , арно ама само офарбаниот дел од зградата е наменет за музејот.

Вработените во музејот работат во супстандардни услови, но подготвуваат феноменални изложби, издаваштво на книги, вклучувајќи ја и модерната архитектура, за која скопскиот музеј може САМО ДА СОНУВА!

И да, причината поради која се одлучиле да ја земат оваа локација е симболична. Има луѓе од центарот на Варшава кои ги изгубиле своите домови во овие „Хрушчовки“ и „Брежњевки“ во изминативе години врз основа на денационализација на земјиштето. Едноставно, старо-новите сопственици не ги сакаат овие социјалистички згради на исклучително атрактивни локации за облакодери и некои лица имаат завршено на улица. Музејот на модерна уметност со своето сместување во една ваква зграда всушност ја имаат спасено неа од уривање.

Ако има дополнителни прашања, повели...


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Jun-2017 at 22:12
Па, ако си веќе таму, би биле интересни твоите согледувања за велосипедската инфраструктура во градот, како е решено тоа, споредби со Скопје (колку и да се излишни), некои позитивни искуства што ние би можеле да ги употребиме...

Исто така, мене лично ме интересира стандардот на просечниот Полјак/Полјачка (родова рамноправност, што да се прави ), колку е нивната куповна моќ во однос на нивните плати и слично. Исто така, ако имаш податоци за значењето на Варшава во локални, но и во европски рамки (економска, политичка моќ, културно влијание врз остатокот на Полска, инфраструктурна поврзаност со другите позначајни полски градови итн.)

На тоа би можел да се сетам во моментов, инаку ќе се отворат нови прашања со новите твои објави поврзани со овој град. И поздрав од Скопје, патем.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Jun-2017 at 09:01
Во однос на Варшава, можам да кажам дека не сум ја искористил велосипедската инфраструктура и тамошниот јавен систем за изнајмување велосипеди. Тука треба да кажам дека над 80% од градот по Втората светска војна бил уништен од нацистите, а потоа, во времето на сталинизмот изграден во најголем дел налик на Софија од нашето соседство.

Денеска Варшава минува низ многу подрастична трансформација од кој било град од Источниот блок, која во генерални рамки се оценува како позитивна од стручната јавност. Во овие рамки, велосипедската инфраструктура е изведена на солидно ниво, земајќи го во предвид фактот дека во повоената обнова на градот таа е планирана во рамки на градската инфраструктура. Од аспект на набљудувач, сепак можам да кажам дека Варшава е град на автомобили, така што бројката на велосипедисти е мала. Но, морам да кажам дека како во ретко друг град во Европа се користат јавните велосипеди од жителите и од посетителите на градот. Ми се чини дека тие беа во јасно мнозинство присутни на улиците, говорам за центарот на Варшава.

Сепак, јас сум сместен во Краков и можам да зборувам за овдешната велосипедска инфраструктура. Поаѓајќи од фактот дека се работи за стар град, потешко е да се вози велосипед низ тесните улички. Сепак, има оформено велосипедски рути оформени од овие улици со соодветна сигнализација, која овозможува велосипедите да се движат по оние улица каде нема голема фреквенција на возила. Користам месечна карта на Wavelo, јавен велосипедски систем на Краков составен од над 1.500 велосипеди и стотина станици за нивно подигање и оставање. Месечна карта чини помалку 350 денари, со 90 минутно користење на велосипед во текот на денот. Подобро здравје, ако се земе во предвид дека трамвајски билет за едно возење чини 35 денари.

Во однос на просечната плата и стандардот, Википедија вели дека просечната плата во Полска е 762 евра, пониска единствено од Чешка и од Словенија во однос на земјите од централниот дел на Европа. Сепак, не смееме да заборавиме дека во 1989 година оваа земја имаше идентична плата со онаа на Украина, барем така покажуваат анализите. Денес Украина е со просек од 180 евра, што најдобро го опишува ОГРОМНИОТ развој во изминативе две и пол децении.

Во однос на цената на продуктите, Варшава е поприлично поскапа од Краков. Сепак, цената на производите е 20-30% поскапа од оние во Скопје, со исклучок на полуксузни нешта и на ресторани сместени во централните туристички квартови. Таму цените се и двојни поскапи на одредени нешта. Сепак, земено во просек, цените се 20-30% поскапи од Скопје, а просечните плати им се речиси 2,5 пати повисоки од македонските. Па сега сметај за нивниот стандард

Мора да споменам дека Полска е земја во која жителите, налик на Словенија, живеат во помалите градови и во селските средини. Од тие причини, Полјаците излегува како оддек во медиумите дека се порелигиозни, па и поконзервативни по одредени општествени прашања.Земјата има 38 милиони жители, а Варшава само 1,7 милиони. Втор по големина е Краков - 760.000 жители.

Целокупното влијание на Варшава во Полска не е така круцијално налик на Македонија. Главниот град е повеќе административен центар, кој заедно со називот „столица“ има сите придобивки во развојот на финансиски и економски центар. Сепак, Краков е културниот и туристички центар на Полска. При резонирањето на еден обичен Полјак, Краков секогаш ќе го опишат како главен град на Полска. Да заклучам, рамномерен регионален развој во вистинска смисла на зборот.

Нови автопати, колку сакаш. Сепак, за да стигнеш од Македонија со автомобил е многу тешко бидејќи Татрите на југот на Полска се уште не се премостени со автопат. Мора да се кружи, најчесто низ Чешка. Во однос на железница, централната железничка линија Варшава-Краков-Катовице изградена во 70-те години на 20 век овозможува движење на возовите со брзина од 160 до 200 километри на час. Во моментов прават напори да ја зголемат и оваа брзина, на проектираната бројка при нејзината изградба - 250 километри на час. Меѓу Варшава и Краков патувам со брз (не е експресен!) воз што ја минува трасата за 2 часа и 50 минути. Со автобус е пет часа, со авион околу три (вклучувајќи трансфер до аеродром).


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Jun-2017 at 18:39
Ти благодарам за исцрпниот одговор.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Kid_A
Date Posted: 11-Jun-2017 at 19:04
Полска, Чешка, Словачка, па и Балтичките земји имаат фин развој на инфраструктурата и архитектурата последните 10-15 години. Економијата сеуште не им е на завидно ниво како и депопулацијата која е многу голем проблем во тие земји. Имам некаде читано дека само последните 10-15 години Полска ја имаат напуштено повеќе од 3 милиони граѓани, а последните 150 години нешто повеќе од 20 милиони.


Posted By: Мартин
Date Posted: 11-Jun-2017 at 20:54
Варшава ми е Скопје, кога ние би биле луѓе кои имаат визија, план и способност да го реализираат истиот. Знам дека станува збор за огромна земја, со различна култура, во многу различно опкружување, но не може да не жалам за шансите кои ги имаме пропуштено.



Print Page | Close Window